Pogled Br.54 Septemvri 2013

8
БРОЈ 43, Октомври 2012 PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 54 Септември 2013 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.4 стр.6 стр.5 Дојдоа “Reapers” Мрестење на краповите Комитско советување на Кучелат Уште една успешна главна сесија на Графичката работилница -Софија- 22 Септември, Меѓународен ден без автомобили Со чист воздух до подобро здравје „На 20.9.2013 година, со почеток во 10,30 часот, а по повод 22 септември-„Меѓународен ден без автомобили“ Општина Богданци организира „Марш со велосипеди, тротинети, ролери, скироли и пешачење“. Овој настан е дел од Европската недела на мобилност која трае од 16 до 22 септември 2013 година. Учество во Маршот ќе земат учениците од основните и средното училиште во Богданци и населените места и најмалите од детската градинка во Богданци, тргнувајќи од три локации: „Чавдарова Чешма“, “Бреботекс“ и Детската градинка „Коста Поп Ристов-Делчев“. Сите учесници ќе се соединат во Градскиот парк во Богданци каде ќе се одржи наградната игра, а присутните ќе ги забавува музичката ѕвезда Александар Белов“, се велеше во соопштението од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци. „Во оваа манифестација се вклучени повеќе од 2.000 града во 43 земји и тие спроведуваат активности за модерната култура. Општина Богданци е дел од случувањата и поддржувач на годинешново издание кое, под мотото „Чист воздух, тоа е вашиот потег“, има за цел, денес на 20 септември 2013 година, да ги охрабри граѓаните низ цела Европа дека за подигање на нивното здравје и благосостојба е потребен почист воздух до кој ќе се дојде со промени во мобилното однесување и дека со помалку користење на автомобилите ќе има почист воздух, помалку бучава и повеќе пари. Тоа се совпаѓа со Европската година на воздухот. Лошиот квалитет на воздухот има големо влијание врз здравјето на луѓето и доведува до респираторни и срцеви заболувања , до смртни случаеи и до пократок животен век. Загадувањето на воздухот директно влијае врз животната средина, доведува до закиселување, до загуба на биодиверзитетот, осиромашување на озонот и климатски промени. Градскиот сообраќај е растечки извор на загадување на воздухот.“, се кажа во најавата на забавниот дел од манифестацијата на која со свои настапи учествуваа децата од градинката и учениците од училиштата. Во забавата учествуваше и пејачот Александар Белов. Од Детската градинка, како прилог кон идејата за подигање на свеста и однесувањето, имаа подготвено соодветни обележја што им ги поделија на присутните. Во лотаријата на која со извлекување талони со бројчиња на среќниците, во согласност со целта на активностите и самата манифестација, им се доделуваа награди во вид на тротинети, ролери, скироли и велосипеди донирани од „Ламбада“, Богданци, „Магда“, Богданци, „Спајдер“, Гевгелија и Општина Богданци. Наградите ги доделуваше Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци. Главната награда, обезбедена од Општина Богданци, беше велосипед. стр. 7 Здружението на пензионери во Општина Богданци на 20 септември 2013 година го одбележа Денот на пензионерите на Република Македонија. Централниот настан се случи во Клубот на пензионерите во Богданци. На присутните членови на Здруението на пензионери во Општина Богданци и на нивните гости им се обрати претседателот Славчо Узунов кој, честитајќи им го празникот, на пензионерите им посака долг и успешен живот. Потоа се приреди коктел. Пензионерите го прославија својот ден “...ке ја промовираме мото културата...” Од завршната изложба тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ Пишува: Ристо Стамков

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.54 Septemvri 2013

Page 1: Pogled Br.54 Septemvri 2013

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 54 Септември 2013

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.4

стр.6стр.5

Дојдоа “Reapers”

Мрестење на краповите

Комитско советување на Кучелат

Уште една успешна главнасесија на Графичката

работилница -Софија-

22 Септември, Меѓународен ден без автомобили Со чист воздух до подобро здравје

„На 20.9.2013 година, со почеток во 10,30 часот, а по повод 22 септември-„Меѓународен ден без автомобили“ Општина Богданци организира „Марш со велосипеди, тротинети, ролери, скироли и пешачење“. Овој настан е дел од Европската недела на мобилност која трае од 16 до 22 септември 2013 година.

Учество во Маршот ќе земат учениците од основните и средното училиште во Богданци и населените места и најмалите од детската градинка во Богданци, тргнувајќи од три локации: „Чавдарова Чешма“, “Бреботекс“ и Детската градинка „Коста Поп Ристов-Делчев“. Сите учесници ќе се соединат во Градскиот парк во Богданци каде ќе се одржи наградната игра, а присутните ќе ги забавува музичката ѕвезда Александар Белов“, се велеше во соопштението од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци.

„Во оваа манифестација се вклучени повеќе од 2.000 града во 43 земји и тие спроведуваат активности за модерната култура. Општина Богданци е дел од случувањата и поддржувач на годинешново издание кое, под мотото „Чист воздух, тоа е вашиот потег“, има за цел, денес на 20 септември 2013 година, да ги охрабри граѓаните низ цела Европа дека за подигање на нивното здравје

и благосостојба е потребен почист воздух до кој ќе се дојде со промени во мобилното однесување и дека со помалку користење на автомобилите ќе има почист воздух, помалку бучава и повеќе пари. Тоа се совпаѓа со Европската година на воздухот. Лошиот квалитет на воздухот има големо влијание врз здравјето на луѓето и доведува до респираторни и срцеви заболувања , до смртни

случаеи и до пократок животен век. Загадувањето на воздухот директно влијае врз животната средина, доведува до закиселување, до загуба на биодиверзитетот, осиромашување на озонот и климатски промени. Градскиот сообраќај е растечки извор на загадување на воздухот.“, се кажа во најавата на забавниот дел од манифестацијата на која со свои настапи учествуваа децата

од градинката и учениците од училиштата. Во забавата учествуваше и пејачот Александар Белов.

Од Детската градинка, како прилог кон идејата за подигање на свеста и однесувањето, имаа подготвено соодветни обележја што им ги поделија на присутните.

Во лотаријата на која со извлекување талони со бројчиња на среќниците, во согласност со целта на активностите и самата манифестација, им се доделуваа награди во вид на тротинети, ролери, скироли и велосипеди донирани од „Ламбада“, Богданци, „Магда“, Богданци, „Спајдер“, Гевгелија и Општина Богданци.

Наградите ги доделуваше Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци. Главната награда, обезбедена од Општина Богданци, беше велосипед.

стр. 7

Здружението на пензионери во Општина Богданци на 20 септември 2013 година го одбележа Денот на пензионерите на Република Македонија.

Централниот настан се случи во Клубот на пензионерите во Богданци.

На присутните членови на Здруението на пензионери во Општина Богданци и на нивните гости им се обрати претседателот Славчо Узунов кој, честитајќи им го празникот, на пензионерите им посака долг и успешен живот.

Потоа се приреди коктел.

Пензионерите го прославија својот ден

“...ке ја промовирамемото културата...”Од завршната изложба

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутерител.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Пишува: Ристо Стамков

Page 2: Pogled Br.54 Septemvri 2013

2 ПОГЛЕД ,Септември 2013

Од Шестата седница на Советот на Општина Богданци

Седница со 1 главна и 18 споредни точка

Шестата седница на Советот на Општина Богданци се оджа на 17 септември од 19,30 часот во Салата за состаноци на Советот на Оппштина Богданци. На седницата присуствуваа сите 11 советници. На седницата присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Со 11 гласа „За“, без измени и дополнувања, советниците го усвоија Записникот од Петтата седница на Советот на Општина Богданци.

При предлагањето на дневен ред за работа на Советот Советникот Ристо Енџекчев побара точката 5 предложена за дневен ред да се повлече од предлогот бидејќи таа еднаш била повлечена од предлог за поранешна седница, дека се има сознанија дека во врска со тоа прашање веќе се води друга постапка и дека од лицето Перо Чрчев има поднесено Барање за повлекување на Иницијативата за ставање на оваа точка на дневен ред и затоа што од општинската администрација не се известени дали Барањето е основано или не.

Претседателот Блаже Шапов образложи дека според Законот за просторно и урбанистичко планирање секоја иницијатива за урбанистичко планска документација поднесена од физичко или правно лице Советот е должен да ја разгледа, а според Законот за локална самоуправа Градоначалникот, доколку смета дека одреден акт не е во согласност со Закон, може да реши да го запре објавувањето на тој акт во службениот гласник на Општината.

Даринка Минева од општинската администрација објасни дека Советот носи само програми што се општи акти, а не конкретни управни акти.

Советникот Стојан Воданов го поддржа барањето за повлекување на точката за да не биде нарушено правото на еден граѓанин за сметка на друг.

Прелогот на Ристо Енџекчев не беше прифатен бидејќи за него се изјаснија 5 советници, а 6 беа против.

Претседателот Блаже Шапов предложи кон дневниот ред, како 16. точка, да се додаде „Барањето мислење за ученички екскурзии на ООУ„Петар Мусев“, Богданци“. Предлогот беше прифатен едногласно.

Предложениот дневен ред од 19 точки за работа на Советот на Општина Богданци на Шестата седница беше прифатен со 6 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“.

Точка 1: На оваа точка се разгледуваше и усвојуваше Предлогот за Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци во Вториот квартал од 2013 година. Симона Савиќ од општинската администрација го образложи предлогот на Извештајот. Во расправата советникоит Ристо Енџекчев побара објаснување за кумулативните средства од фирмарините. Претседателот Блаже Шапов побара конкретна анализа на некои трошоци на што му беше одговорено дека тоа ќе биде објаснето на наредната седница. Тој побара да се каже што се презема за надминување на блокадата на сметката на Општината од страна на АД„Млаз“ на што му беше одговорено дека наменските средства за исплата на плати и надоместоци, за патишта и за исплата на вработувања преку Агенцијата за вработувања се ослободени да минуваат преку сметката, трошоците за јавни набавки имаат одложен рок за плаќање, а градоначалничката и претседателот на Управниот одбор на АД„Млаз“ се во преговори за надминување на состојбата и за десетина дена работите ќе бидат појасни. Советникот Борис Ванчев побара да му се објасни што се случува со стипендирањето на Џоко Пеев, првенецот на

генерацијата од минатата година на што му беше одговорено дека во Буџетот на Општина Богданци има конто за стипендирање на ученици во општинските училиште и на минатогодишниот првенец на генерацијата му се исплатени средствата за минатата година кога бил ученик во општинско училиште, но годинава тој е студент нема основа да му се дава стипендија.

