Informator o.Novaci

10
1 По 20 години повторно се слушна училишно ѕвонче во Рапеш—стр.3 2012 година рекордна за општина Новаци според планот за асфалтирање— стр. 3 Заврши меѓународниот фудбалски турнир во Новаци—стр.4 Започна да се гради партерното уредување и тениското игралиште во Добромири—стр.5 Новаци една од ретките општини која плаќа надоместок за новородено дете—стр. 6

description

Informator o.Novaci

Transcript of Informator o.Novaci

Page 1: Informator o.Novaci

1

По 20 години повторно се слушна училишно ѕвонче во Рапеш—стр.3

2012 година рекордна за општина Новаци според планот за асфалтирање—

стр. 3

Заврши меѓународниот фудбалски турнир во Новаци—стр.4

Започна да се гради партерното уредување и тениското игралиште во

Добромири—стр.5

Новаци една од ретките општини која плаќа надоместок за новородено

дете—стр. 6

Page 2: Informator o.Novaci

2

КРАТКА СОДРЖИНА

По 20 години повторно се слушна училишно ѕвонче во Рапеш—стр.3

2012 година рекордна за општина Новаци според планот за асфалтирање—стр.3

Заврши меѓународниот фудбалски турнир во Новаци—стр. 4

Започна да се гради партерното уредување и тениското игралиште во Добромири - стр.5

Општина Новаци го прослави верскиот празник Мала Богородица—стр.5

Со чистење на каналите против поплави—стр. 6

Новаци една од ретките општини која плаќа надоместок за новородено дете—стр.6

Градоначалникот Котевски на мештаните им го асфалтира патот до црквата во с. Далбеговци- стр.7

203 деца од Новаци ќе уживаат во благодетите на солената соба—стр. 7

Градоначалникот Котевски на средба со Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ-стр.8

Се гради нова брана на Маковска река во Рапеш—стр.8

600 деца од ОУ„Тодор Анѓелевски“ на екскурзија во манастирот во Новаци- стр. 8

Се одржа спортско рекреативен рибарски натпревар на река Црна—стр.9

Реконструирана е соблекувалната на ФК „Добромири“ - стр.9

ИГРОТЕКА

„БАМБИ“

с.НОВАЦИ

СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО

12 :30 ЧАСОТ

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во јуни 2012 година

Весникот излегува како едномесечник

Редакција : Катерина Чукалеска, Мирјана Кузмановска, Елена Николовска

Техничка поддршка : Игорче Ристевски

Издава : Општина Новаци

Градоначалник: Лазар Котевски

Печати : Графопром – Битола

Тел/фaкс: 20 30 60

e-mail: [email protected] web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

Page 3: Informator o.Novaci

3

По 20 години повторно се слушна училишно ѕвонче во Рапеш Благодарение на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски по цели 20 години, петте деца од село Рапеш нема секојдневно да патуваат туку своите училишни денови ќе ги минуваат во родното село. Ова е само еден од проектите на општината за заживување на мариовскиот крај. „Сите досегашни проекти на општината имаа за цел заживување и враќање на младите во мариовскиот крај. Од оваа година тоа е за чекор променето па 5 -те деца на возраст од 6 до 9 години своето образование ќе го започнат во обновеното училиште во селото Рапеш. Понатаму планираме да му обезбедиме и компјутери само да се стабилизира состојбата со електричната инсталација околу училиштето. Планираме да ги реновираме и рестартираме и другите училишта во

другите села во Мариово. Монтажно училиште планираме да правиме во с.Далбеговци“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Реновираното училиште има една училница во која ќе се едуцираат трите првачиња и по еден ученик во второ и трето одделение во рамките на четиригодишната одделенска настава. Четири дечиња се од Рапеш а едно е од Маково. „Ова е многу среќен момент за нас, после 20 години да се отвори училиште во овој крај и да се слушне детски џагор.Наставата ќе биде редовна, наставничката ќе доаѓа секој ден и нема да има прекин на наставата“ вели Ана Котевска Вељановска, директор на ОУ „Славко Лумбарковски“ с. Новаци. Училиштето во село Рапеш е прво од многуте кои ќе се реновираат во догледно време во мариовскиот крај , благодарение на општина Новаци.

2012 година рекордна за општина Новаци според планот за асфалтирање Започна големата акција на општина Новаци за асфалтирање на локалните улици на нејзина територија во должина од 4 километри и поставување на тротоари во должина од 1 километар за што ќе се потрошат 1,9 милиони денари. Сите градежни зафати треба да завршат до крајот на ова година вели градоначалникот Лазар Котевски.

