PORTA3 157

68
скОПје ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 157 / ПЕТОК 20.05.2011 година VII ем кОПиле, ем ПОделенО каменОт какО елемент вО градината И виенчаните прават грешки! електрична енергија... бесПлатнО!

description

Porta3 broj 157

Transcript of PORTA3 157

Page 1: PORTA3 157

скОПје

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

157

/ ПЕТ

ОК

20.0

5.20

11 г

один

а VI

I

ем кОПиле, ем ПОделенО

каменОт какО елемент вО градината

И виенчаните прават грешки!

електрична енергија...

бесПлатнО!

Page 2: PORTA3 157
Page 3: PORTA3 157

СКОПЈЕ

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

157

/ ПЕТ

ОК

20.0

5.20

11 г

один

а VI

I

ЕМ КОПИЛЕ, ЕМ ПОДЕЛЕНО

КАМЕНОТ КАКО ЕЛЕМЕНТ ВО ГРАДИНАТА

И виенчаните прават грешки!

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА...

БЕСПЛАТНО!

брОј 157 ПетОк 20.05.2011 гОдина Vii

Неодамна во Скопје се одржа промоција на монографската студија „Скопје - Светското копиле: Архитектурата на поделениот град“ од авторите Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек. Насловот е предизвик самиот по себе. Ем копиле, ем поделено. Можеби зборот „копиле“ има премногу еднострано значење во македонскиот јазик, но во случајот на Скопје, тој збор означува хибрид со бурно минато, исполнето со спротивности и одбивања, нешто силно и оригинално, со можност да учи од сопствените контрадикторности или пак, во поопшта смисла, ентитет со мноштво идентитети и неограничена слобода на избор. Нешто се раздвижува во регионите. Општина Штип, по пауза од седум години, издаде градежна дозвола за изградба на приватен станбен објект. Во изминатите години се градеа само станбени објекти на државата според различни програми. Виена како град со големо историско, културно и архитектонско

значење од светски размери, долги години го остава речното крајбрежје на Дунав занемарено и неискористено со јавни објекти и содржини. За разлика од Виена, Будимпешта се развива исклучиво покрај реката. Но, виенчани последниве години ги поправаат грешките. По неколку урбанистички интервенции, квартот Донауинсел прерасна во еден културен центар на отворен простор. Последната интервенција во „медитерански“ дух, на строгата австриска стерилна архитектура ѝ дава една мултинаменска и човечки прифатлива структура покрај брегот на Дунав. Каменот се употребува илјадници години и претставува еден од најстарите материјали и технологии за градење. Доказ за тоа се голем број објекти кои и покрај долгиот период низ кој поминале сè уште се наоѓаат во првобитната состојба. (Stonehenge, Via Egnatia... ). Но, каменот може да биде и елемент во градината.

Од редакцијата

СКОПЈЕ 07ЕМ КОПИЛЕ, ЕМ ПОДЕЛЕНО

ГРАДЕЖНИШТВО 10ЕДЕН „КОСМОС“ СО РАЗЛИЧНИ ПЛАНЕТИ

РЕПОРТАЖА 20МИЛАНО - СВЕТЛИНА,

ЗВУЦИ И ТЕХНОЛОГИЈА

РЕГИОНИ 28ШТИП - ПРВА ДОЗВОЛА ЗА

ПРИВАТНА ЗГРАДА

АРХИТЕКТУРА 34ТИРАНА - НОВ КУЛТУРЕН КОМПЛЕКС

ЕКОЛОГИЈА 50ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА... БЕСПЛАТНО!

ХОРТИКУЛТУРА 54КАМЕНОТ КАКО ЕЛЕМЕНТ

ВО ГРАДИНАТА

АРТ ДИЗАЈН 58ВАВИЛОНСКАТА КУЛА КАКО

УМЕТНИЧКА ИНСТАЛАЦИЈА

50

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИДаниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВИгор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИЛеонида Пенка БАШАНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

34

Насловна страница: seCOND NATure rOOmскулптура од трева, јута и дрво, МИЛАНО, ИТАЛИЈААвтори: хедер акрОјд и дан харви

20

10

54

драги читатели,

Page 4: PORTA3 157

4

Page 5: PORTA3 157

www.BAUKIT.mk

`

Page 6: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 201136

6

инфо

Обновливи извори на енергија, ниска емисија на јаглероден диоксид, енергетски

ефикасни објекти, чисти технологии, подобрување на управувањето со отпад, подобрување на квалитетот на водите за пиење, одржливо земјоделие, се секторите каде што малите и средните претпријатија треба да бидат насочени за да бидат дел од зелената економија која сè повеќе е присутна во Европа. Таа зелена економија се карактеризира со зголемување на инвестициите во економските сектори, кои ги создаваат и зголемуваат природните богатства на планетата Земја, или со намалување на еколошките недостатоци и ризици по животната средина. Развојот на зелената економија беше само дел од

советите, што претставниците на домашни мали и средни претпријатија ги добија од експерти од Федерацијата на коморите на Австрија и од Белгиската агенција за инвестиции, а кои учествуваа на петтата конференција за мал бизнис на тема „Новото значење на знаењето и менаџмент вештините“ во организација на Космо - иновативниот центар. Зелената економија поставува нови приоритети на макроекономската политика, со тоа што растот треба да биде генериран од економските сектори кои се критични или добра основа за позеленување на глобалната економија, смета Зоран Грков, менаџер за квалитет во Македонскиот институт за квалитет. За потребата од зелена економија

во Македонија на конференцијата говореше и Лилјана Поповска, претседател на ДОМ. Зелената економија е нов тренд и во неа се сите бизниси кои не загадуваат, а сепак прават обрт на средствата и имаат зелени вработувања. Во Европската Унија постојат фондови токму за зелената економија, значи, треба да бидеме паметни и да ги искористиме тие пари за да се вклучиме во европските текови, смета Поповска. Дека Македонија има потенцијал за развој на зелената економија смета и Снежана Митева Матоне, консултант од Белгија. Таа вели дека можностите за развој на малиот бизнис е искористувањето на потенцијалите на обновливите извори на енергија со вистински

информации и свртување кон инвестиции. Во Македонија, посочува таа, цела година има сонце, но не го користиме доволно. Причината за таквата состојба е неинформираноста на инвеститорите. Сè уште нема доволно познавање за оваа област, а луѓето треба да се запознаат кои се условите за инвестирање во Македонија. Постојат и повластени тарифи, но тоа не е единствениот начин на инвестирање, и тоа може да се направи и од сопствени извори, вели Митева Матоне. Таа порача дека паралелно треба да се решаваат и проблемите поради кои немало доволно инвестиции, а првенствено административните процедури.

К.С.Т.

Зелената екОнОмија ќе ги ЗгОлеми инвестициите вО македОнија?Во Европската Унија постојат фондови токму за зелената економија, што значи дека треба да бидеме паметни и да ги употребиме тие средства за да се вклучиме во европските текови

Петта кОнференција За мал биЗнис: „нОвОтО Значење на ЗнаењетО и менаџмент вештините“

Page 7: PORTA3 157

3

7

720 мај 2011 ПОРТА

скопје

На 10 мај, во Музеј на град Скопје се одржа промоцијата на монографската студија

Скопје - Светското копиле: Архитектурата на поделениот град од авторите Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек. На промоцијата беа претставени сите три изданија на книгата, на македонски, англиски и на албански јазик. Македонското издание на книгата е поддржано од Фондацијата институт отворено општество - Македонија, во рамките на програмата за граѓанско општество, додека албанското издание е финансирано од страна на Сојузното министерство за култура и образование на Австрија. И обете се објавени од страна на издавачката куќа „Готен“ од Скопје, во рамките на едицијата Лантерна. Англиското издание на книгата пак, беше објавено во март 2011, од страна на издавачката куќа „Визер Верлаг“ од Клагенфурт/Целовец, Австрија, која е одговорна и за глобалната и интернет дистрибуција на книгата. Ова издание беше промовирано

на саем на книгата во Лајпциг.

вреднОст или ПрОвОкација?Промоцијата беше проследена со дебата на тема „Старите планови и новите визии за Скопје“, во која зедоа учество еминентни имиња од областа на архитектурата, но и останати релевантни лица. Воведна реч на дебатата имаше Даница Павловска, претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а учествуваа историчарите на уметност Небојша Вилиќ и Бојан Иванов, кои се и рецензенти на споменатата книга, како и архитектите Бетим Зекири, Мимоза Томиќ и Елизабета Попоска од „Прва архибригада“ на Македонија, и уметникот Зоран Поповски. Модератор на настанот беше Роберт Алаѓозовски. Дебатата ја отворија издавачот и рецензентите на книгата. Според рецензентите, се работи за едно дело со сите постмодернистички белези, во кое е извршена контекстуализација на постоењето на градот низ времето,

со поставен акцент на две клучни точки - 1963 и 2014 година. Во секој случај, таа отвора едно поинакво гледиште на Скопје како на поделен град од многу аспекти.Историчарот на уметност Небојша Вилиќ, како рецензент на книгата се изјасни околу своите намери да биде непристрасен при соочување со ова „новороденче“ во семејството на стручна литература која ја обработува архитектурата на Скопје: „Ова е петта објавена книга за Скопје во последниов период, што значи дека за Скопје одново се размислува, како што не се случило по земјотресот. Покрај тоа што имаме уште еден материјал за цитирање, значењето на ова дело е во тоа што авторите со студена глава говорат објективно и несугестивно за непремостивата поделеност, притоа посочувајќи реални примери“, вели Вилиќ. Според него, критичкиот пристап варира во различни култури. Оваа книга е значајна, меѓу другото, и затоа што ни дава одговор на прашањето:

Кој пишува за она што нас не мачи?Тој смета дека во посочената книга се цитирани мал број македонски автори, но мислењата и ставовите на аторите се јасно изразени, а со тоа и ставовите на „Порта на Европа“, како што обично ја нарекуваме Виена. „Ваквото изразување делумно ја застапува постоечката поделеност околу мислењата за актуелните настани од областа на архитектурата кај нас“, констатира Вилиќ.Историчарот на уметност Бојан Иванов, исто така рецензент на книгата, изјави дека книгата во голема мера го потсетува на самиот град. „Постмодернистичко дело кое има форма на научно дело што би пренесувало знаење, но е тешко да се опипа од која област конкретно е тоа знаење, како да е во прашање нова наука во зародиш. Освен пренагласената судбинска нота при говорењето за Скопје, која сега е суптилизирана, за книгата немав други забелешки“, вели Иванов.

ХИБРИД Можеби зборот „копиле“ има премногу еднострано значење во македонскиот јазик, но во случајот на Скопје, тој збор означува хибрид со бурно минато, исполнето со спротивности и одбивања, нешто силно и оригинално, со можност да учи од сопствените контрадикторности или пак, во поопшта смисла, ентитет со мноштво идентитети и неограничена слобода на избор

ем кОПиле, ем ПОделенОПрОмОција на книгата „скОПје - светскОтО кОПиле: архитектурата на ПОделениОт град“

Page 8: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 201138

8

скопје

Раскопани улици и тротоари, градежна механизација распослана на сите страни

е секојдневна слика низ градот, која по се изгледа нема брзо да исчезне. Градските власти се засилија со најавите за поправање и проширување на улиците. Идеи нивни, но има и такви кои години наназад тлеат и само се актуализираат пред некои избори. Последна таква актуализирана идеја е проширувањето на булеварот Климент Охридски. И повторно некој ќе каже, па тоа е стара идеја само нови се промоторите. И така е навистина. Идејата за проширување на Климент Охридски тлее уште од времето на Ристо Пенов, за потоа да ја продолжи и Трифун Костовски. Тогаш популарно беше и проширувањето на Илинденска. Но, во тоа време сè се заврши само на муабети. Со менувањето на власта се сменија и условите. Сега Илинденска е булевар и тоа проширен. Па можеби и затоа „држи вода“ последната најава на актуелниот скопски татко дека во најскоро време и Климент Охридски ќе се прошири за две нови ленти.Проширувањето на булеварот Климент Охридски ќе почне во јуни, а веќе е распишан тендер за избор на изведувач за градежните работи,

објавен на страницата за јавни набавки. Градоначалникот Коце Трајановски при најавата за голема реконструкција на улици и булевари низ Скопје го спомена и Климент Охридски, но не прецизираше на кој потег ќе се работи, а и за колку ленти ќе се прошири. Проширувањето на Климент Охридски е предвидено во Генералниот урбанистички план, а општина Центар го има зацртано во ДУП. Деталните урбанистички планови „Дебар маало 2“ и „Буњаковец“ за овој реон предвидуваат уште една лента, од двете страни, со ширина од 3,5 метри и средишно зеленило од пет метри. Новите ленти би се изградиле на сметка на дел од парковското зеленило, бидејќи поради блискоста на околните објекти не постои можност да се одзема од делот на тротоарите. Проширувањето на булеварот е предвидено со ГУП поради релаксирање на сообраќајот во централното градско подрачје. Администрацијата на Трифун Костовски сметаше дека е важно сообраќајот да се движи на овој потег, да не стои затоа што стоењето на автомобилите на раскрсниците е голем причинител на загадувањето на воздухот. Финансиската процена за

удрен темелОт на кружниОт тек кај катОличката црква

Претворањето на раскрсницата кај Католичката црква во кружен тек, исто така беше еден од проектите што се најавуваа со години, но никако не почнуваа да се реализираат. Сега изградбата на долгоочекуваниот турбокружен тек е вградена во започнатиот проект за проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Се предвидува сообраќајницата да се прошири во делот од улицата Костурски Херои, па сè до семафорите кај Рузвелтова, како и еден крак од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до местото каде што се наоѓа уличката што води кон последната станица на автобуската линија број 23. Тоа е опфатено со првата фаза која ќе се спроведува годинава, а следната година проширувањето ќе продолжи сè до улицата Московска, односно од Рузвелтова до студентскиот дом „Гоце Делчев“.Вкупниот потег на кој ќе се работи сега има должина од 1,6 километри. Реконструираната улица ќе има четири сообраќајни ленти, со вкупна широчина од 13 метри, а од страните ќе се направат тротоари широки по три ипол метри. Ќе се постави и ново осветлување и сообраќајна сигнализација, а улицата има одвод за атмосферските води, кој е во функција и затоа нема потреба да се прави нов. На автобуските станици ќе има посебни џебови за јавниот превоз. За сето тоа ќе се потрошат вкупно 1,2 милиони денари од градскиот буџет.

К.С.Т.

недОречен кОнцеПтВо текот на презентацијата на книгата, која авторите ја имаа подготвено специјално за промоцијата на книгата, паралелата беше повлечена меѓу некогашните планови за Скопје по 1963 година, од страна на C. Doxiadis, E. Weissmann и K.Tange, како и денешните резултати на овие планови, кои во голема мера не се докрај реализирани, со што е постигнат контраефект на нивните првобитни намери. Ваквиот недоречен концепт, денес се надградува со сосем спротивни идеи.– Големо изненадување за нас авторите е фактот што македонските архитекти далеку побурно реагираа на поднасловот „поделен град“, отколку на провокативниот наслов „Скопје – светско копиле“. Токму ова се двете главни тези кои се изнесени во монографијата. „Скопје – светско копиле“ се однесува на можноста градот да се идентификува со ваков идентитет, па дури и тоа да го искористи како сопствено брендирање и знак на препознатливост, на начин сличен на некои други космополитски градови, како Брисел, Женева, Барселона... Можеби зборот „копиле“ има премногу еднострано значење во македонскиот јазик, но во случајот на Скопје, тој збор означува хибрид со бурно минато, исполнето со спротивности и одбивања, нешто силно и оригинално, со можност да учи од сопствените контрадикторности или пак, во поопшта смисла, ентитет со мноштво идентитети и неограничена слобода на избор. Втората теза, пак, според која Скопје е поделен град, се однесува на поларизацијата и свесното мешање на структурите на градот. Ваквата поделеност произлегува од испуштените фрагменти на инаку целобитните планови за урбанизација по земјотресот. „Проблемот на Скопје не произлегува од сегашноста. Градот беше копиле и пред 1963 година, но потоа секој сакаше да го посвои. Некомплетната реализација на тогашните планови носи натамошни непријатности. Злоставувањето на просторот во Скопје е почнато одамна, а гласот на јавноста останува игнориран, како

во не толку дамнешниот случај на петицијата против новата локација на амбасадата на Америка“, изјави во текот на дебатата архитектот Мелпомени Корнети. Интересен став околу причините за денешните последици изнесе и архитектот Мимоза Томиќ. Според неа, „пoстои проблем на социјалната структура, и таа претставува имплозија, која одвнатре го разјадува градот. Истата е започната многу одамна, со воведување на политиката на „отворен град“. Динамиката на развојот не можеше да се следи заради недостиг на урбана политика. Тоа е во голема мера причинител за поделеност, распарченост... “Архитектот Бетим Зекири потенцираше дека Скопје не го гледа како поделен град туку како фрагментиран, што е резултат на постигнување на глобалната реалност, а според него, токму заради тоа градот уште повеќе ќе се фрагментира, што и не е така лошо, сè додека фрагментите се во корелација.

