Деловно комуницирање -

34
Универзитет “Св. Климент Охридски”- Битола Економски факултет – Прилеп Семинарска работа по предметот : Деловно комуницирање ТЕМА: Ефективни и професионални усни презентации Ментор: Изработил: Проф. Љупчо Печијарески Илчо Мирчески 258/09 БАМ

Transcript of Деловно комуницирање -

Page 1: Деловно комуницирање -

Универзитет “Св. Климент Охридски”- Битола Економски факултет – Прилеп

Семинарска работа по предметот : Деловно комуницирање

ТЕМА:

Ефективни и професионални усни презентации

Ментор: Изработил:

Проф. Љупчо Печијарески Илчо Мирчески 258/09 БАМ

Прилеп, 2014 година

Page 2: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Содржина :

Вовед...................................................................................................................................3

1. Презентирањето како комуникациска вештина.........................................................4

2. Елементи на презентацијата.........................................................................................5

3 Организирање содржини за привлекување внимание...............................................6

3.1 Привлекување внимание со воведот .........................................................................7

3.2 Организирање на телото..............................................................................................9

3.3 Резимирање на заклучокот........................................................................................10

4. Како најдобрите говорници градат врска со публиката...........................................11

4.1 Ефективно сликовито прикажување.......................................................................11

4.2 Вербални знаци.........................................................................................................12

4.3 Невербални пораки...................................................................................................13

5. Планирање визуелни помошни средства..................................................................14

5.1 Видови визуелни средства........................................................................................15

6. Дотерување на начинот на изразување и текот на презентацијата.........................17

6.1 Метод на изразување.................................................................................................18

6.2 Пред вашата презентација.........................................................................................19

6.3 Во текот на вашата презентација..............................................................................20

6.4 После вашата презентација.......................................................................................20

7. Приспособување кон меѓународна публика и публика со мешан културен состав.....21

8. Победете ја тремата со помош на неколку техники................................................21

Заклучок............................................................................................................................23

Користена литература......................................................................................................24

2

Page 3: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Вовед

Денешните организации се многу заинтересирани за вработување луѓе кои

поседуваат вештини за добро презентирање. Зошто ? Деловниот систем се менува.

Техничките вештини не се доволни за гарантирање на успехот. Вие исто така треба

да бидете способни со помош на презентирање ефективно да ги пренесите вашите

идеи на потрошувачите, трговците, членовите на вашиот тим и управата. Вашите

презентации веројатно ќе имаат цел да ги информираат, влијаат или

мотивираат.Една студија има покажано дека еден од главните показатели за

успешноста на еден бизнис и нагорната мобилност е колку вие уживате во

држењето јавни говори и колку сте ефективни во тоа. Говорните вештини се

корисни во секоја фава од кариерата. На пример, можеби ќе треба да одржите

рекламен говор за продажба пред потрошувачите или да говорите на некој

професионален собир. Можеби ќе се јави потреба да ги опишите плановите за

проширување на вашата комшанија на вашиот банкар или да го убедите

менаџментот да ја поддржи маркетиншката стратегија која сте ја предложиле. Во

денешни услови, можностите да се јави потреба за одржување на вакви

презентации се се поголеми, па дури и кај вработените кои немаат управувачки

функции. Имено оваа семинарска задача ќе ви овозможи да ги искористите вашите

говорни вештини со цел да одржите ефективни и професионални усни

презентации. Кои се елементите на презентацијата, како да ја подготвите вашата

презентација со цел да го привлечите вниманието на публиката, какви визуелни

средства да користите, како да ја победите тремата и сл.

3

Page 4: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

1. Презентирањето како комуникациска вештина

Секоја година залудно милиони потрошени часови заминуваат на присуство на

презентации. Зошто залудно ? Затоа што повеќето излагачи никогаш не се

запрашале која е целта на презентацијата, што сакаат да постигнат со неа или

кому е таа наменета. Не е вистина дека најголемите говорници се раѓаат, а не

создаваат. Но, вистина е дека некои поединци имаат несомнена способност без

трема да застанат пред голем аудиториум и да одржат добар говор или

презентација. Добрите говорници и презентери се такви затоа што потрошиле

многу години за развивање и усовршување на потребните вештини за тоа. А кога

еднаш ќе се совлада основната вештина на ораторството, таа постојано треба да се

надоградува, зашто говорот и презентирањето се составен дел на деловните луѓе –

тоа е нивниот личен печат или заштитен знак.

Во ооваа смисла и презентацијата станува дел од организацискиот живот.

