НИЕ број 1

79
НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје СКОПЈЕ ISSN 1857- 8004

description

E-magazine НИЕ број 1, година 1, 2012издание на Урбан Институт - Скопје

Transcript of НИЕ број 1

Page 1: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

СКОПЈЕ ISSN 1857- 8004

Page 2: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

HUE E-MAGAZINE

бесплатно електронско списание ISSN 1857- 8004

БР. 1, год. I, 2012/СКОПЈЕ

Page 3: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Page 4: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

издава: Урбан Институт-Скопје Редакција: Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник Здравко Стојкоски, уредник urbaninstitut.mk

Page 5: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

СОДРЖИНА: доц. д-р Ранко Младеноски: ЛИКОТ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО СРЕДНОВЕКОВНАТА „АЛЕКСАНДРИДА“.... 7 проф. д-р Васил Тоциновски: РАЦИН – ДВА БРЕГА И ДВЕ СТРМНИНИ ............................................................................................ 26 м-р Славчо Ковилоски: КОСТА ГРУПЧЕ КАКО УЧЕБНИКАР ....... 39 Здравко Стојкоски, Профил: Ерик Хобсбаум - ИСТОРИЧАРОТ КОЈ НАПРАВИ ПОВТОРНО ДА ЈА ЗАСАКАМЕ ИСТОРИЈАТА .......... 46 ПРЕДЛОГ КНИГА: ЦРНА ВРЕВА ...................................................... 52 Петко Шипинкаровски: КOГА СУДБИНАТА ГИ ЗАПЛЕТКУВА СВОИТЕ ПРСТИ (Кон книгата „ЉУБОВНА ПРИКАСКА БЕЗ КРАЈ“, Евда Попоска, „Коста Абраш“, 2011) ................................................... 54 Габриела Стојаноска-Станоеска: БРОЈКИ ........................................... 58

Page 6: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Page 7: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

доц. д-р Ранко Младеноски

ЛИКОТ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО СРЕДНОВЕКОВНАТА „АЛЕКСАНДРИДА“

Во македонската средновековна книжевност го среќаваме ли-кот на Александар Македонски во неколку средновековни книжевни дела. Пред сè, тука мислиме на средновековниот Роман за Александар Македонски, односно популарната „Александрида“, но и на еден сред-новековен расказ (или легенда) за Александар Македонски, како и на книгата од јеромонахот Атанас Македонец со наслов „Претскажу-вањата на Голем Александар“ објавена во Венеција во 1845 година. Од прегледот на овие македонски средновековни книжевни дела можевме да се увериме дека во нив ликот на Александар Маке-донски, меѓу другото, се интегрира и како семема којашто претставу-ва пресек на бројни културни идентитети. Ова особено е доминантно во средновековната „Александрида“, но присутно е и во другите спомнати книжевни дела. Во овој труд ќе ги разгледаме поодделно деталите во средновековниот Роман за Александар Македонски, од-носно „Александридата“, со тоа што акцентот ќе биде ставен на ликот на Александар Македонски од аспект на неговата наративна функција како интерактивен код на културите. 1. Историјатот на средновековната „Александрида“ Средновековниот Роман за Александар Македонски, односно Роман за Александар Велики, познат уште и под популарниот наслов „Александрида“, се појавува во 2 или во 3 век од нашата ера1 во еги-петскиот град Александрија – град основан од Александар Маке-донски во 331 година пр.н.е. Имено, првата верзија на овој роман е позната како Псевдо-Калистенова историја (или хроника) за Алек-сандар Македонски, напишана на јазикот коине и поттикната од александриските Евреи. Во врска со последново, Вера Стојчевска–Ан-тиќ и Драгољуб Драгојловиќ пишуваат: „Не треба да се заборави дека импулсите за создавањето на Ро-манот за Александар Велики потекнале од александриските Евреи кои, со достатна смисла за политичката стварност, го вплеле Алексан-

1 Вера Стојчевска–Антиќ, Македонската средновековна книжевност, Детска радост, Скопје, 1997, стр. 335.

Page 8: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

дар во своите есхатолошки концепции од помладите делови на Библи-јата, Талмудот, Мидрашот и другите свети книги“.2 Авторот на оваа прва верзија на Романот за Александар Маке-донски е непознат, а претпоставката дека станува збор за историјата на Калистен,3 внукот на Аристотел и личниот историчар, односно хроничар на Александар Македонски кој го водел и дневникот на Александровите походи на Исток, во науката е отфрлена поради едноставната причина што Калистен починал пред походот на македонската војска во Индија, пред свадбата во Суса и неколку години пред смртта на Александар Македонски во Вавилон во 323 година пр.н.е., а во таа прва верзија на Романот за Александар Македонски се опишуваат и овие настани. Поради тоа, непознатиот автор на оваа прва верзија на Романот за Александар Македонски во науката „е познат“ како Псевдо-Калистен. Покрај ова, „постојат и мислења дека, слично на Хомеровите епови, делото настанало со ’напластување‘ на приказни со различно или колективно авторство, што секако ја потенцира блискоста до народната, усна книжевност“.4 1.1. Верзии Оваа прва романизирана верзија на историјата за Александар Македонски, исполнета меѓу другото и со бројни митски и фан-тастични наративни елементи, многу брзо станала популарна и почнала да се шири и на други простори преку препишувачката и преведувачката дејност. Меѓу првичните верзии на романизираната хроника за Александар Македонски е латинската верзија од авторот Јулиј Валериј (Julius Valerius Polemius) за кого се претпоставува дека е римскиот конзул со истото име од 338 година. Подоцна, во 5 и во 6 век се појавуваат ерменскиот, коптскиот и сирискиот, а потоа и етиопскиот превод. Со текот на времето, како што наведува Симо Младеновски, овој роман за Александар бил многукратно преработу-ван и читан, почнувајќи од Египет до Кина и низ цела Европа, а

2 Вера Стојчевска–Антиќ, Драгољуб Драгојловиќ, Митологумена на средновековна-та кирилска писменост, Македонска книга, Скопје, 1990, стр. 78. 3 Калистен е познат антички историчар, внук на Аристотел, но и сведок и хроничар на македонскиот поход во Азија предводен од Александар III Македонски. Ка-листен е роден во Олинт во втората половина на 4 век пр.н.е. Автор е на ракописите сочувани фрагментарно со наслов „Хеленска историја“ и списот „Делата на Александар“. Во 328 година пр.н.е. Калистен бил обвинет дека учествувал во заго-ворот на пажевите против Александар Македонски по што бил затворен, а набрзо потоа и починал. 4 Весна Димовска–Јањатова, Уводни белешки, во: Псевдо-Калистен, Животот и де-лата на Александар Велики, превод Весна Димовска–Јањатова, Слово, Скопје, 2008, стр. 6.

Page 9: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

особено бил популарен во средниот век.5 Во секоја од овие верзии постојано се внесувале нови елементи во духот на времето кога биле создавани тие верзии, а најдобра илустрација за тоа се средно-вековните верзии на Романот за Александар Македонски во кои е доминантен тогашниот христијанско-религиозен светоглед, односно во тие верзии се врши контаминација на романот со средновековната христијанска догма. Симо Младеновски зборува за над двесте верзии од овој Роман за Александар Македонски на најмалку 35 јазици и вели дека по Би-блијата тоа е најчитаната книга во светот,6 додека во врска со ова Радмила Маринковиќ потенцира: „Ова дело, несомнено, било најчитаната лектира во нашиот среден век. За тоа сведочат огромниот број ракописи, околу 350, зачувани во разните европски библиотеки, пишувани во еден широк временски период од XIV до XX век“.7 Својата најголема популарност овој роман ја доживеал во средниот век. Во словенски контекст, бугарската верзија на Романот за Александар Македонски се појавува во 10 или во 11 век, српската верзија датира од 14 или од 15 век, а тука се и петте руски преработки на овој роман од 15 век.8 Средновековниот Роман за Александар Македонски најчесто се детерминира како средновековен витешки роман, средновековен забавен роман, класична херојска епопеја и богоугодно житие, но за него се вели и дека е „типично дело на витешката литература, пишувано за феудалната книжевна публика на која Александар и служи како добар пример за витешкото живеење и однесување“.9 За една негова верзија се тврди дека е „најмакедонски, најхристијанизи-ран, највоенореторички роман на средновековната цивилизација... ис-полнет со знаците од две одамна изминати времиња: античкомакедон-ското и средновековнохристијанското“.10 Покрај ова, Димитар Пандев уште забележува:

5 Симо Младеновски, Најчитаниот роман во светот, предговор во: Непознат византиски автор, Александар кралот на Македонците, превод Ленче Милошевска, Зумпрес, Скопје, 1994, стр. 7. 6 Исто, стр. 5. 7 Радмила Маринковиќ, Српска Александрида, историја основног текста, Филолошки факултет Београдског универзитета, Београд, 1969, стр. 7. 8 Симо Младеновски, Најчитаниот роман во светот, цит. дело, стр. 7; За ова да се види и: Маја Јакимовска–Тошиќ, Македонската книжевност во XV век, Институт за македонска литература, Скопје, 2001, стр. 258-263. 9 Радмила Маринковиќ, Српска Александрида, цит. дело, стр. 10. 10 Димитар Пандев, На македонскиот читател, да се радува, предговор кон: Алекса-ндрида, редакција и превод Димитар Пандев, Macedonia prima, Охрид, 2001, стр. 5.

Page 10: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

„’Александрида‘ како литературно дело го определуваме како пишувана варијанта на говорена (раскажувана) пројава на претходно напишана варијанта, длабоко сочувана во македонското паметење“.11 1.2. Македонската „Александрида“ Во 1878 година Стојан Новаковиќ објавува една верзија на Романот за Александар Македонски со наслов „Приповетка о Алек-сандру Великом у старој српској књижевности“ и тоа како IX книга на „Гласник српског ученог друштва“. Фрагмент од првиот дел на оваа „Александрида“ беше преведен од Димитар Пандев и објавен во 1996 година,12 а во 2001 година е објавен целосниот текст во превод на македонски јазик под редакција и јазично приближување, исто така, од Димитар Пандев.13 Станува збор, имено, за ракопис од 14 или од 15 век пишуван на црковнословенски јазик со српска редакција. За оваа српска верзија на средновековниот Роман за Александар Македонски Димитар Пандев вели дека претставува препис и превод од македонски ракопис: „Од јазичен аспект – потенцира Пандев – овој ракопис содржи извесен број јазични особености својствени за македонските црковно-словенски ракописи. Тие не само што укажуваат на тесна врска со македонските средновековни ракописи, туку упатуваат на македонска предлошка. Бездруго, овој ракопис е препишан од постар македонски ракопис, чија трага се изгубила во историјата, заедно со многу други македонски ракописи“.14 Во продолжение Пандев дава една солидна и сосема издржана аргументација за ваквото тврдење и тоа и од јазичен и од содржински аспект во врска со овој ракопис. Пандев, исто така, зборува за „рако-писи кои неповратно исчезнале од македонската историја“ прет-поставувајќи дека македонската „Александрида“ била читана и препрочитувана низ охридските и преспанските дворци на Самуил и на неговите следбеници.15

11 Димитар Пандев, Во потрага по изгубениот ракопис на македонската Алексендрида (јазични и стилски белешки), поговор во: Александрида, цит. дело, стр. 155. 12 Вера Стојчевска–Антиќ, Средновековни романи и раскази, превод на текстовите Блаже Конески, Димитар Пандев, Вера Стојчевска–Антиќ, Табернакул, Скопје, 1996, стр. 55-86. 13 Александрида, редакција и превод Димитар Пандев, Macedonia prima, Охрид, 2001. 14 Димитар Пандев, Во потрага по изгубениот ракопис на македонската Александри-да (јазични и стилски белешки), цит. дело, стр. 151. 15 Димитар Пандев, На македонскиот читател, да се радува, цит. дело, стр. 6.

Page 11: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Ова, секако, значи дека македонската „Александрида“ е поста-ра од српската „Александрида“ и треба да се датира најдоцна во 13 век, а по сè изгледа и многу порано (10 или 11 век). За жал, во маке-донската книжевна историја сè уште немаме податок за зачуван ракопис (фрагментарно или интегрално) од оваа македонска „Алек-сандрида“. Со ваквата теза за несомненото постоење на постара маке-донска верзија на средновековната „Александрида“ се согласува и историчарот Симо Младеновски. Зборувајќи за бројните верзии на античкиот Роман за Александар Македонски, Младеновски потенцира дека „Александридата“ има над двесте верзии „напишани на најмалку 35 јазици во светот... на арапски, ерменски, турски и малајски... и на словенските јазици – бугарски, српски, руски и извесна македонска редакција“.16 Во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец во Венеција ја објави книгата со наслов „Пресказание на Голем Александр“ на маке-донски народен јазик, користејќи притоа грчко писмо што прет-ставува една позната практика во првата половина на македонскиот книжевен 19 век. Кон македонската книжевно-историска наука оваа книга ја приложи Вера Стојчевска–Антиќ во 1996 година.17 Станува збор, како што наведува Атанас Македонец во својот предговор, за текст што бил познат преку повеќе преводи „на сите јазици“ и, како што вели самиот, „сторив ниет... да го прам терџуме и на јазиците што се зборуваат на мојата патрида“.18 Содржината на „Претскажувањата...“ се однесува на последни-те денови од животот на Александар Македонски и за неговите про-роштва за иднината на неговата „патрида“ Македонија. Стојчевска–Антиќ смета дека има сличности помеѓу опширните верзии на средновековната „Александрида“ и овој текст на Атанас Македонец: „При споредувањето на овие епизоди од опширните верзии на словенските ракописни Александриди со нашиов текст, се наоѓаат доста сличности. Меѓутоа, односниов текст е една проширена верзија токму во однос на пророштвата и претскажувањата на Голем Александар пред смртта, кои во верзиите на романот се скратувани. Вообичаено е одделни епизоди од животната историја на Александар Македонски да фигурираат како посебни фрагменти, со проширени вметнувања“.19 16 Симо Младеновски, Најчитаниот роман во светот, цит. дело, стр. 5. 17 Атанас Македонец, Претскажувањата на Голем Александар, подготовка, пред-говор и транскрипција Вера Стојчевска–Антиќ, Зумпрес, Скопје, 1996. 18 Исто, стр. 33. 19 Исто, стр. 20-21.