вистинскО време, местО и начинПрепорака за суптилни интервенции во прострот, наспроти просторно-монументалните, даде дигиталниот уметник Зоран Поповски. Тој со својата реплика во дебатата препозна менување на нарацијата на претходните ери. Притоа за пример ги зема Варшава и Берлин, како урбанистички палимпсести заради степенот на разрушување кој го имале во клучните точки за нивната сегашна состојба. Архитектот Михаил Токарев ја сврза тематиката со политичка конотација изјавувајќи: „Нормално дека Скопје е копиле, кога е главен град на република која не може да си го добие сопственото име. Доколку не се контролира развојот и продолжи секој трет жител на државата да живее во главниот град, ќе си го заслужи натокменото име - Република Скопје. Потребно е да се смени насловот на промотивната дебата од „Старите планови и новите визии“, инверзивно, бидејќи во тоа време се градело според далекусежни визии, а денес, имаме планови, но градењето е без визија.“

Леонида Пенка БАшА

актуелиЗирана уште една старО-нОва идеја

ПрОширувањетО на климент Охридски пак на маса

Page 9: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 9

9

Согласно Чл.43 од Статутот на ААМ и согласно член 3 од Правилникот за доделување на наградата, “Андреја Дамјанов”, се доделува на државјани на Р.Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов” имаат членовите на ААМ. Предлогот треба да содржи: куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Рокот за поднесување на предлозите трае 90 дена од денот на распишувањето. Пристигнатите предлози ќе бидат разгледани од петчлена Комисија, избрана од

Управниот одбор (УО) на ААМ . Еден член во Комисијата е од редот на добитниците на наградата “Андреја Дамјанов”. Добитникот на наградата “Андреја Дамјанов”, согласно Чл. 39 од Статутот на ААМ, станува член на Архитектонската академија на

Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул.Даме Груев 14а во Скопје.Телефон за информации е 02/3237 277. e-mail: [email protected]

Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) објавува

ЈАВЕН ПОВИКза предлагање на можни добитници на

наградата “Андреја Дамјанов” за 2011 година

скопје

изградбата на двете нови ленти, како што беше кажано пред пет години, ќе чини околу 300.000 евра. Со овој зафат ќе се зголеми пропусната моќ на оваа сообраќајница, која е една од најважните во центарот на градот. Тој ги поврзува главните паралели преку кои се одвива сообраќајот во Скопје, односно улицата Илинденска кај зградата на Владата, булеварот Партизански одреди кај Соборниот храм, улиците Димитрија Чуповски и Теодосиј Гологанов во близината на гимназијата „Јосип Броз-Тито“ и Мито Хаџивасилев Јасмин кај поранешната зграда на „Нова Македонија“. Поради тоа неговиот капацитет уште одамна не ги задоволува потребите, па се наметна прашањето за проширување.Дали да се исечат стотина долгогодишни липи за да се растовари сообраќајниот метеж во дел од центарот? Какви ќе бидат реакциите на скопјани за таквото уништување на зеленилото во толкави размери? И дали целата таа сеча ќе ги оправда очекувањата или ефектите од двете нови коловозни ленти кои ќе бидат минимални? Ова беа главните дилеми што не успеаја да ги решат досегашните градоначалници кога станува збор за проширувањето на булеварот Климент Охридски.

Идеите да се направи уште по една сообраќајна лента од двете страни на булеварот се појавија во 2003 година, уште додека Ристо Пенов го тераше вториот градоначалнички мандат во градот, а Виолета Аларова

во општината Центар. Тогаш се бараше решение каде да поминува трасата на булеварот за неговото проширување да предизвика што помалку уништување на зеленилото, како и да се зголеми безбедноста

на пешаците. Паралелно со тие работи требаше и да се прошири крстосницата кај Соборниот храм меѓу булеварите Климент Охридски и Партизански одреди.

ПрОширувањетО на климент Охридски пак на маса

К.С.Т.

Page 10: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011310

10

градежништво

Постојат многу дилеми за и против кога едно семејство треба да реши дали сака да

живее во стан или во куќа. Станот обично подразбира локација на која се достапни многу удобности на урбаниот живот, но куќата нуди мир и тишина. Становите се полесни за одржување бидејќи на куќите им е потребна грижа и за фасадата, покривот, дворот и слично. A домот во колективна зграда се продава готов, веќе осмислен, со многу поограничени можности за индивидуализација и за приспособување кон личните потреби, за разлика од големиот број опции што стојат на располагање кога се гради индивидуален објект.

еден „кОсмОс“ сО раЗлични ПланетииндивидуалиЗација вО кОлективен Објект

Page 11: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 11

11

градежништвоВо просек становите се поблиску до централните градски подрачја, што го олеснува транспортот, но во куќниот двор никој никогаш нема да ви го зафати вашиот паркинг-плац. Списокот е многу долг.Еден од главните предизвици на проектантите е да ги премостат овие разлики, да ги доближат колку што е можно повеќе. Сè уште не е измислена идеална формула за вкрстување, па затоа се оди на компромис. Таков обид претставува и зградата „Космос“ на кејот на реката Вардар зад Универзитетот ФОН, што ја гради инвеститорот „Фине“. Таму луѓето ќе живеат во станови, ќе уживаат во тоа што друг ќе им мисли за загревањето на домот, инсталациите и слично. Но, истовремено ќе си имаат и сопствени паркинг-плацови, а при уредувањето на нивните станбени единици ќе им биде овозможено самите да си бираат одредени елементи од ентериерот, на пример паркетот, плочките и слично, па

ќе можат да си го направат својот стан единствен, наместо да им биде ист како другите станови, околу 1.000 на број, како што најави стопанственикот и инвеститор Фијат Цановски, кога се поставуваше камен-темелникот. Исто така, додека тие во куќите ќе уживаат во своите домови, станарите од „Космос“ ќе можат да се релаксираат во ротирачки ресторан на врвот на зградата, кој ќе се простира на 1.500 квадратни метри. Секој влез на зградата ќе има по четири лифта. Околниот простор ќе биде заграден и во него ќе може да се влегува само со картичка. Пристапот на објектот е откај Универзитетот ФОН, односно од булеварот Војводина, но се предвидува до него да минува и булевар со нов мост преку реката Вардар, во близина на спортската сала Јане Сандански, како што е предвидено со Генералниот урбанистички план на градот. Вкупната вредност на проектот е околу 40 милиони евра, од кои

десет милиони евра ќе добијат градската управа и општината Гази Баба за комуналии. Со овие пари тие ќе треба да ја финансираат изградбата на предвидените инфраструктурни објекти, улиците, булеварскиот дел, мостот, како и да обезбедат водоснабдување и други комунални услуги за објектот.„Космос“ е станбен комплекс кој се наоѓа на границата меѓу општинитеАеродром и Гази Баба, на површина од 90.000 квадратни метри.Шармантната и харизматична заедница нуди диференцирани услови за живот. Градбата е од првокласни висококвалитетни материјали и претставува една од најголемите градби на ниво на Република Македонија.„Космос претставува затворен комплекс - заштитен и ограден. Обезбедува сопствен систем за 24-часовно греење, производство на струја и ладење. Луксузните станбени објекти ќе бидат опремени со трговски центар, детска

градинка, фитнес-центар, базен, како и со сите потребни сервисни услуги, електричари, водоводџии, обезбедување, хигиеничарки. Паркирањето е решено со два ката подземни гаражи за потребите на станарите", велат инвеститорите за својот комплекс.Тие додаваат дека продажбата на становите засега им одела добро, особено што цената на квадратниот метар е 840 евра, пониска дури и од скопскиот просек, а комплексот се нуди и се рекламира како луксузен и елитен. Изградбата досега е стигната до шестото ниво. Кога ќе заврши, според најавите за околу две години, и кога новите станари ќе се сместат во нивните планети во заедничкиот космос, ќе може да се процени и колку успешно бил направен компромисот меѓу индивидуалното и колективното домување.

Катерина СПАСоВСКА-ТРПКоВСКА

Page 12: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011312

12

градежништво

тОндах ПрОиЗвОди За ПрОектОт „гОрнаја карусел“ вО сОчи

ТОНДАХ Глаинштетен АД го доби тендерот за испорака на покривен материјал за Олимпискиот проект „Горнаја Карусел“. Ова е еден од најголемите развојни проекти во овој планински регион „Краснаја Полиана“, предвиден за Олимпијадата 2014 година.

Овој проект се однесува за спортски и туристички комплекс во склоп на Олимпиското медиумско село, и ќе биде реализиран до крајот на 2013 година. Се состои од станбени објекти, викенд куќи, спортски и туристички центри, бутици, хотели, ресторанти како и медицински центар. На располагање ќе бидат околу 1780 сместувања во категорија од 3 до 5 ѕвезди, на површина од 580.000 м2. Вкупните инвестиции за овој проект изнесуваат 850 милиони евра и ќе се реализираат како резултат на владина одлука и поддршка, но и под надзор на Меѓународниот Олимписки комитет.

Покривната површина која изнесува околу 160.000 м2 ќе биде покриена со различни ТОНДАХ производи, вклучувајки ја и ТОНДАХ програмата на фазонски елементи како оптички прибор за стреа, капаци, фолија за капаци, снегобрани и т.н. Главните покривни површини, кои се наоѓаат на надморска височина од 540 и 960 м, ќе бидат покриени со ТОНДАХ производот Венус, во две различни нијанси. Овој производ со формат од 29 х 48,5 см се одликува со современ изглед, брановидна форма и функционалност. Бидејќи се работи за производ од голем формат, со околу 11 парчиња во м2 се заштедува време при покривањето. За помалите и разиграни покриви, главниот архитект се одлучи за производ од програмата на ТОНДАХ Бибер ќерамиди. Овој ТОНДАХ производ дозволува креативност при покривањето, како на пример кај куполи или кули поради дуплото преклопување и нуди дополнителна заштита при екстремни временски услови.

Производствената програма на ТОНДАХ наменета за Олимпискиот проект, е избрана хармонично според функцијата, формата и бојата. Голема важност при одобрувањето на тендерот за покривање, имаше фактот за „еколошка и долготрајна градба“, кој беше потврден при потпишувањето на овој договор. Затоа овој проект беше сертифициран според Интернационалниот Британски стандард „BREEAM“ (Building Research Establishment Environmental Assessment Method). ТОНДАХ производите се произведуваат исклучиво на природна база од глина, вода, воздух и оган. Тие се исклучуваат од секаков вид хемиски состојки и се одликуваат по својот дизајн и функционалност.

TONDACH® склучи ексклузивен договор за покривање на покриви во олимпискиот град сОчи

• ТОНДАХ Глаинштетен АД од Австрија го доби тендерот за испорака на покривен материјал за Олимпискиот проект „Сочи 2014“ • Олимписки проект „Горнаја Карусел“ со околу 160.000 m2 покривна површина• ТОНДАХ иновација - ексклузивна покривна површина за проектот Сочи • Потпишување на договорот на 14 март 2011

Глаинштетен (Штаерска/Австрија), 2 мај 2011: ТОНДАХ Глаинштетен АД, водечки производител на глинени ќерамиди во Централна и Југоисточна Европа, потпиша ексклузивен договор со Руска изведувачка компанија за испорака на покривен материјал за проектот „Сочи“. Градот Сочи се наоѓа на брегот на Црното Море, а во 2014 година ќе биде домаќин на зимските Олимписки игри.

Проект Сочи„горнаја карусел“спортски и туристичкикомплекс во склоп на олимписко медиумско село

маг. мартин олбрих, директор на тондаХ глаинштетен ад

голем проект во планинскиот регион „краснаја полиана“

160.000 м2 покривна површина

тондаХ производвенус, 11 парче/м2

Бибер, 32 парче/м2

BREEAMсертифициран проект

Page 13: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3

13

13

градежништвоЗатоа, во поглед на издржливост не постоеше друг сличен покривен производ. Вредноста на овој Горнаја Карусел тендер изнесува околу 2,5 милиони евра. „Работите се веќе под полн замав, така што првата испорака ќе биде во 2011 год.“, рече Маг. Мартин Олбрих, директор на ТОНДАХ Глаинштетен АД.

Генералниот руски инвеститор, кој ќе ги координира сите градежни работи околу Олимпискиот проект, за покривање на своите објекти инвестира во високо квалитетни ТОНДАХ производи, водејќи се од основното правило, објектите да се заштитат долгорочно. Договорот за соработка се потпиша на 14 март 2011 год. Градежните работи околу овој проект се започнати уште од септември 2010 год. и треба да завршат, според утврдениот план, до крајот на 2013 година. Овој проект е финансиран од страна на инвеститор кој е во сопственост на државни банки на градот Сочи и на регионот Краснодар.

тОндах инОвација – ексклуЗивен раЗвОј на ПОкривни ПОвршини За ПрОектОт сОчи

Производот ТОНДАХ Венус во енгобирана РВ3 и РВ4 боја беше специјално дизајниран во неколку фази од страна на ТОНДАХ Глаинштетен во координација со тимот руски архитекти, главниот руски инвеститор и експерти за покриви. Тоа е мешавина од зелена, жолта и сивкасти тонови на боја, која специјално се нанесува пред самото печење на производот. Бојата што ќе биде нанесена на покривната површина дава мирна и хармонична слика на медитеранот. Покрај тоа, сите ќерамиди ќе имаат на задната страна втиснат жиг „Сочи 2014“.

Во период од околу 6 месеци беа дизајнирани различни бои и форми. Покриени беа повеќе демо покриви, сè додека не беше избран и одобрен конечниот „ТОНДАХ Сочи производ“.

кратОк ПОртрет на тОндах глаинштетен ад

ТОНДАХ Глаинштетен АД со седиште во Глаинштетен (Штаерска) има околу 2.400 вработени, ширум Европа во 34 фабрики и 11 земји. Како лидери на пазарот за глинени ќерамиди во Средна и Југоисточна Европа има годишен капацитет на производство од околу 350 милиони парчиња ќерамиди (а тоа се околу 28 милиони м2 покривна површина) и околу 125 милиони НФ тули. Во деловната 2010 година оствари обрт од околу 181 милиони евра (во претходната 199 милиони евра). ТОНДАХ Глаинштетен гради со локален менаџмент, најнова технологија и развива иновативна политика на производи.

ОлиПискО градилиште сОчи

Руското црноморско одмаралиште Сочи во 2014 очекува спортисти од целиот свет за зимските опимписки игри. Дотогаш, мора уште многу да се направи, не само спортски објекти туку и изградба и модернизација на сообраќајната инфраструктура, снабдувањето со енергија, телекомуникационата мрежа како и угостителскиот и хотелскиот сектор. Се гради и модернизира и главниот град во регионот Краснодар. Во градилиштето Олимпиа работат околу 200 градежни фирми и 100 проектантски и инженерски бироа и околу 30.000 градежни работници.