Со 11 гласа „За“ советниците го усвоија Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за вториот квартал од 2013 година според кој како тековно оперативни приходи во 2013 година биле планирани 119.409.445 денари, до сега биле реализирани 43.5550.149 денари или 36,47%, а до крајот на годината треба да се реализираат уште 75.859.296 денари. Според годишното планирање за 2013 година биле планирани да се потрошат 100.672.422 денари, до сега се потрошила 39.532.971 денар или 39,27 %, а до крајот на годината можат да се потрошат уште 61.139.451 денар.

Точка 2: На оваа точка се разгледуваше Финансовиот извештај за материјалното и финансиско работење на ЈП„Комунална чистота“, Богданци за периодот од 1.1.2013 до 30.6.2013 година. Известуваше Зоран Чавдаров од „Комунална чистота“. Во расправата советникот Ристо Енџекчев побара во наредните извештаи да има известување за исправноста на водата за домакинствата и за работењето со готовински срдства во претпријатието на што му беше одговорено дека сите извештаи се позитивни освен

еден за заматувањето на водата во Ѓавото што настанало затоа што во Ѓавото се вршат ископувања за инсталација на канализациона мрежа и при машинското копање се кине водоводната мрежа поради што во системот навлегува земја, но тое е инцидентно и состојбата бргу се надминува.

Со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ Советот на Општина Богданци го усвои Извештајот за финансовото работење на ЈП „Комунална чистота“, Богданци во периодот од 1.1.2013 до 30.6.2013 година според кој претпријатието има остварено приходи од 10.326.717 денари и направено трошоци од 7.520.176 денари.

Точка 3: Со 11 гласа „За“ ,

без дискусија, Советот на Општина Богданци одлучи без надоместок, за период од една година на ЈП„Комунална чистота“, Богданци да му го пренесе правото на користење на ровокопачот марка ЈСВ кој Општина Богданци го доби како донација од УСАИД и со 25% учествуваше во неговата цена.

Точка 4: Со 11 гласа „За“, без дискусија, Советот на Општина

Богданци донесе Одлука на ЈП„Комунална чистота“ за период од 1 година да му го отстапи основното средство Главен потисен цевковод за водоснабдување и наводнување дворни површини во Богданци во должина од 3.400 метри и придружните објекти.

Точка 5. Со 11 гласа „За“, без дискусија, Советот на Општина Богданци донесе Одлука за определување надоместок за трошоците на Локалните избори 2013 според која право на надоместок имаат сите подносители на листи за членови на Совет и листи за кандидати за градоначлник кои освоиле најмалки 1,5 % од гласови од граѓаните што излегле на избори

да достави иницијатива за ЛУПД за истиот плански опфат и, откако му беше одговорено дека има право, допраша, бидејќи сите овие постапки чинат пари, ако Советот поради недоволна инфпормираност од општинската администрација донесе лоша одлука кој ќе одговара за тоа.

Советничката Катерина Чрчева, напомнувајќи дека иако иницијативата е на штета на нејзиниот сопруг таа сепак ќе се вклучи во расправата, забележа дека во Програмата се дадени погрешни податоци за површината на земјиштето и за сопственоста, дека секоја иницијатива треба да биде поткрепена со мислење од општинската администрација, дека таа барала објаснување за некои работи, но не и биле дадени, дека во општинската администрација не се сигурни за исправноста на тоа што на Советот му се нуди за одлучување и побара официјално да и се појасни дали советниците имаат право да поднесуваат иницијатива затоа што оваа иницијатива е поднесена од советничката група на СДСМ.

Соња Маџирова се согласи дека сопственоста не е само државна, дека планскиот опфат е поголем отколку што е прикажан во Предлогот на Програмата и одговори дека и правното и физичкото лице имаат доставено документи од Катастар.

Градоначалничката Анастасија Олумчева дообјасни дека Општината не е должна да ја испитува веродостојноста на документите од Катастар и истакна дека комплетно е запозната со предметот и дека таа на заинтерсираните страни им укажала, доколку се сомневаат во валидноста на документите од Катастар, сами да ја проверат нивната веродостојн ост.

Претседателот Блаже Шапов праша како се донел ЛУПД кога поранешниот состав на Советот на Општина Богданци не донел таква одлука на што Соња Маџирова му одговори дека порано сите иницијативи се доставувале до Советот, потоа само иницијативитѕе финансирани од Општината, сега повторно сите иницијативи се доставуваат до Советот.

Советникот Душко Енџекчев праша дали Градоначалничката го поддржува опфатот таков каков што е даден во неправилна геометриска форма и забележа дека никој не би сакал да му биде одземено нешто и да му биде дадено на друг.

Градоначалничката Анастасија Олумчева се согласи дека опфатот треба да има правилна геометриска форма.

Во натамошната расправа која

во Општина Богданци. На ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

ќе му се исплати надоместок од 33.075 денари за листата за Совет и 45.660 денари за листата за Градоначалник.

На СДСМ и коалицијата ќе му се исплати надоместок од 34.680 денари за листата за Совет и 39.450 денари за листата за Градоначалник.

На СДУ ќе и се исплати надоместок о 4.275 денари за листата за Совет и 4.590 денари за листата за Градоначалник.

На Група избирачи Митко Мишев за листата за Совет ќе и се исплати надоместок од 5.100 денари.

Точка.6: Со 11 гласа „За“, без дискусија, Советот на Општина Богданци донесе Одлука за определување на висината на надоместокот на изборните органи за извршена работа во изборниот процес за Локалните избори 2013 година на подрачјето на Општинската изборна комисија според која на претседателот на ОИК ќе му се исплатат 25.000 денари, на заменикот на претседателот на ОИК ќе му се исплатат 20.000 денари, на секретарот на ОИК ќе му се исплатат 16.000 денари на секој член на ОИК ќе му се исплатат по 15.000 денари на секој заменик на член на ОИК ќе му се исплатат по 2.000 денари на секој претседател на ИО ќе му се исплатат по 3.000 денари, на секој заменик претседател на ИО ќе му се исплатат по 2.500 денари, на секој член на ИО ќе му се исплатат по 2.000 денари, на секој замник член на ИО ќе му се исплатат по 1.700 денари и на сите од ИО што спровеле гласање на болни и немоќни лица ќе им се исплати уште по 50% од износот што ќе им се исплати за спроведување на изборите.

Точка 7: На оваа точка се носеше Програма за Дополнување на Програмата за изработување урбанистички планови во Општина Богданци за 2013 година.

Советникот Стојан Воданов праша дали е постапено според Деловникот на Советот во кој се вели дека за секоја поднесена иницијатива треба да се произнесат стручните служби и градоначалникот и што ќе случи со програмата што е предложено да се донесе кога веќе, на повисока инстанца, има во тек друга постапка за истиот случај на што Соња Маџирова од општинската администрација која учествуваше во расправата му одговори дека со Закон е пропишано секоја иницијатива за донесување локална урбанистичка планска документација да оди на Совет и дека, иако не е во нејзина надлежност, знае дека со секоја нова одлука престануваат поранешните постапки.

Советникот Кристијан Тодоров праша дали и тој како граѓанин може

Продолжува на стр.3

Известувач: Илија Тумбов

Page 3: Pogled Br.54 Septemvri 2013

3ПОГЛЕД ,Септември 2013

на моменти стануваше хаотична се вклучија уште и советниците Ристо Киров, Никола Стратров и Ристо Енџекчев.

Сите советници што учествуваа во расправата повеќепати земаа збор или даваа реплики, па на моменти беше напорно да се следи расправата.

Советникот Кристијан Тодоров потсети дека Советот не е суд за да пресеудува и дека постапките веќе се пренесени на повисоки инстанци и рече дека тој не сака да зазема страна во овој случај, но најдобро ќе е одлуката да се донесе на повисока инстанца.

На гласањето со 6 гласа „За“ и 5 гласа „Против“ Советот на Општина Богданци донесе Програма за Дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Богданци според која во Делот IV Изработување на Локална урбанистичка планска документација под реден број 16-б ќе се предвиди изработување на локална урбанистичка планска документација на неколку парцели во местото викано „Црквица“ во КО Богданци за објекти од лесна индустрија финансирано од „Ви Ви пром“, Богданци.

Точка 8: По образложението до Митко Попов од општинската администрација со 11 гласа „За“, без дискусија, Советот на Општина Богданци донесе Одлука за измена ма Одлуката за формирање Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата според која тој наместо 6 ќе има 4 члена.

Точка 9: Со 11 гласа „За“, без дискусија, Советот на Општина Богданци донесе Решение во Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Богданци со мандат од четири години и со право за уште еден мандат се именуваат Марија Ѓавочанова, за претседател и Мими Данаилова, Дејан Пилитов, Сашо Ивановски и Митко Попов за членови.

Точка 10: Со 6 гласа „За“, 1 глас „Против“ и 4 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци донесе Решение од Органот за внатрешна контрола на Домот на културата „Бранд Петрушев“ да се разрешат Стефана Демерџиева, Здравко Иљачев,Елена Ѓавочанова, Перо Иванов и Андигона Тасева, а за нови членови да се именуваат Нена Енџекчева, Јани Карашабанов, Соња Србова, Ристо Живковиќ и Марија Карапеева.

Точка 11: Со 6 гласа „За“ и 5 гласа „Против“, без дискусија, Советот на Општина Богданци донесе решение од член на Управниот одбор на ЈП„Комунална чистота“, Богданци да се разреши Александар Олумчев, а за нов член да се именува Елена Шутарова.