„Оваа година скоро ние е рекордна по асфалтирање на улици, скоро 4 км. Конретно две улици од 200 метри асфалтиравме во Далбеговци, 430 метри улици во Горно Агларци како и ракометно игралиште, 250 метри асфалт во село Добромири. Потоа продолжуваме во Новаци каде што треба да асфалтираме околу 700 метри улици, па во Живојно, Бач, Гермијан и Гнеотино “ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Жителите видно

задоволни од активностите на градоначалникот за разубавување на селата и подобрувањето на нивниот живот. „Ни се асфалтираат улиците, согласно програмата на општината, ни се гради игралиште така што нашето село никогаш не е запоставено од општината. “вели една жителка на село Добромири.

„Задоволни сме од активностите на градоначалникот бидејќи се што сме побарале досега ни било направено, еве се асфалтираат патчиња, се гради тениско игралиште“ вели жител на село Добромири.

Паралелно со асфалтирањето се прави и крпење на дупките и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.

Page 4: Informator o.Novaci

4

Заврши меѓународниот фудбалски турнир во Новаци

Фудбалските школи Велес од „Велес

“ Р.Македонија и „Кикер“ од Краљево

Р.Србија се двете екипи кои ги

освоија пехарите за прво место на

меѓународниот турнир во фудбал за

пионери генерација 2001-2003 кој

викендов се одржа во

Новаци.Жителите од општината и јас

како градоначалник сме пресреќни

што имаме толку многу деца собрани

на едно место, бидејќи нашата

општина е голема по територија но

ретко населена, затоа и во иднина ќе

го поддржуваме овој турнир и со

наша помош ќе стане традиционален,

рече градоначалникот Лазар

Котевски.

„Ваквата иницијатива веднаш ја поддржавме затоа што значи

поттикнување на спортот кај младите и многу ме радува што ние сме избрани за домаќини. Имаме

покането многу гости како од државата така и од

Република Србија и тоа е голема можност за

промоција на нашата општина.“ - рече

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На турнирот учество зедоа 32 екипи од 23 фудбалски

школи од Македонија и Србија. Градоначалникот

Котевски вети дека турнирот ќе стане традиционален

и ќе се одржува секоја година за празникот на

независноста на РМ – 8 септември.

„Планираме секоја година да го организираме

турнирот по повод денот на независноста на

Република Македонија – 8 ми септември. Ова ни

беше прв пат и еден вид на тест но понатаму уште

подобро ќе го организираме и развиваме и ќе поканиме уште повеќе екипи учесници. “- рече

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На дводневниот меѓународниот фудбалски турнир во Новаци „Пелистер 2011 Куп“ беа доделени следните

награди: Во генерација 2003 за најдобар голман беше прогласен Ројчинов Андреј од Металург Скопје,

најдобар стрелец Димитровски Никола од Пелистер

2011 од Битола, најдобар играч Маринковиќ Лука од

Кикер Краљево, четвртото место го освоија

фудбалерите на Фер Плеј од Охрид, трето место

Металург Скопје, второ место Пелистер 2011 од

Битола а првото место му припадна на Кикер од

Краљево, Р.Србија. Во генерација 2001 за најдобар

голман беше прогласен Салиоски Хадис од Евро

фудбал од Охрид, најдобар стрелец Арсенов Марко

од Фер плеј од Охрид, најдобар играч Давид

Астарџиев од ФШ Велес од Велес, четвртото место

го освоија фудбалерите на Пелистер 2011 од Битола,

трето место Евро Фудбал од Охрид, второ место Фер

Плеј од Охрид а првото место му припадна на ФШ

Велес од Велес.

Page 5: Informator o.Novaci

5

Започна да се гради партерното уредување и тениското игралиште во Добромири

За околу два месеци новачкото село Добромири

ќе добие модерно партерно уредување и тениско

игралиште со трибини. Градоначалникот на

Општина Новаци Лазар Котевски вели дека за

партерното ќе се издвојат нешто повеќе од 2

милиони денари средства од буџетот.

„ Планираме градежните работи да финишираат

за два месеци и партерното уредување и

тениското игралиште да им биде ставено во

функција на локалните жители. Вакви партерни

уредувања и игралишта направивме во многу

села а планираме такви да се изградат во сите населени места кои се под наша

надлежност и каде има поголем број жители “ вели градоначалникот на општина Новаци,

Лазар Котевски.

