Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска...

22
С.О.У “Ристе Ристески- Ричко” – Прилеп Проектна задача по предметот: Безбедност и регулирање на сообраќајот( напиши го точно насловот на предметот) Тема: Елементи за контрола во сообраќајот

description

сообрајќај Елементи за контрола во сообраќајот

Transcript of Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска...

Page 1: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

С.О.У “Ристе Ристески-Ричко” –

Прилеп

Проектна задача по предметот:

Безбедност и регулирање на сообраќајот( напиши

го точно насловот на предметот)

Тема: Елементи за контрола во сообраќајот

Изработил: Ментор:

Николина Иваноска Проф.Александар Николоски

Прилеп

Март 2015

Page 2: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Вовед

Сообраќајот е една од основните стопански гранки. Неговата специфичност се состои во тоа што тој не создава нов производ, туку обавува транспорт на разни добра, стоки, од земјоделско или индустриско потекло, од местото на производството до местото на потрошувачката. Тој врши пренос на вести, соопштенија, информации и патници од едно на друго место. Дефинирањето на поимот сообраќај неможе да биде потполно ако се ограничи само на истакнување на техничките особини на процесот на транспортот, ниту пак, само со давање на неговите економски карактеристики. Поимот сообраќај се јавува во три различни значења: во најширока смисла се врзува за односите помеѓу луѓето, во потесна смисла се однесува на различните облици на меѓуодносите од економска природа – стоковиот сообраќај, девизниот сообраќај и меѓудржавниот сообраќај за туризам, во најтесна смисла опфаќа превоз или транспорт, и останатите пропратни операции кои се однесуваат на превозот на стока, патници и комуникациите. Заради заштита и безбедност на патиштата почитувањето на правилата во сообраќајот, на патиштата од страна на учесниците во сообраќајот, спречување на вршење на казниви дела, против безбедноста во сообраќајот, како и откривање на нивните сторители, и превземање на соодветни мерки, полициските службеници, вршат регулирање и контрола на сообраќајот и патиштата. Во вршењето на полициските работи полициските службеници во сообраќајот им укажуваат и соодветна помош, заради поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.

2

Page 3: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

1.Елементи за контрола во сообраќајот

Специфичните карактеристики на патниот сообраќај, а во прв ред на масовноста на учесниците во него, бара централизирано управување, регулирање, контрола, и обезбедување во сообраќајот.Контрола на сообраќајот се врши на патиштата, возилата, возачите и другите учесници во сообраќајот и тоа со набљудување, на возилата во движење или со нивно запирање, и задржување на погодни места на патот. Контролата најчесто се врши на делници и места на патот, на кои зачестено се случуваат казниви дела со кои се загрозува нивната безбедност.

Најчесто користени елементи за смирување на сообраќајот се следните Грпки на коловозот(легнат полицаец), стеснување на коловозната лента (проширување на тротоарот и слично кои ја намалуваат брзината на движење на возилата.Значи треба да се пишува исклучиво за елементите за контроја на сообраќајот, имаме напишано една лекција по Безбедност и регулирање во патниот сообраќај – изборен па таа нека ти биде водич за текстот во оваа проектна задача.Сообраќајната контрола најчесто е сосотавена од двајца полициски службеници,

по исклучок дење и во услови на редок сообраќај, контрола на сообраќајот може

да врши и еден полициски службеник.

Контролите на сообраќајот на патиштата, се вршат постојано или повремено.

Постојаната контрола, на сообраќајот претставува покриеност на патот со

патроли кои вршат контрола непрекинато во текот на 24 часа, додека

повремената контрола на сообраќајот се врши, во определен ден во неделата

или во определено време во текот на денот. Бројот на патролите, односно

интензитетот на контролата во текот на денот или неделата како и должината на

патролните реони или патролните терени, се определува во зависност од

густината на сообраќајот, бројот на сторени казнени дела против безбедноста во

сообраќајот, како и од состојбата и карактеристиките на патот.

Во зависност од временските услови, должината на делницата, тактиката,

методологијата на работа и други релевантни околности, командирот на

полициската станица од општа надлежност на чие подрачје се врши контрола на

3

Page 4: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

сообраќајот, односно командирот на полициското одделение за безбедност на

сообраќајот на патиштата во таа полициска станица или полицискиот

службеник овластен од него утврдува како ќе се врши сообраќајната контрола.

Разликуваме контрола на возилата, контрола на возачите и другите учесници во

сообраќајот, и контрола на патот.

