nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences...

104
ТАКИ ФИТИ MAKРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕС КАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА?

Transcript of nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences...

Page 1: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ

MAKРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕС

КАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА?

nova 2013 fiti 2.indd 1nova 2013 fiti 2.indd 1 14/10/2013 2:03:17 PM14/10/2013 2:03:17 PM

Page 2: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

Акад. Таки ФитиМАКРОЕКОМОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА?

Издавач:Македонска академија на науките и уметноститеЦентар за стратегиски истражувања

За издавачот:Акад. Владо Камбовски – претседател на МАНУ

Уредник:Акад. Гоце Петрески

Лектура и компјутерска обработка: Здравко Ќорвезироски

Печати:„Македонска ризница“ – Куманово2013

Авторско право © 2013, Македонска академија на науките и уметностите – Центар за стратегиски истражувања. Сите права се заштитени. Ниту еден дел од оваа книга не може да биде репродуциран или пренесен во која било форма или со кои било средства – електронски и технички, вклучувајќи фотокопирање, преснимување и чување во информативни системи – без претходна писмена согласност од издавачите.

nova 2013 fiti 2.indd 2nova 2013 fiti 2.indd 2 14/10/2013 2:03:51 PM14/10/2013 2:03:51 PM

Page 3: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕЦЕНТАР ЗА СТРАТЕГИСКИ ИСТРАЖУВАЊА

ТАКИ ФИТИ

MAKРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕС

КАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА?

СКОПЈЕ 2013

nova 2013 fiti 2.indd 3nova 2013 fiti 2.indd 3 14/10/2013 2:03:51 PM14/10/2013 2:03:51 PM

Page 4: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 330.101.541“1936/2013“ ФИТИ, Таки Макроекономијата денес : Kаде е и каде оди модерната макроекономска наука? / Таки Фити. – Скопје : Македонска академија на науките и уметностите, 2013. – 104 стр. ; 27 см

Фусноти кон текстот. – Библиографија: стр. 97–102 ISBN 978–608–203–098–2а) Макроекономија – 1936–2013COBISS.MK-ID 94625034

nova 2013 fiti 2.indd 4nova 2013 fiti 2.indd 4 14/10/2013 2:03:51 PM14/10/2013 2:03:51 PM

Page 5: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

СОДРЖИНА

Содржина .......................................................................................................... 91. КЕЈНЗОВАТА РЕВОЛУЦИЈА И НАСТАНУВАЊЕТО

НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА– ВОВЕДНИ РАЗГЛЕДУВАЊА ........................................................ 11

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ ПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ ..................................................................................... 16

Раните критики на Кејнз .................................................................... 16 Суштината на неокласичната синтеза ....................................... 19 Зошто неокласичната синтеза е круцијален

макроекономски концепт? ................................................................20 Потрошувачка, штедење и инвестиции ....................................23 Филипсовата крива на долг рок ....................................................26 Нови пробиви во теоријата на економскиот раст

и макроекономското моделирање ...............................................283. КОНФРОНТАЦИИ МЕЃУ УМЕРЕНИТЕ КЕЈНЗИЈАНЦИ

И МОНЕТАРИСТИТЕ ПО НАСТАНУВАЊЕТО НА НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА .......................................................... 33

4. РЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ .... 37

Новата класична макроекономија и хипотезатаза рационалните очекувања ........................................................... 37

Критиката на Лукас ..............................................................................39 Концептот за неефективност (ирелевантност) на

политиките ................................................................................................40

nova 2013 fiti 2.indd 5nova 2013 fiti 2.indd 5 14/10/2013 2:03:51 PM14/10/2013 2:03:51 PM

Page 6: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

Хипотезата за монетарното изненадување како детерминанта на бизнис-циклусите ............................................41

Теоријата за реалните бизнис-циклуси .....................................42 Концептот за (не)конзистентност на политиките низ

времето .......................................................................................................445. НОВАТА КЕЈНЗИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА – РЕИНКАРНАЦИЈА

НА КЕЈНЗИЈАНИЗМОТ ......................................................................................46 За микроекономските фундаменти на кејнзијанизмот......................47 Номиналните ригидности на платите .........................................................48 Ригидност на реалните плати .........................................................................48 Номинални и реални ригидности на цените на добрата

и на услугите ............................................................................................49 Новокејнзијанското свртување кон запоставената

агрегатна понуда ....................................................................................51 Хистереза ...................................................................................................516. КОНФРОНТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА

СТРУЈА НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА ................... 537. ЗА ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО РАМКИТЕ

НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА ...........................................................................58

8. ПОДРАЧЈА НА ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕНА ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО МАКРОЕКОНОМСКАТА НАУКА ............................................ 61

Дали економската наука е во криза? .......................................... 61 Ново обмислување на фискалната политика ........................64 Ново обмислување на монетарната политика ......................67 За нарушениот консензус околу т.н. Great Moderation ......69 Улогата на владата и на пазарот во алокацијата

на ресурсите ............................................................................................709. НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК – РЕЛЕВАНТНОСТА

НА СОВРЕМЕНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА .............................................72

nova 2013 fiti 2.indd 6nova 2013 fiti 2.indd 6 14/10/2013 2:03:51 PM14/10/2013 2:03:51 PM

Page 7: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОЗИ ........................................................................................................ 81 ПРИЛОГ 1: СУМИРАЊЕ НА СУШТИНСКИТЕ РАЗЛИКИ

МЕЃУ КЛАСИЧНИОТ МАКРОЕКОНОМСКИ МОДЕЛИ КЕЈНЗОВИОТ МАКРОЕКОНОМСКИ МОДЕЛ ...............................83

Класичен модел ......................................................................................................83 Резиме на разликите ............................................................................................85 ПРИЛОГ 2: РЕЗИМЕ НА КРУЦИЈАЛНИТЕ

МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ ПО НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА .................................................................................................................... 87

Основната порака на неокласичната синтеза ........................................ 87 Резултат ....................................................................................................................... 87 Модилјановиот животен циклус на штедењето ................................... 87 Процесот на трансформација на Филипсовата крива

во вертикална линија на нивото на потенцијалниот БДПи природната стапка на невработеност ....................................................88

Конфронтации меѓу умерените кејнзијанци и монетаристите ....90 ПРИЛОГ 3: КОНФРОНТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА

СТРУЈА НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА (НОВИ КЛАСИЧАРИ – НОВИ КЕЈНЗИЈАНЦИ) ......................................................91

Нови кејнзијанци - нови класичари ...............................................................91 Преткризниот консензус за фискалната и монетарната политика .....................................................................................................92 Подрачја на проблематизирање на преткризниот

консензус кај фискалната политика ...........................................94 Подрачја на проблематизирање на преткризниот

консензус кај монетарната политика .........................................95

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ..................................................................97

nova 2013 fiti 2.indd 7nova 2013 fiti 2.indd 7 14/10/2013 2:03:52 PM14/10/2013 2:03:52 PM

Page 8: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

nova 2013 fiti 2.indd 8nova 2013 fiti 2.indd 8 14/10/2013 2:03:52 PM14/10/2013 2:03:52 PM

Page 9: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРЕДГОВОР

Трудов што го презентирам пред научната јавност под наслов Макрое-кономијата денес – каде е и каде оди современата макроекономска нау ка?, е подготвен за да послужи како основа за дебата на Tрка-лезната маса на истата тема што ја организира Центарот за страте-гиски истражувања при МАНУ. Овој труд, во резимирана форма, ги следи траекторијата на макроекономијата (од нејзиното наста-нување, во 1936 година, до денешни дни), генезата на круцијални-те макроекономски концепти, т.е. нивното појавување, развивање и проблематизирање низ времето, домените на консензус и домените на несогласување низ дебатите на претставниците на заемно конку-рентните макроекономски школи (класичната и кејнзијанската), на-рушувањето на преткризниот консензус по појавата на актуелнава криза, новите контроверзии и дилеми на модерната макроекономска наука и новото промислување на значајни макроекономски концепти во посткризниот период. Во трудов, наместо заклучок, е дадена оце-на за релевантноста на современите макроекономски концепти и на новите збиднувања во макроекономијата за македонската економија.

На крајот на трудот се поместени и 3 прилози кои ги резимираат клуч-ните теми обработени во овој прилог: разликите меѓу класичниот и Кејнзовиот модел, најзначајните макроекономски концепти кои нас-танаа по неокласичната синтеза и новите конфронтациите во рам-ките на главната струја на модерната макроекономија за круцијални макроекономски прашања.

Добар дел од спомнативе прашање се опстојно анализирани во низа мои трудови (книги, студии, статии) објавени во периодот 2001–2013 год.

nova 2013 fiti 2.indd 9nova 2013 fiti 2.indd 9 14/10/2013 2:03:52 PM14/10/2013 2:03:52 PM

Page 10: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

10

При приготвувањето на овој труд, намерата ми беше, на едно место, верувам, на логичен и конзистентен начин, да елаборирам низа комп-лексни макроекономски концепти, прашања, контроверзии и дилеми во значително пократка и високо синтетизирана форма, што на заин-тересираните читатели и на учесниците во дебатата ќе им овозможи јасен увид во она што се случува во макроекономската наука денес. Притоа, најзначајниот дел од разработените прашања се актуализи-рани со новите сознанија на макроекономската наука и со претежно потпирање врз изворна литература, т.е. врз трудовите на најпроми-нентните автори од областа. Тоа, особено се однесува на деловите од трудов кои ги следат конфронтациите во рамките на јадрото, т.е. главната струја на модерната макроекономија (нови класичари и нови кејнзијанци), како и на делот што ги расветлува посткризните дебати во макроекономската наука.

Скопје, септември 2013 Акад. Таки Фити

nova 2013 fiti 2.indd 10nova 2013 fiti 2.indd 10 14/10/2013 2:03:52 PM14/10/2013 2:03:52 PM

Page 11: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

1. КЕЈНЗОВАТА РЕВОЛУЦИЈА И НАСТАНУВАЊЕТОНА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА – ВОВЕДНИ РАЗГЛЕДУВАЊА

Настанувањето на макроекономската наука е поврзана со два крупни нас тана што се случија во првата половина на XX век: појавата на Го-лемата светска економска криза од 1929–1933 година (The Great Depression) и појавата на капиталното дело на славниот англиски економист Џон Мејнард Кејнз (John Maynard Keynes) Општа-та теорија на вработеноста, каматата и парите (The General Theory of Employment, Interest, and Money), во 1936 година.

Класичната економска мисла до Кејнз (Keynes 1997, p. 3) не беше по-себно посветена на изучување на макроекономските проблеми и на макроекономските агрегати – БДП и на нивното движење низ фазите на економскиот циклус, вработеноста, невработеноста, инфлацијата итн. Тоа е и разбирливо, ако се има предвид тврдењето на класича-рите дека пазарите, благодарение на флексибилноста на цените и на платите, имаат нагласена моќ за саморeгулација, т.е. за брзо урамно-тежување, „чистење“. Оттука, економиите рационално и ефикасно ги користат сите расположливи ресурси и тендираат да функционираат на својот потенцијален БДП. Во такви услови, невработеноста не е особен проблем. Доколку и се појави, таа нужно има привремен, ин-цидентен карактер. Со други зборови, класичната економска мисла признаваше егзистенција само на доброволна невработеност. По-натаму, класичната економска мисла, поаѓајќи од Сејовиот закон за пазарите, тврдеше дека производството автоматски ја раѓа сопстве-

nova 2013 fiti 2.indd 11nova 2013 fiti 2.indd 11 14/10/2013 2:03:52 PM14/10/2013 2:03:52 PM

Page 12: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

12

ната потрошувачка и дека, врз таа основа, не е можно позначајно не-совпаѓање на агрегатната понуда и агрегатната побарувачка и појава на економски кризи.

Меѓутоа, Големата светска економска криза од 1929–1933 година (Голе-мата депресија)1 комплетно ги демантира ваквите тврдења на класич-ната економска мисла. Таа доведе до енормен пад на производството во сите тогашни високоразвиени земји и креираше висока неврабо-теност. Во 1932 година, стапката на невработеност во САД достигна речиси 25%, во Германија надмина 17%, во Јапонија 16%, во Велика Британија 13,1% итн. (Marseille, 1994, p. 1). Во вакви услови, апсурд-но е да се тврди дека невработеноста има доброволен карактер. И тврдењето на класичната економска мисла дека пазарот има моќ пер-манентно да ги усогласува односите меѓу агрегатната понуда и агре-гатната побарувачка се покажа како сосема проблематично. Големата депресија од 1929–1933 година, de facto, покажа груба некоинциден-ција меѓу начинот на којшто класичната економија го објаснуваше механизмот на функционирањето на економијата и фактите од реал-ниот економски живот.

Во таква констелација на услови, се појави главното дело на Џон Меј-нард Кејнз „Општата теорија на вработеноста, каматата и па-рите“ во 1936 година, што претставуваше настан од револуционер-но значење за економската наука и за нејзиниот понатамошен развој.

1 Крахот на Њујоршката берза на 24 октомври 1929 година (црниот четврток) беше детонато-рот на Големата депресија од 1929–1933 година. Тој ден на Њујоршката берза беа пуштени, речиси, 12 900 000 хартии од вредност и голем дел од нив не можеа да се продадат по никоја цена. Индексот на цените на акциите кој во периодот од 1922 порасна од 60 на 238 поени (што е само доказ за егзистенција на берзански балон), по 1929 година почна систематски да опаѓа, а во 1932 година се сведе на 36 поени. Само во периодот од септември до јуни 1932 година, композитниот S&P индекс падна од 313 на 47. Прскањето на шпекулативните балони обично се случува кога кај инвеститорите кои претходно на берзата купувале ак-ции по високи цени ќе преовлада негативно антиципирање на иднината (лоши очекувања), поради што овие ќе побрзаат да ги продадат своите акции. Тоа ќе резултира во силен пад на берзата – практично крах. Кризата од берзата набрзо се пренесе во реалниот сектор. Водечките индустрии на САД, креатори на просперитетот од 1929 до 1933 година (автомо-билската и градежништвото – последново, според анализите на Алвин Хансен е на специ-фичен начин поврзано со берзанските балони и економските кризи), беа силно погодени. Крахот на берзата и пропаѓањето на голем број комерцијални банки, го отежна пристапот на американските компании кон средствата за финансирање. Тие го намалија производството, почнаа да отпуштаат работници, а инвестициите едноставно пресушија. Падот на платите и инвестициите услови пад на агрегатната побарувачка и економијата навлезе во депресија, проследена со силен пад на општото ниво на цените (дефлација) (Marcel et Taieb 2008, p. 141–142; Blanchard 2006, p. 477; Hansen, 1953, p. 25).

nova 2013 fiti 2.indd 12nova 2013 fiti 2.indd 12 14/10/2013 2:03:52 PM14/10/2013 2:03:52 PM

Page 13: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

1. КЕЈНЗОВАТА РЕВОЛУЦИЈА И НАСТАНУВАЊЕТО НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА – ВОВЕДНИ РАЗГЛЕДУВАЊА

13

Во Општата теорија, Кејнз својата анализа ја насочи кон клучните макроекономски прашања и агрегати: движењето на бруто-домаш-ниот производ (општото ниво на производството), вработеноста, односно нејзината негативна манифестација – невработеноста и ин-флацијата. Во своето капитално дело, Кејнз се фокусира и врз опс-тојна анализа на бројни други макроекономски категории – посебно на потрошувачката, штедењето, инвестициите, каматната стапка и сл. Така настана современата, модерната макроекономија. Во оваа смисла, Кејнз се смета за основач на модерната макроекономија. Тој факт го признаваат дури и економисти од спротивниот табор на со-времената макроекономија. Нобеловецот Роберт Лукас, на пример, лидер на новата класична макроекономија, во едно интервју ќе каже: „Претпоставувам дека Кејнз, преку Хикс, Модилјани и Семјуелсон е основач на макроекономијата“ (Lucas 2005, p. 275). Слично мислење застапува и Делонг, кој вели дека макроекономијата доживеа вистин-ски развој по појавата на Кејнзовата Општа теорија и дека прет-ходните пристапи за разбирањето на бизнис-циклусите беа малку корисни, а Кејнз за нив кажа многу (DeLong and Olney 2009, p. 494). Славниот Пол Семјуелсон, во врска со ова, ќе напише: „Во време-то на првото издание на мојата книга, дури ни зборот макроеконо-мија – изучувањето на она што ја определува невработеноста во општеството, нејзината стапка на инфлација и нејзината стапка на пораст на реалниот БДП – уште ги немаше во речниците (под-влекол Т.Ф.). Просто мораше да се појави некој научник и да ги рево-луционизира воведните учебници по економската наука“ (Samuelson and Nordhaus, 1992, p. IX.)

Појавувањето на Кејнзовата Општа теорија го означи почетокот на Кејнзовата револуција. Според Харис, Кејнзовата Општа теорија, заедно со Дарвиновото дело Потеклото на видовите и Марксовиот Капитал, е една од најзначајните книги појавена во последните 100 години (Harris 1953, p. ix). Тоа, во буквална смисла на зборот, е на-стан од револуционерно значење, кој суштински ги промени текови-те на светската економска наука. Во прилог на ваквото тврдење може да се изнесат бројни аргументи (Фити, 2011, стр. 73–77). Прво, Кејн-зовата Општа теорија радикално раскина со основните постула-ти, подеднакво, микроекономски (методолошкиот индивидуализам,

nova 2013 fiti 2.indd 13nova 2013 fiti 2.indd 13 14/10/2013 2:03:53 PM14/10/2013 2:03:53 PM

Page 14: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

14

индивидуите се рационални, пазарот е совршен) и макроекономски (невработеноста не е типична за капитализмот, понудата ја креира сопствената побарувачка, штедењето и инвестициите се совпаѓаат) на класичната економска мисла. Второ, Кејнзовото економско учење ги постави фундаментите на современата макроекономска наука. Овој труд го профилира најголемиот дел од стандардните содржини на модерната макроекономија. Кејнзовото економско учење, брзиот подем на макроекономската наука по 1936 година и антицикличните мерки од кејнзијанска провениенција, им ги подарија на светот т.н. триесет славни повоени години – години на просперитет, со дина-мични стапки на економски раст и висока вработеност. Трето, Кејнз на радикален начин ја проблематизира суштината на laisser faire фи-лозофијата. Општата теорија е резултат на времето во кое живее и работи Кејнз. Таа, како што правилно забележува професорот Ро-берт Скиделски (водечки биограф на Кејнз), „беше книга за светска-та криза кога, како последица, не можеше повеќе да се побегне од интервенцијата на државата во економскиот живот“ (Skidelsky 1997, p. 103). Во овој контекст, професорот Оливие Бланшар ќе потенци-ра дека „Општата теорија понуди интерпретација на настаните, интелектуална рамка, и јасни аргументи за владина интервенција“ (Blanchard, 2006, p. 576). Четврто, Кејнзовата Општа теорија ја оз-начи големата замена на парадигмите, на економскиот либерализам со кејнзијанизмот и стана основна инспирација за развој на новите макроекономски концепции од неокејнзијанска, но и од неолиберал-на провениенција. Петто, револуционерниот карактер на Кејнзови-от економски модел, нобеловецот Едмунд Фелпс го гледа во фактот што во Општата теорија се расправа за големи теми, како што се нестабилната економска активност (цикличните движења во еконо-мијата) и посебно за големите депресии. Понатаму, Фелпс тврди дека Кејнзовата анализа на очекувањата и на animal spirits внела вистин-ска интелектуална револуција во економската наука. Имено, според Фелпс, Кејнз, со тоа што го потенцирал значењето на неизвесноста на идните настани (пред сè економски) – проблемите да се измерат анализите на другите економски субјекти и нивните очекувања за ид-ните економски настани, значи, невозможност на колективниот ум и на колективната рационалност со сигурност да ја предвиди иднината

nova 2013 fiti 2.indd 14nova 2013 fiti 2.indd 14 14/10/2013 2:03:53 PM14/10/2013 2:03:53 PM

Page 15: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

1. КЕЈНЗОВАТА РЕВОЛУЦИЈА И НАСТАНУВАЊЕТО НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА – ВОВЕДНИ РАЗГЛЕДУВАЊА

15

– станал носител на интелектуална револуција во тоа време. Негови-от придонес во оваа област, Фелпс го споредува со придонесите за уметноста и филозофијата на славните Пикасо, Сартр и др., бидејќи Кејнз на економијата му го подари видикот на она што генерално се нарекува модернизам. (Phelps 2006, p. 2; 5).

Самиот Кејнз беше длабоко свесен за фактот дека создава книга којашто „широко ќе ја револуционизира економската теорија … во следните десет години“ и дека ќе понуди нови основи според кои светот ќе се бори против економските проблеми.2

Кејнзовата Општа теорија до денешни дни остана едно од најчитаните и најпрепрочитувани економски дела – едноставно секој позначаен труд од областа на макроекономијата што доаѓа од перото на некој славен економист дискутира со погледите и сфаќањата на Кејнз за соодветната проблематика – сеедно дали ги поддржува и доградува, или ги оспорува и критикува. Колку беше влијателен Кејнз, се гледа и од фактот што тој во 1930-тите години, заедно со Маршал, беше најчесто цитираниот економист во економските списанија, во 1940-тите беше втор економист по цитираност (пред него беше Хикс), а во пе-риодот 1960–1986, значи долги години по неговата смрт, според ци-тираноста остана на 14-тото место (Mankiw 2006, p. 30–31).

Очевидно, макроекономијата е млада наука. Но таа, од нејзиното појаву-вање до денес, значи во изминативе осумдесетина години, постигна импозантен напредок и развој. Макроекономијата, според нобелове-цот Солоу, останува во срцето на економијата и нејзината централна улога ќе опстојува и во иднина, поради фактот што луѓето секогаш сакаат да ги разберат актуелните настани, посебно оние со негатив-ни импликации, и да формулираат соодветни економски политики. (Solow 2000, p. 151).

2 „Оваа книга ја нареков Општа теорија на вработеноста, каматата и парите, подвлеку-вајќи го зборот општа. Целта на ваквиот наслов е да ја истакне разликата меѓу природата на моите докажувања и заклучоци и оние на класичната теорија, во чијшто дух сум воспитан и којашто господари со економската мисла, како со практичната така и со теориската, во вла-дејачките и универзитетските кругови, како што господареше и пред сто години. Ќе образ-ложам дека постулатите на класичната теорија може да се применат само на посебен случај, а не на општ, бидејќи состојбата што таа ја претпоставува е само крајна точка на можните состојби на рамнотежа. Дури, одликите на посебниот случај, од кој класичната теорија поа-ѓа, не се совпаѓаат со одликите на економското општество во кое вистински живееме, што има за последица нејзиното учење да води на погрешен пат и да биде со кобни последици ако се обидеме да ги примениме фактите од секојдневното искуство“ (Keynes 1997, p. 3).

nova 2013 fiti 2.indd 15nova 2013 fiti 2.indd 15 14/10/2013 2:03:53 PM14/10/2013 2:03:53 PM

Page 16: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ ПО НЕЈЗИНОТОНАСТАНУВАЊЕ

Раните критики на КејнзИако кејнзијанизмот, како нов и револуционерен економски модел, брзо

стана доминантна економска филозофија и, речиси, комплетно завла-деа и во универзитетските кругови и сред креаторите на економските политики во тогашните високоразвиени земји, а меѓу младите еконо-мисти се ширеше со „брзина на вирус“ (Семјуелсон), првите критики на Кејнз и на неговите следбеници се јавија веќе кон средината на педесеттите години на минатиот век (Фити, 2011, стр. 78–81). Рани-те критики на Кејнзовото економско учење генерално ја оспоруваа и ја проблематизираа валидноста на кејнзијанската економска фило-зофија и посебно нејзините импликации врз економските политики. Класичарите, во овој временски период, предупредуваа дека експан-зивната монетарна политика води кон инфлација и нереално ниски каматни стапки, а експанзивната фискална политика кон пораст на државните расходи, на буџетскиот дефицит и кон кумулирање на јав-ниот долг, односно сите заедно кон силен државен интервенциони-зам. Раните критики дојдоа од перата на американските професори Хазлит и Хјут, а потоа на нив се надоврзаа острите критики на про-минентни економисти од неокласична провениенција, а во прв ред на основоположниците на чикашката економска школа Џекоб Винер и Френк Најт. Во овој период не изостанаа ниту критиките на конзер-вативните американски политичари (сенатори, министри) на прак-тиката на креирање буџетски дефицити и на кумулирање на јавниот долг на американската економија.

nova 2013 fiti 2.indd 16nova 2013 fiti 2.indd 16 14/10/2013 2:03:53 PM14/10/2013 2:03:53 PM

Page 17: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ

1717

Винер, веднаш по појавувањето на Кејнзовото капитално дело, напи-шал: „Во светот организиран во согласност со упатствата на Кејнз, ќе постои постојана трка меѓу печатарските машини и деловните аген-ти на работничките синдикати“ (Hazlitt 1975, стр. 144).

Славниот Френк Најт, иако по определени прашања има слични пог-леди со Кејнз (двајцата прават јасна разлика меѓу ризикот и неиз-весноста, Најк не ја глорифицира, или не ја глорифицира претерано улогата на пазарниот механизам како најдобар начин за алокација на ресурсите), сепак е голем критичар на Кејнз. Тој, своевремено рекол дека некои мисли на Кејнз се нови, а некои вистинити, но, за жал, оние што се нови не се вистинити, а оние што се вистинити – не се нови (Colander 1992, p. 1).

