POLICY BRIEF ВОЛОНТЕРИТЕ ПОДДРЖУВААТ /...

16
POLICY BRIEF – ВОЛОНТЕРИТЕ ПОДДРЖУВААТ / ПОДДРЖЕТЕ ГИ ВОЛОНТЕРИТЕ Оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на публикацијата е одговорност на авторот и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Transcript of POLICY BRIEF ВОЛОНТЕРИТЕ ПОДДРЖУВААТ /...

POLICY BRIEF – ВОЛОНТЕРИТЕ

ПОДДРЖУВААТ / ПОДДРЖЕТЕ ГИ

ВОЛОНТЕРИТЕ

Оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за

меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на

публикацијата е одговорност на авторот и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на

Соединетите Американски Држави.

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

ЗА МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР – БИТОЛА

Седум години по донесувањето на Законот за волонтерство во Република Македонија, сéуште нема

достапни податоци за тоа како функционира законот во пракса, односно не функционира надзорот

над неговата имплементација, а дополнително не постојат ни статистички податоци за бројот на

волонтери, волонтирање по области, економската корист од волонтирањето и слично. Моменталната

состојба со волонтерите, односно нивниот статус, говори за нецелосно регулирани односи кои

резултираат со искористување на волонтерите преку замена на работни позиции во јавните

институции. Исто така, нивниот ангажман многу често надминува 30 или 40 работни часа неделно,

што не е во согласност со одредбите од законот. Постои и голема доза на субјективност од страна на

институциите при регрутацијата на волонтерите, па така во услови кога многу тешко се доаѓа до

вработување, имаме реалност во која исто толку тешко се доаѓа и до можност да се волонтира.

Всушност, поразителен е фактот дека главна мотивација за преземање на волонтерски ангажман е

можноста полесно да се стигне до вработување, а не и желбата да се волонтира заради придонес

кон развојот на заедницата. Оттука, многу чести се ситуациите кога волонтерите иако добро ги

познаваат своите права кои произлегуваат од законот, молчат во врска со нивното искористување

како замена за работно место, прекувремена работа или субјективност во оценување на нивната

работа. Од друга страна, малку се користи искуството и експертизата на граѓанските организации кои

работат на полето на волонтерството при регрутацијата, изборот и обуката на волонтерите и

организаторите на волонтерската работа и ретки се случаите на конкретна соработка со јавните

институции. Во овој документ предлагаме алтернативи за надминување на некои од слабостите во

законот за волонтерство и стратегијата за унапредување и развој на волонтерството и препораки до

надлежните институции за имплементација на политиките поврзани со волонтерството со цел

придонес во креирање на одржлива волонтерска инфраструктура во Република Македонија.

Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола) е една од најпрепознатливите организации

која работи на развој на волонтерството во Република Македонија. Во периодот од 15 години

постоење, МКЦ – Битола се разви во одржлива организација со значајни капацитети за

организирање на различни проекти и програми во Македонија, регионот на Југоисточна Европа и

пошироко. МКЦ – Битола води и координира проекти и програми поврзувајќи ги младите преку

вклучување во настани кои ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на волонтерството,

неформалното oбразование, културата, уметноста и граѓанските иницијативи.

МКЦ – Битола веќе седум години работи како национална канцеларија на Волонтерски центар на

Македонија координирајќи ја размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво,

организира работни кампови низ Р. Македонија, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на

други субјекти и соработува со други локални и меѓународни организации кои промовираат слични

вредности. Во рамките на проектот Локален волонтерски сервис чија цел е одржлив развој на

волонтерството во Република Македонија преку интегрирање на волонтерски програми во локалните

самоуправи, јавните институции, НВО и државни органи, MKЦ – Битола оставрува долгорочна

партнерска соработка со 6 организации – волонтерски информативни точки од Охрид, Прилеп,

Кавадарци, Тетово, Скопје и Свети Николе. Досега како резултат на четири циклуси од овој проект во

овие градови се сместија и волонтираа 235 волонтери во над 70 институции. Исто така, во рамките

на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се реализираат голем број на

локални, национални и меѓународни обуки за развој на меки вештини кај младите луѓе. Преку овој

сервис своите вештини за личен и професионален развој на годишно ниво ги зајакнуваат околу 120

младинци од земјата и регионот на југоисточна Европа.