1.1. Контрола на возилата

Возило е секое превозно средство наменето за движење по патот. За да може

возилото да учествува во сообраќајот на патиштата, треба да биде технички

исправно, што значи дека треба да има исправни пропишани системи, составни

делови, самосотојни технички единици и опрема да ги исполнува пропишаните

барања во поглед на заштита на животната средина. Возилото што е

регистрирано велиме дека е технички исправно возило и може да учествува во

сообраќајот во Република Македнија. Техничкиот преглед е постапка со која

што правното лице за технички преглед ги утврдува податоците во врска со

возилото, неговите системи, составни делови,самостојни технички единици и

опрема, како и исполнувањето на други барања за нив определени со Законот за

возила, прописите донесени врз основа на тој Закон како и упатствата на

производителот на уредите и опремата што се употребуваат при техничките

прегледи.

При вршењето технички ;преглед се утврдува дали возилото ги има и се во

исправна состојба пропишаните уреди, а особено уредите за управување,

уредите за сопирање, пневматиците и уредите за давање светлосни сигнали, за

осветлување на патот и на возилото и за испуштање на согорените гасови, како

и дали ги исполнува и другите пропишани услови за учествување во

сообраќајот.

Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на

техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во

4

Page 5: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние моторни возила, возила

на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички

преглед ќе се утврди дека се исправни.

Контрола на возилата се врши заради утврдување дали возилото е регистрирано

и дали ги исполнува потребните услови во поглед на опремата и товарот

согласно со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и прописите

за возила. Контрола на возила се врши визуелно, или со користење на

контролни мерни инструменти. При вршење на контрола возачот е должен да

му покаже на полицискиот службеник важечка сообраќајна дозвола или важечка

потврда за пробно возење. Исправите полицискиот службеник ги бара, и кога е

потребно да изврши увид врз бројот на шасијата на возилото. При увидот,

полицискиот службеник ги споредува потадоците на возилото со соодветните

податоци во сообраќајната дозвола или потврдата за пробно возење.

Полициските службеници вршат контролни прегледи на уредите и опремата на

возилото, заради утврдување на нивната техничка исправност, согласно со

прописите за безбедност во сообраќајот на патиштата. Заради утврдување дали

товарот во возилото е правилоно распореден или сместен, дали одговара на

пропишаната носивост и димензии, како и дали ги загрозува остантите

учесници во соообраќајот, полициските службеници вршат контрола и

превземаат потребни мерки за отстранување на утврдените неправилности.

При вршење на контрола на возилото, истото го задржуваат кратко време, и на

барање од возачот му се издава потврда за времето за кое возилото било

задржано доколку задржувањето траело повеќе од 15 минути.

-Исклучување на возилото од сообраќајот

Ако при вршење на контрола на возилото, полицискиот службеник утврди дека

се исполнети условите за исклучување на возилото од сообраќај, исклучувањето

ќе го изврши на следните начини со:

Издавање наредба на возачот за прекинување на понатамошно

движење со возилото од патот, додека постојат причини поради

5

Page 6: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

кои возилото е исклучено од сообраќај, односно до определено

време.

Издавање наредба на возачот да го одвезе возилото со потребни

мерки на претпазливост, а по потреба под полициски надзор на

полициски службеник, до најблиското место каде што ќе можат

да се отстранат неправилностите на истото или на товарот.

Привремено одземање на сообраќајната дозвола

Заклучување на возилото

Ако возилото што е исклучено од сообраќај остане на пат без потребен надзор, а

постои опасност на возилото или на товарот да му биде причинета штета,

полицискиот службеник превзема мерки за негово отстранување од патот, со

цел да се однесе на сигурно место на трошок на сопственикот, односно на

носителот на правото на користење на возилото.

1.2.Контрола на возачи и други учесници на сообраќајот

Учесник во сообраќајот е лице кое во сообраќајот на патот управува, со возило,

или се наоѓа во возило. Учесник во сообраќајот е исто така и пешакот, пешакот

претсавува лице кое учествува во сообраќајот но не управува со возило или

ниту се вози во возило. Возач е лице кое управува со возилото. За да еден човек

може да управува со моторно возило потребно е да има возачка дозвола, за која

мора да се полага возачки испит. Возачкиот испит се полага пред испитна

комисија. На возачкиот испит се утврдува дали кандитатот ги познава

сообраќајните прописи, дали има практично знаење и потребна вештина за

управување со моторно возило и дали е оспособен за давање на прва помош на

повредени во сообраќајна незгода.

Контрола на возачи се врши заради утврдување дали тие поседуваат соодветни

исправи и дали ги исполнуваат другите услови согласно со прописите за

безнедност на сообраќајот на патиштата. За вршење на контролата полицискиот

службеник може да побара од лицето кое го управува возилото, да ги покаже

потребните исправи за увид во истите.

6

Page 7: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Полицискиот службеник нема да му дозволи на возачот да управува со возилото

ако утврди дека:

-управува или се обидува да управува со возилото со алкохол во организмот,

или покажува знаци на алкохолна растроеност, односно дека се наоѓа под

дејство на опојни дроги, психотропни супстанции или на други лекови на кои е

означено дека не можат да се употребуваат пред и за време на возењето.

