Принципи На Мултимедиски Системи

5
1.Колкава е Енергијата на еден фотон (или една осцилација на ЕМ бран) за ЕМ зрачење со бранова должина y=540 nm. слична на ова 2. Колкава е вкупната енергина на ЕМ зрачење ако изворот на зрачење испраќа зрачење со моќност од 250 W, во времетраење од 2 часа. слична 3. Карактеристики на звуните бранови? Звучните бранови во основа се карактеризираат со: o Фреквенција o Бранова Должина o Брзина на простирање o Амплитуда Фреквенцијата (f) претставува зачестеност на полните циклуси на компресија и декомпресија на медиумот, во единица време .Високата фреквенцијата значи позачестени осцилаци на притисокот на честичките, а ниска фреквенција значи поретки осцилации. Фреквенцијата како карактеристика на звукот ги дефинира тоновите кои се произведуваат, односно звук со ниска фреквенција произведува ниски тонови, а звук со висока фреквенција произведува високи тонови. Бранова должина (λ) – претставува една полна осцилација во притисокот на средината. Една полна осцилација го означува и периодот на звучниот бран. Брановата должина се мери во метри [m]. Брзината на простирање (v) е различна за различни медиуми низ кои се простира звукот, а исто така, кога се работи за гасови, брзината зависи и од температурата на гасот. Амплитудата (А) – го претставува степенот на компресија (притисокот) на честичките на медиумот, а е поврзана со звучноста, односно гласноста на звукот. Колку е поголема амплитудата на звукот, толку е поголема неговата гласност. 4. Што е Lightness, а што Luma? Luma (Y’), која претставува нелинеарна сума од гама корегирани вредности на Red, Green и Blue компоненти односно R’, G’ и B’. Корекција на RGB вредностите се врши за приближно линеарно прикажување на видео сигналот на излезниот дисплеј, како и намалување на шумот кој се создава при преносот на сигналот. Lightness (L) е дефинирана од страна на CIE како нелинеарна функција на осветлувањето Lumminance (Y), за која може да се каже дека претставува линеарен визуелен квантитет. (Perceptual Quantity). 5. PAL стандард за аналогна телевизија?

description

principi

Transcript of Принципи На Мултимедиски Системи

Page 1: Принципи На Мултимедиски Системи

1.Колкава е Енергијата на еден фотон (или една осцилација на ЕМ бран) за ЕМ зрачење со бранова должина y=540 nm. слична на ова2. Колкава е вкупната енергина на ЕМ зрачење ако изворот на зрачење испраќа зрачење со моќност од 250 W, во времетраење од 2 часа. слична3. Карактеристики на звуните бранови?Звучните бранови во основа се карактеризираат со:

o Фреквенцијаo Бранова Должинаo Брзина на простирањеo Амплитуда

Фреквенцијата (f) претставува зачестеност на полните циклуси на компресија и декомпресија на медиумот, во единица време .Високата фреквенцијата значи позачестени осцилаци на притисокот на честичките, а ниска фреквенција значи поретки осцилации. Фреквенцијата како карактеристика на звукот ги дефинира тоновите кои се произведуваат, односно звук со ниска фреквенција произведува ниски тонови, а звук со висока фреквенција произведува високи тонови. Бранова должина (λ) – претставува една полна осцилација во притисокот на средината. Една полна осцилација го означува и периодот на звучниот бран. Брановата должина се мери во метри [m].Брзината на простирање (v) е различна за различни медиуми низ кои се простира звукот, а исто така, кога се работи за гасови, брзината зависи и од температурата на гасот.Амплитудата (А) – го претставува степенот на компресија (притисокот) на честичките на медиумот, а е поврзана со звучноста, односно гласноста на звукот. Колку е поголема амплитудата на звукот, толку е поголема неговата гласност.4. Што е Lightness, а што Luma?Luma (Y’), која претставува нелинеарна сума од гама корегирани вредности на Red, Green и Blue компоненти односно R’, G’ и B’. Корекција на RGB вредностите се врши за приближно линеарно прикажување на видео сигналот на излезниот дисплеј, како и намалување на шумот кој се создава при преносот на сигналот.Lightness (L) е дефинирана од страна на CIE како нелинеарна функција на осветлувањето Lumminance (Y), за која може да се каже дека претставува линеарен визуелен квантитет. (Perceptual Quantity).5. PAL стандард за аналогна телевизија?Системот Phase Alternate Line (PAL) се користи во Британија, Европа, Австралија, и Јужна Африка. PAL е интегриран метод на додавање на боја на црно-бел TV сигнал, кој црта 625 линии со фреквенција од 25 цели слики во секунда. Како и NTSC, парните и непарните линии се преплетуваат и секое поле се црта за 1/50 дел од секундата (50Hz).6. Што означува моделот 4:4:4?Моделот 4:4:4 означува дека не е направена никаква редукција на колор информациите, каде секој поединечен елемент на сликата содржи вредност за Red, Green или Blue, односно вредност за Luma (Y’), Cb и Cr. Овие вредности обично се опишани со по 8 битови, освен професионалното видео за кое се користат 10 битови за примерок.7. Што означува Pulse-Code Modulation кај аудио?Pulse-code modulation (PCM) e метод кој се користи за дигитално претставување на семплиран аналоген сигнал. PCM е стандарден облик на дигитално аудио за компјутери, CD дискови,

