„Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

48
СТУДЕНТСКО СПИСАНИЕ/НОЕМВРИ 2012/izlez.mk ЦСИ „Надеж“ ПРЕКУ ИгРА ДО зДРАВА ИДНИНА стр. 37 СтудеНтСкИ ИзборИ 2012 АлТЕРНАТИВА – ИзбЕРИ СЕ СЕбЕ! стр. 04 РАСПАД СИСТЕМ ИлИ ПОСТ-МОДЕРНО СКОПјЕ? стр. 17 НА лУѓЕТО ИМ ТРЕбААТ ПРИКАзНИ ВИкторИја редел, аВторка од Сад стр. 19 ТеаТар: В ојо Цветановски ПРИКАзНИТЕ НА ВТОРИОТ КАТ стр. 26 Форум: MултИкултурНа македоНИја? ВОјНА ИлИ МИР?стр. 33 стр. 22 НеНаД ВИТаНОВ ФАСЦИНИРАН ОД ОбИЧНИОТ ЧОВЕК

description

Осми број на независното студентско списание „Излез“. Eighth issue of independent student magazine "Izlez", published in Skopje, Macedonia.

Transcript of „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Page 1: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

СТУДЕНТСКО СПИСАНИЕ/НОЕМВРИ 2012/izlez.mk

ЦСИ „Надеж“ПРЕКУ ИгРА ДО зДРАВА ИДНИНА

стр. 37

СтудеНтСкИ ИзборИ 2012АлТЕРНАТИВА – ИзбЕРИ СЕ СЕбЕ! стр. 04

РАСПАД СИСТЕМ ИлИПОСТ-МОДЕРНО СКОПјЕ? стр. 17

НА лУѓЕТО ИМ ТРЕбААТ ПРИКАзНИ

ВИкторИја редел, аВторка од Сад

стр. 19

ТеаТар: Војо ЦветановскиПРИКАзНИТЕ НА ВТОРИОТ КАТ стр. 26

Форум: MултИкултурНа македоНИја?ВОјНА ИлИ МИР?стр. 33стр. 22

НеНаД ВИТаНОВФАСЦИНИРАН ОДОбИЧНИОТ ЧОВЕК

Page 2: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Слика на насловна страна: Иван Дургутовски „Амбиции“ © 2012

Page 3: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Главен и одГоворен уредникДаниела атанасова

уредници

ние и системот

Ана Лакалиска

ПоГледи/Форум/алтернативи

Билјана Дијанисиева

можности

Нино Домазетовиќ

култура

Катерина Николовска Мими Николиќ

музика

Дени Омерагиќ

технолоГија

Дамјан Цветков-Димитров

содржина » |04 ИЗБЕРИ СЕ СЕБЕ |06 За ТИЕ ПаРИ ТОЛКУ |07 УчИ За да СТУдИРаш И(ЛИ) СТУдИРај За да УчИш... |08 ОБРаЗОванИЕ СО ПРавО на СЛОБОдЕн ИЗБОР |10 ИнСТИТУцИјаТа СТУдЕнТСКИ ПРашања: „ЕвРОПСКа адмИнИСТРацИја“ ИЛИ БИРОКРаТСКО СамОвОЛИЕ? |12 ПаКЕТ За ПРва ПОмОш За СТУдЕнТИТЕ |13 нахРанЕТЕ гО СвОјОТ мОЗОК намЕСТО СвОЕТО ТЕЛО! |14 И Оваа ПРОЛЕТ – „СТУдЕнТСКа ПРОЛЕТ“ |16 ајдЕ да (СЕ) РаСПРавамЕ! |17 РаСПад-СИСТЕм ИЛИ ПОСТмОдЕРнО СКОПјЕ? |19 на ЛУѓЕТО Им ТРЕБааТ ПРИКаЗнИ |22 ФаСцИнИРан Од ОБИчнИОТ чОвЕК |24 вО ПОТРага ПО ТЕаТаРОТ |26 ПРИКаЗнИТЕ на вТОРИОТ КаТ |29 ПОРаКИ Од мОРЕТО |30 ЗаЕднИцИ, УмЕТнИцИ И БУнТ |31 КадИја ЕТнИКУм! |33 вОјна ИЛИ мИР? |35 дО СОжИвОТ ПРЕКУ УчИЛИшнИТЕ КЛУПИ |37 ПРЕКУ ИгРа дО ЗдРава ИднИна |39 КУФЕР СПОмЕнИ И ПРОмЕнИ |41 маКЕдОнСКИТЕ БЕндОвИ СЕ ПЛашаТ Од ОРИгИнаЛнОСТ! |42 SaSko koStov & the Waiting WaitS – „Silent in the CroWd“ |43 Funk Shui – „eТЕР“ |44 ЗаЕднО да СЕ БОРИмЕ ПРОТИв Она шТО нИ ПРЕчИ |45 Flipboard, БЕСКОнЕчЕн магаЗИн ИСПОЛнЕТ СО Баш ТОа шТО најмнОгУ БИ чИТаЛЕ |46 MineCraFt мОдОвИ За СЕчИј вКУС

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на автор(ите) и не ги одразуваат ониена Стејт Департментот на САД.

редакција

Кристина ВелевскаСтефан МарковскиАна ТодоровскаЈулијана Стојаноска Ѓурѓица Илиева Далибор СтајиќНаташа ЈанчеваВесна Илиевска Мухамед ХалилиАфродита Бојаџиева Ивана КипријановскаВаско МаглешевМаја КерамитчиеваАфродита Николова

лектура

Кристина ВелевскаНевена ИвковиќЈасмина ПетровскаБиљана СтојановскаСимона Крстевска

илустрации

Далибор Стајиќ

ФотоГраФии

Билјана Нацевска Радмила ВанкоскаМухамед Мујовиќ-Нуне Далибор СтајиќКрсто ЗлатковДритон РекаВикторија БачвароваOгнен БојковскиПетар Сотировски

ГраФички дизајн

Иван Дургутовски

за издавачот

Здружение „Студентска организација Излез“

контакт

[email protected]

Контактите на авторите ѝ се познати на редакцијата.

ИзлЕз ИМА ПРОСТОР зА ТВОИТЕ ИДЕИ!

Page 4: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

сите се водат од мотото: „Залудно е, ние ништо не можеме да смениме“. но, ако сите така раЗмислуваа, светот денес ќе беше ист како и пред 100 години. студенту, Застани За себе, Зашто ти

ги носиш темелите на утрешниЦата!

Ана Тодоровска [Филозофски факултет] Мухамед Мујовиќ-Нуне [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

алТерНаТИВа: иЗбери се себе!

дали навистина студентите имаат потреба од лидер?

Page 5: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

ние и системот | 05

Во овој текст ви ја пренесувам атмосферата од изборите за нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои се одржаа на 10 октомври оваа година. Од СПУКМ добивме информација дека кандидатот Кирил Спироски е избран за нов студентски лидер со освоени околу 4500 гласа.

Она што е чудно за овој настан е тоа што доцнеше цели 11 месеци, без никакво образложение. Мене уште почудни ми се видоа правилата на игра за оние што би сакале да се кандидираат. СПУКМ на својата страница на интернет објави конкурс, според кој кандидатот треба да исполни некој од следните услови: Кандидатот треба да добие поддршка од минимум 5 матични парламенти, 1/3 од вкупниот број пратеници на СПУКМ или 3000 потписи од студентите на УКИМ. Притоа, даден му е рок од само 8 дена за собирање 3000 потписи, со предуслов времето и местото да го определи претставник на Изборната комисија, што е физички невозможно! Овие правила како намерно да го саботираат секој обид на еден независен студент да стигне до местото на претседател; по сè, изгледа дека ова тело, како единствен студентски претставник, е отворено само за своите членови.

Друг проблем што се јавува е немањето цензус. Односно, кога би гласале само тројца, изборите, сепак, би се сметале за валидни и избраникот би ги застапувал интересите на сите 50 000 студенти што се активни годинава. Велат, околу 8500 студенти го искористиле своето право на глас. Тоа сочинува само околу 17% од вкупниот број, што е очигледно недоволна излезеност за овие избори да се земат како сериозни воопшто.

што се случува Зад вратите на спукм?Според моите пресметки, СПУКМ добива 7 500 000 денари само од ИКСА, кои ги уплаќаат задожително сите студенти. Пресметката е базирана на информацијата дека 150 денари од овие средства се наменети за СПУКМ. Ако ја разгледаме програмата објавена на нивната страница на интернет, како нивни цели се споменуваат: редовно известување за работата и за активностите на Студентскиот парламент, зголемено учество на студентите во органите на управување, организирање

трибини и дебати за постоечките проблеми во високообразовниот процес, воспоставување културни студентски денови, воспоставување нова манифестација – „Културно студентско лето“ и ред други фини работи. Но јас, барем досега, никогаш не сум добила шанса да се запознаам со своите легитимни претставници, кои би требало да се претстават и да ја понудат својата отвореност за соработка, ниту сум видела покана за дебата, ниту сум запозната со некакви информатички, културни или спортски активности, а верувам ни вие. Општата политика на СПУКМ, а со тоа и на новите кандидати, е промоција на ЕКТ-системот. Но, дали во самиот старт тоа е во корист на студентите? Овој систем досега се покажа како нефункционален за нашите факултети, тргнувајќи од фактот дека тој различно се имплементира насекаде, па сè до тоа дека со неговото воведување, знаењето се претвори во роба, а образованието во бизнис. Потрагата по Статутот на СПУКМ, каде се наоѓаат сите правила за нивното (не)функционирање, се претвори во потрага по тајните списи за Атлантида.

1. „слободен индекс“: време е за нова алтернатива.Ова независно студенстко движење на својот блог (http://slobodenindeks.noblogs.org) ги повика студентите на бојкот, да не гласаат за студентски лидер, со следните зборови:„Новата марионетка ќе ја има светата задача, како и сите негови претходници: задушување на секој критички процес што се јавува кај студентите, пасивизирање и аполитизација на големата студентска маса и, секако, она последното, за него лично најважно, извлекување добар материјален бенефит“.Активистите во ова движење на денот на гласањето се појавија на Филозофскиот факултет, каде ја презентираа својата алтернатива наместо Студентскиот парламент. Тие сметаат дека најдобар начин за организирањето на студентите е самоорганизирањето.

2. стефан Марковски, студент на Филозофскиот и на Филолошкиот факултет, независно објави апел за соработка и за внатрешни промени со следните зборови:

„УКИМ заслужува повеќе од аморфна маса студенти чиј интелектуален капацитет нема друг избор освен подредувањето политички елити и ако сè уште ја имате надежта за будење

на граѓанската свест меѓу новите и идни академски граѓани во земјава... Ниту бојкотот, ниту постизборните протести не се решение!... Ги повикувам сите ентузијасти што сметаат дека би можеле своестрано да придонесат во конечното надминување на политичките поделби во високото образование, без оглед дали тие самите се студенти или не се вбројуваат меѓу нив, да изнајдат решение за предложување заеднички кандидати за претседател и за членови на СПУКМ, без оглед за кои лица притоа би станувало збор, сè додека тие успеале да ја надминат внатрешната бариера што политичкото подредување ја поставува пред индивидуите. Ги повикувам и сегашните членови на СПУКМ, „Слободен индекс“ и сите слободоумни студенти од сите факултети при УКИМ да се приклучат на оваа иницијатива за конечно надминување на бариерите поставени од политичките партии, кои ја компромитираат автономноста на студентското институционално дејствување!“

3. Младинскиот образовен форум се вклучи со мониторинг на изборите и откри низа неправилности:- Правилникот за изборите бил недостапен за јавноста, како и имињата на членовите на Изборната комисија. Изборите се распишани врз основа на непостоечки член. во статутот на УКиМ не постои ниту членот 392 ниту членот 395. - Негарантирање на тајноста при гласањето, менување на Изборната комисија, повеќекратно гласање, агитирање и гласање без индекс.

4. „студентски отпор“: Членовите на оваа студентска иницијатива ја блокираа улицата пред седиштето на СПУКМ и протестираа барајќи фер и независни избори.

исти неисполнети ветувања, уЦени и ЗаканиАко направиме споредба со програмата на минатиот претседател, Иван Живковски, би налетале на истите стари, за жал неисполнети ветувања: поголеми студентски стипендии, подобрување на студентскиот стандард и на условите во студентските домови, борба за изградба на нови студентски домови итн. Како можат студентите да стекнат доверба, кога тие со години се изневерувани од оној што ги претставува и ги заштитува нивните права?

продолжува

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 6: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

06 | ние и системот

Како да ги положат своите надежи во нов лидер, кога домовите останаа распаднати, а стандардот не само што не се подобри туку и понатаму нивните џебови останаа празни? Она што ја прави приказната уште потрагична е што токму студентските домови се мета на вршење разни притисоци од разни партиски активисти. И оваа година имав прилика од многу студенти да ја слушнам истата тажна приказна: На денот пред гласањето (кој важеше за ден на предизборен молк), тие биле до трипати дневно вознемирувани со скриени повици и добивале закани од типот: „Утре да се појавиш и да

гласаш за број тој и тој, инаку ќе го изгубиш своето легло во домот!“. Како се случи тоа студентите да заборават дека не се овци на кои им треба овчар, туку свесни суштества, доволно зрели да ги решат своите проблеми заеднички?

самоорганиЗирање? Ова не е никаква фикс-идеја. Важно е студентите да не чекаат некој друг да им ги реши проблемите, туку самите да се вклучат во решавањето. Наспроти тоа, кога има хиерархија и кога моќта е концентрирана во еден или во неколку луѓе на врвот, тие стануваат лесен плен за корупција

и за манипулација. Станува збор за носење одлуки од малкумина, кои можат штетно да влијаат врз мнозинството, а мнозинството нема право да се побуни. Kај хоризонталната поставеност ова не е случај, бидејќи ќе треба барем мнозинството така да се корумпира. При директна демократија, СЕКОЈ засегнат има право да искаже свое мислење, да учествува во носење одлуки, да презема одговорност и да не прима наредби. Моќта мора да биде дистрибуирана во секого, а не концентрирана во еден или во мал број луѓе, со цел да не се злоупотреби.

Далибор Стајиќ

За тие пари толкуФилолошкиот Факултет со спорни иЗмени во Финансирањето

Со ВИСокИте ЦеНИ, На СтудеНтИте одНапред Им Се кратИ можНоСта да запИшат поВеќе предметИ. така, леСНо може да Се очекуВа отИ мНозИНСтВото ќе Се ФокуСИра Само На положуВање одредеН ИСпИт, без оглед На оЦеНката, зашто презапИшуВањето предметИ ќе СтаНе лукСуз за проСечНИот македоНСкИ СтудеНт.

Новата академска година внесе

новини во системот на плаќање на

студиите на Филолошкиот факултет

„Блаже Конески“. Деканатската

управа донела одлука за коренито

менување на финансирањето на

Факултетот: наместо вообичаената

практика на плаќање според уписот

во државна или во приватна квота со

фиксна школарина, студентите во

иднина ќе ги подмируваат долговите

според бројот на кредити и според

бројот на предмети што ги слушаат

во еден семестар. Притоа, цената

на еден кредит се движи од 205

до 515 денари, во зависност од

тоа дали предметот се запишува

првпат, вторпат или третпат. Дотолку

поспорни се додатните трошоци, чија

намена не е наведена, но мора да

се платат во износ од 600 или 1200

денари по предмет. Оттука, наспроти

досегашното „купување“ студии,

се чини оти отсега ќе се „пазарат“

предмети.Сред силата на зборот

на факултетското раководство,

студентите останаа беспомошни

во хаосот на бирократските

недоразбирања на самиот почеток од

академската година. Од независното

студентско движење „Слободен

индекс“ беше укажано оти измените

во начинот на финансирање се во

многу погледи бесправни, но факт

е дека кога студентот потпишува

договор за студирање со Факултетот,

автоматски му дава согласност

на вториов да го менува системот

според своите потреби, како што,

впрочем, е наведено во посебна

клаузула од договорот. Следствено,

на Факултетот му е оставен широк

простор за маневрирање, а студентот

однапред губи каков било изглед

за отпочнување правна борба со

субјектот од другата страна. Ако кон

ова се додаде и неефективната улога

на Студентскиот сојуз, младинецот

е буквално оставен сам на себе во

намерата доследно да ја изведе

својата академска надградба,

а стравот од институционални

промени како последнава му е во

дежурна смена.Новата практика го

доведува во прашање целокупниот

процес на учење и стекнување

научно-лингвистичка поткованост

во факултетските клупи. Бездруго,

постои опасност оти вистинското

знаење постепено ќе испари. Со

високите цени, на студентите

однапред им се крати можноста

да запишат повеќе предмети

доколку сметаат оти тие можат да

ја унапредат нивната подготовка за

пазарот на трудот. Дотолку повеќе,

ако студентот мора дополнително да

запише предмет, присилен е да плати

како што од него се бара, според

новите правила. Така, лесно може

да се очекува оти мнозинството ќе

се фокусира само на положување

одреден испит, без оглед на

оценката, зашто презапишувањето

предмети ќе стане луксуз за

просечниот македонски студент.

Ова ќе им предизвика сериозни

проблеми на оние што имаат обврски

надвор од факултетската рамка или

на оние во работен однос. Во иста

мера загрижува и прашањето дали

новинава ќе предизвика намалување

на бројот на студентите во иднина, а

за сметка на тоа дали ќе се зголеми

квалитетот на групите. Бидејќи не

се знае дали оваа можност била

земена предвид кога управата

ја носела одлуката, исходот од

измените допрва треба да подлежи

на опсежни опсервации.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 7: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

реПлика | 07

Кога ми побараа статија која би го третирала студирањето во Македонија, „од прва” знаев дека ќе пишувам на тема за која тукуречи многу ретко има диксусија во академските кругови. Не дека е небитна, туку е премногу вистинска (а нели вистината боли). Сè уште ми држи влага една латинска синтагма која ја прочитав за време на студиите: „Epistulae enim non erubescit” – (Хартијата никогаш не црвенее). Нема да ве „реметам” со објаснување на содржината, оти таа природно произлегува од контекстот. Нам студирањето дефинитивно ни е национално хоби. Сите нешто студираат. Да се разбереме, не е грев да се освојуваат високообразовни хоризонти, но понорната образовна политика студирањето го поедноставува до крајни граници, па адолесцентниот полет во високото образование кај многумина завршува катаклизматично. Етимологијата вели дека глаголот studere кој значи „учи” e презент инфинитив во латинскиот јазик. Оттука, имате придавка студиозен и студиозна... Но, наместо да се студира, кај нас се учи! Разликата е навидум лингвостилистичка, а во суштина е огромна!

Учењето е процес кој се одвива цел живот, ама пред сè, алудира на периодот од основно и од средно образование каде се очекува да се научи да се учи. Во високото образование дефинитивно сме го утнале концептот. Таму не (треба да) се учи, треба да се студира! Тоа значи да се анализираат,

обмислуваат, компилираат, систематизираат знаењата кои, се подразбира, го побудиле интересот на студентот. Принципот на студирање кај нас (секоја чест на ретките исклучоци) е научи за да одговараш! Дали ова не ве потсетува на типично средношколско тестирање т.е. познат начин на вреднување на знаењето? Кога студент на правен факултет има обврска да проанализира одредено право, покрај тоа што се подразбира дека треба да го знае, студирањето му овозможува да пронајде места каде и како и зошто (не) се спроведува тоа право... Значи, поентата на студирањето не е да се „изрецитираат” напамет лекциите кои се поместени во рамките на еден студиски курс (оти тоа е резултат од наученото) туку тие да се инструментализираат т.е. да станат инструмент со кој студентите ќе оперираат и анализираат. Па нели студентите (треба да) се агрегат на нова енергија во општеството? Динамизмот со кој повеќето од нив ги ’тераат’ студиите наликува на задремана совест. Сетне многу „тутурутки”, a малкумина вистински студенти! Аздисов по „штанцани дипломи”, мора да се врати на суштината! Образованието (високото) е долго, напорно и системско усвојување на знаењата, а не левтерно репродуцирање на напишаното! Образованието е неисцрпно море од информации! Можеби е поудобно е да сте во плитко, но повозбудливо е да пловите низ морето од информации.