Во придобивките на партерното уредување и тениското игралиште ќе уживаат околу 300

жители на село Добромири.

Општина Новаци го прослави верскиот празник Мала Богородица

Дворот на прекрасниот пелагониски манастир посветен на мајката Божја беше претесен за да ги собере сите верници кои дојдоа да го прослават Рожденството на мајката над сите мајки Богородица. Општина Новаци веќе цела недела се подготвуваше за прославата и народниот собир кој традиционално секоја година се одржува во дворот на манастирот. Десеттина работници неуморно работеа, секој ден го чистеа манастирот и го уредуваа дворот за достојно да се прослави овој голем верски христијански празник, вели градоначалникот на општина Новаци, лазар Котевски. „Овој ден е голем ден за нашата општина затоа што постои традиција која години наназад се почитува, поточно од кога е изграден манастирот во Новаци. Секоја година се организира верска прослава но и народен собир во дворот на манастирот а се назначува и кум на прославата кој дава ручек за присутните верници. Оваа година тоа е ЈП „ Стрежево“ од Битола. Општината редовно се грижи за одржувањето на манастирот која е една од најубавите во Пелагонија“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во животот на христијаните ликот на Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос, зазема посебно значајно место. Македонскиот народ секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица и други. Народот верува дека Света Богородица е заштитничка на леунките и дека им помага на жените кои немаат пород.

Page 6: Informator o.Novaci

6

Со чистење на каналите против поплави Општина Новаци интензивно работи на чистење на каналите

на нејзина територија кои им претставуваат најголем

проблем во текот на врнежливите периоди, со цел да

превенира појава на поплави на обработливото

земјиште.Тендерите за избор на фирми се завршени, изборот

е направен а акцијата е започната од 15 август.

„Тоа се инвестиции на општината од средствата од Фондот за

фосилни горива кои ги добиваме заради загадувањето на

РЕК Битола како процент со што ги покриваме еколошките

проекти, како на пример ова чистење на каналите.Битолско

поле нема чистено канали во нашата општина, ова е наша

сопствена инвестиција.“- вели градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.

Каналската мрежа во општина Новаци е доста долга а најголем проблем ни претставува каналот Добрушево

- Новаци кој изнесува 15 км а е понизок од нивото на река Црна и имаме враќање на површинските води

назад, вели градоначалникот Котевски.

„Имаме доста канали за чистење, нивната должина изнесува 15-20 км кои скоро секоја година ги чистиме,

ама имаме проблем со растенијата и вегетацијата која тука никнува и ги покрива со што протокот се

заглавува. Токму затоа ја спроведуваме оваа акција и ги чистиме каналите за да не дојде до поплави како

пред 2 години.“- вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Општина Новаци средствата од Фондот за фосилни горива ги користи и за изградба на партерни уредувања,

ракометни игралишта, водопоила детски забавни паркови и слично.

Новаци една од ретките општини која плаќа надоместок за новородено дете

Веќе 6 години редовна практика на општина Новаци со цел

поттикнување на наталитетот на нејзината територија, да

исплаќа еднократна парична помош во износ од 5000 денари

за секое новородено дете. За да се стекнат со ова право

родителите треба да поднесат барање во општината и во

прилог да достават извод од матична книга на родени и

венчаните, лична карта на родителите и копија од

трансакциона сметка.

„Нашата општина има голема територија но за жал е ретко

населена. Токму затоа пред 6 години за да го стимулираме

порастот на наталитетот решивме за секое живородено дете

да доделуваме еднократна парична помош во износ од 5000

денари.Таквата мерка наиде на позитивни реакции и можеме

да се пофалиме дека целта ние постигната затоа што

бележиме благ пораст на новородени деца. “вели

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите кој треба да

биде државјанин на РМ со постојано место на живеење во државата, за дете родено во РМ. Висината на

еднократната парична помош изнесува 5000 денари. Статистичките податоци покажуваат дека во

Македонија наталитетот постојано опаѓа. Единствено кај Албанците се бележи минимален пораст. Лани во

државата биле родени 22 809 деца, а починале 19 513 лица. Проценките се дека Македонија, 2012 година ќе

ја заврши со сличен природен прираст како и изминатите години.

Page 7: Informator o.Novaci

7

Градоначалникот Котевски на мештаните им го асфалтира патот до црквата во с.

Далбеговци

По барање на мештаните на селото Далбеговци

општина Новаци им го асфалтираше пристапниот

пат до црквата Христово Воскресение а пред неколку

месеци во оваа црква градоначалникот Лазар

Котевски ја освети новата црковна сала за чија

изградба донираше средства .