Олимписките игри се престижен проект, како од национално така и од интернационално значење. Посебна важност имаат инвестициите кои изнесуваат околу 9 милијарди евра. Се очекува целиот овој регион да профитира од оваа манифестација, бидејки овој град ќе биде домаќин на зимските олимписки игри во 2014 година, а во иднина и главен туристичи центар на црноморското крајбрежје.

Ќерамида венусенгоба рв4 2011

покриена површина со венус енгоба рв4 2011

Ќерамида венусенгоба рв3 2011

тондаХ вредност на тендерот околу2,5 милиони евра

потпишување на договорот14.3.2011

тондаХ боја на покривната површина„енгоба рв3, рв4“

Жиг „сочи 2014“ на задната страна

развоен период од 6 месеци

концернот тондаХ бројки и факти

сочи 2014Бројки и факти

TONDACH Македонија АД игм пролетер бр.1 мк - 2310 виниЦа

Teл: +389 (0)33 362 152 +389 (0)33 361 332Faкс: +389 (0)33 361 780 E-маил: [email protected]интернет: www.tondach.com.mk

Page 14: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011314

14

создаваме Живот на покривитеградежништво

Целта е искористување на рамните покриви, платоа за подземни гаражи и други бетонски површини. Овозможување на одводнувањето на водата; со мали оптоварувања се можни озеленувања на споменатите површини и добивање на зелени оази со своја микроклима. Со тоа добиваме хумана градба, затворање на екосистемот, а и заштита на човековата околина.

генералнО инфОрмации За системите штО ги градиме сО искуствО ПОвеќе Од 30 гОдини

ние ја имаме вОдата ПОд кОнртОла

Сето ова можеме да го постигнеме затоа што имаме едноставни, а висококвалитетни решенија и придружни производи. За сите видови корисни површини одговараат соодветни системи. Нашиот консалтинг, инженерски сервис ги нуди сите можни системи за еколошките и економските придобивки од покривните пејзажи.

Подземни гаражи топол покрив инвертен покрив DuO покрив

За примена на големи количини субстрат од Elastodrain® овозможува да се користи за возење на тешки возила.

На покрив со пад од 0° Floradrain® овозможува несобирно наводнување за повисоки вегетациони форми.

Кај инвертниот покрив, Floradrain® елементите ја задржуваат водата без намалување на дифузијата на водната пареа.

Floratherm® елементите функционираат како дополнителна термоизолација.Кај овој тип хидроизолацијата е заштита и сигурносна изолација.

Детаљ на поврзување на кровните параметри од парна брана до билки

Екстензивен зелен покрив

Возни патеки Бескрајно можни планирања за лежалки на покривот

Интензивен зелен покрив со дрвја и грмушки Пешачки патеки и простор за играње

Page 15: PORTA3 157

15

градежништво

Сите овие решенија генерално се искомпонирани „изгубениот“ контакт со земјата да биде што е можно подобро изграден на зелениот покрив, посебно балансот вода-воздух да биде урамнотежен. Тоа значи, водата да се зачува доволно од една страна, а од друга страна остатокот од водата континуирано да се распредели во нејзино испразнување. Изградбата на зелениот покрив се состои од различни влошки. Тие ќе бидат дизајнирани во секој случај да функционираат со највисок квалитет и постојана заштита на хидроизолацијата, и истовремено ги овозможуваат сите можни варијанти на пејзажни форми на покривот.

На сето ова се надоврзува и стручно внимание за компонирање на субстратните мешавини. Тие се планирани според видот и потребата на секоја билка, а со тоа е во зависност и нејзината висина која треба да соодвестува на потконструкцијата на системот од влошките.

Кај нас во земјава од 2005-2006 год. веќе егзистира првиот зелен покрив-градина на индивидуален објект.

екО простор Плочници за одење Плочници за возење Простор за играње

Градбата мора да обезбеди вода и соодветна клима за секој тип на вегетацијата.

Терасите и патеките може да имаат различни плочници. Потконструкцијата мора да биде соодветна за оваа намена.

Плочниците за возење за да не предизвикуваат големи оштетувања, не треба да се поместуваат за во иднина да не се прекине дренирањето.

Заштита од несреќи, сигурност во објектите за играње и заштита на хидроизолацијата се во прв план.

Page 16: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011316

16

урбанизам

реките и нивните крајбрежни појаси отсекогаш биле причина за формирање на првите

населби. Близината на водата како извор на живот и можностa за водно поврзување со соседството и подалеку, претставуваат едни од главните причини за поставување на населбите покрај водна површина. Контактот на човекот со природата преку непосредната близина со една река, езеро или море, го дефинира хуманиот аспект на една крајбрежна населба. Многу

актуелни светски метрополи кои настанале поради овие причини, го градат и својот лик покрај реката, нагласувајќи ја таа природна градска оска и рефлектирајќи ги импозантните изградени структури во водната подвижна маса. Меѓутоа постојат и исклучоци. Главниот град на Австрија претставува таков исклучок. Виена како град со големо историско, културно и архитектонско значење од светски размери, сепак го остава речното крајбрежје на Дунав занемарено и неискористено

со јавни објекти и содржини. За разлика од Виена, во вториот град по важност во поранешна монархија Австроунгарија, кој се наоѓа на истата река, Будимпешта, се развива исклучиво покрај реката. Една од главните причини за тоа неисползување на речниот брег во Виена се честите излевања на Дунав од своето речно корито низ историјата.

алте дОнауАлте Донау или Стар Дунав

претставува вештачки ракав на реката Дунав во предградитето на австриската метропола кој го формира истоименото езеро и два помали острови (Голем и Мал Генсехојфел). Тој се изградил под директива на императорот Франц Јозеф Први по големата поплава во Виена во 1870 година, со цел да се направи еден систем на брани кои ќе го регулираат нивото на реката во периоди на голем водостој на реката Дунав. Во дваесеттите години од минатиот век, овој кварт на

ИНТЕРВЕНЦИИ По неколку урбанистички интервенции, квартот Донауинсел прерасна во еден културен центар на отворен простор, каде што се одржуваат културни и музички фестивали во летните периоди. Последната интервенција во „медитерански“ дух, на строгата австриска стерилна архитектура и дава една мултинаменска и човечки прифатлива структура покрај брегот на Дунав.

квартОт дОнауинсел вО виена

И виенчаните прават грешки!

Page 17: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 17

17

урбанизам

североисточна Виена прераснува во една рекреативна дестинација за работничката класа. Во тоа време, овој остров се користи како локално прибежиште на граѓаните од сиромашните слоеви на градот. Се формираат повеќе плажи кои ја користат проточноста на водата од ракавот на Дунав со што виенчани добиваат чисто проточно езерце во срцето на градот. Сè до крајот на дваесетиот век, Стариот Дунав се користи како јавно капалиште, како простор за рекреација и културно-

забавен живот без притоа да се градат градби од траен карактер.Во седумдесеттите години од дваесетиот век, се гради дополнителен канал во старото поплавено земјиште од Алте Донау, со цел уште повеќе да се зајакне противпоплавната заштита на австриската метропола. Овој канал се нарекува Нов Дунав, а новиот остров кој се формира меѓу каналот и реката е наречен Донауинсел (Дунавски Остров). Паралелно со градбата на новиот канал, во

истиот период се размислува за рехабилитирање на квартот Алте Донау со градење на една деловно-трговска зона на стариот остров. Името на оваа зона е „Уно Сити“ и е сместена во делот на стариот остров што тангира со новиот канал од седумдесеттите. Овој нов кварт на Виена е составен од различни јавни содржини како што се: комплекс на кино сали, станбено-деловни објекти сместени во висококатници, училишта, црква и сл. Урбанистичкиот проект

предвидува развој до 70 проценти објекти од адмистративно-деловен карактер, 20 проценти се станбени објекти и околу 10 проценти од изградениот простор во Донауинсел се објекти од културата.

нОв кварт Алте Донау заедно со новиот кварт Уно Сити физички е дел од Виена со воздушна дистанца од 4,5 километри. Градските власти со изградбите на големите зафати паралелно ги решаваат

Уно Сити

Мостот на империјата во Виена

Page 18: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011318

18

урбанизам

и инфрастуктурните прашања за поврзување на двата дела од градот на повеќе сообраќајни нивоа. Најдобар пример за ова е мостот Рајхсбруке (Мостот на Империјата). Првиот мост на оваа локација е изграден уште во 1876 година, но тој претрпува измени во триесеттите години од минатиот век, правејќи висечки мост кој ја преживува и Втората светска војна. Во седумдесеттите години тој се урива, а на негово место по пат на меѓународен конкурс се гради нов (актуелниот) мост, кој добива шест

автомобилски ленти, две пешачки патеки, две велосипедски патеки и конечно, добива метро линија во долната партија од мостот. Судејќи по сѐ, австриските урбанисти водат грижа да ја зацврстат силната оска која води од центарот кон североисточните запуштени делови на градот. Како последица на контунуираниот опстанок на Мостот на Империјата, се отвораат алтернативи за развој на старите урбани ткива, но и можност за создавање на сосема нови градски квартови како што е Уно Сити.

Но, и при вакво високо техничко-сообраќајно решение за поврзување на истокот со западот на Виена, јавниот простор на новиот кварт останува стерилен и недоволно искористен. Новите хај-тек градби и вискокатниците, го губат хуманиот карактер на градот и создаваат празни простори во заедничките простори во нивните подножја. Се губи просторот предвиден за секојдневни среќавања, местата каде што човекот треба да се чувствува комотен, да ги исполни своите човечки потреби од

социјализација и случајните средби. Новиот кварт на Виена всушност претставува радикална промена во концепцијата на градот и неговиот однос кон реката. За првпат се градат сериозни градежни зафати од високоградбата покрај самиот брег на Дунав поради зголемената антипоплавна безбедност со новиот систем на брани и новиот канал. Можеби токму поради новото искуство во градењето на објекти од јавен каркатер покрај Дунав, се јавува овој недостаток во креирањето на отворен јавен

Понтонски мост

Копа Каграна Копа Каграна

Page 19: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 19

19

урбанизам

простор. Денешниот празен и неискористен јавен простор во Уно Сити можеби е реакција на граѓаните што со години го користат овој простор само за рекреација и забава, а со Уно Сити добиваат нов кварт кој не кореспондира со нивните навики. Урбанистите во склоп на овој нов кварт предвидуваат и јавен простор, меѓутоа човекот во него се губи, граѓанинот не се препознава и тој бара хумани димензии и можност за комуникација со природата. За таа цел, виенските урбанисти ја

поправаат оваа грешка, давајќи му многу силна функција на новиот издолжен остров кој претставува физички, но и функционален медијатор помеѓу современиот деловен центар и западниот дел на градот. Островот Донауинсел прерасна во еден културен центар на отворен простор, каде што се одржуваат големите музички фестивали на отворено во летните периоди. Поради зголемување на хуманата димензија на овој дел од Виена, се интервенира на изградба на ефемерни структури долж реката

со цел да се анимира стерилниот дел од Уно Сити. Тука се среќаваат: национални ресторани на самиот брег, сендвичари, играчници за деца, киосци каде се продава сладолед, пиво, сувенири и сл. Оваа интервенција во „медитерански“ дух на строгата австриска стерилна архитектура ѝ дава една мултинаменска, ненаметлива и човечки прифатлива структура покрај брегот на Дунав. Како круна на „приземноста“ на овие ненаметливи и човечки одмерени јавни простори, понтонски пешачки

мост го поврзува Дунавскиот Остров со современиот кварт. На овој начин, посетителот на овој кварт има можност одблиску да ги види водите на „убавиот син Дунав“ поради вистинската непосредност на човекот и водата. Човекот и водата, како причина и за создавање на градовите покрај река, езеро или море.

д-р Александар АНДоВСКИ, доц. при Универзитет МИТ-Скопје

www.aleksandarandovski.webs.com

Алте Донау

Page 20: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011320

20

Милано ја живее уметноста, дизајнот и технологијата

репортажа

Од 12 до17 април оваа година во Милано се одржа јубилејниот

педесетти саем Salone Internazionale del Mobile (i Saloni), под името “50 Years Young“. Она што е интересно околу Salone Internazionale del Mobile не е само саемот како традиционална и привлечна манифестација, туку што целиот град ги слави „деновите на дизајнот“. Така, за време на тие денови, Mилано претставуваше вистински центар на светот кога е во прашање дизајнот, уметноста, мебелот и ентериерот. Едноставно кажано, целиот град имаше една неверојатна атмосфера. Павилјони и инсталации беа поставени на јавните простори насекаде во и околу градот, салоните приредуваа различни настани и хепенинзи, се одржуваа разни видови предавања, разговори, коктел забави... Навистина беше тешко да се избере што прво да се посети. Дел од изложбите што ќе ги споменеме во овој текст се: павилјонот Principia - Forward Arts, изложбата што се однесуваше на овогодишното биенале на саемот за осветлување Euroluce - „Светлина, звуци и мистични дрва“, како и моделите за Citroen од дизајнерот Ora Ito претставени за првпат на отворено на познатата модна улица Monte Napoleone…

sAlONe iNTerNAZiONAle Del mOBile (i sAlONi), миланО

(Специјално за Порта3 од Милано) Сандра ДоНЧЕВА, дипл.инж.арх.

priNCipiA - FOrwArD ArTsВо срцето на Милано, на плоштадот Дуомо се наоѓаше павилјонот Principia (уметничка изложба), која го славеше потеклото на генерирањето на принципите на уметноста. Овој амбициозен проект дизајниран од Denis Santachiara претставуваше молекуларен павилјон поделен на осум соби, од кои секоја од нив ги изразуваше научните принципи зад создавањето на делата во звучна, визуелна, архитектонска и индустриска уметност. Како што велат самите организатори: „Целта е да се демонстрира како принципите на современиот свет се мултиплицираат и се применуваат во човечката перцепција“. Така, научниците и уметниците ја изложуваа нивната работа, користејќи ги последните технолошки резултати. Се изложуваа дела на автори како што се Марина Абрамовиќ, Карло Бернардини, Марта де Менезес, Лука Поци, Карин Сандер, Пабло Валбуена, во кои се употребени, како што рековме, најнапредните технолошки откритија како нанотехнологија, висока фреквенција, алгоритми, специјализирано 3Д. Се демонстрираа 3Д скулптури, роботи кои цртаат, видео инсталации, светлечки инсталации... Скулптура од трева

3Д скулптури

Робот цртач

Page 21: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 21

21

репортажа

Principia - Forward Arts

Page 22: PORTA3 157

репортажа

Инсталација од Карло Бернардини

Виртуелен слој на физички објект од Пабло Валбуена

Page 23: PORTA3 157

„светлина, Звуци и мистични дрва“Оваа изложба беше дел од овогодишното биенале на манифестацијата Euroluce (Светло). Потенцирајќи ја блиската врска помеѓу саемот и урбаната територија, таа беше поставена во центарот на Милано, директно во неговото античко јадро, на местото помеѓу сегашната Пиаца дела Скала и Пиаца Сан Феделе. Поставката претставуваше еден вид мултимедијална изложба посветена на предците, а привлече неверојатни 3.500 посетители. Таа наликуваше на шума во магла од која се слушаа звуци кои произлегуваа од сите видови птици населени таму.

