INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ –...

26
Прекрасни зимски колачи кои стекнаа слава низ целиот свет

Transcript of INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ –...

Page 1: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Прекрасни зимски колачи кои стекнаа слава низ целиот свет

Page 2: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Ова многу ќе ги израдува обожавателите на колачи!

За да Ве внесеме во духот на празничното готвење, Ви подготвивме специјален избор од нашите најомилени традиционални рецепти за колачи од целиот свет. Сигурно ќе Ве израдува и ќе Ве инспирира додека удобно се сместувате пред оганот, со чаша топло чоколадо и чинија колачи... од англиските раскошни колачи, до познатите Нанаимо колачи од Канада и помалку познатите деликатеси од Азија и Африка… откријте сосема нов свет на прекрасни вкусови додека ги откривате тајните стари со векови кои ги знаеле само бабите. Ммм, уживајте!

1 www.delimano.com.mk

Page 3: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Европа:

Од Скандинавија до дел на Медитеранот

Сместен над Африка и стуткан до работ на Западна Азија, „стариот континент“ е благословен со микс на вкусови и зачини кои се протекле од границите на јужен Сибир до еден дел на Медитеранот. Погледнете неколку оригинални европски рецепти кои се зачувани низ годините, како и неколку модерни додатоци кои додаваат необичен вкус на старите рецепти.

www.delimano.com.mk 2

Page 4: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Скандинавија: Розенмунар – Шведски колачиња

Розенмунар или шведските колачиња се класичен деликатес кој е лесен за подготовка и е добредојден на секоја трпеза. Вашите гости ќе го обожаваат нивниот вкус и како тие се топат во устата... додека Вие ќе ги сакате поради лесната подготовка и разновидност.

Состојки –излегуваат околу 70 колачиња:• 225гр путер, омекнат• 100гр шолја шеќер• 250гр просеано брашно• 600гр било каков овошен мармалад • прстофат сол (доколку користите несолен путер)

Подготовка:1. Загрејте ја рерната на 190 °C.2. Заедно мешајте ги путерот и шеќерот додека не станат кремасти. Просеете го брашното и продолжете да мешате. Доколку користите несолен путер, додадете трошка сол во тестото.3. Обликувајте го тестото во топчиња со големина од 2,5см и ставете ги на тавата за печење. Притиснете со палецот на средината од секое колаче за да направите простор од отприлика 1 см. Не притискајте пресилно за да не се распадне колачето. Наполнете го просторот со мармалад. 4. Печете 15-20 минути или додека не добијат златна боја на краевите.

Дополнителни состојки и упатства за помодерен вкус: • 100-200 грама сецкани лешници или балдеми или ореви. • 1 мала лажичка екстракт од ванила.Доколку ги користите овие состојки, додадете 2 јајца кои се со собна температура. Одделете ги жолчките и белките. Жолчките размешајте ги со путерот и екстрактот од ванила. Белките матете ги додека не станат пенести. Потоа додадете ги сецканите лешници или бадеми или ореви.

Совет: Можете да користите каков било мешан мармалад – од сливи, кајсии, малини, боровинки и други

овошја.

3 www.delimano.com.mk

Page 5: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Обединетото Кралство: Бисквит за милионериВаријанта на традиционалиот тврд бисквит, бисквитот за милионери е друг омилен класичен рецепт кој сигурно ќе Ве задоволи. Крцкавата основа, карамелата на средината и преливот од чоколадо се совршена комбинација на вкусови.

Состојки – излегуваат околу 24:• 225гр обично брашно• 75g шеќер во прав• 375гр несолен путер• 379гр засладено кондензирано млеко• 4 супени лажици мед• 325гр чоколадо

Подготовка:1. Намрсете ја тавата за печење и ставете хартија за печење. Загрејте ја рерната на 170 °C.2. Ставете го брашното и шеќерот во сад и размешајте ги заедно со 175гр. од путерот . Смесата ставете ја во тавата за печење и измазнете ја.3. На тестото направете дупки со вилушка и печете околу 5 минути, па, намалете ја температурата на 150° C. Продолжете да печете околу 30-40 минути додека не добие златна боја. Извадете ја од рерната и оставете да се излади.

