ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА...

110
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Дисперзирани студии: Битола Драги Б. Најдовски ПРАВНО-ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ВАЛУТА ВО МОНЕТАРНАТА СТРАТЕГИЈА И ПОЛИТИКА (магистерски труд) Битола, 2017 година

Transcript of ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА...

Page 1: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Дисперзирани студии: Битола

Драги Б. Најдовски

ПРАВНО-ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА

МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ВАЛУТА ВО

МОНЕТАРНАТА СТРАТЕГИЈА И ПОЛИТИКА

(магистерски труд)

Битола, 2017 година

Page 2: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

Ментор:

Проф. д-р Благој Ѓорѓиевски

Членови на комисија:

1. Доц. д-р Анастас Џуровски

2. Доц. Д-р Елизабета Тошева

НАУЧНА ОБЛАСТ: ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

Page 3: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

3

ИЗЈАВА

Од Драги Најдовски

Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував

позитивните законски прописи на Република Македонија од областа на заштитата на

интелектуалната сопственост и не користев реченици или делови од трудови на други

автори без да ги почитувам методолошките стандарди и соодветниот стил на

цитирање. Изјавата ја давам под полна морална, материјална и кривична одговорност.

Изјавил:

________________________________

Page 4: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

ПРАВНО-ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА

НАЦИОНАЛНА ВАЛУТА ВО МОНЕТАРНАТА СТРАТЕГИЈА И

ПОЛИТИКА

АПСТРАКТ

Централното банкарство и монетарната политика гледани низ призмата на

правната регулатива со примена на соодветни научни методи, и научен емпириски

приод, дојдовме до попродлабочени сознанија за монетарните феномени.

Регулирањето на паричната маса во оптек и воопшто, монетарното регулирање е тесно

поврзано со монетарната глобализација. Круцијално прашање на овој научно-

истражувачки труд е како стратегијата на монетарната политика да влијае на

економски развој на Република Македонија. Суштината на генералната хиптеза е, како

со јакнење на монетарниот суверенитет да се дојде до зголемување на економската моќ

на државата. Деевроизацијата на финансискиот систем може да се постигне само со

зголемување на довербата кон домашната валута, со што ќе се зголеми апсорпциониот

потенцијал за националната валута, релаксирање на монетарната политика,

зголемување на агрегатната побарувачка, јакнење на економијата и воспоставување на

макроекономска рамнотежа на повисоко ниво.

Основна цел на монетарната политика е регулирање на понудата и

побарувачката на домашната валута. Повлекувањето на вишокот на ликвидност од

комерцијалните банки во централната банка и нејзина стерилизација на вишокот

ликвидност, е една од алатките за чување на стабилна вредност на валутата. Со

користењето на еврото како монетарно сидро се увезува кредибилитетот на Европската

централна банка (ЕЦБ), но со тоа, ја увезуваме и инфлацијата на еврото која е околу

2%.

Градењето јавна доверба кон националната валута ќе доведе кон поголема

атрактивност на денарот и подобро позиционирње.

Деевроизацијата и дедоларизацијата на финансискит систем, ЕУ и САД го

маркираат како антизападна политика, за што тие веднаш превземаат контра мерки,

затоа што тие валути имаат меѓународна улога, а економската моќ на тие држави во

голем степен се должи на тоа.

Page 5: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

5

Денес во светот постојат тензични односи како резултат на несогланостите при

мерењето на вредноста на валутите и воопшто регулирањето на меѓувалутните односи.

Надворешната геостратегиска политика на САД и ЕУ се засновува на борбата за

контрола на централното банкарство во светот.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ

Денар,

Денаризација,

Деевроизација,

Девизен курс,

Монетаризам,

Монетарно сидро,

Стерилизација,

Ликвидност,

Инфлација и

Дефлација.

Page 6: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

LEGAL-ECONOMIC TREATMENT OF THE MACEDONIAN

NATIONAL CURRENCY IN THE MONETARY STRATEGY AND

POLICY

ABSTRACT

Central banking and monetary policy viewed through the prism of legal regulations,

by applying certain scientific methods and scientific empirical approach, we came to depth

knowledge of monetary phenomena. The regulation of money supply in circulation and

monetary regulation in general, is closely linked to monetary globalization. A key issue of the

scientific research work is how the strategy of monetary policy has an impact on the

economic development of tne Republic of Macedinia. The essence of the general hypothesis

is bu strengthening of monetary sovereignty to increase the economic power of the country.

Deeuroization of the financial system can be achieved only by increasing the confidence in

the national currency, which will increase the absorption potential of the national currency,

the relaxation of monetary policy, increasing aggregate demand, strengthen the economy end

establishing macroeconomic equilibrium et a higher level.

The main objective of monetary policy is regulation of supply and demand in the

domestic currency. Withdrawing excess liquidity from commercial banks at the central bank

and its sterilization is one of the tools for storing the stable value of the currency. By using

the euro as a monetary anchor, the credibility of the European Central Bank (ECB) is

imported, but we also importing the inflation on the euro which is about 2%, our economy is

weakening by the same percentage on that basis, and that is the price that the Macedonian

economy is paying for the use of the euro as a monetary anchor.

Building a nationwide public confidence in the currecy would lead to a more

attractive and better positioning of the denar.

The EU and the USA mark deeuroisation and dedollarisation of the financial system

as anti western politicy, therefore they immediately take sters, because these currencies have

an international role and economic power of these countries is largely due to that.

Today in the world there are strained relations due to inconsistencies in measuring the

value of leading currencies and the general regulation of the exchange relation. Geostrategic

foreign policy of the USA and EU is based on the struggle for control of central banking in

the world.

Page 7: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

KEU WORDS

Denar,

Denarization,

Deeuroisation,

Foreign exchange rates,

Monetarism,

Monetary anchor,

Sterilization,

Liquidity,

Inflation and

Deflation.

Page 8: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

На мојот син

Борјан Најдовски

Page 9: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

С О Д Р Ж И Н А

ВОВЕД ......................................................................................................................... 12

ГЛАВА 1. ПАРИ, БАНКАРСТВО И МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА ....................... 16

1.1. Поим на пари ................................................................................................. 16

1.2. Форми на пари ............................................................................................... 17

1.2.1. Првите историски (примитивни) форми на пари .......................... 17

1.2.2. Металите во улога на пари ............................................................ 17

1.2.3. Книжни пари ..................................................................................... 17

1.2.4. Жирални пари .................................................................................... 18

1.2.5. Електронски пари ............................................................................. 18

1.3. Монетарна политика .................................................................................... 19

1.3.1. Поим на економска политика (Политичка економија) ................... 19

1.3.2. Поим на макроекономска политика ................................................ 20

1.3.3. Поим на монетарна политика ................................................. ....... 20

1.4. Анализа и елаборација на монетарната теорија и монетарната политика .. 22

1.5. Современи монетарни теории и политики ................................................ 42

ГЛАВА 2. МОНЕТАРЕН СИСТЕМ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА И

МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД ...................................... 47

2.1. Европа во постбретонвудскиот систем .................................................... 47

2.2. Европска централна банка ......................................................................... 48

2.3. Историја на Европската централна банка ..................................................... 49

2.4. Значење на монетарна унија ......................................................................... 50

2.5. Управување на Европската централна банка ............................................... 51

2.6. Монетарни инструменти на Европската централна банка ............................. 51

2.7. Еврозона ......................................................................................................... 52

2.8. Европски систем на централни банки .......................................................... 53

2.9. Монетарна политика на европската централна банка ............................... 53

2.10. Меѓународен монетарен фонд .................................................................... 55

Page 10: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

10

ГЛАВА 3. МОНЕТАРЕН СИСТЕМ И МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ............................................................ 57

3.1. Поим на валута .............................................................................................. 57

3.2. Хронологија на парите и банкарството во Македонија ............................. 57

3.3. Македонска национална валута .................................................................... 62

5.2.1. Монетарно осамостојување на Република Македонија .......................... 63

3.4. Централна банка на Република Македонија .................................................. 64

3.4.1. Поим за централна банка ................................................................. 64

3.4.2. Историја на централната банка на Република Македонија .................... 65

3.4.3. Местото и улогата на НБРМ во правниот систем на РМ, фуинкции и

органи на управување ............................................................................................... 66

3.4.4. Перспективата на Реублика Македонија за пристапување во Европската

унија и воведување на еврото како парична единица во Република Македонија

................................................................................................................................... 69

3.5. Останатите финансиски институции во контекст на монетарната политика и

стратегија на НБРМ ................................................................................................ 70

3.6. Правни рамки на монетарниот систем и девизниот систем ........................ 77

3.6.1. Монетарен систем во Република Македонија ................................... 77

3.6.2. Девизен систем .................................................................................. 79

3.7. Политика на девизниот курс ...................................................................... 80

3.7.1. Поставеност на политика на девизниот курс .................................... 80

3.7.2. Девизен пазар во Македонија ............................................................ 82

3.7.3. Хронологија на политика на девизниот курс ..................................... 82

3.7.4. Фиксен девизен курс на денарот, забетониран на 61 денар за

eвро ....................................................................................................... 83

3.7.5. Курсната листа и монетарната политика на НБРМ .......................... 84

3.7.6. Проширување на курсната листа на НБРМ ...................................... 84

3.7.7. Македонија е евризирана земја .......................................................... 85

3.7.8. Еврото како втора валута ................................................................. 85

3.7.9. Монетарна политика за денаризација на банкарскиот сектор ........... 86

3.7.10. Девизни резерви на Македонија .................................................... 86

3.8. Монетарна политика во контекст на валутната стабилност ...................... 87

3.8.1. Парична маса во оптек ................................................................... 87

3.8.2. Шпекулативни напади врз македонската национална валута ........... 88

Page 11: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

11

3.8.3. Република Македонија и меѓународните финансиски институции ... 89

3.8.4. Странскиот капител е доминантен во банкарскиот сектор на Република

Македонија ............................................................................................................. 90

3.8.5. Обидот за уставни измени во 2014 година ......................................... 90

3.8.6. Влијанието на јавниот долг и трговскиот биланс брз монетарната

политика ............................................................................................................................... 91

ГЛАВА 4. ХИПОТЕТСКА РАМКА - МОДЕЛ УПОТРБЛИВ ВО

ПРАКТИКАТА ........................................................................................... 92

ГЛАВА 5. ИНДИКАТОРИ ......................................................................................... 100

ГЛАВА 6. МЕТОДОЛОШКИ ПРИОД ................................................................... 102

ЗАКЛУЧОК .................................................................................................................... 103

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ................................................................................... 107

Page 12: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

12

ВОВЕД

Овој магистерски труд е резултат на систематска истражувачка и аналитичка

работа на повеќегодишно набљудување, барање, прибирање на податоци и факти,

истражување и проучување на информации со цел да се дојде до поцелосна слика, а во

последниве години интензивно емпириско, научно истражување од академска

позиција, на монетарнита политика на централната банка на Република Македонија,

како и монетарните политики на економски водечките земји во светот, и воопшто,

фундаментални монетарни истражувања.

Истражувањето на овој магистерски труд навлегува во загадочно прашање

завиткано во магла, во тајниот свет на централно-банкарското работење. Само оној кој

е свесен за значењето на нешто, способен е со истражувачка и интелектуална

љубопитност да дојде до сознанија за комплексноста и длабочината, и да се препознае

и идентификува научен проблем. Научниот проблем се појави тогаш кога почуствував

дека сум незадоволен од постојните објаснувања и посатојните практикувања на

монетарната политика во нашата земја, и воопшто, слабата заинтересираност на

научната заедница за истражување на монетарната политика, а имаќи ја во предвид

актуелноста и важноста на темата, и опшествената и научна оправданост на

истражувањето за економското јакнење на државата, Позната е мислата дека ,,точно

утврдениот проблем претставува половина решение”.

Анализиран е периодот од појавата на парите пред нашата ера во храмот на

божицата Јунона Монета (,,спасителка”) на ридот Капитол (еден од седумте) во Рим,

периодот од појавата на првите централни банки во 17 век, еволуцијата на централното

банкарство, посебно внимание во проучувањето и аналузата е дадено на денешните

најголеми и неприкосновени централни банки на САД (ФЕД) и Европската централна

банка (ЕЦБ) и, се разбира најголемо внимание е дадено на работата на нашата

централна банка - НБРМ. Проучувана е обемна научна и стручна литература во врска

со централното банкарство и монетарната политика. Истражувањето е засновано на

емпирискиот модел, емпириско набљудување, емпириско истражување и емпириска

анализа.

Областа во која ќе се движиме во овој научен труд се одредени чекори во

просторот на правната регулатива, монетарната глобализација и македонската

национална валута во монетарната глобализација и стратегијата на монетарната

Page 13: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

13

политика, монетарните агрегати, инфлацијата и други монетарни феномени,

регулирање на паричната маса во оптек и воопшто монетарното регулирање,

монетарната независност, мерење на вредноста на парите и регулирањето на

меѓувалутните односи, нефункционалниот Бретон-вудски монетарен систем, анализа

на побарувачката на парите и монетарните стандарди, важноста на контролата

(супeрвизијата) на Народната банка на РМ врз работењето на комерцијалните банки

(банкарската индустрија), затоа што комерцијалните банки, во суштина, работат со

туѓи сретства.

Мотивот за истражувањето доаѓа од непостоењето на научници во академската

заедница во Македонија кој би дале одговори за многу фундаментални прашања за

светската монетарна политика, посебно во последниве неколку децении. Во

концепцијата на трудот не се користени насоки од други трудови, затоа беше потребен

попродлабочен и поодговорен однос кон битните сегменти на трудот. Како што

наведува менторот на овој магистерски труд професорот д-р Благој Ѓорѓиевски, во

извештајот до Наставно-научниот совет на Правниот факултет - Кичево, дека темата ,,е

актуелна, фокусирана во подрачје што до сега главно било надвор од полето на

академскиот интерес во земјата и има јасно дефинирани цели и добро поставена

научна хипотеза”. Барањата за реформа на меѓународната монетарна архитектура се се

поголеми. Во последниве години во светот веќе на големо се зборува за почеток на

,,светска монетарна војна”, заради тоа не може да има отворен и искрен диалог помеѓу

централните банки и тешко може да се говори за централно-банкарска соработка,

посебно не помеѓу водечките централни банки, тука е исклучок Европскиот монетарен

систем (ЕМС), кој после 1971 година е најдобар пример за соработка околу

регулирањето на девизните курсеви.

Еден непознат мислител рекол: ,,Вчера бев паметен и барав да го променам

светот, денес сум мудар и решив јас да се променам”. Целта е формулирање на

оперативни принципи и практично применливи сознанија, за решавање на конкретни

проблем на терен во зоната каде што циркулира денарот, а тоа е територијата на

Република Македонија.

За значењето на областа на монетарната политика во нашава земја е изградена

свеста за потребата од профилирање на кадри, но најбитно е тоа што постои свест и

жед од научни истражувања во ова област. Државата и академската заедница е

евидентно дека вложуваат напори институционално да профилираат кадри во областа

на банкарството, макроекономијата и монетарната политика. Веќе над педесет години

Page 14: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

14

постои Посдипломскиот студиум по монетарна економија, финансии и банкарство, при

Економскиот факултет во Скопје, основан во 1961 година како прв од таков тип во

пранешна Југославија. Денес во високото образование постои предмет Монетарна

економија и предметот Монетарна политика, регулација и централно банкарство.

Народната Банка на Република Македонија, како централна банка на Република

Македонија, ја поттикнува истражувачката дејност за остварување на целите на

монетарната власт, се доделува годишна награда на НБРМ за млади лица до 35 год.

заради стимулирање и развој на научната мисла и изработка на трудови од областа на

макроекономијата и банките и банкарски системи. Во 2011 година е формиран Клуб на

истражувачи при НБРМ во оласта на монетарната политика и макроекономијата, каде

од 2015 година сум член и јас.

Овој магистерски труд ќе даде одговор на следните прашања:

Како изгледа монетарниот систем, каква е правната регулатива, и после

да предложиме подобрување.

Зошто да се прошири опсегот на набљудување и да се подобри

квалитетот на набљудувањето, аналитичката и истражувачката работа, и

критичкото размислување.

Зошто НБРМ да го зголеми опсегот на монетарната политика во

процесот на осмислувањето и спрведувањето на долгорочните -

стратегиските цели и краткорочните - корективни цели на монетарната

плитика.

Можностите, монетарната политика да влијае суштествено на

стратегијата за развој на Репубика Македонија, како круцијално

прашање.

Како да се прецизира курсот на монетарната политика, и каде би можеле

да бараме подобрување на системот, во светот каде што не е регулиран

меѓународниот монетарен поредок.

При недостиг на домашна акумулација, потребни се странски пари, но

дали тие странски пари се инфлаторно емитувани, кои доведуваат до

финансиско поробување и торпедирање на домашната економија.

Фундаментално прашање е, зошто постои, и какво е дејството на

инфлаторното емитување на валути со меѓународна улога, како еден дел

Page 15: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

15

од паричната маса се отстранува да циркулација во матичната земја и

какво е дејството во земјата каде тие пари се пуштаат во оптек.

Овој магистерски труд е пишуван кога НБРМ прославува 70 години

институцијално централнобанкаско работење во Република Македонија (1946-2016), и

преку едно сеопфатно академско истражување, ќе го збогати плурализмот на сознанија,

поконкретно ќе ги утврдува клучните насоки на монетарната политика, ги утврдува

функционалнте слабости и преку емпириски тестирани заклучоци, ги согледува

можностите за зголемување на економската моќ на државата преку одредени насоки на

мнетарната политика.

Во Македонија лица кои оставиле траги во централнобанкарското работење се

Тихомир Јовановски, кој во периодот 1983-1987 година бил вицегувернер на

Народнатабанка на Југодлавија, потоа д-р Љубе Трпески, д-р Горан Петревски и други.

Меѓу другото, овој научно-истражувачки труд ја истакнува потребата на

македонското општество и неформалниот повик на институциите да се истражува ова

област.

,,Во овој свет успех постигнуа само тој што бара посебни услови за себе и, ако

не ги најде, ги создава сам”.

,,Или ќе го пронајдеме патот, или ќе создадеме нов”.

Ханибал

Page 16: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

16

ГЛАВА 1. ПАРИ, БАНКАРСТВО И МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

1.1 . Поим на пари

Парите претставуваат општ еквивалент, општоприфатено сретство во одредена

стока која служи за определување на вредноста на другите стоки и услуги. Кое

сретство или кој материал ќе биде во својство на пари се определува слободно или под

принуда, во современа смисла, прите се финансиски инструмент со кој се

овозможуваат трансакциите помеѓу купувачите и продавачите. Современата економија

се нарекува парична економија. Парите ги имаат следните функции, мерка за вредност,

прометно сретство, платежно сретство, пресметковно сретство, чувар на вредноста,

сретство за штедење, и парите како светски пари а тоа се неколку национални валути

како и еврото како заедничка валута на земите членки на еврозоната, а тоа се дел од

земјите членки на Европската Унија. Кон парите постои национален пристап, парите

имаат национално битие.

Парите се огледало на историјата на еден народ.

Монети денес се нарекуваат парите во помали износи кои се коваат во метал.

Името потекнува од римската божица Јунона Монета - ,,спасителка”, која имала храм

подигнат во 344 год. п.е. на ридот Капитол покрај Рим. Капитол е еден од седумте

ридови на кои е изграден античкиот Рим. Денес антички остатоци на Капитол има

премногу малку затоа што тие се покриени со средновековни објекти, од кои најголем

дел ги проектирал Микеланџело (Michelangelo). Тој од 1536 до 1546 година изградил

три палати со кои погледот на Капитол го пренасочил кон Ватикан, за разлика од

претходно кога ориентацијата била насочена кон Римскиот форум. Денес, тие три

палати се музеј.

Монетите како што ги знаеме денес првпат почнале да се коваат во

малоазиската област Лидија во VII век п.н.е.

Банкнотата претставува парче хартија на која е обележана определена парична

вредност. Прв пат банкнотите се појавиле и функционирале во Кина во VII век а во

Европа во 1660 година.

Тешкотии во дефинирањето на парите имало секогаш посебно сега кога се

наоѓаме во комјутерска револуција. Готовите пари во оптек (банкноти и монети), се

Page 17: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

17

неспорен вид на пари, иако пред еден век имало сомневање дека на нив може исто да

им се верува како на монетите направени од благородни метали.

1.2. Форми на пари

1.2.1. Првите, историски, (примитивни) форми на пари

Во човековата историја различни предмети служеле како сретство за размена а

со тоа и како пари. Пример, кожи од животни или самите животни, жито, чај, ориз,

тутун, кафе, школки, корали, сушена риба, кај воинствените народи како пари служело

оружјето, во еден период во Римската империја војската била исплаќана со сол.

1.2.2. Металите во улога на пари

Со преземањето на улогата на пари од страна на металите, започнува историјата

на денешните форми на пари и денешните паричните системи. Метали во улога на

пари биле железото, бакарот, бронзата, среброто и златото. Од сите метали златото се

одделило како платежно сретство, како сретство за чување на вредноста, и до

седумдесетите години на минатиот век, вредноста на парите била врзана вредноста на

златото. Во историјата на парите, златото и среброто се ,,свети пари”.

Голем напредок во улогата на парите се појавил со појавата на кованите пари.

Кованите пари се појавиле пред 2700 години во денешна Мала Азија. За тежината и

чистотата на металот посебно на златото гаранција давале големи авторитети пред се

државите.

1.2.3. Книжни пари

Книжните пари се појавиле од практични причини, за да се олеснат плаќањата,

да се олесни преносот на пари, се создала можност со хартиените пари да се пренесува

само правото за поседување на пари, во почетокот хартиената форма била само

исправа со која се докажувало поседувањето на вистински пари.

Page 18: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

18

Појавата на хартиени форми на пари се врзува со лондонските златари кои за

полагањето, депонирањето на злато издавале сертификат - признаница. Имателот на

признаницата имал право да бара од златарот да му биде предадено златото кое било

забележано на признаницата. Имателот на признаницата можел да изврши некое

плаќање со самото предавање на признаницата, со што се пренесувало и правото да се

подигне златото со доставување на признаницата до соодветниот златар. Признаниците

ретко се враќале кај издавачот, така тие во пракса функционирале како платежно

сретство. Издавачот на обврзницата бил обврзан да го даде износот што бил наведен на

обврзницата ако имателот на обврзницата го бара тоа.

Денес, книжните пари се законско сретство за плаќање, тие немаат материјална

вредност и е укината заменливоста во злато.

1.2.4. Жирални пари

Кога платниот промет се врши преку сметки, префрлување на пари од една на

друга сметка, со цел поедноставување на плаќањата, без да се употребуваат готови

пари, тоа се трансакции кои ги вршат деловните банки, тогаш зборуваме за жирални

пари. Жиралните пари се нематеријален облик на пари, кои имаат големо значење во

развиените економии. Со жиралните пари се зголемува брзината на оптек на пари, се

зголемува сигурноста на трансакциите, се поедноставува техниката на плаќање затоа

што нема пренос на готови пари, нема броење на банкноти, полесно се планира и

остварува платниот промет.

1.2.5. Електронски пари

Електронските пари, e-moneu, e-cash, или дигитални пари, digital cash, се големо

достигнување на електронското банкарство. Значењето на електронските пари се

повеќе се зголемува, но и покрај тоа , загрозувањето на употребата на книжните пари е

многу мало. Електронските пари се внесени во магнентна лента, во дискот на

компјутерот или во чипот на картичката. За употреба на книжните пари претходно

парите треба да бидат внесени во банка или друга финансиска институција.

Постојат два вида електронски пари: Идентификувани и анонимни електронски

пари (identifiend e-money и anonymous e-money). Кај идентификуваните електронски

Page 19: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

19

пари, банката може да го следи движењето, слично како и кредитните картички,

анонимните електронски пари откако ќе се повлечат од банката не можат да се следат,

слично како и хартиените пари.

Плаќањето со електронски пари може да биде On-line и Off-line. Кај On-line

плаќањето во трансакцијата учествуваат купувачот, трговецот и банката, а кај Off-line

плаќањето се врши директно меѓу купувачот и продавачот и тука се појавува

проблемот од можноста за двојно трошење.

Најпознати системи за електронски пари се: eCach; NetCash; Mondex; VisaCach

и други.

Електронските пари доведуваат до одредени имликации на монетарниот

систем, организацијата и работењето на централните банки, монетарните планирања и

друго.

Електронските пари се последна форма на пари, но најваројатно не и последна

во историјата на парите.

1.3. Монетарна политика

Монетарната политика е дел од макроекономската политика а

макроекономската политика е дел од економската политика на една земја. За

реализирање на монетарната политика надлежна е централната банка. Зборот политика

потекнува од грчкиот збор politicos, државен, јавен, од polis, град, држава, и го има

значењето на државничка вештина, теорија за водење на државата. Според

Макијавелиевата теорија, ,,политиката е тактика и стратегија за освојување на власта и

за владеење со луѓето”.

