Infekcii Na Urinaren Trakt
-
Upload
adrijana-ugrinoska -
Category
Documents
-
view
624 -
download
19
description
Transcript of Infekcii Na Urinaren Trakt
Инфекции на бубрезите и уринарните патишта
Присуство т.е инвазија на микроорганизми во ткивото на уринарниот тракт
80% од акутните инфекции се предизвикани од Escherichia coli која е вобичаен жител во дебелото црево
Инфекциите на уринарниот тракт спаѓаат во групата на чести бактериски инфекции веднаш зад респираторните инфекции.
Уринарните инфекции често се болни и непријатни
Бактериурија присуство на бактерии во урина
Асимптоматска бактериурија – присуство на бактерии во урина кај пациенти кои НЕМААТ никаков симптом на уринарна ифекција
Се потврдува со две позитивни уринокултури при правилно земање (среден млаз)
Честа кај жени, трудници и постари лица 25% прогредира во симптоматска уринарна
инфекција 25% престанува спонтано
ДЕФИНИЦИИ
Повторувачки инфекции Рекурентни инфекции – потврдени со култура
повеќе од 3 во 1 година или повеќе од 2 во 6 месеци
Релапс – се повторува во рок од 2 недели со ист предизвикувач по престанок со антибиотска терапија
Реинфекција – се појавува за повеќе од 4 недели од претходната со различен предизвикувач, а по престанок со антибиотска терапија
ДЕФИНИЦИИ
Почести се кај сексуално активни жени на возраст помеѓу 20 и 50 години.
40-50% од жените во тек на животот имаат барем еднаш уринарна инфекција, а кај многу инфекцијата се повторува повеќе пати
Инфекцијата кај мажите е ретка, но инциденцата се зголемува со возраста
Епидемиологија
Жени:бременост, менопауза, дијабет, дефицит на естрогени Мажи:хипертрофија на простата Двата пола :постара возраст, опструкција, калкулоза, везикоуретрален рефлукс, анатомски абнормалности, катетеризација, инструментација, трансплантација
Ризик фактори
1. Кратко растојанието помеѓу уретрата и аналниот отвор и куса уретра
Растојанието кај жената е 4 см, што претставува олеснувачки фактор за колонизација на уретрата со Escherichia coli. 2. Сексуален односпредизвикува внесување на бактеријата од уретрата во бешиката. Тој обично е претходница на некомплициран цистит. 3. Бременостја фаворизира инфекцијата на уринарните патишта како резултат на намалениот тонус на уретрата.
Ризик фактори - жена
Болни со опструкција во истекувањето на урината низ уринарните патишта како резултат на:
- туморска маса, - стеснување на уретрата, - заглавен камен во уринарните патишта,- хипертрофија на простатата и др.
Лица кои не ја контролираат столицата и уринирањето (инконтиненција) Слабо подвижни, неподвижни или лица сместени во дом за стари.
Ризик фактори
При опструкција на ниво на уринарните патишта, урината се собира над пречката и предизвикува исполнување на едниот или двата бубрези со урина (хидронефроза).
Инфекцијата при ваква состојба може да предизвика уништување на бубрежниот паренхим и функција.
Патогенеза
Инфекцијата на уринарниот тракт, нејзината локализација, јачина и последици зависат од меѓусебниот однос на макроорганизмот и микроорганизмот
Настанување на инфекција
Влезна врата на инфекција Својства на уропатогените бактерии Отпорност на домаќинот Имунолошки одговор на инфекција
Својства на уропатогени бактерии- E. colli
Нејзино најважно својство е способноста за АТХЕРЕНЦИЈА на уроепителот.
Фактори на вируленција
Поседување на О-антигени Поседување на К-антигени Резистенција кон бактерицидната
активност на серумот Аеробактин Атхеренција на хуман уроепител П- фимбрии
Атхеренција
Способноста на бактеријата да се прилепи на епителот и овозможува да се спротивстави на механичкото отстранување со секретот или струењето на урината.
