Дипломска работа

49
СОДРЖИНА стр ВОВЕД.................................................... ......................................................... .............2 1. ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ КАКО ДЕЛ ОД СИСТЕМОТ НА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ.............................................. ..............................4 2. РЕФОРМИРАНИТЕ ПЕНЗИСКИ СИСТЕМИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ................................................. ......................................................... ...... 7 2.1 Пензискиот систем на Словенија ........................................ .................9 2.2 Пензискиот систем на Романија.......................................... ..................9 2.3 Пензискиот систем на Бугарија ......................................... .................11 2.4 Пензискиот систем на Хрватска ......................................... ................12 2.5 Пензискиот систем на Србија............................................ ..................12

Transcript of Дипломска работа

Page 1: Дипломска работа

СОДРЖИНА

стр

ВОВЕД..........................................................................................................................2

1. ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ КАКО ДЕЛ ОД СИСТЕМОТ НА

СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ............................................................................4

2. РЕФОРМИРАНИТЕ ПЕНЗИСКИ СИСТЕМИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД

РЕГИОНОТ................................................................................................................ 7

2.1 Пензискиот систем на Словенија .........................................................9

2.2 Пензискиот систем на Романија............................................................9

2.3 Пензискиот систем на Бугарија ..........................................................11

2.4 Пензискиот систем на Хрватска .........................................................12

2.5 Пензискиот систем на Србија..............................................................12

3. ПРИЧИНИ ЗА РЕФОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ НА

МАКЕДОНИЈА.........................................................................................................13

3.1 Социо-економските фактори како причина за реформата на

пензискиот систем..................................................................................14

3.2 Стареењето на населението како причина за реформата на

пензискиот систем..................................................................................15

4. ПРОЦЕСОТ НА ПЕНЗИСКАТА РЕФОРМА.................................................16

4.1 Стекнување и остварување право на старосна пензија.................19

4.2 Стекнување и остварување право на инвалидска пензија............20

4.3 Остварување право на семејна пензија.............................................21

4.4 Институции на новиот пензиски систем............................................23

5. ПРВ СТОЛБ - Задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз

основа на генерациска солидарност.....................................................................24

6. ВТОР СТОЛБ - Задолжително капитално финансирано пензиско

осигурување...............................................................................................................24

6.1 Инвестирање на средствата на пензиските фондови......................26

7. ТРЕТ СТОЛБ - Доброволно капитално финансирано пензиско

осигурување...............................................................................................................28

ЗАКЛУЧОК...............................................................................................................31

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА...............................................................................32

Page 2: Дипломска работа

ВОВЕД

Во последните неколку децении, Република Македонија се соочува со

големи предизвици во економската и воопшто општествената сфера. Целиот

општествен систем се менува под дејство на различни околности. Економските,

политичките и социјалните институции го менуваат нивниот начин на

функционирање заради новите околности во кои постојат. Турболенциите во

светската економија не ја одминаа ниту нашата земја. Сите промени што се

случуваат во светски размери влијаат врз текот на економските процеси и во

Република Македонија. Секој ден сведоци сме на економско – социјални

промени кои значајно влијаат на секој дел од општествениот систем.

Сите земји кои поминале низ процесот на транзиција извршиле

трансформација на скоро сите свои институции. Во оваа група на земји влегува

и Република Македонија која низ минатите децении прави огромни

трансформации на своите институции. Социоекономските промени не го

оставија имун ниту пензискиот систем. Веднаш по напуштањето на

претходниот систем и прифаќање на новите предизвици кои дошле со пазарната

економија, пензискиот систем ги покажал првите знаци на несигурност.

Соочуваајќи се со големи тешкотии во своето нормално функционирање,

неизбежно било пензискиот систем да претрпи значајни реформи.

Пензискиот систем на Република Македонија во минатото се засновал на

принципот меѓугенерациска солидарност и како таков функционирал доста

добро. Но со новите промени и преминот кон пазарно стопанство се јавиле

првите проблеми на таквиот систем. Само што почнал системот да созрева се

јавиле проблеми кои неможеле да бидат контролирани. Проблемите почнале

пред се од самиот премин кон пазарна економија кој донесол многу голема

невработеност со што само се потврдил фактот дека принципот на

меѓугенерациска солидарност во новите времиња нема да доведи до успешни

резултати. На почетокот, донесени биле мерки за зајакнување на државниот

пензиски систем. Но подоцна, се отпочнале активности за моделирање на нов

пензиски систем. Новиот пезниски систем би требало да донесе долгорочна

солвентност.

Во оваа дипломска работа, ги објаснувам причините поради кои

пензискиот систем мораше да биде реформиран. Стареењето на населението и

2

Page 3: Дипломска работа

финансиските тештотии при исплата на пензиите се главните причини за

извршените реформи. Разработени се структурите на пензиските системи на

земји кои го поминале истиот пат како и Македонија, како што се земјите од

Источна и Централна Европа. Денес скоро сите земји во Европа го имаат

воведено капиталното пензиско осигурување. Разработена е структурата на

реформираниот пензиски систем на Македонија. Новиот систем на пензиското и

инвалидското осигурување е составен од: задолжително пензиско и инвалидско

осигурување врз основа на генерациска солидарност (прв столб); задолжително

капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб) и доброволно

капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб).

Со сигурност може да се каже дека постои широка подршка за

пензиската реформа, која вообичаено има социјална основа и остварување на

сигурност во непредвидливите економски трендови.

3

Page 4: Дипломска работа

1. ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ КАКО ДЕЛ ОД СИСТЕМОТ НА

СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Системот на социјално осигурување претставува композиција од

елементи кои овозмозуваат услови за минимална егзистенција на поединецот,

во случај кога се намалени или воопшто не постојат можности на поединецот за

работа и обезбедување на основни средства за издржување. Овој систем

обезбедува средства за одредени ризични ситуации како што се: болест, старост,

инвалидитет, смрт и сл. Овие осигурувања се финансираат претежно од

придонеси, кои се уплатуваат на сметки на различните фондови. Осигурениците

во пензискиот систем, своите придонеси ги плаќаат во различни пензиски

фондови кои се уплатуваат од страна на нивните работодавци. Пензиското

осигурување, како дел од системот на социјално осигурување, е збир на правни

норми и административни и финансиски институции со кои се регулира

осигурувањето на ризикот од старост. Во овој случај, поединецот неможе да ги

обезбедува потребните средства за нормално живеење и поради тоа во времето

кога поединецот е способен за работа тој издвојува одреден износ на средства

во пензиските фондови во вид на придонеси, со цел подоцна, кога не ќе може да

работи, да добива одреден износ пари во вид на пензија.

На лицата на кои во својот живот им се изменила нивната економска

положба, како резултат на старост, болест, инвалидитет или поради немањето

шанси за добивање на средства за живот, дадено им е можност да добијат

некакви придобивки од системот на социјално осигурување. Такви придобивки

се, стекнување и остварување право на старосна пензија, право на инвалидска

пензија, право на семејна пензија и сл.