учи За да студираш и(ли) студирај За да учиш...напишете и вие реплика на некои од текстовите досега објавени во „иЗлеЗ“, или на општествените случувања и темите За кои сме дискутирале и пратете ја на [email protected] ова е рубрика За нашите читатели

M-р Васко Маглешев Билјана Нацевска

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 8: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

08 | ние и системот

Една од помалку познатите алтернативи на конвенционалното образование е демократското образование. Овој тип образовен систем ги има своите официјални зачетоци во теоријата на Џон Дјуи кој вели дека образованието, односно учењето е интерактивен и социјален процес и дека школите треба да се засноваат на правата на учениците активно да учествуваат во процесот на образование. Иако, претходно и Лав Толстој ја промовира идејата за слобода во образованието, детето како центар на вниманието, па дури имал и мало слободно школо во своето село Јасна Полјана. Џон Дјуи дава приоритет на образованието како основа во креирањето на реформите во општеството, затоа и верува дека тоа треба да се заснова на слобода на детето да го искористи целиот свој потенцијал со своето право на избор, како и негова стимулација, односно примена на практика наместо теорија.

Еден од најважните предуслови кои дјуи ги дава како суштествени за ефективно образование е поништување на авторитетот во училницата. растојанието кое постои меѓу професорот и ученикот мора да се поништи, бидејќи тој не е одговорен да наметнува одредени идеи или пак да всади одредени навики кај детето, туку тој треба да е водич, партнер во процесот на учење, кој го остава детето да ја има својата слобода при сопственото оформување, а влијае само преку тоа што му помага при селекција и поддржување на тоа однесување кое ќе му помогне на детето да реагира правилно во одредени ситуации.

Прашање е зошто во едно демократско општество кое се заснова на личен избор, еднаквост и правда за сите, образованието не би се засновало на истите принципи? Оттука можеме да навлеземе подлабоко во причините зашто тоа не се случува, започнувајќи од тоа дали воопшто живееме во такво општество за да можеме да имаме такво образование, меѓутоа ако веруваме во идејата на Дјуи дека образованието е круцијално за реформите во општеството, токму тоа е чекорот кој мора да се направи за да се дојде до овие принципи на демократијата кои се основни и суштествени за градење на здрава индивидуа во здрава средина за живеење.

Јулијана Стојаноска [Филолошки факултет „Блаже Конески“ ]

обраЗование со право на слободен иЗбор Зошто во едно демократско општество кое се Заснова на личен иЗбор, еднаквост и правда За сите, обраЗованието не би се Засновало на истите принЦипи?

Демократското образование се развива 1960-тите години со појавата на Новата левица кога се истражува значењето на поимите слобода и демократија. Почнуваат да се создаваат т.н. Слободни школи каде на учењето се гледа како

природен процес во растот на децата кој не бара вмешаност од возрасните. Првото демократско школо е Самерхил основано во 1921-та година во Германија (сега се наоѓа во Сафок, Англија) од

страна на шкотскиот теоретичар Александар Сатрленд Нил кој верувал дека потиснатоста на децата е основната причина зашто не се способни да функционираат како среќни возрасни личности.Тој се залага за слобода на децата

и учење кое би ги поттикнало на критичко размислување наместо да ги научи да бидат покорни. Тој пишува: „Во Самерхил сите имаат еднакви права. Никому не е дозволено да оди по моето пијано, ниту мене ми е дозволено да позајмам

нечиј точак без дозвола. На главниот школски состанок гласот на детето се брои исто колку што се брои мојот глас.“

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 9: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

ние и системот | 09

Во Самерхил, како и во другите подоцнежни демократски школи (кои сега се раширени

во околу 30-тина земји на сите континенти) целиот процес на учење се базира на

правилата кои ги прават самите деца. Еден од најважните процедури во овие школи е школскиот состанок на кој учествуваат сите ученици и ментори како еднакви во

создавањето на атмосфера во која можат да функционираат заедно. Ова се постигнува

преку донесување правила, планирање часови, а сето ова се прави преку дискусија, сослушување и заемно доаѓање до решенија

на проблемите.

Часовите и предметите кои се слушаат не се претходно испланирани, ниту се водат

по некоја предвидена програма, туку се формираат последователно со напредокот

на детето. Затоа во школите нема професори како што нам ни се познати, туку тие се поттикнувачи, ментори и соработници

на децата. Децата не се обврзани да присуствуваат на часови доколку не сакаат,

тие самите одлучуваат кога се спремни да учат и да се надоградуваат. Уште поважно,

тие одлучуваат што ќе учат, кои предмети ќе ги слушаат, односно во која насока ќе се

развиваат.

а.с. нил верува дека најважните лекции кои се учат всушност и не можат да се

научат во училница, односно дека тие се учат при интеракција со други луѓе и со други деца. самиот интерес за одреден предмет кај децата се поттикнува преку социјализацијата и преку истражување

на околината. ова не е толку чудно да се замисли, бидејќи секој од нас досега бил

под впечаток дека научил нешто повеќе преку интеракција со луѓе отколку седејќи во училница. играта е еден од најважните

фактори при процесот на учење, затоа децата не се ограничени ни во оваа област,

односно дозволено им е да играат колку што сакаат без некој да ги попречува во

тоа. накратко, на децата им се дозволува да прават сè што сакаат се додека не

попречуваат некому или пак повредуваат некого.

Сето ова сè уште изгледа многу контрoверзно, затоа и не е општо прифатено,

ниту пак е избавено од критики. Главно се критикува начинот на кој е сфатен процесот на учење, како и огромната слобода која им се дава на учениците во истиот. Популарно е мислењето дека доколку едно дете, еден

човек, нема никакви обврски тој никогаш не би работел на доградување на себеси.

Знаеме дека ова не е точно. Ретки се оние луѓе кои уживаат во она што го работат

поголемиот дел од денот, меѓутоа има и такви, а тоа се случува од едноставна

причина што се заинтересирани за предметот на својата работа. Најчесто ова се луѓето кои постигнуваат големи успеси

во своето поле. Сепак, почесто се случува да дознаеме за

нечие хоби, нешто што некој го прави во своето слободно време, нешто што е од

негов личен интерес и своеволно одбира да работи на тоа. Замислете, доколку

тој човек ги посвети оние шест до осум работни часа од денот на нешто што навистина сака да го прави, колкави

постигнувања би имал на тоа поле. Истото важи и за децата, истото важи и

во образованието.

Во претходниот број на „Излез“ имаше статија посветена на проблематиките

во денешниот образовен систем во која се објаснуваат некои од заблудите кои настануваат во конвенционалното

образование. Сепак, не можеме да кажеме дека демократското

образование нема свои недостатоци или пак е идеално решение посебно во системот во кој функционираме.

Многу од децата кои ги посетиле овој тип на школи не можат сосем добро да се вклопат во средината во која не се практикуваат принципите на

еднаквост, на правда и на слобода. Има примери за деца кои посетиле

демократско школо и постигнале огромен успех во животот, но и

оние кои никогаш не успеале да се вклопат. Кога ќе погледнеме

на другата страна, се случува она што го има и во конвенционалното образование, НО со една огромна разлика - ова се луѓе кои некогаш имале право на слободен избор.

А и мислам дека А.С. Нил е сосем во право кога вели: „Попрво

би сакал Самерхил да создаде среќен уличен чистач, отколку

невротичен премиер.“

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 10: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Од двете понудени опции во насловот на овој есеј заклучокот на неговиот автор недвосмислено е токму втората: бирократското своеволие, кој што ќе се обидеме од една сосем непристрасна перспектива (земајќи го предвид фактот дека авторот на текстот и самиот е студент кој што често стапувал во контакт со оваа институција) да го аргументираме подолу. Во таа насока, доколку некој од надлежните го прочита есејов, авторот се надева дека поентите ќе бидат земени предвид во контекст на правилното, онакво какво што го посакуваме сите, реформирање на државниот образовен систем, истовремено сметајќи дека ваквата надеж не претставува слепо или наивно сугерирање промени, туку можност за преориентирање на формалистичките кон суштински најзначајните начела на високообразовното функционирање.

Сведоци сме дека некои од неодамнешните реформи во сферата на администрацијата вработена во образованието веќе се почувствуваа; повеќето во позитивна насока. Сепак, на некои факултети ваквите реформи резултираа со дополнително влошување на и онака крајно незавидната состојба во оваа сфера. Како пример, според кажувањата на некои студенти, за ова може да ни послужи институцијата Студентски прашања.

неретко се прашуваме: која е улогата на оваа институЦија во ФункЦионирањето на високото обраЗование?

Впрочем, иако отпрвин можеби би звучело потценувачки, улогата на оваа институција е чисто формалистички-заснована и во најголем дел од земјите-припаднички на ЕУ во државните и приватните универзитети истата функционира целосно електронски, или пак, воопшто не постои, секако, не како посебна институција, како што е случај со УКИМ. Што се однесува до формализмот во функционирањето на оваа институција, дека истиот не претставува субјективен заклучок на некои студенти потребно е да земеме предвид дека нејзината основна функција (според Статутот) се реализира во следниве 2 домени: 1) во рамки на процесот на запишување и заверка на испити, каде што ги прегледуваат доставените документи, со цел удирање заверувачки печат во студентскиот индекс и архивирање на овие документи; и 2) информирање на заинтересираните

лица за информации од специфични бранши (до кои како такви имаат пристап и преку веб страницата на конкретниот факултет или, пак, преку јавни огласи на таблоата на факултетите).

Како додаток на ова, во овие земји универзитетите одамна вовеле методи на работа кои со децении останале генерално непроменети (со исклучок на воведувањето нови технологии, кои може, но не мора, да повлечат релативно постепени измени во нивните статути) во процесите кои што административците се должни да ги извршат.

како оваа должност ја остваруваат нивните колеги од државниот универЗитет „св. кирил и методиј“ – скопје?

Според сведоштвата на маркантен број студенти од некои факултети, како на пример, од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Правниот факултет „Јустинијан I“, Филозофскиот факултет, Природно-Математичкиот факултет итн., состојбата со оваа институција согласно нивните видувања е навистина очајна, и никој надлежен, како што се покажало, нема слух или желба за сериозно реформирање на истата. Како аргументи на ваквото гледиште би можеле да послужат следниве факти, особено кога станува збор за процесот на запишување и заверка на испити и семестри (на секои неколку месеци):

1. Заради повеќе причини се создаваат огромни толпи од студенти во мал и затворен простор, што несомнено има свои директни и/или индиректни импликации по здравјето на некои чувствителни лица (праксата покажала дека ваквите чекања се водечка причина за пренесувањето вирозни заболувања меѓу младите) и речиси целосно бесцелно се троши време кое студентот го предвидел за остварување некои други обврски;

2. Некои од вработените во институцијата Студентски прашања за време на целиот овој процес донесуваат несовесни одлуки кои се во насока на дополнително забавување на процесот, како на пример, игнорирање на странките преку пиење кафе, правење непредвидени паузи, играње компјутерски игри, долги телефонски разговори кои може, но и не мора, воопшто да не се поврзани со конкретните процеси кои тие се задолжени да ги извршуваат (!?);

10 | ние и системот

ИНСТИТУЦИЈаТа СТУДеНТСКИ ПраШаЊа: „европска администраЦија“ или бирократско самоволие?Како функционира и како би требало да функционира оваа институција за македонското високо образование да можеме да го споредуваме со европското?

Стефан Марковски [Авторот е студент на Филозофскиот и Филолошкиот факултет] Билјана Нацева

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 11: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

3. Некои од вработените освен што избегнуваат да се однесуваат согласно пропишаните правила (со љубезност и професионалност), наоѓаат приговори кои се целосно неосновани и парадоксални (забележано е дека многу често, доколку се работи за маж, ваквите изливи кон машките студенти се далеку понагласени одошто кон девојчињата), или пак, сосема безначајни за целокупниот процес на запишување/заверување предмети (на пример, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ познати се случаи кога еден од вработените во Студентски прашања селективно и повеќекратно враќал студенти само затоа што своите пријавни листови за запишување/заверување ги спојувале со уплатниците за административни марки, на „погрешно место“ или на „погрешен начин“, иако ваквото место или начин не се предвидени согласно било какви пишани правила, како што не е предвидено ниту самото спојување како такво, или пак, затоа што не ги предале пријавните листови превиткани на половина, или затоа што во своите индекси не запишале некој податок кој што е нерелевантен за самото заверување, како на пример, вкупниот фонд на предавања за определен испит, или пак, одредена забелешка итн.);

4. Предметите е задолжително претходно да се пријават по електронски пат, а потоа да се предадат документите на рака, што не е случај со државните универзитети во повеќето европски земји.

на што се должи ваквата неодговорност кај вработените во оваа институЦија?

Единствениот можен одговор е дека самиот степен на оваа неодговорност кај вработените во Студентски прашања варира, и тоа како од субјективно-психолошки, така и од материјално-објективни причини. Разбирливо е дека кај некои се јавува фрустрираност од соочувањето со лица пообразовани од нив самите, додека кај други нервозата може едноставно да произлезе од огромните толпи (инаку, создадени повторно по нивна заслуга!). Притоа, повеќе од очигледно е дека толерантноста на надлежните за работењето на оваа институција ги надминува сите разумски граници, иако некои од вработените во истата и повеќекратно биле суспендирани заради ваквиот незамислив однос. Зошто е тоа така сè уште единствено би можеле да спекулираме, заради што ова прашање останува отворено до неговото (надежно) скорешно затворање.

кога и како обраЗовните реФорми конечно ќе успеат да ја европеиЗираат администраЦијата?

Одговорот на ова прашање апсолутно најмногу зависи од волјата на надлежните, од раководителите на конкретните факултети – деканите, преку Управата на Ректоратот, до хиерархиски највисоките структури на МОН.

Неопходно е да се земе предвид дека ова во фундаментална мера, за жал, е определено и од самите релации помеѓу одговорните структури и вработените во јавната администрација од оваа институција и тоа во огромна мера врз партиско-политичка, роднинска и/или пријателска основа.Ниту професорите и останатите предавачи на факултетите немаат надлежност или влијание врз функционирањето на оваа институција, иако не е мал бројот на оние кои се согласуваат дека на истата очајно и неопходат радикални реформи, и тоа во насока која би го направила целиот овој процес поефикасен и почовечки. Некогаш овде спаѓаат дури и деканите на одделни факултети.

# Во секој случај, зголемувањето на компетитивноста за административните работни места, редовните и професионални инспекции,

незасновани врз некоја од претходно споменатите основи, како и воведувањето поригорозни услови на работа воопшто (вклучувајќи зголемени суспензии, па дури и напуштање на работното место, доколку е тоа потребно), како оправдани, согласно сведоштвата на илјадници студенти, и остварливи мерки неопходно е да се преземат за што е можно пократок период.

Во спротивно, во целост би ги занемариле објективните укажувања во овој текст, кои на ниту еден начин не се насочени кон лично дискредитирање на одделни вработени, туку кон надминувањето на една сериозна препрека на сеопштото функционирање на државното високо образование.

на што се должи пасивноста кај студентите и студентските органиЗаЦии?

Сосем логична е претпоставката дека дефетизмот и помиреноста на студентите со ваквата ситуација се должи пред сè на незнаењето кон кого би требало да се обратат за проблемот да им биде конечно решен, но во голема мера и на преовладувањето на филозофијата „секој за себе“ која го убива колективниот студентски дух и во сите останати ситуации кога е најпотребно студентите да бидат обединети. Исто така, не смееме да го потцениме стравот од самата институција како фактор кој произлегува од и ги предизвикуваат претходните две причини за студентскиот дефетизам.Се чини, ова им е добро познато на вработените во оваа институција, што веројатно им делува охрабрувачки и во насока на континуирање на веќе цврсто воспоставената пракса на малтретирање на студентите, односно „демонстрирање власт“ врз нив.Институцијата студентски правобранител на Универзитетот (или заменик на студентскиот правобранител на конкретен факултет), која од не така одамна се избира од личност која што и самата е студент, е единствената, покрај СПУКМ, адекватна да реагира на ваквите пропусти на администрацијата, иако, за разлика од управата на конкретниот факултет/универзитет, не поседува надлежност во нејзиното реформирање.

ние и системот | 11

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 12: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

12 | ние и системот

Пакетот за прва помош или студентскиот прирачник за истражување на корупцијата во високото образование е проект на Младинскиот образовен форум (МоФ) и е наменет за студентските и за невладините организации, за студентските активисти, но и за сите оние што се заинтересирани за овој феномен (т.е. за корупцијата) и за проблемите што тој може да ги предизвика во високото образование. Резултат е на активностите на регионална мрежа на студенти, кои дејствуваат со истражувања во областа на високото образование или најпрецизно во областа на антикорупција во високото образование. Името на мрежата е антикорупциска студентска мрежа во југоисточна европа (Anticorrup-tion student network- South East Europe/ ACSN - SEE). Во мрежата членуваат студентски организации од Македонија, Бугарија, Хрватска, Молдавија и од Србија.

Затоа, како најважни цели на проектот може да се издвојат следните: да се опишат облиците, актерите и зачестеноста на корупцијата во високото образование; да се опишат ставовите на студентите, на професорите и на административниот кадар на универзитетите во врска со корупцијата; да се создаде систем на инструменти за истражување на корупцијата во високото образование, кој целосно ќе биде прилагоден на специфичните услови во регионот; да се извлечат одредени заклучоци и објаснувања за причините за корупција; а, како приоритетна цел – да се зголеми свеста за различните видови корупција во високото образование. Во текот на истражувањата, главниот акцент бил ставен на неколку теми, кои се всушност најактуелните области во високото образование во поглед на корупцијата: мамење, продажба на учебници, поткуп, процес на запишување на факултет, корупција во студентски домови, студентска мобилност.На почетокот на прирачникот е претставена Антикорупциската студентска мрежа во ЈИЕ, при што се објаснети сите фази на овој голем проект. Следува општ вовед во методологијата, кој започнува со дефинирање на мониторингот како системско и постојано надгледување на тековните настани. Притоа, појаснето е дека мониторингот на корупцијата се однесува на редовното проценување на нивоата на корупција и на перцепциите за сите начини на корумпирано однесување. Потоа е објаснето како да се спроведе прелиминарно истражување, кое треба да опфаќа: дефинирање на проблемот на истражувањето, анализа на литературата за тој проблем и на клучните поими, определување на целите на истражувањето, поставување хипотеза, идентификување и класификација на величините и определување на концептот на истражувањето. Даден е и одговор на неколку важни прашања, како на пример во врска со тоа што претставуваат барањата за пристап до информации од јавен карактер, но и во врска со тоа како да се спроведе интервју, како да се состави прашалник и како да се напише извештај, методи што треба да се користат при истражувањето. Очекувано, описот на темите опфаќа најголем дел од прирачникот, при што авторите (лазар Поп иванов, Петар Димитров, Марија Мирчевска, иван Мицковски и Мартин алексоски) обрнале внимание на сите важни аспекти. Со цел да им биде достапен на што повеќе млади луѓе и да им помогне во истражувачката работа, прирачникот е достапен бесплатно во електронска форма на интернет страницата на МОФ.Најкорисната работа во врска со овој прирачник е фактот дека се работи за агрегат на знаењето на сите членови на проектните тимови на организации што доаѓаат од пет земји и што со себе го носат искуството од секоја од овие земји. Сите оние што ќе решат да спроведат едно вакво истражување и со тоа ќе се активираат да направат нешто што ќе придонесе за некаква промена во системот – нека го набават ова вредно помагало, а Лазар Поп Иванов, лидерот на македонскиот тим, во името на сите автори на прирачникот, ги мотивира со зборовите: „ Сакаме да посочиме кон сите дека со борбата против корупцијата во високото образование на кој било начин - дали преку истражувачка работа, дали преку студентски активизам, дали преку дебати – директно влијаеме врз низа процеси и даваме придонес кон унапредување на високото образование. Ви посакуваме многу среќа и успех, драги пријатели!“.