Page 12: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Земајќи ја предвид целокупната структура на „Претскажувања-та на Голем Александар“, а водејќи се и од искажувањата и сугестии-те на Стојчевска–Антиќ, може да се заклучи дека оваа книга на Ата-нас Македонец гравитира кон средновековниот Роман за Александар Македонски, односно кон средновековната „Александрида“. Токму поради тоа, ова мошне значајно книжевно дело од 19 век треба да се разгледува во рамките на македонската средновековна литература и тоа како една од бројните верзии на средновековната „Александрида“. Во нашата современост, Романот за Александар Македонски за првпат како интегрално издание е објавен во 1994 година во превод на Ленче Милошевска, а од страна на издавачот „Зумпрес“ од Скопје. Станува збор за верзијата од непознат византиски автор со наслов „Александар кралот на Македонците“, а при преведувањето користе-но е следното издание: Anonymi Byzantini, Vita Alexandri regis Macedonum, Stuttgart, Teubner, 1974. За ова објавување на „Алексан-дридата“ на македонски стандарден јазик, авторот на предговорот, Симо Младеновски, вели: „И ова наше издание влегува во светската ризница како со-времена македонска верзија“.20 2. Александар и „Другите“ во „Александридата“ При анализата на текстовите од средновековната „Александри-да“ во врска со главната тема на овој труд користевме четири изданија од Романот за Александар Македонски (објавени на маке-донски стандарден јазик), но само три верзии. Зошто четири изданија, а три верзии? Во 2008 година издавачот „Феникс“ од Скопје ја објави книга-та „Александар Македонски“ од непознат византиски автор како верзија на „Александридата“ и тоа со една сензационалистичка забе-лешка на корицата дека станува збор за „необјавена биографија“(?). Како преведувач на верзијата се појавува Павлина Димитровска. Но, во оваа книга воопшто не се наведува изданието („оригиналот“) од кое е извршен преводот на оваа дотогаш, како што потенцира издавачот, „необјавена биографија“. При споредбата на текстовите од објавените изданија на „Александридата“ на македонски стандарден јазик со леснотија можевме да констатираме дека не станува збор за никаква дотогаш „необјавена биографија“ за Александар Македонски туку за еден превод-импровизација на веќе објавената верзија на македонски стандарден јазик на изданието „Anonymi Byzantini, Vita Alexandri regis Macedonum, Stuttgart, Teubner, 1974“. Како што веќе

20 Симо Младеновски, Најчитаниот роман во светот, цит. дело, стр. 8.

Page 13: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

напоменавме, ова издание претходно е преведено на македонски стан-дарден јазик од Ленче Милошевска, а издадено од „Зумпрес“ во 1994 година. Поради сето ова, при елаборацијата на нашата тема не го земаме предвид ова квазииздание на издавачот „Феникс“ од Скопје. Значи, овде ќе анализираме три изданија на „Александридата“ на современ македонски јазик: а) Непознат византиски автор, Александар кралот на Македон-ците, превод Ленче Милошевска, Зумпрес, Скопје, 1994. Наслов на оригиналот: Anonymi Byzantini, Vita Alexandri regis Macedonum, Stuttgart, Teubner, 1974; б) Александрида, редакција и превод Димитар Пандев, Macedonia prima, Охрид, 2001. Преводот на ова издание е работен според ракописот објавен од Стојан Новаковиќ во 1878 година, како IX книга на „Гласник српског ученог друштва“, со наслов „Припо-ветка о Александру Великом у старој српској књижевности“; в) Псевдо-Калистен, Животот и делата на Александар Велики, превод, предговор и белешки Весна Димовска–Јањатова, Слово, Скопје, 2008. Работено според изданието: Historia Alexandri Magni (Pseudo-Callisthenes), Recensio a sive Recensio vetusta, ed. W. Kroll, Historia Alexandri Magni, vol. 1, Berlin: Weidmann, 1926. При разгледувањето на содржината на овие три верзии од средновековната „Александрида“ можевме да се увериме дека трите изданија покажуваат висок степен на идентичност во однос на прашањето што нè засега – семантичката интеграција на ликот на Александар Македонски како интерактивен код на различни култури. Она што е интересно да се забележи како податок за овие верзии на средновековниот Роман за Александар Македонски е тоа дека отста-пувањата од автентичните историски настани во сижеата на верзиите одат во прилог на збогатувањето на ликот на Александар Македонски со семи коишто упатуваат на овој лик како на семантички интеркултурен интегрант. На пример, во историјата нема податок дека кога било Александар III Македонски имал директни контакти со римската култура, односно со градот Рим. Во трите наши верзии од средновековниот Роман за Александар Македонски, пак, се потенцира дека Александар учествувал на Олимписките игри во Рим уште како дете, а подоцна тој и ќе го освои Рим и на тој начин ќе стане интерактивен код на двете големи антички култури – македонската и римската. Таму, во Рим, Александар „ќе се сретне“ со својот татко Јупитер (Ѕевс, Амон) и со тој наративен фрагмент се врши спој на македонската, египетската и римската митолошка традиција, односно ќе се оствари допирот на овие три различни култури. Во рамките на вонисторискиот контекст, од сижето на трите верзии би го споменале

Page 14: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

и египетскиот владетел Нектанеб (или Нехтенав)21 кој се појавува во улога на татко на Александар Македонски со тоа што ќе ја излаже бездетната Олимпијада дека преку неговата магија таа ќе зачне со боговите и ќе го роди господарот на целиот свет. Оваа епизода е индиција за реализираната врска меѓу египетската и македонската култура, зашто на тој начин Александар по мајка е Македонец, а по татко Египќанец. Тоа ќе биде и наративната подлога за подоцнежното Александрово прогласување за египетски фараон, односно крал на Египет (како син на последниот египетски владетел Нектанеб). Како чист книжевно-фиктивен наративен елемент што нема допирни точки со историските настани поврзани со Александровото владеење со античка Македонија се јавува и освојувањето на Западот (се мисли на западноевропските простори), односно на западните земји од страна на македонската војска на чело со Александар Македонски. Тоа сека-ко значи дека Александар со своите освојувања ги зближил западните култури со македонската античка култура, но и со египетската, хеленската, а исто така и со персиската. Истото се однесува и на оние фрагменти од сижеата во кои станува збор за имагинативните осво-јувања на Александар на сите „северни предели“, но и на јужните – Африка, односно африканските земји. Со освојувачките походи Александар Македонски заедно со својата војска ќе стигне до крајот на светот, до крајот на Земјата, од-носно до крајот на населениот свет. Оттука, од тој „крај на населениот свет“, започнува другиот, ненаселениот свет. Тоа се два меѓусебно строго разделени, строго разграничени простори коишто не се мешаат, не комуницираат меѓу себе, односно исклучена е каква било заемна комуникација на тие два света, на тие два ентитета. Населени-от свет е нашиот свет, цивилизираниот дел од Земјата. Ненаселениот свет, пак, е нецивилизираниот, дивиот свет, исполнет со чудовишни и фантазмагорични суштества кои во нарацијата се детерминираат како погани народи. Во тој чудесен ненаселен свет Александровата војска ќе се сретне со луѓе со кучешки глави, со луѓе без глави, односно со очи и усни на градите, со луѓе со по шест раце и со лице како на бик,22 со луѓе со две глави и без глави и со змијовидни нозе, со ужасни и 21 Бројни автори тврдат дека ликот на Нектанеб (Нехтенав) е чиста книжевна фикци-ја и дека во Египет никогаш не владеел фараон со такво име. Но, Весна-Димовска-Јањатова, преведувачката на „Животот и делата на Александар Велики“, тврди нешто сосема друго во една редакторска забелешка: „Се работи за Нектанеб II, египетски фараон од дванаесеттата династија. Нектанеб е грчка верзија на египет-ското име Нахтар-Хаби. За време на неговото владеење Египет бил нападнат и освоен од персискиот цар Артаксеркс“. (Да се види: Псевдо-Калистен, Животот и делата на Александар Велики, цит. дело, стр. 12). 22 Псевдо-Калистен, Животот и делата на Александар Велики, цит. дело, стр. 136.

Page 15: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

огромни жени кои „при нападот летаа со крилја“,23 со диви луѓе обраснати со козина, огромни и црни, со луѓе со по шест раце и шест нозе (а многумина од нив имаа и седум нозе),24 со животни диви и со ѕверови човеколики, со луѓе колку еден лакт, со луѓе некако грди и страшни и влакнести, со канибали, со песјоглави луѓе, со џиновски мравки и ракови25 итн. Александар Македонски нема да ја „избрише“ таа граница меѓу населениот и ненаселениот свет. Неговото дејствува-ње е насочено кон утврдување, зајакнување на таа меѓа меѓу цивили-зираниот и нецивилизираниот свет. Александар ќе ги заѕида паганите народи со спојување на две планини за да не се мешаат и за да не ги заразат другите народи од населениот свет со нивните погани обичаи. Се наведуваат дури и имињата на тие диви, нецивилизирани народи: „Еве ги народите што ги затвори Александар: Готи и Маготи, Анугес, Анусес, Етренихси, Диварес, Фотинеи, Невни, Фарзани, Ил-мади, Занарот, Теани, Марматиани, Хахони, Агриматри, Ануфаги, Песјоглави, Фардеи, Аланес, Фосоникеи, Ансинеи, Татари. Тие на-роди погани беа многу. И нив Александар ги затвори заради нивното големо поганство“.26 Очигледна е овде дистинкцијата што е извршена меѓу населе-ниот и ненаселениот свет, меѓу цивилизираниот и нецивилизираниот свет. Населениот свет е питом, организиран, човечен, божји, возви-шен, моќен, супериорен, додека ненаселениот свет е див, неорга-низиран, хаотичен, нечовечен, ѓаволски, долен, слаб, инфериорен. Иако остварениот контакт помеѓу овие два света имплицира дека и во овие наративни фрагменти ликот на Александар Македонски функ-ционира како интерактивен код на културите, сепак актанцијалните функции на ликот на Александар се насочени кон разграничување, разделување, одделување на овие два дијаметрално спротивни све-тови и кон немешање на „културите“ од населената и ненаселената сфера на Земјата. Тоа е така затоа што помеѓу овие две „културни“ зони постојат големи разлики коишто не може да бидат надминати, а секогаш е присутна и опасноста од контаминација на цивилизираната сфера со деградирани, односно дегенерирани сегменти од (не)кул-турата на ненаселениот свет. На следната табела ги претставуваме разликите меѓу овие две зони. 23 Непознат византиски автор, Александар кралот на Македонците, цит. дело, стр. 42-43. 24 Исто, стр. 77-79. 25 Александрида, цит. дело, стр. 82-86. 26 Исто, стр. 113.

Page 16: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

АЛЕКСАНДРОВИОТ НАСЕЛЕН СВЕТ

НЕНАСЕЛЕНИОТ СВЕТ НА „ДРУГИТЕ“

1. Македонци и други народи 1. Барбари, варвари, ѕверови 2. Цивилизиран 2. Див, нецивилизиран 3. Организиран 3. Хаотичен 4. Развиен, напреден 4. Деградиран, дегенериран 5. Возвишен, божји 5. Подземен, ѓаволски 6. Моќен, супериорен 6. Немоќен, инфериорен 7. Храброст, воинственост 7. Плашливост, кукавичлук 8. Колонизирачки, владејачки 8. Колонизиран, владеан 9. Интерактивен, комуникативен 9. Затворен, некомуникативен 10. Реален, реалистичен 10. Фантазмагоричен, имагинативен

Табела 1

Интеркултурните разлики меѓу „населениот“ и „ненаселениот“ свет

во средновековната „Александрида“ Од друга страна, митолошкиот и религиозниот слој од нараци-јата во трите верзии на „Александридата“ што се предмет на нашата елаборација се показатели само за интегрирањето на ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите. Се појавуваат бројни ликови од митологијата и од религијата и тоа во опозиција со ликот на Александар Македонски. Такви ликови се, на пример, веќе спомнатите Ѕевс, Амон, Јупитер (трите варијанти на врховниот бог од различни култури со коишто се алудира на божјото потекло на Македонецот), Хера, Сарапис, Амазонките, Кентаурите, Орфеј, пророкот Еремија и многу други. За Амон, на пример, се тврди дека е либиски бог со што во нарацијата се воспоставува еден митолошко-културен линк помеѓу македонската и либиската античка цивилизација. Амазонките27 ја имаат наративната функција да ја надополнат онаа често поставувана релација помеѓу Александар и Херакле и ја потврдуваат историско-книжевната идеја за Александар како получовек и полубог. И Орфеј, античкиот митски пејач, е поставен во релација со Александар Македонски. Во сижето на Псевдо-Калистеновата верзија „Животот и делата на Александар 27 Амазонките се жени-воини од античката митологија коишто се поврзуваат со Херакле. Имено, Херакле имал задача да го освои појасот на амазонската кралица Хиполит. Во древното античко сликарство Амазонките биле претставувани со ликот на Атина, а подоцна и со ликот на Артемида, односно во тенок високо подигнат фустан заради добивање брзина. Во наративните историски извори, но и во сред-новековните верзии од Романот за Александар Македонски се зборува за средбата на македонскиот крал со овие митолошки жени-воини.

Page 17: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Велики“ кога Александар ќе пристигне пред храмот и статуата на Орфеј во Пиерија, тој од страна на толкувачот ќе биде спореден со овој митолошки лик: „Како што Орфеј свирејќи на лира и пеејќи ги придоби Хелените, ги набрка барбарите, ги припитоми дивите ѕверови, така и ти мачејќи се, со копје сите ќе ги натераш да ти се покорат“.28 Сепак, во контекст на религиозните теми, во средновековната „Александрида“ доминантна е христијанизацијата на нарацијата, односно контаминацијата на средновековниот Роман за Александар Македонски со христијански теми и мотиви, а со тоа и христија-низацијата на ликот на Александар Македонски. Ова е особено присутно во верзијата на романот со наслов „Александрида“ во редакција и превод на Димитар Пандев, објавена од издавачот Macedonia prima од Охрид во 2001 година. Историската подлога за ваквите средновековни книжевни фикции ја согледуваме во ост-варениот контакт помеѓу Александар и Евреите, односно влегувањето на Александар во Ерусалим и принесувањето жртва на еврејскиот бог Јахве.29 Македонскиот крал е поставен во опозиција со староза-ветниот пророк Еремија со чии сугестии Александар ќе го прифати „единствениот жив бог Саваот“ како вистински бог и како творец на сè што е видливо и невидливо во светот. Многу чести се епизодите во кои Александар Македонски му се моли на единствениот Бог (еврејски, христијански) или во кои тој вели дека успесите што ги постигнал се резултат на неговата верба во живиот бог Саваот. Во истиот контекст се, се разбира, и епизодите во кои Александар пристигнува во рајот, односно во земјата на блажените, во пеколот, па раскажувањата за старозаветните Адам, Каин, Авел, Сит и сл. Она што треба овде да се додаде и да се потенцира, а што е сосема очиг-ледно, е тоа дека на ваков начин во средновековната „Александрида“ ликот на Александар Македонски функционира како наративен се-мантички интегрант на две сосема различни и во реалниот историски свет неспојливи културни семиосфери – античката митолошко-ма-кедонска, од една, и средновековната религиозно-христијанска сфера, од друга страна. Наспроти ваквите имагинативни, фиктивни содржини, во сред-новековниот Роман за Александар Македонски се среќаваме и со еден историски наративен слој што се однесува на културно-интегрантната функција на ликот на Александар Македонски. Ова се однесува, пред сè, на воспоставената опозиција меѓу ликовите Александар III 28 Псевдо-Калистен, Животот и делата на Александар Велики, цит. дело, стр. 61. 29 За ова да се види, на пример: Артур Вајгал, Александар Македонски, превод Ја-года Сидоровска, Мисла, Скопје, 1992, стр. 244.