ВОВЕД

Во Република Македонија правната

рамка за волонтерството беше усвоена во

2007 година (Службен весник 85/07).

Законот за волонтерство ја утврдува

основната рамка на организирано

долгорочно волонтирање, условите за

вршење волонтерски активности, правата и

обврските на волонтерите и организаторите

на волонтирање, договорот за волонтирање

и водењето евиденција на волонтерските

активности. Законот го признава

волонтирањето како дејност од интерес за

Македонија, кое придонесува за подобар

квалитет на живот и ги активира граѓаните

во општествениот живот, но и како алатка за

развој на демократско и хумано општество

врз основа на принципот на еднаквост.

Законот за волонтерство ги регулира

правата и обврските на волонтерите и

организаторите на волонтирањето, го

воведува договорот за волонтирање и

волонтерската книшка како официјалени

државни документи за евиденција на

волонтерското искуство. Волонтерите имаат

право на надомест на трошоци поврзани со

волонтирањето (храна, превоз и обука), и се

ослободени од персонален данок на

максимален износ од 15% од просечната

бруто плата во земјата. Како организатори

на волонтерската работа може да се јават

организации и институции од непрофитниот

сектор и тоа: здруженија на граѓани и

фондации, верски заедници и религиозни

групи, јавни институции и државни органи.

Со измените од 2008 година општините и

градот Скопје се исто така вклучени како

организатори на волонтерство. Законот за

волонтерство го уредува волонтирањето на

домашни и странски волонтери.

Министерството за труд и социјална

политика е одговорно тело за следење на

спроведувањето на Законот за

волонтерство.

Седум години по донесувањето на Законот

за волонтерство во Република Македонија,

сéуште нема достапни податоци за тоа како

функционира законот во пракса, односно не

функционира надзорот над неговата

имплементација, а дополнително не

постојат ни статистички податоци за бројот

на волонтери, волонтирање по области,

економската корист од волонтирањето и

слично.

Во октомври 2010 година Владата ја усвои

Стратегијата за промовирање и развој на

волонтерството 2010-2015 со Акционен план

за имплементација, но без алоцирани

буџетски ставки, што само по себе значи

оневозможено спроведување во недостаток

на финансии. Тоа се покажа како точно во

случајот при формирањето на

Националниот совет за развој на

волонтерството кој според акцискиот план

требаше да биде формиран во втората

половина од 2010 година, а се формира

дури во јануари 2012 година.

Младински културен центар – Битола работи

на полето на волонтерството повеќе од 10

години. Во таа насока ја детектира и следи

состојбата во ова поле. Моменталната

состојба со волонтерите, односно нивниот

статус, говори за нецелосно регулирани

односи, кои резултираат со искористување

на волонтерите кои заменуваат работни

позиции во јавните институции. Исто така,

нивниот ангажман многу често надминува 30

или 40 работни часа неделно, што не е во

согласност со одредбите од законот. Постои

и голема доза на субјективност од страна на

институциите при регрутацијата на

волонтерите, па така во услови кога многу

тешко се доаѓа до вработување, имаме

реалност во која исто толку тешко се доаѓа и

до можност да се волонтира. Всушност,

поразителен е фактот дека главна

мотивација за преземање на волонтерски

ангажман е можноста полесно да се стигне

до вработување, а не и желбата да се

волонтира заради придонес кон развојот на

заедницата. Оттука, многу чести се

ситуациите кога волонтерите иако добро ги

познаваат своите права кои произлегуваат

од законот, молчат во врска со нивното

искористување како замена за работно

место, прекувремена работа или

субјективност во оценување на нивната

работа. Вклучувањето на волонтерите во

јавните институции претежно се случува

преку објавување на огласи, при што не

постои развиена пракса за соработка со

граѓанските организации кои работат на

полето на волонтерството, малку се користи

нивното искуство и експертизата при

регрутацијата, изборот и обуката на

волонтерите и организаторите на

волонтерската работа. Единствен позитивен

пример е проектот Локален волонтерски

сервис кој Младински културен центар –

Битола го спроведува континуирано веќе

четири години и претставува успешна

приказна за систематско и сеопфатно

сместување на волонтери на соодветни

волонтерски позиции во јавни институции,

граѓански организации и локални

самоуправи, но со поддршка на странски

донатори.