Кристина Велевска [Филолошки факултет „Блаже Конески“ ]

ПаКет За ПРва ПоМош ЗА СТУДЕНТИТЕМоФ иЗДаДе КоРисен воДич За стУДентите – стУДентсКи ПРиРачниК За истРажУвање на КоРУПцијата во висоКото обРаЗование, насловен „ПаКет За ПРва ПоМош“. иДејата е оДлична, а соДРжината е јасно и МногУ ДобРо РаЗРаботена. За што точно се Работи и Кои се најважните Поенти на ПРиРачниКот – ПРочитајте во теКстот што слеДУва.

Поаѓајќи од фактот дека образовниот систем е исклучително важен за сигурен напредок и развој и

свесни дека корупцијата е еден од главните фактори што директно го напаѓаат квалитетот на високото

образование, овие млади луѓе решиле да ја подигнат свеста за големината на овој проблем, чие негативно

влијание врз високото образование доведува до тешки последици за целата општествена средина.

За нив е неприфатлив фактот што во корумпираното однесување студентите гледаат полесен начин за

справување со нештата.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 13: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

кампања За млади на волонтерскиот Центар скопје!

Кристина Велевска [Филолошки факултет „Блаже Конески“ ] Волонтерски Центар Скопје

и ако сите сме свесни дека со здравата исхрана и со редовната физичка активност се овозможува зачувување на здравјето, а се намалува и

телесната тежина, како резултат на современото темпо на живот и на своите лоши навики, никако да го дочекаме баш тој понеделник (обично сите диети „почнуваат“ во понеделник) кога ќе ја започнеме својата мисија. Сепак, никогаш не е доцна, а за многу од нас голем поттик може да биде и кампањата на Волонтерскиот Центар Скопје – „Feed your Brain, instead of your Body!“ („Нахранете го својот мозок наместо своето тело!“).

Оваа кампања е дел од локалниот проект „Исхрана и нутриционизам меѓу младите (во Скопје, Македонија)“, а нејзината цел е, на забавен начин, да ги „промовира“ придобивките од здравата исхрана меѓу младите луѓе. Сè започна со анкетата поставена на интернет, наменета за, како што самите организатори на кампањата истакнаа, сите месојадци, билкојадци, вегетаријанци и омнивори, во која се испитуваше колку младите луѓе се информирани за здравата исхрана и како тие ја сфаќаат идејата за кампањата. Анкетата ја пополнија 123 лица и беше само пролог на она што следуваше.

Првиот настан се одржа на 17 април во МКЦ, каде беше прикажан филмот „Food Inc“. Секој што имаше можност да го гледа филмот повеќе не гледа на храната и на исхраната со исти очи. Настанот беше проследен со отворена дискусија и со споделување искуства. Присутните си поделија по некој совет, ги изнесоа своите ставови и искуства и сите научија по нешто што досега не знаеле.

#Предавањето што се одржа на 20 април, во просториите на Центарот, даде многу корисни информации за тоа како да го „нахраниме“ својот

мозок, односно за тоа која храна треба да се консумира за да се поседува одлично физичко и психичко здравје. Освен тоа, даде одговор и на неколку клучни прашања во врска со тоа како да се одржува телесната тежина,

колку калории да се внесуваат дневно, кој е соодносот на состојките што треба да се внесуваат и како сами да го дознаеме составот на еден продукт.

Како најпрепорачливи состојки за одлично функционирање на мозокот беа наведени: рибата, доматите, брокулата, јаткастите овошја, бананата, кафеавиот ориз, боровинките, темната чоколада и зелениот чај. По предавањето следуваше дегустација и оценување на различни видови храна. Резултатите беа солидни – иако добри оценки добија и слатките и чипсот, најдобро оценети беа мандарините.

Централниот настан се одржа на 28 април во Градскиот парк во Скопје. Пријатното и топло време дополнително придонесе за големата посетеност, а организаторите уште еднаш покажаа колку забавен може да биде здравиот начин на живот. На настанот беа промовирани додатоците во исхраната од фирмата „Kyani“, со чиј сопственик сите можеа да се консултираат. Програмата беше збогатена со натпреварот во брзо јадење храна, со неколку интересни интервјуа и со мудри мисли за храната, а беа презентирани и резултатите од анкетата.

Волонтерите од Волонтерскиот Центар Скопје се големи професионалци и навистина се потрудија да организираат одличен проект. Успеаја да нè мотивираат да започнеме да живееме и да функционираме здраво, а советите кои ги добивме и информациите што ги научивме од нив можат многу да му помогнат секому на патот кон подобро телесно здравје.

нахранете го својот моЗок наместо своето тело!„Feed your Brain, instead of your Body!“ („Нахранете го својот мозок наместо своето тело!“) е кампања на Волонтерскиот Центар Скопје, чија цел е да ги потсети младите на здравата исхрана и на придобивките од неа, и тоа на забавен и едукативен начин. Сите кои се вклучија во оваа кампања, преку присуството на трите настани, имаа можност да научат неколку важни факти за здравата исхрана и за здравиот начин на живот, да учествуваат во интересни игри и активности, да ги променат своите „лоши“ навики, но, пред сè - да се забавуваат.

ретросПектива | 13

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 14: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

14 | ретросПектива

И ОВаа ПрОлеТ – студентска пролетактивистите на „Слободен индекс“ оваа година по вторпат организираа културен настан под отворено небо под мотото „Студентска пролет II: Изрази се!“ со цел да ја промовираат креативноста на младите луѓе и да ја отстранат етикетата на „пасивна младина“. Отворајќи ги вратите за сите креативни млади луѓе и давајќи им шанса да се изразат и да покажат што можат, успеаја да ја остварат својата цел.

во органиЗаЦија на „слободен индекс“:

Кристина Велевска [Филолошки факултет „Блаже Конески“ ] Радмила Ванкоска

Поаѓајќи од идејата дека потенцијалот на младите луѓе треба да се искористи за позитивни цели и од желбата да им овозможат на сите креативци и таленти да ги промовираат своите дела, активистите на „Слободен индекс“ оваа година по вторпат организираа културен настан под ведро небо. Активностите се одржаа на 24 април под мотото „Студентска пролет II: Изрази се!“.

Идејата за организирање на „Студентска пролет“ се родила минатата година, најпрвин како наивна идеја да се даде можност на секој студент да се претстави со своите дела и изработки, но за кратко време прерасна во една посериозна идеја за отворање слободна студентска зона. Така, веќе две години по ред се

организираат прекрасни изложби, свирки и разни други перформанси со уметнички карактер.

Организаторите на оваа манифестација тргнале од фактот дека студентските години ни се сведени на механичко учење на потребниот материјал за полагање испити и дека студентскиот живот ја загубил својата вистинска суштина, го загубил својот дух. Наместо во текот на студирањето да ја развиваме сопствената креативност, да го пронајдеме своето место во светот, да создаваме и да се здобиеме со потребните знаења, ние сме принудени да се прилагодиме на системот и да функционираме онака како што тој налага.

СлободеН ИНдекС: „НИе Не Сме роботИ што Се задоВолуВаат Со Вежбање ФактограФСка меморИја. НИе Сме младИ И креатИВНИ луѓе, уморНИ од оВој СИСтем, И Сакаме да Создадеме меСто каде што ќе можеме да Се ИзразИме“.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 15: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

ретросПектива | 15

Поради тоа, членовите на „Слободен индекс“, свесни дека нашата земја изобилува со цело богатство од таленти и способности, богатство од неискористен потенцијал и од недокажана креативност, решија да подадат рака и да ги поддржат и да ги поттикнат младите да го покажат она што го знаат и да го изразат сето она што се крие во нив. Или, како што и самите истакнуваат: „Ние не сме роботи што се задоволуваат со вежбање фактографска меморија. Ние сме млади и креативни луѓе, уморни од овој систем, и сакаме да создадеме место каде што ќе можеме да се изразиме“.

Со оглед на тоа што Универзитетот, за жал, не се труди воопшто да вложи во никакви културни случувања, студентите решија настанот да го организираат сами, финансирајќи го од своите џебови и од прилозите на добронамерните луѓе.

#Настанот на платото на УКИМ, кој се одржа на 24 април, помина во одлична атмосфера. Голем број млади луѓе се

изразија и се приближија едни на други преку уметноста. Беа изложени извонредни уметнички дела (слики, графики, фотографии, цртежи), имаше поетско читање, изложба на ракотворби (накит) и на макети, музички настапи, уметност од храна и настапи на магионичари, а посебно

внимание предизвика презентацијата на втората поетска збирка на Александар Матовски-Цако. Сите присутни на настанот одлично се забавуваа, а организацијата беше на високо ниво. Студентите уште еднаш докажаа дека се поголеми професионалци од сите институции. За жал, и институциите уште еднаш докажаа дека саботажата на еден ваков настан е совршена можност да се „задушат“ амбициите на секој што ќе проба да ги разбие монотонијата и здодевноста. Настанот предвиден за 25 април, кој требаше да се одржи во дворот на Машински факултет, се откажа, затоа што не бил одобрен од страна на управата на овој факултет. Вистинска штета за сите оние што имаа намера да ги презентираат своите дела, но и за оние кои вложија толку многу труд во организацијата.Сепак, не треба да се дозволи ваквите реакции да влијаат лошо врз креативните идеи како што е идејата за „Студентска пролет“. Баш напротив, треба да бидат поттик за уште поупорно и со уште поголема мотивација да се води студентскиот бунт, и тоа секогаш преку културни настани и активности. Секоја чест и големо браво за „Слободен индекс“ – им посакуваме уште многу успешни акции и секоја наредна „Студентска пролет“ да биде подобра и поинтересна од претходната.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 16: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Патувањата се секогаш убава можност да откриеш нешто ново за некоја странска култура, но и уште поубава можност да ја согледаш својата култура од една сосема нова перспектива. А, особено патувањата чијашто цел е академски престој ти

овозможуваат да ги согледаш пукнатините и дупките во твоето образование. Овој пат ќе зборуваме баш за таквите дупки и за тоа како би можеле да ги пополниме.

Имено, минатото лето имав можност да присуствувам на една летна школа во Берлин на интердисциплинарниот универзитет ECLA (European College of Liberal Arts). Во школата владееше многу либерална атмосфера, во која професорите и студентите постојано се надмудруваа, предизвикуваа и дебатираа на најразлични теми. Особено ме импресионираше начинот на кој студентите вжарено дебатираа на некоја тема за време на предавањата, за потоа сосема истите студенти пријателски да разговараат (можеби дури и сè уште на истата тема?) за време на ручекот. Токму тогаш сфатив дека јас различно ја сфаќам дебатата и дека честопати при дебатирањето се чувствувам како некој да ме напаѓа мене лично.

„Од каде ваквото сфаќање на дебатата?“, се запрашав. Не би одела толку далеку за да го обвинам македонскиот менталитет (ќе признаам дека менталитетот ми е сè уште недоволно јасна категорија), но сигурна сум дека образовниот процес и тоа како извршил влијание врз начинот на кој разговарам со луѓето и ги дискутирам идеите.

Особено би сакала да го искритикувам основното и средното образование. Моделот на образование што ни беше наметнат се состоеше во уредно изучување и во „папагалско“ повторување на предадениот материјал.

Никој не се ни осмелуваше, ниту пак некој нè поттикна да го доведеме во прашање она што го изучуваме. Дури на факултет одредени професори нè стимулираа да развиеме дискусија за некој предлог или тема. Како резултат на тоа, сега на тие часови се сеќавам толку живо и јасно како на едни од најпродуктивните часови поминати на факултет.

Едно објаснување за ваквото „непријателско“ сфаќање на дебатата е самата метафора и симболика на зборовите и изразите кои ги поврзуваме со процесот на дебатирање. Така, велиме дека некој си го одбранил својот аргумент или дека некој ти го побил аргументот, а и самиот збор аргумент (argument) на англиски, меѓу другото, значи и кавга, расправија. Токму оваа сличност со воената терминологија довела до англиската поговорка Argument is War (расправата е војна). Па, дури и кај нас велиме дека се води расправа за одредено прашање. Сепак, и покрај блискоста на зборовите расправа и кавга, мораме да направиме една суштинска разлика во нивните значења. Додека кавгата е несогласување во однос на интимни и лични проблеми, расправата (со значењето на дискусија) е несогласување во однос на интелектуални ставови.Ако подобро размислиме, токму ваквите несогласувања на ниво на идеи и концепти можат да нè натераат подлабоко да размислиме зошто поддржуваме и се залагаме за одреден предлог. Вака можеме или да го зацврстиме својот став или пак да го прифатиме мислењето на другите и така духовно да се збогатиме. Преку дебатирањето за нашите ставови, на крај би можеле да дојдеме до едно заедничко решение до кое сигурно не би дошле доколку секој си држел до својата идеја и не се осмелил да ја каже гласно.

Затоа, драги студенти и професори, ве поканувам отворено: Ајде да (се) расправаме! И онака интелекту-алната расправа не е и не треба да биде ништо лично.

16 | ПоГледи

И ПОКраЈ блИСКОСТа На збОрОВИТе расправа И кавга, мОраме Да НаПраВИме еДНа СУШТИНСКа разлИКа ВО НИВНИТе зНачеЊа. ДОДеКа КаВгаТа е НеСОглаСУВаЊе ВО ОДНОС На ИНТИмНИ И лИчНИ ПрОблемИ, раСПраВаТа (СО зНачеЊеТО На ДИСКУСИЈа) е НеСОглаСУВаЊе ВО ОДНОС На ИНТелеКТУалНИ СТаВОВИ.

ајде да (се) расправаме!

Ѓурѓица Илиева [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Далибор Стајиќ

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 17: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

РасПаД-систеМ или ПостМоДеРно сКоПје?

Оној што се обидел да погледне зад себе стои често без одговор и без надеж за каков било одговор сред прашалниците послани врз неговиот интроспективен пат, во незнаење дали е повеќе збунет од потребата катадневно да си поставува себеси едночудо прашања или од својата неспособност да им најде згодно решение. Талогот нејасни поими што разочаруваат никако да го остават на мира. Тој внатрешен немир на длабокото разочарување од моќта на разумот го тера, секогаш одново, да бара нови патишта кон сфаќањето на светот; му наложува да им пристапи со скепса на сите сеопфатни толкувања на реалноста.

Сред рашомонијадата противречности, обидите да му се распара сржта на Скопје немаат конечeн број. Впрочем, прелесен залак би било ако суштината на главниот град се сведе на прост збир од седумстотини илјади видувања за неговите хоризонтали и вертикали. Спроти сè посилните постмодернистички гледишта за човековиот бит, скопскиот дух - логички спротивен на оној паланечкиот кој е израз на другоста - постепено ја губи својата безвремена семантичка вредност. Новите поколенија, сведочејќи го цутот на постмодерно Скопје, немилосрдно се впрегнати во нови развојни текови на градскиот живот.

сјајот и беДата на (Пост)МоДеРниЗМот

Спротивставувајќи се на традиционалниот поредок од минатото, модернизмот содржи во себе прогресивна економско-административна рационализација на социјалниот свет која доаѓа како предвесник на модерната индустриска држава на дваесеттиот век. Во таа временска рамка, главните градови биле центри на политичките, финансиските и културните збиднувања во државите, а не помалку важна била и нивната функција на усогласување на останатите индустриски области кои требале да зајакнат економската моќ на земјите. Индустријализацијата, јавниот превоз, санитарната инфраструктура, како и комерцијализацијата на старите градски јадра му го олеснија на човекот секојдневието, давајќи му полет да создава нови колективни вредности. Општествениот дискурс на модернизмот, подгреван од сите страни со интелектуални млазови, го велича образованието како траекторија кон личната слобода; настојува од историската читанка да створи голем наратив кој ќе даде сеопфатен опис на сето човековото постоење.

Во контраст со ова, постмодернизмот е епохален премин кон општествена севкупност со нихилистички карактер. Несигурноста на поединецот во целоста на битието и трајноста на вистините ја раздробува идејата за логична кохерентност; ги поткопува во темелот вредностите на рационалното мислење и негира каков било креативен оригинал, зашто сè е создадено во минатото, бидејќи нема простор за нови откритија во светот кој станува глобално село. Незапирливиот растеж

на технолошките иновации и брзиот пристап до информации се во центарот на тој премин од продуктивен во репродуктивен општествен поредок. Падот на државните инвестиции во урбани проекти и засиленото присуство на меѓународен капитал во градежништвото и, воопшто, во управувањето со урбаниот простор, му дадоа сосем нов лик на градскиот живот. Приватизирањето на јавните простори го нагризува постепено граѓанското општество, ги срамнува слоевите на јавната сфера.

Ширењето на постмодерниот простор напредува за сметка на мноштво симпатични места кои некогаш го унапредувале социјалниот идентитет: кафулиња, кафеани, паркови и плоштади. Постмодерната доба не го надоместува исчезнувањето на овие интимни средини за средби и меѓучовечко делување. Напротив, нејзиниот забрзан подем го отуѓува граѓанството. Кога денес луѓето доаѓаат во допир, тие сè почесто се набљудуваат меѓу себе како колеги, потрошувачи или патници, но не како сограѓани. Додека модернистите сметаат оти просторот се создава за социјални потреби, тој за постмодернистите е во голема мера нешто независно и автономно. Постмодерниот урбанист го гради просторот според принципи кои немаат посредна колективна намена, ами треба да постигнат безвремена убавина како цел сама за себе. Таа моќна струја, разгранувајќи го својот тек на повеќе ракави, штедро почна да го напојува животниот стил и на младиот скопјанец.

ПоГледи | 17

НеСИгУрНОСТа На ПОеДИНеЦОТ ВО ЦелОСТа На бИТИеТО И ВО ТраЈНОСТа На ВИСТИНИТе, безДрУгО, Се ОСТВарУВа КаКО НаЈИмПУлСИВеН аСПеКТ На ДеНеШНИЦаТа. НеЈзИНИОТ ДОмИНаНТеН фИлОзОфСКИ ОблИК, ПОСТмОДерНИзмОТ, разграНУВаЈќИ гО СВОЈОТ ТеК На ПОВеќе раКаВИ, ШТеДрО ПОчНа Да гО НаПОЈУВа жИВОТНИОТ СТИл На млаДИОТ СКОПЈаНеЦ.

распад-систем или постмодерно скопје?

Далибор Стајиќ [Централноевропски универзитет, Будимпешта] Далибор Стајиќ

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 18: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

18 | ПоГледи

јаЗот МеѓУ Минатото и сегашноста

Историски поделен на старо, предземјотресно и ново, модерно, Скопје, главниот град на Македонија со векови бележел настани од кои на човека му запира здивот. Разно-разни властодршци ја кроеле и прекројувале политиката за големиот град, вткајувале дел од себе во поширокиот сплет градски приказни и оставале видливи и помалку видливи траги што до ден-денес потсетуваат мудро на нивната ера. Без оглед на разноликоста на видовите под кои се јавува убавината на главниот град, секое прелистување на историските читанки го зародува впечатокот оти Скопје останал најдобро запаметен како епохален бележник на модернизмот.Во полна сила на природниот тресок, Земјината утроба ја разнишала убоста на познатото, толку сакано и никогаш непрежалено старо Скопје, какво што го знаеме само од црно-белите фотографии на нашите баби и дедовци. Во далечната 1963 година, на Скопје му била одредена нова судбина — сосем поинаква од дотогашната — мошне поразгранета и повозбудлива. Прераснувајќи во град на солидарноста, Скопје добил лик по идејната замисла на јапонскиот архитект Кензо Танге. Неговата остроумност го зачувала градското јадро гушнато од сите страни од Градскиот ѕид, симболот на модерното градско живеење.Новиот градски образец го издигнал човекот над сè останато; му дал шанса да ја докаже сета мудрост и да ја обелодени единствената вистина за светот; го турнал во потрага по инвентивни творечки форми на трајни културни вредности кои требалo да ѝ служат на вечноста. Но, како и секој друг пример на земското несовршенство, ни Скопје не можел да опстане вечно збиен во калапот на модернизмот. Со секој нов ден, под опојното дејство на политичко-општествените струења, градскиот живот ја разводнувал постепено својата модерна шминка и оставил навевот на промените сам да ги проектира носечките столбови на утрешнината.