4. Остатокот од путерот растопете го, па потоа додадете го кондензираното млеко и медот. Добро промешајте ја смесата. Загрејте ја на рингла или во микорбранова 6-7 минути додека не почне да врие. Смесата е готова кога ќе згусне и ќе стане светло кафеава. Истурете ја врз бисквитот и оставете да се стврдне. 5. Стопете го чоколадото, истурете го врз карамелата и почекајте да се олади. Штом ќе се стврдне, исечете на парчиња.

www.delimano.com.mk 4

Page 6: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

4. Остатокот од путерот растопете го, па потоа додадете го кондензираното млеко и медот. Добро промешајте ја смесата. Загрејте ја на рингла или во микорбранова 6-7 минути додека не почне да врие. Смесата е готова кога ќе згусне и ќе стане светло кафеава. Истурете ја врз бисквитот и оставете да се стврдне. 5. Стопете го чоколадото, истурете го врз карамелата и почекајте да се олади. Штом ќе се стврдне, исечете на парчиња.

Франција:Лава колачи со какао Специјалитет од централна Франција, овие колачи се лесни и крцкави со вкус на чоколадо и лешници.

Состојки – излегуваат околу 50 колачи:• 160гр лешници• 50гр и 50гр шеќер, поделен на два дела• 1 и 2 супени лажици какао во прав• 1 супена лажица брашно• 1/2 кафена лажичка пециво• 3 белки од јајца

Подготовка:1. Со помош на кујнски сецко, исецкајте ги лешниците. На нив додадете 50гр. шеќер, како, брашно и пециво. Мешајте додека не се соединат сите состојки. 2. Матете ги јајцата додека не станат пенести. Потоа, постепено додавајте го останатиот шеќер, лажичка по лажичка. 3. Полека додавајте ја смесата од чоколадо и лешници, на смесата со белките. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер околу 3 часа. Не го прескокнувајте чекорот со фрижидерот! 4. Загрејте ја рерната на 190° C. Црпнете од смесата со лажица и редете ги на тавата за печење. Печете ги колачите 12-15 минути, додека не пораснат и станат светло кафеави. Оставете ги целосно да се оладат пред да ги сервирате.

5 www.delimano.com.mk

Page 7: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Шпанија:Невадитос Овие богати колачи наречени невадитос (буквално „планини чии врвови се прикриени со снег”) се лесни за правење и можат да се направат во каква било форма. Тие се вкусен додаток на секоја трпеза.

Состојки – излегуваат околу 30 колачи:• 600гр брашно• 300гр путер• 100мл бело вино• 1/2 кафена лажичка сол

И• 70гр шеќер во прав

Подготовка:1. Брашното, путерот, белото вино и солта ставете ги во еден сад. Со електричен миксер, на средна брзина, размешајте ги состојките. Продолжете да го месите тестото со рацете. Обликувајте го тестото во топка.2. Покријте го тестото со фолија и ставете го во фрижидер да се лади околу еден час.3. Со помош на сукало, исукајте го тестото и направете го да биде со дебелина од 1-1,5 см.4. Со помош на калапи за колачи, исечете парчиња од тестото и редете ги на тава за печење.5. Печете на 170° C околу 50 минути. Проверете ги колачите по 40 минути. Би требало да станат крцкави, со златна боја кога ќе бидат готови. 6. Извадете ги колачите од рерната и внимателно одделете ги од тавата за печење. Оставете ги да се оладат 10-тина минути.7. Во една чинија ставете од шеќерот во прав и извалкајте ги колачите едно по едно. Ставете ги во чинија за сервирање.

Колачите што ќе Ви останат, складирајте ги во цврсто затворен сад

и чувајте ги на ладно и суво место.

www.delimano.com.mk 6

Page 8: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Колачите што ќе Ви останат, складирајте ги во цврсто затворен сад

и чувајте ги на ладно и суво место.

Италија:Колачиња со рикота сирењеУникатните италјански колачи со рикота сирење се навистина прекрасни. Рикота сирењето ги држи колачињата меки, додека глазурата од лимон им дава необичен вкус.

