Признавање и Извршување На Странски Судски Одлуки

30
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип Правен факултет – Правосудна насока Семинарска работа по предметот Меѓународно Приватно Право, на тема: Меѓународно Приватно Процесно Право – Признавање и извршување на странски судски одлуки

description

Признавање и Извршување На Странски Судски Одлуки

Transcript of Признавање и Извршување На Странски Судски Одлуки

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Правен факултет – Правосудна насока

Семинарска работа по предметот Меѓународно Приватно Право, на тема:

Меѓународно Приватно Процесно Право – Признавање и извршување на странски судски одлуки

Изработила: Ментор:

Анастазија Коцева Доц. д-р Љупчо Сотироски

Бр. на индекс: 071521

Содржина

Абстракт..............................................................................................................................................3

Abstract................................................................................................................................................4

1. Вовед...........................................................................................................................................5

2. Меѓународно приватно процесно право – поим................................................................7

3. Извори на процесното МПП....................................................................................................8

4. Признавање и извршување на странски судски одлуки.................................................10

4.1 Проблем со екстериторијалното дејство на судските одлуки...............................10

4.2 Системи на признавање и извршување на странски судски одлуки...................11

4.2.1 Систем на ограничена контрола..............................................................................11

4.2.2 Систем на неограничена контрола..........................................................................12

4.2.3 Систем на покренување на нова постапка............................................................12

5. Признавање и извршување на странски судски одлуки во Република Македонија 13

5.1 Непочитување на правото на одбрана.......................................................................13

5.2 Исклучива надлежност на суд на Република Македонија.....................................14

6. Правила за меѓународна надлежност и признавање на пресуди во ЕУ....................14

6.1 Бриселска конвенција I (Регулатива на Советот 2001)..........................................15

6.2 Бриселска конвенција II (Регулатива на Советот 2003).........................................16

7. Директна и индиректна меѓународна надлежност..........................................................18

8. Значење на квалификацијата при утврдувањето и преиспитувањето на меѓународнта надлежност............................................................................................................19

9. Влијанието на резервите на јавниот поредок и изигрувањето на законот................20

10.Признавање и извршување на странски арбитражни одлуки.........................................21

Заклучок............................................................................................................................................22

Користена литература...................................................................................................................23

2

Абстракт

Севкупноста на правилата за меѓународна надлежност, меѓународна

правна помош, процесната положба на странците, признавањето и

извршувањето на странските судски и арбитражни одлуки го прават

меѓународното приватно право – специфично право во приватноправните

предмети со меѓународно обележје.

Постојат повеќе системи на признавање и извршување на странските

судски одлуки. Критериумите за класификација се строгост и обем при

преиспитувањето на одлуката, како и тоа дали странската судска одлука се

третира како правосилно пресудена работа и како извршен наслов или само

како доказ во новата постапка пред домашниот суд. Странска судска одлука се

изедначува со одлука на суд на Република Македонија и произведува правно

дејство во Република Македонија само ако ја признае судот на Република

Македонија.

Клучни зборови: признавање, извршување, странска судска одлука,

меѓународна надлежност.

3

Abstract

Completeness of the rules of international competence, international legal help,

process position of foreigners, recognition and performance of foreign court and

arbitration decisions make international l private law-specific law in the private legal

cases with international (marks)features.

There are many systems of recognition and implementation of foreign court

decisions. Criteria of classification are strictness and quantity and at questioning

of the decision as well as whether that decision is treated as final verdict and as an

executive decision or as a proof in the new procedure in front of the domestic

court. Foreign verdict evens to the court verdict of R. of Macedonia and it produces

legal action in R.M. only if the verdict is recognized by the court in Republic of

Macedonia.

Key Words: recognition, implementation, foreign court decision, international

competence

4

1. Вовед

Со развојот на националните економии, приватизацијата, како и појавата на

нови облици на трговија, се зголемува бројот на учесници на пазарот и се

умножува бројот на правни односи, а со самото тоа расте и бројот на

потенцијалните спорови. Државите се должни да понудат механизми за

решавње на споровите.