1.3.1. Поим на економска политика (Политичка економија)

Поимот економија потекнува од грчките зборови ,,oikos” -домаќинство и

,,nomos” - закон. Во современиот начин на управување и раководење со еконмијата,

улогата на државата, попрецизно владата е неминовна.

Page 20: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

20

Економската политика е во постојани промени зависно од политичките амбиции

на државата. Во последниве децении политичките промени во еконоијата се во насока

на приближување на Република Македонија кон Европската Унија.

Политичката економија го проучува влијанието на политиката врз економијата,

врските помеѓу политиката и економијата во државата.

1.3.2. Поим на макроекономска политика

Макроекономската политика како дел од економската политика ги проучува

економските движења во одредена земја и, економските односи помеѓу различни земји

и влијаниието врз пооделна економија. Владата ги креира макроекономските политика

во насока на економскиот раст, предвидувањето за состојбата со брутодомашниот

производ (БДП), ценовната стабилност, вработувањето, меѓудржавните финансиски

обврски и друго. Макроекнмските анализи, пред се, се користат за долгорочно

планирање и долгорочни економски стратегии.

Макроекономската политика почна да се развива после почетокот на големата

економска криза, Големата рецесија 1929-1933 година. Основоположник на

макроекономската политика е британскиот економист Џон Кејнз , со неговото дело

,,Општа теорија на вработувања, камати и пари”. По неговото име макроекономијата се

нарекува ,,Кензијанска економска политика”.

Макроекономијата на национално ниво прв почна да ја проучува холанскиот

економист Јан Тинберген. Тој разработи макроекономски модел за својата земја -

Холандија а подоцна за САД и Велика Британија.

Целта на макроекономската политика е стабилна економија. За стабилна

екномија потребна е добра мнетарна политика, посебно во делот на цената на парите, а

цената на парите се формира од понудата и побарувачката на парите.

1.3.3. Поим на монетарна политика

Монетарната политика е составен дел на макроекономската политика на

државата. Мерките и инструментите на монетарната политика заедно со мерките на

владата се реализира макроекономската политика. Цеантралната банка ја реализира

Page 21: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

21

монетарната политика преку регулирање на паричната маса во оптек и преку кредитите

и давање на сигнали за одредување на висината на каматните стапки на кредитите. Со

зголемување или намалување на кредитниот потенцијал на комерцијалните банки се

регулираат каматите на комерцијалните банки што ги даваат на своите клиенти.

Централната банка со своите мерки и инструменти ја регулира количината на

парите во отек, а со тоа влијае врз инфлацијата и воопшто во економијата. Централната

банка со своите механизми влијае врз кредитната политика на комерцијалните банки и

со тоа влијае врз економските движења во стопанството. Целта на монетарната

политика е одржување на стабилност на цените, економски раст и регулирање на

платниот биланс на земјата и стабилен девизен курс на националната валута.

За стимулирање на развоен циклус на економијата преку монетарната политика,

се стимулира штедењето, се врши концентрација на капиталот, оддржување стабилност

на цените оддржење на инфлацијата под контрола преку регулирање на паричната маса

во оптек. Ако се пуштат во оптек поголема количина на пари од дозволените тогаш се

врши обезвредување на валутата и со тоа се предизвикува инфлација.

Трансмисијата односно преносот на ефектите од понудата на пари оди по

следниот редослед:

Понудата на пари влијае врз висината на каматата,

Висина на каматата влијае на побарувачката на финансиски сретства од

стопанството, но и од граѓаните,

Побарувачката на кредити влијае на развојот на производството, инвестициите,

но и на потрошувачката,

Ивестицискиот развој и потрошувачката влијаат врз бруто-домашниот производ

(БДП).Според школата на монетаристите (економска школа, чии основачи се

Милтон Фридман, Ана Шварц, Карл Брунер и други), најголемо е влијанието на

количеството на пари во оптек и брзината на обрт на парите.

Во монетарната политика многу важно е времето кое е потребно да се осознаат и

да се прдвидат состојбите во цените, можностите за инфлација или рецесија, за да се

зголеми или намали паричната маса во оптек, исто така многу е тешко да се предвиди

кога зголемената или намалената парична маса во оптек ќе ги даде резултатите.

Кога во економијата владее рецеција, тогаш централната банка спроведува

експанзивна монетарна политика, со зголемена понуда на пари. При зголемена понуда

Page 22: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

22

на пари, каматите се намалуваат, се зголемуваат инвестициите, се намалува

невработеноста, се зголемува потрошувачка и се зголемува БДП.

Кога во економијата владее инфлација, централната банка спроведува

рестриктивна монетарна политика, ќе ја зголеми стапката на задолжителна резерва, со

цел да ја намали понудата на пари за да се влијае врз намалување на инфлацијата.

Преку монетарната политика централната банка влијае врз клучните

макроекономски агрегати. Централната банка има уставно-загарантирана самостојност,

и согласно на тоа има право на дискрециона монетарна политика, и при тоа да користи

докажани правила во спроведувањето на монетарната политика.

1.4. Анализа и елаборација на монетарната теорија и

монетарната политика

Финансиските пазари и институции се двата столба на финансискиот систем.

Понудата и побарувачката на слободни финансиски сретства е финансискиот пазар, кој

е во улога на механизам кој влијае на алокација на финансиските сретства.

Финансиските институции можат да бидат банкарски и небанкарски, во небанкарски

финансиски инститиции спаѓаат институциите од областа на осигурувањето,

пензиските фондови, пазарот на хартии од вредност и инвестиционите фондови.

Монетаризам (monetarisam) е економска школа каде централно место

завземаат количеството пари кој се објаснува како доминантен фактор кој ги објаснува

промените на номиналниот доход. Монетаризмот се појавил во 1968 година, но се

наметнал како доминантна економска школа во 1970-тите и 1980-тите. Преставници на

монетаризмот се: Милтон Фридман, Ана Шварц, Карл Брунер, Ален Мелцер итн.

Монетаристичката економска теорија, позната е уште и како Чикашка теорија, која ја

развил Милтон Фридман и припаѓа на Западната мнетарна теорија.

Милтон Фридман е роден на 31 Јули 1912 година во Бруклин, Њујорк, како

четврто и последно дете, а воедно и единствен син на Сара Ландау и Џино Фридман,

еврејски доселеници од Австро-Унгарија. Во 1976 година ја добил Нобеловата награда

за економија, за неговите достигнувања во анализата на потрошувачката, монетарната

историја и стабилизационата политика. Школата на Фридман се залага за максимална

слобода на пазарот, а мешањето на државата во економскиот живот го квалификува

Page 23: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

23

како погрешно и штетно, а тоа влијаело врз американските конзервативци посебно во

времето на Роналд Реган и британската челична дама Маргарет Тачер, тогаш

Фридмановите идеи за дерегулацијата, монетарната политика и даночната политика ги

промениле економските состојби во светот. Тука би ги издвоил следните дела на

Фридман, ,,Квантитативната теорија на парите - реформулација” и ,,Контрареволуција

во монетарната теорија”. Милтон Фридма починал на 16 Ноември 2006 година во Сан

Франциско.

Основата на монетаризмот е во квантитативната теорија на парите, според која

промените на количеството пари е доминантен фактор кој ги објаснува промените на

номиналниот доход. Објаснувањето на инфлацијата како монетарен феномен, е во

контрола на монетарниот растеж. Стабилната инфлација подразбира намалување на

монетарниот растеж со што се намалува и агрегатната побарувачка, со што

економијата се вовлеува во рецесија, но таа е само привремена и претставува нужна

цена на дезинфлацијата. Но намалувањето на монетарниот растеж не мора да значи и

појава на рецесија, а тоа зависи од брзината на оптек на парите, што значи зголемената

брзина на оптек на парите значи и зголемување на агрегатната побарувачка. Според

монетаризмот, монетарниот растеж треба да се приспособува на порастот на реалниот

производ и порастот на населението.

Квантитативната теорија на парите, врз чии принципи се заснова монетаризмот,

се одржува полни четири векови и е една од највлијателните теории. Почетоците се

наоѓаат уште во XVI век. Според ова теорија, секое зголемување на парите води кон

пропорционално зголемување на цените.

Чикашката теорија на чело со Фридман и денес се доминантни во водењето на

монетарната политика во земјите со развиена пазарна економија.

Паричната маса (moneu supply) ги претставува монетарните обврски на

централната банка и депозитните банки кон небанкарскиот сектор. Системот на

емисија на пари е подсистем на монетарниот систем. Најголеми промени на паричната

маса се врши преку кредитите што банките ги даваат на небанкарскиот сектор, односно

стопанските субјекти, кои поради слабото функционирање на пазарот на капитал,

кредитите им се важен извор на финансиски сретства. Банките голем дел од својата

кредитна активност ја имаат насочено и кон наслението, преку потрошувачките и

станбените кредити.

Друг канал преку кој се влијае во зголемувањети или намалувањето на

паричната маса се девизните трансакции со странство. Ако земјата има суфицит во

Page 24: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

24

платниот биланс, тогаш тој влијае во зголемување на паричната маса, а дефицитот

влијае во намалување на паричната маса. При суфицитот, извозниците имаат повеќе

девизен прилив кој го заменуваат во домашна валута за да може да вршат плаќање, и

со тоа се зголемува паричната маса. Кога има дефицит во платниот биланс доаѓа до

намалување на паричната маса бидеќи извозниците со домашната валута купуваат

странски валути.

Трет канал за зголемувањето или намалувањето на паричната маса е

претворањето на немонетарните депозити во монетарни и обратно. Немонетарните

депозити не се опфатени во паричната маса и со нив не може да се врши плаќање,

најдобар пример за немонетарни депозити се орочените депозити. Со претворањето на

депозитите по видување во орочени депозити се намалува паричната маса и обратно.

Примарните пари се количина на пари која зависи од субјектите кои ги

поседуваат, затоа готовите пари се помалу стабилна категорија, бидеќи централната

банка не може да влијае врз нив.

Примарните пари претставуваат монетарна база.

Примарните пари се јавуваат во следните форми:

• Готови пари во оптек и

• Резервите што ги држат банките кај централната банка.

Резервите на банките кај централната банка се состојат од задолжителна резерва

и од вишокот на резерви што депозитните банки ги имаат на своите сметки.

Платниот биланс влијае врз количината на примарните пари. Дефицитот на

платниот биланс влијае на намалување на количината на примарните пари, и обратно,

доколку има суфицит на платниот промет и со тоа зголемување на нето-девизната

актива и зголемување на количината на примарните пари.

Односите држава-централна банка има влијание на количината на примарните

пари. Ако има буџетски дефицит, односно поголеми расходи од приходи, државата,

разликата ја покрива со позајмици од централната банка и со тоа доаѓа до зголемување

на примарните пари.

Монетарната мултипликација (Money multipier), се дефинира како множење,

односно зголемување на количеството на пари, преку експанзија на депозитите и

кредитите, зголемување на количината на готови пари и намалување на стапката на

задолжителната резерва.

Page 25: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

25

Монетарниот мултипликатор покажува колкав дел од примарните пари се

претворил во парична маса, колку е поголем монетарниот мултипликатор, толку

поголем дел од примарните пари се претвориле во парична маса.

Мултипликацијата може да се врши само преку депозитните пари а не преку

готовитре пари.

Монетарниот мултипликатор претставува сооднос меѓу паричната маса и

примарните пари. Колку е поголем монетарниот мултипликатор, толку поголем дел од

примарните пари се трансформира во парична маса. Големината на монетарниот

мултипликатор зависи од одлуките на:

• Субјектите на мнетарниот сектор,

• Централната банка и

• Депозитните банки.

Од субјектите на монетарниот сектор зависи дали дел од својата актива ќе ја

држат во готови пари или во депозитни пари. Од централната банка зависи големината

на задолжителната резерва што депозитните банки ќе ја држат во централната банка.

Од депозитните банки зависи колкав дел од депозитите ќе ги држат на својата сметка а

колкав дел ќе ги префрлат во централната банка.

Ако централната банка ја зголемува стапката на задолжителната резерва, тогаш

депозитната банка има помалку депозити и помала можност да дава кредити, а доколку

претера во давањето на кредити може да ја загрози својата ликвидност. Банката може

да пласира кредити доколку има вишок на ликвидни сртетства или доколу позајми

сретства од централната банка.

Пазарот на пари (money market) претставува пазар на кој се тргува со разни

видиви краткорочни финансиски инструменти, чиј рок на достасување не преминува

една година. Развиениот пазар на пари е од големо значење за современата економија.

Преку пазарот на пари финансиските институции управуваат со нивната ликвидност на

краток рок и врашат алокација на вишокот на ликвидност.

Пазарот на пари е значаен и за централните банки за остварување на ценовна и

финансиска стабилност. Поради тоа централната банка го поддржува развојот на овој

пазар преку воспоставување на оперативна рамка на монетарни инструменти.

Пазарот на пари има значење за финансирање на трговијата, индустријата,

учество во профитабилни бизниси, и за интервенциите на централната банка. Овој

пазар е посебно важен за комерцијалните банки, кои се јавуваат како најголеми

учесници во понудата и побарувачката на валути.

Page 26: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

26

Понудата на пари зависи од готовите пари, кои депозитните банки може да ги

понудат на своите клиенти. Вкупното количество пари во една земја зависи од

примарната емисија на пари и кредитната експанзија на депозитите. Примарната

емисија на пари зависи од обврските на централната банка кон другите сектори во

државата, пред се кон економијата. Понудата на пари е производ на паричната маса и

монетарниот мултипликатор.

Побарувачката на пари претставува потребната, посакуваната количина на

готови пари и депозитни пари, тие пари го сочинуваат монетарниот агрегат М1. Парите

им се потребни на луѓето за исплнување на нивните потреби. Но поседувањето на

готови пари значи изгубена камата.

Еден од мотивате за држење на готови пари е трансакцискот мотив, кој ја

определува количината на пари потребни за купување на разни добра и плаќање на

услуги.

Според Фишеровата квантитативна теорија за парите, главни претпоставки се

големината на произведените и реализираните стоки и брзината на опток на парите.

Според Бомул-Тобиновиот модел за побарувачка на пари, се засновува на

држењето на ликвидни стретства и претворањето на парите во каматоносни сретства.

Друг мотив за побарувачка на пари е можноста за претворање на парите во

друга форма на имот.

Важна компонента на побарувачката на пари е стабилноста, односно

нестабилната побарувачка на пари. Се до 1974 година побарувачката на пари била на

релацијата доход и каматни стапки, но после таа година побарувачката на пари,

агрегатот М1, почнал да се нарушува. Монетарните власти требало да се

прилагодуваат на побарувачката на пари. Финансиските иновации кои се појавиле

од 1970 година, како што се, money market accounts, nov accounts, електронскиот

трансвер на пари, финансиската дерегулација, брзината на опток на парите станал

доста нестабилна категорија, го промениле начинот на функционирање на парите и

општата дефиниција на побарувачката на парите.

Постојат меѓународни стандарди за дефинирање на парите, по таканаречени

монетарни агрегати. Готовите пари во оптек (банкноте и монети), плус депозитните

пари (банкарски сметки од кои може директно да се плаќа), го претставуваат

монетарниот агрегат М1, кој претставува сретство за плаќање.

М1 = готови пари во оптек + депозитни пари

Page 27: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

27

Монетарниот агрегат М2 е следниот:

М2 = М1 + депозитите по видување во банките

и монетарниот агрегат М3 е следиот:

М3 = М2 + орочени депозити + сметки кај небанкарските институции

Во литературата се познати и поимите монетарен волумен и монетарен

потенцијал. Монетарниот волумен е монетарен агрегат кој ги опфаќа паричните

сретства во оптек и банкарските депозити орочени до една година, а монетарниот

потенцијал е поширок поим од монетарниот волумен и ги опфаќа вкупните парични

сретства.

НБРМ користи четири монетарни агрегати, од М1 до М4. Во монетарниот

агрегат М1 влегуваат: готовите пари во оптек - Ц, и депозитните пари - ДД.

М1 = Ц + ДД

Монетарниот агрегат М2 ги содржи монетарниот агрегат М1 и квази депозитите

- Љ. Под квази депозити се подразбираат денарските депозити орочени до една година,

девизните депозити по видување и девизните депозити орочени до една година.

М2 = М1 + Љ

Монетарниот агрегат М3 ги содржи претходните монетарни агрегати плус

ограничените депозити - РД. Ограничените депозити се депозитите што се депонираат

за добивање на банкарски гаранции, за отворање на акредитиви, депозитите што се

депонирани за извршување на дознаки и сите други останати депозити чие користење е

строго наменски определено.

М3 = М2 + РД

Монетарниот агрегат М4 ги содржи и немонетарните депозити - НД.

Немонетарните депозити се денарските и девизните депозити орочени над една година.

М4 = М3 + НД

Нашата методологија е комплетно усогласена со меѓународните системски

критериуми. Во најголем број земји, меѓу кои е и нашата, во паричната маса не се

опфатени и депозитите на државата, затоа што државата има поразлична позиција од

останатите сектори. Основно е тоа што државата може да троши над износите со кои

располага.

Page 28: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

28

Политиката на отворен пазар е инструмент на монетарната политика, кој е

типичен за земјите со развиена економија. Политиката на отворен пазар значи, пред се,

емисија на државни обврзници, кои претставуваат хартии од вредност за кои гарантира

државата, поради што ризикот за вложување во државни обврзници е доста мал. Тоа

допринесува инвеститорите, па и граѓаните, кои располагаат со слободни парични

сретства, да купуваат државни обврзници. Трансакциите за купување на државни

обврзници се врши со помош на комерцијалните банки, кои купуваат и за своја сметка.

Кога е потребно централната банка да дејствува антиинфлаторно, таа продава

државни обврзнизи, и со тоа од сметките на комерцијалните банки се префрлуваат

депозитите во централната банка. Со тоа доаѓа до опаѓање на кредитниот потенцијал и

со тоа можноста за депозитна мултипликација и креирање на пари од страна на

комерцијалните банки. Со тоа доаѓа до повлекување на пари кои се во оптек, и

намалување на паричната маса во оптек.

Кога централната банка отцени дека се појавуваат елементи на рецесија,

понудата на пари е помала од потребното количество, тогаш одлучува да купи државни

обврзници, со што пушта пари во оптек, и ја зголемува количината на пари во оптек,

бидеќи купените обврзници им ги наплаќа на комерцијалните банки, без разлика дали

се купени од нив или нивните коминтенти и натаму со процесот на мултипликација на

депозитите се креираат пари.

Девизниот пазар (exchange market) претставува понуда и побарувачка на

слободни девизни сретства, купопродажба на девизи, оддржување на девизните

позиции, девизните шпекулации и девизната арбитража. Парите кои се предмет на

купопродажба се деноминирани во една валута. Светската трговија со девизи, во

најголем дел се извршува во најголемите финансиски центри: Лондон, Њујорк, Токио,

Цирих и Сингапур.

Девизниот курс (exchange rate) претставува цената на една валута изразена во

друга валута и претставува непосреден сооднос меѓу домашната валута и странските

валути. Постои фиксен и флуктуирачки девизен курс. Доколку девизниот курс се

одржува на повисоко ниво од тоа што е одредено од односите на понудата и

побарувачката на девизниот пазар, тогаш девизниот курс е преценет, а доколку е на

исто ниво тогаш постои реален девизак курс. При мерење на реалниот девизен курс во

практиката се наметнува терминот ефективен девизен курс. За да го задржат

посакуваниот девизен курс на сопствената национална валута, централните банки

продаваат или купуваат одредена количина на долари.

Page 29: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

29

Таргетирањето на девизниот курс (exchange rate targeting) претставува

стратегија на мнетарната политика каде што централната банка ја оддржува вредноста

на домашната валута во однос на една или повеќе странски валути. Во рамките на

зацртаната монетарна политика, преку девизниот курс централната банка ја оддржува

ценовната стабилност.

Девизните резерви (foreing exchange reserves) ја сочинуваат странската актива

која се состои од девизните резерви на централната банка и девизните резерви на

комерцијалните банки. Државните резерви служат за обезбедување на меѓународна

ликвидност на земјата, финансирање на нерамнотежата во платниот биланс, за

интервенции на девизниот пазар и за полесен пристап на меѓународниот пазар на пари.

Флуктуирачкиот девизен курс, или флексибилен девизен курс (flaotinge

exchange rate), претставува спротивност на фиксниот девизен курс, каде одредувањето

на девизниот курс се врши преку понудата и побарувачката на девизниот пазар.

Валутата што го користи овој режим на размена се нарекува флуктуирачка - пливачка

валута. Флуктуирачкиот девизен курс и дава нестабилност на валутата.

Forex е скратеното име од англиските зборови foreingn exchange што значи

девизен пазар. Forex пазарот почнал да се развива во 1973 година, кога се виде дека

Бретон Вудс системот, кој утврдуваше фиксни девизни курсеви, повеќе не

функционира. На овој пазар се тргува со валути и птретставува глобален финансиски

пазар кој е нецентрализиран пазар на кој слободно се тргува со валути. Forex пазарот е

најголем меѓународен пазар кој изнесува 5.5 билиони долари на ден. На овој пазар се

тргува со главните светски валути (американскиот долар, еврото, британската фунта,

швајцарскиот франк, јапонскиот јен, канадскиот доллар и австралискиот доллар), но и

со скапоцени метали, како што се злато, сребро, како и со стока, како што е нафтата.

Учесници на Forex пазарот се комерцијални банки, централни банки, осигурителни

компании, фирми за управување со имот, големи корпорации и индивидуални

инвеститори. Центри за обработка на налозите на овој пазар се во Лондон, Њујорк,

Токио, Сингапур, Франкфурт, Цирих, Париз, Хонк Конг.

Депресијација (depreciation) е паѓање, губење, односно обезвредување на

вредноста на валутата. Со депресијацијата се покачува курсот на странските валути,

што значи, потребни се повеќе пари за да се купи странската валута, со тоа, таа валута

станува поконкурентна, стоките од таа земја ќе бидат поевтини, извозот ќе се зголеми

и ќе се намали увозот, затоа што цената на странските производи ќе биде повисока.

Page 30: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

30

Апресијацијата е спротивност на депресијацијата. Апресијацијата претставува

зголемување на вредоста на валутата, што значи, потребни се помалу парични единици

за да се купи соодветна странска валута, тогаш увезените стоки стануваат поевтини а

домашните, на странските пазари ќе имаат повисока цена и нема да бидат конкурентни.

Девалвацијата (devaluation) претставува официјален акт на владата или на

централната бана, или заедничка одлука на владата и централната банка, со која се

намалува надворешната вредност на домашната валута. За разлика депресијцијата каде

домашната валута ја намалува вредноста на девизниот паза, под влијание на понудата и

побарувачката.

Девалвацијата е мерка на економската политика, со цел домашната

потрошувачка да се префрли од странски производи на домашни производи, бидеќи

цените на домашните производи ќе бидат поконкурентни.

Ликвидноста во банкарството претставува способност да се исполнат

обврските во согласност со дадениот рок, без да настанат неприфатливи загуби. Во

банката, ликвидноста е дневен процес кој бара надгледување на сретствата за да се

обезбеди адекватна ликвидност. Банката е должна да ги врати депозитите на клиентот

на негово барање, а кон банката се должни оние кои зеле кредит или заем. Банките

имаат неколку дополнителни опции за генерирање на ликвидност, а тоа се: продавање

на кредити, позајмување од други банки, позајмување од централната банка и

подигнување на дополнителен капитал. Банката е должна да предвидува кризи на

ликвидност. Недостатокот на ликвидност може да се надомести со зголемување на

депозитите и со комерцијализирање на депозитните производи. Значајно за банката е

тоа колку ја чини одржувањето на ликвидноста.

Ликвидносениот ризик (liquiditu risk) претставува ризикот, банката да не може

да обезбеди доволно парични сретства за измирување на своите краткорочни обврски

во моментот на нивното достасување. Банката се соочува со овој ризик ако не е

способна да обезбеди парични сретства за депонентите кои што сакаат да си го

повлечат своите депозити, како и да ја задоволат побарувачката на кредити. Потребите

од ликвидност банката ги задоволува така што ќе држи одреден износ на готови пари,

кои се нарекуваат ликвидни сретства.

Идентификацијата на ризикот се однесува на откривање на постојните ризици и

тие што во иднина би можеле да се појават. Идентификацијата треба да покаже за

каков вид на ризик се работи, дали тоа е ризик што се појавува во внатрешното

Page 31: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

31

работење на банката, кои мерки треба да се преземат за ограничување на нивното

дејствување, каква е улогата на државните органи во управувањето со рузици и т.н.

Управувањето со ризици има суштинско значење во работта на банкарскиот

систем. Ризиците можат да бидат идентификувани, проценети, контролирани и

правилно управувани единствено доколку се во функција соодветни менаџмент-

ресурси и структури, вклижуваќи и сектор за управување со ризици. Управувањето со

ризик е поле во развој, во кое што процедурите и алатките постојано се ревидираат и

подобруваат.

