· Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ...

201
ИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Transcript of  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ...

Page 1:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

ИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Page 2:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

~ СОДРЖИНА ~

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ 3

I ЛИЧНА СТАТУСНА ПОЛОЖБА 5

II ЗАБРАНА НА ДИСКРИМИНАЦИЈА 10

III ОБЛАСТ НА КУЛТУРАТА И МЕДИУМИТЕ 26

IV СЛОБОДА НА ВЕРОИСПОВЕД 57

V УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ И ПИСМОТО 59

VI ОБРАЗОВАНИЕ 65

VII ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЦИПАЦИЈА 95

VIII СООДВЕТНА ЗАСТАПЕНОСТ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА 97

IX НАЦИОНАЛНИ СОВЕТИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА 108

X ЕКОНОМСКАТА ПОЛОЖБА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА МАЛЦИНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ 115

XI МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 132

2

Page 3:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

ПРВ ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

(за активностите кои доспеваат заклучно со II квартал 2016. година, вклучувајќи и континуирани активности)

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ

Со усвојување на Акциониот план за преговарачкото поглавје 231 (во натамошниот текст: АП ПГ 23) Република Србија постави стратешко определување на унапредувањето на институционалната и законодавната рамка во областа на основните човекови и малцински права и слободи. АП ПГ 23 идентификува потреба за унапредување на положбата на националните малцинства и предвидува изработка на посебен Акционен план за остварување на правата на националните малцинства2 во натамошниот текст: Акционен план).

Акциониот план претставува среднорочен стратешки документ кој содржи стратешки цели поставени во согласност со препораките на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција на Советот на Европа, а чија реализација е неопходна за отстранување на воочените недостатоци во спроведувањето на правата и слободите на националните малцинства.

Акциониот план е целосно усогласен како со кровниот стратешки документ АП ПГ 23, така и со останатите релевантни стратешки документи.

Следењето на реализацијата на активностите од Акциониот план доверен му е на Советот за национални малцинства, а со цел остварување како на целосна инклузивност на националните малцинства во процесот на мониторингот, така и на целосна координација на работата на државните органи и обезбедување на највисоко ниво на поддршка за спроведување на планираните активности.

Советот за национални малцинства е работно тело на Владата на Република Србија, во чиј состав се надлежните државни органи и претседателите на сите национални совети на националните малцинства. Советот за национални малцинства се состанува најмалку четири пати годишно (квартално).

Во постапката за следење на реализација, стручна и административно-техничка поддршка на Советот за национални малцинства им овозможува Канцеларијата за човекови и малцински права.

1 http://www.mpravde.gov.rs/tekst/12647/akcioni-plan-za-pregovaranje-poglavlja-23-usvojen-na-sednici-vlade-srbije-27-aprila-2016.php 2 http://mduls.gov.rs/doc/Akcioni%20plan%20za%20ostvarivanje%20prava%20nacionalnih%20manjina%20-%20usvojen%203.mart%202016.pdf

3

Page 4:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Канцеларијата за човекови и малцински права квартално собира податоци за спроведување на активностите и изготвува квартални извештаи за спроведувањето на Акциониот план. Извештаите за спроведувањето на Акциониот план Канцеларијата за човекови и малцински права ќе им ги доставува на Советот за национални малцинства и на Координацијата на националните совети за национални малцинства. Со цел следење на реализацијата на Акциониот план во врска со преговарачкото поглавје 23 и следењето на реализацијата во делот во кој супстантивно се преклопува со АП ПГ 23 извештаите ќе се достават и во Советот за спроведување на Акциониот план за ПГ 23. Организациите на граѓанското општество ќе бидат вклучени во надзорот над реализацијата на Акциониот план преку состаноци на Преговарачките групи за поглавјето 23 со Националниот конвент за пристапување кон ЕУ, на кои Акциониот план ќе биде една од темите.

Првиот официјален циклус на известување спроведен е во периодот од 18. јули до 21. септември 2016. година.

Првиот извештај го вклучува следново:

1. Детален извештај за спроведување на активностите кои се реализирани во известувачкиот период;

2. Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства, кој содржи посебна колона за статусот на спроведување на активностите;

3. Статистички преглед на статусот на спроведување на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства на неколку нивоа:

- спроведување на активностите на ниво на Акциониот план;

- спроведување на активностите на ниво на поединечни поглавја;

- спроведување на активностите на ниво на носители на активности и партнери.

4

Page 5:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

I ЛИЧНА СТАТУСНА ПОЛОЖБА

АКТИВНОСТ: 1.1. Измени и дополнувања на Законот за заштита на правата и слободата на националните малцинства поради уредувањето на правото на упис на податоци за националната припадност на припадниците на националните малцинства во јавни исправи, службени евиденции и збирки на лични податоци, во согласност со уставниот принцип за слободно изразување на националната припадност.РОК: за усвојување: II квартал на 2016. година

за примена: континуирано, почнувајќи од денот на влегувањето во силаСТАТУС: Активноста е делумно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа и локалната самоуправа

Народно собрание Национални совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ: Министерот за државна управа и локална самоуправа на ден 20. новември 2015. година донесе Решение за основање на Посебна работна група за подготовка на текстот на нацрт законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства.

Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Србија ангажирани се двајца експерти од областа на човековите и малцинските права кои го подготвија нацртот на појдовните точки од наведениот закон, со кои се предложени потребните измени со цел усогласување со Уставот и со системските закони, како и за спроведување на афирмативни мерки кои се предвидени АП за Поглавјето 23, и како би се овозможила реализација на останатите активности од АП за остварување на правата на националните малцинства.

Посебната работна група (во чија работа се вклучени и претставници од националните совети на националните малцинства) одржа два состаноци, а на експертско ниво се одржаа четири состаноци. Во тек е изготвување на работната верзија на нацрт- текстот на овој закон.

Со формирањето на нова Влада (11. август 2016. година) се стекнаа услови да се свика Посебна работна група во новиот мандат, да се изготви нацрт- текстот на овој закон и да се спроведе јавна расправа.

5

Page 6:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 1.4. Унапредување на Посебниот избирачки список (ПИС) на националните малцинства во смисол на надградба и унапредување на постоечките апликации за ПИС, а со цел попрецизно ажурирање на податоците со обезбедување на доверливост на истите.РОК: IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Активноста е целосно реализирана. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа и локалната самоуправа

ИЗВЕШТАЈ: Апликацијата на Посебниот избирачки список е унапредена и придонесува кон подобро функционирање и непречено ажурирање на податоците со поголемо ниво на безбедност, како и кон непречено спроведување на изборниот процес. Унапредувањето е поставено на тестно опкружување на апликацијата, и по финалните проверки, ќе биде префрлено и на продукциската верзија.

АКТИВНОСТ: 1.6. Обезбедување на целосна реализација на активностите во врска со спроведувањето на Договорот за разбирање склучен помеѓу Министерството за државна управа и локална самоуправа, Народниот правобранител и Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци – Претставништво во Србија, посебно во делот кој се однесува на целосната примена на прописите кои го уредуваат запишувањето на фактите и податоците во матичната книга и обезбедување на помош на лицата во различни постапки во во областа на личниот статус на граѓаните.- врска со Оперативните заклучоци од семинарот за социјално вклучување на Ромите- врска со АП ПГ 23 активностите 3.8.1.27, 3.8.2.11 и 3.7.1.3.РОК: IV квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е готово целосно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа и локалната самоуправа

Народен правобранител УНХЦР Министерството надлежно за внатрешни работи Министерството надлежно за работите на труд, вработување,

боречки и социјални прашањаИЗВЕШТАЈ: Со договорот за изменување на Договорот за разбирање склучен помеѓу Министерството за државна управа и локална самоуправа, Народниот правобранител и Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци – Претставништво во Србија 3

3 Потпишан на 16. март 2015. година.

6

Page 7:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

продолжен е рокот на неговото важење до крајот на 2016. година и, врз основа на тоа, овозможено е продолжение на спроведувањето на обуки на судии, матичари, социјални работници, вработените во Министерството за внатрешни работи и на ромската заедница.

АКТИВНОСТ: 1.8. Следење на состојбата во остварувањето на правото на упис на фактот на раѓање во матичната книга на родени.- врска со Оперативните заклучоци од семинарот за социјално вклучување на Ромите- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.26.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа Управен инспекторат

ИЗВЕШТАЈ: Во 2015. година, кога се работи забројот на лицата кои во управната постапка, односно во судската постапка оствариле право на упис во матичната книга на родени, според податоците на Управниот инспекторат, решени се 1072 барања за дополнителен упис на фактот раѓање во матичната книга на родени. Останатите уписи во матичната книга на родени во таа година извршени се во законскиот рок за пријава на тој факт.

Исто така, одреден број на лица кои фактот раѓање не можеле да го докажат во управната постапка, право на упис во матичната книга на родени оствариле во согласност со одредбите на Законот за дополнување на Законот за вонпарнична постапка (утврдување на времето и местото на раѓање). Според податоците добиени од Министерството за правда, во 2015. година решени се 264 предлози за утврдување на времето и местото на раѓање.

Вкупниот број на изречените мерки од страна на Управниот инспекторат во областа на матичните книги е 22, а вкупниот број на реализаните мерки е три.

АКТИВНОСТ: 1.9. Да се продолжи со информирање на Ромите, Египќаните и Ашкалиите за нивните права во врска со регулирањето на личниот статус и да се продолжи со давање на бесплатна правна помош на припадниците на наведените заедници во овие постапки од страна на надлежните органи и организации на граѓанското општество кои се занимаваат со заштита на човековите и малцинските права.Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош во согласност со Законот за бесплатна правна помош и обезбедување на целосен пристап до правата на припадниците на ромската, египетската и ашкалиската заедница.

7

Page 8:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.2.9. и 3.7.1.3.РОК: за обезбедување на правна помош од страна на надлежните органи и организации

на граѓанското општество – Континуирано обезбедување на правна помош во согласност со Законот за БПП –

Континуирано, почнувајќи од I квартал на 2017. годинаСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Единици на локалната самоуправа Министерството надлежно за внатрешните работи Министерството надлежно за правда Организации на граѓанското општество

ИЗВЕШТАЈ: Mинистерството за внатрешни работи предложи законска рамка и донесе подзаконски прописи како би овозможило остварување на право на лични документи за категоријата граѓани кои не можеле да остварат право на пријава на место на живеење и издавање на лични документи, а што е основа за остварување на други со Устав загарантирани права. Во врска со тоа, донесен е Закон за место на живеење и престој на граѓани, Закон за измени и дополнувања на Законот за лична карта, Правилник за постапката на пријавување и одјавување на местото на живеење и престој на граѓанинот, пријавување на привремен престој во странство и враќање од странство, пасивизирање на местото на живеење и престој, обрасци и начин на водење на евиденција, Правилник за образецот за пријава на место на живеење на адреса на установата, односно Центарот за социјална работа и Правилник за лична карта.

Од 2013. година до 30. јуни 2016. година, Mинистерството за внатрешни работи за 1.686 лица, помеѓу кои повеќето се припадници на ромската полулација кои живеат во неформални населби, со решение утврди место на живеење на адреса на надлежните центри за социјална работа, по што на лицата им се издадени и лични документи. Во текот на 2015. година се пријавиле 535, а од почетокот на 2016 до 30. јуни 2016. година 218 лица.

Во Младинскиот центар во Костолац, со присуство на претставниците на Полициската управа во Пожаревац, Градската општинеа Костолац, матичната служба, директорите на основните и средните училишта во Костолац, претставниците на здравствените институции, Центарот за социјална работа, Националната служба за вработување, здружението Ром од Костолац, Канцеларијата за ромски прашања, претставниците на Мисијата ОБСЕ и 32 граѓани од ромска националност, на 15. април 2016. година, се одржа трибината под називот Биди рамноправен – регистрирај се. Трибината се реализираше со цел зголемување на јавната свест на заедниците на Ромите, Ашкалиите и Египќаните кои престојуваат на подрачјето на градската општина Костолац за значењето на регистрацијата, односно уписот во матичните книги и поседувањето на лични документи, кои се неопходни за оставрување на со Устав и закон загарантираните човекови и малцински права.

8

Page 9:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Во постапката на издавање на лични документи на оваа категорија на граѓани, како претходно прашање се појавува прашањето за упис во матичната книга на родени, со оглед на тоа дека повеќето од нив не се регистрирани во матичните книги, а тоа е под надлежност на Министерството за државна управа и локална самоуправа.

Врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу тогашното Министерство за правда и државната управа, Народниот правобранител и Високиот Комесаријат на ОН за бегалци – Претставништво во Србија (видете Активност 1.6), донесена е одлука за образување на Техничка група, чија основна задача е да ги реализира активностите кои имаат за цел спроведување на предметот Договор - упис во матичната книга на родени на припадниците на ромското национално малцинство кои до сега не биле запишани во оваа службена евиденција.

Министерството учествуваше на собири на темата Новости во областа на уписот во матичната книга на родени, пријави на место на живеење и вадење на лични документи, кои во текот на 2013. и 2014. година се одржаа во Суботица, Ниш, Крагујевац, Нови Сад и Белград, а на кои претставниците на ромското граѓанско општество беа информирани за измените на законските прописи со кои се овозможува граѓаните на Република Србија чиј правен субјективитет не е признат со упис во матичната книга на родени (правно невидливи лица), меѓу кои има најмногу припадници на ромска националност, да извршат упис на побрз и поедноставен начин, а потоа и да ги регулираат државјанството на Република Србија, пријавата на место на живеење на територијата на Република Србија и личните документи.

Техничката работна група, во соработка со Министерството за државна управа и локална самоуправа, Народниот правобранител и Високиот комесаријат на ОН за бегалци - претставништво во Србија, во текот на 2014. година во Белград, Ниш, Златибор, Нови Сад и Крагујевац, во 2015. година во Ниш, Крушевац, Пирот, Белград, Златибор, Нови Сад и Суботица, а во текот на 2016. година и во Врњачка Бања и Лесковац, одржа обуки за полициските службеници, матичари и заменици на матичари и за вработените во центрите за социјална работа, во врска со регистрацијата во матичната книга на родени, пријавата на место на живеење и издавање на лични документи за лицата кои не се регистрирани во евиденциите и кои немаат издадени лични документи.

9

Page 10:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

II ЗАБРАНА НА ДИСКРИМИНАЦИЈА

АКТИВНОСТ: 2.1. Брзо и детално одговарање на наодите и препораките на Народниот правобранител, Покраинскиот омбудсман и на Комесарот за заштита на рамноправноста во сите случаи кои влијаат на правата на припадниците нанационалните малцинства и обезбедување на адекватна поддршка на тие институции како би се осигурала ефикасна обработка на доставените жалби, и како би им биле истите достапни на припадниците на националните малцинства.- врска со АП ПГ 23 активност 3.2.1.6. (Народен правобранител)РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Контролиран орган Народен правобранител Покраински обудсман Комесар за заштита на рамноправноста

ИЗВЕШТАЈ:Министерството за државна управа и локална самоуправа во согласност со законот предвидува мерки и препораки тако што им укажува на органите на локалната самоуправа кога не ги спорведуваат со закон предвиденото финансирање на националните совети или службената употреба на јазикот и писмото (Нови Пазар, Врбас).

Во областите на правата на националните малцинства и во областа на посебните права на Ромите, Народниот правобранител констатира напредок, затоа што органите на управата постапуваат по препораките, соработката во текот на постапките на контрола се одвива во согласност со Законот.

Сите информации за препораките на Народниот правобранител, како и одговорите на контролираните органи за постапување според нив, достапни им се на припадниците на националните малцинства, кaко и на националните совети на националните малцинства кои ги претставуваат во доменот на културната автономија, на посебниот веб-сајт на овој орган: http://www.pravamanjina.rs/index.php/sr/podaci/dokumenta/-

Во согласност со овластувањето да спроведува истражувања за да стекне увид во состојбата со човековите права, идентификувал проблеми и формулирал препораки поради остварувања, заштита и унапредување на човековите права, Покраинскиот народен правобранител-омбудсман спроведе истражување за тоа во која мерка вработените во покраинските секретаријати, како дел од покраинската управа, владеат со јазиците на националните малцинства кои се во службена употреба во органите на АП Војводина (унгарски, слoвaчки, хрвaтски, романски и русински jазик), дали е познавањето на јазикот кој е во службена употреба во органите на АП Војводина пропишан услов за засновање на работен однос на одредени работни места, како и на кој начин вработените докажувале дека владеат со одреден јазик.

10

Page 11:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Истражувањето покажа дека од 13 набљудудувани органи на Покраинската управа само во пет со општ акт е пропишано познавање на јазикот на националното малцинство, како посебен услов за работа на одредени работни места. Таму каде што е таквиот услов и предвиден, во голем број на случаи обврската познавање на јазикот на националното малцинство поставенa е алтернативно со познавањето на странски јазик. Исто така, не е уреден начинот на докажување на познавањето на јазикот на националното малцинство и во повеќето случаи не е пропишано потребното ниво на знаење на тој јазик за одредено работно место. При пропишувањето на познавањето на јазикот на националното малцинство, како посебен услов за одредено работно место, не се водело сметка за тоа на кои работни места комуникацијата со граѓаните се извршува како редовна работа, односно дали вработените кои ги водат управните постапки – во соодветен број – владеат со јазиците на националните малцинства кои се во службена употреба.

Покраинскиот народен правобранител - омбудсман им упати препораки на покраинските органи на управата со цел унапредување на состојбата во областа на службената употреба на јазиците и писмата на националните малцинства кои се во рамноправна службена употреба во органите на АПВ. Препораките им се упатени на Покраинскиот секретаријат за урбанизам, градежништво и заштита на животната средин а , Покраинскиот секретаријат за енергетика и минерални суровин и , Покраинскиот секретаријат за   финанси и , Покраинскиот секретаријат за култура и јавно информирање, Покраинскиот секретаријат за меѓурегионална соработка и локална самоуправ а , Покраинскиот секретаријат за наука и технолошки развој , Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства - национални заедниц и , Покраинскиот секретаријат за земјоделие, водостопанство и шумарство , Покраинскиот секретаријат за економија, вработување и рамноправност на половите, Покраинскиот секретаријат за спорт и млади, Покраинскиот секретаријат за здравство, социјална политика и демографиј а , Службата за управување со човековите ресурси и Управата за заеднички работи на покраинските орган и .

Покраинскиот народен правобранител - омбудсман ги упати следниве препораки:

- потребно е покраинските органи на управата да ги анализираат работните места во правилникот за внатрешната организација и систематизација на работните места и да утврдат на кои работни места комуникацијата со граѓаните се извршува како редовна работа, односно на кои работни места вработените водат управни постапки;

- потребно е со измените и дополнувањата на правилникот за внатрешната организација и систематизација на работните места, на работните места на кои комуникацијата со граѓаните се извршува како редовна работа и на кои вработените водат управни постапки во соодветен број, да се пропише знаењето на јазиците на националните малцинства кои се во службена употреба;

11

Page 12:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- со измените и дополнувањата на правилникот за внатрешната организација и систематизација на работните места треба да се уреди и кое ниво на знаење на јазиците на националните малцинства е потребно како услов за распоредување на одредено работно место;

- потребно е да се уреди начинот на докажување на знаење на јазикот на националното малцинство, а посебно начинот на докажување на познавање на стручната правна терминологија на работните места на кои вработените водат управни постапки;

- при засновањето на работниот однос, потребно е да се посвети посебно внимание на обезбедувањето на соодветна застапеност на припадниците на националните малцинства во органитe на управата и промовирањето на вработувањето на службеници кои се стручни во соодветните јазици, во согласност со препораките од Третото мислење на Советодавниот комитет за Србија.

Со членот 42. став 4. од Покраинската собраниска одлука за Покраинскиот народен правобранител - омбудсман пропишано е дека управниот орган е должен најдоцна во рок од 15 дена од денот на добивање на мислења или препораки, да го извести Омбудсманот за преземените мерки.

Покраинскиот секретаријат за меѓурегионална соработка и локална самоуправа дури и по ургенцијата не го извести овој орган за преземените мерки по повод упатените препораки.

Покраинскиот секретаријат за финансии го извести Покраинскиот народен правобранител – омбудсман дека во тој орган не постои потреба да се пропише познавање на јазиците и писмата на националните малцинства како посебен услов за работа на работните места. На тој секретаријат омбудсманот му укажа на фактот дека правото на службена употреба на јазиците и писмата на националните малцинства, како и на соодветна застапеност на припадниците на националните малцинства во органите на јавната власт не е условено со потреба, туку е обврска која се гарантира со Уставот на Република Србија.

Останатите органи на кои им се упатени препораки му доставија одговор на Покраинскиот народен правобранител – омбудсман, но одговорите се однесуваа на тоа дека при изработка на новите правилници за систематизација на работните места, во мерката во која што е тоа возможно, ќе се постапи по препораките.

Имајќи предвид дека по спроведените избори е формирана нова покраинска влада како и дека имало организациски промени во секретаријатите, Омбудсманот во идниот период ќе побара повторно изјаснување за постапуањето по овие препораки.

Обезбедување на адекватна поддршка на тие институции како би се осигурала ефикасна обработка на доставените приговори, и како истите би им биле достапни на припадниците на националните малцинства

12

Page 13:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Покраинскиот народен правобранител – омбудсман во областа на заштитата на правата на националните малцинства од 9. февруари до 15. јуни 2016. година ги посети населените места на територија на АП Војводина во кои припадниците на националните малцинства живеат во значителен број. Целта на овие посети беше запознавање со можностите за остварување, заштита и унапредување на правата на припадниците на националните малцинства во овие места.

Посетени се 26 населени места кои се наоѓаат на територија на 16 градови, односно општини во АПВ. Во секое од овие места спроведени се по три активности: состанок со претставниците на месните заедници, односно со вработените во месните канцеларии, прием на граѓани во седиштето на МЗ или на МК, посета на основното училиште, односно на огранокот на училиштето во тоа населено место.

Распоред на посетите на населените местаР.Б. Датум Град /

ОпштинаНаселено место 1

НМ4 Населено место 2

НМ

1 9. февруари Инѓија Сланкаменачки Виногради

словачко Марадик унгарско

2 17. февруари Апатин Купусина унгарско Свилојево унгарско3 23. февруари Зрењанин Бело Блато унгарско,

словачко, романско

Јанков Мост романско

4 1. март Врбас / Мали Иѓош

Куцура русинско Ловќенац црногорско

5 10. март Бачки Петровац Кулпин словачко Гложан словачко6 15. март Ковин / Панчево Скореновац унгарско Војловица унгарско,

словачко7 22. март Суботица Таванкут хрватско Ѓурѓин хрватско8 7. април Жабаљ / Нови

СадЃурѓево русинско,

ромскоБудисава унгарско

9 17. мај Шид Беркасово русинско Сот хрватско10 24. мај Зрењанин Арадац словачко Михајлово унгарско11 31. мај Алибунар Локве романско Николинци романско12 7. јуни Сомбор Телечка унгарско Светозар

Милетиќунгарско

13 14. јун и Бачка Паланка Пивнице словачко Силбаш словачко

Приговорите во областа на остварувањето, заштитата и унапредувањето на правата на националните малцинства кои граѓаните ги поднеле при овие посети примарно се однесуваат на службената употреба на јазикот и образованието. Во областа на службената употреба на јазикот, најмногу приговори се однесуваат на тоа дека вработените во општинските, односно градските органи на управата недоволно добро владеат или воопшто не владеат со јазикот на националното малцинство, а тоа претставува посебен проблем во функционирањето на матичните служби. Втората најчеста група на приговори во оваа област се однесува на непостоење на

4 НМ = националнo малцинство или малцинства чии припадници во тоа место живеат во значителен број

13

Page 14:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

повеќејазични табли со називите на органите на управата, установите и јавните служби на објектите во кои се наоѓа нивното седиште, како и на таблите со назив на населено место, а кои се најчесто напишани само на српски јазик (на кирилично или латинично писмо). Повеќето приговори во врска со образованието се однесуваат на материјално-техничките услови во училиштата во кои наставата се одвива на јазиците на националните малцинства, а поради недостаток, односно, поради постојано намалување на износот на средствата за одржување на објектите и останатите инвестициски вложувања. Останатите приговори се однесувале на толкувањето на поедини прописи во врска со вработувањето на наставниот и на ненаставног кадар во овие училишта, посебно во однос на познавањето на јазикот на националното малцинство како услов за нивно вработување.

Покраинскиот народен правобранител – омбудсман планира со приемот на граѓани во рамките на посетите на населените места на територијата на АП Војводина во кои припадниците на националните малцинства живеат во значителен број да продолжи и во идниот период.

Посебно се истакнува дека институцијата Покраински народен правобранител – омбудсман нема свое возило, туку го користи службеното возило на Управата за заеднички работи на покраинските органи. Се работи за едно возило, а Покраинскиот народен правобранител – омбудсман има четири заменици, од кои по еден се избира за областа права на националните малцинства, права детето и рамноправност на половите. Недостатокот на возила ги доведува во прашање остварувањето на достапноста на оваа институција на припадниците на националните малцинства и организирањето на прием на граѓани во населените места. Покраинскиот народен правобранител – омбудсман има само двајца соработници кои се задолжени за прием и обработка на приговори во областа на остварувањето, заштитата и унапредувањето на правата на припадниците на националните малцинства, што исто така ја спречува ефикасната работа на оваа институција.

Истовремено може да се констатира дека очекувањата на граѓаните од оваа институција се големи, додека овластувањата на Покраинскиот народен правобранител – омбудсман, по донесувањето на Статутот на Автономна Покраина Војводина 2014. година се ограничени на заштитата на правата на граѓаните и вршење на надзор над работата на покраинските органи на управата, јавните претпријатија и установи кои вршат управни и јавни овластувања, а чиј основач е АП Војводина, во врска со нивното постапување во извршувањето на одлуките и другите правни акти на АП Војводина, како и заштита на правата на граѓаните од повреди извршени поради незаконско, несоодветно и неефикасно постапување на органите на градската и општинската управа во извршувањето на работите кои АП Војводина им ги доверила од својата изворна надлежност.

Во текот на 2015. година Повереникот за заштита на рамноправноста постапил по 89,1% на препораки (правно обврзувачки, но принудно неизвршливи). Повереникот

14

Page 15:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

примил вкупно 1.041 предмет, од тоа 797 приговори, 215 препораки за мерки, 17 мисљења на нацрт актите, еден предлог за Уставниот суд, девет предупредувања. Од вкупно примените приговори, во 18,4% наведени се националната припадност или етничкото потекло како основа за дискриминација. Кога говориме за извештајниот период (од усвојувањето на Акциониот план, заклучно со II квартал на 2016. година) и националната припадност или етничкото потекло како основа, Повереникот издал две препораки мерки. Едната препорака е исполнета, додека во врска со другата, рокот за постапување е во тек.

Повереникот, во рамките на својата надлежност, спроведува различни активности со цел подигање на свеста за, меѓу другото, обврската за постапување по препораките на Повереникот. Во прилог на тоа, Повереникот во јули 2015. година објави публикација под името Прирачник за препознавање на случаи на дискриминација пред органите на јавната власт. Во прирачникот ставен е акцент на оние форми на дискриминација кои се појавуваат пред органите на јавната власт и достапен е во сите централни, регионални и локални органи, како и на јавноста преку интернет страницата на Повереникот.

Исто така, Повереникот зема учество во реализацијата на проектот Граѓански иницијативи Независни институции поблиски до граѓаните, кој беше финализиран во јуни 2016. година. Во рамките на проектот, претставниците на Повереникт посетија многу градови (регионални центри) и разговараа са претставниците на локалните власти, ОЦД, и со граѓаните за работата и значењето на независните институции и за унапредувањето на заедничката соработка.

Во врска со делот активности кој се однесува на достапноста на мислењата и препораките на Повереникот, а во согласност со членот 33. од Законот за забрана на дискриминација, Повереникот за заштита на рамноправноста, покрај останатото, прима и разгледува приговори поради дискриминација, дава мислења и препораки во конкретните случаи на дискриминација и изрекува со закон утврдени мерки. Во согласност со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (Службен весник на РС, бр. 120/04, 57/07, 104/09 и 36/10), Законот за заштита на податоците за личноста (Службен весник на РС, бр. 97/08, 104/09 – др. закон, 68/12 –Одлука на УС и 107/12), како и Правилникот на Повереникот за анонимизација на податоците, сите мислења и препораки во постапките по приговорите достапни и се на јавноста, па така и на припадниците на националните малцинства, на интернет страницата на Повереникот (www.ravnopravnost.gov.rs).

АКТИВНОСТ: 2.2. Подигнување на свеста кај пошироката јавност, припадниците на националните малцинства и функционерите и вработените во органите на јавната власт на сите нивоа за постоењето на националните малцинства во

15

Page 16:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

земјата, нивните права како и правата на афирмативни мерки таму каде што се неопходни. РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Канцеларија за човекови и малцински права Министерство надлежно за работите на државната управа Служба за управување со човековите ресурси Јавни медиумски сервиси Национални совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Канцеларијата за човекови и малцински права го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21. февруари 2016. година) со националните совети на националните малцинства, државните органи, институции, независни тела. На претставниците на 41 медиум им беа врачени благодарници за медиумски придонес во промовирањето на човековите и малцинските права во изминатата година, а 13 благодарници на претставниците на медиумите кои во претходната година со својата работа ја следеле работата на националните совети и известуваа на јазиците на националните малцинства.

Mинистерот за државна управа и локална самоуправа на 9. март 2016. година донесе Правилник бр. 150-01-3/2016-17 за изменување и дополнување на Правилникот за утврдувањето на програмата на општото и стручното усовршување на државните службеници од органите на државната управа и службата на Владата за 2015. година. Со овој Правилник се менува и дополнува Програмата за општо континуирано стручно усовршување на државните службеници за 2016. година.

Министерството за државна управа и локална самоуправа подготви предлог обука под името Права на припадниците на националните малцинства, во рамките на областа Заштита на човековите права и доверливоста на податоците, со цел запознавање на запознавање на учесниците со правата на припадниците на националните малцинства, кои се гарантирани со позитивноправните прописи. Целна група се сите државни службеници. Службата за управување со човековите ресурси го прифати споменатиот предлог за обука и го вметна во Планот и програмата за обуки за 2016. година. Првата обука се одржа на 30. август 2016. година.

Обуката ја реализираше предавач именуван од страна на Министерството за државна управа и локална самоуправа кој во јули успешно го заврши Тренингот на тренери (ТоТ) – развој на вештини за презентации и комуникации.

Јавната медиумска установа – Радио-телевизија Војводина од самото основање конципирана е како повеќејазичен медиум, кој секојдневно се стреми кон тоа да ја шири свеста за постоењето на националните малцинства во земјата, нивните права, како и правата на афирмативните мерки, каде што се тие неопходни. Посебно:

16

Page 17:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

1. организациона структура (три радио програми, од кои 2. и 3. програма на радиото се исклучиво наменети за програмите на малцинските јазици: унгарски, словачки, романски, русински, украински, ромски, буњевачки, хрватски, македонски и црногорски; два телевизиски канали, од кои 2. програма е наменета за емитување на „сендвич“ програми на наведените 10 малцински јазици; како и веб-страница, која е достапна на седум јазици, со планови за понатамошно зголемување на јазичната понуда);

2. програмска политика, чии основни определувања се дефинирани во Стратегијата за развој на РТВ:

Бидејќи АП Војводина е повеќенационална и мултикултурална средина, чии традиции и достигнувања се непроценливо богатство, Јавниот сервис на РТВ емитува содржини за сите граѓани на Војводина, на нивните јазици. Целта е да се комплетира програмската понуда на РТВ и на јазиците на кои сè уште не се емитува програма. Српскиот језик во ова мултијазично опкружување не е само јазик на мнозинскиот народ, туку е и јазик на комуникација помеѓу припадниците на бројните национални малцинства, без притисок за нивна асимилација.

Програмите на националните малцинства се остваруваат во соработка со националните совети на националните малцинства, но не се нивни гласила за (политичка) пропаганда. Содржините мора да ги исполнуваат стандардите на независност на новинарските и на останатите содржини, како и дел од онтолошките норми (почитување на кодекси).

Програмите на малцинските јазици се автономни при изборот и обработката на програмските содржини и ги подготвуваат исклучиво соработниците, на кои тоа им е мајчин јазик.

За да така конципираната програмска политика не би довела до гетоизација на поедини програми на јазиците на малцинствата, на дневно ниво се обезбедува размена на информации, програмски содржини и прилози со цел информациите за активностите на малцинските заедници да бидат секојдневно составен дел од вестите на сите јазици на кои се подготвува и емитува програмата, вклучувајќи ги и програмите на српски јазик.

3. изградба на дописнички мрежи – со опремување и модернизација на дописничките центри, воглавно во мултинационалните средини и со избор на кадри кои се способни на повеќе јазици да известуваат за случувањата во своите средини;

4. техничка модернизација - новите можности кои ги носи дигитализацијата, како и сестраната употреба на Интернет порталите, ќе бидат искористени за да се обезбеди поголема достапност на програмите на малцинските јазици и програмите за националните малцинства;

17

Page 18:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Бидејќи овие програмски активности не се поединечни или случајни туку се секојдневни, не може точно да се одредат програмските минути кои се посветени на оваа цел, но може да се утврди дека оваа задача не се остварува само преку информативни емисии (вести, дневник) туку и преку емисии со верски содржини, програми од културата, образованието, спортот, како и забавните емисии и серии.

На територијата на општина Босилеград во периодот февруари 2015 - февруари 2016. година беше реализиран проект во соработка со општина Босилеград и Националниот совет на бугарското национално малцинство Подигање на капацитетите на службениците на ЛСУ во поглед на меѓународните и националните стандарди за човековите и малцинските права, кој го финансираше Советот на Европа. Целта на проектните активности беше да се подигне свеста за човековите и малцинските права на службениците на ЕЛС, но и пошироко на општествената заедница. Во рамките на проектот одржани се тридневни обуки за 15 претставници на ЛСУ.

Исто така, во рамките на проектните активности беа подготвени и емитувани 10 – 15 минутни радио-емисии чија цел беше да се подигне свеста на припадниците на малцинствата и на пошироката јавност за нивните права, како и за начинот на нивното остварување.

Во Суботица на 1–2. јули 2015. година се одржа конференцијата на Националниот совет на унгарското национално малцинство, од областа на правните и преведувачките науки, за праксата на службената употреба на мајчиниот јазик на националните малцинства во Србија, Карпатскиот басен и во Европската унија. На конференцијата бројните гости, воглавно адвокати, судии, правници и преведувачи од единиците на локалната самоуправа и покраинските органи, беа запознаени со компаративната пракса и со најдобрите примери на службената употреба на малцинските јазици и писма. Посебно внимание беше посветено на нивното запознавање со правата и должностите од Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства, како и должностите на државните органи кои ги имаат кон припадниците на националните малцинства и афирмативните мерки кои може да се бараат од државните органи.

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, преку организирање или учество на состаноци, тркалезни маси, трибини на ниво на локалната самоуправа, покраински или републички институции, учество во медиуми, како печатени така и електронски, учествува во подигнувањето на јавната свест, на припадниците на националните малцинства и функционерите и вработените во органите на јавната власт на сите нивоа за постоењето на националните малцинства во земјата, нивните права како и правата на афирмативни мерки каде што се неопходни.

АКТИВНОСТ: 2.3. Борба против говорот на омраза во медиумите и на социјалните мрежи.

18

Page 19:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- врска со мерката 3.2.3. од Акциониот план за антидискриминацијаРОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Регулаторно тело за електронски медиуми Здружение на новинари Совет за печат

ИЗВЕШТАЈ:Според извештајот на Регулаторното тело, тоа во својата работа ја контролира работата на давателите на медиумските услуги и се грижи за доследната примена на одредбите од законите и подзаконските акти во смисол на почитување на човековите права и забрана на говорот на омраза во нивната програмска содржина.

АКТИВНОСТ: 2.4. Покренување на постапки за заштита од говорот на омразата.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Национални совети на националните малцинстваИЗВЕШТАЈ:Сојузот на еврејските општини покрена процедура во три случаи: по повод статијата во гласилото на потомците и симпатизерите на борците од Балканските и од Првата светска војна, плакати и најави за предавања на самопрогласениот епископ Акакиј на неканонската Српска Вистинска Православна Црква, и по повод најавениот, а непријавен собир на неонацисти (Давидовиќ).

Останатите национални совети кои ги доставиле своите прилози за активностите во I и II квартал на 2016. година, наведоа неколку примери за говор на омраза, но не покренаа постапки.

АКТИВНОСТ: 2.5. Спроведување на обуки насочени кон подигнувањето на свеста на сите релевантни актери на кривичноправниот систем за значењето на процесуирањето на злосторства од омраза.- врска со АП ПГ 23 активност 3.10.1.3.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за внатрешни работи Републичко јавно обвинителство Правосудна академија Национални совети на националните малцинства

19

Page 20:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

ИЗВЕШТАЈ:Развојот на полициското работење во заедницата се заснова на унапредување на превентивната работа на полицијата, полициската организација и управувањето на системот на вредности во полицијата и вреднувањето на полициската работа и афирмирање на улогата на заедницата во подигнувањето на нивото на безбедност. Полицијата во заедницата подразбира подигнување на нивото на свеста, професионалната култура и работата на полицијата преку проактивно делување и искажување на интересирањата за безбедност на заедниците и почитувањето на ставовите на граѓаните за безбедноста.

Во периодот од април до ноември 2015. година се реализираше проектот Развој на полицијата во заедницата во општините Земун, Врбас и Пријепоље, а во рамките на континуираната реализација на проектот во 2016. година преку повеќе самостојни и партнерски активности на полицијата кои се насочени на развојот на превенција од криминалот, зајакнување на партнерствата со локалните субјекти, меѓу другото и во мултиетничката средина. Проектот е посветен на зајакнување на делувањето на полицијата во заедницата во наведените општини, преку повеќе самостојни и партнерски активности на полицијата насочени на развојот на превенција од криминал, зајакнување на партнерствата со локалните субјекти, првенствено со основање и зацврстување на работата на Советот за безбедност и унапредување на комуникацијата со граѓаните и жртвите на криминал.