Page 18: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Македонски (кралот на Македонија) и Дариј III (кралот на Персија). Она што го среќаваме како сиже во однос на оваа опозиција на двата лика во средновековната „Александрида“, во основа, соодветствува со автентичните историски настани од 4 век пр.н.е. Имено, во сред-новековниот Роман за Александар Македонски македонскиот крал секогаш е прикажан како помоќен, посилен, поснаодлив, помудар, подоблесен, похрабар, порешителен, подостоинствен, повешт војско-водец и воен стратег, односно супериорен во однос на неговиот не-пријател, персискиот крал Дариј III кој, пак, во верзиите од романот семантички се интегрира како горделив, неснаодлив, колеблив, плаш-лив, немоќен, слаб, невешт војсководец, односно инфериорен во од-нос на Александар Македонски. Тоа можеме да го видиме, пред сè, во размената на симболичните дарови помеѓу Александар и Дариј, но и во бројните битки меѓу македонската и персиската војска. Во овие ривалства како победници на крајот секогаш излегуваат Александар и неговите Македонци. Идентична паралела во нарацијата се гради и во врска со релацијата Македонци – Персијци. На пример, Персијците се „ненаситни ѕверови“, а Македонците се „возвишени“.30 По манифес-тираната непослушност од страна на војската поттикната од Пер-сијците, македонскиот крал ќе нареди „Персијците во женски алишта да се облечат и платна женски на главите да носат“.31 Од друга страна, Александар со ваков говор ги поттикнува и ги охрабрува Ма-кедонците да се борат против Персијците: „Зарем Дариј да нè исплаши? Вас, волци и лавови, зарем ќе ве плашат овци и јагниња?“.32 Сосема јасно е дека Македонците („волци и лавови“) се тие што се супериорни, а Персијците („овци и јагниња“) најчесто се пос-тавуваат во инфериорна позиција. И односот помеѓу Александар Македонски и индискиот крал Пор се базира врз супериорноста на Александар и инфериорноста на Пор. Дури и самиот Александар се однесува со омаловажување кон индискиот крал.33 Во писмото до Пор, Александар пишува:

30 Александрида, цит. дело, стр. 77. 31 Исто, стр. 103. 32 Непознат византиски автор, Александар кралот на Македонците, цит. дело, стр. 49. 33 Ваквата сема (атрибут) на ликот на Александар Македонски во средновековната „Александрида“ не е сосема во согласност со особеностите на историската личност Александар III Македонски, барем кога станува збор за односот на македонскиот крал кон непријателот. Имено, Александар III Македонски како историска личност безмалку секогаш се однесува со почит кон своите непријатели, а особено кон рамните на него – непријателските кралеви.

Page 19: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

„Александар, цар над царевите и над сите кнезови, и на царевите цар, не со својата храброст туку со божјата повелба, на Великиот Пор, индиското магаре“.34 Супериорноста на Александар се покажува и со неговата побе-да во двобојот со индискиот крал Пор.35 Во средновековната „Алек-сандрида“ Македонците се прикажани како супериорни и во однос на Индијците, слично како релацијата Македонци – Персијци. Сепак, двете суштински категории во интеркултурната кому-никација какви што се супериорноста и инфериорноста се релативи-зираат кога ќе се постават во контекст на фокализацијата, односно во контекст на гледната точка на субјектот. Имено, од гледната точка на персискиот крал Дариј III, тој е супериорен во однос на македонскиот крал Александар Македонски. Според Дариј, Александар е недозреа-но момче и разбојник, па во писмото ќе му напише: „...врати се кај своите родители, кои ми служат мене и седни си во скутот на мајка ти Олимпијада... и да не заведуваш толку многу млади луѓе во таа возраст, па како некој главатар на разбојничка бан-да да ги влечкаш со себе и да ги обеспокојуваш градовите“.36 Според персискиот крал, Македонците се здодевен народ,37 но и гусари.38 За Александар Македонски, пак, кој за себе смета дека е супериорен во однос на персискиот крал, Дариј е безумен, плашлив, обичен човек, а не крал-бог итн. Се разбира, и ваквата релација на супериорност – инфериор-ност (колонизатори – колонизирани, односно елитни – субалтерни) го интегрира семантичкото поле на ликот на Александар Македонски и го детерминира овој лик како интерактивен код на културите. Во овој контекст, ни се чини, најсоодветно би било да се повикаме на забе-лешките на Едвард Саид во врска со ориентализмот, односно во врска со односот на Европејците кон Азијците. Да потсетиме што вели Саид за ориентализмот: „Суштината на ориентализмот е неискоренливата дистинкција меѓу западната супериорност и ориенталната инфериорност... Ориен-тализмот, исто така, може да ја изрази моќта на Западот и слабоста на Истокот – видена од аспект на Западот“.39

34 Александрида, цит. дело, стр. 97. 35 И овој сегмент од „Александридата“ – двобојот меѓу македонскиот и индискиот крал – претставува само книжевна фикција, а не автентичен историски настан. 36 Псевдо-Калистен, Животот и делата на Александар Велики, цит. дело, стр. 52-53. 37 Исто, стр. 87. 38 Александрида, цит. дело, стр. 49. 39 Едвард Саид, Ориентализам: западни концепции за Ориентот, превод Зоран Анчевски, Магор, Скопје, 2003, стр. 49 и стр. 52.

Page 20: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Саид е уште попрецизен и поконкретен кога вели дека „ори-ентализмот е систем на европско и западно знаење за Ориентот“, но тој е и „синонимен со европската доминација врз Ориентот“.40 Овие зборови на Саид, очигледно, претставуваат пресликување на овој омаловажувачки, деградирачки однос на Александар Македонски и на Македонците кон персискиот крал Дариј III и кон Персијците, како и кон индискиот крал Пор и кон Индијците што го среќаваме во средновековниот Роман за Александар Македонски. Меѓутоа, од друга страна, во средновековната „Александрида“ среќаваме и раскажувачки сегменти во кои се согледува еден сосема поинаков, спротивен однос на Александар Македонски кон „Дру-гите“, односно кон туѓите народи и култури. Ќе наведеме неколку примери за да стане појасно за што зборуваме. Александар ќе се ожени со Роксана (во средновековниот роман овој лик се деноминира како Роксанда), ќерката на персискиот крал Дариј41 и тоа по сугестија на самиот персиски крал непосредно пред неговата смрт. По склучувањето на овој македонско-персиски брак „Персијците се зближија со Македонците и станаа како браќа меѓу себе“.42 Истото го среќаваме и како вербален предикат на македонскиот крал Алексан-дар во писмото до Олимпијада и до Аристотел: „...ја зедов неговата ќерка за жена и со таа моја постапка на-правив Персијците и Македонците да се согласуваат меѓу себе“.43 Откако ќе се ожени со Роксана, Александар „Персијците во македонски свити ги облече, а Македонците во персиски“.44 И при погребот на персискиот крал Дариј III, Александар Македонски ја манифестира својата кралска благородност и ќе нареди Дариј да биде погребан со сите почести и тоа во согласност со персиските обичаи, како што и му доликува на еден персиски крал.45 Како обединител на сите народи Александар Македонски се појавува и во оној фрагмент од сижето кога „на полето наречено

40 Исто, стр. 188. 41 И овој податок од средновековната „Александрида“ не соодветствува со автен-тичните историски факти. Историски факт е дека Александар Македонски се оже-нил со Роксана во 327 година пр.н.е., меѓутоа Роксана не е ќерка на Дариј III, туку ќерка на Оксијарт, великодостојник од Согдијана. 42 Непознат византиски автор, Александар кралот на Македонците, цит. дело, стр. 62; Да се види и: Псевдо-Калистен, Животот и делата на Александар Велики, цит. дело, стр. 101. 43 Непознат византиски автор, Александар кралот на Македонците, цит. дело, стр. 92. 44 Александрида, цит. дело, стр. 80. 45 Александрида, цит. дело, стр. 108; Истото во: Псевдо-Калистен, Животот и делата на Александар Велики, цит. дело, стр. 101.

Page 21: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Синар, и во земјата што се вика Авсидија, каде што праведниот Јов богатиот беше живеел“ ќе се соберат многубројни народи и владетели на кои Александар им е крал: „А имаше да се видат повеќе од илјада илјади луѓе...; зашто беа заедно тука насобраните народи: Персијците, Индијците, Сиријците, Евреите, Мидијците, Фаниците, Гелфите, Еламите, Халдеите, Немци-те, Грците и сите други источни народи и западни. И тука Александар царот големи гозби на војската и направи, и тука од исток и од запад и од север и од југ сите владетели и кнезови од морето дојдоа со скапоцени подароци за Александар“.46 Дури и смртта на Александар Македонски ќе ги обедини Маке-донците и Персијците: „Сите заедно, персиските и македонските владетели, го прифа-тија телото на Александар и го однесоа во Александрија, во Египет“.47 Претходно елаборираните наративни сегменти од трите верзии на средновековната „Александрида“ што се однесуваат на ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите ги претставуваме на следната табела. Притоа, верзиите на Романот за Александар Македонски ги означуваме со името на издавачите што ги објавиле на македонски стандарден јазик, а наративните сегменти ги даваме според редоследот во сижеата од трите верзии. За ликот на македонскиот крал Александар Македонски ја користиме кратенката „Алекс.“.

ЛИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО

ИНТЕРКУЛТУРЕН СЕМАНТИЧКИ ИНТЕГРАНТ ВО „АЛЕКСАНДРИДАТА“

Зумпрес (1994) Macedonia prima (2001) Слово (2008)

1. Нектанеб, татко на Алекс.

1. Нехтенав, татко на Алекс.

1. Нектанеб, татко на Алекс.

2. Египет – Македонија 2. Алекс. – Ахил 2. Египет – Македонија 3. Алекс. = нов Ахил 3. Алекс. vs. Кумани 3. Алекс. vs. Дариј 4. Алекс. = втор Херакле 4. Алекс. vs. Дариј 4. Алекс. vs. Рим 5. Алекс. во Рим 5. Алекс. vs. Атина 5. Алекс. во Африка 6. Алекс. роден од Зевс 6. Алекс. vs. царевите 6. Алекс. – Либија 7. Алекс. vs. Скити 7. Алекс. vs. Рим 7. Алекс. vs. Египет 8. Алекс. vs. Дариј 8. Алекс. – Јупитер 8. Алекс. – Александрија 9. Алекс. vs. Теба 9. Алекс. vs. Египет 9. Алекс. – Сарапис 10. Алекс. vs. Рим 10. Алекс. – Александрија 10. Алекс. – крал на

46 Александрида, цит. дело, стр. 131 - 132. 47 Непознат византиски автор, Александар кралот на Македонците, цит. дело, стр. 127.

Page 22: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Египет 11. Алекс. – Јупитер 11. Алекс. во Азија 11. Алекс. во Сирија 12. Алекс. vs. Запад 12. Алекс. – Троја 12. Алекс. vs. Тир 13. Алекс. vs. Југ 13. Алекс. vs. Дариј 13. Алекс. vs. Дариј 14. Алекс. во ненаселената земја

14. Алекс. – Јудеја 14. Алекс.: разликата меѓу хеленски и барбарски тиран

15. Алекс. во Киликија 15. Алекс. – христијанство 15. Дариј: „Алекс. е разбојник“; Алекс.: „Дариј е барбарин“

16. Алекс. во Фригија 16. Алекс. – Еремија 16. Алекс. – Орфеј 17. Алекс. во Троја 17. Алекс. во Египет 17. Алекс. – Хектор,

Ахил 18. Алекс. на Исток 18. Лекарот Филип:

„Египќаните се магариња“ 18. Алекс. = Херакле

19. Македонците волци, а Персијците овци („Ние“ vs. „Тие“)

19. Алекс. во Вавилон 19. Алекс. vs. Теба

20. Алекс. – Македонци, Персијци, Индијци

20. Алекс. во Персепол 20. Алекс. – Атина

21. Алекс. – Роксана 21. Алекс. – Роксанда 21. Алекс. vs. Спарта 22. Алекс.: Македонците и Персијците браќа

22. Персиј. = ненасистни ѕверови; Мак. = возвишени

22. Алекс. во Азија

23. Алекс. – Јудејци 23. Персијците во македонски свити; Македонците во персиски свити.