Со цел обезбедување на систематска и

сеопфатна поддршка, особено од

финансиски аспект, воспоставување на

соработка помеѓу јавните институции и

граѓански организации, но и ред други

причини поопширно аргументирани во

понатамошниот текст се води и овој

документ, но и истражувањето кое му

претходеше. Документот покрај многуте

сегменти кои ги опфаќа од оваа област

одговара и на следниве прашања: „Колку и

дали законот се злоупотребува во поглед на

искористување на волонтерот како замена

на работно место?“, „Колку волонтирањето

се сфаќа во јавноста според неговата

вистинска важност – волонтирање заради

придонес во заедницата наспроти

волонтирање заради вработување и личен

развој?“, „Колку државата ги поддржува

волонтерите и колку го користи искуството

од граѓанските организации кои работат со

волонтери?“.

Овој документ всушност цели кон тоа да

влијае на донесувањето на нови идни јавни

политики, притоа прикажувајќи ги

моменталните недостатоци во досегашната

имплементација на постоечките јавни

политики и мерки. Во таа насока ќе се

разглобат неколку генерални теми од

интерес и тоа: Волонтирање во јавните

институции, Волонтерски менаџмент,

Волонтерски надоместок, мотивација и

наградување, и Потреба од волонтери.

ОПШТЕСТВЕНО – СОЦИЈАЛЕН КОНТЕКСТ НА ВОЛОНТИРАЊЕТО

Волонтерството претставува

„...доброволно давање на лични услуги,

знаења и вештини и/или вршење на други

активности во корист на други лица,

органи, организации и други институции,

без надоместок...“1. Овој е начинот на

дефинирање на волонтерството согласно

Законот за волонтерство на Република

1Закон за волонтерство на Република Македонија

Македонија. Во склоп на истиот закон е

дефиниран и терминот волонтер како

„...физичко лице кое дава услуги, вештини

и знаења во корист на други лица, органи,

организации и други институции, на

доброволна основа и без финансиска или

друга лична добивка...“2 Изработката и

искористувањето на препораките кои се

2Закон за волонтерство на Република Македонија

состојат во овој документ се во насока на

подобрување на јавните политики во полето

на волонтерството, со особен акцент и

користење на примери од праксата во делот

на волонтирањето во јавните институции на

Република Македонија. На европско ниво,

односно на ниво на Европската унија во

поглед на волонтирањето е зададена јасна

дефиниција за тоа што потпаѓа под

волонтерски активности – „...сите видови на

волонтерска активност без разлика дали е

формална, неформална или информална

која се извршува на основа на слободна

волја, избор и мотивација и не се основа на

финанскиска добивка...“3 Сепак, сфаќањето

на волонтерството изворно е дека тоа

претставува филантропска активност

поттикната од општествен проблем пришто

еден човек или група на луѓе помагаат да се

разреши. Волонтерството не е работа без

пари. Иако волонтерите немаат директна

финансиска корист (на пример плата),

нивните активности повлекуваат трошоци.

Многу важно е тоа што самите активности

гледани низ поширока вредносна призма

вредат општествено, филантропски,

човечки, но и финансиски заради што се

повеќе се зборува за финансиско

3ANGERMANN A. and SITTERMANN B. (2010)

Volunteerign in the European Union – An Overview. Frankfurt: Institute for Social Work and Social Education

вреднување на волонтерската работа и

правата кои волонтерите треба да ги имаат,

наспроти обврските. Најбројна категорија на

волонтери во Република Македонија се

младите што и практично се покажало при

имплементацијата на проектот Локален

волонтерски сервис кој Младински културен

центар – Битола во четири наврати (4

циклуси) го имплементира. Во истиот,

најголем процент од пријавите се на млади

лица. Младите во Република Македонија

често пати се изјаснале дека на

волонтирањето гледаат како на

филантропска активност, но и како нивна

отскочна даска до прво вработување. Тоа е

така заради тешката ситуација во која се

затекнати младите во поглед на

вработувањето што согласно

истражувањето кое го спроведе Реактор

покажа дека уделот на младите лица од 15

до 29 во вкупната невработеност е 45.8 %.

Оттука половина од невработените во

Република Македонија се млади лица кои на

секој начин се обидуваат да стигнат до

вработување. Често се користи

практикантството, волонтирањето или

стажирањето за надополнување на

недостатокот од искуство кој

работодавачите го бараат. Но, заради

недостатокот на статистички податоци

вистинската состојба не може

аргументирано да се претстави и затоа во

насока на здобивање на повеќе статистички

податоци за ова поле беше спроведено

примарно истражување.

МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРИМАРНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ

Методолошкиот пристап на ова

истражување се состои главно од алатката

анкетни прашалници. Анкетните

прашалници беа доставени до 872 јавни

институции од кои 72 потврдија и одговорија

на него. Контакт информациите на јавните

институции беа преземени од веб страната

на Комисијата за заштита на правото за

слободен пристап до информациите од

јавен карактер www.komspi.mk. Анкетните

прашалници пак, беа составени на начин да

одговорат на целта на истражувањето,

односно да обезбедат информации за

состојбата на волонтерите кои волонтираат

во јавните институции за крајно да помогнат

во зголемување на поддршката на

волонтерите од централната власт и

подобрување на условите за волонтирање.

Директно опфатени беа институции од

општините: Кратово, Кривогаштани,

Гостивар, Пехчево, Струмица, Неготино,

Берово, Битола, Дебар, Македонски Брод,

Тетово, Маврово и Ростуша, Велес, Виница,

Кавадарци, Гевгелија, Демир Хисар, Кочани,

Радовиш, Вевчани, Лозово, Пробиштип. Ова

примарно истражување претставува еден

вид на додадена вредност на изворни

информации за овој документ во чија

изработка освен истражувањето беа

искористени и достапните документи како:

Законот за волонтирање (донесен на

02.06.2007 година) и Стратегијата за

промовирање и развој на волонтерството

(2010 – 2015). Истражувањето беше

спроведено во периодот 01.02.2013 –

31.05.2013 година.

ВОЛОНТИРАЊЕ ВО ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ

Волонтирањето во јавните

институции репрезентативно ја прикажува

состојбата на ова поле како и јавните

политики или документи кои се

спроведуваат. Нивото на познавање на

одредбите од постоечкиот закон за

волонтерство кај службениците од јавните

институции е на завидно ниво во согласност

со резултатите од самото истражување

(високи 85% од јавните институции). Сепак

кога суштински ја осознаваме состојбата се

откриваат податоци за прекувремена

работа на волонтерите, но и нивната

позиција во одредени институции е таква

што заменува работна позиција.

Резултатите од истражувањето покажуваат

високи 33% од институциите коишто имаат

волонтери ги ангажираат над 40 часа

неделно, но и додатни 32% ги ангажираат

волонтерите од 30 до 40 часа. Покрај тоа

54% од институциите ги ангажираат

волонтерите на позиции со кои всушност

заменуваат работни места (позиции како

референт, неговател, воспитувач,

дактилограф, техничко лице,

лекар/медицински персонал, стручен

соработник, наставник и слично) иако

постојат ограничувања за тоа во член 17 од

Законот за волонтерство кој гласи:

„...Организаторот на волонтерската работа

не смее да склучи договор за волонтерство

со цел да се избегне склучување на договор

за вработување...“, како и глоби во член 23

од Законот за волонтерство кој гласи:

„...Глоба во износ од 1500 – 2000 евра во

денарска противвредност ќе се изрече за

прекршок на одговорното лице кај

организаторот на волонтерската работа, ако

склучи договор со цел да избегне

склучување на договор за вработување

(член 17)...“ Затоа проблемите со

прекувремената работа на волонтерите и

нивното користење за замена на работна

позиција можат да се надминат со појасна

дистинкција помеѓу вработен и волонтер

преку воведување на законски одредби и

промени во постоечката легислатива. Тие

промени треба законски да овозможат за

секој организатор на волонтерска работа

воведување на ментор за надзор и

помагање на волонтерите. Тоа практично би

значело да секоја јавна институција има

вработено лице кое ќе биде надлежно за

работа со волонтерите (нивен надзор,

менторирање, помагање) и кое ќе одговара

пред законот, при евентуална злоупотреба

на волонтерите.

