ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА...

24

Transcript of ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА...

Page 1: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и
Page 2: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и
Page 3: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

– Гордана Сиљановска Давкова -

Page 4: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

4

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

СОДРЖИНА

Обраќање

Право и правда за Македонија

• Состојба

• Иницирање на уставна реформа

• Практикување на уставните овластувања

• Уставот, меѓународното право и Преспански договор

Дипломатија

Проекти:

• Интегритет во регрутација и номинација

• Професионализација и родова рамноправност во дипломатската служба

• Кампања за лобирање за непостојан член во Советот за безбедност

Јавна дипломатија

Проекти:

• Скопје форум

• Охридски собир

• Амбасадори на добра волја

• Македонска салата

• Школа за лидери

Економија

Проекти

• Организација на конференција за приклучување на Македонија кон енергетските коридори

• Јакнење на извозната компонента

• Инвестициска оаза

• Македонија секаде

Безбедност, одбрана и НАТО

Проекти:

• Трансформација на сили за распоредливост и интероператибилност

• Возобновување на наменската индустрија

• Изградба на капацитети за справување со невоени закани

• Зголемен буџет за АРМ

3

6

11

страна

14

15

17

Page 5: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

5

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

• Цивилно воена соработка

• Промоција на воени лидери и команданти

• Воена дипломатија и зголемување на учество вомеѓународни мировни операции

• Проактивна улога на Советот за безбедност

• Национална платформа за контратероризам

• Надградба на разузнавачките капацитети

Животна средина и правда

Надворешна политика

• Македонија и соседите

Македонија и ЕУ

Проекти:

• Експертски тим во рамките на преговарачките структури за секоепоглавје

• Советници/специјални претставници во Мисијата во Брисел

• Тим Европа

• Редовна координација

Македонија и НАТО

Проекти

• Изградба на капацитети за електронско и нелинеарно војување иcyber одбрана (на интернет)

• Центар за извонредност за жени, мир и безбедност

Македонија и Дијаспората

Заштитник на интересите на државата

Проекти

• Елаборација на долгорочна стратегија за развој

• Буден критичар на недоброто владеење

19

19

20

21

22

22

Page 6: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

6

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

Почитувани граѓанки и граѓани,

Тргнувајќи од историските идеали, борби и остварувања на сите минати генерации, од Илинден преку одлуките на АСНОМ во 1944 година, до референдумот од 8 Септември 1991 година за самостојна и независна држава,

Свесна дека:

• Македонија е соочена со разнебитување до непрепознатливост, демакедонизација и фалсификување на историското и културното наследство

• Владеењето на правото и правдата се само декларација, а стварноста се соочува со самоволие и неправда

• Демократијата и економијата се во длабока криза, а народот осиромашува

• Власта е нетранспарентна, неефикасна и неодговорна пред граѓаните, а моќта е во рацете на партиски елити и олигархии

• Општеството се соочува со ерозија на моралот, со организиран криминал и политичка корупција

• Младите ја напуштаат Македонија, која станува земја на стари и разочарани граѓани

• Европеизацијата е политичка реторика, а не реалност

Убедена дека:

• Нема промени на подобро без визија и одговорно лидерство на сите нивоа

• Нема европски вредности и реформи без знаење, стручност и компетентност

• Нема развој без стратегија и стратези,

• Нема национално единство без дијалог и меѓусебно разбирање

• Нема чекорење напред со згазено национално достоинство

Исправена пред прашањето дали е време да се биде само сведок на настаните или пак да се биде целосно одговорен и активен учесник во донесувањето на одлуките за сегашноста и иднината на Македонија,

Page 7: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

7

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

Прифаќајќи го новиот историски предизвик со кој се соочува нашата татковина денес, во ситуација кога актуелната власт се откажа од Македонија и ја прекрсти во Северна,

Залагајќи се:

• Македонија како земја во која владее Правото и Правдата и Моралот, ане волјата на Владетелот

• Македонија како членка на НАТО и ЕУ која споделува највисокивредности и стандарди

• Македонија како земја на достоинствени граѓани, кои живеат во мир,безбедност, хармонија и благосостојба

Верувам дека со мојот избор за Претседателка ќе покажеме дека Македонија е зрела за вистински демократски промени во најкритичниот период од поновата историја.

Како жена која во себе ги спојува традиционалните вредности со модерните, човечката со женската еманципација,

Како професорка која животот го посветила на правото и правдата, како интелектуалка со критички став и дејствување кон секоја власт;

А предложена од група интелектуалци - иницијатори на мојата кандидатура, и поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и од бројни политички субјекти со различна идеолошка и политичка ориентација: Социјалистичка партија, Работничко земјоделска партија, Странка на демократска акција, ГРОМ, ПОДЕМ, Демократската партија на Србите од Македонија, Демократска Бошњачка партија, Демократски сили на Ромите, Нова либерална партија, ВМРО-ДП, Сојуз на Титови леви сили, Македонска акција МААК, Македонска Алијанса, Движењето за национално единство на Турците, Партијата на Власите во Македонија, Роми обединети од Македонија, како и со потписите на граѓаните, порачувам:

Јас, Гордана Сиљановска Давкова, Ве повикувам сите граѓанки и граѓани на Република Македонија кои се препознаваат во овие принципи и вредности, заеднички да преземеме одговорност на претстојните претседателски избори во насока на оживотворување на следнава

Page 8: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

8

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

П Р О Г Р А М А

ПРАВО И ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА

СОСТОЈБА

Поделбата на власта е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија. Без поделена власт, без спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт, нема демократија, нема правна држава, нема заштитени слободи и права на човекот и граѓанинот.