Состојко– излегуваат околу 50 колачи:• 225гр путер• 400гр шеќер• 2 јајца• 450гр рикота сирење• 2 кафени лажички екстракт од ванила• 550гр брашно• 1 кафена лажичка пециво• 1 кафена лажичка сода бикарбона• 125мл млеко• 550гр шеќер во прав• 1 супена лажица екстракт од лимон• 40гр светки во боја (по желба)

Подготовка:1. Загрејте ја рерната на 175° C. Намрсете ја тавата за печење.2. Во еден сад, размешајте го шеќерот и 220 гр. од путерот. Додавајте ги јајцата едно по едно. Штом ќе завршите со додавање на јајцата, со помош на дрвена лажица размешајте го сирењето и ванилата. Потоа додајте го брашното и пецивото и сода бикарбоната во смесата.Со лажица ставајте од смесата на тавата за печење. 3. Печете отприлика 8-10 минути. Откако ќе ги извадите од рерната, оставете ги да се оладат околу 10 минути пред да ги извадите од тавата за печење. Потоа оставете целосно да се изладат.4. За да ја направите глазурата, загрејте го млекото, додајте 1/2 кафена лажичка путер. Гответе на среден оган додека не се спојат состојките. Тргнете го од оганот и постепено додавајте го шеќерот и екстракт од лимон. Прелијте го секое колаче со глазурата и додајте светки во боја.

7 www.delimano.com.mk

Page 9: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Италија:Колачи со смоквиСе префрламе на југот на Италија. Колачите со смокви се поинакво уживање кое најдобро одговара со шолја еспресо. Колачиве, во кои се спакувани разни вкусови, ќе Ви овозможат одличен начин да се заблажите по ручекот.

Состојки – излегуваат 50-60 колачи:• 600гр шеќер• 6 јајца• 1 кг брашно• 7 кафени лажички пециво • 2 супени лажици екстракт од ванила• прстофат сол• 500мл млеко• 2 кг суви смокви• 1/2 кг суво грозје• 2 кафена лажичка цимет• 100гр шеќер• 1 цел портокал со лушпа• 1 мало јаболко• 125гр сецкан пекан (вид орев)• 250мл вода

Подготовка:1. За да ја направвите смесата, размешајте ги шеќерот со јајцата, екстрактот од ванила и солта. Постепено додавајте го брашното и пецивото. Рачно месете го тестото и постепено додавајте млеко додека смесата не стане лесна за работа. (Ова може да потрае, но, ќе знаете кога ќе биде готово.)2. За да го направите филот, прво исецкајте ги смоквите, портокалот и јаболкото на мали парчиња пред да ги размешате со миксер. Доколку сметат дека филот е многу густ или сув, додадете 250мл вода. Додадете ги зачините и сецканите ореви. 3. Загрејте ја рерната на 190° C.4. Сукајте го тестото додека не стане тенко. Намачкајте го филот на целото тесто. Сечејќи дијагонално, исечете парчиња со посакуваната големина. Печете 10-15 минути.

www.delimano.com.mk 8

Page 10: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Германија:Стари германски медени колачиКласичен, и за многумина омилен рецепт од Германија, старите германски медени колачи најдобро одат со шолја жежок чај.

Состојки:

• 200гр шеќер• 225гр путер• 340гр мед• 2 јајца• 1 кафена лажичка екстракт од ванила• 1 кафена лажичка сода бикарбона• 520гр брашно• 1 кафена лажичка мелен ѓумбир

Подготовка:1. На слаб оган, во мал сад за сос, заедно стопете ги шеќерот, путерот и медот. Оставете да се олади. 2. Заедно размешајте ги јајцата, ванилата, сода бикарбоната и ѓумбирот. Постепено додавајте ја на изладената смеса со медот. 3. Потоа, постепено додавајте го брашното и мешајте додека смесата не се соедини.4. Со супена лажица земајте од смесата и ставајте на тава за печење. Печете 180° C додека не добијат златна боја, околу 10-15 минути.

9 www.delimano.com.mk

Page 11: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Сите ги знаеме американските колачи со чоколадо и колачите со путер од кикирики… но, ако сè уште не сте ги откриле богатите американски бомбици со бурбон и канадските наимо колачи, Ве чека големо изненадување.

