стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува...

16
„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 39 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“ mk.rbth.com Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“. САБОТА - НЕДЕЛА, 21-22 НОЕМВРИ 2015 ГОДИНА БРОЈ 30 Издание на Македонија го сака ракометот со сето свое срце Девет најнеобични згради во Москва стр. 12-13 стр. 6-7 стр. 12-13 стр. 4-5 Како да ги научите децата да водат сметка за парите Ненаучена лекција стр. 2-3 Анатолиј Медвед / Росијскаја газета Терористички напад: приказните на последниот лет ИНА СУСЛИНА, ГОЛМАН

Transcript of стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува...

Page 1: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 39 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Ла Република“

mk.rbth.com

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорназа содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 21-22 НОЕМВРИ 2015 ГОДИНА БРОЈ 30Издание на

Македонија го сакаракометот со сетосвое срце

Девет најнеобични згради во Москва

� стр. 12-13

� стр. 6-7 � стр. 12-13� стр. 4-5

Како да ги научитедецата да водатсметка за парите

Ненаучена лекција

� стр. 2-3

Анат

олиј

Мед

вед

/ Рос

ијск

аја г

азет

а

Терористички напад:приказните на последниот лет

ИНА СУСЛИНА, ГОЛМАН

Page 2: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО2 |

� Екатерина Синељшчикова

Авионот Ербас А321 на компа-нијата „Когалимавиа“ полета од Шармел Шеик и требаше да стаса на аеро-дромот „Пулково“ во Санкт Петербургво 12.20 по локално време. Во него сенаоѓаа 224 лица, вклучувајќи дваесети пет деца и седум членови на екипа-жот. Со овој чартер-лет од египетско-то одморалиште патуваа туристи -државјани на Русија од 13 региони наРФ, како и државјани на Украина и наБелорусија. На нивните профили насоцијалните мрежи се ставени фото-графии во егзотичен источен амбиенти радосни коментари: „Ура! Одиме дасе сончаме“; „Летот доцни, но со мис-лите веќе сум таму“; „Никогаш не пре-тпоставував дека Египет во мене ќепредизвика толку позитивни чувства“.

Веќе во 11 часот во салата за пре-чек на патниците на аеродромот „Пул-ково“ почнаа да пристигнуваат луѓечии членови на семејството и пријате-ли летаа со овој авион од Египет. Си-те не дознаа веднаш што се случило.Оние што веќе имаа слушнато нештостоеја настрана покрај таблото со ин-формации и не знаеја што да правати кому да му се обратат. Плачеа и сонадеж го погледнуваа распоредот налетови. Пишуваше дека авионот доц-ни. Половина час пред предвиденотовреме на слетување на авионот од таб-лото исчезна информацијата за ста-тусот на оваа авионска линија, но лу-ѓето и понатаму се обидуваа да вос-постават телефонска врска со своитеи до последен момент веруваа дека несе случило она најлошото.

ГЛАВНИОТ ПАТНИК

Пред поаѓањето од Египет родите-лите на десетмесечната Дарина Гро-мова ја фотографирале својата ќеркакако преку стаклото на аеродромот јагледа пистата. Мајката Татјана на со-цијалните мрежи ја објавила фото-графијата на малата Дарина со потпис

„Главниот патник“. Подоцна оваа фо-тографија ќе стане симбол на овој зло-кобен лет. Речиси милион луѓе ја пре-зедоа оваа фотографија во знак на се-ќавање. „Никој од нив не знаел декаоваа порака ќе биде последна во нив-ниот живот“; „Немам зборови...“, пи-шуваа потресените луѓе на Интернет.

Татјана и Алексеј се венчале во ав-густ минатата година. На нивнатасвадбена видеоснимка тие танцуваатвалцер, а мајката на Алексеј ги бришесвоите солзи-радосници. „Му благо-дарам на сопругот за оваа година, заќерката, за грижата и љубовта!“, на-пишала Татјана. Покрај свадбенатавидеоснимка објавена е уште една:„Тања и Љоша. Како започна сè...“ Нанеа се прикажани нивните фотогра-фии од детството, а потоа и заеднич-ките. Татјана последен пат била на со-цијална мрежа на 15 октомври, на де-нот кога заминале во Египет.

СИ ОДИМЕ ДОМА

Во оваа несреќа настрада и се-мејството Шеин. Последните снимкиги направиле во самиот авион, не-колку минути пред полетувањето. Нанив се Ољга, нејзиниот сопруг Јура,синот Жења (11 години), ќерките Ва-лерија (10 години) и тригодишната

Меѓу патниците имашемногу семејства со деца,млади и заљубени двојки,како и такви што со душа гочекале својот заслуженодмор на море. „Руска реч“раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓетоза кои летот Шарм елШеик-Санкт Петербургбеше последен во животот

Терористички напад: прик

Прив

атна

архи

ва

Прив

атна

архи

ва

Дарина Громова

Јура и Настја Шеин

Авионската несреќа штобеше предизвикана од екс-плозивна направа на не-бото над Египет однесе 224животи. Веднаш по офи-цијалната вест дека ста-нува збор за терористичкинапад рускиот претседателВладимир Путин изјави:„Убиството на нашите луѓево Синај спаѓа во редот нанајкрвавите злосторстваспоред бројот на жртви.Ние нема да ги бришемесолзите од нашите души исрца. Но, тоа нема да нѐспречи да ги најдеме и даги казниме злосторниците.(…) Ќе ги најдеме на којабило точка од планетата иќе ги казниме“

Page 3: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

Настја. „Здраво за Петербург, се про-штеваме од Египет. Си одиме дома“,напиша Ољга Шеин. Ова било нивнопрво семејно патување во странство,каде што Ољга и Јуриј на 27 октомврија прославиле годишнината од својатасвадба. Тоа биле последните две не-дели од нивните животи. „27.10.2005година. Тоа е денот кога се сретнавмеи засекогаш се засакавме. Потоа по-минаа неколку години, на 27.10.2011 севенчавме. Сега сме среќни и просла-вуваме годишнини...“, напишала Ољ-га. Нејзиниот син Жења тренирал фуд-бал и пливање, ќерката Валерија ис-то така се занимавала со пливање и нанатпреварувањата освојувала многумедали и пофалници. На профилот наЈуриј е поставена видоснимка од пом-ладата ќерка Настја: нејзините првичекори и „првото колаче“, каде што сегледа како детето не може да се одвоиод него.