Говорната презентација е главниот механизам за изразување и пренесување на

информациите. Постојат две главни причини за тоа1 :

Првата причина се јавува како резултат на изменетото третирање на

организацијата, од ентитет и структура во процес, односно , заради промена

на парадигмата, од организациска структура во организациска култура.

Социјализацијата е битна за создавање на чувство за припадност кон

организацијата, а говорната презентација преку која се поттикнува отворена

дискусија е вистинскиот начин за објаснувањето, толкувањето и

размислувањето, чија крајна цел е поставување на секој поединец на “иста

бранова должина”.

Втората причина е поврзана со процесот на донесување одлуки. Постојат

претпоставени кои се поборници на идејата дека вистинската одлука

секогаш се наоѓа некаде скриена, како закопано богатство, кое може да се

открие преку големи анализи или со помош на индивидуалната мудрост. Но,

практиката покажува дека вистинската одлука се донесува тимски, како

1 Пековски К, и Талевска Христовска Р. Вештини на презентирање

4

Page 5: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

резултат на заеднички согледувања, усогласени ставови и споделени

мислења, потреби и интереси.

Презентацијата е дел од процесот на поставување рамки, во кои луѓето ќе можат да

работат на деталите и да се предадат на акцијата. Денес, презентацијата е

прифатена како начин на комуницирање и заради еден друг феномен –

неоспорниот факт дека живееме во телевизиски “заразено” општество.

2. Елементи на презентацијата

Секоја презентација има свои клулни елементи кои мора да се земат предвид од

страна на презентерот. Такви елементи се:

Познавање на вашата намера, цел.

Разбирање на публиката

Познавање на вашата намера - Најзначајниот дел од презентацијата е да се

разбере која е намерата на презентерот, која е целта на презентацијата. Што закате

да постигнете ? Дали сакате да му продадете програма за здравствена заштита на

потенцијален клиент? Дали сакате да го убедите менаџментот да го зголеми

буџетот за маркетинг? Дали сакате да им дадете совет на учениците кои го

завршуваат средното образование? Без разлика дали вашата цел е да ја убедите,

информирате или да ја забавувате публиката, вие мора да имате јасна претстава за

тоа каде одите. На крајот од презентацијата, мора да имате идеја во што сакате да

верува вашата публика, што треба да запомни или што да направи.

Разбирање на вашата публика – Вториот главен елемент на презентацијата е

анализирање на публиката, предвидувањето на нивните реакции и соодветно

приспособување кон нив. Со смаото тоа што ќе ја проучите вашата публика, вие ќе

обиете подобра идеја за тоа како да ја организирате вашата презентација. На

пример, пријателски расположената публика ќе реагира на хумор и лишни

искуства. Неутралната публика бара поконтролиран стил на изразување. Говорот

5

Page 6: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

веројатно ќе биде преполн со факти, статистички податоци и мислења на стручни

лица. Незаинтересираната публика која е приморана да присуствува на

презентирањето бара кратки презентации. Ваквата публика најдобро би можела да

реагира на хумор, цртежи, визуелни средства во живи бои или возбудливи

статистички податоци. Непријателски раположената публика бара смирен,

контролиран стил на изразување кој изобилува со објективни податоци и мислења

на стручни чица. Без оглед на тоа со каков вид на публика ќе се соочите , вие мора

да запомните дека најзначајната работа која треба да ја направите е да ја

испланирате вашата презентација, така што ќе биде насочена кон придобивките на

публиката. Членовите на публиката ќе сакаат да знаат кој дел од презентацијата е

наменет за нив.

Постојат и некои други елементо кои врз вашиот стил и содржината на пораките.

Како што се возраста, полот, образованието, професионалното искуство и

големината на публиката.

3. Организирање содржини за привлекување внимание

Секогаш започнете ја вашата презентација со шега, ни внимавајте да не

навредите некого ! Немојте да спомнувате религија, политика, раса, воздраст,

пари, технологија, мажи, жени, деца, растенија, животни, храна...

Откако ќе завршите со определувањето на намерата и анализирањето на публиката,

треба да бидете подготвени да соберете информации и логички да ги организирате.

Добрата организација и свесното повторување се двата најмоќни клуча за

разбирањето и помнењето на публиката. Многу стручни лица за говори го

препорачуваат овој повторлив, но сепак ефективен план:

Чекор 1 : Раскажете им што планирате да им кажете.

Чекор 2: Кажете го тоа.

Чекор 3: Раскажете им што сте им кажале претходно.

6

Page 7: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Со други зборови, повторете ги вашите главни поенти во воведот, главниот дел и

во заклучокот на вашата презентација. Иако звучи малку здодевно, сепак оваа

стратегија е исклучително добра.

