Хаклбери Фин

2
Хаклбери Фин Хаклбери Фин е една од најинтересните книги што сум ги прочитал.Оваа книга е напишана од Марк Твен (30 ноември 1835 - 21 април 1910 ), голем американски хуморист, новинар и предавач. Неговото книжевно дело е големо. Меѓу најдобрите дела се оние со тематика од животот крај реката Мисисипи и на нејзините брегови. Негови најпреведувани дела се: „Доживувњата на Том Соер“, „Доживувањата на Хаклбери Фин“ и „Животот на Мисисипи“. Во оваа книга е напишано за Хаклбери Фин кој имал авантури со своите пријатели. Хаклбери Фин е добродушен но понекогаш му било тешко да им помага на луѓето. Тој бил љубопитен тоа можеше да се види во случката, кога со Џим го нашле Парабродот кој во невремето се удрил во карпите. Тие го истражувале и дознале дека во него има разбојници. Тие сакале да избегаат од разбојниците но надвор кога излегле го немало сплавот. Со чамецот на разбојниците успеале да избегаат, но потоа го нашле сплавот. Хак и Џим отишле во најблискиот град и кажале дека има параброт кој потонува. Потоа стражарот отишол и ги спасил разбојниците. Таткото на Хаклбери Фин бил алкохоличар, тој го земал во колибата далеку од градот и секој ден го тепал. Преку ден тие заедно ловеле риби и други животни и не го пуштал да оди на училиште. Негов најдобар пријател му е Том Соер кој многу сакал да има авантури и секогаш бил љубопитен како Хак. Тој заедно со Хак го ослободиле Џим кој бил затворен во барака. Тие ископале дупка и излегле точно под креветот на Џим и Том му рекол да пишува нешто на ѕидовите затоа што тоа го правеле сите познати затвореници, но потоа кога излегле со Џим тие биле прогонувани од селаните кој имале пушки. Кога стигнале на сплавот ти брзо завеслале и се одалечиле неколку километри. Потоа виделе како од ногата на Том течела крв. Том бил погоден во ногата. Но со еден збор бил голем јунак. Кога патувал со сплавот тој сретнал многу нови пријатели како Џим. Џим бил црнец и тој избегал од Г-ѓа Вотстон која го продавала како роб. Тој многу бил добар и рекол кога ќе биде слободен ќе започне да работи

Transcript of Хаклбери Фин

Page 1: Хаклбери Фин

Хаклбери Фин

Хаклбери Фин е една од најинтересните книги што сум ги прочитал.Оваа книга е напишана од Марк Твен (30 ноември 1835 - 21 април 1910), голем американски хуморист, новинар и предавач. Неговото книжевно дело е големо. Меѓу најдобрите дела се оние со тематика од животот крај реката Мисисипи и на нејзините брегови. Негови најпреведувани дела се: „Доживувњата на Том Соер“, „Доживувањата на Хаклбери Фин“ и „Животот на Мисисипи“.

Во оваа книга е напишано за Хаклбери Фин кој имал авантури со своите пријатели. Хаклбери Фин е добродушен но понекогаш му било тешко да им помага на луѓето. Тој бил љубопитен тоа можеше да се види во случката, кога со Џим го нашле Парабродот кој во невремето се удрил во карпите. Тие го истражувале и дознале дека во него има разбојници. Тие сакале да избегаат од разбојниците но надвор кога излегле го немало сплавот. Со чамецот на разбојниците успеале да избегаат, но потоа го нашле сплавот. Хак и Џим отишле во најблискиот град и кажале дека има параброт кој потонува. Потоа стражарот отишол и ги спасил разбојниците.

Таткото на Хаклбери Фин бил алкохоличар, тој го земал во колибата далеку од градот и секој ден го тепал. Преку ден тие заедно ловеле риби и други животни и не го пуштал да оди на училиште.

Негов најдобар пријател му е Том Соер кој многу сакал да има авантури и секогаш бил љубопитен како Хак. Тој заедно со Хак го ослободиле Џим кој бил затворен во барака. Тие ископале дупка и излегле точно под креветот на Џим и Том му рекол да пишува нешто на ѕидовите затоа што тоа го правеле сите познати затвореници, но потоа кога излегле со Џим тие биле прогонувани од селаните кој имале пушки. Кога стигнале на сплавот ти брзо завеслале и се одалечиле неколку километри. Потоа виделе како од ногата на Том течела крв. Том бил погоден во ногата. Но со еден збор бил голем јунак.

Кога патувал со сплавот тој сретнал многу нови пријатели како Џим. Џим бил црнец и тој избегал од Г-ѓа Вотстон која го продавала како роб. Тој многу бил добар и рекол кога ќе биде слободен ќе започне да работи и да си ги купи своите деца и жена му кои биле робови. Џим многу го сакал Хак како брат.

Хак заедно со неговите другари имал многу авантури, по патот тие сретнале едно дете и еден старец. Детето викало дека е наследник војвода, а старецот пак дека бил крал. Се разбира тие не поверувале само знаеле дека тие се двајца лажговци. Тие оделе во градови и правеле претстави кои биле многу глупи народот секогаш ги гонел, но тие им бегале, но еден ден ги фатиле и цели ги направиле со јаглен и пердуви.

Со еден збор оваа книга е интересна и авантуристичка и мене ми остави силен впечаток.