На 17. март 2016. година, се одржа шестиот интерресорен состанок на претставниците на надлежните државни органи и организациите на граѓанското општество со цел воспоставување на механизмите на борбата против злосторства поради омраза во Србија. На состанокот присуствуваа претставниците на државните органи: МВР, Републичкото јавно обвинителство, Центарот за основна полициска обука, Правосудната академија, Повереникот за заштита на рамноправноста, како и претставниците на организациите на граѓанското општество кои во досегашната работа имале значителна улога во борбата против криминалот од омраза: Геј стрејт алијанса, ЈУКОМ, Лабрис, Праксис, како и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Србија.

На 19. април 2016.година, во Вишиот суд во Ниш се одржа семинарот на тема Злосторство од омраза, во организација на Правосудната академија, Канцеларијата за човекови и малцински права и Мисијата на ОБСЕ во Србија. На семинарот учествуваа пет полициски службеници од Полициската управа во Ниш. Основната цел на оваа обука беше владеење со одредени знаења во врска со запознавањето со поимот и елементите на злосторството од омраза, релевантните меѓународно-правни одредби и праксата на Европскиот суд и ОН Комитетот, правната рамка, судската кривично-правна заштита и кривичното гонење во Република Србија. Во рамките на твининг проектот Поддршка за унапредување на човековите права и нулта толеранција за дискриминација, кого го финансира Европската унија под програмата ИПА 2013, а ја спроведува Канцеларијата за човекови и малцински права во соработка со Повереникот за заштита на рамноправноста, Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од

20

Page 21:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Австрија и словенечката Канцеларија за национални малцинства, се изработи тренинг програма за претставниците на полициските управи на тема Меѓукултурна комуникација и борба против дискриминацијата. Обуката е креирана во согласност со искажаните потреби на МВР и планираната активност на проектот. Дводневната обука се реализираше во мај 2016. година, за 30 полициски службеници од вишите и средните раководни позиции во МВР. Со обуката се поддржува полицијата во својата секојдневна работа во идентификацијата на случаите на дискриминација и начинот за професионално решавање на истите и придонесува кон подобро разбирање во комуникацијата како клуч на недискриминаторната работа на полицијата.

Кон крајот на 2015. година, во соработка со Правосудната академија и Канцеларијата за човекови и малцински права, со поддршка на Одделението за демократизација на Мисијата на ОБСЕ во Србија, започна пилот-програма Злосторства од омраза – обука за претставниците на правосудството, кој е дел од континуираната обука на судиите и јавните обвинители, како и обвинителски помошници. Обуката за законодавството од областа злосторство од омраза се одржа во периодот од 2015 -2016. година, со учество на заменикот на Републичкиот јавен обвинител како предавач, и вклучуваше осум еднодневни семинари. Основната цел на обуката беше владеење со посебните знаења во врска со запознавањето со поимот злосторство од омраза, кој вклучува, меѓу другото, дефинирање на овој концепт, запознавање со специфичностите на концептот злосторство од омраза, релевантните меѓународноправни одредби, како и со праксата на Европскиот суд за човекови права и ОН комитетот. Во ноември 2015. година, се одржаа семинари во Суботица и Нови Сад, а во април 2016. година, се одржаа семинари во Ниш, Нови Пазар и Крагујевац, додека завршниот семинар се одржа на 12. мај 2016. година во Белград.

Во Мисијата на ОБСЕ на 17. фeвруари и 17. март 2016. гoдина се oдржaа мeѓурeсoрни состaноци нa тeма трeнинзи за злосторствата од омраза.

Во oргaнизaциjа на Правосудната академија и Мисијата на ОБСЕ во Србија во текот на 2016. гoдина се oдржaа четири сeминaри Злосторства од омраза – семинар за претставниците на правосудството за судиите и судиските помошници на кривичните одделенија при основните и вишите судови, и обвинителите и обвинителните помошници при основните и вишите судови, но и за прeтставниците на MВР.

Сeминaрите се oдржaа на: 19. април во Ниш во Правосудната академија, 25. април во Нови Пaзaр во кaнцeлaриjата на ОБСЕ, 26. април во Крaгуjeвац, во AJT Крaгуjeвaц и 12. мај во Бeлгрaд, во Пaлaта Србиja.

Членовите на националните совети редовно учествуваат, даваат поддршка и активно придонесуваат кон сите активности кои се организираат.

21

Page 22:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 2.6. Зајакнување на свеста на граѓаните за причините и последиците од злосторствата од омраза и нулта толеранција кон таквите дела.- врска со АП ПГ 23 активност 3.10.1.4.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Канцеларија за човекови и малцински права Министерство надлежно внатрешните работи Републичко јавно обвинителство Јавен медиумски сервис Национални совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Канцеларијата за човекови и малцински права на Владата на Република Србија организираше два координациони состаноци (18-19. јуни и 26-27. октомври 2015. година) со претставниците на надлежните државни органи и организациите од граѓанското општество со цел воспоставување на механизмите на борба против злосторствата од омраза во Република Србија. На состаноците присуствуваа претставници од Министерството за внатрешни работи, Републичкото јавно обвинителство, Правосудната академија, Повереникот за заштита на рамноправноста, Центарот за основна полициска обука, Комитетот за правници за човекови права, Геј стрејт алијансата, Лабрис и Праксис. На учесниците на состанокот им беше поделен прирачник Собирање на податоци за злосторствата од омраза и механизмите на мониторинг - практичен водич.

Покрај тоа, КЧМП организираше координационен состанок (17. март 2016. година) со претставниците на надлежните државни органи и организациите од граѓанското општество со цел воспоставување на механизмите на борба против злосторствата од омраза во Република Србија.

Исто така, КЧМП во соработка со Правосудната академија и Мисијата на ОБСЕ во Србија организираше шест обуки за судии, јавни обвинители, заменици на јавни обвинители, помошници на судии и на јавни обвинители, на темата Злосторства од омраза - обука за претставниците на правосудството. Обуките се одржаа во Суботица 9. новември 2015, во Нови Сад 10. новември 2015, во Ниш 19. април 2016, во Нови Пазар 25. април 2016, во Крагујевац 26. април 2016 и во Белград 12. мај 2016. година.

Во август 2015. година, Владата на Република Србија го усвои Акциониот план за примена на Стратегијата на полицијата во заедницата за 2015. и 2016. година, со што се одредени конкретни активности и дадени се насоки за продолжение на развојот на полицијата во Република Србија.

Полицијата на Република Србија ги запознава и почитува различностите и обезбедува остварување на правата и слободите на припадниците на малцинските групи во

22

Page 23:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

согласност со домашните и меѓународните правни норми. Препораките на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) за работата на полицијата во мултиетничкото општество, кои се однесуваат на главните принципи на работа на полицијата во мултиетничките средини, регрутација и претставување, обука и професионален развој на полицијата, соработка со етничките заедници, оперативната пракса и превенцијата и управувањето со конфликтите ги претставува правците за работата на полицијата со малцинските заедници.

Полицијата својата работа и делувањето ги прилагдува на остварувањето на безбедносните цели и на задоволувањето на безбедносните потреби на граѓаните и во својата работа покрај постоечките методологии на анализирање на состојбата на безбедноста во голема мерка ќе ги користи и истражувањата и ставовите на граѓаните и заедницата за состојбата на безбедноста, чувството на сигурност и работата на полицијата. Канцеларија за човекови и малцински права во 2015. година образуваше Совет за следење на примените на препоруките на ОН за човековите права, чија задача е редовно да ги следи и согледува активностите на државните органи на Република Србија на исполнувањето на препораките од вториот и третиот Универзален периодичен преглед на ОН за состојбата на човековите права.

Полициските службеници активно остваруваа соработка со претставниците на Ромската заедница, преку учество на тркалезни маси и трибините на ромските невладини организации (Лига на Роми, YUРОМ центар, Ромска иницијатива и др). Поради развојот на комуникацијата на полицијата со претставниците на ромските заедници се одржуваат тркалезни маси и состаноци, каде во дијалог се разгледуваат прашањата од значење за позицијата и безбедносната заштита на ромските групи и заедници.

Во локалните средини во кои се присутни бројни ромски заедници, во состав на локалните безбедносни тела вклучени се претставниците на Ромите, кои даваат свој придонес во развојот на локалните безбедносни иницијативи за превенција од деликти, и унапредување на позицијата на ромските заедници.

Полициските службеници во Република Србија секојдневно вршат непосредни посети, остваруваат контакти со претставниците на Ромите и преземаат активности за нивната безбедносна заштита. Во врска со безбедоносната заштита на Ромите како и посебно загрозените категории, како што се децата и жените, кои се често жртви на разни форми на насилство и трговија со луѓе, во соработка со граѓанското општество и со другите државни органи, се организираат превентивни и медиумски кампањи поради едукација на населението и развој на ставовите на јавноста кон овие чувствивтелни прашања. Целите на кампањите се и намалување на темните бројки – непријавени случки и поттикнување на пријавување на случаите на насилство како би се намалила толеранцијата на насилство. На пример, во повеќе градови во Република Србија (Белград, Нови Сад, Ниш, Крагујевац и др), во соработка со ромските и другите

23

Page 24:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

здруженија на граѓани и центри за социјална работа се одржуваат трибини и предавања за жените од ромските заедници на тема Насилство во семејството и трговија со луѓе.

Јавниот медиумски сервис на Војводина конципиран како институција која служи за подобрување на толеранцијата. Покрај информирањето на граѓаните за причините и последиците од злосторствата поради омраза и нултата толеранција кон таквите дела, на Првата програма на радиото (програма на српски јазик) постои посебна емисија, под називот Европски интеграции (се емитува еднаш неделно, во траење од 25 минути), која тематски се занимава со остварување на правата на малцинските заедници во смисол на приближување на Србија кон Европската унија. На телевизијата овие теми се обработуваат и во дневно-информативните програми, во зависност од актуелните случувања.

Националните совети на националните малцинства со својата работа, активното учество и организацијата континуирано придонесуваат кон подигање на свеста на граѓаните и важноста за заедничкиот соживот, за причините и последиците од злосторствата поради омраза и нулта толеранција кон таквите дела.

АКТИВНОСТ: 2.7. Спроведување на ефикасна истрага, адекватно квалификување и ефикасно кривично гонење на сторителите на дела со обележја на национална омраза и нетрпеливост и расна, верска и друга дискриминација, вклучувајќи и дела сторени преку интернет, на социјалните мрежи и јавни настапи.Унапредување на истрагите и кривичното гонење на сторителите на дела со обележја на национална омраза и нетрпеливост и расна, верска и друга дискриминација, вклучувајќи и дела сторени преку интернет, на социјалните мрежи и јавни настапи преку зголемување на ефикасноста на постапувањето, водењето на посебна евиденција и спроведување на обуки.- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.15.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Републичко јавно обвинителство Министерство надлежно за внатрешните работи Врховен касационен суд

ИЗВЕШТАЈ:Во согласност со своите уставни и законски овластувања, јавните обвинителства спроведуваат истрага и кривично гонење на сторителите на сите кривични и други дела кои се казнуваат, меѓу кои е и предизвикување на национална, расна и верска омраза и нетрпеливост од чл. 317. од Кривичниот законик (КЗ).

24

Page 25:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Покрај тоа, со Програмата и планот на работата на Републичкото јавно обвинителство предвидено е ова обвинителство да го следи постапувањетто на јавните обвинителства во предметите од пошироко општествено значење или за кои е заинтересирана јавноста, меѓу кои се и предметите по повод повреда на човековите права и сите форми на дискриминација. Со цел спроведување на надзор над постапувањето по овие предмети, Републичкиот јавен обвинител издаде Упатство за водење на посебни евиденции за кривични дела сторени од омраза, во смисол на членот 54а од Кривичниот законик. Во согласност со ова Упатство, апелационите јавни обвинителства должни се на Републичкото јавно обвинителство да му доставуваат збирни тримесечни извештаи од наведените области за јавните обвинителства од своите подрачја.

Кривичните дела кои содржат елементи на дискриминација, поттикнување на насилство и говор на омраза, вклучуваат кривично дело предизвикување на национална, расна и верска омраза и нетрпеливост од чл. 317. КЗ, потоа кривичното дело расна и друга дискриминација од чл. 387. од КЗ, но и други кривични дела доколку се сторени поради омраза, во согласносдт со чл. 54а од КЗ. Во согласност со тоа, јавните обвинителства продолжија со спроведување на истраги и кривични гонења на кривични дела во врска со меѓунационалните инциденти.

Во таа смисла, во периодот од 1. јануари до 1. јуни 2016. година, јавните обвинителства од подрачјето на Апелационото јавно обвинителство во Нови Сад постапија во пет предмети за чл. 317. од КЗ. Во еден предмет преземени се доказни дејствија, во еден предмет во тек се проверките на наводите за кривични пријави, во еден предмет во тек е примена на начелото на опортунитет, а во два предмети е отфрлена кривичната пријава. Јавните обвинителства од подрачјето на Апелационото јавно обвинителство во Белград во наведениот период работеле на девет кривични пријави за чл. 317. од КЗ и две кривични пријави за чл. 387. од КЗ. Во наведениот период донесена е и една осудувачка пресуда за чл. 317. од КЗ и едно решение за отфрлање на кривична пријава, додека за чл. 387. од КЗ беа донесени две решенија за отфрлање на кривична пријава. Во истиот период јавните обвинителства од подрачјето на Апелационото јавно обвинителство во Крагујевац работеа на седум кривични пријави, од кои пет за чл. 317. од КЗ, една за кривичното дело Повреда на угледот поради расна, верска, национална или друга припадност од чл. 174. од КЗ и една за кривичното дело Повреда на рамноправноста од чл. 128. од КЗ. Од тоа за чл. 317. од КЗ во два предмети беше поднесен обвинителен предлог, во еден предмет во тек е предистражна постапка, а во два предмети донесено е решение за отфрлање на кривична пријава. Oтфрлена е и кривичната пријава и за чл. 174. од КЗ, додека за чл. 128. од КЗ во тек се проверките за наводи за кривични пријави. Јавните обвинителства од подрачјето на Апелационото јавно обвинителство во Ниш во наведениот период постапија во два предмети. Во еден предмет кривичната пријава поднесена е за чл. 317. од КЗ, а во вториот за кривичното дело Загрозување на безбедност од чл. 138. од КЗ, сторено од омраза поради националната припадност според чл. 54а од КЗ. Во двете постапки во тек е спроведување на доказните дејствија.

25

Page 26:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

До 30. јуни 2016. пред 67 основни судови во Република Србија имало вкупно пет предмети во постапка според членот 128. од Кривичниот законик на Република Србија (со кои се инкриминира повреда на рамноправноста - кривично дело од главата ХIV од Кривичниот законик на Република Србија – Кривични дела против слободата и правата на човекот и граѓанинот). Од тоа, три предмети се пресудени до 30. јуни 2016, додека два предмета преостанале во тек до крајот на II квартал на 2016. година.

Помеѓу 67 основни судови, два суда се искажаа во извештаите на предметите во постапка во врска со известувачката материја, и тоа:

Прв основен суд во БелградБрој на предмети во постапка: 3Број на решени предмети: 1Број на преостанати предмети во постапка на ден 30. јуни 2016: 2

Основен суд во ПараќинБрој на предмети во постапка: 2Број на решени предмети: 2Број на преостанати предмети во постапка: /

Во преостанатите 65 основни судови немало постапаки во врска со извештајот за опфатената категорија (чл. 128, чл. 129, чл. 130, чл. 131. од КЗ на Република Србија) во I и II квартал на 2016. година.

III ОБЛАСТ НА КУЛТУРАТА И МЕДИУМИТЕ

АКТИВНОСТ: 3.1. Обезбедување на примена на чл. 6. и 9. од Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и членот 11. од Европската повелба за регионални или малцински јазици преку идентификување на адекватен модел помеѓу различните модалитети, како:- унапредување на проектното кофинансирање посебно во врска со улогата на националните совети на националните малцинства.- програмско финансирање на медиумите чии основачи/издавачи се националните совети на националните малцинства- изземање на медиумите кои се во сопственост на националните совети на националните малцинства од процесот на приватизација.

26

Page 27:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- зголемување на количеството на содржини на јазиците на националните малцинства на јавните радио телевизиским сервиси (РТС/РТВ) преку прогласувавање на емитовањето на таквата содржина за испонување на јавен интерес.- поврзување на приватизацијата на медиумите со условното лиценцирање од страна на РЕМ со обврска за емитување на одредено количество на програми на јазиците на националните малцинства. Истовремено да се анализира влијанието на ефектите од приватизацијата и дигитализацијата на медиумите кои емитуваат содржини на јазиците на националните малцинства, а во консултација со националните малцинства, со цел осигурување на финансиске одржливост на медиумите на јазиците на националните малцинства, преку инклузивен процес со претставниците на националните малцинства, како би се обезбедило зачувување на постоечкото ниво на оствареност на правото на информирање на јазиците на националните малцинства.РОК: I - II квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е готово во целост реализирана. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за информирање Министерство надлежно за државната управа Регулаторно тело за електронски медиуми Национални совети на националните малцинства Јавни медиумски сервиси

ИЗВЕШТАЈ:Во рамките на спроведувањето на Акциониот план за ПГ 23 изработени се агендата и поканите за TAIEX работилницита на тема Право на информирање на лицата кои им припаѓаат на малцинствата. Работилницата требаше да се одржи на 19. септември во Белград, но поради неможноста на Европската комисија да обезбеди експерти до таа дата се помести за 18. јануари 2017. година.

Владата на седницата на 3. март 2016. година, ја усвои Уредбата за распределба на средства од буџетскиот фонд за национални малцинства, со која се поблиску уредени критериумите, условите, начинот и постапката на распределба на средствата од овој фонд за програмите и проектите од областа на културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмата на националните малцинства. Оваа уредба ќе го унапреди проектното финансирање на медиумите чии основачи се националните совети на националните малцинства.

Во согласност со членот 142. од Законот за јавно информирање и медиуми, приватизацијата на медиумите се врши на начин со кој се обезбедува континуитет во производството на медиумските содржини од јавен интерес, во периодот од пет години од денот на склучување на договорот за продажба на капиталот.

27

Page 28:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Континуитетот во производството на медиумските содржини подразбира и обврска за одржување на уделот на програмското време на поедини јазици на националните малцинства, односно удел на информативните, образовните, научните, културно-уметничките, детските, забавните, спортските и другите програмски содржини од јавен интерес на поедини јазици на националните малцинства, во согласност со програмската шема која важела во периодот од дванаест месеци пред денот на влегување во сила на овој закон.

Агенцијата за приватизација (сега: Министерство за економија) и Регулаторот на 27. мај 2015. година, склучија Протокол за соработка, со кој страните потписнички искажаа намера со цел законско, ефикасно и успешно спроведување на постапката на приватизација, во согласност со Законот за приватизација и Законот за јавно информирање и медиуми, да овозможат приватизација на издавачите на медиумите на начин со кој се обезбедува заштита на медиумскиот плурализам и континуитет во производството на медиумските содржини од јавен интерес.

Со членот 2. став 1. од наведениот Протокол, Агенцијата за приватизација се обврза на Регулаторот да му ги достави договорите за продажба на капиталот на електронските медиуми во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот. Со ставот 2. од наведениот член на Протоколот, Регулаторот се обврза на Агенцијата за приватизација да и достави писмен документ за извршувањето на обврските на купувачот, односно обезбедување на континуитет во производството на медиумските содржини од јавен интерес за електронските медиуми, за период од 12 месеци од денот на склучувањето на договорот за продажба на капиталот, договорениот рок на траење на договорните обврски, односно секогаш кога ќе се утврди отстапување од обврските на континуитетот во производствот на медиумските содржини од јавен интерес кој бара и преземање на мерки кои се под надлежност на Агенцијата. Понатаму, со ставот 3. од овој член, Регулаторот се обврза на Агенцијата да и достави писмен документ од ставот 2. од овој член, во рок од 30 дена од истекот на релевантниот рок за кој се поднесува писмениот документ, додека со ставот 4. пропишано е дека Агенцијата одлучува за исполнувањето на континуитетот во производствот на медиумските содржини од јавен интерес за електронските медиуми исклучиво врз основа на писмениот документ на Регулаторот.

Согласно фактот дека првите договори за продажба на капиталот на давателите на медиумски услуги кои биле во постапка на приватизација биле склучени на 25. септември 2015. година, Регулаторното тело за електронски медиуми наведените активности во врска со преземените обврски од наведениот протокол ќе ги преземе во III и IV квартал на 2016. година.

Во текот на процесот на приватизација, преку методот на продажба на капитал и имот, приватизирани се и 13 медиуми, кои во согласност со дозволата за овозможување на медиумски услуги во своите програмски елаборати имаат и програма на јазиците на националните малцинства, и тоа се:

28

Page 29:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Ред. бр.

давател на медиумската услуга медиумска услугајазик на националните малцинства

1. РАДИО МЕДВЕЃА ДОО, Медвеѓа радио албански

2.РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА ЦАРИБРОД ДОО, Димитровград

радио и ТВ бугарски

3.КОПЕРНИКУС РАДИO-TEЛЕВИЗИJA ДОО, Шид – Радио Шид

радио русински, словачки

4.Информативен центар ДОО, Бачка Топола – Радио Регије

радиорусински, унгарски, словачки

5.РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА ИНЃИЈА ДОО, Инѓија

радиоромански, унгарски, украински, ромски, хрватски

6.РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА ПАНЧЕВО ДОО, Панчево

ТВ унгарски, ромски,

7. НОВОСАДСКА ТВ ДОО, Нови Сад ТВ унгарски, словачки

8.ИНФОРМАТИВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ Б Ц ИНФО ДОО, Бела Црква – Радио Бела Црква

радиочешки, романски, ромски

9.Претпријатие за информирање РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА СТАРА ПАЗОВА» ДОО, Стара Пазова

радио ромски, словачки

10.РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА ШАБАЦ ДОО, Шабац

ТВромски

11.РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА КРУШЕВАЦ ДОО, Крушевац

радио и ТВ ромски

12.Претпријатие за информирање РАДИО БАРАЈЕВО ДОО, Барајево

радио ромски

13.Јавно претпријатие ТЕЛЕВИЗИЈА ПОЖЕГА, Пожега

ТВ ромски

Исто така, важно е да се напомене дека постапката на приватизација преку методата пренос на капиталот без надомест на вработените не е завршена кај 12 субјекти на приватизација (даватели на медиумски услуги) кои се иматели на дозволи за давање на медиумски услуги издадени од страна на Регулаторот, како и дека некои од нив, помеѓу другото, емитуваат и програма на јазиците на националните малцинства.

Во I и II квартал на 2016. година приметен е значителен пораст на програмите на малцинските јазици на 2. програма на РТВ, каде се емитуваат малцинските содржини. Тој пораст може да се илустрира со паралелни податоци од периодот јануари-јули 2015. и 2016.

Јазик 2015. 2016.Буњевачки 2.613 3.568Хрватски 9.265 11.390

29

Page 30:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Унгарски 45.630 65.803Романски 13.277 19.093Русински 18.238 20.768Словачки 16.870 20.773Украински 3.822 3.483Ромски 17.423 22.234Македонски 3.346 2.581Останати 42.028 44.789

Како што може да се види од табелата, со исклучок на украинската и македонската програма, каде што може да се воочи мало опаѓање во минутажата на емитуваната програма, на сите останати малцински јазици зголемувањето е значително, негде околу 40% (унгарска, романска и буњевачка програма).

Што се однесува до радиото, тука нема зголемување на минутажата на малцинските јазици затоа што комплетната 2. и 3. програма се исполнети со малцински содржини и нема слободно програмско време за проширување (48 часа малцинска радио-програма се емитува секојдневно).

Што се однесува до дигитализацијата на медиумите, преминот на дигитално емитување на програмите на РТВ – според показателите за гледаност на двата програма на РТВ – посебно првите месеци доведе до значително опаѓање на гледаноста. Тоа делумно може да се објасни со проширувањето на достапните (странски) канали на нашите традиционални конзументи, но делумно и со фактот дека југот и југоистокот на Банат не се во доволна мерка покриени со дигиталниот сигнал од Чот.

Решение за зголемување на гледаноста на сите, а во прв ред на малцинските програми, е на РТВ да му се обезбеди место на првиот или на вториот мултиплекс на Авала како би можело малцинските програми кои се произведуваат во овој медиум да им бидат достапни на поголем број на припадници на малцинските заедници кои живеат не само во Војводина туку и во Белград или во други делови на Република Србија.

Кога се работи за унапредувањето на проектното кофинансирање, претставникот на Националниот совет на хрватското национално малцинство (НСХНМ) присуствува на седницата на Комисијата за изработка на предлози за распределба на средствата во областа на културата по распишаниот конкурс на Министерството за култура и информирање, меѓутоа тоа не е случај кога се работи за конкурсот во областа на информирањето. Според извештајот на самиот совет, иако одлуките на Националниот совет на хрватското национално малцинство за предлогот за распределба на средствата се уважени во поголема мерка, целото прашање не е регулирано институционално, туку зависи од моменталното расположение на надлежните органи. Советот известува дека и понатаму е приметна колизија на Законот за Национални совети на националните малцинства (кој предвидува советите да даваат предлог за распределба) и на Законот за

30

Page 31:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

јавно информирање и медиуми, кои предвидуваат дека советите даваат мислење во постапката на распределба; како и дека е тенденција учеството на претставниците на советот да се сведе на форма (стекнување на мислења и предлози), без реално влијание врз донесувањето на одлуки.

Според НСХНМ, Радио Сомбор, Радио Суботица и Радио Бач се неуспешно приватизирани. На Радио Сомбор кон крајот на 2015. престана со емитување емисијата на хрватски, но во приватна продукција продолжи на приватната Радио Фортуна. Радио Бач и Радио Суботица сè уште емитуваат програма на хрватски, но без надомест на оние кои ја создаваат емисијата.

Исто така НСХНМ наведува препораки за унапредување на проектното кофинансирање во повеќе аспекти:

- навремено распишување на конкурси како би можело порано да се донесат одлуки и да им се доделат средства на апликантите;

- да се регулира прашањето за улогата на националните совети во процесот на донесување на одлуки за распределба на средства (мислења/предлози).

Националниот совет на бугарското национално малцинство наведе дека на територија на Република Србија припадниците на бугарската национална заедица биле информирани на својот јазик, меѓутоа, со усвојувањето на Законот за информирање и медиуми РТВ Цариброд, како малцински медиум, е приватизирана, а новиот сопственик нема обврска да емитува програма и на бугарски јазик. РТВ Босилеград не влегла во процесот на приватизација затоа што работела во составот на Центарот за култура Босилеград, но, во согласност со законот, престанало емитувањето на програмата на мајчин јазик со денот на истек на дозволата. Печатениот медиум Братство престанал со работата пред неколку години поради финансиски проблеми. Националниот совет на бугарското национално малцинство во март оваа година ја основаше установата Ново братство, во чиј состав излегува од печат двонеделникот Ново братство, целосно на бугарски јазик и писмо.

Националниот совет на буњевачкото национално малцинство наведе дека програмското финансирање на медиумите чиј посреден основач е националниот совет не е регулирано, и медиумите на буњевачки јазик немаат финансиска поддршка од јавните извори, освен пишаните медиуми кои ги кофинансира Покраинскиот секретаријат за култура и информирање на АПВ. Како што наведува понатаму Советот, процесот на приватизација е завршен, но во медиумите каде што не е, постои целосен колапс во организациска и функционална смисла, и буњевачката заедница повеќе нема можност за продукцијата на радио во локалното опкружување во Суботица и Сомбор да добива сретства од јавните извори, како ни да емитува информативни емисии на буњевачки јазик. Фондот кој е предвиден во преодниот период до донесувањето на Законот за национални совети, кој треба да воспостави систем на финансирање на електронските медиуми и продукции на малцинските јазици, како што предвидува Законот за јавно

31

Page 32:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

информирање и медиуми, не е воспоставен во остварувањето на својата функција. На јавните радио-телевизиским сервиси, како што известува Советот, се воочува тренд во зголемувањето на содржината на малцинските јазици, но не е воспоставен процесот дека со емитувањето на таквите содржини се остварува јавен интерес во информирањето на јазиците на малцинствата, ниту пак процесот на кофинансирање на таквите содржини во соработка со медиумите на јазиците на малцинствата – во овој случај на буњевачкиот говор.

Националниот совет на чешкото национално малцинство истакна дека по приватизацијата на Радио Бела Црква, новиот сопственик ја реализира постоечката програмска шема, во која е застапен чешкиот јазик во иста мерка како и пред приватизацијата. Исто така, дека се реализираат и проектите одобрени од страна на Министерството за култура и информирање.

Националниот совет на унгарското национално малцинство учествуваше во подготовката на извештаите за Народниот правобранител за состојбата на информирањето на националните малцинства на нивниот јазик по приватизацијата на медиумите, со предлог мерки за понатамошно унапредување. Советот, покрај тоа, давал бескаматен заем за премостување на привремената неспособност за плаќање на медиумите кои се основани од страна на Националниот совет на унгарското национално малцинство со рок за враќање од неколку месеци. За жал, во некои случаи ова не е доволно, па така Телевизија Мозаик, од Нови Сад, основана од страна на Националниот совет на унгарското национално малцинство и која ја емитувала својата програма од 2004. година од 1. август 2016. година, престана со емитување на програмата и ја чека стечај токму поради недостаток на финансирање од буџетските сретства на градот, кои до укинувањето овозможуваа оваа медиумска куќа да ги информира припадниците на унгарското национално малцинство. Советот зема и активно учество во работата на Меѓувладината мешовита комисија на Унгарија и Србија, каде се усвоени следниве заклучоци: „ММК предлага српската Страна да обезбеди можност за емитување и прием на емисија на унгарски јазик на Радио-телевизија Војводина на целата територија на АП Војводина, во согласност со законот, да се осигура дека Јавниот медиумски сервис ја извршува својата законска обврска за остварување на јавниот интерес, а тоа е зголемување на количеството на содржина на јазиците на националните малцинства, а со цел остварување на правото на целосно и непристрасно информирање на јазикот на националното малцинство“, како и „Странките заклучуваат дека е намален буџетот на АП Војводина, поради што е намалена и финасиската поддршка на најважните институции на унгарското национално малцинство во Србија. ММК и предлага на српската Страна да им ја зголеми поддршката од буџетот на овие институции“. Вториот заклучок е усвоен по предлог на Националниот совет на унгарското национално малцинство. Со намалувањето на Покраинскиот буџет, за жал, намалена е буџетската поддршка и на малцинските медиуми, и тоа поддршката на дневниот лист Маѓар Со и неделникот Хет Нап за по 10% во однос на 2015. година. Советот, исто така, со давање на мислења и предлози во постапката за доделување на конкурсни средства за проекти

32

Page 33:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

во информирањето на националните малцинства на републичко, покраинско и локално ниво, даде свој придонес. Претседателот на Националниот совет на унгарското национално малцинство се состана со раководството на РТВ, за подобрување на континуитетот на емитување на Втората програма на Радио Нови Сад на потиското подрачје и за зголемување на количеството и квалитетот на унгарските емисии на програмите на покраинскиот Јавен сервис.

По усвојувањето на Европската повелба за регионални или малцински јазици од страна на Република Србија, македонскиот јазик не беше наведен во делот III, како признат јазик врз основа на Повелбата, туку во делот II, како останатите јазици. Од тогаш Националниот совет на македонското национално малцинство работи на исполнување на условите кои им се презентирани во повеќе прилики, како од страна на државните органи така и од страна на европските институции. Пред се, воведен е предметот македонски јазик со елементи на национална култура во основните училишта, според законот, се работи на имплементација на истиот преку воведување на македонскиот јазик во службена употреба во неколку места во Србија, па до информирање на македонски јазик и писмо. Од досегашните спроведени активности се очекува и македонскиот јазик да се вброи во групата на регионални или малцински јазици во рамките на Европската повелба за регионални или малцински јазици.

Во поглед на програмското финансирање на медиумите чии основачи/издавачи се националните совети на националните малцинства, Националниот совет на македонското национално малцинство ја поддржува работата на Македонскиот информативен и издавачки центар, како единствен медиум чиј основач е Националниот совет на македонското национално малцинство, а кој се финансира од страна на Секретаријатот за информирање на АП Војводина. Со преминот на проектното буџетирање, Националниот совет на оваа издавачка установа ќе и помага на начин кој е во согласност со програмското буџетирање.

Во поглед на зголемувањето на количество на содржина на јазиците на националните малцинства на јавните радио-телевизиски сервиси (РТС/РТВ) преку емитување на таква содржина со исполнување на јавниот интерес, моменталната состојба не е задоволителна, кога се работи за македонското национално малцинство, затоа што ретко се емитуваат прилози на РТС во емисијата Граѓанин, а на РТВ постои само една емисија на македонски јазик во траење од половина час еднаш неделно. Се работи за емисијата Македонско сонце.

Во поглед на анализите на влијанието на ефектите на приватизација и дигитализација на медиумите кои емитуваат содржини на јазиците на националните малцинства, а во консултација со националните малцинства, со цел обезбедување на финансиска одржливост на медиумите на јазиците на националните малцинства, преку инклузивен процес со претставниците на националните малцинства, како би се обезбедило зачувување на постоечкото ниво на оствареност на права на информирање на јазиците на националните малцинства – може да се воочи дека ефектите од приватизацијата на

33

Page 34:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

медиумите кои емитуваат содржини на јазиците на националните малцинства се негативни кога се работи за програмската одржина на македонски јазик. Пред приватизацијата македонското национално малцинство во Србија на РТВ имала емисии Македонско сонце на РТВ Војводина, Банатаско сонце на РТВ Панчево, Инфомак на РТВ Врање, Македонијо, добар ден на РТВ Лесковац, Хроника националних мањина (Хроника на националните малцинства) на РТВ Чачак, реемитување на емисијата Македонско сонце на РТВ Ниш, а како последица на ефектите од приватизацијата денес останала само емисијата Македонско сонце на РТВ Војводина.

Во Србија нема медиуми на германски јазик. Во поглед на медиумските содржини, ситуацијата е слична. Во овие околности, активностите на Националниот совет на германското национално малцинство биле насочени кон креирањето на минимални медиумски содржини на германски јазик. Првите значителни чекори направени се во соработка со покраинскиот јавен медиумски сервис (РТВ). Во април 2016. година со генералниот директор на РТВ, беше потпишан договор за соработка со Националниот совет на германското национално малцинство, да започне емитување на радио програма на германски јазик. Исто така, се водеше службен разговор на оваа тема со директорот на радиото на РТВ. Се идентификуваа двајца млади потенцијални новинари кои го познаваат германскиот јазик, кои со помош на Националниот совет, ова лето беа пратени во Германија на стручно усовршување. Почетокот на емитувањето на неделната радио-програма на РТВ се очекува во октомври 2016.

Извршниот одбор на Националниот совет на германското национално малцинство учествуваше во повеќедневната обука на Фондот Европски прашања на тема Европска унија, пристапни и претпристапни фондови и подготовка на проектни предлози во согласност со стандардите на ЕУ. Исто така во план е основање на културна фондација на националниот совет, која програмски би го покрила најголемиот дел од наброените активности.

Националните совети на русинското и украинското национално малцинство наведоа дека со Законот за национални совети на националните малцинства (Сл. весник на РС, бр. 72/2009, 20/2014 - одлука на УС и 55/2014) е предвидено националниот совет да дава предлог за распределба на средствата кои се доделуваат преку јавниот конкурс од буџетот на Република Србија, Автономна Покраина или единица на локалната самоуправа за информирање на јазикот на националното малцинство, додека со Правилникот за кофинансирање на проекти за остварување на јавниот интерес во областа на јавното информирање (донесен на 13. ноември 2014. од страна на министерот за култура и информирање) предвидено е националниот совет да дава мислење за пријавени проекти на конкурсот поради подигање на квалитетот на информирањето на припадниците на националните малцинства – што укажува на несообразност на прописите. Советите констатираа дека со Правилникот се намалени правата на националните совети во однос на правата на регулирани со наведениот Закон, додека органите кои ги спроведуваат конкурсите се повикуваат на Правилникот.

34

Page 35:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Проектите кои се однесуваат на информирање на русински јазик во врска со конкурсите за проектно кофинансирање кои ги распишуваат Министерството за култура и информирање и Покраинскиот секретаријат за култура и јавно информисање, му се доставуваат на Националниот совет на Русините на мислење. Информирањето на русински јазик се реализира во: Нови Сад, Кула, Бачка Топола и Шид. Општина Кула распиша два конкурса за областа информирање и во двата случаи побара мислење од Националниот совет на Русините. Општините Бачка Топола и Шид распишуваа конкурси, но одлуките за конкурсите беа донесени без мислење на националниот совет. Според сознанијата на Советот, градот Нови Сад годинава не распиша конкурс за информирање и од нив не се бараше да достават мислење.

Националниот совет на Русините не основаше ниту еден медиум. Пренесувањето на основачките права беше направено само еднаш, 2004. година, кога Автономна Покраина Војводина ги пренесе на Националниот совет на Русините основачките права над Новинско-издавачката установа Руске слово. Финансирањето остана во надлежност на Покраината. Како медиум кој се финансира од јавните приходи, установата нема право на учество на конкурси кои ги распишуваат органите на управата.

Количеството на содржини на русински јазик кои се емитуваат на Јавниот сервис Војводина повеќе или помалку останаа во ист обем како и до сега (192 часа радио програма и 43 часа телевизиска програма на месечно ниво), наведе Советот. На РТС нема програма на русински јазик, но повеќето припадници на русинската заедница (околу 98%) живеат на подрачјето на Војводина.

Приватизираните локални медиуми имаат обврска за емитување на програми на јазиците на националните малцинства во ист обем како и пред приватизацијата. Националниот совет утврди дека обемот на програмата на русински јазик на локалните медиуми останал ист. За сега не се анализирани содржината и квалитетот на програмите, како ни последиците од проектното финансирање на одрживоста на медиумите.

Локалниот медиум кој бил во сопственост на општина Врбас, а емитувал радио и ТВ програма и на русински јазик (радио-програмата била емитувана на регионалната фреквенција), бил изгаснат пред да се пристапи кон процесот на приватизација.

По приватизацијата на медиумите, словенечкиот јазик бил застапен како и пред приватизацијата. Во 2015. година биле реализирани проектите финансирани од страна на Националниот совет на словенечкото национално малцинство (регионална телевизија).