3.1 Привелкување внимание со воведот

Голем дел од презентерите ја започнуваат својата презентација со, Задоволствио

ми е да бидам овде, Чест ми е што ме замоливте да говорам или Сега ќе ја одржам

мојата презентација за .... Овие здодевни воведни делови означуваат неинтересен

почеток. Избегнувајте ги овие банални изјави, за да ги исполните трите цели во

воведниот дел на вашата презентација :

Привлечете го вниманието на слушателите и натерајте ги да се вклучат.

Идентификувајте се себеси и зацврстете го вашиот кредибилитет.

Направете преглед на вашите главни теми.

Професионалците сметаат дека воведниот дел е најзначаен за една презентација.

Доколку сте способни да допрете до слушателите и да ги вклучите во вашата

презентација уште од самиот почеток, тогаш поголема е веројатноста дека ќе го

задржите нивното внимание до крајот на презентацијата. Но, доколку не сте

способни да го украдете вниманието на публиката уште од почетокот, тогаш

постои можност тие воопшто да не слушаат што сакате да им кажете. За да го

привлечете нивното внимание на пример, можете да користите некое прашање,

возбудлив факт, шега, приказна, цитат и сл.

За да стекнете доверба, вие треба да ја опишете вашата позиција, познавања,

образование, искуство, и сл. Обидете се исто така да се поврзите со вашата

публика. Слушателите особено се внесуваат во говорите на луѓето кои откриваат

нешто за себе и се идентификуваат со нив. Еден советник кој им се обраќа на

канцелариските работници може да опише како ја започнал неговата кариера како

привремен работник.

7

Page 8: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Десет победнички техники за привлекување и задржување на вниманието на

публиката

Ветување . Започнете со ветување кое ќе ја држи публиката во очекување.

На пример, На крајот на презентацијата , јас ќе ви кажам како да ја

зголемите вашата продажба за 50 проценти.

Драма . Започнете со раскажување на некоја емотивно потресна приказна

или со опис на некој сериозен проблем кој ја вклучува и публиката. Во текот

на вашиот говор вклучете и некои драматични елементи , како што е долга

пауза после некоја клучна изјава. Менувајте го тонот и висината на гласот.

Контакт со очите . Кога ќе започнете, барајте внимание со тоа што ќе ја

набљудувате целата публика за да ги вклучите сите слушатели.

Движење . Напуштете ја говорницата секогаш кога е тоа можно. Прошетајте

околу конференциската маса. Обидете се да се движите кон публиката ,

особено на почетокот и на крајот од вашиот говор.

Прашања . Барајте од слушателите да креваат раце за да го слушнете

мислењето на секој од нив. Ваквата реакција ќе ви даде истовремено и

поголемо внимание од публиката.

Демонстрации . Вклучете некој член од публиката во демонстрација. На

пример, Јас сега ќе ви покажам како точно да го изведете процсот од четири

чекори за љубезност кон потрошувачите, но потребен ми е еден доброволец

од публиката да ми помогне.

Примероци /Трикови . Доколку рекламирате некој производ, тогаш не

заборавајте да земете производи кои би и ги поделиле на публиката или ќе

им ги дадете како награди на оние учесници кои се пријавиле доброволно.

Визуелни средства . Дадете и можност на публиката да гледа и во нешто

друго, освен во вас. Користете најразлични визуелни помошни средства во

текот на една сесија.

8

Page 9: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Облека . Облечете се професионално за вашата презентација.

Професионалното облекување ќе ви помогне да изгледате постручно и

поспремно, што дополнително ќе ја заинтересира вашата публика да ве

слуша и да ве сфаќа сериозно.

Самоинтересирање . Прегледајте ја вашата презентација за да се уверите

дека таа ги задоволува стандардите на значајниот тест на публиката Што

има за мене внатре . Луѓето се најзаинтересирани за работи од кои можат да

извлечат полза.

3.2. Организирање на телото

Најголемиот проблем кај повеќето усни презентации е неможноста да се

фокусирате на неколку главни идеи. Вашата кратка презентација би требало да

опфаќа ограничен број главни поенти. Постојат неколку модели како да ги

организирате вашите презентации :

Хронологија . Пример : Презентацијата која ја опишува историјата на некој

проблем, организирана од првиот знак на појавување на проблемот до денес.

Географија / простор . Пример : Презентација за менливата разновидност на

работната сила, организирана од страна на регионите во земјата ( Источен

дел, Западен дел и сл).