Еден таков начин е создавање на поволна клима за алтернативно,

вонсудско решавање на споровите (пр: по пат на арбитража) или на некој друг

сличен начин. Таков механизам доаѓа во предвид само кога странките за тоа

имаат волја, интерес и можат да постигнат консензус. Во сите други случаи

треба да им стои на располагање ефикасен судски механизам за решавање на

споровите. Таквиот систем подразбира: добро обучени и непристрасни судии,

ефикасен систем на доставување на судските документи, прибавување на

докази, брза и фер процедура итн. Проблемот се (кога е во прашање странка

која има намера да побара правна заштита) сведува на прашањето пред кој

суд да поднесе тужба, тогаш кога околностите на случајот укажуваат на повеќе

можности. На пример: од тоа кој суд ќе суди зависи кое процесно право ќе биде

применето, а тоа право ја уредува положбата настранката во постапката.

Понатаму, од тоа зависи кое колизионо право ќе биде применето, а истото

одредува по чие материјално право ќе биде пресудено и какво ќе биде

решението околку меритумот. Доколку тужителот одлучи да поднесе тужбено

барање во 1 конкретна држава, па тој суд одлучи по предметот, останува

прашањето дали неговата одлука ќе важи во другите држави, а одговорот е

поврзан со меѓународната (не)надлежност. Општо прифатен услов во

5

постапката на признавање и извршување на странски судски одлуки е

верификацијата на меѓународната надлежност од судот кој ја донел одлуката и

од судот кој таа одлука треба да ја признае. На пр: унификацијата на

меѓународното приватно право во ЕУ започнува со донесувањето на т.н.

Бриселска конвенција I од 1968 год. за надлежностите, признавањето и

извршувањето на одлуки во граѓанските и трговските предмети, за да во 1998

год. биде донесена и Конвенција за надлежностите, признавањето и

извршувањето на одлуки во брачните предмети, т.н. Бриселска конвенција II. И

двете конвенции денес претставуваат комунитарно право и се примнуваат како

регулативи на ЕП, што укажува на европската процена за важноста на оваа

проблематика во рамките на МПП. И Хашката конференција за МПП веќе

одамна вложува напори со цел да се постигне унификација во материјата на

маѓународната надлежност, како и признавањето и извршувањето на

странските судски одлуки.

6

2. Меѓународно приватно процесно право – поим

Кога пред домашен орган се води постапка за засновање или раскинување

на некој приватноправен однос со странски елемент или решавање на некое

спорно прашање, нема дилеми кое процесно право е меродавно: при

примената на процесното право важи територијалниот принцип, па домашниот

орган секогаш го применува домашното процесно право како lex fori

processualis. Па сепак, возможно е одстапување од тој принцип од 3 различни

причини:

1. Ако домашниот орган постапува по молба на странскиот орган, може

бараното да го изведе и според процесното право на државата –

молителка;

2. Поради присуство на странски елемент, некои домашни процесни

правила не се доволни и несоодветни, па се појавува потребата за

посебни правила;

3. Домашниот законодавец понекогаш сам одлучува да се води сметка

околу странските процесни правила, кои имаат само индиректно дејство

на постапката пред домашниот орган.

Водењето постапка во предмети со присуство на странски елемент често се

разликува од водењето постапка во (чисто) домашни предмети. Тие фази

можат да настапат во сите стадиуми на постапката, па затоа на самиот почеток

мора да се утврди дали постои меѓународна надлежност на домашниот орган,

т.е. дали странките кои се странски државјани имаат странечка и парнична

способност. Дали би можеле да се јават специфични проблеми како што се

утврдување на содржината и толкување на странското право, доставување

писмена на лицата кои се во странство, употреба на странски исправи како

доказни средства и сл. На сето досега кажано треба да се додаде и прашањето

за положбата на странецот што бара примена на посебни правила поврзани за

7

употребата на јазикот и писмото, бесплатна судска помош на странци и сл., а

од голема важност е и прашањето за екстериторијалното дејство на одлуката

на домашниот орган, како и правното дејство на странските одлуки на домашна

територија, па е потребна примена на посебни правила, кои во својата

севкупност го сочинуваат процесното меѓународно приватно право.