Еден од најострите критичари на Кејнз е и нобеловецот Фридрих фон Хајек. Хајек и Кејнз првпат се сретнале во London School of Economics во 1931 година, каде што Хајек бил повикан да се противстави на но-вата струја на размислување за економијата, застапувана од Кејнз, кој тврдел дека во услови на криза владите мора да се инволвираат во економијата, наспроти Хајек, којшто мислел дека економскиот ак-тивизам е сосема погрешна концепција, којашто може да биде по-губна, односно да предизвика потешки последици од самата криза. Во оваа смисла, Хајек тврдел дека Кејнз фундаментално се лаже. Така, двајцата големи економисти, остро се конфронтирале и нивни-те погледи за начинот на којшто треба да функционира економијата суштински се разминале уште на самиот почеток (при нивната прва средба), фактички, по едно од централните прашања на економијата – механизмите на алокација на ресурсите. Со тоа, според мислењето на мнозина економисти, започнала една од најзначајните интелекту-ални дебати во макроекономската наука, што трае до денешни дни.3

Факт е дека по Големата депресија од 1929–1933 година и појавата на кејнзијанизмот, класичарите и неокласичарите (неолибералните еко-номисти) останале во малцинство. Но, факт е и дека либерализмот има долга традиција, стара повеќе од три века (Фити, 2001, стр. 93–

3 Интересно е овде да напомнеме дека првата средба и конфронтација меѓу Кејнз и Хајек ос-тавила силен печат во економската наука и таа, денес, е вистинска интернет атракција – на интернет може да се погледне сторија за оваа дебата, при што Кејнз и Хајек се прикажани како боксери, т.е. лути противници во рингот. Оваа страница на интернет е посетена и пре-гледана од милиони луѓе кои се интересираат за круцијалните макроекономски прашања.

nova 2013 fiti 2.indd 17nova 2013 fiti 2.indd 17 14/10/2013 2:03:53 PM14/10/2013 2:03:53 PM

Page 18: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

18

107). Историчарите на економската мисла редовно нагласуваат дека најголемата заслуга за одржувањето на традициите на економски-от либерализам и на индивидуалистичката идеологија им припаѓа, покрај на Адам Смит и на претставниците на Австриската школа, ултралибералите Лудвиг фон Мајзес и Фридрих фон Хајек, како и на неколкуте генерации професори на Чикашката економска школа: Ирвинг Фишер, Винер, Сајмон, Најт и др. Нивните ученици и след-беници, пак, вклучувајќи ги тука и нобеловците Стиглер, Фридман, Бјукенен и Лукас, останаа докрај доследни на традициите на економ-скиот либерализам и остри критичари на кејнзијанизмот.

Горниве согледувања покажуваат зошто макроекономијата, практич-но, уште од самото нејзино настанување, се поделила на два големи и заемно конкурентски табора, од кои едниот табор го сочинуваат макроекономските школи од класична (неокласична) провени-енција, а другиот макроекономските школи од кејнзијанска (не-окејнзијанска) провениенција. Оттука, историјата на развојот на макроекономијата е историја на конфронтирање на двата пристапа за клучните макроекономски концепти. Двата пристапа различно ги третираат истите макроекономски прашања и проблеми. По некои прашања тие имаат противставени (конфронтирани) погледи, по дру-ги слични, по трети разликите се во нијанси, по четврти, пак, погле-дите сосема се приближиле (конвергирале) и, речиси, се идентични. Притоа, посебно е интересен фактот што по Втората светска војна новите макроекономските концепции т.е. школи, што се појавувале и се развивале, биле фундирани врз Кејнзовото економско учење или врз економското учење на класичарите. Тие со текот на времето, дури и најсинтетички гледано, ги менувале своите имиња (кејнзијанци, не-окејнзијанци, нови кејнзијанци), односно (класичари, монетаристи, нови класичари), но поделеноста на макроекономијата на два конку-рентски табора, и понатаму останувала и се репродуцирала.4

4 Професорот Дејвид Коландер, во својот учебник по eкономија, временското постоење и дејствување на различните макроекономски школи од двата табора, го синтетизира на след-ниов начин:

• четириесеттите и педесеттите години на XX век се период на конфронтација на погледите и на сфаќањата меѓу кејнзијанците и класичарите;

• шеесеттите и седумдесеттите години на XX век се период на конфронтација на погледите и на сфаќањата меѓу неокејнзијанците и монетаристите;

• осумдесеттите и деведесеттите години на XX век, па сè до денешни дни, се период на кон-фронтација на погледите и сфаќањата меѓу новите кејнзијанци и новите класичари.

nova 2013 fiti 2.indd 18nova 2013 fiti 2.indd 18 14/10/2013 2:03:54 PM14/10/2013 2:03:54 PM

Page 19: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ

1919

Суштината на неокласичната синтезаВо периодот на шеесеттите и седумдесеттите години на XX век, кон-

фронтациите и дебатите во рамките на макроекономската наука се водат на релација неокејнзијанци (фактички умерени или еклек-тични кејнзијанци) и монетаристи.

Суштински гледано, раните критики на кејнзијанизмот во овој пе-риод во голема мера се релативизирани, а кејнзијанизмот дури е и засилен благодарение на т.н. неокласична синтеза, чии автори се нај еминентните претставници на умерените (еклектичните) кејн-зијанци, а во прв ред нобеловците Пол Семјуелсон, Џејмс Тобин и Франко Модилјани.

Поимот неокласична синтеза во економијата го воведува славниот Семјуелсон, во третото издание на неговиот познат учебник по еко-номија. Неокласичната синтеза упатува на обединување на едно место, како еден вид стандардно економско знаење, на јадрото на неокласичната економска теорија и на кејнзијанската еко-номска мисла. Фактички, основната порака на неокласичната син-тезата е гледањето дека долгорочната макроекономска рамнотежа е детерминирана од агрегатната понуда и може да се разбере од ана-лизата што ја нудат класичните економисти, додека пак краткороч-ните отстапувања од рамнотежата се условени од флуктуациите на агрегатната побарувачка, како резултат на пазарните несовршености (во прв ред нефлексибилноста на цените и на платите), онака како што тоа го објаснуваат кејнзијанците (Mckenna and Zannoni 1999, p. 463–467). Суштината на овој концепт, многу пластично ја објаснува и професорот Менкју, кој вели: „Раните кејнзијанци, како Семјуел-сон, Модилјани и Тобин, мислат дека тие ги помириле овие визии во нешто што се нарекува ’Неокласична – кејнзијанска синтеза’. Овие економисти верувале дека класичната теорија на Смит и Маршал е точна на долг рок, но невидливата рака, опишана од Кејнз, станува парализирана на краток рок. Временскиот хоризонт е важен бидејќи некои цени – најизразито цената на трудот – се усогласуваат бавно низ времето. Раните кејнзијанци верувале дека класичниот модел ја опишува рамнотежата кон која економијата постепено еволуира, но кејнзијанскиот модел нуди подобра дескрипција на економијата во

nova 2013 fiti 2.indd 19nova 2013 fiti 2.indd 19 14/10/2013 2:03:54 PM14/10/2013 2:03:54 PM

Page 20: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

20

еден временски момент кога цените, разбирливо, се земаат како пре-додредени“ (Mankiw 2006, p. 35).

Семјуелсон истакнува дека неокласичната синтеза, непосредно по Вто-рата светска војна, била прифатена од најголемиот број економисти, така што, во тоа време, макроекономистите речиси и не се делеле на кејнзијанци и антикејнзијанци, со исклучок на сосема мал, мар-гинален број од нив, кои биле позиционирани екстремно десно или екстремно лево. Исто така, факт е дека неокласичната синтеза не само што ги релативизирала раните критики на кејнзијанизмот, туку ѝ овозможила на кејнзијанската парадигма суверено да доминира во светот, не само како економска филозофија, туку и како основа и главна инспирација за профилирање на мерките на макроеконом-ската политика. На тој начин, бил отворен и периодот на т.н. три-есет славни повоени години (динамичен развој на економиите во светски размери, овозможен, меѓу другото и од стабилизационите политики од неокејнзијанска провениенција) и т.н. златен период на модерната макроекономија (период во кој настанаа круцијални макроекономски концепти и во кои твореа големите умови на совре-мената макроекономска наука – нобеловците Семјуелсон, Тобин, Мо-дилјани, Солоу, Клајн, Фридман, Фелпс и др.).

Зошто неокласичната синтеза е круцијаленмакроекономски концепт?

Неокласичната синтеза, којашто ги обедини, на логичен и конзистен-тен начин, на едно место, дотогашните економски идеи и придонеси на класичните и на кејнзијанските економисти, според нашето ми-слење, сама по себе, претставува круцијален макроекономски кон-цепт.5 Имено, неокласичната синтеза, иако од формална гледна точка, може да се оквалификува како еклектички концепт, суштински е мно-гу повеќе од „чиста еклектика“ и според носечката идеја врз којашто

5 Интересно е дека дел од неокејнзијанците (посебно ортодоксните кејнзијанци) остро се противставиле на неокласичната синтеза, тврдејќи дека таа ги извртила оригиналните Кејн-зови гледишта за начинот на кој функционира економијата. Поради тоа, своевремено, поз-натата Џоан Робинсон, којашто била асистент на Кејнз, творците на неокласичната синтеза погрдно ги нарекла „неокејнзијански копилиња“. Така, дури и во поново време, зад насло-вите неокласична синтеза, може да се сретне додавката Bastard Keynesianism – измелезен кејнзијанизам (Mckenna and Zannoni 1999, p. 463).

nova 2013 fiti 2.indd 20nova 2013 fiti 2.indd 20 14/10/2013 2:03:54 PM14/10/2013 2:03:54 PM

Page 21: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ

2121

е фундирана, и според законитостите што ги открива траекторијата на економиите, и според значењето на концептот за формулирање на стандардни економски знаења и за профилирање на клучните макро-економски политики. Во прилог на ваквото тврдење можеме да ги изнесеме следниве аргументи:

Прво, испитувањето на сложените макроекономски процеси и феномени покажа дека принципите и законитостите на функционирање на еко-номиите на краток и на долг рок се различни. Денес, во голема мера благодарение на неокласичната синтеза, меѓу економистите постои висок степен на согласување дека економиите, на долг рок, тендираат да функционираат на својот потенцијал (рационално да ги користат расположливите ресурси), но и дека, на краток рок, флуктуациите на вкупната економска активност под и над потенцијалниот бруто-до-машен производ (т.е. бизнис-циклусите) се нормална законитост на пазарните економии. До појавата на неокласичната синтеза екстре-мите во истражувањето на комплексните макроекономски процеси во однос на релевантноста на временскиот период (краток и долг рок) биле силно нагласени – за кејнзијанците бил битен краткиот рок (на долг рок сите сме мртви – Кејнз), а за класичарите бил битен долгиот рок. Но, и самото разликување на краткиот и на долгиот рок не е фор-мално прашање, бидејќи е поврзано со брзината на урамнотежување на пазарите, т.е. со флексибилноста на цените и на платите (на краток рок цените и платите се ригидни, а на долг рок се флексибилни), а тоа, во крајна линија, го определува режимот на функционирање на економиите и степенот на оптимално, т.е. супоптимално, користење на расположливите ресурси. Строгата профилираност на кејнзијан-ските испитувања на краток рок, а на оние на класичарите на долг рок, ја засилувало претставата дека макроекономските школи имаат суштински разлики и дијаметрално спротивни гледишта за клучните макроекономски прашања и проблеми. Неокласичната синтеза при-донесла да се разбере дека во истражувањето се битни и краткиот и долгиот рок, дека краткиот рок е само дел од процесот, од долгиот рок, дека за функционирањето на економијата и за егзистенцијата на производствените јазови во економијата (сеедно дали се инфлаторни или рецесивни, бидејќи и двата упатуваат на субоптимално функцио-нирање на економијата) се значајни и агрегатната понуда и агрегатна-

nova 2013 fiti 2.indd 21nova 2013 fiti 2.indd 21 14/10/2013 2:03:54 PM14/10/2013 2:03:54 PM

Page 22: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

22

та побарувачка и дека разликите и несогласувањата меѓу доминант-ните макроекономски школи за значајни макроекономски прашања не се толку суштински колку што тоа изгледа на прв поглед.

Второ, разликувањето на краткиот и долгиот рок во економијата (иако и овде има бројни дилеми од типот колку е краток краткиот рок, т.е. колку е долг долгиот рок) е најнепосредно поврзано со очекувања-та во економијата, а тие се круцијални за да се разберат сложените макроекономски процеси. Кога со неокласичната синтеза е воспоста-вен консензус околу значењето и на краткиот и на долгиот рок, кога макроекономистите почнале да го третираат фактот дека економски-те субјекти кога донесуваат значајни економски одлуки со едното око гледаат во иднината како стандардно економско знаење, на површина испливуваат нови макроекономски концепти, од кои некои суштин-ски го подобруваат нашето разбирање за начинот на кој функциони-ра економијата. Типичен пример се Филипсовата крива на долг рок, Фридмановиот концепт на перманентниот доход како детерминанта на потрошувачката, Модилјановиот концепт за животниот циклус на штедењето итн.

Трето, разликувањето на краткиот и долгиот рок е посебно значајно за конципирање и за водење ефикасни макроекономски политики. Спознанијата, на пример, дека фискалната и монетарната експанзија на краток рок влијаат врз реалните фактори ( ги зголемуваат инвес-тициите, БДП и вработеноста), но на долг рок дека реалните факто-ри се враќаат на првобитното рамниште, а економијата завршува во зона на повисока инфлација, укажаа на сериозните лимити на дис-креционите макроекономски политики.

Четврто, во која мера неокласичната синтеза ги релативизира разли-ките во гледиштата за начинот на функционирањето на економијата меѓу двете заемно конкурентски школи, најдобро се гледа од след-нава мисла на нобеловецот Тобин (инаку, типичен неокејнзијанец): „Понекогаш економијата е во класична ситуација, каде што сите па-зари се во рамнотежа... и во која економските можности на производ-ството се подведени под ограничување од понудата. Не е можно да се произведе повеќе, бидејќи практично нема повеќе расположливи ресурси... Во други периоди економијата е во кејнзијанска ситуација, каде што токму побарувачката (значи глобалната потрошувачка) го

nova 2013 fiti 2.indd 22nova 2013 fiti 2.indd 22 14/10/2013 2:03:54 PM14/10/2013 2:03:54 PM

Page 23: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ

2323

блокира ефективното производство. Производството би можело да расте доколку би имале реално зголемена побарувачка и фактори кои овозможуваат реален пораст... Оваа ситуација се случува често, но не и систематски, и токму политиките на пораст на побарувачката овоз-можуваат да се елиминира така креираното општествено растурање“ (Tobin 1997, p. 146–147).

Петто, особено е битно да се одбележи дека најзначајните макроеко-номски концепции што се јавија по настанувањето на неокласичната синтеза, кои подолу ќе бидат нотирани и кратко коментирани, во себе ги инкорпорираат придонесите на двете конкурентни макроеконом-ски школи (класичната и кејнзијанската). Тоа подеднакво се однесу-ва за концептот на потрошувачката, штедењето и инвестициите, за моделите на економскиот раст, за економетриските модели и за Фи-липсовата крива. Со други зборови, новите продори што ги направи макроекономијата во споменатите сфери во голема мера беа овозмо-жени од неокласичната синтеза.

Потрошувачката, штедењето и инвестициитеКејнз во својата Општа теорија опстојно ја анализира проблематиката

на потрошувачката, штедењето и инвестициите, со критички осврт врз погледите и сфаќањата на класичните економисти за овие пра-шања.6 Кејнз посебно го проблематизира и го критикува крајниот резултат на класичниот економски модел во поглед на движењето на платите во услови на рецесија. Имено, класичниот модел сугерира дека при негативен шок на страната на ефективната (агрегатната) побарувачка, т.е. при опаѓање на општото ниво на цените, работнич-ките плати може да се намалат без никакви реперкусии врз реалниот аутпут и нивото на вработеност во економијата (ваквиот резултат во класичниот модел е логична последица на претпоставката за постое-ње флексибилност на цените и на платите и брзо урамнотежување на пазарите). Политиката на намалување на платите во услови на ре-цесија, според Кејнз, може да има кобни последици врз состојбата

6 Овие прашања Кејнз ги разработува во главите 6 до 13 во Општата теорија... – Види пошироко: Keynes, J. M., (1997) The General Theory of Employment, Interest and Money, Prometheus Books, New York, p. 52–174 и Фити, Т (2011), стр. 41–54.

nova 2013 fiti 2.indd 23nova 2013 fiti 2.indd 23 14/10/2013 2:03:55 PM14/10/2013 2:03:55 PM

Page 24: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

24

на економијата, бидејќи висината на работничките плати е значајна детерминанта на склоноста кон потрошувачка, а преку неа и на ефек-тивната побарувачка. Затоа, тој се застапува за одржување на плати-те, во услови на рецесија, на реално рамниште. Кејнз, исто така ис-кажува длабоко сомнение во однос на тврдењето на класичарите дека каматната стапка е автоматски регулатор на односите на релацијата: платежна способност за потрошни добра – платежна способност за инвестициони добра – штедење, односно дека таа редовно осигурува совпаѓање на инвестициите и штедењето. Се разбира дека Кејнз не останал само на критиките на класичарите, туку дал и свој ориги-нален придонес во анализата на проблематиката на потрошувачката, штедењето и инвестициите. Во овој контекст, посебно треба да се одбележи фактот дека Кејнз првпат во макроекономската анализа ги воведува категориите маргинална склоност кон потрошувачка и мар-гинална склоност кон штедење, а при анализата на поттикот за ин-вестирање опстојно ја разработува проблематиката на маргиналната ефикасност на капиталот и нејзината детерминираност од т.н. animal spirits. За Кејнз, долгорочната тенденција на опаѓање на маргинална-та ефикасност на капиталот претставува основна детерминанта на кризите.

Неокласичната синтеза го отвори патот за внесување на придонесите на класичарите и на неокласичарите во модерната теорија на потро-шувачката, штедењето и инвестициите. Во овој контекст, посебно е значаен придонесот на Модилјани, кој, иако е типичен претставник на кејнзијанизмот, никогаш не им робувал на принципите на ортодо-ксниот кејнзијанизам – напротив е „отворен ум“ и во своите истражу-вања храбро ги вградува есенцијалните придонеси на класичарите при објаснувањето на комплексните макроекономски прашања. Во Кејнзовиот економски модел тековниот доход е основна детерминан-та на потрошувачката. Подоцна, испитувањата на Кузнец потврдува-ат дека и покрај значајниот пораст на тековниот доход по глава жи-тел, стапката на штедење во САД, во еден долг временски период (од средината на XIX век па сè до триесеттите, четириесеттите години на XX век), практично не покажува никаков пораст. На ваквото проб-лематизирање на детерминантите на потрошувачката и на штедењето

nova 2013 fiti 2.indd 24nova 2013 fiti 2.indd 24 14/10/2013 2:03:55 PM14/10/2013 2:03:55 PM

Page 25: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ

2525

потоа се надоврзуваат и анализите на други економисти: Дизенбери, Реид, Модилјани и Фридман. Централната теза на Модилјани е дека штедењето во прв ред зависи од богатството на индивидуите. Со дру-ги зборови, индивидуата, како рационален потрошувач, ја максимира својата корисност не врз основа на тековниот доход, како што тврдел Кејнз, туку врз основа на вкупниот доход што ќе го прими во текот на целиот свој живот, значи врз основа на своето богатство. Според теоријата за животниот циклус на штедењето, индивидуата штеди и акумулира богатство во периодот додека активно работи, а потоа, од моментот на пензионирањето, го троши стекнатото богатство и нас-танува процес на негативно штедење (Mankiw 2000, p. 452– 455). На овој начин, Модилјани, фактички целосно се приближува до тезата на нобеловецот Фридман за перманентниот доход како основна де-терминанта на потрошувачката и штедењето.

Во периодот по неокласичната синтеза нови пробиви се направени и во сферата на теоријата на инвестициите. Во овој контекст, посебно се значајни придонесите на нобеловецот Џејмс Тобин. Испитувањата на Тобин покажуваат дека постои тесна врска меѓу финансискиот пазар и инвестициите. Таквата законитост Тобин ја искажува пре-ку варијаблата Q, т.н. Тобиново Q, што упатува на кореспонденција меѓу вредноста на единица капитал (на пример на една машина) во однос на нејзината куповна цена, т.е. трошокот за замена. Со Тобино-вото Q се избегнуваат сложените калкулации врзани со утврдување на маргиналната ефикасност на капиталот преку дисконтирање на очекуваните приноси.

Тобин дал значаен придонес и во развојот на теоријата на портфоли-ото (Portfolio Balance Approach) т.е. теоријата на имотен избор, што фактички се сведува на доразвивање на Кејнзовата теорија за пре-ферирање на ликвидноста (побарувачката на пари). Од економската теорија е познато дека имотите може да добијат различни форми на егзистенција: пари, акции и обврзници, земјиште, куќи, машини и опрема за бизнисите и сл. Теоријата за имотниот избор го поставу-ва прашањето: Од кои фактори зависи побарувачката за определен вид имот, односно како луѓето решаваат дали ќе преферираат (поба-руваат, купуваат и држат) определен вид имот, релативно, во однос

nova 2013 fiti 2.indd 25nova 2013 fiti 2.indd 25 14/10/2013 2:03:55 PM14/10/2013 2:03:55 PM

Page 26: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

26

на друг вид имот? Според Тобин, побарувачката за определен вид имот зависи право пропорционално од сопствената каматна стапка, а обрат но пропорционално од каматната стапка на другите имоти. Притоа, промените во побарувачката за еден вид имот, ги менува-ат каматните стапки на другите видови имот, а со тоа ја менуваат и структурата на имотите кои се чуваат.

Филипсовата крива на долг рокРелациите меѓу стапката на невработеност и стапката на инфлација

(оваа искажана преку промените на номиналните наемнини) детално ги испитувал познатиот економист Албен Филипс на примерот на Велика Британија за период од безмалу 100 години.7 Со оглед на тоа што Филипсовата крива открила постоење на стабилни односи меѓу невработеноста и инфлацијата, на примерот на Велика Британија, во почетокот силно се потенцира нејзиното големо значење за еко-номската анализа и за структурирање на клучните макроекономски политики, т.е. за утврдување прифатлив компромис меѓу стапката на невработеност и стапката на инфлација.

Кон крајот на 1960-тите години, нобеловците Милтон Фридман и Едмунд Фелпс, независно еден од друг, откриле дека односите на trade-off меѓу невработеноста и инфлацијата се валидни, стабилни, само на краток рок. На долг рок, претходно опишаниот компромис меѓу невработеноста и инфлацијата, станува нестабилен. Подоцна, покрај со теориските испитувања, тврдењата на Фридман и Фелпс се верифицирале и во практиката, со појавата на нафтените шокови, како и во периодите на одржување ниски стапки на невработеност, при нис ки и одржливи стапки на инфлација – случајот на САД во доцните деведесетти години на минатиот век.

7 Во својот труд Врските меѓу невработеноста и стапките на промена на номиналните плати во Велика Британија меѓу 1861 и 1957 година, објавен во Economica, New Series, Vol. 25, November 1958, Филипс, практично, исцртал три типа Филипсови криви, одделно за различни периоди (првата за периодот 1861–1913, втората за периодот 1913–1948 и третата за периодот 1948–1957), а потоа ги обединил резултатите во познатата Филипсова крива за периодот 1861–1957, којашто покажува дека во економијата, на краток рок, постојат односи на замена меѓу невработеноста и инфлацијата – ниска невработеност за висока инфлација и обратно – ниска инфлација за висока невработеност (Phillips, вo Abraham – Frois, Larbre 1998, p. 3–17).

nova 2013 fiti 2.indd 26nova 2013 fiti 2.indd 26 14/10/2013 2:03:55 PM14/10/2013 2:03:55 PM

Page 27: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ

2727

Испитувањата на Фридман и Фелпс8 потврдуваат дека Филипсовата кри-ва на долг рок се трансформира во вертикална линија на нивото на потенцијалниот БДП и на природната стапка на невработеност. Кога економијата функционира на својот потенцијал и на својата природ-на стапка на невработеност, сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги и трудовите ресурси, се користат рационално, т.е. оптимално, а силите што ја детерминираат инфлацијата мируваат. Затоа, природ-ната стапка на невработеност често се нарекува и стапка на неврабо-теност која не ја забрзува инфлацијата (Nonaccelerating Infl ation Rate of Unemployment – NAIRU). При ваква состојба во економијата, секој обид на Владата, односно на Централната банка, да ја намали актуел-ната стапка на невработеност под нивото на природната стапка на невработеност со помош на монетарната политика, т.е. со помош на монетарна експанзија, би бил неуспешен. Имено, зголемената понуда на пари би ја намалила каматната стапка и би предизвикала зголему-вање на инвестициите, а преку нив и на БДП и вработеноста само на краток рок. Но, на долг рок, ќе дојде до пораст на општото ниво на цените, т.е. на инфлацијата. Во мера во којашто во економијата ќе проработат инфлационите очекувања, зголемувањето на цените ќе биде вградено во платите. Тоа ќе предизвика контракција на страната на агрегатната понуда и враќање на реалните фактори (производство-то и вработеноста) на првобитното рамниште, а економијата нужно ќе заврши во зона на повисока инфлација. Тоа е основната порака на концептот на Филипсовата крива на долг рок.

8 Проблематизирањето на стабилните односи меѓу инфлацијата и невработеноста на долг рок Фридман го елаборираше во својата статија од историско значење „The Role of Monetary Policy“, American Economic Review, Vol. LVIII, March 1968, No 1, pp. 1–17, а Фелпс во не-колку влијателни трудови објавени во периодот меѓу 1967–1970 година. Тоа се следниве трудови: „Phillips Curves, Expectations of Infl ation and Optimal Unemployment over Time“, Economica, Vol. 34, 1967, pp. 254-281 (овој труд, во којшто се анализира политиката на опти-мална побарувачка во услови кога не постои долгорочен trade-off, т.е. односи на компромис, замена, меѓу инфлацијата и невработеноста, е објавен дури нешто пред трудот на Фридман „Улогата на монетарната политика“); „Money-Wage Dynamics and Labor-Market Equilibrium, Journal of Political Economy, Vol. 76, 1968, pp. 678-711; „The New Microeconomics in Infl ation and Employment Theory“, American Economic Review: Papers and Proceedings, Vol. 59, 1969, pp. 147–160 и познатата монографија на Фелпс и неговите соработници – Phelps, E. S. et al. (1970), Microeconomic Foundations of Employment and Infl ation Theory, New York, W.W. Norton, попозната како „Phelps volume“, во којашто Фелпс дава поширока верзија на негови-от труд од 1968 година. (Види пошироко: Edmund Phelps’s Contribution to Macroesonomics, Advanced Information on Severigas Riksbank Prize in Economic Sciences in Memory of Alfered Nobel, 9 October, 2006).

nova 2013 fiti 2.indd 27nova 2013 fiti 2.indd 27 14/10/2013 2:03:55 PM14/10/2013 2:03:55 PM

Page 28: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

28

Објаснувањето на концептот на Филипсовата крива на долг рок и на при-родната стапка на невработеност, од страна на нобеловецот Едмунд Фелпс, е идентично со она на Фридман – разликите се повеќе од тер-минолошка природа – Фридман зборува за природна стапка на невра-ботеност, според Викселовата терминологија што кај овој автор се однесува на природната каматна стапка (Friedman 1998, p. 26; Phelps 2006, p.33), а Фелпс за рамнотежна стапка на невработеност. Сепак тежиштето на Фелпс е врз балансот на двете големини на долг рок и, за разлика од Фридман, врз оспорувањето на значењето на монетар-ните фактори како клучна детерминанта на промените на пазарот на труд и воопшто, како детерминанта на економските циклуси.

