ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за...

20
ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Transcript of ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за...

Page 1: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Page 2: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница
Page 3: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Page 4: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување

конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и

мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд

и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје.

Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата

и ставовите на Британската амбасада во Скопје.

Page 5: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

Автор на текстот: Рената ДедоваЈазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко

Илустратор: Румена Најчевска

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Page 6: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

Денеска, кога беше во училиште, Луан ги покани Ениса, Марко и Ана да дојдат кај него дома попладне зашто добил на подарок голема кутија со мониста. Тие многу се израдуваа зашто одамна не нижеле мониста. Цел пат до дома замислуваа што сѐ ќе направат: синџирчиња за врат или за нога, нараквици, некои ќе ги лепат на хартија за да направат честитка за некое дете од училиште, а можеби со нив ќе украсат и неколку саксии во кои Луан си ги негува своите цвеќиња...

И така, целата дружина МЕЛА, како што си се нарекуваа децата според првите букви од своите имиња, попладнето се собра во домот на Луан. Луан одвај ја донесе кутијата на масата во неговата соба. Беше полна со мониста во сите можни бои и во сите можни големини – од многу големи, до некои кои беа навистина многу мали. Имаше и конци кои требаа да се протнат низ дупчето на секое монисто. Децата почнаа да нижат и многу се забавуваа – ем можеа нешто да прават со рацете ем во исто време си раскажуваа различни смешки што им ги кажувале нивните родители за тоа што можеле, а што не можеле да прават кога биле помали.

4

Page 7: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

5

Page 8: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

Кога сите направија по неколку работи, решија божем да направат продавница каде ќе се продаваат работите од мониста – убаво ги наредија сите работи, им ставија и цена, направија и пари, па се договорија Ана да биде продавачка, а Луан, Марко и Ениса да бидат купувачи. И така, „купувачите“ влегоа во продавницата, па почнаа убаво да ги разгледуваат сите изработки пред да изберат која да ја купат. Не знаеја за која да се одлучат зашто им беа убави сите.

Но, во еден момент, Ениса се натажи и сакаше да се прекине играта. Другите се зачудија и не знаеја што се случило одеднаш кога досега така убаво си играа, па ја прашаа Ениса во што е проблемот – да не се натажила можеби зашто таа не е продавачката. Тогаш Ениса одмавна со главата и рече дека не е тоа, туку дека сега гледа како во сите изработки има нанижано и од најмалите мониста кои беа и најубави зашто светкаа, а само во нејзините изработки нема ниту една таква.

6

Page 9: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

7

Page 10: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

Тогаш Ана, Луан и Марко веднаш извадија од кутијата неколку такви мониста и ги подадоа на Ениса за да ги додаде на некои од своите изработки. Ениса зеде едно такво монисто, неколку пати се обидуваше да го протне конецот низ дупчето, ама никако не ѝ успеваше да го погоди вистинското место. Луан веднаш се понуди да ѝ помогне, ама таа не сакаше – сакаше самата да го направи тоа. Се обидуваше повторно и повторно, но не ѝ одеше. За малку конецот ѝ бегаше де лево де десно од дупчето, па тогаш им кажа на другарите дека малку заматено ги гледа најситните мониста.

Конечно, Ениса им дозволи да го направат тоа наместо неа, па тие ги дополнија нејзините изработки со неколку од најситните, но најсветкави мониста, па и изработките на Ениса им станаа подеднакво привлечни за купување.

8

Page 11: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

9

Page 12: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

Дојде време кога требаше да си одат дома гостите. Татко ѝ на Ениса дојде прв да ја земе неа, па пред да тргнат дома, малку седна со нив во собата зашто децата само што го видоа, сите одеднаш се претворија во продавачи, а тој божем стана купувач. Откако малку поигра со нив, таткото на Ениса праша кој што направил, па сите почнаа да му покажуваат. И Ениса му ги покажа своите работи, но му кажа и дека другите деца ѝ помогнале со нижење на најситните мониста зашто нејзе не ѝ се гледало најдобро. Татко ѝ тогаш ја праша малку повеќе да опише како изгледало тоа, па откога слушна, рече дека ќе биде најдобро утре да ја однесе на очен лекар за да ѝ го провери видот. Ениса се уплаши. Каков ли лекар е тоа? Што ќе ѝ прави? Да не ја боли прегледот? Татко ѝ тогаш ѝ рече да не се грижи ни најмалку зашто прегледот воопшто не боли, дури е и интересен зашто ќе треба да погодува што има на некои сли кички што ќе ѝ ги покаже лека рот.

10

Page 13: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

11

Page 14: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

12

И така, утредента Ениса отиде на својот прв очен преглед со татко ѝ. Пред да влезе кај лекарот, Ениса беше малку уплашена, но за многу кратко време лекарот успеа да ја смири. Тој ѝ покажа разни сликички, некои поголеми, некои помали, а таа требаше да погоди што има на нив. Потоа, лекарот низ едни специјални очила гледаше во очите на Ениса, па дури ѝ пушташе и некое светло кое требаше да го следи таа горе-долу, лево-десно. На крајот,

лекарот ѝ рече дека ќе треба да носи очила. „Очила?“, Ениса се вознемири. „Не сакам, не сакам очила да носам!“, рече таа. Кога лекарот ја праша зошто, таа му рече дека со

нив нема да може да игра со топка зашто може да ја погоди топката токму во нив и да ѝ се скршат очилата. Тогаш лекарот ѝ покажа една фотографија обесена на ѕидот на кошаркар со очила што ги носи во текот на целиот натпревар и не му се кршат зашто се направени од специјален материјал што не се крши така лесно.

Но, Ениса продолжи: „Не сакам, не сакам очила! Во училиште имам слушнато како на едно девојче ѝ се смејат и ја нарекуваат `ќорла`!“ Лекарот малку се замисли, па

рече: „Ениса, ова што го слушам дека некои деца се потсмеваат на некој што носи очила, мислам дека е многу навредливо. Штом некој носи очила, значи дека со нив

подобро гледа и подобро може да ги прави работите отколку без нив. И многу луѓе, и мали и големи, носат очила. И пожарникарите носат специјални очила за подобро да

гледаат кога има пожар за да ги спасат луѓето. И лекарите кои прават операции носат очила за да ги видат и најситните работи при операцијата. И многу деца што дошле кај мене на преглед се покажало дека треба да носат очила, а на некои од нив може да им се подобри видот и, кога ќе пораснат, веќе да немаат потреба да ги носат. А знаеш, многу често има луѓе кои не носат очила зашто не забележале дека послабо гледаат, а со очилата многу полесно би им било“. На Ениса ѝ олесна. Сфати дека носењето очила не е ништо страшно, туку со нив ќе може да прави некои работи подобро.

Page 15: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

13

Page 16: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

14

Кога заминаа од кај лекарот, Ениса и татко ѝ веднаш отидоа во продавницата за очила. И друг пат ја видела истата таа продавница, но никогаш не влегла внатре за да види колку многу очила има, во различни форми и во различни бои. Проба неколку очила, но на крајот одбра едни шарени. Многу си се допадна како ѝ стојат кога се виде во огледало со нив.

Кога дојдоа пред зградата, Ениса го праша татко ѝ дали може само на кратко да им заѕвони на врата на другарите за да им се покаже со очилата. Тој ѝ дозволи и таа потрча по скалите нагоре, па заѕвони кај Луан, а потоа и кај Ана и Марко. Кога отворија врата, сите беа многу изненадени колку убави очила одбрала и колку убаво ѝ стојат! Сите посакаа веднаш да слушнат од Ениса како поминала на лекар, зашто ни тие никогаш не биле на таков преглед.

Така, децата од дружината се собраа кај Ениса дома, па внимателно ја слушаа додека таа им раскажуваше, сѐ по ред, како изгледало нејзиното прво одење на очен преглед.

Page 17: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

15

Page 18: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

Издавач: УНИЦЕФ

За издавачот: Нора Шабани

Уредник: Виолета Петроска-Бешка

Автор на текстот: Рената Дедова

Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко

Илустратор: Румена Најчевска

Дизајн: КОМА

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) ДЕДОВА, Рената Очилата на Ениса / [автор на текстот Рената Дедова ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција)ISBN 978-9989-116-80-31. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98847754

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015

Page 19: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница

Дружината МЕЛА

Дедото што беше слеп

ПЕПЕЛАШКО

Бајрам

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Училиштен натпревар

андреј и мачето

Ѓурѓовден

Јазикот на Сара

Различни јазици

Случките на Ениса

Игра на сенки

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Различни семејства

Свадба

Велигден

И за девојчиња, и за момчиња

Петар Пан

Меурчиња од сапуница

Сите сликовници

за дружината

МЕЛА

Page 20: ЗА УЧЕНИЦИТЕ - ОЧИЛАТА НА ЕНИСА...2015/04/02  · И за девојчиња, и за момчиња Петар Пан Меурчиња од сапуница