Значи, севкупноста на правилата за меѓународна надлежност, меѓународна

правна помош, процесната положба на странците, признавањето и

извршувањето на странските судски и арбитражни одлуки го прават

меѓународното приватно право – специфично право во приватноправните

предмети со меѓународно обележје. Порано овие правни проблеми, како и

правните правила со кои се решаваат истите, биле сместувани во една целина

која се нарекувала судир на јурисдикциите, а во која се содржани правни норми

кои регулираат односи кои произлегуваат од коегзистенцијата, која се

манифестира со:

1. Потребата за разграничување на различните правосудства (меѓународна

надлежност);

2. Потребата за соработка (меѓународна правна помош);

3. Дејството на судските и други одлуки донесени во една држава, на

територијата на друга држава (признавање и извршување на странски

судски одлуки).

3. Извори на процесното МПП

Правилата на процесното меѓународно приватно право можат да бидат

содржани во внатрешните – национални и надвореѓните – меѓународни извори.

Во оваа област на националните извори се’ уште им се дава поголемо

значење. Меѓународните договори се почести во материјата која ја регулира

8

меѓународната правна помош, а ги има помалку во сферата на признавање на

странски одлуки, а најмалку застапени се во сферата на директна меѓународна

надлежност. Во некои земји јудикатурата (земјите на прецедентното право) има

нагласена улога, како и регионално признатите правни начела кои

претставуваат извори на процесното меѓународно приватно право во смисла

на чл. 38 од Статутот на Меѓународниот Суд. Тука спаѓаат начелото за забрана

на злоупотребата на процесното право, начелото на обострано сослушување,

налчело на слободна оцена на доказите, допуштеност на жлба и сл.

Процесот на унификација започнал во 60-тите години на минатиот век. Во 1968

година на сила стапила Бриселската конвенција I, а 20 години покасно во 1988

година и Римската конвенција. И двете се преточени во регулативи на

Европскиот Парламент, што значи припаѓаат на комунитарното право.

Хашката конференција за МПП вложувала напори за да се постигне

унификација на процесното МПП на поширок меѓународен план. Од една

страна тоа се постигнува со донесувањето на конвенции, а од друга страна со

обидите за целокупна унификација на правилата за меѓународна надлежност,

па донесени се следниве конвенции:

1. Конвенција за граѓанската судска постапка – 1954;

2. Конвенција за признавање и извршување на одлуки кои се однесуваат на

обврската за издршка на деца – 1958;

3. Конвенција за укинување на потребата за легализација на странски јавни

исправи – 1961;

4. Конвенција за доставување на судски и вонсудски акти во граѓанските и

трговските предмети – 1965;

5. Конвенција за признавање на одлуката за развод на брак – 1970;

6. Конвенција за признавање и извршување на странски пресуди од

граѓанската и трговската материја – 1971 итн.

Освен Хашките конвенции потребно е да се споменат и:

1. Женевскиот протокол за арбитражни клаузули – 1923;

2. Женевска конвенција за признавање и извршување на странски

арбитржни одлуки – 1927;

9

3. Њујоршка конвенција за остварување на алиментациони бара во

странство – 1958;

4. Њујоршка конвенција за признавање и извршување на странски

арбитражни одлуки – 1958;

5. Европска конвенција за меѓународна трговска арбитража – 1961;

6. Конвенција за меѓународниот превоз со железница – 1980.

Главниот внатрешен извор во Република Македонија е ЗМПП.

4. Признавање и извршување на странски судски одлуки

4.1 Проблем со екстериторијалното дејство на судските одлуки

Постапката пред судот или друг државен орган кој постапува во

приватноправниот предмет по правило се завршува со донесување на

одлука која што по својата правосилнос предизивикува одредени правни

ефекти. Често се укажува на потребата дека дејството на судската

одлука треба да се оствари на територијата на друга држава, на пр: кога

недвижноста се наоѓа во странство, па пресудата не може да се изврши

на друг начин или затоа што разведеното физичко лице сака во странска

држава да склучи брак, па во таа земја претходно мора да се признае

домашната одлука за развод на бракот итн. Овие и слични случаи го

наметнуваат прашањето, дали е можно судската одлука да има дејство

надвор од земјата во која е донесена? Па поради тоа во МПП се развил

институтот на признавање на странски судски одлуки (и одлуки на други

државни органи) во кои се одлучува за разни приватноправни односи.