ВОЛОНТЕРСКИ МЕНАЏМЕНТ

Волонтерскиот менаџмент изворно

претставува одбирање или селекција и

надзор или мониторирање на волонтерите.4

Како цикличен процес се состои од 8 чекори

4http://www.idealist.org/info/VolunteerMgmt/What

и тоа: Проценка, Дизајн на волонтерската

позиција, Регрутирање, Селекција,

Обучување и насоченост, Надзор,

Признавање и Задржување. Ова е процес

кој се повторува циклично. Практичните

елементи на волонтерскиот менаџмент

подразбираат повеќе моменти од типот:

правилници, програма за волонтирање,

регрутација на волонтерите и времетраење

на нивниот ангажман, опис на

волонтерската позиција, евиденција и

супервизија, како и доделување на

волонтерски книшки. Во тој смисол

индикативни се и резултатите од

истражувањето во поглед на тоа колку од

јавните институции имаат, односно немаат

програма за волонтирање. Индикативни се

заради високиот процент од 63% од

институциите кои немаат програма за

волонтирање што само ја потенцира

потребата за помош при креирање на

волонтерските програми. Особено важно е

заради фактот што волонтерските програми

се дел од Законот за волонтерство,

конкретно во членот 6 во кој стои дека

„...Организаторот на волонтерската работа

од ставот 1 на овој член, ја утврдува

потребата од ангажирање на волонтери,

видот на услугите и начинот и постапката за

обезбедување на истите, врз основа на

програмата за волонтирање...“, што би

значело дека секој организатор на

волонтерска работа треба да има и

програма за волонтирање.

Исто така еден од најважните сегменти во

полето на волонтерскиот менаџмент,

критериумите за регрутирање на

волонтерите, всушност зборува за

транспарентноста на самиот процес. Воедно

36% од институциите ги детектирале

волонтерите на база на личен контакт, но

тоа што се појавува како недостаток кај

повеќе од половина јавни институции (53%,

Истражување - Волонтирањето во јавните

институции) е непостоењето на

критериуми за регрутација. Сепак, за да се

дојде до критериумите треба да се

потенцира значењето на јасноста и

инклузивноста на правилниците во секоја

јавна институција. Тоа значи дека кај

одреден број на институции потребни се

промени во правилниците за истите да се

подобрат и да овозможат волонтерска

работа (35%). Во јавните институции освен

во процесот на регрутација и селекција,

постојат одредени проблеми во задавање

на обврски на волонтерот, односно во

задавање на опис на волонтерската

позиција (Високи 58% од јавните

институции не им даваат опис на

волонтерската позиција на волонтерите),

нешто што е законски регулирано со

Законот за волонтерство во делот за права

и обврски на волонтерот и организаторот на

волонтерството, поточно во член 10 во кој

се вели: „...Волонтерот има право: - во

писмена форма да го добие описот на

правата и обврските кои треба да ги

исполни и да биде запознаен со условите и

опасностите поврзани за време на

волонтирањето, пред започнување на

волонтирањето;...“

За разрешување на овие проблеми во

поглед на критериумите и правилниците

како најадекватно решение се покажува

креирањето на систем со критериуми за

регрутација на национално ниво согласно

дејноста и надлежностите на секоја јавна

институција. Со помош на унифицираните

критериуми за селекција и регрутација на

волонтерите, всушност ќе се разреши и

проблемот на субјективност или неетичка

селекција. Проблемот се детектира и од

резултатите добиени од примарното

истражување според кои 36% од јавните

институции ги ангажираат волонтерите

преку иницијален личен контакт и 14% преку

јавен оглас што кога ќе се спореди со

ангажирањето преку невладина

организација кое го правеле само 4% од

јавните институции е доволен приказ на

состојбата и потребата од промени. Затоа

како значителен извор на човечки ресурси

за волонтирање, јавните институциии и

државните органи треба да изградат

институционална соработка со граѓанските

организации со цел детектирање на

соодветните волонтери за соодветните

потреби, како и соработка и помош при

креирање на програма за волонтирање и

опис на волонтерските позиции. Како прв

чекор во таа насока треба да биде

потпишувањето на меморандум, што треба

да се искористи како иницијална каписла за

потпишување на идни договори за

соработка.

ВОЛОНТЕРСКИ НАДОМЕСТОК, МОТИВАЦИЈА И НАГРАДУВАЊЕ

Иако волонтерите волонтираат без

директна финансиска корист од типот на

плата или хонорар, сепак целокупниот

процес на волонтирање вреди и чини пари.

