ПРЕВЕНЦИЈА НА...COMPANY СОДРЖИНА LOGO Вовед во превенција 1 2 3...
Transcript of ПРЕВЕНЦИЈА НА...COMPANY СОДРЖИНА LOGO Вовед во превенција 1 2 3...
-
ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКО
ПРЕСТАПНИШТВО
MA Natasha
Доц. д-р Наташа Јованова
-
COMPANY LOGO СОДРЖИНА
Вовед во превенција
1
2
3
Законска рамка за превенцијата
Улогата на полицијата во превенција на
детското престапништво- проекти
-
Вовед во превенција
• Спречување, интервенција
• Употреба на сите мерки и средства насочени
кон спречување на некој облик на
криминалитет
• Мобилизација на поединецот, општествените
групи и институции
-
ПРАВНА РЕГУЛАТИВА
ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКО
ПРЕСТАПНИШТВО
-
ПОСЕБЕН АКЦЕНТ ВО
Ријадските правила (1990)- се однесуваат на превенција на малолетничка делинквенција
Закон за полиција
Правилник за вршење на полициските работи
Закон за правда на децата
-
ПРЕВЕНЦИЈАТА НА ДЕТСКОТО ПРЕСТАПНИШТВО ВО ЗАКОНОТ ЗА
ПРАВДА НА ДЕЦАТА
Интенција на законот во давање на предност
на превентивното делување и рана интервенција према детето
Законот во шестиот дел ја уредува превенцијата на детско престапништво (чл. 154- 159).
Воспоставени нови органи-
ДРЖАВЕН СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО
ОПШТИНСКИ СОВЕТИ
-
интегративниот пристап на сите субјекти рефлектиран во составот на телата.
ЧЛЕНОВИ – ПРЕТСТАВНИЦИ
1. Министерството за правда
2. Министерството за труд и социјална политика
3. Министерство за образование и наука
4. Министерство за внатрешни работи
5. Јавно Обвинителство
6. Врховен Суд на Република Македонија
7. Адвокатската комора на Република Македонија
+ ОСУМ ЧЛЕНОВИ ОД РЕДОТ НА ИСТАКНАТИ НАУЧНИ И СТРУЧНИ РАБОТНИЦИ
ПРЕВЕНЦИЈАТА НА ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРАВДА НА ДЕЦАТА
-
Државен совет за превенција на детско престапништво • Се јавува како
1. Иницијатор и креатор на стратегии и планови
2. Подобрување на законските текстови
3. Спроведување на истражувања
4. Јавни кампањи
5. Соработка со меѓународните организации и тела кои работат
во оваа област
-
Општинските совети се: 1. Тела преку кои се операционализира Националната стратегија;
2. Главни Креатори на локалните планови за превенција;
3. Одговорни за процена на состојбата на локално нивно, за идентификување на факторите на ризик и факторите на заштита;
4. Координирана работа помеѓу сите релевантни актери (од образование, здравство, социјална заштита, полиција, граѓанското општество);
5. Воспоставување на механизми на соработка и проток и размена на инфорамција меѓу надлежните институции и други елементи на граѓанското општество
6. Oдговорни се за собирање на податоци и редовно информирање на Државниот совет за состојбата со малолетничкото престапништво на локално ниво
-
НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА МАЛОЛЕТНИЧКОТО ПРЕСТАПНИШТВО
Донесена од страна на Државниот совет, на период од 10 години
СТРАТЕГИЈАТА Е СИСТЕМАТИЗИРАНА ВО НЕКОЛКУ ДЕЛОВИ:
1. Водечки начела,
2. Цели на стратегијата,
3. Фактори на ризик и заштита, главни
4. Искушенија и стратешки правци (на нивно на примарна, секундарна и терцијарна превенција),
5. Следење и собирање на податоци,
6. Координација (меѓу субјектите на превенција),
7. Нормативен оквир и
8. Ресурси за спроведување на Стратегијата
-
НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА
ПРЕВЕНЦИЈА НА МАЛОЛЕТНИЧКОТО ПРЕСТАПНИШТВО
битна карактеристика- не е
насочена само према престапниците туку и
спрема ЖРТВИТЕ,
Во насоките 1 се нагласува потребата од
информација за прашањата како што се
сексуално злоставување на деца,
како дел од активностите со цел да
се оневозможи или намали ризикот од
виктимизација
-
ПОЛИЦИЈАТА ВО
ПРЕВЕНЦИЈА НА
ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО
• Полицијата е примарен
субјект при соочувањето со
деца во ризик и малолетни
сторители на кривични
дела
-
ЗАКОН ЗА ПОЛИЦИЈА
Член 11
Полицијата соработува со граѓаните, државните органи,
здруженијата на граѓани и други правни лица, заради
спречување или откривање на кривични дела и прекршоци.
