ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

16
ФОКУС БРОЈ 27 6 АПРИЛ 1970 ЦЕНА 0,50 ДИН.

Transcript of ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

Page 1: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

ФОКУС БРОЈ 27 6 АПРИЛ 1970 ЦЕНА 0,50 ДИН.

Page 2: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

И ВАМУ И ТАМУ И НЕГДЕ И СЕГДЕ

Неоткриените таленти ќе причекаат со откривањето

На ден 24 март претседателството на Ре-публичката конференција на Сојузот на мла-дината на Македонија о д р ж а седница. Една од точките на дневниот ред за која повеќе се дискутираше беше разгледувањето на Нацрт — законот за стимулирање на талентираноста и успехот на младите. Со овој Нацрт-закон се предвидува да се обезбедат материјали и други услови за стимулирање на младите лу-ѓе кои имаат особени интереси, склоности и способности за пеголем научен, технички, уметнички и други достигања. Поставена е и граница. Тоа се млади луѓе до 27 години. Се предвидува да се основа републички фонд во врска со тоа стимулирање. Извори на тој фонд треба да се:

— средства што се обезбедуваат од Репу-бличкиот буџет,

— средства што ги даваат работните и другите организации.

— податоци, завештаниа и слично — камата на средствата на фондот вло-

жени во банките.

Средствата на фондот ќе се користат за остварување на дополнителни програми во школството и работните организации, пона-таму за проширување и предлабочување на знаењата од оделни области; за спроведување различни натпревари, изложби, настани и слично; за спроведување наградни конкурси, доделување стипендии и посебни награди. Средствата од фондот се доделуваат врз ос-нова на конкурс, и без обврска на вракање. За континуиран општ одличен успех или од-лични резултати во одделни наставни пред-мети за основните, средните и високошкол-ските установи предвадени се дипломи, пофалници и медали. (Работничката младина никаде не се спомнува.) Фондот треба да има статут. До донесувањето на статутот со фон-дот управуван управен одбор составен од председател и 10 членови. Имињата на лицата на кои им се доделени дипломи и пофалници, според одредбите, ги објавува Републичкиот секретеријат за образование, наука и култура преку јавните средства за информации на 2 август, денот на Илинденското востание и одржувањето на I заседание на АСНОМ.

Но да се вратиме малку назад. Предлогот на овој Нацрт — закон потекна од Собрани-ето на СРМ уште во месец април — 1969 год. До кога ке се одолговлекува засега е неизве-

сно. Дека овој Нацрт — закон има многу не-одредени ставови и слабости покажа и дис-кусијата на гореспомнатата седница. Се слушаа мислења да се одреди точниот про-цент од републичкиот будџет наменет за овој фонд. (Се спомна бројката од 250000 нови ди-нари годишно.) Очигледно на овој фонд неопходна му е помош од други извори — ка-ко што се работните арганизации.

Постои потреба овој фонд да стане масо-вен; да навлезе во сите средини на младите луѓе, во сите комуни, и никако не смее да остане на една аморфна републичка висина. Особено е потребно да биде пристапен за младината вклучена во производството. Би било непожелно фондот да се расцепка на општински размери, затоа што во тој случај многу млади луѓе ќе се стават во неравно-правна положба. (Во зависноста од големина-та и економската сила на општииата.) Пона-таму овој фонд не смее да ги покрива досе-гашните форми на стимулирање, но да биде нешто повеќе; Стимулирање на особенозна-чајни резултати и таленти кои се извишуваат над просечната надареност. Да се овозможи до највисок степеп, специјализирање и сли-чно. Во спротивно и овој ф о н д ќе се стопи во сивилото на сите досегашни стимулирања. Целта на овој фонд ќе биде само откривање и наградување на истакнати, но и нивно одржување.

На седницата се јавија и мислења и про-тивмислења околу тоа дали да се даде извес-но име на фондот. (Слично како „Вук Кара-џиќ" во Србија.) Сметаме дека тоа и не е она најважното.

Овој стимулативен систем не смее да пре-расне во обична борба за наградите, зашто постои можност овие пофалници, дипломи и медали да доведат до спротивен ефект. Нема да биде лошо ако предложниот Нацрт — за-кон биде разгледуван и од што повеќе мла-дичи во сите слоеви од општеството.. Тоа е и најнормално кога се тие најзаинтересирани за донесувањето на овој Нацрт — закон. Са-мо така овој закон ќе биде успешно облику-ван, и што е особено битно, без големи одли-кувања. (Што беше досега практикувано.) Дотогаш неоткриените таленти ќе причекаат со откривањето.

Зоран Јоргакиески

ШЕСТ ДЕНА ЗА ЛЕНИН

По повод стогодишнината од раѓањето на големиот револуционер, центарот за култу-ра и информации на град Скопје, под наслов „Шест дена за Ленин“, организираше едно-неделна програма на која беа проектирани филмови за Ленин, излагани репродукции од уметнички слики на кои беше обележана улогата на Ленин за време на револуцијата, читана револуционерна поезија и тн. Со други

„ Ф О К У С ••

неделник за млади

Издавач Градска конференција на СМ на Скопје Весникот го уредуваат: Спасе Јовковски, Вла-димир Шопов. Љубомир Вељковик, Алексан-дар Чомовски и Аљоша Руси Техничко и ликовно обликување: Ристо Куфаловски Лектор: Јасмина Јанева Дистрибуција: Златко Пановски и Горазд Росоклија „ Редакција и администрација — Градска Барака број 2 Телефони 32-170 и 32-010 Годишна претплата 20 динари, полугодишна 10 динари

Главен и одговорен уредник: Аљоша Руси

Печатница „Нова Македонија"

Page 3: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

зборови, беше направено многу, овој јубилеј да не остане без соодветна манифестација кај нас.

Сето тоа ќе беше многу убаво, ако се обез-бедеше и масовност во посетата на тие мани-фестации. Освен првиот ден, на свечаното отворање на изложбата на фотоси и репро-дукции, кога присуствуваа неколку „видни“ граѓани и општествени работници, останатите беа скоро непосетени. Одвреме на време ќе се видеше некое прволаче или некои учени-ци на основните училишта како занесено ги гледаат филмовите за животот на Ленин.

Причината за ваквата индиферентност е неразбирлива кога ќе се земе во предвид фактот дека Ленин е сепак личност која би можела да побуди интерес кај многумина. Можеби за тоа е причина и фактот што сме преоптеретени од секакви јубилеји и просла-ви, па се дошло до извесна нетрпеливост кон ваков вид на манифестации, или пак ф о р -малноста на начинот на кој беше организира-на прославата. Но, во секој случај, се замо-ривме од малечки јубилеи, па за големите не ни остона снага.

Како и да е, годишнината е прославена, ако не масовно, тогаш барем формално.

З. Пановски

...И УШТЕ ЕД-НАШ ЗА МА-ТУРСКИТЕ ТЕМИ

Болното прашање за матурските теми пов-торно го актуелизираме затоа што сметаме дека од последните водени дискусии, па до денес не е ништо сторено. Веќе десетина го-дини си играме криенка со отворени очи, се залажуваме дека сме постигнале нешто со ваква матура, а сите сме свесни за вистинска-та состојба. Еве уште една генерација која ќе успее да се провлече со ваков „испит на зре-лоста“. Со право се запрашуваме до кога вака? Основната цел на досегашниот матурски испит беше да се подготват учениците за користење со „непозната“ литература, да се поттикне нивниот творечки дух, со еден збор, да се потврди поимот „испит на зрелоста“ Во први-те години мислиме дека овие услови биле за -доволени. Подоцна се докажа дека апетитите на учениците не се толку големи. Наместо да бараат нови теми и области, да се продлабо-чуваат во работата, тие се задоволија со „пре-работување на старото, да се добие нешто ново“.

Нека не не изненади ако во огласите на вес-ниците некој ден сретнеме: „Пишувам домаш-ни матурски задачи, заинтересираните нека се јават на шифра „. Со самото тоа што се пронајдоа начини за лесно извлекување, мислите дека темите ста-нуваат депласирани. Се наметнува прашањето: каков матурски испит треба да се полага и дали воопшто треба да се полага? За тоа ка-ков треба да изгледа матурскиот испит не сме компетентни да предлагаме солуции. Класич-ната матура која уште порано стана „демоде" никако не би одговарала во денешни услови. Можеби е прифатлива средината меѓу класич-на и денешна матура или пак некое сосема трето решение. Во овој момент едно е јасно: со ваквиот матурски испит не добива ниту ученикот ниту заедницата. За сето ова сакавме да поразговараме со гру-па наставници и ученици од гимназиите „Георги Димитрев" и „Јосип Броз Тито".

ВАСИЛ ЧИПОВ, ДИРЕКТОР НА ГИМНАЗИ-ЈАТА ЈОСИП БРОЗ ТИТО:

Основната интенција за домашна матурска задача е добра но за ж а л таа се злоупотребу-ва. Досегашното ускуство покажува дека:

1. матурската задача може да се препише, купи или позајми

2. писмената работа по македонски јазик не преставува никаков филтер (бидејки му се дозволува на кандидатот да оди понатаму)

3. предметот кој всушност претставува нај -тежок дел од испитот може да се одбере од полесните.

ДАМЕСКИ МИТКО, УЧЕНИК —

Задоволен сум со ваквиот начин на пола-гање. Поголемо оптеретување на матурскиот испит повеќе би се одразило на општиот ус-пех во завршниот клас.

МИЛИЦА КРАНГО, ПРОФЕСОР ВО ГИМНА-ЗИЈАТА ГЕОРГИ ДИМИТРОВ —

Темите се депласирани. Тие се изживеани и се сведуваат во автоматизација, нема никак-во креирање.