„Општина Новаци се труди да ги задоволи барањата

и потребите на своите жители, а едно од тие барање

беше да се асфалтира пристапниот пат до црквата

Христово Воскресение во село Далбеговци. Јас како

прв човек на општината и во иднина ќе донираме во

изградба на објекти кои ќе значат подобрување на верскиот живот на населението, бидејќи ние сме

христијанско население и жителите имаат потреба од тоа." - додаде градоначалникот Котевски.

Општина Новаци за изградба на пристапниот пат до црквата во должина од 200 метри потроши околу 1

милион денари.

203 деца од Новаци ќе уживаат во благодетите на солената соба

203 деца од основното училиште Славко Лумбарковски во општина Новаци ќе имаат можност благодарение на градоначалникот Лазар Котевски да уживаат во благодетите на солената соба Солина во Битола. Денеска им беа поделени бесплатни ваучери.

„Ние се грижиме за здравјето на нашите најмлади жители па токму затоа општината се погрижи да додели ваучери за 203 деца од нашето основно училиште, бесплатно да можат да ја посетат солената соба Солина во Битола, бидејќи знаете дека во нашата општина има големо загадување од РЕК па на некој начин ова ќе им годи за нивното здравје “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Советникот за образование при Општина Новаци, Мирјана Кузмановска и директорката на

Основното училиште Славко Лумбарковски, Ана Котевска Велјановска ја поздравија иницијативата на градоначалникот Лазар Котевски, истакнувајќи дека третманот во Солената соба Солина ќе биде од голема корист за учениците во пелагониските училишта.

Солената соба Солина и годинава ја започна акцијата за бесплатни ваучери за сите првоодделенци во Битола, Могила и Ресен и сите основци во Новаци. Откако ваучерите ќе бидат поделени, Солината ќе ги отвори вратите за најранливата категорија жители на Пелагонија и Преспа.

Солената соба стана вистински хит во Европа и светот.Јонизираниот воздух кој се наоѓа во солената соба го зголемува капацитетот на кислород во крвта и ја подобрува работата на метаболизмот. Само 45 минути поминати во оваа просторија се еднакви на 5 дена поминати на море, таа е доста корисна за лекување, превенција, релаксација и чување на здравјето

Page 8: Informator o.Novaci

8

Градоначалникот Котевски на средба со Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Благодарни сме и задоволни од

соработката и подршката на

градоначалникот на општина Новаци Лазар

Котевски во изминатите четири години и

искрено се надеваме дека ќе имаме

можност таа соработка да ја продолжиме и

во следниот четиригодишен период, беше

потенцирано на вчерашната средба со

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од

Новаци.

„Благодарни му сме на градоначалникот за

целосната подршка што ни ја дава, на

прекрасната соработка и на туристичките

тури кои ги организираше благодарение на

кои ја посетивме секоја природна убавина

на Република Македонија“ рекоа членките

на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци. Со дружба и во прекрасна работна атмосфера се разменија

искуства и мислења но се направи и стратегија за понатамошно дејствување.“ Разговаравме за сите

досегашни но и идни активности кои ќе ги организираме, и многу ме радува фактот што ЧЛЕНКИТЕ НА Унија

на жени на ВМРО-ДПМНЕ се задоволни. Јас ветувам дека ќе ги подржувам и ќе им помагам и понатаму и

искрено се надевам дека таа соработка ќе ја продолжиме и во следниот четиригодишен период“ рече

градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци брои

околу 400 членови и постои околу десеттина години.

Се гради нова брана на Маковска река во Рапеш

Општина Новаци започна со изградба на брана со испустни

канали на Маковска река во мариовското село Рапеш која и

претходно беше изградена но беше урната од надојдената

река. „Повторно ќе ја изградиме браната која беше урната

на Маковска река кај мариовското село Рапеш што беше

градена со цел на жителите да им се овозможи

континуирано напојување на стоката особено во текот на

летниот период кога владее суша“ вели градоначалникот на

општина Новаци Лазар Котевски. Вредноста на проектот

изнесува 6,8 милиони денари, средства на општината.

600 деца од ОУ„ Тодор Анѓелевски“ на екскурзија во манастирот во Новаци

Градоначалникот Лазар Котевски им беше домаќин на 600

деца од трето до осмо одделенение од ОУ „Тодор

Анѓелевски“ од Битола кои беа на еднодневна екскурзија

во манастирот Мала Богородица во с.Новаци. Дечињата

весели и насмеани уживаа во прекрасниот амбиент и

убавата природа на единствениот манастир изграден во

поле, заради што е и уникатен.