Нови пробиви во теоријата на економскиот расти на макроекономското моделирање

Неокласичната синтеза, отворајќи го патот за настанување на круцијал-ни макроекономски концепти, de facto, го означи прогресот на макро-економијата на сите „фронтови“ (Blanchard, 2006, p. 577). Фактички, во овој период беа направени значајни теоретски и практични про-биви уште во две вонредно значајни сфери – економскиот раст и макроекономските модели.

Пред неокласичната синтеза, теориите за економскиот раст на класи-чарите (посебно оние на Смит и Малтус), поаѓаа од поставката дека економскиот раст, со текот на времето, станува стагнантен, пред сè како резултат на брзиот пораст на населението и на сè понагласено-то вклучување во обработка на слободните површини земјоделско земјиште. Меѓутоа, диспропорцијата меѓу порастот на популацијата и ограниченоста на земјата, при истовремено отсуство на технолош-ки прогрес, го условува дејствувањето на законот за опаѓачки при-носи. Оттука, крајниот резултат на класичните модели на економски раст е песимистички – ограниченоста на земјата ги поставува ли-митите на економскиот раст. Практиката ги демантира ваквите пе-симистички призвуци на класичните економисти – континуираниот раст на развиените земји по индустриската револуција, а по Втората светска војна и забрзаниот раст во земјите во развој, дури и во усло-ви на ограниченост на земјата и брз пораст на светската популација,

nova 2013 fiti 2.indd 28nova 2013 fiti 2.indd 28 14/10/2013 2:03:56 PM14/10/2013 2:03:56 PM

Page 29: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ

2929

упатија на сознанието дека дејството на другите фактори на економ-скиот раст (пред сè на акумулацијата и на технолошкиот прогрес) е многу позначајно отколку што е тоа случај со земјата и со нејзината природна ограниченост.

Во 1956 година Роберт Солоу го објави трудот „Придонес кон теоријата на економскиот раст“ (Contribution to the Theory of Economic Growth), со што беа поставени основите на неговиот неокласичен модел на економскиот раст. Овој модел на Солоу набрзо стана основна рамка за сите понатамошни истражувања на проблематиката на економскиот раст, т.е. за анализа на изворите на растот, нивната поврзаност во раз-војниот процес, релативниот придонес на одделните фактори на рас-тот во динамизирањето на БДП и сл. Понатамошните истражувања на Роберт Солоу, на Џон Кендрик и Едвард Денисон, т.е. нивните де-тални студии посветени на оваа проблематика, овозможија многу по-добро да се разбере феноменологијата на економскиот раст. За овие придонеси, Роберт Солоу во 1987 година ја доби Нобеловата награда за економија и стана „апостол на економскиот раст“ (Samuelson and Nordhaus, 2005, p. 563–564). Неокласичната теорија на економскиот раст на Солоу се базира на неколку базични претпоставки: аутпутот (БДП) е функција на капиталот и на трудот (станува збор за произ-водствена функција од неокласичен тип); порастот на населението е детерминиран од фактори надвор од сферата на економијата; постои модел на совршена конкуренција; техничкиот прог рес, исто така, егзогено е определен. Моделот на Солоу, првин, овозможи да се ут-врдат законитостите на растот во услови на отсуство на технолошки прогрес. При ваква претпоставка, акумулацијата на капиталот води до зголемување на капиталната опременост на трудот и до пораст на продуктивноста на трудот (динамиката на пораст на капиталот е повисока од онаа на трудот). Ако ваквата тенденција продолжи, мар-гиналната ефикасност на капиталот се намалува, а со тоа се намалува и цената на капиталот, т.е. реалната каматна стапка (оваа се сведува на стапка на принос на капиталот). Обратна е тенденцијата на марги-налната продуктивност на трудот – таа расте со порастот на капитал-ната опременост на трудот, а со тоа растат и реал ните наемнини како цена на трудот. Опишаните промени во маргиналната ефикасност на двата фактора (капиталот и трудот) нужно водат до изедначување на

nova 2013 fiti 2.indd 29nova 2013 fiti 2.indd 29 14/10/2013 2:03:56 PM14/10/2013 2:03:56 PM

Page 30: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

30

стапката на пораст на капиталот и стапката на пораст на трудот. Во точката во којашто тие ќе се изедначат, производот по работник ќе го достигне својот максимум, а продуктивноста на трудот престанува да расте. Така, економијата достигнува состојба на долгорочна ста-билна рамнотежа. Очевидно, резултатите за растот на економија без технолошки прогрес кај овој модел се подобри и пооптимистички од оние кои ги сугерираат класичните модели. Кога во анализата ќе се вклучи најсуштествениот составен дел на моделот – вкупната фак-торска продуктивност, т.е. т.н. Солоу-резидуал, се добива формулата за сметководството на економскиот раст.

% Δ Y = a (% Δ K) + (1 – a) (% Δ L) + % Δ TFP

Притоа, % Δ Y, % Δ K, % Δ L и % Δ TFP го означуваат процентуалниот пораст на реалниот БДП, процентуалниот пораст на капиталот, про-центуалниот пораст на трудот и процентуалниот пораст на вкупна-та факторска продуктивност, респективно. Симболите a и (1–a) го покажуваат пропорционалното учество на капиталот и на трудот во распределбата на националниот доход на земјата – овде, во соглас-ност со неокласичната теорија за распределбата на доходот врз осно-ва на маргиналната продуктивност на факторите на производство, се претпоставува дека процентуалното учество на факторите на произ-водство во националниот доход содејствува, односно е адекватно на нивниот придонес во создавањето на националниот доход.

Значењето на моделот на Солоу, кој во целост го одразува духот на не-окласичната синтеза (имено, производствената функција е од нео-класична провениенција, а неокласичниот пристап за утврдување на цените на факторите на производството врз основа на нивната марги-нална продуктивност и законитостите на распределба на доходот врз таа основа, се целосно инкорпорирани во моделот) е повеќекратен: (1) тој придонесе подобро да се разбере природата на економскиот раст, неговите извори (детерминанти), т.е. со релативно поголема из-весност да се утврдат причините за динамичниот економски раст во повоениот период во светски размери и со негова практична приме-на да се утврдат законитостите во промените на релативниот придо-нес на одделните фактори во траекторијата на растот на модерните

nova 2013 fiti 2.indd 30nova 2013 fiti 2.indd 30 14/10/2013 2:03:56 PM14/10/2013 2:03:56 PM

Page 31: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

2. НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕЈЗИНОТО НАСТАНУВАЊЕ

3131

економии; (2) Солоу-моделот овозможи да се објасни „...воспоставу-вањето стабилна неокласична рамнотежа преку многу едноставни механизми на приспособување“ (Петрески, 2002, стр. 337); (3) овој модел, како што се потенцира и во соопштението на Комитетот за доделување на Нобеловата награда за економија за 1987 година, „из-врши енормно влијание врз економската анализа, овозможи, преку негово проширување, во анализата да се внесат и други фактори кои го детерминираат растот, како и да се преформулира за да ја одрази стохастичноста на процесот на економскиот раст низ времето“ (www.nobel.se/laureates).

Силен напредок беше постигнат и во сферата на макроекономското моделирање. Пионерскиот придонес за развојот на економетриски-те модели му се припишува на познатиот американски универзи-тетски професор, нобеловецот Лоренс Клајн, кој во 1980 година ја доби Нобеловата награда за економија за придонеси во „креирање-то економски модели и нивната примена во анализа на економските флуктуации и на економските политики“. Клајн го разви првиот аме-рикански макроекономски модел, кој според својот облик претставу-ваше проширена верзија на IS кривата и служеше за предвидување на идните движења во американската економија и на ефектите од промените во фискалната политика, т.е. од промените во програмите на јавната потрошувачка и даночните стапки. Овој модел му овоз-можи на Клајн да предвиди дека САД, непосредно по завршувањето на Втората светска војна, ќе избегнат посериозна рецесија, што се покажа како точно, наспроти верувањето на проминентни американ-ски макроекономисти дека рецесијата, односно депресијата, е неиз-бежна (http:// www. econlib. org/library /Enc/ Bios/Klein.html). Особен придонес во развојот на макроекономските модели му припаѓа и на нобеловецот Франко Модилјани, кој во 1960-тите години го води тимот економисти-економетричари кои го конструираат познатиот MPS макроекономски модел, порачан од Централната банка на САД (ФЕД). „Повеќето од овие модели суштински се покомплицирани и пореалистични верзии на IS – LM моделот. Економистите кои кон-струираат макроекономски модели, користат историски податоци за да ги предвидат параметрите од типот маргинална склоност кон пот-рошувачка, чувствителност на инвестициите на каматната стапка и

nova 2013 fiti 2.indd 31nova 2013 fiti 2.indd 31 14/10/2013 2:03:56 PM14/10/2013 2:03:56 PM

Page 32: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

32

чувствителност на понудата на пари на каматната стапка. Еднаш вос-поставени, моделите им овозможија на економистите да ги симули-раат ефектите од алтернативните политики со помош на компјутери“ (Mankiw, 2010, p. 317).

nova 2013 fiti 2.indd 32nova 2013 fiti 2.indd 32 14/10/2013 2:03:56 PM14/10/2013 2:03:56 PM

Page 33: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

3. КОНФРОНТАЦИИ МЕЃУ УМЕРЕНИТЕ КЕЈНЗИЈАНЦИ И МОНЕТАРИСТИТЕ ПО НАСТАНУВАЊЕТО НА НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА

Во текот на шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, кон-фронтациите меѓу двата конкурентски макроекономски табора се од-виваат на релацијата умерени кејнзијанци – монетаристи, и главно се однесуваат на две значајни, комплексни групи прашања: (1) рела-тивното значење на фискалната, односно на монетарната политика за стабилизацијата на економијата; и (2) дискрециони макроеконом-ски политики vis а vis политики базирани врз правила. Овие дебати, типични за периодот по неокласичната синтеза, често се означуваат како рани дебати.

Раните дебати по првото прашање добиваат во интензитет по појаву-вањето на Фридмановата статија од историско значење „Улогата на монетарната политика“, во 1968 година. Во оваа статија, Фридман, откако му оддава признание на Кејнз за научната ригорозност и со-фистицираност што тој ја внесува во овој домен, констатира дека Кејнз се обидувал да докаже три работи: прво, дека монетарната по-литика е неефикасна, немоќна, во услови на депресија; второ, дека причините за депресија се од немонетарна природа; и, трето, дека постои алтернативна политика за дејствување во услови на депресија (буџетската политика). Иако ваквите гледишта биле широко прифа-тени од тогашната економска наука, Фридман не се согласува со нив и укажува дека Големата депресија трагично ја „атестира“ моќ-та на монетарната политика, спротивно од мислењето на Кејнз и неговите бројни следбеници (Friedman 1998, p. 21). Следбениците на Кејнз, т.е. умерените кејнзијанци, наспроти еклектицизмот (не го

nova 2013 fiti 2.indd 33nova 2013 fiti 2.indd 33 14/10/2013 2:03:57 PM14/10/2013 2:03:57 PM

Page 34: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

34

запоставуваат значењето на монетарните фактори), сепак, предност во стабилизацијата на економијата ѝ даваат на фискалната политика. Поголемата ефикасност на фискалната наспроти монетарната поли-тика, умерените кејнзијанци ја поткрепуваат со следниве аргументи: а) фискалната политика има директен ефект врз аутпутот во еконо-мијата; б) фискалната политика има далеку поголеми ефекти поради дејството на мултипликаторот; и в) фискалната политика е единствен лек за тешките депресии, кога монетарната политика, поради фено-менот на ликвидносна стапица, станува неефикасна.

Наспроти умерените кејнзијанци, монетаристите мислат дека монетар-ната политика е поефикасна во зауздувањето на бизнис-циклусите. Нивните аргументи за ваквото тврдење можеме да ги синтетизираме на следниов начин: а) монетарната политика, според Фридман, е во-нредно ефикасна машина која дала голем придонес во последните два века (тој зборува за САД) за зголемување на нивото на производ-ството и за подигање на стандардот на граѓаните; б) таа на економи-ите може добро да им служи, но под претпоставка дека ќе се избе-гнат капиталните грешки во нејзиното имплементирање (како оние за време на Големата депресија) и под претпоставка дека машината ќе се чува секогаш „подмачкана“ за да може да креира поволна биз-нис-клима, поволно бизнис-опкружување (Friedman 1998, p. 31–33); в) фискалната политика претпоставува политички избор, што не е случај со монетарната политика; и г) при константна понуда на пари, мултипликаторот кај фискалната политика е значајно помал (види, на пример, Krugman and Wells, 2006, p. 423–424).

Иако, долгорочната Филипсова крива станала дел од неокласичната синтеза,9 а нејзините импликации за природата на стабилизационите политики добиле третман на стандардно економско знаење, иако кај умерените кејнзијанци, барем донекаде, „омекнало“ инсистирањето за евидентните предности на фискалната пред монетарната полити-ка, во овој период продолжиле конфронтациите на релацијата уме-

9 Во современата макроекономска литература се потенцира дека краткорочната Филипсова крива не била дел од иницијалниот Кејнзов модел и покрај фактот што нобеловците Семју-елсон и Солоу, во еден свој труд од шеесеттите години, укажале дека кога станува збор за trade-off-от меѓу инфлацијата и невработеноста, неопходно е да се прави разлика меѓу краткиот и долгиот рок. Сепак, во текот на шеесеттите години на минатиот век, многу кејн-зијанци веруваа во постоењето на trade-off меѓу невработеноста и инфлацијата, дури и на долг рок (Mankiw 2006, p. 32–33; Blanchard 2003, p. 575).

nova 2013 fiti 2.indd 34nova 2013 fiti 2.indd 34 14/10/2013 2:03:57 PM14/10/2013 2:03:57 PM

Page 35: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

3. КОНФРОНТАЦИИ МЕЃУ УМЕРЕНИТЕ КЕЈНЗИЈАНЦИ И МОНЕТАРИСТИТЕ ПО НАСТАНУВАЊЕТОНА НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА

3535

рени кејнзијанци-монетаристи по второто прашање, т.е. околу при-родата и ефикасноста на дискреционите политики. Во овој контекст, умерените кејнзијанци останале на своето тврдење за поголемата ефикасност на фискалната наспроти монетарната политика и за не-опходноста од имплементирање на дискрециона фискална и дискре-циона монетарна политика за стабилизација на нарушените текови во економијата. Некои од нив (можеби најмаркантен е примерот на Тобин) до крајот останале доследни на кејнзијанската традиција, не само за корисноста и неопходноста од управување со агрегатната по-барувачка на краток рок, туку и за потребата од креирање буџетски дефицити во услови на рецесија и особено во услови на тешки реце-сии, аргументирајќи притоа, дека штетите од буџетските дефицити се преценуваат поради недоволно познавање на нивната природа и дека е неопходно тие да се креираат секогаш кога состојбата на еко-номијата тоа го бара, т.е. дека е неопходно „лекот да се приспособи на состојбата на болеста“ (Tobin, 1997, p. 154).

Синтетички гледано, аргументите на умерените кејнзијанци за водење дискрециони (стабилизациони) макроекономски политики се след-ниве: а) автоматските стабилизатори се значаен, но недоволен меха-низам за стабилизирање на економијата; б) големите рецесии водат до големи загуби во користењето на ресурсите, поради што дискре-ционите политики се неопходни; в) стимулирањето на агрегатната побарувачка преку водење дискрециона фискална политика може да биде ефикасен лек за невработеноста.

Наспроти нив, монетаристите се противеле на водењето дискрециона фискална и дискрециона монетарна политика. Тие, особено поттик-нати од сознанијата за нестабилноста на trade-off-от меѓу неврабо-теноста и инфлацијата на долг рок, укажувале дека дискреционите економски политики се соочени со бројни слабости и лимити и оти нивното имплементирање носи повеќе штета, отколку користи. За-тоа, монетаристите се застапувале фискалната политика да дејствува преку автоматските стабилизатори или преку правила.10

10 Други теоретичари од неолиберална провениенција, посебно теоретичарите на јавниот из-бор на чело со нобеловецот Бјукенен, барале дискреционата фискална политика да се заме-ни со правила, т.е. инсистирале на воведување законска обврска за одржување урамнотежен буџет, правила за трошење на буџетските средства како и воведување на принципот на ква-лификувано мнозинство при донесувањето одлуки за фискалната сфера. (Buchanan 1968, p. 199).

nova 2013 fiti 2.indd 35nova 2013 fiti 2.indd 35 14/10/2013 2:03:57 PM14/10/2013 2:03:57 PM

Page 36: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

36

Аргументите на монетаристите за неопходноста од имплементирање на политики базирани врз правила, во периодот по неокласичната синтеза, синтетички гледано, се сведувале на следново: а) дискре-ционата фискална политика креира структурни буџетски дефицити и висок јавен долг. Тоа се сведува на форма на негативно национално штедење, има далекосежни неповолни реперкусии врз идните гене-рации и, што е најлошо, води до истиснување на приватниот сектор од сферата на инвестициите и пошироко од сферата на економската активност – т.н. crowding out – ефект; и б) воведувањето правило за фиксна и ниска стапка на пораст на понудата на пари ќе ги заузди цикличните нарушувања во економијата, односно ќе осигури нејзина стабилност на долг рок.

Конфронтациите на релацијата умерени кејнзијанци-монетаристи за пот ребата од водење дискрециони макроекономски политики или по-литики фундирани врз правила, во овој период, не довеле до консен-зус. Напротив, економистите од двата табора останале на сопствени-те позиции.

nova 2013 fiti 2.indd 36nova 2013 fiti 2.indd 36 14/10/2013 2:03:57 PM14/10/2013 2:03:57 PM

Page 37: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

4. РЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ

Новата класична макроекономија и хипотезатаза рационалните очекувања

Кејнзијанскиот макроекономски модел суверено доминира во светска-та економска мисла до крајот на 70-тите години на минатиот век. Меѓутоа, во текот на 70-тите години почнува да се развива една нова макроекономска школа – новата класична макроекономија, со неј-зините најпроминентни претставници – нобеловците Роберт Лукас и Томас Сарџент, понатаму Роберт Баро, Патрик Минфорд и други. Меѓу претставниците на новата класична економија, како посебна струја, се изделуваат и теоретичарите на реалните бизнис-циклуси, предводени од нобеловците Кајдланд и Прескот. Еминентен прет-ставник на оваа школа е и професорот Чарлс Плосер.

Во периодот по 1980-тите години, новата класична макроекономија, благодарение на хипотезата на рационалните очекувања, не само што станува главна конкурентска школа на кејнзијанизмот, туку и ус-пева сериозно да го засени дотогаш доминантниот кејнзијански еко-номски модел.

Очекувањата – односно антиципирањето, предвидувањето на иднината, – имаат круцијално значење за економијата. Учесниците во економ-скиот живот секогаш кога донесуваат значајни одлуки, со едното око гледаат кон иднината. Затоа, економистите отсекогаш се интересира-ле како луѓето комуницираат со иднината, односно како економските субјекти ги антиципираат идните економски настани? Уште Џон Мeј-нард Кејнз, таткото на макроекономијата, тврдел дека економската

nova 2013 fiti 2.indd 37nova 2013 fiti 2.indd 37 14/10/2013 2:03:57 PM14/10/2013 2:03:57 PM

Page 38: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

38

наука малку знае за тоа како луѓето ги формираат очекувањата, иако Кејнз, de facto, ја познавал суштината на адаптибилните очекувања. Слични погледи за ова прашање застапувал и славниот економист Џон Мјут таткото на хипотезата за рационалните очекувања (Keynes 1997, p. 148; Muth, 1961, p. 3–4.)

Појавата, развојот и вградувањето на хипотезата за рационалните очеку-вања во макроекономските модели се смета за настан од револуцио-нерно значење за макроекономијата во целост. Татко на хипотезата за рационалните очекувања е Џон Мјут. Мјут бил близок соработник на нобеловецот Франко Модилјани и се смета дека токму Модилјани силно повлијаел врз него да се ориентира кон испитувањето на оваа проблематика. Сублиматот на хипотезата за рационалните очекувања е содржан во следнава мисла на Мјут: „За да се објасни доволно ед-ноставно како се формираат очекувањата, ние ја развиваме хипотеза-та дека тие суштински се нешто како предвидувањата на релевантна-та економска теорија“ (Muth 1961, p. 1). Образложувајќи го ваквото тврдење, Мјут понатаму пишува: „Хипотезата може попрецизно да биде дефинирана на следниов начин: дека очекувањата на фирмата (или, поопшто, веројатната субјективна процена за дистрибуцијата на резултатот) при постојниот сет информации, тендираат да бидат распределени (реализирани – Т. Ф.) според верувањето на теоријата (или според ’објективната’ веројатна дистрибуција на резултатот)“ (Muth 1961, p. 4–5). Колку да изгледа чудно, основата на хипотезата за рационалните очекувања на Џон Мјут е дека очекувањата, односно предвидувањето на иднината, во мера во која тие се фундирани врз релевантни и квалитетни информации, суштински, се идентични со предвидувањата на една коректно изведена економска теорија. Со други зборови, Мјут тврди дека индивидуите кои располагаат со релевантен и квалитетен сет информации ја предвидуваат иднината еднакво успешно како што тоа го прави и економската наука, притоа без да прават систематски грешки.

Хипотезата за рационалните очекувања, заедно со неколку придружни концепти кои се во најнепосредна врска со неа, и кои во продолжение ќе бидат кратко коментирани, се вонредно значајни, затоа што тие придонесоа да се збогатат знаењата на економистите за природата и карактерот на клучните макроекономски политики, за нивните реал-ни можности, но и за нивните реални лимити, ограничувања.

nova 2013 fiti 2.indd 38nova 2013 fiti 2.indd 38 14/10/2013 2:03:58 PM14/10/2013 2:03:58 PM

Page 39: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

4. 4. РЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕРЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ

3939

Критиката на ЛукасТаканаречената критика на Лукас, е концепт кој изврши силно влијание,

од една страна, врз развојот на самата хипотеза за рационалните оче-кувања, а од друга страна и врз разбирањето на природата и реалниот досег на макроекономските политики. За тоа сведочи и фактот што Нобеловата награда за економија за 1995 година му е доделена на Ро-берт Лукас, токму, како што се истакнува во соопштението на Швед-ската кралска академија, „за развојот и примената на хипотезата за рационалните очекувања, со што ја трансформира економската ана-лиза и го подобри нашето разбирање за економската политика“. Во 1976 година, Лукас го објави својот познат труд „Евалуација на еко-нометриската политика: Критика“ („Econometric Policy Evaluation: A Critique“) во кој се содржани основите на познатата критика на Лукас. Лукас тврди дека економската политика што ја спроведува владата има силно влијание врз начинот на формирањето на очеку-вањата во економијата. Но, според Лукас, конвенционалните методи за оцена на економските политики не даваат одговор на прашањето како промените во политиките влијаат врз самите очекувања. Ова е сублиматот на т.н. критика на Лукас. Три значајни аспекти на крити-ката на Лукас треба посебно да се потенцираат. Прво, адаптибилните очекувања не се најсоодветен начин за антиципирање на иднината. Користејќи ги адаптибилните очекувања, луѓето ја предвидуваат идната инфлација врз основа на просечната динамика на пораст на стапката на инфлација во минатото. Но кога луѓето се потпираат врз рационалните очекувања, тие не им робуваат на просеците (според тоа, нема да чекаат инфлацијата навистина да се зголеми над просе-кот, па дури тогаш да ги коригираат очекувањата за идниот период, како што е тоа случај кај адаптибилните очекувања), туку едностав-но, врз основа на сите релевантни економски информации и посебно на оние во сферата на самите економски политики, многу поуспешно ја антиципираат идната стапка на инфлација. Така, доколку владата ја релаксира монетарната политика, односно ја зголеми понудата на пари, тогаш растат инфлаторните очекувања (фирмите и вработени-те врз таа основа промптно го приспособуваат своето однесување) и тоа дури може да ја зголеми реалната стапка на инфлација – многу побрзо ја поместува Филипсовата крива нагоре (Stiglitz 2000, p. 695.

nova 2013 fiti 2.indd 39nova 2013 fiti 2.indd 39 14/10/2013 2:03:58 PM14/10/2013 2:03:58 PM

Page 40: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

40

Второ, обратно, во економија со висока стапка на инфлација, ток-му рационалните очекувања, кои силно зависат од самите економ-ски политики и навестените промени во нив, може да бидат значаен фактор за брзо намалување на инфлацијата, а со тоа и за намалување на дезинфлационите трошоци, доколку владата, која ужива висок кредибилитет, најави рестриктивна монетарна и фискална политика (Mankiw 1999, p. 424). Трето, двете опишани состојби само потврду-ваат колку е големо значењето на рационалните очекувања во реал-ниот економски живот, односно колку е силно нивното влијание врз фактичките економски текови.

