Obnovlivi izvori na energija

14
ГОРДАНА ЈАНЕВСКА Универзитет “Св. Климент Охридски” Технички факултет Битола ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

description

OIE vo Makedonija

Transcript of Obnovlivi izvori na energija

Page 1: Obnovlivi izvori na energija

ГОРДАНА ЈАНЕВСКА

Универзитет “Св. Климент Охридски”Технички факултет Битола

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 2: Obnovlivi izvori na energija

• Што се обновливи извори на енергија?▫ Залихите на фосилните горива брзо се исцрпуваат затоа што

брзината на искористување е неспоредливо поголема од брзината на настанување. За нивно обновување се потребни повеќе векови

▫ Обновливата енергија се добива од извори кои континуирано се обновуваат. За разлика од фосилните горива, залихите за обновливите извори не може да се истрошат.

▫ Основни извори на обновливата енергија се: сонцето (соларна енергија), ветерот, водата во движење (реки, плима и осека, морски бранови), топлината во внатрешноста на земјата (геотермална енергија во

облик на топла вода или пареа, топлина на карпите) биомасата (дрво, органски отпад и разни маслодајни растенија).

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 3: Obnovlivi izvori na energija

• Легислатива на ЕУ во врска со ОИЕ▫ Директива 2001/77/EC за промоција на електричната енергија

произведена од ОИЕ▫ Директива 2003/30/EC за промоција на користењето на биогорива или

други горива од ОИ во сообраќајот▫ Директива 2009/28/EC за промоција на користењето на енергија oд

обновливи извори и за надополнување и последователно укинување на Директивите 2001/77/EC и 2003/30/EC Цели: земјите-членки треба да обезбедат учеството на енергија од ОИ во

финалната потрошувачка на енергија на ЕУ да достигне најмалку 20% до 2020 год.; исто така, секоја од земјите-членки треба да достигне најмалку 10% учество на енергија од обновливи извори (примарно биогорива) во сообраќајот до2020

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Со најновите иницијативи веќе започна процес на трансформирање на европскиот енергетски систем на 100% енергија од обновливи извори во ЕУ до 2050 год. Европскиот совет за обновлива енергија (EREC) во својот извештај “RE-thinking 2050” го опишува начинот на кој ЕУ може да се префрлат на 100% обновлива енергија во секторите електрична енергија, греење и ладење и во транспортниот сектор. Постигнувањето на оваа цел не е прашање на технологијата, туку на политичка волја.

Page 4: Obnovlivi izvori na energija

• Законската рамка за обновливи извори на енергија во  Република Македонија, ја сочинуваат: ▫Закон за енергетика▫Стратегија за развој на енергетиката▫Стратегија за искористување на обновливи извори на

енергија▫Поттикнување на искористувањето на обновливи извори

на енергија▫Правилник за обновливи извори на енергија ▫Повластени тарифи

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 5: Obnovlivi izvori na energija

▫ Со учество на ОИЕ од 13,8 % во потрошувачката на финална енергија во 2005 год., Македонија спаѓа во земјите со релативно големо искористување на овој вид извори на енергија

Учество на ОИЕ во потрошувачката на финална енергија во 2005 година

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

▫ Во изминатиот период од ОИЕ во РМ се користеа пред сè хидроенергијата (за производство на електрична енергија), биомасата (во најголем дел дрвна маса за добивање на топлина во домаќинствата), геотермалната енергија (во најголем степен за затоплување на оранжериите) и во скромен износ сончевата енергија (за топла вода во домаќинствата) и биогоривата.

Page 6: Obnovlivi izvori na energija

• Обновлива енергија во Република Македонија во 2011  ▫ Според податоците на Државниот завод за статистика во РМ во 2011

год., бруто-примарното производство на обновлива енергија опфаќало: дрво (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад) со 714.557 m3, геотермална топлина со 3.565.350 m3, хидроелектрична енергија со 1.433.120 MWh, соларна енергија со 1.173 MWh и биодизел со 4.513 тони

▫ Најголеми потрошувачи на дрво во 2011 год. (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад) биле домаќинствата со 90.0%, а на останатите сектори отпаѓаат 10.0% од финалната енергетска потрошувачка (на дрвото)

▫ Најголем потрошувач на геотермална топлина во 2011 година е земјоделството со 83.8%, а на останатите сектори отпаѓаат 16.2% од финалната енергетска потрошувачка (на геотермалната топлина)

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 7: Obnovlivi izvori na energija

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

• ХИДРОЕНЕРГИЈА

▫ Според Стратегијата за развој на енергетиката во РМ, Македонија располага со технички потенцијал на хидроенергија за производство на околу 5500 GWh електрична енергија годишно при просечна хидрологија.

