„ТАКТ“ - Борче Панов
description
Transcript of „ТАКТ“ - Борче Панов
7
ТАКТ & БОРЧЕ ПАНОВ
8
9
мечта
постојано
во мојата глава
ти
ја пишуваш книгата
која што јас
никогаш
не ќе можам
да ја прочитам
боже
те молам
напиши
и убаво нешто
нешто
за што вистински
може
да се мечтае
и без
да знам за тоа
10
11
ТАКТ
12
13
такт
со црвени крвни зрнца
жонглирајќи често
од прстите
сурија човечиња
ми истрчува
и јас
и тие
пасионирано се усовршуваме
тие
да не падне крв
врз хартијата
јас
рамномерно
челичејќи го тактот на срцето
до колосална занеменост
среде крвожедна публика
каде седи и таа
мојата драга
гневна бесна
и одамна свесна
за мојот невоздржан порок
да си играм
самиот
со себе си
14
корен
по
четириесетата
за прв пат
нагазив
ахилова пета
Трн е
ама од коска
лекарот ми рече
си помислив
мојот
коскен корен
почнува
да си го пробива
патот
низ месото
за да зажили
в земи
и
единствено
што
ми преостанува
е
да газам
15
врз
болката
со извежбани
брчки
на челото
што го кријат
писокот
на ахиловата
пета
16
двојник од облаци
се будев
ил невреме
ми се грчеше на усните
се будев
ил град
ми јадреше зад челото
столчено од прежига
се будев
или тоа си ти
мојот двојник од облаци
Замисли ветар
пушти го
да дува кон мене
и види
види ги
формите на твоите мисли
но внимавај
внимавај
да не ти станат облаци
оти
ти ќе станеш јас
а јас ти
17
среде мракот
раширен в зеници
со громот
стиснат в црнки
ми рече
мојот двојник од облаци
се будев ли
ил невремето
ги обликуваше
најубавите форми
на мислите мои
18
префинетост
ужасно
ужасно
се плашам
дали
жестоката
ми крв
одеднаш
ќе стане
доволно
префинета
и нежна
за
да помине
и
низ
најтенкото
нервно влакно
толку
колку
за
уште малку
љубов
без
да ме убие
19
џелат
мојот сон
отсекогаш џелат
постојано
ме повредува
мене самиот
20
автопортрет
со остра стрелка
часовникот
лицето
ми го делка
портрет
од
вулкански секунди
што се ладат
забрзан
автопортрет
што
ко меѓу ридје
на рамењава
ми никне
сé додека
в камена глава
не легне
ко Стражарот*
на Пилав Тепе
автопортрет
што
се стврднува
в тихување
а сепак
21
сé уште
едно вулканско
длето
и потаму
од подземи
ќе клука
се дур пак
ко жешка
лава
не никне
во една
друга глава
што
ќе знае
да го прочита
писмово
врз лицево мое
со кое постојано
небото
и зборува
на земјата
______________ *карпа во вид на глава на теснецот кај
„Пилав Тепе” помеѓу Радовиш и Штип
22
аларм
градот
врти
многу
клучеви
во мене
како
оној за молчење
или
оној за кошмари
а јас
само еден
клучот
на будилникот
што
сега
се нарекува
аларм
зашто животот
денес
е
еден
голем
аларм
23
déjà vù
секој ден
му го распорувам
стомакот
и
телевизорот
во собата моја
ги истура цревата
надуени
со déjà vù од лошо варење
и
ми вели
те уверувам
би се распаднал
светот
кога би личел
на тебе
а сепак
низ проѕирните
од човечки лица
опнати црева
сé почесто
ми се случува
déjà vù
24
салто мортале
како
од висока зграда
од работ
на очниот нерв
скокнав
кога
за нога
ме
зграпчи зеницата
и ме праша
зар
вистина мислиш
дека сал сон
е сон сал
ова
салто мортале!?