Пензиското осигурување се развило паралелно со процесот на

индустријализација. Со развојот на индустријата се појавила потребата,

работниците да бидат заштитени и да им обезбедуваат минимални облици на

осигурување за периодот кога кај вработениот настапил социјален ризик заради

кој не може да остварува доход. Во почетокот на 19век не постоеја

организирани облици на заштита на вработените при настапување на социјални

ризици, па вработените се осигурувале поединечно. Во подоцнежно време, со

развојот на индустријата се појавила идејата дека работодавецот е потребно да

се грижи за својот вработен при настапување на одреден тип на социјален

4

Page 5: Дипломска работа

ризик. Кон крајот на 19-от век, заради несреденоста на подрачјето на

здравственото, пензиското или инвалидското осигурување, како и големата беда

во која вработените живееле, дојде до големи притисоци од работниците за

подготовка на законодавството за тоа подрачје. Заради тоа, во Германија дојде

до воведување на некои типови на социјално осигурување. Во 1884 година беше

донесен Закон за несреќа при работа и 1889 – Закон за осигурување од

инвалидет и старост. Ото Фон Бизмарк кој тогаш бил канцелар на Германија

рекол: првостепената фнкција на пензискиот систем е со цел да им обезбеди

на луѓето соодветен приход во нивната старост. Пред индустриската

револуција и урбанизацијата, семејството се грижело за постарите лица. Но,

граѓаните самите можеби не сакаат или немаат знаење и искуство да

заштедат сами за себе за во старост. Заради економските и социјалните

промени кај луѓето и семејствата, државата ја презема улогата на регулатор,

организатор и финансиер преку организиран систем кој обезбедува заштита на

старите лица. Пензиското осигурување е дел од социјалното осигурување. Тоа

е едно од основните човекови права кое е уставно гарантирано.1

Системот на пензиското осигурување е важен дел на социјалната

сигурност и во Република Македонија. Тоа сочинува правна рамка со која се

уредува начинот за осигурување од ризикот на старост, инвалидност, смрт на

издржувач на семејството, како и административното и институционалното

уредување и реализација на системот на пензиското осигурување. Движењата на

пензиското осигурување и неговиот развој зависат од вкупните стопански,

социјални и демографски движења во општеството како и од прописите со кои

се уредува работата на системот. Важноста на пензиското осигурување во

стопанскиот, социјалниот и политичкиот живот во Македонија се огледува во

бројот на осигуреници кои плаќаат придонес за пензиското осигурување, бројот

на корисниците на пензии како и од висината на издатоците за пензиското

осигурување и нивниот удел во бруто домашниот производ.2 Од системот на

пензиско и инвалидско осигурување произлегуваат следниве права: 3

1 Талески Петар, Финансирањето на современите Пензиски Системи во земјите на ЕУ и РМ стр 92 Талески Петар, Финансирањето на современите Пензиски Системи во земјите на ЕУ и РМ, стр113http://www.google.com/url? sa=t&rct=j&q=&esrc=s&source=web&cd=10&sqi=2&ved=0CGEQFjAJ&url=http%3A%2F%2Fpiom.com.mk%2Ffiles.php%3Fforce%26file%3Ddocs%2Fstatistika

5

Page 6: Дипломска работа

Право на старосна пензија;

Право на инвалидска пензија;

Право на распоредување на друго соодветно место, право на соодветно

вработување, право на квалификација или доквалификација, и право на

соодветни парични надоместоци;

Право на семејна пензија;

Право на паричен надоместок за телесно оштетување;

Право на најнизок износ на пензија.

Пензијата, како периодично долгорочно плаќање кое на лицето што ја

стекнало му се исплатува од средствата на осигурителниот фонд, ја има

основната цел пензиски осигурените лица социјално да ги обезбеди по

прекинувањето на нивната трудова дејност. Условите при кои може да се

оствари право на пензија и критериумите од кои зависи големината на пензијата

во периодот по нејзиното остварување се израз на социјалната политика што ја

спроведува државата. При задолжителното пензиско осигурување, каде што со

закон е определен кругот на пензиски осигурените, постои критериумот на

израмнување на ризиците и определено израмнување на пензиските плаќања.

Целите на пензиското осигурување се социјални, а не комерцијални.

Набљудувано од страната на односот помеѓу осигурителните придонеси и

износот на пензиите, пензиското осигурување е насочено кон гарантирање на

социјалната праведност и солидарност.4 Поради тоа, може да се констатира дека

пензијата претставува социјална категорија и мора да се гледа интересот на

осигурениците, и дека не треба да се гледаат само финансиските аспекти на

новaта реформа на пензискиот систем.

2. РЕФОРМИРАНИТЕ ПЕНЗИСКИ СИСТЕМИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД

РЕГИОНОТ

%2F2005%2F153_Izvestaj%25202003.doc&ei=odW3Tu_mDfHR4QSHrKyABA&usg=AFQjCNFh5SxF8x6-wekfcO3x8CbqeFagRA&sig2=6fgE4XGZwkVOInsB_Teo-g4 Христов Ристо, Политика на социјалниот развој,Економски факултет, Скопје, 2008, стр.372

6

Page 7: Дипломска работа

Вистинска војна за продолжување на рокот за пензионирање се води

меѓу синдикатите и владите во Европа. Но, објективните проблеми ги

принудуваат владите на различни начини да го продолжуваат рокот за

пензионирање. Генерално, тренд во Европа е да се зголемува старосната

граница за пензионирање (табела бр1). Демографското стареење на населението

е светски проблем кој влијае врз пензиските системи во светот.

Табела број 1

ЗЕМЈА Старосна граница за пензионирање

Зголемување на границата за пензионирање

Германија 65 67(до 2029година)Велика Британија 65мажи, 60жени 68(до 2046година)Италија 65мажи, 60жени Минимум 61(од 2013)Шпанија 60 67 (до 2013година)Холандија 65 67 (до 2025година)Грција 65мажи, 62 жени 65 (и мажи и жени)Шведска 61 Нема промениизвор:КАПИТАЛ бр.546

Во многу земји се остава простор за предвремено пензионирање.

Интересен е моделот во Шведска, со кој во 1994 година се намалила старосната

граница за пензионирање од 65 на 61 година, но нема максимална граница кога

мора да се замине во пензија. Сличен систем за пензионирање како во

поранешна Југославија има Грција. Пензионер кај нашиот јужен сосед се

станува со наполнети 65 години или 37 години стаж. Сличен систем како

Шведска има Италија. Таму има максимална граница за пензионирање од 65

години за мажи и 60 години за жени, но се остава простор за предвремено

пензионирање, доколку се задоволат одредени услови.

Повеќето земји во светот имаат направено реформи и трансформација на

пензискиот систем во двостолбен или тростолбен систем. Како пример за сите

останати земји служела чилеанската реформа на пензискиот систем. Имено

Чиле во 80-те години од минатиот век спровела реформа на пензискиот систем

со што им се овозмозило влез на приватен пензиски фонд, се воведил модел на

приватен пензиски систем уплаќајќи средстсва на приватна сметка во приватен

пензиски фонд. Успехот на чилеанската реформа влијаел и другите латино-

7

Page 8: Дипломска работа

американски земји да започнат со реформи на нивните пензиски системи врз

принципите на чилеанската реформа. Перу во 1992 година успеала да воведе

реформи во системот, Колумбија и Аргентина во 1993година, а Уругвај во 1995

година. Во 1996 година реформи воведиле Мексико, Боливија и Ел Салвадор.

Никарагва во 2000 година, а Доминиканска Република во 2001 година воведила

реформи во пензискиот систем. Успехот на чилеанската реформа не влијаел

само на латино-американските држави туку и на земјите во транзиција и тоа

реформи направија Унгарија, Македонија, Полска, Хрватска, Казахстан,

Бугарија и Летонија.

Светска Банка на земјите во транзиција им предложила модел за реформа

на пензискиот систем кој што ке ги балансира предностите на меѓугенерациска

солидарност со предностите на долгорочните поединечни задолжителни

заштеди. На тој начин Светска Банка се залагала за еден мулти – столбен

пензиски систем кој што ги опфаќа јавните и капитално (приватно)

финансираните управни столбови од пензискиот систем, придружен од

дополнително осигурување за тие што сакаат. Овој модел на мешан

финансиски пензиски систем може да се смета за политичка стратегија на

Светка Банка на ниво на регионот.

