КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na...

30
КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА СОРАБОТКА НА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР 2012-2017 Скопје, Ноември 2011

Transcript of КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na...

Page 1: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА СОРАБОТКА НА ВЛАДАТА СО

ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР 2012-2017

Скопје, Ноември 2011

Page 2: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

2

Вовед Поглавје 1: Граѓанскиот сектор во Македонија и досегашна соработка со

Владата

Поглавје 2: Стратешка рамка за соработка на Владата со граѓанскиот сектор

Развиен и оддржлив граѓански сектор Активно учество во дефинирање политки, закони и Европска

интеграција Економски и социјален развој и кохезија Зајакнат граѓански активизам и поддршка од заедницата Зајакната институционална рамка и практики за соработка

Поглавје 3: Спроведување

Поврзување на Стратегијата со другите стратешки документи и заложби на Владата

Одговорни субјекти за спроведување и координација Временска рамка на Стратегијата и акциски планови

Поглавје 4: Рамка за следење и ревизија на Стратегијата Поглавје 5: Потенцијални извори за финансирање Користена литература Акциски план 2012-2014

Page 3: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

3

ВОВЕД

Во воведот на Стратегијата ќе се даде преглед на генералните заложби на Владата за соработка и поддршка на граѓанскиот сектор, ќе се објаснат генералните цели кои Владата сака да ги постигне преку усвојување на оваа Стратегија и вредностите и принципите врз кои ќе се темели Стратегијата. Истовремено ќе се даде кус преглед на резултатите од Стратегијата 2007-2011 и Европските трендови во оваа област.

Причини поради кои се усвојува Стратегијата Стратегија цели да продолжи да го промовира, поддржува и унапредува градењето партнерски односи помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, односно здруженијата и фондациите, во функција на:

1. целокупниот иден развој на македонското општество и негово вклучување во Европската унија, и

2. остварување на потребите на граѓаните и заедницата за поквалитетен живот и подобра иднина.

Стратегијата содржи мерки кои ќе обезбедат поволна средина за понатамошниот развој на граѓанскиот сектор и ќе создаде услови тој да биде препознаен и оддржлив. Развиен и оддржлив сектор може поквалитетно да придонесува кон:

процесите на економски развој; креирање на политиките и законите; процесите за Европска интеграција; задоволување на потребите на заедницата.

Стратегијата содржи и мерки кои ќе го поттикнат граѓанскиот активизам и вклучување на граѓаните во општествените процеси. Владата преку оваа Стратегија, ќе ги зајакне постоечките механизми за соработка и ќе креира нови институционални механизми и мерки за да ја стимулира соработката во сфери каде што има можности дополнително да се развива. Стратегијата цели да ја поттикне соработката во следниве приоритетни области:

1. Развиен и оддржлив граѓански сектор 2. Активно учество во дефинирање политки, закони и Европска

интеграција

Page 4: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

4

3. Економски и социјален развој и кохезија 4. Зајакнат граѓански активизам и поддршка од заедницата 5. Зајакната институционална рамка и практики за соработка

Вредности и принципи врз кои ќе се темели соработката Стратегијата ќе продолжи да ги негува вредностите и принципите кои беа основа на досегашната соработка и Стратегијата од 2007-2011 и ќе развива нови со цел да ја продлабочи соработката..

Взаемна доверба Во развојот и спроведувањето на политиките и активностите, улогите

на Владата и граѓанскиот сектор се комплементарни. Нивните заеднички цели ќе бидат најефикасно остварени доколку се утврдени и спроведени врз основа на взаемна доверба за целта што се сака да се постигне и начинот како да се направи тоа. Владата се залага таа и граѓанскиот сектор да влегуваат во заеднички односи без предрасуди и со целосно разбирање за позитивната улога што ја има секоја страна во постигнувањето на заедничките цели. Содржината на ова начело ја определуваат две компоненти: совесност и јавен интерес.

Партнерство Успешна соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор претпоставува партнерски однос и поделба на задачите со цел поефикасно остварување на интересите на граѓаните. Принципот на партнерство подразбира соработка на рамноправни основи помеѓу сите страни со цел да се воспостави дијалог и почитување различни мислења при дефинирање и спроведување на заедничките цели. Владата и граѓанскиот сектор ќе се надополнуваат во рамките на соодветни области, секаде каде Владата има потреба, а граѓанскиoт сектор може да излезе во пресрет со сопствениот капацитет и знаење и обратно.

Независност Граѓанскиот сектор е слободен и независен во поставувањето на своите цели, донесувањето на одлуките и планирањето на своите активности. Владата ги почитува специфичностите што го карактеризираат секторот, особено важноста на неговата независност во претставувањето на интересите на граѓаните, спроведувањето на активностите за кои е добиена финансиска поддршка од Владата и учеството во креирање на политиките.

Плурализам Развојот на демократско општество зависи од почитување на начелото на плурализам, можноста за изразување на различни мислења и ставови и земање во предвид на истите во развојот на планови и

Page 5: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

5

политики. Владата го препознава и почитува постоењето на различни цели, вредности и интереси (афинитети) на граѓаните што се изразени преку различни активности и заложби на граѓанските организации. Владата овозможува вклучување и соработка со сите организации, без дискриминација и со посебен фокус на препознавање на интересите на маргинализираните групи.

Учество

Владата овозможува вклученост на граѓанскиот сектор во креирање на политиките со цел да бидат интегрирани интересите и предлозите на граѓаните во процесите на одлучување и спроведување. Граѓанскиот сектор со своите капацитети и ресурси придонесува кон донесување поквалитетни решенија за доброто на заедницата. Тој ги претставува различните вредности и интереси на граѓаните, преку него граѓаните добиваат информации и го изразуваат своето мислење за предложените мерки на Владата. Владата е отворена за дијалог со јавноста со цел да се подобри квалитетот на предложените политики и да се зајакне легитимноста на владината политика. Исто така Владата ќе овозможни активно вклучување на граѓанските организации со еднаква одговорност и право на одлучување во тела кои креираат политики за спроведување на соработката и развивање на граѓанскиот сектор и други тела кои ќе ја дефинираат агендата за развој на општеството и Европските интеграции.