оД КРај во КРај До бесКРај

Фатен во очај од неспособноста да го расплете кројот на родниот град, младиот скопјанец се влече од крајност во крајност без каков било изглед за рушење на прашалниците под кои лежат болни точки. Неговиот цинизам, острен со години според некаква безобразна матрица на одбивност и презир, ставил темен превез врз реалноста на скопскиот асфалт. Огледувајќи се себеси во чудна дихотомија на „хипстери“ и „хејтери“ во неартикулиран контекст, младиот скопјанец разуздал едночудо мисли за нему немилиот дојденец од нигде-никаде. Решил, просто, да се затвори во неговиот вилает и да се вдаде во преработка на историјата без надеж дека ќе се ослободи еден ден од стереотипите за одамна исмеаната балканска егзотика. Сомневајќи се во веродостојноста на клучните онтолошки процеси, скопјанецот го губи чекор по чекор контактот со надворешниот свет. Од час во час му сервираат секакво ѓубре пред врата, но тој никако да стане и да го проветри просторот околу себе. Признава оти еднобојноста на секојдневието му станува здодевна; негодува оти сите места почнуваат да наликуваат едни на други, но не мрднува ниту со малиот прст за да го живне ритамот на неговото соседство, ниту, пак, сака да проба да му погледне в очи на невиниот со инаков македонски изговор. Напротив, за инает остава смрдеата да рее во воздухот доволно долго за да го извади од кожа бројното граѓанство. Замелушен во нејасен симулакрум на идеалот да стане икона на урбаното живеење, себеостварувањето му е пред каква била свест за колективно делување. Без оглед на кое општествено рамниште се јавила, неволноста на скопјанецот тандемски да им приоѓа на проблемите останува и натаму во дежурна смена.

КРитична Маса и МалКУ наДеж

Без натамошно размачкување на сликата, јасно е оти скопската сорта стои на стаклени нозе. Одамна исчезна нејзиниот градски дух. Светот со молневита брзина го вртат промени, а Скопје, најдено во небрано, нема клуч за иднината. Раните во ткивото на градската култура се толку длабоко продрени, што не постои надеж оти наскоро ќе се најде човек што ќе може да ги залечи. Недостатокот од самокритичност, и уште полошо, непостоењето колективна критична маса трајно ја оштетуваат срцевината на Скопје. Иако одвреме-навреме проблеснуваат идеи во електронските социјални мрежи, ретко се турка докрај товарот на некој заеднички потфат - наместо низ електронските канали, колективните подвизи треба да потечат низ скопските улици. Ако главниот град е сам по себе предодреден да биде мегдан на критични мисли, скопските младинци мора да фрлат поглед подалеку од нивниот дом. Едноставно, животот на градот треба да се сфати како хипермобилна комуникациска форма која жедно чека да добие свој израз. Во таа смисла, единствена врвица кон здравиот растеж на Скопје е поттикнувањето отвореност и потпомагањето на сограѓаните во духот на солидарноста. Зар е потребна уште една катастрофа за некому да му дојде умот?

Eдинствена врвица кон здравиот растеж на скоПје е Поттикнувањето отвореност и ПотПомаГањето на соГраѓаните во духот на солидарноста.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 19: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

ФотогРаФија © Bill Hayward

Даниела Атанасова, Афродита Николова ПРевоД оД англисКи јаЗиК: Ирена Дијанисиева

интервјувикторија редел

(aмериканска авторка)

на луѓето им требаат Приказни

Пишувам за да оставам сведоштво во светот и да речам „еве што сум видела“, или

„еве што Гледам“, да дадам нешто свое.

Која е целта на вашата Посета на МаКеДонија и што ПРавевте отКаКо сте тУКа?Бев поканета од Американската амбасада со цел да ја споделам мојата работа и моето гледиште на американската литература со студентите и луѓето кои живеат во Македонија и да се сретнам со македонските студенти, писатели и луѓе. Мислам дека целта е културна размена. Се надевам дека и јас ви нудам нешто, бидејќи јас сигурно учам многу овде и одлично е.

ви се ДоПаѓа ли ПРестојот Досега?Да, си поминувам навистина прекрасно. Се запознав со еден куп многу креативни млади луѓе, средношколци, студенти. Пред да дојдам на Универзитетот во Скопје бев во Штип. Се запознав и со некои повозрасни луѓе од организацијата ПЕН во Македонија, бидејќи јас работам со ПЕН Америка.

продолжува

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

КОН КРАЈОТ НА МАЈ, АМЕРИКАНСКАТА АВТОРКА ВИКТОРИЈА РЕДЕЛ ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА И БЛАГОДАРЕНИЕ НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ, И ЧИТАТЕЛИТЕ НА „ИЗЛЕЗ“ ДОБИЈА МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО ОВАА СОВРЕМЕНА ПОЕТЕСА И ПИСАТЕЛКА. ВИКТОРИЈА ДОСЕГА ИМА ОБЈАВЕНО ЗБИРКИ ПОЕЗИЈА И РАСКАЗИ, КАКО И ДВА РОМАНИ. ЗА СВОЈОТ ПРВ РОМАН „ЉУБОВНИК“ (“LOvErBOy”), ДОБИЛА ПОВЕќЕ НАГРАДИ, А ПО ИСТИОТ Е СНИМЕН И ФИЛМ ВО РЕЖИЈА НА КЕВИН БЕЈКОН. ПРЕДАВА КРЕАТИВНО ПИШУВАњЕ ВО њУЈОРК, ПА ЗАТОА ОД НЕА ПОБАРАВМЕ СОВЕТИ ЗА ПИШУВАњЕТО, А РАЗГОВАРАВМЕ И ЗА ЗНАЧЕњЕТО НА КНИЖЕВНОСТА И НЕЈЗИНИОТ ЛИЧЕН ВКУС ЗА СТИЛОВИ И АВТОРИ. ЕДНА НЕЈЗИНА ПЕСНА ВО ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ ОБЈАВУВАМЕ ВО КНИЖЕВНИОТ ДОДАТОК „Ш“, А ОВДЕ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ НАШИОТ РАЗГОВОР КОЈ СЕ НАДЕВАМЕ ќЕ ВЕ ПОТТИКНЕ ПОДОБРО ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ СО НЕЈЗИНОТО ТВОРЕШТВО.

Page 20: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

20 | интервју

Зошто ПишУвате и Кога За ПРв Пат сФативте ДеКа ќе биДете ПисателКа?Зошто пишувам? Ова е навидум едноставно прашање, но мислам дека е големо прашање за секој кој пишува. Една од причините е едноставно заради задоволството на спојување на зборовите еден со друг. Некогаш едноставно се работи за градење на зборови едни до други и, најпосле, градење на некое значење во нив.Пишувам и затоа што тоа е начин да се остави некое сведоштво во светот и да речам „еве што сум видела“, или „еве што гледам“, и да дадам нешто свое. А, пишувам и затоа што пишувањето ми овозможува да си замислам свет поголем од мојот внатрешен свет, со сочувствување да ги замислувам животите на другите луѓе.

во еДно интеРвјУ иМате Кажано ДеКа не саКате Да го Знаете КРајот оДнаПРеД Кога ПочнУвате Да ПишУвате ново Дело. што би МУ РеКле на читател Кој ќе ве ПРаша „Која е Поентата на ПишУвањето аКо не Знаете КаДе оДите“?Ова е прашање на место. Јас сум против тоа да знаете каде одите бидејќи тоа значи дека веќе сте одлучиле каде ќе стигнете, како смислата на патувањето да е само да се стаса на целта, наспроти самиот обид да се стаса секогаш гледајќи каде сте биле. Тоа е еден начин на одење нанапред и наоѓање нови можности, нови ќошиња во кои може да ѕирнете, нови патишта по кои можете да чекорите. Кога пишувате секогаш се обидувате да пишувате во мистерија, во едно поголемо, уште понепознато место. Доколку пишувам кон она што го знам, тогаш тоа е веќе минато време, веќе е завршено.

Значи, тоа е ПРоцес на отКРивање За Писателот?Точно така. И верувам дека доколку читателот прочита нешто во кое писателот имал чист и програмиран пат, тоа му дава одредена едноличност на делото, а доколку текстот ги следи чекорите на авторот и неочекуваните места каде што тој оди, било да се тие добри или лоши, тогаш искуството е поинакво.

Може ли Книжевноста Да го сМени светот?Брзиот и краток одговор е дека мене постојано ме менуваат работите што ги читам, па така, книжевноста мене ме менува. Потоа нешто што ќе прочитам, песна, роман, ќе го дадам на некој друг и се надевам ќе смени нешто и кај нив. Знаете, тоа е вечно прашање, тоа е прашањето во поезијата, како поезијата го спасува светот. Делумно го спасува заради она што го кажав претходно, го менува преку (давање) сведоштва, велејќи „еве како е“, преку можностите, преку оживувањето на нечија активна сочувствителна имагинација, велејќи „еве како би можело да биде“.

сеКогаш се сРеќаваМе со ПРашањето Која е ПолЗата оД иЗУчУвањето на Книжевноста…Таа нè допира. Која е поентата да слушате музика, да гледате слика? Тоа нè предизвикува, нè менува, дури и нè приземјува.

вашето ПослеДно објавено Дело беше РоМан, а Двете наРеДни се ЗбиРКа ПоеЗија и ЗбиРКа КРатКи РасКаЗи. иЗглеДа ДеКа со леснотија се Движите МеѓУ РаЗличните жанРови. иМа ли неКој Кој ви е оМилен и во Кој се чУвствУвате најУДобно? и КаКо оДлУчУвате што ќе ПишУвате во ДаДен МоМент?Започнав како поетеса и, и покрај тоа што до сега имам објавено повеќе проза отколку поезија, се сметам себеси за поетеса. Иако барањата на романот се сосема различни од барањата на кратките раскази, верувам дека мојот интерес кон сите нив секогаш е воден од јазикот.

Ова ми се случува и во прозата и во поезијата. А, како одлучувам што ќе пишувам? Не знам. Кога започнав како поетеса немав претстава, а ни чекувања, дека ќе пишувам проза. Потоа, во одреден момент, на еден чуден начин, текстот почна да станува долг и си помислив „О, јас пишувам чудни долги песни“. Тогаш почнав да сфаќам дека тоа е всушност проза. Така почнав да пишувам раскази и целосно се вљубив во нив. На одреден начин мислам дека тие се најтешки од сите три форми. Се вљубив во можностите што ги нуди расказот. Така се најдов со збирка раскази, а потоа и со збирка поезија, а бидејќи бев идиот и сакав да се испробам и во нешто друго, решив да се обидам да напишам и роман. Кога го завршив романот, за што, знаете, се потребни години и повеќе време отколку за една песна, бев пресреќна повторно да пишувам поезија. Дури и да мора да напишам педесет работни верзии од една песна пред да решам дека е како што треба, песната како предмет е многу покуса и страницата можам да ја држам во една рака, можам да ја погледнам целината на само едно парче хартија, а во тоа има некое големо задоволство.

што баРате Кога читате ПРоЗа или ПоеЗија оД ДРУги лУѓе? Зошто вашите оМилени автоРи ви се оМилени?Тоа е добро и тешко прашање. Барам делата на другите да ме збогатат и барам некој да каже нешто на начин на кој само тие можат да го кажат, со прецизност и точност на зборување како што само тие знаат да зборуваат. Во тоа има нешто толку искрено, има чувството на целосен авторитет. Тоа ме разоружува, прекрасно е, ми ја милува душата. Кога ќе прочитате нечие дело и ќе успеете да влезете во нечија душа, во нечија имагинација, и да најдете утеха, да најдете друштво, дури и да најдете непријател, прекрасен непријател... тоа е еден цел нов свет.

Може ли Да сПоДелите неКои оД вашите оМилени автоРи?Многумина ми се омилени! Јас имам широк вкус. Имам пријатели кои читаат само еден правец, читаат само експериментални дела, но јас читам различни писатели. Живееме во време на доста разнолика американска книжевна сцена. Пред 25 години, на пример, во поезијата доминираа претежно мажи, а сега има една голема, силна и разнолика група луѓе кои пишуваат поезија.Ги обожавам делата на мојата пријателка Мери Хау, обожавам многу поети. Една одлична поетеса, која почина неодамна, е Адријан Рич. Таа ме смени како писателка. Ги сакам Џерард Менли Хопкинс, Шекспир, ја обожавам прозата на Грејс Пели и Кормак Мекарти. Може да набројувам уште. Списокот е долг.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 21: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

интервју | 21

Дали неКогаш читате и оД останатата светсКа Книжевност, ПоКРај англисКата и аМеРиКансКата?Да, да, но никогаш доволно. Секогаш мислам дека нема доволно време во еден ден или во еден живот за да го прочитам сето она што сакам да го прочитам. Имам читано некои од латино-американските прозни писатели, потоа руски и кинески писатели, само што започнав да се запознавам со некои македонски поети. Ги има толку многу. Во моментов има многу добри писатели на глобално ниво.

сМетате ли ДеКа тие се сооДветно ЗастаПени ПРеКУ ПРевоД? Не, мислам дека не се. Во американското издаваштво постои голем напор да се најдат издавачки куќи кои ќе работат на преведување. Во Америка има прекрасни преведувачи кои сè повеќе и повеќе работат преводи. ПЕН Америка, организацијата во која членувам, дава грантови за преводи. Многу од преведените автори се објавени од страна на универзитетски издавачки куќи или други помали или поголеми издавачи, но сепак треба да се работи повеќе на тоа. Дали вашите Дела се ПРевеДени на ДРУги јаЗици?Да, двата романи се преведени на други јазици. „Љубовник“ („Loverboy“) беше преведен на турски, холандски, португалски и италијански, а „Границата на вистината“ („The Border of Truth“) беше преведен на холандски и на хебрејски. Прекрасно е чувството да си ги видите книгите преведени на јазик кој не го знаете. Кога излезе холандскиот превод, седнав сама во соба, ја зедов првата книга која излезе и се преправав дека знам да зборувам холандски, па се обидов да ги изговорам сите зборови и се смеев.

Дали неКогаш сте соРаботУвале со ПРевеДУвачите?Единствено холандскиот преведувач ми постави неколку прашања кои беа навистина забавни. Во книгата имаше места со измислени зборови, па тоа беше доста забавно и чудно.

иМате ли совет За МлаДите Писатели За тоа КаКо Да го најДат својот соПствен глас, или неКој ДРУг совет За ПишУвањето?Секако. Треба да имаат решителност да останат доволно долго во собата и да пишуваат, да пишуваат и да пишуваат. Постојано да пишуваат, дури и во деновите кога не се случува ништо особено. А, потоа да одат на прошетка, бидејќи често откако сте седеле доволно долго обидувајќи се да најдете зборови, ќе отидете на прошетка и ќе ви текне нешто ново. Друг совет би бил да имаат храброст да ги кажат нештата на начин како што знаат само тие, да не се обидуваат да користат туѓ речник, да ги погледнат нештата, без оглед дали се работи за предмет, дејство или чувство, и да се обидат да употребат зборови кои се нивни, а не нешто што го слушнале милион пати претходно.

но, тоа е тешКо. :)Тоа е задачата на писателот, да го најде својот глас. Тешко е, но зборовите може да бидат едноставни, не значи дека мора да се изразувате комплицирано, туку да го кажете она што сакате да го кажете на искрен начин. Искреноста во наоѓањето нов начин да се каже понекогаш може да биде шокантна, но ова е различно од кажувањето нешто само за да се шокира. Провокацијата може да се случи и на наједноставен начин, самата храброст да се погледне нештото, навистина да се набљудува внимателно е провокативна, не мора да користите шокантен и скандалозен јазик за да бидете оргинални.

За Кој ПеРиоД оД истоРијата би саКале авионсКи билет?Ги има многу, толку многу! Тоа една од прекрасните работи кога сте писател. Во мојата последна книга напишав дека сакам да живеам во 1940 година. Преку пишувањето можев да одам таму, да живеам во неколку луѓе од тој период и да се обидам да научам нешто.Би сакала да бидам во ренесансата, во палеолитот, би сакала да сум била еден од истражувачите. Сигурно има многу поблагородни периоди, но некогаш си замислувам како би било да се качиш на брод и кога ќе стасаш некаде да немаш ништо и да мора да го измислиш и да се измачиш. Ерата на истражувањата кон запад ми изгледа неверојатна. Мислам дека многу луѓе сакаат да се качат во авион и да заминат во иднината, но јас имам страв од иднината.

оМилен стих?Од една песна на Емили Дикинсон: „Tell all the Truth but tell it slant - Success in Circuit lies“ („Кажи ја целата вистина, но кажи ја постепено – успехот е во кругот“). Мислам дека ова е одличен начин да им пријдете на работите, да размислувате за раскажувањето и да дојдете до срцевината на нештата.

иМате наПишано РоМан инсПиРиРан оД бегството на вашиот татКо оД белгија За вРеМе на втоРата светсКа војна. ќе ПишУвате ли и За ПРиКаЗната на МајКа ви? КаКо влијаело вашето РаЗнолиКо сеМејно ПотеКло вРЗ вашето ПишУвање? Се обидувам. Приказната на семејството на мајка ми веќе ја спомнав во неколку песни и други прозни дела. Веќе подолго време се обидувам да започнам роман чие дејство се случува во 1918 година, по епидемијата на грип која убила милиони луѓе низ целиот свет, во Бесарабиа каде моето семејство живеело во тоа време. Нема многу членови на семејството на мајка ми кои сè уште се живи, но мислам дека и тие, кога би го прочитале тоа што го имам напишано, не би препознале многу од нивниот живот. Убавата работа кога си писател е тоа што можеш да се фатиш за некоја трошка, ситница, и од тоа да создадеш нешто сосем ново.

тиМ ПаРКс вели ДеКа ПРиКаЗните МУ гоДат на човечКото его, ДеКа ние, всУшност, неМаМе ПотРеба оД ПРиКаЗни, МаКаР што ги саКаМе. се согласУвате ли со ова глеДиште?Не! Тим Паркс е прекрасен преведувач и ја ценам неговата работа. Но, мислам дека имаме потреба од приказни и тоа не заради егото, макар што некои приказни некогаш дефинитивно му годат на егото. Мислам дека имаме потреба од приказните како што децата имаат потреба од нив: за да нè смират, да направат да се чувствуваме сигурни, да нè направат љубопитни, храбри, да почувствуваме дека сме дел од човештвото, да нè забавуваат, и тоа не на површен начин, туку на начин кој нè поврзува со другите, нè подмладува, нè охрабрува.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 22: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

22 | култура

интервјуненад витанов

(театарски режисер)

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

суПтилно Гласен.роден во велес.

театарски дириГент зад сцена. дете на театарот.

Катерина Николовска Далибор Стајиќ

Фасциниран одобичниот човек

Page 23: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

култура | 23

Тој не сакаше да биде

класично интервјуиран, јас

немав диктафон. Решивме

спонтано да разговараме,

а потоа јас да исткаам една

топла приказна за него. Ненад

Витанов е еден од оние луѓе со

кои ако почнете разговор и се

најдете на иста фреквенција,

ќе посакате да имате тетратка

и моливче за да си чкрткате

мисли, зборови, цитати. Јас, за

среќа, имав.

