konstantin miladinov

16
-Вовед: Во европскиот културен круг интересот кон народното творештво го раскрилува романтизмот.Во текот на првата половина на деветнаесетиот век,кај србите низ примерот на Вук Караџиќ,имаме демонстрација на прерпдбенски акции од поширок замав:се собираат драгоценостите на усното книжевно наследство,се вложуваат напори да се разгатне минатото,да се обнови традицијата.Резултатите на таквата мудра и видовита акција се ефектни и ефикасни,закрепнува народносната свест,културното рамниште на националниот колектив се извишува на повисок степен,културната комуникација во светот се зголемува.Очевидно,пред македонската културна јавност,уште во текот на првата половина на деветнаесетиот век,а особено кон средината на векот таков интерес е присутен.Бројката на луѓето коишто се зафатиле со собирачка акција во областа на фолклорот не е мала.Во прв ред,тоа се профили на македонските преродбеници,кои собираат и проучуваат народни умотворби од прва рака,како добри познавачи на својот народ се:Димитрија и Константин Миладинови,Рајко Жинзифов,Партенија Зогравски,Кузман Шапкарев,Марко Цепенков и др.Зборникот на Миладиновци,насловен како “Б’лгарски народни песни” излегува од печат во Загреб,во текот на јуни 1861 година.Зборникот од македонски народни и бугарски песни на браќата Миладиновци е и книга што уште веднаш по нејзиното излегување ќе биде наречена неспоредлива драгоценост и жива органска врска со

Transcript of konstantin miladinov

Page 1: konstantin miladinov

-Вовед:

Во европскиот културен круг интересот кон народното творештво го раскрилува

романтизмот.Во текот на првата половина на деветнаесетиот век,кај србите низ

примерот на Вук Караџиќ,имаме демонстрација на прерпдбенски акции од

поширок замав:се собираат драгоценостите на усното книжевно наследство,се

вложуваат напори да се разгатне минатото,да се обнови традицијата.Резултатите на

таквата мудра и видовита акција се ефектни и ефикасни,закрепнува народносната

свест,културното рамниште на националниот колектив се извишува на повисок

степен,културната комуникација во светот се зголемува.Очевидно,пред

македонската културна јавност,уште во текот на првата половина на

деветнаесетиот век,а особено кон средината на векот таков интерес е

присутен.Бројката на луѓето коишто се зафатиле со собирачка акција во областа на

фолклорот не е мала.Во прв ред,тоа се профили на македонските преродбеници,кои

собираат и проучуваат народни умотворби од прва рака,како добри познавачи на

својот народ се:Димитрија и Константин Миладинови,Рајко Жинзифов,Партенија

Зогравски,Кузман Шапкарев,Марко Цепенков и др.Зборникот на

Миладиновци,насловен како “Б’лгарски народни песни” излегува од печат во

Загреб,во текот на јуни 1861 година.Зборникот од македонски народни и бугарски

песни на браќата Миладиновци е и книга што уште веднаш по нејзиното

излегување ќе биде наречена неспоредлива драгоценост и жива органска врска со

уметничката литература:книга од која може да се учи народниот јазик,неговата

историја и неговиот дух.

Година 1830,која што најчесто се зема за година кога е роден,во Струга,како

посмртче,најмладиот син на ученољубивиот струшки грнчар Ристе Миладин,е

година исполнета со големи движења на разни воени единици,исполнета со немири

и борби во целата турска империја,а доколку нас тоа директно не интересира

особено во охридскиот вилает,во граничните области меѓу Македонија и

Албанија.Целата деценија пред тоа,со избувнувањето на Грчкото востание,беше

исполнета со немири,борби,уништувања на цели населби,градови и

села.Документите што не го сликаат ова време се полни со тажни извици за

тешката положба на македонскиот народ,за насилствата и намерите што му се

Page 2: konstantin miladinov

натураа од страна на разни локални господари,од одделни воени

команданти.Ваквите тешкотии го следеа народот во Македонија во текот на

детските години на идниот наш поет.Како тригодишно дете тој можел да го гледа

оганот што го проголтаа богатите сараи на Џеладин-бег во Охрид.Како четири-

петгодишно дете тој можел да им се чуди на до заби вооружените дебрани што беа

кинисале,а во 1835 година,да го пленат Охрид,па бидејќи сетија дека во својот

пљачкашќи напад нема да успеат,се вратија назад во Дебар.Во вакви не многу

мирни и среќни години минало најраното детство на Константин Миладинов.

-Кратка белешка за животот и делото на Константин Миладинов:

Роден е во Струга во 1830 година.Потекнува од сиромашно занаетчиско

семејство.Татко му бил грнчар,набожен човек,кој сакал еден ден да ѓи протолкува

христијанските чуда.Мајка му,изворно надарена интерпретаторка на македонски

народни песни,љубовта кон фолклорот му ја пренела нему.Елементарната

писменост и образование стекнува од постариот брат Димитар,кога бил во Струга и

Охрид (1836-1839).Школувањето го продолжува со финансиска помош од Димитар

во позната гимназија во Јанина.Извесно време работел како учител во с.Трново

Битолско.Во 1849 година се запишал како студент по грчка филологија на

Филозофскиот факултет при Атинскиот универзитет.На пат од Атина за Струга

престојувал во Зографскиот манастир на св.Гора,каде што се сретнал со Партениј

Зографски,кој му суѓерирал да го продолжи образованието во Русија.По враќањето

во Македонија,кусо време работел како учител во битолското село Мариово,а во

1856 година заминал на студии по словенска филологија во Москва,со надеж дека

покрај стекнувањето на солидно образование,ќе успее да го отпечати”Зборникот на

македонски народни умотворби”.Руската културна јавност била”индеферентна кон

молбите на Константин Миладинов за печатење на зборникот”.Разочаран од

неостварените идеали,физичќи со нарушено здравје,тој ја напуштил Русија.На пат

кон татковината,извесно време престојувал во Загреб и Гаково,каде што се сретнал

со покровителот на словенската култура и просвета,хрватскиот бискуп Јосип Јурај

Штросмаер,со чија финансиска помош го испечатил зборникот.Во меѓувреме

дознал за затворањето на брат му во злогласниот царигратски затвор.Се упатил кон

Page 3: konstantin miladinov

Цариград со цел да го ослободи.Се разболел од туберколоза и бил пратен на лечење

во затворската болница,каде што по кратко боледување починал во 1862 година.

-За поетскиот гениј на Константин Миладинов:

Негово прво и единствено дело е предговор на Зборникот кое што претставува прв

систематски и научно заснован преглед на македонската народна

литература.Зборникот во себе содржи песни и тој е испечатен во периодот(1856-

1861).Исто така тој има преводи од руски на македонски јазик,како што е

Православните црковни братства ви југозападна Русија.Собирањето,редактирањето

и објавувањето на зборникот го смета за своја животна мисија.Усното народно

творештво е синоним на целокупното духовно творештво на македонскиот

народ.Тоа е романтичарска идеја која укажува на народното творештво како

показател на целокупниот народен живот при што помеѓу творештвото и животот

се става знак еднакво.Ја афирмира бивалентната естетика убавото-грдото.”Народот

наш в најголемата простота развил”…го препознаваме поетското одушевување од

природата карактеристично за сентиментализмот и пред романтизмот.Најважни од

сите се следниве три естетски категории:убавината,сугестивноста(изразноста) и

емоционалноста.Миладинов највеќе го интересирала автентичноста на поетскиот

израз,т.е интерференцијата на влијанијата и традицијата.Константин Миладинов

внесува интимни мотиви и свежи лирсќи тонови во македонската поезија.Неговото

емотивно сфаќање на поетскиот чин како говор на срцето,го открива сензибилното

чувствување на нештата и во тоа е неговата автентичност и неотминлива поетска

вредност.Додека го редактира зборникот во Русија тој бил постојано поетски

настроен под влијание на маѓичната моќ на народната поезија.Мотивска

класификација има во песните:”Голапче”, “Бисера” и “Т’га за југ”.Во песната

“Голапче”-ритамот од народната поезија е сублимиран во интимата и нежноста на

поетот.Напишана во стил на поетски наивизам,таа е израз на нежност,сензибилитет

на лирското јас во еден вдахномен поетски миг.Песната има длабока симболика

која се поврзува со многубројните креации на гулабот од Библијата,фреска до

модерното сликарство.Птицата е симбол на душевност,питомост,нежност.

-Љубовни:”Думание”,”На чушина”,”Голапче” и “Бисера”.

Page 4: konstantin miladinov

-“Желание”-љубовен копнеж по саканата,но истовремено и страв од нејзиното

доаѓање.Се отсликува суптилната,срамежлива природа на лирското јас,кој тихите

мечтаења во еден миг ѓи доведува на песната со најсепосредна искреност.

-социјални:”Сираче”

-рефлексивни:”Клетва”, “На с’нцето”

-”Клетва”-песната е поетска анатема.Секој стих наликува на народните клетви,а

сите стихови го градат рефлексивниот мотив на глобално ниво.Лирското јас е

огорчено од животот и изрекува тешжи клетви преку кои се открива неговиот

етички лик,љубовта кон правдината и вистината како негов животен и поетски

став.

-“На с’нцето”-песна што е исполнета со меланхолија, “темен и печелен” му се

обраќа на сонцето.Барањето на сонцето станува негова опсесија со која ја

прогонува студената сенка на душата.постојано мечтаејќи по животворната

топлина и светлина.Според мотивот песните на Миладинов се поделени и на:

-пејзажни: ”Шупелка”,”Скрсти”

-хумористични:”Еѓуптин делиа”

-митолошки:”Побратимство”, “Скрсти”

”Побратимство”-средба на лирското јас со самовила,варијанта на народна песна со

истите мистични и ирационални симболи низ кои побратимството со самовилата се

самооживува со чувство на судбина.

”Побратимство” модерна психолошка наука дава толкување дека оној што гледа

привиденија е плен на нимфолептичен ентузијазам.Од тој агол гледано песната има

лично доживување на превидение.Поетот слика имагинарна средба на психата со

самовила во таинствена атмосвера.А во модерната психоанализа се толкува како

проекција на личност со скриени амбиции за еротски,етички или воени

подвизи.Тие подвизи се:напор за печатење на Зборникот и жеелбата да го ослободи

брата си од цариградските зандани.

-политички ангажирани:”Грк владика на Б’лгарите”

-родољубиви:”Т’га за југ”

Page 5: konstantin miladinov

Сите овие (филозофските,етичките и естетските) определби ѓи формирал по

различни културни модели(македонски,грчки,руски,хрбатски) и со тоа го

поврзуваме со европската теорија на романтизмот.

На почетокот во песната ”Голапче” поетот се самообвинува дека можеби не го

погалил,односно не и обрнал доволно внимание на девојката-гулапчето,па затоа е

налутено:

“Голапче мало хубаво,голапче златокрилесто,

Кога ти дојде при мене?И кога в часот побегна?-

Ушче ја глас ти не слушнаф,ушче ти харно не видоф,

Дан ми се,мило,наљути?Дан ми се,добро насрди!

Зашч не ти хубост пофалиф,зашч не ти крилја помазниф?...”

Во продолжение го моли да дојде,да се врати,за на крајот да се заколне на вечна

верност:

“Ја ќе те чува секога,мое ми мило,в пазува”

“Бисера”- е чиста варијанта на истоимената народна песна со ист мотив,опис на

убавината на девојката,украсена со бисери.Искажана е искрената и чиста љубов

што поетот ја чувствува кон момата Бисера.Оваа песна е напишана додека тој

престојува во Москва и го фаќа носталгија за момата Бисера.

“Бисеро моме,Бисеро,

Шчо носиш бисер на грло?

Твоето грло хубаво

И од дробнаго бисера

Хилјада п’ти побело...”

Ја истакнува нејзината убавина,велејќи дека нејзиното грло е поубаво од бисерите

што ѓи носи.Потоа ја искажува неговата намера:

“Ја нејќу бисер да баца

Тук сака твоето грло.”

На крај ја искажува чистата љубов кон неа,а не кон материјалните нешта:

“За кого готвиш дарои?

Ја дарој бисер не сака

Page 6: konstantin miladinov

Тук сака мома Бисера.”

Во песната ”Т’га за југ” Константин Миладинов дава прекрасна слика за својата

душевна состојба за московското поднебје и за својата татковина.

“Орелски крилја как да си метнех,

И в наши с’трни да си прелетнех!

На наши места ја да си идам,

да видам Стамбол,Кукуш да видам.

Да видам дали с’нце и тамо

мрачно угревјат,како и вамо.

Ако како овде с’нце м’сретит,

ако пак мрачно с’нцето светит,

на п’т далечен ја ќе се стегнам,

и в друѓи ст’рни ќе си побегнам.

К’де с’нцето светло угревјат,

к’де небото ѕвезди посевјат.

Носталгијата по родниот крај ”Т’га за југ” добива најсилен поетски израз.Нежен

разочаран,тој одеднаш е понесен од силна желба да добие “орелски крилја” и да

прелета во “наши страни”.Копнежот е силен поради суровата клима во Москва на

која не можел да се адаптира.Потоа следува опевање на роднокрајниот

пејзаш,исполнет со светли тонови и желба да умре дома,која за жал не му се

остварила.Лирското јас искажува скептицизам:ако сонцето не грее,ќе ја напушти

татковината и ќе си замине.Тоа е комплексна метафора-барање на

сонцето,светлината,топлината,што ќе ја грее душата.

“Овде е мрачно,и мрак м’обвива,

и темна м’гла земја покрива,

мразој и снегој и пепелници,

силни ветришта и виулици,

околу м’гли и мразој земни,

а в гради студој и мисли темни.”

Page 7: konstantin miladinov

Универзална симболика:копнеж уште од древните химни на сонцето по топлина и

светлина.Израз на исконски човечки импулс.Општочовечка лирска слика што го

опфаќа и метафизичкиот круг дека секое тргнување е проследено и со мисла за

враќање.