Банките се најважните учесници во финансискиот систем, која претставува

самостоен пазарен правен субјект во форма на акционерско друштво со основна цел

остварување профит. Главната дејност на банката како финансиска институција е

прибирање на депозити и давање на кредити, како и извршување на платниот промет.

Во финансискиот сектор, банките се најголеми и најзначајни финансиски институции,

кои некои критичари ги нарекуваат ,,отуѓена свера на економската моќ”.

Темелите на банкарството се поставени пред нашата ера во Антички Вавилон,

Египед, Грција и Рим. Почетоците на современото банкарство се во 16-19 век во

Северна Европа и Велика Британија. Првата централна банка е во Шветска 1668

година.

Во современиот свет банките не се ограничени само на традиционалните

банкарски работи, а тоа се прибирање на депозити и давање на кредити, туку тие нудат

и бројни небанкарски услуги. Тие се присутни на пазарот на капитал, каде посредуваат

во издавањето и тргувањето со хартии од вредност. Присутни се на пазарот на капитал,

девизниот пазар и се појавуваат како брокери и дилери. Банките управуваат со

пензиски фондови и навлегуваат во осигурувањето, чуваат финансиски и

нефинансиски имоти, се занимаваат со финансиско советување.

Трендот на развој на банките оди во следите насоки, дерегулација,

конкуренција, консолидација, глобализација, финансиски новини и технолошки

фактори.

Постојат следите видови на банки: Централни или емисиони банки, депозитни

или комерцијални банки, универзални банки, инвестициони банки, деловни банки,

специјализирани или грански банки, развојни банки, регионални банки, моно-банки и

мултинационални банки.

Штедилницата е финансиска институција која работи пред се со населението,

прибираќи депозити и даваќи кредити. Штедилниците се вториот сегмент на

Page 32: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

32

банкарскиот систем. Штедилниците не можат до крај да ја вршат улогата во

финансискиот сектор.

Штедилници може да основаат домашни физички и правни лица, како

акционерско друштво или друштво со ограничена одговорност.

Депозитот (deposit account) претставува финансиски инструмент преку кој

населението и правните субјекти вложуваат пари во банките. За банките, како

финансиски посредници, депозитот и кредитот се основни финансиски производи.

Депозитите претставуваат стабилен извор на сретства на банките. Депозитите на

населението се разликуваат од депозитите на институционалниот сектор по тоа што

тие се покриени со системот на осигурување во случај на ликвидација на банката.

Постојат следните видови на депозити:

Трансакциски депозити,

Штедни депозити и

Други форми на депозити.

Трансакциските депозити (transaction deposits) се поврзани со платниот

промет, и граѓаните и правните субјекти ги отвораат кај банките со цел извршување на

секојдневни трансакции, како купување на производи, плаќање сметки и т.н.

Сопствениците на трансакциските сметки имаат непречен пристап до парите, тие

немаат рок на орочување и се познати како депозити по видување (demant depsits).

Трансакциските депозити ги сочинуваат, тековните сметки на населението, сметките

на правните лица, сметките врзани за платежните картички и т.н.

Штедните депозити (savings deposits) и претставуваат слободните парични

сретства на населението и правните лица. Сопствениците на овие сретства обични се

чуваат за финансирање на идна потрошувачка. Штедните депозити може да бидат по

видување или орочени.

Другите форми на депозити се настанати како резултат на финансиските

новини, кои се комбинација на трансакциските и штедните депозити.

Со измените на Законот за Народната банка во 1996 година, банките беа

задолжени да го формираат Фондот за осигурување на штедните влогови. Во 2000

година беше донесен посебен закон со кој се основа Фондот за осигурување на

депозити. Овој фонд ги покрива само депозитите на населението, и при тоа депозитите

Page 33: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

33

во износ до 30.000 евра (во денарска против вредност), обештетувањето е целосно, а

депозитите над 30 000 евра обештетувањето се врши во стечајна постапка на банката.

Кредитот (credit,loan) е економско правен однос помеѓу две физички или

правни лица, од кои едното е должник а другото доверител, при што доверителот му

позајмува на должникот одредена сума пари, за определено време, со право да си ги

врати со определен надомест (камата). Кредитот претставува трансакција, која

вклучува пренос на пари. Кредитите претставуваат основен извор на сретства на

банките од приходите што ги остваруваат од кредитите, камата, провизии и други

надоместоци. Кредитите претставуваат и основен извор на ризици на банките, поради

лошото управување со кредитниот ризик. Постојат два основни видови на кредити:

Кредити на населението и кредити на претпријатијата. Во зависност од времето за кое

што се издаваат, тие можат да бидат: Краткорочни, средорочни и долгорочни кредити.

Кредитирањето во Македонија од 1990 до 2003 година беше доста слабо поради

рецесијата во првата половина на 1990-тите години, поради рестриктивната политика

на централната банка за да се намали инфлацијата, поради банкарското

прструктуирање и приватизацијата на претпријатијата, војната во 2001 година, бавните

реформи во судскиот систем и катастарот. Од 2003 година започна значително

зголемување на финансиското посредување. Со донесувањето на Законот за девизното

работење во 2003 година значително се зголемија девизните кредити и кредитите со

девизна клаузула.

Кредитниот рејтинг (credit rating) претставува вреднување на

кредитоспособноста на должникот да го отплаќа својот кредит. Кредитниот рејтинг

има значајна улога во економската политика и инвестициските одлуки. Кредитниот

рејтинг го определуваат специјализирани компании наречени кредитни рејтинг

агенции. Нискиот кредитен рејтинг означува дека кај деловниот ентитет или државата

постои висок ризик за неисполнување на обврските, додека високиот кредитен рејтинг

значи дека должникот може навремено да си ги отплаќа обврските.

Државниот креитен рејтинг е отцена за кредитоспособноста на одредена држава

да ги покрива обврските кон своите доверители. Во зависност од кредитниот рејтинг се

одредува и каматната стапка на должничките инструменти - обврзниците. Кредитниот

рејтинг се одредува од следите детерминанти: Доходот по глава на жител, стапка на

инфлација, фискална рамнотежа, надворешна рамнотежа, надворешен долг, економски

развој и историјата на отплата на долговите.

Page 34: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

34

Кредитниот рејтинг на Македонија е отценуван од три рејтин агенции: Стандард

и Пурс, Фич и Јапонската кредитна рејтинг агенција. Првите години е отценуван со ББ

а подоцна со ББ+.

Каматата (interes) е цената која што се плаќа за позајмените сретства. Износот

кој се позајмува се нарекува главница, а процентот од каматата кој се плаќа на

главницата е каматна стапка. Постојат следните видови на каматни стапки: Номинална

каматна стапка, реална каматна стапка и ефективна каматна стапка. Каматните стапки

имаат влијание врз целокупното здравје на економијата.

Каматниот ризик (interes rate risk) е ризик од неповолни идни движења на

каматните стапки. Каматниот ризик влегува во категоријата на пазарни ризици, а тука

покрај каматниот ризик влегуваат уште и ценовниот ризик и девизниот ризик.

Каматен своп (interes swop) е договор со кој двете страни се договараат да си ги

разменат своите каматни плаќања, пресметани на некој однапред утврден номинален

износ. Каматните свопови претставуваат финансиски деривати. Големиот број на своп-

договори произлегува од тоа што се покажале како многу погоден инструмент за

заштита од каматен ризик.

Супервизија (supervision) ја спроведува централната банка со цел да се зачува

стабилноста на финансискиот систем во државата, преку следење на работењето на

банките за да се обезбеди почитување на прописите и нивната ликвидност и

солвентност. Централната банка врши регулација и супервизија преку вршење

перманентен надзор за да утврди дали банките ја почитуваат регулацијата. НБРМ е

институција која дава и одзема дозволи за работење на банките и штедилниците, врши

супервизија на нивното работење, преку идентификување, мерење, следење и контрола

на ризиците.

Обврзницата е должничка хартија од вредност, со која се потврдува дека

имателот му исплатил на издавачот одреден износ на пари дека издавачот на

обврзницата ќе му го ислати на имателот на обврзницата позајмениот износ заедно со

камата. Обврзниците се многу слични на кредитот, бидеќи и тие претставуваат форма

на задолжување. Кај нас обврзницата е дефинирана во Законот за хартии од вредност.

Издавањето на обврзници има сложена постапка. Прво се утврдува износот на

капиталот што се сака да се прибере со издавањето на обврзницата, видот на

обврзницата, каматната стапка, номиналната вредност на која гласат обврзниците.

Потоа се склучува договор со кој се регулираат правата и обврските од издавањето на

обврзниците.

Page 35: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

35

Кај државните обврзници, првата продажба ја врши централната банка, која

работи како агент на државата, која за таа цел може да организира аукција. Како

купупачи на обврзниците може да се јават банки, други финансиски организации,

претпријатија, па и физички лица. Можен е и натамошен промет на обврзниците.

Државните обврзници во Македонија ги издава Република Македонија преку

Министерството за финансии. Тие се издаваат за финансирање на јавната

потрошувачка или за исплата на одредени обврски на државата кон населението. Тие

се долгорочни хартии од вредност и имаат рок на достасување над една година.

Во социјалистичкит период, државата издавала обврзници, кои населението,

практично присилно ги купувало, со оглед на тоа што уписот на купување се вршел на

работните места на поединците.

Во Република Македонија обврзниците се делат на две категории: структурни и

континуирани обврзници. До сега во Република Македонија се издадени четири видови

на структурни обврзници:

Обврзници за денационализација;

Обврзници за старото девизно штедење;

Обврзници за селективни кредеит и

Обврзници за приватизација на Стопанска банка.

Континуираните обврзници се класични обврзници за прибирање на потребни

парични стретства, а не за надоместување на одредени физички и правни лица. Овие

обврзници не се предмет на тргување на секундарниот пазар на хартии од вредност, и

нивните купувачи ги чуваат до рокот на достасување.

Благајничкиот запис е краткорочна хартија од вредност што ги издава

Народната банака на Република Македонија и претставува основен инструмент на

монетарната политика. Тие можат да бидат со различни рокови на достасување, но

најчесто со рок до 28 дена. Благајничките записи спаѓаат во групата на дисконтни

хартии од вредност, бидеќи на нив директно не се плаќа камата, туку тие се продаваат

по пониска цена од номиналната, а на денот на достасувањето на нивниот сопственик

му се исплаќа номиналната вредност и разликата ја претставува заработката.

НБРМ благајничките записи ги продава на аукции на кои може да учествуваат

само банките.

Page 36: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

36

Почнуваќи од 2000 година аукциите на благајничките записи се јавува како

основен инструмент на монетарната политика во Македонија. Доколку НБРМ сака да

ја намали паричната маса таа го зголемува износот што го нуди на продажба, и обратно

доколку НБРМ сака да ја зголеми паричната маса, таа го намалува износот на

благајничките записи што ги нуди на продажба.

Државниот запис е краткорона хартија од вредност што ја издава централната

власт односно Министерството за финансии. Кај нас државните записи се издаваат со

четири различни рочности: еден месец, три месеци, шест месеци и една година.

Државните записи се безризични хартии од вредност. Тие носат пониска заработка за

разлика од другите краткорочни хартии од вредност. Државните записи се дисконтни

хартии од вредност, што значи тие не носат посебна камата, туку се продаваат по

пониска цена од номиналната врдност, така приносот се состои од разликата меѓу

номиналната цена и куповната цена на државниот запис.

Државните записи во Република Македонија гласат на номинална вредност од

10 000 денари и се продаваат на аукции организирани од НБРМ која се јавува како

агент на Министерството за финансии. На аукциите може да учествуваат само

банките, додека населението и правните лица може да купуваат државни записи само

посредно преку банките.

Комерцијалниот запис (англиски: commercial paper; германки: wechsel), е

краткорочна хартија од вредност, кој го издаваат банките, другите финансиски

институции и претпријатијата. Тие се дисконтни хартии од вредност, што значи се

продаваат по цена пониска од номиналната, а може да се издаваат и како каматоносни

хартии од вредност. Вообичаено гласат на доносител. Главни купувачи на

комерцијалните записи се инвестиционите фондови, осигурителните друштва, банките

и т.н. Комерцијалните записи обично ги издаваат фирми што се одликуваат со висок

углед.

Комерцијалните записи се издаваат со директна продажба или преку дилери на

хартии од вредност. Ризикот кај комерцијалните записи е поголем отколку кај другите

краткорочни хартии од вредност.

Во Македонија според Законот за хартии од вредност, акционерските друштва и

командитните друштва со акции може да издаваат комерцијални записи. Износот на

комерцијалните записи не може да биде поголем од основната главнина на издавчот,

освен ако за комерцијалниот запис е гарантирано од банка. До сега во Македонија нема

издадено комерцијален запис.

Page 37: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

37

Роберт Лукас е добитник на Нобеловата награда за економија во 1995 година.

Роден е на 15 Септември 1937 година во Вашингтон во САД. Член е на Американската

акедемија на науките. Нобеловата награда му е дадена за достигнувањата на планот на

трансформацијата на макроекономската анализа и продлабочувањето на разбирањето

на економската политика во областа на монетарната теорија, меѓународната трговија,

фискалната политика и економскиот раст.

Роберт Лукас ја развива теоријата на монетарното изненадување и теоријата на

рационални очекувања.

Теоријата на монетарно изненадување (theory of monetaru surprise) е теорија

според која само ненајавено, ненадејно зголемување на понудата на пари

предизвикува зголемена агрегатна побарувачка, производство и вработеност.

Оваа теорија навлегува во многу битен сегмент на монетарната политика, дали

економијата ќе навлезе во фаза на рецесија или експанзија, колкава ќе биде стапката на

инфлација и како ќе се движат каматите. Ако владата и централната банка решат да ја

зголемат масата пари во оптек, без при тоа да ја информираат јавноста, зголемената

понуда на пари ќе ја зголеми агрегатната побарувачка и учесниците во економскиот

живот ќе бидат изненадени, тие ќе помислат дека дошло до вистинско, реално

зголемување на агрегатната побарувачка, па поради тоа ќе реагираат со зголемено

производство и понуда и економијата ќе расте. Ако пак, владата и централната банка

бидат транспарентни и известат дека ќе ја зголемат понудата на пари, претприемачите

и менаџерите благодарение на рационалните очекувања ќе ги предвидат ефектите врз

општото ниво на цените и врз стапката на инфлација.

Теоријата на рационални очекувања е нова класична макроекономска школа

која се заснова на неолиберализмот и се надоврзива на монетаризмот. Постојат две

очекувања од фундаментално значење:

Адаптибилни очекувања и

Рационални очекувања.

Адаптибилните очекувања претставуваат пресликување на стапките на

инфлација од поблиското минато.

Рационалните очекувања се засновуваат врз бројни информации што ги имаат за

монетарните движења се предвидива иднината на макроекономските движења во фаза

на практична применливост. Економските политики кои ги применуваат владите имаат

силно влијание во формирањето на рационалните очекувања. Според ова теорија,

Page 38: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

38

формирањето на рационалните очекувања е голема вредност во макроекномските

движења и фактичките економски текови. Тоа се потврдува со зголемувањето на

понудата на пари на кус рок предизвикува промени во реалните фактори, инвестиции,

производство и вработеност, а зголемувањето на понуда на пари на долг рок

предизвикува инфлација и општ пораст на нивото на цените.

Инфлацијата (inflation), е економски поим кој означува постојан пораст на

општото ниво на цените за одреден временски период. Во макроекономската анализа,

инфлацијата е еден од трите централни проблем, покрај невработеноста и економскиот

раст.

,,Инфлацијата е болест на целиот економски организам”.1

Дезинфлацијата претставува стопирање на постојаното зголемување на цените

на стоките и услугите.

Дефлацијата значи намалување на општото ниво на цените за одреден

временски период.

Таргетирањето на инфлацијата (inflation targeting) е нова стратегија на

монетарната политика со која централната банка јавно објавува експлицитни,

нумерички таргети за стапката на инфлација во наредниот период, при што таа има

обврска да се грижи за остварувањена поставените таргети. Во рамките на ова

стратегија, централната банка ја предвидува идната инфлација и континуирано ја

споредува предвидената инфлација со таргетираната. Пионер во спроведувањето на

таргетирањето на инфлацијата е Нов Зеланд во 1990 година, потоа Канада во 1991

година, Велика Британиа во 1992, Шветска и Финска во 1993, Австралија и Шпанија во

1994, Чешка во 1998, Полска во 1999 година. Сепак вистински претходник за

таргетирањето на инфлацијата е Германија. Американската централна банка исто така

спроведува таргетирање на инфлацијата. Како посебна придобивка на

таргетирањето на инфлацијата се смета големиот степен на транспарентност во

водењето на монетарната политика во делот на таргетирањето на инфлацијата.

Инфлацискиот данок (inflation tax) е економска категорија која означува

пренос на реални добра од луѓето и фирмите кон државата под дејство на инфлацијата.

Инфлацискиот данок се јавува како последица на инфлаторното финансирање на

буџетот, кога државата ги покрива јавните расходи преку печатење пари, при што се

1 „Политичка економија“, автор Тодор Рушков, издадена од „Култура“, 1982, страна 119.

Page 39: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

39

намалува вредноста на парите. Инфлацијата делува како еден вид данок, бидеќи

предизвикува прелевање на реални добра во корист на државата.

Како даночна база на инфлацискиот данок се јавува реалната парична маса,

додека стапката на инфлација ја претставува даночната стапка. Вкупниот приход

собран со инфлацискиот данок зависи од износот на испечатени пари и намалување на

вредноста на постојните пари.

Сињоражот (seigniorage) е тесно поврзан со концептот на инфлацискиот данок.

Сињоражот претставува инфлаторно финансирање на буџетскиот дефицит преку

печатење на пари. Парите како законско сретство за плаќање во рамките на една

држава, така што сите мора да ги прифатат, а од друга страна, државата има монопол

во печарењето пари, таа може да си дозволи злоупотреба на монополот, и да печати

пари за финансирање на јавните расходи. Кога нема инфлација, нема ниту приходи од

сињораж.

Рецесијата претставува забавување на економската активност во една земја за

опрделен временски период и намалување на деловниот циклус. За време на рецесија

се намалува Бруто домашниот производ (БДП). За сузбивање на рецесијата потребно е

усвојување на експанзивна монетарна политика, зголемување на парите во оптек,

зголемување на владиното трошење и намалување на даноците.

Стерилизационата политика на вишокот ликвидност која ја спроведува

централната банка е со цел остварување ниска стапка на инфлација.

Централната банка го откупува вишокот на девизни сретства на пазарот и со тоа

ги зголемува девизните резерви, а со тоа доаѓа до креирање на примарни пари, потоа

тој ефект по пат на монетарна мултипликација се пренесува на монетарните агрегати,

доаѓа до зголемување на паричната маса и до монетарна експанзија која поттикнува

инфлација. Централната банка за да ги елиминира инфлаторните притисоци распишува

редовни аукции на благајнички записи, со што повлекува дел од вишокот на

ликвидност, односно вишокот на паричната маса. Потоа, комерцијалните банки се

обврзани да чуваат задолжителна резерва во централната банка, со што, и со тој

монетарен инструмент се повлекува дел од вишокот на ликвидни сретства.

Финансиските иновации (Финансискиот инжентеринг, finansija engineering)

претставува процес на создавање и развивање на нови финансиски производи и

претставува движечка сила на финансискиот систем кон економска ефикасност.

Капиталните контроли (capital controls) претставуваат административни

мерки и инструменти на економскара политика со кои се ограничуваат капиталните и

Page 40: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

40

финансиските трансакции со странство. Капиталните контроли се спроведуваат од

страна на некои земји (Чиле, Словенија, Малта), како резултат на фактот дека бројни

валутни и финансиски кризи се поврзани со слободата на капиталните текови.

Капиталните контроли се потребни заради несовпаѓањето на политиката на фиксен

девизен курс, слободно движење на капиталот и слободната монетарна политика.

Приливот на странски пари носи опасност од зголемување на монетарната база

и се доаѓа до монетарна експанзија и инфлација, притисок за апрецијација и

загрозување на конкурентноста на домашното производство. Заради тоа, централната

банка може да воведе обврска за комерцијаните банки за здолжително депонирање на

дел од приливот на пари на посебна некаматоносна сметка кај централната банка, тоа е

инструмент за стерилизација.

Монетарниот борд е тело кое има надлежност да ги следи и контролира

состојбите во јавните финансии, и се формира со цел владата да не може

нетранспарентно и дискреционо да го троши буџетот. Одлуките на монетарниот борд

се конечни.

Глобализацијата е присутна во сите области, а интезитетот на овој процес е

посебно карактеристичен за финансиските пазари, вклучуваќи го и банкарството.

Меѓународното банкарство (international banking) подразбира извршување на

банкарски работи, надвор од матичната земја, како што е платен промет со странство,

давање кредити на резиденти од други земји и слично. Големите банки како што се

Дојче банк, британската Ројал бенк оф Скотланд, француската БНП Париба,

швајцарската УБС и т.н. имаат филијали надвор од својата земја и се сопственици на

многу странски банки. Банките се главни играчи на девизниот пазар - трговија со

валути и посредуваат при издавањето на хартии од вредност на меѓународниот пазар.

Денес во светот преносот на пари најповеќе го вршат Western Union и MoneyGream.

Меѓународната финансиска зона е посебен простор во кој има посебни

погодности, посебна финансиска и правна регулатива и посебни финансиски, даночни

правила и норми, и имаат седиште меѓународни финансиски и трговски друштва.

Зоните се формраат со цел да се привлечат меѓународни банки, инвестициони фондови

и корпорации.

Државите кои овозможуваат регистрирање на оф-шор компании немаат

никаква девизна контрола, ниту ограничувања од домашната централна банка и без

обврска за поднесување на сметководствени извештаи, и со ниски или без даночни

оптоварувања а го гарантира имотот на компанијата. За компанијата да биде оф-шор

Page 41: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

41

мора да е во сопственост на странски државјани, профитот да потекнува од работење

со странски компании и капиталот да потекнува од странство. Најпознати оф-шор

дестинации се: Кипар, Лихтенштајн, Хонг Конг, Сејшелски острови, Бахами и т.н.

Клирингот претставува ликвидирање, израмнување на обврските и

побарувањата во меѓународната трговија без употреба на валути, без плаќање во

готово, со пребивање.

Валутен ризик, односно девизен ризик, (curencu risk, exchangerate risk) е ризик

на губење на дел од вредноста а со тоа и материјална штета што настанува од промена

на девизните курсеви на две валути.

Валутниот своп, (curencu swop) е дериватен финансиски инструмент кој се

користи за заштита од валутен ризик. Валутниот своп претставува договор помеѓу две

страни за размена на паричните приливи при што се враќа оној износ на девизи кој што

бил добиен на почетокот.

Доларизацијата (dollarization) и евроизацијата (eurozation) претставува појава

кога луѓето од една држава го користат доларот или еврото, паралелно со домашната

или како замена на домашната валута.

Доларизацијата и евроизацијата ги носат следните предности: Опаѓање на

инфлацијата и намалување на инфлациските очекувања во краток рок, зголемување на

кредибилитетот на економската политика, повисоко ниво на интегрираност со

светските финансиски пазари, намалување на каматните стапки, подобрување на

буџетската дисциплина, добар сигнал за странските инвеститори.

Недостатоци на доларизацијата и евроизацијата се ограничувањето на можноста

да се води независна монетарна политика, ова појава е присутна во земји со

обезврденета парична маса.

Бруто домашниот производ (БДП) (gross domestic produkt, GDP) е централна

макроекономска категорија, преку која се мери вкупната макроекономска активност на

една земја, и ја претставува вкупната пазарна вредност на сите финални добра и услуги

во една земја за период од една година.

БДП го вклучува само легалното производство, што значи во БДП не влегува

сивата и црната економија, како и производите и услугите создадени во рамките на

домаќинствата.

Доколку во БДП е вклучена и стапката на инфлација тогаш имаме Номинален

БДП, а доколку е исклучена стапката на инфлација тогаш имаме Реален БДП.

Page 42: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

42

Агрегатна побарувачка (aggregate demand) е една од основните

макроекономски категориии која претставува побарувачка на финални добра и услуги

кои сите сектори на економијата се подготвени да ги купат и да ги потрошат при

одредено ниво на цени. Следните сектори на економијата се вклучени во побарувањето

на добра и услуги: Секторот на домаќинствата, секторот на претпријатијата, државниот

сектор односно буџетот и надворешно-трговскиот сектор.

Агрегатната побарувачка зависи од тоа дали централната банка води

рестриктивна или експанзивна монетарна политика, ако се води рестриктивна

монетарна политика се намалува количеството на пари а со тоа се намалува и

агрегатната потрошувачка, а ако се води експанзивна монетарна политика се зголемува

количината на пари во оптек а со тоа се зголемува и агрегатната потрошувачка, но

експанзивната монетарна политика може да биде причина и за инфлација.