Транспарентност (јавност) Активностите кои се преземаат од страна на Владата и граѓанскиот сектор, во однос на програмите и плановите кои се неопходни за развој на заедничките цели, ќе бидат отворени и споделувани меѓу двете страни и кон јавноста. Владата ќе стави посебен акцент на овој принцип во однос на пристапот до информации, учеството во креирањето на јавните политики и законите, и распределбата на средства. Одговорност Владата и граѓанскиот сектор се взаемно одговорни пред јавноста и граѓаните во спроведувањето на заедничките активности. Овој принцип, пред сè, се изразува низ залагањето на Владата и граѓанскиот сектор да ги земаат предвид изразените мислења на граѓаните при одредување на приоритетите и подготвување и спроведување на политиките. Владата и граѓанскиот сектор се обврзуваат да се водат од принципот на взаемна одговорност и при распределбата и користењето на средствата од владини извори. Еднакви можности и недискриминација Владата се залага за почитувањето на еднаквите можности и недискриминацијата на сите луѓе во остварувањето на нивните основни права и слободи и на придобивките од политичките,

Page 6: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

6

економските и социјалните процеси и механизми. Граѓанскиот сектор по својата природа на делување ги артикулира потребите и интересите на различни целни групи, особено маргинализираните како: сиромашни, жени, Роми, лица со посебни потреби и сл. Социјалната кохезија како приоритетна област и стратешка цел на оваа Стратегија единствено може да биде достигната ако се почитуваат прнципите на еднаквост, еднакви можности и недискриминација.

Субјекти на кои се однесува стратегијата Граѓанското општество опфаќа повеќе облици на здружување: здруженија, фондации, политички партии, верски заедници и религиозни групи, синдикати, стопански комори и други видови на здружувања помеѓу лица и организации. Оваа Стратегија го следи приодот на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 и се однесува само на здруженијата и фондациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации.

Page 7: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

7

I. ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА И ДОСЕГАШНА СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА1

Генерален преглед на состојбата и потребите на граѓанскиот сектор

Во овој дел ќе се даде поширок преглед на состојбата на граѓанскиот сектор и соработката со Владата, и ќе се издвојат основните потреби кои ќе бидат основа за дефинирање на стратешките приоритети.

Во 2010 година во Република Македонија беа регистрирани 11.457 здруженија на граѓани и фондации, со што бројот на организациите бележи значителен пораст во последниве неколку години. Согласно новиот Закон за здруженија и фондации, организациите требаше да се пре-регистрираат и бројот на пре-регистрирани организации до октомври 2011, изнесува 3,506. Организациите кои работат во поголемите градови се поразвиени и поактивни во процесите на национално ниво додека оние во руралните средини немаат доволно капацитети ниту оддржливост да можат значително да придонесуваат во развојот на општеството. Поради тоа, постои потреба да се поттикне развојот на организациите во руралните средини. Ова особено што според анализите на секторот најголем број од граѓанските организации работат на локално ниво, но од друга страна најмногу влијание и присутност имаат помал број организации кои истовремено имаат добри практики на внатрешно управување и влијание во општествените процеси. Според истражувањата2 идентификувани се следните карактеристики и силни внатрешни страни:

Граѓанскиот сектор е најактивен во областа на човековите права. Граѓанскиот сектор продолжува да остварува најголемо влијание во

оспособувањето на граѓаните и обезбедувањето услуги за општествените потреби.

Граѓанските организации се повеќе комуникацираат и соработуваат меѓусебе.

1 За изработка на овој дел се користени и директно цитирани следниве анализи: Долг пат до поголем граѓански ангажман - Аналитички извештај, ЦИВИКУС: Индекс на граѓанското општество во Република Македонија, изготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (2011); Индекс за оддржливост на невладините организации во централна и источна Европа, УСАИД (2011); Општествената одговорност на граѓаните, МЦМС 2009; Даночното опкружување на граѓанските организации во Република Македонија, МЦМС 2011, Транспарентност и учество на јавноста во процесите на донесување закони: Компаративен преглед и проценка на состојбата во Македонија, ОБСЕ, МЦМС, ЕЦНЛ, 2010, Извештај – Воспоставување на ефикасен координативен механизам со другите владини институции релевантни за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, Никица Кусеникова, 2010 2 Особено на Цивикус и Индексот на УСАИД

Page 8: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

8

Граѓанските организации подобро од порано се поврзуваат со нивните претставници и ги претставуваат нивните интереси.

Граѓанскиот сектор се карактеризира и со ниско ниво на корупција. Организациите се повеќе ја јакнат транспрантноста во работата

преку објавување на информации и извештаи на нивните веб страници.

Истите истражувања ги истакнуваат следниве слабости на секторот:

Недоволна финансиска оддржливост. Недоволен развој на внатрешни стратегии за развој и управување. Недоволна активност во стимулирање на општествената

одговорност на граѓаните, односно во граѓанскиот ангажман и соработка со други субјекти.

Човечките ресурси се една од послабите карактеристики на граѓанскиот сектор, поради малиот број професионално ангажиран персонал.

Граѓанските организации немаат соодветен капацитет за да бидат активно вклучени во процесите на донесување закони. Особено недостасува добра експертска подготовка и експертиза за одредени прашања.

Активностите на граѓанските организации претежно се поддржани од странски донатори, како Европската унија, УСАИД, ОБСЕ, Швајцарската агенција за развој и соработка. (Во овој дел ќе се напише повеќе околу програмите што ги поддржуваат.) Во однос на надворешната средина и активности со кои се занимаваат организациите забележани се следниве констатации. (Описот на состојбите во наредниве неколку глави ќе биде подетално објаснет во предлог Стратегијата. За цели на концептот наведен е кус опис на состојбата и потреби за да се подобри истата.)

