diplomska ruzica

29
Универзитет„Св. Кирил и Методиј “- Скопје Висока Медицинска Школа Насока Радиолошки технолог Дипломска работа На тема: Класични техники за снимање на лумбалниот дел од рбетот

Transcript of diplomska ruzica

Page 1: diplomska ruzica

Универзитет„Св. Кирил и Методиј “- Скопје

Висока Медицинска Школа

Насока Радиолошки технолог

Дипломска работа

На тема:

Класични техники за снимање

на лумбалниот дел од рбетот

Ментор: Изработила:

Проф.Д-р Миодраг Врачаковски Абрашева Ружица

Page 2: diplomska ruzica

Бр.на индекс 687

Содржина:

1

Page 3: diplomska ruzica

Вовед

Човечкото тело претставува една целина во анатомската и физоиолошка

смисла. Тоа е составено од прилика од 208 коски, кои се со различна големина

и облик, мегусебно поврзани во една функционална целина.

При патолошки процеси доага до промена на коскената структура

т.е.нормалниот изглед на коската се менува. Овие промени во изгледот на

коските можат да се забележатт на рендген снимки.

Дијагнозата при трауматски промени незаменлива, е без рендген преглед т.е.

без рендген снимка. Но за да се постави добра дијагноза,потребно е и добро

познаванје на нормалната анатомија на коските и на другите органи кои се

снимаат.

Во текот на сниманјето радиолошкиот технолог соработува со болниот.

Пациентот треба да знае каков е тој преглед што треба да му се снима, и што

треба тој да прави во текот на сниманјењето. Во текот на работата

радиолошкиот технолог треба да биде сконцентриран на работата која ја

врши , за да не дојде до повторуванње на сниманњето, бидејки не само што се

прави материјален трошок , туку и е штетно за пациентот и го руши угледот на

раиолошкиот технолог.

За поставување на добра дијагноза потребно е да се направи најмалку две

позиции на сниманње на испитуваниот дел, но по потреба може да се направат

и дополнителини снимки. Првите две снимки се така наречени типични снимки,

но како што напоменавме некој пат за донесуванње прецизна т.е. точна

дијагноза и дополнителни снимки кои во рендген дијагностиката се познати

како-коси, аксиални, компаративни макрографски и слично.

Исто така освен нативните снимки се користат и контрасни испитуванња,

томографија и сега веке познати и при потреба попрецизни современи методи-

компјутерска томографија и магнетна резонанса.

2

Page 4: diplomska ruzica

Постојат неколку значајни правила и принципи, кои треба да се почитуваат од

радиолошкиот технолог, при неговата работа во рендген дијагностиката. Едни

од побитните се:

- при сниманјето обавезно да се стави ознака лево или десно, за да се знае за

која страна се работи т.е. се испитува.

- сниманиот дел да биде слободен т.е. да нема никакви делови од облеката,

накит т.е. да биде слободен од сите страни тела кои можат да остават

несакана сенка (ова радиолошкиот технолог треба да го педочи на пациентот).

При рендген дијагностиката т.е. сниманњето, исто така битен елемент кој треба

да го знае и примени радиолошкиот технолог, е заштита на пациентот од

зрачење на репродуктивните органи, да не се снима трудница освен во случај

кога и се загрозени виталните функции т.е. животот.

РЕНДГЕНГРАФИЈА НА ЛУМБАЛЕН (слабински) РБЕТ

За сниманје на лумбалниот дел од ребетот, прво треба да го припремиме

пациентот.Припрема на пациентот:

Пациентот треба да биде ослободен од облеката до појас т.е. да нема страни

тела, кои можат да дадат нескани сенки на рендгенската слика.

