РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето...

60
MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA Br. 60 Cena: 50 den. avgust 2014 ISSN: 1857-6710 АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции ВО СВОЈАТА ТАТКОВИНА, PРЕД СВОЕТО ЗНАМЕ, СО СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ ВРАќАњЕ НА PРИPАДНИцИТЕ НА шЕСНАЕСЕТТИОТ КОНТИНгЕНТ ОД МИСИЈАТА ИСАФ РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО ИНТЕРВЈУ СО Д-Р ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕPУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Transcript of РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето...

Page 1: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

M a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j aM a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j a

Br. 60 Cena: 50 den. avgust 2014IS

SN

: 18

57-

671

0

АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции

В О С В О Ј А Т А Т А Т К О В И Н А , P Р Е Д С В О Е Т О З Н А М Е , С О С В О И Т Е Н А Ј Б Л И С К ИВ Р А ќ А њ Е Н А P Р И P А Д Н И ц И Т Е Н А ш Е С Н А Е С Е Т Т И О Т К О Н Т И Н г Е Н Т О Д М И С И Ј А Т А И С А Ф

Р А З М И С Л У В А М Е P О З И Т И В Н ОИ Н Т Е Р В Ј У С О Д - Р З О Р А Н Ј О Л Е В С К И , М И Н И С Т Е Р З А О Д Б Р А Н А Н А Р Е P У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А

Page 2: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

д мостот кој го носи името „Гемиџии“, каде што се наоѓа и ис-тоимениот споменик, во водите на Вардар заплови 16-тата по ред „Вардарска регата“, препознатлива за градот Велес, на-стан кој го спојува минатото и иднината. Во таа чест, делегација

од Командата за обука и доктрини, предводена од доц. д-р Зоран Јовановски, полковник, положи букет-цвеќе на спомен-обележјето и присуствуваше на почетокот на Регатата.Со 1 гемија, 7 чамци 1 сплав и 2 спортски кајаци со вкупно 100 учес-ници, меѓу кои беа вклучени и припадници од АРМ од Баталјонот на Воената полиција и од Команда за обука и доктрини, започна Вардар-ската регата „Гемиџии“. Регатата на симболичен начин ги одбележува активностите на група млади луѓе, познати уште како „Солунски атентатори“, кои храбро

тргнале да ги остварат целите, простувајќи се од својот живот и кои ја пуштиле својата гемија во бурното море и за која велеле дека или ќе успеат да ја извадат на брегот или ќе се разбие од карпи-те. Оваа година учесниците на Регатата за првпат запловија и со новоизработена дрвена гемија, по примерот на онаа со која пловеле велешките трговци по реката Вардар, сè до Солун, пред сто години. Регатата, покрај главниот дел, пловење по водите на Вар-дар, има цел и промовирање на Вардарскиот регион и престој на учесниците во природа. Учесниците на регатата („Гемиџиите“), на 26 јули, по првиот ден пловење, ноќеваа во капацитетите на логорот „Стрела-1“ на Армискиот по-лигон „Криволак“. Командата за обука и доктрини и оваа година во рам-ките на своите капацитети и можности придонесе со

давање логистич-ка под дршка при ре ализацијата на Ре гатата, за што има голема бла -годарност од орга-низаторите на ре-гатата „Гемиџии“ од Велес.

С.Н.

ВАРДАРСКА РЕГАТА „ГЕМИЏИИ“

Page 3: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

ЈУБИЛЕИ И ЧЕСТВУВАЊА

рајот на месец јули беше одбеле-жан со еден значаен јубилеј – 1000 години од битката на Беласица. Бит-

ката на Беласица е една од нај големите битки во македонската исто рија во-дени за освојување на македонската териоторија. По еден милениум го честву-ваме овој настан во кој биле ослепени 14 илјади војници на македонскиот цар Са-моил. Делегација на АРМ положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме почит на нашите далечни предци кои гинеле за оваа територија.На 2 август го чествуваме Илинден и тоа трикратно. Свети Илија е еден од најголемите верски празници кои Маке-донците воопшто го празнуваат, но има и огромно значење за независноста на нашиот народ, за борбата против тур-ското ропство и за содавањето на прва-та македонска република за време на окупацијата во 1903 година. Оваа година се навршуваат 111 години од Илинден-ското востание, а Армијата на Република Македонија е секогаш значаен сегмент во чествувањето и одбележувањето на овој голем празник.По повод 70-годишнината од одржу ва-њето на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ на 2 авгувст 1994 година, се одржа свечена седница во организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941 – 1945 година на која присуствуваa министерот за од брана д-р Зоран Јо-левски и ЗНГШ генерал-потполковник Насер Сејдини. Овој јубилеј е уште едно сведоштво за нашиот непокор и стремеж за независност и слобода. Претседателот на здружението, генералот Тодор Атана-совски по тој повод изјави дека АСНОМ не е обичен настан, туку детерминанта на определбата за независноста на Ре-публика Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, како и решение за донесување декларација за основни-те права на граѓаните во демократска Македонија.На 18 Август 1943 г. во текот на Народ-ноосободителната борба, на Славеј Пла-нина, во славна Дебарца, од припадници на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев“, од Велешкиот НОП одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот НОП одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, се формира Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“. Во независна Република Македонија овој ден се празнува како Ден на Армијата на Република Македонија, ар мија со која се гордееме, која веќе 22 години е бедем на нашата одбрана и која достоинствено нè претставува ширум светот. И овој 18 август, на свеченоста по по-вод Денот на Армијата ќе имаме мож-ност да ги презентираме сите успеси и достигнувања на нашата армија.Ова се многу значајни јубилеи и дату-ми кои кажуваат за една долговековна историја, опстојност, истрајност и упор-ност на народот кој отсекогаш живеел на овие простори, народ кој себеси се нарекува македонски, кој говори на свој автентичен јазик и кој неизмерно ја сака, се бори и се гордее со својата држава – Република Македонија.Нека ни се честити и вечни сите датуми од историјата кои зборуваат за нашата долговековност, нашата борба, придонес и значење на овие балкански простори.

Д-р Жанет Ристоска

БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТеРОТ ЈОлеВСКИ УСПеШНО ЈА ЗАВРШИ РАБОТНАТА ПОСеТА НА САД

СЕКОГАШ ПОДГОТВЕНИ

ОБУКА ВО леТНИ УСлОВИ НА ПОлКОТ ЗА СПеЦИЈАлНИ ОПеРАЦИИ

НАТО И УКРАИНА

ПРеГлеД НА ОДНОСИТе МеЃУ НАТО И УКРАИНА

ВОЈНАТА КАКО ПРИМЕНЕТА НАУКА

ПОТРАГА ПО ОПШТА ТеОРИЈА НА ВОЈНАТА

РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ НА АРМ

ПОДДРШКА НА БеЗБеДНОСНИОТ СИСТеМ НА РеПУБлИКА МАКеДОНИЈА

ОД ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАРАЗВОЈ НА СИСТеМОТ ЗА ОДБРАНА И АРМИЈАТА НА РеПУБлИКА МАКеДОНИЈА

ВЕЧНО СИНИ НЕБА

ПО ПОВОД ТРАГИчНАТА хелИКОПТеРСКА НеСРеќА

10

30

34 14

40

43 27

46

52

Страница

Страница

СтраницаСтраница

Страница

Страница

Страница

Страница

Страница Страница

ШТИТ - Година VI, број 60, август, 2014 година, излегува еднаш месечноИЗДАВАЧ - МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТемил Димитриев (претседател)Генерал-потполковник Насер Сејдини, полковник Мирче Ѓоргоски, д-р Жанет Ристоска,полковник Мери Ринџова, проф. д-р Ѓорѓи Малковски

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКд-р Жанет Ристоска

РЕДАКЦИЈАБилјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник), Митко Василевски (новинар), Кристина Илиевска (новинар), Ксенија Митева-Котеска (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

Печати: „КОСТА АБРАШ“ – Охрид

АДРЕСА НА РЕДАКЦИЈАТАМИНИСТеРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИе „ШТИТ“ул. „Орце Николов“ 116, 1000 СкопјеТелефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

Содржина:

3

ЦеНАТА НА еДеН ПРИМеРОК е 50 ДеНАРИГОДИШНА ПРеТПлАТА 600 ДеНАРИ

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

49

6Страница интервју

СО Д-р ЗОрАн јОЛевСКи, МиниСтер ЗА ОДБрАнА нА реПуБЛиКА МАКеДОнијА

Page 4: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

4

о септември оваа година во Кар-диф, Велс, Обединетото Кралство, ќе се одржи Самитот на шефови на влади или држави на земјите-членки

на НАТО. Овој самит на Алијансата ќе се одржи во сенка на случувањата во Украи-на кои длабоко внесоа вознемиреност, не само на европското тло туку и пошироко во евроатлантската област.Самитот е најавен како континуитет на политиката на Алијансата од пред две години во чикаго, кој според зборовите на тогашниот државен секретар на САД хилари Клинтон „... е последен самит на Алијансата без прием на нови земји-членки“. Меѓутоа, според најавите на ви-соките официјални претставници на НАТО и според генералниот секретар Расму-сен, НАТО не планира проширување со нови земји-членки. Најавите се дека на истиот се очекува високо на агендата да се дис-кутира за продолжување на ангажманот на Алијансата и партнерите во мисијата „Од-лучна поддршка“ во Авгани-стан, ситуацијата во Украина и Сирија и за зголеменото влијание на Русија во светски рамки. Не е исклучено и тоа НАТО да посвети посебно вни-мание на трансформацијата на Алијансата во новонаста-натото безбедносно оп кру-жување, во развојот на НАТО силите, во употребливоста на силите на Алијансата и на пар-тнерите, како и во поглед на јакнењето на капацитетите за

НАТО САМИТ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

ОЧЕКУВАЊАТА НА ЗЕМЈИТЕ-АСПИРАНТИ И НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

неопходните критериуми за членство во НАТО, го трансформира својот одбранбен сиситем согласно стандардите на земјите-членки на НАТО и нејзините институции се подготвени да ги превземат обврски-те кои произлегуваат од полноправното членство. Подготвеноста за полноправно членство во НАТО на нашата земја беше демонстрирана и во обраќањето на пре-миерот Груевски во февруари 2014 го-дина во седиштето на НАТО кога истакна дека „Република Македонија како одгово-рен член на меѓународната заедница де факто се однесува како земја-членка на НАТО“. Исто така и министерот за одбра-на д-р Зоран Јолевски во своето обраќање на 20 јуни во седиштето на НАТО во врска со Извештајот за напредокот на нашата земја во рамки на 15. Акционен план за

членство на Република Ма-кедонија во НАТО за 2013 – 2014 година истакна дека „Посветено ќе продолжиме да чекориме по патот до це-лосно полноправно членство во НАТО. Мојата земја ги спо-делува вредностите на НАТО. Тие се важни за нас и затоа ние сме обврзани да го обе-збедиме нашиот придонес во мисиите предводени од НАТО согласно расположливите ка-пацитети“.Друг силен аргумент е конти-нуираното учество во ме -ѓународните операции пре-д водени од НАТО. Според поранешниот министер за одбрана на Република Ма-

сајбер-одбрана и програмите за ракетна и вселенска одбрана.За Република Македонија најважно пра-шање е прашањето за проширувањето на Алијансата со нови членки. Официјалните претставници на нашата држава презе-доа засилена дипломатска активност пред Самитот со цел лобирање за прием на Македонија во НАТО. Преку дипломатски-от притисок и лобирање се обидуваат да им дадат дополнителен стимул на земи-те-членки на НАТО, но и на официјалните претставници на Алијансата да се разгова-ра и за политиката на НАТО за „отворена врата“ и покана за нашата земја да се придружи на Алијансата. Република Македонија има силни аргумен-ти за добивање на покана. Имено, наша-та земја уште од 2008 година ги исполни

Page 5: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

5

под дејство на настаните во Украина отпаѓа како опција. Впрочем, за таквиот вид на опција не решава Расмусен, туку позначајни политички играчи во САД и европа. Искри на надеж можеби постојат, но пораката на Расмусен кон македонско-то раководство беше јасна – „ќе добиете покана кога ќе го решите проблемот со името!“. Премиерот Никола Груевски сепак е оп-тимист за надминување на предизвикот за членство во НАТО и на заедничката прес-конференција со генералниот се-кретар Расмусен Расмусен во мај истак-на дека „Ние ќе направиме максимални обиди што побрзо да се изнајде решение за прашањето што ја засега поканата за

членство во НАТО. Се наде-ваме дека и другата страна ќе вложи напори. Што се од-несува до претстојниот Самит на НАТО, ние би биле среќни, имаме надеж и ќе направиме сè што е во наша моќ дотогаш да се случи нешто, но, како што кажав, тоа не зависи само од нас, зависи и од Грција и нивна-та подготвеност и волја во овој момент да се најде решение“. Согласно Декларацијата од Са-митот на НАТО во Букурешт од 2008 година поканата за членство може да биде упате-на на секој редовен состанок на ниво на амабасадори на НАТО во Брисел. Сепак, преми-ерот Груевски истакна дека „би

било извонредно ако тоа биде за време на самит“ и додаде дека „и пред тоа и потоа, доколку се разреши прашањето кое што НАТО го адресира како услов, би можело да се испрати таа покана“.И покрај ваквите предизвици, Република Македонија останува и понатаму посвете-на на унапредувањето на интероператив-носта со Алијансата. членството во НАТО останува високо на агендата на Владата на Република Македонија како стратеги-ска цел и еден од врвните приоритети на надворешната политика, но и заеднички интерес не само за нашата земја туку и за НАТО.На нашата земја останува да продолжи по патот на реформи и унапредување на соработката на сите нивоа. Во април 2014 година, Република Македонија профати нов пакет Партнерски цели 2014, со кои се прави чекор напред во развојот на рас-поредливите способности и капацитети на Армијата и воедно се унапредува интеро-перативноста со силите на земјите-членки на НАТО. На 20 јуни, официјално беше затворен 15. циклус од Акциониот план за членство на Република Македонија во НАТО. Најверојатно, нашата земја уште долго време ќе го држи „гинисовиот ре-корд“ како земја која е аспирант за член-ство во НАТО со исполнети критериуми. На нашето раководство, според зборови-те на Расмусен не му преостануза ништо друго освен да продолжи со постојаните реформи, со носење на тешки одлуки и со храбро лидерство. Најверојатно, со ова генералниот секретар Расмусен алу-дираше дека „лидерството“ во Република Македонија треба да настапи „храбро“ и да донесе „тешка одлука“ за надминување на предизвикот со името со нашиот јужен со-сед за доброто и иднината на Македонија.

д-р Игор Ѓорески

ке донија, м-р Талат Џафери (2014) „од 2002 година па до ден денес, над 3400 припадници на Армијата на Републи-ка Македонија биле распоредени во меѓународни операции“. Со други зборови тоа подразбира дека околу 50% од коп-нената структура на АРМ била постојано распоредена надвор од територијата на Република Македонија. Моменталниот придонес на АРМ во меѓународните опе-рации е 165 распореден персонал или око-лу 3% од севкупната копнена структура на Армијата. Тоа значи дека придонесот на нашата земја е далеку поголеми од придо-несот на некои земји-членки на Алијансата. Ваквиот придонес секогаш и на скоро сите самити на Алијансата е високо вред-нуван од страна на НАТО, но поканата за членство секогаш изостанува. Тоа го потенцира-ше и Расмусен при посетата на нашата земја кога истакна дека „Македонија е ценет при-донесувач за меѓународната безбедност“.Трет аргумент кој оди во при-лог на Република Македонија е трансформацијата на АРМ. Со самата трансформација која е во поодмината фаза и се очекува да заврши кон крајот на 2015 година, се очекува да се зголеми распоредливо-ста на командите и единици-те до ниво од 50%. Тоа, од друга страна значи практична имплементација на политиката на развој на распоредливи капацитети и способности на НАТО. И во овој сегмент нашата Армија е чекор пред повеќе земји-членки на НАТО. Моментално, Република Македонија има декларирано неколку поголеми единици (Средна баталјонска борбена група, лесна маневарска полска болница Улога 2, чета на воена полиција, ренџерска чета) и неколку помали единици за НАТО предводени операции.Регионалната соработка е исто така си-лен аргумент на Република Македонија за членство во НАТО. Земјите од Западен Балкан развиваат одлична регионална соработка во сите области, а најизразена е во делот на одбраната. Во тој контекст генералниот секретар на НАТО Расмусен во Скопје истакана дека „НАТО е посветен на иднината на Западен Балкан како при-роден дел од евроатлантското семејство. Вашата безбедност, стабилност и иднина, нам ни е важна. Вие не сте блиску до нас само географски, туку и историски и кул-турно, така што верувам дека припаѓате на нашето семејство на нации и со задо-волство гледам на тоа да ве видам како ќе се приклучите во семејството во скоро време“. членството во НАТО за секоја земја е из-бор сам за себе, но за да се постигне тоа потребни се постојани реформи, тешки одлуки и храбро лидерство. Според Рас-мусен „Вратите на НАТО се отворени, како што се согласивме на Самитот на НАТО во Букурешт 2008 година. Одлуката од Букурешт не е донесена од само една членка, туку е консензус помеѓу сите земји-членки. Вие ќе добиете покана да започне-те пристапни преговори со НАТО штом се изнајде заедничко прифатливо решение за прашањето за името. Ве поттикнувам да продолжите со напорите и да тежнеете кон изнаоѓање решение. Времето е сега“.

И покрај ваквиот напредок на Репуб­лика Македонија на нејзиниот пат кон полноправното членство во НАТО, сè уште нејзиното членство е условено со исполнувањето на еден „услов“ кој не е составен дел на политиката на НАТО за проширување. Односно НАТО сè уште стои на ставот од 2008 година дека првин е потребно изнаоѓање на земно реше­ние за прашањето со името со нашиот јужен сосед, а потоа покана за членство во НАТО. Во оваа ситуација не помогна многу ниту пресудата од Меѓународниот суд на правдата со која се осудува Грција дека ја прекршила привремената спогодба од 1994 година. Ваквиот став уште еднаш беше искажан од страна на генералниот

секретар Расмусен при неговата неодам­нешна посета на Република Македонија во мај 2014 година кога изјави дека „во однос на Меѓународниот суд на правдата, односно пресудата, таа се однесува на би­латералните односи помеѓу Атина и Скопје и не е применлива на НАТО. Одлуката што ја донесе НАТО на Самитот во Буку­решт во 2008 година за подготвеноста за добивање покана за пристапни преговори штом се донесе заедничко прифатливо решение за името, не е одлука што ја носи еден сојузник, тоа е колективна одлука што ја донесуваат сите НАТО сојузници. Од таа причина, пресудата на Меѓународниот суд на правдата не се применува на одлуката која што ја донесовме во Букурешт 2008 година“. Меѓутоа, кај домашната експертска јав­ност силно е изразен скептицизмот дека поканата ќе пристигне во септември оваа година. Според поранешниот ам­басадор Ристо Никовски „непримерно е што НАТО продолжува да демонстрира непочитување на Хашката пресуда, и тоа е класично игнорирање на меѓународниот правен поредок... Само неколку часови по објавувањето на пресудата во Хаг, генералниот секретар Расмусен излезе со оценка дека `таа не е релевантна за НАТО .̀..Судот во Хаг навистина нема формални ингеренции врз Алијансата, ама има врз нејзините членки...што целосно об­врзува. НАТО, не може да постигне консен­зус за блокада и уцена на Македонија ако се почитува грчката официјална обврска да не го попречува приемот на земјата.“Според поранешниот амбасадор на Репу­блика Македонија во НАТО, Нано Ружин, со инсистирањето на цврстата поврзница на името и членството на нашата земја во НАТО се означува дека геополитичката опција за покана на земјата во Алијансата

Page 6: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

СО Д-Р ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РАЗМИСЛУВАМЕ ПОЗИТИВНО

ИНТЕРВЈУПо 7 успешни години поминати како амбасадор на РМ во САД, од кои шест целосно посветени на преговорите за спорот со името со Република Грција, кој е предизвикот за Вас да застанете на чело на Министерството за одбра-на на Република Македонија?– Да се раководи со одбраната на тат-ковината е навистина голема чест но и голем предизвик. Посебно сум горд што застанав на чело на Министерството за одбрана во период кога навистина имаме со што да се гордееме и пока-жеме пред светот. Нашата армија е од-личен пример на успешно спроведена трансформација. Ние имаме функцио-нална формација на армија составена од врвно обучени и професионални припадници подготвени да одговорат на сите видови класични и современи безбедносни предизвици, самостојно, но и во рамките на меѓународните ми-ровни мисии. Морам да нагласам дека како министер за одбрана на Репу-блика Македонија ќе продолжам со мисијата која ја имав претходно како амбасадор на Република Македонија, да ја промовирам и Армијата на Репу-блика Македонија. Јас со сите сили ќе презентирам во меѓународната јавност дека нашата армија доследно ги испол-нува сите критериуми за влез во НАТО, дека нашите припадници се едни од најподготвените при извршувањето на мисиите, дека рамноправно со припадниците на земјите-членки на

Алијансата ги извршуваат сите довере-ни задачи. Впрочем, за тоа зборуваат и многубројните одликувања, пофал-ници, благодарници доделени на при-падниците на АРМ. Треба да сме годри што нашите војници рамо до рамо со останатите војници од НАТО алијансата придонесуваат за мирот и зајакнување на демократијата во светот. Тоа е пока-зател дека Република Македонија заслу-жува да биде дел од НАТО семејството бидејќи не само што принципите и вред-ностите на Алијансата ги прифативме и инкорпориравме во нашето општество,

6

Д-Р ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ ЗАСТАНА НА ЧЕЛО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА СО НЕСКРИЕНА ГОРДОСТ ШТО ТОКМУ НЕМУ МУ Е ДОДЕЛЕНА ОВАА фУНКЦИЈА... НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕТО НА ДОЛжНОСТА МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА, ПРЕД ПЛАТОТО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА, СИТЕ ЈА ПОЧУВСТВУВАВМЕ ЕНЕРГИЈАТА СО КОЈА ОВОЈ ПРЕКАЛЕН ДИПЛОМАТ И ЕКСПЕРТ ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА СЕ ОБВРЗА ДЕКА ПОСВЕТЕНО ќЕ РАБОТИ НА ПРИБЛИжУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОН НАТО И ЕУ, ќЕ РАБОТИ НА РЕфОРМИТЕ ВО АРМ И МО, НО И ќЕ СЕ ЗАЛОжИ ДА ЈА МОДЕРНИЗИРА АРМИЈАТА, ќЕ ГИ ИСКОРИСТИ НАЈДОБРИТЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО...

Page 7: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

кедонски производи. Имаме планови за заживување на македонските производ-ствени капацитети кои би се вклучиле во проекциите за развој и модернизацијата на Армијата на различни нивоа. Исто така, планираме и развој на ремонтни и сервисни капацитети на територијата на Република Македонија, со што би се нама-лиле трошоците на одржување и ремонт на опремата и воените средства кои се изведуваа надвор од нашите граници. Во оваа насока секако дека ќе бидат консул-тирани експерти од воената и од сфера-та на менаџментот и економијата. Секако дека ќе се работи и на подобрувањето на стандардот и условите за работа на при-падниците на АРМ и Министерството за одбрана, ќе се довршат некои од веќе за-почнатите проекти, ќе се прават потреб-ните набавки и слично.За држави со големина како Република Македонија од особено значење е пра-вилно дефинирање на приоритетите, модернизација за деловите од Армијата кои се најзначајни, добро планирање на среден и на долг рок.

Како гледате на придонесот на при-падниците на Армијата на Република Македонија во мировните мисии? – Придонесот на Република Македонија во мисиите под покровителство на ООН, НАТО и ЕУ е континуиран и со навистина репрезентативна бројка и ние планираме и понатаму да даваме свој придонес кон светскиот мир и безбедноста. Моментал-

но е актуелно дали ќе продолжиме со придонесот во постИСАФ периодот во Авганистан. Република Македонија веќе дванаесет години дава свој придонес во мисијата ИСАФ во Авганистан. На соста-нокот со Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел во текот на месец јуни, кој беше посветен на Извештајот за на-предокот на нашата земја во рамки на Акциониот план за членство на Републи-ка Македонија во НАТО за 2013 – 2014 година, уште еднаш потврдивме дека целосно ги поддржуваме напорите на НАТО алијансата за градење мир и де-мократски вредности за просперитетен Авганистан и дека сме подготвени да го дадеме својот придонес во мисијата „Одлучна поддршка“ со експерти за обука и советување во областа на во-

донесе за зајакнување на стабилноста и просперитетот, не само во Република Македонија, туку и во целиот регион и во европа. Во оваа насока, секако дека моето претходно искуство, контактите и релациите кои ги создавав во текот на изминатите години ќе ми бидат од по-мош во реализацијата на поставените наредни цели. Сите контакти и разгово-ри кои ги остварив во текот на мојата неодамнешна посета на САД беа во таа насока. При престојот во САД се срет-нав со високи претставници на амери-канската администрација, конгресмени, политичари и претставници на бизнис и „тинк-тенк“ заедницата. Целта беше да се разменат мислења за идните стра-тешки чекори кои треба да ги преземе Република Македонија во однос на ре-формите во одбраната и можностите за влез во Алијансата, како и да се зајакне стратегиското партнерство со САД. Мно-гу е значајно што на сите дебати и раз-говори ја добивме целосната поддршка од овие високи функционери и конгрес-мени за сите наши досегашни заложби и преземени чекори во евроатлантските интеграции. Особено ме радува што беа искажани врвни оценки и благодарност за придонесот на македонските кон-тингенти во мисијата ИСАФ во Авгани-стан, а воедно беа разменети мислења и идеи за идниот ангажман на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авгани-стан и други мисии под покровителство ОН, како и заеднички мултинационални вежби под покровителство на НАТО. Се разгледуваа и можностите за обука на пилоти на авганистанските безбедносни сили во Центарот за обука на пилоти во РМ. Во однос на зајакнувањето на поддршката од другите земји-членки на Алијансата, веќе имав одделни средби со речиси сите амбасадори и аташеи кои престојуваат во нашата земја. Ние мора да размислуваме позитивно и да продолжиме со сите активности за на-шето идно членство во НАТО и еУ. До Самитот на НАТО, кој се одржува на почетокот на септември, ќе вложам до-полнителни напори да ги презентиратам постигнувањата на Македонија кај мои-те колеги и пријатели во НАТО-земјите. ќе имам неколку посети, а ќе примам и високи делгации од земјите-членки на Алијансата.

Како експерт од областа на еко но ми-јата дали имате проекции и планови за по добрување на капацитетите на Ар ми ја та на Република Македонија? – Во однос на ова прашање сакам да истакнам дека пред сè ќе се залагам за модернизација на АРМ во согласност со приоритетите и можностите. Приоритет-на област секако ќе биде менаџирањето со расположивите средства, како и ак-тивностите за зголемување на ефектив-носта на трошењето. Модернизацијата на Армијата ќе се одвива паралелно со напорите за зајакнување на македонска-та економија. Тоа подразбира дека ќе се насочиме кон тоа дел од опремата која ќе се набавува да може да се плати со ма-

туку и заедно со останатите членки про-донесуваме овие вредности и принципи да се шират во светот. Ќе потсетам дека и во периодот кога бевме на почетоците на реформите, кога ја извршував функцијата генера-лен секретар на Кабинетот на покојниот претседател Борис Трајковски, една од најголемите желби на покојниот прет-седател како врховен командант на Армијата на РМ, и моја лично, беше да успееме да создадеме армија со која ќе се гордееме, армија која ќе биде профе-сионална и посветена на сите предизви-ци на новото време, и која ќе биде ор-ганизирана и целосно интероперабилна со НАТО-армиите. Денес сум навистина горд што визијата за мала, професио-нална, компатибилна, мобилна и ефек-тивна армија е реалност, а најмногу од сè ме радува фактот што без оглед на сите пречки на патот кон членство-то во НАТО, граѓаните на Република Македонија имаат огромна довербата во АРМ и го поддржуваат државниот врв во напорите за постигнување на членството во НАТО. Сите спроведе-ни анкети на јавното мислење се до-каз дека нашиот народ ја сака својата армија, се гордее со припадниците на АРМ и ги цени нивните напори и стре-меж да се биде што поскоро дел од ев-роатлантското семејство.

Веднаш започнавте со активнос­ти те за промоција на Република

Македонија и нејзината армија. На што ќе се фокусирате во наредниот период во однос на евроатлантски­те интеграции на Република Ма­кедонија? – Моите наредни активности претставу-ваат континуитет на моите целокупни залагања досега, но и континуитет на заложбите на сите субјекти во држа-вата кои имаат цел да ја промовираат Република Македонија како држава која заслужува и е подготвена во секој поглед да биде дел од НАТО и од ЕУ. Република Македонија е целосно по-светена на процесот под водство на ОН за решавање на разликите околу име-то со нашиот сосед, а интеграцијата на Република Македонија во НАТО ќе при-

7

Page 8: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

ената полиција, комуникации и врски, пешадија и други области.

Кои се императивите за наредниот пе риод за Армијата на Република Ма­кедонија според Концептот на НАТО за „паметна одбрана“?– НАТО алијансата претставува сојуз на држави кои заеднички се справуваат со предизвиците кои се закана за безбед-носта и мирот во светот. Секоја одделна држава-членка поседува капацитети со кои може да придонесува во колектив-ната одбрана. Целта на оваа стратегија е пред сè да се избегне дуплирањето на капацитетите, односно да се опре-дели точно со кој вид капацитети ќе може да партиципира во колективната одбранбена стратегија, да се развива-ат заеднички проекти и иницијативи за долгорочен развој и придонес во колек-тивното членство, секако според при-оритетите и можностите на секоја земја. Во оваа насока, во духот на Концептот за „паметна одбрана“ на НАТО, Репу-блика Македонија има мошне активен однос, особено во насока на регионал-ната соработка. Регионалната соработ-ка претставува еден од приоритетите на новите национални безбедносно-од-бранбени стратегии на државите. Ре-публика Македонија меѓу првите ја со-гледа оваа потреба и доследно работи на реализацијата на повеќе регионални иницијативи. Во сферата на одбраната имаме веќе функционални и ефектив-но реализирани проекти во рамките на регионалната соработка. На пример, Регионалниот центар за обука за одно-си со јавноста, кој сега е веќе и дел од официјалните НАТО-центри за обука, уште од 2005 година функционираше како Регионален центар за обука за односи со јавноста. На работилниците и курсевите во рамките на овој центар завршиле обука голем број припадници на армиите и министерствата за одбра-на на речиси сите земји од соседството и од регионот. Центарот за обука на пи-лоти исто така има тенденција да пре-расне во центар за обука и тренинг на припадниците од армиите во регионот, а се разгледува можноста и за обука на пилоти од авганистанската армија. Проектот за рестартирање на Воената академија „Генерал Михаило Апостол-ски“ се покажа како доста ефикасен бидејќи освен што се школуваат кадети од земјата се создаде можност и веќе се школуваат кадети од соседните земји. Армискиот полигон „Криволак“ е исто така пример за проект кој соодветству-ва на Концептот на НАТО за „паметна одбрана“, Регионалната иницијатива БРААД е добар пример за регионално поврзување во противвоздушната од-брана, Центарот за медицинска обука и уште многу други кои се во план. Во наредниот период ќе работиме на тоа уште повеќе да се продлабочи регио-налната соработка, на пример во однос на кризниот менаџмент, справувањето со елементарните непогоди кои, за жал, сè почесто се случуваат. Ваквите

пример, за влезот на Полска, Чешка и Унгарија во НАТО во 1999 г. постоеше големо противење, а исто така беше случај и со проширувањето на НАТО со балтичките земји. Препораката е да не отстапиме од зацртаниот пат кон евро-атлантската интеграција и со сите сили и средства да продолжиме со актив-ностите за да ја достигнеме оваа цел. Знаеме дека одлуките се политички и тие можат да се менуваат. Секако дека постојат пречки и предизвици, но можни се и изненадувања. Можеби и Самитот во Кардиф ќе се претвори во самит за проширување. Република Македонија смета на секоја можност и не отстапува од зацртаните определби. На средбите со државниот врв уште еднаш го пот-врдивме нашиот став во врска со патот кон НАТО и ЕУ. На средбата со претсе-дателот, кој како врховен командант на Армијата на Република Македонија има увид во плановите, проекциите и актив-ностите во врска со Армијата, уште ед-наш потврдивме дека нашата армија продолжува со реформите, продолжува со придонесот во мисиите и се развива компатибилно со армиите на земјите-членки на НАТО.

Имате дипломи и научни звања од по веќе научни области: од правни-

несреќи не застануваат пред границите и тие бараат реакција што е можно побргу и поефикасно со заеднички капацитети, сили и средства... Потребите од добра регионална соработка навистина се голе-ми и ние секако интензивно ќе работиме во таа насока.

Што очекувате од претстојниот Самит на Нато во Велс, кои се планираните активности во однос на овој значаен настан?– Дека Република Македонија заслужува да биде дел од НАТО е факт кој постојано го потврдуваат претставниците од повеќето земји-членки на Алијансата со кои сум бил во контакт и сме разговара-ле на оваа тема. Пред извесно време на Воената академија имавме можност да проследиме многу интересно предавање од страна на г-ѓа Сали Пеинтер, познат експерт од САД, токму на тема во врска со Самитит на НАТО во Кардиф. Поента-та на ова предавање, што се однесува и на Р. Македонија, е дека проширувања на Алијансата се можни и потребни. Од искуствата од претходните самите на НАТО знаеме дека секое проширување на НАТО имало определени предизви-ци, секогаш постоеле определени држа-ви-членки кои се спротивставувале на проширувањето со нови членки. На

8

Page 9: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

на информациите, односно социјалните мрежи. Живееме во време кога настану­ва транформација во каналите преку кои се пренесува информацијата во јавноста. Традиционалните инструменти се замену­ваат со сосема нови, незамисливи пред десетина години. Објективноста и чесно­ста се одликата на вистински слободни и независни медиуми. Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се целосно транс­парентни кон јавноста. Соработката со медиумите е добра и обрнуваме посебно внимание да се одржи високото ниво на доверба и заинтересираност кај претстав­ниците на медиумите за сите активности кои се одвиваат во наша надлежност. И во Армијата и во Министерството за одбрана постојат организациони единици кои има­ат задача да соработуваат со сите медиу­ми во Република Македонија и пошироко. Сметам дека со ваков однос на целосна транспарентност и доверба кај медиумите даваме придонес во надминувањето на можните недоразбирања или шпекулации во однос на определени прашања.