Соочени сме со реална и опасна промена на уставно промовираната рамнотежа на власта, во корист на владата. Живееме во премиерски систем, но не од британски тип во кој „премиерот е месечина меѓу малите ѕвезди“, туку во западно балканска варијанта на практикување власт надвор од границите на правото. Наспроти правната рамка, во стварноста статусот на премиерот е далеку од парламентарната логика на „прв меѓу еднаквите“.

Сведоци сме на опасна концентрација на власта, при што и Собранието и Претседателот на Републиката се сосема маргинализирани. Ние одамна немаме парламент како законодавен и контролен орган на извршната власт, туку комунистичко собрание во кое наместо делиберативна демократија се вежба техниката на усогласено хорско гласање по системот на „брзи прсти“. Двоглавата извршна власт е сведена на моноцефална. Претседателот е маргинализиран и екскомунициран.

Судската власт е далеку од независна, што се гледа низ бројни примери на селективна и задоцнета правда. Судските реформи се закочени. Упадот во судската власт се гледа и во скандалозното персонализирано менување на Кривичниот законик во пресрет на измената на Уставот, како и во Законот за амнестија. Нема судска независност ако на чело на Советот за судски реформи стои Премиерот.

Како Претседателка на Републиката ќе ги искористам сите уставни овластувања согласно принципот на поделба на власта, а во насока на воспоставување на владеење на правото.

ИНИЦИРАЊЕ НА УСТАВНА РЕФОРМА

Согласно уставот, претседателот на Републиката е овластен предлагач на уставни амандмани (чл. 130). По повеќе од 30 години научни истражувања и стручни анализи на содржината и имплементацијата на Уставот, а во светлина на компаративните уставни системи, сметам дека е дојдено време за преиспитување на низа уставни решенија кои во праксата се покажаа како Ахилова пета на македонската демократија. Ќе наведам само неколку примери: јакнење на делот на уставот за човековите права, со посебна афирмација на детските права, лицата со посебни потреби, еколошките права, итн.; јакнење на еднаквоста на сите индивидуи; ревизија на Уставот во светлина на европските интеграции; отстранување на нејаснотиите околу доделувањето на мандатот за состав на нова влада од страна на претседателот на Републиката; дилемите околу употребата на суспензивното вето од страна на претседателот; проширување на крајно лимитираната надлежност на Уставниот суд, особено во делот на заштитата на човековите права; отстранување на сите реликти од собранискиот систем, особено во смисла на поединечно гласање

Page 9: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

9

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

за секој министер наместо за тимот на премиерот, што доведува до неможност тој сам да разреши министер без согласност на Собранието; проблемите околу самораспуштањето на Собранието, односно воведување принцип според кој Собранието и Владата доаѓаат и заминуваат заедно; преиспитување на потребата од цензус во вториот круг на претседателски избори заради избегнување парализа на системот, односно елиминирање на овој услов согласно препораките на Венецијанската комисија; редефиниција на воената и вонредната состојба, односно креирање уставен основ за кризна состојба и за менаџирање на кризи.

На почетокот на мандатот ќе формирам експертска група составена од врвни експерти по уставно право од земјата и од странство, која ќе ги лоцира слабостите на сегашниот устав и ќе предложи решенија, во вид на амандмани или можеби и од донесување нов устав. Уставните реформи, во секој случај, ќе имаат за цел да овозможат функционална демократија согласно највисоките европски стандарди. Функциите на претседателот не треба да се менуваат, односно прошируваат, туку да се прецизираат. Нашиот уставен систем е и треба да остане парламентарен, но со претседател избран на непосредни избори.

ПРАКТИКУВАЊЕ НА УСТАВНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА

- Како натпартиска претседателка ќе ја претставувам Републиката во земјата иво меѓународните односи, водена од националните интереси и интересите на ситеграѓани без оглед на нивната етничка, верска припадност, политичко уверување,пол, раса, социјално потекло и други основи. Во таа насока, ќе ја продолжамдосегашната практика на отворени канцеларии на претседателот, со отворањеможност за директен контакт во определени термини или преку електронскапошта. Ќе бидам секогаш подготвена да ги слушнам нивните поплаки, особеново однос на нивните слободи и права, но и слушнам предлозите за политикитена претседателот. Во таа смисла, ќе бидам партнер на граѓаните и со отворањетехничка можност за поднесување граѓански иницијативи и петиции (како на пример, change.org), вклучително и на англиски јазик за да се овозможи на припадниците надијаспората да контактираат со претседателот. Медиумите во секое демократскоопштество се посредник помеѓу носителите на власта и граѓаните. Поради тоа, ќеодржувам чести односи со претставниците на медиумите, и ќе бидам подготвенада одговарам на нивните прашања, преку редовен канал на комуникација.

- Обраќање пред парламентот: Тргнувајќи од високиот и директниот легитимитетдобиен од граѓаните, и согласно овластувањето да ги претставувам во земјата,имам намера да бидам проактивна претседателка. Наместо како во досегашнатапрактика кога претседателот се обраќаше пред Собранието само еднаш годишно,повеќе пати ќе се обраќам пред пратениците на барање на различни категории награѓани, особено на ранливите групи кога нивните интереси ќе бидат занемарениили загрозени.

- Правото на суспензивно вето, во духот на поделбата на власта, ќе го користамво функција на подобрување на квалитетот на законите, а не за манифестирањесилна претседателска власт или заради преземање на законодавната функцијана Собранието. Ќе ја следам будно законодавната дејност, и секогаш кога ќерасполагам со издржани правни аргументи за неусогласеност на законот соуставот, ќе реагирам. Во таа смисла, планирам да го користам правото на обраќање заради образложување на причините за ветото, а пред повторното гласање напратениците. Во вршењето на оваа надлежност, немам намера да го супституирамУставниот суд, па затоа моите аргументи ќе бидат во функција на промислувањена законските решенија. Последниот збор го имаат пратениците, но како и за секој

Page 10: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

10

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

друг граѓанин, и за Претседателката важи правото на поднесување иницијатива за испитување на уставноста на законот од страна на Уставниот суд.

