дневни подготовки-5то одд.-тема 2

29

Click here to load reader

Transcript of дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Page 1: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 1. Усвојување на нов вокабулар- објекти кои се среќаваат во градДатум 08.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови со кои се именуваат објекти кои се среќаваат во град

да искаже местоположба на објекти

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги прашува учениците да му набројат кои објекти се среќаваат во град и кои од тие објекти ги посетиле некогаш.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови. Учениците го повторуваат секој збор повеќе пати со цел да го увежбаат нивниот изговор. Наставникот го пушта аудиозаписот од вежба 1/стр.10 за учениците да го слушнат и да ги повторат зборовите покажувајќи кон соодветната слика во учебникот.Наставникот ги потсетува учениците на предлозите за место кои им се веќе познати од порано (next to, between, in, on, under) и ги поучува предлозите opposite и beside. Учениците ја разгледуваат дадената мапа во вежба бр.1 и ја искажуваат местоположбата на објектите во градот.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во град)

Додатна активност Наставникот ги прашува учениците дали можат да се потсетат на зборови кои им се веќе познати, а кои ги асоцираат на град. Потоа од нив бара да ги запишат истите. Онаа група која ќе има напишано повеќе зборови е победник во оваа игра.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборовите, составување едноставни реченици) , усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 2: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Очекуван исход Учениците именуваат објекти кои се среќаваат во град и составуваат едноставни реченици.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија предвидените зборови и можеа да ја искажат местоположбата на објектите кои ги гледаа на мапата. Послабите ученици имаа потреба од мала помош, но и тие се потрудија. Мислам дека оваа активност им беше интересна. Доста интересна им беше и играта поради самиот натпревар помеѓу нив. Во иднина би можела да осмислам и некоја друга игра.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 3: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 2. Слушање и читање со разбирање на краток текстДатум 10.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба зборовите со кои се именуваат објекти во градот да го увежба читањето на текстот во кои се среќаваат познати

зборовиФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час, а со кои се именуваа објекти во градот.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници и внимателно да го слушнат аудиозаписот од вежба бр 2/стр.10. Потоа, наставникот поставува прашања поврзани со слушнатиот текст, а учениците одговараат на истите. Наставникот бара учениците да ги отворат учебниците и да ги обележат речениците како точни или погрешни.Наставникот повторно го пушта дијалогот за учениците да го слушнат, прочитаат и да го повторат слушнатото. Потоа, поделени по улоги, учениците го читаат текстот.

Завршен дел (10мин) Учениците се сооценуваат во групи, односно одбираат која група најдобро го читаше текстот. Потоа, со помош од наставникот, учениците се обидуваат да го преведат текстот.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во град)

Додатна активност Наставникот ја поставува флеш картата бр.6 на табла и прашува “What is there on the riдht?”, а учениците одговараат “There’s a record shop on the riдht.” Потоа прашува “Where’s the record shop?”(It’s next to the bank). Наставникот прашува за местоположбата на објектите на сликата, а учениците одговараат.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, превод, учество во дијалози) , усни одговори на прашања од наставникот,

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 4: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

оценување и вреднување на работата на учениците

усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат објекти кои се среќаваат во град и го читаат текстот во кој се среќаваат познати зборови.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги именуваат објектите кои се среќаваат во град и го читаат текстот со познати зборови. Учениците сами го оценуваа нивното читање и беа доста објективни. Учениците подеднакво реагираа на сите активности.Во иднина би можела да применам игра или квиз во текот на овој час.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 5: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 3. Вежби- употреба на безличните глаголски форми “there is/ there

are”Датум 15.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги употреби безличните глаголски форми “there is/ there are” во реченица