Северна Америка:

Најслатките искушенија од Северна Америка

www.delimano.com.mk 10

Page 12: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

САД:Бомбици со бурбонСостојки:• 140гр сомелени наполитанки (околу 40 наполитанки)• 110гр исецкани пекани (вид орев)• 120гр шеќер во прав• 1 кафена лажица цимет (по желба)• 1/2 кафена лажица сомелен ѓумбир (по желба)• изрендано мускатно оревче (по вкус)• 22гр какао во прав• 60мл бурбон• 2 кафени лажички (30мл) пченкарен сируп

Идеи за украсување:шеќер во правкакаосомелени наполитанкиизредано или стопено чоколадоисцкани пекани

Подготовка:1. Сомелените наполитанки, пеканите, шеќерот во прав, зачините и какото мешајте ги додека не се соединат.2. Додадете го бурбонот и пченкарниот сируп. Од смесата формирајте бомбици и извалкајте ги во саканата смеса.3. Изладете ги пред да ги сервирате.

Совет: Бомбиците можете да ги извалкате во карамела или бело

чоколадо за поинаков вкус.

11 www.delimano.com.mk

Page 13: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Канада:Наимо чоколадиГо добивме овој рецепт од вистинскиот извор - Наимо, малиот град во Канада кој се наоѓа на самиот брег на Пацификот.

Состојки и подготовка:

Прв слој• 115гр путер• 50гр шеќер• 5 супени лажици какао во прав• 1 изматено јајце• 175гр сомелени бисквити• 75гр исецкани бадеми• 75гр кокос

Подготовка:Стопете го путерот и додадете шеќер и какао. Додадете ги јајцата и гответе додека не се згусне. Тргнете го од оганот. Додадете ги бисквитите, кокосот и бадемите. Истурете ја смесата во тава за печење.

Втор слој• 115гр путер• 2 со 2 супени лажици крем• 2 супени лажици ванилин шеќер• 250гр шеќер во прав

Подготовка:Размешајте го путерот, кремот шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Убаво размешајте. Истурете ја смесата врз првиот слој.

Трет слој• 113гр чоколадо• 2 супени лажици несолен путер

Подготовка:Стопете го чоколадото заедно со путерот на слаб оган. Откако ќе се спојат, оставете да се олади. Кога ќе биде малку оладено, но сè уште течно, истурете ја врз третата смеса.

Ставете ги да се изладат во фрижидер и исечете на посакувани парчиња.

www.delimano.com.mk 12

Page 14: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Што се однесува за рецепти од далечната Австралија, не можете а да не ги спомнете традиционалните Анзак бисквити. Ги правеле жените за војниците кои патувале во странство, да ги издржат долгите патувања на море. Оттаму се познати и Ламингтон колачите. Превкусно!

Австралија:

Неколку омилени рецепти од далечната Австралија

13 www.delimano.com.mk

Page 15: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Aвстралија:Анзак бисквити со лешници

Состојки:• 40гр цели лешници• 80гр овес• 60гр кокос• 125гр брашно• 1 кафена лажичка сода бикарбона• 200гр шеќер• 115гр путер• 1 кафена лажица мед• 2 кафени лажици зовриена вода

Подготовка:1. Загрејте ја рерната на 175°C. На две тави за печење ставете хартија за печење. Наредете ги лешниците на едната тава и печете ги околу 6 минути. Оставете ги да се оладат па исецкајте ги на крупни парчиња. 2. Размешајте ги лешниците, овесот, брашното, шеќерот и кокосот.

www.delimano.com.mk 14

3. Стопете го путерот заедно со медот во мал сад на слаб оган. Размешајте ја сода бикарбоната во водата и додадете ја на смесата со путерот. 4. Додадете ја смесата со путерот на сувите состојки. Со лажици ставајте од смесата на тава за печење. 5. Печете на температура од 175° C, 18 до 20 минути.