ПЕТРОВСКА МАГДАЛЕНА И ДАВЧЕВА ЕЛ-КА, УЧЕНИЧКИ:

Никако не сме задоволни со ваквиот начин на полагање. Со сегашниот матурски испит не може да се оцени вистинската вредност на ученикот. Ние сме за укинување на матурски-от испит и за подобрување на работата во завршните класови.

НИКУЉСКИ ГРАДИМИР, УЧЕНИК —

Во колку ученикот одбере предмет кој ќе му користи во понатамошното школување, мислам дека ваквата матура има оправдување. Ако се оди по линија на помал отпор поарно матурскиот нспит да сс укине. Искуството по-

кажува дека поголем дел од учениците се определуваат за второто.

ДУШКОВ ДУШКО, ПРОФЕСОР ВО ГИМНА-ЗИЈАТА ЈОСИП БРОЗ ТИТО —

„Сум размислувал повеке за матурскиот испит и мислам дека промената на испитот на зрелоста треба да се разгледува покомплексно, заедно со реформата на целото школсвто.“

ПОПОВИЌ ЛАДИСЛАВА, УЧЕНИК —

„Ние младите сме секогаш за промени. Пи-шувањето теми на досегашниот начип е зас-тарено. Јас сум за припремање на матурски труд и : тоа од повеќе ученици. По завршува-њето на работата учениците би го- бранеле својот труд пред класот или поширок аудиториум.“

ВИТАНОВА БОСИЛКА, ПРОФЕСОР ВО ГИ-МНАЗИЈАТА ГЕОРГИ ДИМИТРОВ —

„Сметам дека наместо матурска тема по-добро би било ученикот да се припрема за одредена област и на училиште да работи еден вид писмена работа која би траела околу четири часа. Со тоа би се избегнало „купува-ње или позајмување на теми“ и би се добила пореална слика за познавање на кандидатот."

ДИМЧЕ ЈАКИМОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ГИ-МНАЗИЈАТА ГЕОРГИ ДИМИТРОВ —

,.Во принцип сум за укинување на м а т у р скиот испит. Во колку би останал, потребна е модификација со тоа што наместо матурска тема би се полагале 2-3 предмета по избор. Ако се нзвршат измени не треба да цретста-вуваат некакво чистилиште, бидејки самото понатамошно школување ке изврши селек-ција.“

ТРИФУНОВСКИ ЦВЕТКО, УЧЕНИК —

„И сегашниот начин на полагање има свои добри страни, но не секогаш можат да се ис-полнат желбите на кандидидатите, бидејќи постојат некои преоптоварени предмети па ученикот е приморан да работи тема од пред-мет кој.не му одговара.“

ЈБУБЕ АНДРЕЕВ, ПРОФЕСОР ВО ГИМНА-ЗИЈАТА ГЕОРГИ ДИМИТРОВ —

„3а да се зголеми интересот за предметите како што се мајчин јазик, странски јазици и математика, сметам дека треба да се изврши извесна стилизација, односно да се нсфрлат непотребните. области од пообемните пред-мети.“

Милошевски Петар и Крцкоски Тихомир

Page 4: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

ИСКАЖУВАЊЕ ЗА КУЛТУР НИОТ СТАНДА РД КАЈ УЧЕНИ ЦИТЕ Да се истакнат впечатоците за културниот стандард на своите ученици и воспитаници, значи да се даде сопствена, а не генерализи-рана преценка за фонадот на знаењата од областа на културата во нашево в р е м е . . .

Необично интересна тема Навистина, размислувањата на оваа тема не само што се интересни, туку тие можат да^ претставуваат и стимул за подигање на сво-јата општа култура. Кон такво збогатување не гони денешниот степен на производните сили и односи во самоуправното општество, но и културниот стандард на поразвиените земји во споредба со нашата (земја). Оттука на се-кој наш современик му е нужно да не заос-танува со своите сознанија од материјалната, а особено од духовната култура. Логично е и тоа дека како поединци одредени за една про-фесија најмногу треба да располагаме со зна-ења од соодветната гранка на културата. Тоа го наложува следење и применување на кул-турниот прогрес ииз секојдневната работа.

Не се од помала важност и нашите знаења за општествениот живот од времето во кое ж и -вееме; ние, луѓето, се стремиме да сме со ак-тивен однос кон животот, па не смееме да си дозволиме живеење меѓу своите, а да не ги познаваме општествените норми. Ако од сево ова поаѓаме при оценување вред-носта на културниот стандард кај возрасните, тогаш со полно право сс замислуваме со каков културен стандард се младите, како понатаму ќе го доградуваат, зашто допрва е животот пред нив и во него треба да се вклучат до-волно подготвени.

Целокупната настава во училиштата од втор степен е еден од прнмарните извори за гра-дење на културата кај личноста, но таа ја постнѓнува целта во оваа смисла со поголем успех ако ученикот сознателно се- стреми да го подига својот културен стандард, а не само по пат на принуда — преку оценувањето.

Методот на креативната анализа Наставата по одделните предмети, пак, а осо-бено набљудувањето и анализата на уметнич-ката литература, овозможува да се добие претстава каков е степенот на културата кај ученикот. Низ наставата по овој предмет, на ученикот му е нужно да ги применува своите знаења од некои науки (историјата, политич-ката економија, социологијата, филозофијата, психологијата и сл.). Уметничката книжевност често пати се набљудува и како сопатник на другите уметности со правење споредба по начинот и средствата со кои одделните умет-ности ги соопштуваат животните вистини во музиката, сликарството и др.). Оттука произ-легува дека преку наставата по овој предмет може да се добие претстава и за стандардот на ученикот од другите уметности.

Преку идејно-содржинската анализа на умет-ничките дела и општите поими за правците и насоките во историјата на книжевноста, се гежнее да се согледа колку книжевноста била одраз на стремежот во животот да преовла-дува доброто и убавото, па затоа низ наста-вата по мајчин јазик со литература се согле-дува какви позитивни морални норми бара младиот читател да има кај луѓето.

И најпосле, да споменам и тоа, дека анализата на формата на книжевниот текст, не само што го гради вкусот за убави, уметнички слики, ама истовремено се согледува колку до тој момент кај ученикот е изграден вкусот за убавото. Моите согледувања за културниот стандард на учениците преку наставата по мајчин ја-зик со литература, се темелат на впечато-ците што во овој однос гк имам од сегашното трето годиште (трети клас) на Гимназијата во која работам, зашто тие ми се најсвежи. Тоа пак не значи дека во своето досегашно на-ставно-педагошко искуство веќе не сум о ф о р -мила свое мислење и за моите ученици и вос-питаници од претходките генерации.

За нееднаквото ниво Секој ученик или ученичка располага со од-реден културен стандард, но кај некого е тој изразито богат (или просечен), додека кај друг е минимален. Ако ги бараме причините за таквите разлики, би требало да наброиме повеке, но бездруго една од нив е оваа: колку поединецот бил заинтересиран и во колкава мерка вложил труд да го гради својот култу-рен стандард. Сметам дека претежен е бројот на учениците што вложуваат сили во оваа смисла, но не е голем бројот на оние што се стремат кон максимум знаења од разните аб-ласти на културата. Понатаму доаѓам до сознание дека учениците располагаат со стандардни знаења од некои општествени науки, но потешко манипулираат со нив кога треба да се изгради синтеза на тие знаења, сеапк со помош на наставникот тог „неснаоѓање“ постапно олеснува. Многу успешно младите ги согледуваат ж и -вотните вистини уметнички претставени во

книжеиното дело, само помачио ги одреду-ваат причините за постоењето на тие вистини, но на ваков проблем наидуваат во подолните класови на гимназијата, додека во третиот и четвртиот клас, користејќи го побогатиот кул-турен фонд, повеќето од нив се ослободуваат од овој проблем.

Метод на писменото експони-рање Класните писмени задачи особено се погодни за снимање на учениковата личност по неј -зиниот културен стандард. Незнатен е бројот на учениците чии знаења од општата култура се минимални или само фрагментарни. Мно-зинството од нив успешно оперира со своите знаења и книжевноста ја покажува како од-раз на времето во кое се создавала и она што неа ја прави да биде секогаш актуелна по содржината. Што се однесува до јазичната култура, исто така тешко е да се обопшти некаков став. Сепак, сметам дека не грешам кога мислам дека минимален е бројот на оние ученици што сеуште се со потпросечна јазична кул-тура. Ваква е мојата констатација кога ста-нува, збор за суштинските манифестации на јазичанта култура, но не и за формалната писменост. Најчесто по навика, или можеби затоа што не чувствуваат потреба од правилен правопис, прават бројни правописни грешки дури и по обработените правила од нашиот правопис на некои од часовите. Тоа не уве-рува дека луѓето тешко се ослободуваат од своите навики, па и од навиката за непра-вилно писмено искажување. Не би сакала да се искажувам за културниот стандард на учениците преку бројот на прочи-таните книжевни дела, зашто самите програ-ми ги задолжуваат учениците да прочитаат голем број дела. Писмената задача по македонски јазик со ли-тература на завршните испити ученикот ја работи подолго време (по завршена настава од предметите). Преку неа професорот по ли-тература конечно го дооформува своето мис-лење за културниот стандард на секој уче-ник и впечатокот во тој поглед е далеку по-позитивен одошто било кога дотогаш. Тоа е радосен факт, па иако за професорот што ја води генерацијата е мошне напорно како прв прегледувач во одреден рок да го оцени тие задачи, тој напор полесно се под-несува, зашто задачата е огледало на култур-ниот стандард на ученикот што е постигнат со заеднички сили — на наставниот кадар и ученикот.