25
топло островце
лицето мое
островце
сé уште топло
што трепка
среде
снежниот пустош
островце само
среде
бел безмерен
ноќен шуштеж
што
ме завева
и опоменува
дека
предолго веќе
лежам
во калапот
на
една смрт
што
трепка
26
отсутност
гневен е пријателот мој
оти често
заедно седејќи
отсутен сум
Ама
секој миг можам да се вратам,
му велам
Каде
кога одамна
никој до мене
вистински веќе нема
Има има
ама како ќе знаеш
кога никогаш ти
не го правиш тоа
Лелее
па и двајцата да нема
кој да не врати
туку ај отидов јас
отидов до некој
што помалку дух
помалку
самотно тело е
ми вели и заминува
27
заминува
единствениот пријател мој
теглејќи ја долгата жица
по која
ко акробат
чекори
мојата отсутност
28
палец
ништо
не може
да додржи
палецот мој
а сепак
во една младешка
ноќ бесна
стегајќи кама гола
туѓ живот
додржи тој
та
и денес
ко утеха
стегајќи ја
секој миг
од немоќта моја
ме потсетува
дека живот
некому
сум спасил
29
свилени кукли
додека
внимателно
ги слушам
свилените кукли
темелно
тишината
ме подготвува
за мигот
кога
ќе ме остави
сам
со црвот
30
папагал
мојот папагал
престана
да ми зборува
и
се повеќе
го имитира
оној
стар џивџор
на прозорецот
нека го
подобро
да џивџори
отколку
да му
клавам
зборои
во клунот
на
грдата
осама
си реков
31
немушт јазик
понекогаш
го
стискам
камчето
под јазикот
и
занемувам
среде
ѕверови
облечени
во човечки
кожи
32
ведро око
една капка роса
го гушнала
сонцето
и трепка
во градината
ко око
на утрото
што толку ведро
ме погледна
низ
маглата
од
лоши соништа
33
Сизиф
кога градот
со око киклопско во висините
ме потсети
дека сé уште тој
канибал е
избезумен
од окото гладно
каменот
ми рече:
И кога нечиј џиновски прст
ќе те турне од врвот
сепак знај
врвот е
за да се доживее
а не
да се живее таму
34
35
ОРВЕЛОВИ
КАФЕЗИ
36
37
здиплена далечина
понекогаш
градот
низ кој
минувам
ко
писмо
низ пошта
станува
поштенско
сандаче
во кое
здиплена
лежи
мојата
далечина
38
месечар на сонце
Зошто зошто
не нé закопчуваш
повеќе
во илиците
на огледалото
зошто
ме прашуваат
копчињата
што сé почесто
сé почесто се жалат
дека не можат веќе
денот
на грб
да ми го носат
дека ни ноќе
не можат
не можат да здивнат
од месечарот
што сé почесто
сé подоцна
се враќа
со сонце во очите
39
и дека сé помалку
сé помалку
им значи
кој ги закопчува
кој ги откопчува
40
орвелови кафези
и
зашто
овој град
сé повеќе
на глава
на раменициве мои
личи
и зашто
со него споен
сé уште
еден
празен кафез
отворен
зјапа
и
до овега
зашто
уште еден
со црно платно
покриен
молчи
сé почесто
41
пред
да заспијам
заборавам
дека претесна
претесна
перницата ми е
за
на неа да сонува
тој град
што никако
не сака
не сака
да се откаже
глава
на рамењава
да ми биде
сé додека
сé додека на името
од стравот мој
не се сетам
јас
42
градот двојник
постојано
ја
сонувам
таа куќа
отварајќи ја
вратата
пред која
пак
го гледам
мојот двојник
што
ми вели
дека не може
да живее веќе
со градот
меѓу нас
градот
што не знае
дека
одамна веќе
никој
не живее
во него
43
градот
за кој
никогаш
не знам
кога
му ја отворам
вратата
44
асиметричен
к
л
у
ч
како челична пружина
го навивам
градот во мене
што одеднаш
го прави сето она
што не сум јас
потоа
градот
ко играчка го навива
денот во мене
што трча трча
сé додека
ноќта
не ме закочи
да
го правам
сето она
со што го забрзувам
големиот механизам
на едно деноноќие
45
за навивање
к
л
у
ч
