Brochure Comenius 2010

32

description

Brochure about the LLP Subrpogramme COMENIUS - version in Macedonian language

Transcript of Brochure Comenius 2010

Page 1: Brochure Comenius 2010
Page 2: Brochure Comenius 2010

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје

371.253.044.4(497.7)

КОМЕНИУС. - Скопје: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, 2009. - 28 стр. : илустр. ; 21 cm

Фусноти кон текстот

ISBN 978-9989-2920-2-6

a) Континуирано образование - Македонија - Програми б) “Комениус”,образовна програма - Македонија

COBISS.MK-ID 78944266

Page 3: Brochure Comenius 2010
Page 4: Brochure Comenius 2010
Page 5: Brochure Comenius 2010
Page 6: Brochure Comenius 2010
Page 7: Brochure Comenius 2010
Page 8: Brochure Comenius 2010
Page 9: Brochure Comenius 2010
Page 10: Brochure Comenius 2010
Page 11: Brochure Comenius 2010
Page 12: Brochure Comenius 2010
Page 13: Brochure Comenius 2010
Page 14: Brochure Comenius 2010

За учество исклучиво за обуката “чисти јазични курсеви” (pure language courses) има право следниов образовен кадар:

- училишен наставник кој бара обука за помалку употребуван и помалку изучуван јазик- лице кое предава друг предмет во училиште на друг јазик (CLIL)- училишен наставник кој се преквалификува за наставник по странски јазик- наставник од предучилишно или училишно образование од кој се (или ќе се)бара да предава странски јазици- училишен кадар кој учествува во Комениус партнерство и бара обука за јазикот на партнерството.

За учество на поединци кои работат во специфични типови на училишта, упатете се на воведниот дел од Комениус поглавјето во Делот II од овој Водич.

Потврдете со Националната агенција во кој аплицирате, ако се применуваат дополнителни национални услови.

КРАЈНИ РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Акција

Рок за пријавување

Рок на започнување

Активности кои започнуваат на или после 01.05.2010

Активности кои започнуваат на или после 01.09.2010

Активности кои започнуваат на или

после 01.01.2011

Обука на работно место

15.01.2010 30.04.2010 15.09.2010

Page 15: Brochure Comenius 2010
Page 16: Brochure Comenius 2010

• Заедно со пополнетиот формулар се приложени и потребните придружни документи;• Формуларот е пополнет на англиски јазик;• Финансиските податоци се пополнети јасно и прецизно и нема грешки во пресметките;• Доколку се пријавуваат повеќе лица од иста институција, објаснете зошто е потребно повеќе лица од истата институција да учествуваат.

ФИНАНСИРАЊЕ

Финансиската поддршка опфаќа:• Трошоци за живеење (т.н. subsistence costs); • Патни трошоци;• Останати трошоци (котизација за курсот, јазични, културни и педагошки подготовки).

Прераспределба помеѓу ставките не е дозволена. Сите други трошоци ги покрива Вашата матична институција.

Грантот (финансиските средства за реализација на активноста) кој се доделува на одобрените предлог проекти е со цел да ги покрие додатните трошоци кои се појавуваат во образовниот процес при мобилноста. Тоа не подразбира во целост покривање на сите додатни трошоци туку е потпора за реализирање на активностите. Во рамките на формуларите за предлог проекти пополнете буџет кој е базиран на релани проценки, а во рамките на предвидените финансиски правила.

Трошоците за живеење (т.н. subsistence costs) опфаќаат трошоци за: храна, сместување, локален превоз, факс, комуникации, осигурување...)

Трошоците за живеење се темелат на дневните, односно неделните потреби, зависно од траењето на соодветната активност. Должината се пресметува врз основа на времетраењето на активноста и се додава еден ден поминат во пат при заминувањето и враќањето од странство (доколку е потребно). Трошоците за живеење се доделуваат по моделот „flat-rate“, што значи дека при известувањето, не е е потребно да се приложат детални сметки за настанатите трошоци. Потребен е само доказ дека настанот се случил.

