Предавање 4 Енталмологија

45
СИСТЕМАТИКА НА ИНСЕКТИТЕ

description

Предавање 4 попредметот Енталмологија

Transcript of Предавање 4 Енталмологија

СИСТЕМАТИКА НА ИНСЕКТИТЕ

КЛАСА INSECTA

Класата Insecta е поделена на две поткласи:

поткласа: Apterygota – примарно бескрилни инсекти и

поткласа: Pterygota крилни инсекти .

ПОТКЛАСА APTERYGOTA

Поткласата Apterygota е претставена со 4 редови (Ordo):

ред Protura; ред Collembolla; ред Thysanura; ред Diplura.

ред Protura Ситни инсекти, со големина 0,5-2,5 mm,

сплеснато тело, најчесто безбојни, а понекогаш светложолти или портокалови и со изразена влакнатост;

Развојот на Protura е хемиметаболија (анаморфоза) со три пресвлекувања.

Живеат на влажни места, а нивното движење е условено со влажноста на супстратот.

Се хранат со органска материја во распаѓање и хифи на габите, заради што се среќаваат во микоризите.

Немаат економско значење за земјоделското производство.

ред Diplura Ситни, слепи инсекти, со големина

околу 2 mm, а тропските видови 40 – 50 mm.

Постојат околу 400 видови, најчесто присутни во тропски и суптропски подрачја.

Живеат на влажни места, во угинати дрвја, под кората на дрвата, во земјиште под камења и слично.

Немаат економско значење за земјоделското производство.

Ситни инсекти, со големина околу 0,25 mm, а ретко до 10 mm.

Живеат во влажни почви, во гнездата на мравките и термитите, на површината на слатки и солени води.

Некои од нив може да имаат економско значење за земјоделските култури. Забележани се штети на коренчињата кај некои видови цвекиња: орхидеи, каранфил, луковицата на лалиња и кај луцерката, шеќерната репа, житата.

Најзначаен штетен вид е Sminthurus viridis L. (фам. Sminthuridae) кој има 4-6 генерации годишно и регистриран е како штетник на луцерката.

ред Collembolla

ред Thysanura Ситни бескрилни инсекти, со големина 5-20 mm,

вретеновидно тело, со сребренаста боја, покриено со лушпички.

Живеат на влажни и скриени места, во почва, трули дрва, растителни остатоци, под камења, во гнезда на мравки и термити. Многу често се среќаваат по домовите, библиотеките, пекарите.

Најпознати видови се: - Lepisma saccarina L. и - Ctenolepisma longicaudata L. од фам. Lepismatidae.

ПОТКЛАСА PTERYGOTA

Ред Ephemeroptera - водени цветови;

Ред Odonata – авиончиња;

Ред Orthoptera – правокрилци;

Ред Phasmida – страшила;

Ред Dictyoptera - бубашваби и богомолки;

Ред Isoptera – термити;

Ред Dermaptera – кожокрилци;

Ред Embioptera;

Ред Zoraptera;

Ред Plecoptera;

Ред Psocoptera;

Ред Malophaga – влакнојади;

Ред Anoplura - вистински вошки

Поткласата Pterygota е претставена со повеќе редови:

Ред Thysanoptera – трипси;

Ред Heteroptera – стеници;

Ред Homoptera - еднаквокрилци

(вошки, болви, цикади...);

Ред Neuroptera – златооки;

Ред Coleoptera – тврдокрилци;

Ред Strepsiptera –

лепезестокрили;

Ред Mecoptera – долгокрилци;

Ред Trichoptera;

Ред Lepidoptera – пеперутки;

Ред Diptera – двокрилци;

Ред Hymenoptera – опнокрилци;

Ред Siphanoptera – болви.

Ред EPHEMEROPTERA – водени цветови

Инсекти кои живеат кратко (неколку часа до неколку дена), од каде што доаѓа и нивното име (Ephemeron – грч. – кој трае еден ден, краткотраен).

Претставуваат индикатор за чистота на средината. Се препознаваат по листестите жабри, распоредени

на бочните страни од телото и по 3 долги каудални додатоци.