Развиеност и оддржливост на граѓанскиот сектор 1) Правна рамка за основање и функционирање на организациите Основната правна рамка за основање и работење на организациите е подобрена со донесување на Законот на здруженија и фондации во 2010 година. Законот ја прошири слободата на здружување на малолетници, странци и правни лица, се подобрија одредбите за внатрешно управување, се дозволи директно вршење на дејности со кои се стекнува добивка што е важен извор за финансирање на организациите и го воведе статусот на организации од јавен интерес што е предуслов за воведување на даночни бенефиции. Статусот го дава Владата на предлог на Комисија составена од

Page 9: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

9

претставници на Владата и граѓанските организации. Процесот на основање на Комисијата е во тек. Во септември 2011 година се изменија одредбите на Законот во однос на регистрацијата на организациите и ефектот од нивната примена во практиката ќе треба да се следи. Со оглед на тоа дека ова се важни новини во системот, потребно е да се преземат повеќе активности со цел ефективно да се спроведе Законот. Особено е важно да се следи спроведувањето на статусот на организации од јавен интерес и да се дадат насоки за користење на можноста организациите да се занимаваат со дејности со кои се стекнува добивка. Исто така забележана е потреба да се изменат делови од Националната класификација на дејности и истите да соодветствуваат на активностите на организациите и да се поттикнат организациите да се здобијат со овој статус преку пропишување даночни и царински олеснувања. Функционирањето на граѓанските организации е условено и од други закони и регулативи, и потребно е да се направи анализа за тоа како тие ја помагаат или отежнуваат нивната работа и да се дадат препораки за нивно подобрување. Во оваа насока, истакната е потребата да се направи анализа на спроведување на Законот за сметководство на непрофитни организации, соодветниот правилник и формуларите, со цел да се утврдат потребите за подобрување на финансиското работење и подобро следење на финансиската состојба на организациите. Закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам ги изедначува здруженијата и фондациите со финансиските институции и пропишува казни за нивно неизвршување независно од големината на организацијата. Поради тоа потребно е да се направи оценка на неговото влијание врз работата на граѓанските организации, согласно меѓународните стандарди и домашни потреби. Исто така треба да се направи анализа на спроведувањето на Законот за лобирање и начинот на кој тој влијае на работата на организациите. 2) Оддржливост на секторот и мерки за финансирање Организациите се финансираат од повеќе извори како што се грантови од Владата и странските донатори, Европската унија, членарини и сопствени извори на добивка. Најмало учество во финансирање имаат преку донации од индивидуални лица и деловниот сектор. Дејности со кои се стекнува добивка До донесување на Законот за здруженија и фондации во 2010 година организациите можеа да се занимаваат со дејности за стекнување добивка само преку основање на деловни субјекти. Со донесување на овој закон тоа можат да го прават директно, што е од особено значење за развојот и оддржливоста на граѓанските организации. За тие непречено да ја користат оваа добивка потребно е да се направи анализа како се спроведува ова право и доколку се појави потреба да се подготват препораки и насоки за

Page 10: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

10

организациите и органите на државната управа кои ќе бидат задолжени за следење на примената на Законот (на пример, потребно е јасно определување на обемот на дејности со кои непрофитните организации може да се занимаваат). Друг извор на добивка се и каматите од резервни фондови, но организациите во Македонија не ги користат овие можности. Поради тоа се препорачува да се направи анализа на состојбата и можностите за креирање и менаџирање резервни фондови и да се подобри правната рамка доколку е потребно. Даночни бенефиции Законот за здруженија и фондации предвидува дека граѓанските организации имаат даночни и царински олеснувања во согласност со закон. Даночните бенефиции за граѓанските организации се дефинирани со законите за данок на добивка, персонален данок на доход и данок на додадена вредност, Законот за донации и спонзорства во јавни дејности и други. Но, потребно е да направи интервенција во неколку закони со цел да се зајакнат можностите за оддржливост на организациите. Пред се, со оглед на тоа што граѓанските организации се од непрофитен карактер и несмеат да распределуваат добивка како приход, потребано е да се изостават од широкиот опфат на дефиницијата во Законот за данокот на добивка како субјекти даночни обврзници. Понатаму, со воведување на статусот на организации од јавен интерес, Законот за здруженија и фондации воведе одредба која предвидува организациите со овој статус да можат да добијат поголеми даночни и царински бенефиции. Според тоа, потребно е да се утврдат области каде ќе можат да се пропишат вакви бенефиции. На пример, можно е да направи поврзување на бенефициите од Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, ослободувања од оданочување со персонален данок на доход, одредени ослободувања кај данокот на додадена вредност и сл. Исто така треба да се измени Законот за донации и спонзорства во јавни дејности со цел да се поттикне поголема финансиска поддршка од граѓаните и деловниот сектор. Државно финансирање Во текот на последниве шест години Владата издвојува средства од Буџетот за финансирање на „невладините организации“. Овој термин е широк и вклучува не само здруженија и фондации туку и други субјекти на граѓанското општество. Поради тоа средствата се расределуваат на поширок круг организации и претежно се наменети за спроведување на проектни активности. Владата го донесе Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите од Буџетот на Република Македонија со цел да придонесе кон транспарентно доделување средства и нивно одговорно користење. Понатаму, средства се доделуваат и од игрите на среќа, но само на определен мал број организации, што не соодветствува на трендовите во Европските земји и потребите на граѓанските организации во Република Македонија.

Page 11: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

11

Во последниве неколку години забележани се неколку инцијативи со цел да се зајакне поддршката од Владата кон организациите. Во оваа насока се предлага законски да се одреди процент на средства кои ќе се доделуваат од Буџетот на Република Македонија како финансиска поддршка на граѓанските организации, со што ќе се одреди точен износ на средства кои ќе ги поддржат само здружнијата и фондациите. Понатаму, согласно Европските трендови, се предлага да се анализира можноста за одредување средства кои ќе го помогнат институционалниот развој на организациите, а не само активности поврзани со конкретни проекти. Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите од Буџетот на Република Македонија е донесен во 2007 година и постои доволно искуство да се направи оценка на неговото спроведување и да се предложат мерки за подобрување на практиката и да се зајакне транспарентноста и одговорноста во дистрибуирање и користење на средствата. Во таа насока се предлага да се подобри механизмот за следење на начинот на распределување на средствата, да направи анализа дали е потребно да се воведе независно тело за нивна распределба (на пример, фонд/фондација согласно некои примери во регионот) и да се воведе механизам за јавност и оценка на нивното користење од страна на граѓанските организации. Во насока на еднаков третман при пристап на средства, се предлага и измена на Законот за игри на среќа и забавни игри што ќе овозможи поголем број организации да можат да користат средства од овој извор, да се одреди процент на средства што ќе се доделуваат на граѓанските органзиации за нивно програмско работење или институционална поддршка и да се усвои механизам за нивна транспарентна распределба. При дефинирање на политиките за финансиска поддршка на секторот и подготвување на мерките и активностите треба да се води особено внимание на потребите на организациите во руралните средини кои се помалку развиени и имаа помалку можности за финансирање.