23. Алекс. vs. барбари

24. Алекс. во Египет 24. Алекс. до крајот на Земјата

24. Алекс. = крал на Хелени и на барбари

25. Алекс. – христијанство

25. Алекс. – рајот 25. Алекс. vs. Ксеркс

26. Алекс. до крајот на светот

26. Алекс. – жива вода 26. Алекс. – Роксана

27. Алекс. – жива вода 27. Алекс. vs. Пор 27. Алекс. vs. Пор 28. Алекс. vs. Кентаури 28. Алекс.: „Пор е

индиско магаре“ 28. Пор: „Алекс. е ограбувач на градови“

29. Алекс. vs. Индијци 29. Алекс. – туѓите богови 29. Алекс. = новиот Дариј

30. Алекс. vs. Пор 30. Алекс. vs. Амазонките 30. Алекс. – брамани 31. Алекс. vs. Амазонки 31. Алекс. vs. поганите

народи 31. Алекс. vs. Амазонки

32. Алекс. vs. погани народи

32. Алекс. – пеколот 32. Алекс. во Вавилон

33. Алекс. погребан во Александрија

33. Алекс. – бројни народи

33. Алекс. – Херакловите Столбови

34. Алекс. и во смртта обединител на народите

34. Алекс. погребан во Александрија

34. Алекс. погребан во Мемфис

Page 23: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Табела 2 Идентичните мотиви во верзиите на„Александрида“ во однос на

ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите

Станува сосема јасно и очигледно дека комуникацијата меѓу две и повеќе култури се одвива врз два основни принципи: а) со меѓусебно почитување на разликите во двете култури, и тоа од обете страни, при што се елиминирани релациите на супериор-ност – инфериорност, односно елитност – субалтерност, и нема за-емно омаловажување меѓу тие култури; б) со непочитување на разликите и со омаловажување на дру-гата култура, при што заемно се создаваат релациите на супериорност – инфериорност, односно колонизатори – колонизирани, односно елитни – субалтерни. Првата комуникација меѓу културите ја нарекуваме „то-лерантна“ поради меѓусебното почитување на човечките културни вредности од страна на двете култури, додека втората ја детерми-нираме како „расистичка“, пред сè, поради меѓусебното непочитува-ње и омаловажување на двете култури. Ликот на Александар Македонски во средновековната „Алек-сандрида“ влегува и во двете опции затоа што во неговото семантичко поле се интегрирани семи коишто упатуваат на непочитување, омало-важување на туѓите култури, односно на „Другите“, но во се-мантичкото поле на овој лик среќаваме и такви атрибути коишто упатуваат на еден толерантен однос кон културните разлики, па дури и преземање на дејствија кои одат во насока на приближување на две (но и повеќе) култури и создавање на една нова, хибридна култура која би помогнала во одржувањето и зачувувањето на големата Македонска Империја на Исток. Тоа, секако, значи дека и во двата случаи ликот на Александар Македонски функционира како интерак-тивен код на културите затоа што неговата дејствителност ја пот-тикнува и ја остварува комуникацијата меѓу различните култури. Иако во нарацијата од средновековната „Александрида“ ликот на Александар Македонски доминантно се интегрира како интерактивен код на културите, како обединител на сите народи во светот, сепак во неговото семантичко поле може да се сретнат и атрибути коишто го претставуваат него како патриот, како крал којшто, пред сè, е врзан за својата земја, за својата монархија, за својата татковина. Имено, кога еден од македонските витези со име Вринеуш (кој подоцна и ќе го отруе македонскиот крал) ќе побара од

Page 24: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Александар да му ја даде Македонија за да владее со неа, Александар решително ќе му одговори: „Целиот свет ќе го разделам, Македонија, пак, никому не му ја давам; до смртта моја со неа ќе владеам, по смртта моја да владее со неа оној кому бог ќе му ја даде среќата Александрова и цврстата десница и остриот меч“.48 Тоа секако значи дека во ликот на Александар Македонски, покрај доминантниот екуменизам (или т.н. космополитизам), е ин-тегриран и патриотизмот, љубовта и приврзаноста кон татковината Македонија. 3. Сублимат Во средновековниот Роман за Александар Македонски ликот на античко-македонскиот крал Александар III Македонски е интегриран како интерактивен код на културите. Сижеата на трите верзии од „Александридата“ содржат бројни наративни елементи коишто претставуваат сосема солидни индиции за интеркултурните релации во кои доминантната улога ја има ликот на Александар Македонски. Ваквата негова функција е забележлива и во книжевно-историските слоеви на верзиите, но и во книжевно-фикциските раскажувачки структури. Ликот на Александар Македонски е најак-тивниот дејствител (актант) во остварувањето на културните контакти и заемните влијанија меѓу бројните европски, африкански и азиски култури. Во таа интеракција меѓу културите присутни се два основни принципи на реализирана комуникација што зависат од почитува-њето, односно непочитувањето на „Другите“, но и од воспоставената субординираност на културите, т.е. нивното категоризирање и специ-фицирање како супериорни и инфериорни: а) толерантна интеркултурна комуникација; б) расистичка интеркултурна комуникација. Меѓутоа, иако ликот на Александар Македонски во трите раз-гледани верзии од „Александридата“ се интегрира како семема во која доминираат атрибутите што му припаѓаат на полето на културната интеракција, сепак македонскиот крал се детерминира и како патриот, како Македонец приврзан за својата татковина.

48 Александрида, цит. дело, стр. 140.

Page 25: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Библиографија 1. Александрида, редакција и превод Димитар Пандев, Mace-donia prima, Охрид, 2001. 2. Атанас Македонец, Претскажувањата на Голем Александар, подготовка, предговор и транскрипција Вера Стојчевска–Антиќ, Зум-прес, Скопје, 1996. 3. Вајгал Артур, Александар Македонски, превод Јагода Сидо-ровска, Мисла, Скопје, 1992. 4. Јакимовска–Тошиќ Маја, Македонската книжевност во XV век, Институт за македонска литература, Скопје, 2001. 5. Маринковиќ Радмила, Српска Александрида, историја ос-новног текста, Филолошки факултет Београдског универзитета, Београд, 1969. 6. Непознат византиски автор, Александар кралот на Македон-ците, превод Ленче Милошевска, Зумпрес, Скопје, 1994. 7. Псевдо-Калистен, Животот и делата на Александар Велики, превод Весна Димовска–Јањатова, Слово, Скопје, 2008. 8. Саид Едвард, Ориентализам: западни концепции за Ориен-тот, превод Зоран Анчевски, Магор, Скопје, 2003. 9. Стојчевска–Антиќ Вера, Драгојловиќ Драгољуб, Мито-логумена на средновековната кирилска писменост, Македонска книга, Скопје, 1990. 10. Стојчевска–Антиќ Вера, Средновековни романи и раскази, превод на текстовите Блаже Конески, Димитар Пандев, Вера Стој-чевска–Антиќ, Табернакул, Скопје, 1996. 11. Стојчевска–Антиќ Вера, Македонската средновековна кни-жевност, Детска радост, Скопје, 1997.

Page 26: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

проф. д-р Васил Тоциновски

РАЦИН – ДВА БРЕГА И ДВЕ СТРМНИНИ

Во животот ниту еден миг не е ист со друг миг. Одминува брзо и никогаш повеќе не се повторува. Оттука единственото и како естет-ска категорија ја чува мерата на човечкото дело како трајна вредност. Историјата е неуморна во сопствената раздвиженост и динамичност, па логички катадневно ги мери и премерува, ги вреднува и пре-вреднува нештата кои ги исполниле и осмислиле нејзините традиција и континуитет. Така многу нешта биле избришани и заборавени, како никогаш и да не биле. Но, многу нешта едноставно како да ја надживеале и самата историја. Останала онаа вековита и лековита вода да дотекува и да освежува меѓу два брега и две стрмнини. Си стои таа во своето лежиште со точно одредени време и простор. Како миг за вечно колективно меморирање. Вода што никогаш и никој не ја совладал, или според природните закони не ја препливал. Едноставно, а познато е тоа егзистенцијално правило, оти многу нешта во животот остануваат едни и единствени, во најубавата смисла на зборот недостижни. Таков си останал и втемелувачот на современата маке-донска литература Кочо Рацин меѓу неговите два брега и две стрм-нини. Недофатлив во сите значења и димензии на неговите хори-зонтали и вертикали. Нема друг таков пример во македонската практика каков што е Рациновиот, кому му се посветени недоброј страници. Во тој фонд се неколку десетици монографски трудови чии потписници се бележити домашни и странски автори. И уште по толку десетици помножено неговата библиотека ја разубавуваат посебни зборници меѓу кои значајно место имаат оние од научните собири на традиционалните Рацинови средби. Неговиот лик го оживотвориле многу ликовни уметници кои притоа создале своевидна ликовна биографија за големиот човек, поет и револуционер. Зрачел и значел низ каракте-ристиките на моќните медиуми – радиото, филмот и телевизијата. Најголем дел од неговите стихови станале подлога на бројни музички дела. Не само затоа што е лектирен автор, туку како природно задолжение неговиот македонски народ наизуст ги знае неговите стихови. Секојдневно се потсетува на нив, ги гласноговори како утеха и помош. Но, притоа треба да си признаеме оти не создадовме една и

Page 27: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

единствена книга за комплексноста и за вредностите на личноста и делото на Рацин. Забелешката воопшто не е критика. Неа ја имаме како чест и достоинство од непореклив аргумент за неможноста да се совладаат двата брега и двете стрмнини насобрани во животните и творечките врвици на великиот Кочо Рацин. Поетот Рацин со децении е инспиративен вруток за своите собраќа по перо од сите страни на светот. Во 1998 година, го при-редивме изборот Поетите за Рацин, издание на Друштвото за наука и уметност од Велес. И од тој миг всушност, се покажа оти и оваа книга е само прв обид/резултат од тој вид. Поетите имаат потреба да се пот-сетуваат или поточно да се повикуваат на својот Рацин. Посветувајќи му ги своиоте песни, тие испишуваат една нова, оригинална и поинаква во суштина лирска биографија која не се содржи во ниту една друга книга за него. Нивното множество е импресивно. Тие се припадници на разни и различни генерации, поетики, автори и аворитети. И во помалку од петнаесетина години дотекоа толку нови творби кои сами по себе ја наметнаа потребата од нова, втора книга исполнета со мисли и пораки од несекојдневната Рацинова појавност. Поетовата слобода соопштува и докажува многу вистини, открива тајни и разгатнува дилеми, носи нови хоризонти и исцртува поинакви слики. Така и не самопомислувајќи на една логична претпоставка оти животот и светот би опстојувале и без поетите, зошто не, но притоа додавајќи дека без нив тие би биле беспоговорно посиромашни. Наспрема честите расправи во историјата за македонска книжевност околу нејзиниот основоположник, поетите се единствени за сопствениот апостол. Немаат ронка сомнеж, непознатица е дилема-та. Новиот живот е Рацин на Гане Тодоровски. Ги учеше, им велеше во мракот ним, / Тој, светлозборецот наш, Рацин, / Вашето си е ваше, но ако земете / Рано-рано да се крстите, / Повтете да го чините тоа / Кога по небото се распослани / Белите мугри македонски, / Бидејќи токму тогаш / Имаат сила молитвите! Неговата личност и дело се своевидна синтеза на македонствувањето. Равенство се на традицијата и на континуитетот во македонската книжевност. Тат-ковински аманет што се пренесува од колено на колено. Залагајќи се за нив, во негов стил милуваше да каже и да преповторува оти та нели не сме тиква без рачка. На нив упатува и насловот од песната Богомилска, Рациновска... Поетот прераснал во божество. Тој е збор и мисла на човекот. Идеа и идеал кој води во поседување на добрина, љубов и разбирање. Во освојување на среќата, радоста и иднината. Тие и такви стихови ја отвораат песната. Бог е таму каде што е! / Повти сили да го сетиш, / Кога веќе не умееш / Со очите замижани / Среде бел ден да го видиш... / Бог е таму кај што сакаш / Со мислите

Page 28: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

да го допреш... Од темнината и незнаењето се излегува со просветлување на мислата и на душата. На нивното складно, рака под рака чекорење. Друг пат нема. Не ќе можеш да го допреш, / Тој секо-гаш е вон допир... / Обиди се да го сместиш / В троа мисла добро-сторна: / Добрината човекова / Пат отвора накај Него. / Памети ја ваа средба - / Бог е сепак – умогледба! Рацин е таа жива птица на зборот во циклусот Белите мугри на Цане Андреевски, што како глас се издигнува над темната бездна и како вода го мазни чакалот шумолејќи му на уво за меракот – да се биде. Мугрите кои се во постојана употреба. Белите мугри на грнча-рот / извадени од длабок бунар / го шират своето небо / оти се осло-бодена енергија, чиста, / што пулсира низ векот. Еден човек прераснува во синоним на својот народ. Поединечното и колетивното се една судбина. Приказна на националното опстојување, само-битното истрајување, на македонскиот непокор. Во директен Разговор со Рацин, Христо Петрески со реторика во функција на јавно говоре-ње покажува колку тој – поетот е наша сознајба и пресоздавање. Зборовите да не беше тој, повторувани на почетокот од секој втор стих сами по себе го наметнуваат сомнежот ќе бевме ли и ние тоа што сме! Да не беше Ти, Рацине, / ќе ја узнаевме ли некогаш – едностав-носта. / Да не се родеше Ти, Рацине, / кој ли ќе ја раскажеше маке-донската мака. / Да ане пееше Ти, Рацине, / како ли ќе ја нарекувавме љубовта. / Да не самуваше Ти, Рацине, / со кого ли ќе ја споделевме нашата тага. / Да не сонуваше Ти, Рацине, / кој ли ќе го разбереше сега нашиот сон. Злата судбина на поетот за жал, во второто пеење, со многу прашалници го поставува стравот до кога со грозното самоуништување. Во новите утра бескрајно се множат поразиите. Превртено време во кое нема, не останало човек. Многу луѓе, ама човек никаде. Само подлизурковци и политиканти, злобници и интриганти, бездарници и гробари. Така Утринска(та) достага... на Петре Ба-кевски ја содржи додавката како поднаслов потсетување, на Рацин. Итаат Тие преку ноќ, според народната мудрост во матно уловот е богат, да станат духовни и материјални достоинственици. Се будам во рани зори, мугри бели, / Боже, како Рацин сон во песна стивнал, / Во достага сам со самотии врели, / На потомци да им шепне – да се вивнат! Потаму од песната се магли, несоници и грижи, пред да се изусти нешто зборот се замрзнал. Останал длабоко закопан во ду-шата. Како и поетовото заминување во вечноста, оставајќи ја својата смрт како загатка, а тоа ќе рече оти посеал многу дилеми и стравови, така и Бакевски ги завршува утринските вежби по гласноговорење на вистината. Дали да помислам: кришум се двоиме, / Имам ли утеха –