Патните трошоци опфаќаат трошоци настанати како резултат на патување од Република Македонија до местото на одржување на соодветниот настан и назад, вклучително и трошоци за издавање виза. Овие трошоци не покриваат локален превоз од и до местото на сместување и одржување на настанот, кои се покриваат од трошоците за живеење.

Останати трошоци Tука спаѓаат трошоци за котизација за курсот, јазични, културни и педагошки подготовки.

Page 17: Brochure Comenius 2010
Page 18: Brochure Comenius 2010

Примери за други активности кои може да се спроведат во рамките на билатералното Комениус училишно партнерство се:

• Состаноци за проектот помеѓу сите институции кои се вклучени во партнерството• Размена на кадар, вклучен во активностите на проектот (на пр.: размена на наставници и студиски посети)• Размена на искуства и добри практики со партнер училишта од странство• Теренска работа, истражување за проектот• Подготовка, објавување и дисеминација на документација која се однесува на активностите за соработка• Продукција на технички предмети, цртежи, уметнички предмети• Претстави (на пр.: театарски претстави, мјузикли)• Организација на изложби, подготовка и дисеминација на информативен материјал• Јазична подготовка за наставниците и учениците за да се осигура дека тие имаат најмалку основно познавање од јазикот на партнер институцијата• Соработка со други проекти во сродни предметни области, вклучително и мобилност за настаните на мрежата, ако тоа е релевантно• Активности за само-проценка• Дисеминација на искуствата од проектот и резултатите

Кога се одбира темата за училишното партнерство, училиштата силно се охрабруваат да одберат било која тема која е од интерес или значење за институциите кои учествуваат, бидејќи тоа ќе биде мотивирачката сила за соработка и учење во рамките на проектот.

Билатералните училини партнерства може да се однесуваат на теми како што се уметност, науки, јазици, еколошко образование, културно наследство, европско граѓанство, употреба на информатичка и комуникациска технологија или борба против расизмот. Проектините активности идеално треба да бидат интегрирани во редовните активности на училиштата, и во наставните планови за учениците кои учествуваат. Учениците треба да бидат во можност да се вклучат во сите фази од проектот, вклучително и во планирањето, организацијата и евалуацијата на активностите. Доколку јазикот на партнер училиштето не е во наставниот план за учениците кои учествуваат, училиштето мора да организира јазична подготвока од минимум 20 часа.

Page 19: Brochure Comenius 2010

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКЦИЈАТА И КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

ФИНАНСИРАЊЕ

Кадар и ученици од училиштата што учествуваат, како и од локалната заедница.Училишта (институции кои обезбедуваат општо, стручно, техничко образование-од предучилишното образование до последното ниво на средно образование)

Времетраењето на акцијата Комениус билатерални училишни партнерства е 2 години и крајниот рок за аплицирање е 19.02.2010, додека можниот датум на отпочнување на акцијата е август 2010.

Финансирањето на училишните партнерства се базира на претходно дефинирани општи суми, кои зависат од бројот на активности за мобилност кои се планирани од страна на институциите апликанти.

Под мобилност се подразбира патување во странство на кадарот и учениците кои учествуваат во активностите на партнерството во земјата партнер. Секоја институција вклучена во истото партнерство, може да аплицира за различен износ на грант, во зависност од нејзините можности да испраќа ученици и кадар. Доколку активностите за мобилност на институцијата вклучуваат кадар и ученици со специјални потреби, и патување од или до прекуморски земји и територии, нејзините активности за мобилност во текот на периодот на партнерството може да се намалат за 50% од минималниот број на мобилности за дадениот износ на грантот, на нивно претходно барање и одобрение од страна на Националната агенција.