ПРВА УБАВИЦА

Пред половина година постаратасестра на Светлана Крилова се зани-мавала со хиромантија, па кога ѝ гле-дала на сестра си на рака, видела деканејзината линија на животот не пре-минува половина од дланката. Светла-на само се насмеала - не поверувала де-ка ќе почине рано. Имала само 30 го-дини и мошне впечатлив живот испол-нет со многу патувања. Уште нестасанаво Египет, таа веќе го планирала свое-то патување во Кина. Во авионот биле

и нејзиниот сопруг Михаил и десетго-дишната ќерка Кристина.

Екатерина Мурашова, која исто та-ка настрада во несреќата, непосреднопред смртта на својот профил пости-рала песна која се вика „Знам дека по-веќе нема да се вратам“. Имала 32 го-дини, била прва убавица на Псков - по-бедничка на изборот за мис. Нејзинатаќерка Катја има 8 години. Екатерина са-кала да се одмори пред роденденот, јаоставила својата ќерка во Русија и за-минала во Египет со мајка си. „Рече:Ксјуша, одам да се одморам, а јас и тиќе се видиме на 1 ноември и ќе ти ка-жам каде ќе го прославиме роденде-нот“, се сеќава нејзината пријателка.„Сега, наместо тоа, одам на нејзиниотпогреб“.

ЛОШО ПРЕТЧУВСТВО

Освен патници, во несреќата наст-радаа и членови на екипажот. Тој се ба-раше себеси. Се обиде да се најде наземја, но рече дека не може безавијацијата и дека го сака небото“, ве-ли Ана, сопругата на стјуардот Станис-лав Свиридов. Тие имаат ќерка и син.Пред телевизиските камери гласот наАна трепери. Неколку недели предавионската несреќа Станислав бил пов-нимателен и поблаг од вообичаеното,како да претчувствувал дека наскороќе загине. „Јас му велам: ‘Штом стасашјави се’. А, тој постојано се шегува: ‘Ити си стјуардеса, што ќе ти е тоа...? Акосе случи нешто ќе слушнеш на вести’“.Се чини дека тој сакал да биде подгот-вен за животот, но и за смртта. Пос-тојано гледал и проучувал авионскинесреќи од сите агли, се сеќава него-вата сопруга.

Еден друг стјуард, Олег Ермаков, ис-

то така имал лошо претчувство и пове-рувал во него. Тоа и го спасило. Треба-ло да лета на 31 октомври со тој авион.Но, две недели пред несреќата негови-от татко сонувал дека ќе се случи авио-нска несреќа и дека неговиот син ќе за-гине. „Олег, дај отказ“, му рекол таткому. Неколку дена пред злокобниот летстјуардот дал писмен отказ по сопст-вена желба. Постоеле неколку причи-ни, вели тој, а една од нив била инсис-тирањето на татко му. Но, Олег Ерма-ков не ги убедувал своите колеги да нелетаат, ниту се повикувал на сонот нататко си.

Во „Пулково“ атмосферата е сè уш-те тешка. Во зградата е необично тив-ко, а платото пред влезот е преполн соцвеќиња и со свеќи. На загинатите де-ца луѓето им носат бонбони, кекс, ко-лачиња и цртежи од други деца. „Цве-ќињата на аеродромот, па дури и пора-ките на Фејсбук - сето тоа помага [да сеублажи болката]“, напиша на својот про-фил на Фејсбук сестрата на загинататаАна Тишинска. Таа и понатаму се оби-дува да ѝ се јави на телефон на сестраси: сè сфаќам, но секој пат ми застану-ва здивот и чекам да слушнам сигнал.Но, сигналот го нема. Во моментов ко-рисникот е недостапен. Ми годи каколуда да верувам тоа ‘во моментов’“.

| 3ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

Прив

атна

архи

ваПрив

атна

архи

ва

казните на последниот лет

Прив

атна

архи

ва

Светлана Крилова

Ана Тишинска

ЕкатеринаМурашова

Повеќе информации заавионската несреќа на Ербасот

А321 во Египет, како и заистрагата прочитајте повеќе

на нашиот сајт со теготhttp://mk.rbth.com/tag/авионска несреќа А321

Page 4: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

ПОГЛЕДИ4 |

Ненаучена лекција

Жан

Жул

иен

Page 5: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

| 5ПОГЛЕДИ

� Георгиј Бовт

Сите оние што во последно вре-ме зборуваа за пропустите на еги-петските разузнавачки и безбед-носни служби, кои беа причина те-рористите да успеат да подметнатбомба во рускиот патнички авион воШарм ел Шеик, сега мораат да при-знаат дека и цивилизирана демок-ратска држава каква што е Фран-ција, чии разузнавачки и безбед-носни служби се исклучително доб-ро обучени и опремени, не може воцелост да спречи терористички на-пади. Таква стопроцентна безбед-ност би била можна доколку би сеизменило целото општество, режи-мот и политичкиот систем. Свое-видната воена состојба стана воо-бичаен начин на живот. Дури ни то-гаш никој не би можел да гарантирастопроцентна безбедност. Терорис-тичките напади не се само „високацена“ која човештвото ја плаќа по-ради својата различност, туку се,пред сè, последица на тоа што де-нешниот меѓународен систем на еко-номски и на политички односи не ево состојба да го искорени терориз-мот ниту во определени држави, го-лем дел од кои станаа жртви на „уве-зената демократија“, ниту на гло-бално ниво.

Денес, кога сиот свет сочувству-ва со граѓаните на Франција, требаповторно да се потсети на неопход-носта од заедничка борба против те-роризмот, кој стана глобална зака-на. Колку пати сме го чиле ова по 11септември 2001 година? А, каде серезултатите? Многумина тврдеа де-ка Ал каеда е уништена по убиство-то на нејзиниот водач Осама бин Ла-ден, но таа како да се крена од пе-пелот и како да стана уште пофана-тична и уште побрутална. На Блис-киот Исток е формирана терорис-тичка квазидржава, токму онаму ка-де што пред „великодушните“ пла-нови божемната тиранија на СадамХусеин или на Башар ал Асад треба-ше да биде заменета со изборна де-мократија. Но, поголемиот дел од„избирачите“ на арапските улицигласаше за терор против западнатацивилизација, а од западните земјиилјадници доброволци заминуваатда се борат во редовите на ИДИЛ.Тие веруваат дека се борат за новсветски поредок, а тоа е поредок штосакаат да го создадат варвари иубијци. Нивната „правда“ се засно-вува на божемно поправање на ситенеправди на современиот капита-лизам и на неостварените идеали на

Големата француска револуција,која пропагираше „слобода, еднак-вост и братство“.