Дали успевате да одвоите слободно време и за некое хоби, рекреација и слично?– Доброто менаџирање на времето кое го имаме на располагање е мошне значајно за успешен професионален и приватен живот. Работните обврски се значајни и многубројни, но јас секогаш наоѓам довол­

но време и за семејството и за пријателите. Семеј ство­то ми е многу значајно. Се трудам секогаш да најдам време за семејството, да поминеме зеднички викенд, одмор. Во минатото јас и мојата сопруга Сузана, како родители се грижевме и ги советувавме нашите синови Перо и Филип како да станат чесни индивидуи со високи морални норми. Со мојата сопруга секогаш ги поттикну­вавме аргументирано да раз­говараме за сите прашања, и аргументитите биле тие што

ја дефинирале одлуката, а не позицијата дека како родители секогаш сме во право. Сега се приближувам во период од живо­тот кога нивните видувања и совети ми се многу битни и во реализација на моите државнички активности. Не постои напре­док во едно општество сè додека децата не станат подобри од своите родители, и учениците од своите професори. Пријателите ми се многу значајни во живо­тот. Пријателството треба да се негува и одржува. Сè уште имам пријатели од учи­лишните денови, од основно, средно, од факултет и од светот ­ пријатели со кои се слушам, се гледам и разговараме пиејќи кафе, се дружиме...Исто така сакам и да се рекреирам. Многу ја сакам природата, сакам да планинарам, да возам велосипед, да пливам, односно сакам и да спортувам и да уживам во убавите природни пејзажи. Иако денот е краток се трудам да најдам време и за овие активности.

Д-р Жанет Ристоска

ници. чувството дека како единка сте претставник на цел еден посебен колек-тивитет е навистина посебно – во секој момент треба да сте подготвени за со-одветен одговор, да сте тактични, трпе-ливи, потковани во секој поглед. Треба да знаете кои се вашите приоритети, како да ги презентирате и како да го искористите секој момент да ја претста-вите својата татковина достоинствено. Основна задача на дипломатот е да соз-дава пријатели за неговата татковина. Иако светот е огромен, во некои случаи се чувствувате како да сте во мало ме-сто, бидејќи патиштата постојано ви се вкрстуваат со колеги дипломати. Пер-манентната комуникација е многу важ-на во овој глобален свет. Споменавте дека по образование сум економист. Меѓународната трговија и трговското право ми се посебно блиски и во таа об-ласт работев како консулатант за една од најреноминараните американски кон-султантски куќи. Мојата магистратура е во областа на деловната стратегија на мултинационалните компании, об-ласт во која имам објавено и книга, и на која многу работев додека бев амба-садор во Вашингтон. Функциите што ги вршев во мојот живот беа со ограничено времетраење и секогаш постои област во која ќе се вратите по завршувањето на политичката функција. Секогаш чесно и напорно сум работел, а каде ќе ве од-несе животот во професионалната сфе-

ра, честопати зависи од фактори кои не можеме секогаш да ги контролираме.

Како ги перцепирате медиумите?– Слободните и независни медиумите претставуваат важен сегмент на секое демократско општество. Од друга страна, отвореноста и транспарентноста на инсти-туциите на власта кон јавноста, како и до-брата соработка со медиумите исто така придонесува за развој на демократијата и слободата во државата. Демократијата не може да биде силна без слободни медуми, а медиумите имаат обврска објективно да ја информираат јавноста за состојбите и настаните. Основно, според мене, е да постои свест и совест во новинарската фела за одговорноста која ја има секој претставник на медиумите. Сите знаеме колкава е моќта на медиумите во совре-мениот свет, посебно би ги истакнал нови-те форми на поврзување и пренесување

те науки, од економијата, од ме ѓу­народните односи... Имате безброј признанија и награди од врвни ин­ституции од меѓународен ранг, об­јавувате книги, давате свој придонес на многу полиња... Како гледате на се­беси – професор, научник, економски експерт, дипломат, политичар...?– Јас себеси не се гледам во строго оп­ределени и ограничувачки рамки. Јас сум човек кој сака постојано да учи и да се надградува. Зад себе имам по­веќегодишно искуство од сите овие области кои ги споменавте. За мене е најважно да можам да ги употребам, да го споделам и пренесам моето знаење и искуство и со тоа да придонесам во понатамошниот развој на мојата тат­ковина. Во моментот, секако дека сиот мој потенцијал е фокусиран да дадам максимум како министер за одбрана на Република Македонија. Во однос на професорското искуство ќе кажам дека една од најблагородните професии е токму професорската, кога директно се учествува во процесот на создавањето на иднината на младите генерации. Позната е максимата дека светот останува на младите, но ние тре­ба добро да ги подготвиме младите за светот кој ги очекува. Покрај тоа што бев професор на Европскиот универзитет во Скопје, пред моето заминување за САД држев предавање на Европскиот колеџ во Бриж во областа на регионална­та трговска соработка како инструмент за зајакнување на економскиот развој. Додека бев амбасадор често имав по­кани да предавам на реномирани аме­рикански универзитети, вклучувајќи го тука и Харвард. Предавањата ми беа на различни теми, од економијата, тех­никите на преговори, па до предавања за лидерството. Исто така ги користев овие прилики да ги запознаам студен­тите, но и професорите со реформите и економските политики на Република Македонија. Од аспект на мојата сегаш­на должност, можеби е интересно да се спомене предавањето што го одржав на Универзитетот „Нотивч“, кој е настар приватен воен универзитет во САД, на тема: „Лидерството и етичките вредно­сти во војската“. Многу ми е драго што е рестартирана Воената академија и што се прават на­пори да се следат наставните програ­ми според теркот на престижни висо­кообразовни институции од овој ранг. Военото образование не го сфаќам како строго специјализирано и намен­ско. Високообразуван воен старешина мора да има познавања и од опште­ствените науки, да ја знае својата на­ционална историја и историјата општо, да има познавања и од топографија и од филозофија, да биде прецизен во пукањето, но и сестрано образувана и морална личност. Сметам дека Воената академија има капацитети да ги достиг­не овие стандарди. Како дипломат, пак, извршував бла­городна функција претставувајќи ја својата земја надвор од нејзините гра­

9

Page 10: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

10

Во периодот од 08 до 11 јули 2014 година, министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Зоран Јолевски беше во посета на Соединетите Американски Држави, при што оствари значајни средби со сенатори, конгресмени, сегашни и поранешни високи функционери во администрацијата, како и средби со претставници од „тинк – тенк“ заедницата.За време на средбите министерот Јолевски ја искажа поддршката од граѓаните и аспирациите на Република Македонија за членство во евроатлантските институции, еУ и НАТО. Во тој контекст министерот Јолевски додаде дека РМ е кредибилен и достоен партнер на кој може да се смета во иднина и воедно ги пренесе и честитките кои ги добивал од високи функционери од администрацијата во Вашингтон за високата подготвеност, обученост и спремност на припадниците на Армијата на Република Македонија, особено за време на нивниот ангажман во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак и ИСАФ во Авганистан. Сенаторите Џон Мек Кејн (1), Бил Нелсон (2) и Дајен Феинстеин (3) изразија искрена благодарност кон Република Македонија и АРМ за учеството во мировните мисии поддржани од НАТО, чија основна цел е обезбедување на глобалниот мир, стабилност, безбедност, како и воспоставувањето на демократските вредности.Министерот Јолевски оствари средби со голем број конгресмени и тоа со: Мајкл Конавеј, Пол Кук (4), Адам Смит, Џеф Милер, Бил Паскрел (5), Френк Вулф, елиот енџел (6), Тед По (7), хауард Бак Мек Кеон (8). Овие конгресмени кои имаат силно влијание во Конгресот на САД, за време на средбите изразија цврста искрена поддршка за Република Македонија во остварувањето на нејзините стратегиски цели, односно евроатлантските интеграции. Во рамки на посетата, министерот Јолевски во Пентагон се сретна со помошникот секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања, Дерек Колет, при што беа разменети идеи за идниот ангажман на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“, а министерот Јолевски во оваа прилика го презентираше „Центарот за обука на пилоти“ во МО како одлична можност за обука на авганистанските безбедносни сили, имајќи предвид дека центарот располага со искусни предавачи и 2 симулатори од најнова технологија.Стејт департментот во чест на министерот Јолевски приреди пригоден прием на кој му беше врачено писмо со честитки од државниот секретар Џон Кери за досегашниот мандат како амбасадор во САД. По приемот, министерот Јолевски оствари средба и со заменик помошникот секретар за европски и евроазиски прашања, хојт Ји.За време на средбите со претставниците од „тинк – тенк“ заедницата, се разговараше на тема за проширување на Алијансата, а беа разменети идеи и мислења за идните стратегиски чекори кои е потребно да ги преземе Република Македонија во поглед на реформите во одбраната и патот за членство во Алијансата.Во рамки на актовностите на споменикот на незнајниот јунак во Арлингтон, министерот Јолевски, положи венец со свежо цвеќе, оддавајки почит на воените сили на САД и на оние кои го дале својот живот за глобалниот мир и безбедност (9).

Министерот Јолевски успешно ја заврши работната посета на САД

БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Page 11: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

11

инистерот за одбрана на Република Македонија д-р

Зоран Јолевски оствари офи-цијална посета на Република Бугарија. Во рамки на посетата, министерот Јолевски оствари одвоени средби со со својот домаќин министерот за одбра-на на Република Бугарија, Ангел Најденов, со претседателот на Парламентот, Михаил Миков, со заменик-министерот за над-ворешни работи Ангел Велич-ков, како и со претседавачот на Комитетот за внатрешна безбедност и јавен ред, Ата-нас Мерџанов. Интензивните кон такти, рече министерот Јолевски, ќе придонесат кон

ВО ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈАуште поголемо приближување на двете армии и држави, доде-ка континуитетот на соработка-та ќе биде цврст темел на мирот и стабилноста. Истовремено, министерот Јолевски потенци-раше дека стратегиска определ-ба на Македонија е членство во НАТО и Европската унија и дека нашата држава придонесува и ќе продолжи да придонесува во рамките на меѓународните мисии за поддршка на мирот во светски рамки. Министерот за одбрана на Бугарија, Ангел Најденов посочи дека Републи-ка Бугарија обрнува големо вни-мание на Република Македонија и на развојот на меѓусебното

Република Бугарија. Министерот Јолевски, пак, како можност го посочи и Центарот за обука на пилоти кој се развива во рамки на министерството за одбрана на Република Македонија.

партнерство. За двете армии и држави особено значајни се заедничките вежби и развојот на интероперабилноста. Во кон-текст на евроатлантските инте-грации, бугарскиот министер за одбрана посочи дека неговата земја ја поддржува Република Македонија и воедно е подгот-вена да сподели искуства и нау-чени лекции на тој пат. Тој дода-де дека за Република Бугарија значајно е активностите за до-брососедство да продолжат во позитивна насока.Министрите за одбрана како можен иден проект за интензивирана сора-ботка го споменаа и военото здравство кое е специјалност на

итката на Беласица, позната и како Битка кај Клидион се случила на 29 јули 1014 г.

помеѓу војските на македонскиот цар Самоил и војската на византи-скиот цар Василиј II. Историчарите

велат дека Самоиловото Царство е извор од кој и денес го влечеме националниот континуитет.„Неприкосновена е вистината дека народ без обичаи не е народ, а народ без минато нема своја иднина“ е насловот под кој оваа година се одбележува јубилејот од 1000 години од случувањето на овој голем настан во македон-ската историја. Централната свеченост по повод илјадагодишнината од Битката

на Беласица се организираше од страна на општина Ново Село на историскиот локалитет Пир-го во населбата Мокриево под падините на Беласица. Во Пир-го се случил првиот продор на Византијците кои зад грб ги напад-

нале македонските војници.По повод овој значаен јубилеј, делегација на АРМ, предводена од командантот на Првата ме-ханизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски

положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Бела-сица“. Во рамките на одбележувањето на јубилејот 1000 години од бит-ката на Беласица со пригодна програма учествуваше и Воениот оркестар на Армијата на Републи-ка Македонија. Во свечена атмос-фера, под падините на планината Беласица, Воениот оркестар на АРМ изведе получасовна програ-ма, во која беа отсвирени сплет на

македонски родољубиви песни. Програмата беше збогатена од страна на припадниците на ба-талјонот за почести, кои своите вештини во работа со оружје ги покажаа со изведување на точка-та ,,ЕГЗИРЦИР“.

1000 ГОДИНИ ОД „БИТКАТА НА БЕЛАСИЦА“

о изведувањето на ком по­зицијата „Il Silenzio – Тишина“ во очи на денот на почето­

кот на Првата светска војна, на платото пред споменикот на паднатите херои за Македонија, нашата држава се вклучи во меѓународните активности за комеморација на сите жртви во една од најголемите војни на XX век.На настанот кој се организи­раше во координација и со­работка со Амбасадата на Ре­публика Италија во Република Македонија, директорот на Во­ениот музеј во Министерство­то за одбрана, д­р Александар

Стојчев, посочи дека ова тажно минато од светската историја не можеме да го смениме, но дека истото нè упатува на унапредување на односите и соживотот, на пронаоѓање точки што не спојуваат преку почитување на вредностите на мирот. За да не отстапиме од таквите идеи, посочи Стојчев, нам, потомците на страдални­ците од Првата светска војна од сите подрачја во светот за­фатени од оваа страшна Голема војна, не опоменуваат повеќе од 10 милиони загинати мажи и жени, повеќе од 21 милион ранети, голем број исчезнати, и

нивните засекогаш разурнати домови.Во оваа прилика директорот Стојчев додаде дека неми све-доци на човечките страдања во Македонија, односно во градовите Скопје, Битола, При-леп, Дојран, Штип, Валандово и други, се 30.000 гробишта на загинати војници во борби-

те на Македонскиот фронт.Проектот на комеморација на жртвите од оваа војна, кој се организира од Советот на ми-нистри на Република Италија по повод 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, претставува еден хуман чин на оддавање почит на сите жртви и загинати во периодот на оваа голема војна. Присут-ните на комеморацијата по-ложија венец со свежо цве ќе на споменикот, додека ком-позицијата „Тишина“ беше из-ведена на зајдисонце, во исто време на голем број локации во светот.

КОМЕМОРАЦИЈА ВО ЧЕСТ НА жРТВИТЕ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Page 12: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА

одбранбено аташе на Сојузна Република Германија, акредити-рано за Република Македонија, потполковникот Гвидо Алтен-дорф, при што беше потврдена одличната соработка меѓу две-

те земји и беше изразена под-готвеност истата да продолжи и во иднина.

Република Австрија е традицио-нален пријател на Република Македонија, а тоа се покажува преку несебичната поддршка-та која Австрија ја дава во процесот на интеграција на нашата земја во европската Унија и НАТО, рече министерот за одбрана, Зоран Јолевски на средбата со амбасадорот и одбранбеното аташе на Репу-

блика Австрија, Томас Михаел Баер и Томас Ахамер.

Министерот Јолевски оствари одвоени средби со нерези-дентното одбранбено аташе на Швајцарија, акредитира-но за РМ, полковникот ларс Грове Вејлструп, како и со од-бранбеното аташе на САД, во заминување, и новото одбран-бено аташе на оваа земја во нашата држава, полковникот Џефри Предмор и полковникот Томас Батлер. На средбата со одбранбените аташеи на САД уште еднаш беше потврде-но стратешкото партнерство помеѓу Р. Македонија и САД. Воедно, на средбата беше потврдено дека сите напори ќе бидат насочени кон конти-нуираното унапредување на оваа одлична соработка и во иднина.

Министерот за одбрана на Ре-публика Македонија ос тва ри од-воени средби со ам ба садорот на Полска во Р. Македонија, Ја-цек Мул та нов ски, како и со ше-фот на делегацијата на европ-

ската уни ја во Р. Македонија, амбасадорот Аиво Орав.

Македонија и Норвешка се две партнерски земји кои има-ат високо развиена соработка на полето на одбраната и без-бедноста, заклучија министе-рот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и одбранбеното аташе на Крал-ството Норвешка, акредитира-но за нашата змеја, полковни-кот есбен Ас. Притоа споменат

беше единствениот партнерски центар за тренинг и едукација во Република Македонија – Ре-гионалниот центар за односи со јавноста, проектот „лепе-за“, како и развојот на Бал-канските медицински сили чиј центар треба да биде токму во Република Македонија. Овие проекти, посочи министерот, се во духот на концептот „па-метна одбрана“ и концептот на „здружување и споделување на капацитетите“.

Министерот Јолевски оствари средба и со нерезидентното

Министерот Јолевски се срет-на со амбасадорката на Крал-ството Холандија во Република Македонија, Мариет Шурман, при што стана збор за била-тералната соработка помеѓу двете земји. Соговорниците се согласија дека истата е на висо-ко ниво. Пример за тоа е и голе-мата поддршка на Кралството Холандија за развој на капаци-тетите за односи со јавноста – Одделението за продукција, проект кој во својата втора фаза продолжува да се реа-лизира и оваа година, а беше нагласена и поддршката за РМ во евроатланските интеграции.

На средбата со амбасадорот на НР Кина во нашата земја, Вен Ценшун, и со одбранбено-то аташе Жанг Баокун мини-стерот Јолевски истакна дека Народна Република Кина е многу важен партнер за нас и нашата намера е колку може-ме повеќе да ја зацврстиме и

унапредиме меѓусебната сора-ботка. Соработката со НР Кина вклучува активности во делот на воената наука и технологија, военото образование и обука, воената култура, спорт и меди-цина и слично.

При средбата со Лоренс Оер, амбасадорката на Франција во Република Македонија, мини-стерот Јолевски порача дека соработката помеѓу двете земји во областа на одбраната е одлична и истата треба да продолжи да се развива. Воед-но министерот Јолевски ја по-

бара поддршката на Франција за членство на Република Ма-кедонија во Алијансата, ука-жувајќи на тоа дека тоа ќе значи придобивка не само за граѓаните на нашата земја, туку и за регионот и пошироко.

Република Македонија и Ре-публика Турција имаат одлич-на соработка на полето на одбраната и безбедноста се констатираше на средбата на министерот за одбрана Зоран Јолевски и амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Ѓурол Сокменсуер. Ми-нистерот Јолевски се забла-годари за досегашната под-дршка на Република Турција во однос на развојот на Армијата

на Република Македонија, но и за поддршката која оваа земја ни ја дава во однос на нашите евроатлантски инспирации.

На средбата со амбасадорот на Обединетото Кралство во

Р. Македонија, чарлс едмунд Гарет беше истакнато дека меѓусебната соработка е на ви-соко ниво, а дополнително се заложија и истата да продол-жи да се развива во нагорна линија.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСВЕТУВААТ ЗНАЧАЈНО ВНИМАНИЕ НА РАЗВОЈОТ НА БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА СО ПАРТНЕРИТЕ, КАКО ЕДИНСТВЕН НАЧИН ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА И ПРОСПЕРИТЕТОТ ВО ЕВРОПА И ВО СВЕТОТ. ВО ТАА НАСОКА, МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ, ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ОСТВАРИ ОДВОЕНИ СРЕДБИ СО ПОВЕќЕ АМБАСАДОРИ И ВОЕНИ АТАШЕИ АКРЕДИТИРАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,КАКО И СО ВИСОКИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАТО И ЕУ

12

Page 13: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

13

ЗАЕДНИЧКА ПРОТИВПОжАРНА ВЕжБА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ И ВЕЛЕШКИТЕ ПОжАРНИКАРИ

а 25 јули во кругот на ка-сарната „Алексо Демниев-

ски - Бауман“ во Велес се од-ржа заедничка показна вежба на пожарникарите од профе-сионалната Противпожарна територијална единица од Ве-лес и припадниците на АРМ, односно на Противпожарниот вод составен од млади војници.На вежбата тие заедно изведоа три показни вежби:гаснење на пожари на пасишта, гаснење на пожари во шума и гаснење

на пожар и извлекување на жртви од станбен објект во кои горат запаливи материи.

Во изјавата за медиумите Љупчо лепидовски командир на ТППе од Велес, оцени дека вежбата била одлично изведе-на ,а што се должи на одлична-та соработка на припадниците на АРМ и велешките профе-сионални пожарникари кои ги обучиле младите војници од Противпожарниот вод.-оваа обука е многу значајна за припадниците на АРМ за безбедноста на објектите во гарнизонот но и за гаснење на други пожари на територијата на Општина Велес,Градско и чашка.лепидовски потсети дека мла-дите војници и припадниците на АРМ и во изминатите го-дини биле голема помош на велешките пожарникари во гаснењето на големите шумски пожари во велешкиот поширои регион, а за што им се посебно благодарни.Тој најави дека со-работката со припадниците на АРМ продолжува и понатаму со секоја нова генерација на млади војници на АРМ.Воедно најави дека ќе бидат изведени и други обуки, а во случај на секаков вид на пожари.

А.Д.

на 50 млади резервни офицери и подофицери од сите единици на локалната самоуправа во Тетов­скиот регион. Според програмата, првата содржина беше кондици­ониот марш на релацијата: реги­онален пат с. Рогачево – месност „Калуѓер“ во должина од 4 км на надморска височина од 910 м. на падините на Шар Планина. Божин Милосавлески член на Собрани­ето на ОРОРМ ги информира присутните за создавањето на с. Рогачево и месноста „Калуѓер“ во 1467 година според податоци содржани во турските пописни дефтери. За значењето и карак­теристиките на „Северниот стра­тегиски правец“, предавање од­ржа командантот на Гарнизонот на АРМ во Тетово, потполковник Атанас Пановски, а претседателот на ОРОРМ Малковски, информи­раше за најзначајните прашања од постоењето на македонскиот народ и македонската држава низ многувековната историја.

ЧЕСТВУВАЊЕОпштинската организациона еди ница на Организацијата на ре зервните офицери на Р. Ма ­ке донија од Велес, со која ра ко­води резервниот поручник Борис Алчев, целосно е посветена на реализацијата на планираните ак­тивности со Програмата за работа во 2014 година, во што, значајно место заземаат слободарските

НЕГУВАЊЕ НА ЦИВИЛНО-ВОЕНИТЕ ОДНОСИОпштинската организациона еди ­ница (ООЕ) на ОРОРМ Тетово, со која раководи резервниот ка­петан Зоран Кироски, е една од најголемите и најдобро организи­рани ООЕ во која, со години на­назад, успешно се реализираат планираните активности со го­дишните програми за едукација, обука и негување на слободарски­те традиции. Успешните резулта­ти во работата, се плод на повеќе чинители, меѓу кои, пред се на: од­говорниот однос и ангажирање на членовите на Извршниот одбор и другите активисти, одличната со­работка со Гарнизонот на АРМ во Тетово, која претставува убав при­мер за тоа, како во секојдневната практика треба да се негуваат и да се продлабочуваат цивилно­воените односи во општество­то, во што, ОРОРМ претставува значајна алка како сегмент на ци­вилниот сектор. Потврда на вак­вата соработка е и неодамна ор­ганизираната еднодневна обука

традиции и одбележувањето на значајни годишнини на настани и личности од подалечното и побли-ско минато.Во контекст на ваквите определби, во Башино Село, во близина на Ве-лес, се одбележа 13-годиш нината од загинувањето на при падникот на единицата за спе цијални задачи „Тигар“ Оливер Китановски, кој во воениот конфликт во 2001 г., на браникот на татковината го даде најдрагоценото - својот млад жи-вот.На чинот на чествување, во знак на почит и трајно сеќавање, во Башино Село, крај неговото вечно почивалиште беше поставено ма-кедонското знаме на 9-метарски јарбол.Пригодно обраќање пред при-сутните имаше претседателот на ОРОРМ, проф.д-р Ѓорѓи Мал-ковски. Млади поети ги презенти-раа наградените творби на конкур-сот на тема „Бранителот и херој од 2001 г. – Оливер Китановски“.За исклучителната храброст во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Р. Македонија во 2001 г., Претседа-телот на државата и врховен ко-мандант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, во 2013 г., со Медал за храброст одликува 32 припад-ника на единицата „Тигар“, меѓу кои беше и Оливер Китановски.

Живко Трајановски

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ОРОРМ

ОДБЕЛЕжАНИ 63 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПАНКО БРАШНАРОВ

шанец и македонски син, Панко Брашнаров. За неговиот живот и револуционерно дело, пред присутните потсети историчарот Слободан Ников.Инаку Советот на општина Велес уште во 2005 г. кога не се знае-ше каде почива Панко Брашна-ров, донесе одлука да се вратат неговите посмртни останки во Велес. Да се надеваме дека на-скоро еден од големите маке-донски синови и борец за својата Македонија на која го посвети целиот свој живот, конечно ќе по-чива во родната земја,таму каде што и припаѓа. А.Д.

анко Брашнаров бил народен учител и борец за социјална правда. На основачкиот кон-

грес на ВМРО (Обединета) во октомври 1925 г. бил избран за член на нејзиниот прв Центра-лен комитет. Брашнаров бил потпретседател на Президиумот на АСНОМ и како најстар бил и првиот претседавач на АСНОМ од 1944 г. Во 1950 г. бил уапсен, а следната година испратен на двегодишна ,,општествено по-лезна работа“ на Голи Оток во хрватска, каде по неколку дена во мизерни услови, болен, умира на 13 јули 1951 г. Во Велес во 2004 г. е подигнат споменик во негова чест. Споменикот е лоци-ран во новиот дел на градот, во непосредна близина на гарнизо-нот на АРМ „Алексо Демниевски – Бауман“ и е дело на академски-от скулптор Петар хаџи Бошков.И овој 13 јули 2014 г., на денот на смртта на Панко Брашнаров на 13 јули 1951 г. на Голи Оток, пред неговиот споменик во Велес се поклонија делегации на борци, претставници на КОД на АРМ, од општина Велес, од јавните инсти-туции и политичките партии. Со положување на букети цвеќе и со длабоко поклонување тие му оддадоа почит на големиот веле-

инистерот за одбрана Зоран Јолевски и шефот на Кан­целаријата за врски на НАТО

во нашата држава, морнаричкиот капетан Румен Радев остварија официјална средба во MO, при што министерот Јолевски истак­на дека Р. Македонија високо ја цени поддршката и советот од страна на Канцеларијата за врски, имајќи предвид дека наша­та држава работи и претендира да се развива и во иднина соглас­но стандардите на Алијансата. Во контекст на придонесот на нашата држава кон целите и мисиите на Алијансата, шефот

на Канцеларијата истакна дека високо се цени работата на Ре­гионалниот центар за односи со јавноста, додека истовре мено ис клу чител но се це ни учеството на припадниците на Армијата во рамки на силите ИСАФ и за­ложбата за учеството во идната мисија на Алијансата во Авгани­стан, „Од лучна поддршка“.

ВИСoКО ГО ЦЕНИМЕ ПРИДОНЕСОТ НА РМ ВО МИРОВНИТЕ МИСИИ

Page 14: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

14

„Штит” ви претставуваДЕСАНТНИОТ БРОД „USS San antonIo“ Е НАМЕНЕТ ЗА ПОДДРШКА, ТРАНСПОРТ И ДЕСАНТИРАЊЕ НА МАРИНЦИТЕ СО НИВНОТО ОРУжЈЕ И ОПРЕМА, СО ПОМОШ НА ЛЕТАЛА, ДЕСАНТНИ ПЛОВИЛА, „хОВЕРКРАВТИ“, АМфИБИСКИ ВОЗИЛА ИЛИ КОМБИНАЦИЈА ОД НАВЕДЕНИТЕ, СО ЦЕЛ ИЗВЕДУВАЊЕ АМфИБИСКИ БОРБЕНИ МИСИИ, НО БРОДОТ МОжЕ ДА СЕ КОРИСТИ И ЗА хУМАНИТАРНИ И ЗА МИРОВНИ МИСИИ

ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ДЕСАНТНИОТ БРОД ОД КЛАСАТА „USS San antonIo“ ЗАПОЧНУВА НА 17.12.1996 г. СО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО КОМПАНИЈАТА „northrop GrUmman ShIp SyStemS“. КОБИЛИЦАТА НА БРОДОТ Е ПОСТАВЕНА НА 9.12.2000г. ПРВИЧНО БИЛО ПЛАНИРАНО БРОДОТ ДА БИДЕ ПРЕДАДЕН НА АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА НА 17.7.2002г., НО ПОРАДИ ПОВЕќЕ ПРИЧИНИ ДОАѓА ДО ОДЛОжУВАЊЕ ОД НЕКОЛКУ ГОДИНИ. НА 14.1.2006г. ПРВИОТ БРОД ОД КЛАСАТА „USS San antonIo“ ОфИЦИЈАЛНО Е ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА НА АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА. ЗА ПОТРЕБИТЕ НА АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА СЕ ПОРАЧАНИ 12 БРОДОВИ ОД КЛАСАТА „USS San antonIo“, КОИ ПОРАДИ СОВРЕМЕНИТЕ ТЕхНОЛОШКИ И ТАКТИЧКО-ТЕхНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ќЕ ЗАМЕНАТ 41 СТАРИ ДЕСАНТНИ БРОДОВИ ОД КЛАСИТЕ LpD 4, LSD36, LSt 1179 И LKa 113.СО ЦЕЛ НАМАЛУВАЊЕ НА РАДАРСКИОТ ОДРАЗ НА БРОДОТ, НАМЕСТО КЛАСИЧНИ ЈАРБОЛИ СЕ ПОСТАВЕНИ 2 ОСМОАГОЛНИ КУПОЛИ НАПРАВЕНИ ОД КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ, ОБОЕНИ СО БОЈА ЗА ВПИВАЊЕ НА РАДАРСКИТЕ ЗРАЦИ. КУПОЛИТЕ ЈА ИМААТ ОфИЦИЈАЛНАТА ОЗНАКА aem/S (aDVanceD encLoSeD maSt/ SenSor SyStem – НАПРЕДЕН ЗАТВОРЕН ЈАРБОЛ/ СЕНЗОРСКИ СИСТЕМ), А ВО НИВНАТА ВНАТРЕШНОСТ СЕ СМЕСТЕНИ РЕЧИСИ СИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ СЕНЗОРИ. БРОДОТ Е ОПРЕМЕН СО 3D-ПРЕБАРУВАЧКИОТ РАДАР an/SpS-48e, СО DoppLer-РАДАРОТ an/SpQ-9e И СО 2D-РАДАРОТ an/SpS-73. ЗА КОМАНДУВАЊЕ И КОНТРОЛА БРОДОТ Е ОПРЕМЕН СО СЛЕДНИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМИ: an/SpQ-12(V), an/KSQ-1, an/USG-2 cec, an/USQ-119c(V)27 JmcIS и др. НА ГОРНИОТ ЗАДЕН ДЕЛ ОД БРОДОТ Е ПОСТАВЕНА СЛЕТУВАЧКА ПАЛУБА ОД КОЈА ИСТОВРЕМЕНО МОжЕ ДА СЛЕТААТ/ПОЛЕТААТ САМО ДВА хЕЛИКОПТЕРИ „ch-53e“, ИЛИ ЕДЕН БОРБЕН АВИОН „aV-8B“ ИЛИ 2 КОНВЕРТИПЛАНИ „mV-22“ ИЛИ

четири „UH-1“ или четири „AH-1“. Во хангарот за летала, поради ограничениот простор, може да се смести само еден тежок хеликоптер „CH-53E“ или само еден конВертиплан „MV-22“ или само еден борбен аВион „AV-8B“ или само дВа средни хеликоптери „CH-46“ или три хеликоптери „UH-1“ или три борбени хеликоптери „AH-1“. на задниот дел од бродот е и потопуВачкиот док, кој со рампи е поВрзан со хангарите за Возила (поделени на три ниВоа), чија поВршина изнесуВа 2.323 m². Во потопуВачкиот док стандардно се сместени дВа десантни „хоВеркраВти LCAC“ или едно конВенционално десантно плоВило „LCU“. но, по потреба, наместо плоВилата може да сместат 14 амфибиски оклопни Возила „AAV7“. за изВедуВање на борбено-десантни операции на бродот може да се сместат 699 лица (66 офицери и 633 маринци) со ниВната комплетна опрема, A за пократки дестинации на бродот може да се сместат максимум 800 Војници. покрај капацитетите за сместуВање на Војниците, бродот поседуВа и болница со 2 операциони сали, оддел за болничко сместуВање на 24 пациенти и можност за згрижуВање на максимум 100 поВредени лица.за самоодбрана од летала и ракети бродот е опремен со 2 лансери на ракети тип „Mk31 Mod0“, наменети за лансирање на протиВаВионските ракети „RIM 116“, кои имаат дострел од 8 km. за самоодбрана се Вградени и 2 стабилизирани аВтоматски топоВи „Mk46 Mod 2“, со калибар од 30 MM, кои имаат брзина на стрелба од 250 гранати Во минута, плус 2 тешки митралези Mk26 Mod 17, со калибар од 12,7 mm. со цел зголемуВање на заштитата од напади Врз бродот, Вградени се и системи за електронско ВојуВање и системи со мамки, и тоа системот за електронско ВојуВање AN/SLQ-32Q(V)2, системот со Влечни мамки за торпеда AN/SLQ-25A NIXIE и дВата лансирни системи на мамки за одбрана од ракети „Mk36 SARBoC“ и „Mk53 / NULkA“. како глаВен погон Во бродот се Врадени 4 турбo-дизел мотори „CoLt-PIELStICk 2.5 StC“, со Вкупна моќност од 41.600 кс, додека за напојуВање со електрична енергија се Вградени 5 дизел-генератори од по 2.500 kw.