Page 2: Принципи На Мултимедиски Системи

дигитална телефонија и други примени на дигиталното аудио. Во еден PCM поток, амплитудата на аналогниот сигнал се семплира на подеднакво зачестени временски интервали, а секој примерок се квантизира со најблиската вредност во рамките на опсегот на доделени вредности.8. Видови на компресија на видео, аидио и формати?Аудио компресијаMPEG-2 Part 3 – Audio codingMPEG-2 Part 3 (ISO/IEC 13818-3) дефинира подобрувања на MPEG-1 аудио стандардот со обезбедување на можност да се кодираат повеќе од два аудио канали (поточно 5.1), а исто така се воведени и дополнителни интензитети и семплирања за MPEG-1 Audio Layer 1, 2 и 3.MPEG-2 Part 7 – Advanced Audio Coding (AAC)Part 7 (ISO/IEC 13818-7) од MPEG-2 стандардот специфицира поинаков формат за аудио компресија кој не е компатибилен со претходните аудио стандарди на MPEG. Part 7 се нарекува MPEG-2 AAC. AAC е поефикасен и помалку комплициран за разлика од MP3. Поддржува од 1 до 48 аудио канали со фреквенција на семплирање од 8 до 96 kHz. AAC е исто така дефиниран и во MPEG-4 Part 3 стандардот.MPEG-4 Part 3 (ISO/IEC 14496-3)MPEG-4 Part 3 (MPEG-4 Audio) се состои од мноштво технологии за аудио компресија, како: AAC, аудио компресиски формати без загуби (MPEG-4 SLS, Audio Lossless Coding, MPEG-4 DST), структурирано аудио (MIDI) итн.Од редот на форматите кои се во најчеста употреба можат да се издвојат:MP3 (MPEG-1 Audio Layer 3) – е стандарден формат за компресија на дигитално аудио.Најчесто користени компресиони формати се:•(MP3) MPEG-1 Audio Layer 3•Opus codec, развиен од IETF (Internet Engineering Task Force). Контејнер формат за Opus засега е само Ogg, но се работи и на поддршка за Matroska контејнер форматот.•G.711, G.722, G.726, G.729 … - Серија на компресиони формати развиени од страна на ITU T (Telecommunication Standardization Sector) со основна намена за VoIP системи.•AC-3 (Dolby Digital) е формат креиран од Dolby Laboratories за примена на DVD, Blu-ray итн.•AAC (Advanced Audio Codec) е стандард креиран од ISO/IEC како дел од спецификацијата MPEG-2 и MPEG-4. Основната цел на AAC е подобрување и замена на неговиот претходник MP3.•AMR (Adaptive Multi-Rate) audio codec е аудио компресиски формат кој е оптимизиран за кодирање на говор. Стандарди за видео компресијаH.261 првиот стандард за кодирање на дигитално видео кој имаше практична примена.MPEG-1 e стандард за аудио/видео компресија на групата MPEG кој започна да се развива во 1988 година а како стандард се објави во 1993 година. Основната задача на MPEG беше да дефинира стандард за кодирање на видео погоден за пренос на податоци преку Т1/Е1 врски и прикажување од CD-ROM (VCD – Video CD), односно со проток на податоци од околу 1,5 Mbits/s. MPEG-1 користи DCT трансформација, квантизација, кодови со променлива должина и Motion compensation за временска компресија.CIF (Common Intermediate Format) форматот беше дизајниран како компромис помеѓу Европскиот (PAL) и Американскиот (NTSC) видео стандард. Така, CIF дефинира видео со