како челична пружина
го навивам
денот во мене
што одеднаш
почнува
да прави сето она
што би требало да сум јас
потоа
денот
ко играчка го навива
градот во мене
што трча трча
сé додека
со ноќта
не почне да го кочи
сето она
што го забрзува
големиот механизам
на
едно деноноќие
46
клупа
ко метач
што ги мети
лошите соништа
на ноќта
градот ме буди
од клупата во паркот
и ми вели
Ајде скитнику
направи малку место
за старецов
и седевме
со мислите наши
ко со улици празни
меѓу нас
со детска
безгрижност
седеше и утрото
но за кратко сал
оти клупава
претесна стана
47
кога и денот
до нас седна
ко астматичар
кому
нема кој
не му го крати
здивот
48
поделен од сопствениот
нос
често
се прашувам
дали
овие два града
некогаш
ќе се сетат
дека
истовремено
живеам во нив
поделен
од сопствениот
нос
49
историја
овој град
е толку
обраснат во брчки
уште
малку
и не ќе може
од нив
да се види
а
колку пати
си мислеше
кога само
брчките
би биле брада
па
да ги избричи
и со мазно
избричен образ
да се види
во огледалото
што
секогаш
покажува
сегашно време
50
замислено сонце
на
синџир
од
замислени
денови
овој
град
е
сал
куќа
една
ко
сидро
падната
на
дното
од
маглата
51
а
јас
алка
сал
една
најблизу
до
замисленото
сонце
52
снежно писмо
ги прашува денот
коските свои стари
зошто
одвнатре
градот го боли
и зошто
домот негов
ни со писмово
не сака
да му проговори
писмото
што упорно
ко признание
го пишува
дека виновен е
виновен
што сé повеќе
се повеќе
не се препознава
живеејќи
ко сосема друг човек
што глуми
некој трет
53
секое утро
алишта туѓи што облекува
со ужасен страв
да не сети
траги од нафталин…
но ете
тогаш низ белото
небесно сито
леко
болката
почнува да снежи
а тој
постојано
наназад гледа
за да се увери
дека писмото во снегот
го пишува
само тој
ко дете
што се радува
на чевлите нови
и на тие очи две
што оддалеку
54
му велат
дека
сал празни прозорци
без него сé
ех тој ден
што толку се плаши
од ноќта
во телото мое
55
патетика на вкусот
градот
седна во киното
очекувајќи ја проекцијата
што
ќе му ги растовари очите
меѓу сите
глодари во партерот
и јас
жешки тиквени семки
грицкав
и
низ долгите солзи
сетив дека
патетиката
има солен
и напати
отровно
горчлив вкус
56
туѓо присуство
во една
ноќ мрачна
одеднаш
го
запалив чкорчето
во градот
кој
ме гледаше
ко да ме знае
живот цел
тогаш
за прв пат
почнав
да
си ги пребројувам
чкорчињата
в раце
в ноќта
кога
единствено
моето лице
трепереше
57
ко
пламенче од свеќа
што
навестува
туѓо присуство
58
игра со сенки
одеднаш
видов
како
една сенка
си игра
со својата мачка
одеднаш
и
месечината
виде
како сонцето
си игра
со моето тело
во
овој град
за кој
никој
не може да се сети
зошто
се вика
град на рацете
кога
никој овде
59
одамна веќе
не си ги видел
рацете
а
сé започна
со една
игра на сенки
пред
една
стара ламба
со
заробен
дух
60
преобразба
во ходниците
на градот
живее
една колонија
свилени кукли
полека
тие
си го грицкаат
свилениот
конец
на
нивниот живот
но тоа никој
сé уште
не го знае
зашто градот
се успа
токму во мигот
кога почна
преобразбата
утре
61
овој град
наместо
град
на свилата
ќе биде
град на црвите
62
пејзаж
над
гнездо
од дожд
полно
со
бели
куќички
испилени
ко
змејски
јајца
мавта
војната
со
крилја
од
чад
63
стапало
ко стапало тешко
седев јас
на самотна клупа
до град еден
што ко земја нацицан
од земјата
не можеше да стане
Абе ко две риби