КОНКРЕТНИ ПРАВИЛА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА УЧЕСТВО

• Училиштата кои учествуваат во партнерствата мора да бидат правни лица.• Училиштата кои учествуваат во Комениус секторската програма мора да се наоѓаат во земја која учествува во програмата “Доживотно учење”, и да припаѓаат на еден од типовите на институции, кои се утврдени од националните власти во нивните листи за типови на училишта кои имаат право на учество (http://ec.europa.eu/education/pro-grammes/llp/comenius/school_en.html)• Билатералните училишни партнерства мора да се состојат од најмалку 2 партнери, секој од нив да се наоѓа во различна земја учесничка во програмата “Доживотно учење”,

Page 20: Brochure Comenius 2010

и најмалку една од нив мора да биде земја-членка на ЕУ, и во двете училишта наставата да се одвива на различен главен јазик на наставата.• Размената на класови на секој партнер во билатералното партнерство мора да вклучува група од минимум 12 до 24 мобилности ( во зависност од бараниот износ на грант) и мора да трае минимум 10 дена.• Во времето кога се случува размената на класови, учесниците кои учествуваат мора да се со минимум 12 годишна возраст.

Имајте ги предвид и специфичните случаи како што се :• Училишта кои се под надзор на националните власти на друга земја (на пр: lucee francais, Германско училиште, училиштата “Forces” во Обединетото Кралство). Националните власти кои се одговорни за надзор над административното, финансиското и наставното работење на дадено училиште, ќе одлучат кои установи ќе имаат право да учествуваат.

- Учество на “национални училишта” кои се наоѓаат во друга земја, ќе бидат поддржани со буџетот на Комениус за земјата која врши надзор (земјата на потекло).- Овие национални училишта може да учествуваат во било кој тип од Комениус активноста и за нив ќе се применуваат истите правила, како и за било кое друго училиште од земјата која врши надзор. Имајќи ја во предвид специфичната ситуација на овие училишта, важно е да се има сигурност дека има соодветна мешавина на земји, култури и јазици во нивното Комениус партнерство.- Оттаму, во случај каде такво училиште учествува во билатерално партнерство, партнер институцијата мора да биде од земја различна од земјата домаќин, и земја различна од земјата која врши надзор, бидејќи во спротивно не може да се оствари целта за учење на јазик.

• Специјализирани училиштаОдлуката за учество во Комениус на други “национални училишта”, како што се училишта за малцинства, приватни училишта за иселени лица во друга земја итн. Ја донесуваат националните власти на земјата во која се наоѓа институцијата. Во случај на билатерални партнерства, се применуваат нормалните правила, т.е. треба да има партнер училиште кое се наоѓа во земја различна од земјата во која се наоѓа специјализираното училиште. Во зависност од специфичниот јазичен режим кој може да постои во таквите училишта, Националната агенција треба да провери дека целните јазици во двете училишта во таквото билатерално партнерство се различни.

• Европски училиштаЕвропските училишта се институции кои имаат право на учество во Комениус. Тие треба

Page 21: Brochure Comenius 2010

КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

•Квалитет на работната програмацелите на партнерството се јасни, реални и се однесуваат на релевантна тема. Работната програма е соодветна за остварување на целите и погодна за типот на даденото партнерство; задачите се дефинирани и распределени помеѓу партнерите на начин на кој може да се остварат резултати. Соодветните аранжмани се предвидени во однос на јазичната подготовка и соработка во текот на размената на класови.•Квалитет на партнерствотоИма соодветен баланс помеѓу партнерите во однос на нивната вклученост во активностите кои треба да се спроведат. Соодветните мерки се планирани за да се осигура ефективна комуникација и соработка. Релевантниот кадар и ученици ќе бидат вклучени во планирањето, имплементацијата и евалуацијата на проектните активности.•Влијание и европска додадена вредностВлијанието и придобивките од европската соработка на институциите учеснички, се јасни и добро дефинирани, и проектот е интегриран во активностите на институциите учеснички. Апликацијата покажува дека училиштата кои учествуваат ќе работат во тесна соработка, и ќе постигнат резултати кои не можат да се стекнат самостојно на национално ниво.•Дисеминација и искористеност на резултатитеАктивностите планирани за дисеминација и искористеност на резултатите се релевантни и добро дефинирани. Тие ги опфаќаат организациите учеснички и доколку е можно, и пошироката заедница.