репортажа

Изложбата „Светлина, звуци и мистични дрва“

Page 24: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011324

24

репортажа

(во следните броеви на порта 3 ќе следува репортажа од саемот за мебел Salone Internazionale del Mobile во милано, италија)

UFO и Evomobile

Инсталација на Мајкл Јанг за Trussardi

виа мОнте наПОлеОнеПо повод јубилејот на саемот, за првпат на оваа престижна улица се организираа серија настани на отворено, а спонзорирани од Советот на Милано во соработка со Cosmit (компанијата што го организира саемот) и со поддршка на компанијата Citroen. Па така, шетајќи се низ луксузните улици со елегантните излози на Виа Монте Наполеоне, стигнавме до плато каде што беа изложени два концептуални модели кои наликуваа на летачки објекти. Всушност станува збор за новата колекција „Мутација“ од прочуениот француски дизајнер Ora Ito (досега има работено за Gorenje, Swarovski, Swatch, Heineken, Davidoff). За оваа прилика, тој дизајнирал линија на концептуални модели за произведувачот на автомобили Citroen, а инспирирани од облиците на старите модели Traction Avant и Citroen DS, па сè до најновите модели, и така прави едно евентуално продолжение на оваа автомобилска еволуција.Како дел од серијата изложби низ градот, тука треба се спомене и инсталацијата на Maјкл Јанг за 100-годишнината на модната куќа Trussardi, поставена околу споменикот на Леонардо да Винчи на Пиаца дела Скала. Инсталацијата беше од позлатени алуминиумски модули, дизајнирани да формираат бесконечна структура. За ова дело, на Мајкл Јанг му биле потребни две години студии.

Page 25: PORTA3 157
Page 26: PORTA3 157

Унапредените мотори овозможуваат повеќе сила, поекономични се и имаат помали оперативни трошоци Ефикасните Common Rail TDI мотори со поголема вртежна моќ со намалена потрошувачка и намалена емисија на CO2 за 33%.

Најефикасна потрошувачка на гориво, Crafter троши само 7,2 литри на 100 км.

Оперативните трошоци се намалени за 25% со што се поставуваат нови стандарди.

Volkswagen Crafter силно се позиционираше во сегментот 3,5-тонски транспортери. Со новите мотори, новиот Crafter ги презема врвните позиции според клучните критериуми. Напредниот четирицилиндричен TDI мотор нуди значително намалена потрошувачка и мали оперативни трошоци, кои се постигнуваат со подобрени возни перформанси и поголемата носивост. Најмоќниот мотор - што е сличен како кај Amarok и Transporter - со капацитет од 400 Nm вртежен момент со агресивен и ефикасен погон со директно вбризгуваље.

Визуелно, новиот Crafter во основа е во склад со дизајн на Volkswagen, редизајнирана предница и нагласени хоризонтални линии. Сето тоа, на ова корисно возило му дава модерен изглед што е во склад со останатите возила Caddy, Amarok и Transporter од брендот Volkswagen комерцијални возила. Ентериерот е исто така надграден со квалитетен тапацир, ткаенини, редизајнирани инструменти и разни модификации на детaлите кои се истакнуваат.

Сепак, главните надградби можат да се видат под хаубата. Последната генерација на моќните и штедливи четирицилиндрични турбодизел мотори со common rail и директно вбризгување успешно ги заменија досегашните петцилиндрични мотори. Новиот Crafter поставува нови современи стандарди во многу области.

Полесните мотори како и другите технички модификации ја намалијатежината кај сите Crafter модели, што овозможува зголемување на корисната носивост до десет проценти. Тоа е клучен фактор во дневните транспортни операции.

- Потполно обновена моторна линија - за 3,4 литри помала потрошувачка и со поголем вртежен момент;- За 10% поголема носивост;- Подобрена каросерија и подобра заштита од корозија;- Подобрени елементи во ентериерот со свежи и трајни материјали.

Новиот Crafter

Page 27: PORTA3 157

www.biroproekt.com.mkproektproekt

27

Page 28: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011328

28

региони

Општина Штип, по пауза од седум години, издаде градежна дозвола за изградба на приватен станбен

објект. Во изминатите години се градеа само станбени објекти на државата според различни програми. Во моментов таква зграда е во финална фаза во населбата Сењак 3,каде што ќе се гради и новиот објект. Во населбата Сењак 3 на продажба беше и парцелата Б-19-б, која по пат на јавно наддавање беше продадена со последна понудена цена од 2.800 денари за 1м². Локацијата лани ја купи штипското претпријатие за продажба на материјали и репроматеријали

РЕ „Бања Кежовица“ подолг период се соочува со проблеми. Иако има потенцијал, условите и услугите не соодветствуваат со потребите на граѓаните. Поголеми реконструкции на објектот не се преземени, со исклучок на женската бања

кога во 2005 година е извршена обнова на инсталациите, подните и ѕидните елементи, но поради лошиот избор на материјалите (водонеотпорни!), тој не е во добра состојба и постојано се вршат поправки и санации. Општиот машки дел за бањско капење, воопшто не е реконструиран. Водоводната, електро-инсталацијата, осветлувањето, подовите и ѕидовите се во мошне лоша состојба без соодветна заштита од водната пареа. Туш-кабините се со застарена водоводна и електро-инсталација. Делот каде се сместени кадите веќе неколку години е надвор од употреба. И кровната конструкција е во многу неповолна состојба. Неколку години наназад се остварувало само тековното одржување.Иако долги години наназад се говори за инвеститори заинтресирани за обновување на

Бањата, за посети од странски делегации, до ден-денес не е ништо направено на тој план. За таа цел, Одделението за локален економски развој и ЈП „Исар“ изготвија Студија за Бањата Кежовица. Но, поради неповолната финансиска состојба, ЈП „Исар“ не е во можност да планира поголем инфраструктурен проект без привлекување на приватен капитал. Спасот се гледа во реконструкција, модернизација и доградба на објектите на Бањата со примена на моделот јавно-приватно партнерство. - Основна цел на Студијата за ЈПП-потфатот е да се оцени атрактивноста, изводливоста и економската оправданост на проектот како основа за привлекување на приватен партнер. Можните модели на ЈПП како извори на финансирање, претставуваат сериозен приоритет бидејќи обезбедуваат повисок квалитет на

јавната услуга и носат придобивка од јавен интерес, што значи заштеда на трошоци за јавниот партнер - вели директорот Никола Мицевски. Со Студијата се предвидува инвеститорот да ја изврши реконструкцијата и модернизацијата во период од една година, а доградбата на сместувачките капацитети во период од три години. Инаку, како градска бања, Кежовица постои осум децении. Позната е уште од турско време, кога се користела за здравствени цели и лична хигиена на жителите. Се претпоставува дека била изградена од Турците на крајот од XVII век и тоа во примитивна зграда со базен. Комплексот „Бања Кежовица“ се простира на површина од 6.405 квадратни метри. Овде се изградени два објекта: едниот наменет за бањски услуги, другиот за сместување.

Д.Р.

Прва дОЗвОла За Приватна Зграда ПО седум гОдини

нОва студија За сПас на „кежОвица“

Објектот е на вкупна површина од 1.650 м² и ќе зафаќа 24.000 м². Зградата ќе има вкупно 16 катови, од кои два ќе бидат наменети за подземна гаража, три за трговски центар и 11 за станбен простор.

Комплексот „Бања Кежовица“ се простира на површина од 6.405 квадратни метри. Овде се изградени два објекта: едниот наменет за бањски услуги, другиот за сместување.

штиП

Page 29: PORTA3 157

ЕКО ИНОВАЦИИ и имплементирање на најнови технологии е тоа што АДОРА Инженеринг е синоним за квалитет во градежништвото. Резиденцијата ПОД ВОДНО е ексклузивен објект под падините на Водно во самиот центар на Скопје изграден по сите европски стандарди за квалитетно домување и едниствен во Македонија со енергетска ефикасност : - Фотоволтажен систем за производство на струја за заедничкото осветлување - Сретификат за сите вградени матерјали- Темелна плоча од 95 см - Асеизмички, армирано-бетонска конструкција со марка бетон минимум МБ30 и над МБ40- Термо фасада со графитен неопор, најнов тип фасади - Надворешна столарија со РоТо оков и 4-сезонско стакло - Видео надзор и електричен пристап- Во секој влез има два лифта - Сопстевен паркинг на 2 нивоа - Преградни ѕидови до 27 см (2/12 + 3 см изолација од трвдопресован тервол)- Блиндор врати- Прва класа паркет - Прва класа шпанска плочка - оптички интернет, ТВ и кабелска инсталација во секој стан- Лист за предбележување и можност за кредитирање до 30 години - онлајн каталог на www.adora.com.mk Резиденцијалниот станбено - деловен комплекс ПОД ВОДНО е дизајниран за сите оние заинтересирани да живеат на мирна локација во центарот на Скопје. Урбан стил кој ги нуди сите придобивки на модерното живеење, функционалност, квалитет и сигурност, со целосен панорамски поглед на Скопје и Водно. Самата локација е ПОД ВОДНО.

Докажано најдобри!ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА 072 204 024 и 070 365 738

ПРВ РЕЗИДЕНЦИЈАЛЕН КОМЛЕКС ВО МАКЕДОНИЈА со СОЛАРЕН ФОТОВОЛТАЖЕН СИСТЕМ

РЕЗИДЕНЦИЈА „ПОД ВОДНО“ АДОРА

„Адора инженеринг“ ДООЕЛ, ул. „Орце Николов“ 182А, реон 55, Карпош, 1000 Скопје, Република Македонијател. +389 (0)2 3093 200; 3093 201; 3093 909, факс. +389 (0)2 3093 908,

web: www.adora.com.mk, e-mail: [email protected]

за конфекција ТДВИЛ „НИКО 2002“ ДООЕЛ увоз-извоз, во сопственост на Ацо Николовски. По тој повод, Николовски за Порта3 вели дека заедно со фирмата „Роби Инженеринг“, како фирма партнер со 50% учество во целокупниот проект, планираат од овој неурбанизиран дел на градот да направат нешто ексклузивно какво што не постои во ниту еден град во источниот дел на Македонија. На вкупна површина од 1.650 м² се планира грандиозен, луксузен објект од 24.000 м², со подрумски дел, три ката трговски центар, над кои ќе бидат изградени уште единаесет катови, каде што ќе бидат сместени над 150 ексклузивни станови. „Целата инвестиција ќе чини околу 10 милиони евра, а изготвувањето на проектот е во завршна фаза“, вели Николовски.Од изградбата на објектот ќе се офајди и општинската каса во која ќе се слеат околу 560.000 евра на име комунални давачки.Во трговскиот центар кој, како што вели Николовски, ќе ги засени останатите во овој дел од

Републиката, ќе има повеќе локали, кои ќе се издаваат под наем, а луксузно опремените 150 станови ќе бидат наменети исклучиво за продажба. Станува збор за деловно-станбен комплекс, прв од ваков вид по многу години. Зградата ќе има вкупно 16 катови, од кои два ќе бидат наменети за подземна гаража. Површината на објектот е 24.000 м². Инвеститорот „Топ Инвест“ ДОО (заедничка фирма на ТДВИЛ „НИКО 2002“ и „Телекабел“) објави јавен повик за прибирање на најповолна понуда за изведувач, а проектот на зградата го изработил студиото „Платформа“ од Скопје. Планиран рок на изградба е 18 месеци. Согласно дизајнот, објектот ќе има модерен изглед, нешто што досега ретко било практикувано бидејќи сите станбено-деловни комплекси биле во традиционален стил, во кој доминира бетонскиот екстериер со класични прозорци. Со дизајнот што е избран, овој деловно-станбен објект ќе биде вистинска атракција за Штип.

Драган РИСТоВ

Прва дОЗвОла За Приватна Зграда ПО седум гОдини

нОва студија За сПас на „кежОвица“

Page 30: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011330

30

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 31: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 31

31

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 32: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011332

32

архитектура куќа вО вараждин, хрватска

Историска градба со совр емен дизајн

Page 33: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 33

33

архитектура

Историска градба со совр емен дизајн

вараждин е хрватски град кој во архитектонска смисла е многу познат по добро сочуваната барокна архитектура. Тесните улици, заедно со интимните плоштади и парковите го сочинуваат идентитетот на овој град. Куќата за која станува збор е всушност традиционален облик на ова поднебје. Правоаголниот објект е поставен така што неговата подолга страна е

всушност улична фасада, односно дворна фасада од друга страна. По извршената реконструкција, објектот се простира на околу 450 квадратни метри, а за ова било задолжено архитектонското студио „Два архитекта“, на чело со Томислав Ќурковиќ и Зоран Зидариќ. Задачата на овој проект во однос на оваа куќа, била да се обнови историската градба и внесување на современи елементи на дизајн. Клучните елементи на дизајнот се дневниот престој кој се простира преку целото приземје, и завршува со мал стакленик со егзотични растенија, додека стаклениот покрив е потполно видлив. Покривот на стакленикот ја следи постоечката линија на куќата и го истакнува нејзиниот традиционален облик. Овој стакленик не е единствениот додаден современ облик, бидејќи посредник меѓу материјалите игра и новиот покривач на кровот и рамките на прозорците. На дворната фасада е можно да се забележи стаклениот ѕид на бањата, која е повлечена во однос на фасадата. Материјалот на покривот и паралелопипедната рамка е бакар, кој со текот на времето ќе ја измени бојата и ќе се вклопи со тулата.

Д.Б.

Page 34: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011334

34

архитектура тирана

Нов културен комплекс

Page 35: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 35

35

архитектура

едно од моментално најпознатите дански архитектонски бироа

„BIG“ (Bjarke Ingels Group) ја освои првата награда на меѓународниот конкурс за нов културен комплекс кој се планира да биде изграден во центарот на Тирана. Интересно е дека на конкурсот учествувале многу познати имиња, меѓу кои и славната Заха Хадид, но сите тие останале без награда. Се предвидува комплексот на новиот културен центар да си го најде своето место на плоштадот Скендербег. Се работи за мошне амбициозен урбанистички проект кој треба да го реконструира и претвори градот Тирана во современ албански центар, кој ќе поседува добра

основа за идниот развој. Новиот културен центар ќе се простира на околу 27.000 квадратни метри, а ќе содржи џамија, исламски центар и музеј со религиски тематики. Интересно е дека парковите ќе ги уредува Марта Шварц, исклучително почитуван и познат американски пејсажен архитект. Според авторите на проектот и локалните власти, обликувањето на идниот комплекс ќе поседува силна нота на исламската архитектура и со уредување на јавните површини во согласност со каноните на исламот. Предвидено е овој јавен простор да биде за околу 10.000 луѓе.

Д.Б.

Page 36: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011336

36

ентериер

Првиот впечаток на секој нов посетител на њујоршкиот

ресторан „Пио Пио“, е дека оваа фино изработена дрвена кутија веднаш ги дефинира и изразува намерите на самиот дизајн: мистерија, истражување и контрадикторност. Сместен во стара зграда на њујоршката 10 Авенија, овој рустичен објект со самиот свој изглед претставува вистинска изолација од вревата и бучавата во овој дел од Менхетн. Секој посетител го дочекува голем рецепционерски пулт од масивен измазнет камен, кој дава привид дека тука завршува просторот, со што уште повеќе ја

рестОран „ПиО ПиО“, њујОрк

Мистерија и контрадикторност

Page 37: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 37

37

ентериер

зголемува желбата на ограничениот поглед кон понатамошно истражување на просторот. Во наредниот простор, светлото дава уште потаинствен изглед на внатрешната дрвена обработка на ѕидовите. Потоа се доаѓа до масивен шанк од бел мермер, кој е обединет со порозен бетон на кој е положен. Овој бар, исто така, ги дефинира границите на долгиот коридор што се простира сè до последниот дел на ресторанот, сместен на дното на скалилата. Во оваа последна во низата простории светлата се пригушени, а тоа дава пријатна и интимна атмосфера за јадење и комуникација. Д.Б.

Page 38: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011338

38

ентериер стОлици За ОдмОр

Лежерни идеи на Том Рафилдделата на дизајнерот Том Рафилд уште еднаш ја докажуваат и покажуваат благодарноста, силата и

флексибилноста на дрвото како материјал. Импресивните кривулинки кои се споени во парчиња мебел се згодни за релаксација и одморање. Овие столици за лежење станале заштитен знак на Том Рафилд. Удобни за лежерно опуштање на терасите или пред телевизорот, како сакате. Д.Б.