Page 29: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

по тебе да одам, / Заеднички молкот да го освоиме - // Ил да кренам раце, како што правеле, / Со стравот, во мисли, тајум да си бродам - / Куршуми со ѕвезда – в планина мамеле! Лицемерие се кажувањата оти вистината и само вистината треба да се кажува, секој сакал само неа да ја слушне. Какво лицемерие! Во поставеното прашање До каде надолу од Радован П. Цветковски најнапред точно се одредуваат мерите за човекот од кого се бараат бројни одговори. По неговиот збор денеска се мери зборот што го носи Вардар. Со него се мери и денот над деновите што сега се замрачени. Оттука, оправдана е пос-тапката на директна комуникација: Кажи, Рацине / како до лебот насушен / Сега амбарот ни е празен. Неговата трајност, односно ли-кот и делото на македонскиот градител се раздиплуваат во нивните универзални и општочовечки димензии. Сега која песна ќе ја искова за да може да се врати, зашто Те чекаат, Рацине, / аргати со празни раце / Да пееме таговно. Таа национална димензија доаѓа како признателност оти сите не научи како да создаваме песни (Нашиот Рацин), но и како загриженост зашто твојата судбина и денес сите не боли (во истата песна) и таа твојата смрт (е) национална коб (Големиот Рацин) од Ивица Максимоски. Кочо Рацин е човек со трагична судбина. Неа му ја одредил са-миот карактер. Бил човек кој чекорел пред сопственото време. Човек кој и припаѓал на иднината. А неминовно животот поинаку и не му се оддолжил. Неразбран и омаловажен, бојкотиран од другарите, непо-желен и забранет. Во време на сопственото појавување да признаеме дека илегалната Бели мугри и не можела да има пошироко влијание и значење. За жал, славата и признанијата доаѓаат по ослободувањето и по трагичната неразјаснета поетова смрт. Речиси идентична приказна со онаа на Никола Вапцаров. Но, нејсе и така било, но битно е што токму тој ги одредил сите патишта за идниот развој на современата македонска книжевност по кои безрезервно заитале и до денешни дни чекорат генерациите автори во неа. Но, Рацин како да го прет-чувствувал сопственото брзо заминување од животот, та полнозначно го живеел и го исполнувал секој миг од него. Да се вслушаме во пораките од дамнини кои ни ги упатуваат неговите современици. Оние кои живееле, се бореле и создавале со него. Заеднички го споделувале и доброто и злото. Нив мораме да им одадеме не само признателност, туку и одредена предност пред другите. Како луѓе најблиску до можната вистина за Рацин. Во гората како змија се извива колоната од луѓе, потоа се извиваат ора народни и сите ги исполнува голема радост зашто секој на мајкин јазик зборуе. И почетокот на народната веселба се отвора со стихотворбата Ленка од Рацин. Од маките аргатски занижани од Томе кои како морници ги

Page 30: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

полазиле сите, се рецитираат Радован Зоговиќ и Коста Абраш, та заиграле срцата и вечност се престориле - како се краде време в приказни, така се крадело време в планина. Треба да се обрне внимание оти Венко Марковски во осмото пеење на поемата Чудна е Македонија челното место му го отстапува на Кочо Рацин. Во забранетите теми е и велешанецот Јордан Лазаревски-Цва-јот. Другар од детството, еден од најверните и доследни Рацинови пријатели, но, се знае засекогаш премолчуван. И додека оние кои ни оддалеку не го имале видено, станаа негови соборци и истомисленици и само затоа направија куќи и палати, така пееше Рацин, та изнапишаа и многу приказни за него.

Сам и во темните кошиња, будно набљудуван, молкум и со загриженост ги следеше сите одбележувања на значајната и бескрајно корисна меѓународна книжевна манифестација Рацинови средби. Ни-кој да го праша и види, да седне со него, а тој не се лути. Едноставно, зошто некој заради него да си има проблеми, да му го загорчи животот. Тоа на сопствена кожа најдобро го знаат голотооточанецот Цвајот и неговото семејство. Одишка нашол во пишување на стихо-творби. Но, и тие биле забранети, па светлината на денот ќе ја видат по неговата смрт. Тогаш само привидно можел да не им смета на многумина. Во поезијата на својот другар го гледал патот кон ид-нината, ја започнува песната Рацин. А зад неа стоел човекот тмурно, весел / со длабоки искрени чувства / и сокриена насмевка / со тих глас и непоколеблив тон / ќе победиме / Искрени бидете сите / еден према друг пролетери. Времето со себе ја носи и својата генерација на идеа-листи. Ги користиме податоците од песната. Заедно биле во логорот Ивањица. Падна во немилост, / од другари свои / бојкот, та самотија-та и молкот едноставно го убиваат. А тоа го прават другарите со кои дејствувал и на кои им верувал. Со пребледнето лице, со солзи во очи, чисти, бистри, му рекол: Времето се ближи ќе докажам / доследно го следам патот на социјализмот / Секој час сум спремен живот да дадам. Не требало тоа да го прави, зашто другарите веќе му је земале мерата. Го исполнил зборот, паднал за социјализам и слобода, пее Цва-јот, а своите дела ги оставил како симбол и пат за младите поколени-ја. Неговите дела стоеле на видно место во библиотеката. Следуваат стихови кои кажуваат и откриваат некои битни податоци. Во Градската библиотека Гоце Делчев во Велес (б. м.) Ги реди и брише, со плавата коса / бесмртната љубов твоја, / што надимак си даде. / Раца / Презрен беше пролетеру! Се однесува на Раца Ѓоргова, дирек-торка на библиотеката (б. м.). Презирот на гимназијалката што при-паѓала на угледните и богати велешки семејства е логична возвратена

Page 31: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

мера на лудоста за љубов на човек кој не и припаѓа на нејзината класа, па и без прашање за свое го земал нејзиното име. Дали таа ароганција е повод на онаа сепак возвратена љубов со сочувување на дописните картички со стихови од младини и на Антологија на болката. Така бесмртна станала неговата верба со искажаните/ напишани зборови за русокосата, по што следуваат и Рациновите стихови оти откинува од срцето атом на болката и го подарува неа да го престори во сласт со неговите мртви солзи и трага остава името Рацин. Оваа тема е наш интерес во одделен текст. Сега е мртов и е прогласен за херој. На чело од лева страна лежиш, / симбол си за мртви и живи пролетери. Неговиот дух е жив, во душа го носи на-родот. Стани да видиш, кој делата твои ги реди и брише / Стани да видиш од стомни и ибрици каква вода тече. Тече водата, но не може да ги избрише Рациновите рани и болки. Непрежалот по поетот исто така, останал вечен. Спомените се чуваат и се негуваат. Се раскажуваат, потсетуваат и опоменуваат. Во нив и најмалиот детал има свое место и значење. Ако Цвајот точно го кажува поетовиот гроб на чело од левата страна лежиш на некогашните партизански гробишта на Св. Пантелејмон, тогаш да се вслушаме во тагата на Олга Новачева од песната Мојата жал. Попусто минат годините без него, без трага од тагата што го вознесе по светот. Жал ми е што не можам / на гроб да му појдам / и скришно да прашам / дали се уште го боли, соопштува вториот катрен. Гробот е последната трага што се остава зад себе на кој може да се дојде за поплакување и за издишка. Сведоштво оти човекот некогаш бил и опстојувал. Но, во новата Спомен костурница пак под земја и без одвоено одбележување во заедничката гробница со сите други се нашол и единствениот Рацин. Притоа, сакаме да истакнеме дека секој партизан е одвоена и сопствена приказна. Се актуелизираат прашања-та кои доминираат во поезијата од овој избор за самоуништувањето, за злобата и омразата, за смртниот куршум кој дебне од секој агол и во секое време. Тогаш немаме право за самопофалба околу создавање на митот за Кочо Рацин. А таа пак самопофалбата, веруваме нема да дојде прилепена за нашата малоумност или неукост, сеедно. Злос-торството е сторено, може да се прости, но тоа никогаш не се забо-рава. Затоа и мајката Марија Солева не престана да го бара одговорот за смртта на својата најмила рожба. Очекувано, одговор никаков и никогаш не беше даден. Поетот секогаш треба да го побараме во неговите песни. А тој пак како трајна инспирација останува единствено да постои во стиховите што му ги посветуваат собраќата по перо. Знам, мајчинската болка не стивнува, / плачат ли мајките - / плаче и Пирин со Балканот, пее Павел Боржуков во Мајки на

Page 32: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

убиените поети и крикнува: Мајко на Кочо Рацин, / нема смрт за твојот син, / додека има живи поети. Културните народи од бележитите личности, дела и настани создаваат посебни истории и приказни. Тие имаат сопствени споме-нички обележја. Така пред себе и пред светот да ги покажуваат сопствените вредности и трајности. Само на тој начин се сочувува нивната индивидуалност. Не се поместуваат тие во заеднички гроб-ници и во глобални меморирања. Додека има живи поети, порачуваше Боржуков, ќе живее и големиот поет. Тој Поетски Прометеј на Васил Дрвошанов е поука повеќе во таа смисла. Прометеј го украл огнот од боговите / и им го донесол на луѓето. / Ти, Рацине, трагаше по зборот / и го откри изворниот пев / па му го даде на народот / да пее на македонски јазик. Издигнат на митолошки пиедестал во песната Вечнопис на Мирослава Спироска децидно е одредено: Денес кога ја впиваме / Рациновата филозофија, / ја надраснуваме во душите / свенатоста на стихијата. Духот провева во долгата партизанска колона што на раце три дена и три ноќи ја носи ранетата Вера (Ацо Шопов), во глувата штама останува Калина сама по веста за поги-бијата на саканиот или мајка Благуна која на разбој ја исткајува својата судбина со смртта на синот (Владо Малески). Во виорните денови на Втората светска војна во која стрвните мршојади на трпеза се гоштеваа со младото тело на Рацина. Стих по стих, песна по песна несетно се испишала нова исто-риска читанка за Кочо Рацин и за нас. Велиме и за нас, зашто да не заборавиме оти тој е наша етичка и естетска мера. Должност и право на нашето македонствување. Во завршниот катрен од Матни води течат Тихо Најдовски со јазикот на осамата признава: Неразбран бев, полн со болен чемер / нека, пишано ми било така / ако е судбина да се живее и љуби / логично е и смртта да се сака. Голема среќа е да се даруваш на другите и притоа да не пресметуваш колку и како ти се возратило за тоа. Едноставно понекогаш таа возвратена мера не постои. Зашто просто во Подарок од Рацин Славчо Ковилоски читаме оти на својот народ ја даде душата и своето сонце. Поетовата смрт е најчест мотив на прокуда и осуда. Ката Мисиркова-Руменова во Големиот молк од бунар го вади длабокиот рез на опомена кој ти ја застега глувоста. Со право таа не бара и не сака да слушне никаков одговор. Таквата постапка е бесмислица. Седнат На разговор со Ра-цин Димо Н. Димчев со детска чедност ја завршува средбата. Ти зави-доа, па наместо круна / Куршумот ти го тргнаа. / Дури и коските ти ги намачија, / Но сега во бронза те извајаа / и Така за смрт нема да знаеш! Од пишаното не се бега. Ниту пак од националниот срам. Зас-танат пред поетовиот споменик во неговиот роден град Велес, Добре

Page 33: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Тодоровски во песната Да беше поинаку, а не можело да биде по-инаку, резигнирано заклучува: Било за да биде, / од пишаното не се бега. / Без тебе и во зборот / и во денот / сме помалку. Едноставно, зашто Зрното на цветот / во земјата е светлина, / неограничена бесмртност, дошепнува во посветата На Кочо Рацин Иљаз Шабан. Кочо Солев – Рацин е наша македонска Книга на сонцето. Тој е наш глас на идентификација во светот и возвратена мера за препознавање на светот во нас. Мудроста пререкла оти човекот не е човек по тоа што ќе го каже и направи, туку по тоа што ќе го осознае и премолчи. Така и го завршува своето поетско послание Никола Ал-тиев. Безброј / бедници / сред / замјата Библиска, / со опулот / присакуваа да ја приграбат, /во срцето / вечен / конак да и направат... Судбината на откорнатиците и нивната однапред прокол-ната љубов открива помалку познати или пак се тоа некои забранети страници во циклусот Малина Поп Иванова на Ката Мисиркова-Руменова. Љубејќи го животот, еднаш и кратко дадениот човечки живот, Кочо Рацин во него ја љубел и жената. Една од тие негови како по некое непишано правило фатални љубови е и таа со Малина. Се сонувааат од пепелта одново да се создадат својот дом и семејство. Во Рациновски манир низ сукобот на светлината и мракот до неа долетал белиот гулаб и ја спопарил. Синчето ја милува по образите, мисли оти е утка што ја пее песната За Болен Дојчин, а јас му велам: / Од Југот ми дотурија силни болки, / Го убиле најголемиот поет. / Сакам да знам со каква завист / Го спастрија бездушните... / За сега да го заменувам со / Болен Дојчин... Извонредна илустрација оти не е митологија, туку Кочо Рацин е наш македонски мит. Тој е стварност што е нераскинлива врска со минатото и уште повеќе обврска кон иднината. Тој е мисла и смисла во катадневието. Се пребарува по поетовата биографија и во судбините на неговите книжевни јунаци. Препознавањето се разоткрива на сите страни. Пое-тот е молитва, тој е света книга, зрак од светлина и надеж во поубаво-то утре. А сето кога како да е денес напишано, се создава во овој миг од стварноста на човековото секојдневие. Колку многу се насобрале тага и болка, разочарување и поразија, невера и носталгија. Посланети се соништата и копнежите, идеите и идеалите, надешта и очеку-вањата. Пеплосани се човекот, животот и светот. Првртено е времето. Недоброј колини од гладни и изнемоштени, папсани и разочарани, невработени и изгубени луѓе. Затворени фабрики, пропаднати златни занаети, катадневие со штрајкови. Ваквата Рациновска актуализација како да прераснува во релеватна книжевна тема која најуверливо од своја страна ги потврдува вонвременските димензии на животните и творечките врвици на Кочо Рацин. Тоа е тема која сама по себе бара