во иста тава сме
и зар треба
еден на друг
да се жалиме
кого повеке го пече
мене од дното
под дно што ме влече
тебе врв трезен
со дно што те гази
абе и нам еднаш
оловото ќе ни заплива
а не и сламата
да ни тоне
ми велеше тој
64
а една неонска реклама
од ноќниот бар спроти
ко филмска лента
чудно лице возеше
врз моето лице
еден Франкештајн
што не знаеше
од каде наеднаш
овде
и зошто
една несоница
ко змејско гнездо
му свети в глава
главоболкава
ко ут зошто
писка
по нервните влакна
што се оптегаат
со сенките на ноќта
таа слама
што ко олово
ќе заплива утре
65
и дали
каде
и со каква леснина
еден од нас
ко големо стапало
ќе зачекори
закрпен
со хируршкиот конец
на сонцето
66
шешир
од работ на очниот нерв
како од раб
на висока зграда
го гледам
џиновскиот шешир мој
како се сјаи на сонцето
и чекори
осамен остров
низ маглата
под неа градот
постојано
во тажна заблуда
се обидува
да го симне
мисјејќи дека така
сонцето ќе го види
незнаејќи дека
успее ли во тоа
многумина
веднаш ќе заборават
дека некогаш
67
господин бил
со шешир
што се сјаел
ко остров
низ маглата клета
ех тој град
што никако
не може
да се искачи
до работ
на својот очен нерв
68
трепкање
во зениците на градот
гушнати две куќи
малата старичка
мајка на големата
чиниш
секој миг очекува
градот да трепне
и
да биде погребана
од големата
а сепак
и во двете
деца
но децата во големата
често се губат низ собите
и ходниците
па се наоѓаат во малата
бабичка
што постојано
им плете приказни
69
за калето на ридот
каде одамна
веќе никој не живее
помеѓу
трепкањето
на градот
70
grad-vlakno
me|u nas
tenko,
sal nervno vlakno
po koe
`estokata mi krv
brzo
da pretr~a saka
gradu straden
ogledalo si ti
na koe postojano
mu se kinat nervite
i mol~i
so ko{mar na usnite
a sepak
vrvi{ niz nas ti
kaj ru~a{
ne ve~era{
kaj izgreva{
ne zao|a{
smrtta
kaj {to {ie
se sprovira{
i
sé pove}e
sé porano
71
vo no}ta
podolga
i od toa
isten~eno vlakno
sé pota`ni
mi raska`uva{
sudbi
a sepak
i dete si
{to mi trubi
na resi~kata
na nepceto
i brzo
brzo pak
da do tr~a{
saka{
do
svetlinata
{to
se ramni
na moeto
utrinsko
72
73
ШАРЖЕР
74
75
облеката на сонот
кошулата
еееј
закачена во шкафот
кошулата
што
не ја носам на сон
сонот
еееј сонот
што сé почесто
сé подрско
ме соблекува
а тоа никој
никој
не го забележува
кошулата
еееј шкафот
шкафот
што сé повеќе
на јаве
сé повеќе
ме облекува
а тоа никој
никој
не го забележува
76
утеха
на леките нозе на овој ден
се исправив од еден сон
и посакав да трчам
и трчав и трчав
сé додека сé додека
телото не ми стана душа
а душата тело
сé додека
сé додека кошулата
не ми се злепи за етерот
и не сетив
дека премногу сечиј
сечиј
ми бил животецов мој
кога
едно бестелесно парталче
од небо откинато
не ми го облече челото
со утеха троа
дека и јас
туѓи животи
сум живеел често
77
срцебиење
како
на крвта
узди да и ставам
овој галоп кон мене
како
да го сопрам
срцебиењево
на ноќта
како
да го стишам
о како
овој коњаник црн
да го предизвикам
и
витешки да решиме
кому
кому
ќе му припадне
срцево
што сé уште
сé уште бие
бие
ко
да е мое
78
шаржер
одамна веќе
не се чудам
кога
среде разговор трепнувајќи
празно сал столче
и
„рбетен столб од цигарен чад
спроти себе
ќе видам
долго потоа
поради столчево дали
во кое ко в шаржер
тревожни лица
некој
од животецов ми врти
или заради чадот чуден
трепкам јас
среде рулетот на разговорот