- Давање мандат за формирање влада: во отсуство на јасни и прецизни уставниодредби за роковите и за начинот на утврдување на капацитет за формирањевлада, а во интерес на државата, ќе користам не само политички критериуми, тукуи експертска помош, раководејќи се од досегашната пракса. Пред доделувањетона мандатот за формирање влада, ќе остварам консултации со лидерот, односнолидерите на партиите што имаат мнозинство во парламентот. Мандатот ќе го добиеоној што ќе понуди најсигурни гаранции дека навистина има капацитет, односнопотребно мнозинство во парламентот.

- Соработката со владата, дури и во услови на кохабитација, е тест за државничказрелост. Поради тоа, ќе негувам конструктивни односи со владата како носителна ефективна извршна власт, особено во сферите на поделената/заедничкатанадлежност. Во случај на евидентно кршење на уставот или опструирање навршењето на функциите на претседателот, ќе се обратам пред Собранието и предмедиумите за да ги обзнанам причините за судирот и да побарам јавна поддршка.Освен тоа, претседателот има можност да покренува постапки пред уставниот судво однос на актите што ги донесува владата.

- Кадровска функција: При предлагањето на двајца членови на Судскиот совет,двајца судии на Уставниот суд, тројца членови на Советот за безбедност,Гувернер на Народната банка, како и други носители на државни и јавни функцииутврдени со уставот и законот, строго ќе се водам од критериумите на стручност,компетентност и конкурентност. Процесот на селекција и избор на носителитена овие функции ќе инклузивен и транспарентен. Овие функции нема да бидаттретирани како прибежиште на заслужни партиски кадри.

- Давањето помилувања како надлежност на претседателот секогаш ќе биде восогласност со законот, но со водење сметка за независноста на правосудството иприродата на оваа функција како квазисудска.

- Давањето одликувања и признанија, во согласност со закон, сепак ќе го сметамза исклучително важна, иако симболичка функција. Критериумите за избор налауреатите зборуваат за вредносниот и моралниот кодекс на претседателот, кој ина тој начин ја претставува државата во земјата и во странство. Ако одликувањатазавршуваат во рацете на најдобрите, тоа ќе биде стимул за сите во општеството дасе натпреваруваат во извонредност.

- Во односите меѓу партиите ќе се поставам како неутрален модератор и ќеделувам непристрасно при евентуални дијаметрално различни позиции по односна прашањата од национален интерес.

Земајќи ги в предвид безбедносните протоколи ќе предложам намалување на привилегиите на претседателот по истекот на мандатот. Да бидеме скромни и честити.

Заради исполнување на сите овие надлежности ќе се опкружам со мал кабинет на стручни и компетентни луѓе избрани на јавен конкурс, со почитување на највисоки критериуми. При составувањето на кабинетот ќе се водам од начелото на инклузивност, односно ќе водам сметка за уставниот принцип на правична и соодветна застапеност, но не само низ призма на етничката припадност, туку и со почитување на родовата димензија, водење сметка за лицата за посебни потреби, како и начелото на хуманизам, социјална правда и солидарност.

Page 11: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

11

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР

Како еден од основачите на Европското движење на Македонија во 1990-те, потенцирам дека определбата за влез во ЕУ и НАТО е определба не само на сите политички партии туку и на мнозинството на македонските граѓани. Јас ќе работам за остварување на стратешките цели на Македонија. Сепак морам да потенцирам дека Преспанскиот договор онака како што беше донесен е пресвртна точка во историјата на Република Македонија. Тој во моментов дополнително го поларизира македонското општество.

Преспанскиот договор, заедно со уставните измени, беше донесен со кршење на националното право и е спорен во рамките на меѓународното право. Граѓаните со право се прашуваат не е ли договорот повреда на задолжителното меѓународно право (jus cogens): правото на самоопределување, принципот на еднаквост на државите, мешањето во внатрешните работи на суверена држава, како и сериозна повреда на колективните и индивидуалните човекови права?

Загрижена за можниот тек на имплементацијата на Договорот и уставните измени, во насока на продлабочување на поделбите во општеството, прашањето го сметам за правно отворено. Ќе формирам експертска група составена од врвни светски авторитети во меѓународното право, да ја проверат правната одржливост на Преспанскиот договор во светлина на Виенската конвенција за договорно право.

На македонскиот народ со промените сврзани со Преспанскиот договор, му е одземено правото на самоопределување, коешто е jus cogens во светлина на меѓународното право. Почитувајќи ја јасно изразената волја на македонските граѓани од септември 1991 година, како и од септември 2018 година, но и како граѓанин, лично нема да ја користам придавката Северна.

ДИПЛОМАТИЈА

Република Македонија, како мала земја со релативно ограничени ресурси што може да ги стави во функција на дипломатската служба, мора да внимава тие ресурси да обезбедат максимална полза на застапувањето на државата и нејзините интереси. Компетентна и професионална дипломатска служба која достојно ќе ја претставува земјата е апсолутен приоритет на мојот мандат како Претседателка. Дипломатската професија не е наградно патување за заслужни партиски кадри, туку лицето и гласот на државата и е од витално значење истите да бидат вистински професионалци, да имаат знаење и вештини, како и искуство во полето на воспоставување соработка со меѓународни организации и со други држави. Во таа смисла, мора да им се даде шанса на најспособните и најквалитетните кадри да ја претставуваат државата, со нулта толеранција за непотизам, партиски и други влијанија во дипломатијата. Моето залагање во ова поле ќе биде целосна професионализација на дипломатската служба, да се обезбеди соодветно образование и тренинг, услови за развој и размена како и зголемување на присуството и активностите на нашите дипломати во меѓународните организации. Потребно е стратешки да се таргетираат земјите кои ни се важни по различен основ (политичка тежина, економска соработка, дијаспора итн.) и да се реорганизира мрежата и активностите на дипломатско-конзуларните претставништва низ светот. Ќе иницирам реорганизација со давање на конкретни и конструктивни предлози до Министерството за надворешни работи.