Тие имаат АТХЕЗИНИ- посебни протеински молекули на површината кои се врзуваат за специфични мембрански рецептори на епителните клетки
Атхеренција
Атхезинот се наоѓа на протеинските продолжетоци- фимбрии и пили
П-фимбрии – директно поврзана со уропатогеноста на Е.colli
О-антигени – одговорни за токсичностаК-антигените се повирулентни од О
Отпорност на домаќинот
Нормална уродинамика Периуретралната регија има
антибактериско делување Густина, локализација и присутност на
рецептори за П-фимбрии Опстипација – како ризик фактор
Одбрана на домаќинот Мочниот меур вообичаено е отпорен на бактериска
колонизација Уроепителот е анатомска бариера Бактериите се елиминираат со: • Уринирање - испирање• Уринарни инхибитори (PH, осмолалност, уреа)• Одбрана на уроепителот – цитокини, леукоцити• Tamm- Horsfall – ов гликопротеин
Патогенеза
Особини на предизвикувачот Уропатогените E.coli припаѓаат на O, K и H
серотипот Фактори на вируленција на уропатогените E.coli
(и другите уропатогени бактерии): Имаатфимбрии – за адхеренција Лачат хемолизин и аеробактин Отпорни се на бактерицидниот ефект на серумот Имаат капсуларни aнтигени – спречуваат
фагоцитоза
Патогенеза
АСЦЕНДЕНТНА ИНФЕКЦИЈА Колонизација на периуретралниот дел и уретрата Адхеренција за рецепторите на уроепител Активација на клетки продукција на инфламаторни
медијатори(цитокини, комплемент, хемокини)мобилизација на PMN воспаление Патогенот може да асцендира преку уретерите до
бубрезите
ДЕСЦЕНДЕНТНА ИНФЕКЦИЈА Претходи бактериемијапиелонефрит
Патогенеза
Нормална флора – дистална третина од уретра Коагулаза негативни стафилококи Вириданс и нехемолитични стрептококи Lactobacillus Corynebacterium spp., Propionibacterium Анаеробни коки и анаеробни грам негативни
бацили Комензални микобактерии Квасници
Стерилни делови Мочен меур, уретери и бубрези
Микробиологија
Најчесто инфекциите се предизвикани од: Грам негативните бактерии - Escherichia coli, - Proteus, - Klebsiella, - Enterobacter, - Pseudomonas-
Етиологија
Уропатогени Грам негативни бактерии1. E.coli, Klebsiella spp, Enterobacter spp, Serratia spp, Citrobacter Потекло – ентеробактерии од цревниот тракт Особини – подвижни, продуцираат фимбрии за адхеренција
за уроепител2. Proteus, Morganella, Providencia Потекло – ентеробактерии од цревниот тракт Уреаза позитивни – покачуваат pH на урината таложење
на кристали и калкулоза 3. Pseudomonas spp, Acinetobacter spp Потекло – цревен тракт или болничка средина Формираат биофилм колонизација на катетри
Етиологија
Уропатогени Грам позитивни бактерии Staphylococcus aureus, Staph.saprophyticus, MRSA Потекло – кожа, болничка средина Enterococcus, Streptococcus agalactiae Потекло –од цревниот тракт, болничка средина Особини –адхеренција за уроепител формираат биофилм колонизација на катетри Некултивабилни Mycoplasma/Ureaplasma, Chlamydia trachomatis Габички Candida albicans, Candida species, Criptococcus
neoformans Вируси Adenovirus, Coxsackie, Echovirusi
Етиологија
Бактеријата Escherichia coli се детектира кај 80% од болните со акутна инфекција на уринарните патишта стекната во околината.
Останатите грам негативни бактерии предизвикуваат акутни инфекции на уринарните патишта кај:
- болните со уринарен катетер, - после уролошки интервенции, - при присуство на калкули во бубрезите и - при опструкција на истекувањето на мокрачата
низ уринарните патишта.
Етиологија
Грам позитивните бактерии Enterococci и Staphylococcus aureus предизвикуваат инфекции кај болните со бубрежна калкулоза или после уролошки интервенции.
Кај сексуално активните жени и мажи, инфекциите на уринарните патишта можат да бидат предизвикани од Chlamydia trachomatis, Neisseria gonorrhoeae, Herpes simplex virus, Ureaplasma urealyticum и Mycoplasma hominis.