Page 39: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 39

39

занимливости

Детска соба како пиратски броД

дизајнерот Steve Kuhl го подигна нивото на уредување детски соби

на повисоко ниво. Тој дизајнирал соба со пиратски брод за шестгодишниот син на својот клиент. Собата содржи лебдечки пиратски брод, во кој се влегува со помош на дрвен мост и јаже. За симнување од бродот, освен јаже може да се користи и спирален тобоган кој е вешто скриен во конструкцијата на бродот, а за помалку авантуристички настроените посетители може да се користат и помалку возбудливите дрвени скали. Однадвор бродот делува толку реално, како да е закотвен директно од морските широчини, а внатрешноста на бродот претставува уште поинтересно доживување бидејќи е внимавано на секој детаљ. Освен кревет за гостин, изненадување за секој посетител на бродот се скриените простории, кои на прв поглед се скриени зад шкафче, а не изостанува ни ќелија со челични врати. За доживувањето да биде уште пореално, ѕидовите на просторијата се декорирани со мотиви од морските длабочини. Иако се рабори за детска соба, сигурно на нејзината иновативност не можат да одолеат и постарите членови на семејството.

Александра ПЕТРоВСКАдипл.инж.арх.

Page 40: PORTA3 157

40

40 ПОРТА 20 мај 20113

наукаВо последните децении на ХХ век, австриската архитектура стекнува голема меѓународна репутација благодарение пред сè на големиот талент на Густав Пајхл и на Ханс Холајн, а потоа на групата Коп Химелблау. ГУСТАВ ПАЈХЛ (1928-), по завршувањето на архитектонските студии кај Клеменс Холцмајстер (1953) и по работењето со Роланд Рајнер, во 1956 година отвора сопствено студио. Во 1969 година тој победува на конкурсот за студио на Австриското радио (ORF). Тоа му овозможува во периодот од 1982 година за ORF да изгради шест ансамбли во: Линц, Салцбург, Дорнбирн, Грац и Ајзенштат. Сите тие ансамбли претставуваат дериват на основниот тип, каде што формата целосно произлегува од функцијата. Овие објекти на мајсторски начин се направени од префабрицирани елементи, што овозможува нивна едноставна адаптација и доградба. Регионалното студио на ORF во Грац (1979-82), со расчленетите кубични форми прави силуета на брод, при што до израз доаѓа високиот технолошки сјај на материјалот, како што е случајот со пиластрите во кружниот влезен хол. Пречистителната станица за фосфат во Берлин (1979-85) е еден од највпечатливите објекти на долгогодишната архитектонска изложба во овој град. Нејзината симетрична просторна композиција со управна зграда и со три резервоари наликува на брод или на вселенско летало. Доградбата на Градскиот музеј во Франкфурт (1987-90) претставува трикатно крило, кое со главниот неокласичен објект е поврзано преку мост на првиот кат.

Силуетата на новото крило е на иста височина со стариот објект, при што новата мермерна фасада е целосно поедноставена. Во главниот влезен хол, на еден постмодерен манир се цитирани некои мотиви од виенската сецесија. Исто така Федералната државна галерија во Бон, Германија (1989-92), во надворешното и внатрешното обликување има слични карактеристики својствени за архитектурата на Густав Пајхл.

австрија (4)михаил тОкарев: 100 гОдини мОдерна архитектура (109)

Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји - резимирани извадоци

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Создаваме

Живот на

Покривите!

[email protected] www.zepekomak.com.mk070 216 945

www.zinco.de

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Г. Пајхл. Регионалното студио на ORF, Грац.

Внатрешност

Г. Пајхл. Пречистителната станица за фосфат, Берлин

Г. Пајхл. Доградбата на Градскиот музеј, Франкфурт на Мајна.Изглед и внатрешност

Page 41: PORTA3 157

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Создаваме

Живот на

Покривите!

[email protected] www.zepekomak.com.mk070 216 945

www.zinco.de

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Page 42: PORTA3 157

ПОРТА 06 мај 2011342

42

урбанизам

Б

Page 43: PORTA3 157

Б

20 мај 2011 ПОРТА3 43

43

спортски храмови

„бОмбашите“ фрлија лопати на својот нов дом

New wiNNipeg Blue BOmBers sTADium - виниПег, канада

Провинцијата Манитоба во Канада од јуни 2012 година ќе добие нов спортски мултикомплекс. Универзитетот во Манитоба во рамките на кампусот и веќе постоечкиот стадион, ќе добие нов објект кој се гради во вид на нов фудбалски стадион, на кој свој настап ќе имаат локалните херои „Винипег Блу Бомберс“, членови на канадската фудбалска (рагби) лига. Според идејниот план, капацитетот на стадионот ќе биде 33.000 места, од кои добар дел треба да бидат покриени и заштитени од надворешни влијанија (дожд, снег... ). Ова особено е битно, ако се знае дека во зимскиот период досега на стариот стадион имаше големи проблеми со нормалното одржување на натпреварите. Архитектот Рејмонд С. Ц. Ван е потпишан зад проектот според

кој ќе се гради новата арена. Финансиски изградбата ја овозможија клубот Винипег Блу Бомберс, градот Винипег и Универзитетот во Манитоба. За комплетирање на проектот се очекува да бидат потрошени 190 милиони долари. Локацијата за градба е на површина од 20.200 м², на која покрај стадионот место ќе има и катна паркинг гаража на два ката за потребите на гледачите, кои со свои автомобили ќе доаѓаат на спортските настани. Изградбата на стадионот почна во мај минатата година, иако проектот првично беше одобрен за градба уште на 2 април 2009 година. Се очекува следната година пред стартот на летото истиот да биде завршен, и да биде пуштен во употреба со еден спектакуларен меч, на кој „сините

бомбаши“ ќе одиграат пријателски меч со некоја од најпопуларните екипи од американската НФЛ лига во американски фудбал.Интересна е и модификацијата што ќе може многу брзо да се реализира со значително зголемување на постоечкиот капацитет на трибините, за манифестации од типот на „Греј Купот“. За ова натпреварување, „Њу Блу Бомберс“ ќе може да се зголеми со дополнителни 7.000 места за седење. Канадските медиуми објавија дека мали контроверзи се појавија околу дизајнот на покривната конструкција. Главното прашање беше дали е изводливо комплетниот трибински простор да добие покрив над глава, а не само околу 80% од трибинскиот дел. Поради драстичното

зголемување на цената, градот и Универзитетот се откажаа од дополнителна разработка на проектот и остануваат на веќе постоечкото решение. Куполата над централниот терен треба да го заштитува централниот терен од снежни врнежи во текот на зимата, но треба да се покаже и како корисен за заштита од силни дождовни врнежи. Покривот ќе биде фиксен и од метал, со специјална прекривка која ќе овозможува лесно симнување на водата и снегот од него.Провинцијата Манитоба со изградбата на овој стадион најави дополнителни 1.468 места за вработување, како и зголемени даночни приходи. Во рамките на стадионот е планирана изградба на 9 угостителски објекти, како и 40 луксузни апартмани.

ФАКТИ ЗА "New Blue Bombers Stadium" - Винипег, КАНАДАСедишта: 33.000Површина на градба: 22.200 м2

отворање: јуни 2012Придружни објекти: 40 ВИП апартмани, 9 угостителски објекти, конгресен центар, медиа центар.Архитект: Raymond S.C WanИнвеститори: Град Винипег, Универзитет на Манитоба и "Винипег Блу Бомберс"Цена на изградба: 190 милиони долари

Сашо КУзМАНоВСКИ

Page 44: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011344

44

технологии

Откако пред повеќе од една деценија се воведе терминот БИМ (Building Information

Modeling), денес истиот за прв пат добива дополнителни расчленувања и дополнувања. Практично, изразот БИМ е скован од професорот Чак Истман во шеесеттите години на минатиот век, во обидот теоретски да ги појасни проектните проекции и записи. БИМ го претставува секој обид да се опише, претстави или специфицира една замислена (или реална) градба. Од грубите скици во песокот, преку проектните цртежи на хартија до 3д виртуелните модели, сето тоа претставува процес на БИМ. Со нив проектантот се обидува поблиску да ја објасни и долови својата архитектонска идеја (проект) на останатите. Она што низ историјата се менува е тенденцијата опишувањето да биде што пообемно и побогато, без разлика на сложеноста на архитектонските зафати. Информатичката технологија и нејзиниот вртоглавечки раст, направи плодна подлога за развој на софтверски апликации, чии можности во делот

на претставување на проектите се навистина извонредни. Пред нешто повеќе од десетина години, на сцена настапија определени софтвери (Аутодеск Ревит, Архикад, Бентли Архитекчр, ОлПлан, итн.), кои поради својата специфичност и релативен брз развој, го присвоија терминот БИМ за да опишат тип на апликации кои се разликуваа од дотогашните 2D CAD апликации (пр. Аутокад). Грубо кажано, БИМ тогаш означуваше специфични апликации кои користат графички интерфејс со 3д моделер и моќна база на податоци во заднина. Овие апликации овозможуваа определени оптимизации и дополнителни анализи произлезени од проектот, со цел остварување на поголем бенефит. Денес, грешката е исправена и под БИМ се подразбираат сите апликации кои учествуваат во претставувањето на проектите на т.н. 2D CAD. Со тоа практично се заменува претходната кованица CAD (Computer Aided Design – Компјутерски поддржано дизајнирање) која сосема успешно означи една ера од развојот

на проектантски софтверски апликации. Очигледно дека не е се готово кога станува збор за семантиката и сигурно дека БИМ ќе претрпи уште редефинирања. Засега остануваме со најновите дефиниции и поделби, а тоа се:

2Д БИМ - софтверски апликации кои прикажуваат 2Д проекции од замислениот објект со текстуални описи (пр. Аутокад); 3Д БИМ - софтверски апликации кои се потпираат на моделирање во 3Д на замислениот објект и негово опишување преку користење на моќна база на податоци. Вообичаено, овие податоци опфаќаат геометриски описи од типот: димензии, позиција, но и материјал, тежина итн; 4Д БИМ - софтверски апликации кои главно ги содржат сите карактеристики на 3Д БИМ, но доплнително е воведена и економската димензија преку прикажување на трошоците за чинење на делови

или целокупниот модел. Така, американската ASHRAE (American Society of Heating, Refrigerating and Air-Conditioning Engineers) во нивниот „Вовед во моделирање со информациите на објектите“ го дефинира 4Д како „3Д објекти и групи кои ја имаат додадено димензијата Трошоци кон нив. Информацијата за Трошоците може да биде содржана во самиот БИМ модел или поврзана или поинаку додадена кон објектите“.

сите димензии на бим апликаЦиите

Page 45: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 45

45

технологии

Тоа значи дека овие апликации покрај тоа што се способни да создадат 3Д модел, да прикажат 2Д проектни детали, способни се уште да дадат обемни анализи за чинењето на објектот, оптимизации како истите да се намалат, текот на трошоците низ времето и уште многу други корисни информации; 5Д БИМ - софтверски апликации кои ги содржат сите карактеристики на 4Д БИМ апликациите, но со додадена временска димензија. ASHRAE тоа го дефинира како „4Д БИМ кој има објекти и групи кои имаат Планирање и Време како констреинт придодаден кон нив. Информацијата може да биде содржана во самиот БИМ модел или поврзана или поинаку додадена (интегрирана или интероперијабилно поврзана) со дизајнот на проектот и планирањето на градежните работи и процената на временската сензитивност“. овие апликации, покрај сето она што го прикажуваат 4Д апликациите, прикажуваат и приказ на Динамичкиот план, кој визуелно може да се претстави и преку 3Д моделот што низ секвенци (како анимација) се гради дел по дел. ова овозможува на проектантите и градителите да ги разберат, оптимизираат и подготват сите елементи на проектот. Ваквата поделба не е дефинирана од некоја институција како официјална и конечна. за волја на вистината, несогласувањата се

и јавни и очигледни кај различни институции и поединци. Многу американски институции ја спорат дефиницијата за 4Д БИМ и 5Д БИМ и предлагаат обратен редослед на дефинициите, односно:

4Д БИМ е 3Д БИМ + временска димензија, додека• 5Д БИМ е 4Д БИМ + трошоци.Но и тоа не е се. Многу организации и компании ги додаваат и следните надополнувања: 6Д БИМ како 5Д БИМ апликација со додадена димензија Енергија, односно оваа апликација ја следи енергијата што се користи во објектите низ времето и економските (па и еколошките) аспекти. Тука спаѓаат и термичките анализи, придобивките од соларните панели и други тела, вкупната потрошувачка на енергија и други; 7Д БИМ како 6Д БИМ апликација која всушност навлегува во подрачјето на ФМ (Фасилити менаџмент), односно одржување на објектот низ времето и следење на неговите перформанси.

Сите наведени БИМ апликации, но особено оние поспецифичните, поради нивната сложеност и обемност се навистина ретки. Повеќе сме навикнати да гледаме специфични додатоци кон 3Д БИМ апликации, отколку целосно интегрирана 7Д БИМ апликација. Така на пример, Архикад со Екотект

е 3Д+6Д БИМ апликација. Vico Estimator е на пример само 5Д БИМ апликација итн. Ако гледаме така, тогаш некои предлагаат и уште една група на апликации кон поделбата, а тоа е 8Д БИМ. 8Д БИМ е всушност БИМ апликација која ги интегрира сите спомнати апликации досега. За таква апликација сè уште немам слушнато. Нема да ме чуди ако оваа поделба добие уште некоја група на апликации. Некои заговараат и Безбедноста да биде димензија која ќе се третира, и тоа безбедност од пожар, безбедност на конструкцијата при земјотрес или ураган, безбедност од терористички напад, евакуација и што ли уште не. Како и да е, сите овие апликации се навистина софистицирани и сè уште се во тренд. Тоа значи ќе гледаме уште многу верзии и подобрувања. Искрено верувам дека проектирањето ќе стане исклучително сложен процес, кој ќе бара многу знање (и компјутерско секако) и труд, а градењето - математички прецизно.

Трајче СТоЈАНоВ, дипл.инж.арх.

Page 46: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011346

46

експерт

Во земја како што е Република Македонија, на чија територија и во нејзиното непосредно опкружување,

се случиле во просек по еден земјотрес со магнитуда 6 или повеќе степени според Рихтеровата скала на секој 8,3 години во текот на 20 век, заштитата од земјотреси треба да зема многу значајно место во сите полиња на делување.Во минатиот број на Порта3 беше укажано дека заштита од земјотреси само преку градење на објекти според стандардите за асеизмичка градба, само по себе, не може да одговори на долгорочните

определби за заштита, бидејќи објектите се градат за животен век од 50 и повеќе години, додека прописите за асеизмичка градба се менуваат многу почесто како резултат на новостечените сознанија по секој позначаен земјотрес. Според неверојатната претпоставка дека нема да има потреба за промена на асеизмичките прописи во периодот од 1990 до 2050 година во Република Македонија, треба да се каже дека за да се задоволат потребите на природниот пораст на населението и да се замени станбениот фонд на сеизмички неотпорни објекти

во периодот од 60 години, би требало да се изградат нови станбени објекти за сместување на околу 1,513 милиони лица, под претпоставка дека преостанатите 1,172 лица сè уште живеат во објекти кои биле и останале сеизмички отпорни (Ладински, 2001). Во сегашните услови на транзициско капиталистичко општество, треба да се праша колку е реално дека 874 илјади лица кои живееле во 1990 година во сеизмички неотпорни објекти, ќе смогнат (финансиски) сили овие објекти да ги заменат со асеизмички изградени до 2050 година?

нОсечка кОнструкцијаПоследново е многу важно затоа што постојните објекти често и не секогаш се предмет на контролирани градежни интервенции, кои можат да ја нарушат сеизмичката отпорност на објектот. Со оглед на тоа што најчесто асеизмичките станбени објекти се изградени со примена на армирано бетонска носечка конструкција, истата ретко кога е подложена на потребните редовни контролни прегледи за утврдување на оштетувања и соодветно и навремено да се поправат истите,

АСЕИЗМИЧКА ГРАДБА И НЕНОСЕЧКИ ЕЛЕМЕНТИ

САНАЦИЈА Во ситуација кога само неколку

осигурителни друштва во Република Македонија тврдат дека нудат

осигурување од ризик земјотрес, и кога веројатно само мал дел од становите

во колективните станбени згради се осигурани и имаат осигурување од ризикот

земјотрес, се поставува прашањето како би се организирала севкупната

санација на еден таков објект?(Специјално за Порта3 од Велика Британија) д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх.