или
сето тоа
поради мојот двојник
е
кој трепкајќи
79
сум го префрлил
во коскената с„рж
на стравот
дека тоа што се случува
е последица
на една
кратковида потсвест
што не може да се навикне
на очилата на смртта
80
монолог
некогаш
и за мене
ќе сведочи некој
дека невин сум
оти животот краток е
а грешев
докрај зашто
вистинските зборови
не проговориле со мене
заборавајќи зошто
и потаму дека
и потаму уште
да се барам треба
телово зашто
сал праг
на дверите на рајот
ил на пеколот е
а сонот
ко марионета
на јаве
со мене си игра
закачен
на конците
од едно лажно небо
81
а сепак
сé уште о сé уште
по кој знае кој пат
со молитвата
боже кон тебе
вистински
со себе
се обидувам
да си зборувам јас
82
чистење бунар
еднаш годишно
кога камењата
в подземна кула
сложени
не можат
да се огледат
и растат
кон кругот на небото
внимавајќи
на подмолна алга
на камен лизгав
се симнувам
во бунарот
и доле
талог длабок
од ахтики
и горчливи потреси
црпам
сé додека
пак
83
не оживее водата
сé додека
заедно со камењата
повторно
не почнам да растам
кон кругот на небото
84
поглед
рибарејќи низ потокот
одеднаш
среде буки стари
жили и корења
набрекнати
ко џиновски вени
под кожата
на едно зимско утро
пастрмка фатив
и додека
лудо таа
од макарата
на моето срце
го тегнеше
најлонскиот конец
со очи на срна
ме погледна
планината
еееј каков
поглед
на вечностa
85
каква
смиреност
на столетен год
што тихо и моќно
во мене
оттогаш се шири
86
тајни врати
ако некогаш проговориш
за тајните врати
во тишината
и ако
на мене zaboravi{
и со непознат некој dojde{ и ако пред тебе
се сетам jas
и излезам
од една
од вратите
што ќе се случи
со тебе душо
заробена
во туѓо тело
од другата страна
на тишината
87
паралогичен грч
и
зашто
со паралогичен грч postojano
на усните
mi {epoti
edna smrt
сé позабрзано јас
невидливи
нервни влакна
фрлам
кон бескрајот
поврзувајќи ги
сферите
што некогаш
пак ќе бидат
сјај
во очите ти
во очите ми {to strojnici
niz ve~nosta
ni se
88
ve`ba
so godini
zamisluvam eden vetar
sli~en na `ivotot
i postojano
ve`bam
da odduvam sé
сé
освен гримасата
на
еден среќен човек
89
br~ka
~udna br~ka
na ~elo
mi `ivee
vo migovi na radost
oko treto
urok da razro~i
vo migovi na zlo
meta
da ne se dvoumi
tamu sal
da udri
i
odmine ono
site
{to gi sakam
`ivee
i posledna
na mene }e zgasne
pogoden od strela
{to patuva dewe
a pogoduva
no}e
taa br~ka
toj `iv rakopis
na bo`joto
slovo
90
prijatelot mi
mojot prijatel
e ve}e angel
negovite
i pesnite moi
i bez nas
si razgovarat
sega
veli
mi iskam~il
pat do neboto
kam~iwa li
nebesni
mi naredil
il
zalog
za mene dal
takov be{e
ko `ivot cel
maj~ino mleko sal
da piel
a pie{e
i jas so nego
za zdravica piev
za{to usnite negovi
najblizu
do u{ite bo`ji
mi bea
91
ОДМЕТНАТ
НЕРВ
92
93
ангел чувар
одметнат
нерв
ко
бизарно
крило
ми плеска
посреде
челото
на
нашата
кавга
мој
ангеле
ти
ме пазиш
а јас
пекол
животот
со мене
ти
го правам
94
ангелот на поетот
Ангелот
мој
за себе
вели
дека
е
ангел
паднат
ко сидро
на дното
од
божјата
слава
95
ангел акробат
Тивко
невидимо
по тенко влакно
во мене
чекори
еден акробат
Крвта твоја сум јас
внимавај
сé поголемо минско поле
е сонот твој
што
ти ги тресе нервите
а јас
сé потешко
сé потешко балансирам
среде циркузот
на твојот нездрав живот,
ми вели
мојот ангел
акробат
96
збунет ангел
сé започна
со едно долго
„ртење на грбот
и
утро едно