ПОЗИЦИИ НА СНИМАЊЕ

А-П снимка на (антеро-постериорна) лумбален рбет

Снимањето го правиме на касета со димензија 20x40cm. Со употреба на

фолијата и решетката. Касетата се поставува надолжно, така да нејзиниот

горен раб се наога во висина на XII ребро. Обавезно се става ознака на

страната на снимање L и D. Пациентот леже на грб, на средината на столот за

снимањето, така да медио сагиталната рамнина на главата, вратот и телото е

под прав агол на рамнината на столот за снимање. Симетричните точки на

рамењата и симетричните точки на карлицата се во иста трансферзална

рамнина. Рацете се испружени покрај телото нозете флектирани во колената

да се исправи физиолошката лордоза на кичмата.

3

Page 5: diplomska ruzica

Централен зрак: централниот зрак е усмерен под прав агол, во висината на

криста. Одалеченоста на филм од рендген цефката е 1m

Положба на телото на пациентот за дорзалната снимка на лумбалната кичма

Антеро-постериорна снимка на лумбалната кичма

4

Page 6: diplomska ruzica

На А-П проекцијата рбетот е прав. Трите надолжни линии треба да се

паралелни , а првата која ги поврзува десните корени од арпусите додека пак

втората ги поврзува левите корени од апсурите и третата ѓи поврзува proc

spinozus.Исто така меѓу пршленските зглобови треба да се симетрични.

На А-П сенката од корпусот на пршленот, со сенките од друѓите делови, кои

припаѓаат и налегнуваат на пршленот, се слеваат во една заедничка сенка,

која наликува на пеперутка со раширени крилја (Грашеи).

На РТГ снимката А-П проекција, се гледаат корпуси, аркуси и процесуси.Corpus

vertebrae дава правоаголна сенка со бочни ивици,мазни и јасни средишно

вдлабнати на внатре, а краевите заоблено преминуваат во ивиците на

дисковата површина.

На РТГ снимката се проектира и три ивица(контури):

1. густа најдебела лесно конкавна во средниот дел од корпусот;

2. поретка-со помала густина;

3. слични особини како втората ивица;

Во А-П проекција се гледаат и двете ивици, по далечна е проекција на

предниот раб, а поблиската е проекција на задниот раб.

Односите меѓу трите ивици се менува со различен наколн на телото на

пршленот, што се утврдува со положбата на proc.spinosus

1. При наклонет и надолупршлен proc.spinosus се проектира во сенка на

телото;

2. при наколонет напред и нагоре proc.spinosus се проектира пониско од телото

но и може да се орјентираме и во положбата на proc.spinosus ;

На А-П проекцијата во исправена положба иб.просториите се еднакво широки

во десната и левата половина. Ако рбетот се наклони странично, просторот се

стеснува кон страната на наклонот а се раширува на спротивната.

Слично се случува и при наклон на напред и на назад.Тоа се објаснува со

елсатично движенње на nuceleus pulposus кои под влијание на притисок се

5

Page 7: diplomska ruzica

изместува кон спротивната насока. При дискус хернија јадрото е инфицирано

не се придвижува и така ИВ просторот останува еднакво широк.

Слика 3 шекатски приказ на структурите на снимката

ПРОФИЛНА СНИМКА НА ЛУМБАЛЕН РБЕТ

Припрема на пациентот:

Се снима на филм со формат 20x40.

Ако пациентот има лордоза или кифоза се употребува филм со формат 30 40.

Пациентот лежи на маса за снимање на бочната страна.

Магио сагиталната рамнина е паралелна со рамнината на филмот, а

фронталната рамнина е под прав агол со филмот.

Нозете лесно флектирани во колената, за да биде пациентот стабилен во текот

на снимањето.

Центарален зрак:

Центарлниот зрак пага под прав агол на средината на филмот, а се центрира

во висина на третиот лумбален пршлен.

Доколку пациентот не може да се врти на бок, профилното снимање се врши во

лежачка положба. При ова снимање касетата се подесува вертикално крај

бокот на пациентот, и се потпира со врекички за имобилизација.

СТРУКТУЛЕН ПРИКАЗ

На прикажаната профилна снимка на лумбалниот рбет се гледа анатомска

структура, која се гледа при А-П но особено добро се гледа processus spinozis и

телото (korpus) на сите пет лумбални пршлени т.е. i.v. простор.