Page 16: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Австралија:Ламингтон чоколадиСостојки:• 125гр омекнат путер• 125гр шеќер во прав• 1/2 кафена лажица екстракт од ванила• 3 јајца• 225гр просеано брашно• 125мл млеко• 150гр сув кокос

Прелив:• 450гр шеќер во прав• какао во прав• 1 супена лажица омекнат путер• 125мл чаша со зовриена вода

Подготовка:1. Загрејте ја рерната на 180°C. Намрсете ја тавата за печење со 3см длабока, 20см x 30см. Ставете хартија за печење и оставете по 2см вишок од сите страни. Со помош на електричен миксер, размешајте го путерот, шеќерот и екстрактот од ванила додека не стане смесата пенеста. Додавајте ги јајцата едно по едно додека мешате убаво. 2. Половина од брашното истурете го врз смесата со путерот. Мешајте додека не се соединатат. Додадете половина од млекото и повторно размешајте. Повторете ја истата постапка со остатокот од брашното и млекото. Истурете ја смесата врз претходно подготвената тава. Измазнете ја површината. Печете 30 минути. Со помош на чепкалка за заби проверете дали е добро испечено. Откако ќе го извадите, покријте ја тавата со чиста крпа и оставете да се излади преку ноќ.3. За да ја направете глазурата: Просеете шеќер во прав и како во еден сад. Додадете путер и зовриена вода. Мешајте додека смесата не стане хомогена. 4. Исечете ја тортата на 15 парчиња со посакуваната големина. Ставете го кокосот во една чинија. Со помош на вилушка, ставете едно парче од тортата во преливот. Истресете го остатокот. Додадете кокос. Повторете ја постапката со остатокот од тортата и оставете да се олади 2 часа пред да сервирате.

Совет: За да им додадете вкус на Ламингтон колачите, додадете им

изматена слатка павлака и мармалад од јагоди.

15 www.delimano.com.mk

Page 17: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Азија:

Малку зачин за обожавателите на благото – Пребарувајте низ рецептите за деликатеси од АзијаПротегајќи се од Истокот до Средниот Исток, Азија нуди прекрасна, разновидна и вкусна кујна. Без разлика дали сега ги откривате слатките деликатеси од Западна Азија или експериментирате со поегзотичните зачини од Далечниот Исток, експлозивните зачини од Азија сигурно ќе ги импресионираат дури и гурманите кои обожаваат зачинета храна. Пробајте неколку рецепти кои се различни колку што е Азија разновидна.

www.delimano.com.mk 16

Page 18: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Азија (Среден Исток):Гораиба Слично како и тврдиот бисквит, овие колачи се топат во уста, но, имаат посебен остар вкус кој доаѓа од карадамонот. Различни видови од овие колачи може да се сретнат во Средниот Исток.

Состојко:• 225гр омекнат путер• 130гр просеан шеќер во прав• 260гр брашно• ½ кафена лажица сомелен кардамон• 12 бадеми, исечени на половина

Подготовка:1. Загрејта ја рерната на 300 °C степени.2. Во среден сад, размешајте ги заедно путерот и шеќерот додека не се соединат. Додајте го брашното и кардамонот и убаво промешајте. 3. Обликувајте ги колачите како на сликата и наредете ги на тава за печење.

17 www.delimano.com.mk

Page 19: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Индија:Зачинети колачиАко сакате да му додадете зачинет вкус на вашиот чај, пробајте го овој едноставен рецепт за зачинети (масала) колачи кој ни доаѓа од Индија.

Состојки:• 260гр брашно• 170гр путер (на собна температура)• 1 кафена лажичка црвен пипер• 2.5см парче ѓумбир (сомелен)• 1 кафена лажица семе од кумин• 1 или 2 зелени/суви чили пиперчиња (сомелени)• 2 гранчиња со кари ливчиња (сомелени)• ½ кафена лажица сода бикарбона• ½ кафена лажица сол (или по вкус)• 2 кафени лажици шеќер

Подготовка:1. Размешајте ги сите состојки во еден сад и продолжете да мешате додека не добиете смеса со која може да работите.2. Доколку сметате дека тестото е многу суво, додадете 2-3 лажици урда.3. Намрсете алумниумска фолија и истурете ја смесата, обликувајќи во круг со дебелина од 2,5см.4. Со помош на калапи за колачи, исечете ја смесата во посакуваната форма.5. Обликуваните колачи наредете ги на тава за печење и печете околу 15 - 20 во рерна претходно загреана на 160°C.6. Изладете ги и складирајте ги во цврсто затворен сад.