По меѓународната конференција за проблемите на дополнителното

пензиско осигурување, одржана во Прага во текот на февруари 1997 година,

земјите во транзиција пристапија кон реформа на своите пензиски системи.

Реформите, кои сега уште се во тек, насекаде се одвиваат низ трите

последователни фази на подготовка, одобрување од страна на законодавните

тела и озаконување на донесените нормативно-правни акти. Во одделните земји

реформите се наоѓаат во различни етапи и се одвиваат со мошне различна

динамика. Причините за ваквата состојба можат да се најдат на различни

страни, при што за многу важна се покажа оптовареноста на реформите во овие

земји со наследените концепции од минатото за уологата на државниот сектор

во областа на осигурувањето.5

2.1 Пензискиот систем на Словенија

Во деведесеттите години, пензискиот систем на Словенија подложен бил

5 Христов Ристо, Политика на социјалниот развој,Економски факултет, Скопје, 2008, стр.375

8

Page 9: Дипломска работа

на две реформи. Првиот пакет мерки биле преземени во 1992 година, но поради

многу причини и понатаму шемата на државно финансирање го зголемила и

така големиот дефицит. Втората значајна реформа била извршена во 1999

година.

Денешниот пензиски систем се заснова на три главни пензиски столбови.

Првиот столб е финансиран според принципот pay-as-you-go.

Придонесите изнесуваат 15,5% од бруто платата кои ги плаќа работодавачот и

8,85% уплаќаат вработените.

Вториот столб го сочинуваат приватни фондови. Вториот столб од 2004

година е задолжителен за вработените во јавниот сектор, додека за останатите

вработени кои се во приватниот сектор зачленувањето во овој столб е

доброволно.

Третиот столб е приватен и доброволен. Се состои од индивидуални

заштеди.

2.2 Пензискиот систем на Романија

Како и другите земји така и Романија се соочува со проблеми кои

значително влијаат врз функционирањето на пензискиот систем.

Како најзначајни проблеми или да кажам трендови се:

Стареење на населението

Пораст на очекуваниот животен век

Намалување на наталитетот

Зголемување на миграцијата на населението

Почнувајќи од 1995 година, првиот столб, кој е јавен, pay-as-you-go

систем, се соочуваал со повеќе дефицити, поради што истите тие дефиците биле

подмирувани со трансфер на средства од државниот буџет. Една од причините

за растечкиот дефицит на државниот пензиски систем бил брзиот раст на бројот

на уживатели на пензија во 90те години од минатиот век. Бројот на пензионери

кои примале пензија од државниот пензиски систем од 3,4 милиони во 1990

година пораснал на 6,2 милиони во 2002 година, што впрочем го достигнало

највисокото ниво на пензионери.

Еден од посериозните проблеми во Романија продолжува да биде

нерегистрацијата на вработените.

9

Page 10: Дипломска работа

Романскиот пензиски систем е повеќестолбен систем. Првиот столб

претставува јавен пензиски систем кој се заснова на принципот на генерациска

солидарност и дефинирани права. Вториот столб е приватно управуван,

задолжителен и со дефиниран придонес. Вториот столб нуди гаранција на

минималната инвестиција-износот на сите придонеси-надоместоци. Третиот

столб е доброволнно приватно управуван со дефиниран придонес.

Првиот столб е управуван од Националната пензиска куќа (ЦНПАС).

Претставува јавен систем кој се базира на принципот на генерациска

солидарност. Својата последна сеопфатна реформа ја доживеал во јануари 2011

година. Старосната граница за пензионирање до 2030 мора да се зголеми. До

2015 година старосната граница треба да се зголеми од 57 на 60 години за жени

и од 62 на 65 години за мажи. До 2030 година уште повеќе ќе се зголемува

границата и тоа 63 години за жени, а 65 години за мажи.

Првиот столб е финансиран од социјални придонеси кои ги плаќаат и

работодавачите и вработените. Придонесите кои се уплатуваат во фондот се

20,8% ги уплаќа работодавачот, а 10,5% вработениот.

Вака поставениот систем во Романија би требало да ја подобри

финансиската одржливост на пензискиот систем. Сегашната поставеност на

пензискиот систем го ограничува предвременото пензионирање што влијае врз

приходите, но и врз расходите на буџетот за социјално осигурување. Со

реформата на првиот столб се поедноставува законодавството за јавните пензии

како и се спроведува построги критериуми за инвалидските пензии, земајќи во

предвид дека се зголемува бројот на корисници на инвалидски пензии.

Вториот столб е управуван од приватни субјекти односно од 9 пензиски

компании. Уплаќањето на придонеси во вториот столб до 2017 година треба да

изнесува 6%. Сегашните придонесии за пензиско осигурување во вториот столб

изнесуваат 3%. Стандардна возраст за пензионирање е 63 години за жени и 65

години за мажи. Сите осигуреници во вториот столб имаат поединечни сметки.

Овој столб е задолжителен и новите учесници на пазарот на работна сила

автоматски влегуваат во вториот столб.

Третиот столб е управуван од приватни субјекти како што се: пензиски

компании, осигурителни компании, компании за управување со средства.

10

Page 11: Дипломска работа

Износот на придонеси изнесува 15% од бруто платата. За добивање

доброволна пензија лицето мора да има 60 години, без разлика дали се работи за

жени или мажи.

2.3 Пензискиот систем на Бугарија

Како и останатите земји во регионот така и Бугарија спровела сеопфатни

реформи во 90-те години. Поточно во 1999 година Република Бугарија спроведе

системски и параметарски пензиски реформи. Целта на тие реформи била да се

обезбеди среднорочна и долгорочна одржливост на пензискиот систем. Освен

оваа цел спроведените реформи би требало да ја модернизира архитектурата на

пензискиот систем, да донесе сигурност преку диверзификација, а исто така и да

ја зголеми пензиската адекватност. Реформата се состоела од преод од

едностолбен во тристолбен пензиски модел.

Како и во останатите земји од регионот така и реформата на пензискиот

систем во Бугарија се одвивала врз основа на концептот на Светска Банка, која

се залагала за воведување на повеќестолбен систем на социјална заштита.

Реформата на пензискиот систем е водена односно е движена од индустријата, а

водечка улога на системот и понатаму има меѓугенерациската солидарност. Со

реформата се настојувало да се зголеми опфатот на делот со капитално

финансирање со пренесување на поголеми делови од задолжителните

придонеси во тој дел.

Новиот пензиски систем во Бугарија се заснова на три столба.

Првиот столб е задолжителен систем на генерациска солидарност.

Стапката на придонес во 2010 година изнесува 16% од кои 8,9% плаќа

работодавачот и 7,1% плаќа вработениот. Задолжителна возраст за

пензионирање е 63 години за мажи и 60 години за жени.

Вториот столб е задолжителен дополнителен систем со капитално

финансирање и со индивидуални сметки. Во вториот столб има универзални и

професионални пензиски фондови. Овој столб со универзални пензиски

фондови започнал во 2002 година со 2% стапка на придонес, а истата се

зголемила на 5% во 2007 година. Во овој столб задолжително влегуваат сите

родени по 31.12.1959. Професионалните пензиски фондови започнале со работа

во 2000година и задолжително учествуваат вработените во опасни и тешки

11

Page 12: Дипломска работа

работни услови без разлика на возраста. Придонесите изнесуваат 12% за 1-ва

категорија на труд и 7% за 2-ра категорија на труд.

Третиот столб е доброволен дополнителен систем со капитално

финасирање со индивидуални сметки каде што функционираат доброволни

пензиски фондови.