Ивица Дамески

1. Крмена (задна) рампа2. хелиодромска палуба со 2

слетувачки позиции 3. Контролна станица за леталата4. хангар за леталата5. Оџак6. лансер на ракети тип „Mk31 mod

0“, за противавионските ракети „RAM 116“

7. Радар „AN/SPS-48E“8. Современи затворени јарболи

опремени со електронски сензорски системи

9. Простории за сместување на екипажот

10. Простор за сместување на 2 чамци, еден од 7 m и еден од 11 m

11. Простории за сместување на екипажот

12. Радар „AN/SPQ-9B“

Десантен брод „USS San Antonio LPD-17“

1

23

Page 15: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

15

Десантен брод „USS San Antonio LPD-17“

13. Систем за електронско војување „SLQ-32A“

14. Магацини15. Простор за сместување на еден

јуришен чамец „RHIB“ и кран за спуштање/ кревање на чамецот од вода

16. Медицински оддел17. Три нивоа (хангари) за сместување

на возила со вкупна површина од 2.323 m²

18. Карго-простор19. Потопувачки док за сместување

на два десантни „ховеркравти LCAC“ или едно десантно пловило „LCU“

20. Баласт-резервоари21. Погонска оска22. Пропелер 23. Кормило

ТАКТИЧКО- ТЕхНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „USS San antonIo LpD-17“

еКИПАЖ 363 (28 офицери, 332 морнари и 3 маринци)

ДОлЖИНА 208,5 m

ДОлЖИНА НА ВОДеНА лИНИЈА 201,4 m

ШИРОчИНА 31,9 m

ШИРОчИНА НА ВОДеНА лИНИЈА 29,5 m

ГАС (МАКСИМУМ) 7 m

СТАНДАРДеН ДеПлАСМАН 27.079 тони

МАКСИМАлеН ДеПлАСМАН ПРИ АМФИБИСКИ ОПеРАЦИИ 25.000 тони

БРЗИНА 22 јазли

ПОГОН 4 турбo-дизел мотори „Colt-Pielstick 2.5 STC“ со вкупна моќност од 41.600 кс

СлеТУВАчКИ МеСТА НА ПАлУБАТА 2 позиции

2 3

45

6

7

8

9

10

11

8 12

13

1415

16

17

1819

202122

Page 16: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

16

а почетокот на 1967 г. британската компанија „Хокер сидлиј“ (Hawker Siddeley) доби нарачка за сериско производство на 61 примерок од

својот нов револуционерен јуришен и из-видувачки борбен авион со вертикално кра-тко полетување и слетување (В/СТОЛ), кој британското Министерство за одбрана го означи како „Хериер ГР.Мк 1“ (Harrier GR.Mk 1). Единечната цена на овој едносед изнесу-ваше 850.000 британски фунти. Првиот се-риски произведен „Хериер“, регистарска оз-нака ХВ738 (XV738), полета на 28 декември 1967 г. и, иако беше многу сличен со својот претходник „Кестрел“ (Kеstrel), па дури и со првиот прототип на „П.1127“ (P.1127), во технолошка смисла претставуваше нов ави-он кој беше 93% редизајниран во однос на „Кестрел“. Авионот „Хериер ГР.Мк 1“ имаше подобрен систем за управување со насочу-ваните издуви, видоизменети отвори за до-вод на воздух до моторот, а со промените на крилата и со поместување на центарот на гравитација нанапред беше постигната и поголема стабилност на леталото. Потешко-тиите кои „П.1127“ и „Кестрел“ ги имаа при слетување во услови на бочен ветaр беа надминати со целосно редизајнирање на стојниот трап на „Хериер“.Авионот „Хериер“ официјално (на хартија) стапи во служба на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) на 1 април 1969 година, иако реално првиот „Хери-ер ГР.Мк 1“ му беше испорачан на РАФ на 18 април 1969 г., со што тој авион стана прв оперативен В/СТОЛ-борбен авион во историјата на авијацијата. Во меѓувреме, во 1968 г. „Ролс-ројс лимитид“ (Rolls-Royce Limited) за 63,6 милиони фунти го купи про-изводителот на мотори „Бристол сидлиј енџинс“ (Bristol Siddeley Engines), по што ре-волуционерниот мотор на „Хериер“ го доби

„Хериер“ беше преименуван во Единица за преобука на „Хериер“ (Harrier Conversion Unit, HCU), која веднаш беше исправена пред предизвикот да го поддржи амби-циозниот владин план кој предвидуваше во најкус можен рок на територијата на Сојузна Република Германија да се изгради воздухопловна сила од три нови В/СТОЛ-сквадрони. Планот започна да се реализи-ра на 22 јуни 1970 г. кога во британската воздухопловна база „Вилденрат“, лоцирана во СР Германија, со „Хериер ГР.Мк 1“ беше превооружен 4. сквадрон на РАФ. Четири месеци подоцна, на 1 октомври 1970 г., т.н. Единица за преобука на „Хериер“ беше при-менувана во 233. единица за оперативна преобука (No. 233 Operational Conversion

Првата генерација британски В/СТОЛ-борбени авиони „Хериер“ (2)

ОД П.1127 ПРЕКУ „КЕСТРЕЛ“ ДО „ХЕРИЕР“

новото и конечно име „ролс-ројс пегасус“ (Rolls-Royce Pegasus), име под кое се про-изведуваше сè до 2005 година. Прва бри-танска „хериер“-формација беше т.н. Тим за преобука на „хериер“ (Harrier Conversion Team, HCT, со седиште во воздухопловната база Витеринг. Оваа единица беше форми-рана на 1 јануари 1969 г. т.е. пред „хериер“ да стапи во РАФ и истата во април 1969 г. започна да создава инструкто ри и пилоти за новиот авион. Со првите ква лификувани пилоти и со нови едноседи „хе риер ГР.Мк 1“ на 1 октомври 1969 г. во Ви теринг започ-на превооружување на 1. сквад рон (No.1 Squadron) на РАФ, кој на тој на чин стана првиот В/СТОл-сквадрон во светот.На 1 април 1970 г. т.н. Тим за преобука на

Page 17: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

насловна фотографија: Четвртиот произведен „Хериер гр.Мк 1“, забележан во април 1969 г. со инсталиран уред за надополнување гориво во воздуХ (фото: колекција „белч“)

1. трио „Хериер гр.Мк 3“ од составот на 4. сквадрон на раф, забележани на небото над ср герМанија во седуМдесеттите години на Минатото столетие

2. Музејски приМерок на „Хериер гр.Мк 3“ на кој јасно се гледа решението на стојниот трап, голеМата подтрупна воз-душна коЧница и поставеноста на топовските пакувања „аден Мк 4“

3. „Хериер т.Мк 2а“, опреМен со висок вертикален стабилизатор (фото: колекција „столзе“)

4. на оваа слика на „Хериер т.Мк 4“, јасно се забележува повисоката поставеност на вториот кокпит и знаЧително продолжената опашка на леталото. авионот е опреМен со низок вертикален стабилизатор (фото: дејвид илот)

17

Unit, 233 OCU), а истата година на 1 декември 1970 г. во „Вилденрат“ беше реактивиран и 20. сквадрон на РАФ. Само 13 месеци подоцна, на 1 јануари 1972 г., со авионите „хериер ГР.Мк 1А“ беше реакти-виран и 3. сквадрон на РАФ, со што успешно заврши изградбата на „Крило хериер“ (Harriеr Wing) на територијата на СР Германија.

ЕДНОСЕДИТЕ НА РАфКратко по стапувањето во РАФ, субсоничниот „хериер“ изненади со неколку извонредни достигнувања и рекорди. Имено, управуван од мајорот Том леки Томсон, „хериер“ победи на Дневната трансатлант-ска поштенска трка која се одржа од 4 до 11 мај 1969 г., на која во конкуренција од 390 цивилни и воени натпреварувачи (меѓу нив и учесници со суперсонични борбени авиони) „хериер“ успеа со четири надополнувања на гориво во воз-дух за само 6 часа и 11 минути да го совлада растојанието лондон – Њуjорк. Неполни две години по-доцна, на 5 јануари 1971 г., леки-Томсон во два наврати полета вер-тикално и прво го подигна својот „хериер“ на 9.000 метри за 1 мин. и 44,7 секунди, а потоа и на 12.000 метри за 2 мин. и 22,7 секунди. За потребите на РАФ сериски беа произведени 61 едносед „хериер ГР.Мк 1“ придвижувани од мотор „пегасус 6 Мк.101“ со потиснување од 84,43 kN. За изведување на јуришната намена овој авион на четири поткрилни и една централ-на подтрупна станица можеше да понесе најразличен товар со максимална дозволена тежина од 2.268 кг (познато е дека авионот без проблем има подигнато товар од дури 3.630 кг). Во максималната дозволена тежина се пресметани и две едноцевни топовски пакувања „Аден Мк 4“ (Aden Mk 4), секое со борбен комплет од 130 гранати калибар 30 мм. Овие топовски пакувања се закачуваат под трупот т.е. лево и десно од централната подтрупна станица и меѓу друго-то, служат и како стабилизатори кои значително придонесуваат за формирање на аеродинамичка пер-ница при полетување/слетување на авионот. За остварување на извидувачката намена во носот на „хериер ГР.Мк 1“ стандардно беше вградена 70 милиметарска камера за косо аерофото снимање од ти-пот „Ф.95 Мк 7“ (F.95 Mk 7). Изви-дувачките можности на „хериер“ на мали височини и во дневни услови беа дополнително истакнати со опремување на дел од авионите со извидувачкото пакување „Винтен“ (Vinten), кое имаше маса од 186 кг и претставуваше комплексен систем со четири 70 мм камери за косо снимање Ф.95 Мк 7 и една 127мм вертикална камера „Ф.135“.Појавата на моторот „пегасус 10 Мк.102“ со потиснување од 91,2 kN резултираше со сериско производ-ство на дополнителни 17 авиони,

од 2-20 GHz. Авионот стандардно беше опремен и со систем за так-тичка воздухопловна навигација, како и со систем за идентификација пријател-непријател.Како придобивка од посилниот мо-тор „хериер ГР.Мк 3“ на секоја вна-трешна поткрилна станица можеше покрај стандардниот отфрлувачки горивен резервоар од 455 литри да понесе и голем фиксен резер-воар за долги летови со капацитет од 1.500 литри. Во периодот 1976-1986 г. сериски беа произведени 40 авиони „хериер ГР.Мк 3“, а кон овој стандард беа приспособени и 61 примерок „ГР.Мк 1/1А“. Суми-рано, во РАФ служеа вкупно 101 борбен авион „хериер ГР.Мк 3“, а за потребите на британското Во-ено воздухопловство во Кингстон на Темза, вкупно во три верзии беа произведени 118 едноседи „хери-ер“, кои беа испорачувани до РАФ во пакет со монтажен фиксен уред за надополнување со гориво во воздух.

БРИТАНСКИТЕ ДВОСЕДИ „хЕРИЕР“, ЕНИГМА ОД ОЗНАКИКратко по воведувањето на „хе-риер ГР. Мк 1“ во служба на РАФ се појавија и првите проблеми во процесот на обучување нови пилоти, како и во процесот на те-ковна експлоатација на леталото. Имено, невообичаените летни карактеристики на авионот и не-соодветната обука доведоа до првите оштетувања и загуби на летала. Главна причина за негатив-ниот тренд беше недостатокот на двосед-тренажер кој би ја зголемил безбедноста и квалитетот на обука-та и би придонел за зголемена про-

придвижувани од тој мотор и озна-чени како „хериер ГР.Мк 1А“. Овие летала му беа испорачани на РАФ меѓу јуни 1971 г. и јануари 1972 г. Дополнително, кон стандардот „ГР.Мк 1А“ низ процес на замена на мо-торите беа приспособени 41 авион „хериер ГР.Мк 1“, со што вкупниот број „хериер ГР.Мк 1А“, кои служеа во РАФ нарасна на 58.Последната и најмодерна едносед-на верзија на „хериер“ за РАФ ја носеше ознаката „ГР.Мк 3“ и истата беше придвижувана од мотор „пе-гасус 11 Мк.103“ со потиснување од 95,64 kN и значително зголемен работен век од 600 часа (во спо-редба со 200 часа кај претходните верзии на „пегасус“). Иницијално, „хериер ГР.Мк 3“, визуелно не се разликуваше од своите претход-ници, но тоа се промени кон крајот на седумдесеттите години на ми-натото столетие кога РАФ започна масовно да го опремува тој авион со т.н. „Снупи“-нос („Снупи“ е познат американски цртан јунак, куче со из-разен цилиндричен нос) во кој беше сместен ласерски мерач на дале-чини и трагач на обележани цели „феранти тајп 106“ (Ferranty Type 106), како и 70мм камера „Ф.95 Мк 7“. Во однос на опремата, „хериер ГР.Мк 3“ имаше нов и современ интегриран навигациско-нападен систем „Феранти Фе 541“ (Ferranty FE 541), кој беше опремен со кок-питски дисплеј за презентација на подвижна мапа, како и со па-сивен систем за регистрирање и предупредување на опасност од радарска озраченост од типот „Маркони АРИ.18223“ (Marconi ARI.18223), чувствителен на емите-ри кои работат во фреквентен опсег

Page 18: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

18

Првиот „хериер Т.Мк 2“ стапи во служба на 233. единица за оперативна преобука во јули 1970 година. Ова летало поседуваше целосен авионички, навигациски и јуришен пакет, стандарден за „хериер ГР.Мк 1“. Со други зборови, „хериер Т.Мк 2“ беше тре-нажер, но и полнокрвен борбен авион, иако за негова употреба во борбена намена се препорачуваше намалување на тежината преку отстранување на второто седиште и подтрупниот вертикален стабилизатор. Ис-куствата стекнати во првите години од упо-требата на двоседите покажаа дека надолж-ната (лонгитудинална) стабилност кај тие летала критично се намалува при летање на нападни агли поголеми од 15°. Овој не-достаток беше надминат кај само неколку

двоседи со нивно опремување со нов, за 46 см повисок вертикален стабилизатор.По јавата на „хериер ГР.Мк 3“ беше ини -цијална каписла за понатамошна мо дер-низација на сите 13 двоседи „хериер Т.Мк 2А“. Па, така, 12 авиони беа модернизирани во новиот стандард „Т.Мк 4“, кој подразбира-ше опремувањето на споменатите двоседи со мотор „пегасус 11 Мк.103“, со Снупи-нос, како и со пасивен систем за регистрирање и предупредување на опасност од радарска озраченост. Овие летала беа компактибил-ни со „хериер ГР.Мк 3“, со исклучок што во инструкторскиот кокпит недостасуваше дисплеј за презентација на подвижната мапа. Дополнително, еден „хериер Т.Мк 2А“ беше модернизиран во „Т.Мк 4А“, што е оз-нака за тренажер идентичен со „Т.Мк 4“, но без „Снупи“-нос и борбена опрема.Во периодот 1976-1987 г., покрај мо дер-низацијата на 13 авиони „Т.Мк 2А“ во стан-дардите „Т.Мк 4/4А“, сериски беа произ-ведени уште 12 нови двоседи, и тоа седум „хериер Т.Мк 4“ и пет „хериер Т.Мк 4А“. Во бројката нови „Т.Мк 4А“ влегува и еден ави-он кој го плати Кралската морнарица, а кој заедно го користеа морнарицата и РАФ. Со отстранување на Снупи-носот и борбена-та опрема, низ годините во „Т.Мк 4А“ беа трансформирани уште четири „хериер Т.Мк 4“ на РАФ.Кога сме кај авионите „Т.Мк 4“, треба да се спомене дека според овој стандард во 1971 г. беше произведен уште еден до-полнителен авион, кој официјално беше означен како „хериер Т.Мк 52“, а кој за тестирања и промотивни активности ини-цијално го користеше „хокер“, а подоцна и „Бритиш ерспејс“ (British Aerospace, BAe), воздухопловен гигант кој беше создаден со

фесионална оспособеност на пилотите на едноседите „хериер“.Првите чекори насочени кон соз давање на двосед „хериер“ беа иницирани во јуни 1966 г. кога Владата на Велика Британија автoризираше студиска програ-ма за проучување на можноста и цената на развој на двосед „хериер“. По завр-шените истражувања „хокер“ го извести лондон дека е во состојба да развие и се-риски да произведува двосед „хериер“ по цена од 1,15 милиони фунти. Во дописот на „хокер“ стоеше дека двоседот, покрај за обука на пилоти, ќе може да се користи и како борбен авион со слични перформанси, вооружување и опрема како и едноседот. Ставот на британското Министерство за одбрана беше позитивен и во 1967 г. „хо-кер“ доби договор за производство на два развојни двоседи кои беа означени како „хС.1174“ (HS.1174), чие создавање ги чи-неше британските даночни обврзници 10 милиони фунти.Главниот предизвик во создавањето на авионите „хС.1174“ беше да се најде на-чин како во целосно пополнетиот простор на „хариер ГР.Мк 1“ да се интегрира уште еден кокпит. Решението беше најдено во целосно редизајнирање на носот на едно-седот, на тој начин што постојниот кокпит беше поместен нанапред, а зад него беше додаден нов инструкторски кокпит, кој по-ради потребата за подобра видливост за инструкторот, но и поради потребата од простор за вовлекување на носната нога од стојниот трап беше поставен 45 см по-високо во однос на предниот кокпит на пилотот-ученик. Како резултат на оваа модификација, носот беше продолжен за 117,5 см, а капаците на двата кокпити добија нов начин на отворање (бочно на-место со лизгање наназад како кај едносе-дот). Значителни измени претрпе и опашка-та, каде вертикалниот стабилизатор доби зголемена површина и висина и истиот беше поместен наназад за 83,2 см. Нана-зад беше поместена и реакционата млаз-ница, која беше сместена во ново куќиште во форма на издолжен накривен конус, кој со тежина од 77 кг, всушност претста-вуваше тег за запазување на центарот на гравитација на леталото. Во насока на постигнување добро избалансирано лета-ло, инженерите ја зголемија површината на подтрупниот вертикален стабилизатор а воедно ја преместија инерцијалната плат-форма и камерата од носот на авионот во делот под вториот кокпит. Сите овие про-мени го направија „хС.1174“ значително подолг и за 204 кг потежок од „хериер ГР.Мк 1“.Првиот „хС.1174“, регистарска ознака хВ174 (XW174), полета на 24 април 1969 г., следен од вториот развоен двосед на 14 јули 1969 година. Сериското производство на првите 14 двоседи „хериер“ започна во втората половина на 1969 г., а на леталото придвижувано од мотор „пегасус 6 Мк.101“ му беше доделена ознаката „хериер Т.Мк 2“. Првиот сериски произведен „хериер Т.Мк 2“ полета на 3 октомври 1969 г. Во стандард „Т.Мк 2“ беа произведени девет авиони, додека преостанатите пет авиони добија посилен мотор „пегасус 10 Мк.102“ и соодветно беа означени како „хериер Т.Мк 2А“. Подоцна, со замена на моторите кон стандардот „Т.Мк 2А“, беа приспособе-ни осум авиони „Т.Мк 2“.

национализацијата од 1977 г. и кој во својата структура ја интегрираше и компанијата „хокер сидлиј“. Исто така, интересно е да се нотира дека кај авионите „Т.Мк 4/4А“ сосема очекувано се среќаваат два типови вертикални стабилизатори т.е. низок и ви-сок. Конечно, интересно е да се напомене дека во периодот 1983-1985 г. вториот раз-воен двосед „хС.1174“, регистарска ознака „хВ175“ (XW175), беше трансформиран во тест-летало означено како „хериер Т.Мк 4А“. Иако визуелно непроменет, овој авион доби нов мотор (прво „пегасус 10 Мк.102“, а потоа „пегасус 11 Мк.103“), модернизиран втор кокпит и нов систем за управување, сето тоа за потребите на програмата „На-предни контроли за летање кај воздухопло-

ви со векторирано потиснување“ (Vectored-thrust Aircraft Advanced flight Control - VAAC). Оваа програма од 1986 до 2010 г. ја водеа британски истражувачки институции и преку неа САД стекнаа драгоцени сознанија кои ги применија при развојот на новиот борбен авион „Ф-35 лајтнинг 2“ (F-35 Lighting II).Описот на двоседите го завршуваме со информацијата дека за потребите на Крал-ската морнарица во 1983 г. беа произве-дени три двоседи „хериер Т.Мк 4Н“ (Harrier T.Mk 4N), без Снупи-нос и со авионика стандардна за палубниот ловечки, извиду-вачки и јуришен В/СТОл-борбен авион „Си хериер ФРС.1“ (Sea Harrier FRS.1). Појавата на помодерниот морнарички едносед „Си хериер Ф/А.2“ (Sea Harrier F/А.2) доведе до модернизација и на морнаричките двоседи „хериер“. Па, така, во периодот 1994-1997 г. беше извршена конверзија на три морна-рички „Т.Мк 4Н“ и четири „Т.Мк 4“, преземе-ни од РАФ во новиот стандард „хериер Т.Мк 8“, кој го карактеризираше мотор „пегасус 11-21 Мк.106“ со потиснување од 96,7 kN и модифицирани кокпити компактибилни со „Си хериер Ф/А.2“. Конечно, за потребите на индиската морнарица беа ремонтирани два „Т.Мк 4“, преземени од РАФ. На овие Снупи-летала им беше доделена ознаката „хериер Т.Мк 4(И)“, и тие ì беа испорачани на Индија во септември 2002 година.Сумирано, вклучувајќи ги и развојните авио-ни за потребите на РАФ, на Кралската мор-нарица и за останатите британски потреби во периодот 1969–1987 г. во Кингстон на Темза беа произведени 32 двоседи „хери-ер“, кои беа испорачани до корисниците со монтажен фиксен уред за надополнување гориво во воздух.

Игор Божиновски

Page 19: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

-технологијата (RFID - ан-глиски: Radio Frekvency Identification, во слободен превод: Идентификација

по пат на радиофреквенција), денес има ши-рока примена, како во цивилните така и во воените системи со различни намени, а во наредниот период се предвидува поголем пораст на нејзината примена, бидејќи голе-мите компании во оваа поле препознаваат голем пазар и се подготвуваат за него.Постојаните и брзи промени во безбеднос-ната сфера предизвикуваат нови безбед-носни предизвици и закани за државите, каде фокусот е пред се на невоените закани, поради што е изменета и улогата, намената и значењето на вооружените сили ширум светот. Во склад со овие промени и логисти-ката морала да се прилагодува на новите побарувања и потреби на вооужените сили. Важна улога во реализацијата на задачите во рамките на мисиите на вооружените сили има примената на информационите техноло-гии и информатичката поддршка во целост. Со користење на современи командно-ин-формациони системи можна е употреба на РФИД-технологијата во вооружените сили, од аспект на оптимизирање на собирањето на податоци во логистиката. Задачите на воената логистика во текот на осигурувањето на сите потребни ресурси во функција на поддршката на целите, плано-вите и операциите бараат точни и благовремени информации за состојбата на сите рас-положиви ресурси во системот на одбра-ната. Со оглед на динамиката на промените и постојаноста на процеси-те во совре-мените ар-мии, како ед ин ствено ре шение во про цесот на донесување на одлука во согласност со основните принципи на навре-меност и ефикасност во извршувањето на задачите, се наметнува употребата на флек-сибилните информациони системи.Во овој текст ќе ја прикажеме примената на РФИД-технологијата за потребите на воените логистики во повеќе земји. РФИД-

да се поделат на тие кои може само да се читаат, на тие на кои може само еднаш да се запише информацијата, повеќепати да се читааат, како и на такви на коишто можат да се читаат и да се запишуваат информации. Најчеста поделба на етикетите е според из-ворот за напојување, бидејќи таа карактери-стика најмногу влијае врз нивната можност за употреба на различни производи и во различни услови. Според видот на изво-рот на напојувањето постојат три основни етикети: пасивни етикети, кои немаат соп-ствено напојување туку користат енергија која ја емитува читачот за да ги испратат податоците со кои располагаат; полуактивни етикети кои имаат свој извор на напојување (батерија) и електроника за изведување на специјализирани задачи и активни етике-ти кои, исто така, имаат сопствен извор на напојување (батерија), која е наменета да обезбеди струја за чипот на етикетата, која генерира сигнал што се испраќа.Уредот кој во РФИД-системот е задолжен за комуникација со етикетата се нарекува РФИД-читач. По собирањето на податоци-те од една или повеќе етикети, тој ги праќа до компјутерот, така што претставува врска помеѓу етикетата и информациониот си-стем. Читачите содржат антена за читање и приклучок за поврзување со системот за обработка на податоците или со компјутер. Исто така, читачите можат да служат и за запишување на податоците во етикетите. Според видот на интерфејсот кој читачот го користи за комуникација, се разликуваат се-риски и мрежни, а во зависност од мобилно-ста, постојат стационарни и мобилни читачи.Неопходен дел на секој РФИД-систем е и РФИД-компјутерот или, поточно, ком-пјутерскиот систем, кој се состои од компјутерски хардвер и софтвер за про це су-ирање на податоците. РФИД-технологијата може да се употреби во која било област која бара точна и брза идентификација, без контакт и од одреде-ни растојанија и со пренос на опфатените податоци. Контрола на пристап, транс-порт, синџири на снабдување и производ-ство, се само дел од областите каде оваа технологија најчесто се применува. Постојат и низа на примери на употреба на РФИД-технологијата, како на пример во водење на ос нов ните средства, на п лата на паркинг, наплата на патарина, сле дење на поштен-ски пратки, следење на аеродромски багаж,

технологијата во воената логистика

РФИДтехнологијата претставува систем за авто-матско собирање на податоци, кој им овоз-можува на работните процеси по безжичен пат да прифаќаат и да пренесуваат подато-ци, користејќи радиобранови.РФИД-технологијата овозможува един-ствено означување на поединечни про-изводи или ресурси и нуди видливост во реално време во процесот на испораката и складирањето. Со помош на оваа технологија можно е да се следат објекти со минимална човечка интервенција, што потенцијално може да влијае врз намалување на време-то за складирање во ланците на испорака,

намалување на оперативните трошоци и видливост во целиот ланец на испорака во реално време. РФИД-технологијата се базира врз систем кој се состои од три главни компоненти: РФИД-етикета, читач и компјутерски систем. Основен елемент на системот претставува РФИД-етикетата (англ. tag – етикета, ознака), која може да се појави во вид на налепница (чија големина варира од минијатурна по-штенска марка до разгледница), или некој друг предмет кој се вградува во производот или се прицврстува на него (големината, исто така, варира, а најмалата може да биде кол-ку зрно ориз).етикетата се состои од силиконски микрочип во чија меморија се запишуваат податоците и антена која ги прима и ги праќа радиобра-новите. етикетите, во зависност од можно-ста за запишување на податоците, може

19

Page 20: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

20

биле означени. Во 2001 година опремата испорачана во Авганистан за потреби-те на операцијата „Трајна слобода“ била 85% означена. Придобивките од РФИД-технологијата се бројни, како за армијата на САД така и за снабдувачите. Таа овоз-можува автоматизирано прифаќање на податоците, што резултира со ефикасно следење на материјалите. Снабдувачите со користење на РФИД-технологијата го уна-предуваат планирањето, побрзо одговара-ат на барањата, поефикасно сторнираат

дефектна стока и побрзо ја наплатуваат својата стока. Придобивките за армијата на САД се гледаат во напредното управување со резервите, подобрена продуктивност, елиминација на двојни нарачки, автомати-зиран прием, унапредено инвентарирање, менаџирање и прегледност на испораките и подобро следење на средствата.Армијата на САД смета дека РФИД-технологијата треба да им овозможи на воените логистичари да создадат един-ствено интегрирано информирање за средствата. Визијата во поглед на РФИД-технологијата е таа да се применува секаде каде што тоа ќе биде потребно во ланецот на снабдување, со цел да се унапреди по-мошта на војниците на бојното поле.

ПРИМЕНА НА РфИД-ТЕхНОЛОГИЈАТА ВО АРМИИТЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИПокрај американската војска, и одредени армии на европските земји како Данска, Шпанија, Шведска и Полска ја употребува-ат оваа технологија во своите логистички системи.Неефикасноста, загубите и безбеднос-ните пропусти, неефикасната употреба на транспортните средства, неправилно-то пакување и означување на пратките, несложувањето при инвентарирањето и

обележување на живот-ни или, на пример, за за-штита на предмети од кражба. Контролата на влез и на работното време е уште една ти-пична апликација, како и контролата на при-стап на одредени ло-кации. Контроверзна примена на РФИД-технологијата се од-несува на универзал-ниот биочип кој би

можел да ги замени сите документи кои луѓето денес ги користат (лична кар-та, пасош, возачка дозвола, здравствена книшка, кредитни картчки и така натаму).

ПРИМЕНА НА РфИД-ТЕхНОЛОГИЈАТА ВО АРМИЈАТА НА САДланецот на снабдување на Армијата на САД е комплексен бидејќи се набавува сè што може да се замисли, од муниција, ави-они преку лекови, чорапи, шатори, храна и уште многу друго. Покрај тоа, напред наве-деното потребно е да се транспортира ши-рум светот, вклучувајќи и места кои немаат современа инфраструктура.Ако се има предвид големината на ланецот на снабдување, тогаш не треба да чуди фактот дека имало, дека има и дека и по-натаму постои одреден степен на неефи-касност, загуби и безбедносни пропусти. Меѓутоа, направен е огромен напредок во искоренување на тие проблеми откога е започнато со употребата на активните РФИД-етикети во средината на деведесет-тите години на минатиот век за следење на контејнерите. Денес радиофреквентната мрежа на транспортната видливост, систем за следење на товар кој е базиран врз ак-тивната РФИД-технологија, има логистички јазли во повеќе од 40 земји и 4.000 лока-ции и следи во просек дневно околу 35.000 пратки ширум светот. Армијата на САД користи активни РФИД-етикети од 1993 година за следење на средствата и на опремата на употреба, како и на резервите. Употребата на РФИД-етикетите е одговор на научените лекции од операциите „Пустински штит“ и „Пу-стинска бура“ од 1990 и 1991 година. Кон крајот на 1995 година американските сили разместени во Босна и херцеговина, како дел на НАТО-силите имале означено околу 35% опрема. До пролетта 1999 година, околу 75% од опремата ангажирана за по-требите на силите на Косово и Метохија

проблемите околу следењето на пратките и пронаоѓањето на делови и потрошниот материјал упатуван во единиците, се само некои од проблемите кои ја иницирале имплементацијата на РФИД-технологијата.Оправданоста за примената на оваа технологија може да се искаже низ бројните придобивки кои се добиени со имплементацијата на решенија кои се ба-зираат врз база на РФИД-технологијата. Тоа се гледа, пред сè, во значајното подобрување на пополнетоста на резер-вите, елиминацијата на двојните нарачки, замената на рачните процедури, подо-бреното следење на средствата, интеро-перабилноста со коалиционите партнери, поголемата ефикасност и ефективност во ланецот на снабдување, оперативната ефикасност и зголемената самодоверба кај војниците.

ПРИМЕНА НА РфИД-ТЕхНОЛОГИЈАТА ВО ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКАОваа технологија во израелската војска е имплементирана од 2005 година. Израел-ските одбранбени сили сакале да ја унапре-дат ефикасноста во следењето на воените резерви за потребите на одржувањето, складирањето и внатрешниот сообраќај, видливоста помеѓу локациите, како и да спречат губење на опрема. Проектите вклу-чуваат следење и управување со палети, камиони за испорака, делови за тенкови и контејнери со вооружување.Воведувањето на технологијата е врше-но постепено во разни единици, а во првата фаза е спроведено во областа на снабувањето со гориво. Биле контроли-рани резервоарите во воените единици, интегрирајќи ги РФИД-етикетите и допол-нителните сензори кои овозможуваат при-ем на податоци за врстата и точниот износ на гориво во нив заради „намалување на губење на гориво“ во израелската војска. Израелските одбранбени сили го кори-стат системот „GASNGO“ на израелската компанија „GASNGO“. Тоа е систем за авто-матско полнење на гориво, идентификација на возила и решение за управување со возниот парк. Се состои од четири компо-ненти кои се едноставни за користење и незабележано се интегрираат во кој било станичен контролер кој веќе е инсталиран на бензинската станица.Две компоненти од овој систем се инста-лираат на бензинската станица, а нивната намена е идентификација и верификација на возилата, контрола на комуникацијата и проток на податоците од возилата до менаџерот на возниот парк преку инстали-раните контролори.GSC (Gas Station Communicator)-ко му ни-катор на бензинската станица е интегриран со контролерот на бензинската станица и е одговорен за комуникација со читачите и мерачите.читачот е монтиран на секоја млазница на бензинската пумпа и има безжичен примо-предавател кој ги чита РФИД-етикетите на возилата и ги пренесува информациите на комуникаторот на бензинската станица.Две „GASNGO“ компоненти се инсталира-ат на возилото за полесно читање и пре-нос на податоците за возилото, со цел одобрување на трансакцијата. Првата ком-понента е РФИД-етикетата, која е наменета да го идентификува возилото, а втората е мерач, уред кој ги чита мерните податоци

Page 21: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

21

за возилото и безжично ги пренесува до ко-муникаторот на бензинската станица. Функционирањето на системот „GASNGO“ е едноставно. Кога ќе се идентифику-ва возилото, системот праќа барање за авторизациија со единствениот идентифи-кациски број на возилото на одобрување во центарот за авторизација. По праќањето на барањето, центарот за авторизација ги обработува податоците по што дозволува или забранува трансакција на гориво на станицата.Комуникаторот на бензинската станица се поставува на соодветно место на бензин-ската станица. Дизајниран е да ги издржи гасовите на бензинската пумпа, траен е и робустен. Тој комуницира со безжичните читачи кои се инсталирани на пумпата за идентификација на возилата во станицата и со безжичните мерачи на возилата за читање на поминатите километри и остана-тите податоци. Овој процес е брз и потпол-но автоматизиран.Придобивките кои се добиваат со примена на овој систем може да се групираат во че-тири групи:1. елиминација на измама: 100% се елими-

нира кражба на гориво, се обезбедува контрола на трошоците на возниот парк и се поедноставува надгледувањето на оперативните процеси.

2. Зголемување на задоволството кај кли-ентите: Се воспоставува врска помеѓу

клиентот и бензинската пумпа, независ-но од локацијата, брз и квалитетен сер-вис, зголемена безбедност на потрошу-вачите.

3. Намалување на трошоците и штедење: не ма потреба од константно одржување бидејќи сите уреди се запечатени и без-жични, а напредната безжична функција на одржување од далечински сервер го поедноставува процесот.

4. едноставност на користењето. Проце-сот на инсталација трае само еден час, поставувањето на РФИД етикетата е ед-ноставно и не бара бушење и не ги оште-тува возилата.

РФИД-технологијата на крај е воведена во централните складови, така што со помош на етикетите се следи опремата пратена во различни единици и се има увид во точната локација на испораката во реално време.РФИД-технологијата ì овозможила на изра-елската армија да управува со складовите, да го имплементира следењето на резерви-те со гориво и да ја следи опремата која се пренесува од складовите до бојното поле.

ПРИМЕНА НА РфИД-ТЕхНОЛОГИЈАТА ВО АВСТРАЛИСКАТА ВОЈСКААвстралиските одбранбени сили РФИД-технологијата ја имаат имплементирано во

единците на бојното поле, како и спо-собноста средствата да се достават на-времено и на соодветно место, и покрај постојаните промени на условите на бојното поле. логистичките офицери ќе бидат во состојба да ги поставуваат и да ги префрлуваат логистичките структури и да обезбедат добра прегледност на ситуацијата во согласност со потребите на командантите.Врз основа на искуствата во примената на РФИД-технологијата во други воени капа-цитети, и имајќи го предвид значењето на примената на оваа технологија од аспект на зголемување на економичноста, ефи-касноста и ефективноста, реално е да се размислува во насока за разгледување на имплементација на одредени проверени решенија врз база на оваа технологија и во нашата армија.Согледувајќи ја примената на РФИД-тех нологијата во другите армии, мож-ностите за примена во АРМ се големи, почнувајќи од идентификација на персо-налот и на возилата со цел контрола на пристап и евиденција на присуство, пре-ку идентификација на опрема, орудија и специјални возила и уреди, па сè до кон-трола на точењето на гориво.Вистинската вредност на РФИД-тех но-логијата не може да се врзува за момен-талните можности, туку во откривањето на она што може да се направи во блиска иднина. Имплементацијата на РФИД-технологијата на најдобар начин може да обезбеди до-стапност на информации и точност во информирањето за одредени ресурси за донесување на правилни и навре-мени одлуки во Армијата на Република Македонија а, исто така, примената на РФИД-технологијата ќе го олесни пописот на средствата, ќе ја подобри продуктивно-ста, ќе ги елиминира двојните нарачки и ќе ги неутрализира кусоците.

Александар Стојчевски

2003 година, со цел да се подобри видли-воста и бројот на средствата во реално време кои се користат во интернационал-ните зони на операции.Очекувањата од оваа технологија се зголе-мена видливост и значително намалување на прекомерните трошоци на снабдување, со што логистиката би била ефективна и ефикасна. Оваа технологија, исто така, овозможува интероперабилност со САД и со Обединетото Кралство во коалициони-те операции.Подобрената видливост на ставките во ланецот на снабдување доведува до по-прецизна слика на ситуацијата, а тоа, пак, значи дека со резервите може попрецизно да се управува, додека подобрувањето на точноста му овозможува на командантот на теренот да има повеќе доверба во ла-нецот на снабдување.