1.5. Современи монетарни теории политики

,,Денеска во 2010 година немаме ниту едно место во светов каде би можеле

да разговараме за монетарни прашања. Сите работат како сакаат, сите се во

право, се обидуваат да го сочуваат суверенитетот, но ние живееме во 21от век без

монетарен поредок”.

Никола Саркози

До Втората светска војна доминантна светска валута била британската фунта,

но после големата светска економска криза во 1929-1933 година зајакнува позицијата

на американскиот доллар и после Втората светска војна го презема местото на

доминантна светска валута. Доларот стана сидро на светскиот економски систем и

замена за злато. Меѓународнит монетарен поредок може да се замисли како една

галаксија во која околу една валута - доларот се вртат останатите национални

валути.

Она што на алхемичарите во средниот век не им успеа да ги претвораат

предметите во злато, тоа им успеа на САД да создадат ,,доларска алхемија“ и

доларска империја, со печатење на долари (неограничено и од никого

неконтролирано), да вршат ограбувачки операции, да купуваат материјални

Page 43: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

43

добра низ целиот свет. ,,Алхемијата не функционира со хемиски елементи. Таа

функционира со финансиските пазари ...”2

Прирастот на пари е девет пати поголем од прирастот на производството.

Безвредните пари кога би останале во сопствената земја, тие би генерирале

инфлација, но испумпани надвор од матичната државата, тие кога ќе се вратат,

тие носат дел од материјалното богатство на земјата која го враќа кредитот.

Денешниот светски финансиски систем е глобален финансиски балон. Системот

на ,,надуен финансиски балон” ФЕД па и ЕЦБ сакаат да се претвори во одржлив

глобален монетарен поредок.

Американскиот доллар кој е национална валута е во улога на светска

валута со што САД имаат можност да го контролраат меѓународниот монетарен

систем. Американците избегнуваат расправи за реформа на меѓународниот

монетарен систем да се воспостави глобална резервна валута, наместо таа улога

да ја имаат национални валути.

На почетокот на економската криза во 2008 година ЕУ сакаше да покрене

иницијатива за реформа на глобалниот финансиски систем, но набрзо од тоа се

откажа и му се придружија на ФЕД за докапитализација на банкарскиот сектор

во ЕУ преку ,,монетарно пумпање”, давање на неограничени позајмици изразени

во евра.

Хипотекарните хартии од вредност како финансиски деривати, се издадоа

за ненаплативите станбени кредити во САД. Преку свесна измама, создадени како

финансиска иновација претставуваа финансиска шпекулација, кои

претставуваат виртуелни (непостоечки) финансиски сретства со кои се добива

вредност, од реалниот сектор, надвор од САД.

Виртуелните финансиски сретства преку берзански шпекулации, ги црпат

сретствата од реалниот сектор, тие живеат од реалниот сектор, тие се прилепени

на реалниот сектор и паразитираат на него.

На средбата на Европскиот совет во Брисел на 17.10.2008 година,

британскиот премиер Гордон Браун и германскиот канцелар Ангела Меркел го

поддржа предлогот на Саркози за преобразба на меѓународните финансиски

структури. Исто така, и првите луѓе на Банката на Англија побарале фундаментални

промени на меѓународното банкарство.

2 „Алхемија на финансиите“ (The Alchems of finance) автор Џорџ Сорос, 1987

Page 44: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

44

За потребата од реформи на меѓународниот монетарен поредок, постојат

големи разлики и меѓу самите членки на Г-7. Најзаинтересирани за стабилност на

постоечкиот монетарен поредок се САД и ЕУ, зашто што голема заслуга за

нивната економска моќ е постоечкиот монетарен поредок.

БРИКС-земјите сакаат да ја задушат западната доминација,

Глобалниот финансиски систем оди во насока на мулти-валутен систем.

На 30 Ноември 2015 година ММФ соопшти дека кинескиот јуан ќе биде

ставен во кошницата на резервни валути. Интересот за поседување на кинеската

валута се зголемува заради очекувањето за нејзина поголема вредност.

Меѓународниот финансиски систем е во дезинтеграција. Доларот не ужива

доверба и сигурност како некогаш, но ниту една валута не може да го завземе неговото

место.

Стратегијата на потценување на девизниот курс на домашната валута (како што

практикува Кина), е со цел за промовирање на извозот и зголемување на

профитабилноста на извозниот сектор.

Пред 17 години во дневниот весник ,,Дневник” од 09.05.2000 година (тогаш

најтиражен весник во Република Македонија), објавив текст со наслов ,,Профит од

извоз на пари” :

Page 45: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

45

Извадок од весникот ,,Дневник” од 09.05.2000 година.

Вообичаено е централните банки да имаат златни резерви кои се чувар на

вредноста на валутата и тие се постабилен чувар во споредба со девизните резерви. Но

Page 46: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

46

злнтните резерви имаат една маана, тие не носат камата или дивиденди, а има

трошоци за чување.

Page 47: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

47

ГЛАВА 2. МОНЕТАРЕН СИСТЕМ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА И

МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД

2.1. Европа во пост бретонвудскиот систем

По пропаѓањето на бретонвудскиот систем на 15 Август 1971 година, и кога

во Март 1973 година кога бил означен крајот на фиксните девизни курсеви,

европскиот монетарен систем (ЕМС) е најдобар пример за соработка околу

регулирањето на девизните курсеви на националните валути. Проблемот со

конкуренски девалвации на националните валути со цел да се потикнува извозот преку

поевтини производи можеше да се избегне преку консултации за прашањата за

координација на монетарните политики. Координацијата која е вечен предизвик,

функционираше во насока на реална финансиска интеграција, со крајна цел, зедничка

валута. Примарна цел на ЕМС беше создавање на монетарна стабилност во Европа, а

американскиот доллар не можеше да служи како именител во меѓусебните трансакции.

Воспоставувањето на ЕМС беше придружено со создавање на нова пресметковна

единица, европска монетарна единица ECU во судбоносната 1979 година како

претходник на еврото. Во ЕМС Бундесбанката имала специјална улога, да управува со

ЕМС, во однос на девизниот курс, со националите валути со остатокот од светот,

посебно со девизниот курс на германската национална валута во однос со

американскиот доллар, а другите централни банки од ЕМС да интерванираат за да го

одржат девизниот курс во однос на германската марка. Германската марка се

користеше како валута-котва во ЕМС. Ниската инфлација беше главната цел на

монетарната политика. Во 1992 година со договорот од Мастрихт беше одлучено за

единствена валута најдоцна до Јануари 1999 година. Беше создаден план во фази со

јасни, практични и реални чекори за создавање на економска и монетарна унија. Во

1994 година беше основан Европскиот монетарен институт во Франкфурт како

претходник на Евроската централна банка. Националните центрани банки остана

како локани централни банки, поддружници, задолжени, пред се, за супервизија на

комерцијалните банки и за оперативни задачи.

По завршувањто на Студената војна, Европа се чуствуваше изморена од својата

инфериорна позиција во однос на САД. Еден од моѓните сигнали за еманципација на

Европа беше создавањето на заедничка валута. Еврото во својот физички облик се

Page 48: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

48

појави на 01.01.2002 година. Тогашниот Претседател на Европската Комисија

изјави дека еврото е политички а не економски проект.

2.2. Европска централна банка

Слика 5

Административната зграда на Европската централна банка3

Слика 6

Лого на Европската централна банка4

3 Сликата е преземена од https://mk.wikipedia.org/wiki/, од статијата под наслов „Европска централна

банка“, прва страна. 4 Сликата е преземена од https://mk.wikipedia.org/wiki/, од статијата „Европска централна банка“, прва

страна.

Page 49: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

49

Европската централна банка, ЕЦБ, Europen Central Bank, ЕЦБ, со седиште во

Франкфурт на Мајна, е централна банка на Еврозоната, основана на 01.06.1998 година

со Договорот од Амстердам.

Европската централна банка е независна институција, која работи во согласност

со Статутот на ЕЦБ и Мастришкиот договор. Никој не може да влијае врз работата на

ЕЦБ и националните централни банки, ниту институциите и органите на ЕУ, владите

на земјите-членки на ЕУ, не можат да влијаат врз работата на ЕЦБ. Според

Мастришкиот договор, со кој е основана ЕЦБ, банката има минимална должност

за известување, има обврска на едногодишен извештај до Европскиот парламент.

Статутот на ЕСЦБ на ЕЦБ им забранува давање на кредити или друг вид на позајмици

на институциите и телата на ЕУ, владите, регионите и локалните власти, исто така на

ЕЦБ и е забрането да дава должнички инструменти на наведените субјекти.

Според стратегијата на ЕЦБ, се обезбедува сеопфатна анализа при

донесувањето на одлуките. Постои двостепен пристап на ризиците за ценовната

стабилност а тоа се економската анализа и монетарната анализа. Економската

анализа ги опфаќа понудата и побарувачката, производството и услугите. Со

монетарната анализа се се врши преглед на состојбата на ликвидноста и се следи

монетарниот раст, целта е да се задржи инфлацијата под, но блиску до 2% на среден

рок.

Капиталот на ЕЦБ е во сопственост на сите 27 земји членки на ЕУ.

Прв гувернер на ЕЦБ бил Вим Дуизенберг, поранешен гувернер на Холанската

банка и поранешен министер за финансии на Холандија.

Втор гувернер, од Ноември 2003 год. бил Жан Клод Трише.

Трет и актуелен гувернер на ЕЦБ е Марио Драги.

2.3. Историја на Европската центрана банка

Претходник на Европската централна банка е Европскиот монетарен институт

ЕМИ, а овој е наследник на Европскиот монетарен фонд за соработка, ЕМФС.

Монетарната Унија е основана со ратификацијата на Спогодбата за Европската

Унија, во Мастрихт во 1992 год. од земјите членки на ЕУ.

Page 50: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

50

Еврото во оптек е пуштено на 01.01.1999 година.

Почетокот на формирањето на европската монетарна уније е периодот од

01.07.1990 до 31.12.1993 година со воспоставување на поблиска соработка на

централните банки, слободно движење на капиталот, но тоа довело до одредени

тешкотии во пооделни држави членки, појава на рецесија, зголемена невработеност,

зголемување на јавниот долг, осцилации на девизните курсеви и други тешкотии. Од

01.01.1994 до 31.12.1998 година има нормативно уредување на економската и

монетарната политика со цел за ценовна стабилност и регулирање на јавните

финансии.

2.4. Значење на монетарната унија

Монетарната Унија ги отстрани трансакционите трошоци при менување на

националните валути на земјите членки на ЕУ, се отстранија проблемите со

флуктуацијата на девизните курсеви, и ценовната стабилност, односно, контролирање

на инфлацијата и спречување на дефлација, која ја гарантира ЕЦБ. Монетарната Унија

значи одрекување од монетарниот суверенитет на земјите членки на ЕУ. Ценовната

стабилност е дефинирана како ниво на инфлација од околу 2%. ЕЦБ ја спроведува

монетарната политика на ЕМУ, раководи со девизните резерви, спроведува непречено

извршување на девизните трансакции. Монетарната политика се спроведува преку

операциите на финансиските пазари, целосна контрола врз монетарната база, пазарот

на обврзници и каматните стапки.

Битни компоненти за монетарната политика се девизното работење кое влијае

на девизниот курс и ликвидноста. За стабилноста на финансискиот систем и за

економијата во целост, битно е платните системи, кои се сретство за трансвер на пари

да функционираат непречено. ЕЦБ мора да има доволно ликвидност за непречено

функционирање на девизното работење, потоа ЕЦБ има советодавна улога, утврдување

на политиката на евросистемот, координирање на операциите на монетарната

политика, донесување на законски и подзаконски акти, утврдување на емисионата

политика, интервенции на девизниот пазар, собирање на статистички податоци,

супервизија, поднесување на извештаи до органите на ЕУ, меѓународна соработка и

друго.

Page 51: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

51

2.5. Управување на Европската централна банка

Управниот совет е највисоко тело на ЕЦБ, кој е составен од Извршниот совет

на ЕЦБ и гувернерите на централните банки на земјите членки на еврозоната. На

состаноците на Управниот совет може да присуствуваат и Претседателот на Советот на

ЕУ и членовите на Европската комисија без право на глас. Главна задачна на

Управниот совет е формулирањето и утврдувањето на монетарната плитика.

Извршниот совет е оперативно тело на Управниот совет, кое ги спроведува

одлуките на Управниот совет. Составен е од претседател, заменик и четири членови.

Членовите на Извршниот совет се лица со признаен углед и професионално искуство

од областа на монетарната политика и банкарството, кои се избираат со заедничка

согласност на владите и шефовите на државите од еврозоната, по препорака на Советот

на ЕУ, консултации со Европскиот парламент и управниот одбор на ЕЦБ. Извршниот

совет ги подготвува седниците на Управниот совет, дава упатства на Националните

централни банки, во согласност со формулираните решенија на Управниот совет ја

спроведува политиката на ЕЦБ.

Генералниот совет е составен од претседателот и заменикот на претседателот на

ЕЦБ и гувернерите на националните централни банки на земјите членки на ЕУ.

Генералниот совет, пред се, е одговорен да ги разгледува прашањата во врска со

исполнувањето на условите за превземање на еврото на останатите земји-членки на ЕУ

и вршење на советодавна функција на ЕСЦБ.

2.6. Монетарни инструменти на Европската централна банка

Монетарните инструменти кои ги користи ЕЦБ се финансиски мерки,

инструменти и трансакции со помош на кои се реализира зацртаната монетарна

политика. ЕЦБ ги користи следните монетарни инструменти:

- Операциите на отворен пазар;

- Заеми на банките и

- Задолжителна резерва

Page 52: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

52

Операциите на отворен пазар претставуваат купување и продавање на ликвидни

сретства врз основа на репо или кредитни трансакции со соодветно обезбедување.

Кредитните институции поднесуваат понуди до ЕЦБ, која операциите ги спроведува

преку националните централни банки. Друг вид на операциите на отворен пазар се

долгорочните операции за рефинансирање, каде се врши купување и продажба на

хартии од вредност со рок на достасување до три месеци и претставуваат

дополнително долгорочно финансирање на банките.

Банкарските институции можат да земат заем преку ноќ од националните

централни банки. Евросистемот на банкарските институции му го дава на користење и

расположливите депозити како монетарен инструмент, кој има фиксна каматна стапка.

Депозитните институции се обврзани да чуваат 2% од вкупниот износ на

трансакциски депозити на сметките на националните централни банки. Банкарските

институции со тоа што имаат задолжителна резерва, можат да ги користат

расположливите депозити и кредити на ЕЦБ, која плаќа камата за задолжителната

резерва.

2.7. Еврозона

Еврозоната, или Евро област е монетарна унија, составена од осумнаесет

држави членки на Европската унија, кои го вовеле еврото како нивна валута како

основно и законско сретство заплаќање. Еврозоната ја сочинуваат: Австрија, Белгија,

Кипар, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Летонија,

Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.

Повеќето членки на ЕУ се обврзани да го воведат еврото кога ќе ги исполнат условите.

Монетарната политика во еврозоната ја води ЕЦБ, но влијание врз монетарната

политика има и Еврогрупата, која е составена од министрите за финансии на земјите-

членки на Еврозоната, таа ги носи политичките одлуки. Има држави кои го користат

еврото но несе членки на Еврозоната, а некои не се членки ни на ЕУ. Сан Марино,

Монако и Ватикан не се членки на Еврозоната а имааат склучено договор со

Еврозоната да го користи еврото и нивни монети. Црна Гора и Косово не се членки на

Еврозоната, ниту се членки на ЕУ а самоиницијативно го користи еврото.

Почетокот земји-членки на Еврозоната беа единаесет држави, кои од 1998

година почнаа да вршат конвергенција на своите национални валути во евра, а на

Page 53: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

53

01.01.2002 година откако беа подготвени книжните и кованите пари, целосно ги

заменија националните валути. На првите единаесет земји членки, Грција им се

приклучи уште пред да бидат подготвени книжните монетите, а подоцна од 2007 до

2011 година се приклучија уште пет земји-членки на ЕУ.

Единаесет земји-членки на ЕУ не го кристат еврото, а тоа се: Бугарија, Чешка,

Данска, Унгарија, Литванија, Плоска, Романија, Шветска, Обединетото Кралство и

најновата членка Храватска. Секоја земја-членка на ЕУ за да влезе во Еврозоната, две

години треба да е вклучена во Европскиот механизам за девизен курс ЕМДК II.

2.8. Европски систем на централни банки

Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) се состои од Европската

централна банка и националните централни банки на сите 27 држави членки на

Европската Унија. Европскиот систем на централни банки познат е уште под името

Евросистем. Се додека постојат земји членки на ЕУ кои не го вовеле еврото како

законско сретство за плаќање ќе постои Општиот совет, како тело за одлучување,

покрај органите и телата на ЕЦБ.

2.9. Монетарна политика на Европската централна банка

Еврото е создадено (котирано) да стане главна валута, врз истите банкарско-

берзански постулате како и доларот, без златна подлога, а ЕЦБ непрекинато го печати.

Работата на ЕЦБ се карактеризира со нејзината таинственост. Во едно интервју на

францускиот министер за економија на 17.12.2014 година во врска со иницијативата на

Франција за промена на монетарната политика на ЕЦБ рече дека ,,за тоа не би смеело

да се зборува”. Еврозоната во своето централно место има за цел да функционира

квалитетната централна банка по урнек на германската централна банка. Поради

статусот на еврото како резервна валута и големиот одлив на валутата надвор од

еврозоната се појавува дефлација, за да се надомести недостигот на парична маса,

континуирано се печатат евра, така на 9-ти Март 2015 година ЕЦБ стартуваше со

програма тешка 1.1 билјон евра!?, поедноставно кажано, банката печати месечно по 60

Page 54: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

54

милјарди евра без покритие, за да се достигне таргетираната стапка на инфлација до

2%, со што еврото, планирано, почна да тоне со цел да ја врати моќта на европската

економија. Претходно, на 8 Октомври 2008 година ЕЦБ во координација со

централните банки на САД, Велика Британија и Канада го почнаа циклусот на

релаксирана монетарна политика, а тоа значи креирање, печатење пари без покритие и

пуштање во оптек за да се достигне посакуваното ниво на инфлација, односно да се

излезе од рецесијата. Експерти сметаат дека паритетот на еврото и доларот ќе се

изедначат. Последен пат доларот и еврото беа еднакви на 26-ти Јануари 2002 година.

Со падот на еврото во однос на доларот, производството од еврозоната станува

поконкурентно.

Буџетскиот дефицит на ЕУ е константен.

Еврото може да го воведе земја која е членка на ЕУ и ги почитува критериумите

од Мастрихт, а тоа се, ниска инфлација, буџетски дефицит под 3% и јавен долг под

60% од БДП. Мастрихтскиот договор претставува основ на монетарната унија. Овој

договор се состои од преамбула и седум поглавја и воведува проект на европско

државјанство.

Европскиот одбор за системски ризик укажува на системските последици од

користењето кредити од странски валути.

Високи европски функционери отворено зборуваат за формирање на европски

монетарен фонд (ЕМФ), покрај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), заради

потребата од построги правила. Идејата прв пат се појави во 2010 година а ја поддржаа

Германија и Франција, наведуваќи дека таквата институција би им помагала на

државите кои би се соочиле со финансиски потешкотии. Идејата ја поддржаа и

Португалија и Италија. Позитивни сигнали даде и Европската комисија. Монетарната

унија мора да се темели на заеднички елемент и ќе допринесе за делење на ризиците.

Американците кои го диктираат тонот на ММФ, кој има седиште во Вашингтон, имаат

влијание на европската монетарна плитика. Тоа не би требало да е институција која ќе

се натпреварува со ММФ, туку да е тело посветено на внатрешната стабилност на

еврозоната.

Општиот совет се состои од гувернерите и вицегувернерите на сите 25 земји

членки кои имаат зацртано да го воведат еврото како законско сретство за плаќање во

своите земји. Општиот совет ги презема задачите на Европскиот Монетарен Институт,

Page 55: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

55

кој како институција постоеше пред воведувањето на еврото како законско сретство за

плаќање во Еврозоната составена од осумнаесет држави членки на ЕУ. Општиот совет

врши советодавна функција на ЕЦБ, прибира статистички податоци, утврдува

неопходните правила за стандардизирање на сметководствените стандарди, ги

утврдува курсните разлики на националните валути на земјите членки на ЕУ кои

сеуште не го вовеле еврото како законско сретство за плаќање во своите земји. Со цел

да се осигура независност, статутот на ЕСЦБ на ЕЦБ и НЦБ, на гувернерите имаат

минимум пет години мандат, кој никој не може да му го одземе освен Европскиот суд

на правдата и тоа заради неспособност или сериозни грешки.

2.10. Меѓународен монетарен фонд (ММФ)

Со цел да се воспостави меѓународен монетарен поредок бил создаден

Бретонвудскиот монетарен систем (Bretton-Woods System) од страна на 44 држави кои

се сретнале во Бретон Вудс во американската држава Њу Хемпшир во Јули 1944

година, еден месец по Денот-Д кој значеше истоварување на американската војска

во Нормандја во Втората светска војна, тоа дава слика колку на организаторот

(САД) му било важно регулирањето на меѓународниот монетарен поредок. Тогаш

САД биле толку моќни, што можеа да одредуваат каде ќе се одржи конференцијата. На

врвот на својата моќ, непосредно по Втората светска војна, САД создадоа нов

финансиски поредок.

На Конференцијата во Бретон Вудс, во 1944 година била постигната спогодба за

основање на Меѓународниот монетарен фонд а формиран е наредната година на

27.12.1945 година ММФ е формиран заедно со Меѓуната банка за обнова и развој,

позната како Светска банка, кои се нарекуваат ,,Бретонвутски близнаци”. Седиштето

на ММФ е во Вашингтон, САД. Организацијата има 185 држави членки. Република

Македонија е членка до 14.12.1992 година.

ММФ работи на глобална финансиска соработка, финансиска стабилност,

олеснување на меѓународната трговија, вработувањето, реален доход, економскиот

раст и намалување на корупцијата. Тоа е меѓународна организација која има право да

го надгледува меѓународниот финансиски систем, мониторинг на девизните курсеви,

билансите на исплата, како и финансиска и техничка подршка. ММФ воспоставува

Page 56: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

56

меѓународна монетарна соработка, создава мултилатерален соработка, посредува во

монетарните трансакции, и настојува да се спречат девалвациите на националните

валути.

Основачите на ММФ на Конференцијата во Бретон Вудс, се договориле на

фиксни девизни курсеви утврдени од ММФ, да се фиксира вредноста на валутата со

злато, но не се бараше да ги заменуваат своите валути со злато, да не се користи

девалвацијата на валутата како оружје во трговската политика, од оправдани причини

дозволено беше девалвација на националната валута до 10% без формално одобрение

од ММФ, а за поголеми девалвации беше потребно одобрение од ММФ.

ММФ дава заеми и кредити. За кредити во помали износи не се предвидени

посебни услови, но за поголеми износи земјата треба да прифати супервизија од страна

на ММФ врз нејзините макроекономски политики, пред се на цврсти монетарни

политики, политиката на девизниот курс, даночната политика, намалување на

државните расходи, намалување на паричната маса во оптек, повисоки банкарска

камата и друго. ММФ нема сретства за принуда, но може да одбие барања за заем или

кредитирање па и исклучување од организацијата.

Падот на Бретонвудскиот монетарен систем во 1973 година го преживееја ММФ

и Светската панка.

ММФ е респектибина меѓународна организација, која иако има многу

недостатоци сепак има влијание врз меѓународниот монетарен поредок.

Последниот аранжман на Република Македонија беше тригодишниот Стенд-Бај-

Аранжман, одобрен во Август 2005 година а заврши во Август 2008 година во износ од

75.8 милјони долари.

Page 57: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

57

ГЛАВА 3. МОНЕТАРЕН СИСТЕМ И МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

3.1. Поим на валута

Валутата претставува единица мерка за размена при управување во односите на

добрата и услугите. Всушност валутата е форма на пари, а парите се сретство за

размена. Валутата потекнува од пред 2000 години пред нашата ера со почетокот на

користење на сребрени пари како сретство за размена.

3.2. Хронологија на парите и банкарството во Македонија

Македонија е една од првите области во Европа, каде што започнало

организирано ковање на пари од крајот на VI век п.н.е. во Античка Пајонија,

Македонија и Тракија, а тоа е само еден век подоцна од пајавата на монетите во

тогашниот свет, па се до денешната национална валута на Репубика Македонија. Први

во Македонија кои почнале да коваат пари се Пајонската заедница. Во музејската

збирка на Народната банка на Република Македонија, се чуваат 180 монети од

Пајонците, меѓу кои има и ислкучителни, ретки и уникатни. Монетата на Пајонскиот

владетел Тевтај е единствен доказ за неговото постоење, затоа што за него нема друг

доказ, исто како за уште пет пајонски владетели кои се претставени и за кои единствен

доказ се монетите во НБРМ.