Сфаќајќи ја судската одлука како поединечен правен акт донесен од

државата, кој се темели на сувереноста на државата и кој како таков

нужно делува во рамките на државните граници, не остава простор за

делување на таквата одлука надвор од државните граници, т.е во

10

странски држави. Од друга страна, ова становиште, кое подразбира

игнорирање на странските државни органи води кон блокада на

меѓународниот правен сообраќај и првана несигурност на странките. Во

теорија, како и во пракса се зборува за признавање и извршување на

странски одлуки. Признавањето се однесува на постапка во која

странската одлука се преиспитува и ако определните услови се

исполнети се донесува одлука за нејзино признавање, по што таа одлука

се стекнува со правно дејство во домашната држава. Секоја странска

одлука поминува низ постапката за признавање (т.н. егзекватура), но

само некои од признатите одлуки се извршуваат.

4.2 Системи на признавање и извршување на странски судски одлуки

Постојат повеќе системи на признавање и извршување на странските судски

одлуки. Критериумите за класификација се строгост и обем при

преиспитувањето на одлуката, како и тоа дали странкста судска одлука се

третира како правосилно пресудена работа и како извршен наслов или само

како доказ во новата постапка пред домашниот суд. Земјаќи ги во предвид сите

овие критериуми, може да стане збор за 3 главни системи: систем на

ограничена контрола, систем на неограничена контрола и систем prima facie

evidence.

4.2.1 Систем на ограничена контрола

Овој систем подразбира постапка во која преиспитувањето се

ограничува на формалните аспекти на странската одлука. Условите

кои треба да бидат исполнети се таксативно наброени во законот и по

правило се однесуваат на надлежноста и постапката. Исходот на

постапката може да биде признавање на странската одлука ако се

исполнети сите услови, или одбивање да се признае странската

11

одлука, ако некој од однапред предвидените услови недостасува.

Нема мериторно преиспитување на одлуката, ниту пак е возможно

нејзино менување. Ваквиот однос од меѓународен аспект е

најприфатлив, бидејќи изразува взаемно почитување на

суверенитетот на државите и како таков се применува во повеќе

држави.

4.2.2 Систем на неограничена контрола

Според овој систем, покрај исполнувањето на исловите кои се

бараат од системот на ограничена контрола, се испитува и

фактичката состојба која ја утврдил странскиот суд, како и правната

оцена на тој суд. Практично, се работи за повторување на постапката,

меѓутоа одлуката не може да се менува, туку се прифаќа или не се

прифаќа онака како што ја донел странскиот суд. Мериторното

преиспитување на одлуките на странските судови со право се

критикува во доктрината на МПП, бидејќи таквото преиспитување

претставува отворено изразување на недоверба спрема странските

судови и нивното работење.

4.2.3 Систем на покренување на нова постапка

Овој систем е карактеристичен за државите кои му припаѓаат на

англосаксонскиот систем на право. Во овие држави странската одлука по

правило не може да оставри директно правно дејство без донесување на

соодветна домашна одлука. Тоа значи дека странката во чија корист

судот донел одлука мора да покрене нова постапка во која странската

судска одлука ќе биде само доказ prima facie (на прв поглед).

12

5. Признавање и извршување на странски судски одлуки во Република Македонија

Како странска судска одлука се смета одлука на суд на странска држава.

Како странска судска одлука се смета и порамнувањето оклучено пред суд

(судско порамнување). Како странска судска одлука се смета и одлуката на

друг орган што во државата во која е донесена е изедначена со судска одлука,

односно со судско порамнување. Странска судска одлука се изедначува со

одлука на суд на Република Македонија и произведува правно дејство во

Република Македонија само ако ја признае судот на Република Македонија.

Подносителот на барањето за признавање на странска судска одлука е должен

кон предлогот за признавање на странската судска одлука, да ја приложи

странската судска одлука во оригинал или заверен препис и да приложи

потврда од надлежниот странски суд, односно друг орган за правосилноста на

одлуката според правото на државата во која е донесена.