Позначајна е фам. Ephemeridae и видот Ephemera vulgata L. со распон на крила 40 – 50 mm.

Не претставуваат штетници во земјоделското производство.

Ред ODONATA – вилински коњчиња, авиончиња

Крупни, убаво обоени и изразено хелиофилни (фотофилни) инсекти, активни дење во најсветлиот, најсончевиот период од денот;

Се среќаваат покрај водени површини каде го ловат својот плен;

Тие се карниворни инсекти кои можат да изедат се што ќе им се приближи до устата, дури и сопствениот абдомен.

Еден од најчестите видови кај нас е Libelulla quadrimaculata L. oд фам. Libelullidae.

Авиончињата не се штетни за културите во земјоделското производство.

Ред ORTHOPTERA (= SALTATORIA) – правокрилци, скакулци

Редот Otrhoptera се дели на два подреда: Caelifera и Ensifera.

Подред CAELIFERA

Фам. Acrididae – вистински скакулци Основна карактеристика на видовите од оваа фамилија

е масовната појава и образување на јата. Сите единки во јатата се однесуваат слично, се движат

во исто време, летаат во ист правец и таму кај што ќе се спуштат јадат и пустошат се што има.

Уваров, 1929 ја поставува теоријата на фази, според која фазите solitaria и gregaria се менуваат преку фазата transiens.

Јатата од скакулци може да бидат од неколку метри до десетина километри. Летат долго (од Јужна Африка до Пиринејскиот или Индискиот полуостров).

Dociostaurus maroccanus Thunb. – марокански скакулец

Подред CAELIFERA Фам. Acrididae – вистински скакулци

Има широк арел на

распространување и

се среќава во Јужна

Европа, Северна

Африка и голем дел

од Азија.

• Мароканскиот скакулец е

полифаген вид.

• Се храни со сите растителни

делови.

• Неговата масовна појава се

третира како елементарна

непогода, бидејќи штетите кај

земјоделските култури се 100%.

• Заради неговото значење како

штетник, државата организира

програм за континуирано следење

на неговата појава.

• На есен се врши картирање на

почвата, со цел утврдување на

бројот на оотеките на m².

• Економскиот праг е 200 јајца / m²

или 7 оотеки на m².

• Тоа е бројност која укажува на

масовна појава на пролет.

Мароканскиот скакулец е вид кој најчесто грегаризира.

Има тесна еколошка валенца и кога ќе се поклопат еколошките

услови потребни за неговиот развој доаѓа до масовна појава.

Масовната појава на мароканскиот скакулец во Македонија е на

10 – 15 години.

Типични подрачја за неговиот развој се Мариово и Велешко.

Овој вид се развива најчесто на почвениот тип солончец, со лош

воден и воздушен режим, хумус 1 – 3 %, со испрани соли и богати

со Nа-јон, со вегетација на Poa bulbosa, Cynodon dactylon, Erodium

Cicutarium, Ranunculus sp. и др.

Calliptamus italicus L. - италијански скакулец

Ареалот на распространување

на италијанскиот скакулец е

Јужна и Источна Европа и

пределите од Кавказ до Западен

Сибир во Азија.

Италијанскиот скакулец е

полифаг.

Имагото се јавува на крај од

јули или август и има

потреба од дополнителна

исхрана, која трае околу 10

дена.

Италијанскиот скакулец

поретко грегаризира, пред се

затоа што има поширока

еколошка валенца.

Масовна појава на овој вид

кај нас е регистрирана 1947,

1981, 1983, 2003, 2004

(Трпеица, Охрид).

Неговата појава ја следи

масовната појава на

мароканскиот скакулец.

Многу често во заедница со

него се јавува и C. barbarus

Costa.

Anacridium aegyptum L. – египетски скакулец

Презимува во стадиум на

имаго. Има една генерација

годишно.

Се јавува во солитарна фаза,

никогаш не грегаризира.

Полифаг е.

Може да причини штети на

тутунот, но не е економски

значаен штетник.

Tettigonia viridissima L. – зелен зрикавец

Подред ENSIFERA Фам. Tettigonidae – зелени скакулци, зрикавци

Зелениот зрикавец е

распространет во цела Европа,

Западна и Средна Азија и

Северна Америка.