да аплицираат во националата агенција во земјата во која се наоѓаат, и ќе подлежат на истата постапка за избор, како и локалните училишта. Европските училишта подлежат на истите Комениус правила како и сите други училишта, кои имаат право на учество, во земјата во која се наоѓаат. Меѓутоа, учеството на европските училишта – или како координатор или како партнер – ќе биде ограничено на едно европско училиште за секое партнерство.

ГРАНТ СУМИ

Мобилности КОМЕНИУС НА грант по партнер

Размена на мали групи на класови 12 17 000 €Размена на големи групи на класови 24 22 000 €

Page 22: Brochure Comenius 2010
Page 23: Brochure Comenius 2010
Page 24: Brochure Comenius 2010

однесуваат на теми како што се уметност, науки, јазици, еколошко образование, културно наследство, европско граѓанство, употреба на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) или борба против расизмот. Проектните активности идеално треба да бидат интегрирани во редовните активности на училиштата и во наставните планови за учениците кои учествуваат. Учениците треба да бидат во можност да се вклучат во сите фази од проектот, вклучително и во планирањето, организацијата и евалуацијата на активностите.Некои училишни партнерства се фокусирани на педагошки и менаџерски прашања. Со нив на наставниците и училишните менаџери, им се дава можност да разменуваат искуства и информации со колегите од другите земји, заедно да развиваат методи и пристапи со кои се задоволуваат нивните потреби, и да се тестираат и стават во пракса нови организациски и педагошки пристапи. Во ваквите случаи, проектите обично вклучуваат соработка со тела од локалната заедница на училиштата, како што се локалните власти, социјалните служби, асоцијации и бизниси.

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК?Кадарот и учениците од училишта кои учествуваат, како и локалната заедницаУчилишта (институции кои обезбедуваат општо, стручно, техничко образование-од предучилишното образование до последното ниво на средно образование)Времетраење на акцијата и краен рок за аплицирање Времетраењето на акцијата Комениус билатерални училишни партнерства е 2 години и крајниот рок за аплицирање е 19.02.2010, додека можниот датум на отпочнување на акцијата е август 2010. ФинансирањеФинансирањето на училишните партнерства се базира на претходно дефинирани општи суми, кои зависат од бројот на активности за мобилност кои се планирани од страна на институциите апликанти. Под мобилност се подразбира патување во странство на кадарот и учениците кои учествуваат во активностите на партнерството во партнер земјите. Секоја институција вклучена во истото партнерство, може да аплицира за различен износ на грант, во зависност од нејзините можности да испраќа ученици и кадар и во зависност од степенот на нејзината вклученост во активностите на партнерството. Доколку активностите за мобилност на институцијата вклучуваат кадар и ученици со специјални потреби, и патување од или до прекуморски земји и територии, нејзините активности за мобилност во текот на периодот на партнерството може да се намалат за 50% од минималниот број на мобилности за дадениот износ на грантот, на нивно претходно барање и одобрение од страна на Националната агенција.

КОНКРЕТНИ ПРАВИЛА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА УЧЕСТВО:

• Училишта кои учествуваат во партнерства мора да бидат правни лица

Page 25: Brochure Comenius 2010

• Училиштата кои учествуваат во Комениус секторската програма мора да се наоѓаат во земја која учествува во програмата “Доживотно учење” и да припаѓаат на еден од типовите на институции, кои се утврдени од националните власти во нивните листа за типови на училишта кои имаат право на учество(http://ec.europa.eu/education/programmes//llp/comenius/school_en.html)

• Мултилатералните училишни партнерства мора да се состојат од најмалку 3 партнери, секој од нив да се наоѓа во различна земја учесничка во програмата “Доживотно учење”, и најмалку една од нив мора да биде земја-членка на ЕУ.

Имајте ги во предвид и специфичните случаи како што се:

• Училишта кои се под надзор на националните власти на друга земја ( на пр: lucee fran-cais, Германско училиште, училиштата “Forces” во Обединетото Кралство)Националните власти кои се одговорни за надзор на административното, финансиското и наставното работење на дадено училиште, ќе одлучат кои установи ќе имаат право да учествуваат:- Учество на “национални училишта” кои се наоѓаат во друга земја, ќе бидат поддржани со буџетот на Комениус за земјата која врши надзор (=”земјата на потекло”)- Овие национални училишта може да учествуваат во било кој тип од Комениус активноста и за нив ќе се применуваат истите правила, како и за било кое друго училиште од земјата која врши надзор.- Имајќи ја во предвид специфичната ситуација на овие училишта, важно е да се има сигурност дека има соодветна мешавина на земји, култури и јазици во нивното Комениус партнерство.- Оттаму, во случај каде такво училиште учествува во мултилатерално партнерство: мора да има други партнери од најмалку две земји учеснички, освен земјата што врши надзор и земјата домаќин на училиштето.

• Специјализирани училиштаОдлуката за учество во Комениус на други ”национални училишта”, како што се училиштата за малцинства, приватни училишта за иселени лица во друга земја итн. Ја донесуваат националните власти на земјата во која се наоѓа институцијатаВо случај на мултилатерални партнерства, се применуваат нормалните правила, т.е. треба да има учество на училишта од најмалку две други земји покрај земјата во која се наоѓа специјализираното училиште

• Европски училиштаЕвропските училишта се институции кои имаат право на учество во Комениус. Тие треба да аплицираат во националната агенција во која се наоѓаат, и ќе подлежат на истата постапка за избор, како и локалните училишта. Европските училишта подлежат на истите Комениус правила како и сите други училишта, кои имаат право на учество, во земјата во која се наоѓаат. Меѓутоа, учеството на европските училишта – или како координатор или како партнер – ќе биде ограничено на едно европско училиште за секое партнерство.

Page 26: Brochure Comenius 2010

КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ:

•Квалитет на работната програмаЦелите на партнерството се јасни, реални и се однесуваат на релевантна тема. Работната програма е соодветна за остварување на целите и погодна за типот на даденото партнерство; задачите се дефинирани и распределени помеѓу партнерите на начин на кој може да се остварат резултати.

•Квалитет на партнерствотоИма соодветен баланс помеѓу партнерите во однос на нивната вклученост во активностите кои треба да се спроведат. Соодветните мерки се планирани за да се осигура ефективната комуникација и соработка. Релевантниот кадар и ученици ќе бидат вклучени во планирањето, имплементацијата и евалуацијата на проектните активности.

•Влијание и европска додадена вредностВлијанието и придобивкит од европскта соработка на институциите учеснички, се јасни и добро дефинирани, и проектот е интегриран во активностите на институциите учеснички. Апликацијата покаѓува дека училиштата кои учествуваат ќе работат во тесна соработка и ќе постигнат резултати кои не можат да се стекнат самостојно на национално ниво.

•Дисеминација и искористеност на резултатитеАктивностите планирани за дисеминација и искористеност на резултатите се релевантни и добро дефинирани. Тие ги опфаќаат организациите учеснички и доколку е можно, и пошироката заедница.

ГРАНТ СУМИ

МОБИЛНОСТ КОМЕНИУС НА грант

Мал број на мобилности 4 9 000 €

Ограничен број на мобилности 8 13 500 €

Просечен број на мобилности 12 17 000 €

Голем број на мобилности 24 18 750 €

Page 27: Brochure Comenius 2010

КАКО СЕ АПЛИЦИРА?

Во акцијата Мултилатерални партнерства, покрај партнерот од Р. Македонија учествуваат најмалку два партнери од најмалку две држави членки во програмата „Доживотно учење“, од кои најмалку една е од земја членка на Европска унија. Апликанти од Р. Македонија можат да учествуваат само како партнери, но не и како координатори на Партнерството.Секој од партнерите аплицира за грант во Националната агенција во својата земја.

Формуларите за акцијата Мултилатерални партнерства се пополнуваат електронски и ги поднесува координаторот на Партнерството во својата Национална агенција. Партнерот вклучен од Р. Македонија испраќа печатена верзија од апликацијата до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по поднесувањето на електронската верзија од страна на координаторот. Печатената верзија пратена до Националната агенција треба да е идентична со електронската верзија поднесена од страна на координаторот.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Обука на работно местоШто е набљудување на работно место? Во каков вид на организации може да се одржи? Комениус - набљудување на работно место треба да ја поддржи размената на најдобрите практики преку директна размена. Во оваа активност апликантот ќе “набљудува” колега во друга институција за да научи повеќе за неговата/нејзината работа. Учесниците се непосредни сведоци на работната средина,и употребените методи и приоди, и може да учат како одреден метод може да се примени во пракса. Институцијата – домаќин треба да биде лоцирана во друга земја која учествува во програмата “Доживотно учење” и да има искуство во полето на активноста за која апликантот сака да учи.

Каде може да пронајдам квалификувани курсеви (eligible)? Еден од начините за пронаоѓање на курсеви кои моментално се нудат да се најдат во Комениус-Грундвиг базата на податоци за курсеви: http://ec.europa.eu/education/train-ingdatabase/.

Дали може да учествувам на конференција? Кои се условите? Според водичот за програмата “Доживотно учење” грант за за ваков вид на активност може да биде доделен за учество во “конференција или семинар оранизирани од Комениус мрежата, Комениус мултилатерални проекти, Национална агенција или автентична европска асоцијација активна во полето на училишното образование”.

Page 28: Brochure Comenius 2010

Кога се аплицира за ваков вид на тренинг активност, треба да се обезбедат целосни информации за настанот.

Јас сум училишен психолог. Дали сум квалификуван (eligible) за грант за обука на работно место? Оваа акција е отворена за сите личности кои работат во полето на училишното образование. Апликантите не мора да се наставници, може да бидат членови на персоналот на училиштето или активни во администрацијата и подржувачи на училишното образование во земјата учесничка.

Јас сум наставник по англиски, но сум заинтересиран за интегрирање на Информациски и комуникациски технологии во моите предавања. Дали може да одам на курс за наставници за Информациски и комуникациски технологии? Во принцип да, но курсот треба да соодветствува на вашите тренинг потреби. Ќе мора да докажете дека одбраниот курс кој е таргетиран за потребите на ИКТ наставниците соодветствува на вашите специфични потреби како наставник по јазик.

Јас сум наставник по географија, но сакам да го подобрам моето познавање на странски јазик. Дали сум квалификуван за тренинг активност во обука на работно место само за јазични вештини? Финансирањето само за јазични учења е ограничено на следниве групи:•Личности кои предаваат друг предмет во училиштата преку медиум на странскиот јазик•Наставници кои се преквалификуваат за наставници по странски јазик•Персонал на училиште кое учестува во Комениус училишно партнерство и бара тренинг за еден од јазиците во партнерството•Наставници кои бараат тренинг за помалку употребуван и помалку предаван јазик за целите на предавање.

Јас сум наставник по математика и сум заинтересиран за курс по математика во Германија. Но моето познавање на германскиот јазик не е многу добро. Дали може да земам учество на курсот? Ако јазикот на предавањето е германскиот, слабото познавање на германскиот јазик може да ги загрози корисностите кои треба вие да ги добиете од учествувањето во курсот. Ако некои јазични подготовки пред тренингот може да го решат проблемот, НА може да додели дополнителни финансии за јазични подготовки. Ве молиме спомнете ја потребата за јазична подготовка во вашата апликациска форма и опишете како ќе се подготвите себе си.

Комениус училишни партнерстваДали моето училиште е квалификувано да учествува во Комениус училишно партнерство? Листата на сите квалификувани видови на училишта по земји може да се најде на веб страната на европската комисија : http://ec.europa.eu/education/comenius.

Page 29: Brochure Comenius 2010

Колку партнери ни се потребни и дали има некои услови кои се однесуваат на профилот на партнерството? Постојат два вида на училишни партнерства: мултилатерални и билатерални. Мултилатерално партнерство мора да вклучува минимум три квалификувани училишта од три земји учесници во програмата “Доживотно учење”. Билатерално партнерство може да вклучи само две училишта.

Дали има други важни работи поврзани со квалификуваноста за кои треба да знаеме? Листа на критериумите за квалификуваност е вкучена во апликациската форма за партнерство и можете да ги пронајдете овие критериуми и во водичот за програмата “Доживотно учење”. Главните услови за квалификуваност се поврзани со формални прашања како што се: користење на правилна форма, целосно комплетирање на формата и почитување на крајните рокови за поднесување на апликацијата. Исто така важно е да се напомене дека во случај на апликации за партнерство, координаторот е одговорен за пополнувањето на формата, еднаш кога содржината на формата ќе биде усогласена помеѓу партнерските училишта, секое училиште од партнерството мора да ја потпише и да ја испрати до НА во својата земја. Ве молиме забележете дека НА може да побара апликантите да поднесат дополнителни документи.

Што го прави различно билатералното партнерство од мултилатералното партнерство? Билатерално партнерство е проект помеѓу две училишта во две земји, со главен фокус на праксата на странски јазик. Целта е да им се даде на учениците можност да се запознаат со јазикот на нивната партнерска земја и да ги вежбаат своите вештини за странски јазик со ученици од нивното партнерско училиште. Поради оваа причина, училиштата кои учествуваат не може да имаат ист главен јазик за предавање. Билатералното партнерство мора да вклучи реципроцитетни размени на класови, овозможувајќи група на ученици од секое училиште да го посетат партнерското училиште, и обратно, минимум 10 дена. Учениците кои учествуваат во размената мора да бидат најмалку на 12 годишна возраст.

Дали постои минимален број на ученици кои може да бидат испратени на размена на класови? Да, минимумот за една група која учествува во една размена на класови е 12 мобилности во случај на “мала група на размена на класови” и 24 мобилности во случај на “голема група на размена на класови”. Овие минимум броеви зависат од износот на побараниот грант.

Дали класот што зема учество во билатерално партнерство може да биде разделен на групи и да реализира повеќе од една размена во времетраењето на партнерството? Минималниот број на ученици (12 или 24 зависно од побараниот износ за грант) мора да ја извршат размената заедно, во една група. Целта на ваквите проекти е да се создадат линкови помеѓу класовите или групите на

Page 30: Brochure Comenius 2010

ученици, а не да се прават индивидуални или размени на мали групи. Ако училиштето не ја почитува минималната големина на групата, делот од грантот кој соодветствува на размената на учениците ќе биде побаран поврат на срествата во фазата на финалниот извештај.

Како нашата апликација ќе биде оценета? Кои видови на критериуми ќе бидат употребени? Апликациите за партнерство се оценуваат од експерт во координаторската земја избран од НА. Двајца експерти ја оценуваат секоја апликација употребувајќи стандарден образец за оценка (истиот модел се употребува во сите земји учеснички). Просекот на поени даден од експертите се користи како крајна квалитативна оценка на апликацијата. Ако доделените поени од експертите помеѓу себе многу се разликуваат, тие ќе бараат да постигнат заемно прифатливо решение или може да биде повикан трет експерт да ја оцени апликацијата.

Очигледно грантовите се доделени во паушална сума која е поврзана со одреден број на мобилности. Како може да ја одберам правилната паушална сума? Училиштата кои аплицираат за грант за партнерство може да изберат помеѓу четири грант суми, базирани на бројот на мобилности кои ќе бидат спроведени во текот на двегодишниот период: 4, 8, 12, 24 мобилности за мултилатерални партнерства и 12 или 24 мобилности за мултилатерални партнерства. Училиштата треба да изберат грант сума која ќе биде соодветна на бројот на мобилности кој е реален за нив. Пред поднесувањето на апликацијата, училиштата треба да имаат јасна идеа за тоа колку персонал и ученици тие можат да испратат странство во времетраењето на партнерството. Секое училиште вклучено во партнерство може да аплицира за различна грант сума, врз основа на сопствените потреби. Грантот побаран за секое училиште вклучено во партнерство мора да биде внесено од координаторот во табела во секција 7 од апликациската форма (Побарани ЕУ средства)

Што точно значи поимот “мобилност”? “Мобилност” е патување во странство спроведено во рамките на партнерството или во партнерска институција или на настан организиран од европски проект или мрежа. Едно патување од едно лице се смета како “една мобилност”. Кога се планираат мобилностите кои треба да бидат спроведени во рамките на партнерството, училиштата инволвирани треба да ги испланираат посетите во секоја од партнерските земји, за да се овозможи секое училиште партнер да има користи.

Нашето училиште има ученици со посебни потреби и ние имаме високи дополнителни трошоци кога патуваме во странство (на пример потреба од посебни возила). Како е ова земено во предвид? Еднаш кога на вашето училиште ќе му биде одобрено учеството во партнерство, може да ја контактира НА и да поднесе барање за намалување на минималниот број на мобилности за одбраната грант сума. Барањето треба да вклучи проценка на дополнителните трошоци кои се однесуваат на мобилностите – на овие основи НА може да одобри помал минимален број на мобилности за вашето училиште. Зависно од сумата на дополнителните трошоци, НА може да се

Page 31: Brochure Comenius 2010

согласи да го намали минималниот број на мобилности и до половина. Ве молиме имајте го ова предвид кога го бирате видот на грант сумата.

Имаме француско училиште партнер од Мартиник и трошоците за патување се многу повисоки отколку до дестинациите во рамките на Европа. Дали се уште мора да го спроведеме минималниот број на мобилности кој е поврзан со нашата грант сума? Процедурата ќе биде иста како случајот со училиштето со ученици со посебни потреби. Ако училиштето партнер е лоцирано некој многу периферен регион од ЕУ ( Канарски острови, Гвадалупе, Мартиник и други) или во некоја од прекуморските земји и територии (како што е специфицирано во Council’s Overseas Association Decision), одобрените училишта во истото партнерство може да побараат за намалување на бројот на мобилности за грант сума избрана врз основа на високи трошоци за патување до или од некој од овие региони.

Што се подразбира под ширење (dissemination) и користење (exploitation) на резултатите? Да се шират резултатите од вашето партнерство, вие можете, на пример, да пратите публикации до други училишта или други заинтересирани организации, да поканите локални медиуми на настани, да го привлечете вниманието на другите на вашите активности во Комениус училишното партнерство и да ги прикажете ефектите од вашата работа во вашето училиште и на учениците.Користењето на резултатите значи, на пример, нивно користење во идните предавања или на продолжување на соработката со вашите партнерски училишта дури и кога е завршен периодот на финансирање.И ширењето и користењето многу зависат од видот на резултатите кои сакате да ги постигнете и конкретните активности кои вие ги планирате. Искуството покажува дека активностите за ширење и користење на резултатите треба да се планираат на почетокот на проектот.

Кој може да ја потпише нашата апликација? Единствено легалниот претставник на вашата институција е квалификуван да ја потпише апликацијата или договорот. НА мора да добие оригинал апликација, а не копија.

Корисни линкови:• Национална агенција за европски образовни програми и мобилност www.na.org.mk • Интернет страни за Подготвителни посети http://infodays.intbase.com ; http://ec.europa.eu/plotes • База на податоци за акцијата Обука на работно место http://ec.europa.eu/education/trainingdatabase/• Програма за Доживотно учење 2007-2013http://ec.europa.eu/education/programmes/llp/index_en.html

Page 32: Brochure Comenius 2010

This publication has been funded with support of the European Commission. This publication reflects the views only of the author, and the European Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.