Споредба / спротивставување . Пример: Презентација во која се

споредуваат методите на органското земјоделство со методите на модерното

индустриско земјоделство.

Важност . Пример : Презентација во која се опишуваат петте причини ошто

клиентот би требало да плаќа сметки преку интернет, организирани од

најзначајната причина, па се до најмалку важната причина.

9

Page 10: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Проблем / решение . Пример : Некоја компанија се соочува со проблем како

што е висок обрт. Се нуди решение кое подразбира додавање на повеќе

придобивки од воведувањето на флексибилно прекувремено работење.

3.3 Резимирање на заклучокот

Нервозните говорници обично брзаат да ги завршат своите презентации заради

тоа што не можат да дочекаат да ја напуштат сценета. Но слушателите ги помнат

заклучоците повеќе од кој било друг дел од говорот. Затоа треба да се посвети

поголемо внимание на овој дел , за да се постигне ефективна презентација. За да се

постигне ефективна комуникација, треба да се постигнат следните цели :

Резимирајте ги главните теми на презентацијата.

Дадете краен осврт насочен кон дејствување кој им кажува на вашите

слушатели како можат да ги искористат информациите кои сте им ги

презентирале или што сакате тие да направат.

Вклучете една изјава која ќе ви даде можност грациозно да го напуштите

подиумот и со тоа да оставите траен впечаток.

Некои говорници завршуваат бледо со коментари од типот Веројатно тоа е се што

имам да кажам или Тоа е се. Ова придонесува говорникот да изгледа

непрофесионално и неподоготвено. За да постигнете позитивен ефект кај

слушателите во вашиот залучок можете да кажете некоја анегдота, некој

инспиративен цитат или некоја изјава поврзана со темата и која ќе понуди нова

енергија. Без разлика што ќе изберете, задолжително вклучете некоја завршна

мисла која ќе укаже дека сте ја завршиле резентацијата.

4. Како најдобрите говорници градат врска со публиката

10

Page 11: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Добрите говорници се мајстори за градење врска со публиката. Тие се

поврзуваат со публиката, тие во исто време ја забавуваат публиката и ја

информираат. Тие го задржуваат вниманието на публиката во текот на целата

презентација. Како го прават тоа ? Врз основа на набљудувањата на успешни и

неуспешни говорници, докажано е дека добрите говорници користат голем број на

вербални и невербални техники за поврзување со публиката. Дел од нивните

корисни техники опфаќаат ефектиивно сликовито прикажување, давање вербални

знаци и стратешко користење на говорот на телото.

4.1 Ефективно сликовито прикажување

За да внесете живост во вашата презентација и да го олесните нејзиното разбирање,

обидете се да примените некои од следниве техники :

Споредба . Споредбата на сличните особини помеѓу различните работи може

да биде ефективна при објаснувањето и воспоставувањето поврзаност. На

пример, создавањето производ е слично со процесот на зачнување, носење и

раѓање дете. Или, склопувањето на ефективна деловна презентација е

слично со режирањето и продуцирањето на театарска претстава која е

добитник на награда.

Метафори. Споредба помеѓу сосема различни нешта без притоа да се

користат зборовите слично или како резултира со создавање на метафора.

На пример, Извршниот директор на нашите конкуренти е змија кога станува

збор за преговарање. Или , делот за дискусија е срцето на еден интернет час.

Симили . Споредба која ги вклучува зборовите слично или како се нарекува

симил. На пример, Дипломирањето како првенец на неговиот клас беше

како да погодил греен слем на крајот на деветтата деветтина и ја освоил

Светската лига. Или, Таа е толку релаксирана како некој кој штотуку

поминал еден цел ден во бања.

11

Page 12: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Лични анегдоти .Ништо не може подобро и полесно да ве поврзе со вашата

публика отколку некоја добра лична приказна.

Статистики. Иако често погрешно се употребуваат, статистичките

податоци ги интересираат луѓето. На пример, Минатата година продажбата

на Coca –Cola изнесуваше вкупно 2 милјарди пакети. Оваа значи дека секој

маж, жена и дете во САД имаат испиено по шест цели пакети.

4.2 Вербални знаци

Говорниците мора да запомнат дека слушателите, за разлика од читателите на

некој извештај, не можат да ја контролираат брзината на презентацијата или да ги

прелистаат страниците со цел да направат преглед на главните поенти. Како

резултат на тоа слушателите можат лесно да се изгубат. Вештите говорници и

помагаат на публиката да ги препознае главните пораки кои се содржани во усната

порака со помош на вербални знаци. Тие го задржуваат вниманието на слушателите

преку корисни прегледи, резиме и сл., како овие :

Правење преглед . Во следниот дел од мојот говор се претставени трите

причини за.../ ајде сега да ги разгледаме двете причини за...