Зелениот зрикавец е ноќен инсект.

Полифаг е и ако се јави во повиска

бројност може да причини штети на

градинарски и индустриски култури.

Може да биде и карниворен.

Нема економско значење и не се

превземаат посебни мерки за заштита

на културите од него.

Подред ENSIFERA Фам. Gryllidae – штурци

Ако се јави во повисока бројност

може да причини штети на расад од

градинарски растенија или тукушто

поникнати култури.

Имагото се јавува во јуни, а во јуни

и јули полагаат јајца.

Gryllus campestris L. – полски штурец

Полскиот штурец не е економски

значаен вид, ретко кога причинува

економски штети, заради што ретко се

превземаат директни мерки за негово

сузбивање.

Подред ENSIFERA Фам. Gryllotalpidae – ровци

Gryllotalpa gryllotalpa L. –

ровец, рачец, коњштип, попово прасе

Ровецот може да претставува економски

значаен штетник во градинарството, при

припремање на леите за расад, при

расадување на младите растенија и во

текот на вегетацијата, на отворено, а

особено во заштитените простори.

Најголеми штети ровецот прави

индиректно, со копање канали во

почвата.

На овој начин може да ги пресечат

растенијата на ниво на кореновиот врат.

Ред PHASMIDA – страшила

Крупни инсекти, претежно од тропскиот предел, со

карактеристична форма во вид на лист или стапче.

Имаат способност на регенерација на откинат дел од

телото, кој иако обновен, никогаш не ја постигнува

почетната големина. Се размножуваат

гаметогенетски, многу почесто партеногенетски.

Преобразбата е нецелосна (хемиметаболија).

Според општиот изглед и боја имаат вонредно добра мимикрија на средината во која живеат. Страшилата имаат способност за

физиолошка промена на бојата на телото при промена на температурата и влагата. При висока температура и низок процент на влага доминираат посветлите бои на телото и

обратно.

Ред PHASMIDA – страшила

Фам. Phasmatidae

Во оваа фамилија спаѓаат стапчести форми со видот Bacillus rosii Fabr. и Carausus morosus L. кои се одгледуваат во лабораториски услови за проучување на анатомијата и физиологијата кај инсектите.

Ред DICTYOPTERA – мрежокрилци

Ред со два подреда: - Blatodea - бубашваби и - Mantodea - богомолки, кои се разликуваат меѓу себе според општиот изглед и начинот на живот.

Подред BLATODEA – бубашваби, лебарки

Бубашвабите се инсекти кои го пратат човекот и живеат во негова средина. Имаат дорзо-

вентрално сплеснато тело, со црна или темно кафеава боја, со исклучок на тропските видови,

кои имаат зелена боја на телото.

Бубашвабите бараат темни, топли и влажни места. Фотофобни се.

Според изборот на храна се омнивори. Најчесто се среќаат во домовите, складиштата, болниците,

продавниците, пекари, бродови.

Во природа ретко се среќаваат. Некои од нив може да се сретнат на почва или под растителни

остатоци, пештери (Nocticola), мравјалници (Attaphila), под вода (Rhicnoda, Attaphila), пустини.

Видовите кои се среќаваат во природата се претежно сапрофагни.

Blatta orientalis L.- црна бубашваба

Црната бубашваба со своето присуство ја загадува храната и

местата по кои поминува. Може да биде вектор на патогени бактерии.

Во Средна Азија (Индија) се среќава во поле.

Штетник е во комуналната хигиена и во складиштата на земјоделските производи. Нејзино присуство не е

дозволено и заради што редовно се сузбива.

Сузбивањето во складиштата е во склоп на

фумигацијата. Во комуналната хигиена се

применуваат бројни средства.

Основа за нејзино сузбивање е хигиена на

просториите и отстранување на јајниот потенцијал (оотеките).

Подред BLATODEA – бубашваби, лебарки

Фам. Blatidae

Blatella germanica L.- лебарка, буба прус

Буба Прус се среќава во домовите, пекарите, складиштата, хотелите,

болниците. Штетите ги причинува директно со исхрана на одредени намирници и

индиректно како вектор на патогени микроорганизми.