Точка 12: По образложението на Елена Ѓавочанова, директорка на училиштето, Советот на Општина Богданци со 11 гласа „За“ , без дискусија, го прифати Годишниот извештај за работата и постигнатите

на директорката Емилија Минева Советот на Општина Богданци, со 11 гласа „За“, го прифати Годишниот извештај за работата и постигнатите рзултатина ОСУ„Богданци“ од Богданци во учебната 2012/20`13 година. Во дискусијата советникот Никола Стратров ја праша директорката во каква финансиска состојба го затекнала училиштето на што таа му договори дека има долг од околу 1 милион днари главно за превоз на ученици. Претседателот Блаже Шапов ја праша директорката од каде е влагатта во некои училници во училиштето на што таа му одговори дека влагата е од подземните води и од олуците.

Точка 18: По образложувањето што го даде директорката Емилија Минева Советот на Општина Богданци со 11 гласа „За“ ја прифати Годишната програма за работа на ОСУ„Богданци“ од Богданци во учебната 2013/2014 година. Во дисксијата советникот Стојан Воданов праша какви мерки се преземаат за намалувањето на неоправданите изостаноци на што му беше одговорено дека доцнењето на час ќе се запишува како неоправдан изостанок

Советникот Кристијан Тодоров праша дали училиштето ќе го држи училишното бифе во или ќе се издава на што му беше одговорено дека ќе се издава.

Точка 19: СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

-Советничката Сузана Мандалова праша: 1. Кога ќе се направи канализацијата од мостот во Стојаково кон Богородица на што градоначалничката Анастасија Олумчева и одговори дека тоа ќе биде направено до крајот на годината; 2. Кога ќе бидат поставени поилките за добитокот на што и беше одговорено дека тоа ќе се направи наскоро.

-Советничката Катерина Чрчева побара писмено да и биде одговорено: 1. Кои иницијативи советниците имаат право да ги поднесуваат, од јавен интерес или од приватен? 2. Дали кога ќе се предлагаат програми со неточни податоци тие така и се усвојуваат или се вршат исправки?

-Советникот Ристо Киров праша: 1. Дали ЈП „Комунална чистопта“ учествуваше во градењето на вилата поранешниот градоначалник Ристо Ичков на Смрдлива Вода и, ако учествувала, дали за тоа и е платено? 2. До каде е стасано со постапката за ревизија на што градоначалничката Анастасија Олумчева му одговори дека се преземаат мерки за нејзино убрзување.

-Претседателот Блаже Шапов праша каква е состојбата во ЈПКД „Водовод“ затоа што таму нема директор, нема извештаи за работата, има вработени и се прават трошоци на што градоначалничката Анастасија Олумчева му одговори дека многу документи од „Водовод“ недостасуваат, документите од ревизијата се изгубени и дека органите на „Водовод“, Советот и Општина треба да седнат и да се договорат што ќе се прави со „Водовод“.

резултати во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково за учебната 2012/1013 година.

Точка 13: По образложението на Елена Ѓавочанова, директорка на училиштето, Советот на Општина Богданци со 11 гласа „За“ ја разгледа и ја прифати Годишната програма за работа на ООУ„Кирил и Методиј“ во Стојаково за учебната 2013/2014 година. Претседателот Блаже Шапов, во расправата праша дали минатогодишното ангажирање наставници за во дополнителна настава да им помагаат на учениците во изработувањето на домашните работи дало резултати на што му беше одговорено дека имало резултати од таа мерка, но годинава тоа не е влезено во програмата. Градоначал ничката Анастасија Олумчева објасни дека тоа минатата година го финансирала Општината, а сега се бараат начини за поинакво финансирање затоа што секоја услуга се плаќа.

Во врска со темата Невена Петрушева од ООУ„Петар Мусев“ во Богданци забележа дека учениците на кои им треба таква поддршка се претежно од загрозени семејства и тешко дека ќе можат да ја платат услугата.

Точка 14: По образложението на Невена Петрушева, со 11 гласа „За“, без дискусија, Советот на Општина Богданци го прифати Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ„Петар Мусев“ од Богданци во учебната 2012/2013 година.

Точка 15: На оваа точка се разгледуваше Годишната програма на ООУ„Петар Мусев“ што беше образложена од Невена Петрушева, претставник на училиштето.

Претседателот Блаже Шапов праша штпо се случи со поделувањето на паралелките на што му беше одговорено дека две паралелки имале по 30 ученици и тие сега се поделени во три паралеки. Финансирањето се правело од некои пари што биле на сметката, а што ќе се правело понатаму ќе се видело.

Со 11 гласа „За“ Советот на Општина Богданци ја прифати Годишната програма за работа на ООУ„Петар Мусев“ Богданци во учебната 2013/2014 година.

Точка 16: Советот на Општина Богданци едногласно позитивно се изјасни и за Програмата за изведување на ученички екскурзии во ООУ„Петар Мусев“ Богданци според која учениците од осмо одделение ќе изведат тродневна екскурзија финансирана од родителите во која првиот ден ќе ги посетат Стоби, Скопје и кањонот Матка, вториот ден ќе ги посетат Маврово, кањонот на Радика, Струга, Охрид и Свети Наум. Третиот ден од Охрид ќе продолжат кон Битола и потоа преку Плетвар и тиквешијата да се вратат назад. Според истата Програма учениците од шесто одделение во дводневна екскурзија првиот ден ќе го посетат Скопје, Куманово, Кокино и Крива Паланка за вториот ден да ги посетат манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, Кратово, локалитетот Камени кукли и Штип.

Точка 17: По образложението

Продолжение од стр. 2Од расправата по седмата точка од Шестата седница ма Советот на Општина Богданци

Блаже Шапов,

претседател на Советот на Општина Богданци

Стојан Воданов,

член на Советот на Општина Богданци

„„Кога Ристо Ичков и ВМРО-ДПМНЕ беа на власт во Богданци се беше можно.“

„Ако СДСМ, сега, кога има мнозинство во Советот на Општина Богданци, донесе одлука што нема да биде правична тогаш и сега се е можно.“

Ристо Киров, член на Советот на Општина

Богданци

„За каква правичност и за каква моралност зборувате овде кога од заинтересираните странки земавте средства за кампањата од локалните избори. И на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ви беа плаќани сметките за струја во партиските седишта. ВМРО-НП не го правеше тоа.“

Соопштение од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

Општина Богданци на NEXPO 2013Општина Богданци е една

од ретките макдонски општини што ќе учествуваат на големата манифестација на општини од Југоисточна Европа NEXPO 2013 што од 25 до 27 септември ќе се одржи во Опатија и во Риека во Република Хрватска.

Општина Богданци на NEXPO 2013 ќе биде претставувана од Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци која пред потенцијалните инвеститори и експерти ќе има можност да ги презентира проектите на Општината во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија.

Градоначалничката Олумчева ќе ги истакне потенцијалите кои инвеститорите ќе ги имаат да се развијат на територијата на Република Македонија, во Југоисточниот плански регион на Република Македонија и во Општина Богданци.

Организатор на овој саем на локални власти во Југоисточна Европа е NALAS, мрежата која обединува 16 асоцијации на 8.000 локални власти од овој дел на Европа директно избрани од повеќе

од 80 милиони жители од регионот.На овој меѓународен саем на

општини се очекува присуство на високи претставници на Европската унија, околу 250 градоначалници од Југоисточна Европа како и асоцијации, развојни агенции, граѓански здруженија и бизнисмени од Европа.

NEXPO 2013 има за цел да ја промовира улогата на локалните власти во процесот на децентрализација, поврзување и соработка во мрежата на општини како и во изградба на регионални бизнис врски и обезбедување одржлив развој на истите.

Централни теми за дискусија на овој Меѓународен саем на општини на Југоисточна Европа ќе бидат од областа на бизнисот и создавање на можности за инвстиции преку промоција на проекти од сферата на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија.

Меѓународниот саем на општини од Југоисточна Европа се очекува да има повеќе од 4.000 учесници кои своите потенцијали ќе ги претстават на околу 4.000 квадратни метри изложбен простор.

Соопштение од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

По повод националната акција за чистење „Македонија без отпад 2013 година“ на 5 октомври 2013 година, Општина Богданци ќе земе активно учество во истата со цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината.Покрај ова, акцијата има за цел да ја развие свеста на граѓаните за

правилно управување со отпадот.Акцијата „Македонија без отпад 2013 година“ќе се одржи на 5 октомври 2013 година (сабота) со почеток во 9 часот на локацијата место викано Самовилец, поточно патот кој води кон манастирчето „Свети Димитриј“.Се очекува во акцијата учество да земат околу 1.500 граѓани.

Симона Савиќ, од општинската администрација:

„Со доделување стипендии за студирање на учениците што биле прогласени за првенци на генерацијата во СОУ “Богданци“ работите стојат вака:

Во општинскиот буџет има планирано конто за стипендирање ученици што учат во општинските училишта. Минатата година настана недоразбирање.

Имаше првенец на генерацијата. Одлука од Совет за стипендирање на првенецот на генерацијата во текот на студирањето нема. Има решение на Градоначалник врз база на Буџетот планиран на годишно ниво, да се додели стипендија или награда,

„ Општината е блокирана од 12 јуни 2013 година. АД „Млаз“, поднесувачо на барање за извршување на двапати, во согласност со Законот, побара одложување на извршувањето. Од 12 август блокадата на сметката на Општина Богданци е активна. Налогот за извршување веќе тече и од сметката веќе имаме одземено околу 1.100.000 денари. Вкупниот долг на Општината кон АД „Млаз“ е 5.000.000 денари без камати.

Градоначалничката и претседателот на Управцниот одбор на АД „Млаз“ се веќе во преговори и за десетина дена точно ќе се знае како ќе се одвиваат понатаму работите.

Во меѓувреме Општината презеде активности и поднесе барање до Основниот суд за дозволување минимум средства да поминуваат преку оппштинската сметка за Општината да може тековно да функционира. Одобрено е наменските средства како што средствата за патишта, средствата за плати и надоместоци од плати и средствата за исплата на вработувањата преку Агенцијата за вработување да поминуваат преку сметката. Тие средства доаѓаат на посебна сметка. Се што влегува на жиро- сметката на Општината надвор од овие средства, приходи од данок,приходи од легализација

и други слични приходи, се зема и се префрлува на сметка на извршителите.