Резимирање. Дозволете ми да ви дадам преглед на главните проблеми кои

штотуку ги разгледавме. / Потоа ќе забележите дека најзначајните фактори

се...

Менување насоки . До сега ние зборувавме исклучиво за....; ајде сега да

преминеме на...

Исто така можете да ја подобрите секоја усна презентација со самото тоа што ќе

вклучите некои соодветни изрази за вршење премин како што се : прво, второ,

следно, потоа, затоа, згора на тоа, од руга страна и сл. Со овие изрази се

истакнуваат одредени делови и тие им кажуваат на слушателите кон што да го

насочат нивното внимание.

12

Page 13: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

4.3 Невербални пораки

Иако она што ќе го кажете е најзначајно, сепак и невербалните пораки кои ги

испраќате исто така можат да имаат моќен ефект врз тоа колку добро била

прифатена вашата порака. Начинот на кој изгледате, како се вижите и како

зборувате може да ја доведе вашата презентација до успех или пропаст. Следните

препораки се фокусираат на невербалните совети кои претставуваат гаранција дека

вашата вербална порака била добро примена:

Изгледајте професионално . Сакале или не, вие ќе бидете оценувани и

според вашиот изглед. Вие мора да бидете облеќени професионално во сите

пригоди, освен за некои мали неформални презентации. Општото правило

вели дека вие во најлош случај би требало да бидете облечени како најдобро

облеќената личност во публиката. Сепак, дури и во лсучај да знаете дека

вашата публика ќе биде облечена во секојдневна гардероба, појавувањето во

професионлана облека ќе ви помогне да го изградите вашиот кредибилитет.

Водено и вие ќе се чувствувате добро!

Правете движења со телото . Имајте ентузијазам, зрачете светлина, и

дозволете му на вашето тело да го покаѓе тоа. Заземете обар став со телото

со цел да покажете доверба. Користете мноштво гестови, но немојте свесно

да ги планирате пред презентацијата.

Внимавајте на изговарањето на зборовите .Вие можете да го задржите

интересот на вашата публика доколку го менувате вашиот тон, јачина,

висина и темпо. Користете паузи пред и после значајните поенти.Дозволете

и на публиката да ги разбере вашите идеи.

Не се кријте зад подиумот . Избегнувајте да стоите на едно место зад

подиумот. Вижењата ќе направат да изгледате поприродно и поудобно и ќе

ви помогнат подобро да се поврзете со вашата публика.Дури и доколку е

потребно да стоите близу до вашите визуелни помошни средства,

13

Page 14: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

внимавајте од време на време да се поместувате оттаму со цел публиката да

може да го види вашето цело тело.

Менувајте ги вашите изрази на лицето . Започнете со насмевка, но потоа

менувајте ги вашите изрази во согласност со мислите кои ги изговарате. Вие

можете да ја занишате вашата глава со цел да покажете несогласување,

превртете ги очите со цел да покажете презир, погледнете кон небото за

совет или поткренете ја вашата веѓа за да покажете загриженост или страв.

За да видите најдобро како говорниците пренесуваат значење без употреба

на зборови, исклучете го тонот на вашиот ТВ и набљудувајте ги изразите на

лицето на некоја личност учесник во некоу шоу, спикер на вести или

политичар.

5. Планирање визуелни помошни средства

Пред да одржите некоја презентација, потсетете се на оваа мудра кинеска

поговорка : “ Кажи ми, ќе заборавам. Покажи ми ќе запомнам. Вклучи ме, ќе

разберам. ” Вашата цел како говорник е да ги натерате слушателите да ве разберат,

да запомнат што сте кажале и да постапуваат според вашите идеи. Со цел да ја

заинтересирате и вклучите публиката, користете ефективни визуелни средства.

Некои стручни лица велат дека ние стеккнуваме 85% од целото наше знаење на

визуелен начин. Затоа, кај усната презентација која вклучува визуелни помошни

средства веројатноста да биде разбрана и запомнета е поголема за разлика од

презентацијата која не користи визуелна помош.

Добрите визуелни средства имаат повеќе нмени. Тие ги истакнуваат главните идеи

и на тој начин го подобруваат разбирањето и помнењето. Тие го поттикнуваат

интересот на јавноста и тие прават лицето кое ја држи презентацијата да изгледа

професионално, подобро подготвено и поубедливо. Визулените средства се

особено корисни за неискусните говорници заради тоа што публиката повеќе се

концентрира на визуелните средтсва отколку на говорникот. Добрите визуелни

14

Page 15: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

средства исто така служат за зајакнување на меморијата на говорникот и на тој

начин ја зголемува неговата самодоверба.