Совет: Можете да направите разни видови зачинети колачи со тоа што ќе користите други зачини како на

пример цимет, коријандер и др.

www.delimano.com.mk 18

Page 20: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Јужна Америка:

Задоволете се со вкусни колачи од Јужна Америка

Дури и јужно од Екваторот се нудат раскошни десерти во кои најубаво се ужива во зимските денови. Можеби сте слушнале за легендарните бразилски Алфахорес или сте ги пробале варијантите на напознатите мексикански „свадбени торти“… но, сигурно не сте ги пробале овие помалку познати десерти. Почнувајќи од изненадувачката едноставност на Бисквитите од Маицена па до оригналната комбинација на колачи со манго, ѓумбир и бело чоколадо... уживајте!

19 www.delimano.xx

Page 21: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Аргентина:Овесни колачи со манго и парчиња бело чоколадо Огромен број на вкусови кои се слеваат еден со друг и даваат одлична комбинација. Нема да сакате да го споделувајте овој рецепт!

Состојки – излегуваат околу 35 колачи:• 140гр парчиња сушено манго• 65мл рум• 115гр путер• 200гр светло кафеав шеќер• 100гр темно кафеав шеќер• 2 јајца• 65мл матеница• 225гр брашно• 150g овесно брашно• 1 кафена лажица сол• 1/2 кафена лажица сода бикарбона• 1/4 кафена лажица ѓумбир• 1/4 кафена лажица каранфилче• 275гр парчиња бело чоколадо• 80гр сецкани индиски ореви

Глазура (по желба)• 2 супени лажици рум• 2 супени лажици кафеав шеќер• 2 супени лажици сок од портокал• 1 супена лажица сок од лимета• 1/2 кафена лажица сол• 385гр шеќер во прав

Подготовка:1. Ставете 500мл вода да се вари. Ставете го сушеното манго во огноотпорен сад и прелијте ги со врела вода. Оставете ги настрана 5 минути. 2. Исцедете го мангото. Исечете го на покрупни парчиња и врз него истурете го румот. Оставете го да постои. 3. Мешајте го путерот со шеќерот додека не стане пенесто.4. Јајцата додавајте ги едно по едно и убаво мешајте додека ги додавате. Матеницата додајте ја на смесата со брашното и шеќерот.5. Во друг сад, заедно размешајте ги солта, сода бикарбоната, ѓумбирот, каранфилчето, брашното и овесното брашно. Сувите состојки полека додавајте ги на смесата со путерот. 6. Исцедете го мангото и настрана оставете го румот. Додајте го мангото, сецканите индиски ореви и парчињата бело чоколадо во смесата.7. Оставете ја смесата да се олади 1 час или преку ноќ.8. Загрејте ја рерната на 175° C. На тава за печење ставете хартија за печење.9. Со рацете земете од смесата и обликувајте ги во форма на топчиња со големина на голф топче. Помеѓу нив оставете простор од 5 см. 10. Печете 12-15 минути.11. За глазурата: Румот, кафеавиот шеќер, сокот од портокал, сокот од лимета и солта размешајте ги и ставете ги да зовријат. Тргнете ги од оганот. 12. Полека додавајте го шеќерот во прав додека глазурата не ја добие саканата густина. Полијте ја глазурата врз колачите.

www.delimano.com.mk 20

Page 22: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Бразил:Бисквити од Маицена Омилен класичен рецепт кој ни доаѓа од Бразил. Ако барате лесен и едноставен рецепт за бисквити кои ќе ги послужите со кафе или чај, тогаш треба да ги пробате Маицена бисквитите.

Состојки – излегуваат 30-40 бисквити:• 250гр пченкарно брашно• 200гр шеќер• 1 јајце• 1/2 кафена лажица екстракт од ванила• 170гр путер, на собна температура

Подготовка:1. Загрејте ја рерната на 190°C. Намрсете ја тавата за печење.2. Со електричен мискер, на мала брзина размешајте го пченкарното брашно, шеќерот, јајцата, екстрактот од ванила и путерот. 3. Оставете го тестото да постои околу 10-15 минути пред да го обликувате во топчиња. 4. Печете ги бисквитите 7-10 минути, во зависност од големината на бисквитите.5. Кога се топли, бисквитите лесно се кршат. Оставете ги да се изладат пред да ги сервирате.