Штетник е во комуналната хигиена и во складиштата на земјоделските

производи, каде редовно се сузбива со фумигација или примена на пиретроиди.

Подред BLATODEA – бубашваби, лебарки

Фам. Blatidae

Periplaneta americana L. - Американска бубашваба

Тропска бубашваба, пренесена од Америка со транспорт на храна и други стоки.

Подред BLATODEA – бубашваби, лебарки

Фам. Blatidae

Американската бубашваба е штетник во комуналната хигиена и во складиштата.

Вектор е на патогени вируси.

Подред MANTODEA - Богомолки

Богомолките се тропски видови, со карактеристичен изглед. Тоа се крупни инсекти

со издолжено тело.

Подред MANTODEA - Богомолки

Живеат на дрвја или на почвена вегетација. Според изборот на храна тие се исклучиво карниворни видови. Пленот го

чекаат скриени во околната средина со карактеристично подигнати и исправени

предни нозе, заради што изгледаат како да се молат, од каде и потекнува нивното

тривијално име. Предатори се на голем број членконоги, особено инсекти, меѓу кои и

крупни видови скакулци, зрикавци, гасеници. Се сметаат за корисни видови кои имаат

значајна биорегулаторска улога во агробиосистемите. Предатори се на бројни

економски штетни видови инсекти.

Подред MANTODEA – Богомолки

фам. Mantidae

Mantis religiosa L. – богомолка

Живее во тревни заедници како предатор.

Подред MANTODEA – Богомолки

фам. Mantidae

Бројноста на богомолките кај нас е мала, бидејќи како тропски

видови не им одговараат ниските температури во текот на зимата,

а имаат и бројни природни непријатели, особено јајни

паразити (Hymenoptera). Исто така, голем број луѓе не ги

распознаваат како корисни видови и многу често се

ослободуваат од нивното присуство.

Ред ISOPTERA – еднаквокрилци, термити,

бели мравки

Термитите се ситни до средни инсекти, со изразен полиморфизам во своите заедници. Претежно се тропски

видови. Во Европа се среќаваат само два вида:

Reticulitermes lucifugus Rossi. Clavotermes flaviollis F.

Ред ISOPTERA – еднаквокрилци, термити,

бели мравки

Тие се социјални и полиморфни инсекти, кои живеат во големи заедници од сексуални облици

мажјак и женка (крал и кралица), стерилни работници и војници.

Ред ISOPTERA – еднаквокрилци, термити,

бели мравки

Термитите живеат во почва или во дрво.

Се хранат фитофагно, почесто ксилофагно.

Живеат во дрвото, многу често во дрвена граѓа или мебел, а

нападот се открива дури по целосно разорување на

материјалот. Во дебелото црево на термитите

живеат микроорганизми – камшичари, кои ја разложуваат

целулозата од дрвото.

Ред ISOPTERA – еднаквокрилци, термити,

бели мравки

Штетници се на дрво и дрвена граѓа која за да се

заштити мора да се импрегнира со инсектициди.

Во земјоделството кај нас не се познати.

Во светот се регистрирани како штетници на

виновата лоза и тоа на стари и физиолошки

ослабнати стебла.

Ред DERMAPTERA – кожокрилци,

штипалки, ушалки

Инсектите од овој ред се познати како штипалки,

бидејќи на крај од абдоменот имаат

израстоци (церци) во вид на клешти. Името ушалки доаѓа од преданијата дека

влегуваат во ушите на луѓето, како и од изгледот

на задните крила кои потсетуваат на човечката ушна школка (auricula).

Ред DERMAPTERA – кожокрилци,

штипалки, ушалки

Ноќни инсекти.

Жители на влажни места, под камења, под кора на стебла, во овошни

или зеленчукови плодови, скриени од сонцето.

Ред DERMAPTERA – кожокрилци,

штипалки, ушалки

Forficula auricularia L. – ушалка

Се хранат фитофагно и

карниворно.

Не претставува економски

значаен штетник и не се

превземаат посебни мерки за

нејзино сузбивање.