ветерна енергија

10
Ветерна енергија Изработено од:Марија Бојаџиева 8а

Transcript of ветерна енергија

Page 1: ветерна енергија

Ветерна енергија

Изработено од:Марија Бојаџиева 8а

Page 2: ветерна енергија

Енергијата на ветерот (или еолската енергија) е една од првите форми на енергија која ја користел човекот. Уште старите Египќани ја

користеле за задвижување на своите бродови и ветерни мелници. Ваквиот начин на

искористување на ветерната енергија, подоцна вклучувајќи и пумпи за вода, се задржал до

крајот на деветнаесеттиот век.

Page 3: ветерна енергија

Првата ветерна турбина која е користена за производство на електрична енергија била направена во 1891 год. од Данецот Пул ла Ур. Интересно е да се забележи дека

добиената електрична енергија ја користел за електролиза на водата, а на тој начин добиениот водород

понатаму се користел за осветлување во локално училиште. Може да се каже дека, во вистинска смисла на зборот, бил сто години пред своето време, бидејќи дури

кон крајот на дваесеттиот век се јавиле идеите за користење на ветерната и сончевата енергија за

електролиза на водата и користење на водородот за генерирање на електрична енергија во горивни ќелии.

Page 4: ветерна енергија

Помасовна употреба на енергијата на ветерот за добивање на електрична енергија започнала во триесеттите години од

минатиот век, кога во руралните области на САД биле изградени илјадници мали ветерници. Со развојот на големите хидро, термо и нуклеарни централи, ветерните централи, како

економски и технички неконкурентни, паднале во заборав. Како и кај другите видови на обновливи извори, енергетскиот

шок предизвикан од нафтената криза во седумдесеттите години од минатиот век, свесноста за ограничените резерви од фосилни горива и еколошките проблеми, повторно го вратија

интересот за ветерната енергија. Денес таа е најбрзорастечкиот сегмент во индустријата на обновливи

извори на електрична енергија. Најдобар пример за тоа е 2007 год. кога во светот се инсталирани нови ветерни централи со моќност од околу 20000 MW, што е зголемување за 31% во однос на претходната година. Според некои предвидувања,

ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму, така што до крајот на 2012 год., од 94000 MW во 2007 год., во светот ќе има вкупно

инсталирани капацитети со моќност од 240000 МW.

Page 5: ветерна енергија
Page 6: ветерна енергија

Ветерна турбина (позната и како ветерогенератор или аерогенератор) е

вртлива направа што ja користи силата на ветрот за да добие механичка енергија, која

потоа ја претвора во електрична.

Ветерна турбина

Page 7: ветерна енергија

За претходници на ветерната турбина се сметаат ветерниците, кои се користеле за мелење жито и

вадење вода од плавни земјишта. Првиот предок на современата хоризонтална ветерна турбина е поставен во 1931 г. на Јалта, СССР. Генераторот имал капацитет

од 100 kW и бил сместен на јарбол висок 30 m, поврзана со локалната дистрибутивна мрежа од 6,3 kV.

Имала годишен фактор на капацитет од 32%, што е мошне слично на денешните направи од овој вид. Во

1941 г. во Вермонт е пуштена првата мегаватна турбина ускладена со потрошувачката мрежа. Турбината

работела само 1100 часа бидејќи не можела да се одржува заради недостигот на материјали во војната.

Историја

Page 8: ветерна енергија

Првата ветрена турбина

Page 9: ветерна енергија

Во Македонија

Во Македонија првите ветерни електрани се изградени во периодот од 2011 до

2013 г, како дел од ПВЕ „Богданци“ близу градот Богданци во јужниот дел на

земјата. Во подготовка се изградбите и на разни други паркови на ветерни

електрани (ПВЕ) низ државата.

Page 10: ветерна енергија