ОЛГА ТЕОДОСИЕВСКА, професор по македонски јазик со лите-ратура во Гимназијата „Ѓ. Димитров" —

СКОПЈЕ

Page 5: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

ПРИПРА

ВНИЦИТ

Е НОВ

ОПШТЕС

ТВЕН Ф

ЕНОМЕН

ИАИ П

РОБЛЕМ

Прип

равн

ицит

е во

бул

а Пр

ипра

вниц

и ка

де в

и е

мест

ото?

За скопската Железарница. мно гупати сме спремни да зборуваме како за гигант на нашата тешка пндустрија, колос што воодушеву-ва со пространите полигони во кои, сред неиздржливиот шум на ма-шините, се лее челикот, скапоце-ниот и неопходен метал за инду-стријата.

Но, сето тоа сме го слушале или читале во вечерните или дневните весници, онака како што само мо-жат секојдневните површно инфор мирани граѓани да знаат за она што не спаѓа во „нивниот домен“ или не ги интересира достатно за да се запознаат одблиску со она што всушност значи основа на ин-дустријализацијата, за која се мис ли дека „ги оттуѓува луѓето“.

За Железарницата би можеле да зборуваме многу, би можеле да пишуваме страници за успесите и неприликите на колективот во кој работат околу четири илјади луѓе, со различни квалификации и а ф и -нитети. Но, нас не заинтересира не што што е и поблиско до младите и важно за нивната иднина, кога ќе ги завршат студиите и ќе нај -дат на нов крстопат: каде да се за послат, каде има најдобри услови за нивното стручно усовршување, односно, стекнување практични познавања за она што теоретски го научиле во низата студентски години.

Значи, не интересираше профи лот на младите приправници, оној профил кој сега тие објективно го имаат во оваа голема работна ор-ганизација. А овде, во Ж е л е з а р -ницата има околу седумстотини приправници и од нив секојднев-но многумина стануваат нови ре-довни работници, а на нивно мес-то, секојдневно доаѓаат нивни врс-ници или колеги, по нивните ква-лификации.

Меѓу приправниците има раз-лични категории работни луѓе: од полуквалификувани до оние со ви соко образование. Сите тие се при-правници, сите тие ке поминат нај малку шест месеци на приправ-ничка работа, додека се вклопат во производството, дури ја стек-нат неопходната рутина и навики, и конечно, довербата на нивните претпоставени, како добри работ-ници, корисни за оваа работна ор-ганизација.

Токму овие информации беа по-вод за разговор со претседателот на младинскиот комитет на Ж е л е -зарницата, Илија Бошковски. Тој е економист ,млад човек, но во оваа фабрика има работено седум го-дини. Значи, веке одамна го стек-нал потребното искуство како ра-ботник и заради тоа зборуваше за проблемите на младите приправ-ници според она „што стои во службените акти и прописи" — како што самиот се огради, — Теш

ко е да се знае точниот број на принравниците кај нас, — вели Бошковски. — Секојдневно доаѓа-ат нови, млади луге што бараат за послување, според конкурсите што

често ги распишуваме. Одзивот е добар, се разбира, зошто нема млад човек што би можел да седи просториите на Заводот за запо-слување со месеци, кога овде вед-наш му се овозможува да се вклу-чи во производството.

— И.ма ли и приправници во администраци јата?

— секако, околу една осмина од приправниците се млади економис ти, правници, штотуку свршени студенти.

— Колку долго трае приправ-ничкиот стаж?

— Обично шест месеци, но и по-долго. Зависи од тоа колку се по-требни нови работници во одреде-ниот погон.

— Зарем приправниците не се работници?

— Да, тие се работници, но со мало искуство. За тоа дали можат да преминат на редовна работа со решение, одлучува претпоставени-от раководител. Тој се консулти-ра и со неговите колеги.

— Дали тој ТРЕБА да се кон-султира по ПРОПИСИТЕ, или на-вистина се консултира?

— Јас можам да речам само она што го знам од пропишаните одред-би, зашто не знам поединечно, во секоја работна седница како тоа се применува.

— Како се наградуваат при-правниците?

— Нивниот бод е одреден одна-пред и вреди сто и четириесет ста ри динари. Но, во различни одде-ленија и погони, различен е бро-јот на бодовите. Сепак. ,тоа се мали варијации.

— Можат ли приправниците да бидат бирани во самоуправните ор гани?

— СПОРЕД ПРОПИСИТЕ мо-жат. Но, почесто им се укажува до вербата во општествено-политич-ките организации: СКЈ. синдика-ти и други.

— Познавате ли некој приправ-ник што е член на самоуправен орган?

— Не. Но, тоа не значи дека нема. Верувам дека сепак има.

— Дали. според Вас, младите приправници покажуваат доволна активност, дали со некаква осве-жувачка снага во производството и општествено-политичките орга-низации?

— Не. за жал. тие носат свежи-на само со своите години . . .

По разговорот со претседателот на младинската организација, по-сакавме да ја слушне.ме н другата страна — младите приправници, за нивниот статус во железарницата. за нивните желби, односот на по-

старите кон нив, нивните прима-ња, желбите (ако ги имаат, а од раз говорот што го водевме произле-гува дека ги имаат) сите оние не-шта што произлегуваат од полож бато, - приправник во работна ор-ганизација.

Како што споменавме, во скоп-ската железарница се примени око лу 800 приправници и секојдневно се примаат нови и нови. Очекував-ме дека во погоните ќе наидеме на повеке такви и дека нема да биде тешко да се изведат блиц-интер-вјуите со истите. Меѓутоа, не бе-ше така. Најнапред, како полесно би дошле до разговорот, се теле-фонираше во локалните центри и се бараа информации каде на ј -многу се концентрирани припав-ниците. Меѓутоа одговорите беа дека ги има, но не се знае каде се моментално и сл.

Откако не успеавме со телефо-нирање, почнавме со „прошетка-та" низ канцелариите на разни (не) одговорни, но и тука наидовме на популарното — „не знам точно". Веке почнавме да се сомневаме во информацијата дека се примени толку приправници. Од 800, ние не успеавме да пронајдеме нкту еден повеќе помислувавме да издадеме оглас преку кој се бараат „изгубе-ните" приправници на скопската железарница. Но, на крајот на кра иштата по долго лутање успеавме да пронајдеме неколку млади при-правници кои со задоволство ја прифатија нашата покана за раз-говор.

АНДОНОВ ИЛИЈА беше првиот со кого разговаравме за пробле-мите со кои се соочуваат приправ-ниците на своите работни места. Тој има завршено средно технич-ко училиште и моментно работи како технички евидентичар со примања од околу 100 илјади дин. Член е на СК. Решението со кое станал редовен работник го добил пред еден месец по неколкумесеч-но работење како приправник.

Како приправник иеговите при мања биле далеку помали и тоа е единствената работа која не му се допаѓа во приправннчкиот стаж. Освен тоа што е мал бројот на бо-довите и висината на истите ни рече: бодовите се нормирани во од нос на бројот и взалудна е секаква дополнителна работа или вложу-вање на поголем труд во работното време зашто бодовите и нивната „цена" се исти.

ЗАГЕВ Л А З А Р — има 21 година и е оженет. Прима околу 57 илја-ди или 350 бода. Има завршено средно индустриско, а во желе-зарницата работи како квалифи-куван металург. Член е на СК две години. Го запрашавме за стату-

Page 6: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

сот на приправниците, за нивните работни места и учеството на при правниците во самоуправните ор-гани.

Приправниците во железарни-цата — ни рече, немаат одреден статус што се „однесува до работ-ните места. Тие се фрлаат на ра-бота онаму каде што треба во мо-ментот т . е . онаму каде треба не-кој да се замени или слично. З а -ради тоа постојат чести преквали-фикации. Тој е истотака преква-лификуван. Инаку, тој е веќе 5 месеци приправник и е незадово-лен од иримањата кои искрено ре-чено се минимални. Што се одне-сува до влегувањето во самоуп-равните органи тоа е неможно.

ТРИФУНОВСКИ ВАСИЛ е прак тикант во скопската железара, што е малку подруго од статус при правник. Практикантите се во по-добра положба од приправниците. Добиваат по 380 бода и истите има ат поголема „цена". Прима 62.000 ст. динари што значи дека прак-тикантите не се во некоја многу подобра положба. Инаку, порано работел во работната организаци-ја „Далекуводи“, а по враќањето од отслужувањето на воениот рок три години бил без работа. По три години залудно барање работа, бил примеи во железарницата. Прак-тикант е веќе цела година и се-уште не добил решение иако веќе неколку пати бара тоа да му се даде. Смета дека тие немаат ни-какви права што се однесува до учеството во самоуправните орга-ни што значи дека се „безгласни“ букви. На мислењето на претседа-телот на младинската организаци-ција дека приправниците не се по-кажале онака како се очекувало од нив одговара дека премногу малку се платени да би ги изра-зиле своите полни квалитети.

ЦВЕТКОВСКИ ВЛАДО беше по следниот од младите со кои разго-варавме. Како и неговите претход-ници и тој е незадоволен од сво-јот статус на приправник. По ед-ногодишно приправникување на-место да добие решение на редо-вен работник го „преквалифику-вале“ во практикант. Како квали-фикуван електричар заработува некаде околу 55.000 ст. дин. и тој се сложува со мислењето на оста-натите дека приправниците се за-поставени и дека ништо не можат да сторат за да се подобри полож-бата. Всушност како што ни рече, сите надлежни ја знаат положба-та, па не прават ништо иако мо-жат, а што би направиле ние кога никој не го слуша нашиот глас.