2.4 Пензискиот систем на Хрватска

Низ 90те години Хрватска воведувала некакви измени во пензискиот

систем. Во 1998 година била зголемена старосната граница за пензионирање

како и проширување на периодот за пресметка.

Во 2002 година се воведил и втор столб. Меѓутоа, вториот столб во

Хрватска не ги дал очекуваните резултати поради што во 2009 година имало

предлог за затворање на вториот столб. Овој предлог бил неуспешен.

Како и во другите земји така и во Хрватска, првиот столб на пензискиот

систем се заснова на генерациска солидарност. Вториот е задолжителен

капитално финансиран столб. Се очекува дека третиот столб кој е доброволен и

капитално финансиран ќе ја подобри ситуацијата во Хрватска.

2.5 Пензискиот систем на Србија

Со реформирањето на пензискиот систем на Србија се воведиле измени

во задолжителниот државен столб кој се заснова на принципот на pay-as-you-go.

Реформите во пензискиот систем на Србија биле значајни за воведување на

доброволно, приватно пензиско осигурување односно воведување трет столб.

Една од причините која влијаела врз пензискиот систем заснован на

генерациска солидарност е демографскиот фактор. Се намалил фертилитетот, а

се зголемил очекуваниот животен век поради што дириктно влијаеле врз

пензискиот систем.

Во 2002 година биле воведени реформи во задолжителниот јавен

пензиски систем. Реформите се состоеле во зголемување на старосната граница

за пензионирање за 3 години. Во 2005 година биле преземени дополнителни

реформи со цел да се направи пензискиот систем помалку дарежлив. Во ова е

12

Page 13: Дипломска работа

вклучено дополнително зголемување на старосната граница за пензионирање за

уште 2 години со четиригодишен транзиционен период.

3. ПРИЧИНИ ЗА РЕФОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ НА

МАКЕДОНИЈА

Во последните децении, Република Македонија се соочи со значајни

социоекономски промени кои имаа влијание во секоја сфера на човековото

постоење. Промените кои ја зафатија Македонија влијаеа и на пензискиот

систем кој се соочи со големи тешкотии во неговото нормално функционирање.

Според сите направени анализи, како главни причини се посочуваат

неповолните движења во стопанството, стареење на населението и

продолжениот животен век, како и опаѓање на стапката на фертилитетот. Овие

се главните причини за отпочнување на реформа во пензискиот систем кој се

соочува со тешкотии во своето работење, тешкотии кои треба да се надминат со

започнатата реформа.

Пензискиот систем на Македонија е поставен во минатиот

социјалистички систем. Бил замислен да функционира врз принципот на

генерациска солидарност. Овој принцип подразбира дека сегашните вработени

плаќаат за сегашните пензионери. Основите на ваквиот систем што го

познаваме и денес ги поставил германскиот канцелар Ото Фон Бизмарк во 19-от

век. Меѓутоа, ваквиот систем е поставен во време кога животниот век на

човекот се движел од 50 до 55 години, а односот осигуреници/пензионери

изнесувал 7/1. Ваквата слика денес е целосно изменета. Животниот век е

зголемен како резултат на истражувањата во областа на медицината и

фармацијата. За да нормално функционира пензиски систем врз принципот на

генерациска солидарност односот осигуреници/пензионери треда да изнесува

минимум 3/1. Сегашните услови не дозволуваат нормално фунционирање на

принципот на генерациска солидарност.

Како главни причини за тоа зошто се реформира пензискиот систем се

посочуваат социо-економските фактори и демографските фактори.

13

Page 14: Дипломска работа

3.1 Социо-економските фактори како причина за реформата на

пензискиот систем

Пензискиот систем на Македонија бил формиран кога населението било

помладо и кога принципот на генерациска солидарност успешно се вклопил во

системот и како таков одлично функционирал 40години. Иако добро

функционирал, во доцните 80те години условите за тековно финансирање

почнале да исчезнуваат. Процесот на транзиција создал многу лоши услови за

функционирање на така поставениот пензиски систем. При преминот кон

пазарна економија се зголемил бројот на претпријатија кои работат со загуба. Се

отпочна процес на приватизација на државните претпријатија со цел да се

воведе приватна наместо општествена сопственост, пазар наместо држава. Се е

тоа во ред, меѓутоа начинот на кој се изведе целиот процес на приватизација е

причината за зголемување на невработеноста. Претпријатијата прогласуваа

технолошки вишоци на работна сила и отворање на бројни стечајни постапки.

Тоа доведе до намалување на бројот на активните осигуреници од една страна и

зголемување на бројот на пензионерите од друга страна. Тоа доведува до измена

на соодносот помеѓу осигурениците и пензионерите. Овој сооднос меѓу

осигурениците и пензионерите, од сегашните 1,3 осигуреници на еден

пензионер долгорочно се намалува на 1 спрема 1 . Овој тренд на соодносот меѓу

осигурениците и пензионерите значи дека се помалку осигуреници ќе плаќаат за

се поголем број пензионери. Ова е лош показател ако се има во предвид дека за

системот на тековното финансирање многу важен е односот помеѓу

осигурениците и пензионерите, а во овој случај пензии на поголем број

пензионери се исплатуваат од придонеси на се помал број на осигуреници. Тоа

покажува дека без реформи системот би функционирал со дефицит кој брзо и

значително би се зголемувал. Тој дефицит тогаш би морал да се покрива не од

буџетот на фондот, туку од буџетот на државата, а со тоа се доведува во

прашање и стабилноста на пензискиот систем во земјава, што директно задира

во редовната исплата на пензиите. Поради овие причини се пристапи кон

воведување промени на постојниот систем, односно изградба на повеќеслоен

пензиски систем.

14

Page 15: Дипломска работа

3.2 Стареењето на населението како причина за реформата на

пензискиот систем

Реформата на пензискиот систем беше причинета и заради општиот

тренд на стареење на населението. Демографското стареење на населението

претставува светски проблем кој влијае врз пензиските системи на глобално

ниво.

Ова е важен, ако не и најважен демографски фактор кој ја зафати

Македонија, поради кој има зголемен број на пензионери. Тоа значи дека

пензискиот фонд треба да изнајде решение за покривање на пензиите на

зголемениот број пензионери, со што се создава притисок врз пензискиот фонд

за зголемување на финансиските средства.

Следејќи ја анализата на структурата на населението на долг временски

период се забележува општ тренд на стареење на населението. Старосната

структура на населението претставува важен демографски фактор за формирање

на работната сила. Намалувањето на работната сила е резултат на ниската

стапка на фертилитет што резултира, пак, на намалување на бројот на

осигуреници. Намалениот број на осигуреници, подразбира, намалување на

вкупните придонеси во пензискиот фонд што е од голема вазност за системот на

тековното финансирање. Овој тренд е долгорочен, односно ефектите од

намалувањето на стапката на фертилитет се спознаваат на подолг период.

Продолжувањето на животниот век е заради подобрите услови за живот,

напредокот на медицината, подобрите здраствени услуги и сл. Стареењето на

населението е предизвикано и од овој фактор. Стареењето на населението влијае

на бројот на пензионери. Поголем број стари лица во вкупното население значи

и зголемен број на пензионери, додека зголеменото очекувано траење на

животот предизвикува подолготрајно користење на пензијата. Од друга страна,

неповолните економски услови, особено големата невработеност, придружена

со намалување на стапката на фертилитет, влијаат на намалување на бројот на

осигурениците на долг рок. За системот со тековно финансирање (PAYG) многу

е значаен соодносот помеѓу осигурениците и пензионерите, бидејќи со

придонесите од постојните осигуреници се исплаќаат пензиите за постојните

пензионери.