▫ Досега се изградени хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 580 MW и со просечно производство од околу 1500 GWh што претставува 27% од расположивиот потенцијал.

▫ Планирано е искористување на дополнителни хидроелектрани со производство од околу 2500 GWh со што вкупното производство би изнесувало 4000 GWh или 73% од расположивиот технички потенцијал.

ХЕ

Постоечки Планирани Вкупно

Pins Wyear Pins Wyear Pins Wyear

(MW) (GWh) (MW) (GWh) (MW) (GWh)

Големи 552 1392 960 2280 1512 3672

Мали 27 76 100 267 127 343

Вкупно 579 1468 1060 2547 1639 4015

Преглед на постојниот и планиран хидропотенцијал

Page 8: Obnovlivi izvori na energija

• БИОМАСА

▫ Биоенергијата може да биде одлична замена на фосилните горива. Со тоа се намалува количината на стакленички гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

▫ Биомасата може да се користи директно или индиректно, со нејзина трансформација во цврсто, течно или гасовито гориво.

▫ Според енергетскиот биланс, биомасата учествува со 6% од вкупната примарна енергија во РМ, односно 9,5% од вкупната потрошувачка на енергија. Најупотребуван ресурс од биомасата во РМ е дрвото.

▫ Во РМ во тек се активности за согледување на потенцијалот на отпадна биомаса за комбинирано производство на електрична енергија и топлина. Според согледувањата, можна е изградба на вкупно 5 – 10 MW со годишно производство од 25 – 50 GWh до 2020 год., а10 – 14 MW со производство од50 – 70 GWh до 2030 год.

▫ Потенцијалот за производство на електрична енергија од биогасот исто така не е доволно истражен. Во Стратегијата се предвидува вкупна моќност на овие постројки од 7 – 10 MW до 2020 година со производство од 20 – 30 GWh годишно, односно, 10 – 15 MW до 2030 година со производство од 30 – 45 GWh.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 9: Obnovlivi izvori na energija

• БИОМАСА

▫ Првата фабрика за биодизел гориво во РМ е отворена во 2007 година. Рафинеријата е во сопственост на приватната компанија Макпетрол и е со капацитет од 30 илјади тони годишно. За производство на биодизел горивото се користи нерафинирано масло од семе од маслодајна репка.

▫ Според Стратегија за развој на енергетиката на РМ, потрошувачката на биогорива до 2020 година е планирана на ниво од 10% од потрошувачката во сообраќајот, односно околу 48-56 ktoe/годишно што е на ниво на планираните капацитети за производство. Овие количини на биогориво би замениле соодветни количини на потрошувачката на дизел и бензински горива во сообраќајот.

▫ Имено, од вкупната биомаса која што се создава на земјоделските полиња, 40% мора да се врати во почвата, 30% се користи за исхрана на животните или на фармите, а преостанатите 30% може да се користат за производство на биогорива.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Биогорива

Page 10: Obnovlivi izvori na energija

• ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА

▫ Геотермалната енергија, поточно топлата вода и пареа која излегува на површината, или се наоѓа во горните слоеви на земјината површина, може да се користи како извор на топлина за загревање на објекти, но исто така може да се користи и за производство на електрична енергија.

▫ Геотермалните води во РМ се со недоволна температура, па поради тoа не се користат за производство на електрична енергија.

▫ Постојат 18 познати геотермални полиња, со повеќе од 50 геотермални извори. Вкупниот излив е околу 1000 l/s со температура од  200C -780C.

▫ Според проценката на геотермалните ресурси во РМ производството на енергија од геотермална енергија изнесува околу 210 GWh, а потенцијалот се проценува на околу 500 – 600 GWh.

▫ Потенцијалот на користењето на геотермалната енергија за греење на оранжерии треба да се постави во корелација со развојот на земјоделството и потребата од оранжерии.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 11: Obnovlivi izvori na energija

• СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА

▫ Географската позиција и климата во РМ нудат многу добра перспектива за користење на сончевата енергија. Сепак, сончевата енергија се искористува на симболично ниво за загревање на водата во домаќинствата. Во РМ постојат околу 16.000 м2 инсталирана вкупна сончева површина за греење на вода. Сончевите колектори се користат во резиденционалниот сектор, хотели, кампови, домови.