(продолжение на текстот Заштитата Од ЗемјОтреси ПО фОкушима од минатиот број)

Page 47: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 47

47

експертсо што би се сочувале асеизмичките карактеристики на објектот. Второ прашање е колку пати е спроведен редовниот преглед на носечката конструкција и се извршени потребните поправки во станбените објекти во кои живеете, имајќи предвид колку станови се адаптирани и преправени во еден станбен објект со поднесено барање и добиена согласност од куќниот совет и градежната инспекција? И за објектите што се градени според асеизмичките прописи, вообичаените барања се носечката конструкција да не претрпи тешки оштетувања и рушење при земјотреси до одреден интензитет, според локацијата на објектот во одредена сеизмичка зона. Според прописите од некогашна СФРЈ, кога голем дел од станбените објекти во Скопје биле изградени по земјотресот од 1963 година, носечката конструкција на објектите требаше да издржи земјотрес со интензитет до 9 степени. Оттука, концептуално неносечките елементи честопати се „жртувани“ бидејќи тие треба да апсорбираат дел од енергијата на земјотресот и да претрпат оштетувања со што би се заштитила примарната носечка конструкција на објектот од потешко оштетување или рушење. Како резултат на ова, при разорни земјотреси постои можност за посериозни оштетувања на неносечката конструкција во услови кога носечката конструкција е зачувана. Во едно вакво сценарио може да се случи времено објектот да не биде погоден за живеење додека не се извршат соодветните поправки и санации. Во ситуација кога само неколку осигурителни друштва во Република Македонија тврдат дека нудат осигурување од ризик земјотрес, и кога веројатно само дел од становите во колективните станбени згради се осигурани, а уште помал дел од нив имаат осигурување од ризикот земјотрес, со право може да се постави прашањето како би се организирала севкупната санација и поправка на еден ваков објект?

фасадиНеконструктивните оштеувања на објектот при земјотреси, исто така можат да предивикаат повреди, па дури и фатални. Лошо изведените дилатациони фуги на

објектите, неодржуваните фасади, несоодветното застаклување на објектите и внатрешното опремување на објектите, честопати можат да предизвикаат поголеми проблеми дури и при помали земјотреси. На пример, при земјотресот во Романија од 1989 година најголемиот број жртви и повредени биле резултат од уривање на малтер и други градежни материјали од фасадите на објектите. Според извештаите, во одредени случаи конструктивните дилатациони фуги биле завршени со малтер кој поминувал над фугата, резултирајќи цели парчиња малтер да отпаѓаат од фасадата при земјотресот. За жал, во одредени случаи дилатационите фуги биле лоцирани до влезовите на објектите, предизвикувајќи повреди и жртви кај оние што бегале од нив. По земјотресот во Скопје од 1963 година, на преминот помеѓу 60-тите и 70-тите години, објектите во централното градско подрачје биле префасадирани со ќерамички плочки, а дел од новоизградените објекти во овој период биле завршно обработени со ќерамички фасадни плочки. Ова само по себе не е проблем, освен ако не се земе предвид дека фасадите на овие објекти ретко биле предмет на одржување во изменитите 40-ина години. Како резултат на ова, не е ни чудо што на некои од овие објекти може да се види дека фасадните ќерамички плочки почнале да испаѓаат, што претставува ризик не само во случај на земјотрес, туку воопшто. Слични проблеми може да се очекуваат кај објектите со сендвич ѕидови завршно обработени со фасадна тула, особено кај оние што имаат кламфи од галванизирано железо. Доколку нивото и квалитетот на галванизацијата не е најдобар, може да се случи тие да почнат да кородираат, и на тој начин, најчесто се предзивикува нивно виткање, при што може да дојде до пукање на малтерот во спојницата, и во екстремни случаи и до саморушење на дел од надворешниот ѕид. Ова е забележана појава кај објектите со сендвич ѕидови во Велика Британија, изградени со кламфи од галванизирано железо кон средината на минатиот век, и кај кои во одредени случаи

дошло до саморушење најчесто на калканските ѕидови без никаква причина. Можете да замислите што би се случило со еден ослабен надворешен слој во случај на земјотрес.За слични проблеми постои можност и кај поновите објекти чиишто фасади се обложени со надворешна изолација, или со камен, или пак со градежни плочи, доколку истите не се испроектирани и изведени според детали за сеизмички подрачја.

стаклОСо оглед на тоа што примената на стакло како фасадна обработка сè повеќе станува тренд, тука е потребно уште поголемо внимание при проектирање и изградбата на објектот за да се избегнат несаканите последици. Соодветна носечка конструкција за стаклото, дилатациони фуги и изборот на стаклото, се исклучително важни во вакви случаи. Примената на обично стакло треба да се избегнува, особено кај објектите со застаклени фасади, а би требало да се промовира употребата на калено безбедносно стакло, кое е механички поотпорно, и кое при кршење ќе се распрска во помали парчиња, со што би се заштитиле изложените минувачи од посериозни повреди. Ламинираното стакло и каленото ламинирано стакло имаат добри заштитни способности

при обиди за провали и слично, но можат да предизвикаат многу сериозни повреди ако паднат од фасадата на објектот.Моето мислење е дека најновите законски прописи кои ја регулираат проблематиката на колективните згради ја префрлаат целосната одговорност за одржување на објектите врз заедницата на сопственици/станари во објектот. Ова теоретски и правно веројатно е издржано, но во реалноста на македонскиот граѓанин денес ова е практично многу тешко да се реализира, доколку се земе предвид колкави се просечните примања на граѓаните, колкави се животните трошоци и колку би чинело само постаувањето на скеле за префасадирање на една дванаест или шеснаесткатница, а да не зборуваме за самото префасадирање. Добар дел од колективните станбени објекти се изградени во едно поинакво време, кога барем теоретски, ако не и практично, постоела колективна распределба на ризикот на ниво на град и обврска за тековно и инвестиционо одржување на објектите. Од аспект за намалување на повредливоста на изградената средина во земјата, веројатно е потребно да се најдат некои преодни решенија, кои долгорочно ќе резултираат со поодржуван и побезбеден градежен фонд.

639,000

1,172,000

874,000

А - нови

Б - асеизмички

В - останати

Очекувана распределба на населението во Република Македонија според видот на станбената единица во која ќе живеат во 2050 година

(А) Лица коишто ќе живеат во новоизградени сеизмички отпорни станбениединици изградени за да се задоволи природниот прираст на населението(Б) Лица коишто ќе живеат во сеизмички отпорни станбени единици коипостоеле во 1990 година(В) Лица коишто ќе живеат во сеизмички неотпорни станбени единици коипостоеле во 1990 година (освен доколку во периодот од 1990 до 2050 година истите не се заменат со нови сеизмички отпорни станбени единици – дали и во колкава мерка овие станбени единици ќе се заменат со нови до 2050 година во голема мерка ќе влијае на сеизмичката повредливост на Република Македонија

Базирано на претпоставка дека станбените единици изградени според кои билопрописи за сеизмичка отпорна градба ќе се сметаат како сеизмички отпорни, дека истите соодветно ќе бидат одржувани и дека нема да бидат подложени на градежни интервенции со кои ќе се намали нивната сеизмичка отпорност

Page 48: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011348

48

еко инфо

карлсруе, германија

германија го доби својот прв офшор ветерен паркНеодамна Германија се најде на крстопат помеѓу две опции: да се продолжи со нуклеарната енергија или да се изберат „зелените“ ресурси. За среќа, нацијата ја научи лекцијата од Јапонската катастрофа, и ја избра „зелената“ опција, а со овој курс се совпаѓаат и најновите случувања во германскиот енергетски сектор. Официјално е пуштена во погон првата германска офшор централа на ветер, лоцирана на 16 km од брегот на Балтичкото Море, па според тоа и именувана „Балтик 1“. Ветерниот парк се состои од 21 ветротурбина, производство на „Сименс“, чија вкупна моќност е 50MW. Со електраната стопанисува енергетската компанија Energie Baden-Würtemberger (EnBW).Веќе во 2013 година се очекува пуштање во погон на втората офшор електрана „Балтик 2“. Имајќи ја предвид германската прецизност и посветеност, нема причини за сомневање дека тоа ќе се случи.

(Renewable Energy Focus)

Oук риџ, Tенеси

вода за пиење произведена од дизел гориво!Со оглед на фактот што мисиите на американската армија се често во региони каде што обезбедувањето на вода за пиење е сериозен проблем, а од друга страна транспортот на големи количини вода создава уште поголеми тешкотии, Oak Ridge National Laboratory најде начин да ги реши овие проблеми. Бидејќи горивото е расположиво и достапно во воените бази, истражувачите успеаја да создадат вода за пиење од дизел горивото. Лабораториските тестови покажаа дека од еден галон согорено гориво може да се добие речиси еден галон вода. 85% од вака добиенета вода е чиста вода за пиење. Клучна улога во овој процес e неорганска мембрана со капиларен ефект. Издувните гасови од горивото минуваат низ систем од повеќе керамички цевчиња со пори низ кои се извлекува водната пареа од која се добива водата. Процесот ќе се усовршува во следните неколку години, а може да најде примена и во многу други кризни ситуации. Подобро отколку да се умре од жед, нели?

(Green Optimistic)

Загреб, хрватска

еколошката свест сè пониска?Галуповиот Институт, кој од 1989 година ја мери загриженоста на јавноста во поглед на глобалното загревање, од година во година забележува пад на еколошката свест кај граѓаните. Имено, најголем дел од популацијата не гледа во глобалното загревање сериозна закана. Ова е заклучок од неодамна објавеното истражување спроведено во 111 земји, а меѓу другите било презентирано и од страна на хрватската канцеларија на овој институт.Најголема загриженост изразиле Грците, високи 87%, и тоа најмногу се должи на сè позачестените шумски пожари во оваа земја. На дното на листата е Египет, каде што само 18% од испитаниците се загрижени за иднината на планетата. Слични резултати се забележани во Сомалија и Судан, кои со години се борат со сушите. Од Кина, земјата што е најголем загадувач на планетата, исто така доаѓаат поразителни резултати, односно само 20% од анкетираните се загрижени за ефектот на стаклена градина. Во просек, на светско ниво, 42% од испитаниците веруваат дека глобалното загревање е сериозно, додека скоро е занемарувачки процентот на оние што сметаат дека топењето на ледниците е нешто што би требало да ги загрижува во текот на нивниот животен век.

(Vjesnik)

Page 49: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 49

49

еко инфо

сакраментО, калифОрнија

Производство на струја од автомобилскиот сообраќајАмериканската сојузна држава Калифорнија сериозно ја разгледува можноста да произведува електрична енергија од сообраќајот од автомобилите. Неодамна Комисијата за природни ресурси на Калифорнискиот Конгрес го одобри предлог-законот на иницијатива на конгресменот Мike Gatto, кој бара разработка на пилот-проект. Предвидено е на улиците да се постават сензори кои вибрациите што ги генерира автомобилскиот сообраќај ќе можат да го претворат во електрична енергија. Проектот всушност се базира на феноменот познат како “пиезоелектрицитет”. Сензорите се планира да бидат поставени на еден дел од улица со две ленти во должина од 1km. На таа делница би се обезбедила моќност од 44 MW, што значи снабдување со електрична енергија на околу 30.000 домаќинства на годишно ниво.

(Handelsblat)

бОн, германија

Завршена првата делница од гасоводот северен токКонзорциумот од компании кои работат на проектот Северен ток, објави дека веќе е комплетирана првата делница на гасоводот, преку кој рускиот природен гас спроведен под Балтичкото Море ќе стигнува до Германија. Останатите делници се веќе положени во морето и треба да бидат споени ова лето далеку од брегот на Финска и Шведска. Вкупната должина на овој гасовод е 1.224 километри, а првите количини гас треба да потечат кон крајот на 2011 година. Гасоводот Северен поток е од исклучително значење за сигурноста во снабдувањето со природен гас во Европа, исто како и гасоводите Јужен поток и Набуко. Во стручната јавност чести се мислењата дека Северен ток е конкуренција на Набуко. Во секој случај, со реализација на овие проекти ќе се зголеми сигурноста во снабдувањето, но и ќе се придонесе за диверзификација на изворите за снабдување на европскиот пазар со природен гас.

(France Presse)

амстердам, хОландија

колку енергија троши интернет?Иако Facebook веќе ги најави своите планови за зголемување на енергетската ефикасност, и неговиот центар за податоци и информации во Орегон е 38% поефикасен од останатите, сепак најновите истражувања во врска со потрошувачката на енергија во IT секторот се загрижувачки. Според Greenpeace, и покрај прогресот во изведба на енергетски ефикасни центри за податоци, секторот како целина е голем потрошувач на енергија, и во голема мера ја игнорира употребата на обновливи енергетски извори. Напротив, IT секторот ја гради својата експанзија врз „валкани“ енергетски извори како што се јагленот и другите фосилни горива. Потрошувачката на енергија кај центрите за податоци расте со стапка од 12% годишно. Доколку би се работело за држава, Интернет би бил на петто место во светот според потрошувачката на енергија, веднаш по Јапонија а пред Русија.

(Celsias)

подготви: Даниела МЛАДЕНоВСКА

Page 50: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011350

50

екологија

македонија е земја која располага со огромен потенцијал на обновливи

енергии. Вода, сонце, ветер... бесплатно. Време е за фини нешта, време е за искористување на обновливите извори на енергија. Во овој текст ќе се задржиме на состојбата со малите хидроцентрали во Македонија. Мораме да признаеме дека за разлика од некои проекти кои се поврзани со другите извори на обновлива енергија, на овој план навистина почна да се работи во Македонија - не само на хартија туку и на дело. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се согласи

да одобри пари за почнување на проектот за изградба на мали хидроцентрали во Македонија. Министерот за економија на Македонија и претставници на ЕБОР веќе имаат потпишано договор, со кој ќе се одобри кредитот за обезбедување на константно ефективно изведување на проектите за изградба на мали хидроцентрали во државава. Проектот за изградба на мали ХЕЦ (хидроелектрични централи) се состои од околу 400 мали хидроцентрали, распоредени во сите делови на територијата на Македонија. Колку за споредба, во првите 15 членки на ЕУ има околу 15.000 мали хидроцентрали. Во

новопримените членки има уште околу 3.500 мали ХЕЦ. Во Италија има околу 2.500, во Франција 2.000, а во Норвешка над 1.000 мали ХЕЦ. Сосема е јасно дека иднината на човештвото лежи во обновливите извори на енергија. Малите хидроцентрали претставуваат објекти кои служат за произведување на чиста „еколошка“ електрична енергија, без загрозување на животната средина и нејзините станари. Некои од условите, потребни за реализација на еден ваков проект (мали ХЕЦ), се доволен константен тек на реката од која се зафаќа водата и што е можно пострмен пад

на водата. Малите хидроцентрали се предвидени за брзотечни водни текови со што поголема висинска разлика. Количината на произведена енергија е во правопропорционална зависност од количината на вода, односно протокот на вода во дадениот водотек.

градењеМалите хидроцентрали кои ќе се градат на територијата на Македонија ќе имаат поединечен капацитет од околу 1000 kW, (поточно кажано, капацитет од 0,6 MW до 1,5 MW) или пресметано како годишно производство на електрична енергија во износ од

електрична енергија... Бесплатно!ПРоЕКТ Малите хидроцентрали доаѓаат на голема врата во Македонија. Проектот за изградба на мали ХЕЦ (хидроелектрични централи), поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), се состои од околу 400 мали хидроцентрали, распоредени во сите делови на територијата на Македонија.