Голема монетаризација на економијата извршил наследникот на Пердика II,

Кралот Архелај (413-399 год. п.н.е.), кој Македонија ја претворил во голема економска

сила во тогашниот свет. Тој ја преселил македонската престолнина од Ајга во Пела, и

организирал македонски олимписки игри во Дион, бидеќи му било забрането да

учествува на еленските олимписки игри. За домашната трговија ковал сребрени монети

со помала тежина а за меѓународната монети со поголема унифицирана тежина. Тој за

прв пат почнал да кова и бронзени монети во 400 година п.н.е.

Кај сите монети може да се забележи симболот на сонцето.

Page 58: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

58

Во времето на Филип II Македонски, Македонија станала една од водечките

економски сили во светот. Ковањето се вршело во престолнината Пела. Покрај

сребрените и бронзените монети тој за прв пат вовел и златен номинал на паричната

единица статер. Од регуларната тежина на статерот, тој ковал уште четири номинали

со помала тежна за полесно вршење на трговските плаќања. Парите биле обележани со

ликови, писмо и симболи, кој подоцна станува модел за сите парични системи во

светот.

Наследникот на Филип, неговиот син Александар III Македонски, е еден од

најголемите војсководачи и најхаризматичен владетел во историјата на човештвото.

Неговата територија ја проширил од Египед до Индија и на тој огрмен простор

работеле околу 30 ковници на монети од злато, сребро и бронза. Заради големата

чистота на металот и прецизната тежинска унифицираност биле прифатени како

меѓународно платежно сретство. Ликот на Александар Македонски се наоѓал на

аверсот на кованата пара и тоа е прв пример во светот кога се става лик на жив цар.

Златните статери на Филип Втори Македонски и Александар Македонски и

денес се стандард за ковање на пари во светот.

По поразот на Македонија од Римската Империја, Македонија била ставена под

целосна контрола на Рим. Рудниците биле затворени, а монетоковање имало само за

локални потереби. Во Римската Империја имало многу градови што имале дозвола за

ковање на пари, но на територијата на денешна Република Македонија е единствено

Стоби, кој се наоѓа на сливот на Црна Река во Вардар, кој имал муникипијален статус.

Со паѓањето на Македонија под римска власт, во Македонија почнал да

циркулира и римскит денар. Денарот е сребрена монета која била воведена во оптек во

211 година п.н.е. Името потекнува од латинскит збор Deni, што во превод значи ,,по

десет”, што ја означувало неговата првобитна тежина од 10 аса, и на монетата стоел

римскит број 10 (Х).

Во Римската империја најголема монетарна реформа извршил Диоклетијан, кој

ја корегирал тежинитена на дел од монетите, и го донесол Едиктот на цените со кој се

утврдувал максималниот износ на одредени стоки.

Во Византискиот период постоеле четири ковници на монети, во

Константинопол, Тесалоника, Антиохија и Никомедија. Во Македонија после пропаста

на Самоиловата држава, данокот во натура, Византијцитего замениле во данок во пари.

Page 59: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

59

Во периодот на византиска власт а после и српска власт, се до паѓањето на

Македонија под власта на Османлиите, во Македонија циркулирале и Венецијанските

грошеви, како резултат на караванската трговија.

Во времето на Македонија под српска власт, во Скопје бил донесен Душановиот

законик, со кој било регулирано ковањето на пари. Во тој законик има одредба ,,Ако се

пронајде златар во градот да кова пари тајно, златарот ќе се изгори а градот да плати

глоба”5.

Во периодот на самостојниот владетел Волкашин, ковницата на пари се наоѓала

во Призрен.

Во времето на отоманскиот период на владеење со Македонија, бил воведен

отоманскиот монетарен систем.

Со распаѓањето на Југославија, во 1991 година Република Македонија целосно

се осамостои и се здоби со монетарен суверенитет. Македонската национална валута го

доби по римскиот ,,денариус”, изведен од дени, што значи ,,по десет”. Денес

македонскиот денар е една од 164-те валути што циркулираат во светот.

Македонија, и тогаш и сега е монетарен и политички крстопад.

Нумизматика. Нумизматиката (грчкиот збор: numisma; латински: нуммус), е

самостојна научна дисциплина која ја проучува историјата на парите. Нумизматичките

докази се од огромно значење во реконструирањето на историјата.

Нумизматиката почнува да се развива во времето на класичната антика. Во

Средниот век биле создадени колекции на монети од страна на кралевите и

благородниците. Познати биле нумизматичките збирки на императорот Максимијан I и

Матиас Корвинус, подоцна кабинетот на Луј XIV.

Во 1792 година објавена е монографијата Doctrinanumarum veterum во осум

томови од Johann Hilarius Eckhel (1737-1798), кој се смета за татко на нумизматиката

како научна дисциплина, кој бил кустос на Виенскиот Нумизматички кабинет и прв

професор по нумизматка на виенскиот универзитет. Од 17 век банките почнуваат да

формираат свои збирки на монети, медаљи, печати, уметнички слики и т.н.

Во Македонија меѓу 16 и 19 век главно манастирите и поголемите џамии биле

места каде се чувале старини и меѓу другото и стари монети. Во средината на 19 век

5 Душанов законик, - законик на средовековната српска држава (Душановото царство).

Page 60: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

60

забележано е дека и Димитар Миладинов се занимавал со собирање на нумизматички

материал.

Со формирањето на музејските институции во Македонија започнува

систематско собирање и проучување на нумизматичките наоди. Од педесетите години

на минатиот век се издаваат посебни трудови од областа на нумизматиката на Борка

Јосифовска-Драгоевиќ, Вера Битракова-Грозданова и Апостол Керамитчиев. Во 1988

година излезе првиот број на ,,Македонски нумизматички гласник” во издание на

Музеј на Македонија. НБРМ ја поседува најголемата нумизматичка збирка во

Македонија со 17 000 примероци на монети, (пронајдени на археолошките локалитети

во Република Македонија), медаљи, ексагии и модерни банкноти.

Банкарство. Сознанијата за банкарството на територијата на Македонија

датираат од античко време. Во владеењето на Филип Втори (359-336 г.п.н.е.) бил

установен солиден паричен систем. Подоцна, со доаѓањето на Римјаните, во Стоби

дванаесет римски императори ковале монети. Со доаѓањето на Евреите во поголемите

градови навлегло паричното стопанисување.

Првите банки во современа смисла на зборот се појавиле во 1856 гидина кога во

Отоманската империја се направени реформи во паричниот и финансискиот систем.

Првата банка во Отоманската империја е Царигратската банка основана во 1847 година

под раководство на Франција и Италија. Во 1856 година е основана Царигратската

отомсанска банка со седиште во Лондон и одделение во Цариград, која подоцна добила

статус на емисиона, централна банка. Царигратската отоманска банка отворила

филијали во Солун, Скопје, Битола, Серес и Кавала. Во 1880 година е формирана

Солунаската банка, а во 1888 година е основана земјоделската Зиратна банка.

Во втората половина на 19 век почнале да се јавуваат и домашни банкари.

Попознати банкари од македонско потекло биле: Мошеви од Велес, Данабаши од

Битола, кои раководеле со филијали на странски банки, потоа, Робевци, браќата

Кондови од Прилеп и Димитар Краетаја од Крушево.

Со потпаѓањето на Вардарска Македонија под власта на Кралството Србија се

формирале две банки, Скопска трговска банка и Битолска банка. Потоа, Народната

банка на СХС, како централна банка, отворила филијали во Скопје и Битола.

Државната хипотекарна банка имала свои филијали во Скопје и Битола, а во

Македонија работела и Поштенската штедилница од Белград. Во периодот од 1918 до

1923 година на територијата на Македонија биле формирани 23 банки со приватен

Page 61: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

61

капитал, од кои најпознати биле: Трговската индустриска банка Вардар, Скопската

извозна банка и банката Стара Србија. Во периодот од 1941 до 1944 година бугарската

окупаторска власт во оптек го пуштаат бугарскиот лев и отвораат филијали на

Бугарската централна банка, како и филијали на Бугарската земјоделска и

Коопертативна банка, Германско-Бугарската банка, Банката на Бугарскиот кредити,

Бугарската пестовна банка. На територијата под окупација на Италија, Албанија отвора

филијали на Албанската народна банка.

Во 1856 година е основана Царигратската отоманска банка, која подоцна добила

статус на емисиона централна банка, и отворила филијали во поголемите центри на

империјата, меѓу кои и во Битола.

Слика 1.

Зграда на Цариградската отоманска банка во Битола6

Во втората половина на 19 век и првата половина на 20 век, како и цела

Македонија, така и во Битола, покрај странски банки и нивни филијали, почнале да се

јавуваат и домашни кредитни куќи кои најповеќе го кредитирале македонското

население. Такви кредитори во Битола биле познатите трговци Јанко и Михаил

Данабаш, кои ги кредитирале ситните трговци и селаните со сопствени сретства

надопололнети со кредити од постоечките банки кај кои го заложувале сопствениот

имот. Михаил Данабаш е убиен 1928 година кога Битола била под власта на

Кралството СХС, во тој период во Битола биле убиени доста имотни граѓани а

убиствата не биле расветлени. Михаил Данабаш е погребан на Буковските грбишта во

Битола. И денес нивната куќа е една од најубавите во Битола лоцирана на Широк

Сокак (Маршал Тито) бр. 91, до накогашното кино на браќата Манаки. Куќата од 1959-

6 Сликата е преземена од НУ Завод и музеј – Битола, Веб страна: www.muzejbitola.mk, категорија:

Историја.

Page 62: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

62

1976 година беше музеј, потоа згрда на Социјалистичкиот сојуз, денес зградата е

седише на многу политички партии, невладини организации и седише на хрватскиот

почесен конзулат.

Слика 2.

Семејната куќа на најпознатиот битолски банкар Михаил Данабаш7

Со потпаѓањето на Вардарска Македонија под Кралството Србија, подоцна

Кралството СХС се формирала Битолската банка, и многу банки од кралството имале

филијали во Битола, Централната банка на СХС отворила филијала во Битола.

3.3. Македонска национална валута

Македонската национална валута е македонскиот денар, ISO 4217: MKD, код

807. Името потекнува од стариот римски денариј (denarius). Денес во оптек се метални

монети од 1, 2, 5, 10 и 50 денари, како и банкноти во хартија од 100,200, 500, 1000 и

2000 денари, а од 10 и 50 привремено.

Монетите се ковани во фабриката ,,Сувенир” во Самоков во легура од

CuNiZn17, банкнотите во износ од 10, 50 и 100 ден. печатени се во Република

Македонија, а банкнотите во износ од 500, 1000, 2000 и 5000 ден. печатени се во

,,Thomos De La Rue” во Лондон, Велика Британија. Банкнотите заштитени се од

фалсификување со воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро

текст, двоен пасер и оптички промемлива боја.

7 Сликата е преземена од весникот „Дневник“ online, од 19.01.2014 година, од текстот на Димче

Миновски под наслов „Исчезнаа и дијамантите и потомците на најголемите битолсли богаташи“.

Page 63: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

63

Ексклузивно право на печатење и пуштање во оптек на монети и банкноти има

македонската централна банка а тоа е Народната Банка на Република Македонија.

3.3.1. Монетарно осамостојување на Република Македонија

Услов за монетарно осамостојување на Република Македонија е воведувањето

на македонска национална валута. За таа цел било потребно организирано повлекување

од оптек на југословенските динари и нивна замена со македонски пари. Централната

банка на СФРЈ со пуштање во оптек на големи количини на пари, со печатење на пари

без покритие и со такви пари се купувало реален, вистински имот во Република

Македонија и со купување на странски валути од Република Македонија, државата и

граѓаните биле изложени на осиромашување а плаќањата во хаос поради

хиперинфлацијата. Во екот на распадот на СФР Југославија Владата на Република

Македонија на 19.12.1991 год. ја овластила НБРМ да отпечати вредносни бонови

кои ќе ги заменат југословенските динари. За брзо време, на 26.04.1992 год. на

Велигден, беа пуштени во оптек првите македонски пари - денари. Од

парламентарната говорница, првиот премиер на Република Македонија Никола

Кљусев ги претстави првите македонски пари со зборовите:

,,Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи

името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се

печатени”.

На истиот ден, на 26.04.1992 година била воспоставена институционалната

рамка на монетарниот систем во Република Македонија со носењето на пакет на

закони, и тоа: Закон за народната банка на Република Македонија, Закон за паричната

единица на Република Македонија, Закон за употреба на паричната единица на

Република Македонија, Закон за преземање на депонираните девизни штедни влогови

на граѓаните од страна на Република Македонија. Владата ги донесе следите одлуки:

Одлука за целите и задачите на монетарната политика во 1992 година и Одлука за

девизната политика и проекцијата на платниот биланс на Република Македонија за

1992 година.

Сегашните банкноти пуштени се во оптек на 08.09.1996 година. Ликовните

решенија се дело на ликовниот уметник Билјана Унковска, кои го остсликуваат

македонското културно наслетство.

Page 64: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

64

3.4. Централна банка на Република Македонија

3.4.1. Поим за централна банка

Централната банка е јавна (државна) институција, која во некои земји е позната

како банка на резерви или монетарна управа, пушта во оптек банкноти и монети од

националната валута, го контролира приливот на странски валути, издава дозволи за

работа и ги контролира комерцијалните банки, ја креира и спроведува монетарната

политика, врши и други работи согласно со законите и уставот на државата.

Централната банка треба да биде независна, посебно од извршната власт.

Денес во светот имињата на централните банки се различни. Најчесто го носат

името ,,Банка на соодветната земја”, пример Банка на Англија. Други централни банки

го носат името ,,Парични резерви” или ,,Резерви”, пример Банка на парични резерви

на Австралија, Федерални резерви на САД. Кај некои централни банки стои името

,,Центрана банка” пример Европска Централна Банка. Во неки држави името на

централната банка е,,Народна банка” или ,,Национална банка”.

Прва централна банка е Банката на Амстердам од 1609 година потоа

Централната бана на Шветска (Sveriges Riksbank) од 1664 година, Банката на Англија

од 1694 година Банката на Франција од 1800 година.

Првите централни банки биле основана за да ја финансираат или да и даваат

кредити на државата.

Централните банки до почетокот на ХХ век функционирале на приципот на

меѓународниот златен стандард.

Кога се зборува за централни банки, треба да се напомене дека централни банки

со доминантнио влијание во меѓународната монетарна политика имаат Федералните

резерви на САД, формирани со донесувањето на Законот за Федерални резерви од

Сенатот на САД, потпишан од претседателот Вудро Вилсон, истиот ден коге е изгласан

законот, на 23.12.1913 година. Народната банка на Кина, улогата на центрана банка,

фактички ја започна во 1979 година со започнувањето на порастот на извозот, а

целосно, сите атрибути на централна банка ги започна во 2000 година. Европската

централна банка, со воведувањето на еврото на 01.01.1999 година стана нов, но еден од

водечките субјекти во меѓународната монетарна политика.

Page 65: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

65

3.4.2. Историја на централната банка на Македониja

Историјата на централната бана на Република Македонија започнува на

19.10.1946 година со спојувањето на Македонската Стопанска банка со Народната

банка - филијала во Скопје, со прв главен директор на банката д-р Тодор Мировски. До

1947 година го носи името Народна Банка на ФНРЈ Централа за Народна Република

Македонија, со главен директор Александар Богоев. Од 1947 до 1953 година НБ на

ФНРЈ Централа за НРМ била единствена банка во Македонија, која вршела работи на

деловна банка и централно-банкарски работи. Од 1954 до 1965 година таа постепено ги

превзема само центално-банкарските работи, контрола на банките, извршување на

работи на републичкиот буџет, и ги напушта комерцијалните работи, во овој период го

менува името во Народна Банка на Југославија - Централа во Скопје. До 1971 година

банката немала никаква улога во монетарната политика.

Во Декември 1971 год. бил донесен Законот за Народна банка на Македонија а

за гувернер бил именуван Стојан Ќосев. Истата година бил донесен и новиот устав на

Македонија и Народната банката станала уставна категорија, а конституирана била во

1973 година, но и натаму останала во подредена положба во однос на Народната банка

на Југославија.

Со Уставот на Република Македонија од 1991 година Народната Банка на

Република Македонија за прв пат е определена како емисиона банка со самостојност во

работата. НБРМ е одговорна за стабилноста на националната валута, водењето на

монетарната политика, и општата ликвидност за плаќањето во земјата и странство. На

26.04.1992 година е донесен Законот за Народната банка на Република Македонија, за

гувернер е избран м-р Борко Станоевски, функцијата ја врши до 1997 година. За нов

гувернер е избран д-р Љубе Трпески кој функцијата ја извршува до 2004 година а потоа

до 2011 година м-р Петар Гошев. Од 2011 година гувернер е Димитар Богов.

Со Законот за Народната Банка на Република Македонија од Јануари 2002

година е втор закон и ги добива сите атрибути на современите централни банки.

Самостојно ја формулира и реализира монетарната политика со своја финансиска

независност. Која за разлика од претходниот период, не работи со нефинансиски

правни субјекти и не го финансира јавниот сектор. Овој закон имаше пет измени и

дополнувања.

Последиот (трет) закон кој е во сила, е донесен во 2010 година и до сега има

една измена и доплонување.

Page 66: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

66

Во 2016 година НБРМ го одбележа јубилејот 70 години централно банкарство

во Република Македонија.

НБРМ е членка на Банката за меѓународни порамнувања во Базел.

3.4.3. Местото и улогата на НБРМ во правниот систем на РМ , финкции и органи

на управување

НБРМ согласно со законот, е централна банка на Република Македонија и

единствена емисиона банка. Според чл. 3, Народната банка е правно лице со

административна, финансиска и управувачка самостојност. Според член 6, основна цел

на Народната банка е постигнување и одржување на ценовната стабилност. Народната

банка ја поддржува економската политика на земјата и финансиската стабилност на

земјата, без да се загрози остварувањето на основната цел, почитуваќи ги начелата на

пазарна економија.

Слика 3

Административната зграда на Народната банка на Република Македонија8

8 Сликата е преземена од https://mk.wikipedia.org, од статијата под наслов: „Народна банка на Република

Македонија“, прва страна.

Page 67: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

67

Цел на НБРМ ,,е да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и

пазарно ориентиран финансиски систем”9. ,,Стабилноста на банкарскиот систем и

мерките што се преземаат заради постигнување и оддржување на неговата стабилност

се од јавен интерес”10

.

Капиталот со кој управува НБРМ е во сопственост на државата Република

Македонија.

НБРМ врши и услуги на чувар на финансискиот имот на финансиските

институции, како например на пензиските фондови.

НБРМ може да ги за задолжи банките, филијалите на странските банки и

штедилниците да држат задолжителна резерва кај НБРМ. Во исклучителни околности

НБРМ може да ги кредитира банките во државата, кога банката според заклучоци на

НБРМ е солвентна.

НБРМ управува со девизните резерви применуваќи ги најдобрите меѓународни

стандарди.

Слика 4

Лого на Народната банка на Република Македонија11

За секоја репродукција или создавање на предмети кои ги имитираат

македонските книжни или ковани пари е потребна писмена согласност од НБРМ.

9 Член 6 од Законот за НБРМ (Сл. Весник на РМ број 158/10; 123/12; 43/14; 135/15 и 6/16)

10 Член 31 став 1 од Законот за НБРМ (Сл. Весник број 158/10; 123/12; 43/14; 135/15 и 6/16 )

11 Сликата е преземена од https://mk.wikipedia.org, од статијата под наслов: „Народна банка на Република

Македонија“, прва страна.

Page 68: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

68

НБРМ ,,создава услови за стабилно, сигурно и ефикасно работење на системите

за плаќање, порамнување и клиринг”12

и превзема активности за развој на нови методи

и технологии за плаќање и порамнување.

НБРМ за својата работа е одговорна пред Собранието на Република Македонија.

Гувернерот на НБРМ по сопствено барање или по барање на Собранието може да се

обрати пред Собранието на Република Македонија. За потребите на Владата на

Република Македонија, НБРМ е банкер, финансиски советник и фискален агент.

Гувернерот и министерот за финансии одржуваат редовни состаноци при што се

информираат и разменуваат мислења во врска со своите надлежности. Согласно со

член 44 од Законот за НБРМ се забранува кредитирање од страна на НБРМ на Владата

или другите органи на државната власт.

,,1. Со Народната банка управува Советот на Народната банка.

2. Советот на Народната банка се состои од девет члена од кои еден е гуварнерот и

три вицегувернери со статус на извршни членови и пет неизвршни членови.

3. Советот на Народната банка е задолжен за дефинирање и формулирање на

политиките и контрола на спроведувањето на политиките и надзор на работењето на

Народната банка.

4. Гувернерот на Народната банка претседава со Советот на Народната банка, има

главна извршна функција во Народната банка и е задолжен за нејзиното секојдневно

работење.

5. Вицегувернерите му помагаат на гувернерот во извршувањето на секојдневните

работи.

6. Неизвршните членови учествуваат во одлучувањето на Советот на Народната

банка”13

.

Финансиските извештаи и ревизијата се водат согласно сметковотствените

практики и политики и согласно со меѓународните стандарди.

НБРМ не смее да врши трговска дејност и да стекнува права на недвижен имот.

12

Законот за НБРМ член 31 став 1, (Сл. Весник на РМ број 158/10; 123/12; 43/14; 135/15 и 6/16) 13

Законот за НБРМ член 46, (Сл. Весник на РМ број 158/10; 123/12; 43/14; 135/15 и 6/16)

Page 69: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

69

3.4.4. Перспективата на Република Македонија за пристапување во

Европската Унија и воведување на еврото како парична единица во Република

Македонија

Во последниот Закон за Народната банка на Република Македонија од 2010

година се регулираат задачите и овластувањето на НБРМ по пристапувањето на

Република Македонија во Европската Унија и влезот во евро-зоната, односно со

воведувањето на еврото како парична единица во Република Македонија. Законот

претставува усогласување на македонското законодавство со она на Европската Унија.

Со влезот на Република Македонија во Европската Унија, нашата централна

банка ќе соработува и ќе разменува информации со Европската централна банка и

другите институции и тела на Европската унија. Народната банка ќе биде составен дел

на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ). Слогансно со член 5 став 2 од

Законот за Народната банка на Република Македонија, Народната банка и членовите на

Советот на Народната банка не бараат и не примаат инструкции од институциите и

органите на Европската унија, од било која влада на земја членка или од кој било друг

орган, кои не можат да влијаат на независноста на Народната банка. НБРМ ќе ги

поддржува општите економски политики на ЕУ и ќе запишува и уплатува капитал во

ЕЦБ, согласно со Статутот на ЕСЦБ, а при утврдувањето на девизниот курс на денарот

НБРМ ќе треба да ги има во предвид заедничките интереси на земјите ченки на ЕУ.

Како и со актуелниот закон и претходниот закон за Народната банка од 2002 година

забрането е кредитирање од страна на НБРМ на институции и тела од Европската

Унија, на централните и локалните власти како и јавни претпријатија. Гувернерот на

НБРМ ќе биде член на Генералниот совет на ЕЦБ. Доставувањето на податоци на

НБРМ до ЕЦБ нема да се смета за објавување на доверливи податоци.

Со воведувањето на еврото како парична единица во Република Македонија,

НБРМ ќе учествува во спроведувањето на заедничката монетарна политика на ЕЦБ и

не ќе може да учествува во работата на меѓународни монетарни институции без

согласност на ЕЦБ. Дел од девизните резерви од НБРМ ќе се пренесат во ЕЦБ, делот

од девизните резерви кои ќе останат, НБРМ ќе управува по сопствена монетарна

политика. Гувернерот на НБРМ ќе биде член на Управниот совет на ЕЦБ.

Финансиските извештаи ќе бидат во согласност со сметководствените правила и

упатства на ЕЦБ. Системите за порамнување на патните трансакции ќе бидат

усогласени со прописите на ЕЦБ.

Page 70: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

70

Законот за Народната банка на Република Македонија од 2010 година со

измените и дополнувањата од 2012 и 2014 година, е визионерски правен акт со кој

прецизно е утврдена положбата на НБРМ во однос на ЕЦБ со пристапувањето на

Република Македонја во Европската Унија и по воведувањето на еврото како парична

единица во Република Македонија, иако, според политичката реалност на Република

Македонија и односот на политичките сили со една соседна земја, која има политички

несогласувања со Република Македонија, и која за разлика од Република Македонија

има неспоредливо поголема политичка, економска, кадровска инволвираност во многу

меѓународни институции и тела, а пред се воено-стратегиска позиција која е од

витално значење на ЕУ, кога ќе се земат во предвид сите тие околности Република

Македонија тешко ќе го завземе своето заслужено место на рамноправен член на ЕУ и

ЕЦБ, но со воведувањето на правните норми (законски и позаконски) а пред се, овој

магистерски труд повикува на превземање на практичното применување на законските

и подзаконските правни норми на ЕЦБ, превземање на пракичната реализација на

монетарната политика на ЕЦБ, превземање на практикувањето на монетарната

политика, а според нашето истржување има големи можности НБРМ да допринесе за

економско јакнење на Република Македонија.