ЗАКЛУЧОК И МОжНОСТИ ЗА ПРИМЕНА НА РфИД-ТЕхНОЛОГИЈАТА ВО АРМУпотребата на РФИД-технологијата во одредени армии е на завидно ниво. Со помош на оваа технологија може да се замисли контролата врз ланецот на снбдување од производителот до по-

Page 22: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

ockheed Martin“ е компанија фор-мирана како резултат на спојување на светски технолошки компании во 1995 година, односно на две корпо-

рации и тоа „Lockheed Corporation“ и „Martin Marietta Corporation“. Оваа компанија е број еден во светот по вредноста на до-говорената сума за продажба на воената технологија. Компанија со светско познато име поради палетата производи од областа на воздухопловна, безбедносна, одбранбе-на и напредна технологија. Денеска е лоци-рана во Мериленд, Вашингтон. Моментално вработува околу 150.000 луѓе од различни професии и тоа во четири одделни деловни единици: аеронаутика, електронски системи, информациони системи и глобални сервиси и вселенски системиКомпанијата е најголемиот производител на оружје во светот и ја држи доминацијата во секторот за производство на борбени воздухоплови, вклучувајќи борбени и транс-портни авиони, проектили, како и вселенски системи. Таа освоила милијарди долари од договорот за изградба на ново вселенско летало со цел да ги замени шатловите на НАСА и да биде претходник на вселенски брод со екипаж за Марс. Досега „Lockhеed Martin“ има добиено два пати награда како резултат на учество во два крупни проек-ти за воздухопловите „X-35/F-35B“ и „F-22 Raptor“. Инаку, компанијата е вклучена и во политички процеси, односно дава донации на федералните кандидати за изборите и тоа како на демократите така и на републи-канците.Познати продукти на компанијата се: „Tri-dent“ проектили, „P-3 Orion“, „F-16 Fighting Fal con“, „F-22 Raptor“, „F-35 Lightning II“,

Авионот беше различно назначен и тоа како „F-22“ и „F/A-22“ пред формално да влезе во употреба како „F-22A. Raptor“ и ја по-стигна полната оперативна способност - Full Operational Capability во декември 2007 го-дина, кога генералот на Air Combat Command официјално го објави влезот на авионот во состав на сквадроните. После ова следуваше инспекција - Operational Readiness Inspection со оценка „excellent“ во сите категории. Комбинација на стелт, брзина и прецизност на воздух-воздух и воздух-земја борбени-те способности, го прават да биде еден од најдоминантните авиони некогаш изграден. Сепак, високата цена на авионот, недоста-токот на јасни воздух-воздух мисии поради доцнењето на руските и кинеските програми, забраната за извоз, како и развој на поевти-ниот и попрактичниот авион „F-35“, доведе до завршување на неговото производство. На располагање се вкупно 187 оперативни воздухоплови, во периодот од 2009 година сè до последната испорака во 2012 година. Проектот за „F-22“ чинеше повеќе од 60 милијарди долари, а производствената цена на примерок околу 150 милиони долари во 2009 година. За секој произведен авион биле потребни по околу 1000 подизведува-чи и снабдувачи и околу 95.000 работници. Првично било предвидено купување на 750 примероци, а подоцна Министерството за одбрана на САД во 2004 година, донело од-лука за 187 примероци. Одржување на ави-онот и еден час летање преминува 40.000 долари. Бројката од 30 часови работа за еден час летање е сведена на 10.5 часови, пониска од барањата на Пентагон за 12 часа одржување за еден час лет. За разлика од „B-2 Spirit Stealth Bomber“, кој бара климат-

БОРБЕН АВИОН НА ВОЗДУХОПЛОВНИТЕ СИЛИ НА САД

„LOCKHEED MARTIN F-22 RAPTOR“

„C-5 Galaxy“, „C-130 Hercules“, „A-4AR Fight-ing hawk“ и многу други во состав на бога-тиот арсенал. Сеедно дали има потреба од товар од тенкови во масивниот „C-5 Galaxy“ (стратешки авион) или исфрлање падобран-ци во ноќите над непријателска територија од „C-130 Hercules“, компанијата секогаш е чекор понапред од потребите и барањата на клиентите од целиот свет за можности-те во воздушниот простор. Во 2001 годи-на, „Lockheed Martin“ победува на огласот за изградба на „F-35 Lightning II“, воедно и најголемиот проект и набавка на воздухо-плови после „F-16“, со вредност од преку 300 милијарди долари. АВИОНОТ „F-22 raptor“„F-22 Raptor“ е еден од најновите борбени авиони на воздухопловните сили на САД. Оспособен за извршување мисии воздух-воздух и воздух-земја (Intelligence Gathering, Surveillance, Reconnaissance, Electronic At-tack), овозможува целосна реализација на оперативните концепти од витално значење за 21 век. „F-22“ е критична компо-нента на Global Strike Task Force, дизајниран за да проектира доминација во воздухот на мали и големи растојанија. Авионот е едно-сед, двомоторен, од петтата генерација на борбени авиони развиен за воздухоплов-ство на САД (United States Air Force - USAF). Компанијата „Lockheed Martin Aeronautics“ е примарниот контрактор, одговорна за конструкцијата на авионот, системите за вооружување и завршното склопување на неговите елементи. Неговиот партнер „Boeing Defense, Space & Security“ ги обе-збедува крилата, трупот, интеграција на авиониката и обуката на персоналот.

22

Page 23: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

23

ски контролирани хангари, F-22 може да подлежи на поправки на летот на линија или во нормален хангар.Согласно американскиот федерален за-кон, авионот не може да се извезува во други земји, освен авионите F-15 Eagle, F-16 Fighting Falcon и F-35 Lightning II Joint Strike Fighter. И покрај високата цена и за-браната за извоз, интерес за купување на F-22 пројавиле Израел, Австралија и Јапонија. Ова особено се однесувало на Израел со цел да ја зајакне способноста за напад на иранските нуклеарни објекти како и справување со руските S-300 системи за воздушна одбрана, кои исто така би може-ле да бидат продадени на Иран.

РАЗВОЈ И ОПРЕМУВАЊЕ НА „F-22 raptor“Во 1981 година, американското Воено воздухопловство објавило побарување за авион – „Advanced Tactical Fighter“ за да бидат заменети авионите „F-15 Eagle“ и „F-16 Fighting Falcon“. Ова особено по-ради развојот и напредокот на советските авиони „Su-27 Flanker“ и „MiG-29 Fulcrum“. Во 1986 година, два тима биле селекти-рани: „Lockheed/Boeing/General Dynamics“ и „Northrop/McDonnell Douglas“, со два-та прототипи „YF-22“ и „YF-23“. После 90-дневното тестирање во 1991 година, секретарот на U.S. Air Force, Доналд Рајс (Donald Rice) го објавил победникот „YF-22“. Првата испорака на „F-22“ авион била за Nellis Air Force Base, Nevada и доаѓа по-сле 12 години, односно во 2003 година. За да ги издржат оптоварувањето и то-плината, „F-22“ е направен од материјали со висока цврстина: 39% титаниум, 24% композитни материјали и 16% алумини-ум. Употребата на внатрешни складишта на оружје, им овозможува на авионите да одржуваат релативно повисоки перфор-манси додека носат тежок товар во однос на повеќето други авиони. Способен е за изведување екстремно високи маневри како што се: Herbst (или J-turn), Pugachev’s Cobra и Kulbit. Максималната брзина ја има постигнато генерал, поранешен началник на Генералштабот на USAF и тоа 1.7Мах без форсаж односно 2.0Мах или 2135 км/ч со форсаж (инјектирање дополнител-на количина на гориво).Клучната авионика вклучува: BAE Systems, Radar Warning Receiver (RWR), Infra-Red/Ultra-Violet MAWS (Missile Approach Warning System) и Northrop Grumman, Active Electronically Scanned Array Radar. Како техничко сложено парче од опремата на воздухопловот е радарот со околу 30 антени распоредени на крилата и трупот на авионот. Особено важни се софтверите кои се користат за обработка на подато-ците и за одбрана од сајбер-напади. Дата линкот овозможува тактичките информа-ции да се споделат со другите авиони F-22. Многу од сензорите и авиониката на овој авион и понатаму се класифицирани.Сите инструменти за лет се дигитални со неколку дисплеи. Военото воздухоплов-ство на САД сакало да имплементира Direct Voice Input Controls, но сепак се отка-жале од оваа идеја како премногу технич-ки ризична. Информациите се прикажани во шест дисплеи во боја - Liquid Crystal Display (LCD). Integrated Control Panel се ко-ристи за внесување база на податоци за комуникација, навигација, идентификација,

инаква атмосферска концентрација, како и пореметувања во снабдување со кислоро-дот. Во 2005 година, Raptor Aeromedical Working Group, препорачува да се направат неколку промени поврзани со прашањата за снабдување со кислород. Долгите лето-ви продолжиле, но биле ограничени на по-ниски височини додека да бидат направени корекциите. Јаглеродните филтри биле сменети со друг модел за да се намали из-ложеноста на белите дробови на јаглеродни честички. Покрај системот за кислород (On-Board Oxygen Generation System) бил инста-лиран дополнителен автоматски систем за кислород и рачна резерва. Двајца пилоти од Националната гарда презеле чекор без преседан со излегување на телевизија и зборување за проблемите, без формално одобрување од страна на Военото возду-хопловство. Двајцата биле отстранети од должности на авионите „F-22“.„Raptor“ има три внатрешни простори за вооружување – еден голем на дното на тру-пот на авионот (за шест проектили) и два помали на двете страни на трупот на авио-нот (за по еден проектил). Ваквиот начин на сладирање овозможува одржување стелт позиција, ракетно лансирање за помалку од една секунда, маневрибилност и голема брзина на лет. „F-22“ може да носи бомби (Joint Direct Attack Munition), како и топ од типот „Vulcan“ 20 мм. Радарот на авионот

пораки за предупредување и за потребите на автопилотот. „F-22“ има комплексен систем за под-дршка на животот на посадата. Пред сè, системот за кислород - Board Oxygen Generation System, заштитната пилотска облека, регулатор за дишење и анти-г вентил. Заштитната облека (Advanced Technology Anti-G Suit) може да служи и за заштита од хемиски и биолошки опасно-сти, потопување во ладна вода, термичка заштита, спротивставување на земјените сили и нискиот притисок на големи над-морски височини. Користи седиште за катапултирање од типот Advanced Concept Ejection Seat. Сепак, kомандантот на Air Combat Command бил принуден да збору-ва во живо во програмата во врска со про-блемите со овој авион. Имено, после лето-вите со „F-22“, пилотите имале необјасниви физиолошки инцидиденти, споредувани со хипоксија. летовите ги доживувале со на-мален ментален статус, вклучувајќи губење свест, намалено ниво на будност, губење на меморијата по слетувањето, како и бавни респираторни проблеми и хронична кашлица. Како предизвикувачи биле ис-тражувани голем број на можни фактори, вклучувајќи ги и изложеноста на штетни хемиски агенси од респираторните цевки, дефект на костумот за притисок, несакани ефекти при испорака на кислородот во по-

ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „raptor F-22“ПОСАДА еден пилот

ДОлЖИНА 18.9 мРАСПОН НА КРИлА 13.56 м

ВИСИНА 5.08 МТеЖИНА НА ПРАЗеН АВИОН 19.700 КГ

МАКСИМАлНА ТеЖИНА НА ПОлеТУВАЊе 38.000 кгМАКСИМАлНА БРЗИНА 2.25 маха односно 2.410 км/час

ОПТОВАРУВАЊе -3.0/+9.0 г

МАКСИМАлеН ДОлеТ 2.960 км

ПлАФОН НА леТ ПРеКУ 15.000 М.МОТОРИ 2 × PRATT & WHITNEY F119-PW-100

ВООРУЖУВАЊе

– Топ: 1× 20 мм, Vulcan Воздух-воздух вооружување: – 6× AIM-120 AMRAAM– 2× AIM-9 SidewinderВоздух-земја вооружување: – 2× AIM-120 AMRAAM– 2× AIM-9 Sidewinder– 2× 450кг JDAM или 8×110кг GBU-39 помали бомби

може да ја следи целта на пукањето со то-пот и истото да го прикаже на дисплеј од кацигата од пилотот (како податок на Head Up Display). Во тестирање, авионот има ис-пуштено бомба од 450 килограми, на виси-на од 15.000 метри, при брзина од 1.5Мах, погодувајќи цел во движење на далечина од 39 километри.Стелтот на авионот е овозможен преку формата на авионот (надворешните агли на авионот), апсорбирачките материјали (Radar Absorbent Material), посебни специјални бои, активно ладење на нападните ивици и слично. Со тоа се добива ефект на намален радарски одраз, топлотен, визуелен и аку-стичен. Стелт системот, вклучувајќи го и не-говиот радар одзема речиси една третина од одржувањето на авионот.

Драган Павловски

Page 24: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

ип 10“ е основен борбен тенк со кој се опремени јапонските Копне-ни сили за самоодбрана. Првиот

прототип од овој тенк е прикажан на 13 февруари 2008 година во Институтот за истражување и развој на технологија во Сагамихара, Јапонија. Главен конструк-тор и произведувач на тенкот Тип 10 е „Mitsubishi Heavy Industries“ и истиот вле-гува во служба во јапонските Копнени сили за самоодбрана во 2012 година. Овој тенк се карактеризира со голема огнена моќ, мо-билност, јака оклопна заштита, способност за антитенковско војување, изведување на брзи напади, реализација на специјални операции и успешно решавање на други задачи. Највпечатлива карактеристика на тенкот „Тип 10“ лежи во неговиот C4I- систем за ко-манда, контрола, комуникации, компјутери и разузнавање. Овој систем може да биде ставен на мрежата на Копнените сили за самоодбрана за да се овозможи размена на информации помеѓу тенковите. Исто така постои можноста за поврзување со компјутерската мрежа на пешадиските еди-ници, со што во голема мерка се олеснува изведувањето на интегрирани воени опе-рации со пешадиските единици.Тенкот го опслужува тричлена посада која вклучува командир, нишанџија и возач. Должината на тенкот е 9,4 м, ширината 3,2 м и висината е 2,3 метри. Борбената те-жина на текот е 48 тони, што е значително помалку во однос на останатите современи тенкови, и истиот може да се транспортира со возови и камиони.

напреден систем за управување со оган поврзан со дигитален балистички калку-латор, термална дневно-ноќна направа за набљудување и гаѓање, високоенергетски ласерски далечиномер, сензор за мерење на температура и бочен ветер и милиметарски радар поставен на предниот дел на куполата на тенкот.Напредниот систем за управување со оган овозможува нишанење и гаѓање на ста-ционарни и подвижни цели од место и во движење со можност за заклучување на целта и одложено истрелување на проекти-лот. Одложеното истрелување на проекти-лот е овозможено со помош на механизмот „Тrigger-delay“ за да се оптимизира точноста на погодокот, додека тенкот се движи по не-рамен терен.

ОСНОВЕН БОРБЕН ТЕНК НА ЈАПОНСКИТЕ КОПНЕНИ СИЛИ

НОВИОТ ЈАПОНСКИ ВОИН – „ТИП 10“

Овој тенк е вооружен со целосно стабили-зиран топ „L44 120 мм“ , со мазна цевка, произведен во „Japan Steel Works“. Секун-дарното вооружување на тенкот се состои од противавионски митралез „Browning M2HB 12.7мм“ и спрегнат митралез „Type 74 7.62мм“. На куполата на тенкот се поставени фрлачи на чадни гранати во комбинација со ласерски предупредувачки приемници. „Тип 10“ е опремен со систем за автоматско полнење на топ кој е сместен во куполата на тенкот. Куполата на тенкот има можност непречено да се ротира 360°, можност за набљудување на боиштето, утврдување на непријателски цели и нивно неутрализирање.За зголемување на веројатноста на погодување на целта, во тенкот е вграден

24

Page 25: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

НОВИОТ ЈАПОНСКИ ВОИН – „ТИП 10“

25

Телото на куполата е изработено од нано-кристален челик обложен со модуларен ке-рамичко композитен оклоп за заштита од противтенковски проектили. Оштетените модули можат многу лесно да се заменат во теренски услови. Заштитните модули можат да се отстранат, со што тежината на тенкот може да се намали до 40 тони за полесен транспорт.Тенкот, исто така е опремен со систем за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита и со систем за автоматско гаснење на по-жар.Системот за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита на тенкот е еден од најнапредните системи развиени до-сега. Новиот концепт на развој на овој систем овозможува целосно херметич-ко затворање на тенкот, со можност за земање на чист, филтриран воздух кој по-минува низ уредот за климатизација. Тен-кот нуди можност за 18-часовно, непре-кинато снабдување на посадата со чист воздух, во внатрешноста на возилото во услови на НхБ-опасност. Во ова возило е вграден електрооптички систем за попречување со кој се намалу-ва можноста за непријателски погодок во тенкот со противтенковски проектил, со тоа што се врши попречување на сигналот или на ласерот со кој се води проектилот. Останата опрема која го карактеризира овој тенк е дигиталниот систем за борбен менаџмент и системот за навигација. Ди-гиталниот систем за борбен менаџмент овозможува размена на дата-податоци со сите пријателски сили на земја и во воздух.Оклопното борбено гасенично возило, тенкот „Тип-10“, го придвижува V8 дизел-мотор со моќност од 1200 кс при 2300 вртежи во минута. Со помош на овој мо-тор и со „постојано променливиот пренос“, тенкот може да достигне максимална брзи-на до 70 км/ч во двете насоки - нанапред и наназад. Постојано променливиот пренос е пренос кој во текот на движењето може да се промени низ бесконечен број на ефективни брзини помеѓу максималните и минималните вредности. Ова е спротив-ност во однос на другите механички пре-носи кои нудат фиксен број на брзини. Тенкот, исто така, е опремен со полуактив-на хидропневматска суспензија која овоз-можува тенкот да се постави во седечка, во стоечка и во клекната позиција или да се наведне во која било насока, што, пак, во однос на тактиката на решавање на борбените задачи нуди големи можности и варијанти.На предниот дел од тенкот може да се монтира: дозерски нож за самовкопување и чистење на тенковски пречки, чистач на мини со ролери од типот „KMT-7“, нож за чистење на мини од типот „KM7-6M2“ и нож за чистење на мини од типот „KMT-8“ со помошна електомагнетна единица.Возачот на тенкот е сместен во предниот централен дел од телото на тенкот пред куполата, каде има и сопствен отвор за влез. Седиштето на возачот е прицвр-стено на горниот дел од телото на тен-кот, со што е зголемена веројатноста за преживување на возачот во случај на експлозија на противтенковска мина под телото на тенкот. Набљудувањето го

„Тип-10“ е дизајниран за борба во сите временски услови, за сите теренски услови и истиот е способен за борба во која било борбена ситуација, локација, време, без да има штетни ефекти на својата мобилност и борбена моќ. Тенкот дури има и систем за климатизација за максимална удобност и ефикасност на посадата. Не е достапен за извоз во други земји, во согласност со јапонските законски регулативи кои не до-зволуваат извоз на воена опрема.

Зоран Стојановски

врши низ призма „ТНПO-168“ со широко поле на набљудување. Истата може да се замени со активно-пасивна ноќна направа за набљудување „ТВН-5“. Низ оваа на-права за набљудување возачот може да набљудува до 180 метри во пасивен мод. Уредот „ТВН-5“, исто така е опремен со би-нокуларна лупа која значително го олесну-ва набљудувањето на теренот и го намалу-ва заморот на очите на возачот на тенкот, кој се јавува при големи и чести промени на осветлувањето.

Page 26: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

системи за противвоздушна одбрана есниот преносен ракетен систем (ЛПРС) „9K32 Стрела-2“ (НАТО-озна-ка SA-7A Grail), е систем за противвоз-душна одбрана од првата генерација, конструиран од страна на руската од-

бранбена индустрија. Воведен е во употре-ба во 1968 година. Негова основна намена е уништување на непријателски нападни средства од воздух на мали височини. Иако е класифициран во категоријата на ракет-ни системи „испукај и заборави“, сепак овој тип на ракета лесно може да изврши пре-зафат (да се измами) од страна на друг из-вор на топлина (на сончевата топлина или на топлина на земјата - кога се користи на ридест терен). „Стрела-2“ има дострел (коса далечина до целта) до 3600 метри и зона на уништување на височини помеѓу 15 и 1500 метри, при брзини на целта до околу 430 м/сек (1.4 Мах).Во 1972 година ракетниот систем „Стре-ла-2“ беше заменет од страна на „9K32M Стрела-2M“ (НАТО-ознака „SА-7B Grail“), кој стана најпроизведуваниот модел. „Стрела-2М“ се разликува од „Стрела-2“, првен-ствено во користење на помоќно ракетно гориво, со што се зголемува брзината и дострелот на ракетата. „Стрела-2М“ има дострел од околу 4200 метри, со зона на уништување на височини од 50 до 2300 метри, при максимална брзина на целта до околу 500 м/сек (1,75 Маh). Преносниот ракетен систем „Стрела-2М“ е со подобрен систем на инфрацрвено наведување (опре-мен со филтер кој ги елиминира пречките од инфрацрвените „мамци“), има поефи-касна боева глава и помоќен мотор. Овие подобрувања му овозможуваат гаѓање на воздухоплови во долет (се при-ближуваат), со максимална брзина до 150 m/s, како и гаѓање на цели во одлет (се од-далечуваат) со максимална брзина до 260 м/сек. „Стрела-2M“ се смета за ефикасно оружје за уништување на цели во воздух. Негови предности се: едноставно, брзо и лесно лансирање, за што е потребно само едно лице. Поради релативно малите ди-мензии и малата тежина, тој е лесно пре-нослив. Поради тоа, овие преносни системи се многу барани од страна на терористич-ките организации.Ракетниот систем „Стрела 2М“ е составен од:– цевка во која е вградена ракета (9K32M);– лансирен механизам (9P54M);– цилиндрична термичка батерија (9B17).

употреба во педесетина земји во светот, помеѓу кои и во: Албанија, Бугарија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка и Укра-ина. Вкупниот број на произведени раке-ти за „Стрела-2М“ се проценува на околу 50000 парчиња.Како последица на нивната широка достап-ност и производство во огромни количини, ЛПРС „Стрела 2М“ се користел во многу конфликти низ целиот свет. Ракетениот систем „Стрела 2М“, по лицин-ца се произведувал во повеќе земји во раз-лични верзии:– морнарска верзија (SA-N-5);– кинеска верзија (HN-5A);– југословенска верзија (Стрела 2М2Ј);– романска верзија (СА 94 и СА 94М);– пакистанска верзија (Anza MKI);– севернокорејска верзија (Hwasung-Chong);– египетска верзија (Sakr Eye).Овој тип на ракети се произведувани и мон-тирани на повеќе типови возила во форма на контејнери со 4, 6 или 8 лансирни цевки. Исто така, може да се монтираат на повеќе типови хеликоптери, помеѓу кои и на „Ми-24“ и на „Газела С-342“.

Трајче Денчевски

ЛПРС „Стрела-2M“

Ракетата „9K32M“ е опремена со пасивен инфрацрвени систем за наведување до целта и со контактна запалка. Се наведува кон извор на топлина (излезната цевка од моторот на воздухопловите). Опремена е со стартен и маршевски мотор. Целта мора да се открие визуелно од страна на опера-торот, а за препознавање на припадност на целта (свој/туѓ), мора да се користи до-полнителен уред за идентификација свој/туѓ (IFF – Identification Friend or Foe). За активирање на системот за наведување на ракетата и нејзините електронски кола, потребни се 4-6 секунди, а моторот се активира 0,8 секунди после тоа. За ста-билност при лет на ракетата, таа ротира околу својата надолжна оска (20 врт/сек). Целта се оштетува/уништува од ударниот бран и фрагментите кои настануваат при експлозија на боевата глава.За проверка на техничка исправност на ракетниот систем се користи апаратура со ознака „9В810M“, а за реализација на тре-нажни гаѓања и обука на стрелците на овој систем се користат тренажери за обука и симулација – 9Ф620, 9Ф622 и 9Ф626.Овој преносен ракетен систем се наоѓа во

26

СПЕЦИфИКАЦИИ ПОСлУГА 1 војник

ТеЖИНА НА СИСТеМОТ 15 кг (во борбена положба) ТеЖИНА НА РАКеТА 9,85 кг

ТеЖИНА НА БОеВА ГлАВА 1,8 кгДОлЖИНА НА РАКеТАТА 1,44 метриДИЈАМеТАР НА РАКеТА 72 мм

ДАлечИНА НА ГАЃАЊе НА ЦелИ до 4200 м

ВИДОВИ НА ЦелИ тактички авиони, хеликоптери, беспилотни летала и крстосувачки проектили

ТИП НА БОеВА ГлАВАВисокоексплозивна – фрагментарна (амплитудна модулација со сензитивност од 1–2.8 µm)

СИСТеМ ЗА НАВеДУВАЊе НА РАКеТАТА Пасивно инфра-црвено наведувањеВРеМе НА РАБОТА НА БАТеРИЈАТА до 40 сек

БРЗИНА НА леТ НА РАКеТА 580 м/секМИНИМАлНА ДАлечИНА НА ГАЃАЊе 800 метри

МАКСИМАлНА ДАлечИНА НА ГАЃАЊе 4200 метриМИНИМАлНА ВИСОчИНА НА ГАЃАЊе 50 метри

МАКСИМАлНА ВИСОчИНА НА ГАЃАЊе 2300 метриМАКСИМАлеН МАНеВАР НА РАКеТАТА до 6g оптоварување

ВРеМе НА САМОУНИШТУВАЊе од 14 од 17 секунди лет на ракетаТеМПеРАТУРеН ОПСеГ од -38ºС до + 50ºС

Page 27: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

27

се стекнуваат со знаења од основната општа обука. Знаењата ќе им ги пренесуваат искус-ни старешини од Центарот за индивидуална обука досега докажани во својата професија како инструктори.Во рамките на обуката војниците времено ќе бидат преместени во другите гарнизони, тоа ќе биде проширување на сознанијата за функционирањето на Армијата на Републи-ка Македонија.Сите досегашни генерациии на војници, па и оваа дваесет и трета по ред, ќе биде дел од историјата на АРМ.Давањето заклетва е најголема чест и за-доволсво за родителите, роднините и пријателите кои веднаш по свеченоста, среќни, со војниците заминаа во своите до-мови на првиот слободен викенд.

Славица Николовска

вие млади луѓе одлучија летниот пе-риод да го минат во војничка средина. Задоволствата од летните одмори проследено со забави и станувањето

покасно го заменија со војничката унифор-ма, чизми и станување во 06.00 часот и сите останати обврски кои произлегуваат од рас-поредот за обука.На свеченоста по повод заклетвата прису-ствуваа голем број гости, меѓу кои и високи претставници на МО и АРМ, како и функцио-нери на локалната ласт, родители, пријатели и блиски на војниците кои даваа заклетва. Меѓу високите гости беа државниот секретар во МО м-р Сашо Стефановски, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петров-ски, заменикот на командантот на Здруже-на оперативна команда бригадниот генерал Мухамед Рацај.Од свечената говорница државниот се-кретар во МО м-р Сашо Стефановски на војниците им ја честита заклетвата и им посака успех во наредните три месеци во редовите на АРМ. Во говорот ги истакна и измените на Законот за служба во АРМ, со кој трајно се решава статусот на професио-налните војници, што секако, ќе биде силен мотив за војниците низ текот на обуката. Командантот на Команда за обука и доктри-ни полковник Љупчо Костовски на војниците во својот говор им порача дека во наредни-от период им претстои напорна работа во совладувањето на планираните содржини од обуката. Стекнатите знаења и трудот по-натаму ќе биде вреднуван, тоа ќе биде еден од елементите за оние кои сакаат во иднина да ја изберат војничката професија. Меѓу младите војници е и Ангела Сибиновска од Тетово која има само 18 години само што го завршила средното образование - мату-рант, веднаш се одлучила да биде добро-волец во редовите на АРМ. Таа изјави дека отсекогаш уште од мала сакала да биде војник, а денес сака да докаже дека и мажите и жените се потполно рамноправни. Нејзина желба е да се запише на Воената академија и нејзината иднина би сакала да биде токму во АРМ.Од поминатите две недели во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е задоволен и војникот Мартин Јованов од Скопје кој е студент на Факултетот за без-бедност. Мартин сака да даде свој придонос во одбраната на татковината, да биде со граѓаните и ако затреба и да ги брани.Војниците во текот на идните три месеци ќе

23. генерација војници на доброволно служење на воениот рок ја даде свечената заклетва

НИЕ ЌЕ ЈА БРАНИМЕ ТАТКОВИНАТА

145 ВОЈНИЦИ, МЕѓУ КОИ 11 ПРИПАДНИЧКИ НА ПОНЕжНИОТ ПОЛ, ВО ЕДЕН ГЛАС ГО ИЗГОВОРИЈА ТЕКСТОТ НА ЗАКЛЕТВАТА СО КОЈА НА ДОСТОИНСТВЕН НАЧИН СЕ ЗАКОЛНАА ДЕКА ЛОЈАЛНО, ПОжРТВУВАНО И ДОСЛЕДНО ќЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ОБВРСКИТЕ И ДОЛжНОСТИТЕ КАКО БРАНИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА И НЕЗАВИСНОСТА НА СВОЈАТА ТАТКОВИНА

Page 28: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

28

окму со оваа реченица за слобода-та како доминација на човековите права ширум светот, министерот за одбрана на Република Македонија,

д-р Зоран Јолевски го започна својот ин-спиративен говор во кумановската касарна „Боро Менков“, по повод испраќањето на седумнаесеттиот контингент на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан. Министерот Јолевски продолжи со мислата на Френ-клин Рузвелт. „ Ние ги поддржуваме сите оние кои се борат да ги уживаат и да ги зачуваат овие права. Нашата сила е да се обединиме за постигнување на таа цел“, воедно потенцирајќи го значењето и ком-плексноста на мисијата ИСАФ, нејзините технички и географски карактеристики, без бедносниот аспект, како и учеството на нашите припадници во истата. Бројноста и важноста на нашиот контингент во истата од овие редовни ротации прават посебен настан чија симболика ја потенцира него-вата исклучителност која и овој пат беше свечено проследена.Министерот Јолевски во својот говор, исто така констатираше дека АРМ е врв-но обучена и дека таа констатација не е само од нас туку дека такви оценки при-стигнуваат од сите релевантни партнери во ИСАФ. Говорејќи кратко за своето ам-басадорско искуство во САД, кажа дека токму на таа позиција ги има слушнато најголемите пофалби за АРМ кои се од-несувале на нејзината спремност да се соочи со предизвиците и решителноста како клучна особина на нашиот војник. Медалите и благодарниците се најголемо сведоштво за достигнувањата на сите

на час поскоро. „НАТО ги донесе мирот и стабилноста во регионот и токму затоа вие давате придонес кон напорите на НАТО за воспоставување на мирот, демократијата и просперитетот во светски рамки“, истакна министерот Јолевски во своето обраќање до припадници на мисијата ИСАФ. Тој воедно, во завршниот дел на својот го-вор пред присутните, им се заблагодари на сите досегашни и идни учесници во мисии-те надвор од територијата на Република Македонија, кои биле и ќе бидат нашите најдобри амбасадори во светот.Командантот на контингентот, потполков-никот Али хајро, со силни емоции им се об-рати на присутните роднини и пријатели на учесниците во оваа ротација. Тој истакна дека треба да бидат горди на нивните си-

СВЕЧЕНО ИСПРАЌАЊЕ НА 17. КОНТИНГЕНТ НА АРМ ВО МИСИЈАТА ИСАФ ВО АВГАНИСТАН

СЛОБОДАТА ЗНАЧИ ДОМИНАЦИЈА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

припадници на АРМ кои учествувале во тие мисии. Тој се осврна и на значењето на тимскиот дух како значајна карак-теристика која влијае на успешноста на мисиите на АРМ под крилата на ИСАФ. Компактноста на контингентот и неоп-ходноста да функционираат сите негови делови потполно усогласено бара силна ментална и физичка подготвеност која треба да биде синергиски поврзана и афирмирана во сите ситуации и одговор-ности кои потенцијално се наметнуваат во извршувањето на овие ни малку лес-ни задачи.Отворајќи ја темата за евроатлантски-те интеграции, министерот Јолевски во својот говор истакна дека оваа страте-гиска иницијатива мора да биде остваре-

Page 29: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

29

на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, државниот секретар во МО м-р Сашо Стефаноски и други високи прет-ставници на МО и АРМ, преставници на општина Куманово, гости, новинари, род-нини и пријатели на членовите на контин-гентот.Ова е седумнаесетта ротација на АРМ при мисијата ИСАФ во Авганистан. 150 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада заедно со најстариот национален претставник својот ангаж-ман и работни задачи ќе го остварат во главната команда на силите во Кабул- Авганистан, во рамките на контингентот на Обединетото Кралство, каде ќе бидат

активирани во обезбедувањето на глав-ната команда.Преубав беше тој 3 јули во касарната „ Боро Менков“ во Куманово. Силно маке-донско сонце грееше над пистата на која беа построени припадниците на АРМ во своите ефектни маскирни униформи и чизми кои ги добиваат кога заминуваат во мисија.Нивните блиски од страна им отпоздра-вуваа, а после свечениот дел најмалите посетители уште еднаш им паднаа во прегратки на своите татковци, роднини , пријатели. Сите се спремни, подготвени и со нестрпливост чекаат да заминат. Тоа се гледаше од нивните насмевки и решител-носта која ја демонстрираа и во неврзана-та комуникација.

Во прилог на испраќањето на оваа ротација со желби за среќа и успеси, за присутните беше организиран преубав коктел кој беше огромна можност да се поразговара, да се разменат инструкции, искуства. Отворена беше можноста за блиска средба со министерот и високи-от воен врв. Паѓаше и по некое фото за спомен од денот кога своите најблиски ги испраќаат во уште една мисија надвор од татковината во која сесрдно ќе се тру-дат во најдобро светло да покажат што умеат и знаат припадниците на Армијата на Република Македонија.Од сè што видовме на овој настан воочли-во е дека АРМ е моќен систем кој беспре-

корно функционира. Нејзината внатрешна поставеност и надворешна експонираност се силен аргумент за тоа дека навистина постои некој кој ни го осигурува мирот и кој надалеку нè преставува.Традиционално како редакција го покри-ваме секое нивно доаѓање и заминување. Како луѓе нивни колеги им посакуваме многу убави и лесни моменти во далечни-от Авганистан. Нека имаат среќа и добро здравје и нека успешно ги завршат сите поставени задачи.Им благодариме за сè што прават за на-шата Македонија.