Ако оригиналот на странската судска одлука или нејзиниот заверен препис

не се составени на јазикот кој е во службена употреба пред судот пред кој се

поведува постапката за признавање на таа одлука, странката што бара

признавање на одлуката мора да поднесе и заверен превод на странската

судска одлука на јазикот кој е во службена употреба пред тој суд. Ако со

барањето за признавање на странската судска одлука се бара и признавање на

нејзината извршност, подносителот на барањето за признавање на таа

странска судска одлука, покрај потврдата треба да поднесе и потврда за

извршноста на таа одлука според правото на државата во која е донесена.

5.1 Непочитување на правото на одбрана

Судот на Република Македонија ќе го одбие признавањето ва

странската судска одлука, ако една од странките докаже дека:

13

1) поради неправилности во постапката, не можела да ги истакнува

своите средства за одбрана или

2) поканата, тужбата или решението со кое е започната постапката не и

биле доставени на начин предвиден со правото на државата во која

одлуката е донесена, односно дека воопшто немало ниту обид за такво

доставување, освен ако на кој и да било начин се впуштила во

расправање за главната работа во првостепената постапка.1

5.2 Исклучива надлежност на суд на Република Македонија

Странска судска одлука нема да се признае ако во односната

работа постои исклучива надлежност на суд или на друг орган на

Република Македонија. Ако тужениот бара признавање на странска

судска одлука што е донесена во брачен спор или ако тоа го бара

тужителот, а тужениот не се противи, исклучивата надлежност на судот

на Република Македонија не е пречка за признавање на таа одлука.2

6. Правила за меѓународна надлежност и признавање на пресуди во ЕУ

Прашањето околу меѓународната надлежност и признавањето на пресуди,

денес е регулирано со комунитарното право на Европската Унија и тоа не само

во граѓанската и трговската материја, туку и во материјата која ги опфаќа

семејноправните односи, пастанува збор за единствен европски судски

простор. Крајната цел е елиминација на правилата на процесното меѓународно

приватно право и создавање на ситуација во која гореспоменатите правни

прашања би биле во целост регулирани од страна на комунитарното право. 1 Чл. 103, З А К О Н ЗА З А К О Н ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО (Сл. Весник на Р. Македонија бр.87/07 од 12.07.2007 год. ибр. 156 од 6.12.2010 бр. 156 од 6.12.2010 год.)

2 Чл. 104, З А К О Н ЗА З А К О Н ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО (Сл. Весник на Р. Македонија бр.87/07 од 12.07.2007 год. ибр. 156 од 6.12.2010 бр. 156 од 6.12.2010 год.)

14

Уште од 1968 година е потпишана Бриселската конвенција за надлежност,

признавање и извршување на пресудите во граѓанската и трговската материја3,

која со Луганската конвенција4 од 1988 година е проширена и на земјите членки

на Европскиот слободен пазар (EFTA). Врз основа на Договорот од Мастрихт

(1992г.), во 1998 година е донесена и т.н. Бриселска конвенција II, со што

идејата за единствени јурсидикциски стандарди и слободна циркулација на

судски одлуки успешно се проширила и на оваа материја. Амстердамскиот

договор5 од 1997 година овозможил финален прогрес со тоа што створил

правен основ да Бриселските конвенции I и II бидат преточени во регулативи

на Европскиот Совет и така да бидат преточени во комунитарното право.

6.1 Бриселска конвенција I (Регулатива на Советот 2001)

Надлежност. Општа меѓународна надлежност во ЕУ има судот надржавата

членка во која тужениот има домицил, независно од неговото државјанство.

Квалификацијата на домицилот се врши според правните сфаќања на

државата членка во која е покрената постапка, а кога се ви прашање правни

лица, општата меѓнародна надлешност може да се заснова според местото на

нивното седиште според статутот, според местотото на нивната централна

администрација или пак според местото во кое главно се одвива работата.