Како Претседателка, ќе се залагам за координација и единство на полето на надворешната политика во државниот врв и институциите, зошто само така

Page 12: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и
Page 13: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и
Page 14: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

14

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

можеме да влијаеме позитивно на развивањето добри односи и обезбедување на добар меѓународен имиџ. Дипломатијата е клучна алатка за малите земји. Ние немаме никаков простор за грешка во играта на меѓународната сцена. Секој влог во дипломатијата се враќа неколкукратно за земјата.

ПРОЕКТИ:

Интегритет во регрутација и номинација – ќе се залагам за измена на Законот за надворешни работи, во делот на влезот во дипломатската служба и ќе се заложам за издвојување на Дипломатската академија, како посебна институција, со директор од рангот на кариерен амбасадор. Академијата треба да биде замислена како партнерство помеѓу МНР и сите универзитети. Влезот во МНР ќе се обезбеди исклучиво преку влез во академијата, по пат на ригорозен испит за дипломатска служба, како и сите напредувања во кариерата. Академијата ќе овозможи професионализација и усовршување на целокупниот дипломатски кор. Преку формирање Центар за извонредност во меѓународни односи и искористување на капацитетите на Институтот за геостратешки истражувања и едукација, ќе градиме партнерства, разменуваме искуства и развиваме нови стратегии во меѓународните односи. Лично ќе практикувам јавен и транспарентен процес на тестирање и интервјуа за избор и именување искусни, професионални амбасадори што верувам ќе создаде своевиден притисок за ваква пракса да се усвои и од Владата. Исто така дипломатите кои не ја извршуваат функцијата во согласност со Уставот и законите ќе ги отповикувам.

Дополнително сметам дека високите дипломатски позиции во нашите амбасади во Советот на Европа, САД, ОН, ОБСЕ и НАТО, не смеат да бидат без претставници од највисоко ниво-амбасадори, кои треба да бидат најистакнатите лобисти и ги застапуваат стратешките цели: членството во ЕУ и НАТО. Амбасадите и мисиите во државите каде имаме стратешки интереси, треба да ги предводат кариерни дипломати и државни службеници кои голем дел од својот работен век го поминуваат во подготовка за една ваква позиција.

Професионализација и родова рамноправност во дипломатската служба – Во мојот мандат ќе поттикнам дебата за измена на Законот за надворешни работи со цел да се регулира најмалку 2/3 од вкупниот број на дипломати да бидат дипломати од кариера, а останатите да бидат назначени од редот на т.н. политички дипломати. Моменталното законско решение овозможува во дипломатската мрежа да доминираат „политички назначените дипломати”. Преку овие измени ќе се унапреди професионалноста на дипломатската служба. Конечно, ќе се залагам за правична застапеност по сите основи, етничка, полова, религиозна, и секако во однос на лица со посебни потреби.

Кампања за лобирање за непостојан член во Советот за безбедност - Македонија е единствената земја заедно со Албанија што се уште не била непостојана членка на Советот за безбедност. Во текот на мојот мандат, ќе отпочнам со дизајнирање на сеопфатна стратегија и кампања за лобирање која ќе обезбеди поддршка на апликацијата на Македонија за таа да стане непостојана земја членка на Советот за безбедност.

ЈАВНА ДИПЛОМАТИЈА

Во ера на глобална поврзаност и постојан технолошки напредок, Македонија мора да ги искористи сите средства кои ѝ се на располагање за да се промовира, да си создаде пријатели и да ги заштити и унапреди своите интереси. Во таа смисла, ќе развијам стратегија за јавна дипломатија која ќе биде иновативна, штедлива и

Page 15: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

15

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

прагматична. Притоа таа нема да се заснова на скапи и гломазни традиционалини пристапи, туку ќе допира до граѓаните на другите држави директно и непосредно. Таа директна размена на информации ќе придонесе за популаризација на земјата и градење на позитивен имиџ. Овој мој концепт на јавна дипломатија ќе биде двонасочна. Преку дијалог и размена на искуства за Македонија ќе ги освоиме умот и срцата на луѓето во другите земји, односно ќе ја промовираме земјата во различни полиња: култура, кулинарство, историја, традиција, туризам, наука, спорт и сл.

ПРОЕКТИ:

Скопје форум – еднаш годишно ќе се организира меѓународен форум на високо ниво за меѓународна политика и правда. Форумот ќе третира современи и модерни теми и ќе ги собира најголемите авторитети од меѓународната политика и право.

Охридски собир - Заради одговор на современите регионални безбедносни предизвици, ќе отпочнам со организација на годишна конференција од сферата на безбедноста, со акцент на Балканот и Источниот Медитеран. На конференцијата учество ќе земат политичари, дипломати, офицери, професионалци од сферата на јавната безбедност, полицијата, разузнавањето, но и еминентни истражувачи од овие области. На тој начин ќе ја промовирам соработката во превентивата и размената на информации и знаења како основна алатка за справување со безбедносните закани кои не засегаат сите.

Амбасадори на добра волја – Младите и успешните се најубавиот амбасадор на една држава. Затоа, ќе промовирам амбасадори на добра волја од редот на млади професионалци од целиот свет, кои имаат влијателни функции во меѓународна економија, политика, меѓународни односи и уметници со светска кариера.