Оттука и потребата за финансирање на

волонтерски активности институционално,

во поглед на највоочливото исплаќање на

волонтерски трошоци, но и покривање на

сите останати трошоци кои произлегуваат

од волонтерската работа. Финансиските

импликации се содржани во Законот за

волонтерство и тоа во делот Права и

обврски на волонтерот и организаторот на

волонтерството во член 10 и тоа :„...на

надомест на однапред договорените

трошоци поврзани со волонтерството

(трошоци за храна, трошоци за превоз до и

од местото на волонтирањето, трошоци за

службени патувања и трошоци за обука)...“ и

„...Трошоците од ставот 1 алинеја 8 на овој

член, кои волонтерот може да ги има за

време на траењето на волонтирањето, се

исплатуваат во иста висина како за

вработените кај организаторот на

волонтерската работа...“, како и во член 13

„...Организаторот на волонтерската работа е

должен да: - обезбеди навремена исплата

на однапред договорените трошоци;...“.

Иако содржани во законот сепак воочлив е

недостатокот од институционално

поддржување на волонтерите од повисоките

нивоа на власт кое е повеќе од потребно,

како и создавањето на еден одржлив ланчан

циклус на волонтерска работа во секоја од

јавните институции. Високи 53% согласно

примарното истражување на состојбата со

волонтирањето во јавните институции

покажуваат недостаток на било каква

поддршка од повисоките инстанци на власт

кој влијае негативно врз одржливоста на

циклусот на волонтерска работа во секоја од

тие институции. Тоа повлекува и додатни

49% на јавни институции кои не исплаќаат

волонтерски надоместок, што би рекло дека

само 4% од јавните институции опфатени во

ова истражување успеале без никаква

поддршка од повисоките нивоа на власт да

обезбедат средства за исплаќање на тој

волонтерски надоместок. Имајќи ги овие

податоци во предвид се покажува важноста

од институционална поддршка од повисоко

ниво на јавните институции за

волонтерската работа. Тоа може на

национално ниво да се направи со

одредување на буџетска ставка за

институционална поддршка на волонтерите

и волонтерската работа во јавните

институции, како и поддршка на

Волонтерските центри (граѓанските

организации чие поле на работа е

волонтерството).

ПОТРЕБА ОД ВОЛОНТЕРИ

За тоа колку се потребни

волонтерите во македонското општество, а

и конкретно за јавните институции говорат

се поголемиот нивен број (зголемен број на

огласи и побарувања). Сепак може да се

каже дека ова се паушални искази најмногу

заради непостоењето на никаква

иницијатива од страна на државата за

обезбедување на статистички податоци за

бројот на волонтери, области во кои

волонтираат, економската корист од

волонтирањето како и сите оние статистички

податоци потребни за да се добие реалната

состојба. Еден од најважните показатели кои

произлегоа од истражувањето беше

ситуацијата при која од 61% институции кои

имаат недостаток на кадри, дури 39% се

снаоѓаат со ангажирање на волонтери. Тоа

значи дека при недостаток на човечки

потенцијал на работните места, за истите се

ангажираат волонтери кои што заменуваат

работни места, но без плата, права и

обврски како кога би биле вработени. За да

се спречи ангажирањето на волонтери како

замена за вработен кадар потребен е

зголемен инспекциски надзор, но и

воведување на ригорозни мерки за

одговорните лица кои ги злоупотребуваат

волонтерите. Сепак, паралелно на тоа се

извлекува и скоро половичниот сооднос на

јавни институции кои ги вработиле

волонтерите после истекот на

волонтерскиот период и оние институции

кои тоа не го направиле (51% од јавните

институции не ги вработиле волонтерите,

додека пак 49% ги вработиле). Сепак,

потребно е да се потенцира дека поради

недостаток на релевантни статистички

податоци не е јасен статусот на волонтерите

кои се вработиле, односно дали се на

определено/неопределено време, дали се

со полно/половина работно време, дали се

директно вработени или е користена

агенција и слично. Од една страна, оваа

одлука за вработување на волонтерите во

дел од јавните институции е за

поздравување, најмногу заради тоа што

ангажираат лица кои се веќе запознати со

работата во институцијата и имаат искуство

во истата, но од друга страна пак, само се

поттикнува мотивацијата на волонтерите да

волонтираат само за да се вработат после

тоа. Од аспект на признавање на

волонтерската работа, институциите

недоволно се залагале за истото, при што

резултатите покажуваат големи разлики од

институција до институција, но генерално

43% овозможуваат, а и веќе издале

волонтерски книшки, за разлика од 42% кои

не го прават тоа. Во поглед на тоа

признавање, но и уважување на самиот

волонтер и неговата работа, високи 46% не

ги наградуваат волонтерите што укажува на

фактот на недоволна заинтересираност на

институциите да посветат внимание на

волонтерите. За признавањето на

волонтерската работа во Законот за

волонтерство е нагласено дека:

„...Организаторот на волонтерска работа е

должен да: му издаде на волонтерот

волонтерска книшка за волонтерската

работа и во истата да ги наведе податоците

пропишани со овој закон;...“. Воедно член 20

конкретно се однесува ко на волонтерската

книшка како алатка за признавање, а во

истиот е нагласено: „...Волонтерската

книшка е јавна исправа. Волонтерската

книшка содржи податоци за видот и

времетраењето на волонтерската работа и

видот на обуката за која волонтерот се

оспособил за времетраењето на

волонтирањето. Формата и содржината на

волонтерската книшка, начинот на нејзиното

издавање и запишување на податоците, ќе

ги пропише министерот за

труд и социјална политика...“. Сепак,

праксата покажува дека за да се признае

волонтерската работа и надвор од рамките

на организаторот на волонтерска работа,

потребно е воведување на одредба во

Законот за волонтерство и промена на

одредени членови од законот кои се

однесуваат на овој сегмент која ќе ги

задолжува институциите да издаваат

волонтерски книшки за волонтери коишто

волонтираат долгорочно, односно

секојдневно во период подолг од 1 месец.

Всушност потребно е конкретизирање и

детализирање во законот со помош на нови

членови и промени на постоечките. Притоа

воведување на симболични награди во

секоја институција (со донесување на

правилник за волонтери на национално

ниво) од типот – награда за најдобар

волонтер на годината претставува исто така

одличен начин на признавање на нивната

работа, покрај веќе практикуваното

наградување во дел од јавните институции

во поглед на овозможување на обуки за

волонтерите (Согласно примарното

истражување 28% од јавните институции им

овозможуваат обуки за доусовршување на

волонтерите. Сепак, високи 46% не

придаваат значење на признавањето на

волонтерот како индивидуа и воопшто

неговата работа преку наградување.)

ПРЕПОРАКИ

Состојбата на полето на волонтерска работа користејќи го спроведеното истражување,

Законот за волонтерство, Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството и сите

релевантни документи покажува сегменти во кои имаме позитивни примери, но и бројни

сегменти каде истата не содржи дотолку позитивни примери. Во таа насока можат да се дадат

следниве препораки содржани во обработката и аргументацијата во делот погоре:

За избегнување на проблеми со

прекувремена работа на

волонтерите и нивно користење како

замена за работник/вработен

потребна е појасна дистинкција

помеѓу вработен и волонтер во

постоечката легислатива со

воведување на законски одредби и

промени кои ќе го спречат тоа, но и

ќе овозможат воведување на

вработено лице (ментор) за надзор и

помагање на волонтерите кое ќе

одговара пред закон. Воедно

зголемен инспекциски надзор е

препорачлив кај индикативни

случаи.

За разрешување на проблемот на

субјективност и неетичка селекција

на волонтерите потребно е

креирање на национален систем со

унифицирани критериуми за

регрутација.

За да се детектираат соодветните

волонтери согласно потребите, за

соработка при креирање на

програма за волонтирање и опис на

волонтерските позиции потребна е

институционална соработка помеѓу

државните органи/јавните

институции и граѓанските

организации. Како иницијален метод

потребно е да се потпише

меморандум за соработка кој ќе

прерасне и во идни договори за

соработка.

Недостатокот на поддршка на

волонтерите и волонтерската работа

од страна на државата може да се

разреши со одредување на буџетска

ставка за институционална

поддршка на Волонтерските Центри

(граѓански организации чие поле на

работа е волонтерството) и

поттикнување на организаторите на

волонтерска работа за одвојување

на средства за волонтерски

надоместоци во своите буџети, како

и отстранување на пречките за

обезбедување на таква ставка во

буџетите.

За признавање на волонтерската

работа потребно е воведување на

одредба во Законот за волонтерство

која ќе ги задолжува институциите

да издаваат волонтерски книшки за

волонтери кои без прекин

волонтираат подолго од 1 месец, а

како добар начин на признавање на

волонтерот и неговата работа

потребно е воведување на

симболични награди на

институционално ниво за најдобар

волонтер на годината.