да искаже местоположба на даден објектФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.4/стр.11 и бара од учениците да ги именуваат објектите кои ги гледаат на сликата. Потоа прашува: “What is there on the left?” (There is a record shop/ supermarket/ restaurant/ cinema/ bank/ station on the left) и “What is there on the riдht?”, а учениците одговараат.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ја поучува употребата на безличните глаголски форми “there is/ there are”, а учениците искажуваат што гледаат на мапата од улицата Хил (There is a hotel in Hill Street. There are two houses in the Hill Street).Вежба бр.5. Учениците ги читаат речениците кои се однесуваат на сликата од вежба бр.4 и ги означуваат речениците како точни или погрешни.Вежба бр.6. Ученици-доброволци го читаат дадениот пример. Потоа, во парови, учениците составуваат слични дијалози.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.7. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат, да ја погледнат мапата и да ги дополнат речениците со соодветните зборови кои означуваат некој вид објект.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, метод на практична работа, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во град)

Додатна активност Вежба бр.8/стр.11. Учениците го слушаат дијалогот и го повторуваат слушнатото. Потоа, следејќи го дадениот модел, тие составуваат дијалози за дадените објекти.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, учество во дијалози) , усни одговори на прашања од наставникот, усна

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 6: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

оценување и вреднување на работата на учениците

повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат местоположба на објекти и правилно ги применуваат безличните глаголски форми“there is/ there are” во едноставни реченици.

Рефлексија на часот Сите ученици учествуваа во предвидените активности. Тие ги применуваа безличните форми “there is/ there are” составувајќи едноставни реченици поврзани со дадена слика (мапа). Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии, но мал дел од учениците ги имаа заборебено зборовите со кои се именуваат објекти и им беше потребна мала помош. Поинтересна активност им беше вежба бр.6. Во иднина би можела да применам игра поврзана со содржините од овој час.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 7: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 4. Усвојување на нов вокабулар-простории и предмети во домотДатум 15.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои новите зборови со кои се именуваат предмети и простории во домот

да го увежба читањето на дијалогот со познати зборовиФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Покажувајќи на постер, наставникот ги потсетува учениците на просториите кои се среќаваат во домот. Учениците ги именуваат оние простории кои им се веќе познати.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на зборовите кои беа претходно поучувани во склоп на оваа тема. Потоа ги поучува новите зборови еден по еден, а учениците го повторуваат секој збор повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат нивниот изговор и уште еднаш да ги повторат истите. Наставникот бара учениците да ги затворат нивните учебници и да се обидат да ги именуваат просториите и објектите во домот кои тој ќе им ги покаже на слика.Наставникот го пушта дијалогот од вежба бр.2/стр.12 за учениците да го слушнат, а потоа и да одговорат на прашањата кои тој им ги поставува со цел да увиде колку тие го разбрале истиот. Наставникот бара учениците да ги отворат нивните учебници. Потоа, тој го пушта дијалогот за тие да го слушнат, прочитаат и да го повторат слушнатиот текст реченица по реченица.

Завршен дел (10мин) Во мали групи, учениците го читаат дијлогот поделени по улоги. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Потоа, учениците се самооценуваат како група, односно го оценуваат нивното читање како група.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер, листа со новите зборови и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (простории во домот)

Додатна активност Вежба бр.3/стр.12. Учениците ги читаат речениците и ги обележуваат како вистинити или невистинити. Неколку ученици ги

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 8: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

читаат нивните одговори за останатите од одделението.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, читање, меморирање на нови зборови) , усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат предмети и простории во домот и го читаат текстот со познати зборови.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати. Учениците ги усвоија новите зборови со кои се именуваат простории и предмети кои се среќаваат во домот. Сите ученици учествуваа во читањето на текстот поделени по улоги и беа доста објективни при оценувањето на нивното читање на текстот. На послабите ученици им беше потребна мала помош при читањето. Најинтересно им беше именувањето на просториите и предметите во домот и самооценувањето во групи. Во иднина би можела да применам квиз со новите зборови кој би го поттикнал натпреварувачкиот дух меѓу учениците.