Што се однесува до средствата за исплата на јавните набавки тие имаа рокови за исплата и до 180 дена, па се надеваме дека до тогаш ќе се расчистат работите околу блокадата на сметката. Ако не се расчистат, работата на Општината сосема ќе стане сосема отежната. Градоначалничката е оптимист. Се планира да се прават компензации и цесии со други фирми и така да се надмине состојбата. АД „Млаз“ има долг кон Општината 0д 2.800.000 денари. И тој долг може да се искомпензира.“

Симона Савиќ, од општинската администрација:

за првенецот на генерацијата кој е во завршната година, но сеуште е ученик во општинско училиште и таа прописно е доделена. Основа за стипендирање на наградениот првенец на генерацијата во текот на студирањето нема затоа што тој не е веќе општински ученик.Таква е одлуката.

Министерството за образование има одлука според која студентите што имаат определен просек оценки моѓат да можат да подмесат барање за доделување стипендија од средства на Министерството. Таа можнотс им е на располагање на студентите.“

Page 4: Pogled Br.54 Septemvri 2013

4 ПОГЛЕД ,Септември 2013

Пишува: ИлијаТумбов

1.Уставно 8-ми Септември е

определен да се слави како Ден на независноста на Република Македонија затоа што на времето, пред дваесетина и нешто години, Македонците и другите во Македонија кои мислеа дека така треба, на референдум одлучија Македонија да биде независна држава

На 8 септември 2013 година на 8-ми Септември во Богданци не му беше дадено достојното внимание.

Фала на прашањето, ама не би знаел да ви кажам зошто.

Ако пред скоро четвртина век, Македонците и богданчани како дел од нив мислеле дека независната македонска држава е придобивка за нацијата, сега можеби богданчани го сменија мислењето.

За друга причина не ми текнува во моментот.

2.Помислив, ама не направив,

во августовскиот број на „Поглед“, во оваа колумна, да понудам облог, каул што би се рекло по нашки, дека, после Илинден, и 8-Септемрви ќе ни помине нимичкото.„Нимичко“ е богдански лаф. Значи дека нешто поминало без збор. Немо. Во тишина.

Да понудев каул и некој од гоцевата раса да се закачеше на каулот сега ќе бев на добивка.

На патриотизам, колективно, и така и така губиме во континуитет. Барем, лично, на каул, од фалшивоста на патриотизмот наш, ќе ќарев нешто.

Штета.Ја испуштив шансата да се офајдам од патриотизмот. Од отсуството на патриотизам, мислам. Или родољубие се викаше.

3.Ми беа направени забелешки

дека во августовскиот „Поглед“, во оној напис за родољубието наше неискрено сместен на последната страница, сум пишувал за работи кои не ги знам, дека нештата не се такви какви што сум ги прикажал и, како ли сум си дозволувал (?), сум спомнувал имиња.

Грешка. Грешат тие што ми направија забелешки.

Тоа што го кажав во тој напис е така и никако поинаку. Подготвен сум на странициве од весников или на јавна трибина да полемизирам за таму изнесеното. Кој има поинакво мислење нека повели на мегдан. Дури, како дополнување на таму напишаното, би додал дека блуткаво е да се користат придобивките од нешто, а да не му се дава важност на нештото.

Блуткавоста е состојба регистрирана од перцепторите за вкус од која организмот, ако не може до толку да ја поднесе, се брани се повраќање. Го изблувувава тоа што ја предизвикало блуткавоста.

Што се однесува до спомнувањето на имиња, нека ми биде простено, ама јас во написот не спомнав ничие лично име. Ако и било спомнато нечие име тоа било само во функција на посочување кон некој кој, поради работите што јавно ги работи, е јавна личност. Имињата и активностите на јавните личности се јавни работи. Така е во сиот демократски свет.Зошто кај нас би било поинаку.Точка.

4.Локално е, ама и ептен

глобално оваа што сакам да го кажам. Мислам на глобалните политички и национални македонски интереси.

Откако Жарко Пуховски, познатиот воено-политички аналитичар профилиран уште во времето на СФРЈ кој и денес

одвреме-навреме прави анализи на состојбите во регионот, изјави дека Македонија не може да се распадне како држава затоа што сеуште не е составена како таква, низ македонскиот дел од Република Македонија, на трибини, на „експертски“ средби, низ уличните и кафеанските „парламенти“, насекаде зеде да се „објаснува“ дека Македонците не се Македонци туку сосема нешто друго.

Како со свирче да се беше дало знак се разлетаа пропагаторите да одработуваат агенди.

Во таа, навидум, какафонија може да се препознае систем. Истиот тој систем што ја „разорал“ Македонија во втората половина на деветнаесеттиот век кога Патријаршијата, Егзархијата и Начертанијата си правеле чист простор за влијанија.

Кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, не преку тогаш модерните анархисти, туку преку една друга, поблиска до обичниот и сиромашен македонски човек, идеја, работите малку-одмалку биле доведени во нормала. Во нормала за македонската кауза. По илинденските случувања, а богами и за време на нив, работите повторно избегале од контрола.

По уриетските и пред воено-балканските случувања, кога требало да се егзекутираат решенијата договорени по салоните на тогашните европски монархистички династии, состојбите се заостриле до крај.

Се разлачиле „македончињата“ на Македонците-Грци, Македонците-Бугари и Македонците-Срби, ги усукале сат’рите и се дигнала завесата на пиесата со колење, пукање и плачење и почнале да се требат меѓу себе. Се тркалале македонски глави по сите европски престолнини. Не останала жива паметна македонска глава за, на соодветно место, да го постави прашањето за „македонцките работи“.

Дури и во Првата светска војна Австро-Унгарија и Англија ги искористиле Македонците за остварување на своите интереси.

Во поларизираниот тогашен воено-политички свет Грција и Бугарија, и двете монархии, долго време одолговлекувале да одберат страна во судирот. Не можеле да се одлучат меѓу Виена и Лондон.

Тогаш виенскиот двор и се заканил на Бугарија дека ако таа не влезе во војна на нејзина страна таа, Австро-Унгарија, ќе ги облече во униформи Македонците, ќе ги признае како македонска војска и ќе ги вклучи како сојузници, а по војната ќе им додели државност. За да бидат убедливи тие ја инсценирале Валандовската атака. Македонците, како засебна воена формација, ги нападнале и ја исклале посадата на српската војска кај Удово. Бугарија, уплашена дека многу лесно може да се случи Македонија да стане држава веднаш влегла во војна на страната на Австро-Унгарија и нејзините сојузници. Грција отишла на другата страна, кај Англичаните и Французите.

Македонците уште еднаш, по којзнае кој пат биле употребени за задоволување на туѓи интереси. И изгубиле во таа нечесна игра. Бугарите и Грците не изгубиле ништо. Само им се потврдило тоа што си го добиле пет години порано.

Така низ историјата се правел мозаикот на кој денес се сопнуваме и ќе се сопињаме уште долго.

Сега, унисоно, системот е повторно на сцена во Македонија и, според природата на нештата, вклучително, и во Богданци. Провокаторите излегоа од дрмките и кинисаа во акција. Се повикуваат на својата крв како синоним за нивното потекло. Тие никогаш во нивните смејни стебла не пролеале крв. Ниту во турскиот ниту во српско-бугарско-југословенскиот период.Секогаш биле во ладовина под амбрелот на Власта, чија и да

била таа.И да биде иронијата поголема,

сега, провокаторите патријаршисти по потекло ги убедуваат Македонците дека се Бугари, провокаторите егзархисти по потекло ги убедуваат Македонците дека се Грци. Начертанистите сеуште не се истрчуваат да убедуваат дека Македонците се Срби со говорна мана, го чекаат расплетот.

По се изгледа масата се готови за нова игра. Чојата е послена. Играчите фаќаат место на масата. За секој случај. Кога ќе се делат картите тие веќе ќе имаат свое место на масата и ќе можат да учествуваат во играта. Како многупати досега.

Нека им е аирлија работата.А ние? Ние ќе им ги тресеме

пепелниците. И тоа е доста кога за друго не не бива.

5.„Мрестење на краповите“ е

синтагма која се употребува кога се сака да се каже дека некои работи се случуваат к неконтролирано ако резултат на невнимание кое не може да се избегне.

Cyprinus carpio е латинското име на рибата што во нашиве краишта е позната како крап.

Крапот е слатководна риба која живее во длабоки води и е типичен претставник на скелетните риби или рибите со коски.

Во неповолни околности за живеење крапот знае да се спушти во длабочината на водата и таму да се запрета во калта за да ги преживее неповолните околности за живот. Тоа го прави благодарение на неговиот развиен инстинкт за преживување.

Крапот се мрести во плитките крајбрежни води на неговото станиште. Во плиткото, во скржавата вегетација крапот ги остава јајцата кои така положени биват оплодени. Тоа се прави во сезоната на парење. Парењето, што ќе рече размножувањето, што ќе рече ширењето на популацијата, што ќе рече завладувањето треритории е -нагон.

Крапот под притисок на нагонот за множење го исклучува неговиот легендарен инстинкт за преживување и се втурнува во непромислена авантура поради која е лесно ловлив: го бодат на вили, го црпат со мрежни црпалки... дури и со раце го фаќаат.

Есенва краповите почнаа нешто да се мрестат. Под притисок на нагоните се.,.

6.Кога требаше тие што

знаеја, тие што можеа –не сакаа.Така остана празен простор на политичката сцена во Богданци. Се создаде дупка.Никогаш и никаде не останала непополнета дупка.И оваа се пополни.Ја пополнија тие што не знаеја и не можеа, ама сакаа.

И што сега? Ништо. Се родило, ќе се луле.

Живко Пачаразлиев, нека му е лесна земјата, со сето свое кафеанско-еснафско искуство за вакви ситуации знаеше да каже:

„ Се наполнил анот магариња, а атовите стојат надвор на дождот.“

Живко, додуша, тоа го кажуваше во врска со зафатеноста на масите за игра по кафеаните од послаби играчи, па подобрите играчи немаше каде да седнат и да зафатат игра, но и оваа излегува на исто.

Кој им виновен на атовите што не се втурнуваат во ановите и со силата на аргументите што ги поседуваат не ги истуркаат магарињата надвор на дождот.