Page 51: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 51

51

екологија

4.500 MWh. Инаку, од произведени 1000 kWh електрична енергија дневно можеме да снабдиме со струја околу 40 просечни македонски семејства. За потсетување, 1000 kWh = 1 MWh. Понатамошната математика ја оставаме на вас, читателите. Во поглед на намалувањето на испуштените количини на стакленички гасови (посебно CO2), доколку направиме груба пресметка, со секоја изградена мала хидроцентрала на територијата на нашата држава ние на годишно ниво ќе го редуцираме количеството на CO2 за околу 4000 тони! На ова треба да го додадеме и редуцирањето на

другите стакленички гасови како азотните (NOx) и сулфурните (SO2) оксиди, гасови кои исто како и CO2 предизвикуваат шетни последици по здравјето на целокупната флора и фауна. Постоечките мали хидроелектрани на територијата на Македонија веќе имаат значаен удел во производството на електрична енергија во државата. Во 2009 година од овие капацитети се добиени 168 GWh, а минатата година 249 GWh електрична енергија. Доколку сè оди како што треба, нашата држава во наредните години ќе произведува задоволувачка количина електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Искористувањето на водните текови е можеби едниствениот обновлив извор на енергија кој влегува на голема врата во Македонија, во поглед на искористување на алтернативните извори на енергија. Македонија е земја која сè повеќе треба да се стреми кон обновливите енергии, и тоа поради три факти. Првиот, заштита на животната средина, нешто кон кое треба да се стремиме, нешто кое се постигнува со користење на обновливи извори на енергија. Вториот, гледано од економски аспект, со се поголемото искористување на слободно кажано „бесплатни“ извори на енергија, се намалува количеството на увезена

електрична енергија, односно се заштедуваат пари кои ќе можат да се алоцираат во промовирање на други обновливи извори на енергија или промовирање на други позитивни еколошки практики. На овој начин, а тоа е третиот факт, се стремиме кон принципите на концептот наречен одржлив развој. Нашата држава изобилува со природни богатства и обновливи извори на енергија. Зошто истите да не ги искористиме? Од природата за човекот, од човекот за природата. Симбиоза.

Никола НЕшКоСКИ, дипл.инж. за жив.средина

(НВо ,,Еко - Логик“)

електрична енергија... Бесплатно!

шем

а на м

ала х

идро

елек

трич

на ц

ентр

ала

Page 52: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011352

52

екологија

според проценките на Светската туристичка организација, туризмот до

2020 година ќе биде една од најзначајните профитабилни стопански гранки и за развиените, но уште повеќе за земјите во развој. Според документот „Визија за туризмот - 2020“ се очекува остварување на 1,6 милијарди туристички движења. Местото на туризмот во стопанствата на земјите е веќе утврдено бидејќи, според економските статистики, дури 8 отсто од светската вработеност се во областа на туризмот, со што тој е втор најголем генератор на работни места, веднаш по информатичката индустрија. Меѓутоа, загрижувачки е фактот што туризмот се базира на експлоатација на животната средина, а со тоа е главен фактор за нејзина трансформација, но и деградација. Хронолошкиот приказ на развојот на свеста за животната средина и туризмот како фактор, несомнено доведува до сознание дека туризмот на малите групи, особено еко-туризмот и нему сличните алтернативни форми, се во директна врска

со зголемувањето на свеста за потребата од заштита на животната средина. Според гледиштето на кое се базирани алтернативните форми, туризмот нема обврска само да го спречува загадувањето и деградацијата на животната средина, туку треба да биде насочен и кон унапредување на нејзините ресурси бидејќи самиот се темели на тие ресурси.Каков е односот кон туризмот и кон неговите одржливи форми во Македонија, дознаваме од интервјуто со Насер Хот, претставник на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.

Господине Хот, многу се говори за потенцијалите на Македонија за развивање на алтернативни форми на туризам. Дали тоа подразбира и одржлив туризам? Кај нас, конечно, на туризмот се гледа како на приоритет. Тоа е индустрија која го генерира развојот на стопанството и со себе повлекува развој на дваесетина други стопански гранки. И доколку нештата се постават соодветно, туризмот е буквално на врвот на

пирамидата на дејности кои го забрзуваат развојот на стопанството. Сметам дека како држава досега не обрнувавме соодветно внимание на туризмот, на некој начин предвидувајќи дека сите дестинации на светот се борат за секој еден турист, без разлика на тоа дали станува збор за домашна или странска клиентела. Одржливиот туризам е само една алтернативна форма на туризам, која се јавува како идеален баланс меѓу потребите на „гостинот и на домаќинот“, особено на долгорочен период. Во прашање е практикување на туризам во форма во која оптимално доаѓаат до израз позитивните ефекти од туризмот, а негативните влијанија се оптимално минимизирани. Таквата форма бара добро планирање и развој во соодветен правец, меѓутоа, сметам дека поголем проблем е веќе постоечката флуктуација на туристи да се вметне и ограничи во рамки на одржливост, односно веќе постоечката туристичка инфраструктура да се трансформира и модификува, отколку кога се почнува речиси од почеток, како што е случај со Македонија.

Според практиката во земјите во кои овој вид туризам е развиен, одржливиот туризам се потпира на развиена економија, социјала и еколошка свест. Каква е состојбата во однос на трите столба на одржливиот развој кај нас? Мислам дека нема потреба да ги коментирам моменталните состојби. Поважно е да се има сознание како тие да се понесат во нагорна линија. Клучот е во едукацијата. Потребно е да се едуцира населението за да се подигне свеста дека развивањето на туризмот е во нивни раце, односно да се поттикне нивната иницијатива. Ова особено се однесува на одржливиот туризам бидејќи тој се базира на семејни бизниси, со ограничен капацитет, лоциран во подрачја со неизменети услови, какви што во Македонија има многу. Покрај тоа, потребни се и конкретни, системски организирани, економско политички мерки. На пример: поволни кредити за мали бизниси од областа на туризмот, намалување на давачките, други видови стимулација, вложување во едукација, планско развивање на одредени подрачја во тој правец, долгорочно

насер хОт, претставник на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во република македонија

новинарката на Порта3 со Насер Хот

ОдржливиОт туриЗамунапредување на Животната средина во македонија

Page 53: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 53

53

екологија

планирање на подобрувањето на инфраструктурата за идните потреби, законска регулатива која го поттикнува развојот на туризмот. Инаку, развојот на трите столба на одржливиот туризам може да се одвива паралелно со развојот на туризмот, со што нивната синтеза би била поцврста на долгорочен план, а и нивното насочување - поизвесно.

Дали постојат конкретни обиди во оваа сфера и како се прифатени на пазарот? Кај нас постои една убава бројка на индивидуални напори да се создаде алтернативна понуда. Претежно станува збор за објекти, сместувачки капацитети па дури и еко-ресори, бизнис-иницијативи на луѓе кои препознале какви сè можности нуди туризмот. Ваквите објекти се наоѓаат низ целата земја, а најпрепознатливите почнуваат да стануваат бренд кој го афирмира местото каде се наоѓа. За поздрав се напорите на хотел „Манастир“, хотел „ВИП“ и ресорот на „Аурора“ во беровскиот регион, понатаму хотел „Шатор“, вила „Дихово“ и останатите во потпелистерието, бидејќи со начинот на работа го мотивираат и

поттикнуваат локалното население активно да се инволвира во туризмот, со што донекаде се дефинира како одржливост. Слични сучаи има и во Старо Нагоричане, Ранковце, Битола, преспанскиот и охридскиот регион, Демир Капија како вински регион, и уште многу други кои со делувањето му даваат белег и шарм на регионот што го опфаќаат. Сепак, сето тоа е малку во однос на она што би можело да се постигне кога би имале една добро изготвена стратегија за развој на алтернативните форми на туризмот. Впрочем, само со планско делување може да се предвиди оптимално искористување на благодетите што ги носи туризмот: десетици илјади вработувања, културна размена, развој на поврзаните стопански гранки, но и превентива од негативните влијанија преку вложување во заштита на животната средина, контролирање на приливот на туристи, односно развивање на одржлив туризам во вистинска смисла на зборот.

што може да се искористи како погодност, а во што треба од почеток да се инвестира во поглед на

инфраструктурата и капацитетите за равој на одржливиот туризам? При употребата на потенцијалите е потребно осмислување. На пример, наш голем потенцијал е археолошкиот туризам. Во границите на Македонија има над 5.000 археолошки наоѓалишта, а имаме нешто помалку од 1.800 села, што значи дека во просек, секое од селата може да има збогатена туристичка понуда доколку плански се организира неговиот туристички развој. Исто така, во ниеден момент не изостанува прашањето колкав број туристи сме спремни да примиме. Без разлика на мотивот на посета и потеклото на туристите, сите очекуваат да бидат добро пречекани во услови кои ги задоволуваат хигиенско-техничките стандарди за угостителско-туристички услуги. Потребни се законски регулативи и политики кои ќе одат во прилог на развојот на одржливиот туризам. Иницијативите на Комисијата за туризам на ДОМ во соработка со туристичкиот еснаф во земјава резултираа со оформување на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија, која постои две години

и е активна, но тоа не може да се спореди со земји во кои вакви органи постојат децении наназад. Како што веќе спомнав, Македонија има 1.780 села од кои голем број се „живи“, активни. Повеќето се наоѓаат во амбиент кој пленува, изобилство на природа, амбиентална архитектура карактеристична за времето и местото во кое е создадена, традиција и културни обележја кои се ѝ тоа каква атракција, а и еколошки произведена храна која е значаен дел од понудата во алтенативниот, еко и одржлив туризам. Голем број од селата со вакви предиспозиции се идеални за развој на туризам. Нормално, потребни се инвестиции во инфраструктурата, особено во патната, туристичката и комуналната. Можеби едно од решенијата е создавање Министерство за туризам со што би се обединиле постоечките институции и со конкретни средства би се овозможило туризмот да го добие заслуженото место и да стане генератор на развојот на Република Македонија.

Леонида Пенка БАшА

Македонија има 1.780 села од кои голем број се „живи“, активни. Повеќето од нив се наоѓаат во амбиент кој пленува, изобилство на природа, амбиентална архитектура карактеристична за времето и местото во кое е создадена, традиција и културни обележја кои се и тоа каква атракција, а и еколошки произведена храна која е значаен дел од понудата во алтенативниот, еко и одржлив туризам.

`

Page 54: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011354

54

хортикултура

Каменот се употребува илјадници години и претставува еден од најстарите материјали

и технологии за градење. Трајноста на таквите градби е ненадмилива. Доказ за тоа се голем број објекти кои и покрај долгиот период низ кој поминале сè уште се наоѓаат во првобитната состојба. (Stonehenge, Via Egnatia... ). Во денешно време, каменот што се употребува за изградба може да биде природен и вештачки. Вештачкиот камен (имитација на камен ) е далеку поевтин од природниот, но сепак не може во целост да ја одигра улогата на природниот камен, поради што сè поретко се употребува. Популарноста и употребата на природниот камен се должи на спротивностите што ги обединува во себеси - прекрасната убавина и постојаноста во времето,

поради стремежот на човекот кон стабилност, затоа што природниот камен од дамнина асоцира на трајност. Секој поединечен природен камен е уникатен природен продукт со посебна текстура и боја определени од илјадагодишните геолошки процеси, а не од модерните нестабилни хемиски бои. Тој може да се употребува идентично како што ќе се најде во природата или обработен. Според потеклото, природните камења можат да бидат: магматски, метаморфни и седиментни. Магматските камења се образуваат со ладење на магмата од вулканите, и до ден-денес не се хемиски променети. Според местото на настанување може да бидат длабински и површински. Метаморфните камења се образувани со метаморфоза на

другите (магмени и седиментни карпи) под влијание на други фактори (висок притисок, висока температура или двете влијанија заедно). Седиментните камења настануваат со распаѓање, растворање и таложење на материјал од едно на друго место. Тие настануваат со седиментација на магмените и метаморфните камења и од почвите.

градини Каменот има голема улога и при подигнувањето на градините. Во зависност од тоа каков тип објект треба да се подигне во градината, ќе зависи и изборот на камењата, но сепак треба да се внимава да се користат ист тип камења за изградба на еден објект. При употреба на природни камења во градината

треба да се внимава истите да бидат целосни и неоштетени, со што во целост би ја претставиле својата убавина идентично како во природата. При поставување на необработени камења собрани од природата, треба да се внимава тие да се поставуваат секогаш да им се гледа лицето (со исклучок на речните камења кои се еднакви од сите страни), бидејќи секој камен има лице и заднина. Лицето на каменот секогаш е оној дел што во текот на еволуцијата бил изложен на надворешните атмосферски влијанија. Каменот со своето присуство ја исполнува градината со сета енергија која зрачи од него, и затоа како елемент во градината бил актуелен и модерен низ вековите. На кој било начин тој се вклопува во кој било стил при оформувањето

каменОт какО елемент вО градината

ПРоЦЕСИ

Секој природен камен е уникатен продукт со посебна текстура и боја определени од илјадагодишните геолошки процеси, а не од модерните нестабилни хемиски бои

Page 55: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 55

55

хортикултурана градината. Неговата функција може да биде превентивно-практична или конкретно естетска. Тој понекогаш го привлекува погледот како магнет, другпат неговото присуство е ненаметливо, но и покрај тоа сепак забележливо.Каменот може да се користи за подигање на камени градини во кои ја зазема доминантната, фокусна улога (пејсажни и геометриски камени градини, Зен градини). Исто така, каменот во градината може да се користи за изградба на најразлични објекти (алпинуми, патеки, потпорни ѕидови, плоштатки и сл.) или како декорација во градината (за мулчирање, суви патеки, пресушени корита и сл.). Алпиниум претставува комбинација од камења и

растителност на мал простор со што би се доловил пејсажот од алпските предели. Истите можат да бидат изградени во комбинација со вода. Патеки во градината - треба да бидат усогласени со функционалното зонирање во градината. Треба да се поставуваат таму каде што се најпотребни и да обезбедуваат непречена комуникација и фреквентност. Неповрзани патеки се прават од речен чакал, песок и дробеници. Патеки од плочи (затревени патеки и патеки од поврзани плочи) се прават од плочи со неправилна форма. Потпорни ѕидови - поради конфигурацијата на земјиштето каде што треба да се подигне идната градина, треба да се проектираат потпорни ѕидови

кои покрај техничката улога за стабилизација на земјшитето е потребно да задоволуваат одредени естетски критериуми. Потпорните ѕидови можат да бидат сува ѕидарија, што претставува изградба на ѕид без да се користи врзивно средство (цемент, вар и сл.). Вообичаено, за сува ѕидарија се користат плочести камења со различна големина, но не треба да се со премногу мали димензии бидејќи ѕидот ќе биде нестабилен. Фугите помеѓу плочите може да се пополнат со плодна земја, при што истиот може да биде збогатен со најразлична растителност. Потпорен ѕид од камен поврзан со врзивно средство (цемент, вар и сл.) - во овој тип ѕидарија, покрај тоа

што се користи врзивно средство, може да се користат камења со најразличен облик и големина. Фугите се пополнуваат со врзивното средство. Вака изградениот ѕид, покрај подобрените технички карактеристики, има многу ефектна естетска визуелизација во комбинација со другите елементи од градината. Бетонски потпорен ѕид обложен со камен (буње) - овој тип на потпорен ѕид во последно време е многу често користен поради точните технички пресметки за стабилноста на проектираниот потпорен ѕид и едноставноста при вградувањето на буњето на бетонскиот ѕид.

Филип ФИЛИПоСКИ, дипл.шум.инж.

Page 56: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011356

рубрика

56

www.gim.com.mk

Page 57: PORTA3 157

06 мај 2011 ПОРТА3 57

57

екологија

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Сеуште губите време во објаснување на Вашите

клиенти за Вашата локација

Контакт:

Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

Тел: +3892 / 6090 - 671Моб: +38978 / 330 - 313

[email protected]

Page 58: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011358

58

арт дизајн

ИНСТАЛАЦИЈА

Познатата аргентинска уметница Марта Минујин направила 25 метри висока реплика на Вавилонската кула од 30.000 книги кои се пишувани на разни јазици. Кулата е подигната во чест на именувањето на Буенос Аирес за светска престолнина на книгата во 2011 година.

