bolesti na srceto

10
Улогата на храната во одрзување на организмот

Transcript of bolesti na srceto

Page 1: bolesti na srceto

Улогата на храната во одрзување на организмот

Page 2: bolesti na srceto

Храна!

• Храна е секоја супстанца која е потрошена за да обезбеди хранлива поддршка на телото. Најчесто е од растително или животинско потекло, содржи есенцијални хранливи масти, како што се јаглехидрати, масти, протеини, витамини или нинерали. Супстанцијата е внесена во организмот, а асимилирана од страна на клетките на организмот за да произведе енергијаа, да не одржи во живот и да го стимулира растот. Историски гледано, луѓето снабдувале храна преку два методи: лов, собирање плодови и земјоделство. Денес, за исхраната на најголемиот дел од населението е обезбедена од прехранбената индустрија, која е управувана од мултинационалните корпорации кои се занимаваат со интензивно сточарство и индустиско земјоделство за да го зголемат производствениот систем. Безбедноста и сигурноста на храната се следи од страна на агенции каако на пр. Меѓународната асоцијација за заштита на храната, Светскиот институт за ресурси, Светската програма за храна и земјоделство и Советот за интернационални информации за храна. Тие се однесуваат на прашањата како што се одржливост, биолошката разновидност, климатските промени, растот на наделението и пристап до храната. Правото за храна е човеково право кое произлегува од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права (ICESCR), признавајќи го “правото на соодветен стандард на живеење, вклучувајќи адекватна храна”, како и “основно право да се биде ослободен од глад”.

Page 3: bolesti na srceto

Јаглехидрати • Јаглехидратите, уште познати и како глициди или шеќери се

органски соединенија чијашто молекула е изградена од трите биогени елементи: јаглерод,водород и кислород. Имаат општа хемиска формула Cn(H2O)n. Тие се универзална и мошне битна состојка на сите живи организми. Карактеристично за јаглехидратите е што можат да се сврзат со други органски материи и да градат комплекси (со протеините градат гликопротеини, со липидите градат гликолипидии слично).

• Во клетката, јаглехидратите се јавуваат како главен извор на енергија, а претставуваат и важен градбен материјал на клеточните структури и лесно можат да се складираат како резервни материи. Се среќаваат во два вида:

• Прости (основни органски соединенија), каде спаѓаат моносахаридите и• Сложени (производни јаглехидрати), од кои оние со мала молекулска маса

се олигосахариди, а тие со голема - полисахариди.

Page 4: bolesti na srceto

Јаглехидрати !

Page 5: bolesti na srceto

Протеини • Протеините се хранливи материи, чија првенствена

улога е наградбата на телото. Затоа се нарекуваат пластични или градивни материи. Нивни главни извори се прехранбените продукти од животинско потекло, а се широко распространети и во храната од растително потекло, најмногу во легуминозите и житарките, но и во зеленчукот и овошјето, кои секојдневно ги користиме. Во градбата на човечкиот организам - (човекот со стандардна телесна тежина од 70 кг) протеините учествуваат со 20% и се на второ место по вградената вода во телото.

Page 6: bolesti na srceto

Масти

• Липидите или мастите се група на органски соединенија кои не се растворливи во вода, а се раствораат во органски растворувачи (етер, ацетон, хлороформ и други) и на тој начин можат да се екстрахираат од ткивата на растенијата или животните. Липидите, за разлика од јаглехидратите се хидрофобни органски соединенија, што значи тие не се мешаат со водата, туку притоа даваат посебен вид на раствор наречен емулзија.

• Мастите, како и јаглехидратите и протеините можат со други органски соединенија да конјугираат и да градат сложени комплексни соединенија кои се вградени во структурата на живата протоплазма.

• Липидите заедно со протеините се важен градбен материјал на клеточните структури, а посебно е важно учеството во изградбата на цитоплазматичната и сите мембрани на мембранскиот систем во клетката. Во клетката, липидите се претставени со околу 1 до 5% од вкупната клеточна тежина. Овие материи се и главен и најсконцентриран извор на енергија. Се складираат како резервни материи (инклузии), кои кај растенијата најчесто се депонираат во ендоспермот на семето, додека кај животните во масното ткиво.

Page 7: bolesti na srceto

Витамини !• Витамините (латински: vita-живот) се комплексни соединенија со различна хемиска

природа, кои, како што кажува самото име, се мошне важни за животот на една индивидуа. Поточно, тие во многу мали количини се потребни за растењето, нормалното функционирање на клетките и ткивата и општо, за одржување на здравјето. Растенијата и некои микроорганизми се способни сами да гисинтетизираат витамините, додека животните мора да ги внесуваат со храната. Витамините се среќаваат во две основни форми: активна (дејствуваат веднаш во организмот) и неактивна (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви, како витамините A и D кои се внесуваат во организмот во неактивна форма. Витамините во неактивна форма се означуваат како провитамини. Сите витамини растворливи во вода, освен витаминот C, влегуваат во структурата на одредени ензими како коензими. Делумниот недостиг на определен витамин во организмот се нарекува хиповитаминоза, додека целосниот недостиг-авитаминоза. Меѓутоа, и преголемата застапеност на одреден витамин во организмот е штетна, состојба означена како хипервитаминоза. При различните хипо-, а- или хипервитаминози, доаѓа до различни нарушувања на организмот. Витамините се делат на витамини растворливи во вода ивитамини растворливи во масти.

Page 8: bolesti na srceto

Метаболизам !

• Поимот метаболизам (од грчки metabolismos) опфаќа серија на биохемиски процеси и патишта во кои енергијата од храната се трансформира во организмот и се искористува за одржување и одвивање на сите животни функции во истиот. Специфични протеини во телото го контролираат метаболизмот и секоја биохемиска реакција е координирана со телесната функција. Метаболизмот е константен процес кој започнува со самото зачнување.

• При дефинирањето на метаболизмот, важно е да се разликуваат енергетскиот и интермедиерниот метаболизам, иако всушност тие се неодвоиви. Енергетскиот метаболизам е вкупната топлинска продукција во еден организам, додека интермедиерниот ги претставува биохемиските реакции во клетките и ткивата. Генерално, терминот "метаболизам" се однесува на интермедиерниот метаболизам. Исто така треба да се познава и поимот базален метаболизам, кој е мерка за степенот на метаболизам кој се одвива додека единката мирува.

Page 9: bolesti na srceto

Синтеза и разградба !• Метаболизмот е балансирачки процес кој вклучува два вида на потпроцеси кои се

одвиваат во исто време - изградбата на телесните ткива и складирањето на енергија, како и разградбата на телесните ткива и резервите од енергија со цел добивање повеќе горивен материјал за телесните функции:

• Анаболизам, или конструктивен (асимилациски) метаболизам, се однесува на изградбата и складирањето - растот на нови клетки, одржување на телесните ткива и складирање на енергија за натамошна употреба. За време на анаболизмот, малите молекули се претвораат во поголеми и покомплексни молекули на јаглехидрати, протеини и липиди.

• Катаболизам, или деструктивен (дисимилациски) метаболизам, ги опфаќа процесите кои произведуваат енергија потребна за сите активности во клетките. Во овој процес, клетките ги разградуваат големите молекули (најчесто јаглехидрати и липиди) со цел добивање на енергија. Оваа енергија обезбедува горивен материјал за анаболизмот, го загрева телото и им дозволува на мускулите да се контрахираат, со што телото се движи. Како што сложените хемиски единици се разградуваат во попрости супстанци, отпадните продукти кои притоа се добиваат се отстрануваат од телото прекукожата, бубрезите, белите дробови и цревата.

• Енергијата секогаш поминува низ синџирите на исхрана.

Page 10: bolesti na srceto

Ендокрина контрола на метаболизмот !

• Неколку од хормоните од ендокриниот систем се вклучени во контролата на степенот и насоката на метаболизмот. Тироксинот, хормон кој се произведува и ослободува во штитната жлезда, игра клучна улога во одредувањето на тоа колку брзо или бавно ќе се одвиваат биохемиските реакции во телото.

• Друга жлезда, панкреас, секретира хормони кои помагаат да се детерминира дали главната метаболичка активност во одредено време ќе биде анаболичка или катаболичка. На пример, по еден оброк, обично се одвива повеќе анаболичка активност, бидејќи јадењето го покачува нивото на глукоза во крвта. Панкреасот тогаш е стимулиран да секретира инсулин, кој им сигнализира на клетките да ја зголемат својата анаболичка активност.