15

Page 16: Дипломска работа

Стареењето на населението предизвикува сериозни штети и сериозни

проблеми за системот со тековно финансирање, односно за државниот пензиски

фонд. Населението постаро од 60 години се зголемува во однос на населението

помладо од 20 години. Дополнителен проблем при стареењето на населението е

и иселувањето. Согледувајќи ги овие проблеми државата влезе во реформа на

пензискиот систем во земјава и го воведе принципот на капитално пензиско

осигурување.

Со воведување на новиот пензиски систем се очекува избалансираност

на приходите и расходите на Фондот на долг рок, бидејќи со воведување на

капитално финансираното пензиско осигурување се намалуваат обврските на

осигурвањето врз основа на генерациска солидарност.

Табела бр. 2

Возраст 1971 година 2009 година

0-14 32,5% 17,9%

15-64 61,5% 70,5%

65 и повеќе 5,8% 11,6%

Извор: Статистички годишник на РМ, 2010

Податоците во табела бр.2 покажуваат дека во 1971 година населението

старо до 14 години претставува дури 32,5%, а во 2009 година тоа изнаесува

17,9%. Населението од 15 до 64 години во 1971 година изнесува 61,5% а во 2009

година 70,5%. Ова го претставува процентот на работоспособно население

меѓутоа процентот на населението кое е над 65 години во 2009 се зголемило на

11.6%. Тоа значи дека соодносот меѓу бројот на активни осигуреници и бројот

на пензионери на долг рок се стеснува.

Поради сите горенаведени причини, пензискиот систем бил подложен на

реформирање.

4. ПРОЦЕСОТ НА ПЕНЗИСКАТА РЕФОРМА

Република Македонија во процесот на транзиција се соочи со огромни

финансиски тешкотии во пензискиот фонд. Поточно во 1993година почнало да

се согледуваат причините за реформа на пензискиот систем. Меѓународните

16

Page 17: Дипломска работа

финансиски институции, поточно Светска Банка предложила модел за реформа

на пензискиот систем на Македонија што се состоел во имплементација на

задолжително солидарно пензиско осигурување, задолжително капитално

финансирано пензиско осигурување и доброволно капитално финансирано

пензиско осигурување.

Дизајнот на реформата бил под влијание на неколку критични точки како

меѓу кои и тоа дека Македонија претставува мала земја со мал број на

вработени и потенцијални членови, земја со недоволно развиен и ликвиден

пазар на капитал, големи транзициски трошоци, немање доволно искуство и

традиција како и тоа дека недостига финансиска едукација.

Во периодот меѓу 1993 и 1998 година биле донесени решинија со цел да

се намали фискалниот притисок во Фондот. Била зголемена стапката на

придонес и се зголемила возрасната граница за пензионирање. Стапката на

придонес до 1993 година изнесувала 18%, а до крајот на 1993 година зе

зголемила на 20%. Во јануари 1994 година, се зголемила старосната граница за

пензионирање од 60 на 63 години за мажи и од 55 на 60 години за жени. Овие и

други решенија биле преземени со цел да се ублажи фискалниот притисок на

пензискиот фонд кој се соочил со голем дефицит. Во 1995 година била основана

Актуарска Единица која користејќи статистички модел дава краткорочни и

долгорочни планови на демографски и економски трендови. Овие актуарски

модели се еден од инструментите на планирање на политиката на пензии со кои

се прават проекции за состојбите во пензискиот систем врз основа на

претпоставените демографски и економски параметри.

Во 2000 година била донесена законска рамка за реформата, а во 2002

година бил донесен закон за втор столб и основање на МАПАС. Во 2005 година

започнало зачленување во задолжителните пензиски фондови. Во 2009 година

со работа започнуваат доброволните пензиски фондови.

Структурата на новиот пензиски систем се темели врз три вида (столба)

на осигурување и тоа6:

Задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на

генерациска солидарност (прв столб). Овој столб, всушност го

претставува системот организиран според принципот на тековно

финансирање (pay as you go), што значи дека сегашните осигуреници

6 МАПАС Програма за полагање на испит за лицата кои ќе вршат маркетинг, стр7,8

17

Page 18: Дипломска работа

плаќаат за сегашните пензионери. Овој столб обезбедува дефинирани

пензии според однапред утврдена формула, а останатиот дел од пензијата се

обезбедува од капитално финансираното пензиско осигурување. Преку овој

столб се обезбедува остварување на права од пензиско и инвалидско

осигурување во случај на старост, инвалидност и смрт, што значи дека се

исплаќа дел од старосната пензија, инвалидска пензија, семејна пензија,

како и најнизок износ на пензија (овие категории беа разгледани во првиот

дел од текстот).

Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор

столб). Овој столб значи воспоставување на капитално финансирано

пензиско осигурување со дефинирани придонеси. Со овој столб се

обезбедува остварување право на пензиско осигурување во случај на

старост, односно се исплаќа старосна пензија. Овој столб обезбедува тесна

поврзаност и зависност помеѓу обемот на вложените средства –

придонесите и идните надоместоци што ги остварува секое лице базирани

на пазарните законитости. Овој начин на осигурување е заснован врз

принцип на собирање на средства преку плаќање на придонеси на лични

(индивидуални) сметки чии средства понатаму се инвестираат и добивката

намалена за трошоците на работењето на системот се додава (акумулира) на

средства на личните сметки.

Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет

столб). Овој столб значи воспоставување на ново капитално финансирано

пензиско осигурување со дефинирани придонеси, на доброволна основа.

Значајно за ова осигурување е што во него можат да бидат вклучени сите

лица кои сакаат да обезбедат повисок обем на материјална сигурност покрај

задолжителното осигурување, како и сите лица кои не се опфатени со

задолжително осигурување (во првиот и вториот столб).

Со реформата на пензискиот систем останува непроменета стапката на

придонес за пензиско и инвалидско осигурување што изнесува 21,2% од бруто

платата. Придонесите и понатаму ги уплаќа работодавецот. За осигурениците

кои нема да пристапат во вториот столб целиот придонес се уплаќа во првиот

столб. За осигурениците кои ќе преминат во двостолбен систем придонесот се

распределува и тоа: 65% од придонесот (13,78% од бруто плата) во првиот

столб и 35% од придонесот (7,42% од бруто плата) во вториот столб.

18

Page 19: Дипломска работа

Во новото задолжително капитално финансирано пензиско осигурување

задолжително влегуваат нововработените по 1 јануари 2003. Вработените пред 1

јануари 2003 година со помалку од 5 години претходен пензиски стаж сами

избираат дали ќе останат во систем со еден столб или ќе се приклучат кон

системот со два столба. Вработените пред 1 јануари 2003 година со над 10

години работен стаж исто така сами избираат дали ќе се приклучат кон новиот

систем, но во овој случај во пресметката на пензијата се признаваат само 5 до 7

години од претходниот стаж. Претходново важи и за вработени кои имаат од 5

до 10 години претходен пензиски стаж.

4.1 Стекнување и остварување право на старосна пензија

Реформираниот пензиски систем претставува повеќестолбен систем.

Условите за стекнување право на пензија се исти и за првиот и за вториот столб

на пензискиот систем. Старосната пензија се утврдува од месечниот просек на

валоризираните плати што осигурникот ги остварил за време на вкупното

траење на осигурувањето (пензиската основа), а најрано од 1 јануари 1970

година во проценти определени зависно од должината на пензискиот стаж.

