МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

28
МЕРЕЊЕ И КОНТРОЛА МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

description

Презентација за метали и легури во која се содржат статистички податоци и фотографии.Презентацијата е корисен материјал за во настава.

Transcript of МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Page 1: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

МЕРЕЊЕ И КОНТРОЛА

МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Page 2: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Мерењето и контролата претставуваат еден од најважните услови за добро, точно, прецизно и квалитетно извршување на работните постапки во сите области на човековото работење.

Во науката, без мерење и контрола, не можат да се откријат, споредат и утврдат разни податоци за испитуваните појави. Таму се применуваат најразлични видови инструменти, во зависност од видот на научната област, почнувајќи од најчувствителните компјутеризирани мерни инструменти па се до разните видови тестови, анкетни прашалници и други видови инструменти за испитување на степенот на стекнатите знаења во образовниот процес.

МЕРЕЊЕ И КОНТРОЛА

Page 3: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

КОНСТРУКЦИЈА И ПРИМЕНА НА УНИВЕРЗАЛНОТО ПОДВИЖНО МЕРИЛО

Page 4: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Во металопреработувачката индустрија се користат мошне прецизни мерни и контролни инструменти, со релативно висок степен на точност.Оваа точност на мерење е мошне помала од милиметарот и може да биде со десетти (0,1мм), стоти (0,01мм), илјадити (0,001мм) и милионити делови од милиметарот.Како основни мерни инструменти што се користат за мерење и контрола со оваа точност се :

Разни видови универзални инструменти

Разни видови микрометри

Разни видови компаратери

Page 5: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Во училишните работилници и кабинети најчесто е применето универзалното мерило, со точност од 0,1мм.Негова основна намена е мерење на разни надворешни површини, внатрешни мерења на разни шуплини, разни видови длабински мерења и мерење на разни видови испакнати површини.

Составено е од два основни дела, од кои едниот е неподвижен, а другиот подвижен дел.

Page 6: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Подвижниот дел е наречен нониус служи за мерење на помалите делови од милиметарот.

Принципот и постапката на мерење се исти кај сите видови универзални мерила, без разлика на степенот на точноста на нивното мерење.

Во мерната скала од универзалните мерила што мерат со точност од 0,1мм се опфатени 9мм од милиметарската скала, поделени на 10 еднакви делови на мерната скала на нониусот.

Page 7: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Со постапката на читањето се почнува од состојбата на милиметарската скала, отчитувајќи го вкупниот број опфатени милиметри.

Потоа се преминува кон отчитување на десеттите (1/10) делови од милиметарот опфатени во мерната скала на нониусот.

нониус

Page 8: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Во машинската обработка, која може да биде и компјутерски водена, се постигнува доста висок степен на точност во обработката.Степенот на точноста при мерењето се движи од неколку стоти делови на милиметарот па до неколку илјадити и милионити делови.

Како основни мерни инструменти освен универзалното подвижно мерило се и микрометарот и компараторот.

ПРИМЕНА НА МИКРОМЕТАР

Page 9: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Основни составни делови на микрометарот се :

1 2 3 4 5 6 7

8

1. Наковална 5. скала на стоти делови од мм

2. Вретено 6. навој за грубо дотерување3. Сопирачка 7. навој за прецизно дотерување4. милиметарска скала 8. рамка

Page 10: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Освен мануелните, односно рачните макрометри , во последно време се појавени и посовремени модели на макрометри (дигитални) каде постапката и брзината на мерењето е многу полесна, а резултатот на мерењето е дадено во поголема децимална вредност.

Page 11: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Компараторот е мошне чувствителен контролен инструмент со кој се мерат разни видови неисправности (истрошеност,искривеност,усуканост итн) на мошне чувствителните машински делови, како на пр: истрошеноста на цилиндрите кај разни видови мотори, како и разните видови клипови,клипници,разните видови оски и други слични делови.

Со компараторот всушност се мери степенот на истрошеноста на деловите од дозволените фабрички отстапувања (толеранции). Точноста на мерењето се движи од 0,1 до 0,001 мм.

Инструментот е во вид на часовник, кој се поставува на специјални држачи-стативи поставени на рамна подлога.

ПРИМЕНА НА КОМПАРАТОР

Page 12: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Малата стрелка ги покажува милиметрите , а големата- стотите делови од милиметарот (0,01). Стрелката треба да се движи во просторот означен со помош на граничниците – за определување на дозволената толеранција.