СПАСЕ ЈОВКОВСКИ ВАНЧО МУРАТОВСКИ

На тапет општестве ниот план и... Неодамнешните први проекции за изгледот на идниот општествен план 1971 — 1975 годипа, овие денови крена жагор во економските кругови. Почитувајќи ја важноста на овој тековен план за нашата заедница, а особено прашањето околу тоа како младите гледаат и што очекуваат од тој витално-значаен план за понатамошниот подем на нашата заедница, се произнесе потреба од една конверзација со не-колку млади актери за истото (во насловот) формулирано прашање.

Ристо Антароров: Право да ви кажам, тие општесвено-економски проблеми воопшто не ме интересираат, да ме прашавте нешто за поп-музиката, тука би бил тенденциозно бесконечно. Да бидам искрен, повеќе ме преокупира на тоа поле, надвореш-пата политика, за која интимно мислам дека с поважна.

Магдновска Верица: Мене не ми е јасна една работа, како може да се бара од нас младите да знаеме за тој опште-ствен план, кога многу малку сме информира-ни за истиот, Меѓутоа, тоа не значи дека не сме ангажирани.

Каранфиловиќ Раша: Ајде бре, немој да ме замараш со тие „штосо-в “ . Можеби ќе ти кажев нешто повеќе за тој опш ? , како она се викаше, ако за исти-от нешто пишува во „Чик", кој редовно го „учам". Слушај, ајде да го оставиме тоа и да ти кажам што има ново . . . На крајот, од овој блиц муабет со неколку леѓе, може без иногу „интелект“ да се заклучи дека општесвениот план, во топ листата на интересирањето на младите, е наоѓа на прво место одзади.

Поповски Љубомир

За средно рочниот план 1970 година во Сојузната скупштина е во зна-кот, најнапред на разгледувањето на физио-номија, разработката и на крајот донесување-то на новиот петогодишен план. Формулира-њето на конкретните цели и задачите за на-редните пет години, како и изноаѓањето со-одветни системски р е ш е н и ј а , јасно говорат де-ка пред нашето општество, пред се пред орга-ните на власта и општествоното самоуправува-ње, стојат мошне одговорни и витални проб-леми. Интензивните скупштински дебати при крајот на фебруари го означија почетокот на работењето врз концепцијата на планот. Тие воедно изнесоа на видело поголем дел од пра-шањата кои се однесуваат на концепција на планот, но кои во потполност можат да послу-жат и во одредувањето на правците на делу-вање на планот како и во изработката на предлог — планот. Заклучоците на скупштин-ските собори недвосмислено говорат во прилог на оваа теза. Предвидувањето на планот по кој ќе се движи до 1975 година СФРЈ, треба и ќе се базира на досегашниот од. Тоа од своја страна значи дека по разгледувањето на нај -општите прашања за планот наскоро ќе усле-ди и опсежна и длабока анализа на постигна-тите резултати по стапувањето на реформа-та. Реалното согледување на овие резултати ќе биде и гаранција за солидноста на базата на која ќе се ослонува план. Во таа насока Сојузната скупштина им го достави во поче-токот на март на сите пратеници првиот дел на таканаречаната „сина книга", каде на околу 300 страници е дадена анализа на најважните резултати на сегашниот план и на напорите за остварување на реформските задачи.

НЕКОИ РЕЗУЛТАТИ НА ПОРЕФОРМСКИОТ РАЗИВТОК

По силното дејствување на објективните еко-номски законитости и развитокот на пазари-те врз деловната политика на нашите прет-пријатија и како директен резултат од тоа се по евидентната ориентација на претпријатија-та на по квалитетното и по конкурентно про-изводство, се во основа на реформските добив. Манифестацијата на горе наведените резулта

Page 7: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

ти во менувањето на структура на нашето сто-панство и зголемувањето на извозот, особено на конвертабилните подрачја, зборуваат за нивната важност. Да го илустрираме ова твр-дење со некои податоци во фебруари изводот е зголемен за 50% во однос на истиот месец од минатата година. Извознот на конвертабил-ното подрачје во истиот период е зголемен за 46% ,а таканареченото покривање на увозот со извозот за првите два месеци изнесува 76%, но со состојбата во стопанството не треба да бидеме задоволени „сината книга“ донесува сведенија по кој м о ж е да се заклучи дека во доменот на стабилизацијата на пазарот не е сторено она што реформата го бара. Првобит-ната стабилизација на пазарот веднаш по ре-формата беше заменета со компоненти на не-стаиблност кои и денес се манифестираат и чие негативно дејство во голема мера се од-разуваше како на ориентацијата и на кон курентната способноста на стопанството така и во доведувањето во прашање дури и на ве-ќе постигнатите реформски цели. Проблемот на регионалниот развиток во периодот на спроведувањето на реформата заслужува по-себно внимание. Предвидениот раст, за два процента од југословенскиот просек ,за нераз виените подрачје не се остварува. Иако се постигнати значајни резултати ова доведе до осетни одразувања и врз стопанските дви-жења врз целата земја. За ова прашање мно-гу се дискутираше и при неодамнешната скуп-штинска дебата, за што подоцна ќе стане збор. Да напоменеме дека во „сината книга“ се за-стапени уште многу проблеми и движења во сите подрачја на општествениот живот, без да се впуштаме во нивна анализа.

НЕКОЛКУ П Р А Ш А Њ А ШТО СЕ ЈАВИЈА ВО СКУПШТИНСКАТА ДЕБАТА З А КОНЦЕПЦИЈАТА НА ПЛАНОТ

Да се вратиме на петогодишниот план освр-нувајќи се на некои прашања кои беа изне-сени на скупштинската дебата за неговата концепција. Да тргнеме од дилемата најнапред план и најнапред систем што се јави на ф е -бруарската седница на општествено — поли-тичкиот собор на Сојузната скупштина. За-клучувајќи дека планот треба да се донесе на време и дека неговото доцнење би имало штетни последици пратениците на овој собор се осврнаа и на прашањето на соодветни ин-струменти со кои ќе се спроведува планот. Ди-лемата е сосема разбирлива. Без да се преди-мензионира ова прашање, т. е имајќи на ум дека стопанскиот систем е само збир на ин-струменти со кои се спроведува утврдената економска политика, сепак е јасно дека без паралелно работење врз разработката на основните елементи и на планот и на систе-мот, во конкретизацијата на планот не ќе мо-жат во потполно да се вклучат и останатите фактори на планирање (претпријатијата, оп-штините и републиките) затоа што ќе немаат реални показатели за нивните можности во наредниот период. Од друга страна временото донесување на пропратните инструменти зна-чи и сигурен старт. Имајќи го во предвид ф а к -тот дека многу прогресивни скупштински ре-шенија заради непропратеноста со соодветни системски решенија не ги дадоа бараните ре-зултати, треба да се заложиме и за паралед-

но работење и на планот и на системот, уште повеќе кога се знае дека идниот систем нема да биде крпеница на стариот, ами систем кој доследно ќе се занимава на поставените цели на принципите на реформата и на самоупра-вувањето. Во пратеничките дискусии особено место зазеде проблемот на регионалниот развиток во наредните пет години. Ова чувствително прашање бара свое решавање. Не се работи за прашањето развиените или неразвиените, туку станува збор за тоа дека среднорочниот план треба да овозможи општимален разви-ток за сите. Јасно е дека неразвиените под-рачја ќе треба побрзо да се развиваат на нив-ниот развој не треба да биде условен со стаг-нација или смален развиток на развиените краишта. Во овој дом треба да се бара и ре-шение за компензирањето и тоа на строго научен начин. Кога сме веќе кај компензира-њето да напоменеме дека со него не треба да се спречи само недозволеното и штетно пре-ливање на средства од неразвиените во раз-виените краишта туку и да се оневозможи земјоделството и понатаму да биде жртва на постојаното одливање на средство од него. Прашањето на земјоделието, како извор за егзистенција на голем број луѓе и како д е ј -ност од која со право се очекува одреден еко-номски ефект, како да беше запоставена во првите плански материјали. На ова поле тре-ба доста да се стори за досегашниот скоро екстензивен развиток на оваа дејност, во на-редните пет години да го добие заслужениот третман. Разработувајќи ги концепциите на планот мо-ра да се има на ум и различните услови за стекнување доход меѓу пооделни гранки. Мно-гу гранки на стопанството фактички „се обез-правени додеќа некои пак се доведени во крајно бенифицирана положба. За ова ни збо-рува и фактот дека некои гранки заради ли-берализираниот режим на цени, слободата на увозот и сировинската заштита како и царин-ската заштита, остваруваат највисока стоапа на пораз, додека други пак заради строго кон-тролираниот режим на цени како и слободни-от увоз на истата стопа, остваруваат помала стопа на пораст на акумулација. Поаѓајки од барања на Синдикатите во сред-норочниот план постојано да се има на ум и јакнењето на материјалната база на само-управувањата преку прерасподелбата на на-ционалниот доход во полза на работните ор-ганизации јасно е дека една од интенциите на нашиот општествено — економски разви-ток за наредните пет години, ќе биде и по-стоењето јакнење на улогата на непосредни-от производител како во проширената репро-дукција така и во останатите области на оп-штествениот живот.

Особено интересно за нас младите е предви-дувањата дека до_1975 година ќе му бидат по-требни на нашето стопанство половина ми-лион млади, квалификувани и висококвали-фикувани ,стручни лица. Да напоменеме вед-наш дека запослувањето млади кадри во овој број не е социјална потреба ами неопходен услов за постигнување на поставените цели. Се разбира ова ќе биде можно ако се запази предвидената стопа на растот. Посебно зиачење треба да му се даде и на ба-рањата во разработката и коначното форму-

лирање на задачите на планот, како и на си-стемот, да дојде до израз меѓусебниот дого-вор на републиките. Поголемите права на ре-публиките би значеле поголема одговорност за нивниот регионален развиток, а особено за остварување на заеднички договорените цели.

НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК

Овде нафрлените прашања што се јавија во досегашната дискусија за планот не се един-ствени и конечни, тие претставуваат само по-четок на најшироката дискусија за поставу-вање конкретни цели и задачи за наредните пет години и нивното системско решавање. Во разгледувањето на „првата рунда“ од работа-та врз планот постојано ги споменува наши-те цели. Да ги објасниме. Еве како ги ф о р -мулираше Александар Грличков потпретседа-тел на СИС, во своето излагање пред прате-ниците на Стопанскиот собор и Соборот на на-родите: „Тоа с е . . . Брзиот и оптимален опште-ствено — економски развиток во што поста-билни услуги, и нему адекватниот пораст на животниот стандард на луѓето. Тоа се напо-рите за поефикасно вклучување во меѓуна-родната поделба на трудот и светските тех-ничко — технолошки прогреси, за побрзо раз-вивање на неразвиените подрачја на земјата“. Вака поставувајќи ги целите во идниот период ќе се тежи кон брзата стопа на растот (од околу 8%), потоа кон што поефикасно кори-стење на доходот во модернизацијата и ин-тенвизирањето на производството, поголемото партиципирање по достигнувањата на полето на прогресивните достигнувања на науката и техниката, трансформирањето на образование-то и со тоа развивање на научнатоа и култур-ната дејност, како и јакнењето на сенарод-ната одбрана. Почнувајќи да работиме врз концепцијата на среднорочниот план ,превзедовме врз себе од-говорна должност. Разгледувањата на досега постигнатите резултати на стопанската и оп-штествената реформа, нивното правилно со-гледување како и правилното определување на сегашните тешкотии (како што се нелик-видноста, порастот на цените ,пропустите во инвестиционата и кредитно монетарниот си-стем, и редица други) ќе биде сугурен доказ дека ги познаваме нашите стварни можности и дека на тие основи ќе ги базираме нашите прогнози за иднина. Само реалните барања системски соодветно решени ќе вродат добри резултати. Останувајќи им доследни на ре-формските цели и задачи ќе треба да истраеме во напорите за отклонување на тешкотите на-следени од сегашниот период во наредните пет години. Стабилизацијата на стопанството и низа прашања врзани со неа неговото разви-вање преку модернизацијата непосредната по-врзаност со науката, со тоа и интензификаци-јата на производството, потоа решавањето на проблемот на економски нееднакво развиени подрачја со мерки кои ќе обезбедат оптима-лен развиток за сите, јакнењето и развивање-то на нашата култура, нашата наука и наше-то образование, развивањето на општеството самоуправување, се овласти кои ќе бидат вклучени петтогодишниот план. Тие барат од нас како самоуправно општество преку нај -широк договор да го зацртаме нашиот реален пат до 1975 година.

Исо Руси

Page 8: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

КОН РЕФОРМАТА НА ВИСОКОТО ШКОЛСТВО (4)

Интензифика ција и осовре менување на наставните содржини

Од правилно поставените барања за ре-формата на Универзитет, и од правилното од-редување на неговата функција. нсминовно произлегува потребата од посовремена и по-интензивна настава, а со тоа и стекнување на поадекватво знаење и здобивање иа соодветни кфалифнкации какви што се потребни за на-шето стопанство. Се поставува проблемот на кој начин да се промени начинот на едукација за да ги исполни барањата кои ги поставува стопанството?

Неоспорно е дека во една фаза на нашиот општествсн развиток ни беше неопходна ши-рока база на стручни кадри т. е. квантитет со кој би се надополнил недостатокот кој се чувствуваше во дредени општсствени ссктори. Денес веке ни се потребпи високодиферен-цирани стручњаци и креативци. способни са-моиницијатизно да дејствуваат во развојот и прогресот на сруктурите во кои дејствуваат. За да се постигне тој квалитет неопходно е спроведување на селекција на кандидатите, а потоа специјална подготовка на избраните за да е добијат врвни стручњаци.

Едукацијата на тие стручњаци би требала да се промени од основа. Студентот треба веќе да стане субјект на производниот процес т . е . , воведување на едукација низ работа. Терминот студент го користиме за сите видови еду-кација.

Доколку е едукацијата низ работа, тогаш оној што се едуцира треба да има редовно ра-ботно време (5-6 часа на ден со одмор од три месеци во текот на годината). Притоа, едука-цијата за втор степен ќе се одвива преку вклучување во секојдневната работа па соод-ветна институција, а едукацијата за трет сте-пен и разните видови усовршување ке бараат и оформување на посебно работно место. Пре-ку вклучувањето во секојдневната работа, студентот ке стекнува и неопходни практични знаења, така што по завршувањето на ф а к у л -тетот, неговото вклучување во процесот на

производство ке биде без пречки, а приправ-ничкиот стаж автоматски ќе треба да отпадне како излишен.

Вака замислената настава не може да се потпира веќе на институцијата предмет, туку на методската единица час. Тоа значи дека е неопходно воведувањето на проблемската нас-тава. Едукацијата на студентите ќе се одвива преку курсови за одредени проблеми. Инсти-тутот — клиниката, заводот и др. организира-ат повеќепати во текот на една година, курс по одредена проблематика, на кој курс проб-лемот се разработува од сиге аспекти и од сите стручни специјалности, така што по тоа не се повтара таа материја од друг наствник по друг предмет, како што беше до сега. Бидејќи во исто време ќе се организираат курсеви по повеќе проблеми — студентот го посетува оној, кој што му одговара.

Курсот обезбедува совладување на одреде-на проблематика, а не само запознавање со таква. Значи, не постои само меморирање на факти истакнати во текот на едно предавање, туку напротив, работа, примена на одредени факти и со тоа сеќавање на невното значење, улога и придонес во решавањето на одредени проблеми.

Студентот од трет степен и стручњаците што се на усовршување задолжително треба да имаат свои работни места во организацијата во која се изведува ваков тип на едукција. Работни места од аспектот не на нивното пла-ќање, туку од аспектот на постоење на мож-ности за директна работа по одделни проб-леми.

Курсевите ќе ги водат и ќе помагаат околу изведувањето на едукацијата, диферен-цирани научни работници и педагози, кои имаат афирмирано искуство во соодветната гранка.

Според тоа, јасно е дека ваква едукација дава и целосно афирмирање на научната ра-бота и диференцирано стручно дејствување,.

Новиот тип на едукација воопшто не го негира поранешното. Напротив, тој се јавува како еволуционен следбеник, прилагоден за потребите на нашиот денешсн развиток и да одговори на современите барања на рефор-мираната економска база, т. е. едукација која ќе доведе до добивање на високостручни кадри, неопходни за нашето општество.

Пановски Златко

О К О Л У У Н И В Е Р З И Т Е Т О Т

ЕХ, КОГА БИ... Деканот на еден американски факултет пре-порачал на своите колеги — професори да се придржуваат на следниве

„10 ЗАПОВЕДИ"

1. Студентот не зависи од мене, јас сум зави-сен од него! 2. Разговарње со студент не е прекин на мојата работа, тоа е всушност мојата работа! 3. Студентот ми прави услуга кога прашува за мене, јас му правам услуга кога работам за него! 4. Студентот не е сува статистичка бројка, тој е од крв и месо како и јас, со сетива и емоции како, и јас! 5. На еден студент не му се противречува 6. Студентот е човек кој ми ги соопштува своите желби, а моја должност е да му ги исполнам! 7. Студентот е крвта и душата на мојот ф а -култет! Нема навистина, десет, но и овие седум би биле достатни кога би . . .

Page 9: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

НИ ЦРНО НИ БЕЛО

КАДЕ П0НАТАМУ? Секојдневните списанија не информираат за голем број демонстрации, манифестации, про-тести на студентите и нестуденти, на писмени и неписмени, на црни и бели, мали и големи за проблеми кои се од помало или поголемо значение. Голем број од овие начини на про-тести остануваат интерни.не доаѓаат до стра-ниците на печатот. Имено, деновиве во Скопје една група на студенти од други Републики мораат да пишуваат транспаренти, да пракаат делегации и сличпи, веќе испробани методи на протест. Причините за ова се во тоа што на студентите од другите Социјалистички Републики им се одзема правото за добивање на студентски кредити. Имено, граѓани на една социјалистичка за-едница, како граѓани на ССФРЈ имат уставно, загардантирано право да живеат, да работат, да битсвуваат на било која точка од нашата земја, а најмногу имаат право и да студираат каде што сакаат. Правото да студираат го до-биле, но правото за добивање на кредит им е одземено.

КАДЕ Е ПРОБЛЕМОТ?

Проблемот е во следното: СР Србија донела одлука на студентите од Социјалистичка Ре-публика Македонија да не им доделува кре-дит (што досега беше практика) во колку Социјалистичка Република Македонија, од-носно Републичката заедница за образование

и кредитирање на студенти, само во нивните општини не партиципираат дозволена сума. Како резултат на оваа во социјалистичка Република Србија студенски кредити доби-ваат студенти од општините Берово Делчево и Кичево кои партиципирале за своите сту-денти. Овие општини терет можат затоа што даваат по 2-3 студенти и за кои не е потребно повеке од 15.000 нови динари. Истото не е случај со општините кои даваат повеќе сту-денти. Како резултат на оваа санкција на Републичко ниво дојде и до тоа студентите од СР Србија да не добиваат студенски кре-дити.