Осигурениците кои ќе преминат во двостолбниот систем или ќе го поминат

целиот свој работен век во двостолбен систем или ќе имаат дел во

едностолбниот, дел во двостолбниот систем. Во зависност од припадноста на

системот ќе им се менуваат процентите за пресметка на пензија. За

осигурениците кои нема да преминат во новиот систем процентот за пресметка

на пензија ќе се пресметува на ист начин како и пред реформата (ако имале

минимум 15години на стаж) или со постепено намалување (ако имале помалку

од 15години стаж).

Единствен услов за остварување право на старосна пензија е: 64 години

за мажи, односно 62 години за жени, со минимум 15 години работен стаж. За

осигурениците кои за прв пат се вработуваат по 1 јануари 2003 година и се

приклучуваат во двостолбниот систем процентот изнесува 0,75% за мажи,

односно 0,86% за жени за секоја година пензиски стаж. Овие проценти се

применуваат по почетокот на поделбата на придонеси помеѓу првиот и вториот

столб. За осигурениците кои до 1 јануари 2003 година се веќе вработени и

одлучиле да преминат во новиот систем со два столба, овој процент, за секоја

19

Page 20: Дипломска работа

година навршен пензиски стаж до денот на вклучување во новиот систем

изнесува 2,33% за мажи, односно 2,60% за жени, но најмногу 11,65% за мажи,

односно 13,00% за жени, што соодветствува на максимум 5 до 7 години стаж. За

секоја натамошна година пензиски стаж навршен по денот на вклучување во

новиот систем, процентот изнесува 0,75 за мажи, односно 0,86% за жени.7

Меѓутоа, сите лица не ги исполнуваат условите за добивање на старосна

пензија. Во овој случај осигуреникот има право на најнизок износ на старосна

пензија. Најнискиот износ на стросна пензија остварена како збир на пензиите

од двата столба не може да изнесува помалку од долунаведениот процент од

утврдената просечна плата на сите вработени во Република Македонија во

претходната година, и тоа:

За корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж над 35 години

(маж), односно над 30 години (жена), во висина од 41%;

За корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж над 25 години

(маж), односно над 20 години (жена), во висина од 38%;

За корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж до 25 години

(маж), односно до 20 години (жена), во висина од 35%.8

4.2 Стекнување и остварување право на инвалидска пензија

Во текот на својот работен однос, осигуреникот може да се соочи со

губење на својата работна способност. Право на инвалидска пензија стекнува

ако инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест,

без оглед на должината на пензискиот стаж, или ако е причинета со повреда

надвор од работата или со болест, под услов пред настанувањето на

инвалидноста да имал наполнет пензиски стаж кој му покрива најмалку една

третина на периодот од наполнети најмногу 20 години живот до денот на

настанувањето на инвалидноста (работен век), сметајќи го работниот век на

полни години.

7 МАПАС Програма за полагање на испит за лицата кои ќе вршат маркетинг,Јули Скопје,2008,стр 168 МАПАС Програма за полагање на испит за лицата кои ќе вршат маркетинг,Скопје, Јули 2008,стр20

20

Page 21: Дипломска работа

Во првиот случај инвалидската пензија се определува од пензиската

основа со максимален процент (за пензија остварена до 2015 година 80%, а за

пензија остварена по 2015 година максималниот процент постепено се намалува

и во 2040 година изнесува 72%).

Во вториот случај, инвалидската пензија се определува од пензиската

основа во зависност од должината на пензискиот стаж и наполнетите години на

живот, соодветно на начинот на пресметување на старосната пензија. На овие

пензии се обезбедува минимален процент, а ако губењето на работната

способност настанало пред исполнувањето на условите за старосна пензија се

обезбедува и додаток на инвалидност, доколку пензијата е пониска од пензијата

што ја користат инвалидските пензионери по повреда на работа, или

професионална болест.

Доколку осигуреникот кој остварил право на инвалидска пензија е член

вториот столб, вкупниот износ на средствата на сметката на тој член се

пренесува во Фондот на ПИОМ и целосната исплата на инвалидската пензија се

исплаќа од Фондот на ПИОМ.

По исклучок, доколку акумулираните средства на сметка на членот се

повеќе од износот потребен за исплата на инвалидска пензија согласно Законот

на пензиско и инвалидско осигурување, тогаш членот може да избере наместо

таа пензија да користи пензиск ануитет или програмирано повлекување. Овој

исклучок нема да се применува во текот на првите 5 години од

имплементацијата на капитално финансираното пензиско осигурување, односно

до 1 јануари 2011 година.9

4.3 Остварување право на семејна пензија

Друг вид на пензија што може да се оствари претставува семејната

пензија, која можат да ја остварат членови на семејството, како што се

брачниот другар, децата (родени во бракот или надвор од бракот или посвоени,

посиноците кои ги издржувал осигурникот), родителите (таткото и мајката,

очувот, маќеата), и посвоителот што го издржувал осигуреникот. Семејна

пензија може да оствари и брачниот другар од разведен брак, доколку со судска

9 МАПАС Програма за полагање на испит за лицата кои ќе вршат маркетинг,Скопје, Јули 2008,стр18

21

Page 22: Дипломска работа

одлука му е утврдено правото на издржување. Децата стекнуваат право на

семејна пензија до наполнети 15 години возраст, односно до наполнети 26

години живот доколку се школуваат.10

Значи, семејна пензија можата да остварат членовите на семејството на

починатиот осигуреник: брачниот другар, децата и родителите што ги

издржувал осигуреникот под услови утврдени со закон.

Членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија ако

починатиот осигуреник:

Наполнил најмалку 5 години стаж на осигурување или најмалку 10

години пензиски стаж или

Ги исполнил условите за старосна или инвалидска пензија или

Бил корисник на старосна или инвалидска пензија

Висината на семејната пензија се определува во процент од пензијата

што осигуреникот би ја имал во времето кога починал и тоа 70% за еден член на

семејството, а за секој нареден член уште по 10%, но не повеќе од 100%.

Во случај на смрт на член на пензиски фонд од вториот столб, чии

членови имаат право на семејна пензија, вкупниот износ на средствата на

сметката на тој член се пренесува во Фондот на ПИОМ и целосната исплата на

семејната пензија пресметана на горенаведениот начин се исплаќа од Фондот на

ПИОМ. По исклучок, доколку акумулираните средства на сметка на членот се

повеќе од износот потребен за исплата на семејна пензија согласно Законот на

пензиско и инвалидско осигурување, тогаш корисникот на семејна пензија може

да избере наместо таа пензија да користи пензиски ануитет или програмирано

повлекување. Овој исклучок нема да се применува во текот на првите 5 години

од имплементацијата на капитално финансираното пензиско осигурување,

односно до 1 јануари 2011 година.11

4.4 Институции на новиот пензиски систем

10 Христов Ристо, Политика на Социјалниот развој, Економски факултет Скопје, 2008, стр39011 МАПАС Програма за полагање на испит за лицата кои ќе вршат маркетинг, стр 19

22

Page 23: Дипломска работа

Институции во новиот пензиски систем се:

Министерство за труд и социјална политика. Ова министерство е

надлежно за креирање и спроведување на политиката на пензиското и

инвалидското осигурување и вршење надзор во спроведувањето на

законитоста на ова осигурување;

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување

(МАПАС). МАПАС претставува регулаторна и супервизорска

институција на капитално финансираното пензиско осигурување. За

својата работа одговара пред Владата на Република Македонија. МАПАС

наплатува надоместок од пензиските друштва, пресметан како процент

од придонесите уплатени во пензиските фондови. За 2010 година овој

процент изнесување 0,8%.12

Пензиско друштво. Претставува акционерско друштво чија дејност е

управување со средствата на пензиските фондови. Во реформираниот

пензиски систем има можност за основање на три вида на друштва:

Друштво за управување со задолжителни пензиски фондови

Друштво за управување со доброволни пензиски фондови

Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски

фондови

Чувар на средствата на пензиски фонд кој безбедно ги чува средствата

на пензискиот фонд на посебна сметка, издвоени од средствата на

друштвото.