Учество во креирање политки и донесување закони 1) Учество во креирање јавна политика, донесување закони и Европска

интеграција3

Во последниве неколку години забележано е дека граѓанските организации се повеќе се вклучуваат во процесите на креирање политики и донесување закони. Постојат неколку документи кои ја даваат основата за вклученост на јавноста во процесот на донесување закони, а особен напредок во таа насока е донесување на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскот сектор во процесот на креирање политики. Посветеноста на Владата да постапува во согласност со Методологијата за проценка на влијанието на регулативата (РИА) е од основно значење, бидејќи придонесува кон транспарентност во

3 Во овој дел ќе се направи поврзување и со целите и мерките на Стратегија за Реформа на јавната администрација во Република македонија (2010-2015)

Page 12: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

12

процесот на донесување закони. Поради ова потребно овој механизам да се применува хармонизирано. Исто така постојат се повеќе примери за вклучување на граѓанските организции во процесите на дефинирање политки и следење на Европските фондови. Евидентни се примери на учество на организации во подготвување на програмите за ИПА фондовите и комитети за следење на оперативните програми. Во однос на спроведување на гаранциите за учество забележани се неколку предизвици. Од една страна, анализите покажуваат дека не постои еднаква практика помеѓу органите на државна управа во однос на тоа на каков начин ги вклучуваат организации во процесите на креирање политики и носење закони. Во оваа насока, забележана е потреба за редовни и навремени консултации со засегнатите страни и навремено објавување на предлог-законите на веб-страните на министерствата и во Единствениот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Од друга страна, граѓанските организации немаат соодветен капацитет за да бидат активно вклучени во процесите на донесување закони. Кај нив особено недостасува поквалитетна експертска подготовка и експертиза за одредени прашања Вклучување на граѓанските организации во процесите на креирање политики и донесување закони е од особена важност за развојот на демократските капацитети на општеството и е во согласност со препораките на Европската Унија за процесите на Европска интеграција. Поради тоа, потребно е да се преземат неколку мерки со цел да се зајакнат можностите. Пред се, се предлага да се воведе механизам за системско вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување и следење на закони и во процесите на Европска интеграција, вклучувајќи и учество во подготовката на националните развојни планови, оперативните програми и придружните стратешки документи. Потребно е да се работи на градење на свеста и капацитетите за користа од отворени и транспарентни процеси во рамките на министерствата како и за квалитетно спроведување на РИА; да се подобри примената на РИА и да се вклучат засегнатите страни во процесот на прибирање информации потребни за спроведување на процесот на проценка на влијанието на регулативата, особено во областа во кои тие дејствуваат. Од страна на органите на државна управа и граѓанските организации се препорачува да се се дефинираат јасни и транспарентни механизми за избор на претставници на организациите во телата кои ќе подготвуваат предлог-политики, планови, стратегии и закони. Со цел полесно да се вршат консултации и континуирано вклучуваат организациите во процесите се препорачува воведување на интерактивен пристап на страна на органите на државна управа, на начин на кој би се детектирале засегнатите страни чиишто активности се насочени кон областа што се регулира; да се зацврсти механизмот за е-консултации преку воведување на разни ИКТ (информатичка и комуникациска технологија) алатки за консултирање и да се преземат мерки со цел да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за тие да можат активно и квалитетно да се вклучат во процесите. Исто така се

Page 13: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

13

предлага да се воспостави механизам кој ќе следи како се спроведуваат решенијата за вклучување со цел да известува и дава препораки за подобрување на правната рамка и практиката и да се воспостави датабаза на организации кои членуваат во одредени тела при министерства и други органи на државната управа. 2) Вклучување во меѓународните процеси Искуствата од земјите во Европа и светот покажуваат дека организациите соработуваат со Владата во формулирање и спроведување на цели на надворешната политика. Граѓанските организации подготвуваат и извештаи во сенка за меѓународни договори чие спроведување се следи од меѓународната заедница, и присуствуваат на настани каде се презентираат државни извештаи на меѓународно ниво. Некои организации остваруваат средби со Министерство за надворешни работи кога е потребно да се изберат членови за комитети на меѓународно ниво кои работат во областа што ја застапува организацијата и министерството ги вклучува во иницијативи на меѓународно ниво.

Економски и социјален развој и кохезија Во земјите членки на Европската Унија, граѓанските организации имаат придонес во економскиот и социјалниот развој, преку вработување на лица во секторот, вршење активности со цел да ги задоволат потребите на заедницата и вклучување на маргинализирани лица во општеството. Имајќи ја во предвид важната улога на организациите во социо-економски развој, потребно е да се преземат мерки да се зајакнат организациите (финансиски и внатрешно) и да се создадат можности за поголем придонес кон заедницата. Граѓанските организации во Македонија немаат долгорочна финансиска оддржливост за да може да вработуваат луѓе, особено подологорчно и поради тоа претежно спроведуваат активности со волонтери или времено вработени лица. Од друга страна, можноста директно да се занимаваат со дејностите со кои се стекнува добивка за финансиска одржливост на организациите е важен напредок. Но постои потреба од поддршка во креирање на бизнис модели кои ги интегрираат економските и социјалните интереси и ќе овозможат создавање на поволна рамка за развој на социјалното претприемништво во граѓанскиот сектор. Граѓанските организации се повеќе се активни во давање на услуги, особено во социјалната сфера, но исто така во областа на здравството и образованието. Сепак, сеуште е потребно да се работи на изградување на нивниот капацитет и развој во оваа област. Ова особено е потенцирано со цел да се внесе разновидност во видовите услуги во насока на вклучување

Page 14: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

14

поголем број на маргинализирани лица и групи. Потребно е да се овозможи активностите да бидат фокусирани на приоритетните потреби на заедницата и да се создадат механизми за оддржливост на истите. Во таа насока потребно е да се направи анализа на досегашната правна рамка во овие области и да се преземат мерки за нејзино подобрување во насока на пренесување на одговорности (склучување партнерства) на здруженијата кои даваат услуги во социјалната и други сфери. Со оглед на тоа дека постојат добри примери на соработка во овие сфери со локалните заедници, мерките што ќе се предложат ќе можат да се земат во предвид и на локално ниво.

