HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03...

14
Не е лесно да се биде родител. Да се биде успешен родител е можеби најсериозната задача што сме си ја задале, но и најубавата. ТЕМА ДРОГА ВОДИЧ ЗА РОДИТЕЛИ НА

Transcript of HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03...

Page 1: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Не е лесно да се биде родител.

Да се биде успешен родител е можеби најсериозната задача што сме си ја задале, но и најубавата.

ТЕМА ДРОГА

ВОДИЧ ЗА РОДИТЕЛИ НА

Page 2: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Некои родители се загрижени дали можеби нивното дете зема дрога. Тие најчесто

немаат доволно информации за дрогите и не знаат како да постапуваат за да го заштитат

сопственото дете. Тоа за нив е непознат свет исполнет со многу темнина, страв, срам

и болка. Затоа се многу исплашени од самата помисла дека детето може да се доведе

или најде во ситуација да проба дрога или да има проблем поради злоупотребата на

дрога и неретко одбиваат да погледнат во реалноста се додека таа не се сруши врз нив.

“ “

Дрога? Не, тоа мене не ме засега.

Не, тоа не може да ни се случи нам.

Тоа не може да биде вистина, моето дете, дрога?

Ако моето дете зема дрога, јас нема да можам тоа да го

поднесам, јас ќе...

Многу се секирам, детево чудно се однесува во последно време, не

сака да разговара со мене, не знам како да му помогнам.

Не знам ништо за дрогите.Како да препознаам ако некој зема

дрога?

Каде да се обратам за помош?Дали може да се излекува?

2

Page 3: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Најпрво малку за младите...

Развој на личноста во адолесценцијатаРазвој на личноста во адолесценцијатаАдолесценцијата е најбурниот, но наедно и највозбудливиот период од животот. Телото радикално се менува. Младиот човек е полн со енергија. Врсниците и членувањето во група стануваат најважни. Младиот човек се соочува со тешки предизвици: да го пронајде своето место во заедницата, да се „пронајде“ себеси, да се поврзе со другите, да остави впечаток, да избере професија...

Ова е период што е многу важен за иднината. Решавањето на конфликтите во овој период може да биде отежнато од социјални фактори и процеси, како и од брзите и крупни социјални, политички и технолошки промени.

Развојните кризи се минлив период од развојот на индивидуата во кој настануваат промени што се резултат на привремената нехармоничност меѓу развојните можности на поединецот и барањата на социјалната средина. Кризите создаваат нова, дополнителна енергија, тие се пресвртни

моменти што отвораат можности за збогатување и зајакнување на индивидуата и нејзините потенцијали за развој. По секоја надмината криза човекот е посилен, покомплетен, побогат. Основната цел на секоја развојна криза е промената на постојното, односно развојот.

Кризата во овој период е поврзана со идентитетот. Младиот човек се обидува да се осознае и да се изгради, се прашува каков е, каков сака да биде, каков може да биде. Клучна потреба на секоја млада личност е потребата да го догради својот идентитет. Карактеристика на овој период е потребата од експериментирање, пробување, од промени на улоги, идентитети, групи, идоли, идеали, вредности, изглед...

Особено е важен впечатокот и претставата што другите ја имаат за неа.

Нешто за животот денес, дрогите...Живееме во свет во кој родителите се преоптоварени со работни обврски и имаат сe помалку време за своите деца.

Колку време денес посветивте на вашето дете? Гледавте заедно ТВ? Или, можеби, работевте нешто заедно или, можеби, другарувавте?

И децата со растењето имаат сe поголем број обврски. Кај нив, пак, сe поголемо е влијанието на нивните врсници, другари.

Од друга страна, пак, во последните дваесетина години, дрогите станаа многу подостапни (може лесно да се обезбедат).

Светската здравствена организација смета дека злоупотребата на дроги е голем ризик за здравјето, може да доведе до развој на болести и смрт, води кон ризично однесување и штетни последици како небезбеден секс, несреќи, насилство.

Се мис лам: Дрога, алкохол, цигари...

Поголемиот број млади знаат дека експериментирањето со дроги е ризично и може да има тешки последици. Некој од нив можеби ќе рече: Но тоа беше само еден џоинт (марихуана) или само едно пивце. Употребата на дроги и алкохол на млада возраст е особено ризично, бидејќи телото (особено мозокот) е сe уште во фаза на развој и последиците од нивното користење може да бидат загрижувачки.

Додека денес многу се говори за илегалните дроги, не ни помислуваме дека и пиењето алкохол или пушењето цигари

се многу штетни за здравјето и носат голем ризик.

Некои родители сметаат дека не е голем проблем кога нивното дете ќе се опие од алкохол. Но ваквиот став може да биде опасен, бидејќи постојат многу ризици поврзани со опивањето – како на пр., под дејство на алкохол да се направи нешто за што подоцна може да се зажали.

Родителите треба да знаат дека некои деца ќе пробаат дрога, но голем

дел од нив нема да продолжат да земаат дрога. Некои ќе продолжат да

земаат дрога, а дел од нив ќе станат зависни од дрогата.

3

Page 4: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Физички ризици:

Зошто некои млади луѓе сакаат Зошто некои млади луѓе сакаат да користат дрога?да користат дрога?Најпрво ќе помислиме поради проблеми дома или во училиште. Но не е секогаш така.

Зошто некои млади сакаат за првпат да пробаат

дрога?

Причините се многу слични на оние поради кои некогаш (кога биле млади) и родителите сакале да пробаат цигара, алкохол или дрога:• од љубопитство;• сакаат да изгледаат како возрасни или да привлечат внимание;• сакаат да ризикуваат;• бидејќи нивните пријатели земаат или им нудат дрога;• поради пријатните краткотрајни ефекти;• дрогата е достапна;

• сакаат да ги прекршат правилата, имаат потреба да ризикуваат (да се направи нешто што е забрането).

Зошто некои млади продолжуваат да земаат дрога?

• Поради потребата за уживање;• Да се избега од секојдневјето; • Неспособност да се справат со проблемите во животот; • Да се намали стресот, или депресијата или; • Имаат негативни чувства кон себе и имаат низок степен на самодоверба.

Денес се говори и за можност за генетска предиспозиција за употреба на дроги.

Кои се ризиците од употребата на дрога?Кои се ризиците од употребата на дрога?

Може да бидат различни. Секако, тоа ќе зависи од видот и јачината на земената дрога, количината, каде и на каков начин е земена дрогата.

Можни се промени во работата на срцето, притисокот, исцрпеност, бессознание и смрт.

Физичката зависност се јавува кај некои видови дроги (пр.: хероин). Тоа се, всушност, симптоми што се јавуваат кога ќе недостасува дрога во организмот (апстиненцијална криза, која се манифестира со болки во стомакот и екстремитетите, потење, несоница, анксиозност и др.).

Психолошки ризици:Намалување на самодовербата, чувство на неможност да се справи во животот/ да се надминат проблеми, чувство на анксиозност и паника. Тие може да траат и неколку дена.

Психичката зависност се јавува кога човекот има огромна потреба да продолжи да зема дрога (без дрога нема да може да се справи во животот).

Социјални ризици:

Правни ризициЛицето што зема дрога може да биде обвинет за поседување дрога или поради учество во криминал.

Проблеми со членовите на семејството и со пријателите, слаб успех. Употребата на дрога може да доведе до анти-социјално однесување и ризично однесување.

Што е тука многу важно?• Не може никогаш со сигурност да се знае што точно и во колкава количина е присутно во дрогата (дрогата се меша со други супстанции).• Ако не се знае точно количината на набавената дрога, може да дојде до предозирање.• Дури и ако некој претходно користел дрога, не може со сигурност да се знае какви ефекти ќе предизвика дрогата. • Истовременото земање различни дроги или дрога заедно со алкохол може да биде многу опасно. • Употребата на дрога со инјектирање носи опасност доколку се користи истиот прибор за инјектирање што претходно бил користен од друго лице. На овој начин може да се пренесе ХИВ, хепатитис Б и Ц. • Ист вид дрога може да даде различни ефекти кај различни луѓе, како и различни ефекти кај еден човек во различно време/услови.

4

Page 5: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

ПОМОГНЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО ДА ДОНЕСЕ ПОМОГНЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО ДА ДОНЕСЕ ДОБРИ ОДЛУКИ!ДОБРИ ОДЛУКИ!

Младите луѓе често доживуваат дека нивните родители не ги разбираат и ги минимизираат проблемите со кои тие се соочуваат. Исто така, не се чувствуваат поддржани да донесуваат самостојни одлуки или да бидат тоа што сакаат. Конфликтите меѓу родителите и децата во адолесцентниот период на животот се чести и тие не смеат да значат отсуство на поддршката на родителите. Родителите можат да не оправдаат и да не поддржуваат одредени одлуки на младиот човек, но тие треба јасно да стават до знаење дека ќе бидат покрај своите деца кога ќе имаат потреба за тоа и дека ќе направат сe што можат да им помогнат во справувањето со проблемите. Иако ова родителите, можеби, го знаат за себе, треба појасно и да им го кажат на децата, кои во тој период може да имаат доживување дека не се разбрани и дека се напуштени од сите што претходно им биле поддршка, особено родителите.

Родителите треба јасно да покажат дека не се поддршка само околу успехот на своите деца, туку дека ќе бидат нивна поддршка и кога тие ќе се чувствуваат несигурно, збунето, кога ќе доживеат неуспех и секогаш кога ќе им биде најтешко.

Токму моментите кога младите се најранливи – кога чувствуваат дека не ги остваруваат очекувањата на своите родители и/или средината, кога немаат јасна слика за тоа што сакаат да прават или не можат да ја остварат целта или, пак, доживеале неуспех, потребна им е целосната поддршка од родителите. Поддршката во вакви моменти значи да се воздржат од: критикување на неуспехот, давање квалификации и фаталистички прогнози, изјави од типот како ги разочарале и дека за ништо не ги бива.

Родителите треба да ги искористат моментите на ранливост за да покажат дека се тука за своите деца и да им помогнат да извлечат поуки од новите искуства, но и да ги поддржат во наоѓање на решенија за проблемите. Размислувањето за решенија, наместо за тоа што довело до проблемот колку и да е тој голем и страшен, може да биде многу значаен процес за родителите и децата. Во барањето решенија родителите можат да побараат поддршка и од други во пошироката околина и заедницата.

Развој на самодоверба кај дететоПомогнете му на детето да има позитивен став кон себе:• Покажете му дека се грижите за него, дека ви значи;• Покажете му дека го почитувате;• Помогнете му да развие вештини, преку кои ќе се чувствува компетентен и способен;• Укажете му дека не очекувате да биде перфектен.

Секогаш дајте му признание за неговиот успех (без разлика колку е мал или голем). Покажете му дека е посебен/уникатен. Некогаш само прегратката (гушкањето) или искреното благодарам може многу да значи.

Секој човек го бидува за нешто. Не може да очекуваме дека сите деца ќе бидат најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри спортисти.

Разговарајте со детето за она што добро го работи. Охрабрете го детето да каже позитивни работи за себе и другите.

Некогаш признанието за нешто што детето го направило успешно е многу помотивирачко, отколку укажувањето за неуспесите на детето.

Градењето самодоверба е долг процес, во кој вие најмногу може да помогнете, уште од најмала возраст.

Не споредувајте го детето, особено не со другите деца (пр.: Брат/сестра ти е подобар/а од тебе, подобро го направи тоа од тебе).

Не постои сомнение дека го сакате вашето дете. Но дали сте сигурни дека детето го знае тоа? Покажете му дека го сакате.

5

Page 6: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Критичко мис лење

Вештини за критичко мислење се потребни пред да се донесе одговорна одлука. Тоа е способност да се анализира и да се проценуваат идеите, наместо, едноставно, да се прифаќаат фактите.

Оној што има развиено вештини за критичко разми-слување е повеќе подготвен да се спротивстави на притисокот на другите (на пр.кога ќе му понудат да земе дрога).

Примери:

Прашајте го детето: Од каде знаеш дека е тоа вистина?Што мислат другите за тоа и зошто така мислат?Што би можело да се случи ако направиш нешто, кои би биле последиците (пр. ако пробаш дрога)?

Ако детето направи грешка, прашајте го: Како поинаку би можело да постапи и што научи од грешката?

Учете го детето како да биде независноИако на родителите им е најважно да го заштитат сопственото дете и да му помагаат, исто така е важно да му помогнат на детето да стане независно. Тоа вклучува лични вредности, како да се донесуваат одлуки, како да се справи со притисокот на врсниците.

При донесувањето одлуки детето треба да е свесно за последиците. Детето треба да научи да направи реален избор поради кој ќе биде почитуван и ќе носи одговорност за изборот.

П о в е ќ е с л о б о д а – п о г о л е м а о д г о в о р н о с т

Детето треба да помисли како неговиот избор ќе влијае врз него и другите, дали има други можности и кои би биле последиците.

Справување со притисокот на врсницитеЛуѓето мислат дека дрогата ќе му биде понудена на детето од некој непознат дилер, или можеби некој ќе му стави нешто во чашата со пијалак. Но, дрогата најчесто се нуди од пријателите, познаниците, врсниците.

Младите се многу приврзани за своите другари. Детето нема прво вам да ви се обрати за совет, туку на другарот. Затоа е добро да ги запознаете другарите на вашето дете, а по можност и нивните родители.

Разговарајте со детето за влијанието на врсниците. Ако кога разговарате со детето, го слушате и не го осудувате, детето повторно ќе сака да разговара со вас.

Прашајте го детето што би можело да одговори ако му понудат дрога. Ако не знае како да одговори, понудете му можни одговори, на пример:

• Немам време, одам да спортувам, имам договорено.• Сите луѓе не го прават тоа, па и кога би го правеле, не значи дека јас мора да го правам тоа.• Не сакам, ме боли глава.• Родителите ако разберат, со месеци ќе ме малтретираат.• Немам намера да правам будала од себе. • Знаете ли што би можело да се случи ако ве фатат како користите дрога?• Ајде да правиме нешто друго (видеоигри, шопинг, слортување).• Јас сум кул без дрога.• Знам да се журкам без дрога.

Може и да се зборува за нешто друго (натпревар, концерт, нов трач, нова облека и сл.), или, пак, да се користи хумор или сарказам.

З а п о м н е т е :

Многу е важно детето да научи како да одбие понудена дрога.

Tоа се техинки што се учат.

Може да се случи детето да знае дека е дрогата штетна, но, сепак, од разни причини да посегне по дрогата.

Како да се остане свој на своето кога е голем притисокот на врсниците?

Дали поради одбивањето можеби ќе биде отфрлен од друштвото?

Како да изгледа дека е сигурен во тоа што го кажува и нема да попушти?

Разговарајте за ова.

Детето треба да знае дека уште повеќе ќе биде ценет од другите ако остане на својот став.

Тој треба да знае зошто треба да одбие (кои се аргументите).

6

Page 7: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Поставете правила и границиРодителите треба да ги насочат децата и да им покажат до каде можат, преку што не смеат.

Кога нешто е опасно, нелегално, тогаш одговорот е секогаш: Не.

Во други случаи, може да се преговара, на пр.: поставување правила за излегување со пријатели, враќање дома. Притоа, имајте ја предвид возраста на детето, неговата зрелост и способност за донесување безбедни одлуки.

Поставете јасни, безбедни правила. Правилата може да се коригираат со возраста на детето. Некои правила може заедно да ги донесете со детето, но не сите.

Внимавајте! Некои домашни правила за кои сте се договориле ќе треба и вие да ги почитувате (пр.: да не се пуши, да не се пие алкохол и сл.).

Ако се прекршат важни правила, не реагирајте веднаш бурно. Дајте си време да размислите за можните последици. Може да побарате детето да се извини и/или да му се одземат одредени привилегии (излегување со пријатели, играње на компјутер, гледање ТВ). Но, пред да се дадете некаква казна или пред да се одземе некаква привилегија, може да побарате од детето да направи/

изврши некаква задача што нема да биде претешка и предолга.

Треба многу да се внимава дали последицата/казната е соодветна на направената грешка (не е добро да се дава преголема казна за мала грешка и обратно).

Не донесувајте одлука кога вие и вашето дете сте лути и вознемирени. Дајте си време да размислите, да слушнете што другите членови на семејството мислат, па подоцна разговарајте.

Избегнувајте обвинување, заканување, давање наредби, сарказам, кажување дека поради неговото лошо однесување вие патите (страдате) или споредување со однесувањето на друг член на семејството.

Не заборавајте и да го наградите детето кога ги почитува правилата. Тоа е многу важно.

Покажете дека му верувате на детето, но исто така поставете граници.

Покажете му на детето дека и кај возрасните постојат граници. На пример, да има доволно време за спиење за да може следниот ден да работи, сметките да се плаќаат навреме, да не се прекршуваат законите.

Колку сте поблиски со детето, пореални, поискрени, толку поподготвено ќе биде детето да разговара со вас и за најсуптилни теми,

Одбивањето разговор со детето или ставот Што има сега јас да разговарам на таа тема со него, тоа сè знае, или влевањето страв кај детето, само уште повеќе ќе го оддалечат од вас.

Уште неколку совети за родителите

• Зголемете го степенот на знаење за дрогите, нивните ефекти.

• Зборувајте со детето за дрогите. Важно е информациите што ги има да бидат точни. Денес има многу заблуди поврзани со дрогите. Прашајте го што тоа знае за дрогите и за неговото мислење/став околу дрогите.

• Не изнесувајте ставови што го оневозможуваат дијалогот, на пр.: кога би дознал дека моето дете употребува дрога, би го избркал од дома или би се откажал од него. На тој начин стравот е конечен и создава јаз помеѓу вас и детето.

• Нема подобар пристап од пристапот на доверба; покажете му дека верувате во неговото знаење за тоа што е добро за него.

• Ислушајте го! - Детето ќе ве води до онаму до каде што треба (во неговиот внатрешен простор на емоции и релации) за потоа да му помогнете и да посредувате на најдобар начин. Дајте му го правото тој самиот да биде најважен познавач, учесник и креатор на сопствените доживувања. Вие сте за него најважната поддршка и посредник со реалноста, но не сте експерт за неговите доживувања.

7

Page 8: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

За емоциите

Живееме во свет во кој не учеле дека треба да ги елиминираме/ потиснеме „негативните“ емоции. Но тоа не е возможно, па затоа луѓето многу често користат одбранбени механизми што ги потиснуваат емоциите, така што енергијата што тие ја имаат се пренасочува кон себе, односно станува автодеструктивна енергија. Затоа многу е важно да учиме за сопствените емоции и да им помогнеме на децата да учат за своите емоции. Исто така, важно е децата да добијат дозвола да ги изразуваат своите емоции и да учат социјално прифатливи начини како тоа да го прават. Децата учат како да ги препознаат емоците преку начинот на кој ние ги именуваме и им ги рефлетираме. На пр., во ситуација во која тие врескаат или замавнуваат со некој предмет за да удрат некого или во нешто, може да им посочиме дека гледаме колку се бесни. Понатаму ние може да им дадеме простор и алтернативен начин да го изразат својот бес. Може да им понудиме да трчаат, да излезат на свеж воздух, да употребат хартија или некоја играчка врз која ќе може да го „истурат“ бесот, да се напијат вода и да дишат длабоко за да се смират. На тој начин им покажуваме на децата дека ја уважуваме нивната емоција, но исто така дека постојат различни начини на кои може да ја изразат без да повредат некој друг и дека постои начин на справување и со силните емоции.

КАКО ДА ПРЕПОЗНААМ КАКО ДА ПРЕПОЗНААМ ДАЛИ МОЕТО ДЕТЕ ЗЕМА ДРОГА?ДАЛИ МОЕТО ДЕТЕ ЗЕМА ДРОГА?

Внимавајте барањето знаци дали детето користи дрога да не ја наруши довербата и комуникацијата со вашето дете. Комуникацијата е секогаш подобар начин да се дознае вистината отколку обидите да се биде „детектив“ на сопственото дете. Младите имаат право на приватност и често може да се чувствуваат навредени и бесни кога родителите ја нарушуваат нивната приватност. Тоа што родителите може постојано да го прават е да ги следат промените кај детето. Особено важно е да се знае дека промените, особено во однесувањето што најчесто се сметаат како знаци за употреба на дрога, се често вообичаени промени што се јавуваат во периодот на адолесценција, особено ако се соочуваат со проблеми (ако имаат проблеми во училиште, ако се исклучени од друштвото, раскинале со партнерот/ката).

Некои од знаците се поспецифични – телесните симптоми и поседувањето предмети што се користат при употреба на дрога. Некогаш можеби детето ќе ви рече за она што сте го нашле во неговата торба дека не е негово, туку на другарчето. Но дали е тоа навистина така?

Еве некои знаци:

• промена на расположението, депресија, пречувствителност • тешкотии во концентрацијата, конфузија;• обично чувствува замор и не може да спие навечер;• зацрвенети или водлести очи; стеснети или проширени зеници;• течење секрет од носот, кашлање, главоболки, развлечен говор;• намалена или зголемена потреба за храна; • правење нешто тајно;• лажење;• се почесто позајмување пари или исчезнување на предмети и лекови од дома;• промена во однесувањето во училиште, отсуство/бегање од часови, намален успех;• намален интерес за училиште, хоби (спорт), пријатели;• промени во однесувањето со пријателите; • наоѓање предмети што би можеле да се поврзат со употреба на дрога (завиткани мали хартии, фолија, шприцеви); • шишенца со капки за очи (за да се замаскира црвенило на очите или промени на зениците);• избегнување контакт со родителите.

Внимавајте! Телесните знаци може да бидат присутни

само во моментот кога е под дејство на дрога, а

дејството на различни видови дроги трае различно.

8

Page 9: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Луѓето мислат дека дрогата ќе му биде понудена на детето од некој непознат дилер, или можеби некој ќе му стави нешто во чашата со пијалак. Но, дрогата најчесто се нуди од пријателите, познаниците, врсниците.

Младите се многу приврзани за своите другари. Детето нема прво вам да ви се обрати за совет, туку на другарот. Затоа е добро да ги запознаете другарите на вашето дете, а по можност и нивните родители.

Разговарајте со детето за влијанието на врсниците. Ако кога разговарате со детето, го слушате и не го осудувате, детето повторно ќе сака да разговара со вас.

Прашајте го детето што би можело да одговори ако му понудат дрога. Ако не знае како да одговори, понудете му можни одговори, на пример:

Што да правам ако се сомневам дека Што да правам ако се сомневам дека моето дете можеби користи дрога?моето дете можеби користи дрога?

Најважно е да останете мирни, да се обидете да не реагирате кога сте највознемирени.

Што е тука важно?

• Не обвинувајте го детето – чувството на вина кај детето нема да придонесе да се дознае вистината, а уште помалку да се реши проблемот доколку постои.• Не разговарајте во момент кога мислите дека е под дејство на дрога. • Размислете пред разговорот како би сакале да изреагирате ако детето ви признае дека земало дрога. • Прашајте го за неговите ставови во однос на дрогата.• Слушајте го со почит за она што го кажува.• Ако помислите дека можеби ве излажал, обидете се да не покажете лутина.• Кажете му колку сте загрижени за неговото здравје и благосостојба. • Дајте му до знаење дека секогаш ќе бидете со него во тешките моменти низ кои ќе поминува. • Обидете се да не му се заканувате.• Детето треба да разбере дека носи одговорност за своето однесување и за последиците што би можеле да следуваат.

Родителот треба секогаш да биде отворен за комуникација со детето. Ако се прекине комуникацијата со детето, тоа може да биде многу ризично. Изградете однос на почит кон детето, бидете искрени и секогаш подготвени за разговор. Искреноста значи да ги кажете и вашите сопствени чувства – ако сте лути, разочарани, несигурни, исплашени. Кога можеме да ги препознаеме чувствата, можеме полесно да управуваме со нив, па кога сме лути, бесни, исплашени и разочарани нема веднаш да реагираме со осуда или казнување на детето, туку ќе му кажеме како се чувствуваме, ќе се обидеме да се справиме со интензивните чувства, па дури потоа да разговараме. Прошетка или разговор со пријател може да ви помогнат. Ако го казнувате детето поради неговата употреба на дрога, тоа нема да го спречи повторно да земе дрога.Размислете што би можело да се случи ако го избркате детето од дома. На тој начин воопшто нема да му помогнете. Разлислете дали е токму тоа што го сакате, каква би била одговорноста и на кого го препуштате/ оставате детето. Дали со тоа уште повеќе не го втурнувате во поголеми проблеми?

Побарајте помош од стручни лица или родители што поминале низ слични ситуации. Тешко е сами да се справите во ваква ситуација.

Што треба да се знае за правните аспекти Што треба да се знае за правните аспекти на употребата на алкохол и дрога?на употребата на алкохол и дрога?Во Република Македонија постојат закони и правила со кои се регулира продажбата, употребата и поседувањето цигари, алкохол и дроги. Според видот, предвидените казни се различни и зависат од тоа дали е сторен прекршок (парична казна) или кривично дело (казна затвор и/или парична казна како споредна казна).

АлкохолУвозот на алкохолот се регулира преку посебен надоместок, односно акциза. Продажбата се регулира преку потребните лиценци за продажба на алкохол. Исто така, ограничено е местото и времето на продажба. Во случај на прекршување на овие одредби, законот предвидува казна- глоба во износ од 5000 евра за правно лице и глоба во износ од 300 евра за физичко лице.

Дали знаевте дека и родител на малолетник може да биде казнет ако неговото дете употребува дрога?

Според законот забранета е продажба на алкохол на лица под 18 год. Предвидена казна е одземање на лиценцата за продажба на алкохол и алкохолни пијалаци на правното лице. Купување алкохол на лица под 18 год. е забрането. Во случај на прекршок на родителот/ старателот му се изрекува глоба во износ од 300 евра.

Во угостителски објекти е забранета продажба на алкохолни пијалаци на лица помлади од 18 год. – следува парична казна за правното и одговорното лице и 30 дена забрана за вршење дејност.

Употребата на алкохолот е регулирана преку забраната за оддавање на пијанство на јавно место и во пијана состојба да се нарушува јавниот ред и мир. За ова прекршување се изрекува глоба во износ од 100 до 400 евра за сторителот, односно за родителот или старателот чие дете, односно штитеник, поради занемарено грижење го извршува прекршокот ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.

ДрогаУпотребата на дрога, односно уживањето наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори на јавно место претставува прекршок со кој се нарушува јавниот ред и мир (член 20 од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир), кој се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност. ж

Родителот или старателот чие дете, односно штитеник, поради занемарено грижење врши прекршоци од овој закон ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.

9

Page 10: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Тој што наведува друг на уживање наркотични дроги и прекурзори или му дава наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори да ги ужива тој или друго лице или ќе стави на располагање простории заради уживање наркотични дроги и психотропни супстанции или на друг начин му овозможува на друг да ужива наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено спрема малолетник или спрема повеќе лица или предизвикало особено тешки последици, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Поседувањето дрога во Република Македонија не е јасно регулирано, но и во случај на уживање неопходно

е поседување на дрогата, па така во пракса најчесто се казнува секој што поседува и најмала количина дрога, кривично се гони и се санкционира.

Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако делото е сторено со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

И конечно за дрогите

Што претставуваат дрогите?Што претставуваат дрогите?Во 1957 година Светската здравствена организација ја дефинира наркоманијата (злоупотребата на дроги) како состојба на периодична или хронична интоксикација предизвикана со повторувачко земање дрога.

Дрогите влијаат на мозокот на таков начин што предизвикуваат психолошки и физички ефекти, како на пример некои дејствуваат како стимуланти, други како анестетици или халуциногени.

Под дејство на стимулантните дроги корисникот има чувство дека има повеќе енергија и е повеќе буден. Во групата на стимуланти припаѓаат кокаинот, амфетамините (спид), но и цигарите и кафето.

Под дејство на анестетичките дроги (депресори на нервниот систем) корисникот е поспан, смирен, релаксиран. Во оваа група се хероинот и другите опијати, но и алкохолот и седативите.

Под дејство на халуциногените дроги светот се доживува сосема на друг начин. Тука се ЛСД, марихуаната/хашишот, магичните печурки и др. Некои дроги може да имаат измешани ефекти. На пример, екстази е стимулатор, но исто така влијае и на промена на перцепциите. Марихуаната/хашишот може да има ефект како халуциногена дрога, но и опушта, релаксира.

Како се добиваат дрогите?Како се добиваат дрогите?Марихуаната/хашишот се добиваат од еден вид растение – коноп наречен канабис. Кокаинот/крекот се добива од листовите на растението кока. Опиумот, кој е база за добивање морфиум и хероин, се добива од чашката на афионот.

ЛСД, екстази и бензодиазепините (лековите за смирување) се добиваат во лабораторија.

Што е зависност?Што е зависност?За физичка зависност се говори ако телото протестира кога ќе се прекине со употребата на неки видови дроги. Тогаш се јавуваат одредени непријатни симптоми (т.н. апстиненцијална криза).

Психолошка зависност значи дека корисникот мисли дека не може повеќе да функционира без да зема дрога, има потреба повторно да земе.

Толеранција значи дека на корисникот му е потребна поголема количина дрога за да го доживее истиот ефект од дрогата што претходно ја земал.

Ниту една дрога не може да доведе до зависност од едно земање.

Погрешно е мислењето дека некој може да стане зависен од дрога ако некој друг му подметне дрога, на пр., во пијалакот.

10

Page 11: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

По нешто за најпознатите видови дроги и По нешто за најпознатите видови дроги и нивното дејствонивното дејство

Канабис

(марихуана,

хашиш)

(џоинт,

трева)

Име Изглед и начин на

употреба

Зависност Знаци Кратко- трајни ефекти

РизикДолго- трајни ефекти

Суво растение, најчесто се меша со тутун во цигара и се пуши. Може да се стави во храна.

Психолошка. Опуштено тело, релаксација, зборливост, црвени очи (на почетокот), фотофобија, еуфорија, глад, жед, специфичен мирис, кашлање

Интензивирање на емоциите, намалување на концентрацијата, тешкотии во учењето, краткотрајна загуба на меморијата, продолжено време за реакција, промена на сензорските перцепции, халуцинации. При поголема доза: анксиозност, паника и бессознание.

Оштетување на респираторните органи и рак на белите дробови (кога се пуши). Предвремено раѓање кај бремени жени.

Зголемен ризик запојава на психози: анксиозност, паника, депресија, шизофренија, параноја

Хероин

(хорс, роба)

Прашок, најчесто се инјектира или се инхалира на фолија, може и да се шмрка или да се пуши измешан во цигара.Депресор на нервниот систем

Физичка (апстинен-цијална криза) и психолошка криза; се јавува многу брзо и силно. Толеранција.

Стеснети зеници, релаксирано тело, пасивност, поспаност, некоординира-но движење, забавеност.

На почетокот може да има повраќање, главоболки, вртоглавица, чешање.

Опуштеност, намалување на болката и чувството на анксиозност, кратка еуфорија, отапени емоции, опстипација (запек), забавена работа на срцето и дишењето

Индиферентност Ако се инјектира, ризик за предозирање, кома и заразување со ХИВ, хепатитис, инфекции. Оштетување на мозокот, црниот дроб и други органи

Екстази Таблети или прашок. Дејството почнува за 20 минути, трае неколку часа. Стимулант

Психолошка зависност и толеранција

Зголемена енергија, возбуда, говорливост. Намален замор. Проширени зеници. Сува уста, потење, прегреано тело.

Стимулација, возбуда, забрзан пулс и дишење, потење, намален апетит, околината се доживува на поинаков начин, се зголемува чувството на интимност со другите. Перцепциите стануваат поинтензивни. Нарушена координација.По неколку дена замор, болка во мускулите, депресија.

Истоштеност, депресија, несоница, промени во мозокот, може да дојде до нарушување на меморијата, концентрацијата и расположението (депресија).

Прегрејување на телото и дехидратаци-ја, оштетување на бубрезите, срцето, црниот дроб, кома. Депресија, анксиозност, панични реакции, грчеви-епи напад

11

Page 12: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Кокаин и крек

Хемиски

кокаинот може

да се преработи

во крек или во

слободна база на

кокаин (фрибејз)

Име Изглед и начин на

употреба

Зависност Знаци Кратко- трајни ефекти

РизикДолго- трајни ефекти

Бел прав, најчесто се шмрка. Ако се раствори во вода, може да се инјектира. Дејството трае 20-30 минути.

Крекот е како кристал, се пуши. Дејството трае околу 15 минути.

Стимулант

Силна психолошка

зависност, но не и

физичка.

Корисникот се чувствува весело, смело, поенергично, има несоница, губи апетит, има проширени зеници.

Стимулација, возбуда. Се зголемува издржливоста, исчезнува чувството на глад и замор.

Болката не се јавува толку брзо.

Намалување на тежината, неспиење, анксиозност, халуцинации, раздразливост, параноја, агресивност, депресија по интензивна употреба, целосно исцрпување на организмот.

Намалена отпорност кон инфекции, тресење,грчеви, нарушена работа на срцето.

Чувство на замор. Несоница, исцрпување. Халуцинации, анксиозност, паника, параноја, агресија

Халуциногени

дроги:

ЛСД и

магични

печурки

(псилоцин,

псилоцибин)

ЛСД во форма на хартиени мали ливчиња што се раствораат во уста или таблети.

Ефектот (трип) може да трае до 12 часа.

Печурките се јадат или се вари чај од нив.

Психолошка Силни халуцинации (нарушено доживување на реалноста),сите сетила стануваат поинтензивни.

Дезориентација.Неповрзан говор, смеење или плачење

Засилување на постоечките емоции, халуцинации (нарушени сензорни перцепции).

Времето може да се успори или воопшто да престане.

Перцепцијата за простор се менува.

Ментални нарушувања кај лица кои имаат предиспозиција, како анксиозност, психози.

Паника.

По извесно време ефектите од ЛСД може повторно да се јават без да се земе дрогата.

Тоа е така наречен флешбек.

Предиспозиции за психози (параноја). Намален капацитет за расудување

Инхаланти:

лепила,

лакови,

спрејови,

бензин

Се инхалираат, најчесто со најлонска кеса или во марамче

Умерена психолошка зависност и толеранција.

Благи симптомина спуштање

Слично на алкохол.

Еуфорија, дезориентација некритичност, главоболка, вртоглавица, подоцна поспаност.

Нарушено внимание и непрецизни движења

На почетокот лесна вртоглавица, опуштеност, отежнат говор, нестабилна контрола на движењето, но и халуцинации.

Зениците се проширени, има неволни движења на очите, зуење во ушите и силна главоболка.

Нарушена работа на срцето.

Кожата околу устата и носот е испукана и воспалена.

Воспалена е слузницата на носот очите и дишните патишта, конфузија, се губи апетитот.

Раздразливост, агресивност, бессознание,кома.

Ризик за задушување.

Оштетување на мозокот, бубрезите, црниот дроб, коскената срцевина

12

Page 13: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри

Каде може да се обратите за помош?Каде може да се обратите за помош?Кај училишниот психолог или педагог

Каде се лекуваат зависниците од дрога?

13

Советувалиштето за превенција од употреба на дроги во Младинскиот центар

„Сакам да знам“ на ХЕРА (во рамки на амбулантата Водно, на улица „Елисие

Поповиќ“ бр. 2) тел: 02/3176-950 или е-пошта [email protected]

Завод за ментално здравје на деца и младинци 3065-711

Инфолинија за дроги 2778-782 [email protected]

ХОПС 3 246 205 [email protected]

Доверба 3 067 713 [email protected]

Контакт 072 312 321 [email protected]

Предизвик за млади 2 265 77 31 [email protected]

Хера 3 290 395 [email protected]

Меѓуопштински центар за социјална работа 3 297 700

Во Република Македонија постојат повеќе центри за превенција и третман на зависност од дроги.

Во Скопје, третманот се врши во

Психијатриската болница – Скопје – Бардовци, Центарот за превенција и третман на злоупотреба на дроги и други психоактивни супстанции (Болницата) во Кисела Вода (тел. 3095 607) и

Клиничкиот центар и во Градската болница 8-ми Септември.

Третман вршат и некои ординации.

Најголемиот број пациенти на лекување се поради зависност од опијати (хероин).

Зависноста од дроги е хронична долготрајна болест.

Во текот на лекувањето може да се случи зависникот повторно да почне да зема дрога, па повторно да биде на терапија.

Многу е тешко да се надмине психичката зависност (има нешто посилно што го тера повторно да земе дрога).

Поддршката од околината е многу значајна за успешноста во лекувањето.

Page 14: HERA - VODIC ZA RODITELI - DROGA - mak 28 03 2013hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/vodic_roditeli.pdf · најуспешни во учењето или ќе бидат најдобри