Во последно време беше очиг-ледно дека повторно се подготвува-ат масовни терористички напади воЕвропа. Најпрво цел беше рускиотпатнички авиони, по чиј пад многу-мина злорадо говореа дека е тоа „од-мазда за авантурата на Путин во Си-рија“. Потоа пред неколку дена бе-ше извршен двоен терористички на-пад во шиитска населба во Бејрут вокоја загинаа неколку десетици луѓе.Ова беше очигледна одмазда наИДИЛ или на некоја слична теро-ристичка организација зашто ши-итскиот Хезболах во Сирија се борина страната на силите на Башар алАсад. Светската јавност го изрази

своето негодување и својата осуда,но одекот од терористичките напа-ди во Бејрут беа многу послаби одовие по трагичните настани воФранција. Неодамнешните напади,сепак, беа изведени „во некојси та-му Бејрут“, на периферијата на „ци-вилизираниот свет“. Истиот тој светостана речиси нем кога еден денпред терористичките напади во Па-

риз одекна експлозија во шиитскаџамија во Јемен. Но, повторно изле-зе дека сите ние сме „периферија“,дека сите живееме на првата линијана фронтот на која се одвива борба-та против тероризмот. Со оглед натоа дека Франција неодамна ѝ сеприклучи на антитерористичкатакоалиција која се бори противИДИЛ, за време на нападите од пет-окот вечерта во Париз екстремис-тите извикуваа: Ова ви е за Сирија!Не би требало да се заборави декаслични терористички акции би мо-желе да се случат и во Велика Бри-танија, која сè уште ги нема придру-жувано САД во воздушните нападиво Сирија.

Сосема е очекувана првата реак-ција на многу европски земји, а предсè на Франција, да биде затворањена државните граници и преземањемаксимални мерки за безбедност.Сега многумина ќе се сетат на не-одамнешните предупредувања декаво Европа доаѓа бран бегалци одБлискиот Исток меѓу кои има и мно-гу млади, силни мажи што патуваатбез семејства, дека меѓу милион бе-галци што стасаа во Европа има иоколу 25.000 исламистички борци.За оваа закана неодамна зборувашешефот на кабинетот на претседате-лот на Руската Федерација, СергејИванов, а претседателот Путин заовој факт потсети во својот говор наГенералното собрание на ОН, збо-рувајќи за Блискиот Исток. Претсе-дателот Путин во таа пригода ги за-праша западните лидери: Сфаќатели што направивте?

„11 септември“ навистина се пов-тори. Сиот цивилизиран свет морада ги согледа сите пропусти во бор-бата против тероризмот во послед-ниве 15 години и да пронајде нови,поефикасни облици на соработка вотаа борба. Меѓу другото, Русија и За-падот мораат да ги отфрлат сите до-сегашни несогласувања, не само ко-га станува збор за Сирија туку и заУкраина, иако ова некому може даму се стори како неприфатливо. Но,токму ситуацијата во Украина ја по-тенцира политиката на двојни стан-дарди, поради кои многумина забо-равија дека сите ние ѝ припаѓаме наистата христијанско-јудејска циви-лизација, која во овој момент со соо-чува со најголемиот предизвик вонајновата историја. Мора да се при-знае дека терористите во својот фа-натизам се многу повеќе единстве-ни одошто таканаречениот цивили-зиран свет во борбата против нив-ните смртоносни напади.

Терористите од ИДИЛизјавија дека петок, 13 ноември за Франција ќебиде новиот „11 септември“.„Терористичката интерна-ционала“ веќе докажа декаможе да изведе низа истовремени терористичкинапади во мегаполисите и на местата каде што масовно се собираат луѓе:на улици, на стадиони, воконцертни сали. Иако воФранција носењето оружје е забрането, излезе дека на терористите, покрај „вообичаениот“ експлозив,им биле достапни дури и калашникови

Page 6: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

6 | ЕКОНОМИЈА

�Марина Образкова

Министерството за финансии наРуската Федерација во 2016 година ќеја претстави националната стратегијаза унапредување на финансискатаписменост на населението. Нацио-налната агенција за финансиски ист-ражувања (НАФИ) спроведе истражу-вање на финансиската писменост нанаселението во Русија, според кое сегледа дека е таа на прилично нискониво. Задолжувањето е многу почес-та појава од штедењето. Луѓето имаатмногу малку информации за финан-сиските услуги. Згора на тоа, во Русијане постои ниту една програма за фи-нансиско образование. Министер-ството за финансии на Руската Феде-рација од 2011 година во соработка соСветската банка го реализира проек-тот „Поддршка за унапредување на ни-вото на финансиска писменост на на-селението“. Во рамките на овој про-ект досега се изработени прирачнициза учениците и за нивните родители.

Додека овие учебници не станатдел од училишната програма, експер-тите формулираа неколку едноставниправила што ќе им помогнат на роди-телите во финансиското воспитувањена децата, а кои ќе влијаат и на роди-телите да се дисциплинираат во овојпоглед. За тоа како можете да ги на-учите децата да водат сметка за па-рите за „Руска реч“ зборува Ирина Ло-банова, раководител на Одделот заистражување на банкарскиот секторпри НАФИ.

ЏЕПАРЛАК

Децата треба да имаат и свои паришто редовно ќе ги добиваат.

Треба да се потрудите на вашетодете да му давате барем малку пари.На пример, доколку не постои другаможност, по купувањето на детето тре-ба да му го оставите кусурот откако ќеиспазари. Но, најдобро би било тоа дабиде мала сума пари што ќе ја добиваредовно.

ТРЕБА ДА СЕ ЗАРАБОТУВА

Со детето треба да се работи насистем за мотивација: да му се објас-ни за која работа ќе добива пари и подкои услови ќе ги добива. Најважно епарите да не се даваат и да не се одзе-маат без никаков ред, туку сè треба да

биде договорено според определениправила со цел детето да биде под-готвено за живот како возрасна лич-ност и за да може да сфати дека ќе до-бива пари за нешто, но дека и за не-кои други работи може да ги изгуби.Така ќе може да прави и свои „фи-нансиски“ планови.

КОЛИЧЕСТВО ПАРИ

Џепарлакот не треба да ги покри-ва сите потреби на детето. Тоа требада биде мотивирано и нешто да зара-боти. На пример, може да се понудиможност да заработи пари со тоа штоќе направи нешто за семејството. Под-от и правта, да кажеме, може да гибрише за определена сума пари, но замиењето на автомобилот може да до-бие и мала „напојница“.

ПЛАНИРАЊЕ

Во следната фаза детето треба данаучи да планира. Треба да има нотесво кој ќе ги запишува сите финансис-ки трансакции. Најдобро е да му објас-ните дека така прават сите возраснии дека би било добро и тоа да го пра-ви истото. Мошне е важно на дететода не му се врши притисок и да не себара од него парите да ги троши спо-ред ваша желба. Детето треба да сфа-ти дека овие процеси ги контролирасамото тоа, а не неговите родители.