„ Ние сме отворени за секаков вид соработка па така од

училиштето Тодор Анѓелевски од Битола, изразија желба

екскурзијата на своите ученици да ја направат во

манастирот, па ние им дозволивме и им го подготвивме

теренот. Многу ми е мило што нашата општина се повеќе

и повеќе е посетена во последно време а особено од децата. “рече градоначалникот на општина Новаци,

Лазар Котевски. Викендов општина Новаци беше домаќин на над 500 деца на возраст до 11 години,

учесници на меѓународниот фудбалски турнир „Пелистер 2011 Куп“ .

Page 9: Informator o.Novaci

9

Се одржа спортско рекреативен рибарски натпревар на река Црна

Под покровителство на спортско риболовното друштво „

Барбус“ од Битола, согласно Правилникот за организирање

на натпревари во спортски риболов, викендов, на река

Црна се одржа натпревар во спортски риболов на кој

учество зедоа многу натпреварувачи од различни

риболовни друштва. Градоначалникот на општина Новаци,

Лазар Котевски кој е љубител на спортските активности

беше почесен гостин на манифестацијата.

„Јас сум љубител и поборник на спортот и секогаш колку

што е во моја можност несебично се вклучувам во

организација и помагање на вакви и слични спортски

активности. Денеска се надевам дека сите учесници

пред се ќе уживаат во другарувањето и риболовењето а

подоцна и ќе бидат наградени најдобрите“ рече

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На спортско рекреативниот рибарски натпревар на река

Црна беа постигнати следните резултати: во екипен

пласман трето место ЗСР „Пец-Пец“ од Прилеп, второ

место ЗСР „ Оскар “ од Кавадарци а прво место ЗСР „

Бабуна“ од Велес. Во поединечен пласман првото место

му припадна на Џампалов Никола, второ место

Малинков Кирил а трето место Миров Миланчо.

Реконструирана е соблекувалната на ФК „Добромири“

Започнаа натпреварите на ФК Новаци во втората македонска фудбалска лига. По напорните припреми и

тренинзи задоволни сме од постигнатите резултати по одиграните три кола, вели Борче Јовановски -

директор на ФК Новаци.

„После една година повторно се вративме во втора лига, бевме на припреми на Пелистер во хотел Молика.

По враќањето напорно тренинаравме на стадионот во Новаци. На стартот на првенството сме задоволни од

постигнатиот успех во трите одиграни натпревари каде го постигнавме следниот резултат: две во гости и

една дома, една нерешена утакмица, еден добиен и еден загубен меч. Со ФК „11 Октомври“ 1-1 , дома со

„Корзо“ од Прилеп 2-0 и во гости со „Македонија Ѓорче Петров“ изгубивме 3-1. Четврто коло играме на 5

септември со „Локомотива“ од Скопје“ вели Борче Јовановски - директор на ФК Новаци.

Посебно се радувам што ФК Новаци успеа да влезе и да се натпреварува во втората македонска фудбалска

лига и ние како општина во границите на нашите можности ќе го подржуваме секогаш, вели

градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„Ние како општина многу вложуваме во развојот на спортот а посебно во фудбалот, затоа започнавме да

вложуваме во спортската инфраструктура, па така реконструирана е соблекувалната на ФК „Добромири“ за

што се потрошени околу 350 000 денари средства на општината. Изградена е бушотина и поставена е

електрична инсталација за наводнување на игралиштето во с.Новаци, вредност 460 000 денари средства на

општината.“ вели Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

За Денот на независноста 8 септември, општина Новаци како главен покровител организираше дводневен

меѓународен турнир во фудбал за помлади пионери генерација 2001-2003 година кој се одржа на теренот на

ФК Новаци а на кој учество зедоа околу 500 млади фудбалери од Македонија, Србија, Грција , Бугарија и

Црна Гора.

Page 10: Informator o.Novaci

10

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Општина Новаци тел/факс: 047/20 30 60

Матично одделение с.Новаци: 047/282-114

Амбуланта с.Новаци: 047/282-870

Полициска станица с.Новаци: 047/282-122

ОУ„Славко Лумбарковски“ - с.Новаци тел: 047/282-446, факс: 047/203-480

Итна медицинска помош 194

Пожар и елементарни непогоди 193

Центар за известување и тревожење 195

Пријавување корупција 0800 10 100

--------------------------------------------------------------