intervju

5
Членовите од новинарската секција од II5 одлучија да направи интервју со една професорка од наставничкиот кадар на гимназијата ,,Јосип Броз-Тито” , Александра Ѓурчиновска – професор по англиски јазик. JBTnews: Од каде желбата за професор? Проф.Александра Ѓурчиновска: Делумно е дел од семејната традиција (мојата мајка беше професор по филозофија), а делумно и од желбата да ги споделам знаењата од англо- саксонскиот свет, јазик и култура. JBTnews: Кое е вашето најлудо/чудно/убаво искуство со ученици? Проф.Александра Ѓурчиновска: Најубавото искуство ми е една матурска прослава, на која по избор на учениците ми дадоа диплома за „професор на генерацијата“1994/98. Лага е дека наградите не значат ништо. JBTnews: Најомилени и најнеомилени професори од средно? Проф.Александра Ѓурчиновска: Како ученик на оваа гимназија, го споделив со вас „Даскалот“ т.е. проф.Додевски – модел за чесност,

Transcript of intervju

Page 1: intervju

Членовите од новинарската секција од II5 одлучија да направи интервју со една професорка од наставничкиот кадар на гимназијата ,,Јосип Броз-Тито” , Александра Ѓурчиновска – професор по англиски јазик.

JBTnews: Од каде желбата за професор?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Делумно е дел од семејната традиција (мојата мајка беше професор по филозофија), а делумно и од желбата да ги споделам знаењата од англо-саксонскиот свет, јазик и култура.

JBTnews: Кое е вашето најлудо/чудно/убаво искуство со ученици?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Најубавото искуство ми е една матурска прослава, на која по избор на учениците ми дадоа диплома за „професор на генерацијата“1994/98. Лага е дека наградите не значат ништо.

JBTnews: Најомилени и најнеомилени професори од средно?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Како ученик на оваа гимназија, го споделив со вас „Даскалот“ т.е. проф.Додевски – модел за чесност, праведност полн со Цепенкови мудрости и шеги и секако мојата класна, покојната проф. Рафајловска. Неомилени? Да, имаше...

JBTnews: Дали сте во добри односи со професорите кои не ви се допаѓале додека сте биле средношколка?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Секако. Ex-катедра, многу од нив се nice people.

Page 2: intervju

JBTnews: Имавте ли прекар во средно/основно?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Искрено, немав.

JBTnews: Следите ли мода или се држите до еден стил?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Да следам, но не сум „fashion victim“ – ја вметнувам и дозирано користам во мојот, би го опишала, „bohemian urban chic“.

JBTnews: Која е вашата омилена книга/филм?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Како библиофил и филмофил, најтешко прашање. Од книги „Приказна за слугинката“ од М.Етвуд, „1984“ од Џ.Орвел и „Како да патувате со лосос“ од Умберто Еко. Од филмови: „Часови“, „Pulp Fiction“, „Професионалец“ , „Седум“...

JBTnews: Ќе можете ли да ни го откриете вашето хоби?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Спорт. Како дете од мешан филозофско-фудбалски брак, спортот ми е во гените: и гледам и практикувам. Навивам за Арсенал, by the way...

JBTnews: Каква музика слушате?

Проф.Александра Ѓурчиновска: smooth, jazz, Coldplay, Sade, Miles Dawis...

JBTnews: Каде сте патувале и кои се вашите омилени места?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Повеќето луѓе сакаат море и планини, јас сум по градовите и урбаните џунгли. Сум била во: Лондон, Оксфорд, Париз, Рим, Верона, Милано, Амстердам, Хаг, Минхен, Виена, Будимпешта, Салцбург,

Page 3: intervju

Истанбул, Азурна обала, Барселона. Моите најомилени градови се Лондон и Берлин.

JBTnews: Имате ли facebook?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Ја разбирам потребата за размена на информации, но не и воајеризмот, егзибиционизмот и бла-бла муабетите. За мене, менталното соголување е пострашно од физичкото. Од тие причини- не, немам.

JBTnews: Како планирате да се маскирате за 1 април?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Маски носиме секој ден, дајте на први да се видиме, хаха.

JBTnews: Која е вашата фобија?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Бубашваби, болести и клаустрофобија. Се надевам нема да завршам со „фобија од црвени лакирани чевлички“, по 35 години работа со средношколци, ха ха.

JBTnews: Како би се опишале со еден збор?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Перфекционист, за жал, бидејќи велат дека е тоа човек што си го загорчува себе си животот, но и на другите, ха ха.

JBTnews: Што би биле ако не сте професор?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Лекар или моден стилист.

Page 4: intervju

JBTnews: Како би го опишале ЈБТ?

Проф.Александра Ѓурчиновска: Од спротива кај мене, има едно пријатно кафуле, каде секој ден пијам кафе, читам весници и се чувствувам како дома. Се вика „Мое кафуле“. ЈБТ би го опишала како „Мое школо“ – a nice place to be at.