Се додека не направат така магарињата ќе ги прчат внатре на топло, а атовите ќе дремат на капките под сачаците.

7.Во „Законите на Марфи“ стои

запишано:„Можеби има работи што се

подобри од политиката. Можеби има и полоши. Но ништо не е како политиката.“

Да бидам искрен, Марфи оваа

не го кажува за политиката туку за сексот, но нема врска. На исто му доаѓа.

И двете работи се нешто како занимање. Како занаети. Не било какви занаети, туку најстарите занаети на светот и векот. Сеуште не е утврдено кој е постар. И не е многу битно. Важно и двата занаета се определуваат како курвински.

8.Во Гевгелија ќе се гради

Бизнис центар. Убава работа. Бизнис центар

се гради таму каде што имаат умут да се развиваат бизниси. Кога се има ниет да се развиваат бизниси, се има ниет тие бизниси да имаат потреба од луѓе. За да се има луѓе во бизнисите тие ќе се вработуваат.

Кога се има вработување ќе се има и надоместоци за работењето. Ќе се има плати. Подруго е кога луѓето имаат плати. Имањето плата обезбедува поднослива живеачка. Обезбедува нормално трошење на пари. Имањето пари за трошење ја зголемува побарувачката. Зголемената побарувачка ја зголемува понудата. Така кинисува спиралата на развојот. Со развојот доаѓа претпоставката за зголемен прилив на пари во буџетот. Кога се има пари во буџетот работите се секогаш полесни за водење.

Во Богданци ќе се гради амфитеатар во Паљурци. За тие што не знаат што е тоа ќе кажам дека тое се неколку басамака свртени кон определена платформа на која треба да се случува нешто.

Што ќе се случува потоа не знам, ама знам дека прво треба да се исчистат трњето и бодликите што го имаат појмено излетиштето што пред еден период како активност потпомогната од Југоисточниот плански регион се изгради на крајбрежието на Браната. Знам дека прво треба да се закрпи разриената патека, да се импрегнираат со нешто тендите, мовчињата и клупите и да се направи нешто со светилките за амфитеатарот да не биде осамен во Паљурци.

Во светлото на меѓуопштинската соработка, на што инсистира Европа, Советите на Општините Гевгелија и Богданци носеа одлуки и се потпишуваа некакви договори за кофинансирање на проектите.

Богданци ќе учествува во финасирањето на Бизнис центарот во Гевгелија, Гевгелија ќе учествува во финансирањето на Амфитеатарот во Паљурци.

Боже, такви ли сме родени или подоцна се имаме надградувано?

9.Безброј пати сум пишувал

дека чиновништвото е чувар на законитоста, како во држвата така во локалните самоуправи.

Не онаа чиновништво што се менува со менувањето на партиите на власт туку онаа еснафско, занаетчиско чиновништво што до стол дошло благодарение на документите, дипломите, сертификатите или лиценците добиени преку разни обуки кои се гаранција дека персоната на која се именувани ги поседува потребните знаења и вештини за обавување на работата за која била вработена.

И толку. Ни повеќе ни помалку.

Ако не ги знае работите што треба да ги знае на персоната не и е местото таму каде што е наместена оти ќе прави грешки при обавувањето на работните задачи.

Ако ги знае работите и свесно прави грешки при обавување на работните задачи на персоната исто не и е таму местото и треба да се предаде на соодветните органи кои се надлежни за проценување на направените грешки и одмерување на казна за направените грешки.

Така треба да биде и никако поинаку.

Чиновништвото во локалната самоуправа треба да знае дека градоначалниците, претседателите на Советите топ-тан со советниците се менливи. Одат-идат. Но тоа,

чиновништвото, останува да се соочува со грешките што по нарачка или не ги направвило за сметка на оваа или онаа групација.

Затоа, гледано отстрана, интересно е кога политичките групации, во зависност од тоа дали се мнозинство или малцинство во Советот, го бранат или напаѓаат чиновништвото.

И не го бранат или напаѓаат затоа што е за бранење или напаѓање туку затоа што е во служба или не е во служба на нивните единечни или колективни интереси.

А каде се тука граѓаните? Таму каде што им е местото.

На крајната дупка на свиролот.Кои се пак, тие?

Нивните интереси ќе бидат заштитени или исполнети само ако се поклопат со интересите на некој од советниците.Или за следната тура локални избори нека преземат мерки за да се доберат до погорните места на кандидатските листи за советници.И тоа не на која било кандидатска листа туку на оние што гарантираат пробој до единаесетмината величествени.

10.Уште во почетокот на летото

се прочу дека „Млаз“ ја блокирал Општината. Веќе на сите им беше познато дека „Млаз“ ја „држи кусо врзана“ Општината за 5 милиони денари, долг преземен од „Маврово“. Никој со прст не мрдна Општината да се „одврзе од кусото врзување“ иако се знаеше дека кога тогаш работата ќе пукне. Исто така се знаеше дека ниту „Млаз“ не е сосема невин кога се во прашања долгувањата кон Општината.

Кога во 1995 година се одлучи средствата што им припаѓаат на Општините наместо УЈП да си ги собираат самите општини работите станаа сложени. Поербапите веднаш престанаа да плаќаат. „Млаз“ во тоа време важеше за ербап правно лице.

Во 1996 година Богданци стана Општина. Од општинските обележја Општина Богданци неколку години ја имаше само таблата на ѕидот од Општината. Службите некако тромо се формираа. На ербапите тоа сосема им одговараше. Кога во Општината работите почнаа да се доведуваат во нормала се виде дека многу од работи не биле нормални. Системот „дај ми го-нати го“ што владееше во должничко-доверителските односи меѓу Општина Богданци и „Млаз“ се покажа за проблематичен. Од 12 август проблемот е обесен на вратот на Општината. Засега тој проблем тежи 5 милиони, ама може да му се придодадат уште милиони.

Велат дека и Општината имала побарување од „Млаз“. Побарувањето броело скоро 3 милиони. Имало и преговори кои наскоро ќе дале резултати. Ќе се пребивале долгувања. Дотогаш милион и нешто средства на Општината ќе бидат разнесени од разни извршители што чекаат да наплатат нешто од „Млаз“.

Наместо Општината години пред тоа да го блокира „Млаз“ за долгувањата што тој треба да ги има кон Општината, се доживеа „Млаз“ да ја блокира Општината.

Не е лошо да се отворат тефтерите и да се провери од 1995 година до денес за што Општината го има задолжено „Млаз“, што од тој долг е платено, на кој начин и да се срамнат сметките.

Ако ги нема тефтерите, редно е веќе еднаш да сепраша каде се тие.

И да се најдат. По секоја цена. Оти цените што се плаќаат во овие матежи се преголеми за кон нив да се има лефтерен однос.

М р е с т е њ е н а к р а п о в и т еПоглед од мојот агол

Page 5: Pogled Br.54 Septemvri 2013

�ПОГЛЕД ,Септември 2013

Пишува:

КрстеЛештов

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЈАВНАТА ТРИБИНАна тема

„ К А Д Е ОД И О П Ш Т И Н А Б О ГД А Н Ц И “

Што ПРИЈАТЕЛИТЕ НА БОГДАНЦИ ја беа закажале да сеодржи во сабота на 5 октомври 2013 година во

кафеаната “ЧАВДАР”поради објективни и технички причини, се одложува.

За новиот термин благовремено ќе се издаденово соопштение.

Коме

рциј

ален

огл

ас

(приказна што не би сакал да биде твоја)

Еден ден, светлоста на овој свет ја здогледа една нова душа, која што беше дојдена со посебна причина. Иако причината за своето доаѓање ја заборави во мигот кога се роди во овој свет, тоа воопшто не беше битно. Таква беше играта во светот – да се родиш непробуден за да се пробудиш. И продолжи да живее во овој свет, растеше, се развиваше, учеше, осознаваше нови нешта и го запознаваше овој свет. Ја запознаваше надворешноста вон неговото срце, искусувајќи за него нешто ново, интересно и досега невидено. Но внатрешното чувство на овој веќе доволно зрел човек никогаш не се имаше откажано од чувствата кои извираа од неговата

длабочина – отсекогаш знаеше дека овој свет нема некоја посебна смисла за да постои онаков каков што е. Пари, богаство, слава – па тоа е минливо и не е суштинско. Родени еднаш, за да умреме, а со себе да понесеме прекрасно искуство од овој свет, воздигнувајќи се над лажната материјалност. Ама општеството беше појако од неговото внатрешно чувство и овој се потчини пред неговите манипулации. Се исплаши до толку, што го затвори срцето и почна да функционира како зомби, правејќи нешто што не е во ред. Пари, храна, удобност – зар тоа е причината за животот? Задоволствата на телото немаат крај, а и не се она вистинското. Ама светов на тоа ги тера луѓето да ја насочат енергијата, за постојано да бидат заробени во нешто за кое ни самите не знаат што е. Живот, ќе речат. Ама тоа не е живот – тоа е преживување. И милионерот и просјакот преживуваат – секој со своите демони во глава. Богат, просечен или сиромашен – тоа не те определува кој си, бидејќи сите се едно исто. Оној кој што си, се делата или неделата кои ги правиш за ова Постоење. Или работиш за љубовта, или за мрачната страна...

А овој човек беше роден за

љубовта, но стравот го исплаши и неговиот ум се изобличи пред ударител живот во јад и бол го помина, сè до мигот на смртната постела штом легна. Тогаш како и секоја друга душа пред умирање, разгледа низ сите етапи на неговиот живот кој го поминал на Земјата. Виде сė и плачеше од бол, затоа што не ја реализирал вистината, а и се потчинил на лагата, од страв. Не работел за љубовта, ами за злото, за да го одржува овој луд систем, за да ги храни демоните, за да го храни сопственото его. Парите кои ги беше спечалил, веќе немаа вредност, како и ништо друго во овој свет. Ја изгуби смислата, знаеше дека ова е уште еден промашен живот бидејќи не го посвети на вистината и не живееше како вистинско човечко битие.

