Informator na Fondacijata Apolonija Br 30

4
ПРИЈАТЕЛИ: Фондација Аполонија 24.11.2010 Бр. 30 Културна манифестација Гевгелиска Есен 2010 2 Концерт посветен на Шопен 2 Меѓународен фестивал на комедијата 2 Ден со природата 3 За нас 4 ЕКО КАЛЕНДАР 4 Мојот шарен детски свет 3 Изложба на Мирјана Крстева Масетти 3 Хор Готинија 3 Содржина: www.gevgelija.gov.mk www.gvg.com.mk www.gevgelijanet.com Aполонија Ден на крводарување Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на активности кои се дел од целокупното живеење на нашата локална а и поширока заедница, фондацијата АПОЛОНИЈА се вклучува и во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања - крводарителството. Во најтесна и целосна соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа Болница- Гевгелија и со Општинската организација на Црвениот крст на 19 Октомври, од 11 до 21 часот во просториите на хотелот Аполонија се одржа првата крводарителска акција од проектот АПОЛОНИЈА ДЕН НА КРВОДАРУВАЊЕ, на која беа донирани 41 крвна единица. Со цел да се анимираат граѓаните од општина Гевгелија да ја даруваат својата најскапоцена течност, во рамките на проектот АПОЛОНИЈА ДЕН НА КРВОДАРУВАЊЕ, два пати годишно (есен и пролет) ќе се организираат крводарителски акции. За акцијата поделтално може да прочитате на следниот линк: http:// gevgelijanet.com/index.php?option=com_content&view=article&id=988:2010-10-20- 12-49-53&catid=51:2010-03-22-21-58-24&Itemid=262 Џез Фестивал 2010 Дванаесет концерти на три сцени (Универзална сала, салонот на МОБ и Хард- рок клуб) со музичари и групи од САД, Норвешка, Куба, Бразил, Холандија, Велика Британија, Белгија и Италија, го одбележаа овогодинешното 29 по ред издание на СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, кој се одржа од 21 до 24 октомври. Омар Соса, кубанскиот композитор и пијанист три пати номиниран за наградата Греми брилијантниот бразилски инструменталист на 10 жичана мандолина Хамилтон Де Холанда со неговиот квинтет, италијанската пејачка Марија Пиа Де Вито, еден од најдобрите гитаристи на сите времиња Лари Карлтон, големата ѕвезда – пијанистката и вокалистка Патриша Барбер, норвешкиот тандем Тригве Сеим, саксофони и Фроде Халтли, хармоника, со нивната амбиентална музика се некои од музичките имиња кои настапија на Џез Фестивалот 2010. Фондација Аполонија и овој пат како и минатите години беше спонзор на овој европски реномиран фестивал.

description

Меѓународен фестивал на комедијата Хор Готинија 3 ПРИЈАТЕЛИ: Изложба на Мирјана Крстева Масетти Содржина: ЕКО КАЛЕНДАР 2 3 Ден со природата 4 3 За нас 2 3 4 Фондација Аполонија 2 Концерт посветен на Шопен Културна манифестација Гевгелиска Есен 2010 Меѓународен фестивал на комедијата Мојот шарен детски свет www.mirjanakmassetti.com Хор Готинија

Transcript of Informator na Fondacijata Apolonija Br 30

Page 1: Informator na Fondacijata Apolonija Br 30

ПРИЈАТЕЛИ:

Фондација Аполонија

24.11.2010 Бр. 30

Културна

манифестација

Гевгелиска Есен 2010

2

Концерт посветен на

Шопен

2

Меѓународен фестивал

на комедијата

2

Ден со природата 3

За нас 4

ЕКО КАЛЕНДАР 4

Мојот шарен детски

свет

3

Изложба на Мирјана

Крстева Масетти

3

Хор Готинија 3

Содржина:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Aполонија Ден на крводарување

Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на

активности кои се дел од целокупното живеење на нашата локална а и поширока

заедница, фондацијата АПОЛОНИЈА се вклучува и во остварувањето на едно од

најблагородните човекови дејствувања - крводарителството. Во најтесна и

целосна соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа

Болница- Гевгелија и со Општинската организација на Црвениот крст на 19

Октомври, од 11 до 21 часот во просториите на хотелот Аполонија се одржа

првата крводарителска акција од проектот АПОЛОНИЈА ДЕН НА КРВОДАРУВАЊЕ,

на која беа донирани 41 крвна единица. Со цел да се анимираат граѓаните од

општина Гевгелија да ја даруваат својата најскапоцена течност, во рамките на

проектот АПОЛОНИЈА ДЕН НА КРВОДАРУВАЊЕ, два пати годишно (есен и пролет)

ќе се организираат крводарителски акции.