Page 34: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

сопствена елаборација, но притоа должни сме да го нагласиме нашето македонско колективно меморирање во единството, во нераскинлива-та врска со нашиот Рацин кога станува збор за освојување и зачуву-вање на македонските национални и социјални права и слободи. И на тој план тој пак ги има првото и првично место и значење. Кочо Рацин своите живот и дело ги создава во една сопствена филозофија на егзистенцијата. Над универзумот ги надоградува свои-те искуства и сознајби, умеења и дарби. Не ретко поетите испи-шувајќи одредени судбини или пораки кои имаат посебна вредност, во своите размисли и судови се повикуваат на нашиот Рацин. Во исписот за Тетин Ристе Блаже Конески така едноставно и мудро неговиот живот го собира во торбуле: Таа живот се знае - / аргатски зори и мраци, /неа ја опишал еднаш за секогаш / нашиот Кочо Рацин. Со него почнува и одата Во друштво на поетите македонски од Љубомир Груевски. Прозивката на своевиден начин е и добројување на мртвите и на живите мајстори на зборот. Со малку и одбрани зборови авторот создава антологија од пресоздавачи на светот кои луцидно се идентификувани со нивните творечки подвизи. Во таа средба именувана како средба со смртта која внесува кошмар во сонот и тоа е судниот миг кога се поставува прашањето а кај сум јас? Во срамнето село пелистерско / ко на бел крилест коњ / над Куќата наша / македонска / без високи шимшир порти - / Јавам / и знам / Пак сите ќе сме заедно / на судбинската средба што иде. Се заврзува Тешкото на чие чело е учителот Блаже, до него се Вапцаров и Смирненски, а потоа тука се Егејски и сите други, овоземски и над-земски, Црноземски или со еден збор тоа се македонските поети. Ко-лективното поетско меморирање не се бара во делбите и во именува-њата по најразлични аршини кои станале наше национално прок-летство, туку во заедништвото што сите ги собира по татковската крв и по мајчиниот јазик. Како на кантар измерени зборовите се на-нижуваат низ многу прашања и исчудувања кои прераснуваат во крик против самоуништувањето. Света земјо, / Света песно / До кај сме?! / За кај сме?!... // Сите ли сме?! / Тука ли сме? / Заедно. Ножот на историјата е меѓу сонцето и срцето. При посетата на поетовиот дом во Луковдол Тодор Чаловски својот Запис за поетот го дополнува со потребната посвета на Горан Ковачиќ. Судбината на поетот и неговата жртва за татковината се свет чин. Песните ги кинат тајните уплакани / ја веат пепелта пред будењето на светот / и јас го чувствувам пркосот Горанов, Рацинов / на сите што го завештаа навраќањето на мракот / како високо ги наткрилуваат нашите животи / умножувајќи го слободно прстенот на убавината. Во број-ните контекстуални споменувања/повикувања на Рацин, тој е и во

Page 35: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

етидите Поетика на јазикот, односно во Успение – успех од Душко Наневски. Создавањето и значењето на зборот во јазичната лаборато-рија од еден ист корен, тоа ќе рече и со исти значења, има сопствен знак/симбол/збор во секој јазик посебно. Во српскохрватскиот успон како извишување и успињем се како се искачувам, ја имаат поетската логика и генеза во древниот збор успех. Или онаа прагматска изрека оти ништо не успева како успехот. Но, сите работи имаат две страни, два лика. Сите се еднакви во раѓањето и во смртта. Одмаздата на амбицијата за лажен успех од своја страна пак, е сродна на онаа библиска максима оти се е само суета. Оттука светот не ја цени вредноста, туку во правилото без исклучок го цени успехот. И за крај, Наневски како можен заклучок нуди еден оригинален зрак од К. Рацин со два стиха: Срце – порта највисока / Срце – куќа најширока. Татковината се носи во срцето и на крај од светот. Македонија во мислите е виножито додека Благица Дафовска чекори по улиците на Торонто и чувствува како таа ги зближува континентите. Нејзин поттекст е онаа мисла на Конески оти татковината е таму каде што ни е и мајчиниот јазик и додека го поседуваме својот јазик ја имаме и нашата татковина. Ја среќава во училниците, учебниците, во џагорот и насмевките на учениците. Во предавањата те чувствувам / Како бескрајна светлост / Во вековната славјанска молитва / И благосло-вот на Св. Климент. Татковината се сонува и за неа се пишуваат песни. Со песните на Рацин, / Вапцаров и Миладиновци / - те возви-шуваме / Низ времето што тече. Да се обрне внимание оти прв се споменува Рацин. Тоа е битно, добива вредносна мера, зашто злат-ното правило поучува оти во животот нема случајности. Во неговата хармонија сите нешта однапред се точно премерени и одредени. А тоа само по себе го подразбира совршенството. Негов дел е осамата. Честопати Петре Бакевски својот поет го бара во читањето на тишината. Под насловот Мапата на ледените предели на осамата е додавката Делото (...) ќе и се врати сега на својата матица и ќе најде свои достојни следбеници! (Кочо Рацин, 1940 год.). Читањето на Рацин е сложен процес. Тоа е мошне тешка и одговорна задача. Внимателен прочит не бараат само зборовите, мислите и пораките, туку треба да се побара и смислата меѓу редовите, притоа никако да не се испуштат од вид и белините. Не се тоа само празни простори. Потајум ѕирнувам во големото поле на твојата душа, / Знам, на кавалот му ја довикуваш смртта, / Тагата е распослана по ледените предели на осамата, / Проколнато е семето што го расејува зборот забранет во дишењето, / Да имаше гроб - / Црвените ружи ќе те на-појуваа од сончевите утра на татковината. А таа како да е прокол-ната па се растегнала по мапите на водите, по светкавиците на ноќите,

Page 36: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

по црните шамии на болката, меѓу огнови и пеплишта. Премолчена е немоќта да грмне од небесата на зборот и во нејзината судбина се вмешува поетот. Меѓу двата брега и двете стрмнини се татковината и поетот. Со тенки линии на моливот во блед запис тој си ја менува душата. Болката и тагата и за него си остануваат вечни. Зашто да имаше гроб на него барем можеше ако не друго малку да се поплаче, да и се олесни на душата. Кажувањата немаат крај. А сите се во потрага по можната вистина. Едни говорат оти: Отаде големата вода, отаде времето во некое друго време, / Разделена е по светлината на крштавањето, / И останува како болка што одѕвонува / Во ехото на големото ѕвоно / Подизгубено во жолтите предели на заборавот! Други пак глаголат: Нагризан е коренот на небесата, / И од нив сушите ни ги бркаат птиците на опстојувањето, / Се криеме во белата кошула на очајот, / И преку неа, ја освојуваме далечината на непознатото, / Како подмолно таа ѕирка во душата, / Потпалува, разорува, урива, / Ги кине тенките конци на спокојот, / И со неодгатливи јазли ни ја ежи кожата на сонот, / Да се отпатува по таговните патеки на непо-вратот! Зборуваат така луѓето и тоа е нивно право. Но, пословичното љубопитство на авторот без што и не постои, не опстојува творешт-вото бара да види што тоа се случува во душата на субјектот. Во нејзината длабочина и тишина, во молкот и непреболот. Дали тиши-ната сама по себе ќе ги рече/одгатне тајните и вистините. Отаде големите води на неспокојот, / Додека потајум ѕирнувам во голе-мото поле на твојата душа, / Додека по замаглените неба на своето исчезнување, / По темните цариградски ѕвезди, / По босфорскиот ветрец на нашата заедничка тага, / Ти ги пребројувам годините на молкот, / И твојата невидлива прошетка по небасата! Колку многу болки и таги се насобрале во поетовата Рацинова душа. Се престорила таа во пустина. Недогледна јалова територија. Во неа секој нема пристап. Таа привилегија ја имаат само одбраните добронамерници, судбинските талкачи и сонцељубивите авантуристи. И секако добрите и даровити поети. И по јанѕите на мојата помисла на тебе, / Ја цртам - со тага, со болка, со плач, со грч / што ми го стега дишењето, / Мапата на нашето заедничко талкање / по ѕвездите на песната. Заминува поетот од животот, се враќа во земјата од која и дошол на овој свет, но по него вечна останува неговата песна. Како недоброј стрели таа напаѓа/гаѓа од мапата на ѕвездите, од Цариград до Олимп, и од гласот на Зевс до планинскиот вруток, од стрелите на предците до последната цел на уништувањето. Гори мапата на човековото опстојување/ истрајување. Времето е неизвес-ност и опасност. Како дамаклов меч надвиснуваат многу дилеми, не-

Page 37: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

познатици и стравови. Бегаат ли птиците пред огновите, дали од сушите ќе се вратат водите, ќе се пребројува ли остатокот од тагата на зајдисонце, дали се премачкуваат златните бои од фреските на нашите светци и нештата му се препуштени на малтерот на времето! Колективната и судбината на поединецот, на поетот се во постојан судир, не во конфликт, или уште поточно во една продолжена над-градба. Од општото, заедничкото Бакевски му се враќа низ директен говор на својот мил поет. Дали – додека те барам / во нашата заедничка тага, / Додека ме повикуваш на враќање / на големите крилја / на летот до татковината, / додека го изедначуваме нашиот говор / со тивкиот / шепот на стравот, / Дали дотогаш ќе талкаме по небесата / И ќе се сретнуваме, потајум, во шепот. Шепотот кореспондира со осамата. Тогаш и максимално можат да се изговорат/кажат многу нешта, дури и она што потајум се сокривало или премолчувало. И пак логички, мора да остане неизговорен дел од тајната/вистината. Едноставно, Зашто само ма-пата на небото - / Ни остана заедничка татковина! И одново се одг-ласува македонската неукост, би рекол вроденото отсуство на самопочит, Да имаше гроб, си жали авторот, Тешко ќе ни ги прецр-туваа мапите! Оставени сами на себе, тешко нам. Кој да не почитува и сака, ако тоа самите за себе не го направиме и практикуваме. Зошто не пуштаме од заедничкиот котел во пеколот да се избави некој ако за тоа му се даде можност! Болката длаби, отвора неизлечиви рани, останува најчесто премолчена, та затоа човекот и има потреба за гласна исповед. И тоа не е грев. Но каде да го стори тоа! Ако ни беше сочуван Рациновиот гроб, народе мој и татковино моја, тогаш Него ќе го чуваа твоите живи ѕвезди. Спомените се вистинско и немерливо богатство. Тие љубо-морно се чуваат. За себе и за светот, за минатото и за иднината, за поколенијата. Тие се дел од нашето колективно опстојување и истра-јување. Ги имаме само дотогаш додека како најлични и мирисливи цвеќиња катадневно ги милуваме со добар збор и мил поглед, им додаваме капка свежа и чиста вода за долго да ни виреат. Зашто идат години, а нив никој не им побегнал, кога ништо повеќе не можеме да ветуваме и да исполнуваме, та почнуваме се повеќе да се сеќаваме. Ги немаме ли спомените, и нас не нема. Книгата Рацин – два брега и две стрмнини е тематски избор, на крај од умот ја немавме помислата за било какво антологиско одредување. Таа доаѓа како неминовно продолжување на веќе спомната книга и останува како подотворена врата за можна и трета книга. Дури и како идеја повеќе, на пример, за еден избор на странската критичка мисла за личноста и за делото на овој знаменит македонски син. Како една нова потврда за првичноста

Page 38: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

и за единственоста на нашиот Кочо Рацин. Човекот чие срце во себе копнееше да го собере целиот свет, та да биде малечко и во градите јуначки. Не потсетува тој на минатото, не предупредува и не прекорува во сегашноста, не води во иднината. Ако не му беше голе-мото/величествено книжевно дело можеби и не ќе го забележев-ме/заушивме од причина како што има запишано Конески оти во уни-верзалноста и трајноста на одговорноста пред пишаниот збор е еден благороден и питом, едноставен и скромен, трудољубив и честит човек. Токму затоа многумина поети во записите за денешното пре-вртено и грубо време, во сликите за запустени фабрики и голема свет-ска економска криза, за колоните невработени и гладни луѓе, како од-бранбено оружје го имаат својот Рацин. Како традиционален национа-лен штит против глобализацијата и обезличувањето на човекот, жи-вотот и светот.

Page 39: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

м-р Славчо Ковилоски

КОСТА ГРУПЧЕ КАКО УЧЕБНИКАР

Во XIX век покрај добро познатите учебници на Партениј Зог-рафски, Димитар В. Македонски, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски, Јосиф Ковачев, Венјамин Мачуковски и др., биле подготвени уште два, веќе познати, но недоволно афирмирани учебници на македонски јазик. Автор на првиот бил Деспот С. Баџовиќ, а на вториот Коста Групче и Наум Евро. Баџовиќ уште во 1879 година создал буквар за македонските училишта „Буквар за српско-македонските основни училишта“, кој не бил прифатен за објавување од страна на Просвет-ниот одбор за училиштата во Стара Србија и Македонија. Подоцна, кога повторно била актуелизирана идејата за подготвување на „Македонски буквар“, тој повторно изработил „Буквар за основните македонски училишта во Турското Царство“. Всушност, тоа била преработена верзија на неговиот прв буквар од 1879 година. На овој последниот стои дека го напишал: „Деспот С. Баџовиќ Македонец“. Букварот имал 32 листа, а во него ракописните и печатните букви биле дадени паралелно, за децата да не мора повторно од почеток да ги учат буквите, туку да можат да ги совладуваат паралелно со печатните. Во содржината биле вклучени познавањата на човекот, до-машните и дивите животни, овошјата, билките, живеалишта, раскажу-вачки поуки, народни поговорки и др. Сепак и овој предлог до срп-ската влада за издавање на учебник на македонски јазик, со мал фонд на српски зборови се покажал неуспешен. Вториот „Буквар“, поднесен до српската влада истовремено со оној на Баџовиќ е заеднички проект на Коста Групче и Наум Евро. „Идејата за печатење учебници на ’македонски дијалект‘ ја создаде стремежот што поскоро да се наложи српско влијание кај македон-скиот народ. Тоа постоеше и пред 1886 година. Уште во 1879 година Деспот Баџовиќ – што во почетокот на 70-тите години работеше како српски учител во Македонија, од каде што беше родум – имаше готов ракопис за ’Буквар за српско-македонските основни училишта‘. Во времето на своето учителствување во Македонија тој дојде до созна-ние дека, доколку во наставата повеќе ќе се применува ’македонскиот дијалект‘, дотолку побрзо ќе биде прифатен подоцна ’српскиот кни-

Page 40: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

жевен јазик‘“.49 Макар што првиот обид за издавање на ваков учебник не бил прифатен, во 1888 година повторно станало актуелно објавува-њето на „Македонски буквар“. Во мај 1888 година, Стојан Новаковиќ, српски пратеник во Цариград, во консултација со српскиот министер за надворешни работи Чедомир Мијатовиќ и министерот за просвета и црковни работи Владан Ѓорѓевиќ, донел решение за ангажирање на Коста Групче и Наум Евро да го преведат најновото издание на српскиот буквар од Стеван Чутурило. За кратко време двајцата успеале да го преведат посочениот буквар на Чутурило. Веднаш потоа, преводот бил испратен во Белград на Министерството за просвета (во меѓувреме Министерството побарало таков буквар да испрати и Деспот С. Баџовиќ). Во изработка на буквар за македонски-те училишта подоцна бил вклучен и српскиот публицист и книжевник Милојко Веселиновиќ.