Митко Василевски

нови и најблиски кои заминуваат во оваа одговорна мировна операција во Авгани-стан, воедно заблагодарувајќи им се на поддршката која ќе им ја даваат и во на-редниот период.Огромната одговорност која му е делеги-рана на овој офицер на АРМ да го предво-ди во сите фази овој состав на континген-тот претставува истовремено и големна чест. „Во изминатиот период работевме напор-но и безрезервно. Се оспособивме да из-вршуваме задачи за поддршка на мирот. Исклучително е важно што таквата наша благородна мисија ќе ја извршуваме во тесна и меѓусебна соработка со нашите

партнери од структурите на НАТО. ќе ја потврдиме на дело нашата професионал-ност и покрај сите ризиции предизвици“, беа зборовите со кои хајро се осврна на подготвеноста и решителноста на сите припадници на овој контингент да дадат придонес во мисијата ИСАФ.На крајот од својот говор командантот им се заблагодари на сите кои помогнале во спроведувањето на подготовките на единицата, а на најблиските за сесрдната поддршка во истрајноста да се успее во претстојниот период.На самиот чин на свеченото испраќање на мировниците во мисијата ИСАФ, покрај министерот за одбрана на Република Македонија д-р Зоран Јолевски, прису-ствуваа и началникот на Генералштабот

Page 30: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

30

ако што доликува на секој еден спе-цијалец од светот така и нашите елит ни воини секогаш се подготве-ни да извршуваат задачи на копно,

вода или воздух. Обуката во летни услови за нив подразбира многу повеќе од само кондицирање во пливање. Животот и рабо-та на и под површина на водата е доста те-жок и ризичен. Работењето и извршувањето на задачи во вода не остава простор за грешки. Во оваа професија грешките кои се прават често се плаќаат со човечки животи. Поради сето ова припадниците на Полкот за специјални операции со голема сериозност пристапуваат кон обуката во летни услови и работата во вода. Обуката во летни услови е исклучително напорна и од секој учесник на истата бара да го даде својот физички, но и психички максимум. Како еден сегмент од обуката каде припад-ниците на полкот се извежбуваат и подгот-вуваат за реализирање на задачи на вода е совладувањето на водените препреки. Секоја од препреките кои ги совладуваат има свое значење и цел, без разлика дали стану-ва збор за нуркање на здив под препрека, дејствување со огнено оружје од пловен ста-тички објект итн.

ОБУКА ВО ЛЕТНИ УСЛОВИ НА ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ

СЕКОГАШ ПОДГОТВЕНИВО ПЕРИОДОТ ОД 02.07 ДО 10.08.2014 ГОДИНА МИРНИТЕ ВОДИ НА ОхРИДСКОТО ЕЗЕРО СЕ РАЗБРАНУВАА ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ. НА ДВЕ РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ МАКЕДОНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ЈА РЕАЛИЗИРАА СВОЈАТА ПЛАНИРАНА ОБУКА ВО ЛЕТНИ УСЛОВИ

Page 31: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

31

ОБУКА ВО ЛЕТНИ УСЛОВИ НА ПОЛКОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ

Спасувањето давеник беше уште една од темите кои се обработуваа за време на об-уката во летни усови. Оваа тема се реализи-раше со помош и поддршка на Воздухоплов-ната бригада. Припадниците на Полкот за специјални опе-рации, покрај темите кои ги реализираа на вода изведуваа и обука под вода. Нуркачите се приказна за себе - нивната хра-брост и посветеност се достојни за највисока почит. Нивната обука бара време, голем ентузијазам, макотрпна селекција и голема внимателност. Резултатите на оваа посве-тена работа се докажаа во неколку наврати до сега. Извлекувањето на телото на даве-никот од акумулацијата „Мавровица“ е само еден од неколкуте случаи каде македонски-те специјалци ја покажаа практично својата стручност и врвна оспособеност. Нуркачката опремата која е на располагање во полкот е една од најсовремените, а особено карак-теристична е „скуба“ опремата за нуркање врз база на воздух, суви и водени унифор-ми, подводни скутери, дрегери, маски за комуникација итн. Како круна на обуката во летни услови беше демострацијата на методско-показна вежба за највисокиот воен врв - претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, ми-нистерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потпол-ковник Горанчо Котески. Со методско-показната вежба се демонстри-раше координирана и синхронизирана упо-треба на единиците на Полкот за специјални операции во содејство со езерицата и Воз-духопловната бригада. Методско-показната вежба која се изведе на Денот за високи гости беше испланирана до детал и претставуваше вистинска атракција и спектакл за сите присутни. Денот за високи гости започна со активно-стите на нуркачкиот тим кој ги демонстри-раше своите способности за пребарување, лоцирање на предмети под површината на водата, како и нивно вадење на површина и безбедно транспортирање. По оваа интересна демострација на нурка-чите, следуваше практично совладување на водени препреки со уништување на непријателски телекомуникациски системи лоцирани на крајбрежни инсталации. Дина-миката и експлозивноста на оваа работна точка го задржа вниманието и здивот на сите присутни. Спасувањето на давеник беше одличен при-мер за синхронизираната работа на едини-ците на Полкот за специјални операции со Воздухопловната бригада. На самиот крај од посетата се изведе метод-ско-показната вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“ со коден назив „хАРПУН“. Вежбата се работеше врз основа на замислено сценарио каде непријателска диверзантско-терористичка група ивршува напад на инфраструктурен објект. Полкот за специјални операции доби мисија да изврши отривање, блокирање и напад врз диверзантско-терористичката група. Припадниците на Полкот за специјални опе рации по приемот на задачата во ко ор-динација Воздухопловната бригада и езе-рицата со брза и одлучна акција од вода, копно и воздух успеаја да ја неутрализираат непријателската група и да заробат дел од нив. Полкот за специјални операции уште еднаш ги оправда очекувањата на сите присутни,

изведувајќи ги со врвна професионалност и посветеност сите планирани активности, воедно демонстрирајќи врвна обученост и супериорност во дејстувањето. Задоволството од она што беше прикажано го искажаа и гостите во своето обраќање до учесниците на вежбата. Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски изјави дека навистина е горд и импресиониран од тоа што го покажаа припадниците на Полкот за специјални операции на Армијата на Репу-блика Македонија.Началникот на Генералштабот на АРМ, ге-нерал-потполковник Горанчо Котески из-јави дека Полкот за специјални операции уште еднаш го потврди статусот дека тие се најдоброто од АРМ.

Р.Ш.

Page 32: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

32

чеството во меѓународните миров-ни мисии и посветеноста кон ре-формските процеси се најсилната потврда за нашата посветеност кон

стратешките цели на нашата држава, а тоа се членството во НАТО – алијансата и европската унијаШеснаесеттата ротација на АРМ успешно ја изврши својата предвидена обврска во далечниот Авганистан, исполнувајќи ја својата агенда со најдобри резултати. Во оваа ротација на мировната мисија ИСАФ, АРМ учествуваше со механизира-на пешадиска чета, односно 151 припад-ник на АРМ, кои заедно со најстариот на-ционален претставник беа распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул.Министерот за одбрана д-р Зоран Јо-левски, Началникот на ГШ, генерал-пот-полковникот Горанчо Котески, бригад-ниот-генерал Павле Арсоски, бригадни-от генерал д-р Мухамет Рацај и други претставници од МО и АРМ, како и многубројни новинарски екипи, роднини и пријатели свечено ги пречекаа на ае-родромот „Александар Велики“ во Скопје припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата ИСАФ во Авганистан. Првиот од контингентот на АРМ војнички се поздрави со министерот и началникот на ГШ, се поклони и го гушна знамето на Македонија. еден по еден сите 150 при-падници на оваа ротација и најстариот на-ционален претставник пројдоа низ оваа рута преполна срдечност, благодарност и желби.Министерот Јолевски јавно ги пофали и нив и сите нивни претходници. Им пре-

има многу за што да поразговарате“.Командантот на контингентот, потпол-ковник Блаже Николовски изјави при обраќањето на пистата пред присутните високи гости дека Авганистан е хронично нестабилен и дека ангажманот таму вооп-што не бил лесен, особено што за време на нивниот ангажман в Авганистан биле во тек два изборни круга, кога по некој непишан автоматизам насилството и не-мирите во такви ситуации се зголемуваат.Генералот Котески, пак, истакна дека со пристигнувањето на овој контингент

Враќање на припадниците на шеснаесеттиот контингент од мисијата ИСАФ

ВО СВОЈАТА ТАТКОВИНА, ПРЕД СВОЕТО ЗНАМЕ, СО СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ

несе дека во директната комуникација со влијателни конгресмени и сенатори од САД, бил изненаден кога разбрал колку се тие непосредно запознаени со нашите војници во ИСАФ и какви сè пофални збо-рови имаат за нив. И началникот на Генералшатбот на АРМ, генералот Котески беше инспиративен во своето кратко обраќање. „Вдишете го слободно воздухот во вашата татко-вина, ве очекуваат стандардни процеду-ри за враќање во редовен живот. Што е најважно ве очекуваат најблиските, со нив

Page 33: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

33

ска бригада на АРМ од мисијата ИСАФ во Авганистан.На свеченоста во касарната во Тетото присуствуваа министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана Арбен лабеништа, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, високи прет-ставници од МО и АРМ, претставници од

локалната самоуправа, роднините на при-падниците од контингентот и други гости. „Вие успешно се справивте со обврските и предизвиците кои ги носи оваа мировна мисија во која ние учествуваме повеќе од една деценија. Резултатите кои ги постиг-навте во изминатите шест месеци се дол-жат на вештините и способностите, но и на колективниот дух, врвниот професио-нализам и патриотизмот, кои уште еднаш потврдија дека станува збор за посветени и горди припадници на нашата Армија“ - изјави во таа пригода министерот за од-брана на Република Македонија, д-р Зо-ран Јолевски, уште еднаш посакувајќи им средечно добредојде на сите припадници кои учествуваа во мисијата.Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески ги потсети сите присутни дека со учество-то во мировните операции, АРМ не само што се стекнува со огромно искуство при изведување на борбени задачи, туку веќе и ја докажува интероперативноста и ин-тероперабилноста со членките на НАТО, каде што според сите показатели заслу-жуваме да бидеме член. Во својата изјава, генералот Котески наведе дека АРМ оста-нува во Авганистан по завршувањето на мисијата ИСАФ и ќе земе учество во нова-та мисија „Одлучна поддршка“.

Митко Василевски

завршува уште една успешна ротација на АРМ во ИСАФ и дека со тоа припадниците се стекнаа со уште едно богато искуство и докажаа дека АРМ е интероперативна и интероперабилна со членките на НАТО.По неколку дена, поточно на 25 јули во касарната „Кузман Јосифовски - Питу“ во Тетово, се одржа свеченост по повод враќањето на овој контингентот од со-ставот на Првата механизирана пешади-

ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ИЗМИНАТИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО РАМКИТЕ НА СИЛИТЕ ИСАф ИЗВРШУВАА ЗАДАЧИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ГЛАВНАТА КОМАНДА НА ИСАф ВО КАБУЛ. ЗА ПОКАжАНАТА ПРОфЕСИОНАЛНОСТ, ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ГОВОРАТ И ДВЕТЕ АМЕРИКАНСКИ МЕДАЛИ, ДВЕТЕ ПИСМА ЗА БЛАГОДАРНОСТ ОД НАЧАЛНИКОТ НА ШТАБОТ НА СИЛИТЕ И 300 СЕРТИфИКАТИ ЗА БЛАГОДАРНОСТ, ДОБИЕНИ ВО ТЕКОТ НА МИСИЈАТА.

Page 34: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

34

дносите на НАТО со Украина започнаа да се развиваат набрзо, откако земјата се здоби со независност во 1991 годи-на. Украина веднаш му се приклучи на

евроатлантскиот совет за соработка (NACC) и стана активен учесник. Во 1994 г. се при-клучи кон програмата на Партнерството за мир, а беше и меѓу земјите-основачи на ев-роатлантскиот партнерски совет, којшто го замени евроатлантскиот совет за соработ-ка во мај 1997 година. Кога претседателот Кучма го посети НАТО на 1 јуни 1995 г., тој ја посочи желбата на неговата земја да ги унапреди односите меѓу НАТО и Украина. Три месеци подоцна, на 14 септември 1995 г., министерот за надворешни работи на Украина го посети НАТО за формално да ја прифати програмата на Партнерството за мир - индивидуалната партнерска програма на Украина.Следуваше ратификација на Договорот за статусот на силите (SOFA) на Партнерството за мир од 2000 г. и дополнителниот прото-кол од страна на украинскиот Парламент. Ова требаше да помогне во зајакнувањето на учеството на Украина во Партнерството за мир. Парламентот, исто така, го одобри и договорот „Отворено небо“, со што зна-чително придонесе за транспарентност во контролата на вооружувањето. Ратификацијата на Договорот за статусот на силите (SOFA) во рамките на Партнерството за мир од страна на украинскиот Парламент овозможи искористување на Центарот за обука „Јаворив” во западна Украина. Во овој центар, последен пат беше одржана мулти-националната вежба „Rapid Trident 12” во 2012 г., на која зеде учество и македонски

НАТО И УКРАИНА

ПРЕГЛЕД НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ НАТО и УКРАИНА

фОРМАЛНА ОСНОВА ЗА ОДНОСИТЕ НА НАТО И УКРАИНА Е ПОВЕЛБАТА ЗА ПОСЕБНО ПАРТНЕРСТВО, КОЈА ЈА ОСНОВА КОМИСИЈАТА НА НАТО И УКРАИНА - nato UKraIne commISSIon И ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПОВЕЛБАТА, ПОТПИШАНА ВО 2009 ГОДИНА. УКРАИНА ИМА ЗАСИЛЕН ПОЛИТИЧКИ ДИЈАЛОГ И ПРАКТИЧНА СОРАБОТКА СО НАТО, А ОСОБЕНО ПОСЛЕ ВОЕНАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА РУСИЈА ВО КРИМ, НАТО И УКРАИНА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ЈА ИНТЕНЗИВИРААТ ОВАА СОРАБОТКА. НАТО ПОДДРжУВА ШИРОК СПЕКТАР НА ИНИЦИЈАТИВИ ВО УКРАИНА, ДОДЕКА УКРАИНА ПРИДОНЕСУВА ЗА МИСИИТЕ НА НАТО ВО АВГАНИСТАН И КОСОВО. ВО 2013 ГОДИНА УКРАИНА СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА-ПАРТНЕР ЗА ПРИДОНЕС ВО НАТО ПРЕДВОДЕНИ ПРОТИВПИРАТСКИ ОПЕРАЦИИ.ПО НЕОДАМНЕШНИТЕ СЛУЧУВАЊА ВО КРИМ, СОЈУЗНИЦИТЕ НА НАТО ЈА ПОТВРДИЈА СВОЈАТА ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА СУВЕРЕНИТЕТОТ И ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА УКРАИНА ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕѓУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ГРАНИЦИ. ПОВТОРУВАЈќИ ЈА фУНДАМЕНТАЛНА ТОЧКА ОД ПОВЕЛБАТА, НАТО ИЗЈАВИ ДЕКА „СУВЕРЕНА, САМОСТОЈНА И СТАБИЛНА УКРАИНА, ЦВРСТО ПОСВЕТЕНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО, Е КЛУЧОТ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКАТА БЕЗБЕДНОСТ“

Page 35: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

35

контингент. Ова беше мул-тинационална вежба со цел да се промовира реги-оналната стабилност, да се зајакне меѓународната воена соработка и да се извежбаат процедурите во согласност со НАТО стан-дардите.За време на Самитот на ше-фовите на држави и влади од НАТО, што се одржа во јули 1997 г. во Мадрид, лидерите од НАТО и претседа-телот Кучма ја потпишаа Повелбата за дистинктивно партнерство меѓу НАТО и Украина, што беше иницирано неколку недели порано во Синтра, Португалија. Потпишувајќи ја Повелбата, земјите-членки на НАТО ја потврдија својата поддршка за суверенитетот и независноста на Украина, како и за нејзиниот територијален интегри-тет, демократски развој, економски про-сперитет и статус на земја без нуклеарно вооружување, како и на принципот на неменување на границите. Тоа е основа врз која НАТО и Украина се договорија да се консултираат во контекст на евроатлант-ската безбедност и стабилност, како и во области како што се спречување на кон-фликти, кризен менаџмент, мировни и хума-нитарни операции. Се одржаа и семинари за преквалификување на украинските воени лица, како и за намалување на персоналот и промените во армијата.Две канцеларии на НАТО во Киев, осно-вани во 1997 г. (NATO Information and Documentation Centre), ја поддржаа сора-ботката на земјата во клучните области.

Овие тела ги поддржуваат напорите за информирање на јавноста за активностите на НАТО и придобивките од соработката на НАТО и Украина. Во декември 1998 г. беше потпишан Ме-морандум за разбирање со кој се овозмо-жи испраќање двајца контакт-офицери на НАТО во Киев за да помогнат во целосно-то учество на Украина во Партнерството за мир. Контакт-канцеларијата на НАТО беше формирана во 1999 г. и таа помага во контактите меѓу НАТО и цивилните и воените агенции инволвирани во учество-то на Украина во Партнерството за мир. Канцеларијата за врски на НАТО основана во 1999 г., ги поддржува реформските на-пори преку поврзување со Министерството за одбрана и други украински агенции.

Преземени се чекори за про-дла бочување и про ши ру вање на односите меѓу НАТО и Украина, со усвојувањето на НАТО - Украина Акциониот план во ноември 2002 годи-на во Прага, кој ги поддржа реформските напори на Укра-ина на патот кон евроатлант-

ската интеграција.Во пресрет на „Портокаловата

револуција“, новоизбраниот претседател Виктор Јушченко беше поканет на сами-тот во седиштето на НАТО во февруари 2005 година. лидерите на НАТО изразија поддршка за амбициозните планови за реформи во Украина. Прв проект, импле-ментиран од страна на НАМСА, главната логистичка агенција - NATO Maintenance and Supply Agency, резултираше со безбедно уништување на 400.000 нагазни мини, што воедно беше првиот чекор во уништување на резервите од речиси седум милиони про-тивпешадиски мини. Канада беше водечка земја за проектот, поддржана од страна на финансиските придонеси од Унгарија, Полска и холандија. Вториот проект за уништување на 133.000 тони конвенцио-нална муниција, 1,5 милиони парчиња мало оружје и друго оружје, беше започнат во 2005 година.Во октомври 2006 г., украинскиот Парла-мент го ратификуваше договорот со НАТО за стратешки воздушен транспорт со укра-ински транспортни авиони. Веќе на самитот во Букурешт во април 2008 г., сојузничките лидери се согласија дека Украина може да стане членка на НАТО во иднина.

Соседна Русија силно се противеше на проширувањето на НАТО кон Исток. На 12 февруари 2008 г., рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да ги насочи своите проектили кон Украина доколку нејзиниот сосед влезе во НАТО. По-ранешниот украински претседател Виктор Јушченко уште еднаш изјави дека неговата земја нема да дозволи странски воени бази на територијата на Украина. На Самитот на НАТО – Русија истата година, беше изјавено дека ако Украина се приклучи на НАТО, Русија би можела да изврши припојување на истокот на Украина и Крим кон Русија.Во август 2009 година беше потпишана Декларацијата за дополнување на Повел-бата за посебно партнерство меѓу НАТО и Украина. Таа им дава на Комисијата

на НАТО и Украина централна улога во продлабочување на политичкиот дијалог и соработката и во поддршка на реформите на Украина во врска со нејзините аспирации за членство.На Самитот во чикаго во мај 2012 г., лиде-рите на НАТО ја одбележаа 15-годишнина-та од Повелбата од 1997 г. и ја поздравија посветеноста на Украина за зајакнување на политичкиот дијалог и интероперабилност со НАТО, како и нејзините придонеси кон операциите предводени од НАТО. Тие, исто така, изјавија дека НАТО е подготвен да про-должи да ја развива соработката со Украина и да укаже помош во имплементирањето на реформите во рамките на Комисијата на НАТО и Украина и во рамките на Годишната национална програма.

КЛУЧНИТЕ ОБЛАСТИ НА НАТО И УКРАИНА ЗА СОРАБОТКАКонсултации и соработка меѓу НАТО и Укра-ина покриваат широк спектар на области идентификувани во Повелбата од 1997 го-дина и Акциониот план од 2002 година.Украина значително допринесува кон меѓународните мировни операции. По потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, од 1996 г. таа учествуваше во Си-лите за имплементација (ИФОР) во Босна и херцеговина, предводени од НАТО, со пешадиски баталјон од 550 луѓе. Слично на тоа, во Силите за стабилизација (СФОР), кои го заменија ИФОР, учествуваше со механи-зиран пешадиски баталјон и хеликоптерска ескадрила со околу 400 луѓе. Украина уче-ствува и во Силите за Косово (КФОР) со хеликоптерски сквадрон, пешадиски чети, персонал во командата и персонал за под-дршка. Во моментов, Украина придонесува со околу 160 лица во мисијата на КФОР, како дел од заеднички полско-украински баталјон, во мултинационалните оператив-ни сили „Исток“.Украина ги поддржа операциите „Active Endeavour, поморска операција на НАТО во Средоземното Море, со ангажирање на првиот украински брод во 2007 година. Од ноември 2010 г., Украина придонесу-ва за борба со пиратството на брегот на Сомалија во операцијата „Operation Ocean Shield“. Украина, исто така, е земја, прв пар-тнер за придонес во Силите за одговор на НАТО (NRF). Истата година, таа придонесе со вод специјализиран за нуклеарни, био-лошки и хемиски закани за NRF.Земјата дополнително придонесува за меѓународната стабилност и борбата про-тив тероризмот со силите распоредени во Авганистан, како дел од меѓународните сили предводени од НАТО за помош во безбедноста, NATO-led International Security Assistance Force, или како дел од коали-циските сили под американско водство во операцијата US-led Operation Enduring Freedom. Околу 1600 украински трупи беа распоредени во Ирак, како дел од предво-дениот контингент од страна на Полска. Во моментов, Украина обезбедува воен персонал во ИСАФ, вклучувајќи инструктори на мисијата на НАТО за обука во Авгани-стан (NATO Training Mission in Afghanistan, NTM-А). Украина, исто така, ја посочи својата подготвеност да учествува и после 2014 г., со цел советување и помош на авганистан-ските безбедносни сили.

Драган Павловски

Page 36: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

36

ако што е веќе познато, влегувањето во сојузи претставува несовршена форма на колективното водење на државите кое често директно влијае

врз безбедноста и благосостојбата на мно-зинството од населението во светот. Иако некои сојузи опстојуваат а некои не, практи-ката на алијансите продолжува. Всушност, сојузите постоеле уште од времето на „Де-лиан лигата“ во Грција во 5 век пред нашата ера. Секогаш имало потреба и причина да се формира сојуз (алијанса). Северноатлантската договорна органи за-ција (НАТО) не е исклучок. Алијансата е ос-нована на 4 април 1949 година. Алијансата е „зачната во страв и родена во заморената европа“ и има „преживеано“ повеќе од 60 години. Од основањето, нејзиното член-ство се зголемуваше, нејзиниот фокус се трансформираше, а причината за нејзиното постоење постојано беше под интензивен напад. Сепак, НАТО-алијансата сè уште по-стои. Во поново време и под надзор и мандат на Обединетите нации (ОН), НАТО го презеде водството на Меѓународните безбеднос-

билна авганистанска влада и едвај способни Авганистански национални безбедносни сили (ANSF) е можна, речиси секој признава дека при вакви услови ќе треба долго вре-ме за да се постигне сето тоа. Претседате-лот хамид Карзаи изјави дека раширената корупција, нарко-дилерите и криминалот го инхибираат развојот на стабилни и леги-тимни институции во неговата земја. Овие чувства и сурови признанија на обновена-та сила на талибанската ефективност не-одамна беа потенцирани од специјалниот пратеник на претседателот Барак Обама за Авганистан, Ричард холбрук, и од страна на поранешниот командант на ИСАФ, гене-ралот Стенли Мек-Кристал. На пример, во периодот меѓу 2005 и 2006 година, бројот на самоубиствени напади од бунтовници-те и терористите се зголеми од 27 на 139, што претставува зголемување поголемо од 400 проценти; употреба на импровизирани експлозивни направи повеќе од двојно, од 783 на 1677 и бројот на вооружени напади е зголемен речиси тројно, од 1558 на 4542. Во комбинација со, во почетокот непостоеч-кото, а подоцна и слабото присуство на САД

ВИДУВАЊА, АНАЛИЗИ И ПРОГНОЗИ

ВЛИЈАНИЕТО НА ИСАФ ВРЗ ИДНИНАТА НА НАТО

ни сили за помош (ИСАФ) во Авганистан со мисија која вклучува обезбедување на без-бедноста, управувањето, реконструкцијата и развојот. Ова беше првата НАТО-мисија „надвор од областа“, а влоговите беа (и сè уште се) висо-ки. Многу меѓународни научници, лидери и дипломати тврдат дека ИСАФ е на нестабил-на основа, а ако тоа не успее во Авганистан, НАТО може да страда од фатален удар. За рамнотежа, сепак, и покрај својата несовр-шеност и повремената неефикасност, НАТО ќе преживее, дури и ако ИСАФ не успее. Фо-кусот овде не е насочен кон испитување на операциите на ИСАФ по себе, туку на ела-стичноста на несовршената НАТО-алијанса. На крајот, членките едноставно повеќе ќе изгубат отколку што ќе добијат, доколку до-зволат НАТО да се распадне.

„ПОД ПРИТИСОК“Многумина предупредуваат на подлабоки проблеми во рамките на ИСАФ кои се заканa за иднината на НАТО. Товарот на НАТО по прашањето за делење на одговорностите излезе повторно на виделина, но овојпат со жртви на воен персонал. Недостатокот на вистинско единство на команда и напор во внатрешноста на ИСАФ е трнливиот про-блем кој создава „триење“, особено кога американско управуваното COIN се судира со „помеката“ НАТО-управувана мисија за да „обезбеди безбедност и стабилност“. И, конечно, националните ограничувања, како и способноста на членките на НАТО да одберат од „асoртиманот“ на мисиите, се чини дека го поделија ИСАФ на многу ситни парчиња за управување. Овие прашања ја ставија мисијата ИСАФ под огромен при-тисок, а исто така и нејзината иднина стана неизвесна. За повеќето набљудувачи, ситуацијата во Авганистан е класичен бунт, во голема мера предводен од страна на Талибанците. Иако многумина мислат дека победата преку ста-

Page 37: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

37

со цел да се развијат позначајни односи со локалното население и дека е потребно единство на командување и напор за успех на мисијата.Талибанците се свесни за „пукнатините“ во Алијансата. Според некои НАТО и герман-ски официјални лица, цел на Талибанците во релативно безбедниот север, станаа германските војници во обид да ја принудат Германија да се откаже и да го напушти Ав-ганистан.Поделбата на одговорностите и пробле-мите е основен услов за здрава Алијанса. Сите треба да ги жртвуваат „крвта“ и бо-гатството, речиси подеднакво во однос на способноста и можноста. Ова не се случува во ИСАФ. Но, проблемот на нееднаквата поделба на одговорностите во НАТО не е нов, па дури и за време на Студената војна ова прашање беше често. Но, во Авганистан, тоа не е само прашање на товар на даночниот обврзник, но и на реално загубените животи. Во го-лема мера, поради вградените социјални и трудови програми, многу европски влади постојано го избегнуваа вложувањето во одбраната со ветување за фер воен при-донес во НАТО, но ветувањето многу често не беше исполнето. Всушност, тие може да се кријат под превезот на безбедноста на НАТО и да добиваат безбедност за евтини сретства, познавајќи ги и САД, како далеку најголеми придонесувачи на општата колек-тивна безбедност за сите.На пример, само пет членки на НАТО го ис-полнуваат или го надминуваат условот за издвојување на два проценти од бруто-до-машниот производ за трошоците за одбра-ната за Алијансата: САД, Велика Британија, Франција, Грција и Бугарија. Другите 23 земји се под 2 проценти, а некои и значи-телно под тоа. Оваа нерамнотежа не е нов феномен, но постои во една или во друга форма со децении. Покрај тоа, само околу 6 отсто од неамериканските трупи на НАТО (приближно 80.000) се обучени и опремени за распоредување во кое било време. Кога се притиснати, овие влади често ја користат „меката“ моќ како алиби за да се обидат да компензираат. Тие или немаат војници да ги испратат или не сакаат да ги испратат.Тековната нерамнотежа има политички аспект, како и знак на протест поради аме-

риканската инвазија на Ирак, што уште повеќе е закана за кохезијата на НАТО. Спо-ред шпанскиот министер за надворешни ра-боти, „Заканата од заедничко уништување за време на Студената војна го чуваше ‘бурето барут’ покриено и поделбите скри-ени, а Ирак го отвори капакот за да ги от-крие сите проблеми во Алијансата“. Според други експерти, овојпат тоа не е политика,

како и обично. Многу европски земји имаа доволно од она што тие го гледаат како пре-терано агресивен и милитантен американ-ски унилатерализам, особено во Ирак. Како резултат на тоа, апелот за помош на САД во Авганистан доби придушен одговор. Многу-мина се прашуваат зошто европејците тре-ба да го вреднуваат сојузот кој Американ-ците го игнорираат кога тие тоа го сакаат. Особено француското и германското поли-тичко непријателство кон Ирак сериозно ја уништија трансатлантската солидарност.И, конечно, највидлив израз на волјата или на намерата на земјите-членки на ИСАФ е употребата на националните ограничувања. Додека некои земји-членки на НАТО, како што се Германија и Италија, придонесува-ат значително во бројката на војници во ИСАФ, со што го делат товарот за мисијата, како и солидарноста, нивните војници се ограничени на одредени улоги или на гео-графски области, или и на двете истовре-мено. На пример, Германците одбиваат да извршат офанзивни борбени операции или распоредување надвор од регионалната ко-манда Север и Турците не сакаат да се рас-поредуваат надвор од Кабул. Според некои експерти, овие специфични ограничувања, меѓу другите, го имаат отруено ИСАФ. Гене-ралот Мек-Кристал го почувствува нивниот штетен ефект врз мисијата ИСАФ и им се обрати со наведување дека некои земји во ИСАФ се премногу заштитнички настроени

кон нивните сопствени сили и треба да из-лезат од нивните бази и оклопни возила, да се вклучат во работата со народот и да со-работуваат со ANSF со цел да бидат ефек-тивни.Иако некои земји на НАТО немаат так-ви ограничувања, ситуацијата е доволно очајна за американскиот секретар за од-брана да изјави дека националните огра-ни чувања направиле двојна алијанса за оние кои се подготвени да се жртвуваат и да се борат и оние кои не се подготвени, создавајќи структура на односи кои „ефек-тивно ќе ја уништат Алијансата“. Во 2008 година руската инвазија на Грузија преди-звика многу европски лидери и гласачи да ја преиспитаат опасноста од закани за евро-па. Тие се сомневаат во директната закана од Талибанците во европа, во споредба со заканата од загадочна и обновена Русија. Сè додека ова чувство може да ја поткрепи потребата за НАТО во европа, тоа не пома-га за решавање на работите во Авганистан.

м-р Венцислав Чучурски

и на ИСАФ во нарко-подгреаниот Југ, лесно е да се види зошто некој набљудувач пра-шува: Како може „добрата војна“ на Амери-ка да добие толку лош колосек?Во поново време Талибанците продолжија да притискаат со нивниот бунт. Во 2008 го-дина имаше 30 отсто зголемување на тали-банските напади врз ИСАФ и ANSF, а овој тренд продолжи и во 2009 година. Апелите од претседателот Карзаи за зголемување на бројот на војниците на НАТО во голема мера не вродија со плод. На пример, негово-то барање за 3500 војници повеќе во 2004 година на НАТО-самитот во Истанбул доби половина од бараното и за половина помал-ку време од бараното. Оваа ситуација се повтори неколкупати, сè додека претседателот Барак Обама во де-кември 2009 година не реши да испрати значително повеќе сили во Авганистан. Ова предизвика дополнително, иако малобројно, зголемување на бројот на војниците од ев-ропските земји-членки на НАТО. Одлуката на претседателот претставува промена во стратегијата и е резултат на остра, искрена и сеопфатна процена од страна на генера-лот Мек-Кристал. Неговата процена истакна влошување на ситуацијата во Авганистан, растечки бунт и итна потреба да се менува во стратегија која се фокусира на луѓето, на нивната безбедност и нивните политички склоности.Значително, генералот Мек-Кристал ја за-сили изјавата за мисијата на ИСАФ. Очи-гледно обидувајќи се да се спои на повеќе кинетичка и COIN-фокусиранa мисија „Одржување на слобода“ со потребната „помека“ ИСАФ-мисија која се фокусираше на „обезбедување на безбедност и ста-билност“, новата мисија тврди дека „ИСАФ спроведува операции во Авганистан за да се намали способноста и волјата за бунт“. За НАТО, ова е радикална промена каде збо-ровите значат многу. Во ниту еден друг НА-ТО-документ поврзан со ИСАФ нема да го најдете зборот бунт или бунтовништво, ниту се споменува дека има намера да се изведу-ваат операции против бунтовниците. НАТО повеќе користи непрецизни термини како „милитантен“ и „безбедносен инцидент“, от-колку терминот „бунтовнички напад“. Ова не треба да биде изненадување, како што е веќе наведено. НАТО, технички работи под ОН, Глава VII - Мандат за спроведување на мир. Фактот дека Северноатлантскиот со-вет дозволи оваа нова изјава за мисијата да стои во документот може да биде само „естетски“, бидејќи земјите кои учествува-ат сè уште имаат можност за сопствено одлучување и повлекување, како и за наци-онален протест. Како што истакна еден ек-сперт, земјите-членки веќе не се договaрaат за мисијата на НАТО во Авганистан.Други, пак, укажуваат на хроничните тен-зиите меѓу европа и САД, околу тоа што се гледа во поголемиот дел од европа како американски проблем, наместо да прет-ставува проблем на НАТО. Овие европски членки на НАТО сакаат нивните сили да им служат на НАТО, а не на САД. Да бидеме фер, расположението на САД повремено ги оценува европските придо-неси како бескорисни, а тоа не им помага на напорите за зајакнување на единството. Повеќето конструктивни и корисни критики дојдоа од генералот Мек-Кристал, кој ис-такна дека голем дел од припадниците на ИСАФ не се обучени или опремени за COIN-мисијата и дека неколку земји-учеснички треба да ја зголемат должината на турата,

Page 38: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

38

ЦИВИЛНАТА ЗАШТИТА ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈАивилната заштита (ЦЗ) во Р. Бугарија е регулирана со повеќе закони и под-законски акти. Меѓу најзначајните ќе ги споменеме: Законот за внатрешни

работи, Законот за заштита од катастрофи, Законот за заштита на животната средина, Законот за води, Законот за шуми и др.Во согласност со наведените закони Р. Бугарија развива Систем за интегрирана заштита и спасување на населението и на материјалните добра од катастрофи. Основ-ните принципи на заштитата при катастрофи се: 1. Право на заштита на секое лице.2. Предност на спасувањето на човечкиот

живот пред останатите активности за за-штита.

3. Публицитет на информациите за ризиците од катастрофи и за активностите на орга-ните на извршната власт за заштита при катастрофи.

4. Приоритет на превентивните мерки при обезбедување на заштитата.

5. Одговорност за спроведување на мерките за заштита.

6. етапно обезбедување на сили и ресурси за заштита.