РАЗГОВОРИ ЗА ПАРИ

Со детето треба да се разговара запрашањата поврзани со парите. Парина детето можете да му давате од не-говата четврта година. Добро е на оваа

возраст веќе да држи пари во рацетеи да создаде некаква претстава за нив.

СЕМЕЕН БУЏЕТ

Од десеттата година детето требапостепено да се вклучува во плани-рањето на семејниот буџет. Треба даму се покаже какви приходи и каквирасходи има семејството и да му се по-нуди заедно со вас да го пресмета бу-џетот, а во исто време да му се објас-ни зошто не добива повеќе пари. Надетето треба да му се покаже што сеслучува кога ќе измоли играчка штоне е во планот. Треба да му се покажедека за некоја работа треба најпрвода се заштеди.

РАБОТА НА ГРЕШКИТЕ

Доколку детето постојано штеди идоколку ги планира финансиските це-ли, тогаш можеме да знаеме дека тоанешто научило. На пример, доколкусака да купи нов скап таблет и докол-ку видиме дека во текот на неколкумесеци детето штедело, а претходновеќе успеало да постигне неколку вак-ви цели, можеме да заклучиме декакај него започнува да се формира на-вика. Но, дури и во тој случај не требада заборавиме на неговите финан-сиски грижи. Еднаш во неколку месе-ци со детето треба да се разговара запаричната состојба. Доколку нешто нему тргнува од рака, треба да се видикакви грешки прави. Може да се сме-та дека ситуацијата е успешна кога де-тето не само што успешно управува сосвоите пари туку и почнува да сфаќадека може да придонесе за своето се-мејство.

Како да ги научите децата

Во поголемиот дел руски семејства не постои обичајбуџетот да се планира заедно со децата, ниту, пак, сонив да се разговара за прашања поврзани со парите.Оваа навика доведува до тоа поголемиот дел од воз-расните и од тинејџерите да се финансиски непис-мени. Експертите осмислија неколку едноставниправила кои на новите генерации ќе им помогнат даги избегнат старите проблеми

Page 7: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

| 7ЕКОНОМИЈА

да водат сметка за парите?

Shut

terst

ock

Младите ги заобиколуваат обичаитеВо нашата култура е непристојно во семејството да се разговара за буџетот, за трошоците и за изворите на прима-

њата. Поголемиот дел возрасни во Русија имаат проблем со финансиската писменост. Руските семејства не го плани-раат дури ни годишниот буџет, а финансиски проценки се прават само за неколку месеци. Во најдобар случај трошоци-те се планираат до летниот одмор. Рекламите на банките, пак, ги поттикнуваат на неодговорен однос кон парите, објас-нува директорката на Центарот за применети економски истражувања при универзитетот „Висока школа за економија“,Татјана Абакина.

- Но, и покрај тоа, истражувањата покажуваат дека и студентите почнуваат да заработуваат пари, а исклучок не сениту учениците - додава таа.

Page 8: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА8 |

Алек

санд

ар Р

ујмин

/ ТА

СС

� Викторија Завјалова

ПАМЕТНО ДЕТСКО КРЕВЕТЧЕ ИНТЕГРИРАНО СО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Конструкторите на платформата за паметното детскокреветче Baby Feel од Сколковскиот институт за наука и тех-нологии допреа до страдањата на младите родители.

- Мошне често ним им е сложено да го сфатат располо-жението и состојбата на детето, тие започнуваат да се со-ветуваат со секого. Креветот ќе може да го анализира така-наречениот бебешки јазик, кој им е познат на педијатарите,да ги определи емоциите и да даде совет - објаснува за „Рус-ка реч“ Дмитриј Тетерјуков, раководител на лабораторијатаза роботехника на „Сколтех“.

Креветчето ќе им испраќа на родителите преку телефонпораки за емоционалната и за физиолошката состојба на

Кон крајот на октомври и на почетокот наноември во Москва се одржа форумот„Отворени иновации“. „Руска реч“ засвоите читатели ги избра петте најпер-спективни разработки претставени ворамките на овој форум

Пет најперспективни разрабо

Прес

-фот

о

Меѓународен форум „Отворени иновации“ на Изложбата на економски достигнувања во Москва

„Отворени иновации“„Отворени иновации“„Отворени иновации“„Отворени иновации“„Отворени иновации“„Отворени иновации“

Page 9: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

| 9НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

детето, ќе прави фотографии од него и ќе ги избира најдоб-рите. Се предвидува интеграција со апликациите WhatsApp,Инстаграм, Фејсбук и со други социјални мрежи. Засега кон-структорите имаат направено само тридимензионален мо-дел, но ветуваат дека во текот на следниве месеци ќе изле-зат со прототип.

КОМПЛЕКС ЗА БЕЗБЕДНО СЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНИ

Уредот од новото поколение ја проценува состојбата напистата наменета за авионот, што е особено потребно воекстремни услови. Авторите на оваа технологија се од Сан-ктпетербуршкиот државен електромеханички универзитет.Според нив, сега во Русија се користат или застарени уре-ди, или многу скапи, чија цена надминува 132.000 амери-кански долари.

- Цената на нашиот уред е неколку пати пониска, околу38.000 американски долари - вели за „Руска реч“ АнастасијаСтоцкаја, еден од конструкторите на овој проект.

Уникатна е и самата технологија, која се засновува на це-лосна автоматизација на режимите на електромеханичкиотсистем за кочење. Конструкторите размислуваат и за изле-гување на светскиот пазар.

- Најпрво треба да се тестира технологијата во Русија. Воблиска иднина планираме да ја поставиме на аеродромите- забележува Стоцкаја.

ТАБЛЕТА ЗА РЕАКТОР

Новите таблети за безбедност на нуклеарните реакторисе разработка на екипата од компанијата „Атомтехсервис“од Уљјановската област. За нив веќе се заинтересираа Ки-незите. Таблетите од карбид на бор се произведуваа и пре-тходно, но руските иноватори го зголемија нивното траењеза двапати, благодарение на новата технологија на плазме-но стврднување.

- Таблетите се ставаат во реакторот, со што се овозмо-

жува регулирање на неговата моќност, со оглед на тоа штотие го апсорбираат неутронското зрачење. Кога тие се рас-паѓаат, треба да се сменат. За тоа треба да се исклучи реак-торот. Доколку обичните таблети работат една година, на-шите траат 2,5 пати подолго - објаснува за „Руска реч“ Аљ-берт Гатаулин, директор на Центарот за развој на нуклеар-ниот кластер на Димитровград.

БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО СО ВЕРТИКАЛНО ПОЛЕТУВАЊЕ

Првиот комерцијален конвертоплан ЕРА-100 (ЭРА-100),според конструкторите, има голем број предности во односна обичните беспилотни летала.