5.1 Видови визуелни средства

За среќа на денешните говорници, многу форми на визуелни медиуми се

достапни за подобрување на презентацијата. Во постапката на одлучување какви

видови на визуелни средства да вклучите во вашата презентација, треба да ги

земете во предвид трошоците, начинот на поготовка, степенот на посакувана

формалност и можната ефктивност.

Средство Предности Недостатоци

Даваат професионален изглед,лесно се користат, ефтини за ажурирање

Бара скапа опрема за проектирање, ги искушува говорниците да вклучат блескави карактеристики кои можат да одземат од вредноста на презентацијата

Даваат професионален изглед со малку вежбање,лесни за подготовка, одржување,

За некои ова претставува застарен модел на презентирање, дава сиромашен изглед на сликите.

Го поттикнуваат учеството на публиката, лесни за одржување, го подобруваат помнењето заради тоа што публиката го задржува материјалот

Можат да бидат тешки за транспорт, можат да доведат до ситуација говорникот да го изгуби вниманието на публиката

Даваат ефтина опција која е достапна на повеќето странци. Лесни за менување на метоположбата, забележување на забелешките на публиката,

Бараат талент за графика, тешко видливи за поголема публика, можат да бидат оштетени при транспорт.

15

Page 16: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

комбинирање со високотехнолошки визуелни средства во истата презентација.

Дава точна претстава за содржината,

Скапи за создавање и ажурирање

Имено , најпопуларни визуелни помошни средства се : мултимедијалните слајдови,

печатените материјали и графоскопите.

Мултимедијални слајдови

Со мала стручна помош и современа опрема, може да се созададе презентација која

вклучува аудио, видео клипови и сл. Исто така мултимедијалните слајдови можат

да бидат префрлени на веб – страница или можат да бидат емитувани во живо

преку интернет.

Печатени материјали

Говорниците во текот на својата презентација често подготвуваат печатен

материјал кој на своите страни содржи слики и забелешки кои им се делат на

гледачите . Периодот кога треба да се поделат ваквите печатени материјали е исто

така деликате. Доколку ги поделите во текот на презентацијата, тогаш вашите

материјали можат да го одвлечат вниманието на публиката и на тој начин да

изгубите контрола. Затоа, најдобро е да ги објасните повеќето материјали за време

на презентацијата, но делењето да го одложите до завршувањето на презентацијата.

Доколку планирате да ги поделите печатените материојали на крајот, тогаш

спомнете и го тоа на публиката некаде на почетокот на презентацијата.

16

Page 17: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Графоскопски фолии

Повеќето простории кои се користат за одржување средби се опремени со

графоскопи и екрани. Фолиите за графоскоп се ефтини, и не бараат многу труд при

нивната подготовка на компјутер или фотокопир, лесно се транспортираат и се

едноставни за употреба. Секогаш стојте настрана од графоскопот за да не го

попречувате видот на публиката. Исто така осигурајтесе дека информациите на

вашите фолии се видливи за сите членови на публиката.

6.Дотерување на начинот на изразување и текот на презентацијата

6.1 Метод на изразување

Неискусните говорници често сметаат дека за да бидат успешни тие мора да

ја запомнат целата презентација. Сепак, доколку не се искусен изведувач ќе

изгледате доста здрвено и неприродно. Згора на тоа, вистинска катастрофа би било

доколку заборавите до каде сте стасале ! Тому затоа не е препорачливо напамет да

ја научите целата усна презентација. Сепак , помнењето на некои значајни делови,

како на пример воведот, заклучокот и некој важен цитат, може да биде доста

впечатливо.

Доколку не можете да ја запомните целата презентација, дали читањето на истата е

најдобриот план ? Дефинитивно не ! Читањето пре публика е доста здодевно и

неефективно. Читањето укажува на тоа дека не сте добар познавач на таа тема, а со

тоа и публиката ќе изгуби доверба во вашата стручност. Читањето исто така ве

спречува да одржите контакт со очите. Вие не можете да ги видите реакциите на

публиката; послеодвателно на тоа , вие не можете да извлечете корист од нивната

повратна реакција. На крајот, читањето ја прави презентацијата здодевна !!

Ниту методот со учње на памет, ниту оној со читањето не создаваат убедливи

презентации. Досега се покажало дека најдобар е методот со забелешките.