Проектите кои се однесуваат на информирање на украински јазик во врска со конкурсите за проектно кофинансирање кои ги распишуваат Министерството за култура и информирање и Покраинскиот секретаријат за култура и јавно информирање – му се доставуваат на Националниот совет на украинското национално малцинство на мислење.

35

Page 36:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Информирањето и на украински јазик се реализира во Нови Сад, Кула и Инѓија. Општина Кула распиша два конкурса за областа информирање и во двата случаи побара мислење од Националниот совет на украинското национално малцинство. Меѓутоа, Советот нема информација дали и годинава Нови Сад и Инѓија распишаа конкурс за информирање, бидејќи не им било побарано мислење.

Националниот совет на украинското национално малцинство заедно со Владата на АП Војводина, 2004. година ја основаше Новинско-издавачката установа Ридне слово. Финансирањето е во надлежност на Покраината. Како медиум кој се финансира од јавните приходи, нема право на учество на конкурсите кои ги распишуваат органите на управата.

Приватизираните локални медиуми имаат обврска за емитување на програма на јазикот на националното малцинство во ист обем како и пред приватизацијата. Националниот совет утврди дека обемот на програмата на украински јазик на локалните медиуми останал ист. За сега не се анализирани содржината и квалитетот на програмите, како ни последиците од проектното финансирање на одрживоста на медиумите.

Локалниот медиум кој бил во сопственост на општина Врбас, а емитувал радио и ТВ програма и на украински јазик (радио-програмата била емитувана на регионалната фреквенција), бил изгаснат пред да се пристапи кон процесот на приватизација.

АКТИВНОСТ: 3.2. Обезбедување на одржливост на медиумите вклучувајќи и продукција на медиумските содржини, чии основачи се посредно националните совети на националните малцинства во преодниот период до почетокот на примена на новиот Закон за национални совети на националните малцинства.РОК: Од I квартал на 2016. година до почетокот на примена на новиот Закон за национални совети на националните малцинстваСТАТУС: Aктивнoста e дeлумно рeaлизиранaНОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

ВладаИЗВЕШТАЈ:Министерството за државна управа и локална самоуправа одржа неколку состаноци со Националниот совет на бугарското национално малцинство со цел да се најде решение за можноста за издавање на весникот на бугарски јазик „Братство“ што резултираше со продолжение на печатењето на споменатиот печатен медиум како и со продолжение на емитувањето на програмата на радио Босилеград на бугарски јазик.

Во согласност со средствата кои се водат на позицијата на Буџетскиот фонд за национални малцинства 1.800.000,00 динари Министерството за државна управа и локална самоуправа планира споменатите средства да ги распредели во согласност со законските рамки.

36

Page 37:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 3.4 Да се обезбеди доволно и стабилно финансирање со кое се гарантира одржливост на медиумите на јазиците на националните малцинства преку:- унапредување на подзаконската регулатива во врска со проектното кофинансирање посебно во врска со улогата на националните совети на националните малцинства, на кои им се обезбедува стабилно и континуирано финансирање на производството на медиумските содржини кои се од важност за припадниците на националните малцинства, - програмско финансирање на медиумските содржини чии основачи/издавачи се националните совети на националните малцинства- продолжение на буџетската поддршка за медиумите во сопственост на националните совети на националните малцинства;- изземање на медиумите во сопственост на националните совети од приватизација во согласност со Законот за јавно информирање и медиуми;- распишување на конкурс за кофинансирање на медиумските содржини на јазиците на националните малцинства со целосно почитување на мислењето на националните совети за начинот на распределба на средствата;- обезбедување на кофинансирање на медиумите на јазиците на националните малцинства;- обезбедување на учество на советот на националните малцинства во работата на советот на регулаторното тело за електронските медиуми која се заснова на јасни критериуми за избор.- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.4.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за информирање Канцеларија за човекови и малцински права Министерство надлежно за работите на државната управа Покраински сектретаријат надлежен за информирање Единици на локалната самоуправа Регулаторно тело за електронски медиуми

ИЗВЕШТАЈ:Министерството за култура и информирање донесе нов подзаконски акт, Правилник за кофинансирање на проектот за остварување на јавниот интерес во областа на јавното информирање (Сл. весник на РС, број 16/16). поаѓајќи од барањата од Акциониот план да се унапреди подзаконската регулатива во врска со улогата на националните совети на националните малцинства при распределбата на буџетските средства за производство на медиумски содржини, Министерството ја прецизираше, преку Правилникот, улогата на националните совети на националните малцинства при одлучувањето на членовите на стручната комисија за распределба на средствата на

37

Page 38:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

конкурсите кои се распишуваат за кофинансирање на медиумските содржини на јазиците на националните малцинства.

Процесот на приватизација на медиумите е завршен и ниту еден медиум чиј основач е националниот совет на националните малцинства не е приватизиран.

Конкурсот за кофинансирање на проекти од областа на јавното информирање на јазиците на националните малцинства во 2016. година беше распишан од 1. до 31. март 2016. година. За него беа определени средства во износ од 40.000.000,00 динари. Се пријавија вкупно 162 проекти. Беа одобрени средства за 86 проекти. Од тоа, 71 проект на 16 јазици на националните малцинства и 15 повеќејазични проекти.

Во согласност со Законот за јавно информирање и медиуми, од националните совети беше побарано мислење за пристигнатите проекти. Рокот за давање на мислења беше шест дена, со тоа што сите национални совети преку електронски пат беа однапред известени дека ќе им бидат доставени проекти на разгледување. Мислењата на повеќето национални совети пристигнаа во бараниот рок и беа доставени кон проектите на членовите на стручната комисија. Националните совети на албанското и влашкото национално малцинство не доставија мислење.

Следи табеларен приказ на податоците за бројот на пријавени и поддржани проекти по јазиците на националните малцинства.

Јазик Пријавени проекти

Проекти поддржани од нснм

Проекти поддржани од комисијaта МКИ

Проекти поддржани од нснм и МКИ

Вкупен износ на доделени средства

албански 3 - 3 - 1.200.000,00босански 7 6 5 5 2.400.000,00бугарски 7 4* 4 5 2.310.000,00буњевачки 2 2 2 2 800.000,00влашки 12 - 5 - 2.310.000,00унгарски 23 10 14 6 6.281.600,00македонски 3** 1 1 1 450.000,00германски 1 1 1 1 400.000,00ромски 50 17 19 11 10.020.000,00романски 6 6 4 4 1.800.000,00русински 3 2 2 1 830.000,00словачки 8 6 4 3 1.700.000,00украински 2 2 1 1 400.000,00хрватски 5 3 4 3 1.900.000,00црногорски 1 1 1 1 400.000,00чешки 1 1 1 1 508.320,00Вкупно: 134 62 71 45 33.099.920,00*Националниот совет на бугарското национално малцинство однапред се согласи со стручната оценка на Комисијата на МКИ **Два проекти беа накнадно отфрлени поради неисполнување на законските услови за учество на конкурсот

38

Page 39:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Од 62 проекти кои беа поддржани од страна на националните совети, стручната комисија на МКИ поддржа 45 проекти, што е 73% од вкупниот број на проекти предложени од страна на националните совети. Значи, мислењата на националните совети во голема мерка се уважени, освен за оние проекти кои, според оценката на стручната комисија, не ги исполниле критериумите на конкурсот (кои не се квалитетно и добро образложени, чии теми не се иновативни и не придонесуваат кон унапредувањето на медиумските содржини во областа на јавното информирање на припадниците на националните малцинства итн).

Со Законот за националните совети на националните малцинства пропишано е дека националните совети може да користат буџетски средства за финансирање на трошоци за редовна дејност, во кои меѓу другото спаѓа и финансирањето или кофинансирањето на програмите и проектите во областа на известувањето, како и за финансирање на работата на установи, фондации, стопански друштва и организации чиј основач или коосновач е националниот совет. Средствата кои се обезбедуваат во буџетот на Република Србија за финансирање на работата на националните совети се распоредуваат така да 30% им се распоредуваат во еднакви износи на сите регистрирани национални совети, а остатокот од средствата пропорционално на бројот на членови на одредено национално малцинство кое го претставува националниот совет, како вкупниот број на установи на тоа национално малцинство во областа на културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото и обемот на активности на тие установи. Вкупниот број на средства кои Канцеларијата за човекови и малцински права во 2016. година ќе им ги дозначи на националните совети за финансирање на нивната работа изнесува 245.000.000,00 динари, од кои 21.437.500,00 динари се распоредени врз основа на вкупниот број на установи на национални малцинства во областа на известувањето и обемот на активностите на тие установи.

Распределбата на средствата од буџетскиот фонд за националните малцинства, кои се на буџетскиот раздел на Министерството за државна управа и локална самоуправа во износ од 1.800.000 динари, не е извршена бидејќи не е утврден со Предлог програмите на приоритетните области кои се финансираат од буџетскиот фонд.

За финансирање на медиумите на јазиците на националните малцинства кои се во сопственост на националните совети на националните малцинства средствата се обезбедени со Одлука на Покраинското собрание за буџетот на АП Војводина за 2016. – раздел 06, Покраинскиот секретаријат за култура и јавно информирање, функционална класификација 830 – Услуги за емитувања и печатење, Програма 1024 Систем на јавно информирање, Програмска активност 1005 Поддршка на јавното информирање на националните малцинства, економска класификација 451 Субвенции на јавните нефинансиски претпријатија и организации, во вкупен износ од 264.805.000,00 динари.

39

Page 40:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Решението за доделување на средства на издавачите на весници кои објавуваат информации на јазиците на националните малцинства – националните заедници покраинскиот секретар за култура и јавно информирање го донесе на 20. јануари 2016. година.

Се работи за девет издавачи на весници чии основачи се националните совети на националните малцинства, со вкупно 22 листа (еден дневен, пет неделни, три месечни и седум младински, односно детски), на кои средствата им се доделени на следниов начин:

Маѓар со д.о.о. (еден дневен и три младински/детски весници) 89.919.600,00Хет нап д.о.о (еден неделен весник) 26.262.000,00Хлас људу (еден неделен и два младински/детски весници) 33.930.000,00Либертатеа (еден неделен и два младински/детски весници) 33.498.000,00Хрватска ријеч (еден неделен и два младински/детски весници) 32.670.000,00Руске слово (еден неделен и два младински/детски весници) 31.086.000,00Буњеваче новине (еден месечен и еден младински/детски весник) 8.248.800,00Македонски информативен центар д.о.о. (еден месечен весник) 5.139.000,00Ридне слово (еден месечен и еден младински/детски весник) 4.051.560,00

Вкупно 264.805.000,00

Од определените средства за 2016. година на издавачите, односно на весниците кои се во сопственост на националните совети на националните малцинства, во периодот од 1. јануари до 30. јуни 2016. година, вкупно се исплатени 110.335.400,00 динари, а континуираната месечна исплата продолжила и во јули и август.

За кофинансирање на проектот за производство на медиумски содржини од областа на јавното информирање во 2016. година определени се вкупно 8.500.000,00 динари, од кои 6.000.000,00 за содржините на српски, а 2.500.000,00 за производство на медиумски содржини на јазиците на националните малцинства – 1.000.000,00 за приватни претпријатија, а 1.500.000,00 за невладини организации.

Покраинскиот секретар за култура и јавно информирање обединетиот конкурс за кофинансирање на производството на овие содржини го распиша на 18. март 2016, а комисијата која ја формираше одлуката за распределба на средствата ја донесе на 1. јуни 2016. година.

По таа одлука, во споменатите вкупни износи од 1.000.000,00, односно 1.500.000,00 динари, ќе бидат кофинансирани проектите за производство на медиумски содржини во областа на јавното информирање на јазиците на националните малцинства осум приватни претпријатија и 11 невладини организации.

Потпишувањето на договорот со нив е во тек, а средствата кои им се определени, исто така, се обезбедени во буџетот на АП Војводина за 2016. година.

40

Page 41:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Со членот 21. од Законот за национални совети на националните малцинства («Сл. весник на РС» 72/09, 20/14 – одлука на УС и 55/14), помеѓу другото, пропишано е дека националните совети, и даваат предлози на Републичката радиодифузна агенција (сега: Регулаторно тело за електронски медиуми) при изработката на Стратегијата за развој на радиодифузијата, му даваат мислења и предлози на Советот на Регулаторно тело за електронски медиуми, во врска со информирањето на јазикот на националното малцинство и одредуваат претставник во Советот на Регулаторно тело за електронски медиуми кој учествува во неговата работа без право на одлучување, кога се разгледуваат прашањата во врска со информирањето на јазикот на националното малцинство.

Советот на Регулаторно тело за електронски медиуми, по спроведената законска процедура на седницата одржана на 14. јануари 2016. година, во согласност со своите законски овластувања, го утврди конечниот текст на Предлог Стратегијата за развој на медиумските услуги на радио и аудио-визуелни медиумски услуги во Република Србија. Според извештајот на Регулаторното тело, националните совети при изработка на наведената стратегија не доставиле предлози, ниту пак учествувале во јавната расправа за Нацрт предлогот на Стратегијата за развој на медиумски услуги на радио и аудио-визуелни медиумски услуги во Република Србија, која е спроведена во периодот од 2. до 16. декември 2015. година, со тоа што во рамките на таа постапка се одржа тркалезна маса на 10. декември во Белград.

Исто така, Регулаторно тело за електронски медиуми во I и II квартал на 2016. година не одлучувало за прашањата во врска со информирањето на јазиците на националните малцинства.

АКТИВНОСТ: 3.5. Подигнување на свеста на јавноста за правата на националните малцинства и почитување на културната и јазичната разновидност преку поддршка на производството на медиумските содржини поради остварување на еднакви права и понатамошно зајакнување на разбирањето на културата на националните малцинства како интегрален дел од општеството во целост.- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.5.РОК: Континуирано, преку организирање на годишни конкурсиСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за информирање Јавни радио-телевизиски сервиси Покраинска администрација Единици на локалната самоуправа

ИЗВЕШТАЈ:

41

Page 42:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Министерството за култура и информирање ја реализираше оваа активност преку Конкурсот за кофинансирање на проектите од областа на јавното информирање на јазиците на националните малцинства во 2016. година. Во рамките на наведениот конкурс поддржани се 15 повеќејазични проекти, односно проекти кои се реализираат на српски и на еден или на повеќе јазици на националните малцинства, во вкупен износ од 6.900.080,000 динари. Наведените проекти придонесуваат кон подигнувањето на свеста на јавноста за правата на националните малцинства, почитување на културните и јазичните разновидности, како и развојот на дијалог, подобро запознавање и разбирање помеѓу припадниците на националните малцинства и мнозинското население.

Посебен сегмент во подигнувањето на свеста на јавноста за културните и јазичните разновидности РТВ остварува со емисијата Палета, која секојдневно дава избор од најдобрите малцински програмски содржини, со превод на српски јазик. Оваа емисија овозможува запознавање со културата и обичаите на припадниците на малцинските заедници од страна на мнозинското население, но исто така и меѓусебно запознавање на сите малцинства кои живеат на просторот на АП Војводина.

Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници на 9. март 2015. година распиша Конкурс за донации на организациите на етничките заедници во Автономна Покраина Војводина. Конкурсот е распишан за кофинансирање на редовните дејности, проекти и организирање на манифестации, како и набавка на опреми и инвестициски вложувања во организациите на етничките заедници на територијата на Автономна Покраина Војводина во 2015. година, со почитување на мислењата за доделување на средства на националните совети на националните малцинства кои имаат седиште на територијата на АП Војводина. Покрај тоа, Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници на 23. март 2015. година распиша Конкурс за кофинансирање на проекти насочени кон реализација на афирмативни мерки и процеси за интеграција на Ромите за продолжение на Декадата на инклузија на Роми во 2015. година, со почитување на мислењата за доделување на средства на Националниот совет на ромското национално малцинство.

Во текот на I и II квартал на 2016. година, Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници склучи договори за доделување на парични средства и изврши пренос на средствата на националните совети на националните малцинства од територијата на АП Војводина за редовна дејност на националните совети и развојна дејност, која подразбира финансирање на работата на установи, фондации, стопански друштва и организации чиј основач или кооснивач се националниот совет, установи, фондации, стопански друштва и други организации чии основачки права се делумно или во целост пренесени на националниот совет.

Во рамките на Проектот Афирмација на мултикултурализмот и толеранцијата во Војводина, Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални

42

Page 43:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

малцинства – национални заедници во 2015. година спроведе Конкурс за кофинансирање на проектите за зачувување и негување на меѓунационалната толеранција во Војводина.

Средствата се доделуваа за кофинансирање на програми, проекти и активности на организации, здруженија, асоцијации и други субјекти, чија цел е афирмација на вредностите на мултикултурното општество и зачувување и негување на меѓунационалната толеранција во Војводина во 2015. година, посебно наменети за:

- унапредување на продукциите и продукцијата на телевизиските и радио програми, интернет презентации, други форми на електронски презентации, печатени пропагандни активности, активности во печатените медиуми и други форми на медиумски активности;

- издавање на книги, брошури, часописи или други публикации од непрофитен карактер;

- организирање на семинари, конференции и други форми на научни и едукативни собири;

- организирање на културни, образовни, спортски и други манифестации.

Конкурсот беше распишан од 8. до 22. април 2015. година, на износ од вкупно 9.296.700,00 динари. На Конкурсот пристигнаа 172 пријави, од кои 150 ги задоволуваа условите на Конкурсот. Средствата се доделени за реализација на активностите по основ на 29 пријави. Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници на 7. март 2016. година, распиша Конкурс за дотации на организациите на етничките заедници во Автономна Покраина Војводина. Конкурсот се распиша за кофинансирање на редовните дејности, проекти и организирање на манифестации, како и набавка на опрема и инвестициски вложувања во организациите на етничките заедници од територијата на Автономна Покраина Војводина во 2016. година, со почитување на мислењата за доделување на средства на националните совети на националните малцинства кои имаат седиште на територијата на АП Војводина. Покрај тоа, Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници на 7. март 2016. година распиша Конкурс за кофинансирање на проектите насочени кон реализација на афирмативните мерки и процеси за интеграција на Ромите за продолжение на Декадата на инклузија на Роми во 2016. година, со почитување на мислењата за доделување на средства на Националниот совет на ромското национално малцинство.

Во текот на I и II квартал на 2016. година Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници склучи договори за доделување на парични средства и изврши пренос на средствата на националните совети на националните малцинства на територијата на АП Војводина за редовната дејност на националните совети и развојната дејност која подразбира финансирање на работата на установи, фондации, стопански друштва и организации чиј основач или кооснивач се националниот совет, установи, фондации, стопански друштва и други

43

Page 44:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

организации чии основачки права се делумно или во целост пренесени на националниот совет.

Во рамките на Проектот Афирмација на мултикултурализмот и толеранцијата во Војводина, Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници во 2016. година спроведе два конкурса за кофинансирање на проектите за зачувување и негување на меѓунационалната толеранција во Војводина

Првиот конкурс беше распишан од 7. до 31. март 2016. година на износ од 4.300.000,00 динари.

Средствата се доделуваа за кофинансирање на програми, проекти и активности на организации, здруженија, асоцијации и други субјекти, чија цел е афирмација на вредностите на мултикултурното општество и зачувување и негување на меѓунационалната толеранција во Војводина во 2016. година, посебно наменети за:

- унапредување на продукциите и продукцијата на телевизиските и радио програми, интернет презентации, други форми на електронски презентации, печатени пропагандни активности, активности во печатените медиуми и други форми на медиумски активности;

- издавање на книги, брошури, часописи или други публикации од непрофитен карактер;

- организирање на семинари, конференции и други форми на научни и едукативни собири;

- организирање на културни, образовни, спортски и други манифестации.

На споменатиот конкурс пристигнаа 169 пријави, од кои 165 ги задоволуваа условите на Конкурсот. Средствата се доделени за реализација на активностите по основа на 22 пријави.

Вториот конкурс беше распишан од 1. до 9. јуни 2016. година, на износ од вкупно 9.000.000,00 динари.

Средствата се доделуваа за кофинансирање на програми, проекти и активности на организации, здруженија, асоцијации и други субјекти, чија цел е афирмација на вредностите на мултикултурното општество и зачувување и негување на меѓунационалната толеранција во Војводина во 2016. година, посебно наменети за:

- унапредување на продукциите и продукцијата на телевизиските и радио програми, интернет презентации, други форми на електронски презентации, печатени пропагандни активности, активности во печатените медиуми и други форми на медиумски активности;

- издавање на книги, брошури, часописи или други публикации од непрофитен карактер;

44

Page 45:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- организирање на семинари, конференции и други форми на научни и едукативни собири;

- организирање на културни, образовни, спортски и други манифестации

На конкурсот пристигнаа 90 пријави, од кои 84 ги задоволуваа условите на Конкурсот. Средствата се доделени за реализација на активностите по основа на 16 пријави.

АКТИВНОСТ: 3.6. Обезбедување на поддршка на организациите на националните малцинства во изработка на проектна документација за учество на конкурси за кофинансирање на медиумски содржини на јазиците на националните малцинства.РОК: Континуирано, почнувајќи од I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за информирање Покраинскиот секретаријат за култура и информирање Организации на граѓанското општество Национални совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Организациите на националните малцинства имаат право да учествуваат на сите конкурси од областа на јавното информирање, и тоа во својство на издавачи, медиуми или како независни продукции. Само на Конкурсот за кофинансирање на проектите од областа на јавното информирање на јазиците на националните малцинства во 2016. година учествуваа 45 организации на граѓанското општество, од кои 23 исклучиво се занимаваат со остварување на права на припадниците на националните малцинства. На наведениот конкурс (Решение број: 401-01-171/2016-04 од 28.06.2016.) на организациите на граѓанското општество им беа распоредени средства во износ од 12.000.000,00 динари.

Поддршка на организациите на националните малцинства во врска со учеството на конкурсите им се обезбедува, пред се, во рамките на редовните дејности на Министерството, во текот на целата година, а посебно е интензивна од моментот на нивното распишување. Конкурсите, меѓу другото, се објавуваат на на веб-сајтот на Министерството со обрасците5 кои содржат упатства за постапување и детални информации наменети за учесниците на конкурсот. На организациите на националните малцинства стручната служба на Министерствата им обезбедува поддршка која, покрај давањето на основните информации за конкурсот, вклучува и подетални упатства, совети и останати видови на консултации во врска со проектното кофинансирање. Учесникот кој поднесол проект со нецелосна или со непрецизно пополнета документација, службата го известува за недостатокот и, доколку е тоа потребно, му дава упатства како да го отстрани тој недостаток. Само на конкурсот кој се однесува на

5 Пријава за проектно кофинансирање, Буџет на проектот;

45

Page 46:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

јавното информирање на јазиците на националните малцинства во 2016. година, овој вид на стручна поддршка овозможи 19 здруженија да ги исправат недостатоците во проектната документација, од кои 12 и добија средства за реализација на проектот.

Министерството за култура и информирање од 18. до 20. јули 2016. година, во Ковачица спроведе обука за претставниците на националните совети на националните малцинства во областа управување со финансиите и проектите од областа на културата и информирањето, во соработка со Канцеларијата за човекови и малцински права и Мисијата на ОБСЕ во Србија. Обуката се однесуваше и на улогата на националните совети во проектното кофинансирање во областа на јавното информирање. Нивната улога е согледана не само преку давање на мислења за проектите туку и преку поцврста поддршка на организациите на националните малцинства за подготовка на проектната документација за учество на конкурсот за кофинансирање на медиумските содржини на јазиците на националните малцинства.

Со оглед на тоа дека организациите на националните малцинства се пријавуваат и на конкурсот кој го објавува Покраинскиот секретаријат за култура, јавно информирање и односите со верските заедници, а такви пријави немаше кај конкурсот кој беше објавен во 2016. година, немаше ни организирана подршка на организациите на националните малцинства за подготовка на документацијата за учество на конкурсите за кофинансирање на медиумските содржини на јазиците на националните малцинства.

Националниот совет на словенечкото национално малцинство во 2015. и во 2016. година активно и успешно соработуваше со здружението на Словенците и со поединците во вид на обезбедување на помош за подготовка на проектната документација за учество на конкурсите за кофинансирање на медиумските содржини на јазиците на националните малцинства.

АКТИВНОСТ: 3.7. Зголемување на количеството на содржини на јазиците на националните малцинства на јавниот радио телевизиски сервис (РТС), во согласност со членот 7. од Законот за јавни медиумски сервиси и членот 17. од Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства, а со цел остварување на правото на целосно и непристрасно информирање на јазиците на националните малцинства преку:- основање на редакција за програма на јазиците на националните малцинства;- обезбедување на информативна содржина на јазиците на националните малцинства (вести или дневник на малцинските јазици);- емитување на културно-образовна програма на јазиците на националните малцинства;- ширење на соработката со јавните-медиумски сервиси со земјите кои имаат национални малцинства во Србија;

46

Page 47:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- остварување на соработка со независните малцински продукции, во согласност со законската обврска за објавување на програмските содржини на независните продукции, како би се преземала содржината на малцинските јазици.РОК: Континуирано, почнувајќи од I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Радио-телевизија Србија/Радио телевизија Војводина Регулаторно тело за електронски медиуми

ИЗВЕШТАЈ:По обезбедувањето на неопходните финансиски средства, како што се наведува во извештајот на Јавниот медиумски сервис на Србија, РТС планира во идниот период да почне со реализација на Дневници на јазиците на националните малцинства (на албански, ромски, бугарски, романски и влашки јазик, а подоцна и на останатите малцински јазици).

До тогаш РТС продолжува да ги емитува емисијата Граѓанин, како и емисијата на ромски јазик на Радио Белград.

РТВ во својот основен документ се обврза дека понатаму ќе ја шири јазичната понуда, со зголемување на програмите на јазиците на малцинствата кои живеат во Војводина. Во моментов радио и телевизиската програма се произведува на 11 јазици (српски и 10 малцински јазици). Во план е бројот на јазиците на кои се произведува и емитува програмата да се зголеми на 14.

Оваа година воведена е нова радио и телевизиска програма на црногорски јазик. Во моментов се преговара за воведување на уште три малцински програми: на германски (од октомври 2016), на бугарски, чешки и (евентуално) на албански јазик. Зимската програмска шема веќе е изработена со претпоставка дека овие јазици ќе се најдат на програмската понуда прво на радио, а потоа и на телевизија.

На сите малцински јазици се емитуваат информативни содржини, и тоа:

на радио:

дневни информативни (една или повеќе) емисии на унгарски, словачки, романски, русински, украински и ромски јазик;

еднаш неделно информативни емисии на хрватски, буњевачки, македонски и црногорски јазик;

на телевизија:

дневни информативни содржини на унгарски, словачки, романски, русински, хрватски и ромски јазик;

еднаш неделно на македонски, црногорски и украински јазик, двонеделно на буњевачки јазик;

47

Page 48:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Слично на информативните содржини, и културно-образовните теми се постојано присутни на сите програми на малцинските јазици.

На радио на унгарски, словачки, романски, русински, украински и ромски јазик постојат специјализирани програми кои се занимаваат со култура и образование, најмалку еднаш неделно.

Останатите малцинства (Македонци, Хрвати, Буњевци и Црногорци) имаат еднаш неделно емисии од магазински тип во траење од половина час, кои, покрај информативната содржина, имаат и прилози од областа на културата и образованието.

На телевизијата е слична структурата на малцинските емисии. Програмите на унгарски, словачки, романски, русински и ромски јазик имаат специјализирани емисии за културата и едукацијата, а останатите пет малцински редакции споменатите теми ги обработуваат во рамките на емисиите од магазински тип.

РТВ има широка и традиционална соработка со медиумите од соседните земји кои емитуваат своја програма на мајчиниот јазик на војвоѓанските малцинства. Потпиша протокол за соработка (размена на програми, образование на кадри, заеднички проекти и заеднички настап на трети пазари) со јавните медиумски сервиси во Унгарија (УТВА), Романија (Романско радио, Романска телевизија, Регионални РТВ центри на Романија, Радио Романија интернационал, Радио Темишвар, Радио Клуж), Словачка (Словачка РТВ), Украина (РТВ Ужгород), Црна Гора (РТВ на Црна Гора), Словенија (РТВ Лендава – програма на унгарски јазик).

Како реципрочна услуга им овозможува услуги за збогатување на нивните програми на српски јазик за српската дијаспора во споменатите земји.

За разлика од претходните години кога се работи за независните продукции на малцинските јазици, оваа година значително е зголемен бројот на надворешни продукции на јазиците на националните заедници. На радио дваесет и четири часовната програма на унгарски јазик има шест постојани независни продукции, а со воведувањето на најновата, седмата, која се планира деновиве, уделот на независните продукции ќе ги надмине неопходните 10% од вкупното програмско време. Романците и Русините имаат по четири емисии од независна продукција, а Словаците две.

Покрај наведеното, од надворешна продукција се целосните радио програми на буњевачки, македонски и црногорски јазик (секоја по половина час неделно). Слична е состојбата и на телевизијата. Унгарската програма има четири емисии од половина час од надворешна продукција, словачката програма две, а романската една емисија. Како независна продукција се произведува и програмата на црногорскиот јазик.

Со членот 51. од Законот за јавни медиумски сервиси («Сл. весник на РС» 83/14 и 103/15) пропишано е дека РТС и РТВ еднаш годишно на Народното собрание му поднесуваат, поради разгледување и одлучување, а на Советот на Регулаторите поради

48

Page 49:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

информирање, Извештај за работата и работењето за претходната година, со извештај од независниот овластен ревизор.

Регулаторот изработува извештаи за работата на јавните медиумски сервиси на годишно ниво, во кои меѓу другото го идентификува и времето на емитуваната програмска содржина на јазиците на националните малцинства. Извештаите за 2015. година се изработени достапни на официјалната интернет презентација на Регулаторното тело за електронски медиуми www.rem.rshttp://www.rra.org.rs/uploads/useruploads/PDF/RTS---izvestaj-za-2015.pdf

АКТИВНОСТ: 3.8. Обезбедување на видливост на програмите на јавните телевизиски сервиси на целата територија на РС во рамките на системот на кабелските оператори.РОК: I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е готово во целост реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Регулаторно тело за електронски медиуми Министерство надлежно за информирање

ИЗВЕШТАЈ:Со одредбата на членот 100. од Законот за електронски медиуми пропишани се посебни обврски на операторите на електронските комуникациски мрежи за дистрибуција на медиумските содржини, а Регулаторното тело за електронски медиуми, во соработка со регулаторното тело надлежно за областа на електронските комуникации, врши надзор и се грижи за извршувањето на тие обврски.

Со ставот 10. од наведениот член пропишано е дека операторот, освен операторот на мрежата за терестричко емитување, е должен, без надомест, да ги дистрибуира и емитува основните програми на јавниот медиумски сервис во зоната на нивното покривање.

Во врска со тоа, Регулаторното тело за електронски медиуми кон почетокот на 2016. година упати барање за достава на податоците на сите оператори на електронските комуникациски мрежи, а меѓу кои е побаран и податок за структурата на програмските пакети и логичка нумерација на каналите.

Со увид во доставените податоци, утврдено е дека сите оператори на електронските комуникациски мрежи, во зоната на своето покривање, во своите понуди ги имаат програмите на Јавната медиумска установа Радио-телевизија Србија. Во врска со законската обврска на операторот на електронските комуникациски мрежи кои својата дејност ја извршуваат на подрачјето на Автономната Покраина Војводина во своите понуди имаат програми на Јавната медиумска установа Радио-телевизија Војводина,

49

Page 50:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Регулаторното тело за електронски медиуми врши обработка на доставените податоци и со истите ќе располага во III и IV квартал на 2016.

АКТИВНОСТ: 3.9. Остварување на учеството на националните малцинства при избор на членови на Советот на РЕМ и избор на главниот уредник на програмата на јазикот на националните малцинства.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИОЦИ И ПАРТНЕРИ:

Радио-телевизија Србија/Радио-телевизија Војводина Регулаторно тело за електронски медиуми

ИЗВЕШТАЈ:Со членот 113. од Законот за електронски медиуми (Сл. весник на РС 83/14 и 6/16 – др. закон) предвидено е членовите на Советот кои се избираат од листата со кандидати и кои ги предлагаат единствените овластени предлагачи од членот 9. точ. 5. (здруженија на филмски, сценски и драмски уметници и здруженија на композитори во Република Србија) и точ. 7. (национални совети на националните малцинства, со заеднички договор) од наведениот закон, односно го заменуваат два члена, изабрани на предлог на одборот надлежен за култура и информирање на Народното собрание, по истекувањето на нивниот мандат.

Во согласност со законодавната процедура, надлежната служба на Народното собрание објавува јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Советот шест месеци пред истекот на мандатот на членовите на Советот, односно најдоцна 15 дена од истекот на мандатот поради причини предвидени со членот 15. точ. 2-4.

Мандатот на членовите на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми, изабрани на предлог на одборот надлежен за култура и информирање, истекува на 5. мај 2017. година.

АКТИВНОСТ: 3.10. Конкурс за финансирање и кофинансирање на проектите во областа на современото творештво, областа на културните дејности на националните малцинства. РОК: Континуирано, преку организирање на годишни конкурсиСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИОЦИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за култура Покраински секретаријат за култура и информирање Единици на локалната самоуправа

ИЗВЕШТАЈ:

50

Page 51:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Министерството за култура и информирање – Секторот за современо творештво и креативна индустрија на 24. февруари 2016. година распиша Конкурс за финансирање и кофинансирање на проекти од областа на современото творештво во Република Србија во 2016. година (една од конкурсните области се однесуваше на културните дејности на националните малцинства во Републија Србија). Крајниот рок за поднесување на конкурсните пријави беше 25. март, а Решението за доделување на средства беше потпишано на 9. мај 2016. година. На националните совети на националните малцинства на15. април им беше испратен допис со молба до 29. април 2016. година, да испратат листа со препорачани проекти, по приоритети и со образложенија.

Иако претставниците на малцинствата можеа да конкурираат и во други конкурсни области (на пр. сценско творештво и интерпретација), каде е професионализмот основен конкурсен критериум, им беше дадена можност да се пријават и на веќе споменатиот специјализиран конкурс. Па така на пример Народниот театар во Суботица доби 1.500.000,00 динари, а Театарот KOSZTOLANYI DEZO, Суботица 1.000.000,00 динари за продукција на претставата на унгарскиот автор и претставата на унгарски јазик, додека проектот на Буњевачкиот културен центар од Бајмок, под името Младинска и детска филмска работилници беше кофинансиран со износ од 150.000,00 динари.

Сепак, систематизиран преглед на конкурсната статистика возможно е да се добие само врз основа на конкурсот кој е наменет за малцинствата, затоа што во другите конкурси националната припадност не спаѓа во конкурсните критериуми, а Министерството не располага со овие информации.

Конкурс за финансирање и кофинансирање на проекти од областа на современото творештво во РС во 2016. година - културни дејности на националните малцинства

вкупно распределени средства

број на пријавени

број на одобрени

број на одбиени

број на малцинства кои земале учество (покрај мултикултурните проекти)

  12.450.000,00 203 59 144 19

Министерството на 24. февруари 2016. година распиша и конкурс за финансирање и кофинансирање на проекти во областа на преведувањето на репрезентативните дела на српската литература во странство во 2016. година. Конкурсот беше отворен до 31. март 2016. година и на истиот пристигнаа 113 пријави. Министерот за култура и информирање донесе Решение за доделување на средства на 11. мај 2016. година. Следи преглед на конкурсната статистика:

51

Page 52:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

ДРЖАВА од која е корисникот на средствата

јазици на кои се преведува

број на поддржани проекти

вкупно доделени средства

Албанија албански 3 3.600,00 Бугарија бугарски 5 9.000,00 Грција грчки 1 2.000,00 Унгарија унгарски 1 1.000,00 Македонија македонски 14 14.000,00 Германија германски 1 2.000,00 Словачка словачки 1 2.000,00 Словенија словенечки 6 8.000,00 Украина украински 5 6.000,00     Вкупно: 47.600,00 евра

Србија

италијанскигрчкианглискимакедонскигерманскируски

11 2.184.000,00 РСД

Јазици на кои се преведувало кога се апликантите од Србија

број на поддржани проекти вкупно доделени средства во РСД

грчки 1 156.000,00 македонски 1 120.000,00 германски 1 156.000,00

Вкупно: 432.000,00

Во I и II квартал на 2016. година беше исплатен значителен дел од доделените средства и проектите почнаа со реализација, додека повеќето од нив ќе се реализираат до крајот на тековната година.

Покраинскиот секретаријат за култура, јавно информирање и односи со верските заедници распишува конкурси еднаш годишно. Конкурсот за кофинансирање на програмите и проекатите во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство и современото уметничко творештво на националните малцинства-националните заедници во АП Војводина во 2016. година беше распишан на 13. април 2016. година, а рокот за предавање на пријавите траеше од 14. до 27. април 2016. година. Со конкурсот се планираше кофинансирање на проекти во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство (изворни народни игри, изворна народна песна и музика, обичаи и верувања, традиционални народни занаети) и современото уметничко творештво (визуелни уметности и мултимедии, литературно творештво и издаваштво, музичко творештво, сценско творештво), кои се реализираат на територијата на АП Војводина и/или во вид на меѓурегионална соработка. Распоредувањето на средствата преку јавниот конкурс се врши врз основа на членот 76.

52

Page 53:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

од Законот за култура и тие се бесповратни, а право на учество имаат сите субјекти во културата: културни институции и организации на граѓанското општество. Во овој контекст, преку јавните конкурси се кофинансираат: манифестации, колонии, изложби, перформанси и останати проекти во оваа област. Буџетот на конкурсот за 2016. година изнесува 5.000.000,00 динари (пет милиони динари).

според класификација на корисникот:900.000,00 динари 4631 - Тековни трансфери на останатите нивоа на власт4.100.000,00 динари 4819 – Дотации за останатите непрофитни организации

Секретаријатот пријавените проекти им ги проследи на националните совети на националните малцинства – националните заедници, за да добијат мислења, со оглед на тоа дека националните совети се грижат за спроведување на културната политика на националните малцинства – националните заедници и, во согласност со Законот, учествуваат во процесот на одлучување за одредени прашања во врска со својата култура.