вавилОнската кула уметничка инсталаЦија

Page 59: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3

59

59

арт дизајн

Огромна уметничка инсталација на контроверзната аргентинска уметница Марта

Минујин “Torre de Babel de Libros“ е свечено отворена на плоштадот Сан Мартин во главниот град на Аргентина, по повод именувањето на Буенос Аирес од страна на УНЕСКО за светска престолнина на книгата. Локалните власти велат дека аргентиската метропола претставува израз на идејата за плурализам и различности. По тој повод, градот Буенос Аирес ја ангажирал Марта Минујин, која својата необична идеја ја преточила во монументална уметничка инсталација во облик на спирална кула, висока 25 метри, на шест ката, и креирана од 30.000 книги од целиот свет. Можат да се најдат сите видови книги, од речници и енциклопедии, софтверски прирачници, па сè до класични романи, распоредени на шест нивоа. Во проектот учествувале 52 амбасади во Буенос Аирес со свои донации на книги, како и бројни жители на Буенос Аирес и туристи. На долното ниво се наоѓаат книги од целиот свет, првиот и вториот кат се резервирани за американски книги, третиот и четвртиот за Европа и Африка, додека петиот и шестиот се резервирани за азијското подрачје. Кулата ќе биде отворена до 28 мај, кога одреден број посетители ќе можат да се качат на кулата и да земат по една книга на јазик кој ќе го изберат. По завршувањето на манифестацијата, се планира остатокот од книгите да биде преселен во првата повеќејазична книжарница во Буенос Аирес, каде ќе се најдат книги на 50-ина јазици од целиот свет. Инаку, на Марта Минујин ова не и прво искуство во користење книги за нејзините уметнички создавања. Уште во 1983 година, по демократските промени во Аргентина, изработила реплика на Партенон од книги кои биле забранети од страна на бившиот режим.

Дејан БУѓЕВАЦ

марта минујин

Page 60: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011360

60

арт инфо

скОПје

„невидливиот пејсаж“ во мсуАктуелната изложба насловена „Невидливиот пејзаж“ во Музејот на современата уметност во Скопје, третира еден тематски проблем преку историјата на современата ликовна уметност во Македонија во периодот од 1957 до 2010 година. На изложбата се презентирани 80 дела од 38 автори, кои биле дел од многу значајни изложби и проекти. Станува збор за делата на Ордан Петлевски, Родољуб Анастасов, Петар Хаџи Бошков, Ристо Калчевски, Петар Мазев, Танас Лулевски и други автори кои припаѓаат на помладите генерации уметници. Куратор на изложбата и на каталогот е историчарот на уметност Марика Бочварова-Плавевска од МСУ.

венеција

„Златен лав“ за вест и стартевантАмериканската уметница Илејн Стартевант и Австрискиот вајар Франц Вест се добитници на „Златниот лав“ за животно дело на 54. Венециско биенале. Престижните награди ќе им бидат врачени на церемонијата на отворањето на оваа најстара меѓународна изложба на четврти јуни годинава. Наградите се доделени по предлог на уметничкото раководство на биеналето, со образложение дека дале придонес кон современата уметност. Нивните силни и богати опуси, како што е истакнато, повикуваат на согледување на уметничката продукција во врска со другите интелектуални дискурси. Изборот го предложи Беатрис Куригер, кураторка на 54-то издание на изложбата „Илуминации“ и доби потврда од комисијата на биеналето на чело со претседателот Паоло Барата. Вест (64) се прослави со скулптурите што истовремено ги поврзуваат и ги поматуваат разликите меѓу ликовната и применетата уметност, додека Стартевант (81) ги истражува темите на авторството и оригиналноста во постворхолската уметност, правејќи реплики (слично како Шери Левин и Мајк Бидло) на делата на Енди Ворхол, Марсел Дишан, Јозеф Бојс и Френк Стела.

њујОрк

„млада таиќанка“ на гоген за 11 милиони долариИсклучителна дрвена скулптура на девојка од Таити на уметникот Пол Гоген се продаде на аукција за 11,3 милиони долари. Бистата „Млада Таиќанка“, последен пат изложена во јавност во 1961 година, се очекуваше да се продаде за 10 до 15 милиони долари, соопшти аукциската куќа „Сотебис“. На скулптурата е претставена девојка од Таити со смирен поглед, огромни обетки и ѓердан од корали и школки кои францускиот уметник сам ги собрал и ги нанижал. Ова е единствената позната довршена тридимензионална скулптура што ја направил Гоген. На 28 јуни, 1961 година, скулптурата висока 24 сантиметри била продадена на аукција во „Сотебис“ во Лондон, и оттогаш е во сопственост на истиот анонимен купувач, кој живее во Нова Англија.

Page 61: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 61

61

арт инфо

виена

ретроспектива на лихтенштајн во виенаПо повод педесет години од поп-арт движењето, познатата галерија

„Албертини“ во Виена организира ретроспективна изложба на делата на големиот американски уметник Рој Лихтенштајн. Изложбата е со наслов „Црно и бело 1961-1968“, а ќе биде претставена серија од шеесет дела.

Според зборовите на кустосот Изабел Дерво, концептот на поставката „Црно и бело“ бил со една цел, а тоа е третирање на цртежите на Лихтенштајн како автономни уметнички дела кои „не сакаат да станат нешто друго“,

односно цртежи кои не функционирале како студии за други изработки. Две третини од изложените дела потекнуваат од 1961 година, период кој

го обележува почетокот на пробивањето на Лихтенштајн на њујоршката уметничка сцена. Паралелно со црно-белите цртежи, настануваат и

црно-белите платна, стилски и тематски блиски едни со други.

скОПје

„невидливиот пејсаж“ во мсуАктуелната изложба насловена „Невидливиот пејзаж“ во Музејот на современата уметност во Скопје, третира еден тематски проблем преку историјата на современата ликовна уметност во Македонија во периодот од 1957 до 2010 година. На изложбата се презентирани 80 дела од 38 автори, кои биле дел од многу значајни изложби и проекти. Станува збор за делата на Ордан Петлевски, Родољуб Анастасов, Петар Хаџи Бошков, Ристо Калчевски, Петар Мазев, Танас Лулевски и други автори кои припаѓаат на помладите генерации уметници. Куратор на изложбата и на каталогот е историчарот на уметност Марика Бочварова-Плавевска од МСУ.

њујОрк

сирење од мајчино млекоГалерија во Њујорк на своите посетители им овозможи прилика да пробаат сирење од човечко мајчино млеко, што предизвика противречни и контровезни критики. Се работи за уметничка инсталација на Миријам Симун насловена The Lady Cheese Shop. Таа е дипломец на њујоршкиот Универзитет, и таа преку овој проект сака да го отвори прашањето за етиката во модерната биотехнологија. „Сирењето е тема на разговор“, изјавила Симун за медиумите. На изложбата имало избор од три различни вкусови: вест сајд фанк, мидтаун смоук кое било искоментирано како „кремасто и вистински рај“, и висконсин чу, во чијшто вкус „се чувствувало“ дека жената што го донирала млекото јаде многу зеленчук. Симун за оваа инсталација нашла три доилки, кои доброволно дале примероци од своето мајчино млеко, од кои било направено сирењето. Таа го тестирала млекото дали е заразено од болести, го пастеризирала, и ги научила основните работи за постапката за правење сирење.

скОПје

„радост на живеење“ во музејот на град скопјеВо Музејот на град Скопје во тек е изложбата „Радост на живеење“ (JOIE DE VIVRE), на која се претставени уметници од Македонија и Црна Гора. Поточно, се работи за поставка во која се вклучени автори од Скопје и од Подгорица, а чии дела се третираат како дел од актуелните ликовни сцени на овие два града, во овој дел од Балканот. Автори од Македонија се Исмет Рамиќевиќ, Беди Ибрахим, Дијана Томиќ Радевска, Александра Петрушевска, Гоце Наневски, Атанас Ботев, Марија Сотировска, Зоран Поповски, Славица Јанашлиева и Нехат Беќири, додека од Црна Гора претставени се Тијана Дујевиќ Лисчевиќ, Наташа Ѓуровиќ, Тијана Гордиќ, Адин Растодер, Дарко Ѓуровиќ, Нада Кажиќ, Марко Луковац, Илија Никчевиќ, Милош Поповиќ Мики и Жељко Рељиќ. Изложбата е во организација на Арт Фактор и Музеј на град Скопје.

Page 62: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011362

62

совети

кОмфОр и вО мал ПрОстОр- Бањата во нашиот стан е голема, со површина од околу 5,5 м2. Би сакале да ја поделиме на посебен простор за тоалет и уште еден простор за помала бања со туш када. Што би ни предложиле?

Семејство Милевски, Скопје

бањата има важна функција во станот, но воедно може да го истакне комфорот во домот и да

го претвори најздодевниот простор во простор за уживање. Вие треба да обрнете внимание на двете работи. Во функционална смисла, убаво е да имате одделно бања и тоалет за гости. Но, големиот простор тогаш треба да се надополни со концепт на уредување кој ќе почива на совршенство во формите и грижливо одбрани детали. Со преграден ѕид ќе го разделите просторот, така што директно ќе се влегува во гостинскиот тоалет, а лево во бањата. Пред нив се формира мал претпростор со ѕидна закачалка. Гостинскиот тоалет ќе има тоалетна шолја и мал умивалник со огледало. Со поместување на преградниот ѕид кон кујната за 50 см, се формира ниша доволно голема за сместување на туш када. Во продолжеток на ѕидот, формирајте конзолна полица на која ќе се вгради

умивалникот. Тоалетната шолја сместете ја во аголот под прозорецот. Во мали бањи убаво е да се изберат санитарии со заоблени линии, наместо со остри агли. Светлите бои и огледалата ќе го зголемат просторот. Комбинацијата на иста боја, која во долниот дел е потемна, а во горниот посветла, дава впечаток дека просторот се зголемува. Направете и ниши во ѕидот за складирање на предметите. Треба да се обрне внимание и на осветлувањето. Покрај огледалото поставете подвижна ламба која овозможува усмерување на снопот светлина во саканиот правец, а на таваницата формирајте низа од халогени светла. Радијаторите треба да бидат елегантни елементи во ентериерот и поттик за креирање на сите ентериерни елементи во бањата.

Билјана СТЕВКоВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

потоа

пред

кујна

Page 63: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

храм на неЗависнОста сО ПОкрив какО бургија

храмот на независнота се наоѓа во сојузната држава Мисури во САД.

Но, иако има вакво патриотско име, неговата функционалност е сосема спротивна. Го доживуваат како објект на мирот со оглед на тоа што во него со години бил сместен главниот штаб на т.н. „заедница на Христос“. Објектот почнал да се гради кога оваа локална заедница во 1984 година била домаќин на светски собир за нивните истомисленици. Меѓутоа, објектот не бил комплетно завршен. Структурата била завршена во април 1990 година, а дури четири години подоцна е направена официјална промоција и пуштање во употреба. Дизајнот на објектот е на Гио Обата, и асоцира на спиралното сврдло на бродот Наутилас. Во конкретниот случај, станува збор за челична спирала која е висока 91 метар. Подоцна објектот од чисто религиозна намена прераснува во предмет на религиозната уметност бидејќи со децении се изложуваат и уметнички дела поврзани со духовниот свет. Сите тие се во главната хала, во која се наоѓаат огромни оргули со над 5600 цевки. Внатрешноста е одлично декорирана и има седишта за 1600 лица. Објектот е познат по фонтаната што ги симболизира светите води на пророкот Јован. Исто така, преку посебен влез, низ градината се излегува на мал плоштад, кој се користи за различни намени. Со години името на објектот ги збунувал практичните Американци кои мислеле дека доаѓаат во музеј кој нуди историска разгледница за патриотска Америка, за да утврдат дека во основа, тука луѓето го бараат Бог.

Драган РИСТоВ

Page 64: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011364

64

излогизлогСаем за мебел во Милано 2011

Маса затворена како топка со цел да се создаде приватен работен простор кој може да најде примена во дневна соба, спална соба, надоврешни простори... Масата е изработена од дрво, а топката е од фиберглас, покриена со пена и волнен материјал кој овозможува звучна заштита. Дизајнирана е од студиото GamFratesi, a ja произведува францускиот бренд Ligne Roset.

Ниска масичка со заоблена стаклена

површина и ногарка од бела полиуретанска

топка. Дизајнот е на Giorgio Cattelan.

Page 65: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 65

65

Необичен и впечатлив стол од италијанската компанија Casamania.

„Гнездо за одмор“ претставува вистинско уживање презентирано од германската компанија Dedon.

Клупа наменета за надворешни простори, која

беше претставена од белгиската

компанија Extremis.

подготви:Сандра ДоНЧЕВАдипл.инж.арх.

Page 66: PORTA3 157

ПОРТА 20 мај 2011366

66

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

66

јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 60/2011 ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 60/2011

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ПОТВРДАТА

ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОК

ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 61/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 08/2011Назив на договорниот орган:Општина Врапчиште, ул. “Маршал Тито“ бр. 7, Врапчиште, 1238, с. Врапчиште.ПРЕДМЕТ:Рамковна спогодба за изработка на урбанистички планови за потребите на Општина Врапчиште.Контакт тел/факс: 072 220-822, 042 332-378, лице за контакт: Аднан Зибери.Јавно отворање на понудите на ден 20.06.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 63/2011

КОНКУРС

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 2/2011

Назив на договорниот орган:ЕЛС – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп.ПРЕДМЕТ:За избор на идејно решение како дел на постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги – За изработка на Идејни решенија за подигање на Спомен обележја во град Прилеп (Конкурс за изработка на Идејни решенија за изработка и поставување на скулптури на личности од историјата на Р.М. и градот Прилеп и тоа како следи – “Кузман Јосифоски Питу“, - “Ѓорче Петров“, - “Блаже Конески“, - “Круме Кепески“, - “Пеце Атанасоски“ – и – “Пере Тошев“.Контакт тел/факс: 048 401-730, 048 401-720, лице за контакт: Илија Карески.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 07.06.2011 во 10.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 05/2011Назив на договорниот орган:Општина Штип, ул. “Васил Главинов“ бб, 2000, Штип.ПРЕДМЕТ:Консултантски инженерски услуги во врска со животната средина.Контакт тел/факс: 032 226-616, 032 226-601, лице за контакт: Сања Серафимовска.Јавно отворање на понудите на ден 30.05.2011 год.

БРОЈ: 72/2011Назив на договорниот орган:

Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на ул. “Козле“.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 02.06.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 64/2011

ПРАВИЛНИКЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА

СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО

ПЛАНИРАЊЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 65/2011

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ НА

ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНА ОЦЕНА (РЕВИЗИЈА) НА РУДАРСКИ ПРОЕКТИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 66/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01-63/2011Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија

– Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на административна зграда заедно со кровна конструкција во ХЕЦ Тиквеш, во се според техничката документација на ХЕЦ Тиквеш.Контакт тел/факс: 02 3149-192, 02 3111-309, лице за контакт: Елизабета Стојановска.Јавно отворање на понудите на ден 06.06.2011 год.

БРОЈ: 07-09/2011Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Довршување на изградба на игралиште во с. Црвивци.Контакт тел/факс: 045 259-802, 02 3111-309, лице за контакт: Сашо Вренцоски.Јавно отворање на понудите на ден 09.06.2011 год.

БРОЈ: 13/2011Назив на договорниот орган:Општина Македонска Каменица, ул. “Каменица“ бб, 2304, Македонска Каменица.ПРЕДМЕТ:Изградба (реконструкција) на тротоари на дел од ул. “Индустриска“ и дел од ул. “Каменичка“ во М. Каменица.Контакт тел/факс: 033 432-741, лице за контакт: Здравко Мирчев.Јавно отворање на понудите на ден 08.06.2011 год.

Page 67: PORTA3 157

20 мај 2011 ПОРТА3 67

рубрика

67

Page 68: PORTA3 157