Посебната (специјална) меѓународна надлежност предвидена е во:

1. Договорната материја (исклучувајчи ги индивидуалните договори за

засновање на работен однос) според принципот forum executionis.6;

2. Во материјата која опфаќа примање на издршка7;3 Brussels Convention on Jurisdiction and the Enforcement of Judgments in Civil and Commercial Matters 1968: http://www.jus.uio.no/lm/brussels.jurisdiction.and.enforcement.of.judgments.in.civil.and.commercial.matters.convention.1968/portrait.a4.pdf 4 Convention on jurisdiction and the enforcement of judgments in civil and commercial matters: http://curia.europa.eu/common/recdoc/convention/en/c-textes/lug-idx.htm 5 Amsterdam Treaty, establishing the european community: http://www1.umn.edu/humanrts/instree/EUAmsterdam-treaty.pdf 6 Место на извршување на договорот – чл. 5. http://www.jus.uio.no/lm/brussels.jurisdiction.and.enforcement.of.judgments.in.civil.and.commercial.matters.convention.1968/portrait.a4.pdf7 Според местото на престојувалиште или редовно живеалиште на примателот на издршката – чл. 5, 2. http://www.jus.uio.no/lm/brussels.jurisdiction.and.enforcement.of.judgments.in.civil.and.commercial.matters.convention.1968/portrait.a4.pdf

15

3. Во материјата која ја регулира одговорноста по сторени деликти8;

4. Во споровите поврзани со застапништвото на правни лица9.

Исклучивата надлежност е предвидена во постапките кои се водат по повод

недвижности – во корист на земјата во која истите се наоѓаат, во постапките во

кои се решава за статусните промени кај правните лица – во корист на земјата

во која се наоѓа нивното седиште, во постапките кои се однесуваат на

утврдување валидност на патентите и други права од индустриска сопственост

– во корист на земјата во која е изврена регистрација или депонирање.

Признавање на одлуки. Овде регулативата забранува преиспитување на

меритумот на одлуката, па се утврдува дека пресудите донесени во една

држава членка ќе бидат признати во другите држави членки без да има потреба

од покренување на нова постапка. Но признавањето може да изостане доколку

постои некоја од следниве пречки: повреда на јавниот поредок на земјата на

признавање, процедурални недоследности кои би можеле да го загрозат

тужителовото право на одбрана, постоење на постари одлуки по истиот

предмет во некоја трета земја која не мора да биде членка на ЕУ итн.

6.2 Бриселска конвенција II (Регулатива на Советот 2003)

На 25.05.1998 год. членките на ЕУ ја потпишале Конвенцијата за

меѓународна надлежност и признавање и извршување на пресуди во брачните

предмети и протоколи за нејзино толкување од Европскиот Суд на Правда. Врз

основа на Амстердамскиот договор, на 29.05.2000 г. усвоена е и регулатива на

8 Според приницпот forum delicti commissi – чл. 5, 3. http://www.jus.uio.no/lm/brussels.jurisdiction.and.enforcement.of.judgments.in.civil.and.commercial.matters.convention.1968/portrait.a4.pdf9 Branch jurisdiction – чл. 5, 5. http://www.jus.uio.no/lm/brussels.jurisdiction.and.enforcement.of.judgments.in.civil.and.commercial.matters.convention.1968/portrait.a4.pdf

16

Европскиот Совет за надлежностите, признавањето и извршувањето на

пресуди во брачната материја и материјата која ја регулира родителската

одговорност за заеднички деца, па и оваа конвенција станала дел од

комунитарното право.

Надлежност. Според оваа регулатива, постапката за развод на брак, како и

поништување на брак може да се води:

1. Во државта во која брачните другари имале редовно живеалиште;

2. Во државата во која последно живееле (заедно);

3. Во државата во која тужениот живее;

4. Во државата во која живее било кој од сопружниците, доколку заеднички

го поднесат предлогот;

5. Во државата во која живее подносителот на барањето, доколку тој/таа во

истата држва живее најмалку една година непрекинато пред

поднесувањето на барањето, а 6 месеци ако е покрај тоа државјанин на

дотичната држава;

6. Во државата чие државјанство го имаат сопружниците.

Признавање на одлука. Одлуките во брачните предмети и предметите кои се

однесуваат на родителската одговорност на деца, донесени во 1 држава

членка се признаваат и во другите држави членки без било каква постапка, ipso

iure. Тоа значи дека е прифатен принципот на автоматско признавање на такви

одлуки во земјите членки на ЕУ. Регулативата предвидува и причини поради

кои признавањето на одлуката може да се одбие:

1. Манифестирана повреда на јавниот поредок во земјата во која се бара

признавање;

2. Фактот дека се работи за пресуда донесена во отсусто;

3. Постоење на постара одлука во истиот предмет која е донесена во

земјата на признавање;

4. Постоење на постара одлука во истиот предмет донесена во некоја друга

држава членка или држава која не е членка на ЕУ.