- Тој лета на многу пооддалечени растојанија - на илјад-ници километри, има подобро маневрирање и е поеконо-мичен - објаснува Владимит Спинко, оперативен директорна стартапот „Аероксо“.

Компанијата е основана во 2014 година, но веќе има до-биени инвестиции од капиталниот фонд I2BF Global Ventu-res во износ од 500.000 американски долари. Конвертопла-нот може да се користи на мониторинг на инфраструктур-ните и на земјоделските објекти, за забава и за други цели.Според Спинко, за оваа технологија се заинтересирани ку-пувачи од арапските земји.

АНТИОКСИДАНС ОД СОВЕТСКИ АЛГИ

Авторите на новиот антиоксиданс ги искористиле со-ветските колекции на микроалги и американската техно-логија. Како што објасни Денис Кузмин, генерален дирек-тор на компанијата-конструктор Solix, нивните препаратиго содржат еден од најсилните и највредни антиоксидансиво фармацевтската индустрија - астаксантин.

- Светскиот пазар на астаксантин се оценува на неколкумилијарди долари - вели Кузмин.

Според него, поголемиот дел од компаниите го синтети-зираат по хемиски пат, а руско-американската компанијауспеала да го добие од микроалги.

Во светот активно се вршат истражувања за потрага помикроорганизми кои треба да растат брзо и да собираат го-лемо количество од оваа материја.

- Ние без сомнение имаме конкурентна предност: рабо-тиме со најголемите колекции на вакви микроорганизми -забележува Кузмин.

Колекциите микроалги, кои се собрани уште во времетона СССР, долго не беа изучувани поради немање на потреб-ната опрема. Основните сили на Solix се наоѓаат во центра-лата на компанијата во Колорадо.

отки на шоуто на технологии

Прес

-фот

оПр

ес-ф

ото

Прес

-фот

о

Page 10: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

КУЛТУРА10 |

�Ина Парфенова

РУСИЈО МОЈА, ОД ДРВО СЕТА! САМО ЈАСС УМ ТВОЈ ПЕЈАЧ И ГЛАСНИК

Есенин е роден во селото Кон-стантиново во Рјазањската област.Низ прозорецот од неговата куќа сеотвора поглед кон ридестиот брег нареката Ока и на една црква. На сето

ова тој често се сеќава во своите сти-хови.

Започнал да пишува поезија какодете, а штом го завршил школувањетосе упатил во Москва, во освојување на„литературниот Олимп“. Набрзо гиобјавил своите први стихотворби. Вопотрага по слава тој се сели во Петер-бург, каде што редакциите и литера-турните салони ги посетува облечен воруска народна носија, во национална

плетена облека од кора од дрво или одпресувана волна, а своите стихови, пак,ги носел завиени во селско марамче.Со овој имиџ, кој во современиот светсе нарекува „самопромоција“, госвртел вниманието кон себе. Така,„селскиот“ самоук поет со густи злат-ни кадрици станал исклучително по-пуларен. Во 1916 година добил можностда настапува пред семејството на им-ператорот Николај Втори.

Оваа година се одбележува 120-годишнината од раѓањето на Сергеј Есенин,незаборавниот поет од рускиот Сребрен век. „Руска реч“ ви открива неколкуинтересни факти за него, како и за неговиот однос со други култни личностиод руската уметничка историја

. Lor

i / Le

gion

-Med

ia

Прстите в уста и си свирИсидора Данкан, МајакоТолстој во животот на Е

Page 11: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

| 11КУЛТУРА

ЗА МЕНЕ ПОЧНА ДА СЕ ЗБОРУВА ОТИ СУМХУЛИГАН И ЦАР ЗА СКАНДАЛ

Есенин имал репутација на кавга-џија. Активно учествувал во литера-турниот живот и често провоцирал дру-ги поети. Негови најпознати литера-турни двобои се оние со познатиот по-ет Владимир Мајаковски. Есенин сосвојата љубов кон пространствата народната Русија не ја прифаќал револу-ционерно-индустриската лирика насвојот колега. На една јавна поетска ве-чер Есенин му рекол на Мајаковски де-ка нема да му ја даде својата Русија: „Ру-сија е моја! А, ти си Американец!“ Наова Мајаковски иронично му одгово-рил: „Земи ја слободно! И касни си ја солеб!“

МНОГУ ЖЕНИ МЕ САКАА, А И ЈАС САКАВ МНОГУ

Љубовната лирика е втората најчес-та тема во творештвото на Сергеј Есе-нин, кој бил миленик на жените. Од раз-лични врски имал четири деца.

Неговата прва невенчана жена Анаво 1914 година го родила неговиот синЈуриј, но Есенин го напуштил се-мејството и заминал во Петербург. Си-на си ретко го гледал.

Во 1917 година се венчал со актер-ката Зинаида Рајх, која била позната посвојата убавина. Од неа тој ги добил ќер-ката Татјана и синот Константин. Двегодини подоцна се развеле, а Зинаиданабргу потоа се омажила за прочуени-от режисер Всеволод Меерхољд и ста-нала една од најпознатите московскиактерки.

Втората официјална жена на поетотбила американската танчарка Исидо-ра Данкан. Таа била 18 години постараод него и не зборувала руски, додекаЕсенин не знаел англиски. Нивниотбрак бил преполн со скандали и траелоколу две години. Поетот ја следелсвојата сопруга на турнеите низ Евро-па и Америка, каде што тој настапувална литературни вечери.

Софија, третата сопруга на Есенин,била внука на Лев Толстој. Поетот се

оженил со неа неколку месеци предсмртта. Тоа, исто така, не бил среќенбрак.

- Тука е сѐ преполно со „големиотстарец“, а тоа ме гуши - се жалел Есе-нин, кој живеел во куќата на Софија.Токму таа има направено многу за за-чувување на наследството на поетот иги има забележано своите спомени занего.

СРЦЕ ГЛУПАВО, НЕ ЧУКАЈ...

Револуцијата од 1917 година поетотја дочекал со воодушевување, надевајќисе дека тоа ќе донесе промени во Ру-сија. Но, наскоро го видел гладот, униш-тувањето и теророт, така што започналда опишува апокалиптични слики наРусија - „градина на черепи“ и „бесенсјај од трупови“. Во поемата „Пугачов“за познатиот самозванец и водач на бу-ната, кој во 18 век го започнал масов-ното селско востание против царицатаЕкатерина Велика, Есенин се врти контемата на спротивставувањето меѓувласта и народот. Продолжение на оваатема наоѓаме во поемата „Земја на ара-мии“. Во 1924 година (една година предсмртта) во песната „Враќање во родна-та грутка“ тој прикажува бедно, про-паднато село, трошни колиби во кои на-место икони на ѕидот виси портрет наЛенин од календар.

