Advokati Notari Dragan

12
Посеб на правна способност Oпштата правна способност ја определуваме како апстрактна можност да се биде носител на права и обврски.Сите физички лица имаат општа правна способност.Меѓутоа ,некои физички лица може да се стекнат и со способност да бидат носители на определени права и обврски затоа што исполнуваат посебни својства.Со тоа општата правна способностза физичките лица кои не ги исполнуваат овие својства се ограничува ,а физичките лица кои ги имаат тие својства се стекнуваат со посебна правна способност.Тргнувајќи од ова објаснување ,посебната правна способност се дефинира како способност на определени физички лица ,по сила на посебни прописи. Таква е способноста да се биде адвокат,согласно со Законот за адвокатура од 2002година (Сл.весник на РМ бр.50/02),способноста да се биде нотар,согласно со Законот за вршење на нотарски работи од 1996година(Сл.весник на РМ бр.59/96),способноста да се биде извршител,согласно со Законот за извршување од 2005 година(Сл.весник на РМ бр.35/05)па се до способноста да се биде носител на определено авторско право ,согласно со Законот за авторско право и сродните права од 2005 година(Сл.весник на РМбр.23/05). Физичкото лице кое сака да биде адвокат ,согласно со Законот за адвокатура, освен стручно-техничките услови (дипломиран правник со положен правосуден испит и др.)треба да има и дозволеност од страна на државата што се стекнува со уписот во Именикот на адвокатската комора на Р.Македонија.Физичкото лице кое сака да биде нотар,согласно со Законот за вршење на нотарски работи ,освен стручно- техничките услови (дипломиран правник и работно време од 5 1

Transcript of Advokati Notari Dragan

Page 1: Advokati Notari Dragan

Посебна правна способност

Oпштата правна способност ја определуваме како апстрактна можност да се биде носител на права и обврски.Сите физички лица имаат општа правна способност.Меѓутоа ,некои физички лица може да се стекнат и со способност да бидат носители на определени права и обврски затоа што исполнуваат посебни својства.Со тоа општата правна способностза физичките лица кои не ги исполнуваат овие својства се ограничува ,а физичките лица кои ги имаат тие својства се стекнуваат со посебна правна способност.Тргнувајќи од ова објаснување ,посебната правна способност се дефинира како способност на определени физички лица ,по сила на посебни прописи.Таква е способноста да се биде адвокат,согласно со Законот за адвокатура од 2002година (Сл.весник на РМ бр.50/02),способноста да се биде нотар,согласно со Законот за вршење на нотарски работи од 1996година(Сл.весник на РМ бр.59/96),способноста да се биде извршител,согласно со Законот за извршување од 2005 година(Сл.весник на РМ бр.35/05)па се до способноста да се биде носител на определено авторско право ,согласно со Законот за авторско право и сродните права од 2005 година(Сл.весник на РМбр.23/05).

Физичкото лице кое сака да биде адвокат ,согласно со Законот за адвокатура, освен стручно-техничките услови(дипломиран правник со положен правосуден испит и др.)треба да има и дозволеност од страна на државата што се стекнува со уписот во Именикот на адвокатската комора на Р.Македонија.Физичкото лице кое сака да биде нотар,согласно со Законот за вршење на нотарски работи ,освен стручно-техничките услови(дипломиран правник и работно време од 5 години),треба да има и дозволеност што се стекнува со именување на нотарот од страна на министерот за правда.

За разлика од општата правна способност која престанува со губењето на својството субјект на правото (чинот на смртта),посебната правна способност може да се изгуби и пред овој момент –доколку престане една од претпоставките за нејзино настанување (на пр.одземање на лиценца за работата на адвокатот ,разрешување на нотарот и сл.).

Pojavata i polo`bata na advokaturata

Advokaturata e institut na rimskoto pravo, od vremeto na Rimskata republika i Principatot.Poteknuva od latinskiot zbor advocare-povikuvawe na

1

Page 2: Advokati Notari Dragan

pomo{.Pri krajot na klasi~noto rimsko pravo, advokatite postepeno ja prevzele celokupnata odbrana vo sudskite postapki.Advokatite bile lica so golem ugled vo op{estvoto i vo sudskata postapka. Od po~etokot na Principatot, advokaturata stanala profesionalna slu`ba odnosnood neplatena prerasnuva vo platena profesija.Vo rimskoto pravo, advokatite se tretirani kako pomo{nici na strankite vo sudskiot spor ili advokatite se stru~ni pravnici koi na strankite im pomagaat davaj}i im pravni soveti pred sporot i vo tekot na sporot. Advokatskiot stale` za prv pat e voveden vo Italija za vreme na vladeeweto na carot Justin od 518 do 527 godina.Vo toa vreme se sozdadeni I prvite advokatski kolegiumi kako oblici za profesionalno vr{ewe na advokatskata dejnost.Za vreme na Justinijan advokaturata stanuva sostaven del od pravosudniot system.Vo negovo vreme advokatite bile vozdignati na isto ramni{te so onie koi se borele so tatkovinata. Advokaturata povtorno voskresnuva vo Francija, vo XIII vek. Vo toa vreme postaveni se temelite na sovremenata advokatura kako sovremena profesija.Toga{ e normirana advokaturata kako institucija, so advokatskite zaednici. Vo IV vek, se voveduva i advokatskiot imenik. Od toa vreme statusot na advokat se zdobiva so upis vo Imenikot na advokatite, ako se ispolneti odreeni uslovi, i ako se soglasi advokatskiot red.

Advokaturata vo Republika Makedonija

Ustavot na Republika Makedonija od 1991 godina advokaturata ja opredeluva kako samostojna i nezavisna javna slu`ba {to obezbeduva pravna pomo{ i vr{i javni ovlastuvawa vo soglasnost so zakonot.Advokaturata e sostaven del na pravosudniot sistem.Funkcijata na advokaturata e davawe pravna pomo{ na gra|anite i na drugite subjekti vo ostvaruvaweto na nivnite prava i interesi zasnovani vrz zakonot.Ovie funkcii gi ostvaruvaat advokati- edinki ili zdru`eni vo zaednica-dru{tvo.Advokaturata se ostvaruva samostojno i profesionalno od advokatite. Advokatite se ovlasteni da gi vr{at site pravni ravoti, od davawe pravni soveti, sostavuvawe podnesoci, zastapuvawe pred sudovite i drugite organi, do odbranata na strankite vo sudskite sporovi.Funkcijata advokat e nezavisna i samostojna profesija.Advokaturata e edinstvena javna slu`ba vo sverata na ~ovekovite slobodi i prava.Taa e edinstvena javna slu`ba {to ja poznava Ustavot na Republika Makedonija od 1991 godina.Ekskluzivnoto mesto ja pravi advokaturata vlijatelna korporacija vo ustavniot sistem na Republika Makedonija sli~no na advokaturata vo stariot Rim.

2

Page 3: Advokati Notari Dragan

Правна способност за вршење адвокатска дејност

1.Затоа што физичкото лице ,под условите определни со Законот за авокатура од 2002 год (Сл.весник на РМ бр.50/02),може да врши адвокатска дејност,како професионална дејност,произлегува дека тоа физичко лице нема општа правна способност,туку посебна правна способност за вршење адвокатска дејност

а)Адвокатската дејност претставува дејност што се врши од адвокатурата ,којаспоред членот 53 од Уставот на Р.Македонија ,претставува самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош1 и врши јавни овластување во согласност со закон.

б)Правото на вршење на адвокатска дејност т.е дозволеноста да се биде адвокат,според Законот за адвокатурата се стекнува со уписот во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Република Македонија(чл.10,ст.1),доколку физичкото лице ги исполнива следниве стручно-технички услови:1.да е државјанин на Република Македонија;2.да ги исполнива општите услови за засновање работен однос во органите на државната управа;3.да е дипломиран правник;4.да има положено правосуден испит.(Правото да се полага правосуден испит се стекнува по истекот на две години адвокатска приправничка практика);5.да не е во постојан работен однос ,односно да не врши јавна функција или професија ,или друга јавна служба)и 6.да ужива углед за вршење на адвокатската дејност.

в)Пред да се запише во Именикот на адвокатите ,кандидатот за адвокат дава свечена изјава,а по уписот ,Адвокатската комора му издава лиценца за работа.

г)Вршењето на травото на адвокатска дејност може ,под услови определено со Законот за адвокатура ,да мирува доколку:1.адвокатот е избран или именуван на јавна функција ;2.поради болест;3.негово отсуство или отсуство на брачниот другар кога се упатени на работа во странство од

1 Јавните овластувања,пак се состојат во вршење на повеќе правни работи:1.право на составување на исправи со изјава на потврда со изјава на потврда на факти(освен за залог на подвижни и недвижни ствари,поврдување на заклучоци на собрание на трговски друштва,здружение на граѓани,фондации и други правни лица и заверување на адвокатското полномошнои 2.право на прибавување посебни известувања врз основа на посебно полномошно од странката ,од судовите и другите државни органи ,јавни служби и правни лица

3

Page 4: Advokati Notari Dragan

страна на Република Македонија и 4.во случај на стручно усовршување(чл.24).

д)Под условите определени со Законот ,правото за вршење адвокатска дејност му престанува ако:1.се откаже од вршење адвокатска дејност;2.заснова работен однос;3.го изгуби државјанството на Република Македонија;4.биде лишен од деловната способност или трајно ја загуби способноста за вршење адвокатска дејност ,што ја утврдува Адвокатската комора;5.правосилно е осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеци или ако му е изречена мерката на безбедност забрана на вршење адвокатска дејност;6.не врши уплата на коморска членарина и 7.му е одземена лиценцата за работа.

ѓ)Адвокатската дејност ја вршат ,покрај адвокати поединци, и адвокати здружени во адвокатски друштва,запишани во Именикот на адвокатите.

2.Од адвокатот кој врши адвокатска дејност ,што исклучително може да ја вршат адвокати(чл.6),треба да се разликува полномошникот кој презема дејствија во постапката во име на некоја од странките.Во оваа смисла ,полномошникот на странката може да биде покрај адвокатот и лице-дипломоран правник кое со странката е во работен однос и роднина по крв во права линија ,брат ,сестра или брачен другар,доколку е потполно деловно способен.Ако вредноста на предметот на спорот надминува 1000000(еден милион)денари полномошникот може да биде само лице кое е дипломиран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице.Дејствијата во постапката што ги презема полномошникотво границите на полномошното имаат исто правно дејство како да ги презела самата странка.(За ова да се видат членовите 80-92 од Законот за парнична постапка,Сл.весник на РМ бр.79/05).

3.Адвокатите од други држави може да вршат адвокатска дејност на територијата на Република Македонија под услови на реципроцитет утврдени од Адвокатската комора на Република Македонија(чл.14)

Правна способност за вршење нотарски работи

1.Со Законот за вршење на нотарски работи од 1996 година (Сл.весник на РМ бр.59/96)физичкото лице може да врши нотарски работи т.е. да врши јавни овластувања по барање на граѓаните,државните органи и правните лица.

4

Page 5: Advokati Notari Dragan

Нотарските овластувања се однесуваат на составувањето нотарски исправи и нивни преписи за правни работи и изјави што ги составува нотарот сам,записници за правни работи што ги извршува нотарот или биле извршени во негово присуство ,како и потврди за факти за кои тврди нотарот.Во некои случаи определени со закон,нотарскиот акт може да има својство т.е. да биде составен во форма на извршна исправа .Покрав ова,нотарот е овластен да ги застапува странките во неспорните работи пред судовите и другите органи,ако тие работи се во непосредна врска со исправата што ја составил .Тогаш нотарот има права и должности како адвокат.

а)Стручно-техничките услови за стекнување посебна правна способност за вршење нотарски работи се следниве:1)да е државјанин на Република Македонија;2)да има деловна способност и да ги исполнува општите услови определени со закон за работа во државен орган;3)да е дипломиран правник ;4)да има работно искуство во вршење на правни работи најмалку 5 години;5)да положил нотарски испит;6)да ужива углед за вршење на нотарски работи2 и 7)да може да докаже дека ќе обезбеди опрема и простории кои,согласно со критериумите утврдени од министерот,се потребни за вршење на нотарска служба(чл.10 од Законот).

б)Дозволеноста се стекнува со именување на нотарот од страна на министерот за правда со решение ,врз основа на конкурс кој го распишува министерот ,а го спроведува Нотарската комора(во комисија од 7 членови).По именувањето ,нотарот е должен да даде свечена изјава пред министерот за правда ,претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и претседателот на Комората.Поставените нотари се запишуваат во Именикот на нотарите што го води Комората.

в)По давањето на свечената изјава нотарот е должен без одлагање да бара од Комората да му биде издаден печат.Отпечатоците од печатот и штембилот, како и потписот на нотарот ги одобрува и заведува претседателот на основниот суд на чие подрачје нотарот има седиште.Заверените отпечатоци и потписи се депонираат во Комотата и судот.

г)Пред започнување со работа нотарот е должен да се осигура од штета која би можел да им ја причини на трети лица при вршењето на неговата нотарска служба.Во условите за осигурување може да се предвиди штетата ,до определен износ, нотарот непосредно да ја надомести.3

2 Физичкото лице не ужива углед доколку е презадолжено.3 “Најнискиот износ на осигурување во висина на десетгодишна просечна плата во Републиката пресметана според податоците на Заводот за статистика (Чл.14)од Законот за вршење на нотарски

5

Page 6: Advokati Notari Dragan

д)Професијата нотар се врши како основно занимање за времето за кое нотарот се именува.Меѓутоа ,нотарот согласно со Законот може постојано да вработи:нотарски приправници,заменик на нотарот и нотарски помошници.

Нотарските приправници се дипломирани правници,постојано вработени во нотарската канцеларија и запишани во Именикот на нотарските приправници кој го води Комората.Стручното оспособување изнесува 2 години кој рок се изедначува со рокот потребен за правосуден испит.

Нотарски заменик е лице кое ги исполнува условите за именување нотар,а кој го заменува нотарот доколку овој е на отсуство ,е болен или од други причини е спречен подолго од 30 дена да ги врши должностите.За тоа време се смета дека заменикот ја води нотарската канцеларија за сметка и на трошок на нотарот.За да ги врши своите должности на заменикот на нотарот потребно му е претходно одобрение од Комората ,а за период подолг од 2 месеци и одобрение од министерот ,по претходна согласност од нотарот кој треба да биде заменет.Заменикот на нотарот ќе биден назначен со издавање одобрение од Комората или од министерот.Издавањето на одобрението,како и стручно-техничките услови кои се бараат за вршењето на функцијата заменик нотар,наведува на констатација дека и во овој случај се работи за посебна правна способност за вршење нотарски работи.

Нотарски помошник е физичко лице кој е дипломиран правник ,постојано вработен во нотарската канцеларија и запишан во Именикот на помошноци нотари кој го води Комората.Нотарскиот помошник почнува со работа од денот на уписот во Именикот.Пред отпочнувањето со својата работа ,исто како и нотарот ,е должен да даде свечена изјава која по содржина е иста како за нотарот.За изјавата се составува записник.Нотарскиот помошник ја води нотарската канцеларија за сметка и на товар на нотарот т.е.сите работи имаат иста правна сила како непосредно да ги извршил самиот нотар.Ова значи дека во случајот на нотарски помошник,како и за нотарски заменик,постои посебна правна способност која може да ја врши ова физичко лице доколку ги исполнува стручно-техничките услови и дозволеноста предвидена со Законот.

работи.

6

Page 7: Advokati Notari Dragan

ѓ)Во одредени ситуации предвидени со Законот за вршење на нотарски работи нотарот може привремено да биде оддалечен од вршењето на функцијата нотар.Станува збор за следниве ситуации:1.против него дае поведена постапка за лишување од деловна способност;2.да се исполнети условите за разрешување на нотар;3.без дозвола на надлежен орган да о отсутен од своето седиште подолго од 30 дена.Исто така,доколку по сила на закон се поведе истрага против нотарот,доаѓа до привремено оддалечување од функцијата нотар ,по сила на закон4

е)Правната способност за вршење нотарски работи т.е. функцијата нотар престанува во следниве случаи определени со Законот за вршење на нотарски работи:1.смрт;2.исполнување услови за старосна пензија;3.писмена оставка5.4.ако биде осуден за кривично дело од користољубие за кое се гони по службена должност или ако биде осуден на безусловна казна затвор над 6 месеци,или ако му биде изречена забрана за вршење на нотарската функција;5.без оправдани причини не започне со работа во рок од 3 месеци од објавувањето на неговото именување во Службен весник на Република Македонија и 6. со разрешување6.

За престанување на вршењето на функцијата на нотарот министерот ќе ја извести Комората и судот на чие подрачјае нотарот има седиште.Комората врс основа на известувањето ќе го избриши од Именикот на нотарите,за тоа ќе објави оглас во Сл.весник на РМ,а неговите печати и штембили ќе ги поништи во согласност со Законот за вршење на нотарските работи.(чл.19,ст.5 во врска со чл.19 Ibid)

Заклучок

4 Сите дејствија преземени од нотарот кој е привремено оддалечен од функцијата се ништовни(Чл.21 и 22)5 Нотарот може во секое време да побара да биде ослободен од должноста за што поднесува писмено барање до министерот.Рокот за ослободување од должноста изнесува 3 месеци во кој рок министерот донесува одлука,освен ако заради обезбедување на уредно вршење на службата министерот определи друг рок(Чл.17)од Законот за вршење на нотарските работи.6 Нотарот ќе биде разрешен ако:1.престанат да постојат стручно-техничките услови т.е. дозволеноста ;2.ако не даде свечена изјава;3.се вработи или почне да користи старосна пензија;4.со судска одлука му биде одземена или ограничена деловната способност;5.трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата;6.не го продолжува уредно своето осигурување од одговорност за предизвикување на штета која би можел да ја причини на трети лица или не и плаќа надоместок за осигурување на Комората.Одлуката за разрешување на нотарот ја донесува министерот ,по шредходно прибавување мислење на Комората,и истата е конечна .Пред донесување на одлуката на нотарот мора да му биде овозможено да се изјасни за причините за разрешувањето(Чл.18)

7

Page 8: Advokati Notari Dragan

Врз основа на изнесеното може да се заклучи дека адвокатите имаат посебна правна способност затоа што ја стекнуваат мошне подоцна од општата и тоа под определени услови и дозволеност.Согласно со Законот за адвокатура оваа посебна правна способност адвокатите може да ја изгубат и пред општата,т.е.пред чинот на смртта.Додека одредбите од Законот за вршење на нотарските работи укажуваат дека способноста за вршење на нотарските работи настанува во подоцнежните години, а може да се изгуби порано од моментот на смртта.Затоа,таа не се подведува под општа правна способност ,туку претставува посебна правна способ ност која се стекнува со исполнување на законски определени услови и дозвола од надлежен орган, предвидени со закон.

Содржина

1.Посебна правна способност...................................................................................1

2.Појавата и положбата на адвокатурата.................................................................1

3.Адвокатурата во Македонија.................................................................................2

4.Правна способност за вршење адвокатска дејност.............................................2

5.Правна способност за вршење нотарски работи.................................................4

6.Заклучок..................................................................................................................6

Користена литература

Др.Асен Групче,Граѓанско право-општ дел,Култура1976год.Скопје

8

Page 9: Advokati Notari Dragan

Др.Родна Живковска Општ дел на граѓанското право-воведни теми 2,Скопје 2007

Др.Саво Климовски Уставно право и политички систем ,Скопје 2006

9