Page 3: Принципи На Мултимедиски Системи

резолуција од 352х288 како PAL SIF, а има framerate од 30 000/1001 (29,97) како Американскиот NTSC стандард, и користи Y’CbCr колор модел со 4:2:0 редукција на Chroma.MPEG-2 По „замрзнувањето“ на MPEG-1 во 1991 година, беше започнат MPEG-2, кој во 1995 година стана стандард кој долго време беше темелот на видео компресијата во светски рамки. MPEG-4 Part 2 (ISO/IEC 14496-2)MPEG-4 Part 2 е видео компресиски формат кој работи со DCT, квантизација и ентрописко кодирање.MPEG-4 Part 10 (ISO/IEC 14496-10) / ITU-T H.264 таканаречен AVC (ADVANCED VIDEO CODING)AVC претставува сложена мрежа од најновите иновации од областа на видео компресиските технологии, кои заедно овозможуваат огромен напредок во однос на претходните генерации на видео кодери.High Efficiency Video Coding (HEVC)Стандард за видео компресија кој ќе обезбеди 50% намалување на интензитетот на битскиот поток во споредба со моментно врвниот кодек AVC, за ист квалитет на сликата.WINDOWS MEDIA VIDEO 9 (VC-1)Windows Media Video 9 го претставува обидот на Microsoft да стане голем играч во областа на видео компресијата. Овој кодек е дизајниран за голем опсег на видео апликации, почнувајќи од слики со резолуција од 160x120 пиксели кои се пренесуваат со битски проток од 10 kbit/s, до HDTV сигнал со резолуција од 1920x1080 пиксели, и тоа со битски протоци од 6 Mbits/s до 20 Mbits/s.VC-1 (SMPTE 421M)VC-1, иницијално развиен од страна на Microsoft како комерцијален формат за видео компресија, како стандард е издаден од страна на SMPTE (Society of Motion Picture and Television Engineers) на 03 Април 2006 година. Денес, овој стандард може да се сретне на Blu-ray дискови, Windows Media, Microsoft Silverlight итн.Нестандардни формати за видео компресијаCinepak е Lossy видео кодек развиен од Peter Barrett од SuperMac Technologies, а е издаден во 1991. Во 1992 стана дел од QuickTime контејнер форматот на Apple. Cinepak беше дизајниран за кодирање на видео со резолуција од 320×240, при интензитети на битски поток од 1,5 Mbit/s (како трансфер интензитети од CD-ROM. Кодекот беше пренесен и на Windows платформа во 1993.Indeo Video е видео кодек развиен од Intel во 1992 година. Indeo има вкупно 5 верзии, а официјални декодери постојат за различни платформи како: Windows, Mac OS, Unix итн.TrueMotion S е комерцијален формат за видео компресија, развиен од компанијата The Duck Company, која денес е позната под името On2 Technologies. TrueMotion S e рана инкарнација на TrueMotion што претставува серија на видео компресиски формати развиени од On2 Technologies, кои се познати под имињата: VP3, VP4 … VP8.VP9 е видео компресиски стандард кој го развива Google, откако во Мај 2010 Google ја купи On2 Technologies. Претходници на VP9 се: TrueMotion (including TrueMotion S, TrueMotion 2, TrueMotion RT 2.0, TrueMotion VP3, VP4, VP5, VP6, VP7 и VP8).КонтејнериAudio Video Standard (AVS) е компресиски стандард и контејнер формат за дигитално аудио и дигитално видео кој се натпреварува со AAC и H.264/MPEG4 – AVC.

Page 4: Принципи На Мултимедиски Системи

9. Што е стриминг?Поимот стриминг се однесува на начинот на кој се пренесуваат и аудио/видео материјали преку интернет и се презентираат во реално време. Во овој случај корисникот не мора да чека додека не се симне целата аудио/видео датотека, туку презентацијата може да започне веднаш по примањето на првите податоци, а останатиот дел од материјалот константно доаѓа за време на презентацијата10. 3D телевизија?3D телевизија е технологија за прикажување на телевизиска слика која има длабочина на видното поле. Ваквата длабочина на поле се постигнува со техниката таканаречена стереоскопија. Стереоскопијата не е нова техника и датира од средината на 19 век. Стереоскопијата ја искористува карактеристиката на човековиот визуелен систем да формира единствена слика од две посебни слики со што се создава виртуелна длабочина на поле.•Активната 3D техника користи наочари кои содржат еден вид завеси и кои се спуштаат или креваат со иста фреквенција на прикажување на сликите на ТВ екранот, но наизменично.