Александар Прокопиевsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/golmanot risko...

19
1 Александар Прокопиев

Transcript of Александар Прокопиевsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/golmanot risko...

1

Александар Прокопиев

Автор: АлексАндАр ПрокоПиевилустрација: МАрјАн диМиќ

сликовницата е дел од образовниот проект „сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на велика Британија и Министерството за образование и наука на република Македонија.

76

98

10 11

1312

1514

16 17

18 19

20 21

22 23

2524

26 27

28 29

Почитувани наставници и ученици,

Сликовницата „Голманот риско“ е дел од образовниот проект сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Тимска работа и фер игра.

МеТодолоШки ПрисТАПи При ПриМенАТА нА сликовниЦАТА„ГолМАноТ риско“

Тема: Тимска работа и фер играЦели: - Тимска работа и фер игра (децата кога играат во група, треба да сфатат дека треба да ги делат работите, но и да бидат координирани кога играат како тим)- Кога се играат друштвените игри, треба да се почитуваат правилата на игра- Да играат сите заедно, без разлика дали се разликуваат еден од друг (без разлика по која основа: етничка, физички изглед и сл.)одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

I (прво одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: да учествува во донесување и применување на правилата во училницата и училиштетонапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Моето училиште/Моето училиште

Активности

воведување на учениците: мотивација со игра. Наставникот им кажува дека ќе играат игра Грабни стапче.1 Главен делМакедонски јазикТехника: наставникот ја чита сликовницата на глас.2 Со цел учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови зборови и поими, кои учениците ги претставуваат со цртеж. Зо: учествува во донесувањето на правилата за однесување во училницата, црта пораки за правилно однесување, учествува во нивното истакнување на видно место и почитување во секојдневниот живот. Разговор за тоа што ќе биде ако не се почитуваат правилата.Завршен дел: техника Сложувалка.3Учениците го вреднуваат часот со техниката Семафор.4

1Игра:Грабни стапче. Наставникот претходно треба да го ограничи местото во дворот каде ќе се игра играта. На средината на обележаното место треба да се постават десет стапчиња. Потоа, наставникот им ја објаснува играта. Учениците се делат во две групи, групите се договараат кој ќе трча прв, кој втор, и сè така до последното дете од групата. На знак на наставникот учениците треба да исрчаат до стапчињата (трча по еден ученик од двете групи) и да го земат стапчето. Но, додека го земаат стапчето не треба да се допрат. Ако се допрат, тоа е негативен поен, а ако другиот ученик успее да го земе стапчето без да го допре другиот ученик, тоа значи еден поен за таа група. Играта завршува кога учениците ќе успеат да ги земат сите стапчиња без да се допрат. Победник е групата со повеќе стапчиња.2Чекор 1. Замолете ги учениците да седнат блиску до вас за да можат да ја видат сликовницата што ќе ја читате. Направете пријатна атмосфера и покажете им ја сликовницата.Чекор 2. Прочитајте го насловот и покажете им ги илустрациите на учениците. Разговарајте дали ја препознаваат содржината на сликовницата уште пред да го прочитате текстот.Чекор 3. Почнете со читање на сликовницата и покажувајте им ги илустрациите на учениците за соодветниот текст. Исто така, објаснувајте им ги непознатите зборови со соодветни примери.Чекор 4. Правете паузи додека читате и дискутирајте за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација. Чекор 5. Дискутирајте за прочитаното. Поттикнете ги учениците со прашања да размислуваат за дејството во сликовницата и за настани што се поврзани со темата.

3Групна активност Сложувалка. Секоја група добива измешани слики од сликовницата. Учениците треба добро да ги разгледаат и да се обидат да ги подредат по хронолошки редослед.

4Техника Семафор. Наставникот на секој ученик му дава три листа со црвена, жолта и зелена боја. Црвената боја значи дека ученикот малку научил, жолтата боја значи дека нешто научил и зелената значи дека научил. Потоа наставникот им поставува прашања, а учениците даваат одговор за секое прашање со подигање на листовите.

30 31

одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

II (второ одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел:да развива чувство за меѓусебно почитување, помагање, соработка;напомена: се реализира процесот на целна интеграција

Животот и работата во училиштето/ Животот и работата во училиштето

Активности

воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен делМакедонски јазик: техника Квадранти (Прилог 1).Зо: Работа во групи. Секоја група добива задачи: да изработи правила за чување на опремата во училницата за одржување на хигиената во училницата; за полевање на цвеќињата итн. Групите водат дневник: Што направивме денес?Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

III (трето одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: да развива способности за тимска работанапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Училиштето и знаењето / Како е организирано моето одделение?

Активности

воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен дел Македонски јазик: се чита приказната, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Ленти со приказната (реченици/дијалози)“.5 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли (Прилог 2).Зо: правење книга „Животот и работата во училиштето“.Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

5Техника: „Ленти со приказната (реченици)“

Чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченициЧекор 2 - учениците ги редат лентите по редоследЧекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите, побарајте да ги прочитаат на глас, ако сакаат да го поправат редоследот дозволете им да го направат тоа.

одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

IV (четврто одд.)

Општество*Македонски јазик *(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: да се поттикнува да ги сфати улогата, значењето и функциите на домаќинството и активностите што се извршуваат во негонапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Семејство, домаќинство, општество/ Животот во домаќинството

Активности

воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен дел: Македонски јазик: се чита сликовницата. Потоа следи самостојна активност на учениците преку техниката „Постер ѕвезда на приказната“ (Прилог 3). За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли .општество: техника Венов дијаграм. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН (Прилог 4).

одделение наставен предмет наставни цели наставна тема/содржина

V(петто одд.)

Општество*Македонски јазик *(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел:- да го сфати значењето на живеењето во група- да се воспитува за негување на солидарност со другите - да се осознава себеси како дел од групата, со свои можности, идеи, потреби, желби - да сфати дека заедничките напори даваат успех

напомена: се реализира процесот на целна интеграција

Личноста во групата и во општеството/ Личниот и групниот живот Социјализација на личноста во групата

Активности

воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен делМакедонски јазик: се чита сликовницата, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Дневник со двојни белешки“.6 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими и зборови со техниката Вокабулар во четири агли.општество: техниката Грозд.Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН.

6Техника ,,Дневник со двојни белешки“

- На ,,Дневникот со двојни белешки” се запишува насловот, авторот - Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина- На левата страница од листот се пишува цитат од текстот што на ученикот му оставил најсилен впечаток, а на десната страница ги запишуваат нивните коментари/ даваат свое видување за цитатот (порака на авторот)

32 33

ПрилоЗи

Прилог 1. квадранти

Цртеж Чувства

Звуци врска со живототот

Прилог 2. вокабулар во четири агли

нов збор Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор

Примени го новиот збор во друга реченица илустрација на зборот

Прилог 3. Постер ѕвезда на приказната „Голманот риско“

кој беше твојот омилен/ неомилен дел од приказната?

Главен лик во приказната:каде се одвива приказната?

Што важно научив од приказната?

Прилог 4. Прилог за вреднување на часот: Техника ЗсУ

Знам (Што мислам дека знам?)

сакам да знам (Што сакам да знам?)

Учам (Што научив?)

дали имаше проблем? кој беше проблемот? како се реши?

издавач: OXOилинденска 43/10 скопјетел: 02 3222303www.oxo.org.mke-mail: [email protected]

За издавачот:Пеце Талески

Автор на текст: Александар Прокопиев

илустрации: Марјан димиќ

лектура: Билјана Петревска Малинова

Автор на методолошки дел:снежана Мирасчиева

рецензент:весна Хорватовиќ

Уредник:Ана дескова

Техничка подготовка:катерина николовска

Поддржано од:

сите права за издавањето на оваа сликовница ги задржува © ОХО 2014

„БендоТ нА ПеТко” Автор: илина јакимовскаилустрација: Тхе Мичо

„волШеБнАТА коМеТА” Автор: николина Андова Шоповаилустрација: катерина николовска

„ГолМАноТ риско” Автор: Александар Прокопиевилустрација: Марјан димиќ

„ПрикАЗнАТА ЗА оТо, оТо и оТо” Автор: Бистра Георгиеваилустрација: Моника каретеро

„кАко ПеТко не си Ги ЗАврШи оБврскиТе?“Автор: Билјана Петревска Малиноваилустрација: Тхе Мичо

други сликовници од проектот:

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

821.163.3-93-34(084.11)

316.62(084.11)

ПРОКОПИЕВ, Александар Голманот Риско / автор Александар Прокопиев ; илустрација Марјан

Димиќ ; [автор на методолошки дел Снежана Мирасчиева]. - Скопје : ОХО, 2014. - 33 стр. : илустр. ; 21 см

Публикацијата е во рамките на проектот: "Сите сме еднакви"

ISBN 978-608-4645-27-6

1. Мирасчиева, Снежана [автор]а) Општествена култура - Сликовници

COBISS.MK-ID 96416010

36