Граѓански активизам и поддршка од заедницата 1) Граѓански активизам Истражувањата покажуваат дека мал број граѓани учествуваат во граѓанскиот сектор и воопшто во други општествени активности. Околу 15% граѓани волонтираат во разни активности и иницијативи, а само 10% волонтираат во граѓански организации и покрај поттикнувачката правна и фискална рамка за волонтерство што се донесе во 2007 година со Законот за волонтерство. Поради тоа, се предлага да се подигне свеста кај граѓаните и особено младите за можностите и користа кои граѓанскиот сектор ги овозможува со цел да се мотивира нивно поактивно учество. Тоа може да се направи преку воведување на програми на граѓанска едукација преку воведување на предмети во наставната програма во училиштата, и обуки. Но потребно е да се воведат и активности за инволвирање на повозрасни лица, невработени, преку неформални методи. Во 2010 година, донесена е Стратегијата на Владата за промовирање и развој на волонтерството (2010-2015) која цели кон преземање на мерки за поттикнување на граѓанското учество, но спроведувањето на истата не е во согласност со временската рамка во Акцискиот план, поради што е потребно да се направат поконретни чекори да се спроведе Стратегијата за волонтерство. 2) Соработка со други субјекти Деловен сектор Развивањето на соработката помеѓу Владата, деловниот и граѓанскиот сектор е од суштинско значење како за одржливоста на граѓанскиот сектор, така и за постигнување на еконмски развој и социјална кохезија. Поради тоа, деловниот сектор треба активно да се вклучи и да придонесува за развој на општеството, преку развој на општествено одговорни практики кои вклучуваат партнерства не само со Владата туку и со граѓанските организации. Од друга страна, граѓанскиот сектор треба да биде подобро

Page 15: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

15

препознаен од страна на деловниот сектор како релевантен партнер и претставник на интересите на граѓаните. Тоа ќе придонесе и за подобро разбирање на улогата на граѓанскиот сектор во јавноста (ако се земе в предвид дека најголемиот дел од вработените работат во приватниот сектор). Во голем дел проблемите со кои се соочува модерното општество (економски развој, заштита на животната средина, сиромаштијата, корупцијата, квалитетно образование итн) не можат да се третираат без партнерства и здружување на ресурсите на сите три сектори. Во оваа насока, се предлагаат мерки кои ќе придонесат кон развој на филантропијата особено кај деловниот сектор (соодветни измени на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности) и ќе се спроведат активности предвидени во Националната Агенда за општествената одговорност на претпријатијата (2008‐2012). Медиуми Организациите недоволно развиваат свои политики за комуникација со јавноста и не ги користат медиумите за промоција на активностите. Од друга страна постои мал интерест од медиумите и новинарите да ја разберат и промовираат улогата и достигнувањата на граѓанскиот сектор. Активности за подобрување на капацитетите на граѓанските организации во оваа сфера се поддржани од странски донатори, но, постои потреба да се направат дополнителни напори да се обезбеди присутност на организациите низ медиумите и за промовирање на активностите и соработката со Владата.

Зајакната институционална рамка и практики за соработка

Во овој дел ќе се даде (1) краток преглед на документи и заложби за соработка и поддршка на секторот и (2) ќе се групираат методите на соработка помеѓу министерствата, и помеѓу министерствата и организациите.

Со Иницијативата за формирање на Одделението за соработка со невладините организации4, која Владата ја усвои во ноември 2004 година, експлицитно се искажува волјата на Владата на Република Македонија да изгради односи на доверба и соработка помеѓу неа и граѓанскиот сектор. Во функција на наведените определби во Иницијатата, Одделението за соработка со невладините организации функционира во Секторот за анализа на политиките и координацијата при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Една од основните улоги на Одделението е да биде заедничка точка за контакт за размена на информации и соработка, да ги координира активностите за соработка и да известува и предлага мерки за подобрување на соработката. Одделението за соработка со невладини организации воспостави интерна (функционална) мрежа на државни

4 Иницијатива за формирање на Одделението за соработка на Владата со невладиниот сектор во Република Македонија, ноември 2004 година.

Page 16: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

16

службеници во министерствата одговорни за соработка со граѓанскиот сектор, а беа усвоени и препораки за соработка на Одделението со одговорните државни службеници номинирани од министерствата за соработка со граѓанскиот сектор. За подобра координација, Одделенито периодично организира состаноци со одговорните државни службеници во министерствата и врши редовна комуникација и взаемно информирање во насока на успешна имплементација на Стратегијата. Со оглед на досегашниот развој на соработката, потребите за поактивна комуникација, размена на информации и вклучување на граѓанските организации во процесите идентификувана е потреба да се зајакне улогата на Одделението и да се поедностави механизмот за комуникација и заеднички активности со граѓанските организации и министерствата. Со донесување на Законот за здруженија и фондации и кодексите за финансирање и учество во креирање на политиките на Одделението му се доделени значајни функции со цел овие документи ефикасно да се спроведат. Поради тоа се предлага Одделението да прерасне на ниво на Сектор во Генералниот секретаријат. Други мерки со цел да се зајакне институционалната соработка се во насока на подобрување на веб страницата на Одделението www.nvosorabotka.gov.mk со цел да служи како централна страна за информации и координиција, каде ќе се најдат информации за состојбите на граѓанскиот сектор, соработка со други органи, активности на актерите и да се олесни учеството во изготвување закони и креирање политки. Потребно е и да се подобри мехнизмот за комуникација на мрежата на одговорни лица за соработка со граѓанските организации во ресорните министерства, да се дефинираат подобро механизмите за координација на мрежата, да се утврдат јасни критериуми за избор/назначување на лица и да се обезбеди нивно подолгорочно учество. Владата ја препознава потребата да се вклучи поактивно граѓанскиот сектор во дефинирање на политиките што го засегаат и да соработува во спроведување и следење на заеднички иницијативи. Согласно тоа, се предлага да се преземат поактивни чекори кон формирање на национално тело (совет) за дијалог составен од претставници на Владата, органите на државната управа и граѓанските организации, како уште еден механизам за институционална соработка. Вакви механизми постојат во повеќе држави во Европа, вклучувајќи ги и Хрватска, Црна Гора, Словачка, Чешка Република и други. Мерките што се преземаат во оваа Стратегија на инстицуионално ниво особено ќе целат да ја поттикнат соработката со организации кои работат во руралните средини, директно или преку единиците на локалната самоуправа (на пример, преку востпоставување на мрежа за споделување на добри практики и примери).