Основна цел на Системот за интегрирана заштита и спасување на населението и на материјалните добра е заштита на населени-ето, материјалните добра и животната среди-на од сите видови катастрофи.Заштитата при катастрофи се врши на на-ционално, на регионално и на општинско ниво и се остварува преку: спроведување на превентивни активности; спроведување на активности за заштита при настанување ка-тастрофи; поддршка и обновување;ресурси

ОД РЕГИОНОТ

објектите; изградба и одржување на систе-ми за следење, рано предупредување и известување; обезбедување на колективни и индивидуални средства за заштита; об-ука и практична подготовка на централните и на територијалните органи на извршната власт, на силите за реакција, на добровол-ните сили и на населението;прифаќање и имплементација на национална програма за заштита при катастрофи;превентивна кон-трола и друго. Активностите за заштита на население-то во случај на опасност или катастрофа се: предупредување; спроведување на итни мерки за намалување на влијанието; преземање на спасувачките операции; давање на медицинска помош во итни

и осигурување;обезбедување и прифаќање помош.Превентивни активности се врши со цел намалување на ризикот од катастрофи. Превентивните активности вклучуваaт: анализа и процена на ризиците од катастро-фи; мапирање на ризиците од катастрофи; прекатегоризирање на населените места во зависност од бројот на потенцијално за-сегнатото население;воспоставување на критичните инфраструктури и на објектите и процена на ризикот за нив; мерки за намалување на ранливоста на објектите; планирање на заштитата при катастрофи; почитување на барања за уредување и планирање на територијата, инвестициско-то проектирање, изградба и работење на

Page 39: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

39

состојби; прва психолошка помош на на-страданите и на спасувачките екипи; совладување и искоренување на еко-лошки инциденти; заштита од експлози-ви и муниција;операции за пронаоѓање и спасување; зрачење, хемиска и биолошка заштита при инциденти и несреќи со опасни материи и материјали и против нуклеарно, хемиско и биолошко оружје; ограничување и искоренување на пожари; привремено отстранувања, евакуација, прикривање и обезбедување на индивидуални средства за заштита; извршување на неодложни итни ремонтни работи; ограничување на ширењето и искоренување на настанати епидемии и епизотии од заразни и паразит-ски болести; други операции поврзани со за-штитата и спасувањето.

ПРАВА И ДОЛжНОСТИСекое физичко лице има право на: инфор-мации за мерките за обезбедување на за-штитата; обука за начините на однесување и дејствување при катастрофи; средства за заштита; неодложна прва помош; надо-месток за реално предизвикани штети при катастрофи.Обврски на правните лица се да развиваат план за вонредни ситуации; при настаната хаварија во објектот се должни веднаш да започнат спроведување на спасувачки и неодложни итни ремонтни работи; да гра-дат и да одржуваат локални системи за откривање; да создаваат, да подготват и да одржуваат во мирување сили и средства за заштита на работниците, на територијата и на објектите; да одржуваат обуки за вра-ботените за заштита при катастрофи; да организираат спроведување на вежби по

извршување на итниот план најмалку еднаш годишно и друго.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦИВИЛНАТА ЗАШТИТАЗаштитата и спасување на населението и на материјалните добра (МД) од катастрофи се врши на национално, на регионално и на општинско ниво.На национално ниво одговорни се Владата и одделно секое министерство. Владата ја креира државната политика во поглед на заштитата од катастрофи. Донесува Стратегија за намалување на ризик од ка-тастрофи, Национална програма за зашти-та при катастрофи и годишни планови за нејзиното спроведување, Национален план за заштита при катастрофи. Владата од 2011 воспостави Националeн систем за рано предупредување и известување на ор-

Системот за противоградна заштита. Воспо-ставен е во регионите Видин, Монтана, Вра-ца, Плевен, Пазарџик, Пловдив, Стара Заго-ра и Сливен и брани територија од околу 17 000 км2. Се остварува преку набљудување на атмосферските процеси со Доплер ра-дар МРЛ5-IRIS и спроведување на активни влијанија. За извршување на задачите во рамките на Извршната агенција противград-на борба (ИАБГ) се изградени и дејствуваат 8 регионални дирекции со 9 командни места и соседните ракетни игралишта.На регионално ниво одговорен за за-штитата и спасувањето на населението и МД од катастрофи е гувернерот. Во таа смисла гувернерот ги:координира и ги кон-тролира подготовките за катастрофи из-вршени од регионалната администрација, територијалните единици на министерства-та и самите министерства, правните и фи-зичките лица во областа; организира и кон-тролира спроведувањето на превентивни мерки за спречување или намалување на последиците од катастрофи; обезбедува податоци за изготвување на Националниот план за заштита при катастрофи; создава организација за известување при катастро-фи; други активности. Гувернерот на територијата на својот регион може да прогласи вонредна состојба. На општинско ниво Директоратот нема свои оддели. На општинско е одговорен градо-началникот. Градоначалникот организира и раководи со заштитата при катастрофи на територијата на општината. Градоначални-кот може да прогласи вонредна состојба на територијата на општината.

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИОбезбедувањето човечки ресурси во зашти-тата и спасувањето се остварува на три ос-нови: професионална основа, задолжителна основа и доброволна основа. Професионално вработени во системот се околу 3750, од кои близу 1550 вработени се во Генералниот директорат за заштита од пожар и заштита на населението.На обврзно ниво во силите за заштита и спасување се распоредени близу 13000 обврзници. Единици се формирани во сите региони. Во Р. Бугарија во невладиниот сектор на до-броволна основа се формирани доброволни организации во сите региони. Тие настапува-ат како помошни сили во акциите за заштита и спасување. На доброволно основа се вклу-чени 2229 спасувачи.Во изминатиов период карактеристични се последиците предизвикани од: поплави, по-жари и лизгање на земјиштето. Од поплавите во 2005 година беше зафа-тена над 80% од територијата на земјата со над 3.200.000 жители, од кои директно беа погодени 2.000.000 луѓе. Човечките жртви имаше над 20, а нанесените штети изнесу-ваа 890 милиони левови. Исто така, оваа година се случија страшни поплави во Бугарија. Во водените стихии во Варна, во Добруџа и во Килифарево живо-тот го загубија најмалку 11 лица.Најголем број пожари имало во 2000г. и во 2007 години, односно 1.710 и 1.478. Зафа-тените површини изнесуваат 57.406 хa во 2000 г. и 43.000 хa во 2007 година. Во несреќи од лизгање на земјиштето, за-клучно со 2012 година, се регистрирани 1.735 свлечишта со вкупна површина околу 206 000 хектари, од кои 1.164 се во урбани-зирани подрачја.

д-р Менде Солунчевски

ганите на извршната власт и на населението при катастрофи и ги определува со пропис условите за функционирањето на истиот по предлог на министерот за внатрешни рабо-ти, создава Советодавен одбор и Национа-лен штаб .За поддршка на активностите на националниот штаб се создаваат работни групи од експерти. Владата предвидува фи-нансиски средства за заштита при катастро-фи и друго.Секое министерство е одговорно за заштита и спасување на населението и МД од ката-строфи во рамките на својата дејност. Сите министри учествуваа во креирање на на-ционалните Програма и План за заштита и спасување. Во рамките на министерствата, сепак, најодговорно е Министерството за вна-трешни работи (МВР). МВР обезбедува заштита при пожари, катастрофи и вонред-ни ситуации. Во рамките на МВР се наоѓа Генералниот директорат за заштита од по-жар и заштита на населението. Основни функции на Директоратот се:превентивна активност;државна противпожарна контро-ла и превентивна контрола;противпожарнa и спасувачка дејност; издавање на дозволи и контролна активност на трговците кои вршат активности за обезбедување пожарна без-бедност на објектите или за одржување и сервисирање на апарати, системи и опре-ма поврзана со пожарната безбедност; оценување на сообразноста и контролна активност на производи за гаснење; неод-ложни итни ремонтни работи, оперативна заштита при поплави и операциите за по-трага и спасување, и хемиска, биолошка и радијациона заштита; рано предупредување и алармирање при катастрофи и при воздуш-на опасност на органите на извршната власт и населението; методолошка и експертска помош на територијалните органи на из-вршната власт во однос на заштитата при катастрофи и при организирање активности-те на доброволните формации; одредување на пожар, карактеристики на производите и на техничките и оперативните показатели на противпожарната опрема и производи за гаснење. Директоратот наведените функ-ции ги остварува преку: Оддел за државна ПП-контрола и превентивна дејност; Оддел за набљудување и управување со ризик; Оддел за оперативни дејности; Оддел за човечки ресурси; Оддел за координација и информациско аналитичка дејност; Оддел за логистика; Оддел за за истражување и ек-спертиза; Оддел за одбранбено мобилизаци-ска подготовка.Во секој од овие оддели има по неколку по-мали организациски единици. Исто така, во рамките на Директоратот има неколку самостојни помали организациски единици.На регионално ниво во секој регион Дирек-торатот има свој регионален директорат за заштита од пожар и заштита на населението. Регионални директорати функционираат во градовите: Софија, Благоевград, Бургас, Вар-на, Големо Трново, Видин, Враца, Габрово, Добриќ, Јамбол, Кардџали, ловеч, Монтана, Пазарджик, Плевник, Плевен, Пловдив, Раз-град, Русе, Силистра, Сливен, Смолин, Стара Загора, Трговишче, ќустендил, хасково и Шумен. Некои од овие региони за поголема ефикасност и пристап до населението имаат формирано и подрачни служби. На регионал-но ниво, исто така, се воспоставени 6 реги-онални центри на европскиот број за итни ситуации 112. И тоа во градовите: Софија, Монтана, Русо, Варна, Бургас и Кардџали.На регионално ниво од големо значење е и

Page 40: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

40

Потрага по општа теорија на војната

Војната како применета наука

еалноста на модерното војување ста нува премногу комплексна за со неа да се занимаваат надарени ама-тери. Потребни се професионални

офицери кои го посветиле животот на раз-бирање на војната за да ја дефинираат но-вата парадигма. Додека стратегиското пла-нирање за идната војна пред сè зависи од правилно одредување на националната без-бедносна политика на државата, начинот на кој војската ќе војува во идната војна зависи од тоа како во мир ќе се подготвува за војна, вклучувајќи и реално сфаќање на војната.Денес постои неуспех да се направи унифи-цирана теорија на војната, што доведе до концептуална конфузија, правејќи интелек-туална празнина полна со звучни зборови од типот на асиметрично војување, хибридна војна, четврта генерација на војна, војна низ целиот спектрум и сл. едно прашање треба да го мачи војникот: како ќе изгледа следна-та војна и што треба војската да направи за да победи? Професионалните офицери тре-ба да гледаат на мирот како на пауза меѓу две војни и квантитативно ограничено вре-ме за да се направи ретроспектива и подго-товка за следната војна. Тие треба да имаат своја улога во влијанието на стратегијата на државата, во рамки на уставно поставе-ните цивилно-воени односи како најстручни во општеството по прашање на воените работи. Воените и политичките лидери тре-ба заеднички да мислат за остварување на стратегиските цели преку развивање на дол-горочни решенија, но дизајнот на војската е работа на војниците. Кога се бара воено решение, погрешно е да се дојде до заклучок дека подобро е да

КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПРОМЕНИТЕ ВО ГЛОБАЛНОТО ВОЈУВАЛИШТЕ И ГЛОБАЛНИТЕ ЕфЕКТИ НА ДЕНЕШНИТЕ ВОЈНИ, ДЕНЕС ПОСТОИ ГЕНЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ ДА СЕ КОЦЕПТУАЛИЗИРА МОДЕРНАТА ВОЈНА. КРЕАТОРИТЕ НА ПОЛИТИКИТЕ (ЦИВИЛНИТЕ ЛИДЕРИ) ИМААТ ПОТЕШКОТИЈА СО ДЕфИНИРАЊЕ НА НЕПРИЈАТЕЛОТ, ЦЕЛИТЕ И ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОЕНАТА ПОБЕДА, А СО ТОА И ПОМАЛО РАЗБИРАЊЕ НА ВОЈСКАТА КАКО ИНСТИТУЦИЈА. ИСТО ТАКА, ЕВИДЕНТНО Е ДЕКА ПoСТОИ НЕУСПЕх И МЕѓУ ВОЕНИТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ ШИРУМ СВЕТОТ ДА СЕ СОГЛАСАТ ОКОЛУ КОНЦЕПТОТ НА МОДЕРНАТА ВОЈНА. ВОЈНИЦИТЕ ПОВЕќЕ КАКО ДА НЕ СЕ СИГУРНИ ШТО ЗНАЧИ ТЕРМИНОТ „ВОЈНА“ И Сè ПОТЕШКО ИМ Е ДА ГО ОБЈАСНАТ ТОА НА ЦИВИЛНИТЕ ЛИДЕРИ, ОСОБЕНО ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ОПШТЕСТВА. Сè ПОТЕШКО Е ДА СЕ УБЕДАТ ДЕМОКРАТСКИТЕ ЛИДЕРИ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ИЗДВОЈАТ ДОБРИ ПАРИ ЗА ДА СЕ ПОДГОТВУВА ДРжАВАТА ЗА ВОЈНА

Page 41: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

41

се избегне военото решение и да се про-должи со дипломатија. Тоа не е работа на војникот, негова работа е секогаш да пла-нира воена опција. Клаузевиц велел дека е погрешно да се сврти грб на насилството и оној кој ќе замижи пред противникот само ќе му даде предност. Доколку нацијата гради психологија дека нема никогаш да војува, нема ни да се подготвува за војна. Целта на војната е или тотално уништување на непријателот или непријателот да го пот-чиниш на твојата волја, т.е. да признае дека е победен. Кога две страни се спремаат за војна, само една работа ги воздржува, а тоа е чекање на подобра прилика пред да пре-земат акција. Војната никогаш не избувнува одеднаш и не е изолиран акт, ниту пак завршува трајно туку само се стекнуваат услови за следна-та конфронтација. Оперативната вештина служи да ја доведе војската во подобри по-зиции на боиштето така да постои поголема слобода на акција. Покрај остварување на стратегиските цели и воена победа, целта на војската е да им овозможи што е можно повеќе опции на политичарите на прегова-рачката маса. Понекогаш Клаузевиц е по-грешно цитиран кога зборува за тоталната војна. Тој објаснува што е тоа, но бил све-сен дека непријателот тешко може тотално да се уништи. Тоа не е реално и целите во војната мора да се лимитираат. Ако не се постигне мир, тогаш постои опасност да се уништиш себе си, така да целта на војната според Клаузевиц е да се натера против-никот да ги прифати наметнатите или по-нудените барања, но при тоа да се избегне тотална војна. Сите размислувања околу пронаоѓање на општо прифатлива теорија за војната во по-следниот век гравитираат околу ставовите на Клаузевиц. Неговото влијание претежно доминира во западната научна мисла и се оди дотаму да се каже дека постојат две те-ории на војната: онаа на Клаузевиц, и сите останати кои се погрешни. Војните на Запад во 20 век направија да се размислува за војната прво од аспект на технологијата, а потоа од сите останати како што е културата и сл. Кога се гледа на војната се гледа како на хаос и се поставува прашањето како да се вовоеде ред и предвидливост на војната во тој хаос преку делење на реалноста на мали парчиња полесни за објаснување. Што навистина е корисно за воените ли-дери во командувањето и контролата, за да се воспостави ред на боиштето? Гене-ралниот заклучок кој постои денес е дека занемарување на оперативното ниво на војување е бегање од когнитивната тензија и неразбирање на суштината на војната.Постои сè поприфатлив став дека се прете-рува кога се вели дека природата на модер-ната војна е сменета во однос на минатите војни. Ова што се случува денес со промена на глобалното оперативно опкружување не е ништо ново, историјата само се повтору-ва и секогаш имало периодични шокови на боиштата. Според Клаузевиц, принципите на војната треба да се менуваат константно во дадениот временски контекст, промена на околностите и оперативната средина, но самата природа на војната на крајот остану-ва иста. единствен начин да се разбере војната е преку интеракција. Оние кои ја практикуваат се воедно и најдобри. Во отсуство на прак-тична работа кога подолго време војската е во мир, главен водич на воените профе-

катни примери кои се полезни, но не и суш­тински за војната. Ветувањето дека војната ќе биде кратка и без жртви е слатка заблуда и лошо ја фокусира доктрината. Може слободно да заклучиме дека опе­ра тивната вештина е производ на техно­логијата. Денес еден војник зафаќа многу поголем простор на боиштето отколку по­рано. Технологијата наметнува промени во тактиката, а доктрината се труди да ја стигне тактиката. Пример за ова е американската граѓанска војна, во која иако веќе постоеле пушки со репетирање, не биле прифатени ниту од едната ниту од другата страна. Це­лата граѓанска војна била тактика на борбен распоред рамо до рамо како единствен на­чин за ефикасно пукање. Наивно е да се смета дека биле глупави и си играле со чо­вечките животи. Едноставно, двете страни биле практични бидејќи воведување на но­вото оружје би значело логистички кошмар за снабдување на муниција заради побрзо пукање, а истовремено понепрецизно зара­ди сигурноста која ја давала. Модерната војна, а тука се подразбираат и идните војни, нужно ќе ја интегрира опе­ративната вештина дури и ако не е прифа­тена како дел од воената доктрина бидејќи оперативната вештина е логично решение како да се излезе на крај со комплексноста на денешницата. Војските низ целиот свет интуитивно ќе се развиваат во рамките на политиката на своите држави и ќе бидат ограничени со проблемска рамка зададена од цивилните лидери. Но за да се изградат воени организации способни да победат, мора да се изгради психологија на победа во војна соодветна на временската рамка во која се наоѓаме.

Затоа е потребно развивање на општа теорија на војната која ќе ја објасни и образ­ложи потребата од примена на вооружено насилство како алатка на политиката. Не може да се прејде преку фактот дека де­нешниот човек има различна психологија на размислување кога треба да се тргне во војна. Професионалните војски кои сè повеќе доминираат на Запад полека како да го потиснаа концептот на слободен граѓанин во улога на војник. Комфорот на моменталниот мир не смее да создаде илузија дека војната е работа само на мал процент професионалци во општеството, бидејќи во случај на војна, ќе бидат засегна­ти сите во државата.

Ѓорѓи Вељовски

сионалци за идната војна треба да биде по-следната војна. Кога се анализира минато-то, поважно е да се сфати зошто одредени одлуки се донесени, а не дали биле исправ-ни или не. Покорисно е да се сфати каков бил процесот на донесување на одлуките и условите под кои биле донесени тие од-луки. Воените професионалци низ цел свет како дел од својата обука одново и одново ги анализираат минатите војни, кампањи и битки, со намера да влезат во главата на оние кои ги воделе. За да се изгради силна војска, потребна е оперативна вештина и разбирање на војната, но предуслов за сето тоа е да по-стои закана по егзистенцијата на државата. Доколку државата е загрозена, само тогаш се појавува желба за проектирање на моќта на државата. Се јавува потреба да се одржи присуството на територијата, бидејќи леги-тимноста на една држава произлегува од контрола на територијата и луѓето. Затоа концептот на војната на една војска треба да биде интерпретација на минатите војни, перцепција на сегашноста и идните закани. Маршалот Гарнет Џозеф Волсели рекол дека оној офицер кој не ја разбира војната како применета наука и не ја познава воена-та историја, е бескорисен над чин капетан. Секогаш во науката прогресот го прават или многу млади или нови во науката, бидејќи не се индоктринирани со постоечката парадиг-ма и се отпорни на прагматизмот. Редукци-онизмот тежнее да ги отфрли новите идеи и тие тешко поминуваат кај постарите. Тешко е да се направи промена и да се докаже не-што ниво. Иако доктрината не е директива туку водич, понекогаш командантите пра-ват да биде таква. Затоа теоријата треба

да се тестира, да се провери за да се види дали има потреба од нова парадигма. Во-ените науки се „историски свесни“ и учат од историјата. Оние кои се занимаваат со опе-ративна вештина треба да направат разли-ка меѓу ситуационо изненадување и фунда-ментално изненадување на војувалиштето. Второто поттикнува нова парадигма и измени во доктрината. Проблемот при тестирање на новите теории во воените науки е тоа што се тестира со живи луѓе и доколку е погрешна, резултира со губење човечки животи. Постои мислење дека док-трината треба да произлезе исклучиво од сопственото искуство. личното искуство не дефинира какви сме. Но тогаш има опас-ност да се развие теорија за војната само врз основа на споредување издвоени и уни-

Page 42: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

42

ИНФОРМАЦИИТЕ ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАинтернетниот спектар на информации), на Иран (обид за блокирање на веб-портали) и други. Доколку се направи анализа за причините за неуспех на овие држави во обидите за задржување на информаци-ите како инструмент на моќ, многу лесно може да се дојде до заклучок дека бор-бата со виртуелниот безлокациски и без-временски свет на интернетот е речиси невозможно да се добие. Како причини за неможноста на државите да победат во оваа битка е мноштвото на индивидуи кои се вмрежени на интернет. Со други збо-рови, „вмрежените“ индивидуи однатре ја прават државата „порозна“ за проток на информациите.Колку повеќе лица од државите се при-клучени на мрежата, толку е потешко справувањето со нив, бидејќи битката од персонална преминува во технолошко-ин-форматичка битка. Создавањето на вир-туелен свет во државите, кој е паралелен со вистинскиот и неможноста за целосна контрола над него ги доведува државите

речиси да ја изгубат битката за еден од инструментите на моќ, а тоа се информациите.Во ерата на глобализација, кон-тролата врз инструментите на моќ за државите станува импе-ратив. Еден од инструментите на моќ, информациите, стану-ваат непремостлива препрека за државите. Досегашното ис-куство покажува дека обидот за контрола на овој инструмент на моќ е сизифовски тешко. Имајќи го предвид досега изнесеното, може да се уочи зошто токму информациите од инструмент на моќ на државите станаа инстру-мент на моќ на поединците.

Васко КоколанскиБојан Николовски

нструментите на моќ на државите се онолку силни колку и можноста државата да има целосна контро-ла и можност за употреба врз нив.

Глобализацијата во државите доведе до нарушување на овие можности, што по-себно се однесува на информациите како инструмент на моќ. Во овој текст е напра-вен обид да се објасни како информациите од инструмент на моќ на државите станаа инструмент на моќ на поединците.Глобализацијата, во принцип се одне-сува на ширењето на сопствениот на-чини на живот врз целокупниот свет. Однапред е многу тешко да се утврди дали глобализацијата е позитивна или, пак, негативна, но многу научни работ-ници ги аргументираат своите ставови кои се „за“ или „против“. Сите овие ста-вови имаат сопствена поткрепеност, почнувајќи од глорификација на процесот на глобализација во државите, па сè до тоа дека глобализацијата, всушност, е про-цес кој неминовно ќе биде запрен. Преку овој текст ќе се обидеме да го согледаме соодносот помеѓу глобализацијата и државите како актери, гледано низ при-змата на инструментите на моќ и воедно да се апострофираат неколку клучни точки, на при-мер како протокот на информа-ции во ерата на глобализација го минимизира влијанието на државата, а го максимизира по-единецот.Процесот на глобализација, впро чем, со себе носи големи про мени во перцепирањето на инструменти на моќ од страна на државите како актери. Ова посебно може да се почувствува во областа на достапноста на информациите и нивниот брз

проток. Кога овде би направиле една па-ралела на можноста за пристап до инфор-мации некогаш и сега, би добиле застра-шувачки резултати за брзината на проток на информациите. Достапноста на инфор-мациите, како и можноста за брз пренос, го релативизираат времето и просторот, гледано од безбедносен аспект. Во ерата на глобализацијата, светот, а со него и државите како актери, стануваат сè потранспарентни, односно можноста за прикривање на информациите стану-ва минорна. Овој процес, државите, преку останатите инструменти на моќ, се обиду-ваат да го попречат. Интернетот, како основна алатка за добивање на информации, го ревиди-раше погледот на вредности што го про-пагираа државите. Обидите од државите за филтрирање на информациите кои се достапни, во голема мера се покажаа како неуспешни. Како примери би можело да се наведат обидите на САД („Wikileaks“), на Кина (обид за блокирање на делови од

ИНСТРУМЕНТ ЗА МОЌ НА ПОЕДИНЕЦОТ

Page 43: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

43

ационалните безбедносни цели на Република Македонија се засно-ваат врз ефективна организација на националниот безбедносен си-

стем и претставуваат основа за практична меѓуинституционална координација и заед-нички акции. Развојот и одржувањето на од-браната како инструмент на националната безбедносна политика претставува конти-нуирана обврска на сите државни институ-ции. Одбраната како систем дава поддршка и соработува со другите делови на системот за безбедност, а посебно со полицијата, во отстранување на ризиците и опасностите по безбедноста на Република Македонија, и тоа посебно во борбата против терориз-мот, граничното обезбедување, заради спречување на илегалната миграција и илегалната трговија со дрога, со оружје, со луѓе и со стратегиски материјали, како и во отстранување на последиците од елемен-тарни непогоди и други катастрофи по на-селението на Република Македонија.

Преземените меѓународни обврски и јасната определба за полноправно член-ство во НАТО подеднакво аплицираат за потребната готовност на резервните сили. Армијата на Република Македонија во содејство со силите на Алијансата ќе изве-дува дефанзивни и офанзивни операции со целиот воен потенцијал за да војува и да оствари победа. За таа цел ќе се употребат и резервните сили на АРМ, кои мора да би-дат целосно мобилизирани во случај на по-вик во вонредна состојба. Преземањето низа активности за до-ведување на општествениот интегритет на највисоко можно ниво на функционирање го остварува легитимитетот на заедницата, преку легислативни норми со спроведување на пропишан систем на мерки, наречени мо-билизациски. Мобилизациските мерки не ги опфаќаат само вооружените сили, туку и сто-панството, индустријата, земјоделството, сообраќајот и медиумите, на кои им припаѓа главната улога во креирањето на јавното

ПОДДРШКА НА БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ НА АРМ

МЕСТОТО И УЛОГАТА НА РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ СЕ ГЛЕДА ВО МЕѓУСЕБНИОТ ИНТЕРАКЦИСКИ ОДНОС, ПРИ ШТО СЕ ДЕфИНИРА И СЕ УТВРДУВА НЕГОВАТА УЛОГА, КОЈА, ПАК, ГО ПРЕДОДРЕДУВА И ГО ОЗНАЧУВА НЕГОВОТО МЕСТО. РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ СО СИТЕ СВОИ СПЕЦИфИКИ И КАРАКТЕРИСТИКИ ИМА УЛОГА НА СВРЗУВАЧКО ТКИВО, КОЕ ГИ ОПфАќА СИТЕ СЕГМЕНТИ НА ЕДНО СОВРЕМЕНО ОПШТЕСТВО. ПОДРЕДУВАЈќИ ГИ ЧИНИТЕЛИТЕ НА ОДБРАНАТА ПО фУНКЦИЈА, ЈА ДЕТЕРМИНИРА КОхЕЗИЈАТА НА БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ, ПРОИЗЛЕЗЕНА ОД СИНТЕЗАТА НА МЕѓУСЕБНИТЕ ОДНОСИ.РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ, РАЗГЛЕДАН НИЗ АСПЕКТИ НА БЕЗБЕДНОСТА, ДАВА ПРЕТСТАВА ЗА НЕГОВОТО МЕСТО ВО фУНКЦИЈА НА ПОДДРШКА НА БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ. ВО ОДНОС НА НАУЧНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА БЕЗБЕДНОСТА, ВО ЛИТЕРАТУРАТА СЕ СРЕТНУВААТ НЕКОЛКУ АСПЕКТИ ВО РАЗГЛЕДУВАЊЕТО НА ОВОЈ фЕНОМЕН, И ТОА ОД: фУНКЦИОНАЛЕН, СТРУКТУРЕН И ИНСТИТУЦИОНАЛЕН АСПЕКТ

Page 44: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

44

Врз основа на изнесеното, мобилизацијата на резервниот состав се дефинира како контролиран процес на планско, организи-рано и временски ограничено нараснување на модуларниот состав до потребниот степен на формација и достигнување на состојба на готовност за извршување на доделена мисија или водење на вооружена борба.

Мобилизацијата и планирањетоДефинираното подредување на одреде-ни активности и постапки создава раци-онален процес на човековиот однос кон постигнувањето на однапред поставе-ните цели. Менталната и интелектуална активност, логичкото и конструктивното размислување, одредувањето на цели-те во временска рамка и начинот за нив-но остварување, го прават овој процес разумен. Во суштина, тоа е процес на планирање со кој се одредува што да се прави, кој ќе учествува и како ќе учествува. Идејата на планирањето е одлучувањето кое започнува со целта, а преку дефинира-на стратегија и политика се создава дета-лен план за нивна реализација. Продукт на идејата е воспоставување на организаци-ска структура за остварување на одлуката, што на крајот се оценува со оцена за успеш-ност. Со планирањето започнуваат актив-ностите: креирање на визија, дефинирање на мисија, поставување на цели, избор на ефикасна стратегија и донесување на пла-нови за акција (активности). Планирањето е функција на менаџментот која опфаќа

мислење. Ова упатува на неопходност од едновремено извршување на претходно планирани процеси и менаџирање на ресур-сите заради синхронизација на обврските со потребите на зедницата.

МОБИЛИЗАЦИЈА НА РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВСевкупните односи во процесот на менаџирање на ресурсите се еквивалент-ни на процесот мобилизација, кој е од ис-клучителна важност за резервните сили како составен дел на Армијата, заради остварување на нивната суштинска намена. Со мобилизацијата, Армијата се доведува во состојба на готовност за извршување на борбени задачи според документите за употреба на Армијата. Состојбата на готовност обезбедува исполнување на нотираните декларирани стратегиски за-дачи: Примарна мисија на АРМ е одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на Републиката и заштита на населението од надворешни закани во сите услови – во мир, кризна состојба и во војна. АРМ во секое време ќе биде подгот-вена за исполнување на националните и на меѓународните обврски – одбрана и зашти-та на земјата, придонес во колективната са-моодбрана на НАТО, меѓународните опера-ции и заштита на пошироките национални интереси. Општ интерес на мобилизацијата е во мир-новременска состојба, преку планирани мер-ки да се достигне општествена способност и готовност за справување со која било друга состојба, без разлика дали тоа е вонредна или воена. Градацијата на способностите е во рамките на применетата воена вештина. Ако се знае дека поимот „воена вештина“ ги опфаќа речиси сите сознанија за војната, особено за борбата како главна содржина на војната, а во современи услови претста-вува теорија и практика на подготовките, организацијата и водењето на вооружената борба, тогаш таа би претставувала цел на мобилизациските мерки. Всушност, воената вештина дефинирана како систематизиран збир на сознанија на вооружената борба, во целост ја објаснува комплексноста на мобилизацискиот процес кој обединува и применува знаења од повеќе области во едно мултидисциплинарно знаење. Мулти-дисциплинарното знаење применето во ос-новните поставки на теоријата на системи-те, мобилизацијата ја прави конструктивен чинител во изградбата на системот за од-брана, а со тоа и на безбедноста воопшто. Комплементарноста на мобилизацијата во однос на системот за одбрана е содржана во дефиниција на системот за одбрана, кој може да се дефинира како целина, множе-ство сочинето од многубројни еднородни и разновидни елементи, кои прават струк-турна и функционална композиција од од-бранбени мерки и активности, сили на од-браната и носителите на работите од сфера на одбраната со извонредно голем број на меѓусебни интеракции. Во контекст на изнесеното, мобилизација на резервниот состав претставува мена-џирање на планираните расположиви ре сурси за нивно ставање во потполна функ ција на системот за одбрана. Мо би-лизацијата, согледана како еквивалент на менаџментот, дава јасна перцепција на нејзиното суштинско значење. Со тоа мобилизацијата може да се подреди и во посебни научни дисциплини врз ос-

нова на дефиницијата на менаџментот: раководење, управување или менаџмент е посебна научна дисциплина со мултидисци-плинарен карактер, која ги проучува пробле-мите на управувањето, вложувањата и оп-штествените системи. Оваа дисциплина го проучува управувањето како сложен про-цес со голем број на потпроцеси, и како гру-па на луѓе кои управуваат со процесите, а исто така ги проучува сите поединечни упра-вувачки проблеми и феномени поврзани со ефикасно извршување на конкретни задачи и должности. Менаџментот се набљудува и се опишува како процес на управување со одредени работни места, проекти и систе-ми за поефикасно постигнување на целта и се состои од потпроцесите: планирање, организирање, водење и контролирање.Поставувањето на потпроцесите во постојан интеракциски однос го оформува процесот на мобилизација кој, пластично прикажан, претставува мост меѓу мир-новременска состојба и организација на општеството и состојба на подготвеност за одбрана. Мобилизацијата е опонент на двата феномени: мир и војна и се спрове-дува со менаџирање на ресурсите во после-дователни потпроцеси. Процесот на развој и селекцијата на организираните цели и применетата стратегија за координирање, планирање, организирање и насочување на организациските ресурси (персонал, финансии, опрема, материјални средства, технологија и слично) и контрола на резул-татите, во рамка на зададено време, го про-дуцираат процесот на мобилизација.

Page 45: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

исклучително партиципативно. Во него уче-ствуваат релевантни субјекти од повеќе ни-воа и области, имајќи го предвид спектарот на основните содржини на подготовките за мобилизација и ефикасноста која треба да ја даде овој потпроцес. Со поставување на целите и одредување на потребните чеко-ри за нивно остварување, организацискиот состав се насочува кон иднината, заради што плановите претставуваат патоказ. Про-цесот на планирање инициран од поводот за планирање, ги одредува целите, одбира алтернативни токови, со што се формулира и се дизајнира планот што ја одредува фи-нансиската димензија на планот. Подготовката на детални општествено-еко-номски анализи во целосен обем е повеќе од потребна активност, за што како прв чекор при планирањето на мобилизацијата

треба да биде мапирањето на социјално-економско-еколошката моментна состојба преку профил на региони во областите на интерес на мобилизацијата за користење на ресурси. Во согласност на тоа, про-филот на регионите се споредува со побарувањата на организациската струк-тура и се согледува позитивното и нега-тивното, можностите и проблемите. Следи идентификација и анализа на фактите, врз што се формира реална визија за организа-циските и техничките можности и нивното влијание на ефикасното извршување на мобилизацијата и достигнување на предви-дениот степен на формација. Планирањето на мобилизацијата како комплексен потпро-цес е појдовната основа и столб за развој и одржливост на процесот мобилизација. Мобилизацијата како сложено организаци-ско дејство кое ги обединува борбено-тех-ничките мерки и активности е од стратеги-ска важност, особено во почетниот период, но и во водењето на вооружената борба. Во услови на воена состојба, зависно од степенот на загрозеност на земјата, обе-збедува делови на резервните сили, или во целина, плански, организирано и во опре-делено време да го достигнат одредениот степен на формација. Одредувањето на развојниот правец на планирањето е вториот чекор во потпро-цесот на планирањето на мобилизацијата. Прецизното дефинирање на главната цел, посебните цели и потребните мерки за достигнување на истите, е предуслов за успешно вертикално и хоризонтално

интегрирање на сите субјекти во мобили­зацискиот процес и дава конкретен об­лик на документ кој одлучува за успешна мобилизација на ресурсите. Планирањето на мобилизацијата во однос на поставе­ните цели и потребното време за нивно реализирање се дели на: стратегиско и опе­ративно. Стратегиското планирање е утврдување и реализација на општите цели. Процесот на стратегиско планирање на мобилизацијата опфаќа: анализа на опкружувањето, де­финирање на мисијата и визијата, развој на општите цели, креирање на стратегија за имплементација и алокација на ресурси кои се потребни за остварување на це­лите. Стратегиското планирање опфаќа соработка и координација со останатите чинители на одбраната и е во функција на остварување на стратегиските цели.Оперативното планирање на моби ли за­цијата е утврдување на детални плано­ви за примена на стратегиските планови. Содржи мноштво долгорочни, трајни пла­нови, кои опфаќаат: процедури, постапки и правила потребни за создавање на опе­ративни планови и буџет. Планирањето на мобилизацијата, согледано низ опера­тивното ниво на планирање, ја потврдува специфичноста на периодот за кој се из­работува – мобилизација и содржи: буџет, програми и проекти. Трет чекор во потпроцесот планирање на мобилизацијата е имплементацијата, која преку своите механизми на ажурирање и евалуација го одредува нивото и степе­нот на неговата примена, зависно од ко­мандното ниво, тактичко, оперативно или стратегиско. Имплементацијата определу­ва планирање на човечки и материјални ресурси за потребите на организациските состави, модули и нивно нараснување до потребниот степен на формација, обука и опремување, спроведување на стандардни процедури и достигнување на борбена го­товност.Планирањето на мобилизацијата има два аспекти: теорија и практика. Теоријата е основниот постулат во планирачкиот пот­процес на мобилизацијата, која се состои од класификација на знаења за војната, додека практиката претставува елементар­на примена на тие знаења во самиот пот­процес. Интегрирањето на двата аспекти создава валиден план за мобилизација. Од аспект на резервниот состав, планирањето на мобилизацијата, организацијата на извр­шувањето и обезбедувањето на потребна поддршка, се примарни содржини на под­готовките за мобилизација на резервни­те сили. Во мир се планираат задачите и потребните постапки за мобилизација, се планира обезбедување на сили и сред­ства за нивно извршување и се обучува персоналот за организирано и навремено извршување мобилизација во најсложени услови.Значењето на планирањето на моби­лизацијата очигледно дека е од примарна и особена важност. Овозможени се сите последователни потпроцеси, а за содржи­ната говори и мислата: „Само мудроста се занимава со идното време, бидејќи содржи имагинативност, предвидливост и креативност“, токму како што побарува планирањето на мобилизацијата на резерв­ните сили.