Велешанец. Дете на театарот.

Јадел ќотек затоа што го

знаел напамет целиот текст од

претставата на татко му и за да

се направи фраер ги кажувал

репликите предвреме.

Режисер. Татко на неколку

претстави.

Вели дека своите претстави

ги доживува како вонбрачни

деца. Нешто што произлегло

од него, но и нешто што веќе

нема потреба од родителска

грижа. Тие по премиерата

совршено функционираат без

него. Вели дека не сака да си

ги шета децата за рака и да

парадира со нив. Ги остава

да созреат сами. Целосно ја

користи својата слобода на

изразување и прaви претстави

онакви какви што сака, а не

онакви какви што публиката

очекува. И му успева. Го

споменува Буковски за кој

вели дека често го чита и го

препрочитува : „Најмалку

што сакам од публиката е

да ме замара“. Секако, тоа

не значи дека не ја почитува

својата публика, но не сака

да се додворува и на сите да

им се допадне по секоја цена.

Остава секој на различен и

свој начин да ја доживее и

протолкува претставата.

Диломирал на Факултетот за

драмски уметности во Цетиње,

Црна Гора. Кога го прашав

зошто, ми рече дека така

требало да биде. Кога завршил

гимназија требало да чека за

да се запише на нашиот ФДУ.

Да не заминел во Црна Гора,

ќе заминел во Словенија.

Миле Корун, еден од

најсмелите и најреномирните

словенечки режисери, е

лик на кој Ненад Витанов

се поклонува. Успеал да го

исконтактира, но не успеал

да добие виза. Проклетството

да си уметник од Македонија.

Нејсе, единствено слободно

место за режисери имало

на факултетот во Цетиње,

па Ненад заминува таму.

Цетиње го опишува како

уметничка лабораторија и со

радост кажува дека уживал

во престојот и студиите

таму. Моментално е на

постдипломски студии по

театарска режија во Софија,

но постојано твори тука.

И покрај тоа што пораснал

во велешкиот театар, вели

дека за најблизок го чувствува

оној во Битола. Прашината

оттаму му е најдрага и звуците

на крцкавите штици му се

најблиски и најпознати. Вели

дека публика за театар имаме

и тоа сè повеќе и повеќе. Тој

создава театар и го радува

кога има кој да го погледне тоа

што го прави.

Има посебно изворче

инспирација за секоја

претстава. Се инспирира од

животот и не бега од себе.

Зарем некој уметник, творец

може да избега од себе?

Додека раскажува анегдоти

од секојдневието, случки кои

тој ги доживеал, невозможно

е да не забележите дека

Ненад Витанов се фасцинира

од обичниот човек. Од

комшијата на кој мртов уморен

од работа, државата му е

крива затоа што времето е

облачно, од оние ликови кои

седат в парк и играат табла,

од луѓето кои бескрајно и

бесцелно дебатираат за

политика во кафеана. Вели

дека целата човечка мудрост

и глупост е собрана во нив.

Токму од една таква обична

животна приказна се родило

и неговото прво и единствено

драматуршко дело „St. Pauli,

Erotic Strasse“, едночинка

избрана на конкурсот за

кратки форми и изведена во

рамките на омнибусот „Наш

човек“ на Херцегновскиот

театар.

Кога го прашав што ќе беше

да не беше режисер, ми рече

диригент. Се воодушевува на

способноста да се направи

една совршена целина од

многу поединечни делови.

Неговата неталентираност за

произведување музика не го

спречува целосно да ужива

во она што диригентите и

музичарите го создаваат.

Уште една фасцинација на

Ненад е бадемот. Да, бадем.

Не оној што го купувате во

продавница спакуван, среден

и подготвен за консумација.

Дрвото, коренот, стеблото,

гранките, плодот и процесот

на одгледување. Во природата

го наоѓа спокојот. Во некој

друг живот можеби би бил и

агроном. Сега-засега останува

да ја дишe прашината од

театрите и да ужива во

звуците на штиците. Театарски

диригент од зад сцена.

Нему му останува постојано

да црпи од изворите на

инспирација кои сам си ги

создава на улица, на планина,

во поле, а нам ни останува да

се качиме на воз и да отидеме

до Битола, Велес или каде

и да се игра некоја негова

претстава. Можеби ќе ни се

допадне, можеби не. Ненад

твори и за едните и за другите.

Му благодариме. ре

жи

ја: т

ес

тос

тер

он

– Н

АР

ОД

ЕН

ТЕ

АТА

Р, Б

ИТО

ЛА

/ад

во

ка

т П

атл

ен

– Н

АР

ОД

ЕН

ТЕ

АТА

Р, Ш

ТИ

П/б

ел

еГ

од

чо

ве

чк

и з

аб

и –

НА

РО

ДЕ

Н Т

ЕА

ТАР

Ј.Х

.К. Џ

ин

от,

ВЕ

ЛЕ

С/в

ис

тин

ск

ио

т м

ин

ха

уз

ен

– Н

АР

ОД

ЕН

Т

ЕА

ТАР,

СТ

РУ

МИ

ЦА

/ах

ас

Фе

р –

НА

РО

ДЕ

Н Т

ЕА

ТАР,

КУ

МА

НО

ВО

/ л

ет

во

ме

сто

– Н

АР

ОД

ЕН

ТЕ

АТА

Р,

БИ

ТОЛ

А. П

ре

во

д: б

ел

еГ

од

чо

ве

чк

и з

аб

и –

МИ

РЈА

НА

ОЈД

АН

Иќ

/Ге

не

ра

лн

а П

ро

ба

за

са

мо

уб

ис

тво

ДУ

ША

Н К

ОВ

АЧ

ЕВ

Иќ

/ро

де

нд

ен

– Х

АР

ОЛ

Д П

ИН

ТЕ

Р/ з

а с

ам

о е

де

н д

ен

– Т

РА

ЈЧЕ

КА

ЦА

РО

В.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 24: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Благица Петрова [Економски факултет]

во ПотраГа По театарот

вистина е дека да се биде аматер значи да се создава нешто

ПоПатно, но она што е заедничко со ПроФесионализмот е да се Гради

нешто со љубов.

„Buscando al director“ („во потрага по режисерот“) на normal_no внимателно го Заокружи Фестивалот и Целата идеја За тоа како треба да се чувствува театарот и едновремено упати силна порака како да се стави крај на летаргичните аматерски пориви За на крај да се роди уметноста во својата вистинска Форма.

се одржа третиот униФест

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 25: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

култура | 25

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

По напорната работа на студентите од Факултетот за драмска уметност, време беше да се направи издишка и сцената да им се отстапи на аматерските театарски трупи од Македонија и пошироко. Веќе по третпат традиционално се случува фестивалот на студентски аматерски театар, УНИФЕСТ, под покривот на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Оваа година имавме можност во два дена да погледнеме аматерски изведби од Скопје, Задар, Загреб, Љубљана и од Сараево, и тоа на повеќе јазици – француски, италијански и шпански.

Генерално хумористични претстави, но во суштина длабок саркастичен приказ на општествените и секојдневните проблематики, погледнати низ една иронично-комична призма. Во целата таа атмосфера недостасуваше мрачниот, луциден и така добар амбиент на претставите на групата од Катедрата за англиски јазик – Shakespeare & Co. The-atrediggers, но се надеваме дека следната година ќе имаме можност да ги видиме повторно.

Иако доминираа франкофонските изведби, оваа година акцентот беше ставен на шпанската аматерска трупа Normal_No, создадена и израсната од некогашниот лектор по шпански јазик, Алваро Техеро, кој оваа година трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Токму во негова чест беше УНИФЕСТ 2012.

„Buscando al director“ („Во потрага по режисерот“) беше последната предвидена претстава, која внимателно го заокружи фестивалот и целата идеја за тоа како треба да се чувствува театарот и едновремено упати силна порака како да се стави крај на летаргичните аматерски пориви за на крај да се

роди уметноста во својата вистинска форма.

Можеби премногу несериозно се сфаќа поимот аматеризам. Вистина е дека да се биде аматер значи да се создава нешто попатно, но она што е заедничко со професионализмот е да се гради нешто со љубов. 25-ти и 26-ти април беа деновите кога аматерите покажаа што значи да се биде аматерски професионален.

Кога ќе се навратам на годините наназад, Nor-mal_No првата година беа аматери иако работеа со нивниот акт-гуру. Втората година беше годината кога Алваро си замина во родната Шпанија и беа оставени сами на себе и опстанокот на нивната група беше доведен до егзистенцијален раб. Таа година потфрлија и беа квазиаматери. Прашалниците на луѓето што беа полни со очекувања се оправдуваа со неговото заминување од земјата. Но, дали сè зависи од еден човек кога се работи за таква формација? Дали театарот го гради само Шекспир?

Оваа година повторно оставени сами на себе, во буквална смисла на зборот, понесени од бесот и од лутината, понесени од чувството на единство и на колективна моќ, застанаа пред лицата на оние без очекувања и покажаа како се живее театарот. Зарем беше нужно да се добие сурова и жешка шлаканица за да се истера летаргијата од онаму од каде што се раѓа уметноста? Ете го одговорот на моето прашање. Шекспир не го создава театарот, актерите го создаваат Шекспир. Драги аматери, професионалци и љубители на театарот, мислам дека од овој UNIFEST научивме многу повеќе за тоа што треба да биде театарот за нас. Театарот треба да се живее, а не да се игра!

Page 26: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Приказните на вториот кат

ПриКазни расКажани од ВоЈо ЦВЕтаноВсКи, диПломиран рЕжисЕр и Пантомимичар,

КоЈ ПрЕКу тЕатарот на 2-от kат сЕ обидуВа да Ја ПрЕточи инсПираЦиЈата на сЦЕна,

да ПрЕдизВиКа ЕмоЦии, да создадЕ сВоЕ мЕсто и да наПраВи ПромЕни.

Катерина Николовска Крсто Златков

Page 27: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

култура | 27

се Решивте Да соЗДаДете свој соПствен театаР, а не Да соРаботУвате со неКоја оД веќе ПостоечКите театаРсКи КУќи. ПРеДиЗвиК ли е Да исКалеМите нешто ново – ПРоФесионален театаР со „неПРоФесионални“ аКтеРи? Кога велаМ „неПРоФесионални“, МислаМ на тоа што аКтеРите во театаРот на 2-от Кат се лУѓе со РаЗлични ПРоФили, но нитУ еДен не е ДиПлоМиРан аКтеР. Ниту една диплома доделена на дипломиран студент не е показател за тоа дека тој е и професионалец. Тоа е само документ што го заокружува неговото студирање на одредена струка. За мене, професионалец е човек што ги извршува задачите зададени од претпоставениот во хиерархијата навреме и онака како што е побарано од него. Квалитетот на работникот доаѓа со времето доколку ја работи во континуитет работатата за која е посочен како непрофесионален само поради тоа што нема диплома за неа. Тоа е неблагодарно од општеството. Што правиме со сите оние фармацевти, физичари, хирурзи, правници, психолози и математичари, кои успешно работат во друга струка и се пофалени, дури и наградени за тоа. И за нив ли се вели дека се непрофесионални?За човек да е посочен како професионален, треба да биде одговорен и доследен во тоа што го работи. Да не престане да размислува за тоа како да се развива

од ден на ден. Доколку поседува талент, тој ќе е само надграден низ годините, особено доколку е предводен од лице што ќе знае како да го искалеми тој талент.Не прифатив да работам во друг театар бидејќи сметам дека отворањето на сопствена продукција првенствено ќе ме изрази мене како артист, мојата идеологија, филозофија и естетика. Само на овој начин ќе дознаам колку можам јас со моите идеи и со луѓето со кои работам заедно под филозофијата наречена ТЕАТАР НА 2-ОТ КАТ сериозно да влијаам во општеството.

Зошто сте на 2-от Кат? На вториот кат застанавме кога бевме во потрага по простор во кој ќе работиме, ќе се развиваме. Долго мислевме како и на крајот пресековме кога се соочивме со вторината на катот и со неговата вистинска суштина. А, таа е дека сме само и само на вториот кат и дека тука ќе отанеме уште долго, па не ќе е лошо и така да го именуваме ова.

оД Кога Постои театаРот на 2-от Кат и КолКУ ПРетстави сте оДигРале Досега? ТЕАТАРОТ НА 2-ОТ КАТ постои од 16 октомври 2010 година. Оттогаш веќе сериозно се развиваме и сметам дека прераснуваме во сериозно наметлива театарска продукција во општеството, која, доколку продолжи да работи во овој ритам, може да се наметне како една од водечките театарски куќи во Македонија во годините што надоаѓаат. За овие две годни, имаме испродуцирано четири претстави, што мислам дека е и повеќе од доволно.

До крајот на оваа 2012 во план ни се уште две, со што и сметаме дека ќе го заокружиме овој начелен проект за нашиот театар и дека ќе поставиме стабилен реперотар во 2013 г.

во сПоРеДба со стРансКите театаРсКи сцени, КаДе би ја сМестиле нашата? Не би сакал да ги споредувам надворешните театарски продукции со нашите. Првенствено, системот на размислување тука и таму е различен. Театарот како естетика е израз на емоција, мисла. Сечија естетика е различна и затоа сметам дека е наблагодарно да правиме споредби со некои од надворешните театарски куќи. И меѓу нив има и одлични и мизерни, но ништо не е мерило за тоа кој е кој во театарскиот свет. Секој си е за себе и тоа треба да го следи.

еДна РеПлиКа оД вашата ПРетстава хотелсКи ПРиКаЗни Ми се ЗалеПи За Уво – „не Можеш Да ги објасниш љУбовта и сМРтта“. Можете ли Да го објасните театаРот? Ако почнам да го објаснувам театарот, ќе ни треба целиот број на списанието „Излез“, а веројатно имаме само неколку страници. ќе се обидам со една реченица, онаа која им ја кажувам постојано на моите актери во работилницата. „Театарот е најкраткото растојание помеѓу две точки.“ Тоа значи сублимација на идеите во еден канал и нивно спроведување од точката А до точката Б во најбрзо време, спојувајќи ги почетокот и крајот на двете точки во една целина.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 28: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

28 | култура

што чУвствУвате Кога го слУшате аПлаУЗот оД Полната сала?Чувствувам среќа. Задоволство. Надеж. Задача за нов проект. Солзи. Морници. Искушение. Потреба од повеќе. Добро завршена мисија.

сМетате ли ДеКа нешто МУ неДостасУва на театаРот овДе? Дали нешто МУ неДостасУва на театаРот на 2-от Кат?За тоа што им недостасува на другите театари, ќе треба да ги прашате раководителите на другите театари. Нам ни недостасува репертоар што моментално го градиме, ни недостасуваат финансии за да можеме да работиме на раат, ни недостасуваат уште неколку актери/ки за да можеме да манипулираме со поголем арсенал луѓе (ова се технички проблеми). Инаку, за овие години, генерално сум задоволен од работата и се надевам дека во овој ритам ќе продолжиме и дека ќе стануваме сè посилни и посилни.

што би иЗМениле ДоКолКУ Можете? веДнаш, КаКо со Магично стаПче... Не би менувал ништо. Секое едно нешто е изградено за нечија потреба и би било безобразно јас да го менувам, нели? Но, кога би имал стапче со магична моќ, тогаш би додал нешта. На пример, би создал неколку згради, установи што во себе ќе ги приберат повеќето театарски продукции што немаат „сопствен дом”, и би им овозможил простор за работа. Никогаш не се знае што ли се крие во мозокот на некои театарџии,

кои немаат можност да се изразат комплетно и на раат. Јас би им дал, би им овозможил простор на ваквите.

ПРеДавате јавно говоРење на AmEri-CAN CollEgE. КаКо го сПојУвате веРбалното иЗРаЗУвање со невеРбалното, ПантоМиМата, и РаЗлично ли е ЗаДоволството оД еДното и оД ДРУгото?Никогаш не ги спојував вербалното и невербалното. Едното е лага, другото вистина, а овие две различности никако сами по себе не се спојливи, нели? Задоволството кога гледаш дека она кои го зборуваш/предаваш на студенти предизвикува внимание и станува нечиј проект е доказ дека имаме заедничка цел и дека треба успешно да ја одработиме; и кога е успешен крајот, тогаш е неизбежна радоста и среќата, без разлика дали се работи за театарски или за некаков друг проект.што ги сПојУва ПантоМиМата и театаРот, освен вие? Јас не ги спојувам пантомимата и театарот. Пантомимата е пантомима, театарот е театар. Јас само знам да ги играм и двете игри. Како тие така и јас во двете сум крајно различен. Ништо не ги спојува пантомимата и театарот, ништо не ја спојува нивната суштина, освен актерот.

инсПиРацијата ве чеКа вас или вие ја чеКате неа? Таа ме чека мене, но секогаш на различно место и, како за чудо, секогаш, ама буквално секогаш,

„случајно” поминувам од таму. Обично ја пронаоѓам возејќи велосипед.

иМате ли ФилтеР За оПштествената и За човеКовата нечистотија?Секако дека имам. Пишувањето. Фотографирањето. Возењето велосипед. Долгите патувања. Уличниот театар во западна Европа. Запознавањето луѓе на кои јас сум им нов, а и тие мене. Запознавањето нови градови, во кои секогаш има што да видиш, запознавањето нови места.

ПаК ќе се навРатаМ на хотелсКи ПРиКаЗни. во еДна сцена, анѓа вели: „неМа бегање оД тебе“. иМа ли бегање оД себе? КолКУ лични елеМенти внесУвате во своето твоРештво?Колку и да бегаш од себе, никогаш нема да побегнеш. Никој не побегнал од својата кожа (вели Шејтанот подоцна во претставата). Јас никогаш не се трудам да бегам од она што сум; напротив, сè повеќе и повеќе го форсирам тоа, моето, за да можам да ја наметнам филозофијата што ја раскажувам низ сите овие години. Не велам дека е правилна за сите, но за некои сум сигурен дека е. Затоа и мојата порака до сите е дека треба да си ги следат инстинктите и идеите, како и да ги реализираат. Само така човек може да види до каде стигнал во животот и што да промени ако смета дека има потреба за такво нешто.

војо, Да не бевте ова што сте, што ќе бевте? Дефинитивно – фудбалер.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 29: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

култура | 29

Има многу разлика во тоа да се пишува поезија и да се биде поет. Јас сум поетеса. Ние сме писмени луѓе и сите пишуваме, добро или помалку добро, но не сме сите писатели и поети.

СО ЕЛЕНА СЕ СРЕТНАВМЕ ВО БИФЕТО НА МНТ, ВО ЕДНА ТОПЛА И ОПУШТЕНА, НО НЕ МНОГУ „ТИВКА ЗА ИНТЕРВЈУ“ АТМОСФЕРА. РАЗГОВАРАВМЕ ЗА НАГРАДАТА, ЗА ПОЕЗИЈАТА, ЗА ЖИВОТОТ... КАКО ЧИТАТЕЛ, МЕ ИНТЕРЕСИРАШЕ МНОГУ ПОВЕќЕ ОТКОЛКУ ШТО МОЖЕ ДА СОБЕРЕ ВО ОВА ИНТЕРВЈУ, А КАКО НОВИНАР, ЗА ЖАЛ, МОРАВ ДА ИЗДВОЈАМ САМО МАЛ ДЕЛ ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА „ИЗЛЕЗ“.

Мими Николиќ [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

РАЗГОВОР СО ЕЛЕНА ПРЕНЏОВА, АВТОР НА КНИГАТА ПоРаКи оД МоРето, НОСИТЕЛ НА НАГРАДАТА бели МУгРи ЗА 2011 ГОДИНА.

Пораки од морето

Кога и КаКо се РоДи(ја) „ПоРаКи оД МоРето“?

На волонтирање на филмски

фестивал во Брач, Хрватска.