За акцијата поделтално може да прочитате на следниот линк: http://

gevgelijanet.com/index.php?option=com_content&view=article&id=988:2010-10-20-

12-49-53&catid=51:2010-03-22-21-58-24&Itemid=262

Џез Фестивал 2010

Дванаесет концерти на три сцени (Универзална сала, салонот на МОБ и Хард-

рок клуб) со музичари и групи од САД, Норвешка, Куба, Бразил, Холандија, Велика

Британија, Белгија и Италија, го одбележаа овогодинешното 29 по ред издание на

СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, кој се одржа од 21 до 24 октомври. Омар Соса,

кубанскиот композитор и пијанист три пати номиниран за наградата Греми

брилијантниот бразилски инструменталист на 10 жичана мандолина Хамилтон Де

Холанда со неговиот квинтет, италијанската пејачка Марија Пиа Де Вито, еден од

најдобрите гитаристи на сите времиња Лари Карлтон, големата ѕвезда –

пијанистката и вокалистка Патриша Барбер, норвешкиот тандем Тригве Сеим,

саксофони и Фроде Халтли, хармоника, со нивната амбиентална музика се некои

од музичките имиња кои настапија на Џез Фестивалот 2010. Фондација Аполонија

и овој пат како и минатите години беше спонзор на овој европски реномиран

фестивал.

Page 2: Informator na Fondacijata Apolonija Br 30

Меѓународен фестивал на комедијата

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

Културна манифестација Гевгелиска Есен 2010

Концерт посветен на Шопен

Во чест на 200 годишнината од раѓањето на

полскиот композитор Фредерик Шопен, а во

рамките на програмата Гевгелиска музичка

есен 2010, во Октомври во хотелот Аполонија

се одржа клавирски концерт на кој дела од

“поетот на пијаното“ изведоа ученици од

МБУЦ “Илија Николовски Луј“ и студенти на

Музичката академија во Скопје, носители на

првите награди на интерен натпревар по

клавир, што се одржа во март годинава. Полонези, балади, валцери, ноктурна, етиди, скерца, прелудиуми создадени

од “полскиот ангел“ пред публиката во Гевгелија ги оживееја 12 млади изведувачи. “Шопен во изминатите два века се

стекна со репутацијата на најизведуван композитор во светски рамки...“ вели модераторот на концертот проф.

Снежана Атанасова – Чадиковска која ја пренесе публиката во времето на Шопеновото творење.

Она што го одбележа месецот Октомври на културен план беше свеченото отварање на манифестацијата

Гевгелиска културна есен 2010, со три часовна програма која опфати Ликовна изложба, промоција на книга и концерт на

познат шпанскиот тенор. Уметничко дружење започна во галерискиот простор на хотелот Аполонија каде беа изложени

25 дела, платна и пастел, на академскиот сликар Ниче Василев, кој дипломирал на Академијата за ликовна уметност во

Варшава, Полска, а продолжи со поетско претставување на најновиот превод на полски јазик на поетската збирка “Котва

за Ное“ од македонската поетеса Весна Ацевска, додитник на наградата “Браќа Миладинови“ за 2009, во издание на

Ksjazkov IbiS од Варшава, кое годинава излезе во превод на полски како “KOTVICA NOEGO“ со препев на Рената Галаска –

Василев. Завршницата на уметничкото доживување беше настапот на уметниците од Шпанија, гости од Меѓународниот

фестивал Интерфест - Битола: Далмацио Гонзалес (тенор) и Ана Ферер (пијано), кои исполнија низа песни од познатите

класичари: Сорозал, Тости, Гасталдон, Крешенцо, Кардило, Лехар, Биксио, Респиги и Куртис. Би сакале да изразиме

голема благодарност до сите учесници во овој настан, како и Библиотеката Гоце Делчев за учеството во организацијата .

Со гостувањето на комедијата

“Цунами“ во изведба на Драмското

студио “Тетово“ на сцената на Домот

на културата, на 28 Октомври во

Гевгелија започна шестдневниот

меѓународен фестивал на комедијата

“Смеата мелем на душата“.

Од 28 октомври до 2 ноември на три

сценски простори во Гевгелија, во

Домот на културата “Македонија“, Пионерскиот дом и кафе бар Корзо, беа изведени шест комедии со гостувања на

исто толку театарски ансамбли меѓукои Театарот “Колозов“, Драмскиот театар од Скопје со бравурозната комедија

“Умри машки“, НУ Театар “Војдан Чернодрински“ од Прилеп и Младински театар од Благоевград, Бугарија.

Организатор на овој фестивал е Дом на култура “Македонија“ од Гевгелија, во соработка со Општина Гевгелија и

Фондација Аполонија.

