Биоенергетски села (BioVill) Зголемување на продорот на...
Transcript of Биоенергетски села (BioVill) Зголемување на продорот на...
Биоенергетски села (BioVill)Зголемување на продорот на одржлива
биоенергија на пазарот
Вовед во проектот BioVill© WIP
Клучни факти
2
Биоенергетски села (Bioenergy Villages - BioVill)Зголемување на продорот на одржлива енергија на пазарот
Цел Главна цел на проектот BioVill е да го поддржи развојот на регионални концепти за биоенергија и основањето на биоенергетски села во Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска.
Времетраење 03/2016 – 02/2019
Финансирање Програма на Европската Унија за истражување и иновации –Horizon 2020
Бр. на партнери 9
Бр. на земји 7: Австрија, Германија, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска
Конзорциум на BioVill
3
Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit, Germany
Wirtschaft und Infrastruktur GmbH & CO Planungs KG, Germany
Klimaschutz und Energieagentur Baden-Württemberg GmbH, Germany
Austrian Energy Agency, Austria
Regional Energy Agency of North-West Croatia, Croatia
International Centre for Sustainable Development of Energy, Water and Environment Systems – Macedonian section, Macedonia
Green Energy Association, Romania
Slovenian Forestry Institute, Slovenia
Standing Conference of Towns and Municipalities, Serbia
Главен предизвик
4
Висок потенцијал на биомаса во Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска
Како да се гледа на предизвикот?
BioVill ја поддржува имплементацијата на концепти за биоенергетски села во заедници од пет земји-партнери од Југоисточна Европа: Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска.
Придобивки од пристапот на биоенергетските села:
• Зголемено искористување на изворите на обновлива енергија
• Поддршка во развојот на биоенергетскиот сектор
• Зајакнување на локалната и регионалната економија
• Позитивен ефект на климатските промени и заштитата на животната средина
5
Целни земји
Што е биоенергетско село?Биоенергетско село е населба, заедница, село или општина која го покрива поголемиот дел од своите потреби за енергија од локалните извори на биомаса, во склоп на земјоделството, шумарството и отпадот и од други обновливи извори.
Биоенергетското село обично комбинира неколку технологии со различен обем, како што се котлите на дрвени чипсови, печките на пелети, котлите на огревни дрва, електраните на биогас, когенеративните постројки (за топлинска и електрична енергија, те-то).
Мали мрежи за централно греење ја дистрибуираат топлината до корисниците.
6
© WIP© GEA © Dietmar Hagauer, AEA
Клучни карактеристики на биоенергетското село:Одржливост: Биомасата се произведува локално и на одржлив начин.
Задоволување на сопствените потреби за енергија: Голем дел од потребите за електрична енергија и топлина се покриваат со локално произведена биомаса или други обновливи извори на енергија.
Локална сопственост: Бизнис-моделот им дозволува на потрошувачите, фармерите и сопствениците на шуми да станат исто така и заеднички сопственици на биоенергетските инсталации.
Регионален развој: Придобивките од ваквиот концепт остануваат во селото, поддржувајќи го локалниот и регионалниот економски развој.
Учество на јавноста: Создавањето и управувањето на биоенергетското село се заснова на високо ниво на учество на јавноста.
Ефикасно користење на ресурсите: Концептот на биоенергетско село, исто така, вклучува мерки за енергетска ефикасност и заштеда на енергија.
7
Untermaßholderbach, биоенергетско село во Германија
Концепт: 2.3 km долга мрежа за централно греење. Домаќинствата се греат користејќи отпадна топлина од локална електрана на биогас.
Енергетски технологии: електрана на биогас 350 kWel и 250 kWth, котли на дрвени чипсови 200 kWth, фотоволтаици
Тип на користена биомаса: енергетски култури, шталски отпад, арско ѓубре,дрвени чипсови, (дрва од околните шуми)
Година на инсталација: електрана на биогас во 2005; мрежа за греење во2013
8
©Bioenergiedorf Untermaßholderbach
Топлина:
• Корисници: 30 поседи
• Покриеност на потребите: 100%
• Годишно производство: 400.000 kWh
Електрична енергија:
• Користење: приклучок на мрежа
• Покриеност на потребите: 1200%
• Годишно производство: нема податоци
9
©Bioenergiedorf Untermaßholderbach
Untermaßholderbach, биоенергетско село во Германија
Очекувани влијанија од проектот BioVill
10
Зголемено количество на одржлива енергија:
Намалување на трошоците за трансакција:
Подобри рамки:
Зголемување на уделот на одржлива енергија во крајната потрошувачка на енергија.
Значајно и мерливо намалување на трошоците за развивачите на проекти (општини, претпријатија) како и за надлежните органи, додека потребите за проценки на влијанието врз животната средина, вклучувајќи индиректни влијанија и енергетски баланс, се задоволени.Развој на подобри политики, поддршка на пазарот и финансиски рамки, особено на национално, регионално и локално ниво.
Активности на проектот BioVill
1. Анализа на националните и локалните услови (политики, легислатива, клучни чинители)
2. Технолошки и економски проценки на локалните синџири за биоенергија
3. Развој на институционално поставување и наконцепти за управување со енергија во потенцијалните биоенергетски села
4. Градење капацитети за финансиски шеми и бизнис-модели
5. Вклучување и активно учество на граѓани и сите релевантни чинители во процесот на планирање и имплементација
11
©G
IZ©
REG
EA©
WIP