Page 17: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

17

II. СТРАТЕШКА РАМКА ЗА СОРАБОТКА НА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

Приоритетна област 1: Развиен и оддржлив граѓански сектор Зајакнување на правната рамка, хармонизирано спроведување на правната рамка и поголема активност на граѓанскиот сектор во општеството

Правната рамка е поддржувачка за развојот на граѓанскиот сектор и законските определби се спроведуваат хармонизирано

Следење на спроведување на Законот за здруженија и фондации

М за правда 2012-2014

Анализа на потребите за подобрување на одредбите или спроведувањето на Законот и подзаконските акти и активности по препораките.

Организациите непречено ја користат добивката од економски активности

Подготовка на прирачник/упатство /правилник за користење од страна на ГО и за следење од страна на државни институции.

М за правда, М за финансии М за економија

2012-2014

Организациите се здобиваат со статус на ОЈИ и тој функционално се спроведува

Формирање на Комисијата за ОЈИ и донесување на внатрешни документи за нејзина работа

Генерален секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Следење на доделување на статусот и ефектот на ОЈИ

Генерален секретаријат- Одделение за соработка со НВО

континуирано

Градење на Генерален 2012-2014

5 Временската рамка ќе даде генерални наскои кој е временскиот приоритет за исполнување на активноста и врз основа на тоа ќе се подготви првиот акциски план

Page 18: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

18

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

капацитети за членовите на Комисијата

секретаријат- Одделение за соработка со НВО

Постои јасен преглед и информација за регистрираните организации со статус од јавен интерес

Формирање и објавување електронска база на податоци за работата на Комисијата за организации со статус од јавен интерес (поврзаност со мерка за генерална електронска база)

Генерален секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Подобрено финансиското работење на граѓанските организации и следење на состојбите во граѓанскиот сектор

Анализа на спроведување на Законот за сметководство на непрофитните организации, правилници и формулари и препораки

М за финансии, УЈП

2012-2014

Активности по препораките

М за финансии, УЈП

2015-2017

Здруженијата и фондациите можат да дејствуваат согласно Законот за лобирање

Анализа на потребите за измени на Законот за лобирање со цел да се подобрат одредбите што се однесуваат на ГО

М за правда 2012-2014

Page 19: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

19

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

Обврските и казните за организациите во однос на перењето пари и финансирање тероризам се пропорционални на големината на организацијата и соодветствуваат на можните ризици

Анализа на Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам согласно меѓународните препораки и домашните услови и препораки во делот на што се однесува на ГО

М за финансии, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризам

2012-2014

Активности по препораките

2015-2017

Подобрување на условите за користење на

добивка стекната од

дејности

ГО користат стекната добивка за поддршка на својата работа

Насоки, упатства и градење капацитети во оваа област

Мин за финансии, УЈП, Мин за правда

2012-2014

Организациите да менаџираат и користат резервни фондови

Анализа на потребите и измени на законите

М за правда, М за финансии

2012-2014

Поддршка во развојот на ГО преку даночни

бенефиции

Организациите ја користат целокупната остварена добивка

Измени на законот за данок на добивка (да се изземат ГО)

М за финансии, УЈП

2012-2014

Воведени додатни бенефиции за ОЈИ

Измени на закони за ДДВ, персонален данок на доход

М за финансии

2012-2014

Зајакнување на директното

финансирање и поддршка

Организациите имаат подобар пристап до буџетски средства

Измена на буџетската ставка за трансфер до невладини организации

М за финансии

2012-2014

Сите здруженија имаат пристап до средствата од игрите на среќа

Измена на Законот за игри на среќа

М за финансии

2012-2014

Воведување механизам за распределба на средствата од игрите на среќа

Организациите се институционално посилни да

Анализа на потребите и можностите за

М за финансии, Генерален

2015-2017

Page 20: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

20

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

спроведуваат активности во разни полиња

формирање посебен механизам за институционална поддршка на ГО (фонд/фондација)

секретаријат- Одделение за соработка со НВО

Помалите организации и тие во руралната средина имаат полесен пристап до фондови

Предвидување на ре-грантирање во проектите поддржани од ЕУ во вид на грантови за граѓанскиот сектор од ИПА фондовите

Генерален секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Транспарентно доделување и

одговорно користење на

средства Подобрување

на процесите на доделување

Средствата се доделуваат согласно пропишаните правила и постојат механизми за жалба и повторна постапка

Донесување на правно обврзувачки акт за транспарентна распределба на средства од буџетот

Генерален секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Министерствата го спроведуваат документот

Вклучување на теми за финансирање на ГО во програмите за обука на државни службеници

МИОА М за финансии Генерален секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Донесени се прирачници и модели за финансирање согласно актите

Генерален секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Министерствата хармонизирано финансираат ГО и поддршката се надополнува

Подобрување на координацијата и финансирањето на ГО од државните органи

Генерален секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Доделената поддршка е позната на сите и постојат основи за внатрешна и надворешна евалуација и

Воспоставен е механизам за следење и евалуација на процесот на распределба на средства од Владата

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Page 21: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

21

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

подобрувања и министерства Формирање и објавување на веб страница на база на податоци за здруженија и фондации на кои им биле доделени средства од Буџетот на Република Македонија и видовите проекти за кои добиле средства (поврзаност со мерка за генерална електронска база)