Се прашуваше: „Дали воопшто постојат луѓе? Според тоа што гледам, никој не живее според прописите на вистината и никој не љуби безусловно. Сите се преобразиле во енергетски вампири кои сакаат од другите да украдат енергија. Ама и тие се несвесни што прават бидејќи лукавиот низ нив делува. Луѓето не се за осудување, тие не се свесни. Нема што да се осудува, нема што да се куди. Има само едно решение

– да се следи светлината. Мојот живот беше долг и дадени ми беа одлични услови за да растам во вистината, ама не сакав да ја послушам оти се плашев. И сега што? Животот помина, а јас заклучувам дека сум се лажел цело време. Сите се раѓаат и умираат и ништо нема да земат од овој свет, можат само да го допрат. Не знам зошто бев лаком, не знам. Та во гроб сега нема да можам да си ја однесам куќата, жената, богаството, името, презимето. Овој живот го поминав лажовно. Народот вели дека животот е лажовен, ама гледам дека животот си е на место. Луѓето сами дозволуваат да живеат во лага и самите си се одговорни за тоа што дозволиле да паднат. Бог дал, луѓето злоупотребуваат. И јас злоупотребив, сега е малку прекасно. Останува уште да се покајам за своите неисправности и да побарам во наредната етапа од моето постоење, да се реализирам во вистината. Единствено нешто што можам сега е да се молам и само да се молам, за спасение на мојата душа за Бог да ме благослови и да ми помогне да не ја направам истата оваа грешка. Сега, ништо друго не преостанува...“

Смртта доаѓа, душата си оди, телото гние, парите се трошат, славата се заборава, името и презимето

ништо не значат. И што сега? Каде си ти, дали добро размисли? Кон што тежнееш и колку се занесуваш во животот? Што друго да се каже освен, биди оној кој не мислиш дека си, биди тој што чувствуваш дека си, дематеријализирај се и стани чиста светлина во овој свет. Ако не станеш тоа што си ќе страдаш и страдаш штом ме читаш. Ако не страдаше, немаше да бидеш овде, ќе беше некаде „горе“. Ама сега си овде за да го надминеш страдањето, а тоа може само со знаење и практичност во животот. Знаење за вистината. Не она знаење од образованието. Два плус два не ти ја хранат душата, ти помагаат да си овозможиш добро тло за себереализација на Земјата. Знаењето за суштината на постоењето може да те ослободи ако го примиш со отворено срце. Во било кој друг случај – јади, спиј, размножувај се, зомбифицирај се и умри празен. Имаш избор. По патот да одиш или од патот да скршнеш и да си направиш една екскурзија на мозокот. Бог дал, сега на тебе е оставено.

Благослови.~Јас Сум Ти

Пишува: Ристо Стамков

Од историјата на Богданци

Комитското советување на Кучелат

Вистинска приказна за еден човек

Богданчани и жителите на околните села го знаат или имаат слушнато за врвот Кучелат.

Кучелат, кој се наоѓа на север од Богданци и некако доминира во тој дел на котлината, е висок околу 460-470 метри надморска височина. Има во околината и повисоки коти (Врвот на Бандерата, западно од него со 506-509 метри надморска височина), но, поради неговата изразено конусна форма и карпестата капа на самиот врв, како и поставеноста во однос на ридовите што го опкружуваат, Кучелат станал поим за високо место во околината.

Како го добил името не е познато.

За ридот Бандерата се знае дека за време на оние воени превирања од 1912-година, Првата Балканска војна, 1913 година, Втората Балканска војна и од 1914-1918 година, Првата светска војна неговата највисока кота им служела на војските за извидување. Поради тоа котата од 506-509 метри надморска височина била наречена Врвот.Од таму се има чист поглед насекаде наоколу. Покрај тоа на самиот врв имало поставено балон (оние балони со кош кои со помош на загреан воздух, заедно со кошот, се издигаат кон небото и лебдејќи се движат во определени правци. Балонот од Врвот на Бандерата не летал. Тој бил врзан и фиксиран. За потребите на извидувачките акции војниците го кревале високо над Врвот, а војници сместени во кошот со дуљбии ја набљудувале околината. Котата каде што се наоѓало тоа извидувачко место било обележано со знаме на државата чија што војска го имала запоседнато Врвот. Знамето било поставено на висок столб. Комбинацијата столб-знаме или копје-знаме на јазиците од латинско потекло се нарекува бандера. Оттаму Бандера како име за тој рид. За Кучелат не се знае или барем јас не знам на што му го должи името.

На Кучелат во почетокот на март 1901 година се состанале комитските чети на Михаил Апостолов-Попето и Крсто Георгиев –Б’лгаријата. Двете чети броели вкупно 24 души.

Четите биле испратени

од Гоце Делчев со задача да го куражат населението од Солунската револуционерна област кое во тој период било потиштено и исплашено од апсењата, затворањата и мачењата што османлиската власт ги спроведувала по Солунскатља афера од 23 јануари 1901 година кога биле разоткриени голем број местни комитети и поединци во солунско, воденско, ениџе-вардарско, мегленско, кукушко, дојранско, гевгелиско...

Како последица од тие разоткривања е и Бајалската престрелка од 4 февруари 1901 година што кај селото Бајалци се случила помеѓу комитската чета на војводата Христо Чернопеев и турската војска.

Во борбата загинале голем број аскери и добар дел од комитите меѓу кои и Мицо Делчев, братот на Гоце Делчев. Настрадале и повеќе селани од Бајалци. Останатите четници заедно со војводата успеале да се извлечат од опсадата и да заминат во непознат правец.

Учителот Аргир Манасиев од село Сеово, Григор Иванов-Тоте од селото Сеово, Ташко Мицев од село Шљопинци, Христо Лазаров Јанков од село Мачуково, Леонид Трајков Јанков од село Мачуково, Мито Стојанов Думчев од село Мачуково, Ѕафо Христов Макарестов од село Мачуково, Мицо Донин Марков-Кадијата од Богданци, Гоне Ванчев Пеливанов од Богданци и учителот Христо Гоне Кирушев од Стојаково кои биле членови на Организацијата од гевгелискиот реон успеале да ги избегнат масовните апсења што се спроведувале по Солунската афера.

Сите тие, заедно со четите на Михаил Апостолов-Попето и Крсто Георгиев –Б’лгаријата се упатиле кон Ќустендил и Дупница кои во тоа време биле значајни бази на Македонската револуционерна организација.

Таму од Гоце Делчев добиле задача да заминат во солунско. По неколкудневно патување стигнале во дојранскиоит реон и се упатиле кон Богданци. За да имаат прегледност над околината за место на средба го одбрале Кучелат. По средбата одржале советување на кое направиле осврт на состојбата во кукушко и гевгелиско и се договориле што да прават понатаму.

За војвода на Кукушката чета го поставиле Ташко Мицев од село Шлопинци, а за инструктор на четата го назначиле Андон Лазов Јанев-Ќосето од село Голозинци, велешко.

Во малата Кукушка чета влегле: Ташко Мицев, Андон Ќосето, Христо Кирушев од Стојаково, дотогаш учител во село Калиново, Дино Крондирски од село Крондирци,Кара Васил од село Грамади и Трајче Шерметлиски од село Шерметли, кукушко.

Останатите четници со Војводите Михаил Попето и Крсто Б’лгаријата решиле да преминат на десната страна од реката Вардар и да почнат да ги посетуваат тамошните населби.

Првото влегување им било во селото Конско. Тука дознале за шпионските активности на Стојо Ризов и, откако, со помош на нивниот соборец кончанецот Димо Шушков, детално го испитале го казниле со смрт.

Во селото Конско кон четата се придружил и војводата Михаил Герџиков со шестмина комити, па бројот на четниците се зголемил на 30 души.

Пролетта и летото ги минале на Кожуф и во некои реони во тиквешијата. Поради бројноста на здружените чети станало трешко снабдувањето со храна, а постојаното движење, иссцрпеност и потиштеност предизвикале разочарување кај изгладнетите и испокинати комити.

Во овој период се случило и откривање на Кукушката чета, Во престрелката во селото Калиново што се случила на 29 јуни 1901 година загинале војводата Ташко Мицев и четникот Христо Кирушев. Новонастанатата состојба барала преземање на итни мерки. Бил направен план да го нападнат рудникот Рожден и да пленат некој инженер европеец и од власта да бараат откуп за него.

Поради постојаните потери на војската и полицијата овој план не успеал.

Во почетокот на јули изгладнетите комити побарале храна од овчарите-Власи на планината Рожден. Поради невнимание на овчарските деца дошло до откривање на четата.

Налутен, но присебен и тактичен, војводата Михаил Попето ги повикал родителите и им рекол: „Ако вашите деца несвесно не предадоа, сега ви сте должни да ја исправите грешката.“ Овчарите-Влси ја прифатиле наредбата и ги однеле комитите на највисокиот дел од планината каде што потерите ни не помислиле дека таму може да престојува четата. Така четниците се спасиле.

Но како минувало времето, тешкотиите во снабдувањето со

храна се повеќе доаѓале до израз. Попето се обидувал да ги утеши велејќи им дека кога тргнале да се борат за народот и делото знаеле дека ќе бидат изложени на разни тешкотии, па и моменти на глад, но тоа не помогнало многу.

Затоа кон средината на јули во 1901 година комитите одржале ново советување на планината Рожден на кое било решено:

1. Григор Иванов-Тоте да замине во Кукуш, да го замени загинатиот војвода Ташко Мицев и да ја обнови четата.

2. Аргир Манасиев да биде промовиран во Гевгелиски околиски војвода. Гевгелиската чета на чело со Аргир Манасиев формално почнала да дејствува од 1 август 1901 година. Тоа довело до конфликт

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

помеѓу Аргир Манасиев и војводата Иванчо Орџанов Карасулски кој веќе имал формирано чета во гевгелиско. Овој конфликт ќе остави големи видливи последици во револуционерното движење во гевгелиско и пошироко.

3. Михаил Герџиков и Петар Јуруков да заминат во битолско.

4. Крсто Б’лгаријата да остане во тиквешијата .

5. Михаил Попето времено да остане во гевгелиско, а потоа да замине во воденско.

Заклучокот бил дека вака разредените борци и оние што ќе придоаѓаат во иднина ќе имаат поширок простор за маневрирање и полесно ќе се снабдуваат со храна.

