Социјално претприемништво_заклучоци од ...

23
Заклучоци од конференцијата „Правна и фискална рамка за развој на социјалното претприемништво во Р. Македонија“ 31.01-01.02 2013, Скопје Зоран Стојковски, Извршен директор, ЦИРа

Transcript of Социјално претприемништво_заклучоци од ...

Page 1: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Заклучоци од конференцијата „Правна и фискална рамка за

развој на социјалното претприемништво во

Р. Македонија“31.01-01.02 2013, Скопје

Зоран Стојковски, Извршен директор, ЦИРа

Page 2: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Развојот на социјалното претприемништво во РМ е од голема важност, особено во решавањето на социјалните проблеми на маргинализираните социјални групи, давањето придонес кон економскиот развој и особено зголемувањето на вработувањето во повеќе сектори.

Придонес кон решавање на социјалните, економските и

проблемите со невработеноста во РМ

Page 3: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Има уставна и законска основа за развој (унапредување на постоечката или подготовка на нова) на законска регулатива за развој на социјалното претриемништво во РМ.

Во Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор 2012-2017 година, во пр. област 3 „Економски развој и социјална кохезија“ дефинирана е целта „Развој на социјалната економија“ со неколку предвидени мерки;

„Анализа на законската рамка за социјално претприемништво“ и Создавање на поттикнувачко правно опкружување за социјално претприемништво (СП)“, каде што МТСП е ставено како одговорна владина институција за реализација на овие мерки и приоритети.

Заклучоци од конференцијата-поврзани со законската

регулатива-

Page 4: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Да се користат примерите на државите во регионот и пошироко во ЕУ, во делот на носењето и функционирањето на законската регулатива и тоа:

Закон за социјално претприемништво (ЗСП) да биде доволно широк и поттикнувачки и со него да се овозможат сите форми на социјални претпријатија

Важен критериум за препознавање на едно СП е критериумот на демократското управување, т.е. можноста секој основач, вработен, член да дава предлози и одлуки во функционирањето на СП

Да не се заборави дека СП е првенствено бизнис, кој треба да се базира на прилагоденст кон локалните потреби и специфики

Заклучоци од конференцијата-поврзани со законската

регулатива-

Page 5: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

При носењето на законската регулатива да се земат в предвид потребите за развој и вработување на маргинализираните групи и неразвиените подрачја во Р.М.

ЗСП да направи дефинирање на поимот на социјално претпријатије, социјалното претприемништво, цели, облиците на СП, структурата на СП, клучни принципи на работа;

Работната група за анализа на влијанието на регулативата, во себе да вклучи претставници од сите засегнати страни вклучени во СП во РМ (ГОи, академскиот сектор, бизнис секторот и претставници на владини и јавни институции на локално и цантрално ниво)

Како резултат на работата на РГ, ќе се донесе одлука за стратегијата за развој на законската регулатива за СП во РМ

Заклучоци од конференцијата

Page 6: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Постои можност да се искористуваат средства од постојниот фонд во АВРМ за вработување на лица со хендикеп, доколку се додадат и други маргинализирани групи како можност за поттикнување на работадавачите

Да се поттикнат активности за работно оспособување на маргинализираните групи, како и зајакнување на нивната професионална ориентација;

Да се размисли за искористување на решението од Франција каде што компаниите се обврзани да имаат 7% лица хендикеп (кај нас може да биде од маргинализирани групи?); ако не работодавачите треба да платат одредена сума во фонд за поддршка на тие групи

Заклучоци од конференцијата

Page 7: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Има потреба од хармоницација на ЗСП со другите постојни закони (Законот за здруженија и фондации, Законот за земјоделски задруги, Законот за вработување на инвалидизирани лица, Законот за социјална заштита итн)

ЗСП да овозможи соодветни бенефиции (фискални олеснувања) за самите СП, како и за инвеститорите во работата на СП