Полицијата соработува со органите на општините и на градот
Скопје за работите што се однесуваат на јавната
безбедности безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Заради остварување на соработката и зацврстување на
влијанието на јавноста во работата на Полицијата...., можат
да се формираат советодавни и координативни тела , со цел
да се изградат заеднички препораки за подобрување на
јавната безбедност на подрачјето на општината и на градот
Скопје, градење доверба и партнерски односи во
превенирањето на појавите што влијаат на безбедноста .
-
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА
ПОЛИЦИСКИТЕ РАБОТИ
Член 66
Позорната, патролната и мотопатролната дејност претставуваат
непосредно превентивно делување на полициските
службеници, кое по правило се врши во униформа, а во
зависност од безбедносната состојба и во цивилна облека.
Полициските службеници со своето непосредно присуство и
преземање на дејствија о став 1 на овој член го одржуваат
јавниот ред и мир на подрачјето на кои истите ги вршат; го
заштитуваат животот, личната сигурност и имотот на граѓаните;
спречуваат извршување на казниви дела и загрозување на
безбедноста на патиштата; укажуваат потребна помош и
заштита на граѓаните и вршат набљудување на подрачјето со
забележување и оценка на безбедносната состојба.
-
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ПОЛИЦИСКИТЕ
РАБОТИ
1. Остварување на општа превенција (чл. 91, 92, 93);
2. Непосредно превентивно делување (чл. 94);
3. Посебни видови превенција (чл. 95);
4. Превенција од областа на крвните деликти и деликти со
насилничко однесување (чл. 96);
5. Превенција од областа на имотниот криминал (чл. 97);
6. Превенција од областа на економскиот криминалитет (чл.
98);
7. Превенција од областа на малолетничката деликвенција
(чл. 99);
8. Превенција од областа на безбедноста на сообраќајот на
патиштата (чл. 100);
9. Превенција од областа на организираниот криминал
(чл.101);
-
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ
НА ПОЛИЦИСКИТЕ РАБОТИ
• скенирање на состојбата во поглед на
етиологијата и феноменологијата на малолетничкото престапништво,
• скенирање на местата каде што малолетникото
престапништво е повеќе изразено, ќе го засили
своето присуство со полициски службеници,
• ќе го засили следењето на познати малолетни
сторители на казниви дела се со цел
остварување на нивната функција за
непосредното делување.
• „формирање на групи на претставници на
органите за старателство и полициските
службеници за малолетничка делинквенција, кои
ќе разменуваат податоците и информациите околу можностите и начините за превенција на
малолетничката делинквенција“
-
Националната стратегија за превенција за
малолетничко престапништво се дадени
насоки за полицијата
• НАСОКА 1: Развивање и продлабочување на техниките
за рано интервенирање кај деца и малолетници во
ризик, во случаите кога децата и малолетниците се
упатуваат на социјалните служби.