21 www.delimano.com.mk

Page 23: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Во Африка можеби е жешко, но овие шеќерни колачи се одлични за да Ви го стоплат срцето и за да уживате пред огнот.

Африка:

Шеќерните колачи од Африка се одличен додадок на варено вино

www.delimano.com.mk 22

Page 24: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Јужна Африка:Соткокис – Колачи од Јужна Африка со слатко вино и зачини

Стар и многу посакуван рецепт кој ни доаѓа од Јужна Африка, не постои ништо слично на овие колачи. Пробајте го овој стар рецепт со вино.

Состојки:• 4 супени лажици омекнат путер• 250гр – 300гр брашно• 1 кафена лажица сода бикарбона• 1 кафена лажица цимет• ½ кафена лажица сомелен ѓумбир• ½ кафена лажица сомелено каранфилче• ¼ кафена лажица сол• 275гр темно кафеав шеќер• 1 јајце, малку изматено• 65мл вино• 75-100гр исецкани бадеми• 15 цели бадеми, исецкани на половина по должина• 1 белка од јајце, размешана со 2 лажици вода

Подготовка:1. Загрејте ја рерната. Намрсете две тави за печење. Размешајте го брашното, сода бикарбоната, циметот, ѓумбирот, каранфилчето и солта и ставете ги настрана.2.Во длабок сад, размешајте го путерот со кафеавиот шеќер. Додајте го јајцето, па смесата со брашно додавајте ја постепено. Додадете го виното и исецканите бадеми.3. Со рацете измесете го тестото. Ако Ви изгледа многу меко, додајте уште малку брашно.4. На работната површина ставете малку брашно па потоа тестото обликувајте го во круг. Исечете ги колачињата со калапчиња за колачи. 5. Ставете ги колачите на тава за печење.6. На средината на секое колачи втиснете од бадемите кои претходно ги исецкавте на половина, па потоа намачкајте ги со изматеното јајце. 7. Печете ги колачите околу 15 минути. Оставете ги да се изладат пред да ги сервирате.

23 www.delimano.com.mk

Page 25: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња

Алжир:Макруд ел ЛусКласични колачи со бадеми и фил кој потекнува од Алжир.

Состојки:• 600гр цели бадеми• 200гр шеќер• 2 изматени јајца• 500мл вода• 100гр шеќер1 супена лажица екстракт од лимон• 385гр шеќер во прав

Подготовка:1. Загрејте ја рерната 180°C.2. Ставете ги бадемите и шеќерот во сецко и убаво исецкајте ги. Ставете ги во друг сад.3. Направете дупка во средината и додадете ги јајцата и мешајте со дрвена лажица додека смесата не почне да се спојува. Размесете го тестото со рацете додека не стане мазно.4. Исечете го тестото на 4 исти парчиња. Со сукало направете кругови со дебелина од 2см. Со рацете, притиснете ги за да станат со дебелина од 1 ½ см дебелина. Потоа исечете ги на парчиња со посакуваната големина.

Совет: Парчиња бадеми или сецкани ореви се убав начин за декорација наместо

шеќерот во прав.

5. Печете ги колачите 12-15 минути. Извадете ги и оставете ги целосно да се оладат.6. Додека колачите се печат, водата и 100гр шеќер ставете ги да се варат на силен оган. Мешајте за да се растопи шеќерот и оставете да се вари 10-15 минути. Тргнете го од оган и оставете да се олади на собна температура. Додадете го екстрактот од лимон.

7. Во голем сад истурете го шеќерот во прав. Натопете го секое колаче во сирупот од шеќер и потоа извалкајте ги во шеќерот во прав.

www.delimano.com.mk 24

Page 26: INT cookies e-book-prevod-2sm-mk.com/pdf/zimski-kolaci.pdf · ˝˙ˇ ˘ˇ˙ ˘˙: ˛ˇ ˇ˙˚ – ˛ ˆ˝˘ ˝ ˙ ˘˙ Розенмунар или шведските колачиња