Гледајќи во него идеолошка и кул-турна опасност, власта наложила не-гово следење, започнала против негонеколку кривични постапки, кои во се-кој момент можеле да прераснат во по-литички.

Нервното растројство, склоностакон алкохолот и притисокот од страна

на власта во 1925 година го однела Есе-нин во психијатриска клиника. Еден ме-сец подоцна тој бил пронајден обесенво ленинградскиот хотел „Англетер“.Претходната вечер Есенин со сопстве-ната крв ја напишал последната песна„До гледање, друже, до гледање...“

Официјално се смета дека причиназа смртта на Есенин е самоубиство, ново последниве децении се изнесени го-лем број алтернативни верзии. Најпоз-ната е онаа според која неговото убист-во го организирале советските власти.

РИА

Ново

сти кам сал:

вски,сенин

***

Човек како мене вака се забавува:Прстите в уста и си свиркам сал.За мене почна да се зборува,Оти сум хулиган и цар за скандал.

Ах, колку смешна загуба, воопшто нее строга!Од такви нешта во животот не се бе-га.Срам ми е што бев верувал во Бога.Горко ми е, што не верувам во негосега.

Златни далечини мали!За тоа да платам морам.И бев хулиган и правев скандалиСо цел посилно да горам.

Дарот на поетот е да ласка и да шкра-ба,Има тој печат судбоносен и клет.Белата роза со црната жабаСакав да ги венчам јас на овој свет.

И нека не се остварија, безбели,За розови дни замислите.Но, ако ѓаволот во душава ми се все-лиЗначи во неа живееле ангелите.

Со моите весели и дрски криковиОдејќи во другиот свет, со време,Сакам во последните миговиДа ги замолам тие што ќе бидат крајмене, -

За сите мои гревови тешки,За благодатот во кој не верувамДа ме стават во руска кошула, ќешкиПод иконите да умирам.

1923

Препев: Емил Ниами

Повеќе за руската литература,за писателите и за нивното

творештво дознајте повеќе нанашата веб-страница на тагот

http://mk.rbth.com/tag/книжевност

Page 12: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

ПАТУВАЊА12 |

�Георгиј Манаев

ЗГРАДАТА-БРОД, УЛИЦА „БОЉШАЈА ТУЉСКАЈА“ 2

Изградена во 1981 година од советското Министерство зануклеарна индустрија, оваа зграда е една од ретките во Моск-ва што можат да издржат нуклеарна експлозија. Раководите-лот на објектот го поминува целиот свој живот во изградба нануклеарни реактори - факт кој оставил свој белег на оваа згра-да. За да не се запали во случај на експлозија, во оваа сеиз-молошки издржлива зграда нема агли од 90 степени - само 87и 93 степени (должина 400 метри, висина 50 метри) и кружнибалкони кои личат на палуби.

КУЌАТА-ЈАЈЦЕ, УЛИЦА „МАШКОВ“ 1/11

Москва отсекогаш била позната по својата ексцентричности смели манири, вклучително и во архитектурата. Еден однајбрилијантните и најскандалозни примери за тоа е Куќата-јајце. Првичниот план бил зградата да биде изградена во Вит-леем како породилно одделение, но на крајот била подигна-та во Москва. На изглед таа наликува на гигантска копија наФаберже-јајце. Ова е единствената ваква куќа во светот.

ЗГРАДАТА НА АРСЕНИЈ МОРОЗОВ(ПРИЕМЕН ДОМ НА РУСКАТА ВЛАДА), УЛИЦА „ВОЗДВИЖЕНКА“ 16

Ова здание е изградено во 1899 година по нарачка на мла-диот милионер, гроф и наследник на трговската фамилија,Арсениј Морозов, врз парцела што ја добил од мајка си какоподарок за 25 роденден. Уште додека се градела куќата, под-игната во мавритански стил, кој дотогаш не бил виден во Моск-ва, била предмет на потсмев и критики. Се вели дека кога би-ла завршена, мајка му му рекла на Арсениј: „Само јас знаев де-ка си будала, но сега ќе разбере цела Москва!“.

ТРГОВСКИ ЦЕНТАР „НАУТИЛУС“, УЛИЦА „НИКОЉСКАЈА“ 25

На почетокот од минатата деценија овој трговски центарсе претвори во нова „зграда на Морозов“ во Москва - вака гонарекуваат сите поради својата вулгарност. Претенциознатапостмодернистичка архитектонска структура стрчи на еднаод најстарите улици во Москва. Тука во минатото се наоѓалеВладимировите порти на Китајгородскиот ѕид, како и парак-лисот св. Панталејмон - згради, кои, исто така, изобилуваатсо раскошни архитектонски детали. Освен тоа, оваа населба

Москва е дом на некои навистина чудни иексцентрични згради: мрачни палати, коикако да доаѓаат директно од готски ро-мани; зданија изградени од градеженотпад и куќа-јајце. „Руска реч“ ви ги пре-тставува деветте најимпресивни градбиво Москва и ви ги презентира најинтерес-ните детали за секоја од нив

Девет најнеобичнизгради во Москва

Елен

а Поч

етов

аLo

ri / L

egio

n M

edia

Lori

/ Leg

ion

Med

ia

Page 13: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

| 13ПАТУВАЊА

отсекогаш била центар на трговијата, поради што присуст-вото на трговски центар тука е мошне соодветно. Којзнае - мо-жеби во иднина „Наутилус“, исто како и зградата на Морозов,ќе се претвори во типичен пример за класична московска ар-хитектура.

СТАНБЕНА ЗГРАДА COPPER HOUSE, БУТИКОВСКА УЛИЦА, 3

Изграден на терито-ријата на „Златна милја“,историски најскапиотдел од Москва, оваа три-делна станбена зграда со20 стана беше вброенаво колекцијата најдобризгради за 2003-2004 го-дина од страна на Мос-ковскиот музеј на архи-тектурата. Таа претход-но е обложена со патен-тирани бакарни плочи ие една од најскапитезгради во Москва.

„СТОЉНИК“, МАЛА ЛЕВШИНСКА УЛИЦА, 5

„Стољник“ сенаоѓа на старитеулички на Арбат,каде што се зачува-ни зданија кои сѐуште го помнатПушкин. Овој стан-бен комплекс одстакло и метал бук-вално експлодираво архитектурнатасредина. Сепак, вонеа има нешто кла-сично. Станувазбор за триделниотсиметричен план имотивот на „корин-тската колона“.

ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР „КИТЕЖ“, КИЕВСКА УЛИЦА, 3-7

Овој бизнис-центар, поради сличноста со морски брод, енаречен „Титаник“. Уникатната форма изискува и сложеностна внатрешната конструкција: многу јазли за комуникација имногу скали во зградата се накосени и извиени. Ваков проект

не може да изведе секој архитект: авторот на „Китеж“ Дми-триј Буш веќе многу години во Русија гради стадиони и аре-ни за лизгање.

ЗГРАДАТА НА МЕЉНИКОВ,КРИВОАРБАТСКА УЛИЦА, 10

Оваа станбена зграда, во којаима само еден стан, за своето се-мејство ја изградил големиот со-ветски архитект-авангардист Кон-стантин Мељников, а денес таа еспоменик на архитектурата од фе-дерално значење. Таа е уникатнаспоред формата - два цилиндари,споени со по една третина од ра-диусот еден во друг и со шеста-голни рамки кои се нижат во дол-жина на целата зграда. Има 60 про-зорци и 130 отвори на ѕидовите -тие се направени од тула и од градежен шут (по завршувањетоод градилиштето не е изнесена ниту една количка шут!), но тиеможат да се отворат и да се направи нов прозорец во кој билодел од ѕидот. Мељников ги проектирал овие прозорци на ситеѕидови со цел во неговата работилница сенката од раката ни-когаш да не паѓа на скиците. Големината на внатрешноста ескромна - само 250 квадратни метри. Потомците на Мељниковдо денешен ден живеат тука.

ОДДЕЛ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА МОЗОКОТ ПРИ НАУЧНИОТ ЦЕНТАР ЗА НЕВРОЛОГИЈА НА РУСКАТА АКАДЕМИЈА НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ,УЛИЦА „ОБУХ“, 5-7

Оваа зграда на Евангелистич-ката болница за сиромашни билаизградена во 1914 година, во епо-хата на модерната. Во советсковреме тука се сместил Институ-тот за мозок, кој, меѓу другото, сезанимавал со истражување на мо-зоците на починатите истакнатидржавни и општествени дејци -Ленин, Мајаковски, Ландау, Са-харов, Мичурин, Горки и други.Од сите згради во Москва, оваа енајблиска до мрачните замоци одготските новели или од романи-те за вампири, особено кога вре-мето е тмурно.

Lori

/ Leg

ion

Med

iaLo

ri / L

egio

n M

edia

Lori

/ Leg

ion

Med

ia

Lori

/ Leg

ion

Med

ia

Lori

/ Leg

ion

Med

ia

За тајните на московскотоподземје дознајте повеќе од

статијата „Што се крие подМосква?„ на сајтот

http://mk.rbth.com/41865

Lori

/ Leg

ion

Med

ia

Page 14: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА14 |

� Емил Ниами

Како се случи да дојдете во Маке-донија? Која беше мотивацијата да јаоставите успешната кариера во Русијаи да му се приклучите на тимот наЖРК Вардар СЦБТ?

- Да бидам искрена, понудата нагосподин Самсоненко е една од ониешто не се одбиваат. Неговата желбаза создавање добра екипа, прекрас-ните услови од договорот, поната-мошната перспектива на клубот...

Најверојатно јас едноставно имав жел-ба да сменам нешто во својата карие-ра и во својот живот, исто така. За-почнувањето од нула за мене отсеко-гаш било мотивација! Нова земја, новјазик, нов клуб, нови луѓе околу ме-не... тоа е секогаш интересно и сло-жено, но јас никогаш не сум се пла-шела од тешкотии, така ми е поинте-ресно во животот.

Какво беше вашето доаѓање во Ма-кедонија? Со какви предизвици се соо-чивте? Кои беа пречките за вклопува-

ње во македонското секојдневие?- Пред да дојдам во Скопје имав

определени недоумици, претходноимав дојдено неколку пати и ги паме-тев и минусите и плусовите. Дојдов че-тири дена порано за да ја видамсвојата „тригодишна“ иднина (дого-ворот веќе беше потпишан на периодод три години) и - се восхитив. Одед-наш некако сѐ ми се допадна. Знаете,јас живеам со срцето, затоа за мене енајважна душевната состојба, таа гоопределува расположението и докол-

ЕРА

ИНА СУСЛИНА, ГОЛМАН

Македонија го сака ракометотсо сето свое срце

Ина Суслина го брани голот однападот на Радмила Петровиќ завреме на женскиот шампионат воракомет на полуфиналето помеѓуВардар и Будуќност минататагодина во Будимпешта

Page 15: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

| 15РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

Прив

атна

архи

ва

ку во душата има мир и спокојство, сѐостанато добива само позитивни бои.Скопје ми се допадна уште од првиотден. Мошне бргу се навикнав, го учевјазикот со задоволство, така што мо-жам да кажам дека воопшто немавпроблеми!

Вистински предизвик за секој чо-век е да се започне нешто ново, а виетоа го направивте во Македонија, ста-навте дел од тукушто формиран ра-кометен клуб. Каква беше потрагатапо заеднички јазик со соиграчите и соменаџментот?

- Убаво велите, јас бев дел од по-четокот на еден голем проект под на-зив „Вардар“, тоа секогаш мами нас-мевка на моето лице. Себеси се чувст-вував како дел од нешто важно и це-нето. Тоа чувство трае до денешен ден.Тренерите, директорите, админист-раторите, новите играчи и целиот ад-министративен дел на клубот исто та-ка се формираа пред моите очи, такашто проблеми како такви немаше, бе-ше почеток и сите заедно учевме.Учевме да се разбираме и да работи-ме како еден колектив.

Вие сте докажан член во светот наракометот. Од ваша перспектива, кол-ку македонскиот ракомет се разлику-ва од рускиот и каков е воопшто од-носот кон спортот во Македонија и воРусија?

- Македонија го сака ракометот сосето свое срце, тоа се чувствува од се-којдневноста, не само од салата за вре-ме на мечот. Најверојатно тоа и е ог-ромната разлика во споредба сомојата земја, во која, за моја огромнажал, ракометот е популарен само водва-три града. Тука, пак, имам беско-нечна мотивација! Тоа ме радува ка-ко активен спортист. Имаме интерна-ционална екипа и затоа ми е тешко дазборувам токму за разликата меѓу рус-киот и македонскиот ракомет.

Колку успеавте да ја запознаете Ма-кедонија за сето ова време? Што е она

што ви се допаѓа, што ви недостасуваод Русија?

- Она што е потребно да го знам заМакедонија, го знам доволно добро.Луѓето, менталитетот, местата што мисе допаѓаат, рестораните во кои гот-ват убава храна (се смее). Ми се допа-ѓа климата, ми се допаѓаат насмеани-те луѓе, дури и збогувањата на улицанекако ми се допаѓаат (ха-ха-ха). Пра-шувате што ми недостасува од Русија?Знаете, понекогаш ми недостасува са-мата Русија.

Публиката е мошне важен дел одспортските настани. Какво е Вашетомислење за македонските навивачиво споредба со руските?

- Навивачи! Фанови! Тоа е одделнатема за интервју и за долг разговор.Благодарение на нив јас сум среќна

по секоја победа, благодарение на нивјас чувствувам дека правам нештоважно во животот, и, секако, благо-дарение на нив се вознемирувам. Ма-кедонската публика е неверојатна. Неможе да се спореди, едноставно ни-каде на друго место не постојат таквинавивачи.

Какви се Вашите идни планови? Ќезастанете ли тука? Каде се гледате се-беси по десет години?

- Ништо и никогаш не планирам.Живеам и се насладувам со она штого имам. Сега и тука сум среќна. Не сеплашам од промени, не се плашам однови работи, затоа сѐ што ќе се случиво мојот живот и каде ќе биде тоа, ќепокаже времето. Единствено можамда кажам дека по десет години веќеќе престанам да играм ракомет. Иа-ко... да бидам долго во спортот на ви-соко ниво е нешто ново и од тоа не сеплашам (се смее). Времето ќе покаже!

Во Македонија сѐ почесто среќаваме руски спортистишто играат за македонските клубови и ги претставуваатнационалните репрезентации на меѓународните спорт-ски арени. Македонија веќе долги години се гордее сосвојот ракомет, а ова особено важи за неговиот женскидел. „Руска реч“ овој пат на своите читатели им нуди екс-клузивно интервју со миленичката на македонската ра-кометна публика, секогаш насмеаната и необичнопривлечна Ина Суслина

Ина Евгењевна Суслина е роде-на во Ташкент, Узбекистан. Таа е за-служен мајстор на спортот на Русија.Дипломирала на Ростовскиот држа-вен педагошки универзитет. За рус-ката репрезентација има одиграноповеќе од 150 натпревари. Во 2012година доаѓа во Македонија, кадешто почнува да игра во новофор-мираниот ракометен клуб Вардар.Таа игра на позицијата голман.

Page 16: стр. 4-5 Терористички напад: приказните на ...раскажува неколку жи-вотни приказни на луѓето за кои летот

КАЛЕИДОСКОП16 |ИМПРЕСУМПисмата на читателите, колумните и илуст-рациите означени како „мислење“, како итекстовите од рубриката „погледи“ во овој до-даток се избрани за да прет стават различнигледишта и не го изразуваат нужно гледиш-тето на уредникот на проектот „Russia Be-yond the Headlines“ или на весникот „Ро-сијскаја газета“. Ве молиме вашите писма икоментари да му ги испраќате на уредникотна [email protected]

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“(Москва, Русија).

�Интернет-страница: mk.rbth.com �Еmail: [email protected] �Телефон: +7 (495) 775 3114 �Факс: +7 (495) 988 9213 �Адреса: ул. Правды 24, д. 4,

Москва 125993, Россия.

ЕВГЕНИЈ АБОВиздавач и директор на RBTHВСЕВОЛОД ПУЉА главен уредник на дода-тоците на RBTH �ВЈАЧЕСЛАВ ЧАРСКИгенерален продуцент �ЕМИЛ НИАМИ пре-вод, лектура, уредник�ЕКАТЕРИНА ТУРИ-ШЕВА заменик генерален продуцент заБалканот, МАРИЈА СМИРНОВА уредник�АНДРЕЈ ЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВилустрации �За огласување во овој додаток,ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈА ГОЛИ-КОВА, директор на одделот за односи со јав-ност: [email protected]

�ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на „Руска реч“ во „Нова Македонија“�МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн�САША БЕЛЕВСКА технички уредник

© 2015 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседател наредакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор,ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Забрането е копирање, дистрибуција или преземање на содржините од овој дода-ток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“.Ве молиме за дозвола да се обратите на те-лефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот [email protected]„Russia Beyond the Headlines“ не сноси одго-ворност за ненарачаните текстови и фотографии.

Russia Beyond the Headlines (RBTH) го фи-

нансира „Росијскаја газета“, руски дневен

весник. Содржината на овој подлисток е

подготвена без учество на новинари и уред-

ници на „Нова Македонија“. RBTH се фи-

нансира за сметка на добивката од рекла-

модавците и од комерцијалните спонзори, а

исто така и од средства на руски државни

институции. Ние се занимаваме со независ-

на редакциска позиција и претставуваме

различни гледни точки на настаните во Ру-

сија и во останатиот свет со помош на ква-

литетна содржина и експертски мислења.

Од моментот на нашиот почеток во 2007 го-

дина се стремиме да се придржуваме до ви-

соките редакциски стандарди, да го покаже-

ме најдоброто новинарство од Русија и за

Русија. На таков начин се надеваме дека ќе

пополниме една важна дупка во информи-

рањето за нашата земја од страна на други-

те медиуми. Сите прашања и коментари за

нашето финансирање или за нашата редак-

циска структура, ве молиме да ги упатите на

[email protected].

Повеќе информации на mk.rbth.com.

RBTH издава 39 прилози во 30 земји со вкуп-

на месечна публика од 27 милиони

луѓе, а исто така одржува и 22 сајта на 18

јазика.

Предадено во печат на 19.11.2015 г.

ЕРА

Мих

аил

Сини

цин

/ Рос

ијск

аја г

азет

а

Луѓе на служба за загинатите во падот на рускиот авион на СинајскиотПолуостров, одржана во храмот св. Исак во Санкт Петербург на 8 ноември2015 година. Ербасот А321 на руската авиокомпанија „Когалимавиа“ подбрендот „Метроџет“ се урна на 31 октомври кусо по полетувањето.Авионот леташе на маршрутата Шарм ел Шеик - Санкт Петербург.Во несреќата загинаа сите 224 лица во авионот

Пјот

р Ко

ваљ

ов /

Ројте

рс

Американскиотпретседател Барак Обамаразговара со својот руски

колега Владимир Путинза време на паузата на

самитот на Г-20 воАнталија, Турција, 15

ноември 2015 година.Покрај разговорите за

глобалната економија,лидерите на нациите се

фокусираа и на сирискатакриза, на бегалците, како

и на заканите одтерористички напади

Положувањецвеќиња исвеќи покрајфранцускатаамбасада воМосква на 14ноември 2015година, воспомен назагинатите вотерористичките напади воПариз

Почит за жртвите од авионската несреќа

Почит зазагинатитево Париз

Средба Обама - Путин