Бев единствена од Македонија

меѓу волонтерите и голем дел од

времето го поминував вршејќи ги

обврските сама и имав многу време

за размислување. Се инспирирав од

морето. Кога се вратив, ги довршив

песните и, кога излезе конкурсот,

ги пратив. За многу кратко време,

добив известување дека јас сум

добитничка на наградата „Кочо

Рацин“. Оваа награда ми значи

премногу.

Додека го водевме овој разговор,

многупати бевме прекинувани.

Признавам – Елена има премногу

пријатели. До нас дојдоа многу луѓе

да се поздрават и да ѝ честитаат

за успесите. Една од нив беше и

актерката Соња Каранџулоска,

која, како што би рекла Елена „е една од ретките актерки кои знаат како да интерпретираат поезија“.

Навистина се уверив во тоа.

Прочита на глас една од песните од

збирката. Ме наежи своевидниот

начин на интерпретација на

песната. Си доби заслужен

аплауз од нас – присутните. „и јас уживам да си ги читам песните.

ги доживувам посебно. впрочем, секој човек ги доживува на свој начин. Можеби не сум учела да ја интерпретирам песната убаво дикциски, но читам онака како што чувствувам. Знам што да нагласам и на што да ставам акцент“, вели

Елена.

Иако вели дека не ужива многу

да говори за нејзината поезија,

штедро нè почести со „доза муабет“

околу наградената збирка поезија.

„обично не сакам да дискутирам за своите песни бидејќи наметнувам одредено читање на нив. Умберто еко рекол дека постојат толку читања на еден текст колку што има и читатели. Затоа избегнувам да говорам јас, сакам да слушнам

како размислуваат другите“, вели

авторката на „Пораки од морето“.

Иван Топалски, поет и преведувач

од Бугарија, го има изјавено

следново за поезијата на Пренџова:

„нејзината поезија се чита трипати: првиот пат – ја читаш и се прашуваш што значи кажаното; вториот пат ја читаш и констатираш дека не било толку едноставно, дека сепак таму нешто се крие; и третиот пат го сфаќаш тоа што се крие во нејзината поезија“.

Елена смета дека во 21-ви век

ретко поминуваат големите книги.

Го цитира нејзиниот професор

Драги Михајловски: „во денешно време никој нема време за книги од 500-600 страници“. Затоа,

таа се труди да биде кратка во

нејзината поезија, а се забележува

и разлика во должината на

песните, во споредба со нејзините

претходни стихозбирки „Јас“ (2006:

Своевременост) и „Таа“ (2009:

Академски печат). „Многумина ме прашуваат дали пишувам хаику или афоризми. ниту хаику ниту афоризми се среќаваат во некоја од моите збирки. јас пишувам само куси песни. сакам да бидам кратка во изразот. хаику-поезијата има посебни норми на кои треба да се внимава. Мене стихот ми е многу слободен. нема посебна метрика, нема рима, ниту фиксни строфи ниту интерпункција“.

За крај, вели дека има многу

разлика во тоа да се пишува

поезија и да се биде поет. „јас сум поетеса. ние сме писмени луѓе и сите пишуваме, добро или помалку добро, но не сме сите писатели и поети“.

„секој напишан збор не е поезија“,

ја надополнувам јас.

Со среќа, Елена, и понатаму!

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 30: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

30 | алтернативи

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене Скандинавија? А, Финска? Иако овде, во јужните краишта, Финска честопати ја замислуваме како земја во која сè функционира и каде постои супер баланс помеѓу човековата средина и човековите активности, и таму постои многу простор за подобрување. И таму, како и кај нас, може да се најдат места и заедници кои се подзаборавени од сите останати, но најмногу од луѓето кои живеат во нив. Од овде произлезе и идејата за споделување на следната приказна. Малку желба, малку уметност и малку најобични луѓе подготвени да вложат во својата средина со цел да ја подобрат. Една од нив е и Венла Мартикаинен од Финска.

Венла е визуелен и текстилен уметник кој веќе 10-тина години живее во Хелсинки. Но, на прашањето што работи, ми даде навистина поинаков одговор од она што го очекував. Таа, заедно со тим од десеттина колеги, помага во разубавувањето на една мала заедница во предградието на Хелсинки, наречена Ита Пасила (Источна Пасила). Ита Пасила брои околу 3.000 жители и како населба има малку проблеми со имиџот.

„Местото е изградено и населено во 70-тите. Уште кога ќе се спомене и фактот дека никој нема работено на подобрувањето на неговиот изглед, изгледа баш така, како место кое се заглавило во 70-тите. Станбени блокови, сивило и тоа е тоа.“, вели Венла. Изгледот, во комбинација со пасивноста на целата заедница, се главни фактори за лошата репутација која ја бие оваа заедница и која луѓето од Хелсинки ја одбегнувале.

Според Венла, потребата за иницијатива за раздвижување на заедницата и разубавување на местото била голема. Идејата за проектот наречен „Бунтот во Ита Пасила“ дошол од една тамошна жителка, инаку пријателка и колешка на Венла. „На почетокот се вклучив за да ѝ помогнам, но многу наскоро увидов дека со моето знаење и интереси може да се вклучам многу повеќе и да придонесам.“

Овој проект започнал едноставно. Групата од десетина уметници и волонтери организирала состанок со група од жителите за да ги чујат нивните идеи и потреби. Волонтерите сакале да добијат повеќе идеи околу тоа што може да организираат во Ита Пасила и кои се реалните потреби на населението. Првите чекори биле неколку работилници во кои заинтересираните жители учеле од волонтерите како да работат со различни материјали и да прават куќарки за птиците преку зима. Но, не било лесно.

„Иако бевме многу позитивно изненадени од интересот што го пројавија луѓето од оваа заедница, на почетокот беше навистина тешко бидејќи беа скептични за сè што правевме. Ова се должеше на претходни иницијативи во Ита Пасила кои биле неуспешни. Секако, со текот на времето нашите активности беа се повеќе добредојдени.“

Активноста која навистина допрела до заедницата и продолжува да биде хит во Ита Пасила е диското на отворено, кое е организирано од овој проект. Со секакви костими и традиционална храна отвореното диско во Ита Пасила не само што ги извадило жителите од дома, туку и почнало да привлекува посетители од соседните населби. Придобивките од оваа и слични активности биле големи.

„Луѓето почнаа повеќе да ја чувствуваат животната средина како нивна. Повеќето со овој проект искусија дека можат да влијаат позитивно на својата околина. Тие се мотивирани и поповрзани меѓу себе.“

Иако имало доста пречки при финансирањето на проектот, и некои од нив сè уште постојат, волонтерите успеале да добијат поддршка од Советот на градот Хелсинки, Министерството за образование итн. Еден од најголемите успеси на проектот, впрочем, е неговото вклучување во светската иницијатива World Design Capital, која за 2012 го има избрано Хелсинки, како главен град кој се одликува со многу различни видови на нов урбан дизајн и акции во тоа поле.

Ваквиот вид поддршка и видливост на проектот ги мотивирала волонтерите да размислуваат за изведба на уште поголеми активности, кои би имале и поголемо влијание. Во следниот период планирани се нови градби и прераспределување на просторот за да се добијат повеќе зелени површини и игралишта за децата, како и промена на фасадите на зградите во Ита Пасила.

малку желба, малку уметност и малку најобични луѓе подготвени да вложат во својата средина со Цел да ја подобрат.

ЗаеДници, УМетници и бУнт

Весна Илиевска

„СИте Имаат разлИчНИ очекуВања за уметНИЦИте. чеСтопатИ за НИВ Се мИСлИ дека мора да бИдат ИНтроВертНИ И дека мора да Се ИзолИраат за да може да ја СоздаВаат СВојата уметНоСт. го Сметам оВа за геНералИзаЦИја И НаВИСтИНа мИСлам дека може да прИдоНеСат за подобруВањето На жИВотНата СредИНа поВеќе отколку што бИло кој очекуВа. треба да Се ИНтегрИраат Во што поВеќе СФерИ И да Им Се даде можНоСт да НапраВат Нешто што ќе Им помогНе На оСтаНатИте. оВа е Нешто што бИ Сакала луѓето да го земат предВИд.“ - ВеНла мартИкаИНеН.

Page 31: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Форум/МУЛТИКУЛТУРНА МАКЕДОНИЈА? | 31

...и денес имам особени тешкотии да сФатам Зошто ваквите раЗлики се доволна причина сами по себе да мраЗиме некого, но не и да го сакаме. Зошто раЗликите да ми претставуваат Закана, но не и проЗореЦ кон друга реалност, кон нов свет кој За мене би бил непоЗнат доколку тие не постојат? проблемот помеѓу македонЦите и албанЦите не се раЗликите, туку неЗапоЗнаеноста со нивните сличности.

кадија етникум!

Родена и израсната во македонија во период кога

регионот ја доживуваше својата црна судбина и се

делеше на кришки-државички, јас можам да се пофалам

дека имав доста мирно детство. Пораснав во свет каде

што Теута ми беше другарка со која се карав затоа што

ми ја крадеше гумата, а не затоа што не е од „моите“.

Реџеп пак, кој беше еден од моите најблиски пријатели,

беше ѕвезда во класот и нè имаше сите освоено со

својот „moonwalk“. денес, гледајќи ги секојдневните

примери на меѓуетничка омраза, со носталгија кон тие

денови се прашувам: „што ни се случи? дали моите

детски очи беа слепи и не ги гледаа „очигледните“

разлики помеѓу етникумите кои отсекогаш постоеле, или

едноставно такви деструктивни разлики се вештачки

генерирани и всушност не постојат? во текстот ќе се

задржам на два конкретни етникума чиишто влошени

односи предизвикаа особено внимание во јавноста –

имено, македонскиот и албанскиот.

Ќе биде наивно да кажам дека помеѓу албанците и

македонците не постојат разлики. Секако дека постојат.

најпрво, тука се верските начела и празници. Потоа,

нешто што особено денес претставува „јаболко на

раздор“ е јазикот. Секој етникум си има свој посебен

јазик кој треба еднакво да биде почитуван и ценет.

најпосле, двата етникума делат блиска, но сепак

различна историја и традиција. Така што, постојат

основни разлики кои претставуваат лична карта за секој

етникум. Сепак, како дете, но и денес имам особени

тешкотии да сфатам зошто ваквите разлики се доволна

причина сами по себе да мразиме некого, но не и да го

сакаме. Зошто ваквите разлики ми претставуваат закана,

но не и прозорец кон друга реалност, кон нов свет кој

за мене би бил непознат доколку тие не постојат? Зошто

ваквите разлики да ни бидат нашиот секојдневен судија

кој нè тера да одиме со страв по улиците, плашејќи се

дали ќе успееме да си ја додржиме главата на раменици?

Очигледно, на оваа тема имам многу повеќе прашања

отколку одговори, но сметам дека самото размислување

за ова прашање ќе создаде плодна почва за трагање по

одговори.

#Еднаш прочитав еден текст каде авторот тврдеше

дека за еден екосистем да биде стабилен потребен

му е голем диверзитет. Имено, екосистемот каде

виреат помалку видови на растенија и животни може

лесно да се дестабилизира доколку еден вид исчезне.

Од друга страна пак, екосистемот во кој постои голема

разновидност на жив свет и каде секој вид си има

специфично место и улога е многу постабилен бидејќи

помеѓу нив постои голема испреплетност.ваквиот

систем ќе биде многу помалку дестабилизиран доколку

некоја од овие врски се наруши. ако природата налага

дека диверзитетот е нешто што нè прави посилни, тогаш

зошто го наметнуваме нашето самоуништување?

продолжува

Наташа Јанчева Дритон Река

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 32: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Некои од одговорите на овие прашања ги добив после многу години. Имено, неодамна учествував на семинар каде се разгледуваа токму меѓуетничките односи во Македонија, и дури тогаш сфатив дека до тој момент јас и воопшто ја немав слушнато албанската страна на приказната. Тогаш научив за многу неправди кои им биле нанесени и на Албанците, а за кои не се зборува во моето опкружување. Слушнав приказни за изгубени семејства, потиснати традиции и сменети имиња. Сфатив дека и Македонците и Албанците ја имаат истата потреба од сигурност, безбедност и еднаквост. Субјективната реалност во која живееме како и нашата незапознаеност со другата страна на приказната создава страв и чувство на загрозеност, чувствакои денес нè водат до психотична состојба на гнев и насилство и кои од вчерашниот сосед направија смртен непријател.

Сепак, она што ми дава надеж дека оваа состојба може да се надмине е вербата дека потребите на двете групи можат да бидат задоволени без притоа да се загрозуваат едни со

други. Човек мрази кога му е страв, а се плаши од непознатото. Проблемот помеѓу Македонците и Албанците не се разликите, туку незапознаеноста со нивните сличности. Во овој контекст, текстот би сакала да го завршам со само неколку од многу позитивни примери на граѓански инцијативи чија работа е зближување на двете групи и кои влеваат надеж дека овие матни балкански води сепак некогаш ќе се избистрат.

Најпрво, ќе го спомнам накратко проектот „Млади и силни“ кој го иницирав лани, а од јануари почна да се спроведува во ДСУ „Цветан Димов“. Токму моите мирни детски и средношколски денови не ме оставија рамнодушна на сè поголемото насилство во средните училишта. Создадоа чувство на повиканост и ме натераа да тропнам на многу врати и да направам нешто што е во моја моќ. Проектот се состои од работилници кои се одвиваат во училиштето и каде што се обработуваат најразлични теми, од стереотипи, идентитет и етничка припадност до младински активизам и волонтирање. Крајната

цел е мотивирани млади со отворен дух. Друга иницијатива е Мировното образование кое е иницирано и спроведено од Детската амбасада Меѓаши. Овој долгорочен проект има за крајна цел да го инкорпорира мировното образование во наставната програма. Една иницијатива која особено ме израдува беше краткиот видео запис „Спој“ или „The Junction“ каде двајца претставници од двете етнички групи доста сликовито го претставуваат нашиот денешен проблем и неговото решение (видеото можете да го видите на следниов линк

http://www.youtube.com/watch?v=TeKoYoK1r5i)

Гледајќи дека иницијативите се протегаат од мали и индивидуални до долгорочни големи проекти, навистина чувствувам дека мојата надеж и оптимизам не се донкихотовски и дека ние, секој од нас, можеме да додадеме парче надеж кон креирањето на држава каде што термините општествена кохезија и соживот нема да останат само запишани во нашите „стратешки цели“.

Дел од групата средношколци кои учествуваа во проектот „Млади и силни“

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 33: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Дента кога Република Македонија прогласи независност, граѓаните се надеваа на подобра иднина. Стабилност, економија, развиток и – што е најважно... мир. Од првиот ден, разликите помеѓу Албанците и Македонците, коишто требаше досега да се минимализираат, не дозволуваа ние, како граѓани, да се занимаваме со друга проблематика. Жалосно е кога гледам како младите, наместо да сонуваат да станат научници, уметници или спортисти, наместо да сонуваат да патуваат некаде далеку, да посетат некои градови и да уживаат во ладните ветришта покрај некоја егзотична плажа, се собираат на улица и извикуваат зборови чиишто значења се сомневам дека им се познати.

Креираната бариера помеѓу двата „проблематични“ етникума во државата нè уназадува веќе цели две декади.

Институциите во врска со ова прашање се индиферентни. Изгледаат како да им одговара целата ситуација.

А, зошто и не би им одговарала? Залутана младина полесно се контролира. Никој не би сакал студентите да се соберат на еден глас и да го искажат своето незадоволство затоа што тоа би претставувало студентско движење, кое на крај може да заврши со студентска револуција, како таа во Романија, па „не дај боже“ и да падне власта. Сепак, тие се најголемите профитери од создадениот хаос. На секои можни избори двата

табора ги добиваат гласовите со ветувања за мир, за стабилност и со тоа што го плашат народот дека „другите“ се лошите момци.

Тука на помош, како детектив Вотсон, истрчуваат новинарите, кои за прегазено дете на улица бомбастично ќе најават дека Албанец прегазил Македонец на таа и таа улица. Во Р. Македонија правилото innocent until proven guilty (невин додека не се докаже спротивното) се толкува спротивно. Сè додека не докажеш дека си невин (а не можеш да докажеш затоа што, за да стигнеш до суд, треба да продадеш бубрег, а можеби и десна рака) си виновен. Таа омраза ни ја сервираат на маса од мали нозе и ќе ни ја сервираат сè до моментот кога самите нема да решиме да ја промениме.

радиКалисти, монструми, нЕдозрЕана младина и КорумПирани ноВинари. КоЈа Е Вистината зад ПослЕднитЕ случуВања Во р. маКЕдониЈа и дали можЕ таКВо оПштЕстВо да оПстанЕ и да ЕВолуира Во нЕшто Подобро?

Мухамед Халили Билјана Нацевска

македонија и нејзиниот мултиетнички карактер

војна или мир?

продолжува

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 34: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

34 | Форум/МУЛТИКУЛТУРНА МАКЕДОНИЈА?

Како Албанец, неколку пати сум паднал во дискусии со другарчиња Македонци, коишто по неколку разменети реченици, со зачуден поглед реагирале: „Па, ти не си како нив“. Веќе ми здодеа да се објаснувам и да докажувам дека сите ние, без разлика на вера или на етникум (па, во последно време и на полова припадност) сме исти. Сите, без исклучок, сакаме да имаме полни џебови, некој добар автомобил, да шетаме, да уживаме во ноќниот живот во работните денови и да отидеме дома поднапиени за наутро кафето да ни биде повкусно кога ќе си го лекуваме мамурлакот. Сегрегацијата си го прави своето. Албански школи, македонска музика, турска историја, ромски свадби... Албанците манифестираат одбивност кон македонскиот јазик, Македонците го сметаат албанскиот за „странски“ јазик, Македонците покажуваат одбивност кон албанската музика и vice versa. Тоа некогаш мора да престане. Но, може само да сонуваме дека ќе си дојде само по себе и да умреме со надеж за подобро утре, коешто нема да го дочекаме.

Лекот треба да се бара во институциите, коишто немаат желба за решавање на таа тематика. Кога

медиумите ќе почнат да бидат професионални во својата сфера, а луѓето ќе научат да подадат наместо да дигнат рака, тогаш тоа би било почеток на еден долг процес. Треба да престанеме да ја бараме вината во другите и да почнеме да се критикуваме самите себе. Сите ја делиме истата иднина. Ниеден од нас, без разлика дали е Албанец или Македонец, нема да биде различно третиран кога ќе слета во Франкфурт. На сите ни се потребни милион документи за да студираме, да шетаме, да уживаме. Сите сакаме плата. Студентите треба да разберат дека не се орудие со коешто една влада треба да си ракува. Тие се сила самите по себе, сила што може (а и треба) да ја диригира иднината на оваа држава.

Треба да престанеме да се плашиме и да си го продаваме достоинството за работна позиција во државната администрација, затоа што можеме да се избориме за подобро и за повеќе. Вкусот на таа победа е посладок од која било плата што некој може да ни ја „подари“. Треба да ни стане јасно дека ние, младите, во следните 10-20 години ќе бидеме оние што ќе ги заземат челните политички позиции на оваа држава и треба да бидеме свесни која тежина би требало да биде тоа

да ја водиме оваа држава во друг правец. Да ја водиме кон нешто подобро за да бидеме сигурни дека нашите деца ќе сакаат да останат во рамките на овие граници, а не да побегнат на некоја странска дестинација, каде би ја барале среќата за подобро утре.

Болна реалност е дека сегашноста смрди. Цели 20 години чекориме на тенок мраз, кој може да пукне и сите заедно да потонеме во ладна вода. Но, да се разбереме, го немаме Џејмс Камерон да режира, така што овој пат и Кејт и Леонардо ќе починат заедно, нема да има преживеани.