Испланирајте ја внимателно вашата презентација и зборувајте потпирајќи се на

17

Page 18: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

картички со забелешки или на карток преглед од главни реченици и главни идеи.

Доколку користите Powr Point , можете да изберете да креирате страници со

забелешки. Вашите забелешки не би требало да претставуваат цели параграфи,

ниту само неколку зборчиња. Наместо тоа, тие би требало да содржат една или две

целосни реченици кои ја претставуваат главната идеа.

6.2 Пред вашата презентација

Излегувањето пред определен број слушатели предизвикува трема кај

говорниците,

Имено, можете да ја намалите тремата и да ја зголемите вашата самодоверба ,

користејќи некои од следниве совети:

Подгответе се темелно . Една од најефективните стратегии за намалување

на тремата е темелно да ја познавате темата. Истражете ја длабински

вашата тема и подгответе внимателен преглед на речениците.

Вежбајте пробно . Кога пробувате вежбајте ја целата презентација, а не

само првата половина. Повторувајте ја презентацијата сам или пред

пријателите или семејството. Побарајте од нив да ви дадат конструктивно,

искрено мислење.

Мерете го времето . Повеќето членови на публиката стануваат нервозни за

време на подолги говори. Затоа, обидете се вашата презентација да не трае

повеќе одд 20 минути. Доколку имате ограничено време, немојте да го

пречекорувате.

Поздравете ги членовите на публиката . Обидте се да остварите контакт

со неколку члена на публиката кога ќе влезете во просторијата, додека

чекате да ве најават или кога чекорите кон подиумот. Вашиот говор на тело

би требало да укажува на пријателство, доверба и уживање.

18

Page 19: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

6.3 Во текот на вашата презентација

Во текот на вашата презентација, можете да примените неколку техники со помош на кое ќе изгледате професионално, тие се следните :

Облечете се професионално.

Започнете со пауза . При првото појавување пред публика, одвојте неколку моменти за средување на вашите белешки.

Научете ја напамет воведната реченица од презентацијата .

Одржувајте контакт со очите.

Покажете ентузијазам . Доколку вие не покажете возбуда за вашата тема,

тогаш како може да очекувата вашата публика да се заинтересира?

Покажете страст за вашата тема преку вашиот тон, израз на лицето и

гестовите.

Движете се природно .

Избегнувајте оддалечување од темата . Држете се до вашиот преглед и

белешки. Немојте одеднаш да кажувате некои мали умни анегдоти кои во

тој монет ќе ви паднат на памет.

Резимирајте ги вашите главни поенти . Завршете ја вашата презентација

така што ќе ги резимирате вашите главни идеи или повторно ќе истакнете во

што би требало да верува вашата публика, што да прави и што да запомни.

6.4 После вашата презентација

Грациозното завршување на презентацијата и вештото одговарање на прашњата

на публиката може да ја засили вашата порака, а воено да направи да изгледате

уверливо и професионално.

19

Page 20: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Поделете печатени материјали . Доколку и имате подготвено печатени

материјали со податоци кои нема да и бидат потребни на публиката во текот

на презентацијата, истите можете да ги поделите на присутните по

завршувањето на презентацијата.

Прашајте дали има прашања.

Повторете го прашањето. Иако говорникот го слушнал прашањето,

членовите на публиката често не успеваат да го слушнат. Секој ваш одговор

започнете го со повторување на прашањето.

Одржувајте контрола. Не дозволувајте еден поединец да се истакне

повеќе од останатите. Дозволте цела публика да биде вклучена.

Завршете со резиме и изразување благодарност.

7.Приспособување кон меѓународна публика и публика со мешан културен состав

Секој добар говорник се приспособува на публиката, а презентациите за

публика со мешан културен состав бараат посебни приспособувања и осетливост.

Кога работите со толкувач или кога зборувате пред лица кои не зборуваат добро

англиски, вие треба да бидете многу внимателни во однос на јазикот. Ќе треба да

зборувате побавно, да користите наједноставен англиски јазик, да избегнувате

жаргони и клишеа и да употребувате кратки реченици.

Усогласете ја вашата презентација со очекувањата на вашата публика. На пример,

во Германија успешните презентации најчесто се проткаени со многу факти и

прецизни статистички податоци. Американците можат да кажат 30 проценти,

додека некој германски говорник може да изнесе 30,4271958 проценти. Воедно, вие

мора да водите сметка да бидете облечени соодветно во однос на вашата публика.