Македонска салата – е онлајн платформа која ќе биде посветена на промовирање на Македонија преку лични искуства на луѓе во најразлични области: култура, народ, образование, забава, бизнис, природа и храна. Платформата ќе користи комуникациски алатки за вклучување на глобалната публика во виртуелен дијалог, вмрежување, размена на знаење и искуства за Македонија.

Меѓународна Школа за лидери – имам визија мојот мандат да доведе до општествена трансформација. Ги прифаќам постулатите на Школата за лидери на Претседателот Иванов, како и нејзиниот институционален и човечки капцитет. Оваа школа ќе ја трансформирам во проект за развивање на лидери во областа на социјалните иновации и развојот на социјалното претприемништво преку кое ќе се решаваат општествените проблеми.

ЕКОНОМИЈА

Цврсто верувам дека најсилна гаранција за безбедноста на една држава се економско и социјално безбедни граѓани. За таа цел, во рамките на моите уставни овластувања, како Претседателка на Република Македонија ќе посветам особено внимание на јакнење на економските перформанси на државата, во насока на подигнување на животниот стандард и намалување на стапката на сиромаштија. Уште на самиот почеток од мандатот ќе формирам посебен Тим за економски меѓународни односи и трговија во мојот Кабинет, составен од врвни и истакнати економисти теоретичари и практичари и дипломати. Неопходно е да обезбедиме синергија и координиран пристап со Владата во делот на економската промоција на државата. Воедно, претседателот по функција е прв кој ја претставува и промовира Републиката во странство. При предлагањето на Гувернерот на

Page 16: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

16

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

Народната Банка, како Претседателка ќе се водам од принципите на стручност и независност во водењето на институцијата којашто се грижи за монетарната и ценовната стабилност на земјата и за контрола на банкарскиот систем на земјата.

Посебно внимание мора да се посвети на економската дипломатија и интензивното привлекување на странски директни инвестиции со потенцијал сериозно да придонесат кон одржлив економски раст, намалување на невработеноста, зголемување на додадената вредност, иновативноста и технолошкиот напредок на македонското производство. Македонија е земја со вреден човечки потенцијал. Младите не смеат да бидат работна рака која се нуди по дампинг цени, туку можат и треба да станат движечка сила на економијата, преку нивните знаења, вештини, идеи и капацитети. Притоа, слепото следење исклучиво на економските параметри, мора да се земени со зголемена грижа за животната средина, и да се работи на заштита и промоција на еколошкиот потенцијал кој го поседуваме. Значи, промовирање и застапување на ЗЕЛЕНА, ПАМЕТНА и ДИНАМИЧНА економија како дестинација за странски инвестиции ќе биде слоганот на моите економски активности и приоритети при сите службени средби и патувања.

ПРОЕКТИ

Организација на конференција за приклучување на Македонија кон енергетските коридори – Македонија не смее да биде изолирана од енергетските коридори кои се градат или планираат да се изградат во регионот. Нужно е да се продолжи и со гасификацијата и земјата да се поврзе со интерконектори со т.н. Балкански тек.

Јакнење на извозната компонента – ќе дадам силна поддршка на извозно ориентираните компании од Република Македонија, преку нивна промоција во индустриски развиените земји. Ќе работам на проширување на зоните за слободна трговија и отворање можност за склучување на нови договори за бесцарински режим. Ќе побарам она што Владата заборава да побара веќе цели 18 години – официјално вклучување на Македонија во Пан-европската асоцијација надијагонална кумулација на потекло на стоките, што ќе овозможи финалнитепроизводи од Македонија да кумулираат потекло и се извезуваат во ЕУ без царини.

Инвестициска оаза – Мој приоритет е промоција на Македонија како безбедна земја со високо квалификуван кадар, земја на млади и паметни луѓе и најдобри услови за вложување на капиталот. Привлекување странски инвестиции со цел создавање нови работни места кои ќе создадат своевиден притисок на пазарот на труд и ќе придонесат кон подигање на просечната плата.

Македонија секаде – Соработката со приватниот сектор ќе биде во насока на промоција на Република Македонија како инвестициска дестинација. Од исклучителна важност е нашето активно присуство на најголемите светски економски и бизнис самити, и иновативно-технолошките саеми. Со секоја посета во странство ќе организирам бизнис форум и ќе носам делегација на компании од сите комори од Македонија. Фокусот треба да се стави и на новите пазари во Азија и Африка и на следните сектори: металургијата, прехранбената индустрија (посебно конзервната и кондиторските производи), производството на пијалаци, текстилна индустрија, производството на тутун и тутунски производи, ИКТ, мебел и производите од камен (мермер).

Page 17: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

17

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

БЕЗБЕДНОСТ, ОДБРАНА И НАТО

Врвен приоритет на врховниот командант на АРМ и Претседател на советот за безбедност е да обезбеди стратегиски насоки за развојот и функционирање на системот за одбрана и безбедност на државата. Во остварување на одбранбената политика и интересите ќе бидам проактивна и ќе работам на зголемување на одбранбените способности и ресурси.

Како врховен командант на АРМ јас ќе се залагам за нејзино дополнително осовременување и адаптирање на потребите на одбраната во 21от век. Ние како држава треба да им се оддолжиме на војниците со соодветни политики дизајнирани да ја поттикнат нивата мотивација и да им обезбедат сигурна иднина.

Оттука, мојот мандат ќе го посветам на две клучни прашања каде земјата нема изградено политика, институционални механизми ниту способности: одбраната на интернет (cyber defence); жени, мир и безбедност. Истите се образложени во делот Надворешна политика Македонија и НАТО затоа што претставуваат потреба за нашето НАТО членство.