д-р Методија Дојчиновским-р Ивица Даневски

45

дефинирање на цели, утврдување на стратегија за достигнување на тие цели и развој на планови за интегрирање и координирање на активности.Планирање на мобилизацијата се ре-ализира преку синергија на учење-можности-визија-искуства. Општата цел на планирањето е подобрување на подготве-носта на државните органи и институции за предизвици во областа на одбраната во рамките на безбедносното опкружување. За постигнување на целта, проектните активности се насочени кон создавање на услови за примена на стратегиските определби и нивно спроведување низ идејни и ефикасни решенија. Филозофијата на динамичкиот и ефикасен развој на процесот мобилизација произлегува од интеракцијата на квалитетното планирање

на мобилизацијата, достапноста на потреб-ните компетенции (знаења, вештини, ставо-ви) и постојано лидерство. Ова би требало да резултира во процесот на одлучување за планирање на мобилизацијата. До-колку добрите одлуки навистина се одра-зат во динамички и ефикасен план за мобилизација, постои потреба за ефикасна примена на механизми кои би вклучиле примена, ажурирање и евалуација на пла-нот за мобилизација. Планирањето претставува менаџерска функција со која се одредуваат целите и развојот на организацијата, се предвиду-ваат и се дефинираат идните задачи, како и условите во кои тие задачи треба да се извршуваат, а целите да се остварат. Тоа претставува основа за вршење на други менаџерски активности: организирање, водење и контрола. Планирањето на мобилизацијата задолжително ги опфаќа глобалните национални и регионални трен-дови и прогнози. Преку планирањето се искористува потенцијалот на територијата на најдобар можен начин и истото е повр-зано со релевантните планови и идеи на повисоки и пониски нивоа. Димензијата на планирањето е пропорционална со нивото на командување. Планирањето на мобилизацијата ги интегрира економ-ските, социјалните и еколошки предизви-ци, а неговите цели се јасни и конкретни. Планирањето како потпроцес содржи ак-циони планови и индикатори за мерење на промените кои ги донесува самиот пот-процес. Планирањето на мобилизацијата е

Page 46: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

46

РАЗВОЈ НА СИСТЕМОТ ЗА ОДБРАНА И АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

епублика Македонија после 1991 го-дина комплетно го напушти стариот систем на организација и се опреде-ли својата иднина да ја гради како

полноправен член на западните интегра-тивни процеси како потенцијална членка на НАТО и на еУ. Меѓутоа, на почетокот тоа не беше така едноставно.По осамостојувањето, кај лидерството на Република Македонија преовладува-ше сознанието и уверувањето дека само полноправната и целокупна интеграција во НАТО и еУ може успешно да и обезбе-ди одбрана на државата од надворешни закани, мир, безбедност и благосостојба. За ваквата определба постоеше и сè уште постои целосен консензус помеѓу политич-ките партии и граѓаните. Како резултат на тоа, Собранието донесе Декларација за пристапување на нашата држава во пол-ноправно членство во НАТО, во декември 1993 година. За Република Македонија е интересно што таа во првите години од својата самостојност беше место каде што гло-балните актери на меѓународната сцена ги тестираа своите капацитети за превен-тивна дипломатија и кризен менаџмент, за потоа Република Македонија да прерасне од „консумент на мир“ во контрибутор во одржувањето на мирот преку учество во мировните операции предводени од ООН, од НАТО и од еУ.За безбедносната состојба во Репуб-лика Македонија постои нагласено ин-те ресерање на глобално ниво, на сите актери на меѓународната сцена (ОН, НАТО, еУ, ОБСе, САД и др.) од периодот

на нејзиното осамостојување до ден де-нешен. Таа заинтересираност се манифе-стираше преку превентивната мисија на ОН и ангажирањето на НАТО, еУ, ОБСе и САД во периодот по осамостојувањето и во разрешувањето на конфликтот во 2001 година. Во постконфликтниот пери-од и спроведувањето на Рамковниот до-говор, покрај НАТО интегративните про-цеси, посебна улога одигра и европската унија преку операционализација на Спо-годбата за стабилизација и асоцијација. Присуството и заинтересираноста за ста-билноста на регионот НАТО ја потврди и со асистенцијата во реформите во без-бедносниот сектор изразена преку Со-ветодавниот тим на НАТО и преку оства-рените врски со КФОР за прашања околу

ОД ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВЕќЕ ПОВЕќЕ ОД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ СЕ СТОжЕРОТ НА ОДБРАНАТА НА НАШАТА ТАТКОВИНА. ОВОЈ И НЕКОЛКУТЕ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ НАПИСИ ВО НАШИОТ МАГАЗИН ИМААТ ЗА ЦЕЛ хРОНОЛОШКИ ДА Нè ПОТСЕТАТ НА НЕКОИ ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ РАЗВОЈНИ ПРОМЕНИ И ПРЕСТРУКТУИРАЊА ВО РАМКИТЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ОДБРАНА ОД фОРМИРАЊЕТО НА МО И АРМ ДО ДЕНЕС

Page 47: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

47

граничната безбедност. Од друга страна, САД беа активно инволвирани преку сове-тодавниот тим MPRI – Military Professional Resources Inc и активностите на Амбаса-дата на САД во Скопје.Причините заради кои Република Ма ке-донија и тогашното раководство сметаше дека членството во НАТО претставува една од приоритетните стратегиски цели се повеќеслојни, но главно се базираат на евентуалните придобивки од идното членство. Според моите согледувања, директните придобивки на Република Македонија од членството во НАТО можат да се сумираат во следното: – осигурување долготрајна стабилна ме-

ѓународна безбедносна позиција на државата, што ќе ì овозможи целокупен социјален развој;

– стабилизирање на статусот на Републи-ка Македонија како земја без ризик и со ниско ниво на ризик за странските инве-стиции;

– зајакнување на националниот респект и идентитет на Република Македонија;

– прифаќање од страна на Република Македонија на заедничката одговор-ност и заедничко донесување одлуки за безбедносните проблеми и пре-дизвици во европа, и на тој начин ди-ректно влијание врз настаните, со цел постигнување високо ниво на национал-на безбедност.

Оттука, на патот за изградба на соодвет-на безбедност и стабилност, Република Македонија спроведе бројни реформи со кои македонските безбедносни и од-бранбени институции се трансформираа и се приспособуваа во согласност со НАТО-стандардите. Овој процес доби на значење и се забрза после завршувањето на конфликтот во 2001 година. Во пост-конфликтните анализи се увиде дека не-кои елементи во институциите на системот не функционирале како што се очекуваше и затоа реформите добиле уште поголема оправданост. После конфликтот нашата земја го забрза процесот на развивање на функционални одбранбени институции со имплементација на западноевропски-от предзнак на признати организациски структури, процедури и процеси. Од дру-га страна, позитивното наследство на за-падните практики и процесите од пора-нешната ЈНА остануваат и понатаму во континуитет да се применуваат и во АРМ. Примената на западните стандарди, исто така претставува комплементарна над-градба на претходните процеси, така што АРМ денес поседува повеќе од адекватно ниво на западна „интелектуална интеропе-ративност” за разлика од соседните земји. Уште едно дополнително позитивно на-следство е тоа дека еден мал, но професи-онален кадар на цивилни лица кои некогаш работеле во Републичкиот секретаријат за народна одбрана и територијалната одбрана беше јадрото на формирање на Министерството за одбрана во раните де-ведесетти години на хх век. Во напорите за создавање на функционални одбранбе-ни и безбедносни институции, а врз основа на нормите на земјите членки на НАТО, Република Македонија пристапи во ПзМ и во изминатите години постигна значајни резултати во реформата на безбедносниот и одбранбениот сектор и на тој план ги над-мина и некои од новите членки на НАТО.

цивилен исчекор кон структуирање на од-бранбениот систем. Други сметаат дека ова министерство во тој период повеќе наликувало на воена команда отколку на цивилна институција. Тогашната структура на МО опфаќала министер за одбрана, заменик-министер за одбрана, двајца потсекретари, од кои еден за функционалните водечки сектори раководени од помошници (подготовки, воена обврска, цивилна заштита итн.) и друг потсекретар задолжен за сектори за поддршка (логистика, финансии, персонал-но–правни работи итн.). Како составен дел на првото Министерство за одбрана беше и ГШ со соодветни управи, самостојни сек-тори и Воената академија. Република Македонија, во обидот да ја структурира првата самостојна одбра-на, го наследи системот од поранешната држава, создаден и изграден за потребите на друга армија, во друго време, и беше со сосема подруга концепциска намена. Така, генералот Илија Николовски ќе забележи дека „Концептот на национална робусна армија се зема ‘априори’, без каква било подготвеност за прифаќање на нови идеи, како најдобар концепт, и се оперира со огромни бројки кои, освен на хартија, ре-ално би можеле да се операционализира-ат единствено кога Република Македонија би имала бруто-домашен производ колку Швајцарија.“ Тоа значи дека тогашното ли-дерство во Република Македонија сè уште било под влијание на претходниот систем, и ваквите желби, како што се покажа по-доцна, беа нереални и неостварливи за македонски услови.

Во почетниот период Република Ма-ке донија се обиде да продолжи со кон-солидирање и развој на наследениот сис-тем за одбрана. Но набрзо се увиде дека тој е премногу обемен и ги надминува рас-положливите човечки, а пред се економ-ските капацитети на нашата земја. При-стапот во конципирањето и процените во тоа време опфаќаа само максимален потенцијал на луѓе под оружје, обем на регрутниот контингент и споредби со голе-мината и бројноста на соседите и нивните вооружени сили. Високите административ-ни и воени кругови во тоа време поставија некои рамки на структурна одржливост и „потреба“ од сите видови и служби во обем кој барем формално (на хартија)

Но, да одиме по ред и да го елаборира-ме развојот на системот за одбрана и Армијата на Република Македонија, а со тоа и развојот на раководењето и упра-вувањето со истиот.Во таа насока, издвоив шест клучни пери-оди преку кои подетаљно по периоди ќе го претставам развојот на системот за од-брана на Република Македонија:1. Првата фаза го опфаќа периодот на

од бранбеното осамостојување од 1991 до 1995 година.

2. Втората фаза го опфаќа периодот по пристапувањето во ПзМ од 1995 до 1999 година.

3. Третата фаза го опфаќа периодот на Косовската криза од 1999 година до завршувањето на воениот конфликт во Република Македонија 2001 г.

4. четвртата фаза го опфаќа постконфликтниот период од 2002 до 2004 година.

5. Петтата фаза го опфаќа периодот на донесувањето на Стратегискиот од бран бен преглед (СОП) и неговата имплементација (2004–2008 година).

6. Шестата фаза го опфаќа периодот по Букурешт, до донесувањето на Стратегијата за одбрана од 2010 година и потоа.

ПЕРИОДОТ НА ОДБРАНБЕНО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ ОД 1991 ГОДИНАОваа фаза го опфаќа периодот на одбран-беното осамостојување од 1991 година до пристапувањето во Партнерството за мир (ПзМ) во 1995 година. Во овој период се прави првиот обид за структурирање на системот за одбрана и АРМ кој започна со самото осамостојување на Република Македонија и со донесувањето на Зако-нот за одбрана во 1992 година. Со негова-та операционализација беше воспоставен системот за одбраната на самостојна Ре-публика Македонија. Согласно законот беа идентификувани субјектите на системот на одбраната, беше одредено нивното место и улога, надлежностите и одговор-ниостите.Во стручната литературата која го об-ра ботува почетниот период од оса мос-тојувањето, ретко се среќаваат елабо-рации за слабостите и недостатоците на самиот систем на одбраната, како и релевантен критички осврт на тогашната организација и систематизација на Ми-нистерството за одбрана. Она што може да се претпостави е тоа дека тогаш, ге-нерално прифатливи беа принципите на логичко пресликување на претходните системи на одбранбено - безбедносна по-ставеност. Министерството за одбрана, изградено врз темелите на Републички-от секретаријат за народна одбрана, се димензионирало на начин да обезбеди ангажирање на затекнатиот персонал и на цивилниот персонал од територијалната одбрана. Во согласност со тоа се димензи-онирало и управувањето и раководењето со ситемот за одбрана. Воениот персонал од овие тела, во согласност со одлуката за формирање на еднокомпонентни воору-жени сили, беше интегриран со припадни-ците на поранешната ЈНА во новосозда-дената Армија на Република Македонија. Иако одредени припадници на МО од тој период сметаа дека со „првото Министер-ство за одбрана“, всушност се прави прв

Page 48: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

48

може да се прикаже. Некој би рекол дека таквата проекција и немаше потреба од подлабоко бранење пред јавноста заради тоа што и цивилните службеници го делеа мислењето дека „полн стомак и голем ар-миски потенцијал“ е најголема среќа на секоја држава. Но, тој потенцијал, сепак, беше само желба, израз за нереална голе-мина.За првата организациско-формациска структура на Армијата на Република Македонија се напишани бројни анализи. Само за потсетување, се смета дека по-ради недостаток на експертиза, знаења за планирањето и организирањето на Армијата во демократските држави, на-правена е копија на структурата на еди-ниците на ЈНА на просторот на Републи-ка Македонија во моментот на нејзиното заминување од земјава. Времето покажа дека била многу нереална целта поставе-на при изборот на модел на идните воору-жените сили како еднокомпонентни сили, високотехнички опремени, подвижни (со висок степен на маневарски можности), со солидна организациона поставеност и со прецизно утврдени задачи во мир и во војна. Многу време и ресурси се потроше-ни за остварување на невозможното.Имено, во тој период, избраниот модел на системот на одбрана на Република Македонија се потпираше на: вооружени сили, цивилна одбрана и вклучување во колективните системи за безбедност и од-брана.Како резултат на овие проекции и по-ставеност на вооружените сили, првата организациска структура на АРМ вклучу-вала: Генералштаб, приштабски единици и оперативни единици групирани во три корпуси. На секој од корпусите им беше определен дел од територијата на Репу-блика Македонија како зона на одговор-ност. Корпусите беа составени од бригади (околу 60 бригади), на кои им беа одреде-ни зони на одговорност внатре во зона-та на одговорност на корпусот на кој тие припаѓаа.Според тогашната концепциска поставе-ност на вооружените сили, мирновремен-ската формација на АРМ броела околу 22.000 активен персонал, кој се попол-нувал врз регрутна основа, а вкупната воена формациска компонента била про-ектирана на околу 120.000 персонал. Вака димензионираната армија била ор-ганизирана во видови ( Копнена војска, Воено воздухопловство и Противвоз-душна одбрана) и езерска служба, родови (пешадија, артилериско-ракетни единици, инжинерија, единици за врски, единици за АБхО и оклопно-механизирани единици) и служби (техничка, интендантска, санитет-ска, ветеринарна, финансиска, градежна).Ваквата поставеност на АРМ доведува до заклучок дека моделот на раководење, команда и контрола наследен од претход-ната армија бил мошне сложен. Имено, во согласност со Законот за одбрана од 1992 година, раководно-командната линија тргнувала од претседателот на Република-та како врховен командант до Министер-ството за одбрана како управен орган и Генералштабот како највисоко стручно ар-миско тело и се движела по пет вертикали, преку приштабските единици, корпусните команди и штабовите на бригадите и по-натаму до останатите единици.

помош за справување со изразените про-блеми во реформите на одбраната, како и справувањето со последиците што ре-формите ги оставаат на економијата и на општеството во целина. Клучен при-оритет во реформите на одбраната беше промоцијата на ефикасни одбранбени ин-ституции кои се под цивилна и демократ-ска контрола.Според генералот Илија Николовски, во овој период „како позитивен чекор при формирањето на АРМ е брзото воспоставување на меѓународната со-работка во областа на одбраната. За реализација на таа цел во Министер-ството за одбрана беше формирана Дирекција, а во ГШ Управа за меѓуармиска соработка. Со тоа беа удрени темелите на воената дипломатија, така што Министер-ството за одбрана ги потпиша и првите меѓународни договори во областа на од-браната. Политичката елита интензивно работеше на намалување на јазот помеѓу политиката и безбедносната култура на граѓаните и политичарите и очекувањата од меѓународната заедница.’ Според ова може да заклучиме дека меѓународниот фактор имал големо влијание во процесот на формирање на АРМ.На регионално ниво, Република Ма ке-донија, по почетната скепса, ја согледа важноста на соработката со државите од регионот за подигнување на безбед-носта и остварување на целта за нејзина евроатлантска интеграција. Па така, таа ја интензивира регионалната соработка и од политиката на „еквидистанца и ед-наква подготвеност за соработка со сите соседи” стана “лидер на регионалната со-работка”. Активностите кои се преземаа како на национално така и на регионално и меѓународно ниво ја правеа Република Македонија промотор за подобрување на регионалниот мир и стабилност.Промената на опкружувањето, новите безбедносни релации и специфичните предизвици за Република Македонија нуж-но иницира потреба од трансформација и прилагодување на новите прилики и состојби.Состојбата со персоналниот менаџмент во овој период беше насочена кон полити-ката на „отворена вратата“ за сите маке-донски офицери, но и на останатите воени лица кои беа на служба во поранешната ЈНА. Со таа политика се постигна почетно екипирање на МО и ГШ на АРМ со овој условно речено „повратнички персонал“. „Недостатокот од воено знаење и иску-ство кај цивилниот персонал потребни за демократска контрола врз АРМ успешно беше ублажена со кадри кои во бившата СФРЈ беа едуцирани и беа поставувани на клучни раководни места. Во тој контекст позитивна улога одигра и постоењето на Институтот за одбрана.“ Непополнетите и ново отворени работни места се попол-нуваа со персонал школуван на цивилните факултети и од питомците коишто не го имаа завршено образовниот процес низ воените академии и школи на поранеш-ната ЈНА. Овие питомци се дошколуваа во новоотворената Воена академија. Ци-вилниот персонал за потребите на МО во овој период се вработуваше согласно постојната законска регулатива, при што се привлече доста квалитетен персонал.

д-р Игор Ѓорески

По формирањето на Армијата, а посебно со постигнувањето на почетна подготве-ност на командите и единиците, стана јасно дека нормативната регулатива, пла-нираната структура и расположливите ресурси не се координирани, а системот има проблеми во функционирањето. Уште на самиот почеток, условите за постигнување на почетна подготвеност и неможноста од 100% пополнетост со опрема во повеќето единици, не може-ше да биде исполнета. Оттука овие по-казатели беа доволни да се пристапи кон трансформација и реформи на одбраната и Армијата. Во наша полза одеше развојот на настаните на меѓународен план бидејќи НАТО забрзано креираше механизми за соработка со земјите во Југоисточна евро-па, а по иницијатива на САД, НАТО ја креи-ра Програмата партнерство за мир.Националната определба за интеграција во НАТО, искажана преку Резолуцијата за пристапување на Република Македонија во НАТО од 1993 година подразбираше и соочување со политиките и нормативата на Алијансата. Од страна на НАТО беа де-финирани критериумите чие исполнување е предуслов за зачленување во НАТО. еден од најважните критериуми е развој на сопствени капацитети и способности за од-брана кои ќе придонесат за зголемување на капацитетите на Алијансата. Всушност, поаѓајќи од разбирањето на потешкоти-ите со кои се соочуваа потенцијалните нови членки, НАТО креираше програми за размена на експертиза и обезбедување

Page 49: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

49

сторичарите. Оттука објавувањето на ваков вид текстови, најчесто е привилегија само на сериозните истражувачи кои врз себе и го преземаат ризикот за извршениот избор на историски факти и публикување.Она што е важно е во големиот човек да се препознае еден извонреден војсководец или воен командант кој е истовремено и војсководец и чинител во историскиот про-цес, но тој истовремено е и претставник и творец на општествените сили што го мену-ваат ликот на светот и начинот на мислењето на луѓето. Голем војсководец на едно време е оној кој може со дела и воени победи да ја изрази и исполни волјата на војниците кои ги предводи и на етносот за кој тие се бо-рат. Затоа велиме дека тие својата улога на војсководци и команданти во историјата, им ја должат и на масите свои следбеници. Ток-му затоа произлегува и констатацијата дека историската оценка на улогата на личноста е и оценка на настаните од тоа време.Големите војсководци и команданти се на-метнуваат во историјата со силата на својата големина и големината на воените победи.

ВОЈНИТЕ И ВОЈСКОВОДЦИТЕ НА ПРОСТОРОТ НА МАКЕДОНИЈАOд човековото стапнување на театарот на историјата, воените судири најпрво се од-ликувале како ера на „ладни“ војни, односно војни во кои човекот бил вооружен првен-ствено за блиска борба, подготвен за одбра-на, но и за напад, поседувал ладно оружје, оклоп и штит за одбрана и копје, меч и стре-ла за напад. Со текот на времето човекот го скротил коњот, ги измислил борната кола, разните

ВОВЕД ВО ВОЕНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ВЕКОВИТЕ

а се пишува за одредена историска личност претставува голем преди-звик и одговорност на истражувачите и авторите кои сакаат да пишуваат на

овие теми. Ова, пред сè се должи на фак-тот што овој вид пишување е специфичен и бара историско познавање на подолг истори-ски временски период рамковно ограничен на животниот лак на личноста, но исто така овој вид пишување ја вклучува и одговорно-ста пред пошироката, не само македонската јавност, што е мошне тешка и одговорна за-дача. Затоа од истражувачот и пишувачот се бара извонредно познавање на времето кое изминало и познавање на минатото на самата личност. Покрај тоа најтешко за авторите е да ја дадат соодветната реална историска оценката на личноста и да ја сместат во соодветното ме-сто на пиедесталот на македонска историја, без оглед што таа можеби веќе не е меѓу жи-вите. За тоа треба многу такт, објективност, одмереност и пред сè објективна историска процена на ликот и делото на самата личност. Од целокупниот авторски пристапен мозаик, изборот на историските факти, цитирањето на историските документи, конструкцијата на речениците при синтезата и анализата, упо-требата на терминологијата и друго, зависи како таа личност ќе влезе на пиедесталот на националната историја. Со право можеме да констатираме дека можеби овој историски суд е последен, најтежок, но и најзначаен.Увидот на пошироката јавност, придонесува кон симнување на превезот и ги отстранува дилемите за одредени војсководци од маке-донското историско минато, што ги создава-ат слободните интерпретации на псевдои-

МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈСКОВОДЦИ И КОМАНДАНТИ

ВО НАЦИОНАЛНАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈСКОВОДЦИ И КОМАНДАНТИ КАКО ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ ОТСЕКОГАШ ИГРАЛЕ ЗНАЧАЈНА УЛОГА ВО КРЕИРАЊЕТО НА ИСТОРИСКАТА ПОСТАВЕНОСТ, ДРжАВНОТО УРЕДУВАЊЕ И ОДБРАНАТА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ. tАКВИ ВОЈСКОВОДЦИ ОД НАШЕТО БОГАТО ИСТОРИСКО МИНАТО КОИ ЗАСЛУжУВААТ ДА СЕ ПИШУВА ЗА НИВ НЕ СЕ РЕТКИ, НО СЕПАК МНОГУ МАЛКУ Е ПИШУВАНО ЗА НИВ. ПРЕДИЗВИКОТ ДА СЕ ОВЕКОВЕЧИ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ЕДЕН ВОСКОВОДЕЦ КАКО ИСТОРИСКА ЛИЧНОСТ И ДА СЕ ЗАЧУВААТ СПОМЕНИТЕ ЗА НЕГО И НЕГОВОТО ДЕЛО Е СЕКОГАШ ДВИжЕЧКИОТ МОТИВ ЗА БИОГРАфИТЕ. ПРИТОА, НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИСПИШУВААТ МИТОВИ ЗА НАСЛЕДСТВОТО И ЗА „ЗЛАТНИТЕ ВРЕМИЊА“, ЗА хЕРОЈСКИТЕ ДЕЛА И ОСОБИНИ, ЗА УСПОНИТЕ И ПАДОВИТЕ НА ОВИЕ ЛИЧНОСТИ, ТУКУ ПРЕКУ ЕДЕН НАРАТИВЕН ИСТОРИСКИ ПРИСТАП ДА СЕ ДАДЕ ГЕНЕЗА НА НИВНАТА УЛОГА ВО КРЕИРАЊЕТО И СОЗДАВАЊЕТО НА СИЛНИ ВОЕНИ фОРМАЦИИ НА КОИ ПОЧИВА УРЕДЕНАТА ВЛАСТ. ВО ОВОЈ И НАРЕДНИТЕ БРОЕВИ НА „ШТИТ“ ќЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ВИ ГИ ПРЕЗЕНТИРАМЕ жИВОТНИТЕ И ПРЕД Сè ВОЕНИТЕ ВРВИЦИ НА ПОЗНАТИТЕ КОМАНДАНТИ И ВОЈСКОВОДЦИ КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД АНТИКАТА ДО ДЕНЕС

Page 50: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

нападни-опсадни и одбранбени справи, во-ените утрврдувања, а по пронаоѓањето на барутот во 9. век, доаѓа до квалитативна промена во начинот на опремување на во-ената организација со што започнува новата ера на огненотехничките војни. Во совреме-ниот свет воената организација добива со-фистицирани електронски справи, летала и механизирани и оклопни возила со голема разорна моќ. Погледнато од регионален и локален аспект, на територијата на Македонија уш те од појавата на човекот на општествената сце-на, па сè до формирањето на современата античка цивилизација, воената организација и воените командати и војсководци низ историјата отсекогаш претставувале столб на сигурноста и редот, одбранбената спо-собност на внатрешен, но и можност за нови освојувачки воени походи на надворешен план. Токму затоа, Македонија била подгот-вителна арена за големите воени походи предводени од големи восководци, но и арена на чија територија во разни истори-ски периоди дефилирале бројни туѓи војски и војководци. Историјата на големите војсководци и команданти кои дејствувале на тлото на Македонија низ милениумите и столетијата, нè води низ тајните на нивната воена веш-тина на ист начин како што тоа го чини и националната историја која нè воведува во логичното и правилно сфаќање на актуел-ните социјални и политички проблеми врз чија корелација директно е поврзана улогата и развојот на воената организација на овој простор од Антиката па сè до крајот на Вто-рата светска војна.Така, Античка Македонија како држава за-јакнала кога на власт дошол кралот Фи-лип II (359-336 г.пр.н.е). Тој бил одличен вој сководец, кој ја разработил и воената стратегија на заобиколување и разбивање на јадрото на противничката војска благо-дарение на офанзивната експанзионистич-ка стратегија на постојани воени походи за проширување на Македонската Држава.Него го наследил неговиот 20- годишен син Александар III (356-323 г.пр.н.е.) подоцна наречен Велики. Тој се одликувал со големи војнички способности, силна енергија и волја. Со нив и со наследената тактика и офанзив-на воена стратегија која постојано ја усовр-шувал, Александар III Македонски се издиг-нал во еден од најголемите војсководци на стариот свет.Периодот на римската доминација во Ма-кедонија, се одликува со логистичка под-дршка на војската, изградба на добри па-

50

пред сè како истакнат војсководец во во-ените походи против Византија и останатите балкански држави, тој ја проширил својата држава на поголемиот дел од Балканскиот Полуостров, за по Битката на Беласица во 1014 г., Македонија повторно да потпадне под туѓинска, односно византиска власт. Наб-ргу потоа во 11-от век блеснуваат два маке-донски првенци и војсководци како предво-дници на востанијата во тој период – Петар Делјан и Ѓорѓи Војтех.Веќе во втората половина на 14. век од далечините на истокот се појавиле Турците Селџуци, односно Османлиите кои се базира-ле на добро организираниот тимарско-спа-хиски феудален воен систем и кои постојано применувале освојувачка стратегија кон

тишта, а за одбранбената стратегија тие ги утврдувале тогаш модерните градови како што се: Стоби, хераклеа, Баргала, Скупи и други. Во римската војска секој војник при-мал одредена сума на пари кои биле потреб-ни за негово издржување.Византиската држава, која како наследник на Источното Римско Царство, покрај експанзи-онистичката, најчесто применувала одбран-бена стратегија, поради што морала да ја засилува војската со најмување на платени војници однадвор. Во екот на силниот про-дор на разни племиња меѓу кои најсилни биле Словените, еден од најмоќните византиски императори Јустинијан I, поз нат како Велики и како Законодавец, по крај организирањето на силна војска, на те ри торија на Балкански-от Полуостров кон границата со Византија

пристапил кон изградба и фортификација на синџир од бројни тврдини, воени кули и из-градба на нови градови за одбрана, кои наб-рзо, со исклучок на Солун, паднале под на-летот на словенските племиња предводени од познати војсководци со титулите кнезови. По навлегувањето на Словените на Бал-канскиот Полуостров, настапила во-ена реорганизација на бројните словен-ски племиња, а словенските племиња од Македонија достигнале кулминација на во-ената екпанзија во периодот кога на чело дошол царот Самуил кој ја применувал офан-зивната воена тактика, како што тоа го пра-веле Филип II и Александар III Велики пред тоа, базирана на добро вооружена пешадија и коњаница. Благодарение на неговата хра-брост како борец и добрата стратегија, но

териториите на Византија, за конечно, Ца-риград да падне под нивна власт во 1453 година. Иако тогашните македонски вос-ководци, како на пример кралот Волкашин, деспотот Углеша и други собрале војски за да им се спротивстават, сепак истите биле поразени. За време на воениот експанзио-нистички поход, Османлиите применувале воена стратегија која се состоела во постепе-но освојување на нови територии, градови и воени тврдини, а доколку пак, во моментот некоја тешко освоива тврдина барала голе-ми жртви, тогаш тие истата ја заобиолкувале и продолжувале со воениот поход понатаму, а истата ја освојувале подоцна. По воспоставувањето на османлиската власт во Македонија од страна на потчине-тото македонско население во почеток се

Page 51: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

рот на мобилизацијата на потребнииот број војници во Македонија бил искористен за мобилизација на домашното население кое истовремено се нашло во редовите на сите војски кои учествувале во овие војни. Ма-кедонскиот народ помалку доброволно, а повеќе насилно бил мобилизиран, пред сè во сојузничките балкански војски. Така со игра на судбината Македонците се нашле како војници во повеќе различни војски. Сите спротивставени сили морале да сметаат на директни фронтовски битки кои ќе бидат одлучувачки за конечниот исход на војната. Втората балканска војна, која повторно се водела на територијата на Македонија за нејзина повторна поделба била санкциони-рана со мирот од август 1913 година во Букурешт. Големата светска војна или уште попозна-та како Прва светска војна 1914-1918г., Македонија ја дочекала распарчена помеѓу балканските држави: Кралството Србија, Царството Бугарија, Кралството Грција и Кралството Албанија. Подготвувајќи се за одбрамбена војна против Австро-Унгарија, Србија покрај други, мобилизирала и голем број Македонци, Турци, Албанци и други националности од Македонија и ги испрати-ла на фронтот кон реката Дрина во Србија. По влегувањето на Бугарија во војната во 1915 година на страна Централните сили и таа извршила мобилизација на Македон-ците и ги испратила на фронтот да војуваат како нејзини војници. Грција, исто така, со влегување во војна на страна на Антантата мобилизирала повеќе илјади Македонци од егејскиот дел на Македонија и ги испратила на македонскиот фронт. Така Македонците во оваа војна против своја волја, се бореле еден против друг за туѓи други интереси.Кон крајот на 1916 година преку Македонија веќе се протегал македонскиот фронт на кој едни спроти други војувале војските на Централните сили и на Антантата. Во фрон-товската војна масовно била применета стратегијата на артилерско бомбардирање, авионско извидување и минирање на тере-нот. Токму затоа и воените жртви и штети биле од поголем размер и кај двете спротив-ставени страни, како и кај македонското на-селение и на територијата.Завојуваните страни го присилувале месното население на принудна работа за изградба на потребни инфраструктурни и фортифи-кациски објекти како логистика за фронтот. Македонците масовно биле мобилизирани и испраќани на фронтот во спротивставените војски каде меѓусебно војувале. Заднината останала да гладува во беда, сиромаштија и болести. Од бомбардирањето на арти-леријата и авијацијата многу села и градови во Македонија биле разрушени. Како после-дица на бомбардирањата, заразните боле-сти, епидемии и гладот, умреле голем број на цивилно население. Втората светска војна 1941-1945 година и учеството на македонскиот народ на стра-ната на антифашистичките сили, оставиле длабоки последици на овој простор. Низ територијата на Македонија тогаш за кра-ток период продефилирале бројни странски војски сојузнички на Третиот Рајх. Низ екот на антифашистичката борба, израснува но-вата стоилјадна македонска војска која е темел на денешната современа АРМ.

Проф. д-р Марјан ДимитријевскиГенерал Борис Стојаноски

51

појавил поединечен, а потоа и организиран вооружен отпор, при што ајдутството наме-ста преминувало во буни и востанија. Ниту востанието на Ѓерѓ Кастриот Скендер-бег, кое иако во почетокот имало успех и се про-ширило во западниот дел на Македонија и во источните територии на Албанија, сепак не успалео трајно да ги протера Османлиите од овие предели.Така македонското население од преде-лот на Скопје-Куманово-Кратово-Крива Па-ланка, под водство на одметнатиот бивш мартолозбашија наречен само со името Кар-пош, се кренало на востание во 1689г. Тоа е период кога Австријците педводени од војсководецот Пиколомини, навлегуваат во Македонија, а Османлиите отстапуваат пред нив. Карпош бил познат како смел и реши-телен војсководец, кој ја форсирал и приме-нувал одбранбената тактика со изградба на повеќе воени утврдувања, од кои најпознати биле оние кај Крива Паланка, кај месноста Манастириште, близу Куманово и други. Во втората половина на 19. век, повторно во Источна Македонија, дошло до серија востанија. Покрај внатрешните, за кревање на Разловечкото востанието на 8 мај 1876 година, постојат и влијанија на надворешни фактори. Водачите на востанието, Димитар Поп Георгиев-Беровски и поп Стојан Разлов-ски, примениле одбранбена стратегија која значела локално ширење на востанието и постепено мобилизирање на месното насе-ление. Востанието завршило со неуспех, а Османлиите и кримските Татари за возврат примениле осветнички воени акции врз мес-ното население.