ко
бескорисен пар раце
ми пораснаа
крилја
под пиџамата
еднаш
еден пријател
ми рече
дека среќата
е трета рака на човека
сега
ас имам четири
со кои
невешто
се обидувам
да го засмеам
мојот збунет ангел
97
со кој
одамна не знаеме
кој повеќе
е ангел
а кој човек
98
телефон со бога
ех
каков вознес
ангел
канап од небо
ти спуштил
и
те тегне
во висините
ех
каков уплав
по канапот
по кој
срце
лудо ми чука
таа пролет
кога
со син ми
ги дигавме
фортуните*
____________ *змеј за летање
99
и како
по глув
телефон
весело
си
разговаравме
со бога
100
Кармен на Милка Ефтимова
мигот
пред
да ја пресече
врвката папочна
помеѓу
небото и земјата
и
господ не знае
дали
се родил
човек
или ангел
101
моја молитва
сé уште
небото
сé уште
во нас
да се раѓа
небото
неба
од нас
само
да раѓа
сé уште
боже
сé уште
боже
наш
102
103
ВРЗОПЧЕ
104
105
престапалка
кога проодев
пунечки жени
забрадени со бели шамии
на софра
ги истурија претсказа
среде
за блажина на адетот
со прозрачни тиквени рачели
и
во собата варосана
со нагорен босилек бел
го впишаа Исус
врз моето пречисто детско чело
и
по најновите китени черги
исткаени од нашите износени алишта
стегнати,гушнати,раскрилени
со бели пердувчиња
бирани од мајка
ме поканија
изборот мој прв
да го направам
исправен
на две нозе
106
врзопче
старамајка
во врзопче од шамиче
бели парички
чуваше
за нас-нејзините внуци
денот кога умре
ко
ангелски пердувчиња
паднати од небо
ги најдов
белите парички нејни
што не стигнала
да ни ги подели
ги собрав
и
в дланките студни
и ги стиснав
Небото
подарежливо
отсега
нека ни биде
си реков
107
плима
убаво
ко мирна вода
ја израмнив земјата
рамномерно
го посеав
го натапкав семето
и
нестрпливо
ја чекав
зелената плима
во градината
што одеднаш
ми заличи
на мазно избричен образ
и
ене
ете ја
набоцкана
низ земјината корка
брадата на дедо
во завера
со месечината
против мене
108
небесен ред
кога
и дедо умре
одеднаш
мајка ми рече
Сега никој веќе
меѓу небото
и мене
нема
109
пријатели
а сега
без збогум
пријатели мили
нека
господ отиде со вас
и
во спротивната насока
да тргне
со нас
без збогум
затоа
пријатели мили
110
миг
цел живот
заклучен сум
од
миг еден
ко она дете
сé уште
недораснато
да се притаи
зад нишанот
на чаталот
детето
што
на канап врзани
ги носи
убиените птици
од моето детство
еееј
сé уште несоземен
несоземен сум јас
и
ко чудни клучеви
ги стегам
тенките
птичји нозе
111
од
тоа славејче
што
постојано
од раце
ми се откинува
и долго веќе
долго сраснува
со
гранките
на гласните
жици мои
112
вино
Отсекогаш
во моето семејство
за виното се говореше
како за човек
на мојот прв гроздобер
дедо рече
Благо мевце
денес
ќе јадете
од врсникот мој
лозјето што прадедо
го посади
кога дедо се роди
тогаш дознав
дека виното има месо
на првата
причесна моја
баба рече
Ќе пиеш сега
од крвта на Исус
а вино беше
113
но вкусив тогаш
дека
виното е крв
и затоа
отсекогаш
во семејството мое
виното
еден е
што во секого
од нас е
114
театар од черги
сé уште
во моето детство
живее
театарот од черги
што ко во трка чудна
старт и цел имаше
братучед ми
Дон Кихот беше
јас Санчо Панса
ех колку сакав
јас витезот со тажен лик
да бидам
зашто толку вљубен
во малата циганка Кали бев
подлиот Дон Кихот
пред долчето во јазот
жестоко ја бодинаше
магарицата стара
зашто знаеше
дека токму на работ
прлето мое
ко инает ќе се вкопа
и јас
115
преку плеќите на стариот Њутн