ПРОЕКТИ:

Трансформација на сили за распоредливост и интероператибилност - Знаејќи дека Армијата е витален столб за одбраната, од особено значење е имплементација на трансформација на силите за распоредливост, поддршка и интероператибилност со цивилните авторитети во кризни состојби. Сето тоа заради заштита на граѓаните, нивното здравје и критичната инфраструктура. Во таа смисла мојот мандат ќе го посветам на сите аспекти на развој на способност како на пример доктрина, лидерство, организација, персонал, тренинг, технологија, инфраструктура и интероперабилност.

Возобновување на наменската индустрија – Армијата не смее да се остави да биде исклучително увозно зависна за своите ресурси. Наменската индустрија во Македонија има долга традиција, а иновациите се одлика на македонските претприемачи. Ќе се заложам да се изнајдат начини да се заживее наменската индустрија по НАТО стандарди, но ќе се заложам и за формирање на фонд во рамките на АРМ со цел поттикнување на иновациите во одбраната на Републиката.

Изградба на капацитети за справување со невоени закани – Особено внимание ќе посветам на предизвикот за подигнување на безбедносната култура, јакнење на патриотизмот и чувството на припадност за одбрана на мултиетничка и мултирелигиска Македонија. Капацитетите се од исклучителна важност во време на соочување со „војната за перцепција“ на интернет, каде со напредни технологии и иновации се водат кампањи за влијание, со цел ерозија на институциите, поткопување на интегритетот на класифицираните информации, субверзија и активизам за обликување на јавното мислење заради поларизација на општествата со етничка и верска различност што ја дефинира новата „сива и неконтролирана зона“.

Зголемен буџет за АРМ - За остварување на мисијата и силна Армија потребен е зголемен и одржлив буџет од минимум 2% од БДП за модернизација, логистика и распоредливост на сили имајќи предвид и на потребите за повисок стандард и плати на воениот и цивилниот персонал. Како активна претседателка секоја година ќе се вклучам во буџетската дебата со цел да обезбедам повеќе финансии за модернизација на армијата.

Цивилно воена соработка - Одржување на високо ниво на цивилно воена соработка за зголемување на довербата на командантите на единиците со граѓаните и

Page 18: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

18

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

цивилните авторитети вклучувајќи и користење на добри практики од цивилниот сектор за употреба на напредни технологии и иновации во интерес на одбраната.

Промоција на воени лидери и команданти - Одржувањето на висок морал, дисциплина и чувството за патриотизам се основни елементи за изградба на воени лидери чија стручност и посветеност за решавање на проблеми се повеќе од потребни за предизвиците со кои се соочуваме сега и во иднина. Притоа ќе работам на јасно прецизирање на условите за промоција во АРМ, како и обезбедување на тренинзи и обуки за реинтеграција на војниците во цивилната служба.

Воена дипломатија и зголемување на учество во меѓународни мировни операции – Идната мисија на воената дипломатија како дел од елементите на националнатамоќ на Македонија е дефинирана од потребата од интеракција со клучнитепартнери од центрите каде се носат одлуки за развој на одбраната и безбедностаза посигурен свет. Оттука, од голема важност е нашето присуство во кризнитерегиони преку учество во меѓународни мировни операции и постојана комуникација со нашите партнери. Дополнителен приоритет е и остварувањето на меѓуармискаи разузнавачка соработка со земји кои не се членки на НАТО, а се извор, транзити крајна цел на заканите со кои се соочуваме. Тоа произлегува од потребата занавремена процена и планирање на сили за превентивен одговор заради заштитана интересите на националната безбедност.

Проактивна улога на Советот за безбедност – Проактивно ќе раководам со Советот за безбедност, кој на редовни седници и со формирани работни тела ќе расправа и носи заклучоци за прашања од значење за безбедноста и одбраната заради доставување на предлози за Собранието и Владата. Во мојот мандат Советот за безбедност ќе има работни тела со стручни советници за три прашања кои сакам во мојот мандат да се развиваат како ниша: одбрана на интернет; жени, мир и безбедност; загадувањето како закана на националната безбедност. Дополнително, ќе формирам работно тело во состав на советот за безбедност со цел постојана комуникација на службите и единствена анализа на разузнавачките информации заради известување на носителите на одлуки.

Национална платформа за контратероризам - Заради заканата од странски терористички борци, растечкиот насилен екстремизам, вклучително и крајно десниот екстремизам и изворите на радикализација потребна е интеграција на сите ресурси и добри практики за единствен и проактивен одговор за спречување на терористички акти. Партнерството помеѓу извршната власт, обвинителството и Националниот координатор за спречување и превенција од насилен екстремизам и тероризам ќе придонесе во креирање на сеопфатен и стратешки пристап. Ваквиот пристап ќе придонесе за интеграција на мерките и алатките на разузнавањето, безбедносните институции и вооружените сили за откривање и справување со терористички акти. Дополнително, ќе поттикнам измени на Законот за социјална заштита, Законот за основно образование, Законот за средно образование, Законот за здравствена заштита со цел да ја обезбедиме неопходната инфраструктура, услуги и програми за превенција од насилен екстремизам и тероризам.

Надградба на разузнавачките капацитети - Во мојот мандат ќе посветам внимание за изградба на разузнавачки капацитети за поддршка на системот за одбрана и безбедност, политичките и економските интереси и заштита на граѓаните во националната територија и странство.

Враќање на доверба во службите за безбедност - Во содејство со Владата и Собранието мораме да ја вратиме довербата во безбедносниот систем соочен со ерозија на институциите. Професионалниот состав во безбедносните служби мора да го промени начинот на управување со класифицираните информации, но и со техничките уреди и опрема со кои директно се ограничуваат основните слободи и права на граѓаните. За мене предизвик е отстранувањето на генераторите на кризи

Page 19: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

19

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

со воведување на ветинг процедури и носење добри закони кои ќе се спроведуваат, демонополизација и децентрализација на извршната моќ, именување на одговорни раководители, безбедно управување со класифицирани информации и воведување на правила во соработката и комуникацијата меѓу државните органи за единствен превентивен одговор и надминување на слабостите во системот. Сепак, без разлика на добрите реформи, човечкиот фактор во безбедносните служби останува основен генератор на кризи и потребно е време да се надмине епидемијата од непотизам, корупција, партиски клиентализам, како и да се отстрани судирот на интереси со блиски лица кои работат за странските претставништва и организации.