Следното македонско востание се кренало во октомври 1878 година во с. Кресна. Вос-танието го предвоеле Димитар Поп Георги-ев-Беровски и Стојан Карастоилов, а во воен поглед востаниците биле поделени на чети и други помали борбени единици и групи. Бил сторен обид за основање и на македонска коњица, но како и претходното и ова воста-ние завршило со неуспех.Најпосле во последната деценија на 19. век биле созреани условите за потесно поврзување на борбено настроените сили во Македонија за создавање на единствена Македонска револуционерна организација (МРО), формирана во ноември 1893 година во Солун, со цел кревање на масовно маке-донско востание и конечно ослободување на Македонија од османлиската власт.

Востанието започнало на Илинден на 2 ав-густ 1903 г., при што Воениот горски штаб на чело со Никола Карев применува тактика на освојување и на повлекување во стратеш-ки погодни места за борба, која се прифаќа надвор од градските средини. Иако воста-нието во почетокот имало успеси и била ос-лободена поголема територија во која биле опфатени и неколку помали градови, сепак истото завршило неуспешно. Во почетокот на првата деценија на 20. век, балканските држави успеале да ги рефор-мираат и реорганизираат своите војски и во Балканските војни 1912-1913 година започ-нале директно фронтовско војување. Бал-канските сојузници имале модерни армии, биле морално добро подготвени, опремени со нужна и нопходна логистичка поддршка. За разлика од нив, турската војска имала за-старен начин на војување, дефанзивна так-тика и не била доволно мотивирана. Факто-

Page 52: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

жасна воздухопловна трагедија се случи во доцните часови на 10 јули 2014 г. во непосредна близина на Струмица. Се урна транспортен поли-

циски хеликоптер „Ми-17В-5“ од составот на Хеликоптерската единица за посебни на-мени на МВР на РМ. Во најтешката возду-хопловна несреќа во досегашната историја на македонската полициска авијација животите ги загубија четири елитни воз-духопловци на хеликоптерската единица „Јастреби“. Во кобната ноќ хеликоптерот Ми-17В-5 бил на тренажен лет со употре-ба на очила за ноќно гледање при што било предвидено летање на рутата Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно, кога околу 22 часот споменатиот воздухоплов од сè уште непо-знати причини во реонот на индустриската зона на Струмица удрил во 127-метарски антенски столб, по што се урнал на земја, експлодирал и бил проголтан од пламе-ни јазици, предизвикувајќи моментално загинување на четворицата воздухоплов-ци кои се наоѓале во леталото.Министерката за внатрешни работи Гор-дана Јанкуловска, говорејќи низ солзи на конференцијата за медиуми, падот на хели-коптерот го опиша како еден од најтешките и најцрни моменти во историјата на МВР, а загинатите воздухопловци Драги Мицев (45), Иљо Лопатички (46), Марјан Трајковиќ (47) и Тоде Орешков (44) ги опиша како висококвалификувани и искусни про-фесионалци кои биле олицетворение на најдобриот персонал на МВР и кои како так-ви оставиле длабок печат врз работењето на Министерството и биле пример како се сака Република Македонија и како се работи во полза на нејзините граѓани. Говорејќи за самата несреќа, министерката

52

По повод трагичната хеликоптерска несреќа

Воздухопловното општо средно воено училиште „Маршал Тито“ во Мостар каде успешно го завршува образованието во 1988 г. по што продолжува на Воздухо-пловната воена академија во Земуник, во Задар, каде во 1991 г. дипломира со звање пилот на хеликоптер и чин потпоручник. Во ЈНА лета на борбени хеликоптери „газела-ГАМА“ од составот на 711. противоклопна хеликоптерска ескадрила на 111. хели-коптерски полк. По осамостојувањето на Република Македонија веднаш преминува во АРМ и станува пилот на македонското Воено воздухопловство во чии редови лета на македонските армиски транспортни хеликоптери „Ми-17“. Во 2000 г. својата професионална служба ја продолжува во МВР каде во Хеликоптерската единица „Јастреби“ 14 години лета на хеликоптери-те „АБ.206“, „Бел 212“, „Бел 412ЕП“, „Ми-

ВЕЧНО

СИНИ НЕБА

Јанкуловска објави дека хеликоптерот бил редовно сервисиран и дека несреќата се случила во отсуство на каков било сигнал за проблем од страна на пилотите кои управу-вале со хеликоптерот. До моментот на фа-талната несреќа овој хеликоптер акумули-рал вкупен налет во траење од 312 часови и 44 минути, имал 1.042 слетувања и 415 стартувања на моторите, а редовна 300-ча-совна инспекција била спроведена на 17 мај 2014 г. со успешен пробен лет во текот на наредниот ден.Веднаш по несреќата на полицискиот хели-коптер институционално беше формирана 11-члена комисија со примарна цел да ги от-крие причините за падот на леталото, а од местото на трагичниот настан беа подигна-ти и соодветно обезбедени сите релевантни доказни предмети и материјали вклучително и „црните кутии“. Дополнително, за самата несреќа веднаш беа известени дизајнерот и производителот на инволвираното ле-тало. За потребите на истрагата, „црните кутии“ во втората половина на месец јули 2014 г. беа испратени на вештачење во Меѓудржавниот воздухопловен комитет (МАК), кој претставува сертифицирана уста-нова за таков вид работи со седиште во Мо-сква, во Руската Федерација.Во струмичката хеликоптерска трагедија загинаа четворица исклучителни воздухо-пловци на МВР чија биографија меѓу друго-то нотира и забележителен професионален ангажман во редовите на Армијата на Репу-блика Македонија.

Началникот-пилот Драги Мицев е роден во 1969 г. во струмичкото село Ангелци и својот прв лет го доживеал во раната мла-дост т.е. на возраст од само 15 години. Во рамки на некогашната ЈНА се едуцирал во

Page 53: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

53

17В-5“ и „Ми-171“ при што се јавува и во улога на инструктор за летање за спомена-тите типови летала. Како резултат на исклу-чителниот професионализам и огромното оперативно искуство во текот на 2010 г. од позиција заменик-началник е проимовиран во престижната позиција началник на Хели-коптерската единица „Јастреби“. Вкупниот акумулиран налет на Драги Мицев изнесу-ва над 2.000 часови.

Командирот-пилот Иљо Лопатички е ро-ден во 1968 година во битолското село

Мо гила. По завршувањето на основно-то образование заминува во СР Босна и Херцеговина каде се едуцира во Воздухо-пловното општо средно воено училиште „Маршал Тито“ во Мостар, а потоа и во Воз-духопловната воена академија во Земуник, каде дипломира во 1990 г. со звање пилот на хеликоптер и чин потпоручник. Во ЈНА лета на борбени хеликоптери „газела-ГА-МА“ од составот на 712. противоклопна хе-ликоптерска ескадрила на 119. авијациска бригада, во воздухопловната база Ниш, во тогашна СР Србија. По осамостојувањето на Република Македонија станува пилот на македонското Воено воздухопловство во кое служи до 2002 г. како пилот на маке-донските армиски транспортни хеликопте-ри „Ми-8/17“, но и како пилот и инструктор на борбените хеликоптери „Ми-24“. Преми-нува во МВР во 2002 г. каде во 2010 г. е промовиран во прв командир на Хеликоп-терската единица за посебни намени. За време на службата во МВР т.е. полни 12 го-дини активно леташе на полициските хели-коптери „АБ.206“, „Бел 212“, „Бел 412ЕП“, „Ми-17В-5“ и „Ми-171“. Вкупниот акумули-ран налет на Иљо Лопатички изнесува над 2.000 часови.

Пилотот-капетан Марјан Трајковиќ, е роден во 1967 г. во Куманово каде завр-шува основно образование. За потребите на некогашната ЈНА се едуцира во Возду-хопловното општо средно воено училиште „Маршал Тито“ во Мостар а потоа и во Воз-духопловната воена академија во Земуник каде во 1991 г. дипломира со звање пилот на хеликоптер и чин потпоручник. Во ЈНА лета на борбени хеликоптери „газела-ГА-МА“ од составот на 711. противоклопна хеликоптерска ескадрила на 111. хеликоп-

беше спроведена во Куманово на 13 јули 2014 година Следниот ден, Републи-ка Македонија во Скопје се прости и од останатите тројца воздухопловни херои. Во чест на загинатите воздухопловци 14 јули 2014 година беше прогласен за Ден на жалост, Министерството за одбрана јавно го изрази своето сочуство, а во име на Армијата на Република Македонија и македонската воздухопловна заедница последен поздрав до четворицата херои испрати и македонското воено воздухо-пловство чиј хеликоптер „Ми-8МТ“ изведе низок и трогателен прелет за време на по-гребната церемонија во Скопје.Македонската полициска Хеликоптерска единица „Јастреби“ е елитна високопро-фесионална единица на Министерството за внатрешни работи. Воспоставена е во 1969 година и оттогаш па сè до денес е инволвирана во цела низа различни ми-сии од цивилен и/или полициски карак-тер. Најстандардни мисии за „Јастребите“ се мисиите за барање и спасување, како и мисиите за итна медицинска помош и евакуација, иако доста често застапени се и мисиите за снабдување во зима на отсечени села со прехранбени продукти и медицинска помош, потоа контрола на патишта, потрага по извршители на крими-нални дела, контрола на државната грани-ца, поддршка на најразлични јавни и хума-нитарни настани и кампањи, изведување ВИП летови, воздушно обезбедување на ВИП делегации, транспорт на најразлични товари а секако и поддршка на операции-те на специјалните единици на Министер-ството за внатрешни работи.Последната забележителна операција на „Јастребите» се случи во мај 2014 година кога полицискиот транспортен хеликоптер „Ми-17В-5“ од составот на Хеликоптерска-та единица за посебни намени ја реали-зираше првата во независна Македонија оперативна употреба на македонски по-лициски хеликоптер во спасувачка мисија надвор од границите на нашата држава. Во таа пригода хеликоптерот натоварен со 12-член пилотски и механичарско-ин-женерски тим и чета од 15 припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар’ обучени за спасување и помош во кризни ситуации полета од касарната Илинден во Скопје на 18 мај 2014 година и истиот ден слета на аеродромот во Белград од каде веќе наредниот ден започна со редовни операции во реонот на Обреновац, Вуки-чевица, Крупањ и Скела. Трагедијата на полицискиот „Ми-17В-5“ силно ги погоди сите граѓани на Македонија, а особено припадниците на Министерството за внатрешни работи и македонската воздухопловната фела. Во момент на немоќ да ја промениме сегаш-носта, да го вратиме времето и да го сме-ниме текот на настаните, на сите нам не ни останува ништо друго освен на четворица-та херои длабоко да им се поклониме и да им се заблагодариме за сè што направија за нашата државата, за македонската авијација и за граѓаните на Македонија... И, секако, да им посакаме на нашите херои да имаат ВЕЧНО СИНИ НЕБА!

Игор Божиновски

терски полк. По осамостојувањето на Репу-блика Македонија пристапува во АРМ каде станува пилот на македонското Воено воз-духопловство во чии редови служи како пи-лот на македонските армиски хеликоптери „Ми-8/17“, но и како пилот и инструктор на борбените хеликоптери „Ми-24“. Во рамки на АРМ ја завршува кариерата со функција командир на 3. одделение на елитната 201. противоклопна хеликоптерска ескадрила на македонското воено воздухопловство. Заедно со Иљо лопатички во 2002 г. пре-минува во МВР каде 12 години лета на хеликоптерите „АБ.206“, „Бел 212“, „Бел 412еП“, „Ми-17В-5“ и „Ми-171“. Вкупниот акумулиран налет на Марјан Трајковиќ из-несува над 2.000 часови.

Воздухопловниот инспектор за лицен ци-рање на воздухопловен персонал Тоде Орешков е роден во 1970 година во кава-даречкото село Рожден. Завршил средно воено училиште за ВВ и ПВО во Рајловац, Сараево, и матурирал со звање летач-опе-ратор на хеликоптер „газела-ГАМА“. Во Армијата на РМ служи како летач-механи-чар на транспортен хеликоптер „Ми-8/17“, но и како летач-оператор на хеликоптер „Ми-24К“. Во меѓувреме завршува правен факултет и во 2005 година се вработува во Министерството за внатрешни работи. Во 2009 година станува дел од структу-рите на МВР професионално поврзани со работењето на хеликоптерската единица „Јастреби“.Со највисоки државни почести погребната церемонија на пилотот Марјан Трајковиќ

Page 54: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

54

едор Бондарчук, синот на еден од најмаркантните руски режисе-ри - Сергеј Бондарчук, не се наоѓа првпат на нашите страници. Него-вото име ви е веројатно познато

од нашата рецензија за „9-та чета“, на кој се јавува како режисер, филм кој долго време важеше за најскап филм снимен во руска продукција. Овој пат, помалиот Бондарчук повторно цели високо со но-виот најскап руски филм снимен досега, насловен „Сталинград“ и прв руски филм снимен во IMAX 3D технологија. Нави-стина, снимен со вакви технолошки ква-

литети, би било штета филмот да се из-гледа поинаку, затоа што изведбата на визуелните ефекти е посебно маркантна и заслужува да се проследи на соодветен начин. Филмот кој ги помина светските кино-сали, не нè одмина ниту нас.

Приказната на катја„Сталинград“, иако по насловот сугерира на познатата битка од Втората светска војна и веројатно една од најкрвавите конфронтации во историјата, не опи-

Првиот руски филм снимен во IMAX 3D технологија

„СТАЛИНГРАД“

шува директни настани од опсадата на градот. Всушност, приказната за битка-та е еден вид на позадинска поткрепа, рамка во која се сместени ликовите, на кои е даден главниот фокус. Со целосно право, можеме да кажеме дека филмот се концентрира на карактери, а не на ситуации и преку нив ни го прикажува ударот кој војната го прави кај секој од нив на емотивно, карактерно ниво и во нивните акции и дејствувања. Фабулата ја пренесува наратор од перспектива на сегашноста, опишувајќи настани кои се прекажани, односно, на кои не бил дирек-

тен сведок. Приказната е детерминира-на во две временски точки, 2011 и 1942 година, од кои втората е доминантна во целокупниот филм. Првата и последна-та сцена реферираат на една не многу далечна ситуација, пред само две години - цунамито и земјотресот во Фукушима, Јапонија. Руиниран од големата несреќа, градот е центар на волонтери и работ-ници од цел свет во обиди да се санира штетата и да се спасат повредените. Меѓу нив е и Русинот Сергеј кој пронаоѓа

пет германски деца во урнатините на една зграда. Обидувајќи се да ги смири додека да пристигне помошта, тој им раскажува една приказна, едно сведошт-во пренесено од неговата мајка Катја. Со воведувањето на Катја, филмот пре-минува во наративна форма, каде на-раторот е Сергеј, кој се навраќа на на-станите седум децении наназад. Иако неговото лице во филмот не се појавува директно, неговиот глас е присутен во секоја сцена. Сниман одзади, тешко е да погодиме дека таа улога ја толкува ток-му славниот Сергеј Бондарчук, таткото

на режисерот. Неговото раскажување, всушност, е еден краток фрагмент од Сталинградската опсада, кога неколкуми-на руски војници се борат да ја задржат зградата со стратешко значење во која се наоѓаат, опкружени со многубројна германска војска. Со нив, заедно во куќата е и младата, петнаесетгодишна Катја, која живее во полуразурнатите ѕидини. Таа е единствената преживеана од луѓето кои живееле во оваа зграда. Сега, нејзиниот дом го дели со војниците,

Page 55: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

со кои од ден на ден сè повеќе се зближува. Тие се нејзини браќа, татковци, синови. Со нив го дели лебот и заедничката судбина, до-дека заедно го очекуваат исходот од ситуацијата во која се наоѓаат. Дали Германците кои се стациони-рани на само неколку метри ќе ја нападнат зградата или пак руските војници ќе успеат навремено да ја преминат Волга и да им укажат помош на неколкумината храбри борци?

Реконекција со човечностаВремето поминато во полуразру-шениот простор на сталинградска-та зграда, константно исполнето со тензичноста и мачнината на исчекувањето, ни ја открива тежи-ната и суровоста на војната, ток-му преку раните кои ги нанела на јунаците. Низ перспектива на секој од нив поединечно, ја доживуваме непоправливата штета нанесена на човечките судбини. Герман-скиот капетан Кан, се вљубува во убавата русинка Маша и во момен-тите со неа се обидува да напра-ви моментално бегство од светот надвор. Парадоксално, тој нејзе се исповеда непосредно откако ја силувал. Иако тој не зборува руски јазик, а таа не разбира германски, Кан не гледа пречка да ја иска-жува секојдневно својата мака. Нејзината женствена енергија е неговата временска машина во златните денови поминати со не-говата сопруга. За жал, токму не-говиот афинитет кон оваа жена, ќе го запечати нејзиното постоење. Поврзаноста, а посебно интимниот контакт со нацист, ја прави преда-вник кај нејзиниот народ, а за нив, предавникот е полош и од самиот непријател и како таков мора да умре. Последната искра на она што биле некогаш овие војници, останува да живее приклештена зад унифор-мите, пушките и шлемовите, и по-некогаш наѕира како сеќавање на некое минато време. Несреќата која ги пресретнала во оваа војна, ја потиснала нивната човечност. Полјаков раскажува за негова-та жена и деца кои загинале во бомбардирањата на Црвениот

Технички врвен филмски производФилмот изобилува со импозантна ком пјутерска обработка на кадри­те, претходно искомпонирани до совршенство. Колоритниот опсег, генерално е ограничен во нијанси на сина и портокалова, создавајќи игра на контрасти привлечна за секое око и давајќи дополнителна театралност во постпродукцијата. Секоја слика претставува фото­графски издефинирана целина.

Посебна драматичност додава и „slow motion“ техниката во одре­дени секвенци, во функција на издвојување, односно, потен ци­ра ње на моменти. Претераното компјутерско ретуширање, во не­кои делови достигнува надреално ниво, со што филмот наместо фо­тографска, добива илустративна, стриповска визуелизација.Дополнителен плус е и автентично­ста во јазикот, така што филмот е двојазичен, со делови на германски и делови на руски јазик. Музичката поткрепа на Антонио Бадалменти е ненаметлива, но убаво проткае­на низ филмот, а е посебно израз­ита во сцените кои се временски поставени во 2011 година. Сцени­те со акција и фактичка битка ги има во неколку наврати и содржат јасно издефинирани елементи кои прикажани во 3D технологија може да се наречат спектакуларни. За­тоа, „Сталинград“ својата вредност ја добива најмногу на неговите уметнички и технолошки квалитети и како таков е наша препорака да стане дел од вашата филмска про­грама за овој месец.

Елена Ѓорѓиевска

55

плоштад, обидувајќи се да спасат жена со бебе. Мајката на Чванов била силувана од војниците на единицата СС и фрлена во амба-рот да умре, а неговата сестра била речиси запалена жива пред да успее да избега кај партизани-те. Оперскиот пејач Никифоров станал само бледо сеќавање на една голема ѕвезда со почетокот на војната. Токму присуството на Катја околу нив, им ги враќа сеќавањата на овие луѓе на нив-ниот некогашен живот и прави реконекција со нивните души, видно оштетени. Врв на нивна-та моментална рехабилитација е организацијата на роденденот на Катја, со топлата бања која ја под-готвуваат за неа, и сиромашниот оброк, што претставува скромен, но незаменлив подарок, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат. Синот на Катја е резултат на крат-ката љубов која се раѓа меѓу неа и младиот војник Сергеј, по кој го добива и своето име, но токму поради грижата која сите присут-ни војници ја укажуваат, таа на својот син секогаш му велела дека е единствениот кој има пет татков-ци.

Режија: Федор Бондарчук Улоги: Марија Смолникова, Јанина Студилина, Пјотор Фјодоров, Томас Кречман, Сергеј Бондарчук, Дмитри Лисенков

Сценарио: Сергеј Снежкин, Иља Тилкин

Музика: Анѓело Бадалменти Земја: Русија

Година: 2013

Времетраење: 130 минути

Награди: Официјален кандидат на Русија за награда „Оскар“, „Таурус“ награда за најдобар актер-каскадер, номинација за IFMCA награда за најдобра филмска музика, номинација за „Златен трејлер“ на најдобро промотивно видео

Оваа рубрика ја посветуваме на ВОЈНИКОТ – чОВеКОТ кој е прв на удар на виорот наречен војна – чОВеКОТ кој е високо мотивиран да ја брани своината, татковината и идеите – чОВеКОТ кој е физички и психички подготвен на највисоко ниво – чОВеКОТ кој оставил дел од својата душа дома кај своето семејство – чОВеКОТ кој, на крај, сепак, е само чОВеК.И затоа тој е инспирација за многу уметнички филмски дела кои оставиле силен впечаток на неутралната широка публика, ја разбранувале нашата закоравена емотивност и ни покажале колку сурова е всушност војната и како таа делува на луѓето.Во следните броеви на ШТИТ ќе се осврнеме на некои од тие филмови без некоја посебна амбиција да бидеме филмски критичари. Сакаме само да ви пренесеме дел од нашите чувства, да ви покажеме дека една војничка, човечка судбина може да ги промени нашите ставови за вредностите во животот, а посебно да истакнеме колку тој тежок, исполнет со труд, кал и пот војнички живот е достоен за ПОчИТ.

Page 56: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

56

Приказната за Зоран Димов продолжува...

Патеката ме враќа во живот

ако новинар и човек кој секогаш се стреми да ги забележи убавите не-шта во животот, со голема среќа ја примив веста од моите колеги дека

маратонецот Зоран Димов од Велес, иако со патерици, на 11 мај годинава учествувал и стигнал на целта на полума-ратонот од 21 км во рамки на Скопскиот маратон долг 42 км.Моите пораки за негово заздравување, за среќа, веќе се реализираат. Но, тоа, пред сè, сe должи на големата упорност, храброст и издржливост на велешкиот маратонец, кој со голема упорност и хра-брост се врати на патеката која за него живот значи.Знаев каде ќе го најдам Димов– во град-скиот парк во Велес, кој е неговата душа и срце и кога има дожд и снег и сонце, тој секој ден по неколку часа, секое утро и вечер е таму. Моментално се реновира градскиот стадион и атлетската патека па тие трчаа во паркот. Во меѓувреме, овие денови, нему и на неговата екипа а атле-тичари од АК „Изгрев“, веќе им е дозволе-но да трчаат и на атлетската патека која е во склоп на градскиот стадион.

хЕРОЈ НА СКОПСКИОТ МАРАТОНИ покрај тешките повреди од сообра-ќајната незгода кога на пешачки премин го прегази несовесен мотоциклист, ве-черта на 23 август 2013 година, кога се здоби со 13 скршеници на левата нога, 6 надворешни, кога коските му излегоа

САМО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПО СООБРАќАЈНАТА НЕСРЕќА НА 23 АВГУСТ 2013 ГОДИНА ВО КОЈА БЕШЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕН МАРАТОНЕЦОТ ЗОРАН ДИМОВ, „ШТИТ“ МУ ПОСАКА ВРАќАЊЕ НА ПАТЕКАТА. ИАКО СО ПАТЕРИЦИ, ЗОРАН, СО УЧЕСТВО НА ПОЛУМАРАТОНОТ ОД 21 КМ НА ГОДИНЕШНИОТ СКОПСКИОТ МАРАТОН, ПОЛЕКА НО СИГУРНО СЕ ВРАќА НА ПАТЕКАТА КОЈА ЗА НЕГО жИВОТ ЗНАЧИ

Page 57: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

Приказната за Зоран Димов продолжува...

во очите додека ни зборува за оваа своја голема желба.Сега останува контролата на нозете од неговиот лекар д-р Андреја Гариловски од Трауматолошката клиника во Скопје, кој буквално му ја спаси левата нога која му висела на конец. Нему, Димов неизмерно му е благодарен.„Се надевам дека сè ќе биде добро со но-зете и дека повторно ќе можам да трчам, а дотогаш ќе одам на патеката, макар и со патерици, и никако нема да се предадам“, потенцира Димов.Ние му посакуваме сите негови желби да му се остварат, зашто ја знаеме неговата неизмерна и преголема животна љубов – патеката и трчањето, што за него бук-вално значи враќање во живот. Му поса-куваме сè најдобро на Зоран Димов и се надеваме дека наскоро „Штит“ ќе напише уште некоја нова и убава животна приказ-на за него, приказна од неговата патека...

Антоанела Димитриевска

Балатон од 360 натпреварувачи бил 24. на целта од 212 километри. Учесник е и на маратони на шест светски првенства и на пет европски и пет балкански првенства. И ултрамаратонот и планинското трчање Зоран Димов прв го донел во Македонија. Секогаш достојно ја претставува Маке-донија и со голема гордост на целта на патеката го развиорува македонското цр-вено-жолто знаме со сонце. Прогласен е за спортист на Велес за 2012 година. Во 2013 година, кога имаше повреда на коле-ното, за само 45 дена по рехабилитацијата на бања, тој учествува на маратонот во холандија, и на чудење на сите, за 24 часа поминува 190 километри.

НЕОСТВАРЕНА жЕЛБА – „СПАРТАТЛОН“ ВО ГРЦИЈАНајтешката маратонска трка во светот, „Спартатлон“ во Грција, од Атина до Спар-та, на патеката долга 246 километри, остана неостварена желба на Димов. „Ако даде Господ, ќе отидам и ќе ја истрчам оваа патека“, вели Димов со голема искра

57

од ногата и 3 скршеници на десната нога и двете тешки операции во кои во едната му беа ставени метални прачки, па повтор-но вадени и ставани други посоодветни, бидејќи во моментот на операцијата не-мало соодветни, и покрај сите болки и тра-уми, само осум месеци потоа, од кои седум месеци ги поминал во постела, Зоран, со натчовечка храброст и упорност решава да учествува на полумаратонот во рамки на Скопскиот маратон.„Мотивот за спортување и големата жел-ба за спорт не ми помина затоа што јас цел живот сум спортист и решив да се вратам на патеката, па дури и на патерици. До-полнителен мотив ми беше да види и некој друг, кога јас во таква состојба можам зош-то и тој тоа да не може да го направи тоа, и тој да учествува, па макар и само рекреа-тивно. Секако дека ми беше тешко, посеб-но по 15-тиот километар, кога почувству-вав голема болка во нозете, а која сум ја немал и кога сум трчал на 200 километри. Но, многу ми значеше и бодрењето од моите колеги од Македонија и од Србија, кои не знаеја дека и јас ќе учествувам, и кои, кога ќе ме видеа, дури застануваа и се чудеа на мојата упорност. Затоа им благо-дарам за големата подршка во кризните моменти, за бодрењето да издржам до целта“, потенцира Димов.Зоран Димов на Скопскиот маратон е учесник уште од првиот Скопски маратон од 1997 година и досега учествувал шест-седум пати, бидејќи за време на Скопски-от маратон се одвивале и други светски маратони на кои учествувал изминативе години.

Кој е Зоран Димов?Зоран Димов е вработен како поштар во „Македонски пошти“ во Велес. Пред 2000 година прв од Македонија активно почна да учествува со ултрамаратонот над 100 километри и досега има учествувано на над 100 маратони, а ова го нема надми-нато ниту еден македонски маратонец. На маратонот во Црна Гора бил трети, освоил и второ и прво место на 50 километри. Во Белград победил за 12 часа на 100 кило-метри, во Загреб, исто така, победил на 12 часа. Во Унгарија на маратонот кај езерото

Page 58: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

Ова писмО е напишанО Од индијанскиОт пОглавар сиетл вО периОдОт на бОрбите за ОсвОјување на теритОриите на кОи сО векОви живеел негОвите сОнарОдници и предци. Ова писмО е пОвик за чест и пОчит кОн прирОдата. пОраката сОдржана вО Ова писмО е актуелна и денес и вреди да се спОдели сО вас. станува збОр за пОчитување и љубОв кОн сите суштества кОи гО делат заедничкиОт дОм – планетата земја.

ако можат да се продадат или да се купат небото и топлината на земјата? Такво нешто нам ни е непознато. Ние не сме сопственици на свежината на воздухот и на

бистрината на водата. Па, како можеме да ги купиме? Секое делче од оваа земја е свето за мојот народ. Секоја блескава борова игличка, секое зрно песок на речниот брег, секое перче од маглата во темнината на шумата се свети во мислите и во животот на мојот народ.

Соковите во дрвјата го чуваат споменот на црвениот човек. Кога мртвите бледолики одат меѓу ѕвездите, ја забораваат земјата што им дала живот.

Нашите мртви никогаш не ја забораваат својата преубава земја, затоа што таа е мајка на црвениот човек. Ние сме дел од земјата и таа е дел од нас. Мирисливите треви ни се сестри. Еленот, коњот, големиот орел – се наши браќа. Карпестите врвови, сочните пасишта, топлото тело на мустангот и човекот - сето тоа му припаѓа на едно семејство. Кога големиот главар од Вашингтон го праќа својот глас дека сака да ја купи нашата земја, бара премногу од нас. Големиот поглавар ни порачува дека ќе ни најде место на кое добро ќе живееме. Тој ќе ни биде татко, ние нему деца. Ќе ја разгледаме понудата да ја купиме нашата земја. Но, тоа нема да биде лесно. Оваа земја ни е света. Оваа блескава вода што тече по брзаците и реките не е само вода, туку крв на нашите предци. Ако ви ја продадеме земјата мора да знаете дека оваа вода е света, морате да им кажете на вашите деца дека е света, дека секој одраз во бистрото езеро ги раскажува настаните и спомените на мојот народ. Жуборот на водата е глас на таткото на мојот татко. Реките се наши браќа, тие ја згаснуваат нашата жед. Реките ги носат нашите кануа. Ги хранат нашите деца. Ако ви ја продадеме оваа земја морате да се сетите и да ги научите вашите деца дека реките се наши, но и ваши браќа.

Затоа на реките морате да им дадете добрина каква што би му ја дале на својот брат.

Знаеме дека белиот човек не нè разбира. За него еден дел од земјата е ист како и секој друг. Тој е странец што доаѓа ноќе и на земјата и одзел сè што и треба: земјата не му е брат, туку непријател. Кога ќе ја покори, тој тргнува понатаму. Тој ги остава гробовите на неговите татковци и не се грижи за тоа. Им ја одзема земјата на своите деца и не му е грижа за тоа. Гробовите на неговите татковци и земјата што му ги роди неговите деца остануваат заборавени. Кон мајката-земја и братот-небо се однесува како кон работите што можат да се купат, да се ограбат, да се продадат како стока или сјаен накит. Неговата алчност ќе ја уништи земјата и зад себе ќе остави само пустош. Не знам!

Нашиот начин на живот се разликува од вашиот. Од погледот на вашите градови нас нè болат очите. Тоа е можеби затоа што црвениот човек е дивјак и не ги разбира работите. Во градовите на белиот човек нема мирно место. Нема место каде што може да се слушне разлистувањето на дрвјата напролет или трепетот на крилата на мушичката. Можеби затоа сум див – едноставно не сфаќам. Бучавата ги навредува моите уши. Што вреди животот ако човек не може да го слушне рикањето на козорогот или крекањето на жабите во барата? Јас сум црвен човек и не разбирам многу...Индијанецот го сака шумот на ветрот кога се поигрува со површината на мочуриштето. И мирисот на ветрот освежен со попладневниот дожд или со мирисот на боровите.Најголемото богатство на црвениот човек е воздухот. Сè живо го дели истиот здив – животните, дрвјата и човекот. На сите им е потребен истиот здив. Белиот човек како да не го забележува воздухот што го дише. Како некој кој долго пред умирање не чувствува мирис. Ако ви ја продадеме земјата, морате да паметите дека воздухот е скапоцен, дека воздухот го дели својот здив со сиот живот што го одржува. Ветрот што на мојот дедо му го дал првиот здив – ќе го прифати и неговиот последен. Ако ви ја продадеме земјата, морате да ја чувате како светост. Како место на кое белиот човек ќе може да го вдише ветрот засладен со мирисот на полското цвеќе. Ќе ја разгледаме вашата понуда да ја купите земјата. Ако одлучиме да се согласиме ќе побараме да го исполните следниов услов: белиот човек ќе мора кон животните да се однесува како кон свои браќа! Јас сум див и не разбирам поинаков живот. По прериите гледав илјадници бизони кои ги убил белиот човек, пукајќи од железниот коњ. Див сум и не разбирам како железниот коњ од кој излегува чад може да биде поважен од живиот бизон кој ние го убиваме за да се прехраниме. Што е човекот без животни? Ако животните исчезнат, човекот би умрел од големата осаменост на духот. Што и да им се случи на животните, истото ќе

„НИЕ МОЖЕ ДА БИДЕМЕ БРАЌА И ПОСЛЕ С “ПИСМО НА ИНДИЈАНСКИОТ ГЛАВАТАР СИЕТЛ ДО АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

фРЕНКЛИН ПИРС ВО 1854 ГОДИНА

Page 59: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

го доживее и човекот. Сè во светот е поврзано.

Морате да ги научите вашите деца дека под нивните нозе се наоѓа пепелта на нашите предци. За да ја почитуваат земјата, треба да им кажете дека земјата е богата со животот на нашите предци. Морате да ги научите вашите деца исто како што ние ги учиме нашите – дека земјата е наша мајка. Што и да се случува на земјата, ги снаоѓа и нејзините деца. Ако човек плука на земјата, плука врз самиот себе. Земјата не му припаѓа на човекот – човекот припаѓа на земјата. Тоа добро го знаеме. Сè е во меѓусебна врска, како што едно семејство е крвно соединето. Сè е поврзано. Човекот не е творец на развојот на животот, туку е една нишка во него. Што и да направи со развојот, прави со себе. Дури ни белиот човек, чиј бог зборува со него како пријател, не ќе може да ја избегне заедничката судбина. Можеби, сепак, сме браќа. Ќе видиме!

Едно знам сигурно, а тоа е дека белиот човек еднаш ќе сфати: нашиот бог е ист бог. Можеби мислите дека вие го поседувате, како што се подготвувате да ја земете целата наша земја. Но, нема да успеете. Тој е бог на луѓето и неговата милост е еднаква и за црвениот и за белиот човек. Оваа земја за него е сè. Ако ја сквернавите, исто е како да го презирате нејзиниот создател. Белиот човек ќе исчезне. Можеби и пред другите племиња. Вие го валкате вашиот ‘кревет’ и една ноќ ќе се ‘удавите’ во сопствениот ‘измет’. Во вашето настојување ќе горите во огнот на богот кој ве доведе ваму со некоја необјаснива намера да ви даде власт над оваа земја и над црвениот човек. Таква судбина нам ни изгледа бедна. Не разбирам зошто се убива бизонот? Зошто се скротуваат дивите коњи? Зошто во длабочината на шумата има толку многу човечка смрдеа? Зошто погледот на зелените ридови е расцепкан со жиците што зборуваат? Каде се елените? Ги нема повеќе. Каде е орелот? Одлета. На вистинското живеење му дојде крајот. Почнува борба за опстанок...“

Е.Т.

Page 60: РАЗМИСЛУВАМЕ PОЗИТИВНО · цвеќе на спомен-обележјето на „Битката на Беласица“, со што им оддаваме

60