Во реалниот свет секогаш постојат две опции – вистинското или погрешното, црното и белото. Во нашиот случај, нашите единствени решенија се: или заеднички да се избориме да ги решиме проблемите со коишто се соочуваме или да дозволиме тие да нè уништат. Можеби некој уметник треба да седне и да нацрта како би изгледало кога еден ден сите би се испотепале за да се згадиме од таа слика и можеби тогаш ќе ни стане јасно дека за танго се потребни двајца, а со оглед на тоа што си газиме едни на други по нозете, аматери сме во танцување.

Page 35: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

да биде претерано тврдењето дека темата „меѓуетнички односи и толеранција“ е

неисцрпна во последниве дваесет и кусур години – би можело дури и да се каже дека

тоа е модерниот еквивалент на печалбарскиот мотив од минатиот век во контекст на

социјалното живеење во Македонија. Колку и да се пишува и дискутира по ова прашање,

секогаш е повторно актуелно и пак има што да се каже. Па, така, со оглед на случувањата

од првата половина на годинава, состојбата на меѓуетнички односи во нашата држава

некако природно се наметна како тема на Форумот, иако веќе имаме објавено текстови на

таа тема и во изминатите броеви на Излез.

Кога се пишува на оваа тема секогаш постои опасност да се повторуваат многу работи,

да се потенцира важноста на зборовите „толеранција“, „трпеливост“, „соживот“ и слични

на нив, до таа мерка што истите почнуваат да ја губат својата оригинална смисла и се

здобиваат со некое бездимензионално, вон-контекстно значење во рамките на некој

општ теоретски систем, без конкретни примери за нивно пресликување во реалниот

секојдневен живот на општеството кое треба да го опишат. Тешко е, барем за обичниот

граѓанин, „од нога“ и наизуст да посочи пример на соживот и толеранција помеѓу

етничките заедници.Но, такви примери има.

Од 2000 година во Македонија постои и работи невладината организација Нансен

Дијалог Центар (НДЦ) Скопје. Поддржана од Нансен Академијата од Лилехамер,

Норвешка, оваа организација е дел од пошироката Нансен Дијалог мрежа на

Балканот. Мисијата на НДЦ е „активно и ефективно поддржување на меѓукултурните и

меѓуетничките дијалог процеси на локално, национално и регионално ниво, со цел да

се придонесе кон спречувањето на конфликтите, помирувањето и градењето на мирот

преку различни програмски активности, особено во сферата на образованието“.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

НемаБилјана Дијанисиева [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

Нансен моделот за интегрирано образование, кој е развиен во 2007 година по две годишна работа на проекти за дијалог и помирување во пост-конфликтните и поделени заедници во Македонија од страна на Нансен Дијалог Центарот Скопје, ја поддржува интеграцијата на ученици припадници на различни етнички заедници, кои заедно престојуваат и го следат наставниот процес (секој на својот мајчин јазик) во иста училишна зграда и во иста смена. Освен тоа, моделот промовира и интеграција на наставниот кадар, со различно етничко потекло, како и интегрирање помеѓу родителите на запишаните ученици.

до соживот преку училишните клупи.

Форум/МУЛТИКУЛТУРНА МАКЕДОНИЈА? | 35

продолжува

Page 36: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

36 | Форум/МУЛТИКУЛТУРНА МАКЕДОНИЈА?

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

се и активностите врзани за еден од поголемите проекти на Центарот – интегрирано

двојазично основно и средно образование, на кој оваа организација работи од

2005 година. Проектот се спроведува преку имплементација на т.н. Нансен модел

за интегрирано образование, кој е развиен во 2007 година по двегодишна работа

на проекти за дијалог и помирување во пост-конфликтните и поделени заедници во

Македонија. Моделот ја поддржува интеграцијата на ученици припадници на различни

етнички заедници, кои заедно престојуваат и го следат наставниот процес (секој на

својот мајчин јазик) во иста училишна зграда и во иста смена. Освен што се промовира

интеграција на учениците, последично доаѓа и до интеграција на наставниот кадар,

со различно етничко потекло, а особено важна придобивка е и интегрирањето помеѓу

родителите на запишаните ученици.

Овој модел на образование досега е применет во седум основни и едно средно

училиште ширум Македонија. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за

надворешни работи на Кралството Норвешка, но особено интересно и охрабрувачки

е тоа што започнувајќи од академската 2012/2013 година, финансиска поддршка

е обезбедена и од страна на Владата на Република Македонија, поточно од

Министерството за образование и наука.

Летото 2011 година, по сосема неврзан сплет на околности, имав можност да ја

посетам Нансен Академијата во Лилехамер и таму да дознам за проектот за инте-

грирано образование кој Центарот во Скопје го реализира во Македонија и кој, патем,

е единствениот ваков модел имплементиран на Балканот. Стајнер Брин, кој раководи

со проектот како претставник на Нансен Академијата, зборуваше за предизвиците

кои морале да е надминат во почетокот, за заканите кои училиштата ги добивале од

противниците на идејата, за обединетоста меѓу родителите од различните етнички

заедници во решителноста нивните деца да учат заедно. Како единствен претставник

од Македонија во група од 15-тина млади луѓе од Балканот беше, морам да признам,

доста убаво да се слушне како твојата држава ја споменуваат за добар и редок пример,

особено во контекст на оваа за нас, се уште, чувствителна тема.

Ова е само еден пример за соживот во вистинска смисла на зборот, а не само како

апстрактна именка. Доколку сакаме да изградиме здраво, стабилно и вистински

демократско мултиетничко општество ќе ни требаат повеќе вакви примери – не само во

образованието, туку и во здравството, полицијата, културната сфера и слично.

На тој начин, заедниците вистински ќе живеат една со друга, а не една покрај друга.

тОкму вО ОбЛаСтана обраЗОванието

Page 37: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

Додека ја играв улогата на преведувач и барав што попрецизни упатства за тоа како треба да изгледа избрусеното дрво, за да можам да го пренесам за мене многу сложениот процес на македонски јазик, наидов на следниот одговор:

„Па, главно треба да служи како потпора за качување по ѕид или да го отежнува качувањето. Па, не знам, обидете се, бидете креативни!“

Вакво упатство за градење игралиште и за сечење (брусење) дрва и не беше тоа што очекував. Мора да признаам дека таму бев со ограничена крeативност – најмногу од претпазливост да си ги задржам рацете.

Ама, 29 ученици од Германија, заедно со вработените во Центарот за социјални иницијативи „Надеж“, работеа доста вредно, за во рок од една недела, на празниот простор во Шутка да никне едно ново игралиште, каде што децата ќе можат да го минат своето слободно време. Станува збор за проект на Центарот за социјални иницијативи

„Надеж“, средното училиште „Валдорфшуле Гутенхалде“ од Филдерштад и на германската компанија „КуКуКултур е.в“. Лена Гро Траутман и Марија Брзoвска, волонтерки во „Надеж“, брзаа постојано горе-долу, трудејќи се да бидат добри домаќинки на учениците-матуранти од Германија. Учениците, наместо да патуваат низ Европа, како што е традиција во Германија по матурирањето, се решија да дојдат една недела во Скопје и да направат свој хуманитарен проект, изградба на игралиште за децата во Шутка.

„Мора да бидат во добро расположение“, рече Лена додека подготвуваше кафе и чај. „Ако се среќни, тогаш и подобро ќе работат“, се пошегува. А доброто расположение им беше потребно, со оглед на тоа што во текот на целата недела дождот не престана да врне. „Дојдоа Германците и го донесоа лошото време со себе“, можеше да се слушне на шега во малата барака додека се вареше турско кафе. Но, лошото време не ги спречи малите деца Роми, кои доаѓаа од сите страни на Шутка за да ѕирнат и да се подружат со новодојденците.

продолжува

Во маЈ, груПа матуранти од гЕрманиЈа намЕсто да ПатуВаат низ ЕВроПа, КаКо што Е традиЦиЈа Во гЕрманиЈа По матурирањЕто, рЕшиЈа да доЈдат

Една нЕдЕла Во сКоПЈЕ и да наПраВат сВоЈ ХуманитарЕн ПроЕКт, изградба на игралиштЕ за дЕЦата Во шуто оризари. ниВЕн домаќин бЕшЕ ЦЕнтарот за

соЦиЈални иниЦиЈатиВи „надЕж“ КоЈ ВЕќЕ 15 години работи на соЦиЈално ВКлучуВањЕ на ромсКата ПоПулаЦиЈа.

ЦЕнтар за соЦиЈални иниЦиЈатиВи надеж

Преку иГра до здрава иднина

Афродита Бојаџиева

можности | 37

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 38: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

38 | можности

Таму се наоѓа младинскиот центар, каде што одреден број ученици доаѓаат по училиште да ги напишат

домашните, да ги научат лекциите или само да го поминат продуктивно слободното време. Покрај ова, тие

играат и друштвени игри, цртаат, бојат и имаат креативни работилници за изработка на предмети од хартија,

накит и слично. Центарот е изграден со цел да им се помогне на децата во образовниот процес, а воедно и

креативно и позитивно да се искорис ти слободното време. А сега, со изградбата на новото игралиште, се

надеваме на посончево време, па ќе може и поголем дел од активностите да се префрлат надвор.

Мора да се напомене дека не станува збор за класично игралиште од типот на фудбалските или на тениските

игралишта. Германската фирма „КуКуКултур е.в.“ има сосема друга идеја за тоа како треба да изгледа едно

место за играње. Нивната идеја се содржи и во самото име (Kunst, Kultur, Konzeption – уметност, култура,

концепција) и е креативно уредување на надворешниот простор и на просторот за играње.

Секој проект е различен со самото тоа

што појдовна мисла е: за кого е наменет

просторот и што се очекува од него.

Во овој случај, треба да им овозможи

на децата простор за движење, забава,

креативност и за фантазија. Па, така,

ѕидот од магацинот се претвори во ѕид за

качување, во празниот простор во средина

никнаа тунели за провирање, а покрај нив

и јажиња за качување и вежбање на одење

по греда. Она што остана недовршено

останува во рацете на уште 12 ученици од

Германија, кои ќе се погрижат за деталите,

боењето, мозаикот и за разубавување на

веќе изграденото.

За време на еднонеделната пауза, додека

се одвиваат подготовките за втората

група, дојдов повторно во Шутка и имав

потешкотии во тоа да ја најдам намената на

некои бетонски дупки и закачени мрежи.

Но, малите деца беа повеќе од среќни

да ми покажат како може сето ова да се

искористи. И тука почнува креативноста и

фантазијата на децата. А верувајте, тие ја

имаат во изобилие.

волонтеРите во цси „наДеж“ Можат Да се вКлУчат во

Повеќе аКтивности. КаКо најголеМа аКтивност Која

ја иМаМе во МоМентов е ДетсКиот МлаДинсКи центаР

КаДе Доаѓаат Деца на Училишна воЗРаст. таМУ

волонтеРите ги ПишУваат ДоМашните со нив и иМ

ПоМагаат во совлаДУвање на Училишното гРаДиво.

По ЗавРшУвањето на Училишните обвРсКи, Децата се

аниМиРаат со КРеативни Работилници и игРање на

ДРУштвени игРи и сложУвалКи. Може Да иМ се ПУшти

неКој ФилМ или цРтан ФилМ, но најчесто желбата За

игРање наДвоР е ПоголеМа Па Затоа игРаМе ФУДбал,

КошаРКа и се ЗабавУваМе на нашето ново игРалиште.

но не саМо тоа. волонтеРите Можат и Да Работат

на ПоДобРУвање на ПРисУството на цси наДеж

во социјалните МеДиУМи и Да ја ажУРиРаат веб

стРаницата и ФејсбУК Фан стРаницата, Да КРеиРаат

блог или ПаК Да ја ПРоМовиРаат оРганиЗацијата во

тРаДиционалните МеДиУМи. Посетете ја нашата веб

стРаница и ДоЗнајте Повеќе: www.CSiNAdEz.mK.

ВолонтираЈтЕ

Во Цси надеж!

Page 39: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

можности | 39

КУФеР сПоМени и ПРоМени

Ивана Кипријановска [Филозофски факултет/Активист во БЛГУ организацијата]

ИНСПИраТИВНО И КреаТИВНО ПаТУВаЊе На еДеН УСПеШеН аКТИВИСТ На Balkans lets Get Up

упатство: аКО Те мрзИ Да гО чИТаШ ЦелОТО чеТИВО, ПрОчИТаЈ Ја НегОВаТа КраТКа ВерзИЈа На КраЈОТ.

Мојата приказна со Balkans Lets Get

Up (balkansletsgetup.org) започна

во април 2010 година, кога многу

случајно и лежерно аплицирав на

еден семинар за кој знаев многу

малку и не очекував ништо, а

единствено што ме привлече беше

тоа што се одржува надвор од

нашата држава, па ми се виде како

добра можност за мала екскурзија.

Како и сите типични претставници на

најпрефинетата категорија туристи

(во речникот се забележани под

„seminar travelers”), кои секогаш

имаат готова апликација за учество

на 100 семинари, школи, обуки и

работилници, така и јас, речиси по

инерција, се пријавив за учество и

трпеливо го чекав одговорот.

Со оглед на тоа што теоријата

на веројатност вели дека на

колку повеќе понуди и повици си

аплицирал, толку поверојатно е дека

макар на еден од нив ќе добиеш

позитивен одговор, знаев дека

треба да имам подготвен куфер

при рака. Повратната електронска

порака, со која бев известена дека

мојата апликација е одобрена,

содржеше и неколку сиромашни

информации за организацијата,

несмасно презентирана агенда на

активности и нејасно и аматерски

формулирани цели. Сомнително и

незаинтересирано спакував нешто

повеќе облека за да не ми студи,

неколку книги за да не ми биде

здодевно и многу надежи дека

неделата што следува нема да биде

празно трошење време. Излезе дека

топлата облека е непотребна зашто

беше прекрасна и сончева пролет,

книгите останаа без функција

зашто немав ни секунда напад на

здодевност, а спакуваните надежи

ги заштедив за нешто друго зашто

баш таа недела стана еден од моите

најдраги спомени и најпродуктивно

поминати денови.

Почетоците на БЛГУ се врзани за

неколку креативни млади луѓе,

сите стипендисти на Theodor-

Heuss-Kolleg (www.theodor-heuss-

kolleg.de), кои на Балканот (во

неговите политички граници) видоа

недостаток на младински активизам,

кревко граѓанско општество и

„дупки“ во демократијата, што во

целост ги „исполнува условите“

за спроведување токму ваков

вид програма. Во формалната

документација и во официјалните

цели, БЛГУ е невладина

организација што е фокусирана

на развој на демократското

општество во земјите од Балканот

и на поддржување на младински

независни проекти преку едукација

и обука од областа на проектен

менаџмент, но суштински е многу

повеќе од тоа. БЛГУ е личен проект,

повик за саморазвој, будилник на

личната одговорност и почетна

станица на иницијативата и на

промената.

Една година во рамките на Bal-

kans Lets Get Up е пократка од

календарската, а во овој период

од 8 месеци се случуваат три

семинара. Учеството се заокружува

со реализиран проект и со испишана

тетратка нови знаења, практични

вештини и впечатливи искуства.

Програмата „мобилизира“ учесници

од сите балкански земји (Балканот во

неговите политички граници), кои за

првпат се сретнуваат на т.н. „kick-off”

семинар, каде добиваат можност

да се запознаат меѓусебно, да се

зближат преку многуте споделени

сличности, да се забавуваат, но

и критички да се постават кон

средините од кои доаѓаат, да ги

најдат и да ги посочат недостатоците

и проблемите и да размислуваат

за начините на кои тие можат да

дејствуваат за да ги подобрат и да ги

поправат.

продолжува

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 40: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

40 | можности

Бурата на идеи на овие семинари

добива димензија на ураган, па

така, по само две години постоење,

во портфолиото на БЛГУ се

запишаа 14 реализирани проекти

што се осврнуваа на најразлични

општествени и социјални проблеми,

започнувајќи од мали и локални

еколошки акции, до отворање на

малцински прашања, поддршка

на маргинализираните и ранливи

групи, кршење на предрасудите

меѓу народите со заедничко

воено минато и подигнување на

свесноста за нужноста од активно и

функционално граѓанско општество.

#Откако идеите за проекти

ќе ја здогледаат „светлината

на денот“ и ќе заживеат во

главите на учесниците, следниот

чекор е вториот семинар, кој има

малку повеќе теоретска содржина

за опремување со потребните

знаења од проектен менаџмент.

По него следува највозбудливиот и

најпредизвикувачкиот дел – доаѓа

моментот на имплементирање на

проектот што до тогаш стоел само на

хартија. Ова е вистинската суштина

на БЛГУ затоа што токму проектот

е излегување од сопствената

удобност, работа на терен и

соочување со личната одговорност

во математиката на вложувања и

добивки.

До крајот останува само уште

еден чекор, не помалку значаен

од претходните два. Редно е

да се средат импресиите, да

се преиспитаат одлуките, да

се прослават успесите и да се

евалуираат проектите. Сето ова е

составен дел на третиот завршен

семинар, на кој се оценува

изминатата година, колку бил

успешен проектот и колку преку

него пораснал неговиот реализатор.

Освен учесниците, кои се

најзначајните ликови во БЛГУ-

приказната, други еднакви по

своето значење се харизматичните

и професионални тренери и

ментори, кои се неуморни во својата

креативност, беспрекорни во

својата изведба и инспиративни со

својата работа. Тоа дополнително ги

мотивира учесниците и придонесува

за пријателската и опуштена

атмосфера во која секој учи и

работи до границите што сам си ги

определува.

Третата година само што започна.

Овој пат со малку променет концепт

на работа и со пошироки можности,

во април се случија две летни школи,

во исто време, но во различни

држави и на различни теми. Вкупно

50 нови учесници од Албанија,

Бугарија, Босна и Херцеговина,

Косово, Македонија, Романија,

Србија, Хрватска и од Црна Гора веќе

ја започнаа промената. Осумнаесет

нови проекти оваа година трпеливо

го чекаат своето заживување.

Ако ова ви призвуче интересно и

доволно предизвикувачки, тогаш

следната година ќе дојде многу

бргу. Аплицирајте и подгответе се

за едно незаборавно патување и за

единствено и неповторливо искуство.

Кратка верзија на текстот:

да се има идеја, да се сонува, да се

посакува, да се почне од ништо и да се

заврши со полни раце награди и

признанија. Уште повеќе, со полно

срце свеченост и радост,

пријателства и спомени.

да се порасне преку ноќ, да

се предизвикаш себеси, да

застанеш зад својата идеја, да ги

береш плодовите од својот труд...

а некој да е тука за да ти ја држи

раката, да се радува на твоите

мали победи и неуморно да го

повторува тоа што често го забораваш

– ти можеш.

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 41: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

продолжува

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

музика | 41

Beyond the Horizon се скопски бенд кој повеќе од пет години активно работи на македонската сцена, со промени во составот и стилот, но нивната најнова инкарнација како експериментален melo-death состав во формација Стефан Миладиновски (тапани), Мартин Николовски (гитара), Мартин Пупков (гитара), Иван Томиќ (вокал) и Мартин Цветковски-Суре (бас и вокал), се чини како добитната комбинација со која конечно се најде стилски фокус и се напиша материјал кој вреди да се запише на носач на звук. Овој текст претставува дел од транскриптот на едночасовното интервју направено на почетокот на мај, во кој ќе се навратам на најважните и најинтересните моменти од овој разговор.

македонските бендови се Плашат од ориГиналност!

Дени Омерагиќ [Факултет за музичка уметност]

Oгнен Бојковски

ПРоблеМот со МаКеДонсКата сцена? сУРе: Најголемиот проблем со македонската сцена воопшто е „собирање на ѓубре“ од соседните држави...стеФан: Во соседните држави има помалку публика и од сцената во Скопје, која воглавно се состои од истите стотина луѓе. ПУПКов: Кога свиревме во Битола на пример, таму имаше стотина луѓе, посветена група која ги посетува повеќето свирки, што не е случај во Скопје. Проблемот е во тоа што кај нас цело време има свирки на кои се повторуваат истите бендови.. стеФан: Ама има квалитетни бендови... ПУПКов: ...и омилен бенд да ти е, доколку го гледаш секој месец ќе ти здодее.