3.5. Останатите финансиски институции и монетарната

политика и стратегија на НБРМ

Во банкарскиот систем на Република Македонија спаѓаат НБРМ која има

лиценцна и контролна функција, комерцијалните банки, небанкарските финансиски

институции (осигурителните компании, пензиските фондови, ивестиционите фондови

и финансиските компании), инвестиционите банки и другите депозитни финансиски

институции (штедните и кредитните асоцијации, штедилниците и кредитните унии).

Банкарскиот систем во Република Македонија е регулиран со Законот за

банките и Законот за Народната банка на Република Македонија. Банките се основаат

како акционерски друштва со седиште во Република Македонија. Во Македонија има

16 банки и едно претставништво на странска банка и 8 штедилници. Тринаесет банки

се во сопственост на странски акционери од кои 7 во сопственост на странски банки.

Македонскта банка за поддршка на развојот (МБПР) е акционерско друштво

во целосна сопственост на Република Македонија, која е единствен акционер во

Page 71: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

71

банката. Улогата што ја има Светска банка на светско ниво, или Европската

инвестициона банка за члените на ЕУ, таа улога во Република Македонија ја има

Македонската банка за поддршка на развојот. Банки со иста цел има секоја држава со

пазарна економија и современи државни структури.

,,Цел на Македонската банка за поддршка на развојот е да го поддржува и

поттикнува развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките

политики, цели и приоритети на Република Македонија”.14

МБПР е членка на следните меѓународни здруженија: Европското здружение на

јавни банки, Прашкиот куб, како дел од Бернската унија, со кредитни агенции и

развојни банки од Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина,

Унгарија, Полска, Иран, Саудиска Арабија, Турција, Германија и други, со

меѓународните институции: ОЕЦД, Светска банка, Европската инвестициона банка.

МБПР е основана на 21.05.1998 година а денес работи според Законот за МБПР

(Сл. Весник на РМ бр. 105/2009).

МБПР го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство, врз

следните принципи: неконкурентност, недискриминација, транспарентност и

економска оправданост.

Органи на управување на МБПР се:

• Собрание;

• Надзорен одбор;

• Управен одбор;

• Одбор за управување со ризици;

• Одбор за ревизија и

• Други органи предвидени со Статутот на МБПР и со Законот за банките.

Според чл. 18 од Законот за МБПР, супервизијата на работењето го врши

Република Македонија а надзорот на работењето во име и за сметка на Република

Македонија го врши Министерстерството за финансии.

Според член 19 од Законот за МБПР, на банката не може да се покрене и води

стечајна постапка или ликвидација.

Фондот за осигурување на депозити АД Скопје е државна институција, во

целосна државна сопственост и специјализирана финансиска институциа која ги

14

Член 2 од Законот за македонската банка за поддршка на развојот (Сл. Весник на РМ број 105/2009)

Page 72: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

72

обештетува штедачите во банките и штедилниците во Република Македонија. Според

тоа Фондот е државен механизам за заштита на депозитите на населението.

Институционалната заштита на депозитите на граѓаните започна со

монетарното осамостојување на Република Македонија во 1993 година кога НБРМ ги

гарантираше денарските депозити на граѓаните во износ до 10 000 германси марки, а во

исто време банките беа обврзани да ги осигураат депозитите во осугурителна

компанија. Со реформате кои следеја во наредните години, во 1997 година беше

формирен Фонд за осигурување на штедни влогови АД Скопје, во сопственост на

банките и штедилниците кои постоеја во тоа време, 17 банки и 15 штедилници. Во

2000 година се донесе посебен закон за формирање на Фондот за осигурување на

депозии, како државна институција. Во 2004 година Фондот стана член на Евроскиот

форум за осигурители на депозити, и воспостави соработка со Меѓународната

асоцијација на осигурители на депозити.

Сите банки и штедилници во Република Македонија, задолжително се членови

на Фондот за осигурување на депозити.

Во Фондот осигурани се следните видови на депозити:

• Тековни сметки и денарски и девизни депозити на граѓаните;

• Депозити врзани за парични картички и

• Девизни приливи на граѓаните.

Во Фондот не се осигуруваат следните видови на депозити:

• Депозити за кои граѓаните имаат привилегирани камати;

• Депозити на лица кои поседуваат над 5% од акциите со право на глас во банката или

штедилницата и

• Депозити на членови на органите на управување на банката или штедилницата и на

нивните роднини до прв степен.

Обештетувањето се врши само на физички лица, а правните лица можат да

бидат обештетени од стечајната маса. Обештетувањето се врши во денари. До сега се

обештетени граѓаните сопственици на депозити во повеќе штедилници и на една банка,

а тоа е Македонска банка.

Органи на управување во Фондот се Управниот одбор и директорот.

Агенцијата за санација на банка беше формирана во 1994 година и постоеше

до 2003 година. Во 2001 година името на агенцијата беше променето во Агенција на

Page 73: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

73

Република Македонија за управување со сретства. Агенцијата е основана како

специјализирана државна институција за санација на банкарскиот систем во

Македонија. Функција на агенцијата била да ги прземе и да управува со лошите

кредити кои претходно биле отстранети од билансите на банките. До 2001 година

агенцијата управувала и со државниот имот во приватизираните претпријатија.

Агенцијата за санација на банка презела лоши (ненаплатливи) побарувања од

банките кон 300 трговски друштва и јавни претпријатија. Агенцијата превзела

побарувања од банките и претпријатијата врз основа на користени сретства од

странски кредитори во вкупен износ од 336 милиони долари, и побарувања на банките

од домашни правни субјекти во износ од 12.7 милјарди денари, или 317.5 милијони

долари.

За наплата на побарувањата агенцијата ги користела следите активности:

Можноста за наплата на кредитите според склучените договори, можноста за

предвремена исплата на долговите со одредени бенефиции, репрограмирање на

кредитите, продажба на побарувања, претворање на побарувањата во влогови,

активирање на хипотеки и барања за започнување на стечајни или ликвидациони

постапки.

Македонскиот интербанкарски платен систем, е систем на Народната банка

на Република Македонија преку кој се вршат сите меѓубанкарски плаќања. Работи по

т.н. RTGS принцип, што значи плаќањата се извршуваат во реално време т.е. веднаш.

Ова е прв систем во Македонија што користи електронски потпишани документи, кој

започна да работи на 30.07.2001 година.

Учесници во системот се Народната банка, деловните банки, брокерските куќи,

Министерството за финансии, клириншката куќа КИБС, Централниот депозитар за

хартии од вредност, картичкиот центар КаСис, Мастеркард и други. Системот е

целосно автоматизиран, со електронски налози за плаќање. Налогот се извршува само

ако банката има доволно пари на својата сметка, ако нема налогот ќе чека ред, до

моментот кога банката ќе има доволно пари на сметката.

Клирингот како финансиска категорија, значи меѓусебни плаќања на деловни

субјекти од различни држави преку израмнување на меѓусебни долгови и побарување

без плаќање во готово, преку посебни установи. Таква установа во Република

Македонија се формира во 2001 година кога банките ја основаа Клириншката куќа -

Клириншки интербанкарски систем АД Скопје (КИБС АД Скопје). Акционери на

КИБС се: Стопанска бсанка АД Скопје; НЛБ Тутунска банка АД Скопје; Шпаркасе

Page 74: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

74

банка Македонија АД Скопје; Алфа банка АД Скопје; ТТК банка АД Скопје;

Комерцијална банка АД Скопје; Централна кооперативна банка АД Скопје;

Еуростандард банка АД Скопје; Стопанска банка АД Битола Охритска банка АД

Охрид и Халк Банка АД Скопје.

За клиринг меѓународни плаќања потребно е централните банки да потпишат

спогодба.

Преку КИБС правните субјекти вршат плаќања преку клиринг на мали

меѓубанкарски плаќања. Плаќањата преку клиринг се регулирани во Законот за платен

промет.

Во своето досегашно постоење КИБС успешно ја извршува својата функција, и

побарувањата услуги од КИБС е во постојан пораст. Оваа институција е профитабилна

институција, пазарно ориентирана, опремена со висок степен на информатичка

технологија, која применува современи методи и техники на клиринг и порамнување,

во согласност со меѓународните стандарди.

Според законските надлежности на КИБС, ова институција го води

Единствениот регистар на трансакциски сметки - ЕРТС.

Македонското кредитно биро (МКБ) е основано од Клириншката куќа -

Клириншки интербанкарски систем АД Скопје.

МКБ за своите клиенти и членки овозможува увид во моменталната

задолженост, платежните навики и го проценува бонитетот на идните деловни

партнери, затоа што располага со високо функционална и ефикасна база на податоци, а

тоа е комплексна база на податоци од банки, штедилници, осигурителни друштва,

друштва за финансиски лизинг, Управа за јавни приходи, Централниот регистар на

Република Македонија, Фондот за ПИОМ, единиците на локалната самоуправа и

градот Скопје, правни лица од областа на комуналните дејности, енергетиката и

телекмуникациите.

Со цел намалување на ризикот во работењето, побрзо донесување економско

исплатливи одлуки, препознавање на добрите и лошите клиенти и деловни партнери,

заштеда на пари и време за собирање на податоци, се овозможува увид во

задолженоста на клиентите, увид во платежните навики и платежната историја на

клиентите, надзор врз инвестициите, брз и лесен пристап до податоците.

Македонска берза АД Скопје, е основана на 13. Септември 1995 година во

салата на пратениците во Собранието на Република Македонија. Берзата која беше

организирана како акционерско друштво работеше на непрофитна основа, со

Page 75: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

75

основачки капитал од 1 милијон германси марки. Тоа беше првата организирана берза

во историјата на Република Македонија.

Мисијата на Берзата е да помогне на трговските друштва да привлечат нов

капитал за финансирање и да придонесе за градење на доверба во македонскиот пазар

на хартии од вредност. Визијата на Берзата е нејзино позиционирање во атратктивен и

претпознатлив секундарен пазар на хартии од вредност во Југоисточна Европа. Берзата

ќе одржува високи стндарди во секојдневното работење и добро корпоративно

управување. Берзата ќе вложува напори за вклучувањево берзанските регионални

интеграции.

Иако Берзата беше основана во 1995 година, почетокот на тргувањето почна на

28 Март 1996 година и со тоа почна да се пишува новата македонска економска

историја. Истата година на 16 Октомври, Македонската брза беше примена за

полноправен член на Федерацијата на Европските берзи (FEAS). На 09.11.1998 година

Македонската берза ја посети Неговото височество, Принцот од Велс.

Во 1999 година започна проектот за формирање на Централниот депозитар на

хартии од вредност со помош на Светска банка и Кралството Норвешка. Во 2000

година почна проектот за електронско тргување на Македонската берза, со помош на

Љубљанската берза и Министерството за економска соработка и развој на Република

Словенија. Во 2001 година беа усвоени измените на Законт за хартии од вредност, со

кои Берзата се трансвормира во профитно акционерско друштво. Во 2002 година беше

потпишан Меморандум за соработка со Атинската берза, а во наредната 2003 година

Меморандуми за соработка беа потпиешани и со Белгратската, Загребската и

Софиската беза. Информатички беа поврзани берзите во Скопје, Љубљана, Бања Лука,

Сараево, Белград и Подгорица. Од 2005 до 2007 година дојде до силна експанзија на

берзанскиот промет, а на крајот на 2007 и особено во 2008 година дојде до пад на

акциите на берзанскиот промет.

На 23.04.1996 година на иницијатива на Народната банка на Република

Македонија е основан Македонскиот Форекс Клуб. На основачкото собрание кое

беше одржано во просториите на НБРМ е усвоен статутот и се избрани органите на

управување.

Во 2001 година Македонскиот Форекс Клуб го смени името во АЦИ

Македонија и Здружение на финансиски пазари со цел исполнување на условите за

прием во Меѓународното здружение на дилери (Assotiation Cambiste Internationale -

ACI). Во Мај 2001 година на 42-иот Светски Конгрес во Сингапур, АЦИ Македонија-

Page 76: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

76

Здружение на финаниски пазари, стана рамноправен член на Меѓународното

здружение на дилери.

Според член 3 од Статутот на АЦИ Македоија - Здружение на финансиски

пазари, асоцијацијата е непрофитно здружение на граѓани, а според член 6, член на

здружението може да биде вработен во банка или друга финансиска институција која е

во непосреден или посреден контакт со тргување со финансиски инструменти.

Здрижението функционира со цел да ги обедини долерите, да се развиваат фер

односи меѓу нив, зголемување на довербата, разменување на искуства и знаење.

Органи на управување на здружението се: Собрание, Извршен одбор и Надзорен

одбор.

Здружението за банкарството е основано 1970 година, како стручен облик на

организирање и работење во состав на Стопанската комра на Македонија. Од

01.07.2011 година стана придружен член на Европската банкарска федерација.

Членови на здружението се финансиските организации од Републка

Македонија, друштва, друштва за работа со хартии од вредност, лизинг компании,

штедилници, друштва за управување со инвестициски фондови.

Здржението има управен одбор. Претседателот на Управниот одбор е и

претседател на здружението. Здружението има и заменик претседател.

На 15 Март 2013 година здружението го донесе Кодексот за добро однесување

на банките и штедилниците.

Здружението за банкарство од 6-8 Јули 3013 година беше домаќин на 36-от

состанок на Европската банкарска федерација.

Од 2012 година Здружението за банкарство го организира Саемот на банки и

штедилници ,,Банкекспо”. Саемот се организира по повод Светскиот ден на

штедењето 31 Октомври.

На саемот посетителите имаат можност да се запознаат со услугите на банките и

штедилниците.

На Саемот на банки и штедилници се организираат и форуми на кои

присуствуваат гувенери, министри за финансии и претставници од здруженија за

банкарство.

Комитетот за финансиска стабилност е координативно тело помеѓу

Министерството за финансии и НБРМ, формирано 2011 година а првата седница ја

оддржа на 1 Септември. Ова тело е формирано по примерот на светските економии

преку анализа на тековната состојба во економијата посебно во финансискиот сектор

Page 77: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

77

да ги отцени состојбите од евентуаелен системскиот ризик, екстерните шокови и

општите макроекономски перформанси да даде предлози за макропрудентни мерки. За

НБРМ важна е состојбата со банкарскиот сектор, неговата капитализираност и

ликвидност.

Со ова координативно тело не се намалува независноста на централната банка

бидеќи независноста ја обезбедува Законот за НБРМ и таа не е должна да слуша

совети, препораки и слично од други институции.

Управата за финансиско разузнавање е орган со својство на правно лице, во

состав на Министерството за финансии. Функционира од Март 2002 година, во

почетокот го носеше називот Дирекција за спречување на перење пари, потоа Управа

за спречување на перење пари и финансирање тероризам и потоа го добива денешниот

назив.

Управата за финансиско разузнавање има надлежност да прибира, обработува и

доставува податоци за целите на спречување на перење пари и финансирање

тероризам, и ги доставува до органите на прогон.

Управата за финансиско разузнавање од 2004 година е член на ЕГМОНТ

Групата и со тоа е рамноправен партнер на единиците за финансиско разузнавање од

целиот свет.

Основна мисија е заштита на финансискиот систем на државата од заканите за

перење пари и финансирање тероризам.

3.6. Правни рамки на монетарниот систем и девизниот систем

3.6.1. Монетарен систем во Република Македонија

Во банкарскиот систем на Република Македонија спаѓаат НБРМ која има

лиценцна и контролна функција, комерцијалните банки, небанкарските финансиски

институции (осигурителните компании, пензиските фондови, ивестиционите фондови

и финансиските компании), инвестиционите банки и другите депозитни финансиски

институции (штедните и кредитните асоцијации, штедилниците и кредитните унии).

Банкарскиот систем во Република Македонија е регулиран со Законот за

банките и Законот за Народната банка на Република Македонија. Банките се основаат

Page 78: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

78

како акционерски друштва со седиште во Република Македонија. Во Македонија има

16 банки и едно претставништво на странска банка и 8 штедилници. Тринаесет банки

се во сопственост на странски акционери од кои 7 во сопственост на странски банки.

Македонската банка за поддршка на развојот, го поддржува и поттикнува

развојот на македонското стопанство, врз следните принципи: неконкурентност,

недискриминација, транспарентност и економска оправданост.

МБПР е основана на 21.05.1998 година а денес работи според Законот за МБПР

(Сл. Весник на РМ бр. 105/2009).

Според чл. 18 од Законот за МБПР, супервизијата на работењето го врши

Република Македонија а надзорот на работењето во име и за сметка на Република

Македонија го врши Министерстерството за финансии.

Според член 19 од Законот за МБПР, на банката не може да се покрене и води

стечајна постапка или ликвидација.

,,Цел на Македонската банка за поддршка на развојот е да го поддржува и

поттикнува развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките

политики, цели и приоритети на Република Македонија”.15

Фондот за осигурување на депозити АД Скопје е државна институција, во

целосна државна сопственост и специјализирана финансиска институциа која ги

обештетува штедачите во банките и штедилниците во Република Македонија. Според

тоа Фондот е државен механизам за заштита на депозитите на населението.

Македонскиот интербанкарски платен систем, е систем на Народната банка на

Република Македонија преку кој се вршат сите меѓубанкарски плаќања. Работи по т.н.

RTGS принцип, што значи плаќањата се извршуваат во реално време т.е. веднаш. Ова е

прв систем во Македонија што користи електронски потпишани документи, кој

започна да работи на 30.07.2001 година.

Учесници во системот се Народната банка, деловните банки, брокерските куќи,

Министерството за финансии, клириншката куќа КИБС, Централниот депозитар за

хартии од вредност, картичкиот центар КаСис, Мастеркард и други. Системот е

целосно автоматизиран, со електронски налози за плаќање. Налогот се извршува само

ако банката има доволно пари на својата сметка, ако нема налогот ќе чека ред, до

моментот кога банката ќе има доволно пари на сметката.

15

Член 2 од Законот за македонската банка за поддршка на развојот (Сл. Весник на РМ број 105/2009)

Page 79: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

79

3.6.2. Девизен систем

Клирингот како финансиска категорија, значи меѓусебни плаќања на деловни

субјекти од различни држави преку израмнување на меѓусебни долгови и побарување

без плаќање во готово, преку посебни установи. Таква установа во Република

Македонија се формира во 2001 година кога банките ја основаа Клириншката куќа -

Клириншки интербанкарски систем АД Скопје (КИБС АД Скопје). Акционери на

КИБС се: Стопанска бсанка АД Скопје; НЛБ Тутунска банка АД Скопје; Шпаркасе

банка Македонија АД Скопје; Алфа банка АД Скопје; ТТК банка АД Скопје;

Комерцијална банка АД Скопје; Централна кооперативна банка АД Скопје;

Еуростандард банка АД Скопје; Стопанска банка АД Битола Охритска банка АД

Охрид и Халк Банка АД Скопје.

За клиринг меѓународни плаќања потребно е централните банки да потпишат

спогодба.

Преку КИБС правните субјекти вршат плаќања преку клиринг на мали

меѓубанкарски плаќања. Плаќањата преку клиринг се регулирани во Законот за платен

промет.

Во своето досегашно постоење КИБС успешно ја извршува својата функција, и

побарувањата услуги од КИБС е во постојан пораст. Оваа институција е профитабилна

институција, пазарно ориентирана, опремена со висок степен на информатичка

технологија, која применува современи методи и техники на клиринг и порамнување,

во согласност со меѓународните стандарди.

Според законските надлежности на КИБС, ова институција го води

Единствениот регистар на трансакциски сметки - ЕРТС.

Македонското кредитно биро (МКБ) е основано од Клириншката куќа -

Клириншки интербанкарски систем АД Скопје.

МКБ за своите клиенти и членки овозможува увид во моменталната

задолженост, платежните навики и го проценува бонитетот на идните деловни

партнери, затоа што располага со високо функционална и ефикасна база на податоци, а

тоа е комплексна база на податоци од банки, штедилници, осигурителни друштва,

друштва за финансиски лизинг, Управа за јавни приходи, Централниот регистар на

Република Македонија, Фондот за ПИОМ, единиците на локалната самоуправа и

Page 80: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

80

градот Скопје, правни лица од областа на комуналните дејности, енергетиката и

телекмуникациите.

Со цел намалување на ризикот во работењето, побрзо донесување економско

исплатливи одлуки, препознавање на добрите и лошите клиенти и деловни партнери,

заштеда на пари и време за собирање на податоци, се овозможува увид во

задолженоста на клиентите, увид во платежните навики и платежната историја на

клиентите, надзор врз инвестициите, брз и лесен пристап до податоците.

3.7. Политика на девизниот курс

3.7.1. Поставеност на политиката на девизниот курс

Според проекциите на монетарната политика на НБРМ, монетарна цел е

одржување на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото и ценовна

стабилност, која создава најповолен макроекономски амбиент за долгорочно одржлив

економски развој. Според НБРМ девизните резерви се доволни да апсорбираат

евентуални поголеми економски шокови да оддржуваат стабилност на домашната

валута НБРМ ја осмислува и ја спроведува монетарната политика, а банкарскит сектор

е стабилен и високо ликвиден. Почнуваќи од Октомври 1995 година НБРМ ја

користеше германската марка како монетарно сидро, а од Јануари 2002 година, еврото.

Со програмата на ЕЦБ од 9-ти Март 2015 година со инфлаторно печатење на 1.1 билјон

евра и пуштање во отек на тие пари по 60 милјарди месечно со цел да се дојде до

инфлација од 2%. Тоа е директна причина за падот на еврото во однос на доларот, Со

падот на еврото целокупното производство на еврозоната па со тоа и македонското

станува покункурентно на американскиот пазар.

Девалвација на денарот се случи во 1997 година кога денарот изгуби 16.1% од

својата вредност, германската марка поскапи од 27 на 31 денар. Одтогаш денарот има

стабилен девизен курс, кој од воведувањето на еврото е 61.5 денари за евро. Со

врзаноста на денарот за еврото, ние ја увезуваме и инфлацијата на еврото која е околу

3% годишно, што значи 3% од БДП се одлева од Македонија, што значи, цената што ја

плаќа нашата економија за користењето на еврото како монетарно сидро, не е мала.

НБРМ, како и останатите земји во транзиција, монетарната политика ја

спроведуваат во услови на структурен вишок на ликвидност и инструментите на

Page 81: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

81

монетарната политика се поставени во насока на повлекување на вишокот на

ликвидност од банкарскиот систем. Комерцијалните банки се обврзани да го следат

ликвидносниот ризик преку планирање и следење на приливите и одливите на

паричните сретства. НБРМ е контролор и регулатор на банкарскиот систем во

Македонија која ги применува супервисорските стандарди воспоставени од страна на

Базелскиот комитет за банкарска супервизија.

Монетарното таргетирање (monetary targeting) НБРМ го применуваше од 1992

до 1995 година. Според ова стратегија, паричната маса и кредитите претставуваат

основа за контрола на инфлацијата. Главна активност за проектирање на монетарната

полоитика е проценката за реалната побарувачка на пари претставува стратегија на

управување со паричнта маса, цврста контрола на порастот на паричната маса и

кредитите. Постои висока емпириска поврзаност на движењето на паричната маса со

инфлацијата. За одбрана на стабилниот девизен курс на денарот, НБРМ проектира

забавен мометарен раст.

Стандарден инструмент на НБРМ кој директно влијае на понудата на пари е

задолжителната резерва, која депозитните банки мора да ја чуваат во централната

банка, на свои сметки, со тоа дел од депозитите се стерилизираат и со тоа не вршат

притисок врз девизниот курс на денарот. За надминување на краткорочна

неликвидност на комерцијалните банки, НБРМ одобрува расположлив кредит преку

ноќ и интрадневен кредит во услови на краткорочен вишок на ликвидност банките

може да пласираат сретства во НБРМ. Друг инструмент на монетарната политика се

операциите на отворен пазар со кој се влијае на краткорочните каматни стапки и

расположливите ликвидни сретства во банките. Повлекувањето на ликвидни сретства

од банките НБРМ го врши преку емисија на хартии од вредност (благајнички записи),

на тој начин се намалува притисокот на девизниот курс на денарот. Аукциите на

благајнички записи претставува основен инструмент на НБРМ за монетарната

регулација, преку домашно задолжување комерцијалните банки ја финансираат

државата. НБРМ е принудена да делува на страната на понудата и на страната на

побарувачката на девизниот пазар. Заради задоволување на краткорочна неликвидност,

НБРМ спроведува аукциина на репо-трансакции и дефинитивни трансакции.

Оданочувањето на приходите од камати на орочени штедни и други депозити се

одложува до пристапувањето на Македонија во ЕУ.