Како што решиле, така направиле.

Page 6: Pogled Br.54 Septemvri 2013

� ПОГЛЕД ,Септември 2013

Ч а с п о з а п о з н а в а њ еСторија во „бла-бла“ фазон

Пишува:

АнитаЏиџева

Почитувани, ви ги упатувам моите најсрдечни поздрави (звучам како Тајм ФМ –реклама : поздрав до сваќата со песната ..) затоа што се окуражив да се пројавам со некој збор. На ова „ладно“ и студено време само топли зборови му е мајката. Како нова редно е да почнам со топлина. Тие што ме познаваат ќе се изненадат : „Од каде и се сега влакната на јазикот кога обично ги нема?, ќе си речат.

Сефте ми е пишувањево, па морам малку да бидам претпазлива. И по малку сум несигурна затоа што не можам да ви ги предвидам реакциите.

Чудни сме си ние нашиве, тргнувам од себеси, па одам се до вас. Се скриени таленти. Кој јавно откриени, кој со нереализирани мечти, што да ви кажувам: жутни ме да кинисам.

Си сакаме европска

организација, а си немаме ментална мотивација.Само се чукаме по градите. Џабе.Џабе ни е физичката спремност, боди билдинг активности, теретани, модните новитети... Џабе кога немаме никаква корист од нив.

Само си се сликаме за на Фб. Поарно некоја гајба грозде да наредиме на палета отколку... Само така се расфрламе, непотребно ги арчиме деновите си го трошиме талентот. После Чиљо ќе ни биде крив.

Но тоа што е тука, тука е. Тука сум и јас со лик и дело. Сакам за сеир да поднаредувам богдански лакрдии, ама да не излезам јас за сеир.

Си се знаеме. Богданчани сме. Како богданчани нема други. Единствени се на векот. Ама пак не би ги менувала за други. Каде би нашла како нив. Ми иде да ја викнам онаа „Богданци ти си за мене рај, градина цветна како во мај...“ Така беше, нели?

И од каде ми е потребата сега да ви го исправам... се извинувам, да ви го тепам времето? За да има што да зборувате утре? А, речиси ништо не кажав. Можев. Не дека не можев. Е, какви дешавки од нашево секојдневие ви сокривам. Има да пукнете од смеа, ама после во која дупка да се сокријам. Има. Не дека нема за што да се лафе: како

светат ламбиве што ги нема пред зградите; како дечковците ни букети купуваат; како врати ни отвораат, или затвораат, зависи; како може да се „фати“ промоција на производ со негово бесплатно конзумирање.

Абе добар збор железни врати отвора.

Да се вратам назад оти малку забегав.

И денес е студено како и вчера. Ако не е и постудено. Ни се погоди на нас богданчани.Кога е студено работите стануваат-ладни. Демек, се има оправдување: каде по ова време; болна сум; овој вирусот ме фати... дрн-дрн.

Си седиш дома, како да не тие мака што си дома, а мака тие.

Се испразнија улиците. Тука- таму има паркирано по некоја кола. Ама и тие не мрдаат. Си стојат . И тие трпаат од беспарицата

Како беше онаа ? No money, no Fun, no Love. Кога нема пари, нема забава, нема ниту љубов.

Од каде, бре? Од дома седење? Ја читав Паролата на месецот во весников. Вели: „Парите не купуваат љубов, ама сепак даваат предност.“ Точно. Предност си е предност.

И така си си седам јас дома и си пишувам. Вие го читате ова и си правите филм. Демек измотана сум во шалови, си шмркам, во раката држам

чаша со топол чај, си го парам лицето и се потпивнувам за да ми омекне грлото. Оти сум болна, болна сум. Оти треба да го напишам, ова треба. И ќе го напишам. Го пишувам со космичка брзина. Итам низ времето за да го смачкам, пред тоа да ме смачка мене. Потоа врвам. Каков чај!? Одам на ракија. Доста ја варевме, сега да ја пробаме за догодина да ја погодиме ( ама рима и тоа на трезно).

Што има да му ја мислам јас? Нека му ја мисли вирусот. Ако може нека издржи, ако не му држи нека се јокправи.

Да се држеа сите до оваа филозофија каде ќе му беше крајот на Богданци? И болните здрави и глупавите паметни.

Што? Да не се притеснувам? Како да не. Можеби му припаѓам на ендемскиот вид во изумирање, како што знаеше да каже едем мој другар.

Не ми е гајле. Каде друм, јас кум или кума. Сакам да се дружам и ќе се дружам. Сакам да пеам и ќе потпевнувам. Талент, невиден. Сега ќе се докажувамм и како организатор. Во 6 часот со колеги и колешки одиме во кафеана. Веќе се слушнавме со едно девојче, колешка ми е, на годините тука некаде со мене, и заедно ќе заминеме таму. Ги поканив сите, нели се кажав за организатор. Ќе дојдат и другите. Кој постар, кој помлад, ќе се

дружиме. За да го разбиеме малку секојдневието. Што да ви кажувам? Ги видов, ги осетив, се мераци. Топли души. Ретко да најдеш такви. И јас се пронајдов во нивните табиети.

Затоа не ви пишував за ламбите што ги нема пред зградите, за дечковците и букетите, за културата наша богданска, за сонцето, за месечината...

Се падна во вода кога дојде времето да одам.

Да не беше светот таков каков што е, да не бевме ние луѓето такви какви што сме, неидеални, несовршени и неискрени се ќе беше поинаку. Ама таков е, такви сме.

И да знаете, не велам дека сме виран народ. Ма, јок, ние сме едни и единствени. Ендемични, може да се каже.

Абе, тие сме си, арни сме си, наши сме си. Да не немаше од кал требаше да не направат за да не има.

Со нас и без нас светот нема да е ист.

До следното читање останете ми во здравје.

Се надевам дека ќе има и следно читање.

Тоа зависи и од вас.

Осмоодделенците во проектна наставаГрупа ученици од VIII одделение

во ООУ„Петар Мусев“, Богданци, предводени од Фиљо Танов, наставник по ликовно образование, во рамките на наставните програми беа во посета на изложбата на графики изработени на Главната сесија од Графичката работилница „СОФИЈА“ 2013 година.

-Оваа е проектна настава за која, според програмата за работа во училиштето, се планирани два часа неделно. За денес во планот за работа имаме запишано „Посета на ликовна изложба“. На овој начин го реализираме планирањето. Дојдовме да ја посетиме изложбата за децата да можат да видат како изгледаат графиките, каква е поставката на изложбите, патем,ќе видиме некои од пресите за изработување графики, а јас или некој од овде ќе објасни како од идеја за изработување графика се доаѓа до готова графика, ја објасни наставникот Фиљо Танов целта на посетата.

Виктор Семенпеев, раководител на Графичката работилница „Софија“, се погрижи учениците да бидат запознати со процесите во изработувањетио графики и им кажа за целите заради која е формирана Графичката работилница и задачите што таа ги остварува за постигнување на целите.Како добар домакин Виктор Семенпеев на учениците им подели промотивен материјал од Графичката работилница.

„РИПЕРС“ овде меѓу нас

На 20 септември во Богданци беше отворена канцеларија на Здружението на граѓани Мото клуб „Риперс“. „Поглед“ беше во посета на Клубот.

„Идејата ни е преку Клубот да ја промовираме мото културата во Македонија со сите главни идеологии што се случуваат на светската мото сцена. Поради тоа

се нарековме „REAPERS“ (Риперс) или „КОСАЧИ“ во превод, за да го искосиме и отстраниме тоа што е неправилно во општеството. Мото клубот е Здржение на граѓани. Седиштето му е во Богданци. Битно е да се каже дека ние како клуб сме во сојуз со „Ноќни волци“, моментално најмоќниот мото клуб во Македонија и еден од помоќните во светот.

Нашата намера не е да функцонираме како група која ќе се вози заедно. Ќе функционираме како братство кое ќе се грижи во општеството да нема проблеми. Бидејќи како моторџии некако по дефиниција на доживуваат како проблематични, ние со сите сили ќе се трудиме да ја промениме таа претстава. Ние сме против насилството, дрогата, алкохололот и педофилијата.

Како Здужение сме отворени за соработка. Самиот клуб е поставен така што членовите се групирани во некаков хиерархиски поредок. Тое што се членови на клубот, а немаат

мотори имаат еден вид пришивки на елеците. Тие што се членови на клубот и имаат мотори имаат други пришивки на елеците.

За функционирањето на Мото клубот „Риперс“ ќе се грижи Одборот на клубот. Се е запишано во правилниците на здружението.

Порано бевме членови на Мото клубот „Риперс“ од Скопје. Како такви учествувавме во акцијата за прибирање средства за доделување новогодишни пакетчиња на децата без родители. Сега сме посебен клуб“, изјави за „Поглед“ Столе Стаменковиќ – Џим вечерта кога всушност беше отворена канцеларијата во која ќе

биде сместен Клубот.„Се нарековме „Реперс“ или

„Косачи“ затоа што ќе бидеме против оние луѓе што ќе сакаат во оваа општина да внесат дрога, оружје, насилство и омраза меѓу населението. Како Мото клуб ќе се залагаме Општина Богданци да биде чиста: без зло, без алкохолизирани лица, без наркотизирани лица. Тоа ќе го правиме врз основа на едукација и врз лични примери. Ќе ги поучуваме луѓето како треба да се живее во едно општество: со љубов, со музика, со дружење, без дрога, без алкохол, без насилство, се придружи во кажувањето д-р Страхил Ташевски, член на „Риперс“.

Од лево: Дарко Ивковиќ, Иван Цековски, Витомир Ѓоргевиќ, Гаго Ќамилов, Столе Стаменковиќ, Данчо Пајдаков,Ристо Ичков, Страхил Ташевски.

Page 7: Pogled Br.54 Septemvri 2013

�ПОГЛЕД ,Септември 2013

Заврши Главната сесија на Графичката работилница „Софија“

На 3 септември, по завршната изложба што беше организирана на 2 септември вечерта и со забавата потоа, заврши Главната сесија на Графичката работилница „Софија“ за 2013 година. На 4 септември учесниците си заминаа од Богданци

Во продолжение следуваат моменти од изложбата и изјави на учесниците.