Има потреба од создавање на фондови за поддршка на соц.претпријатија (државни, на банките, или комбинирани)

Заклучоци од конференцијата

Page 8: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Постојните мерки за вработување и за поддршка на МСП, меки кредитни линии за МСП, да можат да се наменат за соц.претпријатија, бенефиции за пракса (како другите МСП)

Да се размисли за воведување на предност во јавните набавки за социјалните претпријатија (на пр. Како во западните замји каде што постои тоа правило, доколку не се поскапи од 5 % во однос на другите)

Да се користи просторот или друга подршка ос страна на ЕЛС или државни институции, како можност за намалување на трошоци во функционирањето на СП

Заклучоци од конференцијата

Page 9: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Социјалните претријатија (СПа) се воспоставуваат врз основа на приватна иницијатива и сопственост

Управување по принципот на еден акционер еден глас (без оглед на финансиски капитал)

СПа извршуваат социјални и / или еколошки цели СПа го ре-инвестираат профитот во

понатамошниот развој на СП СПа можат да работат во комбинација од

вработени лица и волонтери СПа функционираат врз основа на внатрешна

солидарност меѓу работниците и надворешни чинители во опкружувањето

(можни) Клучни принципи на регулативата

за социјално претприемништво во Р.М.

Page 10: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Сите непрофитни правни лица: Здружение Фондација Јавна институција Установа Задруга/кооператива

Други (правни или физички(?)) лица со посебни права, кои се основани со примарна цел остварување на добивка, која не се дели на основачите (туку се користи за остварување на социјални цели или развој)

Кој би можел да биде социјално претпријатие во Р. Македонија

Page 11: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Дефинирање на сеопфатна правна рамка која ќе им овозможи планиран и сигурен развој на социјалните претпријатија.

Кодифицирање на концептот на социјалното претприемништво кој веќе е дефиниран во светот со идентификуваните принципи на функционирање на социјалната економија.

Дефинирање на видовите на (правни и физички(?)) лица кои можат да дејствуваат како СПа

Дефинирање на услови за работа и видот на активностите со општествено корисен карактер кој СПа може да ги спроведе, како и целните групи кои можат да бидат вработени во СПа

Можни цели на законот за социјално претприемништво во Р. Македонија

Page 12: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Дефинирање на стилот на управување на СПа, како и регистрацијата или трансформација во СПа, како и начинот на затворање на социјалниот бизнис

Дефинирање на елементите на одредено поттикнувачко опкружување кое треба да биде воспоставено од страна на властите (централни и локални) кои ќе овозможат развој на СП, како и на активните политики за вработување, со што ќе се поттикнат вработувањата во овој сектор

Дефинирање на мерките за следење и социјално известување, кој ќе им овозможи транспарентни бизнис практики и воспоставување на систем на потребната доверба меѓу актерите во сите три сектори, како клучен услов за развој на овој сектор

Можни цели на законот за социјално претприемништво во Р. Македонија

Page 13: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Иновативни збогатувања на традиционалните јавни услуги(на пример, во областа на заштита на животната средина, локалниот одржлив развој, наследство, детската заштита, социјалните права, образованието, туризмот ...)

Овозможување на граѓанскиот сектор да биде со конкретна претприемничка ориентација,

Давање можност да се вршат комерцијални активности на специфичен начин, со вклучување на волонтерската работа, и вклучување на засегнатите страни во системот на заедничко раководење на СПа

Обезбедување на социјална инклузија на исклучените групи и нивната реинтеграција во пазарот на трудот

Можни развојни цели на законот за социјално претприемништво во Р.

Македонија

Page 14: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Пренасочување на јавните средства од пасивни форми на помош во социјални инвестиции и социјална иновација

Намалување на непријавената работа и сивата економија

Зачувување на работните места во трудово-интензивните индустрии преку развој на работнички задруги и други форми на организирање

Развој на етички банкарски и други финансиски услуги (ревитализација на штедилниците и кооперативните банки)

Зголемување на социјалната кохезија и интеграција на луѓето преку давање можност да се обезбедат иновативни решенија за проблемите во областите кои заостануваат со развојот

Можни развојни цели на законот за социјално претприемништво во Р.