Слика 4 Профилна снимка на лумбо-сакрална кичма

6

Page 8: diplomska ruzica

ЛАТЕРАЛНА ПРОЕКЦИЈА:

1. предна ивица на пршленот: јасна и лесно вдлабната навнатре во средината,

а краевите заоблено преминуваат во оцратувањата на поврашините на

дисковите;

2. задната страна на корпусот е истовремено преден зид на canalis medulare

spinalеs и се дели на два дела;

3. се гледа и incisura vlertebralis ed inferior;

4.на профилната ртг снимка дискалната површина дава густа конгавна ивица.

Другите две ивици одговараат на левиот и десниот бочен раб и најчесто се

слеваат меѓу себе. Сите ивици се непрекинати, во спротиво тоа е израз на

патолошки сустрат. На А-П корпусот на LV изгледа неправилен, за подобра

визуелизација треба да се направи снимка со агол на централниот сноп под 40

степени кон главата. Задниот долен дел од телото на L-4 и L-5 во целост се

покрива со Os illium.

Коскената структура на корпус најдобро се гледа на профил, коскените

гредички веднаш под двете површини на дисковите се погусти, подебели и со

хоризонтален распоред. Во средината на корпусот коскените гредички се со

кружен распоред. Radices arkus vertevrae-се проектираат симетрично во

ватералните двојни прстени. Густиот раб е копактна, а светлиот центар

спондиоза. Двете половини на аркусот делес и лев косо се проектираат во

среден и долен дел од телото. Во горните бочни краеви се проектираат два

горни зглобни израстоци со ивици над корпусот. Во долните бочни краеви се

проектираат двата долни израстоци со ивици под корпусот. Најдолните делови

им се проектираат и врз сенката на корпусот од подолниот пршлен.

Во среден долен дел од корпусот се гледа proc spinosus ортоградно поставен

со елипсовидната форма со компактна силна сенка, а спондиозата светло

пространство. Procesus kostarius се гледа странично од корпусот со јасни и

тенки ивици ин ежна коскена структура.

Canalis med.spinalis бочните рабови се ограничени од внатрешната ивица на

елипсовидните сенки на корените од аркусите. Поназад горе и долу се гледаат

7

Page 9: diplomska ruzica

двојните ивици од proc aticulares superior et inferior. Врската меѓу пршлените се

остварува преку зглобните израстоци-proc aticulares . Врската мегу пршлените

се остварува и преку лигаментите.По предната страна на пршленот поминува

предната надолжна врска lig longitudinal ant, по задната страна на корпусот, а

предната страна на медуларниот канал поминува lig longitudinal post, додека по

внатрешната страна од аркусите поминува жолтата врска-ligg flavum.

Слика

Покрај овие две основни снимања на вратниот рбет, во рендген дијагностиката

многу често ги користиме и косите снимки т.е. позиции.

ДОПОЛНИТЕЛНИ СНИМКИ

Коси снимки на лумбален рбет

Се изведуваат исклучиво како дополнителни снимки на стандарните А-П и

профилна снимка.

Припрема на пациентот како кај стандарните снимки;

Положба на пациентот за дорзална постеро-антериорна позиција:

пациентот лежи на грб,рацете се поставени под главата,нозете се флектирани

во колената и повлечени према телото за да се израмни физиолошката

лордоза на кичмата.

Телото е за 45 степени подигнато на левата па на десната страна, така да

медијалната рамнина на филмот прави агол од 45степени.

Централниот зрак е 3-4 прста над crista iliaca anterior superior односно во

висина на III лумбален пршлен. Со овие снимки се прикажуваат малите

зглобови кои се наогаат поблиску до филмот .

Прикажани се корпусите лумбални пршлени , XII торакален како и дел од

сакрумот. Секој пат се прават компаративни снимки на двете полу –коси

позиции.

За прикажување на интер вербалните простории, се прават функционални

снимки на лумбалната кичма, и тоа од антеро-постериорна позиција на лево и

8

Page 10: diplomska ruzica

десно а од профилна положба, во максимална инклинација и максимална

реклинација.

Слика 5.Положба на пациентот за функционална А-П снимка во лево и десно

Слика 6.Положба на пациентот за дорзална коса снимка

Слика 7.Коса снимка на лумбо-сакрална снимка

Слика 8.Шематски приказ на структурите на коса снимка

СНИМКИ НА ЛУМБАЛНА КИЧМА

Типични снимки за лумбалната кичма се дорзалната или антеро-постериорната

снима, профилна или латерална терална снимка. Освен споменатите снимки

исто така се користат и коси снимки и функционални.

ДОРЗАЛНА СНИМКА НА ЛУБАЛНАТА КИЧМА

Припрема на болниот:

Сниманјето на болниот треба да биде без никакво парче облека или без

предмети кои би можеле да дадат рендгенста сенка.

Прибор: Лумбалната карлична снимка се снима на филм со формат 15x40

20x40 или 24x30, обавезно со помош на решетки и фолија. Касетата се

поставува надолжно, а горниот раб се наоѓа на висината на ксифоидата.

Обавезно се става ознака лево или десно (L или D).

Положба на телото на болниот:

Оваа снимка се прави во лежачка положба, при што пациентот лежи на грб, на

средината од столот за снимање. Симетричните точки на рамињата и

симетричните точки на карлицата, се во иста трансверзална рамнина. Болниот

мора да лежи точно на средината од столот за снимање, а неговите раце се

покрај неговото тело. Нозете се свиткани во колената и повлечени кон телото.

Со оваа положба многу полесно може да се дојде до совршена рендгенска

снимка на лумбалниот дел од рбетот.Медијалната рамнина на пациентот е

вертикална на рамнината за столот за снимање.

9

Page 11: diplomska ruzica

Положба на телопто на пациентот за дорзалната снимка на лумбалната кичма

Центрирање:

Насоката на централниот зрак е нормална. Централниот зрак се центрира на

средната линија која што ѓи спојува двете кристи во медијалната рамнина.

Оддалеченоста на фокусот од филмот треба да биде 100cm. Во таа

експозиција што се зима при снимањето болниот не смее да диши. Примарниот

сноп овде на рендгенското зрачење треба да биде тесен.

Резултат од снимката:

На дорзалната снимка на лумбалниот дел од рбетот, се прикажани корпусите

на сите лумбални пршлени, 12-от лумбален пршлен и дел од сакрумот.

Дорзална снимка на лумбална кичма

10

Page 12: diplomska ruzica

ПРОФИЛНА СНИМКА НА ЛУМБАЛНА КИЧМА:

Припрема на пациентот за профилната снимка е вообичаена. Се зема филм со

формат 15x40 или 20x40. Ако пациентот има изразена кифоза или лордиоза

тогаш се зема филм со формат од 30x40. Обавезно се снима со помош на

фолија и решетка. Горнио раб на касетата доага во висина на ксифоидата.

Обавезно се става ознака лево или десно.

Положба на пациентот:

Пациентот лежи на страна, во чиста профилна положба. Неговите раце се под

главата, или пак испружени зад главата. Медијалната рамнина на телото е

паралелна со рамнината на столот за снимање. Пациентот мора да лежи точно

на средината на столот за снимање. Нозете се свиткани во колената и

привлечени кон телото. Под лумбалната кичма мора да се стави постоље, кое

што нема да остави рендгенска сенка, на тој начин и многу подобро се

изразува самата кичма.

Положба на пациентот за лумбална кичма

Центрирање:

Централниот зрак е вертикален и е насочен околу три прста над криста во

средната аксиларна линија. За време на експозицијата пациентот не смее да

диши. Обавезно пациентот мора да биде заштитен од самото зрачење.

11

Page 13: diplomska ruzica

Резултат од снимањето:

На снимката од лумбалната кичма во профилна проекција многу добро се

прикажани корпусите на сите лумбални пршлени, дванаесете торакални

пршлени и дел од сакрумот.

12

Page 14: diplomska ruzica

Профилна снимка на лумбална кичма

КОСИ СНИМКИ НА ЛУМБАЛНА КИЧМА

Припремата на пациентот за коси снимки, при лумбалната кичма се

вообичаени, како и за останатите снимки на лумбалната кичма.

Снимките се прават со тоа што се зема филм со формат од 15x40 или

20x40.Горниот раб на касетата се наоѓа во висина на ксифоидата. Обавезно се

13

Page 15: diplomska ruzica

става ознака L или D. Разликуваме антериорна или постериорна коса снимка

на лумбалната кичма.

За дорзалната (постериорна) коса снимка на лумбалната кичма, пациентот

лежи на грб, а неговите раце се испружени покрај неговото тело. Нозете се

свиткани во колената и привлечени кон телото. Телото е за 45 степени

подигнато на едната па на другата страна.Медијалната рамнина на телото

прави рамнина на самото тело агол од 45 степени. Подигнувањето на телото

на пациентот, се прави во областа на карлицата и рамењата.

Положба на пациентот за снимање на дорзална (постериорна)коса снимка на

лумбална кичма

Оддалеченоста на фокус-филмот е 100cm. Zа време на експозицијата

пациентот не смее да диши. Секогаш се снима во експириум.

Имобилизацијата и заштитата се вообичаени. За вентралната(антериорна)

коса снимка на лумбалниата кичма, телото се наоѓа во вентрална коса положба

и е ротирано за 45 степени на едната, а потоа на другата страна. Нозете се

свиткани во колената и привлечени кон телото, со цел да се добие подобра

рендгенска снимка во однос на физиолошката лордоза на лумбалната кичма.

14

Page 16: diplomska ruzica

Положба на пациентот за снимање на вентрална(антериорна) коса снимка на

лумбална кичма

Центрирање:

Централниот зрак паѓа вертикално,и центрира три попречни прсти на

пациентот погоре, и пет кон внатрешноста од кристата, односно во висината на

третиот лумбален пршлен. Оддалечноста на фокусо-филм е 100cm. За

времена снимањето пациентот не смее да диши, и обавезно се става заштита.

Резултат од снимањето:

На косите снимки на лумбалната кичма се прикажани мали зглобови кои се

наоѓаат близу филмот. Овде се прикажзани и корпусите на сите лумбални

пршлени,дванаесете тораални пршлени и дел од сакрумот во коса проекција.

Секогаш се прави споредба на снимките од двете страни.

15

Page 17: diplomska ruzica

Коса снимка на лумбална кичма

Функционални снимки на лумбална кичма

Припремата на пациентот за сите функционални снимки на лумбалната кичма,

се вообичаени како и кај стандарните снимки. Функционалните снимки на

лумбалната кичма се праван на филм со формат од 30x40, обавезно со

употреба на фолија или решетки. Се става ознака L или D, а горниот раб на

касетата се наога во висина на ксифоидата.

Функционалната снимка на лумбалната кичма во максимална реклинација и

инклинација, секогаш се прави во стоечка положба на пациентот, во профилна

положба на пациентот, при што медијалната рамнина на телото е паралелна со

стативот за снимаењто. Рацете на пациентот се испружени пред главата и

свиени во лактовите

16

Page 18: diplomska ruzica

Положба на пациентот за функционални снимки на лумбалната кичма-

максимална инклинација

Положба на пациентот за функционални снимки на лумбалната кичма-

максимална реклинација

Центрирање:

Овде се снима со хоризонтален сноп на зрачење. Централниот зрак паѓа под

прав агол на филмот, и центрира три попречни прсти над криста. Обавезно се

снима во максимална инклинација и максимална реклинација лумбалната

17

Page 19: diplomska ruzica

кичма. Оддалеченоста фокус-филм изнесува 100cm. За време на експозицијата

пациентот не смее да диши, при што не смее да се изостави заштитата.

Резултат од снимката:

На профилот при функционалната снимка на лумбалната кичма во

максимална реклинација и инклинација, доста добро може да се анализира

интервертебрални простории.

Функционални снимки на лумбалната кичма во положба на максимална

инклинација

18

Page 20: diplomska ruzica

Функционални снимки на лумбална кичма во максимална реклинација

Дорзалната и вертикалната функционална снимка на лумбалната кичма, се

прави со наведнување на телото кон лево и десно, а ретко се прави од

профилните функционални снимки. Тоа особено важи за вентралните

функционални снимки на лумбалната кичма. И дорзалните и вентралните

функционални снимки на лумбалната кичма, секогаш се прават во стоечка

положба,при што пациентот е со лицето или грбот свртен кон филмот.

Пациентот максимално се навалува на напред на едната, а потоа на другата

страна , во дел од лумбалната кичма. Карлицата останува фиксирана, односно

куковите се на своето место. Обавезно се снима и левата и десната страна.

19

Page 21: diplomska ruzica

Положба на пациентот за дорзална функционална снимка на лумбалната

кичма-пага на пациентот на лево

Положба на пациентот за дорзална функционална снимка на лумбалната

кичма-пага на пациентот на десно

20

Page 22: diplomska ruzica

Центрирање:

Централниот зрак пага под прав агол на рамнината на филмот. Овде се снима

со хоризонтален сноп на зрачење, а центрирањето е на средната линија која

што ѓи спојува двете кристи и медијалната рамнина. Оддалеченоста на фокус-

филм изнесува 100cm. За време на снимањето пациентот не смее да диши,

при што не смееме да ја изоставиме заштитата.

Резултат од снимањето:

Дорзалната и вентралната функционална снимка на лубалната кичма, се

користи за приказ на интервертебралниот простор.

Центрирани снимки на четвртиот и петиот лумбален пршлен

Кога треба да се прават центрирани снимки на четвртиот и петиот лумбален

пршлен, секогаш се прави дорзална и профилна снимка, а понекогаш и коси

снимки по Ковач. Центрираните снимки на четвртиот и петиот лумбален

пршлен, се прави заради чести дегенеративни промени на

интервертебралниот диск, во висина L IV-L V и L V-SI пршлени. Во ова

подрачје е потребна внимателна анализа на самите центрирани снимки.

Припремата на пациентот за сите центрирани снимки на лумбалното подрачје

е вообичаено, како и за останатите снимки на лумбалната кичма. Овде се

снима со филм со форна 24x30. Исто така се препорачува да се снима со

тубус.Обавезно се става ознака L или D. Центарот на касетата се наоѓа на

средината помеѓу двете кристи.Важно е рендгенскиот сноп да биде доста

тесен, а на тој начин и снимката би била поостра.Кај дорзалните снимки на

пациентот, тој лежи на грб, а неговите раце се испружени покрај телото.Нозете

се свиткани во колената, и привлечени кон самото тело.

Центрирање:

21

Page 23: diplomska ruzica

Централниот зрак е за 20-25 степени закосен кранијално,а кај некој пациенти и

до 45 степени. Овде се ценитрира на просторот помеѓу четвртиот и петиот

пршлен во медијалната линија на средината од цевките, која ги спојува двете

кристи и рбетот (антериор-супериор).

Дорзална снимка на четвртиот и петиот пршлен

Профилна снимка:

Пациентот лежи на левата или десната страна. Рацете се испружени над

главата, додека пак нозете се свиткани во колената и привлечени кон телото.

Центрирање:

Централнио зрак пага под прав агол на филмот, и ги центрира четвртиот и

петиот пршлен во средната аксиларна линија. Оддалеченоста на филмот треба

да биде 100cm и се слика секогаш во експириум.

22

Page 24: diplomska ruzica

Профилна центрирана снимка на четвртиот и петиот лумбален пршлен

23