-е заморен, болен или очигледно е во таква психо-физичка состојба поради која

е неспособен безбедно да управува со возилото.

-управува со возилото, а не му е издадена возачка дозвола или истата е издадена

за друга категорија возила.

-управува со возилото, а не користи или ги нема при себе помагалата наведени

во возачката дозвола и

-кандидатот за возач не ги исполнува условите што се пропишани за кандидатот

кој се оспособува за возач на возило на моторен погон.

Полицискиот службеник ќе му дозволи да управува со моторното возило, ако на

негово барање ги употреби помагалата што ги има при себе, овие правила се

однесуваат и применуваа и на возач-инструктор, кој оспособува кандидати за

возачи.

1.3.Патиштата и нивните површини

Пат е секој јавен пат и некатегоризиран пат на кој се одвива сообраќај.

Јавен пат е површина од општо значење за сообраќајот, што може слободно да

се користи, под услови определени со законот за патиштата, и што надлежниот

орган ја прогласил за јавен пат, како и улиците во населбите.

Автопат е јавен пат посебно изграден и наменет исклучиво за сообраќај на

моторни возила и означен со пропишани сообраќајни знаци. Има две физички

одвоени коловозни ленти за сообраќај од спротивни насоки со по две или повеќе

7

Page 8: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

сообраќајни ленти и ленти за принудно застанување на возилото. Во средината

може да има зелен појас и заштитна ограда и нема вкрсување во исто ниво, а во

сообраќај можат учесниците да се вклучат, односно да се исклучат само преку

одредени и посебно изградени приклучни јавни патишта на соодветната

коловозна лента на автопатот.

Контрола на патот се врши со цел да се утврдат патните услови дали се погодни

за користење на патната површина, и дали врменските услови можат да влијаат

на одреден начин со кој што би се загрозила безбедноста во сообраќајот.

Елементи на профилот на автопат се:

-коловозна лента

-сообраќајна лента

-средишен појас и заштитна лента

-лента за вклучување на автопатот

-лента за забрзување

-лента за исклучување од автопатот

-лента за забавување

-сообраќајна лента за принудно застанување

Коловоз е дел од патот наменет првенствено за сообраќај на возилата

Коловозна лента е надолжен дел од коловозот, наменета за безбеден

сообраќај на возилата во една насока со една или со повеќе сообраќајни

ленти.

Сообраќајна лента е обележан или необележан дел од коловозот чија

широчина е доволна за непречен сообраќај на еден ред возила.

Сообраќајна лента за бавни возила е обележен надолжен дел на

коловозот, наменет за потешки возила, и за други возила, кои со бавното

возење, ја намалуваат проточнаста на сообраќајот.

8

Page 9: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Сообраќајна лента за принудно запирање на возилата е обележан

надолжен дел од коловозот, на автопатиштата и на определени места на

патиштата од повисок ред во тунели и галерии.

Сообраќајна лента за забрзување е дел од коловозот наменет за

вклучување на возилата во сообраќај од спореден пат, односно други

природни патишта, од објекти покрај патот (бензиски пумпи,

паркиралишта, мотели и др.).

Сообраќајна лента за забавување е дел од коловозот наменет за

исклучуање на возилата од сообраќај на патот

Крстосница е површина на која се вкрстуваат или соединуваат два или

повеќе патишта, како и поширока сообраќајна површина што настанала

со крстосување односно со соеднување на патиштата. Вкрстувањето на

сообраќајниците може да биде изведено во ниво или надвор од ниво.

Крстосниците по правило поради прекинувањето на сообраќајниот тек

претставуваат критични точки на сообраќајната мрежа. Безбедноста на

крстосниците е еден од најважните фактори за нормално одвивање на

сообраќајот.Крстосницата претставува најсложен елемент на

сообраќајната мрежа. Тоа е простор на којшто се реализираат голем број

операции, различни токови и се врши поларизација на одлуките на

возачите. Тоа е простор на зголемена концентрација на конфликти,

ризици што повлекува намалена ефикасност и безбедност на

сообраќајниот процес.

Тротоар е посебно уредена сообраќајна површина наменета за движење

на пешаци, што не е во исто ниво со коловозот на патот или со коловозот

е одвоена на друг начин.

Пешачки остров е издигната или на друг начин обележана површина на

коловозот, одредена за привремено задржување на пешаците, што

поминуваат преку коловозот или што влегуваат или излегуваат од возило

на јавниот сообраќај.

9

Page 10: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Обележан пешачки премин е дел од површината на коловозот, наменет за

преминување на пешаци преку коловозот, обележан обележан со ознака

на коловозот или со соодветен сообраќаен знак.