Мислите ли ДеКа Кај МаКеДонсКите бенДови иМа оДРеДена тенДенција За иЗбегнУвање ПРоМена и оРигиналност, ПоРаДи стРав оД неПРиФаќање и гУбење на своето Место на сцената? сУРе: Дефинитивно.. стеФан: Се плашат дека ќе изгубат дел од публиката која веќе ги „научила“ како бенд со одреден звук, настап, состав...се држат до клишеа.. сУРе: ... но, од друга страна мислам дека 95% од

бендовите се пролазни, кои едвај научиле да свират или да напишат материјал, колку да направат неколку свирки за да бидат видени.

свиРКи – ПРеМногУ или ПРеМалКУ? ПУПКов: Има доволно – ни премногу ни премалку.сУРе: Има доволно свирки...нема доволно квалитетни свирки... стеФан: Во која смисла квалитетни? Музички има ултра-квалитетни бендови, како Aeon Arcanum, но нема доволно добри услови, како озвучување и локација...Во одредени периоди (сезонски) има и премногу свирки...Има недостаток на квалитетно организирани фестивали. ПУПКов: Се случуваат премногу случајни и лошо организирани настани каде квалитетни изведувачи се мешаат со т.н. „пролазни“...Не се случува да има еден поголем настан на кој ќе се собере квалитетниот дел од сцената... сУРе: Нема ни кој да го организира. Имало обиди, како „Дојди веслај“ во Струга кое почна со одлична организација, но брзо потоа пропадна..Имаше кај нас обид за еден фестивал, со анархистички цели, на кој, меѓу другите беше поканет и бенд од Грција, а беше уништен од малограѓанштината на дел од посетителите кои носеа маици со навредливи написи..

Page 42: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

42 | музика

Мое Мислење е ДеКа Кај ПУблиКата Кај нас неМа ни волја За оДење на настан Кој би тРаел неКолКУ часа... ПУПКов: Да.. стеФан: Не верувам ни дека ќе дојдат луѓе...За да се направи таква организација исплатлива треба да имаш разновидни изведувачи, од повеќе жанрови, со што се губи поентата на настанот... сУРе: Доколку е нешто иновативно ќе има публика, но мислам дека тешко тоа да се повтори повеќе од еднаш...Formless Terror направија револуционерна работа кога прв пат донесоа два големи светски бендови [vader и Gorgoro-th], а сите наредни слични настани беа неуспешни...Тука нема ни волја ни способност за таква организација…

РаЗговаРавМе За сцената вооПшто, но што се слУчУва Кај вас? ЗнаМ ДеКа МоМентално сте ФоКУсиРани на албУМот.. [тука имаше мала дискусија помеѓу Иван и Суре околу финансиските потешкотии за снимање на албумот, кој во македонија е скап луксуз.] ПУПКов: Деновиве почнуваме да го снимаме, но не

верувам дека до крај на годината ќе имаме готов производ..иван: Сакаме да извадиме квалитетно дело што ќе звучи светски.. сУРе: Добар микс и мастеринг е важен дел, зависно тоа колку ќе трае, но ако се сака ќе се направи...

ПоДолгоРочни Планови? сУРе: Да направиме барем една турнеја на која ќе го исцрпиме полниот потенцијал на паролата „sex, drugs and rock n’ roll“ (се смее). ПУПКов: Да продолжиме да го правиме тоа што го сакаме, колку што можеме подолго..

КаКо За КРај - Кои лоКални бенДови Мислите ДеКа ЗаслУжУваат Да биДат сПоМенати? Aeon Arcanum (како прво), Maras, Siniac (како зачетници на сцената), Against Them All, Shock Troopers, Hardfaced (многу заслужен бенд), ВЕРКА, Last Act of Defiance (веројатно најдобриот балкански бенд во моментот).

Следно за бендот е настап во летниот клуб „Хавана“ на 16 јуни во склоп на мини-фестивал посветен на melodic death артисти, на кој покрај нив ќе настапат Aeon Arcanum од Кочани и Executor од Скопје.

SASKo KoSTov & THE wAiTiNg wAiTS: SilENT iN THE CrowdИЗДАВАЧ: саМостојно иЗДаниеДАТУМ: 13 аПРил 2012ВРЕМЕТРАЕњЕ: 54 МинУтиОЦЕНА: 7/10

атмосферично и двигателно дело. Така би го опишал третиоп lp албум на

велешкиот мулти-инструменталист и продуцент Сашко Костов, снимен заедно со

неговиот бенд the Waiting Waits. На ум ми паѓа и зборот еклектично – епитет на кој

не сум голем обожавател, но во недостаток на дефинитивна жанровска етикета,

веројатно е најприкладен.

„Silent in the Crowd“ е музички и продукциски зрел продукт, од веќе докажан автор, а збогатен со учеството на

The Waiting Waits, во состав Славчо Пеев (бас), Оливер Тевчев (гитара, клавијатури) и Игор Лефтеров (гитара), како

и плејада на гости како Антоние Аранѓеловиќ (клавијатури), Антоан Курт (вокал), Сеад Хаџиќ – Сецко (гитара) и др.,

се добива спој на различни влијанија кои мозаично се вклопуваат креирајќи го уникатниот звук на ова мошне интересно

дело. Само во првите 45 секунди на овој албум има повеќе музика од големиот број на плитки и површни остварувања

со кои сме бомбардирани на дневна база. Од пулсирачката бас-линија и динамички умерените, полиритмички перкусии

на воведната трака „North“, до сировата енергија („Cigarettes“ и „Whisper“) и пост-модернистичките влијанија суптилно

вткаени во современ електронски звук („Damn you…“) музиката на оваа плоча со секоја наредна песна ќе ве транспортира

во различен амбиент, преку ставање на личните емоции во втор план, заменувајќи ги со колективното чувство на одреден

простор и атмосфера, како и будење на примални инстинкти за танц преку хипнотичката моќ на ритам секцијата.

Од технички аспект – албумот е направен врвно професионално, со чист и прегледен микс, каде во преден план се

вокалите кои, иако понекогаш се превисоко во миксот, не доминираат врз целосната аудитивна претстава. Тука е

присутен и совршен микс на традиционалните рок инструменти со современи клавијатури и електроника, дувачки

инструменти инспирирани од џез и по некој фолк инструмент. Разноврсниот колорит на ова издание е можност за

пронаоѓање на своето место на поширок пазар и пред публика со различни вкусови. Мој заклучок е дека пред нас

имаме едно комплексно дело кое бара повеќекратно преслушување и кое ќе ни открие нови длабочини

во самото себе со секое наредно притиснување на копчето „play“.

Дени Омерагиќ [Факултет за музичка уметност]

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 43: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

музика | 43

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Funk Shui

ги сметам за одличен бенд во живо и од таму

разбирлив е скептицизмот со кој пристапив на

преслушување на овој албум. Не се изненадив

премногу од тоа што го слушнав – направен е обид

за пресликување на живиот настап на снимка,

евидентно од долгите jam-ови и импровизации, особено кај соло гитарата која на моменти делува неумерено. Ритам

секцијата е фантастична, а особено бев изненаден од среденоста на тапаните, за кои имав свои резерви по нивните

први настапи во живо. Вокалот е стабилен и свесен за своите ограничување, но е хипнотички и харизматичен со

интересна боја и специфичен шарм (премногу претенциозниот опис ќе ви стане јасен при преслушување на плочата).

Во албумот ве воведува првата трака (пре)очигледно наречена „Интро“. Не бидете залажани од едноставниот

наслов – овие 3 минути сериозно конкурираат за титулата на најдобра песна на албумот. „rush“ е одлична песна

која завршува со 40 секунди предолг jam што го забавува текот на албумот уште на самиот почеток. „Градиште“

поминува низ неколку секции во различно темпо (ала „Geek USA“), а сепак успева да го задржи истото чувство

преку интересна разработка на материјалот. Четвртата песна „Архив на град Скопје“ која имавме можност да ја

чуеме пред неколу месеци има најдобро снимена инструментална лента, но лошо измиксан вокал, а во петтата

песна „Feel Me“ се содржат најсилната вокална изведба и еден од најдобрите рифови на албумот. Крајното соло

требало малку да скрати, но тоа е тоа. Главниот риф на „Вијулица“ е најдобриот на цел албум, но не сум голем

обожавател на песната како целина. „Prime Time“ ја има најдобрата гитарска трака од сите песни и тука кулминира

албумот, доведувајќи не до претпоследната песна „Стаклени нозе“. Оваа песна беше најфалената песна од целиот

албум, а јас ја сметам за најслаба. Не би сакал да употребувам посилни изрази, но „здодевно“ е доволно блиску

до она што го мислам за оваа песна. Последната песна „Улица 22“ има здодевни строфи, но покажува волја за

експериментирање со форма и мислам дека во оваа наскока би требало да се движи евентуално нов материјал кој

би се напишал/снимил од Funk Shui.

Би требало да поработат на текстовите кои се чинат избрзани и недоволно осмислени. Сметам дека тоа што текстовите

се приложени со албумот е грешка и одзема внимание од музиката, со тоа што ги раздвојува овие два елементи.

Слаба страна на албумот е продукцијата. На овој албум дефинитивно би му користел добар ремикс, но и

финалниот продукт каков и да е, ако ништо друго поради самата музика е солидно остварување од релативно

млад бенд како Funk Shui.

FuNK SHui: EтеРИЗДАВАЧ: интеРМеДиаДАТУМ: 21 аПРил 2012ПРОДУЦЕНТ: Михаил наМичевВРЕМЕТРАЕњЕ: 36 МинУтиОЦЕНА: 7/10

Деби албумот на скопскиот бенд Funk shui, едноставно наречен „етер“ можеби нема да остане во аналите на светската музика како врвно и оригинално остварување, но на нашата неимагинативна сцена на која албумите повеќе се ценат по квалитетот на хартијата на обвивката или поради тоа што артистот собрал доволно пари да плати за мастеринг кај некој познат странски техничар, „етер“ се истакнува како остварување со вистинска суштина.

Дени Омерагиќ [Факултет за музичка уметност]

Page 44: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

„mindless Violence“ се релативно млад бенд кој постои од септември 2010 со млади членови, моментално составен од марко „омо“ крстевски (вокал), стеФан ристовски (бас и вокал), кристијан тодоров (тапани) и александар илиевски (гитара), а Зад себе веќе имаат многубројни настапи со Значајни европски бендови и македонски бендови.

Тие се момци кои секогаш го зборуваат она што го мислат со замерки за времето и општеството денес. Посветено си го поплочуваат патот кон повеќе слушаност и настапи, со љубов кон она што го прават во агресивен и по малку гневен стил, на начин кој што ветува и со доволно елан за докажување.

КаКо Почна „miNdlESS vio-lENCE“?„Mindless violence“ започна како замисла на една група момци кои размислуваа како да ја обединат сцената. Мислевме дека темите за кои зборуваме не се толку опфатени кај другите бендови кои се на сцената (без навреда кон останатите бендови). Музички толку не сакавме да се ориентираме спрема некој правец , едноставно сакавме да биде мешавина на музиката на двајца панкери и двајца металци и излезе тоа што излезе.

Кои настаПи би ги иЗДвоиле КаКо ПоЗначајни До сега?Како омилени настапи морам да ги издвојам нашио прв настап каде заедно свиревме со Љубиша Самарџиќ, настапот на „Нема Дедо Мраз 3“, потоа првиот роденден на All Together Distro, настапот на Hardfaced, Deadrise, и настапот во МКЦ заедно со „Bernays Propaganda“ и „Hipnopolis“.

иМате КонКРетни теКстови со отвоРена ПоРаКа - што најчесто ве инсПиРиРа? Нашите текстови се директни без многу користење на метафори, бидејки со нив сакаме да допреме до секого. Преку нив можете да го видите погледот на секој млад човек. Инспирација црпиме од сите случувања во последните дваесет години кои сè уште влијаат врз нас, како и од некои лични приказни.

што би ПРоМениле оД она што сМетате ДеКа не е Доволно ДобРо?Па прилично сè она за кое ние пишуваме. Но нашата поента во текстовите не е само преку нив да го кажеме нашиот негативен став спрема одредена цел, туку преку нив сакаме да ги поттикнеме сите

луѓе - заедно да се избориме против она што ни пречи. Бидејки никој нема да ти го даде она што го бараш ако самиот не се избориш за него.

што би саКале Да биДе ПоинаКУ и КаКо Да се оДвива ПонатаМУ сцената во сКоПје?Па дефинитивно побликата да го измени оној секташки начин на доаѓање на самите концерти, односно да не си заминува како што си заминува и самиот бенд од сцената, без притоа да му даде шанса на следниот бенд кој треба да свири. Можеби имаме мала сцена, но секој од македонските бендови ние би ги сместиле во групата на едни од најквалитетните бендови.

што е слеДно и Кои ви се Плановите За во иДнина?Следно што ќе очекувате од нас е сплит-диск со шведскиот бенд „Dam-age“ кој би требало да излезе наскоро под издание на Gaphals (Шведска) и Направи Заедно (Македонија), со што официјално сме дел од Направи Заедно како наш издавач. Исто така можен е и сплит-диск со германскиот бенд „Wasted youth“, кој сè уште е во процес на договарање. И сето ова би требало да заврши со мини балканска турнеја која е само дел од нашите планови.

заедно да се бориме Против она што ни Пречи

MINDLESSVIOLENCE

Маја Керамитчиева [Филозофски факултет]

44 | музика

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 45: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

технолоГија | 45

Што ако ви кажам дека постои магазин специјално полнет со содржина што вас ве интересира, кој можете да си го читате на вашиот iPad или на некој од таблет-уредите Android? Веројатно ќе изреагирате изненадено и затоа нема да ви кажам... туку ќе прогласам: „Постои специјално уреден магазин што потполно ги погодува вашите интереси и вкусови". Можеби и не сум најфер во изјавава затоа што, сепак, самите ги поставувате изворите преку rSS feeds, но главната карактеристика на овој магазин тоа што форматира содржини што можат да бидат буквално сè, во формат на списание или на магазин. Сега почнувате да разбирате зошто луѓето купуваат iPad или Samsung таблет-компјутери, нели?

Апликацијата се вика Flipboard и уште од сега да знаете дека постојат алтернативи на Flipboard за Android како: Google Currents, Pulse, Zite Personalized

Magazine. Но, за нив другпат, сега сме на темата за Flipboard за iOS, поточно за iPad. Читајќи списание и ноншалантно вртејќи ги страниците на iPad, забележав дека навистина не би мигрирал назад на хартиени списанија кога постои ваква алтернатива, а кога забележав дека Flipboard поддржува поврзување со Facebook, каде што содржината ја полнат вашите пријатели на Facebook, навистина станав тврдокорен фан на читање списанија со вакви апликации. Со неколку кликови и погрешно внесени лозинки поради грешка за една буква (сепак, се работи за таблет-компјутер, а не за вистинска тастатура), вие ќе го имате поврзано својот Facebook со Flipboard и тоа е една многу идилична врска. Сите содржини што вам ви се важни затоа што ги пишуваат вашите пријатели и луѓе за кои се грижите од Facebook (со претпоставка дека со такви луѓе се спријателувате на Facebook)

се презентирани во минимален, лесен и читлив стил, веќе добро развиен со десетици години дизајн на магазини. Постојат алатки за праќање вести што ви се интересни на електронска пошта или за споделување на некои од социјалните мрежи, а воедно има и опција за запаметување на одредени текстови што ви се чинат важни.

Затоа што ја имав таа, за мене ретка, среќа да ја користам оваа апликација на iPad 3, можете да замислите колку природно и квалитетно изгледаат содржините на екранот со највисока резолуција на таблет-компјутер. Единствена негативна страна на сето ова е тоа што следниот пат кога ќе ви треба хартија за да впиете нешто истурено или кога ќе боите ѕидови и ќе ви треба заштита на подот, не обраќајте се ниту на вашиот таблет-компјутер ниту на апликацијата Flipboard.

FlipBoArd, БЕСКОНЕЧЕН МАГАЗИН ИСПОЛНЕТ СО БАШ ТОА ШТО НАЈМНОГУ БИ ЧИТАЛЕ

Дамјан Цветков-Димитров [Филозофски факултет]

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

Page 46: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8

millENAirE NpC villAgEr modВнесете цивилизација и живот во Mine-craft со инсталација на овој мод со тоа што ќе можете да бидете на чело на селото, да тргувате со разни населби, да создадете свое кралство. Постојат пари во овој мод, кои можете да ги користите за купување земјиште, цели градби, оружја и слично. Ова е еден од најчесто освежуваните модови затоа што парижанецот што го одржува овој мод поставува нови содржини секоја недела.

http://www.minecraftforum.net/topic/227822-125-millenaire-npc-village-259-new-japanse-farm-multiple-fixes/

TAlE oF KiNgdomSВо оваа приказна за кралства можете да се преправате дека се работи за Игра со тронови затоа што го има тој средновековен елемент, магии и мечеви, а во основа е многу безмилосен мод, полн со уништување на непријателите, сè со цел да го изградите своето царство. Но, иако нема премногу сличности со сериите Игра со тронови, овој мод претставува еден од најуспешните и најкомплексните модови затоа што ви нуди целосно царство, кое вие можете да го градите собирајќи дрва

и потребни ресурси, за потоа да градите поединечни градби, кои ќе ви помагаат во секојдневниот, многу тежок, „Minecraft-ски“ живот.

http://www.minecraftmine.org/tale-of-kingdoms-mod/

opTiFiNE HdОвој мод е за сите нас што немаме баш најврвни „гејмерски“ компјутери или што сакаме да ја направиме графиката подобра. Воедно, исто функционира заедно со графичките модови што овозможуваат сенки или HDr. Накратко, овој мод ви дава ПОВЕќЕ FPS и помалку доцнење и сецкање.

http://www.minecraftforum.net/topic/249637-125-optifine-hd-a6-fps-boost-hd-textures-aa-af-and-more/

ww2 guNS modНекои луѓе едноставно не можат да му простат на Notch затоа што не внел пиштоли, пушки и гранати во Minecraft, па овој мод е лек за проблемот на тие луѓе затоа што овозможува создавање огромен број оружја од Втората светска војна.

http://www.minecraftdl.com/ww2-guns-mod/

објаснување за тоа како да инсталирате кој било од овие модови има на линкот поставен под самиот мод.

Minecraft постои веќе подолго

време, доволно време да направи

создавачите на Minecraft да бидат

од „оние" луѓе што се нарекуваат

милионери затоа што претставува

една од најуспешните инди-игри

во историјата на универзумот. За

тие што не се запознати, се работи

за игра во која конструирате

свет од коцки слично на LEGO,

но со процедурално генериран,

речиси бесконечен свет, во кој

можете да истражувате огромни

планини, џунгли, пустини, селца и

навистина масивен и комплексен

свет во подземјето. Всушност, тоа

можеби е и најинтересниот дел

од играта. Првиот момент кога

ја заиграв, на прв поглед не ме

импресионираше ништо, но кога

почнав „да копам“ надолу и да ја

менувам самата земја, дури тогаш

го сфатив потенцијалот на оваа

игра. Покрај збогатувањата на

играта речиси секоја недела, кои ги

објавува Mojang, компанијата што

стои зад Minecraft, постои и многу

богата Modding заедница, која

многу почесто создава брилијантни

содржини за Minecraft, но и тотални

промени на графиката, начинот на

кој ја играте играта и на приказната.

Ова се неколку од поинтересните:

Дамјан Цветков-Димитров [Филозофски факултет]

miNECrAFT

иЗлеЗ/ноеМвРи 2012

46 | технолоГија

Page 47: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8
Page 48: „Излез“ број 8 - Izlez, issue 8