Регулативата содржи 3 различни одредби, кои се значајни во оваа

проблематика. Со првата одредба се забранува јурисдикциски тест, т.е.

17

преиспитување на меѓународната надлежност на судот кој ја донел одлуката,

со втората одредба се забранува ревизија по меритумот на одлуката, а со

третата забрана е утврдено дека прилина за непризнавање не може да биде

разликувањето во применетото материјално право и правото на земјата во која

признавањето се бара.

7. Директна и индиректна меѓународна надлежност

Меѓународната надлежност е предмет на регулирање два вида правни

правила, кои имаат различна цел, се применуваат во различни процесни

моменти и имаат различни практични и правни ефекти.

Од едната страна, тоа се правилата за меѓународна надлежност кои важат

во земјата од која потекнува самата одлука, а кои правила се применуваат при

водењето постапки во предметите со странски елементи и чија цел е да ја

воспостават или исклучат меѓународната надлежност на тие органи и врз

основа на кои ќе се одлучи дали постапката воопшто ќе биде водена (во

конкретниот случај) пред тие органи или не. Тоа се правилата за директна

меѓународна надлежност.

Од друга страна, меѓународната надлежност на тие органи може да биде

предмет на дополнително преиспитување во земјата во која се бара

признавање на одлуката и тоа според правилата и стандардите на земјата на

признавање. Правилата кои се применуваат откако одлуката (во странство) ќе

биде донесена и чија цел е заедно во содејство на други правила за

признавање и извршување на странски судски одлуки овозможи или пак го

исклучи правното делување на странската судска одлука на домашната

територија. Тоа претставуваат правилата за индиректна меѓународна

надлежност.

18

8. Значење на квалификацијата при утврдувањето и преиспитувањето на меѓународнта надлежност

Критериумите на кои се заснова меѓународната надлежност на органите во

некои земји може да имаат различен карактер. Во некои јурисдикции

стандардите се едноставни факти, во некои се правни заклучоци базирани на

факти (домицил, живеалипте, престојувалиште), а во некои претставуваат

правни односи (државјанство). Разликите помеѓу критериумите влијаат врз

нивната ефикасност.

На овој проблем може да се гледа од аспектот на судот кој треба да води

постапка во која треба да квалификува поимите во нормите во меѓународната

надлежност се’ со цел да востанови дали е надлежен. Или пак, од аспект на

судот кој треба да ја признае странската одлука, мора да ги квалификува

поимите во нормите за меѓународна надлежност со цел да утврди дали судот

навистина бил надлежен. Во првиот случај од одлуката зависи можноста да се

води спор, а во другиот можноста т.е дозволеноста да се признае странската

судска одлука. Сите прашања поврзани со примената на домашните норми од

процесна природа се подложени на начелото legi fori. Во ваквите норми

исклучок се референците врзани за странското право . Кај таквите референци

однапред се пробува да се осигури признавање на домашната судска одлука

во определена странска дршава. Во процесна смисла овде станува збор за

предјудициелно прашање. Голем број меѓуанродни договори – конвенциски

правила го решаваат проблемот со квалификацијата на тој начин што во

самиот договор се овозможува автономно толкување на суштинските поими,

што понатаму е облигаторно за државите членки. Доколку меѓународниот

договор не содржи посебни прецизирања, во судската пракса често се врши

квалификацијата legi fori.

19

9. Влијанието на резервите на јавниот поредок и изигрувањето на законот

Повредата на домашниот јавен поредок е општоприфатена причина за

одбивање на признавањето. Прифатен е ставот дека примената на странски

прописи за меѓународна надлежност и тоа во постапка пред судот на самата

држава не може да доведе до неподносливи последици за земјата на

призвање. За странките е многу значајно прашањето пред чив суд ќе бидат

расправани нивните правни односи со меѓународен елемент. Тие можат да се

договорат нивниот однос да биде решаван пред судот за кој самите објективно

се определиле.