Македонија

Page 15: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Подигање на стапката на вработеност на ранливите групи,

Развој на социјално вклучување и активно граѓанство изајакнување на социјалниот капитал на локалните рурални и неразвиени подрачја

Можни развојни цели на законот за социјално претприемништво во Р.

Македонија

Page 16: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Социјална заштита и инклузија Заштита на инвалидизирани лица Заштита на природата и животната средина Користење на алтернативни и обновливи видови

на енергија Образование и воспитување Научно-истражувачка дејност Еколошко/органско земјоделие, сточарство и

производство на храна Туризам, алтернативен туризам, селски туризам Етичко и алтернативно банкарство

Подрачја на делување на социјалните претпријатија во Р.

Македонија

Page 17: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Здравствена заштита и промоција на здравјето Аматерски спорт, рекреација и физичка култура Поттикнување и поддршка на развојот на

локалните заедници Зголемување на одржливоста на граѓанските

организации Делување во однос на поддршка на основањето

и развојот на нови социјални претпријатија Промоција и обнова на старите занаети Трговија (специјализирани продавници за

социјално загрозени лица)

Подрачја на делување на социјалните претпријатија во Р.

Македонија

Page 18: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Лица кои се едвидентирани како невработени во Агенцијата за вработување подолго време (најмалку 24 месеци);

Инвалидизирани лица на кои не им е обезбедено правото на професионална рехабилитација и вработување во согласност со Законот за вработување на лица со инвалидитет;

Невработени лица кои поради телесна или душевна болест имаат намалена можност да се вработат, да ја задржат работата и да напредуваат;

Лица постари од 50 години кои без своја вина останале без работа;

Социјалното претприемништво отвара можност за продуктивно

вработување на следниве ранливи категории:

Page 19: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Лица поранешни зависници од дроги и алкохол Самохрани родители Жртви на семејно насилство Лица кои издржувале казна затвор Лица кои немаат завршено основно образование Роми Бегалци и раселени лица

Социјалното претприемништво отвара можност за продуктивно

вработување на следниве ранливи категории:

Page 20: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Има потреба од пошироко информирање на заинтересираните страни и јавноста за поимот и концептот на социјално претприемништво, како и повеќе терминолошки и концептуални разлики (социјално претпријате VS непрофитна организација, социјално претприемништво VS корпоративна општеставена одговорност)

Има потреба од работа со новинарите во економските редакции за доближување на концептот на СП

Да се размисли за воведување на заштитни знаци/марки за прозводите на социјални претпријатија

Заклучоци од конференцијата- поврзани со промоцијата -

Page 21: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

ГОи имаат голема предност пред другите засеганати страни за почеток на активности за социјално претприемништво, првентствено преку искористување на грант поддршката, како и пратнерството со институции на локално и национално ниво

Недостасува претприемнички дух и вештини кај персоналот на ГОи за активности на социјално претприемништво

Заклучоци од конференцијатаповрзани со ГОи

Page 22: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Постоењето и развојот на формалните и неформалните форми на образование за социјалното претриемништво е од голема важност за оние кои работат или се заинтересирани да започнат со активности на СП

Формирањето на центри за поддршка, инкубатори за развој на СП е од голема важност за понатамошен развој на СП во РМ. Искористување на постојните инкубатори со фокус кон МСП, е одлична можност

Регионалната соработа (на пр. ESENSEE мрежата) е одличен начин за размена на искуства, и развој на СП во РМ

Заклучоци од конференцијатаповрзани со вештини и развој на

СП

Page 23: Социјално претприемништво_заклучоци од  конференцијата_работна верзија

Ви благодарам!

Зоран Стојковски, Извршен директор [email protected]