„Ја користам привилегијата што Семенпееви ми се роднини, па секоја година учествувам на Работилницата. Имам интерес за графиката. Прво работев со картон. Потоа работев со креда. Две години работев линорез. Оваа година работев сува игла. Годинава запишав прва година во средно училиште. Како ли изгледало моето учество овде пред пет години?

Марија Ловриќ, Загреб, Хрватска:

„Нема што нема да остане во моето сеќавање.Се: луѓето, гостопримството, условите, колегите, искуството што ќе го понесам од овде. Многу сум задоволна што имав среќа да бидам дел од оваа дружење овде. Да можам повторно би дошла.“

Дејан Мачуков, Богданци, Македонија:

„ Јас годинава запишав ликовна академија во Скопје. Интересна беше дружбата овде.На почетокот само гледав како работат другите. Потоа го испробував тоа што го гледав.Со тоа што сум од овде ќе можам секоја година да учествувам.“

Ирена Цериќ, Сараево, Босна и Херцеговина:

„Многу е добро искуството што јас и другите го стекнавме овде. Од кажувањето на колегите што веќе биле овде отприлика знаев што треба да очекувам . Но тоа што го видов овде ги надмина сите очекувања.“

Јелена Јефтиќ, Нови Сад, Србија:

„Првпат сум во Македонија и првпат сум на една ваква графичка работилница. Сјајно е што на оваа Работилница има размена на графички искуства од разни академии.Менторот ни беше важен чинител во размената на искуствата. Секој од нас нешто презеде, нешто пренесе.“

Ертунч Сали, Скопје, Македонија:

„Деновиве овде ги поминав најдобро на свет, како што се пее во онаа песна. Со колегите од другите земји разменивме искуства, знаење и вештини. Бевме од разни средини и култури, но одлично се разбиравме. Работилницата е одлично опремена.“

Асмир Хусовиќ, Нови пазар, Србија:

„Виктор Семенпеев, поради тоа што, заедно со семејството, ја створил оваа работилница го засакав како брат. Од искуство можам да кажам дека многу ликовни академии ги немаат условите што ни беа обезбедени овде. И не само тоа. Се беше феноменално.“

Славина К’нчева, Софија, Бугарија:

„Ми беше многу убаво.Овие дванаесет дена поминати овде ми се најубавиот летен одмор. Јас ова го доживеав како креативен летен одмор. Нема празно во моите спомени. Се е полно со позитивни работи.“

Антонио Арангеловиќ, Скопје, Македонија:

“Овде го печатев мојот стрип „Фацизам“. Веќе знаев дека домакините се големи професионалци, но дека така фино ја имаат организирано Графичката работилница не ми паѓаше на памет. Овде бевме како тим. Како фамилија. Беше претерано добро“

Далиа Финек, Загреб, Хрватска:

„И лани бев испратена од мојата академија да бидам учесник на Работилницава. Сега сум како дома. Годинава работев графички техники со кои правев трансфери на семејни фотографии. Кај нас во Загреб да те одберат да дојдеш во Богданци се доживува како награда.“

Јована Ѓорѓевиќ, Белград, Србија:

„Од овде покрај искуството што го стекнав и графиките што ги изработив ќе понесам и полн тефтер со телефонски броеви и интернет адреси. Дружењето со колегите и колешките нема да заврши со нашето заминување од овде. Ми беше прекрасно.“

Ана Кинчиќ, Загреб, Хрватска:

„Овие дванаесетина дена што ги поминавме овде го работев тоа што најмногу сакам да го работам во животот: графиката.Не можам да верувам дека домакините до толку можат да и даруваат на уметноста, посебно на графиката.“

Анке Клајн, Скопје, Македонија:

„Основите за работење овде се прекрасни. Имав можност да пробам нови техники. Гледав како работат тие од другите факултети. Јас како Германка што студира во Скопје и не разбирам српски, бугарски, хрватски, словенечки се разбрав со сите. Овде се зборуваше со јазикот на графиката.“

Дорис Милишевиќ, Нови Сад, Србија Проф. Звонко Тилиќ, Нови Сад, Србија-менторЈелена Прлевиќ, Нови Сад, Србија Јасмина Грудник, Љубљана, Словенија

Виктор Семенпеев, раководител на Работилницата

Page 8: Pogled Br.54 Septemvri 2013

� ПОГЛЕД ,Септември 2013

Парола на месецот Одекот на едно одамна минато време (третпат)

Црни точки

Актерите од анегдотава во „конфликт“ дојдоа не во времето на случувањето туку еден период подоцна кога тајната стана јавна и на Тоше Шутаров почнаа да му се разбиструваат некои загадочни случувања.

Анегдотава оди вака:Познатата рокерска естрадна

ѕвезда Тина Тарнер во времето кога се случуваше анегдотава беше свршена за Ајк Тарнер. Тие заедно го сочинуваа дуото „Ајк и Тина Тарнер“. Како такви настапуваа насекаде. Се случи да одржат концерт и во Белград.

Ице Станковски и Крум Мишев, вљубеници во музиката, на возот и правец за Белград. Шансата во живо да се видат музичките легенди не се пропушта.

Во Белград железничката станица и автобуската станица се една покрај друга.

Слегуваат Ице и Крум од возот и свратуваат во првата кафеана на кафе. Кога таму што ќе видат. Тоше Шутаров седи сам на една маса и пишува разгледница. Во тоа време разгледници се продаваа по сите трафики. Ги имаше во варијанта со мотиви од градот каде што се продаваат и во варијанта „за вљубени“ со цвеќе или со фоторафии од љубовни двојки. Кој каде да патуваше по стигнувањето таму веднаш пишуваше и праќаше разгледници до пријателите. Особено разгледници се праќаа до љубените.

-Дек си, бе?, со задолжителното удирање по рамо, му било одвлечено вниманието на Тоше.

-Е! Шо т’ка на ваќи?-Ја дујдеме на концерт. На Ајк

и Тина. Ти?-Јас бех уф Скопе.Имах работа.

Сеа си одам. Автобусот само што не ми дошол.

Тоше Шутаров во тоа време беше вработен како наставник по

фискултура во Централното основно училиште „Рифат Бурчевиќ“ во Карајукиќи Бунари. Местото Карајукиќи Бунари се наоѓа во Санџак, во Србија. И тој во Белград дошол со воз, за со автобус да фати накај Сјеница во чија близина се наоѓаат Карајукиќи Бунари.

-За да не одам да б’ркам поштенско сандуче, бива ли вие коа ќ’ ојте нагоре да а фрлите разгледницта уф некое сандуче?

-Биве.Откако го осигурил праќањето

на разгледницата ја зел Тоше торбата и пошол накај автобусот.

Крум и Ице, со разгледницата, фатиле нагоре накај центарот. Попат Крум предложил план: Разгледницата „за вљубени“ со фотографија од букет цвеќе адресирана до некоја жена, според текстот, најверојатно женска на Тоше, да не ја пратат од Белград, туку, кога ќе се враќаат назад, возот бајаги време стои во Ниш, да ја фрлат во некое поштенско сандаче на нишката железничка станица.

Планот предвидувал разгледницата да добие печат од поштата во Ниш, а после Тоше како знае и умее нека се вади како тоа бил во Ниш, имал време да пишува и праќа разгледница, а немал време да се јави на женската од адресата.

Како предложил Крум, така направиле.

Тоше Шутаров, еден период подоцна, имаше некави забелешки врз „другарското поведение“ на Крум Мишев и Ице Станковски во врска со праќањето на разгледницата. Најверојатно имал тешки објаснувања за случувањето. Или по никој не му ни барал објаснување и, едноставно, бил „заборавен“.

Ице и Крум само се кикотеа на забелешките од Тоше.

Убаво е понекогаш да потсетуваме на некои подзаборавени роднокрајни шеги.

Другарска „помош“

Парите не можат да купат љубов, ама сепак даваат предност.

Неформално правило потврдено во животот

Драги Семенпеев-Цапе, Иво Попов, Миро Радески, Бети Петкова, Мите В. Чакалов, Милчо М. Ванов и уште некои други, под закрила на Месната организација на Сојузот на социјалистичката младина на Социјалистичка Република Македонија (предолго име што значеше едно: младите од Богданци организирани за да можат да си ги задоволуваат своите младински потреби) кон крајот на седумдсеттите и почетокот на осумдесеттите години од столетието што замина се беа соединиле околу Младинската ликовна секција „Бо-Џо“. Оваа „Бо-Џо“ беа првите слогови од името на Месната заедница Богданци која го носеше името на во Втората светска војна трагично загинатиот родољуб Борис Џонов.

Треба солидна севкупна анализа за да се открие силата на восхитот кој ги беше обзел овие млади ентузијасти. Си твореа тие во секцијата и секој 1-ви Април, Денот на шегата, во просториите на Шаховскиот клуб во Богданци приредуваа изложба на карикатури збогатена со афоризми напишани од членовите на литературната секција.

Во чест на 10-ти Октомври, Денот на ослободувањето на Богданци, во истиот изложбен простор членовите на „Бо-Џо“ приредуваа изложба на ликовни дела.

Од времето на тие случувања има поминато триипол децении. Некои каракатури и денес изгледаат свежо. Пораките што ги носат се сосема разбирливи.

Во наредните неколку броја „Поглед“, како еден вид ретроспектива, ќе претстави некои од нив.

За овој број се одбрани две карикатури од Миро Радески.

Во едната карикатура, која и по триесетина години е доста свежа, се„раскажува“ за еднаквите можности за доаѓање до „стол“ или „фотелја“. До нив се доаѓа на два начина.

Едниот начин е со „копање“ пат во кремен камен или со „цедење вода“ од суво дреново дрво. Со судни маки, кратко речено.

Другиот начин е полесен. Преку врски, со помош на роднини, пријатели или партија, побргу се доаѓа до целта.

Во времето кога сите работеа, Миро на свој начин ги критикува начините за доаѓање до функција. Денес тоа може да се преведе како – наоѓање вработување.

И другата карикатура има свежина во изразот. И тогаш и сега на некои нешта им се прогледува низ прсти.

Зошто контејнерите се на улица?

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

Роднокрајна анегдота