Комисија за избор на проекти/програми на 17. јуни 2016. година, врз основа на предлозите на Националните совети на националните малцинства разгледуваше вкупно 175 проекти и програми на поднесителите на пријавите кои навремено и со комплетна документација, во конкурсниот рок, му беа доставени на Секретаријатот. Комисијата за кофинансирање во 2016. година му предложи 99 проекти и програми на покраинскиот секретар, кој на 17. јуни 2016. година, донесе Решение за распределба на средствата по Конкурсот за кофинансирање на програми и проекти во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство и современото уметничко творештво на националните малцинства-националните заедници во АП Војводина во 2016. година.

Национална заедница Распределба во 2016.Број на поддржани проекти по национална заедница

УНГАРЦИ 2.400.000,00 34

СЛОВАЦИ 700.000,00 7

ХРВАТИ 480.000,00 17

РОМИ 100.000,00 3

РОМАНЦИ 380.000,00 8

ЦРНОГОРЦИ 90.000,00 6

БУЊЕВЦИ 190.000,00 6

РУСИНЦИ 360.000,00 6

МАКЕДОНЦИ 90.000,00 4

УКРАИНЦИ 70.000,00 1

53

Page 54:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

ГЕРМАНЦИ 50.000,00 1

СЛОВЕНЦИ 15.000,00 1

БУГАРИ 15.000,00 1

ЕВРЕИ 15.000,00 1

ЧЕСИ 15.000,00 1

АШКАЛИИ 15.000,00 1

ГРЦИ 15.000,00 1

ВКУПНО 5.000.000,00 99

Со оглед на тоа дека Решението за распределба е донесено во јуни, извршувањето тече по план и во коректен рок.

Програмска активност:

ПЛАН 2016.квартал јануари-септември

извршување на ден 19.08.2016.

на располагање во кварталот јули-септември

остаток од средствата од годишниот план

Унапредување и заштита на човековите и малцинските права и слободи

5.000.000,00 3.250.000,00 1.976.000,00 1.274.000,00 3.224.000,00

Заводи за култура на војводинските Унгарци, Словаци, Романци, Русини и Хрвати

Од 2008. година почнаа со работа заводите за култура на пет национални малцинства во Војводина: војводинските Унгарци, Словаци, Романци, Русини и Хрвати. Овие заводи ги основаше Собранието на Автономна Покраина Војводина заедно со националниот совет на овие национални заедници со Одлука за основање на Заводи за култура на војводинските Унгарци, Словаци, Романци, Русини и Хрвати (Службени весник на АПВ, број 7/08), за зачувување, унапредување и развој на културата на овие национални заедници. Основањето и поттикнувањето на работата на заводот за култура на војводинските Унгарци, Словаци, Романци, Русини и Хрвати сведочи за посветеноста за зачувување на мултикултурниот идентитет на Војводина, за плурализмот во културата и отвореното општество.

Со реализацијата на проектите научни, стручни, развојни и применети истражувања во областа на културата, уметноста и науката, како и со организирањето на културно-уметнички програми, овие заводи веќе дадоа значителен придонес во негувањето и зачувувањето на националниот идентитет и култура на припадниците на различните нации кои живеат во Војводина, а, истовремено, придонесоа кон збогатување и

54

Page 55:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

развивање на мултикултуралноста во Војводина, како и достапноста на богатствата на тие култури на сите граѓани.

Средствата за финансирање на заводите за култура на војводинските Унгарци, Словаци, Романци, Русини и Хрвати се обезбедуваат од буџетот на Автономната Покраина Војводина, во согласност со законот со кој се уредува системот на буџетското финансирање и Одлуката за буџетот на Автономната Покраина Војводина.

Средствата се наменети за кофинансирање на работата и програмските дејности на заводот за зачувување, унапредување и развој на културата на овие национални заедници. Средствата се користат во согласност со Програмата на работа и Финансискиот план на заводот, кои му се доставуваат Секретаријатот.

Секретаријатот им ги распоредува вкупно расположливите средства на сите заводи основани на територија на Војводина, според годишните планови и програми на работа на заводот, и тоа врз основа на следниве критериуми:

бројност на националната заедница број на установи, здруженија и други институции во областа на културата на

поедини национални заедници содржина и обем на плановите и програмите на работата на заводот содржина и обем на дејностите на заводот

Од вкупно распоредените средства, заводите наменуваат најмногу до 50% средства за расходи за вработените, материјалните трошоци, основните средства и тековните поправки и одржувања.

Секретаријатот ги пренесува доделените средства на сметките на заводите квартално, во согласност со динамиката на прилив на средства во буџетот на Автономната Покраина Војводина.

Покраинскиот секретаријат за култура, јавно информирање и односи со верските заедници во 2016. година склучи договори за кофинансирање на работата и програмските дејности на заводите, а за зачувување, унапредување и развој на културата на овие национални заедници во периодот од 1. јануари - 31. декември 2016. година со вкупен износ од 45.000.000,00 динари, а во согласност со Програмата на работата и Финансискиот план на заводот.

Финансирање на Заводот во 2016. година ( I и II квартал)

Ред. број

Име на корисникот Вкупно динари Вкупно исплатено за I и II квартал

1. Завод за култура на војводинските Унгарци 13.230.000,00 6.218.000,00

2. Завод за култура на војводинските Словаци 8.820.000,00 4.145.000,00

3. Завод за култура на војводинските Хрвати 8.820.000,00 4.146.000,00

55

Page 56:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

4. Завод за култура на војводинските Романци 8.300.000,00 3.901.000,00

5. Завод за култура на војводинските Русини 5.830.000,00 2.740.000,00

ВКУПНО: 45.000.000,00 21.150.000,00

Покраинскиот секретаријат за култура, јавно информирање и односи со верските заедници во 2015. година спроведе Конкурс за кофинансирање на издавачките дејности на јазиците на националните малцинства-заедници во АП Војводина, кој беше објавен на 4. октомври 2014. година и беше отворен до 3. ноември 2014. година. Со конкурсот се планираше кофинансирање на објавувањето на првите изданија на книги од важност за културата и уметноста во АП Војводина на јазиците на националните малцинства, превод на значајни дела од странски јазици на јазиците на националните малцинства, превод на значајни дела од јазиците на националните малцинства на светските јазици, од српскиот јазик на јазиците на националните малцинства, од јазиците на националните малцинства на српски јазик, од некој од јазиците на националните малцинства на некој друг јазик на националните малцинства – од следниве области: роман, раскажувачка проза, поезија, литература за деца (со исклучок на сликовници и учебници) есеистика, уметничка критика, драма, уметнички монографии, дела од историјата на уметност и дела од хуманистичките и општествените науки. Кофинансирање на објавувањето на часописи кои се од посебна важност за културата и уметноста во АП Војводина на јазиците на националните малцинства - часопис за култура, литература и уметност, часописи за младинци и часописи за деца кои излегуваат во печатена и електронска форма. Средствата се распоредуваат преку јавен конкурс и тие се бесповратни, а право на учество имаат правните лица и претприемачи чие седиште е на територијата на АП Војводина, кои се регистрирани дека се занимаваат со издавачката дејност, како и правни лица чија претежна дејност е културата. Буџетот на конкурсот за 2015. година првично беше планиран во износ од 14.295.000,00 динари, но по ребалансот на буџетот и намалувањата на средствата изнесуваше 11.211.625,00 динари.

според класификација на корисниците:7.249.125,00 4511 - Тековни субвенции на јавните нефинансиски претпријатија и

организации2.793.750,00 4541 - Тековни субвенции на приватните претпријатија1.168.750,00 4819 – Дотации на останатите непрофитни организации

Секретаријатот пријавените проекти им ги проследи на националните совети на националните малцинства-националните заедници за да добие мислења, со оглед на тоа дека националните совети се грижат за спроведување на културната политика на националните малцинства-националните заедници и, во согласност со Законот, учествуваат во процесот на одлучување за одредени прашања во врска со својата култура.

56

Page 57:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Комисијата за избор на проекти/програми во 2015. година разгледа вкупно 127 проекти (први изданија на книги и изданија на часописи) од поднесители на пријави кои навремено конкурираа, со целосна документација и во конкурсниот рок. Врз основа на критериумите предвидени со Правилникот и текстот на конкурсот, врз основа на предлозите на националните совети на националните малцинства-националните заедници, почитувајќи ги важноста на проектите, постоењето на други извори за кофинансирање на проектите, Комисијата му предложи на покраинскиот секретар 53 книги и 28 часописи за кофинансирање во 2015. година. Покраинскиот секретар врз основа на предложеното донесе Одлука за распределба на средствата по Конкурсот за кофинансирање на издавачката дејност на јазиците на националните малцинства- заедници во АП Војводина во 2015. година.

Врз основа на Покраинската собраниска одлука за ребаланс на буџетот на Автономна Покраина Војводина за 2015. година – октомври, поради намалениот прилив на средства во буџетот на АП Војводина, Секретаријатот, согласно упатствата на Покраинскиот секретаријат за финансии за изработка на ребаланс на буџетот, намали дел од средствата одобрени за реализација на проектите и програмите по сите конкурси, па и по Конкурсот за кофинансирање на издавачката дејност на јазиците на националните малцинства- заедници во АП Војводина во 2015. година.

Распределба на средствата по националните малцинства:

Национална заедницапланирана распределба во 2015 .

конечна распределба по намалувањето на буџетот

УНГАРЦИ 975.000,00 731.250,00

СЛОВАЦИ 3.220.000,00 2.602.500,00

РОМАНЦИ 2.940.000,00 2.285.375,00

РУСИНИ 3.340.000,00 2.652.500,00

ХРВАТИ 2.395.000,00 1.871.250,00

БУЊЕВЦИ 775.000,00 581.250,00

РОМИ 250.000,00 187.500,00

МАКЕДОНЦИ 250.000,00 187.500,00

УКРАИНЦИ 150.000,00 112.500,00

ВКУПНО 14.295.000,00 11.211.625,00

Конкурсот за кофинансирање на издавачката дејност на јазиците на националните малцинства- заедници во АП Војводина во 2016. година ќе биде распишан до крајот на годината.

57

Page 58:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Издавачкиoт завод Форум – Forum Könyvkiadó Intézet vo Нови Сад го основаше Автономната Покраина Војводина, заедно со Националниот совет на унгарското национално малцинство, со Одлуката за основање на Издавачкиoт завод Форум – Forum Könyvkiadó Intézet (Службен весник на АПВ, број 7/08), за зачувување, унапредување и развој на издавачката дејности на војводинските Унгарци.

Со усвојувањето на Покраинската собраниска одлука за буџетот на Автономната Покраина Војводина за 2016. година, усвоени се и трошоците и расходите за областа на култура, а во овие расходи се содржат и трошоците за програмите на Издавачкиот завод, кој ја афирмира издавачката дејност на унгарски јазик во Војводина и има поширока општествена поддршка.

Издавачкиoт завод во 2016. година планираше вкупни приходи од 28.531.365,00 динари, од кои приходите од буџетот на АП Војводина изнесуваат 15.737.465,00 динари.

Со планот и програмата на работата на Издавачкиот завод за 2016. година предвидено е издавање на вкупно 33 наслови на нови книги (28 книги во печатена, а пет книги во електронска форма), четири наслови во кои споменатиот завод бил коиздавач, три повторени изданија и две списанија.

Планот и програмата на работата на Издавачкиот завод за 2016. година изработен е во соработка со Националниот совет на унгарското национално малцинство и во согласност со целите и задачите во областа на издаваштвото утврдени во Културната стратегија за периодот од 2012–2018. година, која ја усвои Националниот совет на унгарското национално малцинство, во ноември 2011. година.

АКТИВНОСТ: 3.11. Поттикнување на набавка на книги на јазиците на националните малцинства од областа на современото творештво.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Национални совети на националните малцинства Систем на јавни библиотеки на териториојата на РС со Народната

библиотека на Србија како матична установа и издавачка куќа Министерство надлежно за култура

ИЗВЕШТАЈ:Конкурсот за откуп напубликации за 2016. година беше отворен од 26. февруари до 28. март 2016. година, а доспеаната документација, во согласност со востановената пракса, им беше пратена и на националните совети на националните малцинства на мислење. Советите имаа можност до 26. мај 2016. година, да достават листа со своите приоритети. Како и до сега, конкурсот беше реализиран во соработка со Народната

58

Page 59:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

библиотека на Србија. Решението на министерот за доделување на средства на издавачите, дистрибутерите и авторите кои самостојни ги издаваат своите книги беше донесено на 13. мај 2016. година и со него се распоредија 87.428.881,18 динари.

Во согласност со активностите планирани со Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства, Министерството го ревидираше формуларот за пријава на Конкурсот за откуп на публикациите за 2016. година. Имено, образецот 2, со кој од издавачот се бараат информации за публикациите со кои конкурира, сега содржи нова рубрика - јазик/национално малцинство, што овозможува добивање на нови и попрецизни информации во врска со откупените дела.

Поради зголемениот обем на работа по донесувањето на Решението, Народната библиотека на Србија, како соработник на Министерството, не беше во можност да ја заврши анализата на конкурсната документација во врска со ново воедената рубрика која би требало да биде спроведена до крајот на тековната година.

Со учеството на претседателот на Националниот совет на унгарското национално малцинство и претседателката на Одборот за култура на Советот на седницата на Мрежата на унгарските библиотеки СПОНА, одржана на 16. мај 2016. година во Сента, беше остварена соработката во оваа област. Во оваа прилика, библиотеките беа информирани за начинот на учество на конкурсите поради набавка на книги на унгарски јазик (посебно стручна литература, белетристика, светски бестселери) со цел да се зачува пропорционалноста на јазикот на библиотекарскиот фонд на мајчиниот јазик на населението, како и размена на најдобрите пракси.

59

Page 60:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

IV СЛОБОДА НА ВЕРОИСПОВЕД

АКТИВНОСТ: 4.1. Спроведување на компаративна правна експертска анализа во поглед на регулирањето на позицијата на црквите и верските заедници со цел утврдување на специфичните критериуми врз основа на најдобрите пракси на државите членки на Европската Унија во регионот (на пр. Романија, Хрватска, Словенија, Унгарија) и примени на решенијата кои се прифатени во регионот.- врска со АП ПГ 23 активност 3.4.1.1.РОК: IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Aктивнoста e целосно рeaлизирана. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Управа за соработка со црквите и верските заеднициИЗВЕШТАЈ:Компаративно-правната анализа за црквите и верските заедници е спроведена, извор Извештај АП 236.

АКТИВНОСТ: 4.2. Спроведување на препораки кои произлегуваат од анализата на најдобрите пракси на државите членки на Европската Унија во регионот во поглед на регулирањето на позицијата на црквите и верските заедници.РОК: Континуирано почнувајќи од IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Извештајот на институциите не содржи податоци за спроведувањето на активностите.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Управа за соработка со црквите и верските заедници Влада Народно собрание

АКТИВНОСТ: 4.3. Поттикнување на интензивниот дијалог, со почитување на принципите на одвоеност на државата и црквата, помеѓу претставниците на Српската православна црква и Романската православна црква со цел изнаоѓање на прагматични решенија кои ќе им го олеснат пристапот на националните малцинства на верските обреди на јазиците на националните малцинства.РОК: Континуирано почнувајќи од IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Aктивнoста успешно се рeaлизира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Влада

6 Видете го Првиот извештај за спроведување на Акциониот план за поглавјето 23, активност 3.4.1.1, http://www.mpravde.gov.rs/tekst/13178/izvestaj-br-1-22016-o-sprovodjenju-akcionog-plana-za-poglavlje-23.php

60

Page 61:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

ИЗВЕШТАЈ:Во првите два квартали на 2016. година се одржаа состанци на српскиот дел на Меѓувладината мешовита комисија на Србија и Романија за националните малцинства (2. март), два подготвителни состанци на српскиот дел на Меѓувладината мешовита комисија на Унгарија и Србија за националните малцинства (28. и 31. март), како и Петтата седница на Меѓувладината мешовита комисија на Унгарија и Србија за националните малцинства (4. април). Во расправите во текот на средбите, поаѓајќи од надлежноста и овластувањата на Управата за соработка со црквите и верските заедници, изнесени се одредени појаснувања и насоки:

Во случајот прашања околу проблемите на неканонското делување на Романската Православна Црква во Источна Србија (Тимочка краина), Управата истакнува дека почетна рамка за неговото разгледување и решавање треба да претставува иницираниот дијалог на Српската православна (СПЦ) и Романската православна црква (РПЦ), во контекст на одржаниот Сеправославен сабор на Крит во јуни 2016. година. Делегацијата на СПЦ сакаше целото прашање да се стави на дневен рад и официјално да се разгледа на овој собир, но тоа не се случи поради ставовите на Цариградската Патријаршија и Патријархот романски Господин Данило. Разгледувајќи ја содржината на 2. поглавје на предлог Записникот од состанокот на српскиот дел на Мешовитата комисија на Србија и Романија за националните малцинства од 2. март 2016. година, кој се однесува на црквите и на верските заедници, Управата истакнува дека бараното проширување на надлежностите на Епископијата Дакија Феликс РПЦ на целата територија на Република Србија може да биде само резултат на евентуалниот договор до кој ќе дојдат СПЦ и РПЦ преку директен дијалог. Напредокот на самиот меѓуцрквен дијалог условен е, со престанокот на повреди на канонскиот поредок на СПЦ во источна Србија од страна на РПЦ, што се огледа во упадите на одделни епископи и свештеници на РПЦ на канонската територија на СПЦ без одобрение на надлежните епископи на СПЦ, а кои ги следи изразена националистичка пропаганда по која Власите се Романци. Поради сето ова, Република Србија искрено го поттикнува напредокот на меѓуцрквениот дијалог. Во случај на барање на романската страна да и се овозможи комплетно остварување на правата на верска служба на мајчин јазик на целата територија на Србија, конкретните факти од подрачјето на северниот Банат, каде живеат околу 25-30 илјади припадници на Романското национално малцинство, покажуваат дека богослужбата таму се врши и на романски јазик. Треба да се има на ум дека СПЦ покажува плодна подготвеност и на подрачјето на источна Србија, во зависност од потребите, богослужбата, исто така, се врши и на романски јазик и на јазикот на сите присутни малцинства, односно етнички групи. Романската страна барала и изградба на дополнителни објекти за верска служба, но тоа може да се изведе единствено во согласност со законите и тематските прописи на Република Србија, а врз основа на претходно добиената дозвола. Во тој контекст не е прифатлива употребата на објекти предвидени за други намени во религиозни цели. Конечно, решавањето на прашањето околу недостатокот на бројот на романски свештеници за верниците на РПЦ во Војводина се наоѓа исклучиво во надлежност на нејзината

61

Page 62:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Епархија Дакија-Феликс, без потреби и можности за мешање на органите на Република Србија.

V УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ И ПИСМАТА

АКТИВНОСТ: 5.1. Унапредување на начинот на работата на органите на единицата на локалната самоуправа на целата територија на Република Србија без оглед на тоа кој јазик е во службена употреба во единицата на локалната самоуправа (на општинските и градски управи) во извршувањето на доверените работи за упис на одредено лично име во матичната книга на родени на јазикот и писмото на припадниците на националните малцинства во согласност со законот.- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.25РОК: Изработка - IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Aктивнoста е целосно рeaлизирaнa.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управаИЗВЕШТАЈ:Инструкцијата за начинот на регистрација на личното име на припадникот на националното малцинство во матичната книга подготвена е и доставена им е на сите единици на локалната самоуправа кои ги извршуваат доверените работи со матичните книги. Со инструкцијата се насочува начинот на работа во врска со регистрацијата на личното име на припадникот на националното малцинство без оглед на местото на регистрација на одредениот факт во матичната книга, односно дали тој податок се запишува при основната регистрација во матичната книга или во последователната регистрација.

Исто така, доставен е пример на Известување за постапката и начинот на регистрација на личното име на припадникот на националното малцинство во матичните книги поради истакнување на огласните табли на сите матични подрачја на градовите, односно општините за кои се водат матични книги. Во единиците на локалната самоуправа во кои со статут е утврдено дека е во службена употреба јазикот на припадниците на националното малцинство се бараше истакнување на извстувањата и на јазикот и писмото на националното малцинство.

АКТИВНОСТ: 5.2. Обука на матичарите и на замениците на матичарите во врска со примената на законите и останатите прописи кои го уредуваат начинот на регистрација на личното име на припадниците на националните малцинства во

62

Page 63:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

матичната книга на јазикот и писмото на припадниците на националните малцинства.- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.27РОК: IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Aктивнoста е целосно рeaлизирaнa.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управаИЗВЕШТАЈ:Во согласност со утврдениот План за обуки во 2015. година, а во врска со примената на законите и на другите прописи кои го уредуваат начинот на регистрација на личното име на припадникот на националното малцинство во матичните книги на јазикот и писмото на националното малцинство, одржани се обуки на матичарите и на замениците на матичарите кои ги водат матичните книги во сите органи на управата на кои им се доверени работите на матичните книги. Организирани беа вкупно осум обуки (во Ниш, Белград, Пирот, Златибор, Нови Сад и Суботица по една обука и во Белград две обуки). На овие обуки присуствуваа вкупно 335 матичари и заменици на матичари.

АКТИВНОСТ: 5.3. Зголемен надзор над остварувањето на правата на припадниците на националните малцинства во врска со регистрацијата на личното име на јазикот и писмото на националното малцинство во матичните книги.РОК: Континуирана активностСТАТУС: Aктивнoста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа Управен инспекторат

ИЗВЕШТАЈ:Вкупниот број на изречените мерки кои се однесуваат само на регистрација на личното име на припадниците на националните малцинства во матичната книга на писмото на националните малцинства е четири, а вкупниот број на реализирани мерки е три.

АКТИВНОСТ: 5.4. Обезбедување и распределба на средствата на органите и организациите на територијата на локалните самоуправи во кои, во службена употреба е барем еден јазик на националното малцинство, поради унапредување на остварувањето на право на службена употреба на јазикот и писмото, и тоа во буџетот на РС за локалните самоуправи надвор од АП Војводина, а во буџетот на АП Војводина за локалните самоуправи во АП Војводина, како и во буџетите на локалните самоуправи за нивната територија, преку директна распределба на буџетските средства и распишување и реализација на конкурсите.РОК за конкурси: Континуирано, почнувајќи од 2017. година

63

Page 64:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

За директни буџетски средства: од 2017. годинаСТАТУС: Aктивнoста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа и локална самоуправа

АПВ – Покраински секретаријат за финансии Покраински секретаријат за образование, прописи, управа и

национални малцинства – национални заедници Единици на локалната самоуправа

ИЗВЕШТАЈ:Врз основа на Покраинската собраниска одлука за доделување на буџетски средства на органите и организациите во чија работа се во службена употреба јазиците и писмата на националните малцинства - националните заедници („Службени весник на АПВ“, број 14/2015), Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници во текот на 2015. година распиша конкурс за финансирање, односно учество во финансирање:

- оспособување на вработените во органите и организациите да се користат со јазикот на националното малцинство - националната заедница кој е во службена употреба, посебно вработените на работните места на кои се остварува контакт со странките (учество на курсеви, семинари и други начини организирани со таа цел) и за развој на системот на електронска управа за работа во услови на повеќејазичност;

- трошоци за изработка и поставување на табли со име на органите и организациите, назив на населените места и на други географски имиња на патните правци, имиња на улици и плоштади, како и други известувања и предупредувања за јавноста напишани и на јазиците на националните малцинства – националните заедници кои се во службена употреба во општината, градот или населеното место и за печатење на двојазични или повеќејазични обрасци, службени гласила и други јавни публикации.

Право на учество на конкурсот имаа: органите на градовите и општините на територија на АП Војводина во кои со статут е утврдена службената употреба на јазиците и писмата на националните малцинства на целата територија на градот, општината или поедини населени места на нивната територија; месни самоуправи на територијата на градовите и општините; други органи, организации, служби и установи на територијата на градовите и општините.

Висината на средствата за распределба утврдена е врз основа на следниве критериуми: бројот на јазиците и писмата кои се во службена употреба на целата територија на градот, општината или населеното место; процентуално учество на припаднците на националните малцинства чии јазици и писма се во службена употреба во вкупниот

64

Page 65:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

број на населението; вкупни материјални трошоци потребни за реализација на проектот; постоење и на други извори на финансирање на проектот; континуитет во финансирањето на проектот од страна на Секретаријатот.

Конкурсот беше распишан од 13. мај до 15. јуни 2015. година на износ од 9.500.000,00 динари, кој според претходно наведените критериуми беше распореден на 98 органи и организации, корисници на буџетски средства, во чија работа во службена употреба се јазиците и писмата на националните малцинства. Вкупно беа поднесени 166 пријави на Конкурсот, од кои четири пријави не се разгледани затоа што не се однесувале на со конкурсот предвидените намени, четири затоа што подносителите не потпаѓаат под кругот на субјектите кои имаат право на учество на конкурс, а една затоа што била некомплетирана. Резултатите од наведениот конкурс објавени се на интернет презентацијата на Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства - национални заедници.

Врз основа на Покраинската собраниска одлука за доделување на буџетски средства на органите и организациите во чија работа се во службена употреба јазиците и писмата на националните малцинства - националните заедници („Службен весник на АПВ“, број 14/2015), Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства - национални заедници во текот на 2016. година распиша еден конкурс за финансирање односно учество во финансирање:

- оспособување на вработените во органите и организациите да се користат со јазикот на националното малцинство - националната заедница кој е во службена употреба, посебно вработените на работните места на кои се остварува контакт со странките (учество на курсеви, семинари и други начини организирани со таа цел) и за развој на системот на електронска управа за работа во услови на повеќејазичност;

- трошоци за изработка и поставување на табли со име на органите и организациите, назив на населените места и на други географски називи на патните правци, имиња на улици и плоштади, како и други известувања и предупредувања за јавноста напишани и на јазиците на национални малцинства – национални заедници кои се во службена употреба во општината, градот или населеното место и за печатење на двојазични или повеќејазични обрасци, службени гласила и други јавни публикации.

Право на учество на конкурсот имаа: органите на градовите и општините на територија на АП Војводина во кои со статут е утврдена службената употреба на јазиците и писмата на националните малцинства на целата територија на градот, општината или поедини населени места на нивната територија; месни самоуправи на територијата на градовите и општините; други органи, организации, служби и установи на територијата на градовите и општините

65

Page 66:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Висината на средствата за распределба утврдена е врз основа на следниве критериуми: бројот на јазиците и писмата кои се во службена употреба на целата територија на градот, општината или населеното место; процентуално учество на припаднците на националните малцинства чии јазици и писма се во службена употреба во вкупниот број на населението; вкупни материјални трошоци потребни за реализација на проектот; постоење и на други извори на финансирање на проектот; континуитет во финансирањето на проектот од страна на Секретаријатот.

Конкурсот беше распишан од 7. до 31. март 2016. година, на износ од 3.178.264,00 динари, кој според претходно наведените критериуми беше распореден на 43 органи и организации, корисници на буџетски средства, во чија работа во службена употреба се јазиците и писмата на националните малцинства. Вкупно беа поднесени 120 пријави на Конкурс, од кои пет пријави не се разгледани затоа што не се однесувале на со конкурсот предвидените намени, а две затоа што подносителите не потпаѓаат под кругот на субјектите кои имаат право на учество на конкурсот. Резултатите од наведениот конкурс објавени се на интернет презентацијата на Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства - национални заедници.

АКТИВНОСТ: 5.5. Поттикнување на флексибилна примена на воведување на малцинските јазици во службена употреба во подрачјата каде традиционално живеат националните малцинства, во согласност со членот 11. став 1. од Законот за службена употреба на јазикот и писмата и обезбедување на средствата за финансирање на овие активности од буџетот.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Извештајот од надлежните институции не е доставен.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Единици на локалната самоуправа – Совети за меѓунационални односи

АКТИВНОСТ: 5.7. Подигнување на свеста на припадниците на националните малцинства во поглед на остварување на правата на употреба на малцинските јазици во контактите со локалните органи и другите надлежни органи на јавната власт во средините во кои живеат националните малцинства преку:- дожноста на надлежниот орган да ја извести странката за правото на употреба на јазикот и писмото на националните малцинства,- објавување на огласната табла информации за правото на употреба на јазикот и писмото на националните малцинства,- спроведување на кампањи за правото на употреба на јазикот и писмото на националните малцинства.РОК: Континуирано

66

Page 67:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

СТАТУС: Извештајот од надлежните институции не е доставен.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Единици на локалната самоуправа Органи на јавната власт Совети за меѓунационални односи

АКТИВНОСТ: 5.12. Зајакнување на превентивната улога на паричната казна преку попрецизно пропишување на прекршоци за кои се изрекува парична казна и поделотворни казни за прекршување на одредбите од Законот за службена употреба на јазикот и писамото.РОК: I квартал на 2017. годинаСТАТУС: Активноста е делумно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Републички секретаријат за законодавство Министерство надлежно за работите на државната управа Министерство надлежно за правда Останати министерства кои вршат надзор над примената на

законотИЗВЕШТАЈ:Предлозите за уредување на предметните прашања дадени се во преднацрт законот за измени и дополнувања на Законот за службена употреба на јазиците и писмата кој е упатен во Министерството за државна управа и локална самоуправа поради натамошно усогласување.

АКТИВНОСТ: 5.13. Објавување на прописите на јазиците на националните малцинства во согласност со Европската повелба на Советот на Европа за регионалните или малцинските јазици.РОК: I квартал на 2017. годинаСТАТУС: Активноста е делумно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Републички секретаријат за законодавство Министерство надлежно за работите на државната управа

ИЗВЕШТАЈ:Предлозите за уредување на предметните прашања дадени се во рамките на предлозите кои Секретаријатот за законодавство кои во два наврати и ги упати на Работната група на Министерството на државна управа и локална самоуправа, образована со цел изработка на текст на нацрт законот за измени и дополнувања на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства. Предлогот кој е сега предмет на разгледување упатен и е на Работната група во март 2016. година.

67

Page 68:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

VI ОБРАЗОВАНИЕ

АКТИВНОСТ: 6.1. Спроведување на анализата која опфаќа:- компаративно правна анализа за моделите на образование на јазиците на националните малцинства во ЕУ- анализа на постоечката состојба во Република Србија- препораки за воведување на нови модели.РОК: До III квартал на 2016. годинаСТАТУС: Aктивнoста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерството надлежно за просвета Националниот просветен совет Заводот за унапредување на образованието и воспитанието Покраински секретаријат за образование Педагошки завод на Војводина Национални совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Mинистерството за просвета, наука и технолошки развој започна анализа на постоечката состојба во Република Србија врз основа на порталот со отворени податоци http://opendata.mpn.gov.rs/. По вториот круг на запишување во установите за средно образование и воспитување, Mинистерството својата анализа ќе ја достави на увид на јавноста и врз основа на истата ќе даде препораки за воведување на нови модели за образование на учениците на припадниците на националните малцинства во Република Србија.

Почитувајќи го законското право на припадниците на националните малцинства образованието да го стекнат на српски јазик, на својот мајчин јазик или двојазично, а врз основа на нивното определување, во образовно-воспитните установи на територија на Автономна Покраина Војводина наставната работа се реализира на вкупно 11 малцински јазици, од тоа комплетна настава на пет (унгарски, словачки, романски, русински, хрватски), а изучување на мајчин јазик со елементи на национална култура уште на шест јазици/говори (украински, бугарски, македонски, чешки, ромски јазик и буњевачки говор).

Доколку за образование на мајчин јазик се изјаснат помал број на ученици, за формирање на одделенија за помалку од 15 ученици Покраинскиот секретаријат дава согласност со претходно добиено мислење од националниот совет на националното малцинство.

Во учебната 2015/16. година, на територијата на АП Војводина од 466 редовни основни и средни училишта, во 20 (4,29%) наставата се реализира исклучиво на еден од

68

Page 69:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

малцинските јазици, а во 138 (29,61%) училишта, покрај српскиот јазик, наставата се реализира уште на еден или на два малцински јазици. Вкупно во 158 училишта (33,90%, покрај српскиот наставен јазик, постои и некој од малцинските јазици.

ОСНОВНИ УЧИЛИШТА:

Во учебната 2015/2016. година, од вкупно 345 редовни задолжителни основни училишта (во АП Војводина), наставата се изведува:

- само на еден јазик во 248 училишта (71.88%)

на српски јазик – во 230 училишта или 66.67% од вкупниот број на редовни задолжителни основни училишта;

на унгарски јазик – во осум (8) училишта или 2.32% од вкупниот број на редовни задолжителни основни училишта;

на словачки јазик – во пет (5) училишта или 1.45% од вкупниот број на редовни задолжителни основни училишта;

на романски јазик – во четири (4) училишта или 1.16% од вкупниот број на редовни задолжителни основни училишта;

на русински јазик – во едно (1) училиште или 0.29% од вкупниот број на редовни задолжителни основни училишта.

- на два јазика во 95 основни училишта (27.54%)

на српски и унгарски јазик наставата се изведува во 65 училишта или 18.84% од вкупниот број на основни училишта;

на српски и словачки јазик наставата се изведува во 11 училишта или 3.19% од вкупниот број на основни училишта;

на српски и романски јазик наставата се изведува во 12 училишта или 3.48% од вкупниот број на основни училишта;

на српски и русински јазик наставата се изведува во две (2) училишта или 0.58% од вкупниот број на основни училишта;

на српски и хрватски јазик наставата се изведува во пет (5) училишта или 1.45% од вкупниот број на основни училишта.

- на три јазика во две основни училишта (0.58%)

на српски, унгарски и романски јазик во едно (1) основно училиште во Пландиште; на српски, унгарски и словачки јазик во едно (1) основно училиште во местото

Бело Блато, на територија на градот Зрењанин.

Застапеност на наставни јазици според бројот на ученици, бројот на одделенија и бројот на редовни основни училишта во учебната 2015/16. година во АП Војводина

Наставен јазик

Број на ученици Број на одделенија Број на училишта∑ % Некомбинирани Комбинирани ∑ %

српски 130.547 87,92 6.168 164 327 94,78

69

Page 70:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

унгарски 13.680 9,21 866 37 75 21,74словачки 2.728 1,84 149 14 17 4,93романски 874 0,59 70 20 17 4,93русински 412 0,28 29 0 3 0,87хрватски 242 0,16 27 5 5 1,45вкупно 148.483 100,00 7.309 240 345 100,00

Број на ученици во редовни основни училишта по одделенија и наставни јазици во учебната 2015/16. година во АП ВојводинаНаставен

јазикБРОЈ НА УЧЕНИЦИ ПО ОДДЕЛЕНИЈА

ВкупноI II III IV V VI VII VIII

српски 15.852 15.588 16.116 16.464 17.038 17.249 16.259 15.981 130.547унгарски 1.550 1.536 1.705 1.703 1.846 1.814 1.840 1.686 13.680словачки 321 337 327 339 314 361 353 376 2.728романски 117 106 109 115 101 100 120 106 874русински 47 31 50 42 54 74 63 51 412хрватски 28 22 27 31 31 30 42 31 242

вкупно17.915 17.620 18.334 18.694 19.384 19.628 18.677 18.231 148.48312,07% 11,87% 12,35% 12,59% 13,05% 13,22% 12,58% 12,28% 100,00%

Дејноста на основното образование и васпитание според наставните јазици и бројот на ученици/учесници во учебната 2015/16. година во АП Војводина

Наставен јазик

ДЕЈНОСТ НА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕОбразование на

учениците со пречки во развојот

Основно музичко образование

Основно балетско образование

Училишта за основно

образование на возрасни

∑ % ∑ % ∑ % ∑ %српски 1.383 75,66 5.835 85,39 427 100,00 1.463 94,20

унгарски 415 22,70 998 14,61   0,00 90 5,80словачки 25 1,37   0,00   0,00   0,00романски   0,00   0,00   0,00   0,00русински 5 0,27   0,00   0,00   0,00хрватски   0,00   0,00   0,00   0,00вкупно 1.828 100,00 6.833 100,00 427 100,00 1.553 100,00

Број на ученици според наставните јазици во редовните задолжителни основни училишта:

Со наставата на српски јазик опфатени се 130.547 (87.92%) ученици, а тоа е за 1.099 ученици или 0.83% помалку од претходната учебна година;

Со наставата на унгарски јазик опфатени се 13.680 (9.21%) ученици, а тоа е за 628 ученици или 4.39% помалку од претходната учебна година;

Со наставата на словачки јазик опфатени се 2.728 (1.84%) ученици, а тоа е за 76 ученици или 2.71% помалку од претходната година.

Со наставата на романски јазик опфатени се 874 (0.59%) ученици, а тоа е за 47 ученици или 5.10% помалку од претходната учебна година.

70

Page 71:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Со наставата на русински јазик опфатени се 412 (0.28%) ученици, а тоа е за 31 ученик или 6.98% помалку од претходната учебна година.

Со наставата на хрватски јазик опфатени се 242 (0.16%) ученици, а тоа е за два (2) ученици или 0.82% помалку од претходната учебна година.

Изучување на мајчиниот јазик/говор со елементи на национална култура во учебната 2015/16. година.

Мајчиниот јазик/говор со елементи на национална култура во редовните задолжителни основни училишта на територијата на АП Војводина

Реден број

Мајчин јазик/говор со елементи на национална

култураБрој на ученици

Број на основни училишта

Број на единици на локална самоуправа

1. унгарски 2.659 61 23

2. ромски 1.065 40 16

3. словачки 692 35 11

4. хрватски 459 14 6

5. русински 356 21 7

6. буњевачки 346 11 2

7. романски 300 12 9

8. украински 106 7 5

9. чешки 63 4 2

10. македонски 24 1 1

11. бугарски 12 1 1

Во однос на претходната училишна година, зголемен е бројот на ученици кои учат:

Унгарски јазик со елементи на национална култура – за 55 ученици или 2.11%; Ромски јазик со елементи на национална култура – за 87 ученици или 8.90%; Словачки јазик со елементи на национална култура – за 71 ученик или 11.43%; Русински јазик со елементи на национална култура – за 30 ученици или 9.02%; Хрватски јазик со елементи на национална култура – за 29 ученици или 6.74%; Буњевачки говор со елементи на национална култура – за 69 ученици или 24.91%; Чешки јазик со елементи на национална култура – за 11 ученици или 21.51%; Бугарски јазик со елементи на национална култура – за три (3) ученика или

33.33%.