Page 3: Informator na Fondacijata Apolonija Br 30

Страна 3 Apollonia Foundation INFO

Мојот шарен детски свет

Во рамките на светската недела на детето ЈОУ-

Библиотека „Гоце Делчев“ и ЈОУ-Дом на културата

„Македонија“ од Гевгелија на 7 и 8 октомври 2010 година ја

реализираат манифестацијата „Мојот детски шарен свет“.

Во рамките на оваа манифестација беа реализирани повеќе

активности како: литературен и ликовен конкурс на тема

„Мојата есенска приказна“, натпревар „Млади

библиотекари“, ликовна работилница и завршна

манифестација со културно уметничка програма,

доделување на награди за најуспешните и претставување на

најдобрите ликовни и литературни творби. Фондација

Аполонија, како вообичаено, се вклучи со донација за

обезбедување награди за децата учесници во ликовната

работилница.

Хор Готинија

Градскиот мешан хор Гортинија гостуваше во Италија

каде што учествуваше на меѓународниот натпревар во

хорско пеење во италјанскиот град Римини. Хорови од 28

земји од Европа учествуваа на овој престижен натпревар, а

во категоријата мешани хорови Гортинија ја освои

сребрената плакета. Според раководителот на хорот Илија

Атанасов, ова е уште една потврда за високите квалитети

што ги поседува хорот Гортинија како и за напорната

работа на сите членови на хорот. Фондација Аполонија ги

подржа нивните овогодишни активности со давање на

донација.

На 29 Ноември во хотелот Аполонија, беше

отворена седмата самостојна изложба на уметнички

дела од младата гевгелиска авторка Мирјана Крстева

Массетти. За ликовните вредности на делата пред

отварањето на изложбата зборуваше Владимир Темков,

академски сликар и директор на Домот на културата во

Кавадарци каде годинава гостуваше оваа изложба во

рамките на одбележувањата “Кавадарци - град на

културата за 2010“. Мирјана има дипломирано на

Ликовната Академија во Благоевград, досега

учествувала на над 40 групни изложби во земјата и

странство (Благоевград Бугарија, Темишвар Романија,

Вашингтон САД), 4 меѓународни колонии и е член на

ДЛУМ, претседател на ДЛУГ и Мултимедиа во

Гевгелија, друштва преку кои активно ја анимира и

локалната ликовна сцена.

Изложба на Мирјана Крстева Масетти

Децата од проектот “Ден со природата“ на

Фондација Аполонија продолжуваат со своите редовни

активности за заштита на човековата околина. На

почетокот на Ноември беше реализирана акција за

собирање отпадоци на дел од локалитетот Вардарски

Рид. Овие акции со децата се организираат еднаш

месечно, а останатите викенди се оди на излет во

природа, каде низ игри и забава се учи за природата.

Право на учество имаат сите деца од општина Гевгелија

кои ќе се пријават, а се на возраст од 6 до 12 години. За

подетални информации обратете се на следниот e-mail:

[email protected] .

Ден со природата

www.mirjanakmassetti.com

Page 4: Informator na Fondacijata Apolonija Br 30

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р.Македонија

Телефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Фондација Аполонија

ЕКО КАЛЕНДАР

ИДНИ НАСТАНИ:

Декември

Виолински концерт

Софија Никовска (виолина)

Елена Атанасовска (пијано)

14 Декември 19 часот

Концерт

Нинослав Димов

Стојан Димов

Рита Трпчевска

21 Декември 19 часот

Оперски арии и дуети

Весна ГиновскаИлкова

класа студенти

Декември

Новогодишен концерт

Во рамките на културната манифестација

Гевгелиски музички моменти на Фондација

Аполонија до крајот на Октомври 2010 во хотелот

Аполонија се реализирани 14 концерти, а до

крајот на 2010 година ќе бидат реализирани уште

5 концерти. Остварени активности во првиот дел

Гевгелиска пролет 2010 се:

• Концерт за гитара – класа проф. Тања Јанкова

• Концерт за виолина – класа проф. Олег

Кондратенко

• Концерт за два клавира – проф. Валери

Стефановски, проф. Јован Каровски

• Велигденски концерт – Михаил Петков, проф.

Љубица Улишева, Градски мешан хор Гортинија,

Гевгелија

• Вечер со познати оперски арии и дуети – класа

проф. Марија Муратовска – Наумовска

• Концерт флејта и гитара – проф. Тања Јанкова,

проф. Силвана Атанасова – Чулева

• Концерт за хармоника – класа проф. Зорица

Каракутовска

• Концерт на гевгелиски музички таленти – класа

проф. Љубица Улишева

• Концерт на гевгелиски музички таленти – класа

проф. Сузана Стефановска

• Концерт за фагот и пијано – проф. Даниел

Апостолов, проф. Катерина Костадиновска –

Гелебешева

За нас