Исто така би требало да бидете свесни дека некои култури претпочитаат поголема

формалност за разлика од американската култура. Во оваа земја, пишувањето на

20

Page 21: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

табла или графоскопска фолија е сосема природно. Меѓутоа, ваквите неформални

техники упортебувани во некои други земји би можело да укажат на тоа дека

говорникот недоволно ја цени публиката и затоа претходно не ги подготвил

неговите визуелни средства.

8. Победете ја тремата со помош на неколку техники

Дали некогаш сте се почувствувале нервозно пред да одите на испит, или пред

да одржите некоја презентација ? Секој се почувствувал така ! И не е се до вашата

глава. Кога се соочувате со нешто застрашувачко или со некој предизвик, вашето

тело реагира со нешто што психолозите го нарекуваат реакција на акутен стрес.

Ваквата реакција му влева зголемено количество енергија на вашето тело со цел да

се справи со застрашувачките ситуации. Вие не можете истовремено да ги

отстраните и психолошките симптоми, но можете да ги намалите нивните

симптоми со помош на следниве техники :

Дишете длабоко . Користете ја техниката на длабоко вдишување и

издишување со цел да ги ублажите симптомите на реакција на акутен стерс.

Вдишувајте броејќи до десет, задржете го овој здив броејќи до десет и

издишете броејќи до десет. Сконцентрирајте се на броејнето и дишењето, и

двете активности го намалуваат стресот.

Претворете го стравот во нешто друго . Немојте да сметате дека

испотените дланки и сува уста се показатели на страв. Нив можете да ги

протолкувате како симптоми на радост, возбуда и ентузијазам за

споделување на вашите идеи.

Познавајте ја добро вашата тема . Чувствувајте се самоуверено во врска

со темата на која треба да говорите. Изберете тема која добро ја познавате и

која е поврзана со вашата публика.

21

Page 22: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Обратете си се самите на себе со позитивен говор . Потсетете се дека ја

познавате темата и дека сте подготвени.

Игнорирајте ги грешките . Сфатете дека е сосема нормално понекогаш да

се згреши. Доколку згрешите, немојте да и се извинувате на вашата публика.

Продолжете да зборувате. Публиката брзо ќе ги заборави грешките.

Не признавајте дека сте нервозни . Никогаш не и кажувајте на вашата

публика дека сте нервозни. Тие нема веројатно да го забележат тоа !

Чувствувајте се гордо откако ќе завршите . Ќе бидете изненадени од тоа

колку добро ќе се чувствувате откако ќе завршите со презентирање. Бидете

горди на она што сте го постигнале и вашата публика ќе ве награди со

аплауз и честитки.

И најважно, наградете се самите себеси . Откако ќе заврши

презентацијата, земете си време за да се наградите себеси за добро

сработената работа. Излезете на вечера, одморете се во остатокот од денот,

купете си нешто или правете нешто друго што ве прави среќни. Го

заслуживте тоа !!

Заклучок :

22

Page 23: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Добрите презентации започнуваат со анализирање на вашата намера и

вашата публика. Организирањето на содржината опфаќа подготвување на

ефективен вовед, главен дел и завршен дел. Воведниот дел би требало да го

привлече вниманието на слушателот, да го идентификува говорникот, а воспостави

однос на доверба и да даде преглед на главните теми. Телото би требало да

разгледува од две до четири главни идеи, со соодветни објаснувања, детали и

вербални знаци кои треба да ги насочуваат слушателите. Заклучокот би требало да

даде преглед на главните идеи, да даде дополнителни насоки и да му даде можност

на говорникот грациозно да го напушти подиумот.

Можете да ја подобрите врската што сте ја воспоставиле со публиката преку

успешно користење на средства за сликовито прикажување како што се

метафорите, споредбите, симилите, личните анегдоти, статистичките податоци и

сл. При самиот чин на презентирање, направете преглед на главните поенти на

картички со забелешки и повторувајте ги повеќе пати. Во текот на презентацијата

секогаш започнувајте со пауза, а вашата прва реченица научете ја напамет.

Облечете се професионално, одржувајте контакт со очите, контролирајте го гласот,

покажете ентузијазам за вашата тема, говорете и движете се природно и

избегнувајте поголеми оддалечуваша од темата. По завршувањето на вашиот говор

поделете ги печатените материјали и одговорете на поставените прашања.

Завршете грациозно и изразете благодарност

Користена литература

23

Page 24: Деловно комуницирање -

2

Ефективни и професионални усни презентации

Пековски К, и Талевска Христовска Р. Вештини на презентирање;

Мери Елен Гафи, Основи на деловно комуницирање;

Петковски К. И Јанкуловска П. , Деловно комуницирање

24