Причината поради која српскиот држевен врв се зафатил за подготвување ваков учебник е во зголемената активност на српската пропагандна машинерија. Милош С. Милоевиќ, Панта Среќковиќ, Матија Бан и уште неколкумина српски чиновници, го покренале пра-шањето на српската образовна пропаганда во Македонија и Стара Ср-бија. Увидувајќи дека бугарската пропаганда веќе длабоко навлегла во Македонија, истите ја промовирале идејата за српската народност на Македонците. Не одејќи во екстремност како Милоевиќ (кој из-весно време тврдел дека целиот Балкански Полуостров го населуваат Срби), Стојан Новаковиќ имал идеја етапа по етапа да го наметне српскиот јазик кај Македонците. За таа цел, најпрво учениците тре-бало најпрво да го совладаат пишувањето и читањето на мајчиниот јазик, за дури потоа да можат да го совладаат српскиот јазик. Управата на пододборот за Врање на Просветниот одбор за училиш-тата во Стара Србија и Македонија, донела одлука со која требало „да се состават на српско-македонски јазик, кој сè повеќе ќе се при-ближува до чисто српскиот, барем три сходни книшки на година...“.50 Вака подготвениот учебник и требало да претставува почетна етапа во печатењето на книшки на ваков „српско-македонски“ јазик. На тој начин би се спровеле и инструкциите на Новаковиќ, односно на српската влада: „да се пишува на чисто македонски јазик, да се исфрла секој бугарски израз, и да се воведува српски. Да се земе српската азбука како најпогодна за македонскиот јазик и при 49 Љубиша Доклестиќ, Српско-македонските односи во 19 век, Нова Македонија, Скопје, 1973, 350. 50 Никола Сотировски, Кон историјата на македонизмот во работата на српската на-ционална пропаганда во Македонија во втората половина на XIX век, Годишник на правен факултет, VII, 1962, 143.

Page 41: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

пишувањето да се придржува кон српската граматика...“.51 Исто така, една од инструкциите и не помалку значајна е таа „Македонскиот буквар“ да биде две третини на македонски, а една третина на српски јазик.52 Новаковиќ за ова му пишал на Чедо Мијатовиќ, министер за надворешни работи на Србија, на 21 мај 1888 година од Цариград. Овој буквар требало да претставува препрека за навлегување на бугарските учебници. Според Новаковиќ, српскиот правопис „би им го покажал и омилил на Македонците нивниот домашен дијалект, би го одвоил од тешкиот, неприродниот и заплетканиот историски правопис со кој се користат Бугарите, и како подобра работа, попроста и поприкладна, би ја поколебала во народот најинтимната основа на бугарската пропаганда...“.53 За потребите за изработка на ваков буквар Новаковиќ ги предложил Групче и Евро. Веќе на 31 мај истата година, Новаковиќ повторно му пишал на Чедо Мијатовиќ дека на Групче и Евро им испратил примерок од букварот на Чутурило, како пример врз кој би го составиле нивниот учебник и дека веќе тој бил готов и прегледан од негова страна. Она што зачудува и е импресивно е времето за кое успеале да го преведат букварот на Чутурило и да го приредат за печат. За тој потфат им биле потребни само две недели!

Коста Групче и Наум Евро сесрдно се зафатиле во реализира-њето на понудената задача. Тие подготвиле ракопис насловен како „Македонски буквар во Цариград“. За разлика од „Букварот“ на Ба-џовиќ, на кој на првата страна стои името на неговиот автор, на првата страна на овој ракопис ги нема имињата на Групче и Евро. „Сепак, забележуваат Катерина Тодороска и Кирил Јорданоски, документите говорат дека тоа е ракопис на двајцата автори“.54 Овој буквар има 39 листови. Од првата до шеснаесеттата страна се дадени објаснувања за буквите од азбуката, проследени со соодветен цртеж кој се наоѓа пред (над) секоја буква. Во вториот дел се застапени имиња, народни поговорки, почесто употребувани секојдневни

51 Климент Џамбазовски, Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век, второ дополнето издание, Скопје, ИНИ, 2006, 519-524. 52 Климент Џамбазовски, Граѓа за историјата на македонскиот народ од архивот на Србија, т.IV, к.III, (1888-1889), Белград, 1987, 148. 53 исто, 148. Во образложението до српската влада околу печатењето на учебници на македонски јазик Новаковиќ подвлекол три точки: дека треба да се докаже различ-носта на македонскиот со бугарскиот јазик, ја истакнувал силната бугарска про-паганда и дека Србија систематски требало да дејствува за правење разлика помеѓу македонскиот и српскиот јазик (Македонскиот деветнаесетти век 1800-1902, редак-тор Јован Павловски, МИ-АН, Скопје, 2007, 228-229). 54 Македонски буквар, редакција д-р Катерина Тодоровска, Кирил Јордановски, Ме-нора, Скопје, 2008, 11.

Page 42: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

поздрави, за тоа како треба да се однесуваат децата дома, кој што работи, односно кој какво задолжение има и сл. Крајот на букварот е предаден во пирамида со броевите од еден до десет и ракописната азбука. Споредувајќи ги двата „Буквари“, оној на Баџовиќ и оној на Групче и Евро, може да се заклучи дека „единствената разлика меѓу нив се состоела во тоа што Деспот Баџовиќ го преработил постарото издание на Чутуриловиот буквар, а К. Групчевиќ и Н. Евровиќ поновото“.55

Разгледувајќи ги букварите на Баџовиќ и на Групче и Евро, третиот претедент за добивање на овој проект Милојко В. Весели-новиќ му напишал писмо-мислење на министерот за просвета и црковни дела на Србија, д-р Владан Ѓорѓевиќ. Откако ги вратил двата ракописа, Веселиновиќ запишал: „прво би имал да кажам неколку скромни зборови за изработката“ на посочените буквари. Тој вака ги опишал нив: „Двата ракописа се прост превод на нашите буквари, разликата е во тоа што Баџовиќ преведувал од постариот, а Групче и Евровиќ од најновиот буквар на Г. /Стеван/ Чутурило; но и двата се толку лошо преведени, да не би можело никако критички да се бранат, ако некој од нив би се примил, а особено што по нашите училишта во оние предели би биле многу штетни, не само што лошо се преведени, но токму со тоа што се превод, па овој е затегнат и нема никаква смисла, бидејќи преводот не е научен и слободен, па и основните зборови се измешани со бугарските“.56 Во одбрана на својата теза, Веселиновиќ наведува еден пример: „по цела Македонија се вели жир, а во овој буквар стои ’желад‘“.57 Тој наоѓа забелешка и во употребата на зборовите: топ, камбана, џамија, паша, султан и дру-ги, бидејќи расудувајќи го турскиот начин на размислување: „со така честите спомнувања на имињата им се убива авторитетот“58, што би значело дека Турците не би го одобриле учебникот. Од друга страна, Веселиновиќ дава уште една забелешка, а таа е дека преводот бил толку шарен, што во една иста реченица била напишана пола на српски, пола на бугарски, а пола на македонски изговор „и тоа само на оној на кој зборуваат, така наречените Мијаци и Брсјаци...“59

Ова би значело само едно: двата буквари (на Баџовиќ и на Групче и Евро) уште во 1888 година основата ја имале во западно-македонското наречје, истото она, на кое е составен современиот ма-кедонски литературен јазик! И двата биле подготвени 15 години пред 55 Климент Џамбазовски, Граѓа..., т.IV, к.III, (1888-1889), Белград, 1987, 197. 56 Климент Џамбазовски, Граѓа..., т.IV, к.III, (1888-1889), Белград, 1987, 197. 57 исто, 197-198. 58 исто, 198. 59 исто.

Page 43: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Крсте Мисирков во „За македонските работи“ да го предложи истото наречје за македонски литературен јазик (велешко-прилепско-битол-ско-охридското наречје). Макар што Групче и Евро направиле „пре-вод“,60 ако постои такво нешто како што е превод на буквар, „колку што се оди понатаму, колку повеќе букви се изучени, толку текстот е поразгранет, па и препис е невозможен, а превод би можел да биде и несоодветен со изучуваната буква“.61 Во овој случај, двајцата автори на букварот го искористиле сето свое знаење и познавање на ма-кедонскиот јазик, за да можат да состават учебник по сите одредени пропорции затоа како треба да изгледа книга од ваков вид. Зборовите дадени за примери за изучување на буквите се: риба, Ристо, Ристана, рака, елен, Елена, пелена, лето, сено, шета итн. Понатаму се дадени проширени реченици, како и поговорки и изреки. Така, свое место во букварот нашле некои од најубавите македонски поговорки: „ако правдина не можит, кривдина никога“, „кој железо дури е топло“, „без мака немат ништо в рака“, „паметен човек многу не говорит“ итн. Преземените зборови од букварот на Чутурило се додатните текстови: „Мајчино миловање“, „Што ко ради?“, „Какво је што?“, од-носно кај Групче и Евро: „Мајчино милење“, „Што кој работат“, „Какво је нешто“ итн. Токму тука двајцата можеме да ги видиме и како превдеувачи и „да кажеме веднаш: оцената за оваа нивна работа е мошне висока“.62

Разгедувајќи ги буквите њ и х, Трајко Стаматоски пишува: „при партијата за буквата њ, како Баџовиќ така и К. Групче и Н. Евро, го земаат во насловот чисто српскиот збор њушка (во македонскиот: муцка!). Покрај зборот њушка К. Групче и Н. Евро ги даваат само уште зборовите њушит, свиња и диња, како и повеќе глаголски именки: трчање, скокање, пеење, орање, зборвање... При партијата за буквата х К. Групче и Н. Евро прибегнале дури и кон црковносло-венизмот: у име оца и сина и светаго духа!“.63 Двајцата употребиле вкупно 29 знаци: а, б, в, г, д, е, ж, з, и, i, к, л, м, н, о, п, р, с, т, у, ф, х, ц, ч, ш, ћ, ђ, џ, ь. Беглиот преглед врз знаците на буквите упатува на от-фрлање на графиите ј, љ и њ од српската азбука. Со ь (малиот ер) се означени гласовите љ и њ (льубет, свиньа), додека графијата i е упот-ребена на местото на фонемата ј. Со оваа графема претходно се

60 Трајко Стаматоски забележува дека „превод на буквар е речиси невозможен, осо-бено во првиот дел, кога се учат буквите и кога изборот на зборовите е во најтесна врска со нивниот буквен состав“ (Трајко Стаматоски, Борба за македонскиот лите-ратурен јазик, Мисла, Скопје, 1986, 109). 61 исто. 62 исто, 114. 63 исто, 111.

Page 44: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

користеле и Константин Петковиќ, Кузман Шапкарев и Ѓорѓи Пулев-ски, а подоцна Марко Цепенков и Мисирков. Може да се заклучи дека на таков начин графемата i станала карактерситична македонска гра-фија, еквивалент на фонемата ј. Забележливо е и присуството на зна-кот ˙ на местото на i.

Ова недвосмислено зборува дека македонските буквари под-готвени од Македонци, добиле исклучиво македонска физиономија. Букварот бил сериозно изработен, дотолку што и Милојко Веселино-виќ во неговата верзија истакнува дека употребил мали делови од нивниот ракопис. Групче и Евро не се воделе строго до препораките на Стојан Новаковиќ за употреба на српската азбука. Користењето на графиите ь и i, секако не било во согласност со ставовите на нивниот наредбодавач. Тие, користејќи го српскиот интерес за македонскиот јазик поведен од пропагандни цели, излегле од неговите рамки и со нивната излегле од неговите рамки и со нивната „затврдена линија и политика“ продолжиле да подготвуваат, колку што во тој момент биле можностите, вистински буквар на македонски јазик. Влијанието на српската азбука и јазик е секако присутно, но многу помалку отколку што налагала српската влада.

„Букварите“ на тројцата македонски дејци не го виделе свет-лото на денот.64 Причината за нивното необјавување најверојатно лежи во тоа што во него доминирал македонскиот јазик, обработен бил соодветно и тој начин, на српскиот јазик му давал сосема незна-чителни шанси да успее да се пробие кај македонските ученици. Поради ваквата нивна содржина, најпогодни за објавување биле „Македонскиот буквар“ и „Македонската читанка“ од страна на српскиот книжевник Милојко Веселиновиќ. Комисијата на Министер-ството за просвета го избрала букварот на Веселиновиќ и го испратила на печатење во Цариград, кај српскиот пратеник Стојан Новаковиќ. По прегледот од страна на турската цензура, формалности за печатење на учебникот биле завршени и тој влегол во печат. Печатењето било завршено на 18 мај 1889 година. Биле отпечатени 7 64 И Блаже Ристовски пишувајќи за букварите забележал дека „за жал, и двата буквари не беа прифатени од Ст. Новаковиќ и надлежните министерства, туку беа задолжени М. Веселиновиќ, В. Кариќ и Ст. Новаковиќ...“ (Блаже Ристовски, Маке-донскиот народ и македонската нација, т. I, Скопје, 1983, 529). Сепак, документа-цијата ги отфрла Кариќ и Новаковиќ како составувачи на буквар, оставајќи го Ми-лојко Веселиновиќ како единствен автор на „Македонскиот буквар“ (Македонски буквар, редакција д-р Катерина Тодоровска, Кирил Јордановски, Менора, Скопје, 2008, 15; Самиот Веселиновиќ, во еден наврат пишува дека: „по наредба ваша, а во договор со Љ. Ковачевиќ, јас си земав на должност да напишам буквар за Македон-ците, или подобро за Србите во Македонија и Стара Србија, што и направив...“, Климент Џамбазовски, Граѓа..., т.IV, к.III, (1888-1889), Белград, 1987, 197-200, 201).

Page 45: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

000 примероци.65 За кратко време букварот бил растурен во Македонија, па во 1891 година (февруари) било испечатено второ из-дание со тираж од 10 000 примероци. Неоспорно е знаењето и умеш-носта на Групче и Евро да подготват буквар, односно основно учи-лишно помагало за совладување на јазикот, во овој случај македон-скиот. Макар што букварот не бил издаден, тој сепак говори за стре-межите на неговите автори да биде напишан на западно-македонско наречје, повеќе години пред Мисирков. Непослушноста, условно кажано, кон препраките од Стојан Новаковиќ за употреба на српските букви ј, љ и њ, како и преголемиот фонд на македонски зборови, ги чинело неиздавање. И не само тоа. Се чини дека Групче и Евро сакале да создадат оригинален графиски систем, бидејќи вложувале напор и за неупотребување, односно избегнувале да го користат знакот ˙, со указ од Руската академија на науките установен во руската азбука во 1753 година.66 Групче и Евро, заедно со Деспот Баџовиќ и Венјамин Мачуковски не успеале во обидите да издадат учебници, во време кога тој не бил кодифициран, поради неповолните оцени од српската, односно бугарската влада. Многу години подоцна, нивниот труд е излезен на видело и затоа може да се вбројат во редовите на македонските учебникари од XIX век. Нивното дело е уште повеќе за почит поради домининацијата на македонскиот јазик во нивните учебници и поради нивното залагање тие да бидат објавени како такви.