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Приоритетна област 2: Учество во процесите на креирање политики, донесување закони и Европска интеграција

Подобрување на условите за учество во донесување документи

Граѓаните и ГО редовно се вклучуваат во процесите на креирање политики и закони, нивните мислења се интегрираат

Актуелизирање и следење на Кодексот на добри практики за учество на ГС во процесот на креирање политики

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

континуирано

Утврдување на потребите и можностите а законско уредување на постапката за изготвување закони и консултации со засегнатите страни

Ген.секретаријат МИОА

2012-2014

Активности по препораките

Ген.секретаријат МИОА

2015-2017

Државните службеници редовно ги консултираат и вклучуваат организациите и ги почитуваат предвидените

Вклучување на теми за партиципативна демократија и РИА во програмите за обука на државни службеници

МИОА 2012-2014

Воспоставување модели за

Ген.секретаријат-

2012-2014

Page 22: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

22

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

рокови и постапки вклучување и избор на ГО во работни групи

Одделение за соработка со НВО

Подобрени практики на консултирање

Усвојување механизам за следење на консултациите и вклучување на ГО.

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Промовирање на ИКТ во процесите

Министерствата полесно вршат консултации и континуирано вклучуваат ГО во процесите.

Формирање база на податоци за учество на ГО по области на интерес

Министерства 2012-2014

Подготовка на формулари за задолжителни консултации и објавување на примени коментари на веб страници.

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Воспоставен е централизиран портал за информирање и on-line консултирање кој активно се користи

Промовирање на порталот е-демократија пред ГО и поттикнување за негово користење

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО МИОА

2012-2014

Промовирање на можностите преку информативни средби, веб страници, медиуми

министерствата

континуирано

Зголемување на транспарентен процес на информирање и консултации со граѓанскиот сектор

ГО знаат кој е претставник во групите и можат полесно да координираат.

Формирање и објавување на електронска база на организации кои се вклучени во работни групи и тела. (поврзаност со мерка за генерална електронска база)

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Граѓанските организации се партнери во дефинирање на политиките

Дефинираните политки и мерки одговараат на потребите на заедницата и

Активно вклучување на ГО во секоја работна групи за НПАА (согласно темите) и

СЕП 2012-2014

Page 23: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

23

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

поврзани со Европските интеграции

заложбите за интеграција во ЕУ

подготовка на преговарачките позиции за членство во ЕУ Дефинирање модели и критериуми за консултирање на организациите и вклучување во работни тела

СЕП Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Соработка во дефинирање на националните развојни програми за ЕУ

Анализа за досегашната вклученост и препораки за подобрување

СЕП 2012-2014

Спроведување на препораките

2015-2017

Дефинирање модели и критериуми за консултирање на организациите и вклучување во работни тела (поврзано со претходната мерка)

СЕП Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Соработка во програмирање на користењето на фондовите за пред пристапна помош (и по пристапот во ЕУ други фондови) и нивно следење

Редовно учество во процесите на планирање и програмирање и следење на спроведувањето

Анализа за досегашната вклученост и препораки за подобрување

СЕП 2012-2014

Спроведување на препораките

Развивање партнерства на организациите во дефинирање на

Дефинирање на програма за партнерство и механизми за соработка во оваа

СЕП 2015-2017

Page 24: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

24

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

приоритетите за развојна помош и нивно спроведување

област

Соработка во подготовка на извештаи до договорните тела по ратификувани меѓународни конвенции и вклучување во инцијативи кон кои пристапила Република Македонија

Извештаите за спроведување на ратификувани меѓународни договори се сеопфатни и збогатени со податоци од ГО

Консултации и соработка на органите за државна управа и граѓанските организации за сеопфатна подготовка на извештаите на Република Македонија за спроведувње на ратификуваните договори и континуирано исполнување на обврските на РМ.

М за надворешни работи М за правда

2012-2014

Вклучување на ГО во изработка и спроведување на акциониот план согласно принципите на инцијативата Отворено Владино партнерство (ОВП)

Приоритетна област 3: Економски развој и социјална кохезија Развој на социјалната економија

Развиена е поволна рамка и услови за развој на социјалното претприемништво

Подигнување на свест за социјално претприемништво кај ГО

М за труд и социјална политика, М за економија

2012-2014

Анализа на законската рамка за социјално претприемништво Создавање на поттикнувачко правно опкружување за

Page 25: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

25

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

социјално претприемништво

Зголемување на обемот на вклучување на ГО во давање услуги за потребите на заедницата

Граѓанските организации придонесуваат во задоволување на потребите на заедницата и активно соработуваат со државните органи

Анализа за спроведувањето на законската рамка за социјални услуги и препораки за подобрување

М за труд и социјална политика

2012-2014

Спроведување на препораките

Сите министерства

Промовирање на добри практики за соработка во давање услуги пред единиците на локална самоуправа

М за труд и социјална политика М за локална самоуправа

2012-2014

Развивање модели на социјални договори во областа на образование, здравство, култура и др.

Ген.секретаријат-Одделение за сораб.со НВО, М за здравство, M за образование и наука, М за култура

2012-2014

Развивање на партнерства помеѓу граѓански организации, деловен сектор и институции за постигнување на економски и социјален

Граѓанскиот сектор е активно вклучен во креирањето и дијалогот за јавни-приватни партнерства за постигнување на одржлив економски раст и социјална кохезија.

Поврзување со мерки од Националната агенда за ООП

М за економија Национално координативно тело за ООП

2012-2014

Вклучување на ГО во дебати за улогата на граѓанскиот сектор во развојот на јавно-приватни партнерства

Page 26: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

26

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

развој Развиени општествено одговорни практики за балансиран раст и социјална кохезија кои вклучуваат партнерства со граѓанскиот сектор.

Промовирање на модели на три-партитни партнерства (Влада, бизнис и граѓански сектор) во насока на економски развој и социјална кохезија.