ќе одлетам доле
и таму на целта
до оревот стар
ветрот
кај што ги вртеше
крилјата од најлон
ќе ликуваше тој сам
во борбата со ветерницата
но затоа пак
Дулчинеа беше моја
и место нему
мене
ми ги лижеше раните
и Витезу мој
ми велеше
116
117
МЕБИУСОВА
ЛЕНТА
118
119
мебиусова лента
додека
ко нем врисок
помеѓу небото и земјата
ти го наоѓам папокот
навнатре
се свиваш ти
во блесокот на молњата
што
ни ја намовнува голотијата
и додека
одвнатре и однадвор
се љубиме
одеднаш и сонцето
и месечината
и небото
се спојуваат
со твојата клепка
што
и од другата страна
на вселената ми трепка
со тој поглед
во кој животот
е толку убав
толку убав
120
непостоечки правец
уште
од одамна
една идеја
ко ветар
ми дува низ мислите
и
ми помага
да не се чудам
зошто
сé
ми бега од раце
а
сепак
ти
ми пишуваш
дека
принудена
на било
каков
начин
да
контактираш
со мене
121
ми испраќаш
писмо
за
да не бираш
непостоечки правец
правец
на идејата
за
непостоење
122
Гилгамеш
кога
со една
третина човек
прозрачни жилки
кон небото
зажилував
кога
со плодови горки
мудроста на земјата
со две
третини љубов
ја вкусував
ме залуди таа
о Гилгамеш брате
и денес
од судбата твоја
одмин нема
та една
третина човек
две
третини копнеж
кон друшката драга
севезден
сум јас
123
несоница
несоница
меѓу нас лежи
и
на ѕидот
ги прожектира
различните варијанти
на
нашиот
заеднички живот
124
глоголење
Љуби ја смртта искрено
оти
и таа има желби
ко стрела одеднаш
што патува дење
а погодува ноќе
ми напиша ти
и ко молња
ја осветли
таа ноќ од мисли
што ми рече
дека и јас некогаш
в уста змиска
сум плукнал
та таков густеж мрачен
во мене глоголел
си признав
уште еднаш тогаш
дека сум чекорел
по оптегнат нерв
меѓу животот
и смртта
125
и деновите без љубов
пократки
сум сакал да ми бидат
прошка ти побарав
и замолив
да не бараш од мене
да ја љубам неа
чија
единствена желба
во нас е
да се замине прерано
од животот без љубов
126
небесни алишта
Бура
овде татни
ветрот
со поројни усни
го бакна
кровот
на мојата куќа
и си отиде
тага една
и мене
ме бакна така
но
не си оди
Небесно сино
сум облечена
и ведро е
но
копнежов по тебе
по жицава
далечно ми грми
127
Уште
колку ли неба
да соблечам треба
за со тебе
љубена
да бидам
И тоа небо
соблечи го најмил
исто исто
ко да сум јас
јас
без сите тие
денови
ко алишта
меѓу нас
по жицава
ко нервно влакно
што
нé поврзува
ми рече ти
128
плетенка
чешелче
од бран
и пена
тоа си ти
во
блудното
тело
на езерото
ти
среде
галежот
на икрата
и млечот
ти
о ти и јас
водена
плетенка
од бран
и пена
129
поштар пошта носи
кога
добивате
анонимни писма
добивате непријател
кој
пријателски
ви ја кажува вистината
ризикот
да ја прифатите играта
е
уште поголем
со
идиотската насмевка
на поштарот
кој
се надева на бакшиш
130
црвени и бели зрнца
додека
тревожно жонглирав
со моите црвени крвни зрнца
жонглирајки со бели крвни зрнца
дојде и ти
и додека траеше играта страсна
во која ги смешавме зрнцата
одеднаш
да внимавам ми рече ти
зашто ни едно зрнце не смееш да
загубиш
белите - за да живееш
црвените - за да ме љубиш
131
куклен театар
белите,
пребели
нозе
ко в куклен
театар
и никнаа
среде тревата
и ги мавташе
штиклите таа
во кавга
на кокетки две
за мене
витезот зелен
кој со срамот
на рамења
и гревот
на мевот
се учеше
како
да љуби
виснат
на конците
од рајот
132
Радо виш
клепка си
на хоризонтот сина
плиснат бран