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 9: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Наставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 5. Потсетување на предметните и на присвојните заменкиДатум 17.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ја увежба употребата на предметните заменки да ја увежба употребата на присвојните заменки

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите предлози за место. Потоа, го чита примерот од вежба бр.4/стр13. Учениците, следејќи го примерот, составуваат едноставни реченици искажувајќи ја местоположбата на предметите од сликата кој ае дадена во оваа вежба.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на личните заменки и на предметните заменки нагалсувајќи дека личните заменки се употребуваат пред глаголот во реченицата (He is John.), а додека предметните заменки се употребуваат после глаголот во реченицата (Look at him!). Потоа, наставникот ги потсетува учениците на присвојните придавки и на присвојните заменки објаснувајќи дека присвојните придавки се употребуваат пред именки, а додека присвојните заменки не- односно со присвојните заменки може да се замени присвојна придавка+именка. (It’s my book. It’s mine.)Учениците ја пишуваат вежба бр.5/стр.13 во нивните тетратки, а неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.6. Учениците ја слушаат и ја пополнуваат вежбата со глаголите кои недостасуваат.Вежба бр.7. Во парови, учениците прашуваат и одговараат за местоположбата на просториите во домот.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, демонстративен метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (простории во домот)

Додатна активност Поделени по улоги, учениците го читаат текстот од претходниот час обидувајќи се да го драматизираат.

Методи, форми и Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, учество во

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 10: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

дијалози) , усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги применуваат предметните и присвојните заменки.

Рефлексија на часот Дел од учениците немаа проблем со употребата на присвојните и предметните заменки, но дел од учениците имаа потреба од помош- односно беа збунети при решавањето на вежбите. Тие делуваа несигурно при искажување на нивните одговори. Најинтересна им беше активноста во парови (вежба бр.7), а во иднина би можела да применам игра-цртање на просториите во домот по дадени инструкции.

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделение

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 11: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Наставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 6. Вежби- составување реченици по дадени сликиДатум 22.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба лексичките единици и граматичките структури од оваа тема

да го увежба составувањето на реченици по дадени сликиФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на лексичките единици кои беа поучувани во склоп на оваа тема. Учениците ги именуваат предметите и просториите кои ги гледаат на сликите.

Главен дел (20 мин) Наставникот дистрибуира слики со познати поими. Тој ги дели учениците во групи и им ги појаснува правилата на играта.Учениците ги разгледуваат сликите и треба да состават реченици со колку што можат повеќе зборови. Учениците ги запишуваат речениците во тетратките, а еден претставник од групата излегува и ја запишува реченицата и на таблата. Групата добива онолку поени колку што има зборови во самата реченица.Победник е групата со најмногу поени.

Завршен дел (10мин) Наставникот покажува мапа на град. Потоа, поставува прашања поврзани со објектите кои се претставени на мапата. Учениците одговараат на овие прашања.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, флеш карти, мапа и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во градот)

Додатна активност Учениците ја играат играта Hangman користејќи ги зборовите од оваа тема.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (именување на познати поими, составување едноставни реченици) , усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците составуваат едноставни реченици по дадени слики. Рефлексија на часот Во текот на часот учениците се потсетија на клучните зборови од

оваа тема. Тие се обидоа да состават реченици по дадени слики со

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 12: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

колку што е можно повеќе зборови и оваа активност им беше доста интересна, бидејќи беше во вид на игра. Сите ученици учествуваа во активностите од овој час иако послабите ученици не делуваа толку сигурно при искажување на нивното мислење. Во иднина би можела да употребам наставно ливче во текот на овој час.

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 13: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Наставна единица 7. Слушање со разбирање и читање на даден текстДатум 22.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги развие јазичните вештини- слушање и читање со разбирање

да одговори на поставени прашањаФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр 1/стр.10 и ги прашува учениците за местоположбата на дадените објекти од сликата. На пр. “Where is the bank? It’s in Hill Street, opposite the restaurant.”

Главен дел (25 мин) Вежба бр.1/стр.14. наставникот го насочува вниманието на сликата од оваа вежба и им објаснува на учениците дека треба да откријат кој е домот на Кели според инструкциите кои ќе ги слушнат од аудиозаписот. Учениците го слушаат записот и ги даваат нивните одговори. Наставникот повторно го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат, прочитаат и да го повторат слушнатиот текст реченица по реченица. Учениците го читаат текстот индивидуално, а наставникот им помага доколку има потреба од тоа.Вежба бр.2. Учениците ги читаат прашањата и ги запишуваат нивните одговори во тетратките. Тројца ученици ги запишуваат одговорите на прашањата на таблата.