1.4. Средства за регулирање на сообраќајот

Во средства за регулирање на сообраќајот спаѓаат

- Сообраќаји знаци

- Светлосни сообраќајни знаци

- Сообраќајни острови

- Хоризонтални ознаки

Сообраќајни знаци

-Сообраќајните знаци се знаци на патиштата. Се употребуваат во секоја земја

во светот. Поделени се во три групи:

Знаци за опасност;

Знаци за известување ( предупредување );

Знаци за забрана.

Сообраќајните знаци се исти насекаде во светот. Важат за сите учесници

во сообраќајот. Сообраќајните знаци ни забрануваат движење, ни објаснуваат

какви опасности има на патот и не исвестуваат за тоа што и каде се наоѓа.

Триаголните сообраќајни знаци означуваат опасност, кружните означуваат

забрана, а четириаголните означуваат известување.

Светлосни сообраќајни знаци

10

Page 11: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Покрај овие знаци, постојат и светлосни знаци, како што се семафорите.

Постојат два вида на семафори: семафор за пешаци и семафор заавтомобилите.

Тие се составени од три светла: црвено, жолто и зелено. Овие бои означуваат:

Црвено: се наоѓа најгоре на секој семафор. Тоа значи запирање на

автомобилите и чекање додека не дојде другото светло на ред;

Жолто: се наоѓа помеѓу црвеното и зеленото светло. Тоа означува

припрема;

Зелено: се наоѓа најдолу на семафорот и значи поаѓање.

Сл.бр.1 пример за знак (знак за опасност – работа на пат)

Сообраќајните острови

11

Page 12: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Сообраќајните острови се употребуваат на приоди кон крстосница и во

крстосница, како и на отворен пат. Нивната задача е да ги одвои сообраќајните

текови и да ги насочат кон одредени правци кои во конкретни услови

обезбедуваат најоптимално искористување, на пропусната моќ на крстосницата

или патот, со најголема безбедност на движење.

Хоризонталните ознаки

Хоризонталните ознаки на патот се поделени на три групи и тоа:

-надолжни ознаки (полна линија, удвоена линија, и испрекината линија)

-напречни ознаки (стоп линија, пешачки премин и др.)

-останати ознаки на патот (стрелки, натписи како BUS, TAXI, STOP и др. )

Хоризонталните ознаки на патот го делат коловозот, на повеќе сообраќајни

ленти ја назначуваат улогата на поединачната лента, го делат коловозот од

останатите површини на патот, и во голема мерка им се помага на учесниците

во сообраќајот.

12

Page 13: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Заклучок

Во проектот на тема елементи за контрола во сообраќајот заклучивме дека

сообраќајот е една од основните стопански гранки. Под поимот “Патен

сообраќај" се подразбира сообраќај на возила, пешаци и други учесници во

сообраќајот на јавен или некатегоризиран пат што се употребува за јавен патен

сообраќај.Основните елементи за контрола на собраќајот се контрола на сите

учесници во сообраќајот како возачите и пешаците, почитување на

сообраќајните знаци, контрола на возилото, контрола на патот и патните услови,

објаснавме дека постои редовна и привремена контрола, како и на кој начин се

спроведува истата. Контрола на возилата се врши заради утврдување дали

возилото е регистрирано и дали ги исполнува потребните услови во поглед на

опремата и товарот согласно со прописите за безбедност на сообраќајот на

патиштата и прописите за возила. Контрола на возачи се врши заради

утврдување дали тие поседуваат соодветни исправи и дали ги исполнуваат

другите услови согласно со прописите за безнедност на сообраќајот на

патиштата. Контрола на патот се врши со цел да се утврдат патните услови дали

се погодни за користење на патната површина, и дали врменските услови можат

да влијаат на одреден начин со кој што би се загрозила безбедноста во

сообраќајот. Исто така во овој проект ги разгледавме и средствата за

регулирање на сообраќајот како елементи за контролата во сообраќајот. Оттука

можеме да заклучиме дека контролата во сообраќајот е од големо значење за

нормално одвивање на сообраќајот на патиштата и главната општа цел е

намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди.

13

Page 14: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Користена литература

Прирачник по безбедност во патниот сообраќај – Благоја Јованов, Лабком

Скопје 2006 год.

Интернет пребарувања (напиши ја точната web страница) во спротивно не е

точно и не треба да стои интернет пребарувања

14

Page 15: Елементи За Контрола Во Сообраќајот Николина Иваноска За Корекција 3

Содржина

Вовед......................................................................................................................стр.2

Елементи во сообраќајот...................................................................................стр.3

Заклучок .............................................................................................................стр.13

Користена литература......................................................................................стр.14

15