Аденовирусите често предизвикуваат инфекција на мочниот меур кај деца и тинејџери.
Candida најчесто предизвикува инфекција на уринарните патишта кај болните со шеќерна болест или после апликација на уринарен катетер.
Етиологија
Според локализација Според времетраење и тенденцијата за
повторување Според симптоматологија Според фактори за компликација
ВИДОВИ ИНФЕКЦИИ
Според локализација:
1. дистални уринарни инфекции
инфекции на долните делови од уринарниот систем (уретрата и/или мочниот меур- циститис)
2. проксимални уринарни инфекции
инфекции на горните делови од уринарниот систем (инфекции на бубрегот - пиелонефритис)
ВИДОВИ ИНФЕКЦИИ
Според времетраење и тенденцијата за повторување
акутна инфекција; субакутна инфекција; хронична инфекција.
Рецидивирачка инфекција Повремена инфекција
ВИДОВИ ИНФЕКЦИИ
Според симптоматологија
Симптоматски Асимптоматски инфекции
ВИДОВИ ИНФЕКЦИИ
Според фактори за компликација Некомплицирани – бактериски или габични инфекции кај структурно или невролошки нормален уринарен тракт Комплицирани - бактериски или габични инфекции кај уринарен тракт со структурни или невролошки абнормалности
ВИДОВИ ИНФЕКЦИИ
Хронична прикриена бактериурија Акутна некомплицирана уринарна
инфекција Рекурентна уринарна инфекција Комплицирана уринарна инфекција Посебни групи (деца, бремени жени и
жени кои дојат, стари лица, лица со дијабетес, мажи со простатитис и мажи, воопшто)
ВИДОВИ ИНФЕКЦИИ
Се јавува кај помалку од 0,5% мажи, 1-4% девојчиња, 5-10% жени Скрининг треба да се направи само кај следниве ризични групи:- треска од непознато потекло или други симптоми кај деца под 6
години;- Бременост- имунодефициентност. Се лекуваат ризичните групи пациенти како акутна уринарна
инфекција Кај стари лица, скриената бактериурија не наложува лекување Натамошната процена (упатување) е неопходно кај деца. Во 20-
50% случаи кај нив постојат аномалии на уринарниот тракт.
АСИМПТОМАТСКА БАКТЕРИУРИЈА
Дизурија, зголемена фреквенција на мокрење, тешкотии при мокрењето, но без бактериурија.
Доколку постои пиурија или блага бактериурија пациентот има циститис.
Ако пациентот има пиурија, но нема бактериурија, треба да се направат примероци за испитување за хламидија, особено кај млади пациенти.
Терапијата со естрогени може да помогне на жени во постменопауза.
Доколку нема инфекција, се врши гинеколошка процена или пациентот се упатува на уролог (може да помогне правењето цистоскопија и/или уретерална дилатација - кај интерстицијален циститис).
УРЕТРАЛЕН СИНДРОМ
Дисталната уринарна инфекција: - болно мокрење (дизурија)- печење при мокрењето,- зачестено мокрење на мали количини на урина
(полакизурија), - ургениција на мокрењето ( неодложна потреба
за уринирање) и- болка во долниот дел на стомакот- променлива боја на урината- понекогаш појава на крв во урина- непријатен или јак мирис на урината
Клиничка слика
Проксималната уринарна инфекција или инфекцијата на бубрегот (пиелонефрит)
- покачена температура, - треска, - слабост, - малаксаност, - гадење, - повраќање, - слабинска болка, - често мокрење и печење при мокрењето.
Урината е заматена и/или крвава.
Клиничка слика
лабараториска анализа на крв и урина уринокултура ехо на уринарниот тракт
Дијагноза
Од исклучителна важност е правилното земање на материјал за микробиолошка анализа на урината.
По добро направена локална тоалета на надворешните делови на гениталниот тракт, се зема мала количина од средниот млаз (не првиот) на урината.
Садот во кој се собира урината треба да биде стерилен.
Примерокот (урината) мора да стигне во лабораторијата за анализа најдоцна за 2 часа.
Точната дијагноза е особено значајна бидејќи слични симптоми можат да бидат резултат и на инфекции на гениталните органи.
>90% од уринарните инфекции се МОНОБАКТЕРИСКИ
Полимикробна бактериурија – најчеста причина КОНТАМИНАЦИЈА 25% во случаи кога постои фистула,
инфициран камен или катетер
ЛАБОРАТОРИСКА ОБРАБОТКА
Уринокултурата се одговара со име на изолираната бактерија, број на живи микроорганизми во милилитар
и соодветен антибиограм
Касови постулати –толкување на микробиолошкиот наод во согласност со клиничките симптоми
Сигнификантна бактериурија е кога има > 100 000 CFU во милилитар
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА
Br. na bakterii vo ml / urina
Simptomi za infekcija
Tolkuvawe
<10 000 +- somnitelen naod; da se povtori urinokulturata i brojot na Le vo sedimentot
<10 000 - kontaminacija
10 000 -100 000 + suspektna infekcija, da se proverat Le vo sedimentot
>100 000 + sigurna infekcija
>100 000 - asimptomatska bakteriurija
Интерпретација
БИОХЕМИСКО ИСПИТУВАЊЕ релевантни параметри за дијагноза на бактериски
инфекции Нитрити + кај инфекции со Г-бактерии (редуцираат
нитратите до нитрити) Леукоцитна естераза ја ослободуваат Леукоцитите во
урината Микроскопски видени бактерии во седиментот
Споредбата на биохемискиот со микробиолошкиот наод се прави САМО ако станува збор за ист примерок и ако урината за уринокултура е правилно земена (стерилна чашка, среден млаз, период од најмалку 2 часа без уринирање и најмалку 1 недела без антибиотска терапија)
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА сoдруги лабораториски анализи
Лабараториската анализа на крвта не покажува никакви отстапувања
Во урината се детектира присуство на бактерии и леукоцити.
(Ако во урината има леукоцити без бактерии треба да се помисли на инфекција со Chlamydia trachomatis или Ureaplasma urealyticum) Со уриникултурата точно се одредува која бактерија
ја предизвикала дисталната уринарна инфекција. Ехо на уринарниот тракт не е потребно за
дијагностицирање на дисталната уринарна инфекција, доволна е клиничката симптоматологија, наодот во урина и уринокултурата.
Акутен цистит
Лабораториската анализа на крвта покажува покачена седиментација и леукоцитоза.
Во урината се детектира присуство на бактерии и леукоцити.
Уринокултурата служи за детекција на бактеријата предизвикувач на инфекцијата,
Ехо на уринарниот тракт – одредување на морфологијата на бубрезите и уринарните патишта и потврдување на воспалението на бубрегот.
Акутен пиелонефрит
се јавува по долготрајни и повторувачки проксимални уринарни инфекции
Лабораториските наоди – не се секогаш специфични Заматена урина Тест трака: протеин позитивни (<1g/L), леукоцити
позитивни, нитрити позитивни Микроскопски наод ( голем број на леукоцити,
леукоцитни цилиндри, значителен број на бубрежни епителни клетки, гранулирани цилиндри, бактерии)
Дијагнозата се поставува исклучиво со интравенска урографија
Хроничниот пиелонефритис сам по себе не е индикација за континуирано профилактичко лекување или повторувани примероци од урината кај асимптоматски пациенти.
Примерокот од среден млаз на урината треба да се проверува на интервали од 3-4 месеци.
Хроничен пиелонефритис
Лекувањето на дисталните уринарни инфекции е краткотрајно
Проксималните инфекции се лекуваат подолго време.
Ако постојат предиспонирачки фактори за развој на инфекции како бубрежна калкулоза или опструкција на ниво на уринарните патишта треба да се дијагностицираат и третираат.
Лекување
АСИМПТОМАТСКА БАКТЕРИУРИЈАНе се препорачува третман освен кај трудници, деца со ВУ рефлукс, при уринарна опструкција Благите случаи на акутен циститис можат да
исчезнат спонтано и без лекување. Меѓутоа заради опасноста од ширење на инфекцијата во бубрезите (комплицирана уринарна инфекција), вообичаено се препорачува лекување.
УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ МАЖИ Палпација на простатата, одредување на
волуменот на резидуална урина, испитување на PSA и креатинин.
Акутниот цистит кај сексуално активни жени се лекува во домашни услови со перорална антибиотска терапија (5 до 7 дена) и со обилен внес на течности (1,5 до 2 литра на ден).
ЦИСТИТИСКај жени 7 дена орална терапија со (флуорокинолони,ко-тримоксазол, цефуроксим, амоксицилинклавуланска киселина)Кај мажи 7 до 10 дена орална терапија со(флуорокинолони, ко-тримоксазол, цефуроксим, амоксицилин клавуланска киселина)
Лекување
При сомнение за инфекција со Chlamydia trachomatis или Ureaplasma urealyticum лекувањето трае од 7 до 14 дена.
Во бременоста, дисталната уринарна инфекција се лекува со антибиотска терапија која нема тератогено дејство на плодот во тек на 7 дена.
Акутната инфекција на простата кај мажите се лекува во домашни услови со перорална антибиотска терапија во времетраење од 21 ден.
Лекување
Акутната инфекцијата на бубрегот се лекува во болница со антибиотска терапија која се администрира интравенски во времетраење од 5 до 7 дена, а последователно се продолжува со перорална терапија до 14-от ден.
АКУТЕН ПИЕЛОНЕФРИТИСУмерени инфекции – со орална терапија(флуорокинолони, ко-тримоксазол, цефуроксим)Сериозни - со парентерална терапија(аминогликозиди, цефтриаксон, монобактами)Времетраење на терапијата 2 недели
Контролна уринокултура 1-2 недели по завршувањена терапијата
Лекување
Лекувањето на уринарните инфекции кај болните после уролошки интервенции, со уринарен катетер, кај болните со бубрежна калкулоза, обструкција на ниво на уринарни патишта, шеќерна болест или други хронични болести е подолго, затоа што се предизвикани од интрахоспитални соеви на бактерии (Escherichia coli, Proteus, Klebsiella, Enterobacter, Pseudomonas…) резистентни на голем број на антибиотици. Лекувањето трае од 10 до 21 ден.
Лекување
После завршувањето на препишаната терапија треба да се направи контролна уринокултура. Ако истата не е стерилна треба да се продолжи со антибиотска терапија, а ако е стерилна лекувањето завршува.
Лекување
После завршувањето на антибиотската терапија можни се релапси или реинфекции.
Релапсот се јавува за помалку од 2 недели од завршувањето со терапијата и се карактеризира со повторна појава на симптомите предизвикани од истата бактерија.
Реинфекцијата се јавува обично после 2 недели од завршувањето со терапијата и се карактеризира со појава на симптоми но предизвикани од друга бактерија.
Повторувањето на дисталната уринарна инфекција најчесто се должи на реинфекција, а повторувањето на проксималната уринарна инфекција на релапс.
Релапсот најчесто се јавува при бубрежна калкулоза или обструкција и се лекува со антибиотска терапија до 6 недели.
Лекување
Жените кај кои циститот се повторува повеќе од 3 пати годишно се кандидати за долготрајна превентивна перорална антибиотска терапија во ниски дози (3 до 6 месеци).
Мажите со хронично воспаление на простата или после простатектомија исто така се кандидати за долготрајна превентивна перорална антибиотска терапија во ниски дози (3 до 6 месеци)
Лекување
СЛЕДЕЊЕТО Е НЕОПХОДНО Кај пациенти кај кои симптомите продолжуваат
по прекинот на лекувањето. Секогаш во случаи на инфекции на горен
уринарен тракт. Кај пациенти со висок ризик (бременост) 3-7 дена
по завршувањето на лекувањето.КОНТРОЛИТЕ НЕ СЕ НЕОПХОДНИ Во случаи на некомплицирани инфекции на
долен уринарен тракт (кај возрасна жена).
1. Одржување добра лична хигиена на гениталното подрачје - По мокрење или празнење на цревата секогаш бришењето
да биде од напред кон наназад за да се спречи преминувањето на бактериите од аналниот отвор кон уретрата.
- Миење на интимната област барем еднаш дневно и секогаш пред и по сексуален однос.
- Да не се употребуваат влажни марамчиња или интимни пудри и парфеми.
- Туширање наместо лежење в када.2. Одбегнување на тесна облека и танга, користење на памучна долна облека. Памучната долна облека ѝ дозволува на кожата да дише и ја намалува влажноста којашто го поттикнува размножувањето на бактерии.
ПРЕВЕНЦИЈА
3. Внес на големи количини на течности. . Чај од брусница и/или боровинки. 4. Внес на витамин Ц. Витаминот Ц ја зголемува киселоста на урината и го редуцира размножувањето на бактерии.5. Да не се одложува мокрењето. Држењето на урината во мочниот меур во текот на подолг период им дава на бактериите погодно место за размножување.6. Мокрење пред и непосредно по сексуален однос за да отстранат бактериите кои би можете да навлезат преку уретрата. Пред сексуалниот однос напијте се чаша вода.7. Користење на хигиенски влошки наместо тампони. Тампоните го зголемуваат ризикот од развивање на уринарна инфекција. Менување на хигиенските влошки при секоја посета на тоалетот.8. Примена на локални естрогени кај постменопаузални жени
Превенција
Уроинфекции во бременоста
Ризик фактори
Во текот на бременоста појавата на уроинфекција е олеснето од следните причини:
1. Хипотонија на мускулите во ѕидот на уретрите (спојот помеѓу мочниот меур и бубрезите)2. Зголемен волумен на мочниот меур3. Намален тонусот на уретрата (релаксира) Сето тоа го успорува протокот на урината од
бубрезите до мочниот меур и преку уретрата кон надвор, што им дава можност на бактериите да се размножат пред да бидат исфрлени со мокрачата. Најчесто место на уроинфекции е мочниот меур .
симптоми
болки и печење при мокрење - болки во карлицата, долен дел од стомакот, долен дел од
грбот или странично, најчесто еднострано - чувство за неможност до крај да се испразни бешиката при
мокрење - чувство на топло- ладно наизменично - гадење и повраќање - честа потреба за мокрење - потешкотии во контрола на мокрењето - урина со лош мирис, заматена или крвава - болки при однос - покачена телесна температура со констатни болки во
пределот на бубрезите
манифестација
1. Асимптоматска бактериурија (присуство на бактерија во урината, но без симптоми) 30% од нив ако не се лечат прогредираат во втора група и 50 % во трета група
2. Циститис (воспаление на мочниот меур) 3. Pyelonephritis (воспаление на бубрезите)
Со правовремен скрининг (уринокултура 12 – 16 г.н.) препознавање на симптомите и лечење на првите две групи состојби, може да се спречи појава на состојба на третата група, што сепак може да биде многу сериозно како по здравјето на мајката така и по плодот.
Опасност за плодот
1. Предтерминско породување (пред 37 г.н) 2. Раѓање плод кој е помал за својата
гестациска старост (интраутерин застој во растот)
3. Амнионитис – пренесување на инфекцијата на плодовата вода и при интактни (непрснати) плодови обвивки
4. Сепса и пневмонија кај новоредното, особено ако е причинителот ГБС (група Б стрептококи)
лекување
При почетокот на првите симптоми, веднаш се започнува со антибиотска терапија со широк спектар – цефалоспоринска.
Лечењето на состојбите од првите две групи може да биде со орално земање антибиотик, но состојбата од третата група без исклучок оди со венска терапија.
Бремените жени со бактерии во урината без симптоми на уринарна инфекција треба да се лекуваат со ниски дози на антибиотик се додека бактериите се присутни во седиментот на урината.
Инфекции на уринарен тракт кај деца
Значаен здравствен проблем поради: Често појавување Рецидиви Поврзаност со аномалии на уринарен
тракт Потреба од скапа обработка Долготрајно лечење Трајно оштетување на бубрегот
Уроинфекциите во детска возраст
Pravilnoto vodewe na decata si ITU go podrazbira slednoto: 1. rana i agresivna dijagnoza na ITU, 2. adekvatno lekuvawe na simptomite 3. prevencija na recidivnite ITU i4. zadol`itelna radiografska evaluacija so cel
da se otkrijat signifikantni anomalii na urinarniot trakt.
Епидемиологија
Инциденцата е 7/1000 кај доенчиња по 1 година.
Во оваа возраст еднакво се застапени машките и девојчињата
подоцна значително предоминираат девојчињата.
Етиологија
Најчест предизвикувач е Escherichia coli
Klebsiella, Еnterococcus, и Pseudomonas ретко се јавуваат како предизвикувачи, почесто кај пациенти со структурни аномалии или со рекурентни инфекции.
Скоро секогаш истиот сој на E. coli strain се изолира и од урина и од фецес.
Симптоми и знаци
1. Новороденче– чести се аномалии на уринарен тракт2. Доенче – симптомите се многу неспецифични т.е општи симптоми на воспаление Температура, иритабилност, плачливост ,
ненапредување во тежина, повраќање, одбивање да цица.
3. Претшколско дете присутни се миктурациони потешкотии: често мокрење, подмочување , дизурија,
абдоминаолна болка по мокрење. Родителите забележуваат непријатен
мирис на мочката. 4. Школско дете - Најчесто се јавува асимптоматска
бактериурија
Симптоми и знаци
Дијагноза
Дијагнозата на првата ИТУ кај дете треба да е сигурна, бидејќи неточната дијагноза повлекува непотребни инвестигации и контролни прегледи на пациентот
Дијагнозата секогаш треба да се базира врз наодот од уринокултурата
При сомнение за уроинфекција, треба да се земе за преглед среден млаз на урина, по претходна тоалета на надворешните гениталии или пункција на мочниот меур (СПА)
Третман
Третманот треба да се започне веднаш откако ќе се земе урина за преглед, а не треба да се чека резултатот од уринокултурата.
Ако се покаже дека соменението за ИТУ било лажно третманот се стопира и родителите се информираат дека детето нема ИТУ и не се превземаат понатамошни инвестигации.
Најважниот извор на грешки е несоодветната техника за земање на урина за преглед. При мокрењето урината секогаш се загадува со перинеални бактерии и примерокот никогаш не е стерилен.
Кога ги интерпретираме наодите- односно бројот на бактерии кој се зема за сигнификантен секогаш треба да се земе во предвид методот со кој се фатила урината за преглед.
Принципи на третман
Se insistira so antimikrobnata terapija da se zapo~ne {to e mo`no porano odnosno vedna{ po obezbeduvaweto na materijal za bakteriolo{ki pregled.
Зadocnuvawe vo tretmanot mo`e da rezultira so permanentno parenhimno o{tetuvawe osobeno vo najranata vozrasna grupa (doen~iwa i deca до 5 ).
Пред да се добие антибиограмот, третманот треба да се усмери против E. coli бидејќи таа е најчестиот етиолошки причинител
Доенче со висока темепратура, висок ЦРП и иритабилност треба да се третира парентерално во болница и парентералниот третман треба да продолжи се до додека не се нормализира темепратурата или додека ЦРП е висок. Потоа се продолжува со перорален антибиотски третман
HEMOPROFILAKSA NA UROINFEKCIITE
Upotreba na lekovi vo visokorizi~ni situacii so cel da se namali rizikot za infekcija. Indikacii: Po kateterizacija na mo~niot meur ili drugi urolo{ki
instrumentalni manipulacii do 48 ~asa po intervencijata. Idiopatski rekurentni uroinfekcii (so anatomski normalen
urotrakt. Doen~iwa so uroinfekcija (do krajot na prvata godina). Doen~iwa i mali deca ( до петата година) so
vezikouretralen refluks (VUR) Deca so ve}e seriozno оштетени bubrezi
ZADOL@ITELNA RADIOGRAFSKA EVALUACIJA NA SEKOE DETE PO PRVATA
ITU
Celta na inicijalnoto ispituvawe ne e otkrivawe na site, tuku na signifikantnite anomalii na urotraktot i/ili parenhimno bubre`no o{tetuvawe.
Иницијалното испитување е ултрасонографијата.
Во понатамошната обработка може да се користат следните методи:
MCUG или директна радионуклидина цистографија за детекција на рефлукс.
DMSA и Интравенозна пиелографија (ИВП) за евалуација на рефлуксна нефропатија.