На состанокот кој беше одржан на 26. III. 1970 година, на кој присуствуваше студенска де -легација делегирана од студенти од други Републики, Ректорот на Скопскиот универзи-тет, членовите на Извршниот совет на СР Македонија и претскавниците од Републич-ката заедница за образование и кредитирање и претставници на сојузот на студентите, бе-ше разгледуван овој проблем. Во едно беа согласени сите сите, а тоа е дека најмалку се виновни студентите. Имаше искажувања од страна на студентите дека оваа постапка се темели на една свесна дискриминација. на свесно едентификување со трулеж и дека Македонија не е колонија за собирање на пропаднати студенти. Меѓутоа, беше јасно покажано дека ваквото мислење е неосновано во чиј прилог беше и фактот дека студентите од Скопје немаат добиено кредити заради нерешени прашања на релација — општина Републичка-заедница за образоване и креди-тирање на студентите. Сите се согласија дека виновник за ваквата ситуација е Извршни-от совет на СР Србија и дека тој заедно со СР Македонија треба што побрзо да најдат решение. Претставниците од Извршниот со-вет на СРМ дадоа уверување дека во текот на 24 часа овој проблем ке биде разгледуван

и со добро расположение на СР Србија ке биде успешно решен. Проблемот ке биде ре-шаван на ниво на Извршни севети зошто Законот за партиципација го има донесено Извршниот совет на СР Србија. а не Репу-бличката заедница за образование и креди-тирање на студентите.

Но, додека околу сево ова се полемизира. кон-фронтира. инатеи и надмудрува останува фактот дека околу 600 студенти остануваат незгрижени.

Доаѓало и до исфрлање на студенти од до-мови, несреден живот, редуцирана храна. Се-то ова се случува за време на јануарската, се случува сега во априлската, а тука е и јулската искитна сесија. Борбата за знаење е заменета со борба за опстанок во дом, за опстанок на стомакот. Затоа овие студенти „трбухом за крухом“ како што велат тие се фатија за најлошо, за пароли, заканување и друго. „Моравме да пристапиме кон несо-цијалистички методи за да се покрене пра-шањето кое беше познато и за кое се има зборувано уште во почетокот на учебната година“ велат тие.

Со какво право се малтретираат студентите. Дали нерасчистените работи на ниво на Ре-публичкн заедници или на ниво на Извршни совети треба да ги почуствува и гладниот студенски стомак. Дали Човекот треба да го именуваме со динар! Има ли малку хуманост. па заради еден, конфлит на високо ниво да страда студенскиот стомак. на ниско ниво. Поважни ли се една или две милијарди ди-нари на ова општество или 600 студенти-луѓе? Дали зборовите „човек, како тоа гордо звучи" ке го истоветуваме со „Динар како тоа гордо звучи".

НЕШТО ЗА НА К Р А Ј . . .

И нека не не запрепасти, ако едно утро студенските пароли бидат испишани со збо-ровите на американскиот „хипи" водач Џери Рабин „Нашата судбина е да отфрлиме систем кој не отфрла„.

В. Георгиев

Page 10: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

Q U O V A D I S

КУЛТУРО?!

Пред неколку години беше одржана во Белград на Коларчевиот универзитет предава-ње, на кое беше констатирано дека пирамидата на културата во социјализмот обично има ши-рока база, но и недостасува врв.

А кога кај нас и во нас и понатаму е при-сутен белегот на неписменоста и нејзиното повампирување изразено во „наивната" дрепка една петина неписмени и уште толку, ако не и повеќе, полуписмени, се само пристојни аргу-менти за погоренаведената констатација. Сите денес остро се сложуваат (професори и учени-ци, војници и старешини, свештеници и инжи-њери, тенејџери и пензионери, лекари и паци-снти, политичари и политиканти, шефови и директори) да ги актуваат сите оние кои се за аристократизирана култура, затворена во себе, опсенета со апстрактно естетизирање.

Ретко е, исклучително е такво единство, спектакуларен е тој атак и во толку е овој широк фронт помонументален затоа што му припаѓамс скоро сите. Нема таков уметник, нема такво уметничко пледоаје, нема таков креатор и творец — кој во ова наше сегашно траење, нема изјавено дека твори за публика, работникот човек, за ова наше постојбинско време.

Изјавите се, логично, полни со различни пристапувања и аспекти, но сите (пролетерски) се за напред, з а развивање, ширење и елева-ција на кулурата. Меѓутоа, присутен е еден специфичен проблем на тој мегдан, на тој фронт не говори, принципи, изјава и ставови нема за сите нас достапно истакнати аристо-крати на кои би сме, ја истуриле целата ж о л -чност на нашата критика, нема достатно вис-тински противници. Едно „заканувачко" пра-шање: Кој е против културата на работниот човек? Кој меѓутоа, овој специфичен проблем аналиички може да се продлабочи и тогаш исроши нашата критичка муниција ако се за -прашаме — не е ли толку баран противник меѓу нас, скриен и маскиран ака да едно д е -кларира, а друго работи? Не е ли противник

оној кој зборува за потрошувачката псевдо-култура, што се сомнева дека пазаришната вредност на културното добро во основа одре-дува што нам ни е потребно, а што не, и тн....? Од овој аспект гледан проблемот добива многу хоризонти кои дури и тешко се поврзуваат. Но, да се обидеме да тие хоризоти ги конвергираме со помош на (леќата) односно нашиот култу-рен трен или хаос, а во „Фокусот" да ги конфлектираме последиците односно заклучо-ци од тие тешко поврзливи хоризонти. Но да, почнеме!

Културата треба да воспитува, оплеменува таа ја исклучува сметката заснована на нис-ките страсти (парнографија) насилие, музички невкус и тн.).

Треба да се ордржиме и живееме на паза-рот, кој подобро тука ќе помине, ќе има по-големи пофити, кој не може да помине, поми-нува веднаш или набргу.

Бројот на дистрибутерите кои увезуваат филмови се зголемува.

Квалитот на репертоарот пропаѓа. Добиваме нови академии на науките. Добиваме нови генерации на неписмени. Бројот на кино-двораните опаѓа. Брејот на домашните филмови расте. Приходите од домашниот филм во една

Република со мал колектив зависат од бројот на гледачите, а во другите — воопшто не за-висат од успехот на пазарот.

Телевизијата која има обезбеден милион-ски аудиориум, гладна е за филмови.

Куси филмови (и други) гладни се за гле-дање.

Културната политика с на ниво на оние кои ја водат. Потребно е поголемо учество, поголемо управувачко влијание на културните работници.

Културните работници, театри, пренатрпа-ни се со менанџерски работи, трчање за сред-ства, состанчувања, како да ги ослободиме од тоа?

Културата ќе може да се развие тогаш кога ќе се развијат (неразвиените) културни потреби. Пред тоа вложувањата во културата не се рационални.

Културните потреби можат да се развијат тогаш кога ќе се развие (неразвиената) култу-ра. Пред тоа вложувањата во културата не се рационални.

Без пропаганди, реклами, пополаризирање со модерните средства на комуникации без пошироки популарности на експонираните проагонисти — нема поширок продор на кул-турата на пазарот.

На вистинските вредности не им е потребна реклама, вистинскиот уменик никогаш не изи-грува звезда.

Ние сме отворени за се што е авангардно, што влече напред. Кај публиката поминува само она што задово-лува најширок вкус, стандард, лабилни крите-риуми, и она што на сите им конвенира.

Потребата од едно резиме или заклучок очебијно е излишна, затоа што експонираните антагонистички и опонентни елементи и при-сутноети во нашата културна сфера, елоквен-но го посочуваат и на показ го даваат тој културен хаос и една своевидна дисхармони-чна констатација на нашите хултурни добра.

Љубомир Поповски

Page 11: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

Сеќавајте се

Претседателот на Сојузот на борците на НОБ Злате Биљановски на 8-ми март на свечен начин го откри спо-меникот „Жена борец" во истоусниот парк во Скопје Скулптурата ја изработи познатиот вајар Боро Ми-триќевски.

Паркчето е одамна уредено, со зелена трева, многу дрвја и прекрасен водоскок, но се на-сетуваше потребата од присуство на некоја скулптура која ке стане симбол на овој парк. Прекрасно дело во бел мермер најпосле е ту-ка. Гордо стои во паркот. меѓу зеленилото, се белее и го нривлекува погледот.

На свеченото откривање присуствуваа некол-ку претседатели и луѓе од „висок ранг", не-колку доведени деца и други. При тоа чувме: „Во овој споменик ние ја препознаваме ж е -ната-борец која што се борела за за слободен универзитет за ја препозна-ваме жената-борец. „ Свеченото откривање заврши. Неколку часа подоцна бев пак во паркот и имав можност да ги слушам коментарите на граѓаните кои што зачудено и несигурно го набљудуваа спо-меникот од сите страни. Тоа го повлече моето внимание и решив да ги забележам комента-рите на „широките народни маси".

„Жити мајка, каква е оваа жена? , не сум сретнал ваква досега. А дека е борец се гледа, онаа малана дупка е од куршум, а големата сигурно од граната, ха, ха, ха,.„ Двете момчи-ња се оддалечија смеејќи се. Навистина некако чудно делува отворот во средината на споменикот! Два граѓанини со голем број години на пле-ќите, се потпреле на своите бастуми, гледаа во скулптурата и дискутираа дека не се раз-бираат во „модерниве работи", но овдека вед-наш се гледа дека се работи за жена, друго неможе да биде.