За постигнување на нашата стратегиска цел – членството во НАТО и ЕУ, потребни ни се силни институции и човечки кадар препознатливи по поинаков начин на размислување и креативност, храброст во носење на одлуки, соочување и решавање на проблеми.

ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРАВДА

За мене животната средина има најголемо значење за квалитетот на живот. Затоа, загадувањето на животната средина ќе го третирам како безбедносно прашање. Тоа влијае на квалитетот на воздухот, водата, почвата; а со тоа директно го загрозува нашето здравје и живот. Нѐ прави небезбедни подеднакво како што не прави небезбедни воен напад или непогода. Бидејќи безбедноста е во надлежност на претседателот планирам да сугерирам:

• Измени за прагот на информирање за ПМ10-честичките да биде 50 микрограми на метар кубен (во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели);

• Измени за прагот на алармирање за ПМ10-честичките да не биде повисок од 70 µg/m3 (во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели);

• Стратегија за одбрана да ги опфаќа и климатските промени и нивното влијание на националната безбедност со оглед на ризиците од деградација и уништувањето на животната средина, на еколошките потенцијали и природните непогоди;

• Во Советот на безбедност ќе формирам работно тело за загадувањето како безбедносна закана, кое, доколку властите (локалната и централната) не преземаат мерки против загадувањето, ќе предлага донесување на одлука за прогласување на вонредна состојба до Собранието.

НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Меѓународните партнерства и принципите на добрососедството, поддршката на демократските принципи, човековите права и меѓународното право се темелите врз кои се базира Македонската надворешна политика. Како Претседателка на Република Македонија ќе ја претставувам нашата земја во странство и во меѓународните организации каде што ќе ги промовирам токму овие принципи и ставови. Македонија треба да негува добри односи со сите држави, да биде активна во сите полиња на меѓународна соработка, не само како набљудувач на светските трендови, туку и како извор на идеи за решенија на некои од елементарните

Page 20: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

20

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

проблеми кои нè засегаат сите подеднакво, независно од нашата големина или статус. Тука се пред сè проблемите кои произлегуваат од климатските промени, недостаток на енергетски ресурси, борбата против организираниот криминал, заштитата на човековите права и слободи, како и борбата против сиромаштија.

МАКЕДОНИЈА И СОСЕДИТЕ

Земјите во регионот мора да имаат плодна економска соработка и нашиот регион мора да се развива со меѓусебно разбирање и почитување. Соседите треба да ги зајакнуваат културните врски, научната соработка и да се поврзуваат подобро преку нови патишта, железници, и гранични премини. Заедно треба да се поддржуваме во патот кон Европската Унија, а нашите компании да се поврзуваат и да настапуваат посилни на светските пазари. Малцинствата во сите земји треба да бидат мост за културна соработка а не поделби.

МАКЕДОНИЈА И ЕУ

Нашата иднина е во Европската Унија, нашето семејство се европските земји со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности. Неизбежно е членството на Македонија во Европската Унија. Како Претседателка на Република Македонија јас ќе работам на остварувањето на овој приоритет за сите граѓани. Нам ни се потребни реформи, но потребна ни е и визија, лидерство и активна поддршка со експертиза во процесот.Претседателот по функција е задолжен да ги потпише сите закони, вклучително и оние кои поминуваат во Собранието со европско знаменце. Токму тие закони се клучни за иднината на државата во ЕУ и можат да имаат далекусежни последици врз различните целни групи, пред сè бизнис заедницата, потрошувачите и граѓаните воопшто. Ниту еден таков закон не смее да помине без широк општествен консензус. Пристапниот процес во ЕУ е многу подолгорочен, посеопфатен и позначаен од една Влада, нејзиниот мандат и размислувањето на рок не подолг од 4 години. Затоа тој не смее да биде оставен на влијанието на популизмот и меѓу-партиското пазарење.

ПРОЕКТИ:

Експертски тим во рамките на преговарачките структури за секое поглавје - Како Претседателка ќе побарам вклучување на мој експертски тим во рамките на преговарачките структури за секое поглавје во пристапните преговори. Тој ќе има за цел да ги обезбеди основните принципи на транспарентност, отчетност и отвореност кон граѓаните на пристапниот процес кој е во моментот целосно монополизиран од владината коалиција, подложен на нивните лични и бизнис интереси и недостапен за граѓаните.

Советници/специјални претставници во Мисијата во Брисел - ќе испратам мои специјални претставници кои ќе бидат задолжени за следење на текот на преговорите и застапување на националните интереси во тој процес. Бидејќи видовме дека оваа Влада, во неможност да испорача квалитетни реформи, е подготвена да жртвува сè што ѝ е свето на државата само за да покаже дека има некаков напредок кон ЕУ.

Тим Европа – ќе поттикнам формирање на тим на јавни личности од граѓанскиот сектор и дијаспората кој ќе ја промовира Европската Унија и европските вредности во македонското општество но и успешната демократизација и европеизација на Македонија.