Судот пред кој се бара признавање на ваква странска одлука би бил во

ситуација да ја признае, иако надлежноста на насловниот суд не се базира на

природната поврзаност на странките или на самиот предмет со земјата на

потекло, туку на вештачки створени критериуми. Мотивите на странката можат

да потекнуваат од можноста за примена на поповолно материјално право,

постигнување на поповолна процесноправна положба или отежнување на

положбата на спротивната странка.

20

10.Признавање и извршување на странски арбитражни одлуки

Основната разлика е во тоа што арбитражите не претставуваат државни

органи и не располагаат со средства за прислино реализирање на своите

одлуки. Од друга страна, ефикасноста на решавањето на споровите по пат на

арбитража е условено со спроведувањето на арбитражните одлуки.

Арбитражните одлуки во најголемиот број од случаите се извршуваат

доброволно што се должи на т.н. корпоративни санкции. Тоа се санкции позади

кои стои државна принуда во форма на постапка за извршување.

Постапката за признавање се покренува со барање, а задолжително со

поднесокот се приложува и самата арбитражна одлука, во оргинал или заверен

препис. Постапката за признавање се одвива на следниот начин: судот не

закажува рочиште, туку се ограничува на испитување на пропишаните услови,

а притоа може да бара потребни објаснувања од арбитерот или од странките.

Постои и можноста да се вложи приговор на противникот на предлагачот.

Против решението донесено од судот може да се поднесе жалба.

Признавањето на странската арбитражна одлука ќе биде одбиено доколку

судот утврди дека: арбитражната спогодба не е составена во писмена форма,

кога ќе дојде до повреда на постапката, пречекорување на овлстувањата на

арбитрите кои им се дадени со арбитражната спогодба, кога спорот не е

подобен за арбитража, противрежност на диспозитивот на одлуката итн.

21

Заклучок

Во Република Македонија, која не е земја-членка на Европската Унија,

одлуките се признаваат според Законот за меѓународно приватно право, а

извршувањето се спроведува според домашните закони. За да се признае

странска судска одлука значи на неа да ѝ се дозволи да произведе правно

дејство на територијата на државата што ја признава таа одлука, односно

одлуката да стане правосилна. Откако одлуката ќе стане правосилна,

истовремено одлуката ќе стане и извршна, а понатамошното нејзино

спроведување на извршување ќе се води според домашните закони на

државата што ја признала одлуката. Во однос на признавањето на одлуките,

балканските земји имаат речиси исти одредби за признавањето со одредбите

за признавање во Македонија, додека пак земјите-членки на Европската Унија

ги признаваат според конвенција. Најмногу случаи во врска со признавање

странски судски одлуки во македонските судови имало за развод на бракови. 

Досегашното искуство покажува дека Законот за меѓународно приватно право

за признавање на одлуките и Законот за извршување главно имаат солидни

одредби за регулирање на егзекватурата. Сепак, согледано низ компаративна

анализа, заеднички за сите европски системи на извршување е заклучокот дека

ефективното извршување на обврзувачка судска одлука е основен елемент на

владеењето на правото. Ако извршувањето е поефикасно, во тој случај и

целиот правосуден систем би бил поефикасен.

22

Користена литература

МЕЃУНАРОДНО приватно право. 2, Посебен дел / Катерин Лабрусерију, Дидие Труше, Доминик Буро, Хорасија Муер Ват. – Скопје; Арс ламина, 2011;

Меѓународно Приватно Право / БЕНДЕВСКИ Трајан, Правен факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, 2001;

З А К О Н ЗА З А К О Н ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО (Сл. Весник на Р. Македонија бр.87/07 од 12.07.2007 год. ибр. 156 од 6.12.2010 бр. 156 од 6.12.2010 год.);

Brussels Convention on Jurisdiction and the Enforcement of Judgments in Civil and Commercial Matters: http://www.jus.uio.no/lm/brussels.jurisdiction.and.enforcement.of.judgments.in.civil.and.commercial.matters.convention.1968/portrait.a4.pdf

Convention on jurisdiction and the enforcement of judgments in civil and commercial matters: http://curia.europa.eu/common/recdoc/convention/en/c-textes/lug-idx.htm

Amsterdam Treaty, establishing the european community: http://www1.umn.edu/humanrts/instree/EUAmsterdam-treaty.pdf

23