Различни видови на компаратори

Page 13: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Page 14: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

НаоѓањеНеметалните елементи се пораспространети во

природата отколку металните, но металите всушност сочинуваат поголем дел од периодниот систем. Некои добро познати метали се алуминиум, бакар, злато, железо, олово, сребро, титаниум, ураниум цинк.

Page 15: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Уште во стари времиња било утврдено дека со мешање на два или повеќе метали во растопена состојба се добива нов метал, чии својства особено механичките, суштински се разликуваат од својствата на измешаните материјали. Така со мешање на бакар и калај како материјали со мошне мала цврстина и тврдост се добива бронза – со поголема тврдост и цврстина.

Page 16: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Сите својства на металите и легурите се поделени во четири основни групи и тоа:

ОСОБИНИ НА ОСНОВНИТЕ МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Физички Хемиски Механички Технолошки

Боја, сјај Хемиски состав

Тврдост ЛивностКовност

СтруктураГустина

Отпорност на корозија

Цврстина Пластичност

Температура на топење

Отпорност на хемикалии

Жилавост Обработливост со симнување на струганици

Електрична проводливост

еластичност калност

Page 17: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Хемиски чисти метали и неметали многу ретко наоѓаат примена во машинството, па затоа се користат нивни легури кои се добиваат со мешање на чистите метали со неметали.

Легурите обезбедуваат подобри механички, технолошки и други својства.

Page 18: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Челикот е легура на железо и јаглен, лесно се обработува бидејќи може да се пила,лее,деформира,заварува и термички да се обработува.Таквите својства на челикот му овозможуваат да е и основен материјал во машинството.

Челикот се користи за изработка на предмети за широка потрошувачка како што се жици,ламарини,профили,синџири,осовини ,вратила и друго.

ЧЕЛИК

Page 19: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Бакарот е метал со златно жолта боја, лесно се обликува и е добар проводник на топлината и електрицитетот.Најчесто се произведува во облик на жица, ламарина и цевки. Се употребува за изработка на електрични проводници, котловски цевки, делови на машини итн. Најпознати легури на бакарот се месингот и бронзата.

Бакар

Page 20: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Бронзата е легура на бакар со било кој метал, со исклучок на цинкот.Легурата своето име го добива спрема додатниот елемент, на пример : калајна, оловна, фосфорна, бронза итн. Бронзата има широка примена за изработка на запчаници, лежишта и др.

БРОНЗА

Page 21: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Алуминиумот е лесен метал, лесно се обликува во лимови и жици.Се употребува во воздухопловството за изработка на конструктивни делови на авионот, во автомобилската индустрија, во градежништвото итн. Легурите на алуминиумот содржат 87 % алуминиум, а остатокот се различни додатоци. Најпознати легури се: дуралуминиумот, кој е погоден за обработка и силумин кој е погоден за леење.

АЛУМИНИУМ

Page 22: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

ОСНОВНИ РАБОТНИ ОПЕРАЦИИ ПРИ ОБРАБОТКАТА НА МЕТАЛИ

Page 23: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Најосновните термини за работните операции и постапки при обработката на металите се следниве :

1. Производен процес

3. Работна операција

2. Технолошки процес

Page 24: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Производниот процес претставува планиран, програмиран и организиран процес на сите предвидени активности за производство на одреден производ во работната организација. Како дел од позначајните активности на производниот процес ќе ги наброиме следниве :

Подготовка на производството Технолошки процес (изработка на производите) Складирање Транспорт Контрола Управување на производниот процес Одржување Маркетинг и продажба

Page 25: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Технолошкиот процес претставува севкупност на однапред утврдени дејствувања на одредени алатки, работни постапки и работна сила за непосредно менување на обликот, димензиите, физичките и хемиските особини на материјалите заради добивање на точно определен готов производ.

Овој технолошки процес претставува само дел од севкупниот производен процес, односно претставува негов главен и по обем најголем дел.

Page 26: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

Работната операција претставува главен и основен елемент на технолошкиот процес. Тој процес прво се планира и проектира. Потоа се изведува по одделни операции, операциите по зафати, а зафатите преку разни видови на движења - како специфични активности.

Според тоа, работната операција е дефинирана како дел од технолошкиот процес, што ги опфаќа активностите при обработката на еден или повеќе предмети на обработка од страна на еден или повеќе работници, со помош на алат и машини поставени на едно работно место.

Page 27: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕС

Работни операции

Заварување

Лемење

Ковање

Стругање итн.

Page 28: МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ

ОДД.НАСТАВНИК: ИЛЕ МИХАЈЛОВСКИООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

СВЕТИ НИКОЛЕ