Page 21: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

21

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМА ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

Редовна координација – Градењето добри односи помеѓу државите мора да се заснова на заемна доверба и партнерски однос. Со цел унапредување на стратешката соработка со меѓународната заедница ќе воспоставам редовна координација со странските амбасади на која, покрај вообичаените теми поврзани со безбедноста и т.н. висока политика, ќе ги дискутираме и заеднички ќе ги утврдуваме развојните приоритети во кои можеме да сметаме на помош и поддршка од пријателските земји. Многу од нив, пред сè ЕУ, САД, Швајцарија, Германија, Шведска, Норвешка, Кина, Јапонија итн. и досега ни обезбедуваа финансиска, техничка и други видови помош во области како заштита на животната средина, образование, здравството, економијата итн. Но, најчесто процесот на дефинирање на приоритетите се одвива зад затворени врати и е предмет на политичко договарање и партиски калкулации. Време е да се отвори дискусија за вистинските потреби на граѓаните и таму заеднички да ги насочиме сите наши заложби.

МАКЕДОНИЈА И НАТО

Во мојот мандат Македонија ќе стане членка на НАТО. Но тоа не значи дека реформите се целосно завршени. Во две области според моите проценки може и треба да се надградиме со цел да ги достигнеме НАТО стандардите и мандатот ќе го посветам на нив.

ПРОЕКТИ:

Изградба на капацитети за електронско и нелинеарно војување и cyber одбрана (на интернет) – Во изминатите години, Армијата на Република Македонија со своето учество во бројни борбени и неборбени меѓународни мисии има добиено високи оцени за вежби. Со квалификуваниот воен персонал Армијата докажа дека е достоен партнер со НАТО земјите. Сепак, приоритет во мојот мандат е изградба на капацитети за идентификување на извори за закана и одбрана на комуникациските и информациските системи, како и заштитата на критичката инфраструктура во идното нелинеарно и електронско војување. Притоа ќе работам на создавање на институционален механизам и политика за одбрана од напади на интернет на комуникациските и информациските мрежи од хакери. Во оваа смисла ќе поддржувам обуки, вежби, истражување и развој на технологија како и цивилно-воена соработка во областа одбрана на интернет. Во оваа смисла, неопходна ќе биде и меѓународната соработка за зајакнување на сајбер безбедноста со ЕУ и промовирање на принципите и вредностите на ЕУ во оваа област.

Центар за извонредност за жени, мир и безбедност – Македонија сè уште нема усвоено национален план за спроведување на Конвенцијата на ОН 1325. Земјата, и регионот воопшто, има многу малку истражувања, свест и знаење како и практики за жени, мир и безбедност. Сите теоретски и практични искуства покажуваат дека земјите кои имаат вклучено жени во своите безбедносни и одбранбени системи се стабилни и имаат најмал ризик за воен конфликт. Поради тоа во мојот мандат преку основање на Центар за извонредност за жени, мир и безбедност во соработка со НАТО ќе работам на промоција на жените во безбедноста и одбраната во Македонија и регионот.

Page 22: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

22

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

МАКЕДОНИЈА И ДИЈАСПОРАТА

Македонската дијаспора е наш нераскинлив дел. Неопходно е да развиеме посебен однос со македонската дијаспора. Тоа се луѓе кои си отишле од Македонија, не затоа што сакале, туку затоа што морале. Голем дел од нив сакаат во некоја фаза од животот да се вратат во Македонија и да започнат свој бизнис тука. Свесна дека огромен дел од нашиот БДП се токму дотации од нашинците во странство, ќе иницирам активна соработка со македонската дијаспора со цел пронаоѓање на модел и посебни услови со кои ќе се овозможат нивни инвестиции, пренос на знаење и вештини во Македонија. Оттука, еден од клучните приоритети ќе биде поддршката на годишната меѓународна конференција за улогата на дијаспората во развојот на Македонија. Притоа, заедно со МНР и МОН ќе се залагам за обнова на училиштата по македонски јазик. Понатаму, ќе предложам создавање на Национален Совет за соработка со дијаспората кој ќе работи на продлабочување на врските со дијаспората во потрага по најдобри решенија за нејзино зголемено вклучување во стратешкиот развој на Македонија.

ЗАШТИТНИК НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ДРЖАВАТА

По примерот на демократски развиените држави од Европа и светот, и во Република Македонија државните интереси треба да бидат над сите партиски и лични интереси на поединци или групи. Сите подеднакво, и во секоја прилика треба да ги браниме интересите на државата во целина, максимално да се залагаме за нејзината стабилност, безбедност, економски и социјален развој. Како ваша претседателка, јас ќе се борам за нашите заеднички државни интереси, за нашиот успех на домашен и меѓународен план, за нашата иднина, и за иднината на нашите деца.

ПРОЕКТИ

Елаборација на долгорочна стратегија за развој – ќе иницирам подготовка на сеопфатна и мултидимензионална долгорочна стратегија за општествен развој на Македонското општество, во која ќе се идентификуваат идните предизвици за Македонија, можностите за економски и социјален напредок, опасносните, сè со цел навремена подготовка на акциони планови за соочување со истите.

Буден критичар на недоброто владеење – Јавно ќе барам директна и целосна одговорност за секое прекршување на правните норми и моралните начела од страна на одговорните лица од власта на секое ниво и подрачје на делување. Изгубената доверба во институциите, во системот и во државата може да се поврати единствено преку еднаквост на сите пред законите и преку воспоставување на највисоки етички правила за функционерите. Нивната мисија мора да биде секојдневно да работат во интерес и во служба на граѓаните, одговорно, транспарентно и отчетно. Не смее да постои никаква толеранција за отстапувања од тој систем на вредности и застапувања на лични, партиски или бизнис интереси.

Да сте живи и здрави и да ни биде Македонија вековита!

Проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова

Page 23: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и
Page 24: ПРОГРАМА НА КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛgordanazapretsedatel.mk/wp-content/uploads/2019/04/programa.pdf · change.org), вклучително и

24

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПРОГРАМАПРОФ. Д-Р ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА