Konsalting stiudija (1)

49
IPA Cross-Border Programme, CCI Number 2007CB16IPO007 The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 1 Проект “ Форми на соработка меѓу занаетчиите и мали и средни претпријатија за заедничко учество во локалните културни и економски случувања во општините Ќустендил, Струмица и Крива Паланка “ Ref.No 2007CB16IPO007-2011-2-107 СТУДИЈА за економските трендови во општината Струмица што можат да се искористат за меѓуграничната соработка Фондација за развој на мали и средни претпријатија - Струмица Струмица Август 2013 "This publication has been produced with the assistance of the European Union through the Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia IPA Cross-border Programme. The contents of this publication are the sole responsibility of Jadranka Arizankovska/ Fondacija za mali i sredni pretprijatija-Strumica and can in no way be taken to reflect the views of the European Union or the Managing Authority of the Programme“

Transcript of Konsalting stiudija (1)

Page 1: Konsalting stiudija (1)

IPA Cross-Border Programme, CCI Number 2007CB16IPO007

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 1

Проект “ Форми на соработка меѓу занаетчиите и мали и средни претпријатија за заедничко учество во локалните културни и економски случувања во општините Ќустендил, Струмица и Крива Паланка “ Ref.No 2007CB16IPO007-2011-2-107

СТУДИЈА за економските трендови во општината Струмица што можат да

се искористат за меѓуграничната соработка

Фондација за развој на мали и средни претпријатија - Струмица

Струмица Август 2013

"This publication has been produced with the assistance of the European Union through the Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia IPA Cross-border Programme. The contents of this publication are the sole responsibility of Jadranka Arizankovska/ Fondacija za mali i sredni pretprijatija-Strumica and can in no way be taken to reflect the views of the European Union or the Managing Authority of the Programme“

Page 2: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 2

С О Д Р Ж И Н А

ПРЕДГОВОР 4

ВОВЕД 4

Извршно резиме 5

1. АНАЛИЗА НА ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА ВО ОПШТИНАТА СТРУМИЦА 8

1.1. Локација 8

1.2. Население 9

1.3. Економска состојба 9

1.4. Вработување 12

1.5. Невработеност 15

1.6. Образование 16

1.7. Рурален развој 16

1.8. Струмички микро регион- општиниите Струмица, Ново село, Василево и Босилево 17

1.9. Туристи 19

2. АКТИВНОСТИ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ОПШТИНАТА СТРУМИЦА ЗА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ 24

2.1. Стратешки документи 24

2.2. Годишни активности 29

2.3. Листа на настани 37

3. ФОРМИ НА ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЗАНАЕТЧИИТЕ И МСП 41

3.1. Техничка поддршка 41

3.2. Финансиска поддршка 44

4. ПРЕПОРАКИ 46

4.1. За развој на туризмот 46

4.2. Развој на претприемништвото и МСП 46

Page 3: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 3

4.3. Предлози за поддршка на занаетчиите и МСП 47

Табели

Табела 1 Вкупен број на жители по години ....................................................................... 9

Табела 2 Население според пол и возраст ........................................................................ 9

Табела 3 БДП во Југоисточниoт регион ......................................................................... 10

Табела 4 Учество на Инвестициите во БДП .................................................................... 10

Табела 5 Југо Источен регион-Инвестиции во основни средства ................................. 10

Табела 6 Учество на Инвестициите во додадената вредност, по дејности .................. 10

Табела 7 Активни субјекти според нивната големина ................................................... 11

Табела 8 Активни субјекти спроед дејноста ................................................................... 11

Табела 9 Вработени лица според видот на работен однос ............................................ 13

Табела 10 Активни субјекти со вработени лица ............................................................. 13

Табела 11 Број на туристи во општината Струмица во 2011,2012 и првите 6 месеци во 2013 ........................................................................................................................................ 19

Табела 12 Број на ноќевања во општината Струмица во 2011,2012 и првите 6 месеци во 2013 ................................................................................................................................... 20

Табела 13 Броја на ноќевања на туристите во општина Струмица во 2011,2012 и првите 6 месеци од 2013 год ............................................................................................... 20

Табела 14 Процена на потрошувачката по категорија на пторошувачи........................ 20

Табела 15 Понуда на туристички капацити во општината Струмица, според пописот во 2008 година ...................................................................................................................... 21

Табела 16 Потенцијал за раст на пторошувачката -домашни туристи ......................... 21

Табела 17 Потенцијал за раст на потрошувачката -странски туристи ....................... 22

Табела 18 Потенцијал за раст на потрошувачката - туристи од Бугарија ................... 22

Табела 19 Потенцијал за раст на пторошувачката на туристите .................................... 22

Page 4: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 4

Предговор

Студијата се спроведе врз основа на договорот бр.-------------------------------- а согласно целите на проектот „ Проект “ Форми на соработка меѓу занаетчиите и мали и средни претпријатија за заедничко учество во локалните културни и економски случувања во општините Ќустендил, Струмица и Крива Паланка “ Ref.No 2007CB16IPO007-2011-2-107, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка „Бугарија-Македонија“

Проектот тргнува од претпоставката дека искористувањето на компаративните и конкурентски предности на општината Струмица можно е да се зголеми преку креирање и испорака на поддршка на занаетчиите и МСП за креирање на продукти и услуги за зголемување на нивниот бизнис.

Со консултантската студија направена е оценка на економската состојба во општината Струмица, и дадени се препораки за поттикнување на претприемачкиот дух во општината Струмица за искористување на економскиот потенцијал преку меѓугаричната соработка.

Вовед

Проектот Форми на соработка на занаетчиите и МСП за заедничко учество во локалните културни и економски случувања во општините Ќустендил, Струмица и Крива Паланка има за цел искористување на компаративните и конкурентски предности на општината Струмица (а во тие рамки и на културните и економските настани и манифестации) преку креирање и испорака на поддршка на занаетчиите и МСП за зголемување на нивниот бизнис Затоа согледувањето на постојната економска состојба во општината е од примарно значење за осмислување на проектните активности за проширување и зајакнување на бизнисите на занаетчиите и малите и средните претпријатија. Намерата на консултантска студија е да ја прикаже економската состојба во општината Струмица, да ги согледа активностите на локалната самоуправа за поддршка на бизнисите, да ги анализира расположливите форми на техничка и финансиска поддршка на занаетчиите и МСП и да даде препораки за изградба на механизми за поттикнување на претприемачкиот дух во општината Струмица за искористување на економскиот потенцијал. Медотологијата на изработката се состоеше од собирање на податоци, нивна анализа и презентирање согласно потребите на проектот. Во суштината на методологијата на оваа студија е структурно-функционалниот пристап, кој одредува дека секој реален објект како систем има своја структура, опфаќајќи подсистеми и други компоненти. Секоја компонента на системот има свои карактеристики. Пристапот помага да ги откриеме и анализираме поврзаностите и меѓувлијанијата на компонентите во системот. Освен тоа, структурно-функционалниот пристап не поттикнува да ги видиме организацијата и управувањето на системот, врските со околината, улогата на информациите и комуникациите, повратните информации и др. Во врска со

Page 5: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 5

употребените субметоди се аналитичко-синтетички метод од теоретски, а од емпириските - надворешни набљудување, експериментот, стручни оценки и др.

Како прв чекор беа истражени постоечките стратегии, планови за развој, извештаи од реализирани проекти и други документи од последните три години, поврзани со развојот на на општината Струмица. Истражувањето беше насочено на економскиот сектор како целни групи и корисници, кои треба да развијат и аплицираат проекти во спроведувањето на идната стратегија, како и потребите од обука и информации на потенцијалните корисници. Во одредени области се идентификуваа досега не разгледувани фактори.

Вториот чекор беше собирање податоци од релевантните актери во економскиот развој на Струмица Инструментариумот за собирање податоци од испитаниците вклучува консултирање на нивни извештаи и верификација на фактите од страна на сгворониците.

При собирањето на основните информации се користеа двете методи - интервју и разговор. Тие по својата суштина претставуваат надополнување на анализата и имаат за цел вградување на мислењето на релевантните актери (сугестии, коментари, евалуациии, предлози, идеи, иницијативи итн.) Интервјуто и разговорите бараа личен (и директен) контакт со испитаниците.

Содржината на студијата опфаќа четири дела: Во првиот дел направена е анализа на економската состојба во општината со заклучоци за главните економски трендови. Во вториот дел направен е осврт на стратешките документи на општината Струмица поврзани со економскиот развој и даден е преглед на активностите за искористување на културно-историскиот потенцијал на општината Струмица. Третиот дел се однесува на видовите поддршка, како техничка така и финасиска, на занетчиите и МСП од општината Струмица. Четвртиот дел ги содржи препораките за потикнување на меѓуграничната соработка на занетчиите и МСП од Југоисточниот регион и регионот Ќустендил.

Извршно резиме Анализата на економските трендови :

1. Општина Струмица,го зголемува учеството во вкупниот БДП на Република Македонија, но од друга страна учеството на инвестициите во основни средства во БДП е помало од просекот на РМ. Во изминатите неколку години, бројот на жители бележи благ пораст од околу 0,3% годишно.

2. Земјоделието е најразвиен и најзначаен сектор но инвестициите во земјоделието се намалуваат во перидот 2007-2009 година. Исто така учеството на инвестициите во основни средства во бруто ДДВ е многу ниско во земјоделието-1,81% (највисоко учество имаат градежништвото и трговијата).

3. Покрај раноградинарското производство, други дејности се: конзервната, текстилната, дрвопреработувачката, мелничко-пекарската индустрија, индустријата за градежни материјали, металопреработувачката, електро и електронската индустрија. Особен развој во градот Струмица бележат трговијата, угостителството и услугите.

4. Бројот на активни субјекти во 2011 година е намален за 2,7 % во однос на 2010 година. Микро и малите бизниси сочинуваат дури 99,1% од вкупниот број на активни субјекти. Тие се двигателите на економскиот развој на општината. Во однос на секторите на дејност, деловните субјекти се најбројни во трговијата на големо и мало, преработувачката индустрија и градежништвото

Page 6: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 6

5. Вкупниот број на вработени на територија на ПЕ Струмица (општините: Струмица, Ново Село, Босилово и Василево) изнесува 14.070 лица од кои 2.187 лица се вработени во јавните и буџетските институци, 9.725 вработени лица претпријатијата од приватниот сектор, 132 вработени занаетчии и 2026 индивидуални земјоделци.

6. Во последните години се зголемува бројот на настани што се организираат во општината. Имајќи го предвид трендот на постојано зголемување на посетителите на овие настани и фестивали тие се повеќе го привлекуваат вниманието за користење на овој потенцијал за развивање на бизнисот во општината .

7. Бројот на туристи во оштината Струмица изнесува 31,000 во 2012 година со проценета потрошувачка од околу 1,9 милиони евра со тренд на зголемување. Потенцилот за раст пресметан според 2 сценарија покажува дека е можно зголемувањето на приходите од туризам за 830.000,00 евра ( според сценарото 20% пораст) и 374.000,00 евра ( според сценариото 10% пораст на бројот на туристите, просечниот број на ноќевања и потрошувачката на туристот на ден)

Активности на локалната самоуправа 8. Локалната самоуправа има донесено стратешки документи за развојот на

оптината Струмица и Струмичкиот миктрорегион (општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село и Василево) каде како приортитети наведени се три: организирање на современо земјоделско прозводство;модернизација на постоечките индустриски капацитети и отварање на нови и поттикнување на руралниот туризмот благодарение на природното богатство што постои во Општина Струмица (термоминералните извори во село Банско, природните убавини и реткости (Габровски водопад), културно историските споменици и традиционалното организирање на културни манифестации (традиционалниот Струмички карневал, Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков и други).

9. Во годишните програми за работа на локалната самоуправа не разграничени активностите поврзани со културниот туризам и не постои организиран систем на извештајност на годишно ниво за оценка на кроистите и ефектите од реализираните програми.

10. На локално ниво постојат пет значајни, афирмирани настани кои можат да придонесат за поголема валоризација на туриститичките потенцијали на општината Струмица, како што се Интернационалниот филмски фестивал АСТЕРФЕСТ; Струмичкиот карневал, Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам; Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“;Меѓународната ликовна колонија и Струмица Опен Фестивал. Кја овие настани сеуште доминантен е култруниот аспект, а помалку се застапени активности за нивна комерцијализација и привлекување на туристи.

Поддршка на занаетчиите и МСП 11. Поддршката на занаетчиите и МСП е фрагментирана и се потпира на програми

на национално ниво и донаторски проекти. поддршката на општинско ниво е усогласена спроед наделжностите на локалната самоуправа, но не е насочена кон постигнување на конкретни цели. Фокусот е повеќе на ослободувања од давчки кон општината а помлаку кон мобилизирање на средства за техничка и финансиска поддрпка на занаетчиите и МСП заподбрување на конкурентоста и обезбедување подбар пазарен настап.

12. Општинската институционална поддршка има потреба од градење на капацитети за дизајнирање на специфични услуги за поддршка на туризмот и

Page 7: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 7

градење на капацитет на организациите за бизнис поддршка за испорака на резултатски ориентирани услуги за занетчиите и МСП.

13. Отсуството на извештајност на годишно ниво оневозможува следење на односот на користите во однос на трошоците за испорачаната поддршка на занаетчиите и МСП. Ваквиот пристап би овозможил поголемо вклучување на еконсомките субјекти во креирањето на опптинските програми и јасно дефинирање на потребните мерки за остварување на конкретни цели за побрз развој на општината.

Препораки 14. Искористувањето на потенцијалот на културните настани во општината

Струмица поврзано е со донесување на програми за поддршка на занетчиите и МСП на три поддрачја; активности за привлекување на поголем број на туристи; зголемување на деновите на престој по турист и зголемување на потрошувачката на ден по турист. Ваквите програми треба да обезбедуваат поддршка на занаетчиите и МСП кои планираат актинвости за остварување на свои бизнис цели во едно од горенацедените подрачја.

15. Инволвирањето на занаетчиите и МСП во меѓуграничната соработка е можно преку изградба на мрежи и партнерства со меѓуграничните региони од Бугарија и подготвка на проекти за нивно вклучување во остварување на две развојни цели: зголемување на интерсот за посета на општината и привлекување на инвеститори за подобрување на турситичката понуда на општината Струмица.

16. Кординирањето на активностите за поддршка на занаетчиите и МСП за искоритување на потенцијалот на културните настани во општината треба да биде од страна на општината со вклучување на НВО, приватниот сектор, националните релевнатни иституции и меѓународните донатори.

Page 8: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 8

1. Анализа на економската состојба во општината

Струмица

1.1. Локација Локацијата на Општината Струмица е на крајниот југоисток на Република

Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција, на западниот дел од Струмичката котлина. Таа се наоѓа на надморска височина од 280 метри, а зафаќа површина од 321,87 км2. Според состојбата во 2011 година општината Струмица имала 56.280 жители во 25 населени места.

Местоположбата, односно пристапноста кон Општина Струмица е добра и тоа од повеќе правци. Магистралниот пат М6 североисточно ја поврзува општината со општи-ните Радовиш и Ново Село до граничниот премин со Република Бугарија. Југозападно со регионалниот пат Р604 се поврзува со Општина Валандово и граничниот премин со Република Грција. Специфичната географска и топографска положба на Општина Струмица ја карактеризираат две климатски зони: субмедитеранска, со поголемо или помало вкрстосување со источно-континенталната, долг период на сончеви денови (230) и со висок светлосен интензитет што позитивно влијае на фруктификацијата.

Во Општина Струмица се застапени повеќе индустриски сектори. Доминантни индустриските гранки се: текстилна, дрвна и прехрамбена. Во постојан подем се металопребаротувачката и електро индустријата. Важна улога во локалниот економски развој имаат и големите стопански субјекти: фабриката за алкохолни и безалкохолни пијалоци, фабриката за преработка на тутун, фабриката за производство на санитарна керамика, фабриката за тули и рудникот за неметали.

Благодарение на местоложбата и близината на граничните премини со Бугарија и Грција, трговијата и услугите во Општина Струмица се многу развиени, додека расположивите поволни природни услови за земјоделие овозможија Струмица да е позната по раноградинарското производство. Извозот на земјоделски производи носи значаен девизен прилив, кој дава огромен придонес за развојот на струмичка економија. Општина Струмица располага со 7583 ха обработлива површина во сопственост на индивидуалниот сектор, што претставува две третини (66%) од вкупната површина (обработлива и необработлива површина)

Општина Струмица да има погодни услови за одгледување на рани, среднорани и доцни градинарски култури за свежа консумација и преработка. На површините погодни за земјоделско производство најмногу се одгледува: пипер, домати, краставици, зелка, компир и бостан. Застапено е оранжериско производство, а благодарение на расположивите термални извори во село Банско ова производство бележи постојан раст. Покрај градинарските застапени се и житните, индустриските и фуражните култури, што овозможува разновидна палета од земјоделски култури и производство, а со користење на системите за наводнување и повисоки и стабилни приноси.

Општина Струмица е една од ретките подрачја во Република Македонија која располага со термоминерален хидропотенцијал кој се наоѓа на околу 12 км југоисточно од градот Струмица, под планината Беласица, во непосредна близина на село Банско. Термоминералните извори на Бања Банско се значајни не само за развиено оранжериско производство, туку и за развој на банскиот туризам.

Page 9: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 9

1.2. Население

Бројот на жители во Струмица во 2011 година, според Државниот завод за статистика, изнесува 56.280, од кои 28.037 се мажи, односно 28.173 се жени. Во изминатите неколку години, бројот на жители бележи благ пораст од околу 0,3% годишно.

Табела 1 Вкупен број на жители по години

2007 2008 2009 2010 2011 Број на жители 55.679 55.823 55.997 56.210 56.280 Промена 0,3% 0,3% 0,4% 0,1% Извор: Државен завод за статистика, Проценка на населението според пол и возраст, 2010

Табела 2 Население според пол и возраст

Возраст Вкупно Мажи Жени Возраст Вкупно Мажи Жени 0 707 367 340 45 – 49 4.125 2.104 2.021

1 - 4 2.682 1.393 1.289 50 – 54 4.306 2.153 2.153 5 - 9 3.255 1.644 1.611 55 3.920 2.012 1.908

10 - 14 3.142 1.546 1.596 60 – 64 3.013 1.456 1.557 15 - 19 3.680 1.882 1.798 65 – 69 2.222 1.007 1.215 20 - 24 4.226 2.104 2.122 70 – 74 1.776 786 990 25 - 29 4.681 2.438 2.243 75 – 79 1.389 539 850

30 - 34 4.407 2.278 2.129 80 – 84 701 272 429 35 - 39 3.828 1.987 1.841 преку 85 258 76 182 40 - 44 3.890 1.992 1.898 Непознато 2 1 1

Извор: Државен завод за статистика, Проценка на населението според пол и возраст, 2010

Од табелата 3 се гледа дека возрасната структура на населението е:, 17,4 % на возраст 1-14 год;, 71,2 % на возраст од 15-64 год и 11,4% преку 65 год.

Според бројот на жители општината спаѓа межу поголемите општини во Република Македонија.

1.3. Економска состојба

Од 2001 година па наваму, македонската економија бележи значителен раст на бруто домашниот производ и засилена економска активност. Но, светската финансиска криза влијаеше на растот и во 2009 година се забележа негативен пораст од -0,7%. Во 2010 растот на бруто домашниот производ изнесуваше 1,8%, а во 2011 година покажуваат раст на БДП од 1%1, додека проценките за 2012 се пораст од 1,5 %

Учеството на Југоисточниот плански регион, во кој припаѓа општина Струмица, во вкупниот БДП на Република Македонија, во 2010 година изнесувал 8,7 %, ( зголемување на учеството во однос на 2009 година, 8,0%) веднаш зад Скопскиот регион (43,7%) и Пелагонискиот регион (12,2%)2.

1 Претходни и проценети податоци за 2010 и 2011 според ДЗС, превземени од НБРМ (www.nbrm.mk)

Page 10: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 10

Табела 3 БДП во Југоисточниoт регион

Год Територија

БДП, во милиони

денари

Структура на БДП, РМ =

100%

БДП, по жител, во

денари

БДП, по жител,

МК =100

2010 ЈИ регион 37 979 8,70% 219 714 104.0

2009 ЈИ регион 32 717 8.0 189 566 94.6

2008 ЈИ регион 28 993 7.0 168 211 83.6

2010 Р.Македонија 434 112 100.0 211 246 100.0

Извор МАКСТАТ база

Табела 4 Учество на Инвестициите во БДП

ЈИ регион Р.Македонија

БДП 37979 100% 434.112 100%

Бруто ДДВ 28591 75,28% 100 358.939 83% 100

Инвестиции во ОС 4438 11,69% 15,52% 81.970 23% 23%

Два забелжителни тренда се:учеството на БДП на Југоисточниот регион во вкупниот БДП на РМ се зголемува, додека пак учеството на инвестициите во основни средства во БДП е помало од просекот на РМ.

Табела 5 Југо Источен регион-Инвестиции во основни средства

% Инвест во земјод Год

Земјоделство, Индустрија, Градежништво Трговија, угостител. и сообраќај

Финансиски услугии недвижности

Други услужни дејности

4,42% 2009 196 476 1.899 1.449 64 354

6,66% 2008 247 605 1.855 820 22 161

7,17% 2007 308 428 2.084 1.301 14 160

Табела 6 Учество на Инвестициите во додадената вредност, по дејности

Земјоделство, Индустрија, Градежништво Трговија, угостителство и сообраќај

Финансиски услуги недвижности

Други услужни дејности

37,94% 2009 10.847 5.350 1.028 4.748 2.588 4.030

% ИОС во ДВ 1,81% 8,90% 184,73% 30,52% 2,47% 8,78%

Најразвиен стопански сектор во општината е раноградинарското производство. Покрај раноградинарското производство, други дејности се: конзервната, текстилната, дрвопреработувачката, мелничко-пекарската индустрија, индустријата за градежни материјали, металопреработувачката, електро и електронската индустрија. Особен развој во градот Струмица бележат трговијата, угостителството и услугите.

Page 11: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 11

Меѓутоа во земјоделието постојат два неповолни тренда. Првиот, инвестициите во земјоделието се намалуваат во перидот 2007-2009 година и вториот, учеството на инвестициите во основни средства во брудто ДДВ е многу ниско во земјоделието (1,81%) за разлика од другите дејности (највисоко учество имаат градежништвото и трговијата).

Во општина Струмица постојат поволни можности за развој на алтернативниот туризам, пред се бањски туризам, поради изобилството на термоминерален хидропотенцијал (термоминералните извори на Бања Банско).

Посебно важно за индустријата во Струмица е проектот за гасификација кој е во функција во државни и јавни институции, а неговата целосна реализација на секундарната гасоводна мрежа на која може да се поврзат домаќинства и други стопански субјекти ќе се реализира во текот на 2013 и наредните години. .

Малите бизниси доминираат во струмичкиот регион. Од вкупно активни субјекти на крајот од 2010 година 99,1 % се микро и мали претпријатија.

Бројот на активни субјекти во 2011 година е намален за 2,7 % во однос на 2010 година. Микро и малите бизниси сочинуваат дури 99,1% од вкупниот број на активни субјекти. Тие се двигателите на економскиот развој на општината.

Табела 7 Активни субјекти според нивната големина

Големина 2010 # % 2011 # %

Микро 1.316 50,1% 1.613 63 %

Мали 1.291 49,1% 924 36,1%

Средни 17 0,6% 18 0,7

Големи 4 0,2% 3 0,2

Вкупно: 2.628 100% 2.558 100%

МАКСТАТ

Во однос на секторите на дејност, деловните субјекти се најбројни во трговијата на големо и мало, преработувачката индустрија и градежништвото.

Табела 8 Активни субјекти спроед дејноста

Сектор 2010 # % 2011# %

Земјоделство, шумарство и рибарство 66 2,5% 61 2,4%

Рударство и вадење на камен 2 0,1% 4 0,15%

Преработувачка индустрија 318 12,1% 305 11,9% Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

2 0,1% 1 0,03

Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад; санација на околината

8 0,3°% 7 0,3

Градежништво 113 4,3% 119 4,65%

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли

1.202 45,7% 1.186 46,3%

Транспорт и складирање 176 6,7% 156 6,1%

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 131 5,0% 126 4,9% Информации и комуникации 39 1,5% 33 1,3 Финансиски дејности и дејности на осигурување 9 0,3% 12 0,35%

Дејности во врска со недвижен имот 7 0,3% 9 0,35%

Стручни, научни и технички дејности 159 6,1% 170 6,65%

Page 12: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 12

Административни и помошни услужни дејности 52 2,0% 34 1,32% Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување

3 0,1% 4 0,15%

Образование 29 1,1% 26 1,01%

Дејности на здравствена и социјална заштита 114 4,3% 114 4,45%

Уметност, забава и рекреација 32 1,2% 28 1,1%

Други услужни дејности 166 6,3% 163 6,37% Дејности на домаќинствата како работодавачи 0 0,0% 0 0

Дејности на екстратериторијални организации и тела 0 0,0% 0 0

Вкупно: 2.628 100% 2.558 100% МАКСТАТ

1.4. Вработување

Вкупниот број на вработени во општината Струмица изнесува 14.070 лица3. Носителите на вработувања може да се поделат во четири групи:

Првата група ја сочинуваат јавните и буџетските институции каде се вработени 2.187 лице. Потенцијалот за вработување и отварање на нови работни места во оваа група се состои во реализирање на проекти за поголема искористеност на потенцијалот на оптштините (промоција на туристички локалитети, руралниот туризам, брендирање) и воведување на нови извори на енергија (гасификација, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност).

Втората група се претпријатијата од приватниот сектор со 9.725 вработени лица. Во сите анализи на пазарот на трудот ова е групата на која најмногу се обрнува внимание и од која се очекува да биде носител на зголемувањето на вработувањето во општината.

Третата група опфаќаат 132 вработени занаетчии, 2026 индивидуални земјоделци и , невработени лица кои се самовработуваат. (помеѓу 25 и 40 невработени лица годишно се вработуваат преку мерката самовработување, во 2010 тој број е 27 лица и во 2011 е 37.)

Четвртата група се странските директни инвестиции. Потенцијал за отварање на нови работни места постои преку урбанизираните индустриски зони.

Според расположивите статистички податоци од Пописот од 2002, во Општина Струмица бројот на вработени изнесувал 15013 лица. Речиси една половина од нив биле ангажирани во секторите преработувачка индустија и земјоделство, лов и шумарство. Што се однесува на другите дејности релативно голем бил бројот на вработените во секторите трговија на големо и мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и домаќинства, како и сообраќај, складирање и врски.

Податоците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување покажуваат дека во 2012 година на територија на ПЕ Струмица (општините: Струмица, Ново Село, Босилово и Василево) имало 3.179 фирми во кои биле вработени 14.070 лица. Од нив 51,3% се вработени во малите фирми (до 25 вработени), а 46,9% во средните и големите фирми (со над 25 вработени). И покрај неспоредливоста на податоците од споменатите извори, неспорен е заклучокот дека во последните години во Општина Струмица е забележано опаѓање на вработеноста.

3 Податоци од подрачната единица на фондот за пензиско-инвалидско осигурување.

Page 13: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 13

Главни носители на вработеноста во Општина Струмица се капацитетите од секторот индустрија. Од овој сектор најмногу застапена е текстилната индустрија, и тоа производство на лесна и тешка конфекција (претежно со лон систем), а водечки капацитети од ова индустриска гранка се: Единство, Герас Цунев, Хелматекс (претходна Струмичанка), односно капацитети со повеќедецениско постоење. Во постојан подем е металопребаботувачката и електро индустријата, а од дрвната индустрија постојат повеќе мали производствени капацитети за примарна и финална обработка на дрво, производство на мебел и столарија (Ников, Савело, Студио 2, Пирамида, Мебел 2000, Финеса, Дизајн 21, Ни Пром и други). Особено важно е да се спомне и фабриката за производство на санитарна керамика АД „Санкерам Македонија", која е единствен капацитет од ваков вид во Република Македонија, која е во процес на рестартирање а од индустријата за градежен материјал, значајна улога има фабрика за производство на тули „Еленица". Во општината Струмица постои и развиена градежна оператива.

Општина Струмица располага со релативно развиена индустрија за преработка и повисока финализација на примарно земјоделско производство во која е ангажиран значителен дел од работната сила. Носители на вработеноста во оваа индустриска гранка се: кланиците (АД Кланица со ладилник) и конзумните млекарници (Јока, Боневи, Мак продукт и Здравје Радово), капацитетите за преработка на земјоделски производи (Маби трејд-Дентина, Агро комерц), фабриката за алкохолни и безалкохолни пијалоци(Грозд) и фабриката за преработка и ферментација за тутун (Струмица табак). Застапена е и мелничко пекарската индустрија, во која водечки капацитети се: АД „Жито Струмица", мелниците „Иво", „Светлина промет" и „Кода трејд". Постојат и повеќе занаетчиско слаткарски работилници, кои своите производи покрај на локалниот пазар ги пласираат и на националниот.

Производствените капацитетите покрај на домашниот, своите производи ги пласираат и на странскиот, првенствено европскиот пазар. Нивното идно работење, а со тоа и вработувањата во овој сектор зависат од надворешно трговските услови на странските пазари.

Трговијата и услугите во Општина Струмица се многу развиени. Бројни се друштвата кои се занимаваат со внатрешен и меѓународен промет на стоки и услуги (трговија на големо и мало, увоз и извоз, транспорт, шпедитерски и други услуги). Оттаму, овие сектори, исто така, се издвојуваат според бројот на вработените.

Табела 9 Вработени лица според видот на работен однос

Вид на работен однос Број Учество

Вкупно 14070 100%

Јавен сектор 2187 15,54%

Самостојни занаетчии 132 0,94%

Индивидуални земјподелци 2026 14,40%

Претпријатија-приватен сектор 9725 69,12% Извор ПИО општина Струмица

Табела 10 Активни субјекти со вработени лица

Носители на вработувањето Број Учество

Page 14: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 14

вработени

Вкупно 14070 100%

Јавен сектор 2187 15,54%

Самостојни занаетчии 132 0,94%

Индивидуални земјоделци 2026 14,40%

Претпријатија-приватен сектор 9725 69,12% Извор ПИО општина Струмица

Табелите 10 и 11 покажуваат дека во просек 3,56 вработен има по субјект ( приватен/јавен) и 1,56 вработен по регистриран занатечија . Ова ја потврдува констатацијата дека најголемиот број на вработени се во микро и малите претпријатија.

Според анализата на потребите од вештини на пазарот на трудот во Република Македонија4, динамизирањето на економската активност и порастот на вработувањето се очекува да бидат поголеми кај малите и средните претпријатија. Со релативно големи диференцијации се одликува порастот на вработените во разгледуваните сектори. Во претходната година пораст на број на вработени забележале само земјоделство и шумарство, трговија и градежништво. Намалување на бројот на вработени е присутен во угостителството и забава5.

Податоците за вработување на млади се следат само за оние што се самовработуваат преку мерката што ја реализира Центарот за вработување –Струмица.

Предвидување за побарувачката во приватниот сектор Според анализата на АВРМ предвидувањата за нови вработувања изнесуваат

1903 лица. Во нив секторот индустрија учествува со 51,8 %, трговијата со 23,1 % и земјоделието со 5%6.

Според анкетата на претпријатијата во општина Струмица пониски се очекувањата за зголемен обем на работа во наредниот 12 месечен период. (56 % се изјасниле дека обемот на нивната работа ќе остане непроменет, а 24 % дека ќе се намали).

Побарувачка по гранки, образование и занимање

Преработувачаката индустрија е носечка гранка од аспект на апсорбирање нови вработувања и кај неа се предвидувааат 55 % од планираните нови вработувања (најмногу со средно образование)7

Најголем дел од новите вработувања во наредните 12 месеци, 3/5 или 74,4% , ќе бидат квалификувани со средно образование и работниците со основно образование, додека пак, помала е потребата од средно и више образование, а најнеповолна за оние со високо образование.

4 Агенција за Вработување на РМ (номеври2011), Анализа на потребите од вештини на паарот на трудот во Република Македонија, стр. 6 5 Исто стр. 8 6 Агенција за Вработување на РМ (номеври2011), Анализа на потребите од вештини на паарот на трудот во Република Македонија, стр. 13 7 Исто стр.14

Page 15: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 15

Во врска со барањата за посебни знаења и вештини8 на лицата кои во наредниот период ќе бидат вработени, покрај образованието и работното искуство ќе се бара познавање на странски јазици, и компјутери.

1.5. Невработеност

Невработеноста претставува еден од најголемите проблеми за Македонија. Пазарот на труд во Македонија се карактеризира со висока стапка на невработеност, која достигна 37,3% во 2005 година9. Од тогаш па наваму се забележува намалување на стапката за да во 2009 изнесува 32,2%, а на крајот од 2011 изнесува 31,8%. Голем дел од невработените лица се млади и работници со ниски квалификации. Но, постои и несообразност во квалификациите, делумно поради недостигот на можности за обука и преквалификации. Околу 80% од вкупниот број на невработени во 2010 година се долгорочно невработени лица.

Општина Струмица е исто така засегната со проблемот на невработеност. Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија, бројот на невработени лица во Струмичкиот регион во Март 2012 година изнесувал 14.075 невработени (5,5% од вкупниот број на регистрирани невработени лица во Република Македонија во Март 2012 -276.715), од кои 8.291 се во градот Струмица, Од вкупниот број на невработени, 2.231 (26,9 % од вкупниот број на невработени) се млади лица на возраст од 15 до 29 години.

Проблемот на невработеност е најизразен за возрасната група од 25-34 години (3596 лица) и оние на возраст од 35-44 години (3365 лица). Најголем процент од невработените лица се неквалификувани (58%) , следат оние со средно стручно образование (19%) и квалификувани (14%)

Во перидот од 01.01. до 31.10. 2011 година, во Центарот за вработување Струмица регистрирани биле 11.006 пријави за засновање работен односи, 4.141 од нив на неопределено време и 6.865 на определено време. Во 2012 година до септември 2012 бројот на пријави за засновање на работен однос е намален за 46% во однос на вкупниот број поднесени пријави во 2011 што се должи за новиот начин на евиденција. Имено обврската за поднесување пријави на определно време кога се работи за продолжување на работниот однос за следен определен период на време за исо лице и ист работодавач е укината, поточно нема потреба од поднесување нова пријава туку важи претходната.

Спред информациите од Секторот за образование на оштината Струмица Приливот на работна сила од средните училишта изнесува 1032 редовни и 37 вонредни

Број на лица кои за прв пат бараат работа во центарот за вработување Струмица изнесува 947 лица во 2011. Најголем дел од нив се некваливикувани (404) и со средно стручно образование (245).

8 Исто стр.14 9 Податоците за невработеноста се превземени од веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија (www.zvrm .gov.m k)

Page 16: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 16

1.6. Образование

Општина Струмица се карактеризира со развиена образовна мрежа. Во општината делуваат 10 основни општински училишта со 14 подрачни училишта со 5.645 ученици и три средни општински училишта со 4.053 ученици.

Покрај основните (Сандо Масев Струмица, Видое Подгорец Струмица, Никола Вапцаров Струмица, Маршал Тито Струмица, Даме Груев Куклиш, Маршал Тито Муртино, Свети Кирил и Методиј Дабиље, Герас Цунев Просениково, Гоце Делчев Вељуса, УОМО Боро Џони Струмица) и трите средни училишта (Јане Сандански, Димитар Влахов и Никола Карев) во Општина Струмица има и неколку високо образовни установи:

- Државен универзитет „Гоце Делчев" Штип со дисперзирани студии од областа на земјоделието, информатика, економија и образовни науки

- Приватен Универзитет ФОН со дисперзирани студии и тоа: Факултет за правни науки, Економски науки, Филолошки науки и Факултет за детективи и безбедност.

1.7. Рурален развој

Во изминатите години општина Струмица посветува посебно внимание на руралниот развој. Во својот стратешки план за економски развој, за периодот 2007 - 2015, општина Струмица планира развој на руралната средина преку поттикнување на инвестирањето во руралните средини, како и подобрувањето на инфраструктурата. Акцент се става и на одржливиот развој на алтернативниот туризам, преку искористување и промоција на културното и историско наследство, природните убавини и реткости за создавање на богата и разновидна туристичка понуда. Фокусот е на развивање на селскиот, манастирскиот, археолошкиот, бањскиот, ловниот и планинскиот туризам, како и на популаризацијата на старите занаети. Со цел да се искористат потенцијалите на руралната средина иницирани се неколку проекти, како што се уредување на инфраструктурата кај Габровскиот водопад (2010), спомен паркот во село Куклиш (2010), проект за селски туризам (2009), водоснабдување во село Банско (2005 и 2006) и многу други проекти.

Page 17: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 17

1.8. Струмички микро регион- општиниите Струмица, Ново село, Василево и Босилево

За согледување на сите потенцијали за реализирање на проектните активности напарвен е преглед и на некои важни карактеристики на Струмичкиот мирко регион кој ги опфаќа општините Струмица, Ново село, Босилево и Василево.

Опколени меѓу трите големи планински масиви Планината Беласица,Планината Еленица и Планината Огражден, сместени се Општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево,сочинувајќи го плодниот Струмички Регион.

Струмичкиот регион се наоѓа во југо-источниот дел на Република Македонија простран на површина од 963 км Синорот од југ се протега до Република Грција, а од исток до Република Бугарија. Разврстен е во јужно -медитеранскиот подрегион, под таканаречениот индустриски микро-регион. Го сочинуваат 72 населени места, со вкупно 92625 жители. Според површината и бројот на

населението, регионот има средна големина во земјата.

Според досегашните истражувања Струмичкиот Регион не располага со значајни

количества рудно богатство. Наоѓалишта на метали се уште не се познати, но затоа пак има рудници за неметали. Рудникот за експлоатација на фелдспад- Хамзали, е од натриски карактер и е единствен во Република Македонија и на

Балканот. Настанат е во услови на интензивна супституција на К2О компонента од гранит Na2O со високо темературни гасно-течни раствори за време на долна креда, (пред 111 милиони години), што го селектира наоѓалиштето во етасоматски тип. Петрографски албитските рудни тела се карактеризираат со бела боја, масивна текстура и варијабилна структура. Минеролошкиот состав на албитите е во состав албит89-94% , кварц4-8%, серицит 0,5%, како и мали вклучувања на рутил, титанит и алкритал.

Рудникот за експлоатација на CaCO3 – Mемешли е наоѓалиште кое во основа претставува мермеризиран варовник, и е еден од ретките во Република Македонија. Потеклото на мермеризираниот варовник е маринско. Настанат е како резултат на депонирање на микроорганизми чии остатоци се претежно составени од CaCO3, за време на херцинската и алпската ерогенеза, во услови на низок степен на регонален метаморфизам, каде варовничките седименти се потполно прекристализирани во мермери. Петрографски се карактеризира со бела до сиво бела боја, гранобластична структура и масивна текстура. Минеролошки, претставува калциски тип со над98% калцит и0,5% нерастворлив остаток. Што се однесува на наоѓалишта на злато и бакар се уште е во фаза на испитување, па од тие причини и нема потврдено наоѓалишта. Испитувања се вршат на планината Огражден во непосредна близина на населеното место Иловица, каде постојат индикации за потенцијални наоѓалишта

Струмичкиот регион е еден од ретките во Република Македонија кој располага со термоминерален хидропотенцијал. На околу 12 км југоисточно од градот Струмица, под Планината Беласица се наоѓа селото Банско, а во негова непосредна близина и термоминералните извори на Бања Банско. Поврзана со асфалтен пат на надморска височина од 250 метри, со изменета континентална клима Бања Банско е најзначаен локалитет во регионот во однос на Бањскиот туризам.

Термоминералните извори, се пет на број, од кои само едниот, најголемиот е стручно каптиран. Останатите четири слободно се изливаат без посебна каптажа.

Page 18: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 18

Температурата на водата во изворите изнесува, 71 степен во главниот извор и 56 степени во останатите. Во однос на минералниот состав, сите се со ист минеролошки состав што потврдува дека сите потекнуваат од еден ист извор.

Анализата на водата од изворите ја покажува: Сулфурната компонента, корисна при лекување на желудечни заболувања, како и воспалителни процеси на жолката; Калциумова компонента, корисна при лекување на воспалителни процеси на мочните патишта и катарални воспаленија на дишните патишта, срцеви заболувања како и недостаток на калциум(рахитис, остеопороза); Радиолошката компонента е со послаб интензитет.

Стопанските активности имаат интензивен развој.Од примитивно занаетчиство и земјоделство, стопанството во општината уште во првите повоени години бележи интензивна развојна динамика, постигнувајќи значајни резултати во економијата на Републиката. Бројот на новоизградените производствени и продажни капацитети рапидно се зголемува и тоа со посебен акцент врз индустријата и земјоделството, а истовременосуштествуваат и во развојот и осовремувањето на трговијата, градежништвото, угостителството и туризмот. Застапени се сите стопански сектори. Голем е бројот на стопанствата кои се занимаваат со земјоделско и сточарско производство. Климатските услови и почвените карактеристики , а особено изградбата на големите вештачки езера, на регионот во целина, му даваат белег на интензивен микрореон во Република Македонија за рани, среднорани и доцни градинарски култури за свежа консумацијаи преработка. Термалните води на изворите во с.Банско овозможи постоење на развиено оранжериско производство во ова населено место. Покрај градинарството застапени се и житните, индустриските и фуражните култури, што значи во поголем дел од годината се организира разновидна палета од земјоделски култури и производство.Општина Струмица има релативно развиена индустрија. За преработка и повисока финализација на примарното земјоделско производство постојат капацитети за производство на конзервиран зеленчук, преработка на млеко и месо, фабрика за обработка и ферментација на тутун, мелничко-пекарска индустрија, мини производствени погони за производство на слатки и слично.Дрвната индустрија во општината е преставена преку повеќе производствени капацитети кои произведуваат мебел, столарија и дрвена амбалажа. Најзастапена индустриска гранка е текстилната: производство на предиво, тешка и лесна конфекција.Во Општина Струмица егзистира фабрика за санитарна керамика темелена врз суровинската база на рудникот за неметали и фабрика за производство на тули. Електро индустријата и металопреработувачката е застапена преку микро производните капацитети со следниве производи: струјомери, пресувани делови и производство на метална галантерија од лим, каси, сефови, сигурносни врати, противпожарни ормари, алуминиумска браварија.

Според податоците прикажани во табелите подолу се констатира дека во Струмичкиот регион најголем е бројот на претпријатија или вкупно 3696 деловни субјекти, потоа трговските друштва– 3544, трговците поединци– 837 и останати 575. Анализирајќи пооделно по општини се констатира дека во општина Струмица најголем е бројот на трговските друштва– 2849 деловни субјекти, а потоа следуваат претпријатијата– 2804, додека во другите општини имаме помал број на деловни субјекти од кои најбројни се претпријатијата. По дејност најбројни се деловните субјекти кои се занимаваат со трговија на големо и трговија на мало– 5324, следуваат преработувачката индустрија- 1029, сообраќај, складирање и врски– 501, други комунални, културни, општи и лични услужни активности–409, земјоделство, лов и шумарство – 357, хотели и ресторани – 349,

Page 19: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 19

градежништво – 210 деловни субјекти. Од индустриите во општина Струмица најзастапена е текстилната бидејќи вработува најголем број на лица и имаме околу 22 деловни субјекти потоа следува дрво-преработувачката индустрија со околу 12 деловни субјекти па металопреработувачката индустрија со околу 10 деловни субјекти. Во Oпштина Ново Село најзастапени се дрвната индустрија со околу 15 деловни субјекти, градежната со околу 10 деловни субјекти и текстилната со2 деловни субјекти. Во Oпштина Босилово најзастапена е дрво-преработувачката индустрија со околу5 деловни субјекти и градежната со околу 4 деловни субјекти. Во Oпштина Василево застапени се текстилната индустрија потоа дрвната и градежништвото. Сепак треба да се напомене дека во Струмичкиот регион главна дејност со која се занимаваат жителите е земјоделието и покрај тоа што во табелата е прикажано дека имаме регистрирани индивидуални земјоделци– 3064 бидејќи препознатлив знак за Струмичкиот регион се земјоделските производи и најголем број од приходите што ги остваруваат жителите во регионот се од земјоделие.

Можностите за локален економски развој во минро регионот Струмица се бараат во:

организирање на современо земјоделско прозводство со организиран откуп на земјоделските производи,

модернизација на постоечките индустриски капацитети и отварање на нови, како и во развојот на микро производствени капацитети кои ќе бидат пофлексибилни во поглед на преструктуирањето и прилагодувањето кон условите на пазарот и современиот техничко-технолошки развој.

поттикнување на руралниот туризмот благодарение на природното богатство што постои во Општина Струмица и тоа: термоминералните извори во село Банско, природните убавини и реткости (Габровски водопад), културно историските споменици и традиционалното организирање на културни манифестации (традиционалниот Струмички карневал, Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков и други).

1.9. Туристи

Годшно општината Струмица ја посетуваат околу 30.000 туристи, речиси 1 турист на 1 жител, со околу 80.000 ноќевања годишно. Од нив 78% се домашни туристи кои учествуваат со 75 % во вкупниот број на ноќевања , а странските туристи учествуваат со 22% во вкупниот број на туристи и 25 % во вкупниот број на ноќевања. Тоа значи дека просечниот број на денови по турист е поголем кај странските туристи, кој изнесува 3 дена прстој по турист, отколку кај домашниот турист со 2,5 дена престој.

Табела 11 Број на туристи во општината Струмица во 2011,2012 и првите 6 месеци во 2013

2011 2012 до Јуни

2013

Број на Домашни туристи 23,563 23,659 9,778

Број на странски туристи 6,804 8,146 3,257

Вкупно 30,367 31,805 13,035

Page 20: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 20

Учество на странските туристи 22.4% 25.6% 25.0%

Број туристи Бугарија 1,383 1,586 1,157

Учество на Бугарија во странски туристи 20.3% 19.5% 35.5%

Извор МАКСТАТ Во 2012 година има зголемување на бројот на туристите во општината Струмица, каде зголемувањето се должи на зголеменото учество на странските туристи. За потребите на студијата прикажани се туристите од Бугарија чие учество се зголемува од 20,3 % во 2011 година на 35,5 % во првите 6 месеци од 2013 година.

Табела 12 Број на ноќевања во општината Струмица во 2011,2012 и првите 6 месеци во 2013

2011 2012 до Јуни

2013

Борј на ноќевања на домашни туристи 59,326 60,055 25,692

Број на ноќевања на странски туристи 20,765 19,741 7,811

Вкупно 80,091 79,796 33,503

Учество на странските туристи 25.9% 24.7% 23.3%

Број на ноќевања туристи Бугарија 2,405 3,386 1,782

Учество на Бугарија во странски ноќевања 11.6% 17.2% 22.8%

Извор МАКСТАТ Бројот на ноќевања во 2012 година се налува во однос на 2011 година како реузлтат на намалените ноќевања на странските туристи. Од друга страна учеството на бројот на ноќевањата на туристи од Бугарија релативно е зголемено.

Табела 13 Броја на ноќевања по турист во општина Струмица во 2011,2012 и

првите 6 месеци од 2013 год

Број на ноќевања по турист 2011 2012 до Јуни

2013

Домашни труисти 2.52 2.54 2.63

Странски туристи 3.05 2.42 2.40

Бугарски туристи 1.74 2.13 1.54

Просечниот број на денови престој во периодот 2011-2013 бележи раст кај домашните туристи, а намалување кај странските туристи .

Имајќи ги предвид цените за сместување и храна во општината Струмица направена е процена на потрошувачката по турист, како и пооделно е процнета вкупната потрошувачка за секоја категорија на туристи. Потрошуваќката за доманиот тирист е проценета на 15 евра/ден а за странскиот турист 50 евра/ден ( пресметани се поголеми трошоци за патување и трошок за сувенири)

Табела 14 Процена на потрошувачката по категорија на пторошувачи

Проценета потрошувачка на туристите 2011 2012 до Јуни

2013

Борј на ноќевања на домашни туристи 59,326 60,055 25,692

потрошувачка на ден-домашен турист € 15 € 15 € 15

Page 21: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 21

Вкупна потрошувачка/домашни туристи -Евра € 889,890 € 900,825 € 385,380

Број на ноќевања на странски туристи € 20,765 € 19,741 € 7,811

потрошуваќла на ден-странски турист € 50 € 50 € 50

Вкупна потрошувачка/странски туристи -Евра € 1,038,250 € 987,050 € 390,550

Вкупна проценета потрошувачка € 1,928,140 € 1,887,875 € 775,930

Табелата покажува дека потрошувачката на домашните туристи се движи околу 900.00 евра годишно додека потрошувачката на странските туристи околу 1 милион евра или вкупната потрошувачка на туристите во општината Струмица изнесува околу 1,9 милиони евра годишно.

Понудата на туристички капацитети во општината Струмица прикажана е на табелата подолу.

Табела 15 Понуда на туристички капацити во општината Струмица, според

пописот во 2008 година

Опис Broj % од Вк во РМ Број на угостителски објекти 9 1.85

Број на соби 354 2.17

Број на легла 702 1.56

Површина на објектите (м2) 20 765 2.06

Број на вработени 89 1.63

Во 2008 година понудата на угостителски капацитети на општината Струмица ,број на соби, учествува со 2,17 % во вкупната понуда на Република Македонија, а бројот на леглата со 1,56 % во вкупниот бтој ан легла во Репубика Македонија

Со процент на искористеност од 50 % на бројот на леглата во општината Струмица потенцијалот изнесува 126.360 ноќевања или 50.000 туристи. Тоа би знечело дека постои потенцијал за раст од 60 % на бројот на туристите со просечен ден на престој по турист од 2,5 дена .

За потребите на студијата направена е проценка на потенцијалот за раст од 20 % на потрошувачката на туристите во Општината струмица врз основа на три критериуми: пораст на бројот на туристи ( со негативен ефект поради трошокот за промоција да ја посетат општината) ; пораст на просечниот број на ноќевања по турист и пораст на потрошувачката за ден престој. Овие прценки се направени за категорииите домашни туристи, срански туристи и туристи од Бугарија.

Табела 16 Потенцијал за раст на пторошувачката -домашни туристи

Домашни туристи база 2012

План за Годишно

зголемување

Раст/ефект

Потенцијал за раст количина вредност Евра Процент Број

Вредност евра

Нето раст Рззлика

Зголемен број на туристи (трошок 3 евра 23,659 -€ 23,659 20% 28,391 -€ 28,391 -€ 4,732

Page 22: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 22

по турист)

Зголемен број на ноќевања 59,326 € 889,890 20% 71,191

€ 1,281,442 € 391,552

Зголемена потрошувачка на туристите на Евра/ден 15 20% 18

Вкупно € 866,231 €

1,253,051 € 386,820 Пораст од 20 % на бројот на домашните туристи и бројот на ноќевањата би донел нето ефект за општината од 386.820 евра .

Табела 17 Потенцијал за раст на потрошувачката -странски туристи

Странски туристи база 2012 План за Годишно зголемување

Раст/ефект

Потенцијал за раст количина вредност Евра Процент Број Вредност евра Рззлика

Зголемен број на туристи (трошок 3 евра по турист) 8,146 -€ 24,438 20% 9,775 -€ 9,775 € 14,663 Зголемен број на ноќевања 19,741 € 987,050 20% 23,689 € 1,421,352 € 434,302 Зголемена потрошувачка на туристите на Евра/ден 50 20% 60

Вкупно € 962,612 € 1,411,577 € 448,965

Пораст од 20 % на бројот на странски туристи и бројот на ноќевањата би донел нето ефект за општината од 448,965 евра

Табела 18 Потенцијал за раст на потрошувачката - туристи од Бугарија

Туристи од Бугарија база 2012 План за Годишно

зголемување

Раст/ефект

Потенцијал за раст количина вредност Евра Процент Број

Вредност евра Рззлика

Зголемен број на туристи 1,586 -€ 1,586 20% 1,903 -€ 1,903 -€ 317 Зголемен број на ноќевања 3,386 € 101,580 20% 4,063 € 146,275 € 44,695 Зголемена потрошувачка на туристите на Евра/ден 30 20% 36

Вкупно € 99,994 € 144,372 € 44,378 Пораст од 20 % на бројот на странски туристи и бројот на ноќевањата би донел нето ефект за општината од 448,965 евра

Табелата подолу е рекапитулар на потенцијалот за раст на потрошувачката на туристите во Општина Струмица , според две сценарија и тоа: од 10 % и 20% раст.

Табела 19 Потенцијал за раст на пторошувачката на туристите

Рекапитулар потенцијал за раст 2012 нето Раст 20% нето раст 10%

Домашни туристи € 866,231 € 386,820 € 173,246

Странкси туристи € 962,612 € 448,965 € 201,650

€ 1,828,843 € 835,785 € 374,896

Page 23: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 23

Потецнијалот за раст е проценет на 374.896 евра според сценариото од 10% раст на бројот на ноќевања и дневната потрошувачката по турист и 835.785 евра според сценариото од 20 % раст на бројот на ноќевања и дневната потрошувачката.

Подеталната анализа на еконосмските кроисти од двете сценарија треба да се однесуваат на потребата од нови работни места ( доколку просечната бруто плата изнесува 300 евра а 30 % од дополнителнат потрошувачка да биде за вработените тогаш според сценариото 10% тоа би значело 32 работни места а според сценариото 20% тоа би било околу 70 нови работни места). Истотака треба да се земат предвид индиректните економски користи кои се однесуваат на зголемена потрошувачка на храна, пијалоци, сувенири и други услуги., кои би преставувале дополнителен приход за занаетчиите и МСП.

Анализата на финансиските ефекти треба да опфати проценка на фискалните користи за општинскиот буџет и тоа: 3% ДДВ приход на општината ( 103.000 евра годишно): 10 % пероснален данок (23.000 евра годишно).

Финасиските ефекти за приватниот сектор би се однесувале на сголемување на приходот и профитот од работењето.

Културните настани што годишно се организираат во општината можат да бидат ефикасно срество за реализирање на потенцијалот за раст на приходи од туристи за општината Струмица. Такви настани сомпотенцијал се:

Интернационалниот филмски фестивал АСТЕРФЕСТ, кој традиционално се одржува кон крајот на мај при што се доделуваат награди на странски и домашни филмски автори за кратки / документарни филмови.

Струмичкиот карневал кој се одржува секоја година. (март-април) 40 дена пред големиот христијански празник Великден, во вторникот по Прочка; придружуван со Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој започнува на 8 септември, а бројот на театарски претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.

Меѓународната ликовна колонија, која се одржува секоја година од 1 до 20 август, а во секоја нејзина сесија во просек, работат по дваесетина ликовни творци, претставници на различни културни средини и ликовни тенденции, правци и преокупации.

Струмица Опен Фестивал- манифестација на која присуствуваат познати музички икони, ликовни уметници и поети. Август

Придонесот на овие манифестации во зголемување на потрошувачката на туристи треба да биде предмет на подетална проценка

Page 24: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 24

2. Активности на локалната самоуправа во

општината Струмица за локалниот економски

развој

2.1. Стратешки документи

Општината Струмица има донесено стратешки документи за локалниот економски развој на општината и на струмичкиот микто регионот, акционен план за вработување 2013-2015 Разгледувањето на овие документи е потребно за да се идентификуват прашањата на кои треба да се обрне внимание за наредниот период за да се зголеми ефикасноста во постигнувањето на поставените цели.

Стратешки развојни цели на општината Струмица Општината има поставено четири стратешки цели со 14 мерки10.

Стратегиска цел 1 - Да се освојат нови пазари преку организирано, стандардизирано и конкурентно производство на агро-индустриските производи; да се подобри организираноста на земјоделското производство и да се изгради доверба помеѓу земјоделските производители и институции; да се зголеми физичкиот обем на стандардизирани и финализирани земјоделски производи и да се зголеми годишната продажба на агро-индустриските производи на европските пазари

Стратегиска цел 2 - Создавање и одржлив развој на алтернативен туризам, преку искористување и промоција на културно-историското наследство, природните убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда; да се формираат здруженија на субјектите од туризмот од струмичкиот микро-регион и да се воспостават партнерски односи со други здруженија и асоцијации; подобрување на туристичката инфраструктура и да се анимира и промовира туризмот како профитабилен бизнис и креирање на богата и разновидна туристичка понуда

Стратегиска цел 3 Да се подобрат бизнис климата и можностите за инвестирање и заработка преку развојот и проширувањето на малите и средни претпријатија и на занаетчиството, со стимулирање на претприемничкиот дух за зголемување на индустриските капацитети, самовработувањето и вработувањето; да се олеснат околностите за вршење на стопанска дејност и подобрат условите за рентабилно работење; промоција на можностите за инвестирање и да се стимулира соработката помеѓу локалните фирми од приватниот сектор

Стратегиска цел 4- Врз основа на барањата на бизнисот, континуирано да се едуцираат, да се преквалификуваат и да се доквалификуваат човечките ресурси, со цел примена и следење на новите технологии; да се создадат услови за доквалификација и преквалификација на работната сила за потребите на бизнис секторот

За остварување на стратешките приоритети одговорно е одделението за локален економски развој во ОС. Постои голем степен на остварување на

10 Стратегија на локалниот економски развој на општината Струмица

Page 25: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 25

приоритетите, но недостасуваат податоци на општинско ниво со кои ќе може подетално да се анализира степенот на реализирањето на стратешките приоритети.

Приоритетни цели на акциониот план за вработување на општина Струмица 2013-2015

Релевантните институции од Општината Струмица приоритетите на пазарот на трудот ги рангираат на следниот начин:

1. Привлекување инвеститори

2. Поддршка на младите за стекнување работно искуство

3. Создавање поволни услови за претприемништво и отворање бизнис

4. Подобрување на бизнис окружувањето

5. Развој на нови пазари за земјоделието

6. Поддршка на земјоделците за пристап до ИПАРД и ЕУ програмите

7. Развој на прекугранична соработка

8. Активни мерки за вработување на младите

9. Поддршка на вработеноста во руралните средини

10. Испити за здобивање квалификации на НКВ невработени со работно искуство

11. Афирмација на занаети специфични во рурални средини

12. Промовирање на локалните МСП и бизнисите

13. Зголемување на конкуретноста во земјоделскиот сектор

14. Развој на рурален туризам

15. Промоција на културно-историското наследство, природните убавини и реткости

16. Поддршка на млади таленти

Овие приоритети се опфатени во акциониот план за вработување во три стратешки области: поддршка на вработувањето, поддобрување на образованието и социјална инклузија.

Стратешки приоритет бр.1. Промоција на вработувањето-зголемувањеи одржување на вработувањето и промовирање на прилагодувањето на промените на пазарот

Зголемувањето на вработеноста, намалувањетона невработеноста и задржувањето на повеќе лица во работен однос преку подобрување на вештините на невработените и подобрување на приспособливоста на работниците и претпријатијата за потребите на пазарот е долгорочен приоритет.

За остварување на овој приоритет планирани се две мерки.

Мерка 1.1. Промоција на способностите за вработување и вештините за прилагодување на промените на пазарот на труд

Оваа мерка опфаќа активности што водат до вработување на оние што учествуваат во програмите или до стекнување на вештини за прилагодување на потребите на пазарот

Page 26: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 26

на труд во општината Струмица. Разработени се во три цели за различни категории невработени лица.

Цел 1.1.1.Зголемување на можностите за вработувањето на 720 млади и лицата што за прв пат бараат работа

Невработеноста е особено актуелна меѓу младите луѓе, чија стапка на вработеност е многу ниска.. Долгорочната невработеност исто така е висока, како и бројот на лицата што за прв пат бараат работа. За оставрување на оваа цел предвидени се следниве активности:

Зголемување на учеството на младите за 10 % годишно во користењето на АМПТ на АВРМ. Со оваа активност треба да се зголеми бројот на лица од ОС што ќе ги користат мерките од годишниот оперативен план за вработување на владата.

Спроведување на практиканството (можностите за учење преку работа УПР) со менторирање на практикантите од страна на обучен ментор на работодавачот. Оваа мерка треба да вклучи и обука наментори во компаниите каде ќе се реализира учењето преку работа, како додадена вредност за младите со цел стекнување на одредени вештини во текот на учењето преку работа.

Организирање на јавни работи е мерка од ОПВРМ во која 50% од средствата ги обезбедува владата а 50% општината. Иницијатива за вработување 20 млади со пола работно време на 1 год за општински услуги (туризам и социјала). За стекнување на работно искуство и вештини се применува вработување на млади лица за обезбедување на туристички услуги (водичи, информатори) и за испорака на социјални услуги на ранливите социјални групи.

Цел 1.1.2.Стекнување вештини за прилагодување на пазарот на труд на 720 невработени лица

Стекнувањето вештини и дополнителни квалификации им овозможува на невработените да се прилагодат на потребите на пазарот на трудот. Преку оваа цел ќе се опфатат 720 невработени лица преку реализацијата на 4 типа на обуки: ИТ вештини; Формализирање на квалификации на лица кои стекнале искуство со неформално вработување; Обука за претприемништво:Обука за комуникациски вештини (програмата за подготовка за вработување и работа преку Центарот за Вработување Струмица)

Цел 1.1.3. Промовирање на континуираната обука на вработените за зајакнување на конкурентоста на претпријатијата

Оваа цел е насочена кон подобрување на побарувачката на работна сила и поддршка на претпријатијата да обезбедат квалитетна работна сила која ќе ја зајакне нивната конкурентност.

Планираните активности за оставрување на оваа цел се:

Обука за познат работодавач е мерка од ОПВРМ која им овозможува на претпријатијата да вработат лица според нивните потреби.

Погодност за вработување за странските дирекни инвестиции . Оваа мерка е во надлежност на ОС и таа треба да обезбеди привлекување на СДИ во урбанизираните индустриски зони.

Систем на поддршка на земјоделците за повлекување средства од ИПАРД. На општинско ниво ќе сеорганизира систем на протокна информации и експертска помош за зголемување на бројот на барања на земјоделците на повиците од програмата ИПАРД.

Page 27: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 27

Иницијатива за формирање на општински фонд за кредитирање на одобрени ИПАРД проекти. Овој фонд ќе ги поддржува земјоделците чии барања ќе бидат одобрени за финасирање од ИПАРД програмата.

Брендирање на локални продукти и настани. ОС има многу туристички локации и културни настани кои можат да се брендираат со што ќе придонесат до поголема побарувачка за нив и следствено повеќе работни места во општината.

Формирање инкубатор за поддршка на бизнисите на младите. Активноста предвидува отварање на инкубатор за претпријатија формирани од млади на кои им потребна поддршка со простор и совети за опстојување на пазарот. Постоењето на инкубатор ќе ги охрабри младите побрзо да се одлучат да отпочнат сопствен бизнис.

Обуки за зголемување на конкурентоста во земјоделието. Овие обуки ќе се организираат од здружението на земјоделци и ќе обезбедат информации за подобар квалитет на земјоделските производи и поголема конкурентност на регионалниот пазар.

Мерка 1.2. Зајакнување на капацитетот на локалните организации за спроведување на општинската политика за вработување и координирање на ЛАПВ

Оваа мерка придонесува да се зголеми ефикасноста во реализирање на општинската политика за вработување и јакнење на капацитетот на локалните актери на ПТ за поголемо повлекување на средства од ОПВРМ и ИПА компонентата -4

Цел 1.2.1. Зголемување на капацитетот на локалните организации и институции за имплементација на ЛАПВ

За оваа цел планирани се 5 активности кои предвидуваат формирање на институции и градење капацитет на локалните актери за водење и следење на општинската политика за вработување.

Општинскиот Центар за развој на човечки ресурси е предвиден во ОПРЧР (програма на Владата за реализирање на ИПА 4 компонентата –развој на човечки ресурси) и најголем дел од средствата за неговото формирање ќе се повлечат од програмата.

Обуката на локални експерти за реализација на мерки од ЛАПВ овозможува зајакнување на капацитетот за испорака на мерките на поголем број невработени лица.( обучувачи за претприемништво, обучувачи за развој на проектни идеји, проектни координатори за водење на проекти за вработување на млади)

Обуката на локалните институции за имплементaција на мерки од ЛАПВ е потребна за зголемување на ефикасноста од испорачаните услуги и да ја подобри координацијата која ќе резултира со поголеми ефекти за невработените лица .

Програмата за економска соработка со збратимени градови треба да отвори можности за поголема регионална економска соработка меѓу бизнисите и зголемување на обемот на работа на локалните бизниси.

Годишната програма за промоција на локалните потенцијали и учество на саеми треба да го зголеми интересот на туристи и бизнис да ја посетуваат ОС и да воспостават пазарни врски и соработка.

Цел 1.2.2.Промовирање на социјалниот дијалог и координацијата меѓу заинтересираните страни на локалниот пазар на труд

Социјалниот дијалог треба да биде поддржуван со градење на капацитет на ЛЕСС и заинтересираните страни за следење на пазарот на трудот, анализа на трендовите и развивање на проекти со кои ќе се влијае на подобрување на состојбите на ПТ.

Page 28: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 28

Обуката за ЛЕСС и заинтересираните страни е активност од Стратешкиот план на ЛЕСС и треба да придонесе за јакнење на социјалниот дијалог и носење на важни одлуки за економско социјалниот развој на општината

Изработка на систем за координирање на работата на ЛЕСС е исто така активност од Стратешкиот план на ЛЕСС.

Анализата на потребите на ПТ ќе им овозможи на релевантните актери да имат пристап до релевантни информации за да ги преземаат потребните акции на ПТ

Обуката за развој и водење на проекти треба да го зголеми потенцијалот на институциите за повлекување на средства од ЕУ програмите и другите донаторски програми

Организирање на саем на трудзаради воспоставување на врски помеѓу невработените млади лица и работодавачите со цел проширување на можностите на младите лица кои бараат работа запознавање, вмрежување со работодавачите како и интервју за работа и понуда за вработување. Организирање на работилници за ментори во компаниите каде на младите им се овозможува учење преку работа.

Стратешки приоритет бр.2. Образование и обуки- Инвестирање во човечкиот капитал преку подобрено образование и вештини

Образованието е инвестирање во човечкиот капитал на општината. Овае долгорочен приоритет кој треба континуирано да се надоградува и да се поврзува со потребите на ПТ.

Мерка 2.1. Подобрување на врските и синергијата помеѓу образованието и локалниот пазар на труд

Подобрувањето на врските помеѓу образованието и локалниот ПТ се планира да се реализира преку две цели.

Цел 2.1.1. Промоција на концептот за доживотно учење

Имплементирање на програмата УПР во СС Училишта. Оваа програма е веќе одобрена од Центарот за стручно образование и обука и се имплементира во едно СС Училиште во ОС.

Дуален систем за практична настава е активност за која треба претходна анализа и разгледување на нејзините ефекти. Затоа нејзината реализација е условена од изнаоѓање донатор за финансирање на анализата и ефектите.

Обуката за занаетчиски вештини се планира да се воведе постепено како дел од слободните активности на учениците.Таа предвидува избор на занимања и вештини за кои постои најголем интерес и врз основа на тоа подготовка на соодветни програми за обука.

Обуката за бизнис вештини треба да ги подготви учениците за идните предизвици што ги чекатт на ПТ.

Цел 2.1.2. Поддршка на процесот на поврзувањето на образовните институции со претпријатијата, занетчиите и земјоделците

.За оваа цел се предвидува само една активност: Формирање локална платформа за вештини на ПТ. Платформата треба да претставува место каде ќе се отвараат и дискутираат прашања за поголема поврзаност на образовните институции со претпријатијата, занетчиите и земјоделците.

Page 29: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 29

Мерка 2.2. Обезбедување квалитетно образование за сите

Цел 2.2.1. Зголемување на процентот на ученици што го продолжуваат образованието

За остварување на оваа цел планирани се две активности:

Програмата за образование на НКВ има за цел да им овозможи оформување на образованието на невработените лица кои немаат образование. Нивниот број е најголем во регистарот на невработени.

Програмата за интер етничка соработка треба да овозможи поголема интегрираност на учениците од различните етнички заедници.

Стратешки приоритет бр.3. Социјална инклузија - еднакви можности за сите и засилување на социјалната инклузија

Мерка 3.1.Поддршка на социјалната инклузија на групите кои се надвор од пазарот на трудот ( 2 цели)

Цел 3.1.1. Вклучување на младите на пазарот на трудот

Волонтирање на 100 млади во јавни институции; Инцијатива за дискусија за воведување квота од 25 % млади при прием на работа во ОС;Обуки за развој на бизнис идеја ; Награда за најдобар бизнис План; Награда за најдобар млад претприемач на годината ; Програма за поддршка на иновативни идеи на млади таленти; Поддршка на социјални претпријатија

Цел 3.1.2.Вклучување на земјоделците на пазарот на трудот

Награда најдобар земјоделец на годината; Награда за најдобар проект за рурален развој

2.2. Годишни активности

Во развојот на стопанството на општина Струмица особено значајно место заземат стимулациите на приватниот сектор, олеснувањата што општината може да ги овозможи на бизнис секторот како и потикнувањето на истиот да серазвива со зголемена динамика и правци кон кои тежат сите европски земји.

Во однос на стимулирањето на отварање на нови производни погони и развојот на мали и средни претпријатија општина Струмица преземa конкретни активности во оваа област и тоа:

1. Намалување на комуналните такси за изградба на нови производни погони

Најчесто од страна на стопанствениците како една од причините за намалениот интензитет на градење на производни погони e нагласенa превисоката цена на комуналните такси кои ги плаќаат

Затоа општина Струмица го презема чекорот да ги намали комуналните такси со цел да се стимулира градењето на нови производни погони од страна на малите и средните претпријатија.

2. Креирање на инфраструктурата во интерес на развојот на стопанството

Еден од главните елементи за брз и современ развој на стопанството во општина Струмица е изградбата на потребната инфраструктура во интерес на стопанството.

Општина Струмица во своите планови креира инфраструктура спрема потребите на деловните субјекти кои ќе приодонесат за развој на стопанството. Во интерес на

Page 30: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 30

деловните субјекти ќе обезбедува средства за изградба на потребната инфраструктура, како од сопствени извори така и од проекти и донации.

3. Поттикнување и стимулирање на развојот на туризмот

Туризмот кој досега во рамките на општина Струмица бил доста малку застапен, во наредниот период на истиот ќе му се посвети посебно внимание со цел да туризмот во општина Струмица стане профитабилна и атрактивна стопанска дејност за инвестирање. Развојот на туризмот Општина Струмица ќе го темели на следните основи и тоа :

Збогатување на содржините и инфраструктурно уредување на Бања Банско,со цел прераснување на овој локалитет во туристички комплес во регионот;

Потикнување и стимулирање на руралниот туризам особено во подбеласичкиот регион, истакнувајќи ги водопадите на Смоларе и Колешино;

Изградба на потребната инфраструктура за непречен развој на туризмот (пробивање на патот кон водопадите на село Габрово, изградба на трим и велосипедски патеки);

Развој на ловниот туризам, пред се во атарите на населбите Орманли, Дорломбос и Мемешли, со кое би се ставил акцент и на развојот на селскиот туризам;

Поттикнување за омасувување на културниот и манастирскиот туризам; Струмичкиот карневал да прерасне во поголема туристичка атракција, и

негово туристичко комерцилизирање; Повторно враќање на училишниот туризам во рамките на Општина Струмица

и летувалиштето Суви Лаки; Поттикнување за изградба на нови туристички капацитети; Постојана презентација и афирмација на туристичката понуда на Општина

Струмица надвор од границите, особено кон соседна Бугарија, Грција, како и кон европските земји.

Подигнувањето на културата и туризмот би соодветствувал и со збратимување на Општина Струмица со останати општини од други држави.

Во однос на олеснувањата и потикнувањето на развојот на стопанството Општина Струмица ги преземе следните мерки и активности:

Лесен, брз и едноставен начин на добивање на потребната документација за изградба на производни погони.

Општината подржува и учествува во организарањето на саемски манифестации како во самата општина, така и надвор од неа и државата се со цел презентирање на сопственото стопанство, неговите потенцијали и можности.

Општината обезбедува лесен пристап на информации за стопанските субјекти во однос на проекти, донации

Општината поттикнува и ги подржува странските партнерства со стопанските субјекти од општината

Општината обезбеди соработка и изнаогање на пазари на сопствените стопански субјекти

Секторите во кои се врши кредитирањето и имаат приоритет се :

• земјоделие

• занаетчиски дејности

Page 31: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 31

• сервисна индустрија

• рурален туризам

• индустрија

• трговија

• природно опкружување

За таа цел општината склучи договор за донирање на парични средства за микрокредитирање на социјални и загрозени групи на граѓани за самовработување. Микрокредитирање ќе биде без камата, без било какви инструменти за обезбедување со цел да им се помогне на овие групи при креирањето на своето самовработување. Со процесот на микрокредитирањето раководи Единицата за менаџирање на проектот (ПМУ). со која ќе раководи Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, кој воедно и ќе ги постави другите членови на ПМУ , а која ќе има улога: да поставува критериуми; да ги дефинира условите на микрокреитирање; да врши крајни проценки и селекции на предлог проектите. Микрокредитирањето е револвинг фонд со цел да има поголем број на корисници.

Во прилог на побрз развој на стопанството во општина Струмица општинската администрација ги презема следните чекори за формирање на два Центри за развој на економијата и тоа :

Центар за локален економски развој

Центарот за локален економски развој е формиран од четири општини и тоа : Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Потребата за формирање на еден ваков Центар е резултат на повеќе причини и тоа: Развојот на регион е големо значење на сите општини, стопанството на сите четири општини е мегусебно поврзано од повеќе аспекти, поголеми можности за аплицирање и добивање на проекти за регионалниот Центар отколку да се аплицира за секоја општина посебно, поголеми можности за добивање на средства од структурните фондови од Европската унија кога се аплицира како регион, и др.

Центарот има за задача да ги координира сите активности на општините поврзани со локалниот економски развој , координирање на заедничики проекти за регионот, развивање на развојни стратегии за целиот регион, подршка на стопанските субјекти, афирмација на стопанството, негово презентирање и промовирање.

Центар за заедничка понуда на раноградинарски производи

Имајќи во предвид дека во Општина Струмица и Струмичкиот регион земјоделството е најзастапено, особено производството на раноградинарски култури во заштитен простор, и е најголем производител на раноградинарски производи во државата, Општина Струмица формира Центар за заедничка понуда на раноградинасрки производи. Овој центар се појавува како неминовна потреба од еден повисок степен на организирање на понудата на раноградинарските производи. Ваквата потреба се појавува поради лошиот начин на организирање на пласманот на раноградинаските производи при што како негативни ефекти се појавуваат ниските откупни цени на производите , непостојана и контуинирана количина на производите, неудначениот и нестандардизирани производи, несертифицирани производи, несоодветна и неквалитетна амбалажа на производите.

Во интерес на олеснувањето на комуникациите на Општина Струмица, а воедно и целиот Струмички регион со останатиот дел од државава и пошироко , во наредниот период е предвидена и изградба на хелиодром.

Page 32: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 32

Отварање на информатичка канцеларија во интерес на деловните субјекти и граѓаните на општина Струмица

Во процес е формирање на информатичка канцеларија која ќе биде во интерес наделовните субјекти и граѓаните со цел побрз пристап на информации и интернет комуникации .

Соработката со НВО секторот

Соработката со НВО Секторот во општина Струмица е значаен сегмент за развојот на стопанството и граѓанското општество.

Во прилог на тоа Општина Струмица потпиша меморандум за соработка со Центарот за подршка на невладиниот сектор.

Во стратегијата за развој на општина Струмица соработката со НВО секторот зазема значајно место, а тоа и досега е потврдено со подршка на сите невладини оргаанизации , нивните проекти, учество во заеднички проекти со општината.

Културни институции

Главен репрезент на културата во Струмичкиот регион е Националната установа Центар за култура Антон Панов– Струмица. Почнувајќи од 06 Април,2004, со измените на одредбите од Новиот закон за култура на РМакедонија, трите претходно самостојни организации : Дом на култура, Уметничка галерија и Народен театар Антон Панов, се интегрираа во една заедничка организација, под името Национална установа Центар за култура Антон Панов– Струмица.

Објектот на Центарот за култура Антон Панов- Струмица, е една инпозантна градба од 5560 м2 изграден од самопридонес на граѓаните, пуштен во употреба од01.05.1986 година, како Дом на културата Благој Јанков Мучето. Народниот театар Антон Панов, основан1949 година и Уметничката галерија Струмица, основана 1964 година, исто така тука најдоа свој простор за обавување на своите активности, со што овој објект прерасна во храм на музиката, уметноста и

целокупното културно живеење на граѓаните од Струмичкиот регион.

Просторни капацитети и кадровска екипираност на објектот

Голема сала со 600 седишта, мала сала со150 седишта, фоаје со70 седишта, и 320 м2 ,Изложбен простор од207 м2, скулпторско ателје од100 м2, библиотека со фонд од 2000 книги.

Организација и кадровска структура

Активностите се водат во три сектори: Драмско-сценска дејност; Музичко-концертна дејност; Изложбено-галериска дејност

Менаџментот на институцијата е во лицето на Генералниот директор, Уметнички директор и тројца сектор менаџери. Вкупен број на вработени во институцијата е 38 луѓе. Националната установа Центар за култура-Антон Панов,Струмица, во рамките на своите програмски активности реализира годишна програма како производ на активностите на трите сектори кои работат и делуват во истиот.Имено, програмата на центарот е сублимат на активностите од: Драмско сценскиот, ликовнио-галерискиот и музичко концертниот сектор. Културниот центар Антон Панов, Струмица го организира, консолидира и води целокупниот културен живот.Центарот е средиштето на сите културни збиднувања во градот и околината (Претстави, изложби, концерти, промоции на книги, литературно музички средби, презентации,).Основната цел и активност на Центарот е да ги едуцира граѓаните, посебно младата популација, анимирајќи ја нивната културна креативност,зачувувањето и негувањето на

Page 33: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 33

традиционалното културно наследство и творештво и стварање на една културолошки чувствителна и образована публика.Годишно, секоја година се изработува и доставува предлог програмски содржини и проекти кои биваат усвоени и реализирани сходно финансиската подршка од Министерството за култура на РМ, сопствените средства или спонзорства.

Концептуално секоја годишна програма нуди повеќе содржини, но онаа по кое Центарот за култура Антон Панов-Струмица е препознатлив се содржините и активностите што се водат пооделно во трите сектори:

Драмско сценскиот сектор

Основите и корените се Народниот театар Антон Панов, основан далечната 1949 година, кој во годините на своето постоење поставил на сцена повеќе од 350 премиерни изведби од познати светски и домашни автори со плејада од познати актерски имиња и режисери.Стратешки, тенденцијата е не само поставување на сцена актуелни и популарни дела со градење перманентна присутност и театарска култура во градот, туку и популаризирање на оваа дејност кај младата популација со генерирање нови вљубеници и идни кадри.Во овој сектор се вработени вкупно 20 луѓе, од кои 9 актери,8 сценски работници, како и3 административци предводени од раководител на сектор .Годишно подготвува и реализира околу5 премиери со околу50-тина репризи, по дела од домашни и странски автори.Учествува на сите домашни театарски фестивали и манифестации, а има и соработка со повеќе странски театарски куќи. На сцената поставува и повеќе детски претстави.

Сектор за музичко концертна дејност

Организатор на сите музичко концертни програми и активности во Центарот, а кој за постојани активности ги има:

Хор Деница

Хорот,,Деница,, е постојан субјект во делокругот на музичко сценската активност- сектор и на програмските активности во Центарот за култура- Струмица. Тој е дел од програмите кои се организираат не само во Центарот за култура туку и другите културни случувања во градот. Зема редовно учество на домашни и интернационални фестивали, од каде редовно се враќа со освоени награди. Последна освоена награда е Првата награда на Републичкиот хорски фестивал- Кавадарци2004.Од гостувањата во странство, ги издвојуваме Учество на меѓународен хорски фестивал,, Проф. Горги Димитров,, во Варна Р.Бугарија, со освоено четврто место и веќе редовно гостување и настап со своја програма на универзитетот,,Аристотел,, во Солун, Р Грција.Во текот на2005-та година оствари и повеќе гостувања надвор од земјата(манифестација- Денот на културата во градот Мелник, Р Бугарија).

КУД Боро Џони

Во делот на програмските активности поврзани со негување на традиционалниот македонски фолклор,претходно во Домот на културата,а сега во Центарот за култура Антон Панов Струмица, работи и со години успешно опстојува КУД" Боро Џони",кој со своите членови околу34 фолклористи и6 музичари се презентери на народното фолклорно богатство.Обучувајќи и внесувајќи ги во уметноста на фолклорните игри и традиционални кореографии,и бројните ново запишани членови,тие напорно се и дел од повеќето програмски активности на Центарот за култура.За време на своето постоење и работа остваруваат бројни настапи во земјата и во странство(Германија,Украина,Данска, Турција,Полска и т.н)Позитивните оценки и прием што ги добиваат по повеќето настапи во странство и во земјата,попратени со

Page 34: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 34

повторни покани за редовно учество во некои традиционални манифестации се обврска за оваа културно уметничко друштво, а со тоа и на Центарот за култура.

Староградски ансамбл Распеани Струмичани

Староградскиот ансамбл,,Распеани Струмичани,, постои и работи во Центарот за култура со години.Опстојува во својата програма и настани, повеќе како резултат на ентузијазмот и залагањето на членовите и раководството на Центарот, со минимум расположиви финансиски средства. Негува еден значаен, по нас, сегмент од традиционалното музичко и културно живеење на нашиот народ, зачувувајќи ги низ годините звуците, обичаите,обележјата и навиките на населението од овој крај.Настапува во повеќе програмски активности на Домот на културата и реализира гостувања на манифестации во земјата и странство и е со издадена аудио и видео касета од својот репертоар.

КУД Русалии

Во делот на програмските активности поврзани со негување на традиционалниот македонски фолклор, во Центарот за култура, работи КУД Русалии од2003 година, кои со своите членови(околу20), го презентира народното фолклорно богатство.Обучувајќи ги и внесувајќи ги во уметноста на фолклорните игри, Традиционалните кореографии и бројните ново запишани членови,кои напоредно се и дел од повеќето програмски активности на Центарот за култура. Друштвото КУД Русалии работи и опстојува од1913 година. Корените на друштвото се од Кукушко.имаат земено учество на Илинденските денови 24 пати досега

Изложбено-галериска дејност

Во склоп на овој сектор се обавуваат дејности во смисла на организација на изложби на познати домашни и странски уметници, а се врши едукација и популаризација на ликовната уметност.

Позната е по Меѓународната Струмичка ликовна колонија, која постои од1964 година,се одржува секоја година од1 до20 Август, а преку која стотици уметници од разни земји во светот дошле и твореле во градот, и оствариле богат фонд од уметнички дела.

Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Се одржува веќе 6 години по ред и е во склоп на традиционалните карневалски празнувања во Струмица, во време на Тримерските обичаи.Темата на фестивалот е карневалот со лесна еротика и има награден карактер.Учество на фестивалот земаат многу домашни и странски карикатуристи и уметници. Како резултат од фестивалот Центарот т.е градот Струмица располага со веќе значителен фонд на карикатури и афоризми.

Детска ликовна работилница

Во склоп на образовно педагошката дејност, за популаризирање на ликовната уметност кај младата популација, се организира ликовна работилница.На истата земаат учество учесници од околу30-тина од основните и средни училишта, кои во период од10 дена, работат и творат во присуство на ликовни педагози. Се одржува од10 да20 Јануари. Изработените дела се презентираат на изложбите кои се организираат во Струмица и низ Републиката.

Меѓународен фестивал на камерен театар Ристо Шишков

Традиционален фестивал на камерен театар во чест на великанот на македонското глумиште- актерот Ристо Шишков.Се одржува секоја година од8 до14

Page 35: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 35

Септември.Фестивалот е од награден карактер со една единствена награда за најдобра актерска изведба.

Туристички локалитети

Св. Петнаесет Тивериополски Маченици

Локалитетот Св.15 Тивериополски Маченици сведочи за градот во доцноантичкиот период. На местото каде денес се наоѓа црквата Св. 15, култот на Св. Петнаесетте Тивериополски Маченици се одржал до денес..Првото нивно спомнување се наоѓа во Охридското глаголско евангелие од крајот наX и почетокот наXI век. Во месецословот што е додаток на евангелието се одбележува поменот на Струмичките маченици- Тимотеј, Теодор, Евсевиј и"дружине их". Во Охридскиот апостол од крајот наXII век се слават- Тимотеј, Камасиј, Евсевиј, Теодор, Петар, и"и инах".Четворица од мачениците, Тимотеј, Камасиј, Евсевиј и Теодор заедно со другите единаесет маченици, бегајќи од прогоните на христијаните, за време на владеењето на царот Јулијан Апостата (361-365), побегнале од Никеја во Солун, а оттаму во Тивериопол- Струмица. По откривањето и мачењето тие настрадале во Тивериопол, каде што биле и погребани. Петнаесетте Маченици од Тивериопол биле погребани во доцноантичка некропола, надвор од градот, каде што се закопувале христијаните. На овој простор е откриен комплекс од црковни градби во чиј централен дел се наоѓа голема засведена гробница. Централната гробница и другите16 засведени гробници се изградени врз постар храм, односно ранохристијанска базилика, чиј под бил декориран со полихромен мозаик. Појавата на крстот меѓу мотивите на мозаикот укажува на христијански објект. Од Базиликата е зачуван дел од апсидата на источната страна, северниот периметрален ѕид и основата на северниот стилобат. Подоцна над базиликата е изградена крстовидна црква. Изградбата на крстовидниот храм мартириум врз разурнатиот базиликален објект постои можност да бил изведен во текот наV век, или посигурно воVI век, во времето на Јустинијан, кога се обновени и ремоделирани многу запуштени храмови во Македонија. Над оваа црква воIX - X век е изградена друга крстовидна црква. Истата не налегнува на ѕидовите на базиликата. Изместена е на јужната страна и го зазема централниот кораб на базиликата, со нартекс и егзонартекс на западната страна. Во централниот дел на наосот на крстовидната црква сместена е голема засведена гробница.

Св. Богородица Елеуса, Велјуса

Меѓу средновековните цркви од византискиот период, на оддалеченост од7 км западно од Струмица во с. Велјуса се наоѓа манастирската црква Света Богородица Милостива(Елеуса), посветена на празникот Воведение на Пресвета Богородица .Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир(присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја не само во југоисточниот дел на Македонија, туку пошироко на Балканот.

Според сочуваните записи на двата архитрава кои биле однесени од бугарските власти за време на Првата Светска војна во Софискиот археолошки музеј, црквата ја подигнал на северните падини на планината Еленица на бигореста карпа монахот, а подоцна струмички епископ Мануил во 1080 год. кој дошол од Халкедонскиот манастир Св. Авксентиј од малоазијската област Витинија во Велјуса. Од споменатите извори дознаваме дека манастирот Св. Богородица Милостива(Елеуса) е изградена над некогашното село Палеокастро во Темата Струмица по кој и селото го добило денешното име. Манастирот се споменува и во Грамотите на византискиот император Алексиј I Комнен 1085 год., во една од

Page 36: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 36

годините на 1091 или 1094 година оваа манастирка црква била лично посетена од византискиот император Алексеј I Комнен, кој за нејзините убавини изразил силен восхит во пишаните извори.

Св.40 Севастиски Маченици

Креирањето и обликувањето на сакрално архитектонски објекти е присутно и во с. Банско. Средновековната црква во близина на населбата Банско се наоѓа на1,5 км северно од селото и 1 км западно од асфалтниот пат за Банско.

Црквата Св. 40 Севастиски Маченици има основа на слободен крст со развиен апсидален простор: ѓаконикон и проскомидија, а на запад продолжува наосот со влез, додека на исток се сочувани остатоци од синтронос. Тоа упатува на заклучок дека црквата била и епископско средиште. Временски црквата, според архитектонската градба и животописот припаѓа наXII и XIII век, а била доградувана и во турскиот период. Црквата поседувала бел мермерен иконостас од кој се пронајдени сочувани декоративни и конструктивни елементи. XIII век, а била доградувана и во турскиот период. Црквата поседувала бел мермерен иконостас од кој се пронајдени сочувани декоративни и конструктивни елементи.

Св. ЛеонтијВодоча

Комплексот цркви Св. Леонтиј се наоѓа во село Водоча на оддалеченост од 4 км. од Струмица. На локалитетот се сочувани три цркви(источна, западна и средна) со три фази наживописување во ентериерите, архитектонски остатоци, придружни објекти и манастирски комплекс, трпезарија, стопански објекти, две бањи и повеќеслојна христијанска некропола. Од ранохристијанскиот период се сочувани темелни партии од базилика со мермерна декоративна пластика одV иVI век, а воVII доIX век. Подоцна е подигната источната, трикорабна куполна црква, која била епископска. Оваа црква е оштетена во Самуиловиот период а подоцна е повторно обновена. Како епископска се споменува во1018 год. во повелбите на ВасилијII, по пропаста на Самуиловата држава. Денес од неа се зачувани олтарната апсида, проскомидијата и ѓакониконот. Првобитниот иконостас бил мермерен, а подот од мермерни плочи. Рушењето на црквата е поврзано со пропаста на Самуиловата држава и паѓањето на Струмица под византиска власт1018 год.

Перспективи за развој на Туризам

Во изминатиот период во Струмичкиот регион интензивно се развивал само бањскиот туризам. Руралниот простор бил во голема мерка запоставен. Поради тоа, руралните туристички ресурси и покрај нивното значителна атрактивност, останале речиси негибнати. Економската оправданост на развојот на селскиот туризам е во согласност со актуелните трендови во побарувачката на светските емитивни подрачја, кои налагаат изнаоѓање на некои алтернативни видови туризми.

Во тој контекст треба да се сфати и развојот на руралниот туризам во Струмичкиот регион. Селскиот туризам преставува спечифичен вид на туризам, кој се карактеризира со релативно подолг престој, мал радиус на движење и сезонски карактер. Треба да се нагласи дека, успешното развивање на селскиот туризам во примерот на креирање на рурални туристички дестинации, претставува сериозен потфат. Развојот на ваквиот туризам, покрај согласноста на месното население, претставува и постоење на одредени атрактивности како што се: чист, богат со шуми и колоритен крај, можности за спортска рекреација, присуство на дивеч и

Page 37: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 37

домашни животни, традиционална култура на живеење и работење и близина до некои знаменитости.

Имајќи го во предвид сето тоа, како потенцијални рурални туристички дестинации се диференцираат поголем број населени места од Струмичкиот регион. Како потенцијална рурална туристичка дестинација може да се посочи Банско. Имено во атарот наоваа населено место е лоциран најексплоатираниот туристички ресурс од целиот Струмички регион. Тука посебно би ги издвоиле сместувачките капацитети во локалитетот Бања Банско, остатоците од црквата Свети 40 Севастополски маченици и термоминералните извори. На оддалеченост од 7 км западно од Струмица се наоѓа населено место Велјуса каде се наоѓа манастирска црква Света Богородица Милостива (Елеуса) посветена на празникот Воведение на Пресвета Богородица. На оддалеченост од 4 км од Струмица се наоѓа населено место Водоча каде се наоѓа комплексот цркви Свети Леонтиј. На оддалеченост од10 км од Василево се наоѓа населено место Трибичино каде се наоѓа црквата Св. Петка која е изградена во1871 година која претставува Споменик на Културата.

Имајќи го во предвид сето тоа, како потенцијални рурални туристички дестинации се диференцираат поголем број населени места од Струмичкиот регион. Треба да се спомне селото Смоларе кое се наога на падините на планината Беласица во мошне живописни предели, погодни за рекреативни прошетки. Во близината на селото се наоѓа и најголемиот постојан водопад Смоларски Водопад со висина од 38м чие куриозитетно својство претставува значајна туристичка атракција.

Во подножјето на Беласица уште едно населено место има потенцијал да се развие во значајна рурална туристичка дестинација.Тоа е Колешино каде се наоѓа Колешинскиот Водопад со висина 13,8 м. На падините на Беласица, треба да се истакне и присуството на ендемскиот папрат Osmunda Regalis кој зафаќа површина од околу 500 м².

2.3. Листа на настани

Во Струмица се одржуваат повеќе манифестации од кои: 1. Интернационалниот филмски фестивал АСТЕРФЕСТ, кој традиционално се одржува кон крајот на мај при што се доделуваат награди на странски и домашни филмски автори за кратки / документарни филмови.

АСТЕРФЕСТ е фестивал на филмските автори којшто започна да се одржува од 2005 година во Струмица. Фестивалот има натпреварувачки карактер и во програмата „Астердокс“ се доделуваат три награди за документарни филмови над 30 минути: златна, сребрена и бронзена потковица за автори од Југоисточна Европа.

Покрај овие награди се доделува и специјална награда „Златен стар проектор“ и награда за високи достигнување во областа на филмот „Астер“. На фестивалот земаат учество професионални филмски автори, кои живеат или се родени во Југоисточна Европа, а тој е отворен за промоција на автори и дела и од други простори. На фестивалот се прикажуваат кратки и долги проектирани содржини.

Организатор на Астерфест е ТФА (Тивериополска Филмска Алијанса) - Институт за краток и документарен филм, со седиште во Струмица, чијшто претседател е режисерот Горан Тренчовски, родум од Струмица.

Астерфест постепено прераснува најзначајна филмска манифестација од ваков тип не само во Македонија, туку и во регионот

Page 38: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 38

http://asterf.blogspot.com/2007/10/home.html

2. Струмичкиот карневал кој се одржува секоја година 40 дена пред големиот христијански празник Великден, во вторникот по Прочка;

Струмичкиот карневал е годишен карневал што се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија, којшто отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име „карневал“, (лат.c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно „збогум месо“), нѝ асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост.

Во денешно време карневалот ја добива и својата трета димензија, односно една посовремена, модерна димензија, со некои влијаниа со слични карневали во светот, а преку својот организиран па и награден карактер, добива една друга посовремена конотација, меѓутоа традиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останува.

Преку шаренилото од бои, фигури и маски со различни мотиви и теми, се настојува да се покаже вечна борба односно дуализам и антагонизам меѓу доброто и злото, реализмот и сарказмот, иронијата, сатирата и традицијата, полтронството и кариеризмот, власта и безвластието и сето тоа проследено со една голема живост и динамика карактеристична на струмичани, кои се исто познати и како големи љубовџии, а во целата таа церемонија подеднакво учествуваат, односно се вклучени сите структури, социјална, старосна и полова структура на учесниците. Маските се по избор на самите учесници. Секој учесник си избира своја тема и, идеја за маскирање, додека кај групните тоа е заедничка идеја на целата група. Од видовите на маски најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски. Во овие денови целиот град живее со и за карневалот. Тоа е голем настан во кој се вклучени повеќе стотици маскирани луѓе по улиците на градот, како и неколку илјади посетители од Струмица а во последно време и од другите градови воРепубликата, па и од странство, .Така бројот на учесниците во карневалот, како и посетителите од година во година почна енормно да се зголемува.

http://strumickikarneval.com

3. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој започнува на 8 септември, а бројот на театарски претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ се одржува од 1992 година во чест на великанот на македонското актерство, Ристо Шишков во Струмица. Од 2005 година фестивалот има меѓународен карактер. Фестивалот традиционално започнува на 8 септември, а бројот на театарски претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за првпат се одржал на 22 октомври 1992 година во Струмица. Примарна цел на овој фестивал е вреднувањето на актерското мајсторство пред сите останати компоненти кои го градат театарот во целост. Манифестацијата се отвори со изложба од фотографии на актерот Ристо Шишков по кој е именуван и фестивалот.

На фестивалот се доделува единствена награда за високо актерско достигнување. Наградата е златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра во денарска противвредност.

Page 39: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 39

http://www.siskov.org.mk/

4. Меѓународната ликовна колонија, која се одржува секоја година од 1 до 20 август, а во секоја нејзина сесија во просек, работат по дваесетина ликовни творци, претставници на различни културни средини и ликовни тенденции, правци и преокупации.

5. Струмица Опен Фестивал- манифестација на која присуствуваат познати музички икони, ликовни уметници и поети. Август

http://instrumica.com/category/nastani/zabava-nastani/

http://www.strumica.gov.mk/

http://www.strumicadenes.mk/ www.strumicaeconomy.com

Заклучоци од анализата

1. Југоисточниот плански регион, во кој припаѓа општина Струмица,го зголемува учеството во вкупниот БДП на Република Македонија, 8,7 % во 2010 година што претставува зголемување во однос на 2009, (учество од 8,0%). Сепак учеството на инвестициите во основни средства во БДП е помало од просекот на РМ.

2. Бројот на жители во Струмица во 2011 година, според Државниот завод за статистика, изнесува 56.280, од кои 28.037 се мажи, односно 28.173 се жени. Во изминатите неколку години, бројот на жители бележи благ пораст од околу 0,3% годишно

3. Земјоделието е најразвиен и најзначаен сектор но инвестициите во земјоделието се намалуваат во перидот 2007-2009 година. Исто така учеството на инвестициите во основни средства во бруто ДДВ е многу ниско во земјоделието-1,81% (највисоко учество имаат градежништвото и трговијата).

4. Покрај раноградинарското производство, други дејности се: конзервната, текстилната, дрвопреработувачката, мелничко-пекарската индустрија, индустријата за градежни материјали, металопреработувачката, електро и електронската индустрија. Особен развој во градот Струмица бележат трговијата, угостителството и услугите.

5. Бројот на активни субјекти во 2011 година е намален за 2,7 % во однос на 2010 година. Микро и малите бизниси сочинуваат дури 99,1% од вкупниот број на активни субјекти. Тие се двигателите на економскиот развој на општината. Во однос на секторите на дејност, деловните субјекти се најбројни во трговијата на големо и мало, преработувачката индустрија и градежништвото

6. Вкупниот број на вработени на територија на ПЕ Струмица (општините: Струмица, Ново Село, Босилово и Василево) изнесува 14.070 лица.од кои 2.187 лица се вработени во јавните и буџетските институци, 9.725 вработени лица претпријатијата од приватниот сектор, 132 вработени занаетчии и 2026 индивидуални земјоделци.

7. Предвидувањата за нови вработувања на годдшно ниво изнесуваат 1903 лица. Во нив секторот индустрија учествува со 51,8 %, трговијата со 23,1 % и земјоделието со 5%, Преработувачаката индустрија е носечка гранка од

Page 40: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 40

аспект на апсорбирање нови вработувања и кај неа се предвидувааат 55 % од планираните нови вработувања (најмногу со средно образование). Исто така умерен е оптимизмот на анкетираните прептријатија за зголемување на нивниот обем на работа во наредниот 12 месечен период, а со тоа и за зголемување на побарувачката за работна сила.

8. Бројот на невработени лица во Струмичкиот регион во Март 2012 година изнесувал 14.075 невработени (5,5% од вкупниот број на регистрирани невработени лица во Република Македонија ), од кои 8.291 се во градот Струмица, Од вкупниот број на невработени, 2.231 (26,9 %)се млади лица на возраст од 15 до 29 години. Фактори кои влијаат на невработеноста на младите се отсуството на работно искуство, лични квалитети и вештини за тимска работа.

9. Проблемот на невработеност е најизразен за возрасната група од 25-34 години (3596 лица) и оние на возраст од 35-44 години (3365 лица). Најголем процент од невработените лица се неквалификувани (58%) , следат оние со средно стручно образование (19%) и квалификувани (14%)

10. Општината Струмица располага со потенцијал за културен туризам, изразен преку активните институции, ултурно уметничките друштва и организираните фестивали. Сепак овој потенцијал сеуште е не е фокусиран на негова валоризација и комерцијализација, со што би приоднел кон заживување на стопанската активност.

11. Општинските институции немаат свои програми и активности за потикнување на стопанските субјекти, пред се занаетчиите и МСП за креирање на бизнис иницијативи и производи со кои ќе се користи потенцијалот на култирните настани и фестивали.

12. Постои потреба од воспоставување на систем на мерење на ефетките од прганизираните на стани во општината Струмица со цел откривање на клучните фактори кои можат да придонесат за поголема стопанска активност поврзана со потенцијалот за кутурен, верски и рурален туруизам.

Page 41: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 41

3. Форми на техничка и финансиска поддршка на

занаетчиите и МСП

Формите на поддршка на занаетчиите и МСП во општината Струмица се однесуваат на техничка и финасиска поддршка.

3.1. Техничка поддршка

Во првата група, техничка поддршка присутни се следниве активности :

a) Зголемување на побарувачката за производите и услугите на занаетчиите и МСП преку барање на пазари, деловни контакти и странски инвеститори и воведување на системи за квалитет

b) Подобрување на нивната конкурентост. преку подобрување на менаџмент вештините на сопствениците на бизнисите, и

c) Обезбедување понуда на квалитетна работна рака преку активните мерки на пазарот на трудот

Во однос на овие подгрупи на поддршка, нивното обезбедување оди преку две нивоа:

на национално преку Агенцијата за промоција на петприемништвото, министерството за економија, Агенцијата за странски инвестиции и Агенцијата за вработување.

на општинско ниво, преку општинската администрација( главно секторот за локален економски развој), регионалниот центар за вработување , Фондацијата за поддршка на МСП , приватни локални тренинг институции и донаторски проекти

Табелата подолу го прикажува учеството на општината Струмица во програмите за активни мерки

Табела 1- Учество во програмите за обука

Page 42: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 42

Обуки од неформалното образование се спореведуваат уште во две други институции. Во ОГУ Ј.Ј Свештарот, во 2011/2012, бројот на посетители на обуки бил 250 од кои 157 на возраст до 29 години. АБЦ Центар за образование, каде бројот на посетители на обука бил 246 од кои 217 биле на возраст до 29 години.

Коментар за опфатот на невработените со активни мерки за вработување

1. Во 2011 год. опфатот на невработени во програмите за вработување

и обука е 7,2 % од вкупниот број на невработени во ОС и тоа

104 лица преку Центар за вработување Струмица- 74 за

вработување и 30 обуки

496 преку институции за неформално образование

600 лица вкупно или 7,2 % од вкупниот број на невработени.

2. Опфатот на младите е поголем во институциите што испорачуваат

обуки за неформално образование (75 % од испорачаните обуки) а

помал кај мерките што се испорачуваат преку оперативниот план на

Владата на РМ во општината Струмица (Центарот за вработување

Струмица) и за мерките чија цел е вработување опфатот изнесува 39 %

млади во 2011 година, додека пак за мерките лиј цел е обука и

квалификации опфатот изнесува 50% млади во 2011 година

3. Цел на ЕУ е годишно преку програми за активните мерки за

вработување да се опфатат 25% од невработените

4. Предлог за општина Струмица

Минимум 10 % од невработените да се опфатат со Активни

мерки од годишниот оперативен план на Владата, а го реализира

Центарот за врабпотување Струмица (што е еднакво на нивото

на годишен прилив на невработени регистрирани за прв пат)

Page 43: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 43

Максимум 15 % опфат со активни меркиод годишниот

оперативен план на Владата, а го реализира Центарот за

врабпотување Струмица(1.200 невработени од кои 50 % треба да

се од НКВ )

Методи на пресметки на користи од мерките за техничка поддршка во однос на трошоци

Анализата на трошоците и користите од реализираните мерки е потребна за да се идентификува степенот на ефикасност во поддршката Исто така таа е критериум за надоградување и проширување на годишните програми со цел поголем опфат на општинско ниво и поголема ефективност од нивноот спроведување.

Анализата на трошоци и користи е направена според сегашните трошоци што ги прави Центарот за вработување. Во неа се опфатени следните мерки:

Постојни мерки 1. Практиканство. Вкупните трошоци по практикаnт изнесуваат 15.000 денари

(3 месеци по 5.000 денари бруто се исплаќаат на секој практикант). Критериумот 50% од нив да бидат вработени обезбедува поврат на вложувањата во мерката за период од 6 месеци (при исплата на минимална плата вкупниот износ на придонеси е 5.000 денари или 60.000 денари за 12 месеци). Бидејќи на 2 практиканти 1 се вработува тогаш тој треба да ги поврати трошоците за двајца или 30.000 денари. Пресметката покажува дека постои простор критериумот да се ублажи до 25 %, што би значело поврат на вкупно вложените средства за практиканство за период од 1 година. Мора да се напомене дека овде не се вкалкулирани користите од зголеменатата продажба на претпријатието што вработува и исплатата на ДДВ.

2. Самовработување. Вкупните трошоци за оваа мерка се 209.000 денари по отворена фрима (185.000 грант + 2.500 обука за развој на бизнис идеја + 9.500 изработка на бизнис план + 12.000 регистрација на фирма). При 50 % опстанок на новоформираните претпријатија повратот на вложените средства во буџетот е во период од 3 до 3,5 години11. При овие пресеметки земени се користите од плаќање придонеси на вработениот и остварената продажба на новоформираното претпријатие.

3. Субвенционирано вработување. Трошокот за оваа мерка е 105.000 денари (17.500 денари бруто плата за период од 6 месеци). Обврската за задржување на вработениот на работа е 12 месеци. Имајќи предвид дека придонесите изнесуваат 5.300 денари тогаш повратот е 63.600 денари за 12 месеци или 60 % од вложената сума.

4. Обука за познат работодавач. Трошокот по вработен изнесува 24.000 денари (6.000 денари за период од 6 месеци, 4.000 за невработениот и 2.000 за работодавачот). Обврската за прием е 90% од обучуваните работници.

Нови мерки

5. Практиканство со менторирање. Ова е надополнување на мерката практиканство. Како дополнителна вредност за практикантот е обезбедување

11 УНДП ( 2010) Извештај за процена на влијанието на мерката самовработување, Скопје стр.10

Page 44: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 44

ментор од страна на работодавачот и евиденција за стекнатите вештини за време на практиканството. Оваа се уште не се спрoведува па не може да се направи процена на односот трошоци-користи. Имајќи предвид дека постојат донатори кои ќе ја реализираат, нивните податоци можат да бидат искористени за анализа на мерката.

3.2. Финансиска поддршка

Во втората група на финасиска поддршка приутни се следниве активности

Поволни кредитни линии од македонската банка за поддршка на извозот, ЕБРД

линија за конкурентост и енергетска ефиксаност

Општински ослободувања од комуналии за изградба на нови погони и за нпви

вработувања

Финасиска подршка преку активните мерки за вработување преку

субвенционирање на платата на новите вработени, поволни кредити за нови

работни места и грант пари од 3.000 евра за самовработување

ЕУ фондови и програми , пред се ИПАРД и меѓугранична соработка, каде се се

добиваат од 50 до 80% неповратни средства за проекти на претпријатијата.

Финсиските средства занаетчиите и МСП може да ги добијат за: воведување нов

производ и/или подбрување на технологишките процеси; освојување на нови пазари

и/или за подобрување на конкурентоста или енергетската ефикасност.

Заклучоци

Постојната техничка поддршка на занетчиите и МСП е незначителна,

нетренспаретна и се испорачува на неорганизиран начин. Таа не се следи ниту

квантитативно (број на опфатени субјектите со испорачаните мерки и

вкупниот исплатен износ за секоја поединечна мерка) ниту квалитативно (

ефетите што испораќаните мерки ги имаат врз работењето и пазарната

позиција на субјетите). На локално ниво нема организиран пристап за

креирање база на податоци на активни субјекти и осмислена програма на

услиги што се испорачуваат на доишно ииво.

Потребите на занетчиите и МСП за техничка поддршка се изразени во неколу

подрачја: информации за нови пазарни можности; креирање на продукти за

новите пазари; менаџмент вештини за задржување на клиентите и нивното

задоволство од користените производи и услуги; градење на

мрежи/партнерства за заеднички пазарен настап; и финасиски менаџемнт за

финасирање на нивните бизнис идеи.

Понудата на финансиски средства е нетранспаретна на локално ниво и

поставени се административни бариери за пристап до нив, за кои занаетчиите и

претприемачите немаат доволно знаење за да ги исполнат критериумите за

повлекување на понудените финасиски средства.

Институционланта поддршка на локално ниво е фрагментирана, без јасна

понуда на бизнис услуги и е високо зависна од донаторските програми, со мал

капацитет за директна наплата на услугите од корисниците (занаетчиите и

МСП). Институционалното јакнење треба да опфати јасен пакет на услуги за

Page 45: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 45

МСП; менаџмент вештини на вработените за креирање пазар за тие услуги и

вептини за ефикасна испорака на услугите.

Отсуството на програми за искористување на туристичкиот, културниот и

верско-историскиот потенцијал како и потенцијалот на настаните што се

организираат на годишно ниво покажува дека не постои организиран напор за

комерцијализција на настаните за развој на нови бизниси.

Потребани се дополнителни податоци одинституциите што ги организираат

настаните за да се оцени користа во однос на трошоците за реализирање на

културните настани, како директните кроисти така и индоректните користи.

Page 46: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 46

4. Препораки

4.1. За развој на туризмот

Да се создадат услови транзитниот туризам да стане значаен извор на приходи

во Општина Струмица

Да се развие одржлива туристичка понуда во струмичкиот микро регион врз база на природните, културните и човечките ресурси, која ќе биде дел од туристичката понуда на РМ

Да се овозможи лесен и брз пристап на посетителите до туристичките атрактивности.

Да се обезбеди вклопување на промоцијата на туристичките ресурси во промоцијата на туристичките ресурси на РМ

Туризмот да стане значаен извор на приходи и вработување на локалното население во општината Струмица .

4.2. Развој на претприемништвото и МСП

Недостасуваат јасни определби и стратешки приотитети за развој на претприемништвото и МСП. Ова прашање е оставено на институциите кои се бават со МСП, но без дефинирани програми за техничка и финасиска поддршка на приватниот сектор, посебно на МСП и бизнисите.

Исто така, не постои база на податоци за МСП на ниво на општини и регион, кои ќе служат за вклучување на МСП во проекти и иницијативи за зголемување на конкуретноста на СИР.

Заклучоци

1. Постојат сеопфатни истражувања за потенцијалите на општината Струмица и расположивите ресурси, како и стратешки документи за развој. Првичниот впечаток за стратешките приоритети е дека тие не кореспондираат со јаките и слабите страни на општината Струмица. ниту се насочени кон искористување на можностите што се нудат на регионалниот и европскиот пазар.

2. Стратешките документи и акционите планови не се разработени според потребните ресурси за нивно остварување, недостасува буџет за реализирање, како и извори на средства за финансирање на мерките и активностите.

3. Предложените мерки и активности за реализирање на стратешките приоритети не предвидуваат активности за градење на капацитети на инстистуциите и човечките ресурси како основа за зајакнување на конкурентноста на регионот. Имено, најважен фактор за зголемување на економските активности во регионот е капацитетот на институциите да ги мобилизираат, кординираат и водат релевантните субјекти кон поголема искористеност на потенцијалот и ресурсите на општината .

4. Прашањето на претприемништво и развој на МСП не е никаде поставено како приоритет, кој треба да се поддржува како носител на конкурентоста на регионот и фактор за привлекување на инвестиции. Отсуството на волја резултира со исклучување на претприемачите и МСП, како и неискористеност на нивниот потенцијал во постигнувањето на развојните цели на општината.

Page 47: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 47

5. Преовладува впечатокот дека не постои волја за градење на партнерства со приватниот сектор за вложувања во поголемата искористеност на потенцијалите на регионот. Отсуствува систем на континуирана комуникација (наместо од случај до случај) со претприемачите и постојна размена на информации и идеи за соработка во регионот и пошироко.

6. Реализирањето на потенцијалот на општината е тесно поврзан со приватните преприемачки иницијативи. Но таа може да дојде до израз само доколку е препознаена, насочувана и поттикнувана од регионалните и општинските власти. Отсуствува систем на постојан повик до претприемачите и МСП за иницирање идеи и иновирање на економските активности во СИР.

4.3. Предлози за поддршка на занаетчиите и МСП А. Инволвирање на занаетчиите и МСП во меѓуграничаната соработка

За поголема инволвираност на претприемачите и МСП во остварување на прекуграничната соработка потребно е да се реализираат следните препораки:

1. Мобилизирање на МСП во предлагањето на стратешки приоритети за општината, каде ќе делуваат со цел за дефинирање на нивниот интерес за подобри пазарни резултати. Еден од начините да се постигне ова е преку формирање на П&МСП мрежа или платформа12 на релевантни субјекти кои се заинтересирани за развој на претприемништвото, која ќе отвара прашања, ќе дискутира и ќе нуди решенија за поголемо вклучување на претприемачите и МСП во остварувањето на стратешките развојни приоритети .

2. Разграничување на МСП кои се подготвени да се вклучат во прекуграничната соработка на:

б.1. - оние што ќе се вклучат во проекти за зголемување на интересот за посета на општината , Идеи за проекти, 1.Формирање на база на податоци на МСП кои креираат производи за користење на природните ресурси и културно-историското наследство , 2. Годишна награда за најдобра претприемачка иницијатива; 3. Конкурс и годишна награда за најдобра иновација за искористување на потенцијалот на општината Струмица .

б.2. оние за привлекување на инвеститори; и заинтересирани за настап на трети пазари. Идеи за проекти,1. база на податоци на МСП кои имаат продукти за извоз; 2. Промотивен материјал за препознатливи, автентични производи од Струмица (формирање на заеднички бренд за регионот); 3. Годишна награда за најуспешна промоција за привлекување инвеститори

3. Покренување на иницијативи за воспоставување институции кои ќе бидат координирани од општинските власти, а кои во прв план ќе се занимаваат со поддршка на приватниот сектор во приоритените сектори со најголем потенцијал за соработка и развој на регионот. Идеи за проекти: 1. Формирање Регионална агенција за поддршка на соработката на МСП од двата региона 2. Веб-страна со видовите поддршка ( техничка и финасиска) за соработката на МСП од двата региона ;

12 Мрежа ( Платформа ) на претприемчи и мали и средни претприејатија

Page 48: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 48

Б. Области на соработка на занаетчиите и МСП

За осмислување на прекуграничната соработка на преприемачите од двата региона потребно е да се дефинираат следните области на соработка помеѓу МСП:

Сектори -дејности за соработка I. Земјоделие , потенцијал за производи со бренд на Струмица органско

производство( здрва храна); II. Прехранбена индустрија, избор на карактеристична храна и брендирање на

производи како специјалитети на регионот III. Дрвна индустрија IV. Културно –историски настани и манифестации, Промоција и настапи во

странство со цел привлекување посетители ; посебни производи/сувенири со етикета на културно-историски знаменитости

V. Транспорт VI. Градежништво

VII. Услуги VIII. Лов и риболов, Промоција на мрежа на рибници како туристичка атракција,

комбинација со риболов и лов. IX. Туризам, Бањски туризам за повозрасни туристи од ЕУ; Алтернативен туризам

( велосипеди, пешачење, јавање коњи-магаре); Туристички населби и спортски риболов

X. Занаетчиство, изработка на сувенири од карактеристичните занаети во регионот

XI. Енергија ( енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија) XII. Чиста и мирна природа, Рурален престој на село; обука за одгледување

добиток; обука за правење специјалитети; обука за селски занаети

Видови на соработка меѓу претприемачите и МСП 1. Искористување на природните богатства на регионите 2. Развој на заеднички производи 3. Заеднички настап на трети пазари 4. Развој на туристичка понуда ( продукти/услуги) за културно-историските

места и знаменитости на двата региона 5. Градење партнерства за привлекување инвестиции 6. Заеднички настап на ЕУ програмите и фондовите 7. Заеднички настап за остварување на стратегиите за локален економски развој

на општините во двата региона

В. Форми на поддршка на соработката меѓу МСП од двата региона

Формите на поддршка на соработката треба да се лоцираат во следните подрачја:

а) Знаење за развој на заеднички производи и пазари б) Водење на проектите од страна на општинските и регионалните власти в) Обезбедување на настани за контакти меѓу фирмите од двата региона г) Промоција на фирмите и организирање на промотивни настани ( саеми, изложби, и поврзување со светски брендови) д) Изнаоѓање инвеститори и финансиери на проектите на фирмите ѓ) Обука на стручен кадар за менаџирање на соработката меѓу фирмите

Page 49: Konsalting stiudija (1)

The project is co-funded by EU trough the IPA Cross-Border Programme CCI number 2007CB16IPO007 Page 49

Г. Воспоставување на систем на процена на користи и трошоци за МСП од вклучувањето во соработката

Системот на користи-трошоци за МСП од вклучувањето во соработката е значаен за пресметка на ефикасноста во постигнувањето на целите на соработката, како и за дефинирање на мотивираноста за превземање на ризик од заедничкиот потфат со регионалните и општинските власти.

Д. Градење на капацитети за поддршка на прекуграничната соработка на МСП од двата региона

Градењето на капцитетот за поддршка на претприемчкиот дух и МСП треба да се одвива на три нивоа:

Поединци со вештини и способности да мобилизираат, координираат и извршуваат активности во кои се инволвираани повеќе заинтересирани страни со спротиставени ставови и интереси.

Институции и организации кои ќе можат да ги артикулираат интересите и иницијативите на преприемачите и МСП и ќе служат за лобирање и застапување на нивните инереси.

Платформи и мрежи на заинтересирани, релевантни институции кои ќе дејствуваат на важни прашања за зголемување на конкурентноста на двата региона.

Прилози

1. Платформа за развој на Општината Струмица 2007-2015

2. Локален акциски план за вработување 2013-2015

3. Стратегија за развој на микро регионот Струмица

4. Профил на струмичкиот микро регион- општините Струмица, Василево,

Ново село и Босилево