Page 82: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

82

Осигурувањето во Фондот за осигурување депозити на штедните влогови на

граѓанитеизнесува 30 000 евра за поединечен влог во една банка, со што е зајакната

довербата во банкарскиот систем.

На 30.07.2001 година во Република Македонија почна да функционира нов

платен систем по урнек на платните системи на земјите со развиени економии, со што

се зголеми ефикасноста на водењето на монетарната политика. Реформата се состоеше

од миграција на сметките од Заводот за платен промет во банките. За имплементација

на реформата имаше транзициски период од 30.07.2001 до 31.12.2001 година. Со

новиот Закон за платен промет НБРМ има важни и значајни функции.

Безготовинското плаќање е доста напреднато со рапидното зголемување на

бројот на платежните картички, а во 2015 година бројот на трговци кај кои може да се

плати со платежна картичка изнесуваше 26 465.

Поради важноста за националната економија, банкарскиот и воопшто,

финансискит сектор е најрегулиран сектор во државата.

На 04.06.2015 година НБРМ донесе Одлука за воведување на посебни заштитни

мерки (Сл. весник на РМ бр. 107/15) заради финансиската криза во Грција.

3.7.2. Девизен пазар во Македонија

Во Мај 1993 година е воспоставен девизниот пазар. Трговијата на девизи се

вршела во овластените банки, а претпријатијата, без посредство на банките можеле да

си купуваат и продаваат девизи.

Во 2002 година започнала нова фаза во девизниот пазар во Македонија.

Девизниот пазар повеќе не е од берзански тип туку од шалтерски тип. Учесници во

трговијата со девизи се претпријатијата, банките и НБРМ. Со цел да се одржи курсот

на денарот, на девизниот пазар често интервенира и НБРМ која кукупа или продава

девизи.

3.7.3. Хронологија на политика на девизниот курс

Првата курсна листа НБРМ ја објави на 7 Декември 1991 година. На 27 Април

1992 година Владата донесе одлука за фиксен девизен курс од 360 вредносни едеиници

(бонови) за една германска марка. На 10 Октомври 1992 година е извршена девалвација

Page 83: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

83

за 67%, од 360 на 600 бонови за една марка, а на 8 Декември следуваше уште една

девалвација од 30% и се дозволи денарот да флуктуира плус/минус 10% во однос на

кошницата на валути на ММФ. На 15 Мај 1993 година е извршена девалвација на

денарот од 62% во однос на марката и се премина кон режимот на флексибилен

девизен курс, проследен со интервенции на НБРМ на девизниот пазар.

На почетокот на 1994 година НБРМ започна со фиксен девизен курс од 27

денари за една германсака марка.

Последна девалвација на денарот се случи на 9 Јули 1997 година од 16% кога за

една германска марка беа потребни 31 денар. Таа политика продолжи и по

воведувањето на еврото.

Во последниве години, сепак, денарот има незначителен пад, од 61.31 денари за

едно евро во 2004 до 61.69 во 2016 година, а во однос на американскиот доллар од

45.06 во 2004 на 54.50 во 2016 година.

3.7.4. Фиксен девизен курс на денарот, забетониран на 61.5 денар за евро

Користењето на еврото како монеарно сидро е најважен инструмент на

антиифлационата програма. Преку контролата на девизниот курс, НБРМ ја оддржува

стабилноста на цените. Со тоа се отвора можност да се создава профит преку раст на

продуктивноста а не преку раст на цените.

Притисоците на девизниот курс на денарот се од шпекулативан карактер или од

реалните потреби за девизи.

Дали на економијата на Република Македонија и е потребен фиксен или

флуктуирачки девизен курс на денарот. Според гувернерот Димитар Богов, ,,во мала и

отворена економија со висока евроизација на билансите на сите економски субјекти,

населението, претпријатијата и банките - како што е Македонија, самата најава за

напуштање на политиката на стабилен курс би предизвикала нестабилност”. Факт е

дека врзувањето за марката а потоа за еврото ја донесе посакуваната стабилност, заедо

со другите инструменти на монетарната политика, пред се повлекувањето и

стерилизирањето на вишокот ликвидност кај монетарниот агрегат М1. Фиксниот курс

на денарот се одржува и преку соодветни интервенции преку купување или продаж на

странски активи. Девалвацијата на денарот од 16% во 1997 година не го поттикна

Page 84: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

84

извозот, затоа што со зголемувањето на вредноста на денарот се покачува цената на

увезените суровини.

Според многу показатели денарот е благо преценет. Германија и Јапонија со

децении имаа преценети валути па сепак доминираа со меѓународната трговија.

Реалниот девизен курс го одредува пазарот.

Со девалвација не може да се привлечат странски инвеститори. Затоа што

девалвираниот денар ќе го поскапи увозот, меѓу другото и увозот на суровини.

Девалвацијата неминовно предизвикува инфлација. Нестабилен девизен курс значи

нестабилна економија со која никој не сака да си има работа.

3.7.5. Курсната листа и монетарната политика на НБРМ

Стандардно, курсната се состои од десетте валути на т.н. валутна кошничка на

ММФ, но вообичаено е централните банки да придодаваат и други валути на земји со

кои имаат развиена трговска соработка или од политички причини. Земјите од

регионов бараат нивните валути да бидат ставени на курсната листа на НБРМ, заради

реалната потреба од тоа заради динамичната комуникација на стопанствениците и

воопшто на граѓаните од регионов. Иако на комецијалните банки не им е збрането да

вршат откуп на други валути што не се ставени на курсната листа на НБРМ, банките не

вршат откуп на други валути, затоа што после банките би требало самостојно да го

организираат откупот од странските банки, а сето тоа ќе предизвика трошоци,

објаснуваат од банките. Од турската бизнис заедница е побарано турската лира да биде

конвертибилна во Република Македонија.

3.7.6. Проширување на курсната листа на НБРМ

НБРМ подолго време ја разгледува можноста за проширување на курсната

листа.

На третата седница на НБРМ оддржана на 27.03.2014 година беше одлучено да

се прошири листата на валути за кои ќе се објавува курсот на денарот, и тоа само на

оние валути чии курсеви се објавени на веб-страницата на Европската централна банка

поради стратегиската цел на нашата земја за приклучување кон Европската Унија.

Page 85: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

85

Курсната листа на НБРМ се состои од триесет и две валути од кои првите десет се

валутите од валутната кошничка на ММФ како резервни валути, а во останатите се и

валутите од регионов, бугарскиот лев, турската лира и хрватската куна. За валутите

што несе од валутната кошничка на ММФ постои можност само за правните лица да

можат да вршат откуп и продажба на тие валути, банките не вршат трансакции со

готовина на валути надвор од кошничката на валути на ММФ. Самостојниот откуп на

тие валути би предизвикал трошоци за соодветната банка, затоа проширувањето на

курсната листа за да биде целоно ефективно не може да биде унилатерално, тоа треба

да биде со одлука на монетарните власти на двете земји.

Македонската национална валута до сега не се нашла на ниедна курсна листа на

централна банка, а со зголемена соработка, за тоа има можност барем кај центалните

банки од регионов, пред се со централните банки на Хрватска, Турција, Словенија,

Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и други. На 29.10.2014 година е потпиешан

Меморандум за соработка меѓу централните банки на Македонија и Хрватска.

3.7.7. Македонија е евроизирана замја

Македонија има висок степен на евроозација. Македонските граѓани најмногу

му веруваат на еврото и своите пресметки најчесто ги прават во евра. Околу 40% од

заштедите на граѓаните се во евра а и фирмите кога склучуваат договори вредноста ја

изразуваат во евра, во денарска противвредност.

3.7.8. Еврото како втора валута

Извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија

Арбен Халили, на еден состанок со премиерот, официјално побара воведување на

еврото како втотора валута во платниот промет на земјава, Македонја да има

двовалутен систем, платен сиситем со две валути.

Page 86: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

86

3.7.9. Монетарна политика за денаризација на банкарскиот сектор

Во последниве години се зголемуваат напорите на НБРМ за долгорочно

штедење во домашна валута, а со тоа, поддршка на процесот на денаризација на

економијата. Како показател на денаризацијата може да послужи односот на

депозитите во денари и депозитите во странска валута. НБРМ со мерки ја потикнува

денаризацијата на депозитите во банките.

Според соопштението на НБРМ од 11.01.2017 година, НБРМ во 2016 година

откупи девизи во износ од 16.65 милјони евра, месечниот раст на вкупните депозити е

4% од кои 90% се штедни влогови во денари.

3.7.10. Девизни резерви на Македонија

Девизните резерви на Македонија ги сочинуваат финансиските сретства со кои

располага Република Македонија изразени во странски ефективни пари, депозити во

странски банки, странски хартии од вредност и монетарното злато, во поширока

смисла девизните резерви ги опфаќаат и финансиските сретства кои ги поседуваат

комерцијалните банки. НБРМ ги чува и раководи со девизните резерви. Првите

девизни резерви НБРМ ги доби во 1992 година во износ од 59.8 милјони долари преку

задолжитено издвојување на 30% од девизниот прилив на македонските извозници. За

зголемување на девизните резерви допринесол и откупот на менувачкиот пазар,

продажбата на општествените станови и приватизацијата на државниот капитал во

стратешките фирми. На 7 Јуни 2016 година девизните резерви изнесуваа 2.16 милјарди

евра, што е за 29.5 милјони евра помалце од претходниот месец заради познатите

шпекулативни напади на банкарскиот систем. Сепак износот на девизните резерви

последиве десетина години не се менува многу, пример на 17 Јуни 2008 година

девизните резерви биле 2.15 милјарди евра. Штедните влогови на фирмите и граѓаните

во 2016 година изнесуваа 5 милјарди евра.

Девизните резерви се во функција на обезбедување на поддршка при

спроведувањето на монетарната политика, режимот на девизниот курс, обезбедување

на економијата од надворешни шокови, плаќање на надворешниот јавен долг и

кредибилитет на домашната економија во меѓународни рамки.

Page 87: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

87

Еврото има доминантно учество во девизните резерви, но тука се и

американскиот долар, австралискиот и канадскиот долар, швајцарскиот франк,

британската фунта, јапонскиот јен, данската, норвешката и шветската круна, како и

специјалните права на влечење.

Монетарното злато претставува значајно сретство во услови на глобална

економска или политичка нестабилност. Мала земја како што е Македонија за да има

пристап во меѓународниот финансиски пазар мора да има монетарно злато на чување

во најголемите финансиски центри во светот.

Според ,,Глобал фајненшел интегрити”, во периодот од 2004 до 2013 година од

Македонија се одлеале 5.16 милијарди долари стекнати врз основа на криминални

активности како што се корупција, дрога, проституција.

3.8. Монетарна политика во контекст на валутната стабилност

3.8.1. Парична маса во оптек

Монетарното регулирање е една од фундаменталните обврски на НБРМ, а за тоа

е потребно да се предвиди движењето на готовите пари посебно сезонските движења.

Зголемената количина на пари во оптек има позитивно влијание врз целата економија,

посебно врз агрегатната побарувачка, но тоа е на кус рок, од друга страна, зголемената

колична на пари во оптек доведува до инфлаторни движења.

Од 2006 година доаѓа до нагло зголемување на паричната маса без да се појави

инфлаторен притисок. Во 2006 година вкупната парична маса во оптек изнесуваше 66

милјарди денари а на крајот на Септември 2012 година, над 121 милјарди денари.

Државниот буџет во 2006 година изнесуваше 1.85 милјарди евра а во 2012 година 3.5

милјарди евра. Во Македонија има многу повеќе пари во депозити отколку во оптек.

Според извештајот на НБРМ во 2010 година депозитната маса е зголемена за над 20

милјарди денари а готовите пари во оптек пораснаа за само две милјарди денари.

Количината на парите што се извлекуваат од промет од година во година се зголемува

а тоа се постигнува со помош на инструментите што ги користи НБРМ.

Page 88: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

88

Преку современите инструменти за безготовинско плаќање, таканареченото

електронско банкарство се издаваат се повеќе дебитни и кредитни картички, но тие

најповеќе се користат за вадење на готовина отколку за вршење исплти.

Сивата економија допринесува за зголемување на готовите пари во оптек затоа

што сивата еконмија работи со готови пари.

Монетарните депозити влегуваат во паричната маса а немонетарните депозити

не влгуваат во состав на паричната маса затоа што со нив директно не може да се врши

плаќање. Немонетарни депозити се орочените штедни влогови.

3.8.2. Шпекулативни напади врз македонската национална валута

Во 2009 и 2016 година се направи обид да се создаде банкарска паника кај

граѓаните во поглед на курсот на денарот. Голем број граѓани се заведуваат од таквите

шпекулации и пристапија кон повлекување девизи од банките и купување евра. Крајот

на Јуни 2008 година инфлацијата брше 10.1%, но на крајот на истата година

инфлацијата се сведе на прифатливи 4.1%. Во 2009 година (кога беа претседателските

избори) беа купени 300 милјони евра и беше предизвикан силен притисок врз

девизниот курс на денарот. Се појави значително повисока побарувачка на девизи од

понудата и со тоа се појави притисок на денарот за девалвација. За да го спречи тоа

НБРМ потроши 500 милјони евра од девизните резерви. Во 2012 година се појавија

шпекулации за девалвација на денарот, за едно евро да биде 75 денари и за тоа се

чекало вистински политички момент. Во 2016 година има оркестрирани напади на

стабилноста на банкарскиот систем и воопшто, стабилноста на финансискиот систем

од сретства за информирање, политички партии, невладини организации финансирани

од најголемиот меѓународен берзански шпекулант Џорџ Сорос и некои меѓународни

фактори. Порталот ,,Охрид Скај” излезе со вест што беше експресно преземена од

порталите ,,А1 он”, ,,Плис Инфо” и ,,Sky mk” за девалвација на денарот, на што

гувернерот Димитар Богов изјави дека ,,се работи за тенденциозна невистина, чија

цел е да се удри таму каде што сме најсилни, на макроекономската стабилност и

стабилноста на банкарскиот систем”. Поради шпекулативните напади, во Април и

Мај 2016 година девизниот пазар беше нарушен при што беше потребна интервенција

од страна на НБРМ при што беа потрошени 130 милјони евра за одбрана на курсот на

денарот. Во истиот период се појави и МАНУ, со секојдневно емитување на т.н.

бројчаник за задолженоста на веб страницата на МАНУ. Интересно е што МАНУ така

Page 89: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

89

бомбастично се појави со емитување на својата веб страна на бројчаникот за

задолженоста во период кога се вршеја координирани напади врз македонскиот

монетарен систем. МАНУ по дефиниција треба да биде врв на науката, а овој

бројчаник ја кажува само апсолутната вредност а не и ралативната вредност на јавниот

долг, потоа за да се има комплетна слика, би требало МАНУ парарелно со бројчаникот

на задолженоста да објави и бројчаник на растот на БДП. Очигледно имаше

злоупотреба на МАНУ. Од многу примери во ова прилика ќе одделиме случајот кога

на интрнет порталот Мактел од 02.12.2016 година беше објавен текст под наслов

,,Груевци во паника од пораз масовно ги вадат парите од земјата...”, НБРМ поднесе

жалба до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија ја

уважи жалбата и беше наложено на интернет порталот да ја објави одлуката по

жалбата.

Според макроекономските показатели на НБРМ од Август 2016 година,

намалувањето на вкупните депозити произлегува од пониските депозити на

корпоративниот сектор, додека штедењето на домакинствата бележи скромен раст.

Штетата на националната економија од шпекулациите за девизниот курс на

денарот заради политички пресметки од внатре и однадвор е голема, при што

централната банка губи десетици милјони долари од девизните резерви.

3.8.3. Република Македонија и меѓународните финансиски институции

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има своја локална Канцеларија во

Скопје. Мисијата на ММФ во Македонија е следење на макроекономскиот развој и

политика, како и обезбедување на техничка поддршка. Во втората половина на Август

2006 година, ММФ го повлекува својот постојан претставник од Скопје поради

отсуство на аранжман со Македонија, но канцеларијата во Скопје ќе продожи да

функционира.

Светска банка има своја канцеларија во Скопје.

ЕБОР во Македонија е присутен во 1993 година и има склучено 24 договори за

инвестиции со вкупен износ од 327 милјони евра. Кога се работи за присуството на

ЕБОР во Македонија, интересно е што ЕБОР во Декември 2014 година,

самоиницијативно, купи 20% од акциите во рудникот за бакар и злато Иловица.

Page 90: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

90

Во Република Македонија се анализираат најдобрите светски искуства и се

подготвува за формирање на меѓународна финансиска зона.

3.8.4. Странскиот капитал е доминантен во банкарскиот сектор на

Република Македонија

Според извештајот на НБРМ од 2015 година банкарскиот сектор во Република

Македонија го сочинуваат 16 банки, од кои 11 се во доминантна странска сопственост,

од кои 7 се подрижници на странски банки, а 5 се со доминантен домашен капитал. Во

проценти, 73.5% од вкупниот банкарски капитал е странски, над 80% од странскиот

капитал е од земји членки на Европската унија, и тоа Грција, Бугарија, Словенија,

Австрија и Франција.

3.8.5. Обидот за уставни измени во 2014 година

Во Уставот на Репулика Македонија во делот Основи на економските односи,

во член 60 стои:

,,Народната банка на Република Македонија е емисиона банка.

Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за

монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и

кон странство”.

Владата на Република Македонија во Јуни 2014 година донесе предлог одлука

за пристапување кон иницијататива за измена на Уставот на Република Македонија со

цел економско зајакнување и поставување на повисоки критериуми во функционирање

на системот. Беше предложена измена на називот НБРМ во насока на нејзино

реименување во Банка на Македонија. Беше предложено воведување на уставно

дефиниран максимум до 3% до кој може да се движи буџетскиот дефицит и

лимитирање на јавниот долг на ниво од најмногу 60% од БДП. Создавање на уставна

можност за формирање на финансиски зони кои би развивале посебна правна

регулатива со цел да се потикне развојот на финансиските услуги.

Европски услов за една земја да биде членка на еврозоната е буџетскиот

дефицит да не надмина 3% и јавниот долг да не надмине 60% од БДП, и со тоа

условите за членство во еврозоната ќе беа влезени во Уставот.

Page 91: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

91

Но таа постапка за уставни измени не успеа поради односот на политичките

сили во законодавната власт.

3.8.6. Влијанието на јавниот долг и трговскиот биланс врз монетарната

политика

Според класификацијата на Светската банка, државите со јавен долг до 40% од

БДП се сметатаат за ниско задолжени, од 40% до 60% средно задолжени а оние со

јавен долг над 60% високо задолжени. Македонија во 2016 година имаше државен и

јавен долг од 41.9% од БДП16

.

Македонија има постојан висок дефицит во својот трговски биланс - повисок

увоз на стоки одошто извоз, 20-25% од БДП.

16

Извор: Соопштение на Министерство за финансии на РМ, www.finance.gov.mk, од 31.10.2016 година.

Page 92: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

92

ГЛАВА 4. ХИПОТЕТСКА РАМКА - МОДЕЛ

УПОТРЕБЛИВ ВО ПРАКТИКАТА

ГЕНЕРАЛНА ХИПОТЕЗА

Јакнењето на позицијата на македонската национална валута со доследна

примена на Законот за паричната единица на Република Македонија (Сл. весник

на РМ бр. 26/92) и Законот за употреба на паричната единица на Република

Македонија (Сл. весник на РМ бр. 26/92) и воопшто јакнењето на монетарниот

суверенитет, ќе доведе до зголемување на апсорпциониот потенцијал за

националната валута, замена на рестриктивната со релаксирана монетарна

плитика, зголемивање на агрегатната побарувачка, воспоставување на

макроекономска рамнотежа на повисоко ниво, јакнење на економската моќ на

државата, и со тоа ќе се придвижи општествениот развој.

Монетарната политика може покрај макроекономска стабилност да

обезбеди услуви за пораст на капиталот и забрзување на економскиот развој.

,,Труд и постојаност, тоа е силата со чија помош ќе успееш при секоја

иницијатива”.

Гоце Делчев

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 1.

Со доследна примена на законската регулатива македонската национална валута

ќе биде неприкосновена на домашен терен.

,,Научникот не бара резултати веднаш“.

Никола Тесла

Поединечна хипотеза 1.

Според членто 3 од Законот за паричната единица на Република Македонија

(Сл. Весник на РМ бр. 26/92), ,,Сите права и обврски по работи кои гласат на пари, а се

склучуваат на територијата на Република Македонија, како и сите вредости и износи,

се искажуваат во износи кои гласат во денари”.

Page 93: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

93

Напуштањето на праксата, (која е спротивна на гореспоменатиот член), да

многу институции, вклучуваќи ги и државните, паричните износи да ги искажуваат во

евра во денарска противвредност, што значи дека државара не верува во стабилноста

на сопствената валута.

Поединечна хипотеза 2.

Максимално користење на административни мерки ќе помогне во јакнењето на

позицијата на денарот.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 2.

Позицијата на македонската национална валута може да јакне само со

стабилност на валутата, која се постигнува со користење на еврото како монетарно

сидро, односно, врзување на вредноста за еврото, со што практично се увезува

кредибилитетот на ЕЦБ.

,,Искуството е извор на знаење”.

Алберт Ајнштајн

Поединечна хипотеза 1.

Стабилниот денар ќе го елиминира валутниот ризик и со тоа ќе биде

поатрактивен и повеќе користен.

Поединечна хипотеза 2.

Со стабилниот денар НБРМ испраќа јасен сигнал до јавноста за намерата да се

елиминра инфлацијата.

Поединечна хипотеза 3.

Стабилниот денар создава ценовна стабилност, која е најповолен

макроекономски амбиент за долгорочно оддржлив економски раст.

Пединечна хипотеза 4.

Стабилниот денар ќе ги дисциплинира монетарната и фискалната политика.

Page 94: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

94

Поединечна хипотеза 5.

Девизниот курс на денарот е благо натценет, со што увезените стоки се повтини

а нашите стоки на странските пазари се поскапи, но нашето производство е зависно од

увоз на суровини со што се поевтинува производството. Држава може да дава извозни

стимулации со субвенционирање на извозниците. Девизниот курс на денарот не треба

да се менува, затоа што самата девалвација предизвикува нестабилност и недоверба во

домашната валута, ќе доведе до интензивна замена на денарските депозити во девизни

депозити и ќе биде загрозена денарската ликвидност на комерцијалните банки.

Поединечна хипотеза 6.

По долги години макроекономска стабилност, граѓаните ја стекнаа довербата во

денарот и стабилноста и сигурноста во банкарскиот систем, денарот е играч на

домашниот финансиски пазар, со што се стимулира штедењето во денари.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 3.

Со врзувањето на денарот за еврото, ја увезуваме и инфлацијата на еврото.

Европската Централна Банка има проектирано инфлација до 2.0%, која, според нив, е

гарант за стабилноста на цените, и воспоставување на макроекономска рамнотежа.

,,Не дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите”.

Алберт Ајнштајн

Поединечна хипотеза 1.

Инфлацијата во Република Македонија е збир од инфлацијата во еврозоната

плус инфлацијата на денарот. Проекциите на НБРМ се инфлацијата да биде 2.0%,

притоа забораваќи дека со врзаноста на денарот за еврото, денарот ја презема и

инфлацијата на еврото, денарот обезвреднува за 2.0%, што значи нашата економија

ослабува за 2.0%, тоа е цената на користењето на еврото како монетарно сидро.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 4.

Јакењето на довербата во работата, и кедибилитетот во јавноста на Народната

банка на Република Македонија, како јавна институција, ќе доведе до јакнење на

позицијата на македонската национална валута и монетарниот суверенитет.

Page 95: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

95

,,Фокусираната енергија е моќ, а тоа е разликата меѓу успехот и неуспехот”.

Алберт Ајнштајн

Поединечна хипотеза 1.

Со воспоставување на еден специфичен однос на НБРМ со македонската

јавност, преку презентирање на работата и монетарната плоитика ќе се постави еден

дополнителен столб на централната банка и финансискиот систем, покрај правната

автоноија, во креирањето на доверба во финансискиот и банкарскиот систем.

Поединечна хипотеза 2.

Минималната, но обмислена обврска за информирање на НБРМ, ќе допринесе

за дистанцирање од дневната политика. Минимална обврска за информирање имаат

најголемите централни банки, американската и Европската централна банка.

Банкарскиот систем треба да остане настрана од било какви политички влијанија.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 5.

Јакнењето на позицијата на македонската национална валута може да се врши

само со креирање на монетарна политика во насока на јакнење на довербата кон

валутата, при што ќе се зголеми нејзината употреба.

,,Големите дела не се резултат на сила, туку на истрајност”.

Семјуел Џонсон

Поединечна хипотеза 1.

Валутата има пазарна вредност. Со јакнењето на довербата кон денарот, ќе се

зголеми и неговата побарувачка.

Поединечна хипотеза 2.

Денарските износи кои ги поседуваат граѓаните а не ги пуштаат во оптек, нив не

ги трошат за стоки и услуги, ,,чување под перница”, тие пари не вршат инфлаторен

притисок, напротив, тогаш се отвора патот кон рецесија, при тоа, количесрвото на пари

влијае и врз реалните агрегати.