Оставајќи слика на македонската земја е обземен од меланхолија и цврста

исправеност пред светот.Ѓи оттрга завесите од своето срце и ѓи изложува сите

чувства што дотогаш жареле некаде сокриени во најдлабокиот заборав.Го

распламтува огнот на љубовта кон татковината и го насликува пејзажот на

мозаичноста на се што живее во неговата душа:

“Таму зората греит душата,

И с’нце светло зајдвит в гората;

Тамо дарбите природна сила

Со сата раскош ѓи растурила:

Бистро езеро гледаш белеит,

Или од ветар сино темнеит;

Поле погледниш,или планина,

Сегде,божева је хубавина...”

Се е така топло и хранливо за неговата психа па затоа ја оживотворува секоја слика

во нас.Се редат како спектари од бои кои бавно,но сигурно клизаат до лузните на

минатото.Во нас ја буди искрата на патриотизмот и не обединува во една

прекрасно обесмислена целина.Завршува со:

“Тамо по срце,в кавал да свирам,

с’нце да зајдвит,ја да умирам.”

Во песната ”Т’га за југ” разликуваме три вида поетски слики:

-Детаљ:кога се слика посебен дел со кој се предаваат нијанси на светот што не

опкружува.Во ”Т’га за југ”,сликовит детаљ претставуваат стиховите:”Бистро езеро

гледаш белеит,или од ветар сино темнеит” или “поле погледниш или планина сегде

Page 8: konstantin miladinov

божева је хубавина”.Речиси сите китературни творби се проткаени со сликовити

детали.

-Фрагмент:-претставува еден оттргнат,завршен или незавршен дел од литературна

творба,што е во врска со основната тема.Во ”Т’га за југ” сликовити фрагменти

претставуваат:желбата да се има орелски крилја,желбата да се види

татковината,желбата да се свири на кавал.

-Општа слика:-претставува целосниот впечаток што го остава една литературна

творба.Таа ѓи обединува во еден целосен впечаток сите детали и фрагменти.Таква

слика добиваме од ”Т’га за југ” :душевната состојба на поетот,желбата да ја

напушти туѓината и да се врати во својата убава татковина.Од поетската слика во

литературната творба произлегува и расположбата на поетот,која може да биде

весела или тажна.Мошне убава е поетската слика на зимскиот пејзаж во третата

строфа од ”Т’га за југ”.Пред нашите очи се јавува зимата со

мразеви,магла,ветер,виулици.Сликата е дадена во темни бои,односно расположбата

на поетот е тажна,невесела.Во четвртата строфа авторот веќе дава конкретна

поетска слика на пролетен пејзаж:сонце,зеленило и сл.Оваа слика е дадена со

светли бои и расположбата на поетот е весела.

-Обем:-по обем лирската творба е мала,кратка,во споредба со епската и драмската

творба,бидејќи поетот ја создал кога неговото чувство(расположба) било најсилно

и се стремел за тоа чувство да ја изрази во стегнат стил.

-Структура на песната:

-6 строфи

-4 шестерци

-1 седмерец

-1 дистих.

Page 9: konstantin miladinov

-Заклучок:

Во лицето на авторот на знаменитата поетска објава”Т’га за југ” го препознаваме

почетокот на новата македонска поезија.Тој е наречен

зачетник,родоначалник,основоположник,затемелувач,на новото траење на

македонската поетска уметност.Тој воопшто е алфа,тој е првата буква на нашиот

културен новозбор,бликнат небаре крик на новороденче среде глувотија на долгата

и безгласна ноќ на нашата грда и надолжена културна пасивност.Тој е белата мугра

на нашето поетско разденување.Така е сфатен овој свет,чија појава е датум на

нашата нова литература.Иако прашањето за создавање на единствен литературен

јазик ќе се постави дури по неговата смрт,тој со своето книжевно дело активно го

подготвува и најавува овој историски чин.Поетскиот пример на Константин

Миладинов,кристално јасен и чист,покажува дека треба да се пее како што учи

срцето,како што бијат дамарите на душата-да се пее како што пее народот.

Page 10: konstantin miladinov

-Користена литература:

-критика од Димитар Митрев

-македонска поезија деветнаесети век од Раде Силјан,македонска книга Скопје

1989 година

-македонски јазик и литература за трета година за реформираното гимназиско

образование од:

-Стојка Бојковска

-Лилјана Минова-Ѓуркова

-Димитар Пандев

-Живко Цветковски

-Гане Тодоровски

-Наташа Аврамовска

Page 11: konstantin miladinov

СОУ ”Коста Сусинов” – Радовиш

Проектна задача по:

македонски јазик

ментор: изработил-а:

проф:Виолета Станковиќ Катерина Мазнева IV

март-2009