Концептот за неефективност (ирелевантност) на политиките

Овој концепт најпрвин е елабориран од Сарџент и Волис во текот на 1975 и 1976 година (Sargent and Wallace 1976). Најгенерално гледано, според претставниците на новата класична макроекономија, ако еко-номските субјекти се способни коректно да ја предвидат иднината, вклучувајќи ги тука и промените во клучните економски политики, и брзо реагираат на новонастанатите промени, тогаш економската политика е неефективна и често бескорисна. Владата и централна-та банка не можат да ги манипулираат луѓето со мерките и инстру-ментите на монетарната и на буџетската политика. Во оваа смисла, некои автори значењето на рационалните очекувања го споредуваат со познатата мисла на американскиот претседател Абрахам Линколн, кој своевремено рекол: „Вие можете да го лажете целиот народ опре-делено време. Вие дури можете дел од народот да го лажете постоја-но. Но Вие не можете целиот народ да го лажете постојано“ (LeRoy Miller 2012, p. 381). Имено, ако дојде до зголемување на понудата на пари, луѓето ќе ја антиципираат зголемената инфлација и ќе дојде до општа индексација на цените и на платите. Во вакви услови, според Лукас, управувањето со агрегатната побарувачка преку мерките на монетарната и на фискалната политика нема никаква смисла. Притоа, анализата на претставниците на рационалните очекувања посебно е свртена кон ефикасноста, односно неефикасноста на мер-ките и на инструментите на монетарната политика. Тие дури тврдат

nova 2013 fiti 2.indd 40nova 2013 fiti 2.indd 40 14/10/2013 2:03:58 PM14/10/2013 2:03:58 PM

Page 41: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

4. 4. РЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕРЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ

4141

дека во услови на антиципирани промени на понудата на пари, мо-нетарната политика не може да влијае врз реалните макроеконом-ски агрегати ниту на краток рок. Имено, кога централната банка е транспарентна и соопштува дека има намера да ја зголеми понудата на пари, претпријатијата и работниците ќе го имаат предвид тој факт при формирањето на очекувањата. Претпријатијата ќе ги антиципи-раат ефектите од зголемената емисија на пари врз општото ниво на цените, свесни, меѓутоа, за фактот дека станува збор само за номи-нално, а не и за реално зголемување на агрегатната побарувачка. По-ради тоа, тие нема да реагираат со зголемување на производството и на вработеноста – тоа е неисплатливо затоа што зголемената побару-вачка не е детерминирана од реални промени во факторите што неа ја детерминираат, туку од едноставното зголемување на монетарната маса. Според тоа, зголемената понуда на пари во оваа ситуација, кога таа е антиципирана, нема да предизвика промени во реалните факто-ри – производството и вработеноста, дури и на краток рок. На овој начин, теоретичарите на рационалните очекувања доаѓаат до концеп-тот за неефективност, т.е. ирелевантност на економските политики (The Policy Ineffectiveness Proposition – PIP) – антиципираната мо-нетарна политика не може да го промени реалниот БДП (Gordon 2003, p. 538).

Очевидно, рационалните очекувања во комбинација со претпоставките за постоење совршена конкуренција и флексибилни цени и плати ја објаснуваат суштината на хипотезата за неефективноста (ирелевант-носта) на економските политики (LeRoy Miller 2012, p. 385).

Хипотезата за монетарното изненадување како детерминанта на бизнис-циклусите

За разлика од ортодоксниот монетаризам на Фридман, кој основната причина за појава на бизнис-циклуси ја гледа во промените во по-нудата на пари, во економското учење на претставниците на новата класична макроекономија, улогата на монетарните фактори како де-терминанта на бизнис-циклусите во голема мера е релативизирана. Имено, новата класична макроекономија појавата на бизнис-циклуси ја објаснува со т.н. „монетарно изненадување“, т.е. со неантиципира-

nova 2013 fiti 2.indd 41nova 2013 fiti 2.indd 41 14/10/2013 2:03:58 PM14/10/2013 2:03:58 PM

Page 42: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

42

ни промени во понудата на пари. Централната банка ги „изненадува“ економските субјекти доколку нетранспарентно ја зголеми понуда-та на пари, т.е. доколку тоа го направи без претходно навестување на престојаните промени во монетарната политика. Во таква ситуа-ција, економските субјекти мислат дека дошло до вистинско, реално зголемување на агрегатната побарувачка, поради што реагираат со зголемување на производството и понудата. „Клучните елементи на овие модели (моделот на Лукас и Сарџент – Т. Ф.) се дека агентите се рационални, дека реагираат на промените на политиката на начин кој најдобро го штити нивниот приватен интерес, и дека импулсите што доведуваат до бизнис-циклуси се главно неантиципирани шокови“ (Lucas and Sargent 1981, p. 316). Понатаму работите се одвиваат спо-ред „сценарио“ кое е добро познато во современата макроекономска наука. На долг рок, зголемената понуда на пари ќе предизвикува сè помал пораст на бруто-домашниот производ и сè поголем пораст на цените.11 Фактички, на долг рок цените и платите стануваат флек-сибилни, променливи нагоре и надолу. На тој начин поскапуваат инпутите на процесот на производството. Овој момент ќе предизвика контракција на агрегатната понуда, поради што реалните фактори ќе се вратат на првобитното рамниште, а економијата ќе заврши во зона на повисока инфлација.

Теоријата за реалните бизнис-циклусиЗа разлика, од кејнзијанците, монетаристите и теоретичарите на рацио-

налните очекувања, кои причините за бизнис-циклусите ги гледаат на страната на агрегатната побарувачка, претставниците на теоријата за реалните бизнис циклуси (нобеловците Кидланд и Прескот, пона-таму Плосер и др.), истапија со тврдењето дека бизнис-циклусите во основа се детерминирани од шокови и поместувања на агрегатната понуда – природни непогоди (земјотреси, суши и сл.), од значајни по-качувања на цената на енергијата (првиот и вториот нафтен шок, на

11 Резултатите од економетриските истражувања на познатите економисти Тејлор, Баро и Мишкин за соодносите на релација промени во понудата на пари – промени на БДП и про-мени на општото ниво на цените, потврдуваат дека ефектите од зголемената маса пари во опток во американската економија комплетно се исцрпуваат (во целост се пренесуваат врз општото ниво на цените) во период од четири години. (Blanchard et Cohen 2000, p. 164–65).

nova 2013 fiti 2.indd 42nova 2013 fiti 2.indd 42 14/10/2013 2:03:58 PM14/10/2013 2:03:58 PM

Page 43: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

4. 4. РЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕРЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ

4343

пример), од војни, промени во технологијата и сл. Сепак, во основата на теоријата на реалните економски циклуси лежи тврдењето дека централната причина за појавата на економски циклуси треба да се бара во промените на вкупната факторска продуктивност, сфатена во целата своја комплексност (Prescott, 2005, p. 349). Најрезимирано гледано, оваа теорија тврди дека доколку технолошките промени ја зголемат вкупната факторска продуктивност, претпријатијата почну-ваат натпросечно да инвестираат во подобрување на перформансите на машините, на опремата, во нови згради, во дополнителна работ-на сила. Зголеменото инвестирање во услови на пораст на вкупната факторска продуктивност е нормална реакција на претпријатијата кои очекуваат повисоки маргинални приходи во иднина и кои нас-тојуваат да го максимизираат профитот. Зголемената побарувачка за инвестициони добра и труд ја туркаат економијата во експанзија. Имено, во пазарна економија со нагласен конкурентен притисок, сите агенти во економскиот живот се однесуваат рационално. Тоа во целост важи и за работниците како сопственици на трудот. Теорети-чарите на реалните бизнис-циклуси го прифаќаат објаснувањето на традиционалната микроекономија според кое промените во понудата на трудот (бројот на часови што индивидуите ќе го поминат на рабо-та) се детерминирани од промените на реалните наемнини и замената на ефектот на супституција со ефектот на доход. Ваквите експлика-ции на традиционалната микроекономија теоретичарите на реални-те бизнис-циклуси ги надградуваат со два значајни елемента: прво, според нив, во реалниот живот доминира ефектот на супституција, и, второ, во овој контекст посебно е значајна т.н. интертемпорална суп-ституција, која укажува на различното однесување на работниците во зависност од ситуацијата на економијата – во добри времиња, кога реалните плати се високи, работниците избираат да работат повеќе, а во лоши времиња, кога реалните плати се ниски, тие користат по-веќе слободно време“ (Gordon 2003, p. 543). Според теоретичарите на реал ните бизнис-циклуси интертемпоралната супституција е зависна и од висината на реалната каматна стапка – пониската реална камат-на стапка ја намалува понудата на трудот и обратно. Технолошкиот прогрес има и други индуцирани ефекти низ времето, т.е. влијае на зголемување на штедењето, инвестициите и капиталот.

nova 2013 fiti 2.indd 43nova 2013 fiti 2.indd 43 14/10/2013 2:03:59 PM14/10/2013 2:03:59 PM

Page 44: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

44

Во рамките на фамилијата нови класичари, теоријата на монетарното изненадување доминираше во текот на 1970-тите години, додека тео-ријата на реалните бизнис-циклуси доминира во периодот по 1980-тите години. Последнава, доби голем број приврзаници меѓу новите класичари и, според наше мислење, таа може да се означи како нова, посебна школа од неолиберална провениенција. Ваквото мислење можеме да го аргументираме на следниов начин: (1) овие теорети-чари во анализите поаѓаат од моделот на совршената конкуренција, што самото по себе не е чудно, бидејќи, од методолошки аспект, тоа е вообичаен пристап во економските истражувања, но спецификата е во тоа што теоретичарите на реалните бизнис-циклуси тврдат дека во современи услови, американската економија репродуцира модел на совршен пазар, т.е. американските претпријатија вонредно брзо се приспособуваат на промените на вкупната факторска продуктив-ност (Prescott 2005, p. 350; Chaterjee 1999, p. 26); (2) теоретичарите на реалните бизнис-циклуси, целосно го релативизираат значењето на монетарните фактори како детерминанта на бизнис-циклусите; и (3) тие се единствени теоретичари кои истапуваат со тврдење дека за време на нарушувања во економиите, потенцијалниот БДП флуктуи-ра околу самиот себе.

Концептот за (не)конзистентност на политиките низ времето

Теоретичарите на реалните бизнис-циклуси, а во прв ред нобеловци-те Кидланд и Прескот, појдоа чекор напред во објаснувањето на им-пликациите на рационалните очекувања врз економската политика, откривајќи го проблемот на т.н. конзистентност на економските политики низ времето (The Time Consistency of Economic Policy). Според овие теоретичари, владата и централната банка ги конци-пираат економските политики со намера тие да придонесат за зго-лемување на благосостојбата на граѓаните. Но, така конципирани-те и пожелни политики, честопати не може да се имплементираат во реалниот економски живот. Синтетички гледано, за тоа постојат две причини: неконзистентноста на владата, на централната банка и на другите институции во спроведувањето на зацртаната економска

nova 2013 fiti 2.indd 44nova 2013 fiti 2.indd 44 14/10/2013 2:03:59 PM14/10/2013 2:03:59 PM

Page 45: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

4. 4. РЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕРЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЦИОНАЛНИТЕ ОЧЕКУВАЊА И КРУЦИЈАЛНИТЕМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИМАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ

4545

политика и дејството на рационалните очекувања. Имено, владата и централната банка може да се определат за одржување ниско ниво на инфлација во интерес на сите граѓани, и тоа јавно да го декларираат. Врз таа основа, учесниците во економскиот живот очекуваат висока ценовна стабилност, поради што нема да дојде до барање за зголему-вање на платите и на цените на другите инпути на производството. Но, сега владата и централната банка може да паднат во искушение да ја зголемат стапката на инфлација преку полиберална монетарна политика за да ја намалат невработеноста на краток рок. Меѓутоа, благодарение на рационалните очекувања, учесниците во економски-от живот брзо ќе ги „прочитаат“ намерите на владата и на централна-та банка и ќе го приспособат своето однесување на новонастанатата ситуација – ќе дојде до општа индексација на цените и на платите. Но, заради неконзистентноста во водењето на економската политика низ времето, најавената политика за ниска инфлација го губи својот кредибилитет. Со тоа се намалува и кредибилитетот на институциите – во конкретниов случај на централната банка. Проблеми од слична природа може да се јават и во фискалната сфера.12

Евидентно, неконзистентноста на економските политики се јавува како генерален проблем со кој се соочуваат дискреционите економски по-литики. Решението на овој проблем Кидланд и Прескот го гледаат во воведувањето долгорочни правила за водење на фискалната и на монетарната политика кои би оневозможиле дискреционите мерки на владата и на централната банка да креираат ваков вид неконзис-тентност.

Очигледно, доколку се анализира суштината на сите коментирани макро-економски концепти од новокласичарска провениенција (рационал-ните очекувања, критиката на Лукас, неефективноста на политиките, монетарното изненадување и неконзистентноста на политиките низ времето), и ако тие се поврзат во логична и конзистентна целина, станува јасно дека токму овие концепти одиграа клучна улога во по-добрувањето на разбирањето на економистите за реалните можности и лимити на стабилизационите макроекономски политики.

12 Во овој контекст, нобеловецот Кидланд вели: „Идејата е државните институции да не пре-земаат (економски чекори) што луѓето можат да ги забележат (’прочитаат’). Ако луѓето тоа не го забележат, тогаш тоа е добра работа“. (http://newsobserver/business/story, Oct. 13, 2004).

nova 2013 fiti 2.indd 45nova 2013 fiti 2.indd 45 14/10/2013 2:03:59 PM14/10/2013 2:03:59 PM

Page 46: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

5. НОВАТА КЕЈНЗИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА– РЕИНКАРНАЦИЈА НА КЕЈНЗИЈАНИЗМОТ

Засенувањето на кејнзијанизмот и неговото „повлекување“ пред силни-те напливи на неолиберализмот кон крајот на 1970-тите години при-легаше на вистинска криза на кејнзијанската економска филозофија. Професорот Менкју во својата позната статија од 1992 година „Ре-инкарнација на кејнзијанизмот“, пишува дека во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век се чинеше дека Кејнз е ком-плетно напуштен и дефинитивно сместен во историјата на економ-ската мисла. Главна фигура во макроекономската наука тогаш беше нобеловецот Лукас, кој тврдеше дека сега „тешко може да се најдат добри економисти, помлади од четириесет години, кои себеси или нивните дела би ги означиле како кејнзијански“, дека економистите дури остануваат шокирани од таквата помисла и дека јавноста почна да „шепоти и да ѝ се потсмева на кејнзијанската глупост“ (Mankiw 1998, p. 171).

Но, токму кога се мислеше дека кејнзијанизмот е мртов, се појави голе-ма група релативно млади економисти, главно на универзитетите во САД, т.н. нови кејнзијанци, кои подоцна станаа познати економисти, а значаен дел од нив и нобеловци по економија. Меѓу нив, посебно ќе ги споменеме нобеловците Стиглиц, Фелпс, Кругман, Акерлоф и Спенсер, како и познатите американски економисти Менкју, Бланшар, Самарс, Стенли Фишер, Џон Тејлор, Роберт Хал, Бернанке и др.13 Та-

13 Како куриозитет ќе наведеме дека географската припадност на американските неокејнзи-јанци на источниот и западниот брег го инспирираше професорот Роберт Хал да ги означи овие економисти со квалификативот ’морски риби’. Обратно, новите класичари се ’слатко-водни риби’, бидејќи овие економисти, со една чудна коинциденција, работат на универзи-тети како Чикаго, Рочестер, Минесота и Корнеги – Мелон (Snowdon and Vane, 2005, p. 362).

nova 2013 fiti 2.indd 46nova 2013 fiti 2.indd 46 14/10/2013 2:03:59 PM14/10/2013 2:03:59 PM

Page 47: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

5. 5. НОВАТА КЕЈННОВАТА КЕЈНЗИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА – РЕИНКАРНАЦИЈАЗИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА – РЕИНКАРНАЦИЈАНА КЕЈНЗИЈАНИЗМОТНА КЕЈНЗИЈАНИЗМОТ

4747

канаречената реинкарнација на кејнзијанизмот во придонесите на но-вите кејнзијанци е лоцирана во две клучни области: креирање нови микроекономски фундаменти на кејнзијанизмот и свртување кон запоставената агрегатна понуда. Во овие две области се фокуси-рани и најзначајните концепти на новокејнзијанската економија, кои во продолжение ќе бидат посебно нотирани (пошироко, Фити, 2011, стр. 145–157).

За микроекономските фундаменти на кејнзијанизмотМикроекономските фундаменти на кејнзијанизмот, во еден свој дел, се

насочени кон аргументирање на основното тврдење на кејнзијани-змот: на краток рок, платите и цените се ригидни, т.е. нефле-ксибилни надолу и нагоре. Главната импликација од ригидностите на цените и на платите е дека пазарот, иако е ефикасен механизам за алокација на ресурсите, не е и семоќен. Бидејќи пазарите се не-совршени, тие тешко се урамнотежуваат, а пазарот на труд може да остане во перманентна нерамнотежа. Оттука, економиите ретко функционираат на својот полн потенцијал, поради што општества-та се соочени со сериозни загуби од нерационалното користење на ретките ресурси, т.е. од епизодите на висока невработеност и недо-волна ангажираност на останатите фактори на производство. Затоа, државата (владата) преку мерките на економската политика (пред сè фискалната, а и монетарната) треба да се инволвира во економскиот живот, посебно во домените на пазарен неуспех (егзистенција на ви-сока невработеност, висока инфлација, монопол, екстерналии, аси-метрични информации и сл.), за да осигури рационално користење на расположливите ресурси. Новите кејнзијанци развиле бројни тео-рии (дел од нив подолу ќе бидат коментирани) со кои настојуваат да ги утврдат детерминантите кои предизвикуваат ригидност на платите и на цените кај различните сегменти на пазарот.14

14 Токму овој факт, упатувањето на бројни фактори кои детерминираат ригидност на цените и платите, се посочува како слабост на новата кејнзијанска економија. Имено, тие фактори често се сосема различни еден од друг и тешко можат да се поврзат во логичен и конзистен-тен систем. Исто така е тешко меѓу толку бројни фактори да се издиференцираат и селекти-раат оние со најсилно дејство врз ригидноста на цените и платите. (DeLong and Olney 2009, p. 503).

nova 2013 fiti 2.indd 47nova 2013 fiti 2.indd 47 14/10/2013 2:03:59 PM14/10/2013 2:03:59 PM

Page 48: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

48

Номинални ригидности на платитеНовите кејнзијанци ригидноста на номиналните плати најчесто ја

објаснуваат со фактот што тие, во сите современи развиени земји, се утврдуваат со преговори меѓу работниците (синдикатите) и ра-ботодавците (нивните здруженија). Откако преговорите ќе завршат, висината на номиналните плати de facto е регулирана со договори профилирани на определен временски период – според испитувања-та на Фишер, Тејлор, Фелпс и други – од една до три години. Притоа, суштината на теоријата за ригидноста на номиналните плати, поради нивната регулираност со договори, се огледа во следново: должина-та на временските периоди за кои платите однапред се утврдени со постигнатите договори на релацијата работници–работодав ци е сосема доволна за да можат монетарните власти, преку проме-ните во понудата на пари, барем на краток рок, да влијаат врз ви-сината на реалните наемнини.

Ригидност на реалните платиНовите кејнзијанци во своите анализи уште поголемо внимание им обр-

нуваат на ригидностите на реалните наемнини. Реалните ригид-ности дополнително го отежнуваат процесот на урамнотежување на пазарот на трудот и ја потенцираат невработеноста. Надвор од дотогашното аргументирање за нефлексибилноста на платите како резултат на постоењето синдикати, социјални трансфери за невра-ботените и минимални плати, новите кејнзијанци развија две нови теории со кои понатаму ја засилија аргументацијата за ригидностите на реалните плати: теоријата за плати за ефикасност и теоријата за инсајдери и аутсајдери.

Моделот за плати за ефикасност првпат е развиен од страна на нобело-вецот Фелпс, во 1968 година, а подоцна свој придонес во развојот на овој значаен модел на новата кејнзијанска економија дале и Стиглиц во 1974, Калво во 1979 година, понатаму Боулс и др. (Phelps 2006, p. 95). Моделот на Фелпс за плати за ефикасност, или како што тој уште ги нарекува поттикнувачки плати, се однесува на натпросечните плати што ги утврдуваат фирмите (плати кои се одржуваат над рам-

nova 2013 fiti 2.indd 48nova 2013 fiti 2.indd 48 14/10/2013 2:04:00 PM14/10/2013 2:04:00 PM

Page 49: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

5. 5. НОВАТА КЕЈННОВАТА КЕЈНЗИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА – РЕИНКАРНАЦИЈАЗИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА – РЕИНКАРНАЦИЈАНА КЕЈНЗИЈАНИЗМОТНА КЕЈНЗИЈАНИЗМОТ

4949

нотежното ниво), со цел да се спречи напуштањето на фирмите од страна на работниците и нивно вработување во други фирми, а со тоа и да се намалат трошоците за ротација – станува збор за т.н. quitting or turnover модел на Фелпс. Подоцна, новите кејнзијанци развија и други модалитети на теоријата за плати за ефикасност.

Теоријата на инсајдери и аутсајдери ја објаснува моќта на инсајде-рите да стекнат за себе „рента“, т.е. покачување на платите, секогаш кога работодавците се соочени со потребата да примат во фирмите нови работници (аутсајдери) кои треба да бидат прифатени и обуче-ни од страна на инсајдерите.

Номинални и реални ригидности на цените на добратаи на услугите

Новите кејнзијанци развиваат бројни концепти кои објаснуваат зошто се јавуваат номинални и реални ригидности на цените на производите, т.е. на добрата и на услугите. Меѓу нив најзначајни се следниве:

PAYM интуиција – мени трошоци и екстерналии на агрегатна-та побарувачка. Номиналната ригидност на цените новите кејн-зијанци ја елаборираат преку т.н. PAYM интуиција, акроним што произлегува од почетните букви на имињата на неколцина познати економисти, кои ѝ припаѓаат на новата кејнзијанска економија: Пар-кин, Акерлоф, Јелен и Менкју. Во овој контекст, се поместени две познати теории кои ја третираат номиналната ригидност на цените – теоријата за трошоците за етикетите (мени трошоци) и теоријата за егзистенција на екстерналиите на потрошувачката. Теоријата за т.н. мени трошоци (трошоците за етикетите) ригидноста на це-ните на краток рок ја објаснува со одбивањето на претпријатијата почесто да ги менуваат цените на своите производи и услуги пора-ди фактот што секоја промена на цените е врзана со трошоци што претпријатието мора да ги поднесе (на пример, трошоци за печатење нови ценовници, трошоци за информирање на клиентите за промена-та на цените и сл.).15 Според теоријата за екстерналии на агрегатната

15 Некои од т.н. мени трошоци навистина се мали (Small Menu Costs), како на пример, трошо-ците за печатење нови ценовници. Но, други се прилично високи – на пример, трошоци за патување на менаџерите за да ги информираат поголемите клиенти за промените на цените или за да преговараат за новите цени. Некои испитувања во САД потврдуваат дека трошо-

nova 2013 fiti 2.indd 49nova 2013 fiti 2.indd 49 14/10/2013 2:04:00 PM14/10/2013 2:04:00 PM

Page 50: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

50

побарувачка, намалувањето на цените на едни претпријатија – им-плицира зголемување на агрегатната побарувачка и на продажбите кај други претпријатија. Доколку се јават екстерналии на агрегатната побарувачка, претпријатијата што претходно не ги намалиле цените нема да ги следат оние што тоа го направиле, бидејќи се соочени со зголемена побарувачка и со полесна продажба на своите производи и услуги. Тоа ја зголемува ригидноста на цените на макроекономско ниво и го отежнува урамнотежувањето на пазарите. Акерлоф и Је-лен објаснуваат дека овие прашања треба да се лоцираат во реалниот контекст на современиот свет, односно во услови на егзистенција на имперфектни пазари.

Други концепти на новите кејнзијанци се фокусираат врз факторите кои детерминираат реални ригидности на цените на добрата и услугите:

Различно временско фиксирање, односно усогласување на цените и платите од страна на претпријатијата. Суштината на овој концепт, Менкју ја објаснува на следниов начин: „Сите луѓе не ги усогласуваат цените и платите во ист момент. Присутно е, впрочем, временско распоредување на фиксирањето на цените и на платите. Временското усогласување провоцира бавно усогласување на општо-то ниво на цените и платите, дури и кога сите поединечни цени и плати често варираат“ (Mankiw 1999, p. 456). Слично објаснување дава и Фелпс (Phelps 2006, p. 54). Во врска со оваа теорија е и концеп-тот за неуспех, грешки во координацијата. Леонхвуд, Ромер, Бел и др. тврдат дека токму неуспехот во координацијата (coordination failure), т.е. грешките во координацијата (различно временско усогла-сување на цените на претпријатијата кои денес главно работат во олигополис тичка пазарна морфологија) се круцијалниот фактор кој продуцира рецесии во современите економии, односно кој придоне-сува за појава на различни (повеќекратни) нивоа на рамнотежа, на еквилибриум во економиите – рамнотежа при повисоко ниво на аут-пут и вработеност, односно рамнотежа при понизок аутпут и висока невработеност; Асиметрични информации кои ги предизвикуваат

ците на трговците на увезено пиво за информирање на клиентите за промена на цените се мали и изнесуваат само 0,1% од приходите од продажбите. Трошоците, пак, на произво-дителите на пиво за истата намена се нешто поголеми и се проценуваат на 0,4% од про-дажбите. Иако, во двата случаја се работи за мали трошоци, фирмите ги оставаат цените непроменети во траење од неколку недели (Le Roy Miller, 2012, p. 385).

nova 2013 fiti 2.indd 50nova 2013 fiti 2.indd 50 14/10/2013 2:04:00 PM14/10/2013 2:04:00 PM

Page 51: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

5. 5. НОВАТА КЕЈННОВАТА КЕЈНЗИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА – РЕИНКАРНАЦИЈАЗИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА – РЕИНКАРНАЦИЈАНА КЕЈНЗИЈАНИЗМОТНА КЕЈНЗИЈАНИЗМОТ

5151

проблемите на морален хазард и неповолно избирање и го компли-цираат чистењето на пазарите итн., итн.