Во однос на претходната училишна година, намален е бројот на ученици кои учат:

Романски јазик со елементи на национална култура – за 17 ученици или 5.36%;

71

Page 72:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Украински јазик со елементи на национална култура – за пет (5) ученици или 4.50%;

Македонски јазик со елементи на национална култура – за пет (5) ученици или 17.24%.

СРЕДНИ УЧИЛИШТА:

Во учебната 2015/16. година, на територијата на АП Војводина, во 40 локални самоуправи (од вкупно 45), те. во 34 општини и шест градови, постојат 121 редовни средни училишта: 25 гимназии (21 општа и четири специјализирани – две за надарени ученици во математичката гимназија на српски и унгарски јазик и две за надарени ученици во во филолошката гимназија на српски и унгарски јазик), 75 стручни училишта, 11 мешани училишта и десет уметнички училишта.

Наставата на јазиците на националните малцинства - националните заедници организирана е во 43 средни училишта, со седиште во 17 локални самоуправи:

- во 12 гимназии (во девет унгарски јазик, во две на словачки јазик, во една на романски јазик, а во една од гимназиите и на хрватски јазик);

- во 27 стручни училишта (во едно на романски јазик и во 26 на унгарски јазик, од кои во едно училиште, покрај унгарскиот јазик, наставата се одржува и на словачки, односно хрватски наставен јазик);

- во две мешани училишта (во едно на унгарски јазик и во едно во кое учениците на русински јазик стекнуваат гимназиско образование);

- во две уметнички училишта на унгарски јазик.

Наставата на еден од малцинските јазици ја посетуваат 6.611 ученици, т.е. 10,4% од вкупниот број на ученици распоредени во 340 одделенија. Бројот на ученици кои ја посетуваат наставата на мајчин јазик помал е за 381 од учебната 2014/15. година, а бројот на одделенија помал е за седум.

Процентот на ученици кои се образуваат на мајчин јазик, во споредба со вкупниот број на учениците во средните училишта е ист.

Изучувањето на мајчиниот јазик со елементи на национална култура организирано е само во осум средни училишта.

јазик број на училишта број на ученициунгарски јазик 2 89словачки јазик 5 48романски јазик 1 4русински јазик 0 0хрватски јазик 0 0вкупно 8 141

72

Page 73:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Малиот број на ученици и училишта во кои се реализира наставата на мајчиниот јазик со елементи на национална култура последица е и нерамноправната позиција на овој наставен предмет во наставниот план за средните училишта (тој се наоѓа на листата на факултативните наставни предмети и не се финансира како редовната настава и изборните наставни предмети, оценките од овој предмет немаат важност за општиот успех на учениците и сл).

Покраинскиот секретаријат започна со активности за воспоставување на контакти и соработка со меродавните институции во земјите во опкружувањето чии модели на образование се најслични со нашите, како и условите за неговатта реализација – Република Хрватска, Унгарија, Романија, Босна и Херцеговина, со цел запознавање и анализа на системите на образование, нивните споредувања и изработки на предлози за евентуално воведување на нови модели.

Во таа насока Секретаријатот, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина на 16. јуни 2016. година, организираше студиска посета на директорите на педагошките заводи на Секретаријатот и посета на едно основно и едно средно училиште во Нови Сад. Во оваа пригода дојде до размена на искуствата и примерите на добра пракса со осврт токму на прашањата од областа на малцинското образование.

Моделот според кој учениците, припадници на националните малцинства имаат можност наставата во целост да ја посетуваат на мајчин јазик дава добри резултати и, по мислење на Покраинскиот секретаријат, не е потребно да се менува. Потребно е да се направи одреден напредок во однос на зајакнувањето на компетенциите на наставниците и постигнувањата на учениците на начин Правилникот за наставен план и програма за основни и средни училишта, во делот кој се однесува на наставниот предмет мајчин јазик со елементи на национална култура да се измени и дополни, како и да се преземат мерки со цел воведување на наставниот предмет јазик на општествената средина во рамноправен статус со наставниот предмет мајчин јазик со елементи на национална култура.

Националниот совет на унгарското национално малцинство зема активно учество во работата на Меѓувладината мешовита комисија на Унгарија и Србија, каде се усвоени следедниве заклучоци како прифатени препораки за воведување на нови модели за образование: ММК и предлага на српската Страна да ги забрза преговорите кои се водат со НЦМ за покренување на системот на услови на повеќенасочниот модел на стручно оспособување на наставниците; ММК и предлага на српската Страна изработка на концепција на унгарското национално образование, со вклучување на Националниот совет на Унгарците, се со цел остварување на правото на образование на мајчин јазик кое се содржи во Уставот; и ММК и предлага на српската страна што поскоро усвојување на новиот наставен план и програма за учење на српскиот јазик како не мајчин, кој има за цел унапредување на учењето на српскиот јазик како не мајчин.

73

Page 74:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 6.2. Формирање на група во Националниот просветен совет која се занимава со образованието на јазиците на националните малцинства.РОК: I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е целосно рeaлизирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Национален просветен советИЗВЕШТАЈ:На 120. седница на Националниот просветен совет, одржана на 10. мај 2016. година, формирана е група членови на Националниот просветен совет која се занимава со образованието на јазиците на националните малцинства, во состав: Радивоје Стојковиќ (претседател), Минерва Трајловиќ-Кондан, Љубомир Поповиќ, Јулијана Вучо, Љиљана Бајиќ, Биљана Стевановиќ; со заклучок дека Националните совети на националните малцинства преку својот претставник во НПС, Минерва Трајловиќ-Кондан може да делегираат најмногу уште три свои претставници во оваа група. До денот на известувањето не е добиен предлог за дополнителните членови на оваа група.

АКТИВНОСТ: 6.4. Следење на квалитетот на образованието на јазиците на националните малцинства.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за образование Завод за вреднување на квалитетот на образованието и

воспитаниеето Покраински секретаријат за образование Педагошки завод на Војводина

ИЗВЕШТАЈ:Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и воспитанието секоја година изготвува анализа на постигнувањата на учениците кои се образуваат на јазиците на националните малцинства. Анализата за завршниот испит за учебната 2015/2016. година ќе биде завршена во септември 2016. година.

Врз основа на таа анализа и на анализите изготвени преку активноста 6.1, на Министерството за просвета, наука и технолошки развој ќе го следи квалитетот на образованието на јазиците на националните малцинства и оценката ќе им ја дадат на увид на заинтересираните страни.

Република Србија во договор со меѓународната заедница презема обврска 2003. година да реализира завршен испит за учениците во основното образование и воспитание и со тоа да постави темел на уредениот и делотворен систем на екстерни испити. Овие

74

Page 75:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

испити се дел од системот за осигурување на квалитетот на образованието и васпитанието и карактеристика се на развиените и ефикасни образовни системи.

Националниот просветен совет 2009. година ги усвои стандардите за постигнувања за крајот на основното училиште кои дефинираат што би требало учениците да знаат и да умеат на крајот на задолжителното осумгодишно образование од следниве предмети: српски јазик, математика, историја, биологија, географија, физика, хемија, ликовна култура, музичка култура и физичка култура. Истовремено, усвоени се и стандардите за мајчин јазик на секое национално малцинство на чиј јазик се изведува наставата, а општообразовните предмети преведени се на јазиците на тие национални малцинства. Со проверка на оствареноста на стандардите за постигнувањата на учениците на завршниот испит може да се вреднуваат и работата на училиштето и достигнувањата на учениците. Наставниците имаат обврска да ја планираат и програмираат својата работа во однос на тие стандарди и на остварените резултати на учениците на завршниот испит. На завршниот испит се проверува дали и на кое ниво учениците ги постигнале утврдените стандарди за достигнување.

Концептот на завршниот испит во основното образование и воспитание утврден е 2010. година, а врз основа на концептот, во согласност со Законот за основи на системот за образование и воспитание донесен е Правилникот за програма на завршниот испит во основното образование и воспитание (Сл. весник на РС – Просветен весник, бр. 1/2011, 1/2012, 1/2014. и 12/2014) врз основа на кој од учебната 2010/2011. година се реализира завршниот испит во основното образование и воспитание. Со овој Правилник предвидено е постапно воведување на тестови на завршниот испит од учебната 2010/11. година, кога учениците имаа тестови за српски, односно мајчин јазик и математика, а од учебната 2013/14. година, предвиден е и комбиниран тест, кој го проверува знаењето од природните и од општествените науки.

Со излегувањето на завршниот испит учениците добиваат сертификат за завршено основно образование и воспитание, се рангираат за упис во средни училишта врз основа на бројот на освоени поени на тестовите и врз основа на остварениот училишен успех. Исто така, со овој испит се проверува оствареноста на стандардите и достигнувањата и се вреднуваат резултатите од учењето во основното училиште, со што се добива слика за квалитетот на образованието на ниво на системот. Учениците имаат можност да се запознаат со начинот и содржината на тестирањето преку пробни тестови, кои се реализираат секоја година во сите основни училишта на српски јазик и на јазиците на националните малцинства. Пред тоа, учениците може да се подготвуваат за завршниот испит вежбајќи ги задачите од збирките на српски јазик и на јазиците на националните малцинства кои Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и воспитанието ги подготвува за секоја учебна година.

Членот 9. од Законот за основи на системот за образование и воспитание предвидува за припадниците на националните малцинства образовно-воспитната работа да се остварува на мајчин јазик, затоа, Заводот за вреднување на квалитетот на

75

Page 76:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

образованието и воспитанието подготвува инструменти за реализација на завршниот испит на јазиците на националните малцинства на кои се образуваат припадниците на тие малцинства.

Секоја година се подготвуваат комплети збирки задачи кои содржат збирка за српски, односно за јазикот на националните малцинства, математика и комбинирана збирка.

Задачите во збирките се разликуваат, имајќи ги предвид специфичностите на секој јазик и националните литератури, додека комбинираната збирка и збирката задачи за математика се преведуваат од српски на јазиците на националните малцинства.

Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и воспитанието за завршниот испит во основното образование и воспитание подготвува тестови на српски јазик и на јазиците на националните малцинства. Тестовите се прават за седум предмети: српски/мајчин јазик, математика, историја, биологија, географија, хемија и физика. Сите тестови, освен тестовите за мајчин јазик, се преведуваат на: албански, бугарски, унгарски, романски, русински, словачки и хрватски јазик. Од учебната 2016/2017. година, тестовите ќе се преведуваат и на босански јазик. (Стандардите за босански јазик се подготвени и доставени му се на Националниот просветен совет на усвојување).

Заводот ги адаптира овие тестови на Брајово писмо или ги прилагодува за потребите на слабовидите ученици. Доколку во одредена учебна година меѓу учениците кои ја следат наставата на јазиците на националните малцинства постојат оние на кои им е потребно ова прилагодување, Заводот и за нив ги преведува, односно подготвува тестовите.

Заводот подготвува тестови за завршниот испит и за учениците на Втора шанса. За оние ученици на Втора шанса чиј наставен јазик е некој од јазиците на националните малцинства, Заводот ги преведува тестовите на оние јазици за кои во таа учебна година се јавува потреба.

Завршниот испит на крајот на основното образование и воспитание е задолжителен за сите ученици кои завршиле осмо одделение, а на национално ниво има значење и функција на екстерен испит. Како и претходните години, учениците решаваа три теста: тест по мајчин јазик, математика и комбиниран тест. Со задачите се проверува оствареноста на образовните стандарди дефинирани на три нивоа на достигнување – основно, средно и напредно ниво.

Во согласност со прописите со кои се регулираат правата на учениците на образование, учениците имаат можност да го изберат јазикот на кој ќе го полагаат завршниот испит. По правило, учениците се определуваат за испит на мајчиниот јазик, односно за јазикот на кој ја следеле наставата. Тоа значи дека учениците решаваат тест од соодветниот мајчини јазик, а на истиот јазик ги решаваат тестот по математика и комбинираниот тест.

76

Page 77:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Имајќи ја предвид евалуативната функција на завршниот испит, анализирани се достигнувањата на учениците од сите национални малцинства со цел проценка на ефектот на основното образование и преземање на мерки за унапредување. Овој извештај конципиран е така да достигнувањата на учениците се претставени за секое национално малцинство во посебно поглавје.

Пред се анализирани се просечните достигнувања на учениците, као и минималното и максималното достигнување со наведување на бројот на ученици кои го остваруваат.

Добиените податоци за просечниот скор на учениците за три години реализација на завршниот испит (2014-2016) овозможуваат споредба на достигнувањата на учениците по години, односно, увид во знаењето на учениците од соодветните предмети.

Покрај тоа, со цел следење на успешноста на учениците, анализирано е достигнувањето на различни нивоа (реон и општина). Практичното значење на овие податоци се огледа во формулирањето на низа мерки со цел давање на поддршка на училиштата, општините и реоните во кои се бележи достигнување под очекуваното.

Заводот за вреднување од минатата година почна да составува посебен Извештај за резултатите од завршниот испит на учениците припадници на националните малцинства кој содржи глобални податоци за успешноста на учениците припадници на националните малцинства, како и приказ на достигнувањата на ниво на општина за секое национално малцинство и збирен приказ на достигнувањата на сите ученици во однос на јазикот на кој го полагале испитот.

Извештајот им е доставен на Министерството за просвета, наука и технолошки развој, како и на советите на националните малцинства.

Достигнувањата на завршниот испит на учениците припадници на националните малцинства презентирани им се во јуни 2016. година, на претставниците на албанското, хрватското, унгарското, романското, бугарското, русинското, бошњачкото и словачкото национално малцинство и на наставниците кои предаваат мајчин јазик и српски јазик како втор јазик.

Завршниот испит на крајот на основното образование и воспитание во учебната 2015/2016. година, се одржа во јунскиот испитен рок (15, 16. и 17. јуни 2016. година). На почетокот на август беше подготвен извештајот за 2015/16. година, кој ќе биде дистрибуиран на ист начин.

Сите извештаи за резултатите од завршниот испит (за мнозинското население и за националните малцинства) достапни се на сајтот на Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и воспитанието (www.ceo.edu.rs).

На ниво на средното образование, Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и воспитанието, почнувајќи од 2009. година, го вреднуваше квалитетот

77

Page 78:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

на повеќе од 50 пилот програми, при што учениците припадници на националните малцинства (најмногу Унгарци и Албанци), беа задолжителни соговорници за да се процени квалитетот на овие програми, а нивното мислење се почитуваше при подготовките на предологот за понатамошниот статус на пилот програмите.

Покраинскиот секретаријат за образование во идниов период, во соработка со Педагошкиот завод на Војводина, ќе изработи план за изработка на инструменти за јазичните компетенции на учениците како и за задоволството од наставата. По извршеното анкетирање ќе се изврши анализа на добиените податоци, ќе се изврши споредба со извештаите за достигнувањата на учениците на завршниот испит. Со добиените резултати ќе бидат запознаени училиштата и националните совети на националните малцинства.

АКТИВНОСТ: 6.6. Понатамошно развивање на програмата за стручно усовршување на наставниците и соработниците кои ја изведуваат наставата на јазикот на националните малцинства.- врска со Стратегијата за развој на образованието во Република Србија до 2020. и пратечкиот акционен план, во согласност со акцијата ПД-ОН04РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за образование Завод за вреднување на квалитетот на образованието и

воспитанието Завод за унапредување на образованието и воспитанието Високообразовни установи Педагошки завод на Војводина

ИЗВЕШТАЈ:Работната група формирана во јули 2016. године ќе изработи нов Правилник за стручно усовршување на наставниците.

Во тек е подготовка на обуката за наставниците и изработка на прирачник за наставниците за користење на стандарди за српскиот како втор јазик во наставата. Прирачникот ќе биде напишан до крајот на октомври 2016. година. До крајот на декември 2016. ќе бидат реализирани обуки за околу 100 наставници. Обуките за останатите наставници планирани се за 2017, така да до крајот на 2017. година ќе бидат обучени сите наставници кои предаваат српски како втор јазик.

Заводот за унапредување на образованието и воспитанието според важечкиот Правилник за постојано стручно усовршување на наставниците, воспитувачите и стручните соработници има обврска секоја втора година да распише Конкурс за

78

Page 79:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

одобрување на програми за постојано стручно усовршување и на сајтот на Заводот да објави Каталог со важечките програми.

Во Каталогот за 2014/2015. и 2015/2016. година се наоѓаат 53 програми за стручно усовршување кои се од значење за наставниците и соработниците кои ја изведуваат наставата на јазикот на националното малцинство. Од вкупниот број на наставници кои ги следеле сите програми, од сите области, 0,45% од наставниците ја поминале обуката на програмите за стручно усовршување важни за наставниците и соработниците кои ја изведуваат наставата на јазикот на националното малцинство.

Новиот Каталог за стручно усовршување, кој го изготви Заводот за унапредување на образованието и воспитанието и кој ќе важи од септември 2016. година во идните две учебни години содржи 122 програми важни за наставниците и соработниците кои ја изведуваат наставата на јазикот на националното малцинство.

Следење на реализацијата на акредитираните програми на постојано стручно усовршување на вработените во образованието

Педагошкиот завод на Војводина во согласност со Законот за основите на системот за образование и воспитание („Сл. весник на РС“ број 72/2009, 52/2011, 55/2013, 35/2015-автентично толкување, 68/2015 и 62/2016-одлука на УС), изврши проверка на остварувањето на реализацијата на следниве програми за постојано стручно усовршување на возрасните во образованието:

1. Употреба на информационо-комуникациски технологии во наставата, објавена во Каталогот под број 828 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е четири пати во првиот квартал на годината со вкупно 148 учесници, три пати во Нови Сад и еднаш во Бачки Петровац.

2. Словачки јазик за традицијата кон модерноста 6, објавена во Каталогот под број 827 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е во првиот квартал на годината со вкупно 74 учесници три пати во Ковачица.

3. Волк или јагне? Пристап кон агресијата и давање на помош на жртвите и сторителите на насилство, објавена во Каталогот под број 856 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е во првиот квартал на годината со вкупно 25 учесници два пати во Сента.

4. Коцкичка, карти, јаже, падобран-игри во одделението објавена во Каталогот под број 836 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е во првиот квартал на годината со вкупно 10 учесници, еднаш во Суботица.

5. Каде се создаваат чудата-педагогија на искуства (емпириска едукација) објавена во Каталогот под број 844 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е во првиот квартал на годината со вкупно 21 учесник еднаш во Зрењанин.

6. Почнуваме со играта! Примена на игри во воспитанието и образованието во онлајн-форм а 5 пати во првиот квартал.

79

Page 80:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Следење на реализацијата на акредитираните програми на постојано стручно усовршување на вработените во образованието

Педагошкиот завод на Војводина во согласност со Законот за основите на системот за образование и воспитание („Сл. весник на РС“ број 72/2009, 52/2011, 55/2013, 35/2015-автентично толкување, 68/2015 и 62/2016-одлука на УС), изврши проверка на остварувањето на реализацијата на следниве програми за постојано стручно усовршување на возрасните во образованието:

1. Употреба на информационо-комуникациски технологии во наставата, објавена во Каталогот под број 828 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е во вториот квартал на годината со вкупно 40 учесници, еднаш во Бачки Петровсц.

2. Почнуваме со играта! Примена на игри во воспитанието и образованието во онлајн-форм а, 7 пати во вториот квартал.

3. Коцкичка, карти, јаже, падобран-игри во одделението, објавена во Каталогот под број 836 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е во вториот квартал на годината со вкупно 15 учесници, еднаш во Ада.

4. Каде се создаваат чудата-педагогија на искуства (емпириска едукација), објавена во Каталогот под број 844 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е во вториот квартал на годината, два пати со вкупно 38 учесници во Ада и во Сомбор.

5. Употреба на компјутери во наставата, објавена во Каталогот под број 829 за учебната 2014/15. и 2015/16. година, реализирана е во вториот квартал на годината, еднаш со вкупно 88 учесници во Нови Сад.

АКТИВНОСТ: 6.7. Унапредување на образованието на наставниците за српски како втор јазик преку:- анализа за потребите и моменталната состојба,- упис на наставниците на ВШУ во согласност со идентификуваните потреби.РОК: за анализа – до крајот на II квартал на 2016. година

за упис – во согласност со динамиката на упис на ВШУСТАТУС: Активноста е готово целосно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за образование Завод за вреднување на квалитетот на образованието и

воспитанието Национален просветен совет Високообразовни установи

ИЗВЕШТАЈ:Во рамките на проектот Примена на препораките од Студијата за унапредување на наставата и учење на српскиот како втор јазик во основните училишта во Прешево,

80

Page 81:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Бујановац и Медвеѓе (2014), кој го реализираат Министерството за просвета, наука и технолошки развој на Република Србија и Службата на Координативното тело на владата на Република Србија за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓе, со поддршка на Канцеларијата на високата комесарка за прашањата на националните малцинства, британската амбасада во Белград, програмата Европски Прогрес и Мисијата на ОБСЕ во Србија, најважните активности и препораки реализирани во текот на учебната 2014/15. и 2015/16. година се:

- осмислија и реализираа два циклуси на осумдневни акредитирани основни обуки за наставниците (2015. и 2016. година) и еден циклус на четиридневна акредитирана напредна обука за наставниците (2016). Вкупно 72 наставници ја следеа обуката, а од 2016. година во обуките се вклучени и наставници од АП Војводина;

- реализираа средби на наставниците кои ја изведуваат наставата на српски како втор јазик со претставниците на институциите (МПНТР, ЗУОВ, ЗВКОВ) (2015);

- реализираа средби на наставниците од југот на Србија со колегите од АП Војводина со цел размена на искуства и добри пракси (2015. и 2016. година);

- избраа и ангажираа шест асистентки во наставата во четири основни училишта во Бујановац и Прешево во текот на 2015/2016. година, со цел давање на поддршка на наставниците во примена на новите методи на настава и следење на достигнувањето на учениците.

Во декември 2014. Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и воспитанието, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Србија, организираше дводневна работилница во текот на која беа анализирани потребите и моменталната состојба на образованието на наставниците по српски како втор јазик. Оваа работилница беше подготвителна активност за развојот на стандардите за српскиот како втор јазик. Во работилницата учествуваа претставниците на националните совети на националните малцинства (словачки, хрватски, унгарски, романски, русински, бошњачки, бугарски, албански), Министерството за образование, наука и технолошки развој, Координативното тело за Бујановац, Медвеѓе, Прешево и Педагошкиот завод на Војводина.

АКТИВНОСТ: 6.8. Развој на стандардите за српскиот као втор јазик и имплементација на новата наставна програма за српски јазик − како втор јазик за основно и средно училиште, земајќи го предвид иницијалното разбирање на српскиот јазик.- врска со Стратегијата за развој на образованието во Република Србија до 2020. и пратечкиот акционен план, во согласност со акцијата ПУ-ОШ02РОК: III квартал на 2017. годинаСТАТУС: Активноста е готово во целост реализирана.НОСИТЕЛИ ПАРТНЕРИ:

81

Page 82:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Министерство надлежно за образование Завод за унапредување на образованието и воспитанието Завод за вреднување на квалитетот на образованието и

воспитанието Покраински секретаријат за образование Педагошки завод на Војводина Национален просветен совет

ИЗВЕШТАЈ:Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и воспитанието формираше Стручна комисија, која состави предлог документ за образовните стандарди – во рамките на проектот Развојот на општите стандарди на достигнувања за српскиот како втор јазик за крај на првиот, вториот и третиот циклус на образование, кој опфаќа и функционално основно образование на возрасните. Проектот траеше од јануари 2015. година до јуни 2016. година, со поддршка на Одделението за демократизација на Мисијата на ОБСЕ.

Одлуката за финалниот документ кој содржи образовни и воспитни компетенции за предметот српски како втор јазик и исказите за стандардите по нивоа на достигнувања (основно, средно и напредно), Комисијата ја донесе врз основа на: (1) предистражувањата во декември 2014. година преку фокус-групата (наставници по српски како втор јазик и претставниците на националните совети на националните малцинства) – кои ги организираше Заводот во соработка со Министерството за просвета, наука и технолошки развој и Мисијата на ОБСЕ; (2) експертските проценки на членовите на Комисијата; (3) студиските посети на сите членови на Комисијата и претставници на ОБСЕ во училиштата и националните совети на северот и југот на Република Србија во кои се изучува српскиот како втор јазик, во мај 2015. година; (4) емпириското истражување во ноември 2015. година; (5) јавните расправи, со презентација на концептот и целите на образовните стандарди, со наставниците по српски како втор јазик и претставниците на националните совети на националните малцинства – во Босилеград, Бујановац, Нови Пазар, Суботица, Нови Сад и Руски Крстур, во мај и јуни 2016. година, во организација на Мисијата на ОБСЕ, како и (6) врз основа на неопходноста за идна перспектива, односно развојни димензии на образовни стандарди кои треба да го унапредат квалитетот на наставата на српскиот како втор јазик во основните и средните училишта.

Во емпириската проверка на стандардите учествуваа 104 основни училишта и 43 средни училишта, 2.634 ученици на осмо одделение и 2.165 ученици на крајот средното образование − чии мајчини јазици се: албански, хрватски, унгарски, романски, бугарски, русински и словачки.

Согледувајќи ги суштинските аспекти на идниот документ, Комисијата во јуни 2016. година редефинираше конструкт на стандарди и достигнувања: компетенции, области на стандарди, искази на стандарди и нивни индикатори, поделени на три нивоа на

82

Page 83:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

образовни достигнувања, според сложеноста на знаењата и претпоставените процеси на мислења.

Одделението за демократизација на Мисијата на ОБСЕ на Заводот му овозможи финансиска помош за реализација на овој проект и организираше студиски посети и серија состаноци во 2015. и 2016. година со претставниците на националните совети на националните малцинства, наставниците и директорите на основните и средните училишта поради поддршка на Заводот за вреднување на квалитетот на образованието и воспитанието и Министерството за образование, наука и технолошки развој.

Планирано е Завододот документот со Стандарди да му го упати на Националниот просветен совет на Република Србија на разгледување и усвојување, на есен 2016. година.

Со оглед на тоа дека развојот на стандардите за српски како втор јазик е во завршна фаза (во надлежност на ЗВКОВ) Заводот за унапредување на образованието и воспитанието во предлогот на Годишниот план за работа за 2017. предвиде проект чија цел е подготовка на нови наставни програми за овој предмет за основно и средно училиште, имајќи ги предвид стандардите и иницијалното разбирање на српскиот јазик.

Покраинскиот секретаријат е вклучен во процедурата за донесување на стандарди за српскиот као втор јазик со анализа на Предлогот, со учество во јавната расправа која се одржа во Нови Сад на 09. јуни 2016. година, како и со давање на мислења за предлогот на Стандардите.

АКТИВНОСТ: 6.10. Признавање на странски високообразовни исправи преку основање на Enic-Naric центарот за вреднување на странските студиски програми.РОК: за основање – IV квартал на 2015. година

за признавање на дипломи – континуирано, почнувајќи од основањето на ЦентаротСТАТУС: Активноста е целосно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерството надлежно за образование (Enic-Naric Center)ИЗВЕШТАЈ:Enic-Naric центарот започна со работа на 1. октомври 2015.

До 18. јули 2016. година издадено е решение за 417 предмети, од кои значителен е бројот од земјите матици на припадниците на националните малцинства.

ДРЖАВА ЗА СТЕКНУВАЕ НА ДИПЛОМИ БРОЈ НА РЕШЕНИ БАРАЊАУнгарија 44Бугарија 21Романија 13

83

Page 84:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Словачка 30Хрватска 5Албанија 6

вкупно 119

АКТИВНОСТ: 6.11. Обезбедување на сите учебници и наставни средства предвидени со планот за учебници, преку:- целосна имплементација на новиот Закон за учебници,-обезбедување на доволен број на учебници на јазиците/говорите на националните малцинства,- воспоставување на систем за обезбедување на квалитетен превод.- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.6.РОК: за одобрување на учебници – III квартал на 2016. година

за обезбедување на учебници за основно училиште – III квартал на 2016 - IV квартал на 2017. година

СТАТУС: Активноста е готово во целост реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за образование Завод за унапредување на образованието и воспитанието Национален совет за образование Национални совети на националните малцинства Завод за учебници

ИЗВЕШТАЈ:Во согласност со Законот за учебници кој е усвоен во Собранието на Република Србија на 29. јули 2015. година, во чл. 3, Учебник на јазикот и писмото на националното малцинство, овие учебници поблиску ги дефинира:

Учебник на јазикот и писмото на националното малцинство се смета:

1) учебник на јазикот и писмото на националното малцинство кој е издаден на територијата на Република Србија;

2) учебник на јазикот и писмото на националното малцинство кој е превод на учебникот одобрен на српски јазик;

3) додаток кон учебникот кој се користи за реализација на прилагодениот дел на наставната програма за предметите од важност за националното малцинство;

4) учебник на јазикот и писмото на националното малцинство издаден во странска држава, кој е одобрен во согласност со овој закон. Одредбите од овој закон кои се однесуваат на учебникот, се применуваат и на додаток кон учебникот за предметите од важност за националното малцинство.

Учебниците на јазиците на националните малцинства објавени се во Каталогот на учебници за основно училиште и одобрени за учебната 2016/17, 2017/18, 2018/19. година, на сајтот на Министерството за просвета, наука и технолошки развој, http://opendata.mpn.gov.rs/rezultatikompletiprint.html.

84

Page 85:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Во новиот Закон за учебници во членот 2, став 2 се вели следново: Јавниот издавач обврзан е да ги подготвува ракописите на учебниците за сите предмети во основното училиште и дидактичките средства за подготвителната предучилишна програма, на српски јазик и на јазикот на националното малцинство, како и учебниците кои се печатат со прилагодена содржина и/или формат за учениците со инвалидитет и пречки во развојот, освен за учениците во инклузивното образование.

Министерството за образование, наука и технолошки развој, Заводот за учебници и седумте национални совети на националните малцинства (бошњачко, словачко, хрватско, бугарско, унгарско, романско и русинско) на 24. март 2016. година, потпишаа трилатерален договор со цел обезбедување на приоритетни недостасувачки учебници за основно училиште до 1. сепртември 2016. година. Слични трилатерални договори ќе се потпишуваат континуирано секоја година.

Министерството за образование, наука и технолошки развој, Заводот за учебници и Националниот совет на албанското национално малцинство на 9. август 2016. година, потпишаа трилатерален договор со цел обезбедување на приоритетни недостасувачки учебници за основно училиште, со што процесот за обезбедување на недостасувачки учебници за учениците припадници на националните малцинства кои се образуваат на својот мајчин јазик е во целост заокружен.

Во согласност со Законот за учебници и трилатералниот договор за соработка во областа на издавањето на учебници на јазиците на националните малцинства Заводот за унапредување на образованието и воспитанието континуирано, со забрзана процедура, врши преглед на сите добиени ракописи со примена на Стандардите за квалитет на учебниците. Во текот на 2016. година, Заводот доби и стручно обработи 132 ракописи на учебници наменети за националните малцинства (најмногу за хрватското и бугарското национално малцинство). Од септември се очекува дека во Заводот ќе бидат доставени поголем број на ракописи на учебници наменети за националните малцинства, во согласност со динамиката на работата на поедини совети на националните малцинства и листата на наслови која е наведена во Договорот.

Заводот, покрај тоа, во април 2016. организираше еднодневна обука за претставниците на националните малцинства за пишување на наставните програми кои се под нивна надлежност, во согласност со членот 79. од Законот за основите на системот за образование и воспитание. На обуката присуствуваа вкупно 27 претставници на словачкото, романското, бошњачкото, унгарското, хрватското и русинското национално малцинство. Содржината на обуката беше подготвена врз основа на идентификуваните потреби на националните малцинства, а кои се однесуваат на подготовката на додатокот на содржините на програмите на наставните предмети со кои се изразуваат особеностите на националниот идентитет, а тоа се: светот околу нас, природа и општество, музичка култура, ликовна култура и историја. Освен тоа, учесниците на обуката добија и преглед на новиот Закон за учебници, со осврт на

85

Page 86:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

членовите кои се однесуваат на националните малцинства, како и на информациите за прегледот на учебници, односно додатоците на учебниците со примена на новите Стандарди за квалитет на учебниците.

Во согласност со законскиот статус и финансиските можности Завод за учебници повеќе децении обезбедува учебници за националните малцинства, според важечките планови за учебници, за наставата на мајчините јазици на националните малцинства, за изборните предмети на мајчин јазик со елементи на национална култура, како и национални додатоци за предметите од важност за националните малцинства.

Секој учебник наменет за националните малцинства (како превод на соодветниот учебник на српски јазик, или како изворно напишан на јазикот на националните малцинства) минува низ процедура за одобрување во Министерството за образование, според Законот за учебници и други наставни средства (Службени весник на РС бр. 72/09, бр. 68/15), со што се обезбедува адекватен квалитет. Посебно, доколку се работи за учебници кои се преведуваат од српски на јазикот на малцинството, Законот за учебници предвидува дека одобрение на преводот претходно дава националниот совет на националното малцинство, со што се обезбедува квалитет на преводот. Ликовно-графичката опрема на учебниците што се преведени е идентична со соодветните учебници на српски јазик, кои се подготвени и одобрени во согласност со стандардите за квалитет на учебници. За учебниците кои се изворно напишани на јазикот на националното малцинство се ангажираат автори и лектори припадници на националното малцинство за кое е наменет учебникот и, исто така, согласност на квалитетот на учебникот дава националниот совет на националното малцинство. Сите објавени учебници достапни се во продажната мрежа на Заводот за учебници по цена еднаква на цената на соодветниот учебник на српски јазик.

Во Просветниот весник на РС бр. 9/16, од 1. јули 2016. година, Министерството за образование, наука и технолошки развој објави Каталог на учебници во кој, меѓу другото, наведени се и извраните и достапни учебници на јазиците/говорите на националните малцинства. Во Каталоот, во изданието на Заводот за учебници (по јазици/говори на националните малцинства) се наоѓаат:

ЗА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ – прв циклус – учебници за наставата на мајчин јазикАлбански јазик 12 учебнициБосански јазик 0 учебнициБугарски јазик 16 учебнициУнгарски јазик 48 учебнициРомански јазик 39 учебнициРусински јазик 44 учебнициСловачки јазик 40 учебнициХрватски јазик 0 учебници

86

Page 87:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

– учебници за српски како втор јазик (за сите малцинства)8 учебници (за I, II, III, IV)

– учебници за изборниот предмет мајчин јазик со елементи на национална култура

Албански јазик 0 учебнициБосански јазик 0 учебнициБугарски јазик 1 учебник (за I–IV) Буњевачки говор 1 учебник (за I–IV) Влашки говор 1 учебник (за I) Унгарски јазик 3 учебници (за I, II, III)Македонски јазик 2 учебници (за I, II)Ромски јазик 0 учебнициРомански јазик 0 учебнициРусински јазик 2 учебници (за I–III и IV–VI)Словачки јазик 2 учебници (за I–III и IV–VI)Чешки јазик 1 учебник (за I)Хрватски јазик 0 учебнициУкраински јазик 2 учебници (за I–II, III– IV)

– национални додатоци за предметите од важност за националните малцинстваАлбански јазик 0 додатоциБосански јазик 0 додатоциБугарски јазик 0 додатоциУнгарски јазик 2 додатоциРомански јазик 2 додатоциРусински јазик 2 додатоциСловачки јазик 2 додатоциХрватски јазик 0 додатоци

ЗА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ – втор циклус

– учебници за наставата на мајчин јазикАлбански јазик 7 учебнициБосански јазик 0 учебнициБугарски јазик 12 учебнициУнгарски јазик 74 учебнициРомански јазик 66 учебнициРусински јазик 69 учебнициСловачки јазик 69 учебнициХрватски јазик 0 учебнициРомски јазик 0 учебници

87

Page 88:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

– учебници за српски како втор јазик12 учебници (за V, VI, VII, VIII)

– учебници за изборниот предмет мајчин јазик со елементи на национална култура Албански јазик 0 учебнициБосански јазик 0 учебнициБугарски јазик 0 учебнициУнгарски јазик 0 учебнициРомски јазик 0 учебнициРомански јазик 0 уџбеникаРусински јазик 2 учебници (IV–VI и VII– VIII)Словачки јазик 2 учебници (IV–VI и VII– VIII)Чешки јазик 0 учебнициХрватски јазик 0 учебници

– национални додатоци за предметите од важност за националните малцинстваАлбански јазик 0 додатоциБосански јазик 0 додатоциБугарски јазик 0 додатоциУнгарски јазик 8 додатоциРомански јазик 7 додатоциРусински јазик 5 додатоциСловачки јазик 7 додатоциХрватски јазик 0 додатоци

Во 2015. година во договор и соработка со Националниот совет на бугарското национално малцинство започна и се интензивираше работата на преведувањето на учебниците на бугарски јазик, па така, до почетокот на учебната 2016/2017. година ќе бидат испечатени 12 нови учебници на бугарски јазик.

Од 4. јануари 2016. година, се одржуваа состаноци на Министерството за образование, наука и технолошки развој, Заводот за учебници и националните совети на националните малцинства кои имаат настава на мајчин јазик (албанска, бошњачка, бугарска, унгарска, романска, русинска, словачка, хрватска). На состаноците се прецизираше кои учебници недостасуваат за потребите на наставата на мајчин јазик на националните малцинства и беше договорено потпишување на трипартитен договор со кој би се дефинирале меѓусебните права и обврски во постапката на изработка и издавање на учебници на јазиците на националните малцинства.

Договорите за соработка во областа на издавањето на учебници на јазиците на националните малцинства беа потпишани на 24. март 2016. године, со претставниците на седумте национални малцинства (бошњачко, бугарско, унгарско, романско,

88

Page 89:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

русинско, словачко и хрватско). Во договорите беа прецизно дефинирани приоритетните учебници, кои недостасуваат, за издавање во учебната 2016/2017. година, потоа обврските на страните потписнички, како и роковите за реализација на секоја фаза во изработката и издавањето на учебниците. Се договорија, исто така, дека во иднина преку анекси на договорите ќе се искажуваат потребите за учебниците кои недостасуваат на јазиците на националните малцинства за секоја учебна година.

Број на учебници дефиниран во договорите:

за бошњачкото национално малцинство: 14 учебници и обединети додатоци за бугарското национално малцинство: 11 учебници (преводи) за унгарското национално малцинство: седум учебници (од тоа еден превод) за романското национално малцинство: шест учебници (од тоа два преводи) за русинското национално малцинство: еден учебник за словачкото национално малцинство: два учебници (од тоа еден превод) за хрватското национално малцинство: 17 учебници (од тоа еден превод)

Со оглед на тоа дека роковите договорени во договорите се кратки, веднаш се пристапи кон реализација. Реализацијата на учебниците предвидени со договорите тече според предвидената динамика. Во согласност со роковите, до 1. јули 2016. се реализираше:

за бошњачкото национално малцинство

Склучени се договори со авторите и лекторите за сите наслови, работата започна на сите учебници и ракописите пристигнуваат и се подготвуваат за одобрение во Министерството за образование, според договорените рокови.

за бугарското национално малцинство

Склучени се договори со преведувачите и лекторите за сите наслови, пристигнуваат и се подготвуваат за одобрение во Министерството за образование, според договорените рокови.

за унгарското национално малцинство

Склучени се договори со авторите, преведувачите и лекторите за сите наслови, работата започна на сите учебници, според договорените рокови.

за романското национално малцинство

Склучени се договори со авторите, преведувачите и лекторите за сите наслови, работата започна на сите учебници, според договорените рокови. Два учебници дадени се на печатење, а четири се подготвени да се пратат за одобрение во Министерството за образование.

89

Page 90:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

за русинското национално малцинство

Учебникот е испечатен.

за словачкото национално малцинство

Склучени се договори со авторите, преведувачите и лекторите за сите наслови, ракописите се подготвуваат за да се пратат на одобрение во Министерството за образование, според договорените рокови.

за хрватското национално малцинство

Склучени се договори со авторите, преведувачите и лекторите за сите наслови, работата започна на сите учебници. Четири преводи на учебници доставени се одобрение во Министерството за образование, според договорените рокови. На иницијатива на националниот совет се откажаа од еден превод, затоа што учебникот беше обезбеден на поинаков начин.

Воспоставен е системот за обезбедување на квалитетен превод

Според Договорите за соработка во областа на издавањето на учебници на јазиците на националните малцинства, кои ги потпишаа претставниците на Министерството за образование, наука и технолошки развој, Заводот за учебници и националните совети на националните малцинства, предвидено е преведувачите и лекторите да ги обезбедуваат националните совети. Во постапката за одобрување учебници националните совети даваат согласност за преведените учебници, па ваквото нивно активно учество во изборот на преведувачи и лектори придонесува за квалитетот на преводот. Во случај на недоволен број на квалитетни преведувачи, Министерството за образование во Договорите се обврза да помогне во ангажирањето. Досегашната пракса покажува дека моделот на ангажрање на преведувачи и лектори предвиден со Договорите задоволува, затоа што сите преводи до сега пратени на одобрување во Министерството за образование добија одобрение. Број на достапни учебници во однос на бројот на потребни учебници за секое национално малцинство.

Потребните учебници дефинирани се со Правилникот за планот за учебникот (Просветен лист бр. 9/16 од 1. јули 2016. година). Воспоставената соработка на Министерството за образование, наука и технолошки развој, Заводот за учебници и националните совети на националните малцинства обезбедува достапен фонд на учебници на јазиците на малцинствата кој се дополнува со динамиката која максимално ги ангажира расположливите ресурси. Предвидено е за секоја идна учебна година да се дефинираат и реализираат приоритетните учебници кои недостасуваат, според Договорите за соработка во областа на издавањето на учебници на јазиците на националните малцинства кои би се потпишувале секоја година. Освен Заводот за учебници, со реализација на помал број на учебници за националните малцинства се

90

Page 91:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

занимаваат и други издавачи, во согласност со нивната проценка за економска исплатливост од објавувањето на тие учебници.

Покраинскиот секретаријат одобрува учебници за наставата на мајчин јазик во согласност со Законот за учебниците.

Табеларен преглед на бројот на одобрените учебници на јазиците на националните заедници во периодот од 2012-(јуни) 2016. година

јазик 2012 2013 2014 2015 2016 ВкупноУнгарски Основно 1 4 2 3 (6*) 10 (6*)

Средно

Словачки Основно 1 2 2 1 6Средно

Романски Основно 2 1 1 2 (3*) 6 (3*)Средно 1 1

Русински Основно 1 1 2Средно

Хрватски Основно 26 26Средно

Украински Основно 2 2Средно

Чешки ОсновноСредно

Буњевачки говор

Основно 3 3Средно

Вкупно 33 7 6 3 7 (9*) 56 (9*)

* ( број на учебници чие одобрение е во тек)

Преглед на одобрените учебници според наставните предмети во периодот 2012-2016. год

наставен предмет

унгарски јазик

словачки јазик

романски јазик

русински јазик

хрватски јазик

украински јазик

буњевачки говор

вкупно

мајчин јазик

3 26 29

историја 3 3 5 1 12музичка култура

2 2 1 5

ликовна култура

1 2 3

МЈЕНК 2 3 5светот околу нас

1 1

математика

1 1

вкупно 9 7 7 2 26 2 3 56

91

Page 92:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Табеларен преглед на одобрените учебници за увоз и употреба од земјата матица во периодот од 2012 - (јуни) 2016. година

година Матична земја одобрено2012 Република Словачка 52013 „ 32014 „ 32015 „ 1 2016 „ 4Вкупно 16

Инициран и одржан состанок во Заводот за унапредување на образованието и воспитанието во врска со процедурите за одобрување на учебници во светло на стариот и новиот Закон на учебници, на кој присуствуваа претставниците на Покраинскиот секретаријат, Заводот за учебници, Одделенијата во Нови Сад, Училишната управа во Сомбор, 2. август 2016. година.

Инициран и одржан состанок со претставниците на седумте национални совети на националните малцинства, Заводот за учебници, Одделенијата во Нови Сад, издавачката куќа Клетт, Педагошкиот завод на Војводина со цел договор околу забрзувањето на процедурите за одобрување на учебници на малцинските јазици, обезбедување на квалитетен материјал за учебниците на малцинските јазици.

Националниот совет на хрватското национално малцинство зема активно учество во реализацијата на трипартитните договори со цел осигурување на насловите кои недостасуваат за основно училиште. Учебниците за средните училишта не се опфатени со досегашните актиности.

Со меморандумот предвидена е изработка на неколку учебници кои недостасуваат. Моменталниот пресек на реализацијата на изработката на учебниците кои недостасуваат за основно училиште е следниов:

- Математика за I и II одделение за основно училиште (учебници и збирки задачи) влегоа во печат

- Математиките за II и IV одделение за основно училиште се во процедура на одобрение во Министерството за образование

- Музичка култура за I одделение за основно училиште е во процедура на одобрение во Министерството за образование

- Музичка култура за II одделение на одобрение е во Националниот совет за образование

- Музичка култура за III-VIII одделение во процес се на графичка подготовка и дизајн

92

Page 93:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- Физика за VIII одделение во постапката на експертиза доби позитивно мислење и поради тоа е исклучена од трипартитниот договор.

Динамиката на реализација е задоволителна со напомена дека учебниците за музичка култура ќе бидат завршени во најкраток возможен рок, со оглед на фактот дека во изработката на осумте учебници е вклучена истата авторска екипа. Според достапните информации на Советот, учебниците за наставата која се изведува на хрватски јазик ќе бидат достапни за употреба во учебната 2016/17. година. По реализацијата на овој Договор, останаа уште сите национални додатоци, ликовна култура и техничко образование како учебници за основно училиште кои недостасуваат и сите учебници за гимназија и средно стручно училиште. Кога станува збор за учебниците за предметот хрватски јазик со елементи на национална култура, тие во моментов се набавуваат преку донација на Советот, со заеми од суботичките училишта во кои се одвива наставата на хрватски јазик, Хрватската читална во Суботица, донации од Хрватска и сл.

Националниот совет на буњевачкото национално малцинство во три наврати побара од Координацијата на националните совети со Министерството за образование да се покрене и темата на печатење на учебници и за изборни предмети. Посебно имајќи го предвид малиот број на наслови кои се потребни и кои се воедно единствената форма на образование која може да и се понуди на буњевачката заедница.

Националниот совет на чешкото национално малцинство има учество во изработката на Планот на учебници со Министерството за образование, наука и технолошки развој. Чешката национална заедница нема настава на мајчин јазик, се изучува изборниот наставен предмет чешки јазик со елементи на националната култура.

Во рамките на образовниот систем на Србија не постои образование на египетски наставен јазик, ниту пак во основните и средни училишта е овоможено учење на египетскиот јазик со елементи на националната култура. Поради ова во јуни 2016. беше упатено писмо до Министерството за образование, со кое се побара следната учебна година во анкетниот лист за родители да се додаде и опцијата за учење на египетскиот јазик, со 13 до сега понудени јазици.

Националниот совет на унгарското национално малцинство на 21. март 2016. година, потпиша Договор за соработка во областа на издавањето на учебници на унгарски јазик и писмо со Министерството за образование, наука и технолошки развој и со Заводот за учебници. Бројот на учебници чие одобрение е побарано од Националниот совет на унгарското национално малцинство врз основа на договорот: еден од кои е еден одобрен.

Број на одобрени учебници надвор од договорот: 10 (шест учебници и четири работни тетратки).

Број на учебници кои недостасуваат за основното училиште: седум.

93

Page 94:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Договорот за учебниците за средно образование не е потпишан.

Советот зеде активно учество и во работата на Меѓувладината мешовита комисија на Унгарија и Србија, каде што се усвоени следниве заклучоци: ММК им предлага на Странките во согласност со потребите на малцинските заедници да обезбедат издавање на учебници и средства за образование и нивен увоз од државата матица. ММК им предлага на двете Страни… правото на предлагање на увоз на унгарските учебници во Србија да спаѓа во делокругот на Националниот совет на Унгарците. ММК и предлага на српската Страна да овозможи употреба на учебниците од Унгарија на територијата на Србија во наставата на унгарски јазик, на начин како што е напишано во новиот Закон за учебници. Во таа цел, српската Страна треба да ги отстрани сите административни бариери кои се јавуваат во постапката на одобрување.

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, до сега, на одобрение ги предаде Плановите и програмите за предметот македонски јазик со елементи на национална култура од I до IV одделение кои се усвоени, но и од V до VIII одделение и плановите и програмите за средно образование, кои сè уште чекаат на усвојување, иако Националниот совет на македонското национално малцинство во целост сам ја организираше и финансираше изработката на учебници (ангажирање на автори, лектори, илустратори, дизајнери и др), што претставува голема потешкотија во работењето, имајќи предвид дека во моментов во четири училишта се изучава предметот македонски јазик со елементи на национална култура; и тоа О.У. Гоце Делчев во Јабука, О.У. Жарко Зрењанин во Качарево, О.У. Коста Стаменковиќ во Лесковац и О.У. Бора Станковиќ во Богојевац. Учениците го изучуваат јазикот до VI одделение (се работи за ученици кои јазикот почнале да го изучуваат од I одделение, но постои големо интересирање за овој предмет и кај учениците до VIII одделение).

Во рамките на образовниот систем на Србија не постои образование на германски наставен јазик, ниту пак во основните и средните училишта е овозможено учење на германскиот јазик со елементи на национална култура. Поради ова во јуни 2016. беше упатено писмо до Министерството за образование, со кое се побара следната учебна година во анкетниот лист за родители да се додаде и опцијата за учење на германскиот јазик, со 13 до сега понудени јазици.

Во согласност со потпишаниот трипартитен договор помеѓу Министерството за образование, Заводот за учебници и Националниот совет на Русините, сите активности предвидени со Договорот за учебната 2016/2017. година се исполнети. На Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства овој месец му беше доставен ажуриран список на учебници кои недостасуваат.

Словенечката национална заедница во Србија за сега нема настава на словенечки јазик. Исто така, во Србија не се изучава изборниот/факултативен предмет словенечки јсзик со елементи на култура. Националниот совет на словенечкото национално малцинство

94

Page 95:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

до сега ги презема следниве мерки во врска со воведувањето на словенечкиот јазик во основните училишта во Србија: а) Составени се план и програма за наставата на словенечки јазик со елементи на култура и упатени се во Министерството за образование, наука и технолошки развој; б) Обавени се разговори со надлежните во Министерството во врска со воведувањето на словенечкиот јазик во основните училишта.

На Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства, Националниот совет на украинското национално малцинство му достави ажуриран список на учебници кои недостасуваат.

АКТИВНОСТ: 6.12. Зајакнување на јазичките капацитети и учење на стручната терминологија за студентите припадници на националните малцинства на јазикот на националното малцинство со цел пристап на пазарот на трудот и професионален развој. РОК: Континуирано, почнувајќи од I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Висообразовни установи Министерство надлежно за образование

ИЗВЕШТАЈ:Министерството за образование, наука и технолошки развој започна мапирање на потребите на високообразовните установи кои реализираат студиски програми на јазиците на националните малцинства, во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад. Во и I и II квартал на 2016. година беа собрани податоци од пет факултети, од вкупно 14 колку што работат во рамките на Универзитетот во Нови Сад.

Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад од своето основање реализира студиски програми на јазиците на националните малцинства: Словачки јазик и литература, Унгарски јазик и литература, Романски јазик и литература и Русински јазик и литература, по завршувањето студентите се стекнуваат не само со наставнички туку и со компетенции за други препознатливи професии (преведување, лекторирање, работа во медиумски куќи и сл).

На студентите им е овозможено да користат стручна литература на јазиците на националните малцинства од богатиот фонд на Библиотеката на Филозофскиот факултет. Покрај тоа, во рамките на Центарот за јазици на Факултетот може да ги зацврстуваат своите јазични капацитети и да ја учат стручната терминологија која им е потребна за понатамошниот професионален развој.

Факултетот остварува значителна соработка со универзитетите во земјите матици на националните малцинства и со следниве универзитети:

95

Page 96:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Западен универзитет во Темишвар, Романија (Еразмус+ и билатерална соработка);

Универзитет во Сегедин, Унгарија (Еразмус+); Универзитет во Прешов, Словачка (Еразмус+); Универзитет во Печуј, Унгарија (Билатерална соработка); Универзитет Матеј Бел во Бањска Бистрица, Словачка (Билатерална соработка); Технички универзитет во Констанца, Романија (Билатерална соработка); Филозофски факултет, Свеучилиште во Осијек, Хрватска (Билатерлана

соработка); Филозофски факултет, Свеучилиште во Ријека, Хрватска (Билатерална

соработка); Универзитет Панонија во Веспрем, Унгарија (Билатерална соработка); Учителски факултет, Свеучилиште во Ријека, Хрватска (Билатерална соработка); Унгарски универзитет Сапиентиа во Трансилванија; Факултет за технички и општествени науки Тиргу-Муреш, Романија

(Билатерална соработка); Унгарски институт II Ференц Ракоци во Украина, Департман за филологија,

Берехове, Украина (Билатерална соработка).

Активноста мапирање на потребите со цел зајакнување на капацитетите за учење на стручната терминологија за студентите припадници на националните малцинства на јазикот на националното малцинство продолжува со почетокот на новата учебна година.

АКТИВНОСТ: 6.15. Зајакнување на воспитната улога на училиштето преку развивање на толеранција и спречување на сегрегација преку:- развој на програми на воннаставни активности кои поттикнуваат толеранција,- развој на програми со цел поттикнување на мултикултуралност.- врска со Стратегијата за развој на образованието во Република Србија до 2020. и пратечкиот акционен план, во согласност со акцијата ПУ-ОУ06 РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за образование Завод за унапредување на образованието и воспитанието Национален совет за образование Национален совет на националното малцинство Совети за меѓунационални односи

ИЗВЕШТАЈ:Министерството за образование, наука и технолошки развој во јуни 2016. година на сите родители на учениците на основните училишта во Република Србија им понуди

96

Page 97:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

можност за учење на 14 малцински јазици преку разни форми на факултативна настава, чија цел, меѓу другото, е поттикнување на мултикултуралноста. Резултатите од анкетата ќе бидат познати до крајот на 2016. година, а врз основа на резултатите оваа настава ќе се организира во согласност со искажаното интересирање.

Заводот за унапредување на образованието и воспитанието во текот на 2016. година започна со реализација на првата фаза од проектот Зајакнување на воспитните функции на основното и средното училиште, чија цел е собирање на податоци за имплементацијата на воспитните содржини во документите кои се однесуваат на основното и средното училиште, како и на податоците за о непосредната реализација на воспитно-образовната работа. Во предлогот на Планот за работа на Заводот за 2017. предвидена е и втора фаза од овој проект чија цел е конципирање на моделите на воспитно-образовната работа и нејзиното пилотирање на изабраниот примерок на училиште, во чии рамки посебно внимание ќе се посвети на развивањето на мултикултуралноста и толеранцијата.

Во секоја наставна програма која доаѓа на усвојување кај Националниот образовен совет се води сметка и за целите на толеранцијата и мултикултуралностиа, имајќи при тоа предвид дека најважните воспитно-образовни цели се развојот на српскиот национален идентитет и развојот на граѓанскиот идентитет на граѓаните на српската држава.

Националниот совет на унгарското национално малцинство во Србија организираше еднодневен излет во Сомбор и Дорослово за учениците на основните училишта кои посетуваат настава по предметот унгарски јазик со елементи на национална култура со цел запознавање со мултикултуралната средина и со духот на толеранција.

Националниот совет на македонското национално малцинство, во соработка со О.у. Гоце Делчев од Јабука, О.у. Жарко Зрењанин од Качарево, О.у. Коста Стаменковиќ од Лесковац и О.у. Бора Станковиќ од Богојевац, интензивно работи на зајакнување на воспитно-образовната улога на училиштето преку развивање на толеранција и спречување на сегрегација, и тоа преку развојот на програмите на воннаставните активности кои поттикнуваат толеранција и мултикултуралност.

АКТИВНОСТ: 6.16. Потпишување на договорот со земјите чии национални малцинства имаат образование во Србија.РОК: II квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е делумно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за образование Министерство за надворешни работи

ИЗВЕШТАЈ:

97

Page 98:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Министерството за образование, наука и технолошки развој на 3. септември 2015. година, на адресите на шесте министерства за образование на земјите матици на националните малцинства кои живеат во Република Србија им упати Писмо со покана, во кое изрази интересирање и повик за воспоставување на соработка во областа на образованието на националните малцинства. Со оглед на фактот дека три земји (Унгарија, Романија и Бугарија) изразија подготвеност за соработка, на тие земји на 16. новември 2015. им беше упатен конкретен предлог за соработка – Меморандум за разбирање. Министерството доби позитивни одговори/коментари на предложените меморандуми од Унгарија, Романија и Бугарија. Процесот на конечното дефинирање на меморандумот за разбирање е во тек.

АКТИВНОСТ: 6.20. Унапредување на можноста на учење на мајчиниот јазик – говор и елементи на националната култура во училиштата со задржување на статусот на изборен предмет и развивање на факултативни и други воннаставни активности, како и обезбедување на средства за изведување на факултативни воннаставни активности.РОК: I квартал на 2017. годинаСТАТУС: Активноста е готово во целост реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за образование Завод за унапредување на образованието и воспитанието Педагошки завод на Војводина Национален совет за образование Единици на локалната самоуправа Основни и средни училишта

ИЗВЕШТАЈ:За учебната 2016/17. Министерство за образование, наука и технолошки развој подготви единствен анкетен лист во постапката за избор на изборни предмети, како и единствена методологија врз основа на која се формира листа на понудени предмети за секое одделение и за секое училиште.

Предметите беа поделени во две табели: предмети кои училиштата можат да ги понудат врз основа на своите можности, односно достапноста на наставниот кадар и предмети чија реализација ќе биде возможна и на ниво на повеќе училишта како би им се овозможила достапност на јазиците на националните малцинства со елементи на национална култура на сите ученици во средините во кои живеат припадници на националните малцинства. Одлуката за избор кои предмети биле понудени ја донел раководителот на училишната управа во договор со Министерство за образование, наука и технолошки развој за секое основно училиште кое се наоѓа на територија на училишната управа.

98

Page 99:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Во текот на јули и август 2016. година, со анализа на резултатите од анкетите ќе се организираат различни модели на изучување на изборниот предмет Мајчин јазик со елементи на национална култура.

Унапреден е статусот на изборниот предмет мајчин јазик со елементи на национална култура со донесувањето на Стручното упатство за формирање на одделенија и за начинот на финансирање во основните и средни училишта за учебната 2016/17. година. Новината која ја носи овој документ овозможува училиштето кое ја остварува програмата на изборниот предмет мајчин јазик со елементи на национална култура да може да формира група на ниво на циклуси, односно група составена од ученици од I до IV одделение (ученици на првиот циклус) и/или група составена од ученици од V до VIII одделение (ученици на вториот циклус). Исто така, групите за изборниот предмет мајчин јазик со елементи на национална култура може да се формираат и на ниво на повеќе училишта во една општина, со согласност на надлежната училишна установа.

VII ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЦИПАЦИЈА

АКТИВНОСТ: 7.1. Спроведување на компаративна правна анализа на праксите на државите членки на ЕУ во регионот со цел идентификување на најдобрите пракси и соодветен модел на учество на националните малцинства во изборниот процес и адекватната застапеност на националните малцинства во претставничките тела на републичко, покраинско и локално ниво.РОК: за формирање на Меѓуресорна група – IV квартал на 2015. година

за изработка на анализи – II квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е готово во целост реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Меѓуресорна група именувана од страна на министерството надлежно за правосудство и министерството надлежно за државната управа

Координација на националните совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Образувана е работната група за изработка на анализа на праксите на државите членки на ЕУ во регионот со цел идентификување на најдобрите пракси и соодветен модел на учество на националните малцинства во изборниот процес, која одржа повеќе работни состаноци. Нацртот на Анализата со препораки е изработен и доставен и е на Координацијата на националните совети на мислење, по добивањето на коментари од националните совети, нацртот на Анализата ќе биде упатен, преку Владата, кај надлежниот одбор на Народното собрание на Република Србија.

99

Page 100:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 7.2. Врз основа на анализата и во компаративно правните пракси да се идентификуваат потенцијалните модели на демократската партиципација на националните малцинства, вклучувајќи ги и бројно помалите национални малцинства во изборниот процес на кои им се гарантира адекватна застапеност на националните малцинства во претставничките тела на републичко, покраинско и локално ниво, водејќи сметка за спречувањето на потенцијалната злоупотреба на флексибилните одредби за странките на националните малцинстваРОК: II квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е готово во целост реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Меѓуресорна група именувана од страна на министерството надлежно за правосудство и министерството надлежно за државната управа

Координација на националните совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Нацртот на Компаративната правда со Анализа на демократска партиципација на националните малцинства содржи препораки за унапредување на демократска партиципација на националните малцинства, на сите три нивоа на власт и идентификува потенцијални модели, почнувајќи од моделите присутни во земјите кои беа предмет на анализи и водејќи сметка за постоечкиот систем во Република Србија. Исто така, споменатиот нацрт содржи и препораки за унапредување на партиципацијата на националните малцинства во постоечкиот уставен систем, како и во случај на промени на Уставот.

100

Page 101:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

VIII СООДВЕТНА ЗАСТАПЕНОСТ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

АКТИВНОСТ: 8.1. Измени и дополнувања на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства со цел создавање на основи за пропишување на афирмативни мерки на националните малцинства, преку воведувањето на одредби во посебни закони со кои се уредува работно-правниот статус на вработените во јавниот сектор, кои ќе овозможат давање на предност на националните малцинства при вработување/отпуштање при исти услови, а до постигнување на соодветната структура на вработените во јавниот сектор на сите нивоа на територијалната организација.РОК: II квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е делумно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа Претставници на националните малцинства Народно собрание

ИЗВЕШТАЈ:Со решението на министерот на државната управа и локална самоуправа од 20. ноември 2015. година основана е Посебна работна група за подготовка на текстот на Нацрт законот за измени и дополнувања на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства. Одржани се два состаноци на работната група (3. декември 2015. и 21-22. декември 2016. година) и еден состанок со претставниците на државните органи на 22. февруари 2016. година, као и четири состаноци со претставниците на Министерствата и експератите. Претставниците на националните совети на националните малцинства се членови на Посебната работна група.

Мисијата на ОБСЕ во Србија ја поддржа работата на експертите од областа на човековите и малцинските права кои подготвија Нацрт на појдовните основи на наведениот закон.

Активноста не беше возможно да се реализира во рок поради распишувањето на вонредните парламентарни избори и фактот дека Владата на РС беше во технички мандат.

Во тек е изработката на работната верзија на текст нацртот на овој закон и подготовката на предлог измените на решенијата за членовите на работната група во согласност со новиот мандат на Владата.

101

Page 102:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 8.4. Усвојување и примена на Законот за вработените во автономните покраини и единиците на локалната самоуправа, со кој:-се пропишува начелото на еднаква достапност на работните места, и се пропишува дека кај вработувањата мора да се води сметка за тоа дека покрај останатите критериуми, националниот состав ја одразува, во најголема возможна мерка, структурата на населението;-предвидува водење на кадровска евиденција кај работодавачите, во рамките на која се наведуваат и податоците во образованието на јазиците на националните малцинства.РОК: IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Активноста е комплетно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа и локалната самоуправа

Народно собраниеИЗВЕШТАЈ:Народното собрание во март 2016. година донесе Закон за вработените во автономните покраини и единиците на локалната самоуправа, кој почнува да се применува на 1. декември 2016. година, освен одредбите на чл. 116-122, одредбите на чл. 172-183. и членот 192. точка 4) и одредбите на чл. 188-191, а кои почнаа да се применуваат следниот ден по денот на влегување во сила на овој закон (член 203. од Законот). Со Законот за прв пат на сеопфатен начин се уредува системот на работните односи во автономните покраини и единиците на локалната самоуправа. Целта на овој закон е воспоставување на основните начела на системот на државна служба, кои се засноваат на стандардите прифатени во современите компаративно-правни системи, со што се исполнува основната претпоставка за целосна професионализација и деполитизација на кадрите во автономните покраини и единиците на локалната самоуправа. Со Закон е предвидено начелото на еднаква достапност на работните места. Имено, со членот 19. став 1. од Законот предвидено е на сите кандидати при вработувањето под еднакви услови да им бидат достапни сите работни места, додека со ставот 3. предвидено е при вработувањето да се води сметка за тоа дека националниот состав, застапеноста на половите и бројот на лица со инвалидитет, се одразува помеѓу вработените, во најголема возможна мерка, структурата на населението.

Исто така, со членот 190. од Законот се предвидува водење на кадровска евиденција, во рамките на која, меѓу другото, предвидено е да се запишат податоците кои се однесуваат на мајчиниот јазик (став 2. точка 2), со тоа што овие податоци се запишуваат во кадровската евиденција со писмена согласност на вработениот. (став 5). Покрај наведените податоци истиот член предвидува во кадровската евиденција да се запишува податокот кој се однесува на јазикот на кој е стекнато основното, средното и високото образование (став 2. точка 3). Исто така, со истиот член (став 4) предвидено е кадровската евиденција да содржи и податок за националната припадност на

102

Page 103:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

службениците и вработените, во согласност со прописот со кој се уредува регистарот на вработените во јавната управа во Република Србија, со тоа што податокот на националната припадност на службениците и вработените се запишува во кадровската евиденција со писмена согласност на вработениот, без обврска за изјаснување (став 6).

Покрај тоа, со членот 47. став 2. од овој закон предвидено е дека Владата со уредба поблиску ќе ги одреди критериумите за класификација на работните места и мерилата за опис на работните места на службениците, при што треба да се води сметка за познавањето на јазикот и писмото на националните малцинства, како посебен услов за извршување на работите на оние работни места кои се од важност за остварување на правата на граѓаните на службена употреба на јазикот и писмото на националните малцинства. Со ставот 3. од овој член на Законот пропишано е дека при уредувањето на критериумите за класификација на работните места и мерилата за опис на работните места на службениците Владата посебно ќе води сметка за националниот состав на населението и за соодветната застапеност на припадниците на националните малцинства поради постигнување на целосна рамноправност помеѓу припадниците на националните малцинства и граѓаните припадници на мнозинството.

Истото е пропишано кога се работи и за работните места на намесниците (член 185. ст. 1. и 2. од Законот).

Со членот 101. став 4. од овој закон предвидено е дека Владата со уредба поблиску ја уредува постапката за спроведување на интерен и јавен конкурс за пополнување на работните места, како и какви стручни оспособености, знаења и вештини се вреднуваат во изборната постапка, начинот на нивната проверка и мерилата за избор на работните места. Со ставот 5. од истиот член на Законот пропишано е дека со оваа уредба се утврдуваат мерилата за избор на работни места со кој ќе се предвиди давање на првенство на подеднакво квалификувани кандидати на припадниците на националните малцинства, со цел постигнување на соодветна застапеност на припадниците на националните малцинства и целосна рамноправност помеѓу припадниците на националните малцинства и граѓаните припадници на мнозинството.

АКТИВНОСТ: 8.5. Усвојување и примена на Уредбата со која меѓу другото се уредува и познавањето на јазикот и писмото на националните малцинства, како посебен услов за извршување на работите на одредени работни места а со цел комплетно остварување на правата на припадниците на националните малцинства на комуникација на јазикот на националното малцинство кој е во службена употреба во единицата на локалната самоуправа.РОК: 45 дена од денот на влегување во сила на Законот за вработени во автономните покраини и единиците на локалните самоуправиСТАТУС: Активноста не е реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

103

Page 104:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Министерство надлежно за работите на државната управа и локалната самоуправа

Совети за меѓунационални односиИЗВЕШТАЈ:Активностa нe беше возможно да се реализира во рок поради распишувањето на вондредните парламентарни избори и фактот дека Владата на РС беше во технички мандат. Министерството на државна управа и локална самоуправа изработи Нацрт на уредбата за критериумите за класификација на работните места и мерилата за опис на работните места на службениците во автономните покраини и единиците на локалната самоуправа и Нацрт на уредбата за критериумите за класификација на работните места и мерилата за опис на работните места на намесниците во автономните покраини и единиците на локалната самоуправа. Со наведените подзаконски акти предвидено е во автономната покраина, единицата на локалната самоуправа или градската општина во која е утврдена службената употреба на јазикот и писмото на националното малцинство, на оние работни места кои подразбираат директна усмена и писмена комуникација со граѓаните, како посебен услов се пропишува познавање на јазикот и писмото на националното малцинство. Исто така, изработен е и Нацрт на уредбата за спроведување на интерниот и јавниот конкурс за пополнување на работните места во автономните покраини и единиците на локалната самоуправа со која, меѓу другото предвидено е дека доколку постои потреба за вработување на припадниците на националното малцинство кои се недоволно застапени помеѓу вработените, во огласот посебно се наведува дека тие национални малцинства имаат предност кај изборот и во случај на еднаква оценка на квалификуваните кандидати. Исто така, предвидено е доколку се пополнува извршувачкото работно место, кај кое како посебен услов е предвидено познавање на јазикот и писмото на националното малцинство, во огласот посебно се наведува овој услов, како и евентуалната писмена проверка на неговата исполнетост.

Усвојувањето на наведените подзаконски акти за спроведување на Законот за вработени во автономните покраини и единиците на локалната самоуправа се очекува во што пократок рок, односно најдоцна до почетокот на примената на овој закон (1. декември 2016. година).

АКТИВНОСТ: 8.6. Анализа на состојбата во јавните обвинителства и судовите во подрачјата во кои живеат припадниците на националните малцинства во поглед на:- застапеноста на припадниците на националните малцинства како носители на судијска и јавнообвинителска функција;- застапеноста на припадниците на националните малцинства како судски и обвинителски кадар (судски и обвинителски помошници и намесници);- познавање на јазиците на националните малцинства.

104

Page 105:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.16, рок во АП ПГ 23 I-II квартал на 2016. годинаРОК: IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Активноста е во целост реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Државен совет на обвинители Висок совет на судството

ИЗВЕШТАЈ:Предметната анализа е изработена и извештајот е поднесен кај надлежните органи.

Анализата на проценката на пристап на националните малцинства кон правосудниот систем опфаќа:

Анализа за употреба на јазикот во проценката на пристап на националните малцинства кон правосудниот систем на Република Србија,

Анализа за учеството на националните малцинства во судовите во Република Србија,

Анализа за учеството на националните малцинства во јавните обвинителства во Република Србија и

Анализа за новините на правната рамка (подзаконски акти на ВСС и ДВТ со кои се регулира пристапот на националните малцинства).

АКТИВНОСТ: 8.7. Изработка и усвојување на Правилникот за критериумите и мерилата за оценка на стручност, оспособеност и достојност за предлагање и избор на кандидати за носители на јавно обвинителската функција вклучувајќи и одредби за примена на чл. 82 од Законот за јавно обвинителство, кој наведува дека при предлагањето и изборот на јавните обвинители и заменикот на јвниот обвинител се води сметка за националниот состав на населението, соодветната застапеност на припадниците на националните малцинства и познавањето на стручната и правна терминологија на јазикот на националните малцинства кој е во службена употреба во судот.- врска со АП ПГ 23РОК: IV квартал на 2015 – I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е делумно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Државен совет на обвинителиИЗВЕШТАЈ:Во април 2016. година Државниот совет на обвинители оформи Работна група за изработка на Правилник за критериумите и мерилата за оценка на стручноста, оспособеноста и достојноста на кандидатите во постапката на предлагање на заменикот на јавен обвинител кој прв пат се избира.

105

Page 106:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Работната група во јуни 2016. година, изработи предлог на Правилникот за критериумите и мерилата за оценка на стручноста, оспособеноста и достојноста на кандидатите во постапката на предлагање на заменикот на јавен обвинител кој прв пат се избира, и кој содржи одредба за примена на членот 82 од Законот за јавното обвинителство.

Предлогот на Правилникот беше предмет на јавна расправа во август 2016. година, и неговото усвојување од страна на Државниот совет на обвинители се очекува во III квартал на 2016. година.

Исто така, во април 2016. година, Државниот совет на обвинители оформи Работна група за изработка на Правилник за критериумите и мерилата за оценка на стручноста, оспособеноста и достојноста за предлагање и избор на кандидати за носители на функцијата на јавен обвинител. Оваа работна група ќе изработи нацрт на новиот Правилник за критериумите и мерилата за оценка на стручноста, оспособеноста и достојноста за предлагање и избор на кандидати за носители на функцијата на јавен обвинител, откако ќе биде завршен процесот на изработка и усвојување на Правилникот за критериумите и мерилата за оценка на стручноста, оспособеноста и достојноста на кандидатите во постапката на предлагање на заменикот на јавен обвинител кој прв пат се избира.

АКТИВНОСТ: 8.8. Изработка и усвојување на Правилникот за критериумите и мерилата за оценка на стручност, оспособеност и достојност за избор на судии и претседатели на судови вклучувајќи одредби за примената на чл. 46. од Законот за судии, кој наведува дека при предлагањето и изборот на судиите се води сметка за националниот состав на населението, соодветната застапеност на припадниците на националните малцинства и познавањето на стручната правна терминологија на јазиците на националните малцинства кои се во службена употреба во судот.- врска со АП ПГ 23РОК: IV квартал на 2015 – I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е делумно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Висок совет на судствотоИЗВЕШТАЈ:Изработен е нацрт на Правилникот за критериумите и мерилата за оценка на стручноста, оспособеноста и достојноста за избор на судии и претседатели на судови, кој е во фаза на разгледување, а кој содржи одредба дека при избор на судии и претседатели на судови ќе се води сметка за националниот состав на населението, соодветната застапеност на припадниците на националните малцинства и познавањето на стручната и правна терминологија на јазикот и писмото на националните малцинства кои се во службена употреба во судот.

106

Page 107:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 8.9. Воспоставување на заедничка работна група со Високиот совет на судството за проценка на пристапот на националните малцинства во правосудниот систем.- врска со АП ПГ 23РОК: II квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е во целост реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Државен совет на обвинители Висок совет на судството

ИЗВЕШТАЈ:На 22. април 2016. година, се одржа прелиминарен состанок на претставниците на Државниот совет на обвинители, Високиот совет на судството и претставниците на проектот ИПА 2013: Зајакнување на капацитетите на Високиот совет на судството и Државниот совет на обвинители, во врска со воспоставување на заедничка работна група за проценка на пристапот на националните малцинства во правосудниот систем.Во мај 2016. година, Државниот совет на обвинители и Високиот совет на судството именуваа членови на заедничката работна група за проценка на пристапот на националните малцинства во правосудниот систем (ДВТ на седницата одржана на 05. мај 2016. година, ВСС на седницата одржана на 10. мај 2016.година).

На 20. јули 2016. година, на состанокот на заедничка работна група за проценка на пристапот на националните малцинства во правосудниот систем, утврдени се органите, целта, методологијата и роковите за работа на работната група.

Со оглед на тоа дека целта на работа на работната група е изработка на Анализа за проценката на пристапот на националните малцинства во правосудниот систем на Република Србија, во јули 2016. година, на членовите на работната група им беа доставени на увид и коментар релевантните анализи кои ги изработиле претставници на Државниот совет на обвинители и Високиот совет на судството: Анализа за употреба на јазикот во проценката на пристапот на националните малцинства во правосудниот систем на Република Србија, Анализа за застапеноста и познавањето на јазикот на националните малцинства во судовите во Република Србија и Анализа за застапеноста и познавањето на јазикот на националните малцинства во јавните обвинителства во Република Србија.

АКТИВНОСТ: 8.10. Одржување на заеднички работилници за пристапот на националните малцинства кон правната помош за Државниот совет на обвинители, Високиот совет на судството, организациите на граѓанското општество и претставниците на националните малцинствa-врска со АП ПГ 23

107

Page 108:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

РОК: II квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е делумно реализирана. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Државен совет на обвинители Висок совет на судството Организации на граѓанското општество Претставници на националните малцинства Единици на локалната самоуправа Правни факултети – правни клиники

ИЗВЕШТАЈ:Во согласност со состанокот на заедничката работна група на Државниот совет на обвинители и Високиот совет на судството за проценката на пристапот на националните малцинства во правосудниот систем, одржан на 20. јули 2016. година, и заклучоците врз основа на кои одржувањето на заедничката работилница за пристапот на националните малцинства во правната помош за Државниот совет на обвинители и Високиот совет на судството, организациите на граѓанското општество и претставниците на националните малцинства, предвидено е за крајот на III квартал на 2016. година – претставници на Државниот совет на обвинители и Високиот совет на судството во август 2016. година одржаа подготвителен состанок за организирање на наведената заедничка работилница.

АКТИВНОСТ: 8.11. Одржување на тркалезна маса за усвојување на конечни препораки за компонентата 3, цел 1 од ИПА 2013 проектот „Зајакнување на капацитетите на ВСС и ДВТ“, која се однесува на подобрување на односите со организациите на граѓанското општество и активностите во врска и со пристапот на националните малцинствa во правосудниот систем. - врска со АП ПГ 23РОК: III квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста е готово во целост релаизирана.НОСИОЦИ И ПАРТНЕРИ:

Државен совет на обвинители Висок совет на судството Организации на граѓанското општество Претставници на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Во согласност со заклучоците од состанокот на заедничката работна група на Државниот совет на обвинители и Високиот совет на судството за проценката на пристапот на националните малцинства во правосудниот систем, одржан на 20. јули 2016. година, кои се донесоа на тркалезната маса за усвојување на конечните препораки за компонентата 3, цел 1 од ИПА 2013 проектот Зајакнување на капацитетите на ВСС и ДВТ, а кои се однесуваат на подобрување на односите со организациите на граѓанското општество и активностите во врска со пристапот на националните

108

Page 109:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

малцинства во правосудниот систем, предвидено за IV квартал на 2016. година. Во август 2016. година претставниците на ИПА 2013 проектот Зајакнување на капацитетите на ВСС и ДВТ известени се за потребата за одржување на тркалезна маса и побарана е нивна поддршка за реализација на овие активности.

АКТИВНОСТ: 8.12. Спроведување на обуки на судиите за меѓународните документи и стандарди во областа на заштита од дискриминација на националните малцинства и пракси на ЕСЧП.- врска со АП ПГ 23РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Правосудна академијаИЗВЕШТАЈ:Обезбедена стручна обука за судии, обвинители и други вработени во правосудството во врска со спречувањето на дискриминацијата, за меѓународните стандарди, пракси на меѓународните наднационални механизми за заштита на човековите права и општењето на функционеите и вработените во правосудната управа со припадниците на чувствителните општествени групи. Исто така, организирани се и тркалезни маси за апелационите судови, кои како резултат имале усвојување на заеднички ставови во врска со одреден број на спорни прашања, кои како последица ќе имаат усогласување на судската пракса во предметите на дискриминација на територијата на сите четири апелации. Во тек е тренинг на тренери за дополнителни предавачи на Академијата во оваа област.

Прирачникот во областа заштита од дискриминација изработен е 2013. година. Се планира негово повторно издавање, ажурирано во согласност со законодавните измени кои се планирани во оваа област, како и дополнето со новата судска пракса.

АКТИВНОСТ: 8.13. Спроведување на промотивни кампањи помеѓу националните малцинства поради зајакнувањето на довербата во полицијата и поттикнување за пријавување на припадниците на националните малцинства на конкурсите за основна полициска обука.РОК: Континуирано, според динамиката на објавување на конкурситеСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за внатрешни работиИЗВЕШТАЈ:Имајќи ги предвид специфичните проблеми на ромската заедница, посебно внимание се посветува на унапредувањето на комуникацијата помеѓу полицијата и претставниците

109

Page 110:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

и припадниците на оваа заедница, како и нивното анимирање и поттикнување да се пријавуваат на конкурсите за работа во полицијата. Покрај тоа, на претставниците на ромската заедница дадена им е можност, во рамките на обуката на полициските службеници – тренери во оваа област, да ги претстават обичаите и безбедносните потреби на локалните ромски заедници, кои се од важност за работата на полицијата и на остварувањето на нивната безбедносна заштита.

При објавувањето на конкурсот за прием во Центарот за основна полициска обука во Сремска Каменица, афирмативно се пристапува кон припадниците на националните малцинства, па така, во текот на претходните години беа организирани повеќе курсеви кои успешно ги завршија полициските службеници припадници на албанската заедница, по што беа распоредени во полициските станици на општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

Во 2015. години обуката за учесниците на 12. класа на Центарот за основна полициска обука започна на 6. април 2015, а заврши во текот на мај 2016. година. Во 12. класа беа примени вкупно 301 учесник, од нив 287 се јавија. Од тој број имаше 209 учесници од машки пол, и 78 учесници од женски пол, изразено во проценти 72,82% машки пол и 27,18% женски пол.

АКТИВНОСТ: 8.14. Промовирање на професијата на полицајците, МВР и Центарот за основна полициска обука; информирање за обуката, активностите на Центарот, условите за прием и објавените конкурси преку интернет страниците и социјалните мрежи. РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за внатрешни работиИЗВЕШТАЈ:За зголемување на застапеноста на припадниците на националните малцинства во полицијата, се реализира програма за професионално информирање, регрутација и маркетинг, со која потенцијалните кандидати/кандидатки се известуваат за условите на конкурсот на своите јазици, а се поттикнуваат да се пријават на конкурсите за прием на работа во полиција. Тестирањето се спроведува на јазиците на националните малцинства (тестовите се преведени на унгарски, албански и ромски).

Полицијата афирмативно настапува кон сите национални заедници при објавувањето на конкурсот за прием во Центарот за основна полициска обука и работа во полицијата.

Во врска со примената на антидискриминаторните мерки при приемот во полициската служба, треба да се истакне дека за прием на граѓаните на работа во Министерството за внатрешни работи не постојат законски или било кои други ограничувања или услови кои се засноваат на нивната национална, верска или било која друга припадност.

110

Page 111:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Политиката на прием има тенденција да се примаат на работа мажи и жени од различни општествени групи, вклучувајќи и етнички малцински групи, со крајна цел, полициските службеници да ја одразуваат структурата на општеството на кое му служат.

АКТИВНОСТ: 8.15. Организирање на промотивни трибини за основна полициска обука во средините во кои во поголем број се застапени припадници на националните малцинства.РОК: Континуирано, два месеци пре распишувањето на конкурс за одредена ПУСТАТУС: Извештајот на институцијата не содржи податоци за спроведување на активностите.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за внатрешни работи

АКТИВНОСТ: 8.16. Промотивни работилници за основна полициска обука со цел подобри подготовки на потенцијалните кандидати за приемниот испит (психо-тест, тест за општа информираност и српски језик).РОК: Континуирано, половина година пред распишувањето на конкурс за одредена ПУСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за внатрешни работиИЗВЕШТАЈ:Со цел да се поттикне приемот на Ромите во полицијата, МВР во соработка со Здружението Европски полицајци со ромска националност во февруари и март 2015. година, организираше шест подготвителни работилници во повеќе градови во Република Србија за околу 280 Ромки и Роми, со цел, преку подготвителни психолошки и други тестирања, подобро да се подготват за конкурирање во Центарот за основна полициска обука.

Исто така, во периодот од 28. март до 02. април 2016. година, се реализираше проектот Инклузија на Роми и Ромки во секторот за безбедност, на Министерството за внатрешни работи и Полициската асоцијација Европски полицајци со ромска националност“, со цел поттикнување и подготовки на кандидатите за запишување во Центарот за основна полициска обука, во вид на еднодневни работилници во шест подрачни полициски управи (ПУ во Сремска Митровица, Белград, Смедерево, Нови Пазар, Прокупље и Врање).

АКТИВНОСТ: 8.17. Продолжение на активностите кои се спроведени во рамките на проектот Поддршка на поголемото вклучување на националните малцинства во полициската служба на Република Србија.

111

Page 112:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

РОК: КонтинуираноСТАТУС: Извештајот на институцијата не содржи податоци за спроведување на активностите.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за внатрешни работи

АКТИВНОСТ: 8.18. Часови по српски јазик за учесниците на основната полициска обука од редовите на националните малцинства како би им се овозможило полесно следење на обуката.РОК: Континуирано, во согласност со идентификуваните потребиСТАТУС: Извештајот на институцијата не содржи податоци за спроведување на активностите.НОСИОЦИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за внатрешни работи

АКТИВНОСТ: 8.19. Часови/курсеви по јазикот на националните малцинства како јазик на средината со акцент на службената комуникација од средините во кои се во поголем број застапени националните малцинства.РОК: Континуирано, во согласност со идентификуваните потребиСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за внатрешни работиИЗВЕШТАЈ:Во периодот од 26. март до 21. јуни 2016. година во Полициската управа во Панчево беше организиран курс за учење на јазиците на националните малцинства (унгарски, романски, словачки и чешки) за вкупно 50 полициски службеници.

Наведената активност реализирана е со цел унапредување на соработката на полицијата и граѓаните, посебно на соработката со националните малцинства, а поради постигнување на повисок степен на безбедност преку подобра комуникација со граѓаните, како и поголемата вклученост на граѓаните и на малцинските групи во работата на полицијата.

IX НАЦИОНАЛНИ СОВЕТИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 9.1. Анализа на нормативната рамка со која се уредуваат правата на националните малцинства во Република Србија со посебен осврт на финансиските аспекти на овие прописи на сите три нивоа на власт (републичко, покраинско и локално).РОК: IV квартал на 2015 – I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста во целост е реализирана.

112

Page 113:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ: Министерство надлежно за работите на државната управа и

локалната самоуправаИЗВЕШТАЈ:Министерството за државна управа и локална самоуправа, во рамките на планираните буџетски средства, преку постапката на јавна набавка, ангажираше консултант од областа на човековите и малцинските права кој изработи анализа на законодавството за националните совети на националните малцинства со посебен осврт на финансирањето на националните совети. Текстот на Анализата достапен е на официјалната интернет страница на Министерството на српски и англиски јазик.

АКТИВНОСТ: 9.2. Одржување на тркалезна маса со претставниците на сите национални совети на националните малцинства, заинтересираната стручна јавност, како и со невладините организации, на која ќе се разгледуваат:- спорните прашања во примената на Законот за националните совети на националните малцинства- дадените препораки- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.29.РОК: IV квартал на 2015. годинаСТАТУС: Активноста во целост е реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа и локалната самоуправа

ИЗВЕШТАЈ:Во организација на Министерството за државна управа и локална самоуправа на 18. декември 2015. година, се одржа тркалезна маса под името Национални совети/малцински самоуправи во правниот систем на Република Србија на која присуствуваа националните совети на националните малцинства, невладините организации и меѓународната заедница, како и заинтересираната стручна јавност. На собирот беше претставена Анализата на нормативната рамка со која се уредуваат правата на националните малцинства во Република Србија, а со цел да се изнајдат најсоодветни решенија во процесот на измени на Законот за националните совети на националните малцинства.

АКТИВНОСТ: 9.3. Основање на мултиресорна работна група со цел изработка на нов Закон за националните совети на националните малцинства, во согласност со резултатите од анализата, и со активно учество на националните совети на националните малцинства. - врска со АП ПГ 23 мерка 3.8.1.30.РОК: IV квартал на 2015. година

113

Page 114:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

СТАТУС: Активноста во целост е реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управа и локалната самоуправа

Национални совети на националните малцинстваИЗВЕШТАЈ:Министерот за државна управа и локална самоуправа, со Решението од 23. ноември 2015. година, основаше работна група која ќе го подготви текстот на нацрт законот за измени и дополнувања на Законот за националните совети на националните малцинства. Работната група составена е од претставници на релевантните министерстава во чија надлежност се областите во кои припадниците на националните малцинства остваруваат право на самоуправа: култура, образование, известување и службена употреба на јазикот и писмото, претставници на националните совети на националните малцинства. На членовите на Посебната работна група им беа доставени решенија за именување.

АКТИВНОСТ: 9.6. Донесување на Уредби со кои ќе се уреди постапката на распределба на финансиските средства од буџетскиот фонд (член 119. од Законот за националните совети на националните малцинства).РОК: I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста во целост е реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државната управаИЗВЕШТАЈ: Министерството за државна управа и локална самоуправа подготви Предлог на уредбата за распределба на средствата од буџетскиот фонд за национални малцинства, која е усвоена на седницата на Владата на 3. март 2016. година, со што се исполнети условите за обезбедување и операционализација на овие средства кои се водат на посебниот буџетски раздел на Министерството за државна управа и локална самоуправа. Со уредбата е пропишано дека буџетскиот фонд може да се финансира и од донации. Средствата од Фондот се доделуваат со јавен конкурс за програмите и проектите од областа на културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото на националните малцинства.

АКТИВНОСТ: 9.7. Обезбедување на потребните финансиски средства за Буџетскиот фонд за национални малцинства (член 119. од Законот за националните совети на националните малцинства) за програмските активности, проектите на националните малцинства и организациите на граѓанското општество кои се занимаваат со прашањата на националните малцинства.

114

Page 115:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Расподелба на средствата од Буџетскиот фонд за национални малцинства во согласност со подзаконскиот акт од мерката 9.6.РОК: Почнувајќи од I квартал на 2016. годинаСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Влада на РС Министерство надлежно за работите на државната управа

ИЗВЕШТАЈ: Финансиските средства за Буџетскиот фонд за националните малцинства обезбедени се во износ од 1.800.000 динари и се наоѓаат на буџетскиот раздел на Министерството за државна управа и локална самоуправа.

Распределбата на средствата од Буџетскиот фонд за националните малцинства не е извршена затоа што сè уште не е утврден Предлогот на програмите на приоритени области кои се финансираат од овој фонд.

АКТИВНОСТ: 9.8. Обезбедување поддршка на националните совети на националните малцинства во реализацијата на нивните надлежности, преку:- обуки за НСНМ за механизмите за заштита од дискриминација, за антидискриминационото законодавство и за препознавање на видовите на дискриминација и основата за дискриминација,- зајакнување на управувачките капацитети и способности за финансиско известување на НСНМ.- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.35.РОК: за активности кои се финансираат од буџетот – континуирано

IPА 2013 (Твининг проект: 2015-2017)СТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Канцеларија за човекови и малцински права Национални совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Канцеларијата за човекови и малцински права им обезбедува поддршка на националните совети на националните малцинства во реализацијата на нивната надлежност и обезбедува стабилно финансирање на нивната работа. И покрај рестриктивниот буџет за 2016. година, средствата за финансирање на работата на националните совети не се намалија, односно останаа на ниво на средствата од 2015. година, така да од буџетот на Република Србија за оваа намена во 2016. година ќе бидат исплатени средства во висина од 245.000.000 динари. Врз основа на Решението за распределба на годишната квота на националните совети на националните малцинства се врши пренос на средствата на месечно ниво во висина од 1/12 обезбедени средства.

115

Page 116:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Во соработка со Мисијата на ОБСЕ, Канцеларијата во ноември 2015. година организираше работилница Обука на националните совети на националните малцинства - управување со финансиите, која беше насочена кон зајакнувањето на управувачките капацитети и способности за финансиско известување на националните совети на националните малцинства.

Поддршката на наведените активности обезбедена е и преку твининг проектот од програмата ИПА 2013 Поддршка за унапредување на човековите права и нулта толеранција за дискриминација, финансиран од страна на ЕУ, а кој го спроведуваат Канцеларијата за човекови и малцински права и Повереникот за заштита на рамноправноста, во соработка со Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Австрија и Канцеларијата за национални малцинства на Владата на Словенија.

Во рамките на твиниг проектот во I и II квартал на 2016. година, во врска со активноста на давање на поддршка на националните совети на националните малцинства во реализација на нивните активности, исполнети се следниве показатели на резултатите:

развиена е анализа на потребите за обуки и изработени се материјали за обуки кои се во врска со механизмот за заштита од дискриминација, за антидискриминационото законодавство и за препознавањето на видот на дискриминација и на основата за дискриминација.

одржани се две обуки за претставниците на националните совети на националните малцинства со цел подобрување на знаењата за механизмите за заштита од дискриминација, за антидискриминационото законодавство и за препознавањето на видот на дискриминација и на основата за дискриминација.

на 14. јуни 2016. година, се одржа обука под името Модул А – Вовед во антидискриминациската рамка

Целта на оваа обука беше запознавање со:

Акциониот план за примена на Стратегијата за превенција и заштита од дискриминација,

Моментално антидискриминационо законодавство, и Системски механизми за борба против дискриминација.

на 16. јуни 2016. година, се одржа обука под името Модул Б - Постапување по жалби – нулта толеранција за дискриминација

Целта на оваа обука беше запознавање со:

Идентификацијата на дискриминација врз основа на постоечките законски одредби,

Процедура за постапувње по жалби на дискриминација, и

116

Page 117:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Механизми за борба против дискриминација, со кои на институциите може да им се поднесат жалби.

На наведените обуки присуствуваа вкупно 21 учесник (Модул А: 10, Модул Б: 11 учесници) од 11 совети на национални малцинства, иако повикот им беше упатен на сите совети на националните малцинства.

Спроведените обуки во врска со механизмот за заштита од дискриминација, за антидискриминационо законодавство и за препознавање на видовите на дискриминација и основата за дискриминација се евалиуирани.

Во Акциониот план наведена е вкупната вредност на проектот ИПА 2013 Поддршка за унапредување на човековите права и нулта толеранција за дискриминација, кој трае 18 месеци (септември 2015- март 2017) и изнесува 1.200.000 евра. Националното кофинансирање за овој период изнесува 60.000 евра, кои ги обезбедува КЧМП од буџетските средства, од кои во 2015. година, од овие средства во Националниот фонд биле пренесени 39.024 евра. Со овој вкупен износ на финансиски средства на проектот опфатена е и поддршката за спроведување на многу други активности покрај наведените во активноста 9.8.

За поддршка на националните совети на националните малцинства во реализацијата на нивните надлежности преку обуки и зајакнување на капацитетот во рамките на активноста 9.8, со проектот во 2016. година беа планирани средства за нивно спроведување во износ од 68.785,90 евра7. Во периодот на I и II квартал на 2016. година, за спроведените активности наведени во извештајот за активноста 9.8. потрошени се 30.700,53 евра.

Со цел реализација на овие активности, Националниот совет на германското национално малцинство имаше свои претставници на конференцијата на ОБСЕ за Поттикнување на родова рамноправност во националните совети на националните малцинства (Шабац, 17. декември 2015. година). Како резултат на оваа обука, Националниот совет на германското национално малцинство формираше Консултативно тело за родова рамноправност.

АКТИВНОСТ: 9.9. Да се обнови работата на Советот за националното малцинство, во чија работа ќе бидат вклучени претставниците на сите национални малцинства, а со цел поефикасно остварување на правата на националните малцинства.

7 Напомена: Ако наведените средства од 400.000 евра (2015-2017) се однесуваат на Tвининг проектот ИПА 2013 активност 9.8., потребно е да се внесе горе споменатата измена во рамките на планираните финансиски средства во усвоениот Акционен план.

117

Page 118:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

- врска со АП ПГ 23 мерка 3.8.1.36.РОК: за обновување на работата – II квартал на 2015. година

за редовни состаноци – континуирано СТАТУС: Активноста е делумно реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

ВладаИЗВЕШТАЈ:Владата на седницата која се одржа на 2. април 2015. година, донесе Одлука за образување на Совет за национални малцинства, со која за членови на Советите се именувани претставници на Владата, претседатели на националните совети на националните малцинства и претседателот на Сојузот на еврејските општини на Србија. Канцеларијата за човекови и малцински права овозможува стручна и аминистративно-техничка поддршка за работата на Советот. Конститутивната седница на Советите се одржа на 29. април 2015. година. На седницата беше исклучен заклучок за планот на активностите и начинот на работа повеѓу двете седници на Советот.

Втората седница на Советот за национални малцинства се одржа на 7. јули 2015. година. На седницата едногласно е усвоен Извештајот за активностите помеѓу двете седници на Советот (период 1. мај – 1. јули 2015. година), кој го подготви Канцеларијата за човекови и малцински права и Заклучокот со кој е прецизирано на кој начин ќе се спроведуваат договорените активности.

Третата седница на Советот за национални малцинства се одржа на 3. ноември 2015. година. На седницата е усвоен Записникот од втората седница на Советот. Точки на дневниот ред беа Извештај за активностите реализирани помеѓу двете седници на Советот и Извештај за активностите на изработката на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства.

По формирањето на новата Влада, се покрена иницијатива за измена на Одлуката за образување на Совет за национални малцинства.

АКТИВНОСТ: 9.10. Да се овозможи целосна имплементација на Законот за локална самоуправа во врска со основањето на советот за меѓунационалните односи во сите национално мешовити општини во согласност со Законот. Да се спроведе надзор над спроведувањето на Законот за локална самоуправа во овој поглед, преку известување за воспоставување на совет за мулти-етнички односи. - врска со активноста 4.6.2, посебнни мерки кои се однесуваат на загрозените групи на национални малцинства, Акционен план за спроведување на Стратегијата за превенција и заштита од дискриминација за 2014-2018.- врска со АП ПГ 23 активност 3.8.1.23.РОК: Континуирано

118

Page 119:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

СТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на локалната самоуправа Единици на локална самоуправа

ИЗВЕШТАЈ:Во тек е собирање на податоци од единиците на локалната самоуправа за бројот на основаните меѓунационални совети, по што ќе се изработи препорака за потребата за формирање на овие мултиетнички совети.

X ЕКОНОМСКА ПОЗИЦИЈА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА МАЛЦИНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

АКТИВНОСТ: 10.1. Зајакнување на економската позиција на ромското национално малцинство преку целосна примена на Акциониот план за спроведување на новата Стратегија за социјално вклучување на Ромите и Ромките во Република Србија за периодот од 2016 – 2025 година. РОК: Континуирано, почнувајќи од усвојувањето на Акциониот планСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Субјекти надлежни по Акциониот план Совет за унапредување на позицијата на Ромите и спроведување

на Декадата за вклучување на Роми Политичко ниво на координација – потпретседател на Владата и

министер за градежништво, сообраќај и инфраструктураИЗВЕШТАЈ:Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура спроведува континуирани активности со цел отворање на канцеларија во Белград на Акциониот тим за интеграција на Ромите 2020 на Советот за регионална соработка. Резултатот од активностите е потпишаниот Меморандум за основање и работа на Акциониот тим за интеграција на Ромите до 2020. година помеѓу Владата на Република Србија, која ја претставува проф. др Зорана Михајловиќ, потпретседател на Владата и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура и Советот за регионална соработка, кого го претставува Горан Свилановиќ, генерален секретар. Основна задача на Акциониот тим за интеграција на Ромите е да им овозможи поддршка на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*8, Македоноја, Србија, Турција и Црна Гора во нивните напори за намалување на социо-економските разлики создадени помеѓу ромските и неромските заедници.

8 Ова име не влијае на ставот за статусот и во согласност е со Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд за правда за косовската декларација за независност.

119

Page 120:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Министерството, исто така, придонесе при изработката на Стратегијата за социјално вклучување на Ромите и Ромките во Република Србија за периодот од 2016. до 2025. година. Резултатот од активноста е усвоената Стратегија на седницата на Владата на 3. март 2016. година.

Покрај тоа, Министерството координира со активностите со цел изработка на Работна верзија на Акциониот план на Стратегијата за социјално вклучување на Ромите и Ромките во Република Србија за периодот од 2016. до 2025. година, кој ќе опфати период од две години.

Министерството врши консултации со цел формирање на Координационото тело на Владата на Република Србија за следење на спроведувањето на Стратегијата за социјално вклучување на Ромите и Ромките во Република Србија за периодот од 2016. до 2025. година, со претставниците на Тимот за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата и Националниот совет на ромското национално малцинство.

На крај, Министерството учествуваше во програмирањето за ИПА 2016 – Поддршка за инклузија на Ромите. Аплицираше за грант шема, во вредност од 4,2 милиони евра, која ќе ја спроведува Постојаната конференција на градовите и општините. Целта на аплицирањето и обезбедувањето на финансиските средства е значително подобрување на позицијата на Ромите во локалните заедници преку реализација на приоритетните мерки предвидени во рамките на Стратегијата социјално вклучување на Ромите и Ромките во Република Србија за периодот од 2016. до 2025. година.

АКТИВНОСТ: 10.2. Економско закрепнување и развој на неразвиените региони кои се традиционално населени со национални малцинства (источна Србија, општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа), преку: - закрепнување на претпријатијата кои биле носители на развојот на овие региони,- поддршка на малите и средни претпријатија, претприемачи и задруги,- привлекување на инвестиции.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерството надлежно за економија Координационо тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа

ИЗВЕШТАЈ:Министерството за економија спроведува Програма за поддршка на развојот на деловната инфраструктура за 2016. година. Намената на Програмата се реализира преку опремување на деловните зони, со цел привлекување на инвестиции, со учество во финансирањето на реализацијата на проектот за инфраструктурно опремање на деловните зони, како и со учество во финансирањето на реализацијагта на проектот за

120

Page 121:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

изградба, реконструкција или санации на сообраќајната, комуналната, електроенергетската, енергетската и останатите инфраструктури кои обезбедуваат достапност на деловната зона и нејзино интегрирање во опкружувањето.

Во согласност со Уредбата за утврдување на Програмата за поддршка на развојот на деловната инфраструктура за 2016. година, распишан е јавен повик за пријава на проекти, извршено е рангирање на проектите по што е донесена Одлука за распоредот и користењето на средствата за поддршка на унапредувањето на деловната инфраструктура за 2016. година (Службен весник на РС број 50/2016 од 03.06.2016. година), со која се одобрени средства во висина од 497.956.246,84 динари, без ДДВ, за кофинансирање на реализацијата на 32 проекти, од кои седум проекти се планираат на подрачјето на регионот на јужна и источна Србија, и тоа во следниве единици на локалната самоуправа: Бела Паланка, Врање, Власотинце, Димитровград, Куршумлија, Ниш и Смедерево. На подрaчјето на општина Прешево, Бујановац и Медвеѓа не се планирани вложувања со Програмата.

Министерството учествува во финансирање на проектите во висина до 60% од вредноста на проектот, без ДДВ. Локалните самоуправи од своите буџети ја финансираат преостанатата вредност на проектите, без ДДВ, како и ДДВ на вкупна вредност на целиот проект

Во тек се постапки на јавни набавки, по што се очекува склучување на Договорот за реализација на проектите со изведувачот на работите.

Со цел создавање на поволни услови за привлекување на инвестиции за унапредување на стопанскиот амбиент и отворање на нови работни места во локалните самоуправи, Министерството за економија ја реализираше Програмата за поддршка на развојот на деловните зони, преку реализација на 38 проекти од кои 12 проекти се реализирани на подрачјето на регионот на јужна и источна Србија, и тоа во Алексинац, Бабушница, Бела Паланка, Врање, Владичин Хан, Власотинце, Књажево, Ниш, Прешево, Смедерево и Сурдулица.

Од 12 проекти, десет проекти се завршени и објектите им се предадени на користење на локалните самоуправи, а два проекти се во фаза на реализација, и тоа:

Проект на изградба на инфраструктурни инсталации - кабелирање на среднонапонска мрежа 10 кW во индустриската зона с. Чукарка – Прешево, со вкупна договорена вредност од 12.489.780 РСД и проект за изработка на техничка документација за изградба на тематски етно-парк на традиционалото градителство на јужна Србија во Сурдулица, со вкупна договорена вредност од 17.092.800 РСД.

Проектите кои се реализирани се однесуваат на изградба на сообраќајни, комунални, енергетски и останати инфраструктури. На тој начин создадени се предуслови за доаѓање и почеток на работата на инвеститорите, како и за нови вработувања.

121

Page 122:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Министерството за економија учествува во кофинансирање на реализацијата на проектите во износ до 50% од вкупната вредност на проектот, додека преостанатите средства се обезбедуваат од буџетот на единиците на локалната самоуправа.

Исто така, на подрачјето на регионот на јужна Србија врз основа на поднесените барања на единицата за локалната самоуправа во рамките на Програмата за поддршка е реализација на мерки од регионална и локална важност во 2015. година ја поддржаа шест единици на локалната самоуправа, и тоа: Власотинце, Врање, Голубац, Кладово, Ниш, Смедерево.

Економскиот развој на трите општини е клучен приоритет на службата на Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа и Владата на Република Србија. Како основа за економска обнова и развој на овие општини, се сметаат развојот и вложувањето во стопанството. Стратешки приоритети се: опоравување и обновување на претпријатијата кои биле носители на развојот на трите општини, поддршка на малите и средни претпријатија, претприемачите и задругите и привлекување на инвестиции во овие три општини.

Од 2012. година, службата на Координативното тело обезбедува средства и распишува конкурси за доделување на бесповратни средства за субвенции на малите и средни стопански друштва, претприемачите и земјоделските задруги во општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа. Прво, со Стопанската комора на Србија изработена е Анализа на економските потенцијали на овие три општини, врз основа на која е изработена програма за доделување на субвенции, која секоја година ја усвојува Владата на Република Србија.

Стратешки приоритети на Владата на Република Србија на југот на Србија се обновување на претпријатијата, поддршка на малите и средни претпријатија, претприемачите и задругите и привлекување на инвестиции во овие три општини.

Од 2012. година, службата на Координативното тело, врз основа на оваа програма, која секоја година ја усвојува Владата на Република Србија, одобри бесповратни средства зa стопанственици, во вкупна вредност од 200.000.000,00 динaри и брojот на нoвoвработените пo прoeктите кои ги реализирале стопанственици е готово 200.

Резултатот од спроведените конкурси е зголемување на бројот на вработени, зајакнување на малите и средни стопански друштва, претприемачите и земјоделските задруги за поефикасно поврзување на локалниот, регионалниот, националниот и меѓународниот пазар, унапредување на производството со цел економски пораст, унапредување на конкурентноста на домашните и странски пазари и унапредување на производството наменето за извоз или супституција на увозот.

Како продолжение на активностите на поттикнувањето на економскиот развој и привлекување на инвестиции во општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа во 2013.

122

Page 123:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

година, Службата организираше Саем на инвестициски потенцијали. На Саемот општините ги претставија економските потенцијали и можностите за вложување.

Службата на Координативното тело ќе распише нов конкурс за доделување на субвенции во 2016. година на 6. септември за износ на средства од 40.000.000,00 динари за сите три општини.

Обновувањето на претпријатијата кои биле носители на економскиот развој на трите општини е од исклучителна важност за економскиот развој на стопанството на југот на Србија. Од 2013. година, Службата на Координативното тело реализира активности за оживување на општественото претпријатие Гумопластика (Бујановац). Со заеднички напори на Владата на Република Србија и службата на Координативното тело, Гумопластика после 15 години излезе од стечај. Идниот чекор на Координативното тело и на општина Бујановац е наоѓање на инвеститори за заживување на производствената активност на ова претпријатие.

АКТИВНОСТ: 10.3. Привлекување на инвестиции во општините кои се класифицирани во III и IV група по развиеност во согласност со Законот за регионалрн развој.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Развојна агенција на Србија Стопанска комора на Србија Единици на локалната самоуправа АПВ Регионални стопански комори

ИЗВЕШТАЈ:Развојната агенција на Србија, според Акциониот план, е еден од носителите на активноста 10.3. – Привлекување на инвестиции во општините кои се класифицирани во III и IV група по развиеност во согласност со Законот за регионален развој („Сл. весник на РС", бр. 51/2009, 30/2010 и 89/2015 - други закони), а која е во врска со стратешката цел – Унапредување на економската позиција на припадниците на малцинските заедници.

Основањето и работата на Агенцијата пропишани се со Законот за вложувања („Сл. весник на РС“, бр. 89/2015) (во натамошниот текст: ЗЗВ) и тоа чл. 27 - 41. со Членот 36. од ЗЗВ таксативно се наведени работите кои ги извршува Агенцијата; меѓу другото, Агенцијата извршува стручни и административно-оперативни работи во врска со проектите за привлекување на директни инвестиции и вложувања и ја следи нивната реализација во согласност со законот и прописите.

123

Page 124:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Со Уредбата за условите и начинот на привлекување на вложувањата („Сл. весник на РС", бр. 27/2016) (во натамошниот текст: Уредба), помеѓу другото, поблиску се уредени критериумите за вложувања од посебна и локална важност, и постапката, висината и рокот за остварување на бенефити, како и други прашања од значење за распределба на средствата за стимулации и реализација на инвестиционите проекти со цел поттикнување на директните вложувања поради зајакнување на економскиот и стопанскиот развој, порастот на вработеноста, и целокупната општествена благосостојба.

Со членот 10. ст. 1. од Уредбата дефинирано е за кои инвестициони проекти може да се доделат средства, и тоа за: 1) инвестициони проекти во производствениот сектор кај кои оправданите трошоци за вложување изнесуваат најмалку 150.000,00 евра и со кои се обезбедува отворање најмалку на 20 нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во четвртата група, вклучувајќи ги и девастираните подрачја; 2) инвестициони проекти во производствениот сектор кај кои оправданите трошоци за вложување изнесуваат најмалку 300.000,00 евра и со кои се обезбедува отворање најмалку на 30 нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во третата група; 3) инвестициони проекти во производствениот сектор кај кои оправданите трошоци за вложување изнесуваат најмалку 600.000,00 евра и со кои се обезбедува отворање најмалку на 40 нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во втората група; 4) инвестициони проекти во производствениот сектор кај кои оправданите трошоци за вложување изнесуваат најмалку 600.000,00 евра и со кои се обезбедува отворање најмалку на 50 нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во првата група; 5) инвестициони проекти во секторот на услуги кои може да бидат предмет на меѓународна трговија чија минимална вредност изнесува 150.000,00 евра и со кои се обезбедува отворање најмалку на 15 нови работни места поврзани со инвестициониот проект.

Видот и висината на средствата кои може да се доделат пропишани се со чл. 14-16. од Уредбата.

Со членот 14. ст. 1-5. од Уредбата се пропишуваат стимулирањата за оправдани трошоци на бруто заработка за нови работни места поврзани со инвестициониот проект и тоа на следниов начин:

На корисникот на средствата кој ќе отвори нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единицата на локалната самоуправа која е класифицирана во првата група на класифицирање на единиците на локалната самоуправа според

124

Page 125:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

степенот на развиеност, му се одобруваат бесповратни средства во висина од 20% оправдани трошоци на бруто заработка од членот 3. од оваа уредба, а во максимален износ од 3.000,00 евра во динарска противвредност по новоотворено работно место.

На корисникот на средствата кој ќе отвори нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единицата на локалната самоуправа која е класифицирана во втората група на класифицирање на единиците на локалната самоуправа според степенот на развиеност, му се одобруваат бесповратни средства во висина од 25% оправдани трошоци на бруто заработка од членот 3. од оваа уредба, а во максимален износ од 4.000,00 евра во динарска противвредност по новоотворено работно место.

На корисникот на средствата кој ќе отвори нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единицата на локалната самоуправа која е класифицирана во третата група на класифицирање на единиците на локалната самоуправа според степенот на развиеност, му се одобруваат бесповратни средства во висина од 30% оправдани трошоци на бруто заработка од членот 3. од оваа уредба, а во максимален износ од 5.000,00 евра во динарска противвредност по новоотворено работно место.

На корисникот на средствата кој ќе отвори нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единицата на локалната самоуправа која е класифицирана во четвртата група на класифицирање на единиците на локалната самоуправа според степенот на развиеност, му се одобруваат бесповратни средства во висина од 35% оправдани трошоци на бруто заработка од членот 3. од оваа уредба, а во максимален износ од 6.000,00 евра во динарска противвредност по новоотворено работно место.

На корисникот на средствата кој ќе отвори нови работни места поврзани со инвестициониот проект во единицата на локалната самоуправа која според степенот на развиеност е девастирано подрачје, му се одобруваат бесповратни средства во висина од 40% оправдани трошоци на бруто заработка од членот 3. од оваа уредба, а во максимален износ од 7.000,00 евра во динарска противвредност по новоотворено работно место.

Со членот 15. ст. 1-5 од Уредбата дефинирани се стимулациите за оправдани трошоци на вложување во основните средства на следниов начин:

На корисникот на средствата кој ќе реализира инвестиционен проект во единицата на локалната самоуправа која е класифицирана во првата група на класифицирање на единиците на локалната самоуправа според степенот на развиеност, може да му се одобри зголемување на износот на бесповратните средства од членот 14. од ова уредба во висина до 10% оправдани трошоци на вложувања во основните средства.

На корисникот на средствата кој ќе реализира инвестиционен проект во единицата на локалната самоуправа која е класифицирана во втората група на класифицирање на единиците на локалната самоуправа според степенот на развиеност, може да му се

125

Page 126:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

одобри зголемување на износот на бесповратните средства од членот 14. од ова уредба во висина до 15% оправдани трошоци на вложувања во основните средства.

На корисникот на средствата кој ќе реализира инвестиционен проект во единицата на локалната самоуправа која е класифицирана во третата група на класифицирање на единиците на локалната самоуправа според степенот на развиеност, може да му се одобри зголемување на износот на бесповратните средства од членот 14. од ова уредба во висина до 20% оправдани трошоци на вложувања во основните средства.

На корисникот на средствата кој ќе реализира инвестиционен проект во единицата на локалната самоуправа која е класифицирана во четвртата група на класифицирање на единиците на локалната самоуправа според степенот на развиеност, може да му се одобри зголемување на износот на бесповратните средства од членот 14. од ова уредба во висина до 25% оправдани трошоци на вложувања во основните средства.

На корисникот на средствата кој ќе реализира инвестиционен проект во единицата на локалната самоуправа која според степенот на развиеност е девастирано подрачје според степенот на развиеност, може да му се одобри зголемување на износот на бесповратните средства од членот 14. од ова уредба во висина до 30% оправдани трошоци на вложувања во основните средства.

Со членот 2. ст. 1. точ. 10. од Уредбата се дефинира вложување од посебна важност за Република Србија како вложување со чија реализација значително се влијае на понатамошниот развој на економијата на Република Србија, кое придонесува кон унапредувањето на конкурентноста на стопанството и на Република Србија како инвестициони локации и со чија реализација се поттикнува подеднаков регионален развој во однос на предметот на вложување и територијална концентрација на одредени стопански гранки и стопански дејности, и вложување: (1) во основните средства на корисниците на средства поголеми од 20 милиони евра или отворање на повеќе од 500 нови работни места поврзани со инвестициониот проект, во периодот од три, односно пет години од денот на почетокот на вложувањата, или (2) во основните средства на корисниците на средства поголеми од два милиони евра или отворање на повеќе од 100 нови работни места поврзани со инвестициониот проект, во периодот од три, односно пет години од денот на почетокот на вложувањата, ако вложувањето се реализира во единицата на локалната самоуправа која се класифицира во трета или четврта група според степенот на развиеност, односно во девастирано подрачје, или (3) кое се реализира на територијата на една или на повеќе единици на локалната самоуправа и поттикнува реализација на заеднички развојни приоритети на една или на повеќе единици на локалната самоуправа во функција на зголемување на нивната конкурентност, или (4) врз основа на усвоените билатерални договори и договори за прекугранична соработка.

Според Уредбата за утврдување на единствена листа на развиеност на регионот и единиците на локалната самоуправа за 2014. година („Сл. весник на РС“, бр. 104/2014)

126

Page 127:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во третата група се оние кај кои степенот на развиеност е во опсег од 60% до 80% од републичкиот просек; единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во четвртата група се оние кај кои степенот на развиеност е под 60% од републичкиот просек, додека девастираните подрачја претставуваат единиците на локалната самоуправа чиј степен на развиеност е под 50% од републичкиот просек.

Според горе наведените одредби јасно се гледа дека критериумите за инвестирање во третата и четвртата група (вклучувајќи ги и девастираните подрачја) се значително помали, додека средствата кои може да се доделат се значително поголеми, во однос на единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во првата и во втората група. На овој начин Министерството за економија и Агенцијата придонесуваат за привлекување на инвестиции во единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во третата и четвртата група, вклучувајќи ги и девастираните подрачја.

Имајќи предвид дека овие единици на локалната самоуправа имаат многу низок степен на развиеност, со самото тоа и послаба инфраструктурна мрежа, пристапни сообраќајници и објекти, потенцијални инвеститори, и покрај сите поволности кои инвестирањето во овие единици ги овозможува, поретко се определуваат за истите.

Агенцијата со ниту еден законски или подзаконски акт не е обврзана кај инвеститорот да инсистира на вработување на одредени етнички групи во единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во третата и четвртата група, вклучувајќи ги и девастираните подрачја, туку инвеститорот има можност да вработи работна сила во согласност со своите потреби и одредби од Законот за работни односи („Сл. весник на РС“, бр. 24/2005, 61/2005, 54/2009, 32/2013 и 75/2014) (во натамошниот текст: ЗРО). Тоа што го промовира Агенцијата е вработување на голем број на луѓе, во обид на тај начин да помогне да се постигне рамномерен економски развој на земјата и на сите единици на локалната самоуправа.

Стимулациите за вработување на одредени категории пропишани се со Законот за персоналниот данок на доход (Сл. весник на РС, бр. 24/2001, 80/2002, 80/2002 – др. закон, 135/2004, 62/2006, 65/2006 – испр, 31/2009, 44/2009, 18/2010, 50/2011, 91/2011 – одлука на УС, 7/2012 - ускладен дин. изн, 93/2012, 114/2012 – одлука на УС, 8/2013 - усклађени дин. изн, 47/2013, 48/2013 - испр, 108/2013, 6/2014 - ускладен дин. изн, 57/2014, 68/2014 – др. закон, 5/2015 - ускладен дин. изн, 112/2015 и 5/2016 - ускладен дин. изн), како и со подзаконските акти на Националната служба за вработување.

Сите стимуланси кои му се доделуваат на еден стопански субјект би требало да и се пријават на Комисијата за контрола на државната помош, како единствено надлежно тело кое води сметка за дозволеноста на државната помош. Пријавувањето го врши давателот на државна помош, те. државниот орган или друга институција преку кои се

127

Page 128:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

доделуваат овие средства. Член 2. ст. 1. точ. 1) од Законот за контрола на државната помош (Сл. весник на РС, бр. 51/2009) кој го дефинира поимот државна помош на следниов начин: „државна помош е секој постоечки или потенцијален јавен расход или намалено остварување на јавниот приход, со кој корисникот на државната помош стекнува поповолна положба на пазарот во однос на конкурентите, со што се нарушува или постои ризик од нарушување на конкуренцијата на пазарот.“

Во продолжението прикажана е инвестиција реализирана во единиците на локалната самоуправа кои според степенот на развиеност се класифицирани во третата и четвртата група, вклучувајќи и девастирани подрачја, во првиот и вториот квартал на 2016. година, како и висина на потрошените буџетски средства и бројот на ново-вработените лица во истиот период.

Реден број

Име на инвеститорот Број на вработениПотрошени буџетски средства (во РСД)

1.Друштво со ограничена одговорност TEKLAS AUTOMOTIVE Владичин Хан

10 104.921.800,80

Важно е да се напоменат следниве факти:

- поделбата на единиците на локалната самоуправа според степенот на развиеност (врз основа на Уредбата за утврдување на единствената листа на развиеност на регионот и единиците на локалната самоуправа за 2014. година) во корелација е со економската развиеност на одредено подрачје, а не со етничка припадност;

- со потпишувањето на Договорот за доделување на средства за стимулирање, инвеститорот се обврзува да го почитува ЗОР при реализацијата на инвестициониот проект, а во врска со вработувањето на нови лица, во согласност со своите потреби;

- вработувањето кое го администрира Агенцијата, се врши врз основа на достапната работна сила и во согласност со пазарните услови, а не според етничка припадност.

Во врска со наведеното, Агенцијата не поседува механизми со чија помош би можела кај инвеститорот да инсистира на вработување на припадници на одредени етнички групи. Со таа цел ги презема сите дејствија, во рамките на својата надлежност, како би ги привлекла потенцијалните инвеститори во најнеразвиените единици на локалната самоуправа, во кои се наоѓаат припадници на националните малцинства кои се во посебно тешка општествено - економска позиција.

Стопанската комора на Србија во соработка со ЕУ Билд организираше меѓународен инвестиционен собир Деловни контакти – Локална инфраструктура, кој се одржа од 5. до 6. јули 2016. година. Во текот на првиот ден, по плeнaрната сeсиjа, oд 32 лoкaлни

128

Page 129:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

сaмoупрaви кои пријавија вкупно 128 прoекти, 22 директно во текот на Б2Б состaнокот ги презентираа своите проекти прeд 35 итaлиjaнски кoмпaнии.

Потоа, ја промовира Базата на инвестициони проекти и планира да им ги презентира инвестиционите проекти на локалните самоуправи на потенцијалните инвеститори. Стопанската комора на Србија комуницираше со локалните самоуправи и ги замоли локалните самоуправи да и ги достават сите свои инвестициони проекти (браунфилд, гринфилд, предлози на проекти за јавно приватно партнерство/концесија).

Понатаму, во рамките на соработката со Службата на Координативното тело на Владата на Република Србија за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа, овозможи стручна и техничка поддршка во рамките на проектот Давање на поддршка за реализација на Програмата мерки за распоред и користење на средства за субвенции на стопанските друштва во приватна сопственост во општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа во 2012, 2013, 2014. и 2015. година. Продолжението на реализацијата на овозможување на стручна поддршка од страна на ПКС планирано е и за во 2016. година.

Во директниот контакт со претставниците на заинтересираните стопански друштва и претприемачите, членовите на Работниот тим на ПКС ги овозможуваат сите релевантни информации за условите за користење на средствата за субвенција по распишаните конкурси на годишно ниво, како и потребните податоци за комплетирањето на конкурсната документација. Исто така, на заинтересираните стопанственици им се овозможуваат информации по телефонски и електронски пат. По барање на стопанските друштва, Стопанската комора на Србија издава уверенија за домашното потекло на опремата, како и дека опремата не се произведува во земјата.

Конкурсот го спроведува службата на Координативното тело на Владата на Република Србија со цел кофинансирање на проектите во областа на развојот на земјоделието и производството на храна за задругите и малите и средни стопански друштва и претприемачи кои се регистрирани за областа на примарното земјоделско производство, како и кофинансирање на проектите на малите и средни стопански друштва и претприемачи кои имаат тенденција на пораст и ново вработување. Со оглед на тоа дека проектот се реализира во општините со значителен број на граѓани од албанска националност, секако дека придонесува кон унапредувањето на стопанскиот амбиент на овие општини и кон подобрувањето на економската позиција на сите граѓани на ова подрачје.

До 2015. година, Покраинскиот секретаријат за стопанство и туризам не вложуваше нешто посебно во општините класифицирани во III и IV група по развиеност, но при одлучувањата по распишаните јавни повици и конкурси приоритет имаа поднесителите на барања од наведените општини.

129

Page 130:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 10.4. Унапредување на вработеноста и поттикнување на вработувањето на невработените припадници на националните малцинства, првенствено од категоријата на оние кои потешко се вработуваат, со спроведување на мерки на активната политика на вработување.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Национална служба за вработување Министерство за труд, вработување, боречки и социјални

прашања Покраински секретаријат за стопанство, вработување и

рамноправност на половите Единици на локалната самоуправа Социјални партнери Национални совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Во 2015. година, 150.353 невработени лица од евиденцијата на Националната служба за вработување беа опфатени со мерките на активната политика на вработување. Во овој период вкупно 13.141 лицe припадници на националните малцинства беа вклучени во некоја од мерките на активната политика на вработување (8,7% од вкупниот број ги опфаќа лицата со активни мерки), а од тој број 12.845 лица припадници на националните малцинства припаѓаат на некоја од категориите на лица кои потешко се вработуваат.

Гледано според мерките на активните политики за вработување, најмногу припадници на националните малцинства биле вклучени во саемите за вработување (4. 871 лице – 7,5% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка), како и на мотивационо-активационата обука за лицата без квалификации и нискоквалификувани (3.153 лица – 18,04% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка). Во програмите на јавни работи беа вклучени 1.063 лица припадници на националните малцинства (9,8% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка).

Во основната обука од областа на претприемништвото која ја спроведуваат филијалите на Националната служба за вработување беа вклучени 597 лица припадници на националните малцинства (4,9% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка).

Во првите шест месеци на 2016. година, 88.555 невработени лица од евиденцијата на Националната служба за вработување беа опфатени со мерките на активната политика на вработување. Во извештајниот период, вкупно 9.130 лица припадници на националните малцинства биле вклучени во некоја од мерките на активната политика на вработувањето (10,3% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка), а од тој број 8.898 лица припадници на националните малцинства припаѓаат на некоја од категориите на лица кои потешко се вработуваат.

130

Page 131:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Гледано според мерките на активните политики за вработување, припадниците на националните малцинства биле вклучени во саемите за вработување (4.867 лица – 11,6% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка ), и на мотивационо-активационата обука за лицата без квалификации и нискоквалификувани (1.456 лица – 19,1% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка). Во програмите на јавни работи беа вклучени 558 лица припадници на националните малцинства (13,4% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка).

Во основната обука од областа на претприемништвото која ја спроведуваат филијалите на Националната служба за вработување беа вклучени 518 лица припадници на националните малцинства (5,1% од вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка).

Со оглед на тоа дека Националната служба за вработување распиша јавни повици/конкурси за реализација на финаниските мерки на 17. февруари 2016. година, целосниот ефект од примената на овие мерки за вработување ќе биде видлив во втората половина на тековната година, кога ќе се спроведат и програмите и мерките предвидени со локалните акциони планови за вработување, кои се кофинансираат со единиците на локалната самоуправа.

Стратешката рамка на политиката за вработување претставува Националната стратегија за вработување за периодот од 2011-2020. година (Службени весник на РС, број 37/2011,), со која, како основна цел на политиката за вработување на Република Србија до 2020. година, утврдено е воспоставување на ефикасен, стабилен и одржлив тренд на пораст на вработеноста и комплетно ускладување на политиката за вработување, како и на институциите на пазарот на трудот, со законодавството на ЕУ. Со стратегијата утврдени се и посебно чувствителните групи на пазарот на трудот, додека со Националниот акционен план за вработување, кој се донесува на годишно ниво, се дефинираат категориите на лицата кои потешко се вработуваат (лица кои поради здравствената состојба, недоволното или несоодветното образование, социодемографските карактеристики, регионалните или професионалните неускладености на понудата и побарувачката на пазарот на трудот или други објективни околности, потешко се вработуваат), како и мерки на активна политика на вработување насочени кон унапредувањето на нивниот начин на вработување и вработувањето. Во категоријата на лица кои потешко се вработуваат спаѓаат: Роми, бегалци и интерно раселени лица, лица со инвалидитет, рурално население (посебно руралното население кое не поседува земјиште и руралното население во југоисточна Србија), лица без квалификации/образование, како и жени, млади (15–24 години) и постари лица (50–64 години), но и долгорочно невработените, самохрани родители, корисници на парична социјална помош, деца без родителска грижа, жртви на трговија со луѓе и сл. Националниот акционен план за вработување се усвојува на годишно ниво и претставува основен инструмент за операционализација на стратешката рамка односно, со него утврдените стратешки приоритети се транспонираат во конкретни програми и мерки на активна политика на вработување кои ќе се реализираат во предметната година.

131

Page 132:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Пријавувањето на лица на евиденцијата на Националната служба за вработување, односно начинот на водење на евиденцијата и содржината на податоците за лицето дефинирани се со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (Службен весник на РС, бр. 36/09, 88/10 и 38/15) и со Правилник за содржината на податоците и начинот на водење на евиденциите во областа на вработувањето (Службен весник, број 15/10). Националноста или етничката припадност е само еден од личните податоци предвидени со членот 5. од наведениот Правилник. Податокот се евидентира врз основа на изјавата на лицето, односно изјаснувањето не е задолжително, имајќи ги предвид законските одредби кои се однесуваат на забраната на дискриминација при барањето на работа и вработувањето.

Во согласност со наведеното, сите невработени лица кои се на евиденција на НСВ, без оглед на националната припадност, имаат можност за користење на услугите на НСВ во доменот на поседување при врабоувањето (врз основа на податоците за обемот и структурата на понудата и побарувачката на пазарот на трудот), но и програмите и мерките од системот на активната политика на врабоувањето (унапредување на вработеноста преку стекнување на дополнителни знаења, вештини и компетенции, поддршка при вработувањето и самовработувањето), врз основа на актуелните јавни повици и конкурси.

Имајќи ја предвид исклучително неповолната позиција на пазарот на трудот на припадниците на ромското национално малцинство, оваа категорија на невработени лица има статус та лица кои тешко наоѓаат вработување, и имаат приоритет при вклучувањето во програмите и мерките за активна политика на вработување, со цел работно-социјална активација и унапредување на вработеноста, а поради поконкурентно истапување на пазарот на трудот. Активностите кои се реализираат, а кои се насочени кон зголемувањето на пристапот и еднаквите можности на пазарот на трудот за Ромите, во согласност со стратешката рамка на политиката за вработување, активностите утврдени со Стратегијата за социјално вклучување на Ромите во Република Србија за периодот од 2016. до 2025. година (област на вработувањето) и со Програмата на реформи на политиката на вработување и социјалната политика во процесот на пристапување кон Европската унија (Заклучок 05 Број: 101-11047/2015-7 од 31. мај 2016. година).

Во согласност со Националниот акционен план за вработување за 2015. година (Службени весник на РС, бр. 101/14 и 54/15), статус на лица кои потешко се вработуваат и приоритет при вклучувањето во мерките на активната политика на вработување имаа: невработените млади до 30 години, вишокот на вработени и невработени лица постари од 50 години, невработени без квалификација и нискоквалифуковани, лица со инвалидитет и Роми. Исто така, посебно внимание беше насочено кон потикнувањето на работната активација на корисниците на паричната социјална помош.

132

Page 133:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Според податоците на НСВ, на 31. декември 2015. година, на евиденцијата на невработени лица се наоѓаа 22.930 Роми, од кои 10.669 жени.

Гледано од аспект на нивото на образование, најзастапени се лицата без квалификации (I и II ССС) 20.376 лица, односно 88,86% од вкупниот број на пријавени, потоа лица со завршено средно ниво на образование – 2.435, са вишо 83 лица, односно со високо ниво на образование 36 (0,16%) Роми/Ромки.

Гледано од аспект на старосна структура, значителен е уделот на младите Роми/Ромки до возраст од 30 години– 7.400 лица (32,23% од вкупниот број на невработени припадници на ромското национално малцинство).

Според податоците на НСВ, во 2015. година, извршени се проценки на вработеноста и утврдени се индивидуалните планови за вработување со 18.479 невработени припадници на ромското национално малцинство (8.289 жени), вклучувајќи и ревизии на плановите. Со услугите од системот на професионална ориентација опфатени се 257 невработени Роми (информирање, селекција, класификација), од кои 114 Ромки.

Во текот на 2015. година во мерките на активната политика на вработување вклучени се вкупно 4.241 Роми, од кои 1.879 се жени. Во мерките на активно барање на работа (обука за активно барање на работа, тренинг за самоефикасност, работилница за надминување на стресот поради губење на работата, клуб за барање на работа, саеми за вработување и обука за развој на претприемништво) вклучени се 2.978 Роми и Ромки од евиденцијата на невработените. Со програмите за дополнителното образование и обука (програма на стручна пракса, стекнување на практични знаења, обуки за пазарот на трудот, обуки на барање на работодавачите и функционално основно образование за возрасни) опфатени се 648 Роми, при што најмногу во програмата за функционално основно образование за возрасни (635). Со програмите за субвенционирано вработување (субвенции на работодавачите за отворање на нови работни места, субвенција за самовработување, субвенција за вработување на работно способни корисници на парична социјална помош, субвенции за заработка за Роми – лица со инвалидитет без работно искуство и мерки за поддршка за Ромите - лица со инвалидитет) опфатени се 179 лица, додека 436 Роми се работно ангажирани преку програмата на јавни работи.

Преку реализација на локалните акциони планови на вработување (програма на кофинансирање на програмата или мерки на активна политика на вработување предвидени со локалните акциони планови на вработување со средствата од републичкиот буџет) во мерките на активната политика на вработување вклучени се 173 невработени Роми (од кои 35 Ромки).

Со цел унапредување на квлитетот на услуги и стручно-советодавната работа со невработените Роми, во рамките на Проектот Зајакнување на социјалната кохезија на пазарот на трудот преку поддршка на маргинализирани и ранливи групи, кој го реализираше УНОПС, беше организирана обука за Спречување на дискриминација во

133

Page 134:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

вработувањето на Ромите, на која присуствуваа 34 советници за вработување на НСВ.

Унапредување на вработеноста и поттикнување на вработувањето на невработените припадници на ромското национално малцинство во периодот јануари-јуни 2016. година.

Во фокус на политиката на вработување во 2016. година, во согласност со Националниот акционен план за вработување за 2016. година („Службен весник на РС“, број 82/2015) е понатамошното поттикнување на вработувањето во приватниот сектор, насочување на мерките на активната политика на вработување кон развиените/неразвиените подрачја и зголемување на вклученоста на лицата од категоријата на лица кои потешко се вработуваат, помеѓу кои се и припадниците на ромското национално малцинство.

Јавните повици/конкурси за реализација на мерки на активна политика на вработување (вклучувајќи и посебен јавен повик за доделување на средства за самовработување на Роми/Ромки), распишани се од страна на НСВ на 17. февруари 2016. година. Исто така, Ромите како категоријата на лица кои потешко се вработуваат се и една од шесте категории на невработени лица за чие вработување работодавачите од приватниот сектор може да остварат право за субвенција за вработување на невработени лица од категоријата на лица кои потешко се вработуваат во 2016. година.

Во I и II квартал на 2016. година, во мерките на активната политика на вработување беа вклучени 2.253 Роми. Неповолната образовна структура на невработените Роми и Ромки и понатаму претставува клучен отежнувачки фактор на нивниот конкурентен настап на пазарот на трудот, условува примарна вклученост во програмите на краткорочната акција и работното ангажирање (на пр. програма на јавни работи) и влијае на ниското ниво на интересирање на работодавачите за нивното вработување/работно ангажирање.

Во мерките на активното барање на работа (обука за активно барање на работа, тренинг за самоефикасност, работилница за надминување на стресот поради губење на работа, клуб за барање на работа, саеми за вработување и обука за развој на претприемништво) вклучени се 1.901 Ром од евиденцијата на невработените. Со програмите за дополнително образование и обука (програма за стручна пракса, стекнување на практични знаења, обуки за пазарот на работата, обуки на барање на работодавачите и функционално основно образование на возрасни) опфатени се 13 Роми, при што се напоменува дека со програмата на функционалното основно образование на возрасни во 2016. година, ќе се започне во рамките на учебната 2016/2017. година. Со програмите за субвенционирано вработување (субвенции на работодавачите за отворање на новите работни места, субвенции за самовработување, субвенции за вработување на работно способни корисници на паричната социјална помош, субвенции за заработка за Роми – лица со инвалидитет без работно искуство и мерки за

134

Page 135:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

поддршка за Ромите - лица со инвалидитет) опфатени се 105 лица, додека 234 Роми се работно ангажирани преку програмата на јавни работи.

Со цел поттикнување на развојот на политиката на вработување која одговара на состојбата, потребите и можностите на локалниот пазар на трудот, донесена е Одлука за учество во финансирањето на програмите или мерките на активната политика на вработување предвидени со локалните акциони планови за вработување во 2016. година, со која се одобрени средства за кофинансирање на вкупно 97 локални акциони планови за вработување во износ од 338.016.557,90 динари, што претставува удел од 12,07% од буџетските средства на Република Србија определени за финансирање на мерките на активната политика на вработување во 2016. година. Со 90 единици на локалната самоуправа НСВ склучи договори за уредување на меѓусебните права и обврски во реализацијата на програмите и мерките на активната политика на вработување. Исто така, НСВ склучи и 44 договори за техничка соработка со единиците на локалната самоуправа. Во тек е распишување на јавни повици поради реализација на локалните акциони планови за вработување, врз основа на кои се очекува дополнително вклучување на припадниците на ромското национално малцинство во мерки на активна политика на вработување.

Промовирањето на мерките на активната политика на вработување насочени кон зголемување на вработеноста и вработувањето на лица од категоријата на лица кои потешко се вработуваат продолжува и во 2016. година. На 19. мај 2016. година, НСВ и Амбасадата на Република Австрија во РС организираа Регионална конференција Врботување на групите кои потешко се вработуваат, со цел промоции, размени на искуства и примери на добра пракса во реализација на активностите насочени кон навремената и квалитетна интеграција или реинтеграција на лицата кои потешко се вработуваат на пазарот на трудот.

Исто така, на 31. мај 2016. година, Мисијата на ОБСЕ во РС, во соработка со Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања и Тимот за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата организираше Конференција за најдобрите пракси во вработувањето на Ромите и Ромките, во текот на која беа претставени резултатите и примерите на добра пракса на компонентите на шесте проекти Тука сме заедно – Европска поддршка за инклузија на Ромите, финансиран од ИПА 2012 програмскиот циклус.

Националната служба за вработување располага со деталните податоци за состојбата на евиденцијата и вклученоста во мерките на активната политика на вработување на невработените лица кои се изјасниле за својата национална припадност.

Во рамките на спроведувањето на мерките на активната политика на вработување, преку програмите на вработување, самовработување, стручни пракси и јавни работи, јавните повици беа насочени и на вработувањето на категориите кои потешко наоѓаат вработување, меѓу кои се лицата со инвалидитет, самохраните родители, лицата

135

Page 136:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

помлади од 30 и постари од 50 години, жртви на семејно насилство, корисници на социјална помош, бегалци и раселени лица и лица од семејства во кои двајцата сопружници се невработени, приоритет имаа и припадниците на ромското национално малцинство.

АКТИВНОСТ: 10.5. Подобрување на инвестициите од матичните земји на националните малцинства кои сакаат да вложуваат во средините во кои живеат припадниците на националните малцинства, со цел зголемување на процентот на вработеност на националните малцинства.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Стопанска комора на Србија Единици на локалната самоуправа АПВ Регионални стопански комори Национални совети на националните малцинства

ИЗВЕШТАЈ:Стопанската комора на Србија заедно со Стопанската комора на Косово*9 на 21. октомври 2015. година формираше Коморски инвестиционен форум на Западниот Балкан. Коморскиот инвестиционен форум на Западниот Балкан е проект на Берлинскиот процес, чија основна цел е поддршка на поефикасното вклучување на деловните заедници од регионот во реализацијата на тековните и планираните инфрaструктурни и други прoeкти од важност за eкoнoмскиот прoспeритeт на Зaпaдниот Бaлкaн. Намерата е со здружени делувања на коморите, соработката и со усогласувањето на активностите, фокусот да се стави на развојот на кoнкурeнтнoста на стопанството во регионот. Членки на Фoрумот се стопанските комори вклучени во Бeрлинскиот прoцeс - Aлбaниjа, Бoсна и Хeрцeгoвина, Црна Гoра, Кoсoво*10, Maкeдoниjа и Србиjа, кaкo и кoмoритe на Хрвaтска и Слoвeниjа, a нивните претседатели го сочинуваат Управниот одбор. Прoектот го поддржаа Стопанската комора на Aвстриjа, Aсoциjaциjaта на германските стопански комори ДИХК, кaкo и Eврoкoмoрата.

XI МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

9 Ова име не влијае на ставот за статусот и во согласност е со Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд за правда за косовската декларација за независност.10 Ibid.

136

Page 137:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

АКТИВНОСТ: 11.1. Продолжение на меѓународната соработка посебно во регионот, односно на подрачјето на бившата СФРЈ и југоисточна Европа, преку:- склучување и спроведување на билатерални и мултилатерални документи во однос на прашањата од важност за регионот или за односите помеѓу државите, како што е заштита и остварување на правата на малцинските заедници;- обновување на работата на постоечките билатерални комисии за националните малцинства.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за надворешни работи Ресорни министерства

ИЗВЕШТАЈ:Република Србија има склучени билатерални договори во областа на заштитата на националните малцинства со Романија, Унгарија, Хрватска и Македонија.

Договорот помеѓу Сојузната влада на Сојузна Република Југославија и Владата на Романија за соработката во областа на заштитата на националните малцинства потпишан е на 4. ноември 2002. година, ратификуван е на 15. јуни 2004, а влезе во сила на 12. јули 2004. година.

Договорот помеѓу Србија и Црна Гора и Република Унгарија за заштитата на правата на унгарското национално малцинство кое живее во Република Унгарија потпишан е на 21. октомври 2003. година, ратификуван е на 15. јуни 2004, а влезе во сила на 28. септември 2004. година.

Договорот помеѓу Србија и Црна Гора и Република Хрватска за заштитата на правата на српското и црногорското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Србија и Црна Гора склучен е на 15. новември 2004, ратификуван е на 20. мај 2005, а влезе во сила на 1. јуни 2005. година.

Договорот за заштита на српското и црногорското малцинство во Република Македонија и македонското национално малцинство во Србија и Црна Гора потпишан е на 6. јули 2004. година, ратификуван е на 29. јуни 2005, а влезе во сила на 19. јули 2005. година.

Врз основа на склучените билатерални договори во областа на заштитата на националните малцинства, Република Србија формираше Меѓувладини мешовити комисии за националните малцинства со Романија, Унгарија, Хрватска и Македонија, кои го следат исполнувањето на обврските кои произлегуваат од договорот.

Меѓувладината мешовита комисија на Република Србија и Романија за националните малцинства до сега одржа две седници на - 23. ноември 2009. година во Букурешт и на 20. мај 2011. година во Белград. Во подготовка е третата седница на Комисијата. Во 2013. година се одржаа два состаноци на ниво на косекретари на ММК, а во 2015.

137

Page 138:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

година се одржаа два подготвителни состаноци на српскиот дел на Комисијата. Романската страна на 27. јули 2015. година достави нацрт на Записникот од идната, трета седница на ММК на Србија и Романија за малцинства. Нашиот предлог за Записникот доставен и е на романската страна на 23. февруари 2016. година. Се очекува одговор од романската страна.

Меѓувладината мешовита српско-унгарска комисија за малцински прашања до сега одржа пет седници. Последната, пета седница се одржа на 4. април 2016. година во Суботица. Домаќин на идната, шеста седница, која треба да се одржи 2017. година, е Унгарија.

Меѓувладиниот мешовит одбор Србија и Хрватска за национални малцинства до сега одржа шест седници. Последната, шеста седница се одржа на 22-23. октомври 2014. година во Загреб и Врховине. На седницата беше договорено идното, седмо заседание на ММО, чиј домаќин е Србија, да се одржи до средината на 2015. година. Во 2015. година се одржаа два подготвителни состаноци на српскиот дел на ММО, на кои е констатирано дека наведениот прелиминарен термин не бил реален, односно бил премногу краток за да може да се подготви седница.

Со Македонија до сега не е одржана ниту една заедничка седница Меѓувладината мешовита комисија за националните малцинства, а српскиот дел од Комисијата одржа подготвителен состанок во 2012. година. Mакедонската страна на 30. новември 2009. година не извести дека го формирала својот дел на Меѓувладината мешовита комисија за малцинства, а конститутивната седница на нашиот дел се одржа на 7. февруари 2012. година.

АКТИВНОСТ: 11.2. Организирање, во соработка со ЕУ, Советот на Европа и ОБСЕ, на регионални семинари за размена на искуства за меѓународните стандарди и најдобрите пракси во поглед на позицијата на националните малцинства.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Извештајот на институциите не содржи податоци за спроведување на активностите.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за надворешни работи Ресорни министерства

АКТИВНОСТ: 11.3. Организирање на работилници/конференции посветени на прашањата од важност за односите помеѓу државите во регионот, како што е соочување со минатото, и прашањето околу заедничките проблеми со кои се

138

Page 139:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

соочуваат припадниците на ромската, египетската и ашкалиската заедница во целиот регион.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Организации на граѓанското општество Ресорни министерства

ИЗВЕШТАЈ:Центарот за регионализам од Нови Сад, со поддршка на Фондацијата за отворено општество и во соработка со Канцеларијата за човекови и малцински права, во периодот од 1. септември 2015. до 30. јуни 2016. година требаше да го реализира проектот Анализа на билатералните договори во областа заштита на правата на националните малцинства кои меѓусебно ги потпишаа Србија, Хрватска, Унгарија, Романија и Македонија. Проектот, кој е прв со таква цел во истражувачката пракса, сепак не е завршен во предвидениот рок, поради невозможноста за одржување на конференцијата на национолно ниво. Конференцијата во договор со Фондацијата за отворено општество беше поместена за средината на III квартал на 2016. година. Инаку, сите планирани проектни задачи се изработени.

Примарна цел на проектот беше:

1. Анализа на функционирањето на билатералните договори, како механизми за подобрување на позицијата и статусот на националните малцинства.

2. Мапирање на најчестите отворени прашања со кои се сретнуваат припадниците на хрватската, унгарската, романската и македонската заедница во Србија.

Задачи кои беа изработени во текот на проектот:

1. Истражувачката постапка беше објавена до крајот на декември 2015. година.2. Се одржаа четири тркалезни маси со претставниците на хрватската, унгарската,

романската и македонската заедница во текот на февруари, март и април 2016. година. На нив присуствуваа околу 100 лица: претставници на националните совети, институции и установи на националните малцинства, заштитници на граѓаните, истакнати поединци, претставници на граѓанското општество, Јавниот медиумски сервис на Војводина, медиуми. Тркалезните маси се одржаа во Нови Сад, Суботица (две) и во Панчево.

3. Публикацијата за резултатите од истражувањата со препораки за секоја истражувана национална заедница и со заедничките препораки печатена е во јуни 2016. година.

Форумот за етнички односи, со поддршка на Фондацијата за отворено општество, организираше три тркалезни маси: Билатерални односи на Србија-Романија: малцинска политика и европски интеграции (11.06.2016. година), Билатерални односи на Србија -Унгарија: малцинска политика и европски интеграции (25.06.2016. година) и

139

Page 140:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Билатерални односи на Србија -Хрватска: малцинска политика и европски интеграции (14.07.2016. година). Министерството на државна управа и локална самоуправа активно учествуваше на сите три тркалезни маси како воведничар: позицијата на националните малцинства во Србија, Романија, Хрватска и Унгарија и решавање на отворените прашања во согласност со надлежностите на министерствата во рамките на билатералните договори во областа на заштитата на правата на националните малцинства кои меѓусебно ги потпишаа Србија, Хрватска, Унгарија, Романија.

АКТИВНОСТ: 11.4. Да се обезбедат сите услови од страна на Република Србија како би можеле меѓудржавните комисии кои се востановени со билатерални договори редовно да заседаваат и во целост да ги користат надлежностите кои им се пропишани со билатералните договори.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство за надворешни работиИЗВЕШТАЈ:Кога се работи за меѓудржавните билатерални комисии за националните малцинства со Романија, Унгарија и Хрватска, Република Србија обезбедува услови истите редовно да заседаваат и во целост да ги користат надлежностите кои им се припишани со билатералните договори. Се очекува дека по формирањето на Владата на Србија, составот на српскиот дел на мешовитите комисии за националните малцинства со Романија, Унгарија и Хрватска, како и нивните копретседатели, да биде потврден или евентуално модификуван, како би можеле наведените комисии да продолжат со своите редовни активности.

Кога се работи за Меѓувладината мешовита комисија за малцинства со Македонија, се очекува Владата на Србија што побрзо да именува копретседател и да го формира нејзиниот состав, како би можело, од српската страна, да се создадат услови за одржување на првата заедничка седница.

АКТИВНОСТ: 11.5. Усвојување на посебнен заклучок со кој им се наредува на надлежните органи кои го следат спроведувањето на билатералните договори по потреба да ја известуваат Владата за договорените мерки и активности во спроведувањето на билатералните договори и да ги предлагаат органите и организациите на кои им е потребно Владата да нареди извршување на одредени мерки и активности со цел реализација на договореното.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста не е реализирана.НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

140

Page 141:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

Министерство за надворешни работи Влада

ИЗВЕШТАЈ:Копретседателите на мешовитите комисии за националните малцинства имаат обврска да ја известуваат Владата за договорените мерки и активности во спроведувањето на билатералните договори за заштита на малцинствата. Оваа обврска се содржи во билатералните договори кои ги склучила Република Србија, а во кои се дефинира дека една од задачите на меѓувладините мешовити комисии е поднесување на препорака на владите во врска со остварувањето на Договорот. Во пракса работата на меѓувладините мешовити комисии за малцинства се почитува, па во согласност со тоа, копретседавачот на српскиот дел на мешовитите комисии за малцинства со Унгарија и Хрватска, по одржаните седници на 4. април 2016. година, односно на 22-23.октомври 2014. година, и доставија извештаи на Владата на Република Србија, во кои се назначени препораките и наведени се органите кои се надлежни за нивното спорведување. Според наводите на Министерствата, Владата преку извештаите на копретседавачите запознаена е со договорените мерки и активности и со нивните носители. Со оглед на изнесеното, целта на усвојувањето на посебниот заклучок на Владата – со кој им се наредува на надлежните органи кои го следат спроведувањето на билатералните договори по потреба да ја известуваат Владата за договорените мерки и активности и да предлагаат органи и организации на кои Владата би им давала налог за нивното извршување – би била во тоа на ниво на Влада да се следи нивното извршување и да обезбеди поефикасна реализација на договореното.

АКТИВНОСТ: 11.6. Да се зголеми свеста за можностите и за важноста на прекуграничната соработка на единиците на локалната самоуправа.РОК: КонтинуираноСТАТУС: Активноста успешно се реализира. НОСИТЕЛИ И ПАРТНЕРИ:

Министерство надлежно за работите на државна управа и локална самоуправа

Канцеларија за европски интеграцииИЗВЕШТАЈ:Република Србија учествува во седум програми на прекугранична и две програми на транснационална соработка во програмскиот период 2014-2020. година, финансирани во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II): програми на прекугранична соработка со Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија (програмата на прекугранична соработка со Македонија доставен и е на Европската комисија на одобрување и планирана е за периодот 2016-2020. година); како и две програми на транснационална соработка: Транснационалната програма Дунав, во која учествуваат 14 земји од подунавскиот регион, која одговара на територијата на Макрорегионалната стратегија на ЕУ за Подунавје, и Јадранско-јонска транснационална програма, во која учествуваат осум

141

Page 142:  · Web viewИЗВЕШТАЈ 1-2/2016 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА

земји од регионот, која ја опфаќа територијата на Макрорегионалната стратегија на ЕУ за Јадранско-јонската регија.

Територијата опфатена со програмите за прекугранична соработка дефинирана е со оперативните програми и ги опфаќа пограничните делови на земјите учеснички, додека транснационалните програми опфаќаат поголеми територијални површини на земјите учеснички.

Прифатливите проектни партнери кои може да аплицираат за доделување на бесповратни средства се непрофитни правни лица, здруженија, невладини организации, регионални развојни агенции, стопански комори, јавни претпријатија, како и единици на локалната самоуправа и државната управа. Доделувањето на бесповратните средства се врши преку јавни конкурси за собирање на предлог проекти. Предлог проектите ги доставуваат партнерските организации заедно. Непосредно пред објавувањето на јавните конкурси за собирање на предлог проекти или за времетраењето на конкурсот, Канцеларијата за европски интеграции, во соработка со партнерските институциа во соседните земји и телата на секоја од програмите на прекуграничната и транснационалната соработка, на територија на Република Србија организира информациони работилници, работилници за пишување на предлози на проекти, како и Форум за барање на партнери за изработка на предлог проекти. Информационите работилници, работилниците за пишување на предлози на проекти и форумите за барање на партнери се одржуваат на териториите опфатени со поединечна програма за прекугранична односно транснационална соработка.

Од почетокот на годината до 31. август 2016. година, одржани се две информативни работилници во Белград во рамките на Јадранско-јонската транснационална програма, на која учествуваа девет претставници на локалните самоуправи (Панчево, Чачак, Крушевац, Нови Сад и Белград – општина Савски венац), како и две информативни работилници за потребите на промоцијата на првиот јавен конкурс во рамките на програмата за прекугранична соработка на Хрватска-Србија, во Лозница и Нови Сад, на на кои учествуваа 16 претставници на локалните самоуправи (Нови Сад, Суботица, Сремска Митровица, Шабац, Оџаци, Кула, Тител, Рума, Бачка Топола, Инѓија, Бачка Паланка, Апатин, Шид, Стара Пазова, Сомбор) и една проектна „клиника“ за подготовка на предлог проект во Нови Сад, на која, исто така, 16 претставници на локалните самоуправи од споменатите општини. Во рамките на останатите програми за прекугранична и транснационална соработка, овие активности завршени се во текот на 2015. година.

Идните јавни конкурси за собирање на предлог проектите се планираат во последниот квартал на 2016. година, односно во I квартал на 2017. година. Објавувањето на јавните конкурси за собирање на предлог проектите ќе биде придружено со редовни информативни кампањи.

142