од сончеви трепки
ден си
прозрачен
„рбетен столб
пред мене
што расте
а солзите
на ридот
ти се збрале
тврдина
од која
те довикувам
Радо виш
виш го Радо
мигот
меѓу нас
што молска
виш ги
облаците Радо
со подадени раце
133
во блесокот
на молњата
на време друго
а сепак
пак ти си
пак
јас сум
со одек нов
в плотта
на породот
што
и в невреме
ги создава
најубавите
форми
на
нашите
мисли
Радо
134
љубомора
моето
неверство
за одмазда
ми враќа
со твоето
неверство
со
сé поужасно
сижé
во мојот
сон
135
сончаница
Сонцето
ја нахрани ноќта
со кожата на денот
во која
бев среќен
136
137
ЗМИЈСКИ
КОШУЛКИ
138
139
глава
во музејот на народното востание
видов фотографија
на отсечена глава на востаник
чудна глава
со отворени очи
под агол од деведесет степени
тогаш
грозничаво се прашав
колку пати
историјата на мојот народ
ко мртва глава
нé погледнала така
дирекно
в очи
140
чевли
отсекогаш
сме
купувале
чевли
што
го чекорат
бројот
на сите
мажи
во
моето
семејство
чевли
што
и
прекуброј
знаат
сами
да
се
вратат
дома
141
змиjско писмо
двајца кловнови
ми тегнат јаже со безкрвно знаменце
посреде усните мои
капнати од борбата на моето лице
тие немаат
ни здив ни желба
да погледнат
во речениците на историјата
оставени
ко змијски кошулки
врз хартијата
142
Орхидеите од Македонија
на трпезата
на моето детство
сé уште
заедно
со ангелите
ги јадеме орхидеите
на багремите
и сé уште
спорот за името трае
дали оваа нежна храна
цвета
на багрем
крал-џиџе
или просто
цвеќе-дрво
облечено
со длабоки брчки
наместо со груба
набраздена кора
внимателно
го берeме
тоа цвеќе
143
меѓу трњето
на имињата
и долго веќе
се храниме така
кога
небото
ја буди земјата
заедно
со орхидеите
во Македонија
144
145
ПОЕЗИЈА
146
поезија
ова огледало
е најмазно
избричениот образ
на кој
веќе не расте
брадата
на времето
затоа
внимавај
да
не те растажи
кога
ќе застанеш
пред него
147
148
Новата книга на поетот Борче Панов е од
редот на свежите и бујни дотеци во
современите текови на македонската поезија.
Пред нас имаме стихови што се резултат на
смел и неконвенционален творечки зафат на
автор со нов,модерен сензибилитет. Ваквите
особености се евидентни и на мотивско-
тематски и на стилско-изразен план.
Творештвото на овој автор преферира нов
однос кон поетската материја и кон поводите
за пеење, но и знаци на една нова,
автентична култивираност на поетскиот
исказ со чист и прозрачен слој на метафори и
симболи. “Такт” е книга со теза, поетски
проект фундиран врз јасно изградена
животна и творечка филозофија.
Оттука, поезијата на Борче Панов се прима
како своевиден сублимат кој бара
проникнуваве во подлабоките значења и
пораки. Притоа потребно е да се има во
предвид фактот дека поетот има изразито
свое, специфично стојалиште и кон светот
за кој пее и кон песната во која го преточува
виденото и доживеаното. Тоа сведочи за
творечки став, за изградена самосвест за
високите сфери на поезијата и поетскиот чин
како феномен на духовна комуникација.
149
Станува збор за особености на зрела
творечка фаза во која поетот Борче Панов со
нему својствен такт ги проширува и
продлабочува темите и постапките кои уште
на стартот проличија како препознавачки
знаци на еден изразито надарен автор. Тие
знаци денеска се аргумент за една стамена
творечка појава со специфики и вредности
кои заслужуваат особено внимание.
Веле Смилевски