Фонд на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ) и

Управа за јавни приходи (УЈП). УЈП врши централизирана наплата на

придонеси, додека Фондот на ПИОМ врши распределба на

задолжителните придонеси и соодветните податоци за членовите во

избраните задолжителни пензиски фондови. Фондот на ПИОМ наплатува

надоместок од пензиските друштва, пресметан како процент од

придонесите уплатени во задолжителните пензиски фондови. За 2010

година овој процент изнесуваше 0,2%.13

12МАПАС, Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурвање во 2010 година, Скопје април 2010 стр 1013МАПАС, Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурвање во 2010 година, Скопје април 2010 стр 10

23

Page 24: Дипломска работа

5. ПРВ СТОЛБ - Задолжително пензиско и инвалидско осигурување

врз основа на генерациска солидарност

Првиот столб го претставува задолжителното пензиско и инвалидско

осигурување за кое се грижи Фондот за пенсиско и инавалидско осигурување на

Македонија (ФПИОМ). Регулиран е со Законот за задолжително капитално

финансирано пензиско осигурување. Со оваа реформа првиот столб и во иднина

ќе функционира според принципот на генерациска солидарност. Ваквиот

принцип постоел и пред реформата. Тоа значи дека сегашните осигуреници

плаќаат придонеси за исплата на пензиите на сегашните пензионери. Овој

систем е познат како Pay-as-you-go. Месечно сегашните вработени одделуваат

придонеси во износ од 18% од нивните бруто плати.

Осигурениците кои влегуваат во првиот столб, нивните пензии целосно

ќе бидат исплатени од овој столб. Додека оние осигуреници кои автоматски се

вклучени во новиот двостолбен систем, дел од својата старосна пензија ќе ја

добиваат од вториот столб.

6. ВТОР СТОЛБ - Задолжително капитално финансирано пензиско

осигурување

Вториот столб го претставуваат задолжителните приватни фондови.

Поточно претставува задолжително капитално финансирано пензиско

оситурување. Овој столб е различен од тековното финансирано пензиско

осигурување односно од првиот столб. Се разликува и во поглед на третманот и

евиденцијата на уплатените придонеси и во поглед на утврдување и исплатата

на пензијата. Со реформата на пензискиот систем сите вработени по 1 јануари

2003 година задолжително влегуваат во вториот столб, додека вработените пред

1 јануари 2003 година доброволно одлучуваат дали ќе влезат во вториот столб,

односно имаат право на личен избор.

Новиот систем на пензиско осигурување овозможува висок степен на

транспарентност. Секој член на друштвото може да се информира за состојбата

на средствата на неговата индивудуална сметка. Во ова осигурување секој член

24

Page 25: Дипломска работа

има индивидуална сметка на која се акумулираат средствата од придонеси, кои

средства понатаму се инвестираат и остварениот принос од инвестициите,

намален за трошоците, во целост се додава на средствата акумулирани на

индивидуалната сметка на осигуреникот.

Средствата во ова осигурување се приватнно и конкурентно управувани,

создавајќи можност за максимизирање на целокупниот принос во интерес на

членовите. Една од поважните карактеристики на овој систем е

диверсификацијата на ризиците на инвестициите.

Со воведување на задолжителното капитално финансирано пензиско

осигурување се прави поделба на придонесот. Поделбата на придонесот од 18%

е 2/3 односно 12% во првиот столб, а 1/3 односно 6% во вториот столб, во

приватните пензиски фондови.

Секој осигуреник може да избере само еден пензиски фонд. Пензиските

фондови по закон работат како отворени инвестициски фондови.

Во рамките на вториот столб, односно во задолжителното капитално

финансирано пензиско осигурување, досега постојат две пензиски друштва кои

управувуваат со по еден задолжителен (и еден доброволен) пензиски фонд.

Првото друштво е акционерското друштво за управување со

задолжителните и доброволни пензиски фондови „НЛБ НОВ ПЕНЗИСКИ

ФОНД“ кое управува со: Отворен задолжителен пензиски фонд – „НЛБ

ПЕНЗИСКИ ФОНД“ Скопје и Отворен доброволен пензиски фонд - „ НЛБ

ПЕНЗИЈА ПЛУС“ Скопје.

Второто друштво е КБ Прво друштво за управување со задолжителни и

доброволни фондови АД Скопје, кое управува со КБ Прв отворен

задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски

фонд – Скопје.

6.1 Инвестирање на средствата на пензиските фондови

Во законот за пензиско осигурвање се дефинирани инвестициските цели

и принципи, видовите на инструментите во кои можат да се вложуваат

средствата на задолжителните пензиски фондови, условите што треба да ги

25

Page 26: Дипломска работа

исполнуваат регулираните секундарни пазари на капитал каде што се тргува со

средствата на задолжителните пензиски фондови, квалитетот на инструментите

во кои може да се инвестираат средствата на задолжителните пензиски

фондови, држави или групи на држави во кои може да се инвестираат

средствата на задолжителните пензиски фондови, инвестициските

ограничувања во рамките на инструментите и издавачите, забранетите

инвестиции, надминување на инвестициските ограничувања.

Како основни принципи кои важат за инвестирање на средствата на

задолжителните пензиски фондови се: сигурност на средствата,

диверсификација на ризикот од инвестициите и одржување на адекватна

ликвидност, а со цел остварување највисок принос. Сите овие принципи ги

применуваат задолжителните пензиски фондови исклучиво во полза на нивните

членови.

Средствата на задолжителните пензиски фондови се во постојан раст

поради што домашниот пазар станува мал во однос на потребите за

инвестирање на средствата на задолжителните пензиски фондови. Со измените

на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во

2010 година се зголеми максималното ограничување за инвестиции во

странство од 30% на 50% од средствата на задолжителните пензиски фондови.

Најголем дел од средствата на задолжителните пензиски фондови се

вложуваат во домашни државни хартии од вредност.

Средствата во задолжителните пензиски фондови се инвестираат со цел

истите да се зголемат.

26

Page 27: Дипломска работа

НЛБ ПЕНЗИСКИ ФОНД

Фармација; 1,55%

Индустрија; 1,84%Автомобилска

индустрија; 0,20%

Туризам; 0,21%

Транспорт; 0,21%

ИТ; 0,60%Телекомуникации;

0,42%Трговија; 0,09%

Прехрамбена индустрија ; 0,74%

Градежна индустрија; 0,50%

Биотехнологија; 0,06%

Текстил; 0,15%

Финансии; 37,95%

Побарување ; 0,01% Парични средства; 0,34%

Државни ХВ; 55,08%

Графикон бр.1

Од графикон бр.1 се забележува дека НЛБ ПЕНЗИСКИ ФОНД

средствата најмногу ги иинвестира во државни хартии од вредност и тоа 55,08%

од средствата се вложуваат во државни хартии од вредност. 37,95% ги

инвестира во областа на финансиите.

КБ ПРВ ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД

Фармација; 1,12%

Индустрија; 0,28%

Туризам; 0,48%

Текстил ; 0,02%

Транспорт; 0,12%Прехранбена индустрија;

0,03%

Градежна индустрија ;

0,35%

Финансии; 38,97%

Државни ХВ; 58,43%

Побарување; 0,01%

Парични средства; 0,18%

Графикон бр.2

27

Page 28: Дипломска работа

Од графикон бр.2 може да се забелижи дека и КБ Прв отворен

доброволен пензиски фонд своите средства најмногу ги инвестира во државни

харии од вредност и тоа 58,43%. Овој процент е нешто поголем во однос на

НЛБ Пензиски фонд.