Новокејнзијанското свртување кон запоставенатаагрегатна понуда

Во базичниот Кејнзов модел значењето на шоковите на страната на аг-регатната понуда за креирање бизнис-циклуси беше, речиси, целосно запоставено. Тоа не е случај со новите кејнзијанци. Тие во своите истражувања обрнуваат многу поголемо внимание на агрегатната понуда, подеднакво на краток и на долг рок, т.е. на факторите кои ја детерминираат растечката крива на агрегатната понуда на краток рок, на причините за нејзиното поместување и на импликациите од нејзиното поместување (посебно надолу) врз економијата во целина, на факторите што ја детерминираат агрегатната понуда на долг рок, т.е. врз причините за нејзиното поместување и трансформирање во вертикална линија на долг рок итн. Убеденоста за значењето на агре-гатната понуда како детерминанта на бизнис-циклусите во новокејн-зијанските модели произлезе, синтетички гледано, поради два резо-на: прво, нафтените шокови во седумдесеттите години на минатиот век и појавата на стагфлацијата, придружено со поместување на Фи-липсовата крива надесно и со создавање понеповолен trade-off меѓу невработеноста и инфлацијата ги исправи креаторите на економската политика пред нови дилеми и предизвици; второ, запоставувањето на агрегатната понуда во базичниот Кејнзов модел се сметаше како сериозен недостаток на кејнзијанизмот и тој, едноставно, мораше да се елиминира. Денес дел од новите кејнзијанци инсистираат на тврдењето дека за економиите е помалку важно дали нарушувањата доаѓаат од страната на агрегатната побарувачка или од страната на агрегатната понуда – клучно прашање е како економиите излегуваат на крај со таквите нарушувања.

ХистерезаДел од претставниците на новата кејнзијанска економија веруваат во

егзистенцијата на феноменот на т.н. хистереза (hysteresis). Терми-

nova 2013 fiti 2.indd 51nova 2013 fiti 2.indd 51 14/10/2013 2:04:00 PM14/10/2013 2:04:00 PM

Page 52: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

52

нот означува состојби кога повремените (краткорочни или инци-дентни) шокови на глобалната побарувачка предизвикуваат зна-чајни нарушувања на рамнотежата на економијата на долг рок. Преведен на пазарот на труд, овој концепт објаснува дека висока и перзистентна невработеност во минатото, предизвикува висока не-вработеност во иднина. Концептот, своевремено го развил нобелове-цот Фелпс, но тој се сомнева дека овој концепт може да биде „кејн-зијанска приказна“, бидејќи оригинално упатувал на пролонгирана депресија врзана со нафтените шокови во 1970-тите години, т.е. со шокови на страната на агрегатната понуда (Phelps 2006, p. 21–22). Но, сепак, вели Фелпс, Роберт Хал во 1975 година, анализирајќи ја перзистентноста на невработеноста, покажал дека: „ако стапката на невработеност била висока во претходниот период, најдоброто пред-видување е дека таа ќе биде повторно висока, иако не многу повисока од тој период“ – што се сведува на хипотезата за хистереза. Иако оваа хипотеза не е многу значајна од аспект на микрофундаментите (на макроекономијата), таа, сепак, им создава проблем на новите кла-сичари кои веруваат дека очекуваната вработеност во секој период е еквивалентна на природното ниво (Phelps 2006, p. 49). Со слично значење, овој термин (во дискусиите за европската невработеност) го употребуваат и други економисти од таборот на новите кејнзијан-ци, особено Бланшард и Самерс, за да се објасни „многу високата зависност на тековната невработеност од невработеноста во минато-то, постоењето на суштинска перзистентност на невработеноста и продолжен ефект од шоковите на невработеност“ (Benasii, Chirco and Colombo, 1994, p. 391).

nova 2013 fiti 2.indd 52nova 2013 fiti 2.indd 52 14/10/2013 2:04:00 PM14/10/2013 2:04:00 PM

Page 53: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

6. КОНФРОНТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈАНА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА

Во периодот по 1980-тите години, конфронтациите во рамките на она што се нарекува Главна струја на модерната макроекономија (The Modern Mainstream Macroeconomics) се одвиваат на релација нови класичари (теоретичари на новата класична макроеконо-мија и на реалните бизнис-циклуси) – нови кејнзијанци. Овде, во најсинтетичка форма, ги изнесуваме разликите и сличностите меѓу новите класичари и новите кејнзијанци за најзначајните макроеко-номски концепти и прашања.

Во поглед на прашањето за брзината на урамнотежувањето на па-зарите, мислењата на новите класичари и на новите кејнзијанци се дијаметрално спротивни. Тоа е подрачје во коешто разликите доаѓаат до полн израз. Новите класичари поаѓаат од поставката дека благо-дарение на рационалните очекувања, сите пазари се урамнотежуваат брзо, просто моментално. Новите кејнзијанци тврдат дека пазари-те се урамнотежуваат многу бавно, поради егзистенцијата на број-ни фактори кои детерминираат номинални и реални ригидности на цените и на платите. Притоа, номиналните и реалните ригидности заемно се надополнуваат и посебно го комплицираат „чистењето“ на пазарите. Кај дел од претставниците на новата кејнзијанска еко-номија (Стиглиц, Фелпс и др.) преовладува мислењето дека пазари-те бавно се урамнотежуваат дури и под претпоставка дека цените и платите се целосно флексибилни од што, понатаму, се извлекува заклучокот дека принудната невработеност е системска и иманентна карактеристика на пазарните економии.

nova 2013 fiti 2.indd 53nova 2013 fiti 2.indd 53 14/10/2013 2:04:01 PM14/10/2013 2:04:01 PM

Page 54: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

54

За новите класичари, разликувањето на краткиот и долгиот рок, поради дејството на рационалните очекувања, не е релевантно, зна-чајно. Тие тврдат дека управувањето со агрегатната побарувачка е бескорисно, а битно е управувањето со агрегатната понуда – на долг рок. Новите кејнзијанци мислат дека краткиот рок и управувањето со агрегатната побарувачка се значајни. Тие исто така тврдат (барем повеќето од нив) дека т.н. hysteresis, односно шоковите на страната на агрегатната побарувачка и понуда на краток рок имаат значајни импликации на долг рок, посебно во доменот на пазарот на трудот и на движењето на природната стапка на невработеност. Тие прифаќа-ат дека на долг рок, поради флексибилноста на цените и на платите, економиите тендираат да функционираат на својот потенцијал.

За начинот на антиципирањето на иднината, мислењата на новите класичари и на новите кејнзијанци, најсинтетички гледано, се многу слични. Рационалните очекувања се во центарот на вниманието на новите класичари. Новите кејнзијанци, со мали исклучоци, исто така, ги прифаќаат рационалните очекувања. Сепак, во моделите на новите класичари рационалните очекувања водат до брзо, практично моментално урамнотежување на пазарот на трудот, додека во моде-лите на новите кејнзијанци рационалните очекувања не доведуваат до идентични резултати, затоа што постои разлика меѓу индивидуал-ните рационални очекувања и колективната рационалност (Colander 1993, p. 331).

Причините за економските флуктуации (бизнис-циклусите) ос-тануваат круцијално прашање во современата макроекономија. Внат ре, во блокот на новите класичари, различно се перципираат детерминантите на бизнис-циклусите – монетарно изненадување во моделите на новата класична макроекономија, односно промени во вкупната факторска продуктивност во моделите на теоретичарите на реалните бизнис-циклуси. Новите кејнзијанци по ова прашање заземаат еклектичен став, тврдејќи дека и шоковите на страната на агрегатната побарувачка и шоковите на страната на агрегат-ната понуда можат да детерминираат бизнис-циклуси. Сепак, тие поголемо релативно значење ѝ припишуваат на агрегатната побару-вачка. Во секој случај, изворите кои детерминираат бизнис-циклуси за новите кејнзијанци се комплексни и бројни – номинални и реални

nova 2013 fiti 2.indd 54nova 2013 fiti 2.indd 54 14/10/2013 2:04:01 PM14/10/2013 2:04:01 PM

Page 55: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

6. 6. КОНФРОНТКОНФРОНТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТААЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТАМАКРОЕКОНОМИЈАМАКРОЕКОНОМИЈА

5555

ригидности на цените и платите, асиметрични информации, грешки во координација на учесниците во економскиот живот итн. Тие, овде, доследно на Кејнзовата традиција, особено значење во механизмот на сподвижување на бизнис-циклусите им препишуваат и на animal spirits – овој факт дојде до посебен израз по избувнувањето на свет-ската економска криза од 2008 година.

Во однос на прашањето за опортунитетот од водење стабилизацио-ни економски политики, погледите во рамките на главната струја на модерната макроекономија, пред сè поради еклектицизмот на новите кејнзијанци, значајно конвергирале. Денес и новите класичари и но-вите кејнзијанци искажуваат висока доза на сомневање за опортуни-тетот од водење дискрециони политики.

Новите кејнзијанци се типични еклектичари. Тие во своите модели инкорпорирале значајни сегменти од новите класичари, поради што погледите на двете школи во рамките на главната струја значајно кон-вергирале. Елементите на еклектицизам кај новите кејнзијанци можат да се сумираат на следниов начин: (1) Основните принципи на еконо-мијата, формулирани уште од страна на класичната економска мисла, кои упатуваат на рационалност, оптимизација на производството и корисноста, опортунитетниот трошок, значењето на маргиналните големини итн., лежат и во основата на новокејнзијанските модели (спореди Tobin 1997, p. 152–153), со нужни нијанси поради хетеро-геноста на новите кејнзијанци (Менкју, на пример е многу поблизок по ова прашање до новите класичари, отколку, Стиглиц или Круг-ман); (2) Според новите кејнзијанци, како што претходно потенци-равме, бизнис-циклусите се детерминирани и од шокови на страната на агрегатната побарувачка и од шокови на страната на агрегатната понуда. Во овој контекст, значењето на долгиот рок и корисноста на новокласичарските анализи за долгиот рок, не смее да се проблема-тизира и да се подведува под знак на прашање; (3) Сознанијата што произлегуваат од Филипсовата крива на долг рок своевремено беа интегрирани во неокласичната синтеза и новите кејнзијанци нив ги прифаќаат во целост, укажувајќи дека инфлационите очекувања, со текот на времето, ја поместуваат Филипсовата крива нагоре, надес-но, условувајќи понеповолен trade-off меѓу невработеноста и ин-

nova 2013 fiti 2.indd 55nova 2013 fiti 2.indd 55 14/10/2013 2:04:01 PM14/10/2013 2:04:01 PM

Page 56: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

56

флацијата; (4) Според новите кејнзијанци, тврдењето на базичниот Кејнзов модел за предностите на фискалната пред монетарната поли-тика треба да се напушти. Монетарната политика, поради поголемата флексибилност, е многу корисна во стабилизацијата на економијата. Фискалната политика е соочена со значајни ограничувања при уп-равувањето со агрегатната побарувачка (таа има посилен ефект на страната на агрегатната понуда отколку на страната на агрегатната побарувачка, соочена е со долг time-lag и креира структурни буџет-ски дефицити), но сепак останува значајна, поради корисноста на автоматските стабилизатори и нејзината поголема ефикасност во ус-лови на пролонгирани и перзистентни рецесии–депресии (Frank and Bernanke 2009, p. 654–655); (5) Новите кејнзијанци во голема мера ги прифаќаат резултатите и консеквенциите врз економските поли-тики што произлегуваат од новокласичарските придонеси (крити-ката на Лукас, неефективноста на политиките и неконзистентноста на политиките низ времето), поради што мислењето дека политики-те треба повеќе да дејствуваат низ долгорочни правила, а помалку низ дискреции, им е доста блиско; (6) Новите кејнзијанци, во осно-ва, го прифаќаат мислењето на новите класичари дека благодарение на рационалните очекувања, во услови кога институциите (владата и цент ралната банка) имаат висок кредибилитет, дезинфлационите трошоци и коефициентот на жртвување може да бидат ниски.

Еклектицизмот на новите кејнзијанци покажува зошто денес макро-економистите мислат дека разликите за значајни макроекономски концепти меѓу новите класичари и новите кејнзијанци, повеќе се од формална, а помалку од суштинска природа. Менкју, на пример, иако не ги запоставува разликите меѓу новите кејнзијанци и новите кла-сичари, во значајна мера ги сведува на разлики детерминирани од временскиот аспект на економската анализа – за новите кејнзијанци е значаен краткиот, а за новите класичари долгиот рок (Mankiw,1999 p. 267). Според Стенли Фишер, пак, разликите произлегуваат од жел-бата на самите економски теоретичари да го „диференцираат својот производ“, слично како што тоа го прават и фирмите кои дејствуваат во услови на ограничена конкуренција (Fischer 1997, p. 42–43). Де-лонг мисли дека новите кејнзијанци, со своите гледишта за номинал-ните ригидности на цените и на платите како причини за бизнис-цик-

nova 2013 fiti 2.indd 56nova 2013 fiti 2.indd 56 14/10/2013 2:04:01 PM14/10/2013 2:04:01 PM

Page 57: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

6. 6. КОНФРОНТКОНФРОНТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТААЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТАМАКРОЕКОНОМИЈАМАКРОЕКОНОМИЈА

5757

луси, со тврдењето дека во нормални услови монетарната политика е поефикасна од фискалната, со признавањето на лимитите на дис-креционите политики и преферирањето на правилата пред дискреци-ите кај политиките, сосема се доближиле до гледиштата на нивните колеги од конкурентскиот табор – новите класичари (DeLong 2000, p. 83–84). Дефинитивно, интересен е фактот дека мислењата за кон-вергенција на погледите меѓу главните струи на современата макро-економија одат до тврдењето дека на повидок е нова неокласична синтеза.16

16 Според Менкју... „Срцето на оваа синтеза е дека економијата е систем на динамична општа рамнотежа којашто се разликува од Парето-оптимумот по ригидните цени (и можеби по различни други пазарни несовршености) (Mankiw 2006, p. 39). За елементи на конверген-ција и за нова синтеза зборува и Вудфорд (Woodford 2009, p. 269–274). Имено, тој мисли дека макроекономската анализа, денес, сè повеќе ги користи современите модели базирани врз општата рамнотежа, пред сè оние што доаѓаат од новокласичарската традиција, но и оние што доаѓаат од новокејнзијанската традиција, кои се означени како модели на дина-мична стохастичка општа рамнотежа (DSGE), со имперфектни пазари и ценовни ригиднос-ти. Другите елементи на новата синтеза, според Вудфорд, се однесуваат на потенцирањето на значењето на рационалните очекувања од страна на двете главни струи во современата макроекономија, како и на тврдењето дека реалните шокови играат значајна улога во нару-шувањето на макроекономската рамнотежа.

nova 2013 fiti 2.indd 57nova 2013 fiti 2.indd 57 14/10/2013 2:04:01 PM14/10/2013 2:04:01 PM

Page 58: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

7. ЗА ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТАМАКРОЕКОНОМИЈА

Конфронтациите меѓу претставниците на различните макроекономски школи за значајни макроекономски прашања, се разбира, самите по себе не се штетни. Напротив, тие, водат до конвергенција на погледи-те и сфаќањата за круцијалните макроекономски теми, до консензус и до профилирање на стандардни економски знаења. Тоа е патот кој овозможува да се одржи виталноста на економската наука. Притоа, не станува збор за општ консензус, таков не постои, ниту пак е добро да постои. Имено, во моментот кога разрешуваме едно контроверз-но економско прашање, се јавува друго, коешто нужно предизвикува конфронтации меѓу економистите. Тоа е патот на прогресот на еко-номската наука. Во оваа смисла, „...Може да се очекува консензус за специфични прашања, но консензусот во сите домени на истражу-вање нема смисла бидејќи, тој би се свел на стагнација и умирање“ (Lucas 1997, p. 248).

Во продолжение, ќе се обидеме да ги селектираме најзначајните домени на консензус во современата макроекономска наука. Селекцијата се базира врз испитувања на оваа проблематика од еминентни економис-ти (Mankiw 2000, p. 526–529; Blanchard 2006, p. 585; DeLong 2000, p. 83–84; Friedman 1968; Goodfriend 2007, p. 47–68, Woodford 2009, 269–274), како и врз сопствените сознанија произлезени од нашата долгогодишна преокупација со оваа материја:

• на долг рок, состојбата на економијата и животниот стандард на граѓаните се детерминирани од капацитетот на земјата за производ-ство на добра и услуги, односно од факторите што го условуваат по-тенцијалниот бруто-домашен производ;

nova 2013 fiti 2.indd 58nova 2013 fiti 2.indd 58 14/10/2013 2:04:02 PM14/10/2013 2:04:02 PM

Page 59: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

7. ЗА ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА

59

• на краток рок, промените во агрегатната побарувачка под дејство на клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната) влијаат врз аутпутот – врз БДП и нивото на вработеноста;

• на долг рок, стапката на пораст на понудата на пари ја детерминира стапката на инфлација, но нема влијание врз стапката на невработе-ност, т.е. на долг рок инфлацијата секогаш и насекаде е монетарен феномен;

• фискалната политика има краткорочни, среднорочни и долгорочни ефекти врз бруто-домашниот производ. Повисокиот буџетски дефи-цит најчесто го зголемува БДП на краток рок. На среден рок, поради зголемената побарувачка за пари и порастот на каматните стапки, не-говото позитивно дејство врз аутпутот исчезнува. На долг рок, пора-ди феноменот на crowding-out се намалува акумулацијата на капита-лот и големината на аутпутот;

• на краток рок, креаторите на монетарната и на фискалната политика се соочени со замена, со компромис меѓу инфлацијата и невработе-носта;

• на долг рок trade-off-от меѓу невработеноста и инфлацијата исчезну-ва;

• во нормални услови, монетарната стабилизациона политика е помоќ-на и покорисна од фискалната стабилизациона политика. Поради тоа, се преферира фискалната политика да дејствува преку автоматските стабилизатори;

• монетарната политика, во периоди на остри и пролонгирани реце-сии, поради феноменот на ликвидносна стапица, е релативно неефи-касен инструмент за стимулирање на заздравувањето на економијата. Во услови на егзистенција на ликвидносна стапица, фискалната по-литика е поефикасна во надминувањето на депресиите;

• дискреционите, стабилизационите политики (фискалната и монетар-ната) се соочени со значајни лимити поради постоењето на time-lag-овите при нивната имплементација и поради значајната политичка детерминираност на фискалната политика;

nova 2013 fiti 2.indd 59nova 2013 fiti 2.indd 59 14/10/2013 2:04:02 PM14/10/2013 2:04:02 PM

Page 60: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

60

• политиките базирани врз правила се преферираат пред политиките базирани врз дискреции;

• ниските и стабилни стапки на инфлација се добри за бизнисите и за економскиот раст;

• рационалните очекувања претставуваат основа за комуникација на економските субјекти со иднината – за антиципирање на иднината.

Овие линии на консензус беа препознатливи во рамките на главната струја на модерната макроекономија до избивањето на глобалната криза од 2007/2008 година. Но, повторно ќе потенцираме дека не ста-нува збор за апсолутен консензус. Во прилог на ова можат да се на-ведат повеќе аргументи. Прво, новите класичари го релативизираат тврдењето дека со монетарната и со фискалната политика, на краток рок, може да се дејствува врз реалниот аутпут на економијата. Второ, во рамките на големиот табор нови кејнзијанци, дел од нивните еми-нентни претставници, (на пример, Стиглиц, Акерлоф и др.) не ја при-фаќаат хипотезата за рационалните очекувања. Трето, иако и новите класичари и новите кејнзијанци преферираат политики базирани врз правила пред политики базирани врз дискреции, дел од новите кејн-зијанци, сепак, повеќе се застапуваат за ограничени дискреции, а не за строги правила. Четврто, меѓу новите класичари и новите кејн-зијанци постојат и разлики во третманот на фискалните дефицити, на јавниот долг и на економските ефекти што тој ги предизвикува. По третманот на ова прашање постојат разлики дури и внатре во рамките на новите кејнзијанци – на пример, во посткризните деба-ти за фискалните стимули во САД, Менкју се застапува за умерени фискални дефицити, наспроти Стиглиц и Кругман кои мислат дека преземените фискални стимули се недоволни, итн. (Krugman, August 2010, Stiglitz, март 2010).

nova 2013 fiti 2.indd 60nova 2013 fiti 2.indd 60 14/10/2013 2:04:02 PM14/10/2013 2:04:02 PM

Page 61: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

8. ПОДРАЧЈА НА ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ НА ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО МАКРОЕКОНОМСКАТА НАУКА

Финансиската и економската криза од 2007/2008 отвори широки деба-ти за причините кои ја детерминираа, за последиците врз светската економија, за одговорот на економските политики, за менаџирање на бизнисите во услови на кризи и сл. Во доменот на макроекономијата, расправите одат до проблематизирање на некои основни постулати, теории и хипотези кои доаѓаат од главната струја во модерната макро-економска наука, до проблематизирање на ефикасноста на клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната) и до инсисти-рање за нивно ново обмислување, до проблематизирање на микрое-кономските фундаменти на макроекономијата и, повторно, до барања за нивно ново осмислување итн., дури и до тврдења дека самата еко-номска наука е во сериозна криза (Спореди Leijonhufvud 2008). Во продолжение ќе се фокусираме само на дел од овие дебати, кои се од-несуваат на инсистирањето за ново обмислување на одделни подрачја од преткризниот консензус во современата макроекономска наука.

Дали економската наука е во криза?Една линија на конфронтациите, навидум многу генерална, а суштин-

ски круцијална, е поврзана со самата состојба на економската на-ука – дали економската наука е падната во сериозна криза и дали таа манифестира евидентна неспособност во излегувањето на крај со глобалната финансиска и економска криза? Проминентни автори, експлицитно или имплицитно, говорат за криза на економската нау-ка. Бланшард истакнува дека кризата „јасно ги покажа лимитите и

nova 2013 fiti 2.indd 61nova 2013 fiti 2.indd 61 14/10/2013 2:04:02 PM14/10/2013 2:04:02 PM

Page 62: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

62

на пазарот и на владината интервенција“ (F&D 2011, p. 50), значи, ограничувањата на двата механизма на алокација на ресурсите што ги познава економската наука. Стиглиц, исто така, имплицитно заго-вара постоење на криза на економската наука: „Можеби најзабележ-лива лекција – не толку за политиката (економската политика – Т. Ф.) туку за економската анализа – е дека моделите што се користеа пред кризата ниту ја предвидуваа кризата, ниту пак даваа рамка за одговор на кризата кога таа се случи“ (Stiglitz 2011, p. 50). Бредфорд Делонг, пак, отворено говори за криза на економската наука, потен-цирајќи дека денес економската наука има потреба од неколкумина теоретичари (мисли на врвни – Т. Ф.), кои ќе работат на проблемати-ката на ефикасноста на пазарите и од многумина луѓе кои ќе работат во областа на микроструктурите, од неколкумина теоретичари во об-ласта на рамнотежните бизнис-циклуси и од многумина старомодни кејнзијанци и монетаристи, од мнозина историчари на монетарната историја и на историјата на економската мисла, од неколкумина врв-ни експерти кои ќе конструираат нови макроекономски модели итн. (види: Dymski, 2011, p. 288). Според нас, во оваа мисла на профе-сорот Делонг можат да се препознаат слабите страни на модерна-та макроекономска наука – отсуството на солидни микроекономски фундаменти на макроекономијата, отсуството на економски умови од профилот на Семјуелсон, Тобин, Модилјани, Фридман – пробле-мите врзани за економетриските модели и нивната моќ за поизвесно предвидување на резултатите на економската активност и на ефикас-носта, односно неефикасноста на економските политики и сл. Нобе-ловецот Лукас, пак, во една статија објавена во The Economist од 6 август 2009 година, остро се противставува на тврдењата за кризата на економијата, и посебно на макроекономијата, кои одат дури и до карикатуризирање на модерната макроекономска наука. Во овој кон-текст, тој изразува чудење на погледите на врвни економисти, какви што се Фредерик Мишкин и Бен Бернанке, кои, претходно, во интер-вју за The Economist, зборуваат за „темна доба на макроекономија-та“ и тврдат дека многу генерации економисти се загубени, бидејќи се едуцирани во духот на математички модели со сомнителна вред-ност, па дури и штетни, кои се неупотребливи за предвидување на кризите. Потсетувајќи на теоријата за ефикасни пазари, според која

nova 2013 fiti 2.indd 62nova 2013 fiti 2.indd 62 14/10/2013 2:04:02 PM14/10/2013 2:04:02 PM

Page 63: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

8. ПОДРАЧЈА НА ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ НА ПРЕTКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО МАКРОЕКОНОМСКАТА НАУКА

63

цените на финансиските имоти промптно ги инкорпорираат и ги ре-флектираат сите релевантни и општодостапни информации, тој вели дека доколку некој економист има формула со којашто може да се предвиди криза на финансиските пазари една недела пред нејзино-то појавување, самата формула ќе стане дел од „општо расположли-вите информации и цените ќе паднат една недела порано“. Оттука, според Лукас, ваквите тврдења на Мишкин, Бернанке и др., кои и самите биле инволвирани во конструирање модели и се во фокусот на главната струја на модерната макроекономија, години наназад, се апсурдни и не ја одразуваат „врската меѓу реалноста на макроеко-номијата што овие луѓе ја претставуваат и понудената карикатура во критиките кои ги застапуваат“. Во продолжение, Лукас остро го критикува инјектирањето на огромни ликвидни средства во банкар-скиот систем на САД од страна на ФЕД и на Буџетот, како одговор на кризата, со што сакаше да се спречи намалувањето на побарувачката на домаќинствата и бизнисите, коешто фактички е нужно во време на криза. Затоа, сега, кризата е надвор од контрола (Lukas, 2009). Дру-ги автори, на пример Нуриел Рубини и Стивен Михм, мислат дека денес не може да стане збор за криза на економската наука, бидејќи темите за пазарниот неуспех поврзан со неизвесноста, асиметрични-те информации и моралниот хазард се стандардна проблематика во економската наука. Оттука, да се игнорира она што се учи во еконо-мијата не е криза на самата економска наука, туку проблем на еконо-мистите кои бавно ги препоз наваа „звуците на сирените за опасност“ (F&D, 2010, p. 56). Наше мислење е дека состојбата во којашто де-нес се наоѓа економската наука не може да се идентификува со криза на економската наука во целина. Напротив, станува збор за криза на определени хипотези, теоретски концепти и сл., чиишто постулати не коинцидираат со фактите во реалниот економски живот, поради што, со текот на времето, ќе бидат заменети со нови, или, можеби, надградени и приспособени на новонастанатите ситуации. Впрочем, тоа е патот на развојот на економската наука, кој иако не е праволи-ниски, е евидентен и перманентен. Историјата нè учи дека токму го-лемите економски кризи биле вистински интелектуален предизвик за економската наука и особено за нејзините најсјајни умови и дека од таквите епизоди и искуства, кои оставале тешки последици, економ-

nova 2013 fiti 2.indd 63nova 2013 fiti 2.indd 63 14/10/2013 2:04:02 PM14/10/2013 2:04:02 PM

Page 64: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

64

ската наука црпи нови факти, сознанија и решенија. Во оваа смисла, професорот Менкју ќе каже дека Големата депресија беше основен мотивациски настан во кариерите на голем број проминентни еконо-мисти од тоа време – Ловренс Клајн, Франко Модилјани, Пол Семју-елсон, Роберт Солоу, Џејмс Тобин и др. (Mankiw 2006, p. 30), кои го прифатија и натаму го развиваа Кејнзовото економско учење и кои подоцна станаа носители на Нобеловата награда за економија.