▫ Според енергетскиот биланс, учеството на енергија произведена од сончева енергија, во вкупната потрошувачка на енергија изнесува 7,4GWh, односно 0,04%.

▫ Стратегијата предвидува изградба на фотонапонски електрани со вкупно инсталиран капацитет од 10 – 30 MW до 2020, со годишно производство од 14 – 42 GWh. Со цел поттикнување на инвестиции во фотонапонски системи, Регулаторната комисија за енергетика има усвоено повластени тарифи за купопродажба на електричната енергија произведена и испорачана од фотонапонски системи.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 12: Obnovlivi izvori na energija

• ВЕТЕРНА ЕНЕРГИЈА

▫ Енергијата од ветерот може да се користи за добивање на механичка или електрична енергија.

▫ Во 2005 год. направен е прелиминарен атлас на ветрови, со кој се проценува потенцијалот на ветерот во РМ. Според овој атлас може да се одредат најповолните региони за изградба на ветерници. Резултат од Атласот беа 20 локации – кандидати ширум земјата, со потенцијал за инсталирање на постројки со капацитет од 25 MW до 33 MW.

▫ Врз основа на досегашните истражувања, реално може да се очекува градба на 90 – 180 MW ветерни електрани со производство од180 – 360 GWh годишно до 2020 година, и вкупно180 – 360 MW со годишно производство од 360 – 720 GWh до2030 година.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Page 13: Obnovlivi izvori na energija

▫ При раст на производството на ЕЕ со просечна годишна стапка од 3%, 2% и 2,5% и производството на ЕЕ од ОИЕ според ДГ, ГГ и ПВ уделот на ОИЕ во производството на ЕЕ во 2020 година би бил 20,1%, 31,5% и 24, 4%, соодветно, а тој удел за 2030 би бил 23,0% и 39,3%

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

GWh2005 2020 ДГ 2020 ГГ 2020 ПВ 2030 ДГ 2030 ГГ

Електрична енергија од ОИЕ

1526 2539 3482 2971 3898 5301

Хидроелектрани (вкупно) 1526 2300 3000 2685 3430 4410Големи ХЕ 1446 2000 2600 2385 2920 3700Мали ХЕ 80 300 400 300 510 710Ветерни електрани 0 180 360 220 360 720Фотонапонски системи 0 14 42 20 28 56Биомаса 0 25 50 26 50 70Биогас 0 20 30 20 30 45Топлина од ОИЕ 1861 3100 3350 3230 3183 3445Биомаса 1756 2640 2740 2700 2540 2630Сончева енергија 0 60 90 80 83 155Геотермална енергија 105 400 520 450 560 660Биогорива 0 560 655 600 1700 1900Вкупно ОИЕ 3387 6199 7487 6801 8781 10646

Потрошувачка на ФЕ 22224 32873 30825 31850 41710 38560

Учество на ОИЕ (%) 15,2 18,9 24,3 21,4 21,1 27,6

Учество на ОИЕ во потрошувачката на финална енергија

Page 14: Obnovlivi izvori na energija

▫ Подобрувањето на енергетската ефикасност и зголемено учество на ОИЕ во ПФЕ се важни за енергетскиот сектор на државата, за сигурност и економичност во снабдувањето на клиентите, како и за создадавање услови за одржлив енергетски развој во земјата, во рамките на одржливиот енергетски развој во регионот и пошироко.

▫ Стратегијата за искористувањето на ОИЕ во РМ разгледува неколку сценарија во зависност од учеството на ОИЕ во ПФЕ. Според секое од овие сценарија може да се очекува дека РМ до 2020 реално може да постигне 21% учество на ОИЕ.

▫ Преку примена на низа мерки се очекува зголемено користење на ОИЕ. Една од ваквите мерки се и повластените тарифи за МХЕ, за ветерните, за фотонапонските, електрани на биогас добиен од биомаса и за комбинирани електрани на биомаса.

▫ Планирањето и формулирањето на енергетската политика е во насока на  исполнување на стандардите и регулативите на ЕУ на полето на енергетиката. Ова вклучува модернизација на инфраструктурата, подобрување и диверзификација на снабдувањето со енергија, либерализација на пазарот за ЕЕ, трансфер на технологија, промоција на заштедата на енергија, енергетска ефикасност и ОИЕ, истражување на влијанието на производството и потрошувачката на енергијата врз животната средина.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА