Дополнителна шесто одделение Welcome 3

3
ОУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА“ С. Дебреште ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2011/2012г.

description

Програма за дополнителна настава во шесто одделение по англиски јазик (осумгодишно основно образование)

Transcript of Дополнителна шесто одделение Welcome 3

Page 1: Дополнителна шесто одделение Welcome 3

ОУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА“ С. Дебреште

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА ПО

АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2011/2012г.

НАСТАВНИК: ДИРЕКТОР:Љупчо Петрески Ајша Муаремоска – Топалоска

АВГУСТ 2011г.

Page 2: Дополнителна шесто одделение Welcome 3

ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА

Цели и исходи: Дополнителната настава по предметот англиски јазик за шесто одделение е концепирана според потребите на учениците кои покажуваат послаби постигања во совладувањето на задачите и целите поставени во годишното планирање за шесто одделение. Програмата по англиски јазик за шесто одделение во нашето училиште се спроведува во согласност според програмата од Министерството за образование и наука, а се реализира со помош на учебникот Welcome 3 на издавачот Express Publishing.

Учениците веќе трета година изучуваат англиски јазик, така што тие имаат основни познавања од англискиот јазик. Но, одредени граматички конструкции како и богатиот вокабулар со кој се среќаваат оваа година некои ученици можат да покажат послаби резултати. Токму поради оваа причина дополнителната настава ќе почне да се реализира уште во средината на септември, а како показатели на успехот ќе се земат постигнатите резултати по предметот англиски јазик во петто одделение и самоевалвацијата на учениците..

Дополнителната настава ќе се фокусира кон сите компоненти во изучувањето на јазикот, со посебен акцент на посложените граматички конструкции и комуникативните вештини.

Со дополнителната настава се очекува учениците кои ја посетувале да покажат не само подобри резултати во конечните оцени туку и напредување во изучувањето на англискиот јазик, а со тоа и да делуваат посигурни и поспремни на часовите по англиски јазик.

Дополнителната програма ги опфаќа главните аспекти од програмата за шесто одделение и се фокусира на задачите од годишниот план, а наставникот според потребите ја приспособува и програмата за дополнителна работа :*

1. Јазични структури со помошниот глагол to be2. Вокабулар поврзан со професии и семејство3. Правилна и неправилна множина4. Редослед на придавките, искажување посвојност и зборување за

нечии карактерни особини5. Опишување и искажување способности6. Сегашно трајно време, прилози за зачестеност и искажување на

навики и секојдневни рутини.7. Колокации: глагол – именка8. Модален глагол CAN / CAN’T9. Употреба на SOME / ANY и вокабулар за храна10. Контрастирање сегашни времиња11. Past Simple Tense – формирање и употреба, зборување за минати

дејствија12. Зборување за минати и сегашни настани13. Неправилни глаголи14. Употреба на COULD / COULDN’T15. Форми за идни планови и намери, зборување за нешта кои сакаме да

ги правиме;16. Модален глагол HAVE TO

* НАСТАВНИКОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ИЗМЕНА НА ПРОГРАМАТА ВО ТЕКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