Завршен дел (5 мин) Вежба бр.3. Наставникот дава инструкции за решавање на вежбата. Учениците треба да повлечат линија од објектот до неговата местоположба на сликата следејќи ги инструкциите од слушнатиот исказ. Додека учениците ја решаваат вежбата, наставникот се движи низ училницата и ги проверува нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, тивка активност (silent way), работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во градот)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да напишат три реченици кои се однесуваат на сликата од вежба 1, а во кои ќе бидат употребени безличните глаголски форми “there is/ there are”.

Методи, форми и Постојано следење на активноста на ученикот (слушање со

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 14: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

разбирање на аудиоискази, читање со разбирање) , усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ги разбираат слушнатите и прочитаните искази. Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги разбираа слушнатите

искази и соодветно реагираа на истите. Тие го увежбаа читањето на текстот со познати зборови. Најинтересна им беше вежба бр.3 каде требаше да ја одредат местоположбата на објектите според слушнатите искази. Во иднина би можела да применам квиз или игра во текот на овој час.

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделение

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 15: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Наставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 8. Вежби- давање инструкции како да се стигне до одредена

локацијаДатум 24.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да даде инструкции како да се стигне до одредено место да одговори на поставени прашања

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на прашањата од вежба бр.4/стр.14. Потоа, во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашањата од оваа вежба.

Главен дел (25 мин) Наставникот ги дели учениците во групи и секоја група добива мапа на град. Потоа наставникот дава инструкции, а учениците следејќи ги инструкциите се движат низ мапата. Во групи, учениците играат игра при што еден ученик од групата А дава инструкции, а ученик од група Б следејќи ги инструкциите треба да стигне до одредено место. Потоа ученик од група Б дава инструкции за ученик од група В, а ученик од група В за ученик од група А. За секое точно следење на дадените инструкции, ученикот освојува поен за својата група.Вежба бр.5/стр.14. следејќи го примерот од вежба бр.1, учениците пишуваат покана до нивно другарче, давајќи му инструкции како да стигне до нивниот дом.

Завршен дел (5 мин) Учениците ги читаат напишаните инструкции за останатите од одделението.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, мапи, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, метод на игра, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, тивка активност (silent way), работа во парови, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во градот)

Додатна активност Наставникот запишува зборови кои учениците треба правилно да ги распоредат за да добијат точна реченица. Тие ги читаат нивните одговори.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалози, давање и следење на инструкции) , усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 16: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

работата на учениците

Очекуван исход Учениците ги разбираат слушнатите инструкции и даваат инструкции како да се стигне до одредена локација.

Рефлексија на часот Во целост земено, ова беше доста интересен час за учениците и тие пројавија желба да ја повторат играта со давање инструкции во некој од наредните часови. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и во иднина не би менувала ништо во врска со овој час.

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделение

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 17: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Наставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 9. Игра и песничкаДатум 29.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба моделот на давање инструкции како да се стигне до одредена локација преку игра и песничка

да се потсети на вокабуларот од оваа темаФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на реченицата од вежба бр.6/стр.15 и го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и увежбаат изговорот на гласовите /b/ и /p/ во дадените зборови. Учениците ја читаат и повторуваат реченицата се побрзо и побрзо во вид на брзозборка.

Главен дел (25 мин) Вежба бр.7. Наставникот го насочува вниманието на сликата од оваа вежба и бара од учениците да ги именуваат објектите кои ги гледаат на истата. Тој го чита дадениот пример, а потоа ги објаснува правилата за играње на играта. Учениците ја играат играта, а наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Ученикот кој ќе ја погоди локацијата која ја замислил ученикот кој одговара на прашањата е следниот кој замислува локација. Наставникот го чита текстот од песничката насловена како “Left and riдht” , а потоа ја пушта повеќе пати за учениците да ја слушнат и да се обидат да ја пеат.