Ново обмислување на фискалната политикаЕден суштински сегмент на преткризниот консензус околу фискал-

ната политика се однесуваше на тврдењето дека улогата на фискалната политика е лимитирана поради дејството на повеќе фак-тори – долг time-lag, условеност од политички одлуки, неповолно дејство врз јавниот долг и сл. Затоа, таа главно треба да дејствува преку автоматските стабилизатори и преку долгорочни правила. Кризата, како да го зацврсти убедувањето дека фискалната политика има многу поголемо значење во услови на пролонгирани и длабоки рецесии отколку што се претпоставуваше последниве 20 години.17

17 Сепак, дебатите околу ова прашање во посткризниот период уште повеќе се засилија. На-спроти инсистирањето на новите кејнзијанци (посебно на нобеловците Стиглиц и Кругман) да се оди на уште поголеми фискални стимули за да се осигура вистински излез од кризата, новите класичари потсетуваат дека економиите, на долг рок, тендираат да функционираат на нивото на потенцијалниот бруто-домашен производ и да постигнат полна вработеност. Денес, тие го креваат гласот против големите фискални дефицити кои го истиснуваат при-ватниот сектор од економската активност и кои, заедно со експанзивната монетарна поли-тика, ги туркаат економиите во зона на висока инфлација. Според нив, големите буџетски дефицити кои ќе треба да се финансираат „ја разоруваат довербата во пазарите“ и придоне-суваат за апстиненција на приватните инвеститори поради очекувањата врзани за негатив-ните импликации од фискалната и монетарната експанзија. (Види ги за ова коментарите на Skidelsky, Financial Times, june 16 2010). Нобеловците Лукас и Сарџент, кои воедно се и ли-дери на новата класична макроекономија, остро се противставуваат на фискалните стимули кои се презедоа за да се заузда кризата. За Лукас, кризата во Европа и во Јапонија, во прв ред, произлегува од преголемата инволвираност на државата во економската активност – истражувањата на нобеловецот Едвард Прескот потврдуваат дека во Европа државите конт-ролираат дури 50% од БДП (Lukas, 2011). Според Сарџент, пресметките за ефикасноста на фискалните стимули што на претседателот Обама му ги сугерираше Советот на економски советници, се сосема наивни и „го игнорираат она што сме го научиле во последните 60 го-дини на макроекономски истражувања“ (Sargent, 2011). Ваквите несогласувања се пренесу-ваат и во сферата на политиката. Републиканците во САД се противат на големите фискални стимули во рамките на Планот Обама и постојано го подгреваат фискалниот скептицизам. Републиканскиот лидер Џон Бонер, на пример, отвори посебна интернет страница на која се евидентираат (со кратки коментари) американски економисти (главно универзитетски професори) кои се противат на високите фискални дефицити во САД.

nova 2013 fiti 2.indd 64nova 2013 fiti 2.indd 64 14/10/2013 2:04:03 PM14/10/2013 2:04:03 PM

Page 65: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

8. ПОДРАЧЈА НА ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ НА ПРЕTКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО МАКРОЕКОНОМСКАТА НАУКА

65

Новото промислување на фискалната политика треба да оди во правец на: а) одржување на јавниот долг во нормални рамки во добри вре-миња за да ѝ се создаде доволен простор на фискалната политика да дејствува во услови на кризни нарушувања; и б) да се зголеми ефикасноста на автоматските стабилизатори на фискалната политика преку нагласувањето на прогресивниот карактер на даночната поли-тика и преку воспоставување подарежливи програми на социјално осигурување. Од друга страна, потребно е да се види што може да се направи со даноците и со потрошувачката кај компонентите на фискалната политика со значаен мултипликативен ефект врз еко-номијата – на пример, даночни олеснувања за семејствата со низок доход, зголемување на социјалните трансфери за нискодоходните семејства на расходната страна на буџетот итн. Очевидно, овде ста-нува збор за предлози за ново осмислување на фискалната политика во чијашто суштина лежи кејнзијанската филозофија за функцио-нирањето на економијата (Blanchard, Dell’Ariccia and Mauro 2010, p. 1–16). Во овие рамки, во преткризниот период, повторно се раз-гореа дебатите, конфронтации те и контроверзиите на релација нови кејнзијанци–нови класичари врзани за процената на висината на фискалните мултипликатори, т.е. за ефикасноста на фискалните стимули. Околу ова прашање отсуствуваше преткризен консензус, а тој не е на повидок ниту во посткризниот период. Во 2009 година, претседателот на САД Обама почна да имплементира експанзивна фискална политика како одговор на глобалната финансиска и еко-номска криза. Фискалните стимули опфаќаа намалување на даноците со вкупен ефект од околу 300 млрд. долари и зголемување на буџет-ската потрошувачка со вкупен ефект од околу 500 млрд. долари. Во такви услови, американските економисти го поставија прашањето за оправданоста на ваквата политика и испитувањата за висината на фискалните мултипликатори добиja висок приоритет. Претседателот на Советот на економските советници на Обама, Христина Ромер, то-гаш тврдеше дека мултипликаторот на буџетската потрошувачка ќе изнесува меѓу 1,5 до 1,6 и дека производствениот јаз на американска-та економија во износ од околу 1 000 млрд. долари ќе биде затворен до крајот на 2010 година. Наспроти предвидувањата на Христина Ро-мер, професорот Роберт Баро изнесе мислење дека претходните ис-

nova 2013 fiti 2.indd 65nova 2013 fiti 2.indd 65 14/10/2013 2:04:03 PM14/10/2013 2:04:03 PM

Page 66: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

66

куства на САД потврдуваат дека во „нормални времиња“фискалниот мултипликатор, суштински, се движи околу нула. Ваквото мислење, како што е познато, Баро го темели врз неговата хипотеза за Рикар-довиот еквивалент. Што се однесува, пак, до конкретните процени на фискалниот мултипликатор од фискалните стимули на Обама, Баро, во почетокот на 2009 година, потенцираше дека мултипликаторот ќе изнесува само 0,5 – ова значи дека зголемената буџетска (владина) потрошувачка за 500 млрд. долари ќе додаде на БДП износ од само 250 млрд. долари, бидејќи процесот ќе биде проследен со crowding-out ефект од 250 млрд. долари. Испитувањата на професорот Харолд Ухлиг упатуваат на уште помал мултипликатор на буџетската потро-шувачка – од 0,3 до 0,4, т.е. пораст на реалниот БДП од 150 до 200 млрд. долари, но и на далеку повисок мултипликатор од кратењето на даноците, т.е. мултипликатор од 0,5 по истекот на првата година, понатаму 2 по истекот на втората година и дури 6 по истекот на тре-тата година (спореди, Parkin 2012, pp. 338–339; Ilzetski, Mendoza and Vegh, 2012, p. 2). Но она што, според наше мислење, е „придобивка“ од кризата околу оваа проблематика е појавувањето на бројни нови студии кои се обидуваат, со помош на квантитативни и квалитативни методи на економска анализа, да ги проценат различните фискални мултипликатори во разни земји. Се чини дека во овој домен, сепак, на површина излегуваат некои општи законитости за ефикасноста на фискалните стимули. Нив, можеме да ги синтетизираме на следниов начин: (1) На краток рок, фискалните мултипликатори од зголемена-та владина потрошувачка имаат поголем ефект врз реалниот аутпут, додека на долг рок тие ефекти постепено се намалуваат, односно се исцрпуваат; (2) На долг рок, ефектите на фискалните мултиплика-тори од намалувањето на даноците се позначајни – тие фактички растат по истекот на првата година во текот на следните две години; (3) Наспроти традиционалното кејнзијанско гледиште дека фискал-ните мултипликатори од владината потрошувачка се повисоки од фискалните мултипликатори од намалувањето на даноците, денес сè повеќе се афирмира гледиштето дека долгорочно состојбата е токму обратна, односно дека, на долг рок, ефектите врз реалниот БДП од намалувањето на даноците се повисоки во споредба со оние од зголе-мувањето на владината потрошувачка. Ваквото гледиште се поврзува

nova 2013 fiti 2.indd 66nova 2013 fiti 2.indd 66 14/10/2013 2:04:03 PM14/10/2013 2:04:03 PM

Page 67: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

8. ПОДРАЧЈА НА ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ НА ПРЕTКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО МАКРОЕКОНОМСКАТА НАУКА

67

со значајното дејство на мултипликаторите од даночните намалувања врз агрегатната понуда; (4) Фискалните мултипликатори и од зголе-мувањето на владината потрошувачка и од намалувањето на дано-ците се повисоки доколку промените во фискалните варијабли се во корист на слоевите од населението со повисока маргинална склоност кон потрошувачка; (5) Фискалните мултипликатори се во тесна врска со структурата на владината потрошувачка и во принцип се поголе-ми кај јавните инфраструктурни инвестиции, во споредба со другите видови владина потрошувачка; (6) Фискалните мултипликатори се поголеми кај релативно затворените економии за тргување, односно тие се значително помали кај отворените економии; (7) Фискалните мултипликатори се поголеми кај земјите со фиксен девизен курс, од-носно помали кај земјите со флексибилен девизен курс; (8) фискал-ните мултипликатори се поголеми кај земјите со релативно низок ја-вен долг (пошироко во студиите на: Spilimbergo, Symansky, Blanchard and Cottarelli, 2012 – ревидирана верзија; Ilzetski, Mendoza and Vegh, 2012; Alesina, Favero, and Giavazzi, 2012 и Uhlig, 2010).

Ново обмислување на монетарната политикаПреткризниот консензус во рамките на главната струја на модерна-

та макроекономија околу монетарната политика се движеше околу неколку стожерни точки: (1) во нормални услови, монетарната ста-билизациона политика е помоќна и покорисна од фискалната ста-билизациона политика; (2) монетарната политика треба да има една единствена цел – одржување висока ценовна стабилност, т.е. ниска инфлација; (3) ниската и стабилна инфлација е добра за економијата. Посткризните дебати, меѓутоа, ги проблематизираат втората и тре-тата точка од преткризниот консензус. Во однос на втората точка од преткризниот консензус, треба да потсетиме дека во текот на 70-тите и 80-тите години на минатиот век меѓу академските економисти по-стоеше висок степен на согласност дека централните банки, покрај главната цел – одржување на ценовна стабилност – треба да се грижат и за други цели – поддржување на економскиот раст, одржување на урамнотежен биланс на плаќање и др. Но, во текот на 90-тите години на минатиот век, ваквото гледиште беше напуштено и економистите

nova 2013 fiti 2.indd 67nova 2013 fiti 2.indd 67 14/10/2013 2:04:03 PM14/10/2013 2:04:03 PM

Page 68: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

68

тврдеа дека централните банки треба да бидат фокусирани врз една единствена цел – одржување на ценовната стабилност (тоа е прет-кризниот консензус). Актуелната криза, дефинитивно, го наруши ваквиот консензус и денес преовладува гледиштето дека централните банки, покрај на примарната цел (одржување на ценовна стабилност) мораат да се фокусираат и на уште две цели: грижа за стабилноста на финансиските пазари и поддршка на економската активност. Ваквиот консензус беше потенциран и на конференцијата на ММФ за макро-економските политики во време на кризи (на којашто присуствуваа проминентни економисти и гувернери на најголемите централни бан-ки во светот), од страна на главниот економист на ММФ, професорот Оливие Бланшард (Trpeski, Jankoski and Kondratenko, 2013, pp. 3–6). Овде е интересно да потенцираме дека Претседателот на САД, Барак Обама, потпиша посебен закон со кој ФЕД доби и нова функција – да се грижи за финансиската стабилност на американската економија, т.е. функција на национален регулатор на системскиот ризик. Во оваа смисла, американската централна банка сега е овластена да реагира и да ги спречува изворите на секаков ризик којшто може да ја загро-зи финансиската стабилност на земјата (LeRoy Miller 2012, p. 330). Ваквото поместување на функциите на централните банки го следи и НБРМ – во едно соопштение на нашата централна банка, од 28 јуни 2013 година, меѓу другото, стои дека „...Освен за ценовната ста-билност, НБРМ води грижа и за одржувањето на финансиската ста-билност на земјата ...“, како и дека „НБРМ ја поддржува и општата економска политика без да го загрози остварувањето на примарната цел и во согласност со принципот на отворена пазарна економија со слободна конкуренција“ (http://nbrm.mk, 28 јуни 2013).

Во однос на третата точка од преткризниот консензус, Бланшард и др. мислат дека ниската и стабилна инфлација е добар, но не и доволен услов за нормално функционирање на економијата. Имено, ниските стапки на инфлација носат опасност економиите да бидат турнати во зоната на ликвидносна стапица, т.е. во она што ѝ се случи на Јапонија во 1990-тите години и од што централната банка на Јапонија сè уште не може да се извлече. Американската економија за време на послед-нава рецесија беше блиску до состојба на ликвидносна стапица. От-тука е неопходно да се промисли дали треба да се оди на толку ниски

nova 2013 fiti 2.indd 68nova 2013 fiti 2.indd 68 14/10/2013 2:04:03 PM14/10/2013 2:04:03 PM

Page 69: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

8. ПОДРАЧЈА НА ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ НА ПРЕTКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО МАКРОЕКОНОМСКАТА НАУКА

69

стапки на инфлација, односно да се одговори на прашањето какви би биле трошоците на економиите (главно се мисли на развиените економии) доколку би одржувале стапка на инфлација од 4% наместо вообичаената од 2%, што би значело тоа од аспект на инфлаторните очекувања и да се споредат тие трошоци со оние од паѓањето на еко-номиите во ликвидносна стапица (Blanchard, Dell’Ariccia and Mauro, 2010).

За нарушениот консензус околу т.н. Great ModerationПоследнава криза го наруши и консензусот околу т.н. Great Moderation.

Овој термин во современата макроекономска литература се упот-ребува за да се искаже значителното намалување, опаѓање на нес-табилноста, на брзината на промените, на осцилациите, значи на волатилноста (volatility) на стапките на движење на инфлацијата и на бруто-домашниот производ во периодот од средината на 1980-тите години до рецесијата од 2007/2008 година. Редуцирањето на макроекономската нестабилност носи користи за економиите. Име-но, ниските и стабилни стапки на инфлација го подобруваат функ-ционирањето на пазарот и се добри за бизнисите, бидејќи на учес-ниците во економскиот живот им го олеснуваат планирањето и ги ослободуваат од трошоците што ги предизвикува инфлацијата – по-себно кога таа е неочекувана. Слично на ова, стабилните стапки на движење на аутпутот (бруто-домашниот производ) осигуруваат ста-билност во вработеноста и ја намалуваат неизвесноста којашто ги погодува домаќинствата и фирмите. Според Бернанке, три фактори придонесуваат за намалување на волабитибилноста во движењето на инфлацијата и на бруто-домашниот производ: структурните промени (вклучувајќи го тука и квалитетот и кредибилитетот на економски-те институции, т.е. нивната способност ефикасно да ги спречуваат пребрзите промени), добрите макроекономски политики (посебно добрата монетарна политика) и добрата среќа (Bernanke 2004, p.1–2). Кризата од 2007/2008 година значително ја намали макроекономска-та стабилност и отвори дискусии за ново обмислување на т.н. Great Moderation (The Economist, oct. 28th, 2009). Зошто е неопходно да се проблематизира и согласноста врзана за смалената волатибилност

nova 2013 fiti 2.indd 69nova 2013 fiti 2.indd 69 14/10/2013 2:04:04 PM14/10/2013 2:04:04 PM

Page 70: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

70

на стапките на инфлацијата и невработеноста?. Според наше мис-лење, затоа што кризата од 2007/2008 година уште еднаш потврди дека големите нарушувања во светската економија не се минато на системот – напротив, тие се негова иманентна карактеристика.18 Диспропорциите во светската економија, комплексноста и силната диверзификација на современите финансиски системи, слабостите во регулацијата, неможноста на инвеститорите секогаш да направат успешен избор, корупцијата и лакомоста, непредвидливата природа на animal spirits, недоволната ефикасност на клучните макроеконом-ски политики итн., значи присутноста на бројни детерминанти кои ја иницираа последната криза, сугерираат дека не треба да се исклучат нови големи нарушувања во светската економија.

Улогата на владата и на пазарот во алокацијатана ресурсите

Актуелната глобална криза го помести балансот на силите меѓу доми-нантните макроекономски школи во корист на новата кејнзијанска економија. Денес сè повеќе се афирмира гледиштето дека „Пазарите не се стабилни, ефикасни и саморегулирачки“ (Stiglitz, May 2013), како и гледиштето дека актуелнава криза, во контекст на старите дис-кусии за релативната улога на пазарите и на државата, го помести нишалото кон државата (владата) (Blanchard 2011). Така, се засилува аргументацијата за потребата државата да се инволвира во регула-цијата на пазарите и пошироко на економската активност. Еден од релативно новите аргументи кои се користи за оправдување на вла-диното инволвирање во економската активност е т.н. новокејнзијан-

18 Историјата на бизнис-циклусите честопати е проследена со периоди на силни и долготрајни експанзии, кои го подгреваат мислењето на некои економисти дека системот, со помош на владите и на стабилизационите макроекономски политики (во прв ред, фискалната и моне-тарната), успеал да ги победи бизнис-циклусите. Вакви тврдења доаѓаат дури и од големи, проминентни светски економисти. Така, на пример, нобеловецот Роберт Лукас во своето претседателско обраќање пред Американската економска асоцијација во 2003 година, твр-дел дека централниот проблем на системот – превенцијата од депресии, е веќе решен, дека бизнис-циклусите веќе не се значајна тема во економијата и дека е време економистите да се сосредочат на технолошкиот прогрес и на долгорочниот раст. Една година подоцна со слично убедување истапил и Бен Бернанке, актуелен гуверенер на ФЕД (Krugman, 2009, p. 9–10). Но еден од т.н. стилизирани факти за бизнис-циклусите е оној кој вели дека, по пра-вило, големите експанзии и бумови завршуваат со уште поголеми и потурбулентни падови.

nova 2013 fiti 2.indd 70nova 2013 fiti 2.indd 70 14/10/2013 2:04:04 PM14/10/2013 2:04:04 PM

Page 71: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

8. ПОДРАЧЈА НА ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ НА ПРЕTКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО МАКРОЕКОНОМСКАТА НАУКА

71

ска Филипсова крива. Според новите кејнзијанци, постојат примен-ливи односи помеѓу инфлацијата и невработеноста, т.е. односи кои се доволно предвидливи и за период кој е доволен на креаторите на макроекономските политики да им овозможи, преку активни поли-тики, да ја намалат невработеноста во услови на рецесија и да го приближат актуелниот до потенцијалниот БДП (LeRoy Miller 2012, p. 388). Оттука, суштината на новокејнзијанската Филипсова крива се огледа во тврдењето дека проблемот не е во стабилноста, однос-но нестабилноста, на односите меѓу инфлацијата и невработеноста, туку во тоа дали trade-off-от меѓу инфлацијата и невработеноста е предвидлив во релативно близок временскиот период, т.е. за период што е доволен за да се почувствуваат ефектите од активните макрое-кономски политики. Ако овие две претпоставки се исполнети (trade-off-от е предвидлив, а временскиот период, иако не е долг, е дово-лен промените во фискалната и монетарната политика да се одразат врз големината на реалниот БДП), тогаш активните макроекономски политики се оправдани и нужни. Сепак, овде, е клучно прашањето колку брзо фирмите ги усогласуваат цените и платите со промените на стапката на инфлацијата. Ако тој период е подолг, тогаш и нега-тивните ефекти врз вработеноста и движењето на реалниот БДП се позначајни. Ова ги разгорува дилемите за тоа колку е краток краткиот рок, а ние кон ова би ја додале и дилемата колку е долг долгиот рок? Според теоретичарите на реалните бизнис-циклуси, краткиот рок е многу краток, според теоретичарите од новокејнзијанска провениен-ција, кои ја застапуваат хипотезата за хистереза, краткиот рок е мно-гу долг. За оние кои веруваат во егзистенцијата на новокејнзијанска Филипсова крива, краткиот рок, иако не е премногу долг, сепак, е доволен економијата да ги почувствува ефектите од стабилизациони-те политики.

nova 2013 fiti 2.indd 71nova 2013 fiti 2.indd 71 14/10/2013 2:04:04 PM14/10/2013 2:04:04 PM

Page 72: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

9. НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК – РЕЛЕВАНТНОСТАНА СОВРЕМЕНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

На самиот почеток, во овој дел од трудот, повторно ќе потсетиме, однос-но ќе ја интерпретираме мислата на нобеловецот Роберт Солоу, спо-ред која, макроекономската наука „останува во срцето на модерната економија, односно дека нејзината централна улога ќе опстојува и во иднина“, едноставно затоа што луѓето секогаш се интересираат за актуелните збиднувања во економијата, посебно за оние со негатив-ни импликации (длабоки рецесии, невработеност, висока инфлација, намалување на вредноста на парите и загрозување на животниот стандард на граѓаните и сл.) и се трудат да разберат дали владите и централните банки можат успешно да се справат со овие проблеми. Оттука, клучните макроекономски прашања, проблеми и концепти имаат висока релевантност за секоја економија, а во тој контекст и за македонската – ова дотолку повеќе што Македонија, како мала и отворена економија, со сите карактеристики на земја во развој, е со-очена со сериозни макроекономски проблеми – во прв ред со ниски стапки на економски раст и со енормно висока невработеност.

Може со сигурност да се тврди и да се аргументира дека, речиси, сите значајни макроекономски концепти (кратко коментирани во овој труд, според хронолошки редослед – онака како што се развивала макроекономијата по 1936 година), имаат висока релевантност и ви-сока аналитичка вредност за македонската економија. Да го илустри-раме ова со неколку примери врзани за дел од круцијалните макрое-кономски концепти.

nova 2013 fiti 2.indd 72nova 2013 fiti 2.indd 72 14/10/2013 2:04:04 PM14/10/2013 2:04:04 PM

Page 73: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

9. НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК - РЕЛЕВАНТНОСТА НА СОВРЕМЕНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

73

Во нашиот труд Потенцијалниот бруто-домашен производ и при-родната стапка на невработеност во Република Македонија, објавен неодамна, во соавторство со проф. д-р Владимир Филипов-ски, д-р Јане Богоев и доц. д-р Предраг Трпески, ја аргументирав-ме аналитичката вредност на концептот на потенцијалниот БДП и природната стапка на невработеност и со него поврзаните концепти (Филипсовата крива, Окуновиот закон, трошоците од невработеност, трошоците од дезинфлацијата и коефициентот на жртвување, хисте-резата и сл.), воопшто и конкретно за Република Македонија. Имено, овој концепт овозможува да се разберат односите меѓу невработенос-та и инфлацијата на краток и долг рок, изворите на инфлацијата, при-родата на невработеноста (фрикциона, структурна, циклична), да се следи економската активност низ фазите на економскиот циклус (пре-ку производствениот јаз, т.е. отстапувањето на актуелниот од потен-цијалниот БДП), навреме да се дијагностицираат претстојните про-мени во стапката на инфлација и во стапката на невработеност и врз таа основа да се профилираат мерките и инструментите на клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната) итн. Нашата анализа покажа дека концептот на потенцијалниот БДП и производ-ствениот јаз, со сите проблеми и ограничувања врзани за процена на макроекономските агрегати кои ја чинат неговата суштина во земји-те во транзиција, има голема аналитичка вредност за македонската економија (Фити и др., 2013, стр. 70–76): (1) потенцијалниот БДП е индикатор за долгорочен и одржлив економски развој; (2) процената на потенцијалниот БДП и на производствениот јаз (повторно со сите слабости и ограничувања на применетите методологии), овозможува да се утврди како, односно колку рационално и ефикасно економија-та ги користела расположливите фактори на производство, кои фак-тори имале поголем придонес во динамизирањето на растот, какво било однесувањето на макроекономските политики (проциклично или контрациклично) во определени периоди на транзицијата, пона-таму да се добијат индикации за движењето на инфлацијата во ид-ниот период, т.е. за trade-off-от меѓу невработеноста и инфлацијата на краток рок, што е посебно значајно за структурирање на клучните макроекономски политики и за нивно проактивно дејствување; (3) кон цептот дава драгоцени податоци за влијанието на странската еко-

nova 2013 fiti 2.indd 73nova 2013 fiti 2.indd 73 14/10/2013 2:04:04 PM14/10/2013 2:04:04 PM

Page 74: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

74

номска активност (како егзоген фактор) врз движењата и состојбата на домашната економија; (4) концептот овозможува да се испита сте-пенот на корелираност на пазарот на труд со домашниот производ-ствен јаз и поттикнува испитувања за факторите кои придонесуваат за атипичното движење на овие две категории во определени пери-оди од транзицијата кај нас; (5) концептот на потенцијалниот БДП и природната стапка на невработеност, како и законитостите што тој ги сублимира (во овој контекст и Окуновиот закон) покажуваат дека во случајот на земјите во транзиција и на Македонија е потребен силен пораст на актуелниот во однос на потенцијалниот БДП за да се нама-ли актуелната стапка на невработеност; (6) афирмацијата, развојот и усовршувањето на методите за процена на потенцијалниот БДП и на природната стапка на невработеност и во нашиот случај можат да да-дат посебен придонес за разграничување на видовите невработеност (фрикциона, структурна, циклична), за процена на дезинфлационите трошоци во економијата и воопшто за приближување на аналитички-от инструментариум за испитување на невработеноста како клучен макроекономски проблем, кон оној на модерната макроекономска нау ка.

Клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната), нивната структурираност, заемна координираност, ефикасност и спо-собност за навремено, т.е. проактивно дејствување, имаат посебно значење за одржување на стабилноста на вкупните економски текови (ценовна стабилност, финансиска стабилност и поддршка на економ-скиот раст). Во современата макроекономска наука во пост кризниот период е отворен процес на ново промислување на политиките. Во сферата на фискалната политика сè повеќе се афирмира потребата таа, во нормални услови, да дејствува преку автоматските стабили-затори и долгорочните правила (последново е посебно значајно за подобрување на неповолната структура на буџетските трошоци на Република Македонија). Процесот на фискална консолидација во светски размери е проследен со бројни дебати во рамките на главна-та струја на модерната макроекономија, контроверзии и дилеми, но и со значајни лекции од кризата, кои без сомнение можат да бидат поучни и корисни и за нас, и кои треба систематски да се следат и да се проучуваат. Дебатите и контроверзиите се однесуваат на клучни

nova 2013 fiti 2.indd 74nova 2013 fiti 2.indd 74 14/10/2013 2:04:05 PM14/10/2013 2:04:05 PM

Page 75: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

9. НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК - РЕЛЕВАНТНОСТА НА СОВРЕМЕНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

75

прашања – пристапите на фискална консолидација (дали процесот да се одвива преку намалување на владината потрошувачка или зго-лемување на даноците), нивните ефекти врз реалниот аутпут и сос-тојбата во економијата, мултипликативните ефекти од различните видови буџетски трошоци (фискалните мултипликатори), ризиците на фискалната консолидација поврзани со демографските промени (процесот на стареење на населението), лимитите на дискреционата фискална политика итн. Сè се тоа значајни прашања за македонската економија: дали, на пример, нам ни се потребни долгорочни правила кои би обврзувале на понатамошно зголемување на релативното учество на буџетските трошоци кои се позитивно корелирани со економскиот раст – во прв ред, на јавните капиталните инвестиции од инфраструктурен карактер?19 Дали Македонија во иднина ќе може да го спроведува процесот на фискална консолидација главно со релативно намалување на владината потрошувачка или ќе мора да се посегне и по зголемување на даноците (што би била лоша варијанта со оглед на различните ефекти на двата пристапа) и што може да се направи за да се избегне зголемување на даночниот товар во иднина? Ако се имаат предвид неколкуте клучни детерминанти од кои зависи висината на фискалните мултипликатори (непродуктивни јавни инвестиции, мала и отворена економија со низок доход и со нагласена увозна зависност и влошување на состојбата на јавниот долг), кои

19 Ова прашање е посебно значајно за Република Македонија, како мала земја, со релативно скромен фискален капацитет и со неповолна наследена структура на буџетските трошо-ци (големо учество на платите и на надоместоците, високи социјални трансфери и сл.), којашто се репродуцира со текот на времето, т.е. не манифестира позначајни тенденции на подобрување. Една понова студија на ММФ (IMF, July 2012), ги анализира фискалните правила (националните и супранационалните) во 81 земја за периодот од 1985 до крајот на март 2012 година. Авторите на студијата, врз основа на комплексна анализа, заклучуваат дека: (1) во изминативе две децении фискалните правила се преферираат пред фискалните дискреции; (2) во многу земји се појавуваат нови фискални правила како одговор на кризата од 2007/2008 година; и (3) „идната генерација“ фискални правила ги комбинира целите на фискална оддржливост со флексибилноста на фискалната политика, т.е. со нејзината спо-собност да одговори на шоковите во кризни ситуации. Таканаречените нови фискални пра-вила, главно имплементирани во периодот по 2010 година, во студијата се класифицираат во четири групи: правила за урамнотежен буџет (воведени во Австрија, Колумбија, Ита-лија, Португалија, Србија, Шпанија и Велика Британија), правила базирани на принципот pays-as-you-go (Јапонија и САД), правила за контрола на јавниот долг (Унгарија, Србија, Словачка, Шпанија, Велика Британија) и правила за буџетските трошоци (Еквадор, Израел, Јапонија, Намибија, Полска, Романија, Шпанија, САД) (IMF, 2012, p. 26). Како што се гледа од презентираниве податоци, во низа земји, доаѓа до комбинација на четирите видови пра-вила. Нема сомнение дека анализата и следењето на ова прашање е неопходно и корисно за Република Македонија.

nova 2013 fiti 2.indd 75nova 2013 fiti 2.indd 75 14/10/2013 2:04:05 PM14/10/2013 2:04:05 PM

Page 76: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

76

сериозни ја проблематизираат ефикасноста на фискалната експанзија во македонската економија во периодот по 2008 година, се поставува прашањето што може да се направи за зголемување на фискалните мултипликатори, т.е. на ефикасноста на буџетската потрошувачка. Оттука е неопходно во иднина експертите од академската заедница, од Министерството за финансии и од НБРМ, да се зафатат со процена на висината на фискалните мултипликатори – од владината потрошувачка воопшто, од промените на даночните стапки и од промената на други фискални варијабли (вакви истражувања од страна на одделни македонски автори веќе се појавуваат), преку квантитативни истражувања. Без оглед на методолошките проблеми поврзани со процената на фискалните мултипликатори, тоа може да се направи, доколку Министерството за финансии, ДЗС и др. институции, ја зголемат својата транспарентност и помогнат во оформувањето на неопходната статистичка база за потребите на ваков вид истражувања. Добиените податоци, комбинирани со квалитативна економска анализа, би имале голема аналитичка вредност и би помогнале за зголемување на ефикасноста на буџет-ско то трошење.

Лекциите од кризата врзани со монетарната политика, упатуваат на потребата централните банки, покрај примарната цел – одржување на ценовна стабилност – да водат грижа и за финансиската стабил-ност, како и за економската активност. Во документите на НБРМ се вградени ваквите обврски на нашата централна банка. Искуствата покажуваат дека рецесиите проследени со финансиска криза се упор-ни и долготрајни и дека повратувањето на кредитирањето е клучно за побрзо заздравување на погодените економии. Зголемувањето на кредитната експанзија во Македонија во периодот по 2003 година беше прекината со појавувањето на кризата. Што може НБРМ да на-прави на тој план (се разбира во рамките на своите компетенции, т.е. права, обврски и одговорности) во значајна мера ќе зависи и од по-ставеноста на фискалната политика, т.е. од добрата координација на двете политики. Токму прашањето за координацијата меѓу фискал-ната и монетарната политика во посткризните дебати на современата макроекономија зазема сè позначајно место. Во овој труд е прика-жано како со текот на времето (во периодот пред настанувањето на

nova 2013 fiti 2.indd 76nova 2013 fiti 2.indd 76 14/10/2013 2:04:05 PM14/10/2013 2:04:05 PM

Page 77: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

9. НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК - РЕЛЕВАНТНОСТА НА СОВРЕМЕНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

77

неокласичната синтеза па сè до денешни дни) се менувале погледите на макроекономистите за релативното значење на фискалната, т.е. на монетарната политика за стабилизацијата на економиите. Актуел-носта на оваа проблематика посебно доаѓа до израз по појавувањето на глобалната финансиска и должничка криза од 2007/2008 година, кога поради феноменот на т.н. ликвидносна стапица, повторно се по-кажа дека монетарната политика е неефикасна во услови на длабоки рецесии, што придонесе товарот на стабилизацијата на економиите да се префрли врз фискалната политика (фискалните стимули). Овој факт можеби објаснува зошто поновите теоретски елаборации за ко-ординацијата меѓу фискалната и монетарната политика се доминира-ни од т.н. фискална теорија за нивото на цените, која инсистира дека фискалната политика има еднакво значење и улога за стабилизација на економиите како и монетарната политика. Но, денес и оваа хи-потеза се проблематизира, особено поради фактот што фискалната експанзија, веќе на среден рок, влијае на зголемување на реалните каматни стапки, за намалување на инвестициите, на пораст на ин-флацијата и сл., со што се загрозуваат ефикасноста и кредибилитетот на монетарната политика. Во овој контекст, сè повеќе се обновуваат и старите дебати за т.н. оптимален фискално-монетарен микс, сега, во контекст на новонастанатите услови со појава на актуелнава гло-бална криза. Прашањето е значајно бидејќи, од една страна, е најтес-но поврзано со реакцијата на фискалната и монетарната политика во фазите на бизнис-циклусот и открива дали политиките се суптитути или комплементарни, а од друга страна, типот на фискално-монетар-ниот микс има различно влијание врз структурата на БДП (пред сè врз инвестициите и надворешно-трговската размена). Очевидно, сето ова се прашања од круцијално значење и за македонската економија. Понатаму, и многу други значајни макроекономски концепти поврза-ни со монетарната политика, како на пример, трансмисиониот меха-низам во монетарната политика, односно ефективноста на одделните трансмисиони канали, временското задоцнување (time-lag-овите) кај монетарната политика, значењето на очекувањата, краткорочните и долгорочните ефекти од зголемената понуда на пари (врз цените и врз реалниот аутпут), правила наспроти дискреции во монетарната политика, монетарната политика во време на длабоки рецесии итн.

nova 2013 fiti 2.indd 77nova 2013 fiti 2.indd 77 14/10/2013 2:04:05 PM14/10/2013 2:04:05 PM

Page 78: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

78

итн., во посткризниот период се предмет на сериозни истражувања, преиспитувања и на ново обмислување. Тоа се значајни прашања за нас – дел од нив успешно се истражуваат, а добиените резултати се објавуваат, од страна на НБРМ, т.е. на Дирекцијата за истражување при НБРМ.

Современите макроекономски испитувања не можат да се замислат без примена на економетриски модели. Економетриските модели од пе-риодот на неокласичната синтеза до денешни дни постигнаа импо-зантен развој.20 Економијата денес стана високо формализирана нау-ка, а употребата на квантитативните модели на економска анализа дава значаен придонес во верификацијата на валидноста на различ-ните макроекономски концепции и во извесноста на заклучоците од научните истражувања. Состојбите на овој план кај нас, генерално гледано, не се добри, подеднакво и од аспект на застапеноста на на-учните дисциплини од областа на факултетите и од аспект на приме-ната на квантитативните модели во истражувањата. Во годините што следат, треба да се направи значаен пресврт на овој план. Тоа не е невозможно доколку се има предвид фактот дека: (1) во одделни ин-ституции во земјата (во прв ред во НБРМ) веќе се оформени солидни макроекономски јадра, од млади и добро едуцирани макроекономис-ти, кои во своите истражувања сè повеќе користат и квантитативни модели на економска анализа – во овој контекст треба да се спомне дека НБРМ користи сложен структурен модел од новокејнзијански тип (овие модели се базираат на поголем број равенки кои ги следат врските и меѓузависноста на агрегатната побарувачка, инфлацијата, девизниот курс, екстерниот сектор и сл.), за изготвување на квартал-ни проекции на економската активност; (2) денес постојат бројни

20 Овде е интересно да напомнеме дека некои автори со новокласичарска ориентација (Chari, Kehoe, and McGrattan, 2009, p. 243), прават разлика меѓу новокласичарскиот и новокејн-зијанскиот пристап и во моделирањето на макроекономските процеси. Имено, новокласи-чарската традиција оди на линијата за зачувување на едноставноста на моделите преку ин-корпорирање на релативно мал број параметри во моделот со мотивирачки микроекономски фундаменти (како оние врзани за рационалноста, оптималноста и сл.). Пример за тоа е пи-онерскиот труд на Лукас за моделите на оптимална фискална политика во услови на општа рамнотежа. Откако еднаш ќе се воспостави ваков модел, можно е секогаш да се додаваат нови параметри во моделот, поткрепени и со нова микроекономска евиденција. Наспроти ова, новокејнзијанската традиција инсистира во моделите да се вклучат голем број парамет-ри (бројни шокови кои влијаат на макроекономската рамнотежа), кои меѓутоа, немаат јасна микроекономска евиденција, т.е. потврда. Како и да е, факт е дека економетриските модели денес широко се применуваат во макроекономската наука.

nova 2013 fiti 2.indd 78nova 2013 fiti 2.indd 78 14/10/2013 2:04:05 PM14/10/2013 2:04:05 PM

Page 79: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

9. НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК - РЕЛЕВАНТНОСТА НА СОВРЕМЕНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

79

квантитативни модели, какви што се, на пример, статистичките мо-дели за процена на потенцијалниот БДП и на производствениот јаз, кои се прилично едноставни и лесни за примена, бидејќи се вградени во економетриските компјутерски софтвери; (3) во академската за-едница расте бројот на млади економисти кои преку студирање или преку студиски престои и специјализации во странство ги стекнале неопходните знаења за примена на квантитативните модели во ист-ражувањето. Неколку работи се посебно значајни за подобрување-то на состојбите во оваа сфера. Прво, неопходно е на економските факултети во земјава да се воведат поголем број квантитативни на-учни дисциплини кои ќе ги водат и развиваат помлади наставници со неопходниот фонд на знаење од овие области. Второ, успешната примена и корисноста од економетриските модели не е можна, до-колку добиените резултати не подлежат на квалитативна економска анализа. Последново бара добро познавање на теоретските фунда-менти на концептите кои се истражуваат, за да се „прочитаат“ ре-зултатите, да се објаснат евентуалните нелогичности (овие најчесто произлегуваат од фактот што моделите не се усовршени, т.е. што дел од економските категории не може да се квантифицираат, или пак од фактот што економските процеси се комплексни и условени од исто-временото дејство на бројни фактори, поради што тешко се разгра-ничуваат „чистите ефекти“ од дејствувањето на одделните фактори и детерминантни на испитуваниот проблем, процес или феномен, и сл.). Трето, ова, понатаму, наложува тимска работа, т.е. формирање на интердисциплинарни тимови кои ќе опфатат, ќе соберат на едно место, условно кажано, и добри квантитативци и експерти со добри теоретски познавања.

nova 2013 fiti 2.indd 79nova 2013 fiti 2.indd 79 14/10/2013 2:04:06 PM14/10/2013 2:04:06 PM

Page 80: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

nova 2013 fiti 2.indd 80nova 2013 fiti 2.indd 80 14/10/2013 2:04:06 PM14/10/2013 2:04:06 PM

Page 81: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОЗИПРИЛОЗИ

nova 2013 fiti 2.indd 81nova 2013 fiti 2.indd 81 14/10/2013 2:04:06 PM14/10/2013 2:04:06 PM

Page 82: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

nova 2013 fiti 2.indd 82nova 2013 fiti 2.indd 82 14/10/2013 2:04:06 PM14/10/2013 2:04:06 PM

Page 83: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОГ 1 СУМИРАЊЕ НА СУШТИНСКИТЕ РАЗЛИКИ МЕЃУКЛАСИЧНИОТ МАКРОЕКОНОМСКИ МОДЕЛИ КЕЈНЗОВИОТ МАКРОЕКОНОМСКИ МОДЕЛ

Класичен модел

Во класичниот модел, кривата на агрегатната понуда е вертикална ли-нија лоцирана на нивото на полната вработеност на реалниот аутпут. Кривата на агрегатната побарувачка пак, е стабилна доколку нацио-

Графикон 1: АГРЕГАТНА ПОНУДА ВО КЛАСИЧЕН МОДЕЛ

Извор:Извор: Таки Фити: Кејнзијанската економска филозофија – од Кејнз до денешни дни, изд. МАНУ и Економски факултет Таки Фити: Кејнзијанската економска филозофија – од Кејнз до денешни дни, изд. МАНУ и Економски факултет – Скопје, 2011, стр. 16.– Скопје, 2011, стр. 16.

nova 2013 fiti 2.indd 83nova 2013 fiti 2.indd 83 14/10/2013 2:04:06 PM14/10/2013 2:04:06 PM

Page 84: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

84

налните монетарни власти одржуваат константна понуда на пари. Во спротивност, агрегатната побарувачка би се поместувала надесно, нагоре, доколку се зголемува понудата на пари, односно налево, на-долу, доколку понудата на пари се намалува. Но, и во такви услови, поради фиксираната агрегатна понуда, нема да има промени во реал-ниот аутпут. Тоа нема да се случи дури и ако агрегатната побарувачка се помести надолу, бидејќи опаѓањето на општото ниво на цените ќе предизвика и опаѓање на платите, поради што вработеноста и реал-ниот аутпут нема да се намалат. Реалните профити исто така ќе оста-нат непроменети. Значи, флексибилноста на цените и на платите брзо ги урамнотежува, ги „чисти“ пазарите, економијата функционира на нивото на полната вработеност со истовремено ефикасно користење и на другите производствени фактори. Доколку се јави невработе-ност, таа е инцидентна, краткорочна и исчезнува поради фактот што платите брзо ги следат промените на цените на другите добра и ус-луги.

Кејнзов моделРамнотежата во економијата најпрвин била воспоставена во точката А,

каде што се сечат кривата на агрегатната побарувачка (AD) со крива-та на агрегатната понуда на краток рок (AS). Во такви услови еконо-мијата осигурува бруто-домашен производ прикажан на апсцисата во точката Q, кој е под потенцијалниот Qp (значи и пред тоа економијата не ги користела целосно производствените потенцијали). Но, едно значајно опаѓање на агрегатната побарувачка ја поместува кривата на агрегатната побарувачка надолу, налево, (од AD кон AD’), пора-ди што новата рамнотежа се воспоставува во точката B, при многу понизок бруто-домашен производ (Q1) и повисока невработеност. Оттука, според Кејнз, главната причина за појавата на рецесии (тој често го употребувал терминот кризи) е опаѓањето на агрегатната побарувачка (во прв ред поради нестабилноста на инвестициите, де-терминирана од колапсот на маргиналната ефикасност на капиталот) која, како резултат, детерминира помал бруто-домашен производ и повисока невработеност.

nova 2013 fiti 2.indd 84nova 2013 fiti 2.indd 84 14/10/2013 2:04:07 PM14/10/2013 2:04:07 PM

Page 85: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОГ 1 • СУМИРАЊЕ НА СУШТИНСКИТЕ РАЗЛИКИ МЕЃУ КЛАСИЧНИОТ МАКРОЕКОНОМСКИ МОДЕЛИ КЕЈНЗОВИОТ МАКРОЕКОНОМСКИ МОДЕЛ

85

Графикон 2: ЗНАЧЕЊЕТО НА АГРЕГАТНАТА ПОБАРУВАЧКА

Резиме на разликитеКЛАСИЧЕН МОДЕЛ

• Битна е агрегатната понуда (AS) (произ-водството автоматски ја раѓа сопствената побарувачка – Сејов закон

• Цените и платите се флексибилни, про-менливи нагоре и надолу

• Резултат:

– пазарите брзо се урамнотежуваат

– економиите тендираат да функционираат на потенцијалниот БДП

– не постои присилна невработеност

КЕЈНЗОВ МОДЕЛ

• Битна е агрегатната побарувачка (AD) – ефек-тивната побарувачка според Кејнзовата терми-нологија

• Цените и платите, на краток рок, се ригидни – не-променливи нагоре и надолу

• Резултат

– пазарите, посебно пазарот на труд, бавно се урамнотежуваат

– економиите често функционираат под својот по-тенцијал

– постои присилна и често перзистентна неврабо-теност

Извор:Извор: Таки Фити: Кејнзијанската економска филозофија – од Кејнз до денешни дни, изд. МАНУ и Економски факултет Таки Фити: Кејнзијанската економска филозофија – од Кејнз до денешни дни, изд. МАНУ и Економски факултет – Скопје, 2011, стр. 16.– Скопје, 2011, стр. 16.

nova 2013 fiti 2.indd 85nova 2013 fiti 2.indd 85 14/10/2013 2:04:07 PM14/10/2013 2:04:07 PM

Page 86: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

nova 2013 fiti 2.indd 86nova 2013 fiti 2.indd 86 14/10/2013 2:04:07 PM14/10/2013 2:04:07 PM

Page 87: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОГ 2РЕЗИМЕ НА КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИКОНЦЕПТИ ПО НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА

Основната порака на неокласичната синтезаДолгорочната макроекономска рамнотежа е детерминирана од агрегат-

ната понуда и може да се разбере од анализата што ја нудат класич-ните економисти, додека пак краткорочните отстапувања од рамноте-жата се условени од флуктуациите на агрегатната побарувачка, како резултат на пазарните несовршености, онака како што тоа го објасну-ваат кејнзијанците. Неокласичната синтеза се сведува на обедину-вање на едно место, како еден вид стандардно економско знаење, на јадрото на неокласичната економска теорија и на кејнзијанската еко-номска мисла.

РезултатНапредок во бројни сфери на макроекономската наука:

– потрошувачката, штедењето и инвестициите;

– економскиот раст;

– макроекономските модели;

– Филипсовата крива и лимитите на стабилизационите политики.

Модилјановиот животен циклус на штедењетоСпоред Модилјани, штедењето во прв ред зависи од богатството на

индивидуите. Индивидуата, како рационален потрошувач, ја макси-мира својата корисност не врз основа на тековниот доход, туку врз

nova 2013 fiti 2.indd 87nova 2013 fiti 2.indd 87 14/10/2013 2:04:08 PM14/10/2013 2:04:08 PM

Page 88: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

88

основа на вкупниот доход што ќе го прими во текот на целиот свој живот, значи врз основа на своето богатство. Индивидуата штеди и акумулира богатство во периодот додека активно работи, а потоа, од моментот на пензионирањето, го троши стекнатото богатство и настанува процес на негативно штедење. На овој начин, Модилјани целосно се доближи до хипотезата за перманентниот доход на Мил-тон Фридман.

Процесот на трансформација на Филипсовата крива во вертикална линија на нивото на потенцијалниот БДП и природната стапка на невработеност

Макроекономската рамнотежа во економијата најпрвин е воспоставена во точката 1 на двата графикона. На графиконот а), во точката 1, по-тенцијалниот БДП е на нивото Yp, при општо ниво на цени P1. На графиконот б), пак, природната стапка на невработеност изнесува 5%, при стапка на инфлација од 3%. Да претпоставиме сега дека вла-дата и централната банка сакаат да ја намалат природната стапка на

Графикон 3: ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ШТЕДЕЊЕТО

Извор:Извор: Таки Фити: Кејнзијанската економска филозофија – од Кејнз до денешни дни, изд. МАНУ и Економски факултет Таки Фити: Кејнзијанската економска филозофија – од Кејнз до денешни дни, изд. МАНУ и Економски факултет – Скопје, 2011, стр. 107.– Скопје, 2011, стр. 107.

nova 2013 fiti 2.indd 88nova 2013 fiti 2.indd 88 14/10/2013 2:04:08 PM14/10/2013 2:04:08 PM

Page 89: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОГ2 • РЕЗИМЕ НА КРУЦИЈАЛНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИПО НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА

89

невработеност под 5%, преку експанзивна монетарна политика, и да ги следиме најпрвин промените на графиконот а): експанзивната мо-нетарна политика ќе ја помести кривата на агрегатната побарувачка од AD1 кон AD2, при што новата макроекономска рамнотежата ќе се воспостави во точката 2, при БДП на нивото Y2 и општо ниво на цени P2. Одразот на овие промени на графиконот б) е следен: зголемената агрегатна побарувачка, на краток рок, ја смалува природната стапка на невработеност од 5% на 3% и ја зголемува стапката на инфлација од 3% на 6%, со што се потврдува дека замената меѓу невработенос-та и инфлацијата (помала невработеност за повисока инфлација), на краток рок, функционира, односно останува валидна. На долг рок, зголемената инфлација ги потхранува инфлационите очекувања. Про-изводствените трошоци на фирмите ќе се зголемат, а профитите ќе се намалат. Тоа ќе ја помести агрегатната понуда од AS1 кон AS2, на графиконот а), со што рамнотежата ќе се воспостави во точката 3, при потенцијален БДП на нивото Yp (БДП се вратил на првобитното

Графикон 4: ПРОЦЕСОТ НА ПОМЕСТУВАЊЕ НА ФИЛИПСОВАТА КРИВА НАДЕСНО И НЕЈ-ЗИНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО ВЕРТИКАЛНА ЛИНИЈА НА ДОЛГ РОК

Извор:Извор: Boyes, W. and Melvin, M. (2005), Economics, Sihth Edition, Houghton Miffl in Company, Boston–New York, 2005, p. 358.Boyes, W. and Melvin, M. (2005), Economics, Sihth Edition, Houghton Miffl in Company, Boston–New York, 2005, p. 358.

nova 2013 fiti 2.indd 89nova 2013 fiti 2.indd 89 14/10/2013 2:04:08 PM14/10/2013 2:04:08 PM

Page 90: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

90

рамниште) и при повисоко општо ниво на цени P3. На графиконот б), движењето од точката 2 кон точката 3, е проследено со поместување на Филипсовата крива на краток рок надесно, од нивото I кон нивото II. Во точката 3, стапката на инфлација останува висока, т.е. изнесува 6%, додека, пак, природната стапка на невработеност се враќа на по-четното ниво од 5% и е соодветна на потенцијалниот бруто-домашен производ. Долгорочната агрегатна понуда прикажана со вертикална-та линија на првиот графикон (LRAS), е придружена со Филипсова-та крива на долг рок, којашто добива облик на вертикална линија на нивото на природната стапка на невработеност, прикажана на вториот графикон. Овде е клучно да се потенцира дека поместувањето на Фи-липсовата крива нагоре, кон десно, се одвива под дејство на очеку-вањата на економските субјекти за акцелерација на инфлацијата, како резултат на монетарната експанзија.