Поединечна хипотеза 3.

Page 96: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

96

Со јакнење на довербата кон денарот, дел од парите може да се изнесат надвор

од Македонија, пред се во земјите на регионов. Парите изнесени надвор од

Македонија, не вршат инфлаторен притисок, напротив, тогаш се отвора патот кон

рецесија.

Поединечна хипотеза 4.

Брзината на обрт на парите во оптек, влијае на инфлацијата. Сивата економија

работи со готовина (кеш) и ја зголемува количината на пари во оптек.

Поединечна хипотеза 5.

Емисијата на примарни пари е детерминирана од побарувачката на пари, треба

да има урамнотрежување на постојното количство пари со побарувачката на пари.

Поединечна хипотеза 6.

Воспоставувањето на макроекономска рамнотежа при определено ниво на

производство и општо ниво на цените, со внимателна, блага експанзивна монетарна

политика, при позитивен економски амбиент, ќе се зголемува побарувачката а со тоа

поизводството и вработеноста, како основни сегменти за поуспешно и поефокасно

остварување на целите на развојната политика.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 6.

Поставувањето на македонската национална валута на официјалните курсни

листи на странските централни банки, ќе ја подобри позицијата на денарот.

Поединечна хипотеза 1.

Поставувањто на денарот на официјалните курсни листи на централните банки,

може да се избори во земјите од регионов врз основа на взаемна соработка, почитување

и реципроцитет.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 7.

Денаризацијата на финансискиот систем на Македонија, што значи

деевроизацијата и дедоларизацијата ќе доведе до подобрување на позицијата на

македонската национална валута.

Page 97: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

97

„Секогаш оди подалеку, бидеќи таму ќе ја дознаеш вистината“.

Албер Ками

Поединечна хипотеза 1.

Предвремената евроизација е штетна. Барања за предвремена евроизација има

од повеќе страни, заради лични, или интереси на поедини компании, што е нормално за

една мала и отворена економија.

Поединечна хпотеза 2.

Со зголемена доверба кон домашната валута, ќе се истиснат странските валути

и ќе се отвори поголем простор за домашната валута.

Поединечна хипотеза 3.

Штедењето во домашна валута ќе допринесе за јакнење на економската моќ на

државата.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 8.

Денаризацијата на финансискиот систем, односно деевроизацијата и

дедоларизацијата во очите на ЕУ и САД претставува антиевропска односно

антиамериканска политика, со сите последици што ги носи таа плитика.

„Кој ги контролира парите, го контролира и светот“

Хенри Кисинџер

Поединечна хипотеза 1.

Политиката за денаризација на финансискиот ситем во Република Македонија,

треба да биде прагматична, дискретна, самостојна и независна монетарна политика.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 9.

Со намалувањето на количината на пари во оптек со подолго задржување на

парите од страна на граѓаните и штедење, со користење на домашната национална

валута при купопродажбата на недвижности и моторни возила, ќе доведе до економски

раст, врз база на релаксирана монетарна политика, со отворање простор за поголема

апсорпција на парична маса. Тоа го практикувват моќните централни банки, но и

помалите кои имаат добра монетарна политика.

Page 98: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

98

,,Гениј е еден посто инспирација, и деведесет и девет посто пот”.

Томас Алфа Едијсон

Поединечна хипотеза 1.

Стратегијата на управување со паричната маса треба да се заснова на сезонски

варијабли, месечни промени во количината на парите во оптек, а со тоа промени на

агрегатната побарувачка и инфлаторниот притисок.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 10.

Стерилизацијата на вишокот ликвидност во комерцијалните банки е една од

алатките на централните банки за чување на стабилен курс на валутата. Повлекувањето

на вишокот на денарски износи во централната банка и нивна стерилзација го спречува

инфлаторниот притисок.

Поединечна хипотеза 1

Покрај поединечни повлекувања на вишок на денарски износи, стерилизација се

врши и преку задолжителната резерва и благајничките записи.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 11.

Формирањето на истражувачки центар во НБРМ ќе ја потикне научно-

истражувачката дејност на полето на монетарната политика, преку развој на

аналитичката работа и монетарни истражувања.

,,Подобро запалете светло, отколку да ја проколнувате темнината”.

Кинеска мудрост

Поединечна хипотеза 1.

Научно-истражувачката работа во НБРМ ќе креира насоки за дејствување со цел

монетарната политика да вијае на економското јакнење на државата.

ПОСЕБНА ХИПОТЕЗА 12.

Формирањето на музеј на НБРМ, (по примерот на музејот на Банката на

Англија), ќе ја зајакне позицијата на македонската национална валута.

Page 99: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

99

Поединечна хипотеза 1.

Во таквиот музеј НБРМ навистина има што да покаже. Македонија е една од

првите области во Еврпоа каде што започнало организирано ковање пари. Македонија

од секогаш била монетарен крстопат.

Поединечна хипотеза 2.

Скопското Кале е идеално место за изградба на музеј на НБРМ. Издигнато на

доминантна позиција над градот, Скопското Кале сведочи за древноста. Археолошките

истражувања говорат за праисториското минато на калето. Мистичноста на тврдината,

никого не остава рамнодушен и секој сака да ја посети.

Слика број 14.

Скопското Кале17

Поединечна хипотеза 3.

Изработката и продажбата на сувенири дизајнирани со мотиви од книжните и

кованите пари, ќе допринесе за поголема промоција и ќе ја подобри позицијата на

македонската национална валута.

17

Сликата е преземена од https://mk.wikipedia.org, од текстот под наслов: „Скопско Кале“, прва страна.

Page 100: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

100

ГЛАВА 5. ИНДИКАТОРИ

Многу државни институции во нашава земја, паричните износи ги икажуваат во

евра во денарска противвредност, со што се нанесува штета на статусот на

домашната национална валута.

Од 2014 година денарските депозити се поголеми од девизните депозити, што е

иникатор за стабилноста на валутата и зголемената доверба во банкарскит

систем.

Во 2016 година НБРМ откупи девизи во износ од 16.65 милјони евра, месечниот

раст на вкупните депозити е 4% од кои 90% се во денари18

.

За прв пат во 2013 година НБРМ официјално го употреби терминот

,,денаризација на депозите”; Од 2015 година ,,денаризација на економијата”; Во

Кварталниот извештај на НБРМ од Ноември 2015 година се употребуваат

терминате ,,денаризација” и ,,деевроизација”; Во Годишниот извештај за 2013

година се употребуваат терминате ,,денаризација” и ,,деевроизација”, како и во

Годишниот извештај на НБРМ за 2015 година; Во Националната програма за

економски реформи 2015 година се употребуваат терминате ,,денаризација” и

,,девроизација”.

Според извештајот на НБРМ од 2015 година странскиот капитал во вкупниот

банкарски капитал е застапен со 74.8%, од кој над 80% е од земји членки на

Европската унија и тоа од Грција, Бугарија, Словенија, Австрија и Фаранција,

кој во однос на 2014 година се намали за 1.4%, во корист на домашниот

банкарски капитал. Во вториот квартал на 2016 година странскиот акционерски

капитал во банките изнесува 74.1%, што е намалување во однос на 2015 година

за 0.7%

Во Република Македонија валутната структура на трговската размена во

периодот Јануари - Мај 2015 година во евра е застапено со 81.7%.

Луксембирг, кој функционира како финансиска зона, финансиските услуги

учествуваат со 25% во БДП.

Дневниот промет на девизниот пазар во светски рамки изнесува 4 трилјони

долари.

18

Соопштение од НБРМ, www.nbrm.mk, од 11.01.2017 година

Page 101: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

101

Околу 500 милјарди долари, тоа е половина од готовите пари или кеш, е во

оптек надвор од САД. Околу 3/5 од глобалните светски резерви се во

американски долари.

Page 102: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

102

ГЛАВА 6. МЕТОДОЛОШКИ ПРИОД

Во овој научно-истражувачки проект се користени методи, техники, постапки и

инструменти како алатки за објективистички пристап, со цел да се дојде до емпириски

податоци.

Методолошкиот приод е заснован врз следниот методолошки модел на

истражувањето:

Компаратвниот метод, компаративна анализа,

Историскиот метод,

Анализа на содржината и синтетичкиот метод,

Статистичкиот метод,

Индукција,

Дедуктивниот метод,

Генерализацијата,

Операционализмот,

Набљудување и

Интервју

Page 103: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

103

ЗАКЛУЧОК

,,Морав да го поклонам знаењето, за да направам место за верување”.

Емануел Кант

Во општество кое се темели на почитување на владењето на правото, паричниот

односно монетарниот систем како подсистем на финансискиот систем, во современи

услови постојано се усовршува.

Со овој научно-истражувачки труд, преку емпириско искуствено научно

сознание, и проучување на монетаризмот чиј главен претставник е Милтон Фридман,

дојдовме до заклучок дека за остварувањето на основната цел на монетарната

политика, регулирањето на понудата и побарувачката на пари, за да има урамнотежен

однос на паричната маса за воспоставување на макроекономска рамнотежа, НБРМ има

неискористен простор за делување со отворање нов пристап во насока за јакнење на

економската моќ на државата, иако денес Македонија функционира во исклучително

сложени услови. Во многу земји, централните банки се клучниот фактор за нивната

економска моќ.

Генералната хипотеза на овој магистерски труд за јакнењето на позицијата на

македонската национална валута со доследна примена на законската регулатива и

воопшто со јакнење на монетарниот суверенитет, ќе доведе до јакнење на економската

моќ на државата и ќе го придвижи економскиот развој, е заснована врз следната

емпириска подлога и емпириски модел:

Ако државните структури, паричните износи ги искажуваат во евра во денарска

противвредност, тоа значи дека државата не верува во стабилноста на

сопствената валута, и со тоа се предизвикува штета на националната валута и

банкарскиот систем.

Без денаризација нема здрав национален финансиски систем.

Изнаоѓање нови форми за денаризација на финансискиот систем.

Комплексна програма за добро позиционирање на денарот, и функционален

монетарен систем.

Јакнење на довербата и кредибилитетот на НБРМ како стабилна институција

која промовира сигурен и стабилен финансиски систем, гаранција е дваесет

години стабилениот курс на денарот (2017 година).

Page 104: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

104

Градење на јавна поддршка за монетарната политика, градење на јавна доверба

во националната валута, и воспоставување на еден специфичен однос со

јавноста во насока за изградба на свест и разбирање за улогата на националната

валута во националната економија.

Македонската национална валута да биде столб на националната економија

преку добро позициониран и атрактивен денар, со што ќе се овозможи

користење на монетарниот стимул, преку финансискиот систем кој претставува

крвоток во стопанството.

Нјмоќната централна банка, и воопшто, најмоќната светска институција - ФЕД

се познати по нивната таинствена работа. Според Мастришкиот договор ЕЦБ

има минимална обврска за известување, а во однос на законодавната власт има

најголем степен на независност, истото тоа нема уставна ни законска пречка да

важи и за НБРМ.

За водечките централни банки важи образецот ,,Наша валута - ваш проблем”, а

за малите ,,Ваша валута - ваш проблем”.

НБРМ претставува монетарна управа која е должна да ги мобилизира ресурсите

на државата.

Гарант за стабилност на цените и макроекономска стабилност е инфлација од

2%, таква проектирана цел има ЕЦБ за еврото, што значи, со врзаноста на

денарот за еврото, денарот ја презема таа инфлација, и за макроекономска

стабилност денарот треба да има инфлација 0%.

Паричната маса во оптек да се зголемува пропорционално со зголемувањето на

побарувачката на валутата, а побарувачката зависи од пазарната вредност на

валутата, заради тоа со валутата треба слободно да се тргува.

Македонската национална валута може мошне лесно да биде цел на

шпекулативни напади: Наменски пласирани шпекулации и шпекулативни

информации за сигурноста на банкарскиот систем и за девалвирање на курсот

на денарот. Шпекулативните напади на денарот и банкарскиот систем се напади

на финансискиот имот на граѓаните и напад на економијата во целост.

Една од поинтересните теории во монетарната политика е теоријата на

монетарно изненадување, според која, ако владата и централната банка одлучат да ја

зголемат паричната маса во оптек, без да ја информираат јавноста, ќе следи зголемена

агрегатна потрошувачка, а со тоа ќе дојде до зглемување на производството и јакнење

Page 105: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

105

на економијата, бидеќи економските субјекти ќе мислат дека дошло до реално

зголемување на агрегатната потрошувачка.

Круцијален момент врз кој ќе се потпре генералната хипотеза на овој

магистерски труд е денаризацијата на финансискиот систем во Република Македонија

и јакнењето на монетарниот суверенитет. Денаризацијата ќе се изврши со доследна

примена на Законот за парична единица на Република Македонија (Сл. весник на РМ

бр. 26/92) и Законот за употреба на паричната единица на Република Македонија (Сл.

весник на РМ бр. 26/92). Праксата на државните институции да ги искажуваат

паричните износи во евра во денарска противвредност, значи недоверба и негирање на

сопствената национална валута, со огромни негативни последици за позиционирањето

на денарот во државата и отворање пат за евроизација и доларизација. Колку се големи

пропустите во проучувањето на монетарната политика во нашата централна банка

може да се види во обраќањето на Анита Ангеловска - Бежоска, вицегувернер на

НБРМ пред претставниците на Европската Комисија, Европската Центрана Банка и

Еуростат во Европската Комисија во Брисел на 09.07.2013 година кога ги презентира

мерките насочени ,,кон поддршка на процесот на деевроизација на економијата” во

Македонија! Но, процесот на деевроизација на економијата треба да биде дискретна

политика на НБРМ, затоа што ЕУ на таквите мерки гледа како антиевропска политика,

потоа можеше да се забележат координирани шпекулативни напади на македонскиот

банкарски систем од страна на невладини организации финансирани од ЕУ, кои се

извршуваат во континуитет.

Во последниот Закон за НБРМ (Сл. весник на РМ бр. 158/10 и измените и

дополнувањата), покрај тоа што се уредува организацијата и работата на НБРМ, се

уредуваат и приклучувањето и членството во Европскиот систем на централни банки,

како и задачите и овластувањата на НБРМ по воведувањето на еврото како парична

единица во Република Македонија. Но тоа е само долгорочна цел, во тој меѓупериод,

кој по се изгледа ќе биде доста долг, НБРМ ќе треба во голем број сегменти да има

сопствена, дискретна монетарна политика, но од стратегиските планови што се носат

секоја година, НБРМ презема обврска за ,,зголемување на обемот и детаљноста на

податоците кои што се доставуваат до европските институции”.

Глобалниот финансиски систем е организиран од Западот а доминантен од

САД. Монетарната глобализација ги глобализира парие. Меѓународната монетарна

политика има нагласени геостратегиски интреси. По напуштањето на Бретонвудскиот

систем во 1971 година т.н. ,,Никсонов шок”, меѓународниот монетарен поредок остана

Page 106: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

106

правно нерегулиран. Американската централна банка (ФЕД) ја пронајде ,,волшебната

формула” која не им успеа на алхемичарите од средиот век, да создаде богатство од

ништо, хартијата го замени златото, (,,финансиска алхемија”). Со печатење долари

неограничено и неконтролирано од никого, да дојде до вистински материјални

богатства во целиот свет. За потребите на меѓународните плаќања започна инфлаторно

емитување на една национална валута (америкнскиот долар), (од тогаш, поранешниот

СССР почна да ја губи трката во вооружување). Така се создадоа две економии, едната

е реална а другата виртуелна економија која создава пари преку печатење пари,

банкарски шпекулации и банкарски иновации, пример претворањето на ненаплативите

станбени кредити во САД во ,,атрактивни” хартии од вредност продавани во целиот

свет. Таа виртуелна економија не ноже да постои без реалната економија, бидеќи таа

живее од реалната економија, таа паразитира на реалната економија, и жалосно е што

виртуелната економија е подоминантна во однос на реалната економија. Денес во

светот се води ,,студена монетарна војна” меѓу Западот и земјите на групата БРИКС,

но исто таква војна се води помеѓу централните банки на САД и централната банка на

ЕУ. Потребна е нова конференција, како онаа во Бретон Вудс во 1944 година, за

регулирање на меѓународната финансиска архитектура, а крунскиот дел треба да биде

регулирањето на меѓувалутните односи, креирање светска парична единица или

пресметковна парична единица. Таква конференција би требало да биде организирана

од ООН, но денес, се повеќе како форум за меѓународна соработка, каде што би

можело да се отвори тоа прашање е Групата Г-20 и Светскиот економски форум - СЕФ

(Њорлд Ецономиц Форум – ЊЕФ). ММФ, Светска банка и СТО се надвор од ООН.

Од ова истражување произлргуваат неколку важни препораки за носителите на

монетарната политика:

Суштинско јакнење на научно-истражувачкиот профил на НБРМ.

Комплетна денаризација на финансискиот систем на Република Македонија, а

не само на депозитите за што се залага НБРМ, како генерална оределба.

Дел од монетарната политика на НБРМ треба да биде дискретна политика.

Монетарната политика во одредени сегменти треба да биде унилатерална

политика, и добро осмислена монетарна стратегија.

Разобличување, а уште подобро, пресретнување на шпекулативните напади врз

македонската национална валута и банкарскиот систем.

Денарот е мојата татковина, денарот е мојата побожна икона.

Page 107: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

107

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Книги

Фредерик С. Мишкин, ,,Стратегија на монетарната политика”, издадена од

Massachusetts institute of Technology, 2007 година. (Проект: Превод на 1000

стручни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и

најреномираните универзитети во светот).

Д-р Тихомир Јовановски, ,,Монетарна економија (монетарна теорија, стратегија

и анализа)”, Мисла - Скопје, 1995 година.

Д-р Љубе Трпески, ,,Монетарна економија”, Економски факултет - Скопје, 2010

година.

Д-р Љубе Трпески, ,,Пари и банкарство”, универзитетски учебник - Скопје, 2003

гододина.

Д-р Љубе Трпески, ,,Банкарство и банкарско работење”, Економски факултет -

Скопје, 2009 година.

Д-р Горан Петревски, ,,Монетарна политика - теорија и искуство на

Македонија”, Здружение за социоекономски развој - Скопје, 2005 година.

Д-р Горан Петревски, ,,Управување со банките”, - Скопје, 2008 и 2011 година.

Д-р Михаил Петковски, ,,Финансиски пазари и институции”, Скопје 2009

година.

Д-р Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, ,,60 години централно банкарство

во Република Македонија”, Народна банка на Република Македонија, Скопје,

2006 година.

Д-р Таки Фити, ,,Вовед во современата економија”, Скопје 2002 година.

Д-р Таки Фити, ,,Економија-макроекономски пристап”, Економски факултет

Скопје, 1998 година.

Д-р Таки Фити, ,,Економија и основи на економијата”, Скопје, 2006 год.

Д-р Таки Фити, ,,Феноменилогија на економските кризи”, Скопје 2009 година.

Д-р Тодор Рушков, ,, Политичка економија”, Култура - Скопје, 1982 година.

Џорџ Сорос, ,,Алхемија на финансиите” (,,The alchems of finance”), 1987 година.

Закони

-Закон за Народната банка на Република Македонија, - (Службен весник на РМ

бр. 158/10; 123/12 и 43/14).

Page 108: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

108

-Закон за Народната банка на Република Македонија, - (Службен весник на РМ

бр. 3/02; 51/03; 85/03; 40/04; 61/05 и 129/06).

-Закон за Народната банка на Република Македонија, - (Службен весник на РМ

бр. 26/92; 4/93; 29/93; 78/94 и 37/98).

-Закон за паричната единица на Република Македонија, - (Службен весник на

РМ бр. 26/92).

-Закон за употреба на паричната единица на Република Македонија, - (Службен

весник на РМ бр. 26/92).

-Закон за вршење услуги без трансвер на пари, - (Службен весник на РМ бр.

77/03; 54/07; 48/10; 67/10; 17/11; 135/11 и 187/13).

-Закон за банките, - (Службен весник на РМ бр. 67/07; 90/09; 67/10; 26/13 и

15/15).

-Закон за платниот промет. - (Службен весник на РМ бр. 113/07; 22/08; 133/09;

145/10; 35/11; 11/12; 59/12; 166/12 и 170/13).

-Закон за девизното работење, - (Службен весник на РМ бр. 34/01; 49/01; 103/01;

51/03; 81/08; 24/11; 135/11; 188/13 и 97/15).

-Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам, (Службен

весник на РМ бр. 130/14)

-Закон за Македонска банка за поддршка на развојот, - (Службен весник на РМ

бр. 105/09).

-Закон за Фондот за осигурување на депозити, - (Службен весник на РМ бр.

63/00; 29/02; 49/03; 81/08; 158/10; 43/14 и 15/15).

-Закон за финансиските друштва, - (Службен весник на РМ бр. 158/10; 53/11 и

112/14).

-Закон за кредитно биро, - (Службен весник на РМ бр. 81/08; 24/11 и 166/14).

-Закон за пригодни ковани пари, - (Службен весник на РМ бр. 11/95 и 74/04).

Одлуки на НБРМ од областа на операциите на финансиските пазари

Одлука за начинот на формирање и објавување на курсевите на НБРМ, -

(Службен весник на РМ бр. 58/14).

Одлука за расположливите депозити, (Службен весник на РМ бр. 49/12).

Олука за запис за шестмесечен депозит кај НБРМ, (Службен весник на РМ бр.

14/11).

Page 109: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

109

Одлука за благајничките записи, (Службен весник на РМ бр. 166/13).

Одлука за задолжителната резерва, (Службен весник на РМ бр. 153/12).

Одлука за купување и продавање хартии од вредност на привремена и

дефинитивна основа од страна на НБРМ, (Службен весник на РМ бр. 81/11).

Одлука за утврдување на инструментите за обезбедување при спроведување

монетарни операции, (Службен весник на РМ бр. 126/11).

Одлука за расположлив кредит преку ноќ, (Службен весник на РМ бр. 42/11).

Одлука за интрадневен кредит, (Службен весник на РМ бр. 42/11).

Одлука за девизен депозит кај НБРМ, (Службен весник на РМ бр. 42/11).

Одлука за начинот и условите на купување и продавање на странски платежни

сретства, (Службен весник на РМ бр. 58/14).

Одлука за управување со валутен ризик, (Службен весник на РМ бр. 17/08).

Политика за чување и управување со девизните резерви на НБРМ, (Службен

весник на РМ бр. 126/11).

Одлуки на НБРМ од областа на девизното работење

Одлука за начинот на кој резидентите отвораат девизни сметки. (Службен

весник на РМ бр. 42/16 и 48/16).

Одлука за условите и начинот под кои резидентите можат да склучуваат

кредитни работи во девизии да вршат плаќања врз основа на тие кредитни

работи. (службен весник на РМ бр. 166/13).

Одлука за менувачки работи. (Службен весник на РМ бр. 129/12; 42/14 и 42/16).

Одлука за начинот за вршење на платниот промет со странство. (Службен

весник на РМ бр. 42/11).

Олука за условите под кои овластените банки можат да внесуваат во или

изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари од или на своите

сметки во странство. (Службен весник на РМ бр. 47/07).

Одлука за условите и висината на износот на ефективни домашни пари, чекови

и монетарно злато кои можат да се внесуваат во или изнесуваат од Република

Македонија. (Службен весник на РМ бр. 41/07).

Упатства на НБРМ

Упатство за начинот на доставување податоци за склучени трансакции на

девизниот пазар. (Сллужбен весник на РМ бр. 98/14).

Page 110: ПРАВНО ЕКОНОМСКИ ТРЕТМАН НА МАКЕДОНСКАТА …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/DragiNajdovski_Bitola.pdf · МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН

110

Упатство за начинот на вршење на платниот промет со странство. (Службен

весник на РМ бр. 141/16 и 154/16).

Упатство за начинот и постапката на известување за состојбата и промените на

влошувањата на резидентите во хартии од вредност на странските финансиски

пазари. (Службен весник на РМ бр. 200/16).

Упатство за спроведување на одлуката за управување со ликвидносниот ризик

на банките. (Службен весник на РМ бр. 139/11).

Упатство за спроведување на одлуките за управување со валутниот ризик.

(Службен весник на РМ бр. 154/08).

Електронски извор (Internet)

http://www.nbrm.mk

http://www.europa.eu

http://www.dei.gov.ba/dokumenti/?id=4585

http://www.federalreserve.gov

http://www.bankofengland.co.uk

http://www.bundesbank.de

http://www.banque-france.fr

http://www.cbr.ru

http://www.imf.org

http://www.worldbank.org

http://www.ebrd.com

http://www.eib.org

http://www.EFDI.eu

http://www.cbbh.ba

http://www.stb.com.mk

http://www.kb.com.mk

http://www.stbbt.com.mk

http://www.acimcedonia.org

http://www.ebf-fre.eu

http://www.1000knigi.mon.gov.mk