Еден средовечен човек и пријде на статутата, ја згледа зачудено, се доближи уште малку, погледа во дупката, заврте со главата и рече: „Жена, тја." и си отиде. Маалскиот мангуп им објаснуваше на клин-ците дека ова е жена, а дупката што ја гле-даат е отворот низ кој се провира штркот пред да ги донесе на светов. Многумина се сложија дека споменикот со своето белило го освежува и така убавиот парк. Една жена рече и „Прекрасно, навистина прекрасно". На најголем беше бројот на оние што сом-нително загледуваа од сите страни и веле де-ка ако не знаеле од напред што треба ова „чудо" да биде, никогаш не би познале. Девојката што стоеше до мене рече дека гла-вен „штос“ би било кога ова не би бил вистин-ски споменик, туку некој по грешка донесен." Го напуштив паркот весел и насмевнат. Општо, сите се задоволни, што е најважно, покрај погледот, скулптурата повлекува и разговор. При ова, секој се става во улогата на „славните критичари“, на кои се може да им чини или нечини, по нивни сопствен избор а најмногу во зависност од името на творецот. Слава им!!!?

М. Зорбоски

Page 12: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

ЗРНЦУЛИЊА НАРОДНА ФИЛ030ФИЈА 1. КОЈ ДРУГОМУ ЈАМА КОПА, САМ ВО НЕА ГРАДИ К А Р И Е Р А 2. КОЈ РАНО РАНИ, ОСТАНУВА НЕ НА-РАНЕТ 3. КОЈ ВИСОКО ЛЕТА, НИСКО ПОСТАВУ-ВА * • 4. ВОЛКОТ ВЛАКНОТО ГО МЕНУВА, А ПО-Л О Ж А Ј О Т НИКОГАШ 5. УРБАНИЗИРАНА КУЧКА, СЛЕПИ К У -ЧИЊА РАЃА 6. К А Ј СИ ПОСЕЛ, ТАМУ ЌЕ СЕ О Ж Е Н И Ш 7. НА ПОДАРЕНОТО МАГАРЕ, ЗАБИТЕ МУ СЕ ИРЕЛЕВАНТНИ 8. БРАТ ЗА БРАТ, ФУНКЦИЈА ЗА ПАРИ 9. ДОДЕКА К У Ч К А Т А НЕ МРДНЕ СО ДИ-РЕКТИВА, К У Ч И Њ А Т А НЕ ТРЧААТ ПО НЕА 10. КРУШАТА ПОД КРУША, НАОЃА ЛАДО-

ВИНА склепал

СТЕФАНОВСКИ Горан

Избор на најубава Скопјанка Сите информации во врска со изборот на најубава Скопјанка ќе ги најдете во ревијата Право на учество имаат сите девојки што живеат во Скопје, на возраст од 16° до 25 години. Својата фотографија испратете ја по пошта до Редакцијата на Ревијата. Доколку нема фотографија, нашата фото служба° ке Ви ги обезбеди.

Посебна напомено:

Кандидатките да носат со себе пилули за кон-трацепција, организаторот да не биде изложен на непотребни трошоци

Page 13: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

ДНЕВНИК НА ЕДЕН

ПРОСЕЧЕН ТИП

Ајде да се договориме уште на почетокот да не кажеш после типот се прави Џек.

Јас ќе го водам овој дневник во твое име. Твоето име нема да биде споменато, и онака си анонимус. Сите долгови на твое и мое име никому не ке му ги признаеме. Некому нема да му останеме должни. Овој дневник ке биде инокник. Нокните птици се рамноправни со дневните. Истото важи и за ѕверките.

Овој дневник бележи се што се забеле-жува: убаво, грдо срекно, несрекно, вљубено, напнато, болно, шашаво, политичко, аполити-чко, ефемерно, етерично, духовито, духовно, вистинито, сонувано, измислено, двосмислено, црно-бело, колор, цртано, сликано, видено, чудно, вчудоневидено, комплицирано, импли-цитно, остро, тапо, заоблено, кошесто, облече-но голо, дупло голо, и се така во тој стил.

Ајде сега да се објасниме. Зошто токму дневник на ПРОСЕЧЕН тип? Затоа што ти-пот е сечен и за про и за контра. Зошто днев-ник на еден тип? Затоа што топовите водат војна, а не дневник, а нам војните ни се пре-ку денисот да не кажам преку џоемакманусот. А денисот фала на прашањето, ми е тип-топ. Лани еднаш, годинава поретко.

Овој дневник веројатно ке личи на тво-јот, па можеби затоа ке е просечен. Извини, ако татко ти има натпросечни примања, не значи дека е и натпросечен дух . Тој како и сите негови сомисленици е конјуктура. А би-дејки рекле келпер тел фис јасно е дека де -ланката паднала покрај цепанката. Затоа слободно можеш некои страници од дневни-кот на таткоти и да издаваш нов „Фокус“.

Мајка ти како нееманципиран елемент не водела дневник неа ја водел татко ти по та-ваните на револуцијата менувајќи ја топлина-та на сламата и борејки се. Во таа исцрпна борба си се родил ти, а татко ти за тоа добил орден за ззслуги за народ со златни зраци и барокна фотелја. Сестра ти дојде подоцна во периодот кога се делеа фабрикн на работни-ците. Како најдобар работник, татко ти освен фабрика, доби и секретарка, на која ти ги на прави своите први чекори. Твоите акции беа опипувањата на теренот под стручни инструк-ции на татко ти. Е токму тие страници можеш да ги препишеш од неговиот дневник. Стра-ниците со инструкции.

Гледам дека си воодушевен од моите апо-литични инсинуации. Многу лесно наседну-ваш на такви фазони. Ти сеуште не си расчи-стил во својот амбар, да не речам глава, а веке се пресметнуваш со татко ти и неговите сомисленици. Кога ќе имаш мислење за себе тогаш мисли и за другите.

Она што ти го правиш на мансардата кај типот што вози пежочетрстопет нема врска со револуцијата на татко ти. Мислиш: сцено-графијата е иста, па мора драмата да има исти кулминанти. Димот од бомби ти го бркаш со дим од цигари (ај да не кажам ни збор за пра-вото потекло на твојот дим). Во таа драма, што ти сакаш да ја поистоветиш со драмата на таткоти, па и да ја ставиш над неа, залудно внесуваш оригинални решенија и штосеви со црвено светло и музика на магиш и грамиш кога немаш чиста драматуршка линија, а да не зборуваме за идеја. Ти си безидеен, апати-чен, десперадос, пацифист. Ти напаѓаш се и сешто, апологетите ги фрлаш под нозе, кори-феите ги прогласуваш за анти-слухисти, кри-гизираш, фрлаш камења, пишуваш во „Фо-кус". кршиш пррзорци, милицирнерите ги ви-

каш пајкани-оговараш зад грб, гледаш квиз и тврдиш дека тие таму немаат врска. а не-можеш да одговориш на ниедно арашање, од спортот знаеш најмногу, а тоа е нула еден и два и чекаш да ти падне премија, па да ку-пиш емџи или ферари мачките да лудуваат по тебе, да одиш на Тахити, да станеш беким-фехмију преку ноќ, да се појавиш на теле-визија скопје, значиш сонуваш, вобразуваш, леташ, фантазираш, медитираш — кажано во жаргон, а дланките ти остануваат жедни за плуканица. Значи освен што си безидеен ти не сакаш ни да работиш.

Гледаш ли дека пак наседна. Бесен си што те секцирам. Но френде, јас не би бил ти кога би пишувал лротив тебе. Само сакам да ти покажам дека ти многу лесно се воодушс-вуваш, и многу лесно се разбеснуваш. Какви се тие поларизации кај тебе. Каде ти е ста-вот. Определи се: или ќе се воодушевуваш или ќе си бесен. Ми се чини дека е подобро да си бесен. Барем ке можеш да касаш кога те провоцираат. Воодушевуваљето успива кога доаѓа, по злонамерни води но води кои ти го-дат. Бесот, ако се јави како реакција на на-падот врз твојот интегритет на свесно битие гера на спротивставување, на револт, на бор-ба. Бесот е предуслов за дејствување. Пре-стани веке еднаш да си играш мижитатара по мансардите. Слези долу и исправисе на но-зе . Спротивстави се со дела, доста медити-раше!

Реков дека јас не би бил ти, кога би пи-шувал против тебе. Но, не значи дека ќе ти се додворувам, дека ќе ти се додворувам, дека ќе ти подворувам, дека ќе ти се умилкувам, дека ќе те галам со перце, дека ќе ти правам црни политички штосови за да ме прогласиш за храбар и да се поистоветиш со мене. Ако некому му удрам чврга не значи дека тебе ќе те прескокнам. Ако некому му ја отсечам главата, нека ти е јасно дека ке ја ставам покрај твојата-веќе отсечена. Опасно делу-вам зар не френд?

Гледам дека и по трет пат ке наседнеш, па јаде да го завршам овој увод во твојот и мојот дневник. Дневникот на таткоти остави го. Ако е интересен историјата ке го прели-ста, ако не е нека л е ж и во правта на времето, а на глувците нека им с л у ж и за десерт. Оста-вија и мајкати која тогаш кога те раѓала в слама, имала чувство дека раѓа нов исусхри-стос далеку од Витлеем. Важен си ти; твоја-та сестра исто така.

Па почни го веке твојот дневник, а потоа потпишиго со моето име.

Коле Малинов

Page 14: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

П0ЕЗИЈА И РЕВОЛУЦИЈА

НАШИТЕ СРЦА СЕ ГЛАС НА СКРОТЕН ГРОМ

Постојат револуции чие времетраење не се одредува со број. И нивното поприште не-може да се покаже со прст на - географска карта.

Постојат револуции кои не се одиграле и нема да се одиграат.

Тие едноставно се одигруваат. „Јас сум црнец: Црн како што е црна нокта. Црн како најголемите длабочини на мојата

Африка.“ Оваа револуција која во секој дел на све-

тот носи инакво име, почнува незнаено кога бидејки:

„Бев роб: Цезар ми допушти да ги метам неговите

прагови. А ги чистев и чизмите Вашипгтонови. Бев влечач. Растеа пирамиди под рацетс мои. А и малтер мешав за градбите Вулсвор-

тови. Бев пеач: Од Африка па се до Џорџија Ги пренесував нашите тажни напеви . . . " И навистина, Тој црн човек чие срце можеби вечно ќе

остане тајна има чуден начип на борба. До нас често не допира скоро ништо освен

неговиот бенџо или „там-там.“ А тој сепак по-стои. Се повеќе постои. Можеби свесен за на-шата збунетост пред неговата судбина и на-шата љубопитност пред неговата иднина, вели: „Било кој

Поарно одошто Никој Во таа пуста квечерина И сама змија Што морници мами Во песоков овде — Поарна е од никого На ова пусто Тло.“ Тој црн човек кој со векови го убедувале

дека сме подобри од него, денес ни се нодсмев-нува:

„Вратете ми ги моиге црни кукли За тие да ја изгонат сликата на белите блудници, продавачки

на љубов кои непрестано поминуваат

но булеварот на мојата досада. Вратете ми ги моите црни кукли За тие да ја изгонат Сликата вечна Сликата лажна Вратете ми ги моите црни кукли да играм

со нив Наивни игри по свој вкус Оставајки под закрилата на нивните за-

кони Пак да станам- срчан И храбар Да бидам јас Каков што вчера бев

наполно онесвестен каков што вчера бев."

И така, полека, неповратно, исчезнува од нашата свест сликата на црнец веслач во га-лија, црнец со неподнослив терет на плеките, црнец берач на памук. А оваа песна на црната девојка:

„Длабоко на југ во Дикси (Ми го кине срцево бол) Мојот млад црн љубен На распаке, обесен, гол. Длабоко на југ во Дикси (Телото на ветер му се нишка) Го прашав белиот Исус Вреди ли да се молам ушти"? станува минато. А секаде каде што има барем две црни

дланки додира: „Ке кренам врева од сите тајни крила се до меѓите на сонот.

Марија Икономова

нелекторирана колона

Мегу земја и небо Паметиш, оној ден нешто беше зелено песната, и неа . . . Но, замисли еднаш

патеката е мала, челична рампа пред тебе стои! Да, се вракам но запри, направи обид човекот е појак од челик. Успеав, Траги од борба, нескротени чувства, осветлени брегој цолни со ЖИВОТ. Сс топи, се лее

мразот? не, еден сив облак донесен од ветрот.

Лазо Ловески

Ти Ти, која те сретнав на еден крстопат, ти која не сакав да те сретнам никогаш ти, која ми го зеде безгрижното детство и моето небо ми внесе возраст, ти, во која се заљубив за првпат; ти, која ме понесе со силата на моќта на вистинската љубов . . . каде си ти, сега?

Ѓорѓи Спасов

Page 15: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27

НЕКОИ НОВИ ПОП ПЛОЧИ НА АНГЛИСКИОТ ПОП ПАЗАР

Како што е веке извонредно добро нознато в и Англија секоја недела излегува голем број ка-ко сингл, така и ЛП плочи, па е навистина тешко да се издвојат оние кои заслужуваат внимание. Тоа зависи и од вкусовите што у ш -те повеќе ја отежнуваат работата. Било како било, ова не е обид да се издвојат само добрите плочи туку едноставно преглед на поновите изданија од англиските куки. SIMON and GARFUNKEL (Brigde Over Troub­led Waters Оваа снимка на дуото Сајмон и Гарфункел се наоѓа и на нивниот последен истоимен албум кој моментно постигнува голем успех. Кара-ктеристични се вокалите на Пол Сајмон што наликуваат на некои црковни песни. Ритамот е смирен а текстот како и секогаш, фантасти-чен. „Ќе се истегнам на земјата како мост врз тегобните води". JUICY LUCY/Who Do You Love Групата „Јуици Луци" претставува ново име на музичката сцена. Пред кратко време новоосно-ваната компанија „ВЕРТИГО" издаде нивни сингл со име „КОГО ГО САКАШ". Ритамот на оваа песна е полн со динамика, придружен со извонредна гитара и интересен вокал кој по малку мириса на FRANK ZAPPA или EDGAR BROUGHTON. Чиста „ундергроунд" снимка. HERMAN'S HERMITS Years May Come Years May Go „Годините доаѓаат ,годините си одат" е најно-виот сингл на групата „HERMAN'S HERMITS." Тоа е прилично плитка снимка иако ток-му таквите денес успеваат на топ листите. Мелодија која се допаѓа при првите три слушања, а потоа паѓа во тотален заборав. DORIS TROY/Ain't That Cute „APPLE" компаиијата издаде уште една од-лична но очигледно некомерцијалпа плоча. Тоа е посната „ЗАРЕМ ТОА HE Е УБАВО" на црната пејачка DORIS TROU. Мелодијата е извонредио хармонична но прилично тешко влегува во уво што ќе биде и причина з а неј -зиниот неуспех на листите. Инаку продуцент е GEORGE HARRISON.

DAVE CGARK FIVE Everybody Get Together „Соберете ce заедно" e име на новата плоча од прилично популарните DAVE CLARK FIBE. Оваа песничка е прилично слична во некои фрази на нивниот хит „RED BALLON". Текстот е сличен на оние кои JOHN LENNON ги воведе во мода со своите „кривини" за мир. Co еден збор ништо нарочито. JOE DOLAN/You're Such Good Looking Woman Значи овој тип апсолутно не го поднесувам. He знам зошто не непрестано чуствувам неш-то во стомакот кога го слушам него. Песната „Ти си така убава жена" е најбанален вид на балада. Гласот на Долан ми личи на гласот на TOM JONES кога овој би пеел мртов настинат. Сигурен сум дека за некоја недела оваа песна Ќе биде високо на топ листите. По ѓаволите!!!!! THE BEATLES/Let It Be

Ова всушност и не е кој знае како нова плоча но е доволно нова за да добие пропус-ница во оваа листа. Значи, тука е Пол со својот распеан баладерски глас кои придружу-ван со извонредната органа на BILLY PRESTON и интересната композиција прави една солидна плоча. Вокалната придружба е иормално, од од Јохн и Георге. И покрај сите епитети оваа песна останува просек за Би-тлси.

CUFF LINKS/When Judy Comes Around „Кога ke ce појави Џуди". К о ф Линкс. Пих. пих, пих. LOVE AFFAIR Lincoln County Ова e прва плоча која групата „Љубовна афера" ја сними со својот нов вокален солист Аугуст Идн. Типична снимка за нивниот стил. Распеана мелодија (од репертоарот на КИНКС) со богата оркестарска придружба, симпатичен глас . . . тоа е доста за успех Верувам дека ви стана здодевно да слушате само за малите плочи. Затоа да фрлиме едно „ОКЦЕ“ И на ЛП плочите. DIANA ROES and THE SUPREriES/Cream Of The Crop Последен албум на оваа сјајна група која е иавистина е крем како што впрочем кажува и самиот наслов. Мелодиите се во стариот познат СУПРЕМЕС стил за кој не е потребно многу зборување. Најинтересни композиции се веке познатата SOMEDAY WE' LL BE TO­GETHER, YOU GAVE ME LOVE и нроштал-ната BEGINNING OF THE END. BADFINGER Magic Christian Music Конечно ЛП од БАДФИНГЕР кој, веднаш да се разбереме не е сјајен. Тука и таму може да се изеде некоја композиција како старата COME AND GET IT. CRIMSON SHIP (која e интересна само поради убавиот изговор на зборот Гримсон), MAYBE TOMORROW и тоа е се. Всушност од една плоча со мелодии од комичен филм и не треба да се очекуваат симфониски звуци, зарем не? CANNED НЕАТ/Соок Book Новиот албум на „Конзервираниот гнсв" се вика „СООК BOOK" што значи. „Готвач". Всушност тука нема ништо ново зготвено бидејки сите композиции се од нивните стари плочи. Да ги споменеме ON THE ROAD AGAIN, FRIED HOCKEY BOOGIE GOING VP THE COUNTRY. За овие композиции e одамна ce кажано така да се што јас можам да кажам е тоа добра музика и добар избор на нумери од нивниот репертоар. IN OUR OWN WAY/Various Artists Куката BLUE HORISON позната no своите блуз плочи издаде еден албум на повеќе групи и пејачи по намалена цена. Тука се сретну-ваме со имиња како Отис Спанн, Гхискен Схаск, Аунслеј Дунбар Реталиатион, Схампи-он Јаск Дупрее итн. Ова е извонредна плоча која' по секоја цена мора да ја чуете. Дури и ако не сте големи љубители на блузот, во што не верувам. Меѓу најдобрите нумери спаѓаат и RAINING IN MY HEART, HAMBONE BLUES, IT'S HARD BUT I T S FAIR и т. н. SHOCKING BLUE/At Home Верувале или не но холандската група „Шо-кантно плаво" ја ја издаде својата прва ЛП плоча. Впрочем што има тука чудно. Успехот на песната „ВЕНУС" мораше да биде просла-вен со такво нешто. Плочата е скоро цела во HARD ROCK стил со исклучок на некои ретки бавни нумери кои баш и не одговараат сосе-ма на оваа група. Тука се песните АСКА RAGA, LOVE MACHINE, LOVE BUZZ, BOLL WEEVIL и секако VENUS. Колку за денеска беше доста ако не и премногу. Be оставам на судни маки која плоча да ја набивите за себе. Ако се двоумите дојдете било кога во редак-цијата на советување.

со ПОП поздрав Горав

Page 16: ФОКУС бр. 27 / FOCUS No. 27