7. ТРЕТ СТОЛБ - Доброволно капитално финансирано пензиско

осигурување

Дополнителното доброволно пензиско осигурување претставува

доброволно пензиско осигурување кое му овозможува на осигуреникот

дополнителна пензија покрај онаа пензија што ја добива од задолжителното

осигурување. Тука треба да потенцирам дека во третиот столб можат да се

вклучат и лица кои воопшто немаат засновано работен однос, кои воопшто не се

опфатени во системот на задолжително пензиско осигурување, а сакаат да

примаат пензија после одреден период. Лицата кои се вклучуваат во овој столб

си овозможуваат дополнително штедење за старост, при што им се зголемува

материјалната сигурност на старост.

Реформата на пензискиот систем, поточно воведувањето на

доброволното пензиско осигурување, неминовно влијае врз економијата на

Република Македонија. Како основно влијание е зголемување на штедењето на

населението. Воведувањето на третиот столб влијае кон подобрување на

инвестирањето како и поттикнување на развојот и продлабочување на пазарот

на капитал. Со инвестирање на средствата на доброволните пензиски фондови

се зголемува побарувачката на нови инструменти и нови финанскиски услуги.

Третиот столб, односно доброволното капитално финансирано пензиско

осигурување се базира на неколку основни принципи како што се: обезбедување

дополнителни средства во случај на старост, членување на доброволна основа,

капитално финансирање на принцип на дефинирани придонеси, инвестирање на

средствата врз основа на сигурност, диверсификација на ризик и одржување

адекватна ликвидност, како и транспарентност.

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување односно

третиот столб, е уредено со закон кој е донесен на почетокот од 2008 година.

Првата дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски

фондови и условно одобрение за управување со доброволен пензиски фонд, е

28

Page 29: Дипломска работа

издадена на седницата на управниот одбор на Агенцијата за супервизија на

капитално финансирано пензиско осигурување која била одржана на 15.04.2009

година. Првата дозвола се издава на Акционерското друштво за управување со

пензиски фондови „НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД“ Скопје за управување со

доброволниот пензиски фонд „ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД

НЛБ ПЕНЗИЈА ПЛУС“. Со оваа одлука се овозможило формирање на првиот

доброволен пензиски фонд и почеток на третиот столб во Република

Македонија. Отворен доброволен пензиски фонд „НЛБ пензија плус“ Скопје

почна со работа на 15.07.2009 година.

После одреден период издадена е и втора дозвола за вршење на дејност

управување со доброволни пензски фондови и второ условно одобрение за

управување со доброволен пензиски фонд. Втората дозвола се издава на КБ

Прво друштво за управување со пензиски фондови АД Скопје за управување со

доброволниот пензиски фонд „КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-

Скопје“, кој започна со работа на 21.12.2009 година.

Секој член во доброволен пензиски фонд може да има само една

доброволна индивидуална сметка и една професионална сметка. Овие сметки

може да се во ист или во различен доброволен пензиски фонд.

Средствата на доброволните пензиски фондови се инвестираат со цел

остварување што повисок принос единствено во полза на членовите. Приносот

на доброволната индивидуална и професионална сметка е променлив и зависи

од приносот на доброволниот пензиски фонд и од надоместоците наплатени од

друштвото. Приносот на доброволниот пензиски фонд зависи од условите на

пазарот на капитал и целокупната економија поради што движењето на

приносот тешко може да се предвиди. Процентот на добивката ќе зависи од

политиката на друштвото за управување со пензискиот фонд, во смисол во кои

хартии од вредност ќе ги инвестира средствата и од економските циклуси по

кои ќе се движи економијата на долг рок. Во тој смисол осигуреникот не може

да делува бидејќи средствата не се ликвидни односно достапни во секое време.

Право на располагање на пензиски надоместок од третиот столб лицата имааат

најрано десет години пред возраста за стекнување право на старосна пензија

согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Ова значи дека

начинот на исплата на пензискиот надоместок е полиберален во однос на

29

Page 30: Дипломска работа

вториот столб. До сега пензија од третиот столб може да уживаат лица со

наполнети 54 години за мажи и наполнети 52 години за жени.

Со уплаќање на средства во доброволните пензиски фондови членовите

фактички прават сигурна ивестиција.

Во доброволното капитално финансирано пензиско осигурување со

состојба 31.12.2010 година има вкупно 6 908 членови или тоа би значело 5 297

членови повеќе во однос на 2009 година. Од вкупниот број на членови во

третиот столб 2483 или 35,94% се членови со доброволна индивидуална сметка,

додека 4425 или 64,06% се учесници во пензиска шема со професионална

сметка.14

14 МАПАС, Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурвање во 2010 година, Скопје април 2010 стр57

30

Page 31: Дипломска работа

ЗАКЛУЧОК

Пензискиот систем на Република Македонија се наоѓа пред вистински

идни предизвици кои сигурно ќе влијаат на неговиот конкретен развој. Нема

поминато ниту две години од воведување на приватните пензиски фондови. Се

работи за систем кој директно зависи од економските трендови и насоки. Со

воведување на капитално финансирано пензиско осигурување и воспоставување

на повеќеслоен пензиски систем се врши диверзификација на ризиците. Се

избегнуваат ризиците на тој начин што доколку еден ризик го погоди тековното

осигурување, тоа нема да го погоди капитално финансираното осигурување.

Овде мислам на демографскиот ризик со кои се соочува тековното осигурување,

бидејќи со воведување на капитално финансирано пензиско осигурување се

намалува ризикот на стареење на населението. Од друга страна пак, има ризици

кои директно влијаат на капитално финансираното пензиско осигурување.

Ризици од типот неповолни движења на берзите како и лоша инвестициона

политика која овозможува недоволна добивка од инвестициите. Во овој случај

солидарното осигурување останува без големи потреси.

Како и да е, приватните пензиски фондови во Република Македонија се

сеуште „млади“, поради што рано е да се направи конкретна евалуација на

резултатите од реформата. Многу е рано за да се зборува за тоа какво влијание

приватните фондови ќе имаат врз пазарот на капитал. Но сега за сега, останува

прашањето дали може новиот повеќестолбен систем да биде ефикасен во

споредба со бизмарковиот систем, дали со реформирањето ќе се успее да се

зголемат пензиите, имајќи во предвид дека замената на системот трае околу 2

децении.

31

Page 32: Дипломска работа

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Домашна литература:

Христов Ристо, Политика на социјалниот развој, Економски факултет,

Скопје, 2008 година

Талески Петар, Финансирањето на современите Пензиски Системи во

земјите на ЕУ и РМ, Економски факултет, Скопје, 2008година

Списанија:

КАПИТАЛ, бр.546 (издаден 16 април, 2010 година)

Итернет извори:

http://mapas.gov.mk

http://mapas.gov.mk/wbstorage/files/Izvestaj%20KFPO%202010mk.pdf

http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=686BCE753CA6F7449DD83CF3E482736

http://www.statija.mk/archives/3874

http://www.ose.be/files/publication/2010/country_reports_pension/

OSE_2010_CRpension_Slovenia.pdf

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=713915BACD9EDE4E8977A23A7469419A

http://pension.be5.biz/002/32.htm

http://pension.be5.biz/002/24.htm

http://pension.be5.biz/002/30.htm

http://pension.be5.biz/002/31.htm

http://www.piom.com.mk/?idPage=184&idActuality=192

32