Приоритетна област 4: Граѓански активизам и поддршка од заедницата Поттикнување на свеста кај младите и нивно учество во секторот

Младите се активно вклучени и придонесуваат кон општеството

Воведување наставни предмети во училиштата за демократија и граѓански сектор

М за образование и наука М за локална самоуправа

2012-2014

Поттикнување на поддршка и придонес од граѓани и деловен сектор

Граѓаните и деловниот сектор се повеќе донираат и поддржуваат активности на ГО и

Измени на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности

Мин за правда

2012-2014

Следење на ефектите од Законот и вклучување мерки за подобрување

2015-2017

Стимулирање и активно вклучување на граѓаните за вклучување во граѓански сектор и општествените процеси

Граѓаните придонесуваат кон задоволување на потребите преку активно волонтирање во организациите

Поврзување со мерки од Стратегијата за волонтерство

М за труд и социјална политика

2012-2014

Поттикнување волонтерски активности на возрасни лица

Вклучување на граѓаните и граѓанскиот сектор во дебати за националните приоритети и Европска интеграција преку е-панели и дискусии

Сите министерства СЕП

2012-2014

Воведување на системски

Граѓаните ги разбираат

Поддршка на активности кои

Ген.секретаријат –

Page 27: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

27

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

приод за граѓанска едукација

демократските процеси, граѓанските права и обврски, можностите за учество и активно се вклучуваат

вклучуваат граѓански активизам на национално ниво

Одделение за соработка со НВО

Приоритетна област 5: Зајакната институционална рамка и практики за соработка

Зајакнување на улогата на Одделението за соработка со НВО

Одделението е централна место за размена на информации и соработка, ги координира активностите за соработка, известува и предлага мерки за подобрување

Специјализирање на знаењето на вработените по однос на приоритетите за соработка

Генерален секретаријат

2012-2014

Издигнување на Одделението на ниво на сектор

Изградување на веб страницата на Одделението (http://www.nvosorabotka.gov.mk) како портал за размена на информации и соработка

Веб страницата на Одделението е ажурирана со нови информации, централни датабази на корисници на финансиска поддршка од Буџетот, на ОЈИ, за учество на организации во работни тела, учество во креирање политики и сл. и активно се користи од сите актери

Подобрување на веб страната со информации и датабази

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Зајакнување на мехнизмот за комуникација на мрежата на одговорни лица за соработка со граѓанските

Членовите на мрежата координираат меѓусебе, разменуваат информации, координираат со

Ревизија на механизмот

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО во соработка со министерства

2012-2014

Воведување критериуми и мандат за избори на членови од министерствата и

Page 28: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

28

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

организации другите сектори и ГО во областите

нивни заменици та

Градење капацитите на членовите

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Воведување на нови модели и методи на комуникација и координација

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

Објавување на листата на членовите и замениците

Ген.секретаријат-Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Зајакнување на институционалната соработка и поголемо учество на ГО во дефинирање на приоритетите за соработка и развој

ГО активно учествуваат во дефинирање на приоритетите, активни се во следење на спроведување на Стратегијата, даваат предлози за подобрување на рамката.

Подготвителни активности кон формирање на Национално тело (совет) за дијалог составен од претставници на Владата, органите на државната управа и ГО

Ген.секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2012-2014

Усвојување на сите документи потребни за работа на телото

2015-2017

Постои едноставен пристап и преглед на состојбата на секторот во однос на ресурси и делување што помага во подготвување на мерки во однос на нови политики и закони кои влијаат на граѓанскиот

Формирање на интегрирана електронска база на податоци на невладини организации

Ген.секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2015-2017

Page 29: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

29

Цели Резултати Мерки Носител на

мерката Период на

спроведување5

сектор. Унапредување на мобилноста и вмрежување на граѓанските организации на регионално ниво

ГО пронаоѓаат партнери и соработуваат со сродни организации од земјите од регионот. Зголемен е бројот на остварени партнерства во регионот.

Вклучување на Република Македонија во регионалната иницијатива (Словенија, Хрватска и Црна Гора) за формирање регионална електронска база на податоци на невладини организации (www.ngo-portal.eu).

Агенција за млади и спорт Ген.секретаријат- Одделение за соработка со НВО

2012-2014

III. СПРОВЕДУВАЊЕ Поврзување на Стратегијата со другите стратешки документи и заложби на Владата

Во овој дел ќе се напоменат стратешките документи на Владата и министерствата чии мерки и цели се поврзани со Стратегијата, и ќе се истакне координацијата меѓу оваа и другите стратегии во спроведување на заедничките мерки.

Временска рамка Оваа стратегија е од среднорочен карактер, што значи дека планираните цели ќе се реализираат во петгодишен период од Јануари 2012 до Декември 2017. Спроведувањето на специфичните мерки на Стратегијата ќе биде овозможено преку усвојување на тригодишни краткорочни акциски планови од страна на Владата со активно учество на министерствата во дефинирање на активностите. Субјекти за спроведување на Стратегијата Како главни субјекти кои ќе се залагаат за исполнување на начелата, целите и мерките наведени во овој стратешки документ се Владата, министерствата и други органи на државната управа. Одредени државни институции ќе имаат одговорност да го помогнат спроведувањето на одредени цели (на пример, јавни установи, образновни институции). Генералниот секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации ќе биде одговорно за координирање на спроведувањето и

Page 30: КОНЦЕПТ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ... - ecnl.orgecnl.org/dindocuments/390_Mk Koncept na Strategijata za Sorabotka... · Вовед Поглавје 1: ... еднаква

Kонцепт на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017

30

подготовка на акциските планови и известување на Владата на степенот на спроведување.

IV. РАМКА ЗА СЛЕДЕЊЕ И РЕВИЗИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА Во овој дел ќе се предвидат конректни механизми и мерки за следење и годишен

преглед на Стратегијата и на Акциските планови.

Согласно досегашната практика, Одделението за соработка со невладините организации секоја година ќе подготвува План за следење на спроведувањето на Стратегијата. Планот, меѓу другото, ќе ги вклучува следниве мерки: годишен извештај до Владата за извршените активности и постигнатите цели во спроведување на Стратегијата од страна на Генералниот секретаријат и органите на државната управа и оценка на спроведувањето на Стратегијата изведена преку консултации со државни службеници и претставници на граѓанските организации. Резултатите од оценката ќе содржат анализа на дотогашното спроведување, информации за постигнатите цели и препораки за измена и прилагодување на Стратегијата и на Акциските планови.