Конфронтации меѓу умерените кејнзијанци и монетариститеУМЕРЕНИ КЕЈНЗИЈАНЦИ МОНЕТАРИСТИ КОНСЕНЗУС

– Монетарната политика е неефикасна за време на го-леми депресии. Депресиите не се детерминирани од мо-нетарни фактори

– Фискалната политика е ал-тернатива за справување со депресии

– Генерално, фискалната поли-тика е поефикасна од моне-тарната

– Значајна е и монетарната по-литика - на краток рок и таа влијае врз аутпутот

– Дискреционите политики се неопходни во услови на рецесии

– Агрегатната побарувачка е најзначајна, но на долг рок треба да се дејствува и врз агрегатната понуда

– Големата депресија трагич-но ја атестираше моќта на монетарната политика (Фрид ман)

– Не постојат доволно цврсти аргументи за ваквото твр-дење

– Генерално, монетарната по-литика е позначајна од фи-скалната политика

– Монетарната политика, на краток рок, има директно влијание врз агрегатната побарувачка

– Монетарната политика треба да биде базирана на долго-рочни правила, а фискална-та главно да дејствува пре ку автоматските стабилизатори

– Агрегатната понуда е најзна-чајна – значаен е долгиот рок

– Не беше воспоставен

– Делумно беше воспоставен

– Не беше воспоставен

– Делумно беше воспоставен

– Не беше воспоставен

– Делумно беше воспоставен

nova 2013 fiti 2.indd 90nova 2013 fiti 2.indd 90 14/10/2013 2:04:09 PM14/10/2013 2:04:09 PM

Page 91: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОГ 3КОНФРОНТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈАНА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА (НОВИ КЛАСИЧАРИ – НОВИ КЕЈНЗИЈАНЦИ)

Нови кејнзијанци - нови класичари

Макро-економска

школа

Основен извор на нестабил-

ност

Брзина на урамно-

тежување на паза-

рите

ОчекувањаДолг рок/краток

рок

Полна вработеност

Препораки за политиките

Нова класична

макроеко-номија

Неанти-ципирани

промени во понудата на

пари, т.н. „монетарно изненаду-

вање“

Многу брзо Рационални Не е

битенСекогаш блиска

Управу-вањето со

агрегатната побарувачка е бескорисно - понудата е најзначајна

Реални бизнис - циклуси

Шокови на страната на агрегатната

понуда - главно

технолошки

Многу брзо - мо-ментално

Рационални Не е битен

Секогаш сосема блиска

Понудата е најзначајна

Нови кејн-зијанци

Шокови на страната на агрегатната побарувач-ка, но и на

агрегатната понуда

- еклектици-зам

Многубавно Рационални

Краткиот рок е

значаен

Може да биде далечна

Управу-вањето со

агрегатната побарувачка

е значајно

nova 2013 fiti 2.indd 91nova 2013 fiti 2.indd 91 14/10/2013 2:04:09 PM14/10/2013 2:04:09 PM

Page 92: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

92

Преткризниот консензус за фискалната и монетарната политика

• На краток рок, промените во агрегатната побарувачка под дејство на клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната) влијаат врз аутпутот – врз БДП и нивото на вработеност;

• На долг рок, стапката на пораст на понудата на пари ја детерминира стапката на инфлација, но нема влијание врз стапката на невработе-ност, т.е. на долг рок инфлацијата секогаш и насекаде е монетарен феномен;

• Фискалната политика има краткорочни, среднорочни и долгорочни ефекти врз бруто-домашниот производ. Повисокиот буџетски дефи-цит најчесто го зголемува БДП на краток рок. На среден рок, пора-ди зголемената побарувачка за пари и порастот на каматните стап-ки, исчезнува неговото позитивно дејство врз аутпутот. На долг рок, поради феноменот на crowding out, се намалуваат акумулацијата на капиталот и големината на аутпутот;

• На краток рок, креаторите на монетарната и на фискалната политика се соочени со замена, со компромис меѓу инфлацијата и невработе-носта;

• На долг рок, trade-off-от меѓу невработеноста и инфлацијата исчез-нува;

• Во нормални услови, монетарната стабилизациона политика е по-моќна и покорисна од фискалната стабилизациона политика. Поради тоа, се преферира фискалната политика да дејствува преку автомат-ските стабилизатори, или преку долгорочно-фундирани правила;

• Во периоди на остри и пролонгирани рецесии, монетарната полити-ка, поради феноменот на ликвидносна стапица, е релативно неефи-касен инструмент за стимулирање на заздравувањето на економијата. Во услови на егзистенција на ликвидносна стапица, фискалната по-литика е поефикасна во надминувањето на депресиите;

• Дискреционите, стабилизационите политики (фискалната и моне-тарната) се соочени со значајни лимити поради постоењето на time-

nova 2013 fiti 2.indd 92nova 2013 fiti 2.indd 92 14/10/2013 2:04:09 PM14/10/2013 2:04:09 PM

Page 93: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОГ 3 • КОНФРОНТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА(НОВИ КЛАСИЧАРИ - НОВИ КЕЈНЗИЈАНЦИ)

93

lag-овите при нивната имплементација и поради значајната политич-ка детерминираност на фискалната политика. Затоа, се преферираат политики фундирани врз правила;

• Ниските и стабилни стапки на инфлација се добри за бизнисите и за економскиот раст – монетарната политика има една единствена цел – одржување ценовна стабилност;

• Рационалните очекувања претставуваат основа за комуникација на економските субјекти со иднината – за антиципирање на иднината.

Овде, не станува збор за апсолутен консензус, затоа што:

1. Новите класичари го релативизираат тврдењето дека со монетарната и фискалната политика, на краток рок, може да се дејствува врз реал-ниот аутпут на економијата;

2. Во рамките на големиот табор нови кејнзијанци, дел од нивните еми-нентни претставници (на пример Стиглиц, Акерлоф и др.) не ја при-фаќаат хипотезата за рационалните очекувања;

3. Иако и новите класичари и новите кејнзијанци преферираат полити-ки базирани врз правила пред политики базирани врз дискреции, дел од новите кејнзијанци, сепак, повеќе се застапуваат за ограничени дискреции, а не за строги правила;

4. Меѓу новите класичари и новите кејнзијанци постојат и разлики во третманот на фискалните дефицити, на јавниот долг и на економски-те ефекти што тој ги предизвикува. По ова прашање постојат разлики дури и внатре во рамките на новите кејнзијанци – на пример, во пост-кризните дебати за фискалните стимули во САД, Менкју се застапува за умерени фискални дефицити, наспроти Стиглиц и Кругман, кои мислат дека преземените фискални стимули се недоволни, итн. От-тука:

„...Може да се очекува консензус за специфични прашања, но консензусот во сите домени на истражување нема смисла, би-дејќи тој би се свел на стагнација и умирање.“ ( Роберт Лукас)

nova 2013 fiti 2.indd 93nova 2013 fiti 2.indd 93 14/10/2013 2:04:09 PM14/10/2013 2:04:09 PM

Page 94: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

94

Подрачја на проблематизирање на преткризниот консензус кај фискалната политика

НОВИ КЕЈНЗИЈАНЦИ НОВИ КЛАСИЧАРИ КОНСЕНЗУС– Во нормални услови фис–

калната политика треба да дејствува преку автомат-ските стабилизатори или долгорочни правила

– Актуелнава криза ја потвр-ди моќта на дискрециона-та фискална политика за ефикасно дејствување во услови на длабоки рецесии

– Традиционалното кејнзи-јанско тврдење дека фис-кал ните мултипликатори од владината потрошувач-ка се повисоки од оние при-дружени со намалувањето на даноците е проблема-тично

– Во нормални услови, фис-калната политика треба да дејствува преку авто-матските стабилизатори или долгорочни правила

– Дискреционата фискална политика во услови на дла боки рецесии креира структурни буџетски де-фи цити и кумулирање енормен јавен долг со си-те негативни последици што од тоа произлегуваат. Како последица на тоа, фискалната консолидаци-ја ќе биде скап процес, при дружен со бројни ри-зици

– Фискалните мултиплика-тори тендираат да бидат ниски, или близу до нула

– Се проблематизира

– Не е воспоставен

– Не е воспоставен

nova 2013 fiti 2.indd 94nova 2013 fiti 2.indd 94 14/10/2013 2:04:09 PM14/10/2013 2:04:09 PM

Page 95: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ПРИЛОГ 3 • КОНФРОНТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА(НОВИ КЛАСИЧАРИ - НОВИ КЕЈНЗИЈАНЦИ)

95

Подрачја на проблематизирање на преткризниот консензус кај монетарната политика

НОВИ КЕЈНЗИЈАНЦИ НОВИ КЛАСИЧАРИ КОНСЕНЗУС– Во нормални услови, ста-

билизационата монетар-на по литика е покорисна и поефикасна од фискал-ната

– Ниската инфлација е до-бар, но не и доволен услов за стабилно функциони-рање на економијата. Ниската инфлација и ни-ските номинални каматни стапки носат опасност од паѓање на економијата во ликвидносна стапица

– Централната банка, покрај за ценовната стабилност, треба да се грижи и за финансиската стабилност и економската активност

– Во нормални услови, ста-билизационата монетар-на политика е покорисна и поефикасна од фискал-ната

– Ниската инфлација е зна-чаен услов за стабилно функционирање на еконо-мијата

– Централната банка по-крај за ценовната стабил-ност треба да се грижи и за финансиската стабил-ност

– Сè уште се одржува, иако дел од новите кејнзијан-ци го проблематизираат

– Се воспоставува

– Се воспоставува

nova 2013 fiti 2.indd 95nova 2013 fiti 2.indd 95 14/10/2013 2:04:10 PM14/10/2013 2:04:10 PM

Page 96: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

nova 2013 fiti 2.indd 96nova 2013 fiti 2.indd 96 14/10/2013 2:04:10 PM14/10/2013 2:04:10 PM

Page 97: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Akerlof, G. and Shiller, R. (2009) Animal Spirits - How Human Psychology Drives the Economy and Why it Matters For Global Capitalism, Princenton University Press.

Alesina, A., Favero, C. and Giavazzi, F. (2012) “The output effect of fi scal consolidations”, August 2012 (трудот е дел од Growth and Sustanaibility Policies for Europe (Grasp project (#244725) funded by the European Commisssion’s 7th Framwework Prgramme).

Andersen, C. (2011): “Rethinking Economics in a Changed World”, Interview with Robert Solow, Michael Spence and Joseph Stiglitz”, Finance and Development, June 2011.

Begg, D.,Fischer, S. and Dornbusch R. (1999) Macroeconomie, 2 ed. Ediscience International, Paris.

Benasii, C.,Chirco, A. and Colombo, C. (1994): The New Keynesian Economics, Blackwell Oxford UK & Cambridge USA.

Bernanke, B. (March 2, 2004)”Money, Gold, and the Great Depression”, www. federalreserve.gov

Blanchard, O., Cohen, D.: (2004). Macroéconomie, Pearson Education, France.Blanchard, O. ,(2004): “The Economic Future of Europe”, The Journal of Economic

Perspectives, American Economic Association, Volume 18, Number 4, Fall 2004.Blanchard, O., Dell’Ariccia, G., and Mauro, P. (2010) “ Rethinking Macroeconomic Policy”,

International Monetary Fund, February 12, 2010, SPN/10/03.Blanchard, O. (2011): “ The future of macroeconomic policy: nine tentative conclusions”, VOX,

23 March 2011, http://www.org/article.Brennan, G. & Buchanan, J. (1980). The Power to Tax, Cambridge University Press,

Cambridge, London, NewYork, New Rochelle, Melbourne, Sydney.Buchanan, J. (1968). The Demand and Supply of Public Goods, Rand McNally, Chicago.Buchanan, J. (august1997). “The Fiscal Crises in Welfare Democracies with Some Implication

for Public Investment”, paper presented at the IIPF Congress, Kyoto, Japan.Chatterjee, S. (1999). “La theorie des cycles réels ou la fi n des politiques économiques”,

Problèmes économiques, No 2625, Paris.

nova 2013 fiti 2.indd 97nova 2013 fiti 2.indd 97 14/10/2013 2:04:10 PM14/10/2013 2:04:10 PM

Page 98: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

98

Chari, V. V. and Kehoe, P. (2006) “Modern Macroeconomics in Practise: How Theory is Shaping Policy”, Journal of Economic Perspectives –Volume 20, Number 4.

Colander, D. ( 1993) Economics, Irwin, Boston.Colander, D.”New Keynesian Econonomic in Perspective”, http:community.middelbyry.edu/-

colander/articles/...Cottarelli ,Carlo: (2012) “Age of Austerity”, Finance and development, June 2012.DeLong, B. and Plosser, I. (1983) “Real Business Cycles”, Journal of Political Economy,

February, 2012.DeLong, B. (1999) “Intoduction to the Symposium on Business Cycles”, Journal of Economic

Perspectives – Volume 13, No 2 – Spring 1999.DeLong, B. (2000) “The Triumph of Monetarism?”, Journal of Economic Perspectives – Volume

14, No 1 – Winter 2000.DeLong, B., Olney, M. (2009) Macroeconomics, Second Edition, Mc Graw-Hill, International

Edition.Dimsky Gary (2011) “Limits of Policy Intervetion in a World of neoliberal Mechanism Designs:

Paradoxes of the Global Crisis” Panoeconomicus, No 3/2011, Novi Sad.Фити, Т. Филиповски, В. (2008) Нобеловци по економија, 1969–2008, (2008), (Фити, Т. –

редактор), Економски факултет – Скопје.Фити Т. (2001) Современите макроекономски концепции и економските политики, Еко-

номски факултет - Скопје.Фити, Т. Филиповски, В. (2008) „Франко Модилјани“, во Нобеловци по економија, 1969–

2008, (2008), (Фити, Т. – редактор), Економски факултет – Скопје.Фити, Т. (2009) Феноменологија на економските кризи – современите бизнис-циклуси и

антицикличните политики, Економски факултет – Скопје.Фити, Т. (2011) Кејнзијанската економска филозофија – од Кејнз до денешни дни, изд.

МАНУ и Економски факултет, Скопје.Фити, Т., Филиповски, В., Богоев, Ј. и Трпески, П. (2013) Потенцијалниот бруто-до-

машен производ и природната стапка на невработеност во Република Македонија, МАНУ – Центар за стратегиски истражувања, Скопје.

Fischer, S. (1997) “Entretien avec Stanley Fisher” во Snowdon,Vane and Wynarczyk, La pensée économique moderne, Ediscience international, Paris.

Franc, R., Bernanke, B. (2009) Principe d’économie, 4e édition, Economica, Paris.Fontana, G. (May 2009): “Whither New Consensus Macroeconomics? The Role of Government

and Fiscal Policy in Modern Macroeconomics”, Working Paper N0 563, The Levy Economics Institute of of Bard Colege.

Freidman, M. (1968) “The Role of Monetary Policy”, American Economic Review, Marte.Friedman, M. (1975) “Monetarizam da” Paul Samuelson ed., Ekonomska citanka, Nakladni

zavod, Zagreb (reprint).Friedman, M. (1997) “Entretien avec Milton Fridman”, вo Snowdon, B., Vane, H., Wynarczyk,

P. (1997) La pensée économique moderne, Ediscience international, Paris.

nova 2013 fiti 2.indd 98nova 2013 fiti 2.indd 98 14/10/2013 2:04:10 PM14/10/2013 2:04:10 PM

Page 99: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРАКОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 9999

Friedman (2002) Capitalism and freedom, The University of Chicago Press, Chicago and London.

Friedman, М. (2005) “A Natural Experiment in Monetary Policy Covering Three Episodes of Growth and Decline in the Economy and Stock Market”, Journal of Economic Perspectives –Volume 19, Number 4 – Fall 2005 – Pages 145–150.

Goodfriend, M. (2007) “How the World Achieved Consensus on Monetary Policy” Journal of Economic Perspectives –Volume 21, Number 4.

Gordon, R. (2003) Macroeconomics, Ninth Edition, Pearson Education, Inc.Hansen, A. (1953) A Guide to Keynes, Mc Graw – Hill Book Company, Inc. Hazlitt, H. (1975) “Keynesijanske i druge danasnje hereze”, вo: Samuelson. P. Ekonomska

čitanka, izd. Nakladni zavod Matice Hrvatske, Zagreb.Harris, S. (1953) Foreword in Alvin Hansen A Guide to Keynes, McGraw – Hill Book Company,

Inc. IMF (2009) World Economic Outlook (WEO): Crises and Recovery, April 2009.IMF (2011): Fiscal Monitoring – Shiffting Gears, Tackiling Challenges on the Roads to Fiscal

Adjustment, April 2011.Ilzetski, E.,Mendoza, E., and Vegh, C. (2012) How Big (Small?) Are Fiscal Multipliers?,

National Bureau of Economic Research, Working Paper 16479 – ревидирана верзија.Keynes, J. M., (1997) The General Theory of Employment, Interest and Money, Prometheus

Books, New York.Kotlikoff, L. (2010) “A Hidden Fiscal Crisis”, Finance and Development, IMF, September 2010.Krugman, P. (2009) The Return of Depression Economics, and the crisis of 2008, Norton &

Company, Inc., New York - London. Krugman, P. (2010) “This is Not a Recovery”, New York Times, August 26.Kydland, E. and Prescott, C. (1982) “Time to Build and Aggregate Fluctuations”, Econometrica,

November.Leijonhufvud, A. (2004) “Celebrating Ned”, Journal of Economic Literature, Volume XLII,

Number 3, 2004.Leijonhufvud, A. (2008) “Keynes and the Crisis”, Policy Insight, No 23/ 2008, CEPR.Lukas, R. and Sargent, T. (1981) Rational Expectations and Econometric Practice, Edited by:

R. Lukas and T. Sargent, George Allen & Unwin.Lukas, R. and Sargent, T. (1981) “After Keynesian Macroeconomics”, Rational Expectations

and Econometric Practice, Edited by: R. Lukas and T. Sargent, George Allen & Unwin.Lucas R. (1994) “Review of Milton Fridman and Anna J. Schwartz’s - A Monetary History of the

United States,1876–1960“, Journal of Monetary Economics, No. 34.Lukas, R. (1997) “Entretien avec Robert Lucas“, Jr, Snowdon,Vane and Wynarczyk, La pensée

économique moderne, Ediscience international, Paris.Lucas, R. (2009) “In defence of the dismal science”, The Economist, Aug 6th 2009.Lucas, R. (2011) “Chicago Economics on Trial”, Interview with Robert Lucas, http://www.

online.wsj.com/article.

nova 2013 fiti 2.indd 99nova 2013 fiti 2.indd 99 14/10/2013 2:04:10 PM14/10/2013 2:04:10 PM

Page 100: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

100

Mankiw, G. (1989)”Real Business Cycles: A New Keynesian Perspective”, The Journal of Economic Perspectives – Volume 3, Number 3, (Summer, 1989).

Mankiw, G. (1997) “Entretien avec Gregory Mankiw”, вo Snowdon,Vane and Wynarczyk, (1997) La pensée économique moderne, Ediscience international, Paris.

Mankiw, G. (1998) “La réincreation du keynesianisme“, Abraham – Frois, G., Larbre, F. (1998) La Macroéconomie après Lucas (Textes choisis), Economica, Paris.

Mankiw, G. (1999) Macroéconomie, 3e ed. De Boeck Université, Paris-Bruxelles.Mankiw, G. (2000) Macroeconomics, Fourth edition, Worth Publishers, New York.Mankiw, G. (2003) Macreoeconomics, Fifth Edition, Worth Publishers, New York.Mankiw, G. (2004) Principles of Microeconomics, Third Edition, Thomson.Mankiw, G. (2005) A Letter to Ben Bernanke, http://scholar. Harvard. Edu/mankiw publications. Mankiw, G. (2006) “The Macroeconomist as Scientist and Engineer”, The Journal of Economic

Perspectives – Volume 20, Number 4 –Fall.Mankiw, G. (2010) Macroeconomics, Worth Publishers, New York.Marseille, J. (1994) “La crise économique est -elle cyclique?”, Problèmes économiques”, No.

2389.Marcel, B., Taieb, J. (2008) Les grandes crises - 1873–1929–1973, 8 ème edition, Armand

Colin, Paris.McKenna, E., Zannoni, D. (1999) “Neoclassical Synthesis (Bastard Keynesianism)”, in An

Enciklopedia of Keynesian Economics, Cate, T. (Ed), Edward Elgar Publishing, Inc. Miller, Le Roy, R. (2012) Economics Today, Addison–Wesley–Pearson.Minford, P. (1992). Rational Expectations Macroeconomics – An Introductory Hondbook,

Blackwell, Oxford, UK & Cambridge, USA.Mishkin, F. (2012) Macroeconomics – Polisy and Practice, Addison–Wesley–Pearson.Muth, J. (1961) “Rational Expectations and the Theory of Price Movements”, Rational

Expectatins and Econometric Practice, Edited by Robert Lucas and Thomas Sargent, George Allen & Unwin, 1981

Parkin, M. (2012) Macroeconomics, Addison–Wesley–Pearson.Phelps, E. (1997) “Entretien avec Edmund Phelps”, Snowdon,Vane and Wynarczyk, (1997) La

pensée économique moderne, Ediscience international, Paris. Phelps, E. (1969) “Nouvelle microéconomie de l’infl ation et de la theorie de l’emploi” во

Abraham – Frois, G., Larbre, F. (1998) La Macroéconomie après Lucas (Textes choisis), Economica, Paris.

Phelps, E. (2006) Seven Schools of Macroeconomic Thought, Clarendon Press – Oxford.Phillips, A. (1998) “La relation entre chomage et taux de variation des salaires nominaux

au Royaume - Uni entre 1861 et 1957”, Abraham – Frois, G., Larbre, F. (1998) La Macroéconomie après Lucas (Textes choisis), Economica, Paris.

Plosser, Ch. (1997): “Entretien avec Charles Plosser“, Snowdon, Vane and Wynarczyk, (1997) La pensée économique moderne, Ediscience international, Paris.

nova 2013 fiti 2.indd 100nova 2013 fiti 2.indd 100 14/10/2013 2:04:11 PM14/10/2013 2:04:11 PM

Page 101: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРАКОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 101101

Prescott, E. (Interview) (2005) in Snowdon, B. and Vane, H. (2005) Modern Macroeconomics - Its origins, Development and Current State, Edward Elgar, Cheltenham, UK - Northampton MA, USA.

Romer, C. and Romer David (2010) “The Macroeconomic Effects of Tax Changes: Estimates Based on a New Measure of Fiscal Shocks”, The American Economic Review, Vol. 100, No. 3, June 2010.

Romer, D. (2013): “Preventing the next catastrophe: Where do we stand?”, VOX, 9 May 2013.Sargent, T. and Wallece, N. (1976) “Rational Expectations and Theory of Economic Policy“,

Journal of Monetary Economics, April.Sargent, T. (August 2010): Interview with Thomas sargent, in Mineapolis Fed, http://www.

reason.com/archives/2011/10/10/a-nobel-for-thomas-sargent.Samuelson, P. and Nordhaus, W. (2005) Economics, Eighteenth Edition, McGraw-Hill

International Edition. Schaechter, A., Kinda, T., Budina, N. and Weber, A. (2012) Fiscal Rules in Response to the

Crises - Toward the “Next - Generation” Rules. A New Dataset, IMF Working paper, July 2012.

Samuelson, P. (2009) “Oporavak tek 2012”, NIN, 12 mart.Skidelsky, R. (1997). “Entretien avec Robert Skidelsky” вo Snowdon,Vane and Wynarczyk

(1997) La pensée économique moderne, Ediscience international, Paris.Snowdon, B., Vane, H., Wynarczyk, P. (1997) La pensée économique moderne, Ediscience

international, Paris.Snowdon, B. and Vane, H. (2005) Modern Macroeconomics – Its origins, Development and

Current State, Edward Elgar, Cheltenham, UK - Northampton MA, USA.Solow, R. (2000) “Toward a Macroeconomics of the Medium Run”, Journal of Economic

Perspectives – Volume 14, No 1 – Winter 2000.Spilimbergo, А., Symansky, S., Blanchard, O. and Cotarelli, C. (2008) C: Fiscal Policy for the

Crisis, IMF, Decembar 29, 2008 SPN/08/01. Stiglitz, J. (2003) The Roaring Nineties – Seeds of Destruction, Allen Lane, London.Stiglitz, J. (2010) “Fiscal conservatism may be good fore one nation, but threatens collective

disaster”, The Iindependent, Tuesday, 15 June 2010.Taylor J. (2000) “Reassessing Discretionary Fiscal Policy”, Journal of Economic Perspectives

– Volume 14, No 3 – Summer 2000.The Royal Swedish Academy of Sciences, 1996, 8 OctoberThe Royal Swedish Academy of Sciences, 9 October 2006 “Edmund Phelps’s Contributions to

Macroeconomics” – Advanced information on Severiges Riksbank in Economic Sciences in Memory of Alferd Nobel

Thornton, D. (2009) “How Would Modern Macroeconomics Schools of Thought Respond to the Recent Economic Crisis”, The Libero 8, Economic Information Newsletter, November 2008.

Tobin, J. (1997) “Entretien avec Jemes Tobin” во Snowdon, Vane et Wynarczyk, La pensée économique moderne, Ediscience international, Paris

nova 2013 fiti 2.indd 101nova 2013 fiti 2.indd 101 14/10/2013 2:04:11 PM14/10/2013 2:04:11 PM

Page 102: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

ТАКИ ФИТИ • МАКРОЕКОНОМИЈАТА ДЕНЕСКАДЕ Е И КАДЕ ОДИ МОДЕРНАТА МАЈРОЕКОНОМСКА НАУКА?

102

Tobin, J. (1998) “Ein Schlimmes Beispiel”, Die Zeit, No 23, превод на француски, во Problèmes économiques, No 2578, 1998.

Trpeski, LJ., Jankoski, B., and Kondratenko, V. (2013) World Economic Crisis and Operational Effi ciency of Central Banks, The Case of Macedonia, Lambert Academic Publishing.

Woodford, M. (2009) “Convergence in Macroeconomics: Elements of the New Syntesis”, American Economic Journal Macroeconomics, Volume 1, Number 1, January 2009.

Uhlig, H. (2010) “Undesrstanding The Impact of Fiscal Policy: Some Fiscal Calculus”, The American Economic Review, Vol. 100, No. 2, May 2010.

nova 2013 fiti 2.indd 102nova 2013 fiti 2.indd 102 14/10/2013 2:04:11 PM14/10/2013 2:04:11 PM

Page 103: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

nova 2013 fiti 2.indd 103nova 2013 fiti 2.indd 103 14/10/2013 2:04:11 PM14/10/2013 2:04:11 PM

Page 104: nova 2013 fiti 2 - Macedonian Academy of Sciences …manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/MAKROEKONOMIJATA...МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

nova 2013 fiti 2.indd 104nova 2013 fiti 2.indd 104 14/10/2013 2:04:11 PM14/10/2013 2:04:11 PM