• НАСОКА 2: Развивање на превентивната улога на
комисиите за посредување преку анимирање на
законски утврдената постапка за посредување,
• НАСОКА 3: Одделението за превенција треба да има
водечка улога при полициското стратешко планирање
на превенцијата во работата со децата и
малолетниците во ризик.
• директно поврзување со Центарот за аналитика и
тимовите за малолетничко престапништво при МВР,
-
Националната стратегија за превенција за
малолетничко престапништво се дадени
насоки за полицијата
• НАСОКА 4: Развивањето специфични превентивни
програми, за одредени категории на деца и
малолетници во ризик, со учество и поврзување на
одделението за превенција со семејствата, локалната
самоуправа и граѓанското општество,
• НАСОКА 5: Одделението за превенција треба да
изработи долгорочен план за континуирано
институционално јакнење (финансиски и човечки
ресурси). Неопходен дел е стратешко позиционирање
на одделението за превенција во целокупниот систем
на превенција на малолетничко престапништво и
континуирана и структурирана специфична обука на
службениците за превенција.
• НАСОКА 6: Транспарентност во работењето на
надлежните одделенија за превенција, комисиите за
посредување и полицијата генерално, достапноста до
информации, размената на информации со јавноста и
со другите актери
-
ПРОЕКТИ НА
СОРАБОТА НА
ПОЛИЦИЈАТА СО
УЧИЛИШТАТА
-
PowerPlugs Templates for PowerPoint
ПРОЕКТИ
Во 2011 со поддршка на
мисијата на ОБСЕ, МВР со
МОН го промовираа проектот
„Полицијата и
учениците се дружат“ . - Во текот на промоцијата на
проектот била презентирана
и брошура „Реонскиот
полицаец ве советува
Во 2011/12 година МВР проект
„Безбедност во
училиштата“ - Се спроведува во 15 средни
училишта (избрани на основа на основа на процена на
министерството)
- во градот Скопје
-
PowerPlugs Templates for PowerPoint
ПРОЕКТИ
Во 2012 година на
иницијатива на ЗЕЛС во
соработка со МОН и МВР се
спровело истражување
„Безбедни училишта-
хармонична средина“.
Во 2012 година организацијата
PH International (со финансиска
помош на State Dempartment) го
промовираат проектот
„Програма за правна
социјализација“
во кој партиципираат и полициските станици, МОН,
општините и основните
училишта.
-
PowerPlugs Templates for PowerPoint
1. „Да ја препознаме дрогата и да се заштитиме од
неа“.
2. Сообраќајно воспитна акција „мој пријател-
полицаец“
3. „Стоп за семејно насилство“
4. „Дозволете ми да го живеам своето детство
5. „Превенција на трговија со луѓе “
-
Заклучок
- направени првите чекори во создавање на конзистентен систем на превенција на малолетничко престапништво. Донесен е
1. Законот за малолетничка правда 2.Националната стратегија за
превенција на малолетничкото
престапништво, 3. Одредени подзаконски акти.
недостатоци
- Невоспоставени одредени органи и тела
- Неносење на програма за превенција, нивно имплементирање, мониторинг и евалуација
- Недоволно учество на локалната заедница
- Проблем на координација меѓу различни субјекти на превенција
- Извори на финансирање на превентивни програми и akтивности во смисла на негова континуираност, одржливост и стабилност-
-
ЗАКЛУЧОК
УЛОГА НА ПОЛИЦИЈАТА
ПОЛИЦИЈА- ПРЕВЕНЦИЈА НА
ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО
Чувство за вршење на оваа фунцкија
Сфаќање на вистинската
улога на полицијата во однос на оваа категорија
на престапници
Вистинско вреднување
на оваа работа и надминување на
потценувањето на односот према
превенцијата во рамки
на полицијата и полициската култура
НАСОЧУВАЊЕ НА
ПРЕВЕНЦИЈАТА НЕ САМО КОН СТОРИТЕЛИТЕ ТУКУ И
КОН ЖРТВАТА И другите сегменти на
опкружување на малолетникот