Завршен дел (5 мин) Во мали групи, учениците ја изведуваат песничката најдобро што можат, а потоа гласаат која група најдобро ја отпеала песничката.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, мапи, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на песна, метод на игра, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во градот)со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Учениците се поделени во групи. Наставникот кажува буква, а тие треба за 2 минути да напишат колку што можат повеќе зборови кои започнуваат на таа буква. Победник е групата со најмногу зборови кои се точно напишани.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во играта и во изведбата на песничката) , усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 18: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

работата на учениците

Очекуван исход Учениците даваат инструкции како да се стигне до одредена локација и ги следат истите за тие да стигнат до некоја локација.

Рефлексија на часот Учениците го увежбаа моделот на давање инструкции како да се стигне до одредена локација преку играње на игра, а се потсетија на просториите и предметите во домот преку пеење на песничката. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна им беше играта со пишување зборови на дадена буква. Во иднина би можела да пронајдам друга песничка од Интернет проследена со видео која би била поинтересна за нив.

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделение

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 19: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Наставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 10. Потсетување на содржините од тема бр.2Датум 29.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на лексичките единици и на граматичките структури кои беа поучувани во оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува зборови со измешан редослед на буквите. Од учениците бара да откријат кои се напишаните зборови и правилно да ги напишат. (на пр. ntkceih=kitchen).

Главен дел (25 мин) Со цел да ги потсети учениците на зборовите со кои се именуваат простории во домот, наставникот им пушта краток видеозапис, а учениците ги именуваат просториите кои ги гледаат (http://www.youtube.com/watch?v=gf-HPng-jY8 ). Наставникот пушта уште еден видео запис со предмети кои се среќаваат во домот, а учениците ги именуваат познатите предмети (http://www.youtube.com/watch?v=xM-MCsaTQVI&feature=relmfu ).Наставникот ги дели учениците во групи за да ја играат играта на давање инструкции според дадени мапи која им е веќе позната.

Завршен дел (5 мин) Наставникот запишува реченици во кои се употребени присвојни придавки и бара од учениците да ги трансформираат истите применувајќи присвојни заменки. (на пр. This is her book. This book is hers). Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, мапи, компјутер, проектор, екран, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Аудио-визуелен метод, метод на практична работа, метод на игра, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во градот)

Додатна активност Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на лексичките единици кои беа поучувани во склоп на претходната тема.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во игра, вежби) , усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 20: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

работата на учениците

Очекуван исход Учениците именуваат познати поими и даваат и следат инструкции како да се стигне до одредена локација.

Рефлексија на часот На барање на учениците во текот на овој час тие повторно ја играа играта на давање инструкции со примена на мапи. Тие се потсетија на вокабуларот од оваа тема преку проследување на кратките видеа и ова им беше најинтересна активност заедно со играта. На мал дел од учениците им беше потешка последната активност на трансформирање на речениците и имаа потреба од помош. Во иднина би можела да применам некоја игра од Интернет поврзана со вокабуларот од оваа тема.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 21: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.2- Местото каде живеам!Наставна единица 11. Утврдување на содржините од тема бр. 2Датум 01.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на содржините од тема бр.2 да го утврди своето познавање на содржините од темa бр. 2

Фази на часот АктивностиВоведен дел (8 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на

клучните зборови од темa бр. 2, а во кратки црти ги потсетува и на веќе познатите граматички структури кои се среќаваа во оваа тема. Потоа, од учениците бара да ги затворат нивните тетратки и учебници.

Главен дел (30 мин) Наставникот дистрибуира тестови и ги објаснува вежбите дадени во тестот. Доколку има некои прашања од страна на учениците кои се поврзани со вежбите, тој одговара на истите. Учениците индивидуално ги решаваат вежбите од тестот.

Завршен дел (2 мин) Решените тестови учениците ги враќаат кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

учебник, тетратка, молив, гума,табла, креда, тест и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на тест, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)со општество (објекти во градот)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот и на граматичките структури) , усни одговори на прашања од наставникот, тест, бодовна скала, писмена повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ги решаваат вежбите од тестот и на тој начин ги утврдуваат нивните познавања на содржините од оваа тема.

Рефлексија на часот Учениците ги решија вежбите од тестот и според направената анализа на резултатите од истиот, може да се каже дека средниот успех е добар а со тоа и усвоеноста на содржините од оваа тема.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 22: дневни подготовки-5то одд.-тема 2

Наставник: Билјана Влахова Карадачки