65 Климент Џамбазовски, Културно-општествените врски..., 522. 66 Види кај: Трајко Стаматоски, Кирилицата во Македонија во XIX век, Предавања на VII семинар на македонски јазик, литература и култура, Скопје, 1974, 56-67.

Page 46: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Здравко Стојкоски

Профил: Ерик Хобсбаум

ИСТОРИЧАРОТ КОЈ НАПРАВИ ПОВТОРНО ДА ЈА ЗАСАКАМЕ ИСТОРИЈАТА67

Ерик Хобсбаум е еден од најпопуларните историчари на денеш-

ницата и меѓу најпознатите и највлијателни марксистички историчари во Велика Британија и во светот воопшто. Роден е во градот Александрија (Египет) уште во далечната 1917 година во еврејска фамилија. Раното детство го поминува во Виена. На 11-годишна воз-раст најпрво починува неговиот татко, а две години подоцна и мајка му. Посвоен е од страна на негови роднини во Берлин, каде живее во почетокот на 30–те години. Тоа е време кога Германија е зафатена со најголемата економска криза и со жестоки политички конфликти. Хобсбаум се приклучува на социјалистичкото движење и станува член на подмладокот на Германската комунистичка партија. Во услови кога се рушел тогашниот либерален економски систем, а во демократијата веќе никој не верувал единствен избор било да се биде или радикален левичар (комунист) или радикален десничар (нацист). Хобсбаум подоцна ќе изјави дека неговото еврејско потекло било тоа што пресудило да се приклучи на левицата и дека доколку бил Германец најверојатно би им се приклучел на нацистите. Едноставно, во тоа време луѓето биле уверени дека спас од состојбата во која се наоѓаат може да се најде само преку радикална трансформација на светот, а тоа го нуделе само овие две радикални политички опции68. Во 1933 година, како 16 годишник учествувал во големите протести во Берлин, кои биле организирани од комунистите. Пет дена подоцна, Хитлер дошол на власт во Германија. Истата година, семејството на Хобсбаум се преселува во Лондон. Тука тој го продолжува своето школување, студира на Кембрич, а во исто време станува активен член на Британската комунистичка партија. Подоцна е еден од ос-новачите и најактивни членови на прилично влијателното “Здружение на историчари” на Комунистичката партија на Британија. Во раните

67 Насловот е преземен од поднасловот на текстот: “A question of faith”, The Guardian, http://www.guardian.co.uk/books/2002/sep/14/biography.history. 68 Исто, пристапено на 27.02.2012.

Page 47: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

години од својата политичка дејност, Хобсбаум ги поддржува полити-ките на СССР и строго ја следи партиската линија. Годината 1956, претставува пресвртна година во однос на неговите политички ста-вови и кариера. Тоа е годината кога Советскиот Сојуз извршува инва-зија на Унгарија, кога според Хобсбаум: „беше уништено меѓународ-ното комунистичко движење” и кога „комунистите на запад се разочараа од комунизмот”69. Подоцна тој ќе го критикува советскиот тоталитарен и недемократски режим, а посебно начинот на кој биле третирани работниците и интелектуалците во СССР и останатите источноевропски земји. Од овој период, датира и неговото повлекување од политичката активност. Иако формално останува член на Комунистичката партија на Британија, Хобсбаум заскогаш ја напушта политиката и се ориентира кон научната работа и академската кариера.

Најголемиот дел од својата професионална кариера Ерик Хобс-баум ја поминува како професор по историја на Биркберк колеџот во Лондон. Во меѓувреме, работи како визитинг професор на повеќе универзиетети во Англија и САД. Денес е член на Британската Ака-дамија, како и на Американската Академија на науки и уметности.

Во својата истражувачка кариера, Хобсбаум до крај останува посветен и непоколеблив марксистички историчар. Сепак тоа не значи дека тој беспоговорно и некритички го прифаќа Марксовото учење, како што тоа беше случајот во екс-комунистичките земји. Спо-ред него, Марксовата материјалистичка концепција дава само најдобра почетна основа од која треба да се тргне при проучувањето на историјата70. Како што беше споменато и претходно, Хобсбаум во своите трудови критички се осврнува на комунистичкото приме-нување на власта и на репресивните и тоталитарни методи на вла-деење. Исто така, тој не дозволува неговите политички и идеолошки верувања да имаат пресудна улога во неговите научни дела. За тоа најдобро говори фактот што иако формално претставник на марксис-тичката теорија и член на една Комунистичка партија неговите дела не се преведувани на руски јазик во времето на Советскиот сојуз. Според сфаќањето на тогашниот советски режим тие не претставувале марксистички творби во правата смисла на зборот. Од друга страна и во доминантно десничарската Франција неговите трудови ретко се издавани од страна на најголемите и највлијателни издавачки куќи, со образложение дека „идеолошки тие се премногу шокирачки за париските читатели”.71 69 Исто. 70 E. Hobsbawm, On History, London, 1997 71 Исто, стр 4.

Page 48: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Хобсбаум се смета за еден од основачите на социјалната исто-рија, која посебно се развива и станува доминантна историска дис-циплина во периодот по Втората светска војна. Социјалната историја му пристапува на проучувањето на минатото “оддолу” т.е од гледна точка на пониските, сиромашните, потчинетите и маргинализирани слоеви во општеството. Посебно значајни се и неговите проучувања во однос на националниот идентитет и на создавањето и изгра-дувањето на нациите. Хобсбаум го застапува мислењето за нациите како општествено конструирани категории. Според него, многу традиции кои постојат кај пооделните народи се всушност измислени од страна на елитите во време на формирањето и изградбата на националните држави.72 Во процесите на национална изградбата подеднаква улога имале: политичките, економските, социјалните, културните и други прилики. Според тоа, како општествено конструи-рани и пред се модерни форми, на нациите треба да се гледа и како на променливи категории. Националниот идентитет не е ништо поважен од другите идентитети кои ги имаат луѓето и тој како и другите со текот на времето е подложен на промени.73

Во овој контекст Хобсбаум се осврнува и на односот на ис-торичарите спрема национализмот. Овој однос тој го споредува со оној што го имаат одгледувачите на опиум кон зависниците од хероин: „тие го снабдуваат пазарот со основниот материјал”. Според него, нациите без минато претставуваат контрадикторност самите по себе. “Она што ја прави една нација и што ја определува во однос на другите нации тоа е минатото. На тој начин, мојата професија која отсекогаш била поврзана со политика, претставува основна ком-понента на национализмот”.74 Понатаму, Хобсбаум смета дека ниту јазикот, ниту народноста не биле суштествени компоненти на ори-гиналниот револуционерен национализам. „Класичниот либерален национализам од 19 век беше спротивен на денешната потрага по дефинирање на идентитетот преку сепаратизам. Тој имаше за цел да го прошири опфатот на хумани, општествени, политички и културни единици, поскоро да обедини и прошири отколку да подели и ограничи”.75

Покрај со проучувањето на нациите, Ерик Хобсбаум се занимава и со проучување на револуциите и револуционерните движења низ

72 E. J. Hobsbawm, Nations and Nationalism since 1780, Programme, myth, reality, Second edition, Cambridge University Press, 1997. 73 Исто 74 E. J. Hobsbawm, Ethnicity and nationalism in Europe today, Antropology Today, Vol. 8, No. 1, 1992, стр. 3 75 Исто, стр. 4

Page 49: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

историјата. Тој гледа на револуциите како на многу значајни настани, кои претставуваат движечки сили и доведуваат до тектонски промени во општествата. Особено се занимава со компаративна анализа на различните револуционерни движења. На пример: Француската бур-жоаска револуција од 1789 година, со индустриската револуција во Британија од 17 век или пак на Револуцијата од 1848 година со Ок-томвриската болшевичка револуција од 1917 година. Во овој контекст посебно значајно место заземаат неговите 4 капитални дела: Доба на револуции: Европа 1789-1848, Доба на капитал: 1848-1875, Доба на империи: 1875-1914 и Доба на крајности: кратка историја на 20-от век 1914-1991. Во овие дела тој ги анализира настаните и процесите кои се случиле во текот на 19-от и 20-от век и промените кои настанале во светот како резултат на овие настани, со посебен осврт на револуции-те. Големиот број револуции кои настанале во овој период, Хобсбаум ги означува со терминот „револуции близначки” (twin revolutions), третирајќи ги како меѓусебно зависни и поврзани една со друга, како резултат на кои што на крајот и доаѓа до воспоставување на системот и општествените односи кои денес ги живееме. Во последната книга Доба на крајности, Хобсбаум зборува и за пропаѓање на проектите како што се: државниот комунизам, капитализмот и национализмот и за последиците кои, како резултат на тоа, се појавуваат и можат да се појават во иднина.

Хобсбаум е непоколеблив и доследен бранител на историјата како научна дисциплина и недвосмислено ги отфрла тезите на пост-модернистите и некои други левичарски теоретичари, кои на исто-ријата гледаат како на една голема нарација и фикција, која неможе објективно и вистинито да го реконструира минатото и како таква не треба да се смета за наука во вистинска смисла на зборот. Хобсбаум стои во одбрана на историјата и нејзините способности “да ни помага да го разбереме светот”. Иако таа не е имуна на фиктивни толкувања и измислици, според него не може да се пишува историја без да се направи разлика помеѓу она што било, а што не било.76

Зборувајќи во контекст на злоупотребувањето на историјата, пред се во политички и идеолошки цели, Хобсбаум го посочува про-блемот што го прави Грција со непризнавањето на името на Македо-нија, под изговор дека Македонија е грчка и дека тоа име и припаѓа исклучиво на грчката нација. Ваквото грчко толкување тој го смета повеќе како „анахронизам отколку лага”, но денес e „многу тешко за 76 Повеќе за теоретските размислувања на Е. Хобсабаум во однос на прашањата за историјата може да се види во: E. Hobsbawm, “On History”, London, 1997 и “In defen-ce of history”, The Guardian, http://www.guardian.co.uk/books/2005/jan/15/news.comment

Page 50: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

еден грчки интелектуалец да признае дека тоа е бесмислица”. Според него не може да стане збор за постоење на единствена грчка нација или држава во 4-тиот век пред нова ера, како што и не може Македонската империја да се поистоветува со било која денешна модерна нација или држава. Уште повеќе, „многу е поверојатно дека тогашните Грци ги сметале македонските окупатори за варвари, како што тоа било случај и подоцна во нивниот однос спрема Римјаните”.77

Во својата автобиографска книга насловена едноставно: „Ин-тересни времиња – живот низ дваесеттиот век”, Хобсбаум зборува за најинтересните настани и процеси кои се случиле во текот на неговиот животен век. Тоа претставува еден вид приказна која се одвива во текот на скоро целиот 20-ти век.78 Во неа, Хобсбаум го опишува својот долг живот во контекст времето во кое се одигрува. Па така, животот на малиот Ерик во Виена, може да се следи во контекст на приликите кои владеат во овој град во текот на 20-тите години на минатиот век. Или пак неговиот голем ентузијазам и задоволство со кои бил исполнет додека учествувал на големите комунистички протести во Берлин во 1933 година, само неколку денови пред доаѓањето на Адолф Хитлер и нацистите на власт во Германија. Понатаму, автобиографијата ги следи најважните настани од неговиот живот, неговата политичка активност, разочараноста од практикувањето на комунистичката идеологија, академската кариера, настаните од револуционерната 1968 година, како и останатите важни случувања во текот на 20-тиот век и влијанието кои тие ги имале врз неговите ставови, врз неговиот живот и врз него како личност.79

Денес и во својата 95-та година од животот, Ерик Хобсбаум е сè уште активен, пред сè како ангажиран јавен интелектуалец. Често е присутен во медиумите, каде дава свои коментари и видувања на актуелните процеси и настани кои се случуваат во светот. Така во последно време тој им дава поддршка на демонстрантите од антикапиталистичкото движење „Окупирај го Волстрит”, кое се противи на политиките на банките и големите корпорации, како и на создавањето на се поголеми разлики помеѓу богатите и сиромашните во светот. Хобсбаум смета дека водечката улога што порано ја имаше работничката класа, како носител на промените и на прогресот, денес истата ја преземаат средната класа и студентите.

77 E. Hobsbawm, On history....., стр. 10 78 R. Perisic, Privatna prica starog povesnicara, od krize tridesetih do nasih dana, Globus, http://globus.jutarnji.hr/komentari/robert-perisic/privatna-prica-starog-povjesnicara-od-krize-tridesetih-do-nasih-dana, пристапено на 27.02.2012 година. 79 Исто.

Page 51: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Во едно од неговите последни интервјуа тој се осврнува и на но-вите настани и промените кои се случија во некои од арапските земји во текот на 2011 година. Хобсбаум на арапските револуции, на долг рок, гледа како на позитивни промени и се радува што луѓето пов-торно пројавуваат активност, „излегуваат на улица да протестираат за исправни работи и да соборуваат влади”. Тој ги споредува денешните арапски револуции со оние кои се случија во европските земји од 1848-та година. „Две години по 1848-та изгледаше како ништо да не успеало. Но долгорочно гледано, не беше така. Имаше добар либера-лен напредок. Значи тоа беше непосреден неуспех, но долгорочно гледано имаше делумен успех, иако не во форма на револуција”. Сепак, засилувањето на исламистите и исламистичкото движење мо-же да биде „недобредојден развој на настаните” во овој случај, смета Хобсбаум.80

80 Арапските револуции како европските од 1848 година, Нова Македонија, 31.12. 2011, http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1230111331196&id=23&prilog=1&setIzdanie=22470.

Page 52: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

ПРЕДЛОГ КНИГА:

ЦРНА ВРЕВА

Оригинален наслов: Black Noise (Rap Music and Black Culture in Contemporary America).

Автор: Tricia Rose. Година на издавање: 1994. Издавач: Wesleyan University Press. Оценка: 8. Содржина: 1. Voices from the Margins: Rap Music and Contemporary Black

Cultural Production - 1.Се однесува на проучувањето на рап музиката и спотовите во поширок општествен контекст.

2. "All Aboard the Night Train": Flow, Layering, and Rupture in Postindustrial New York – 21.Зборува за појавата на хип хоп елемен-тите и факторите кои водат до нивната појава.

3. Soul Sonic Forces: Technology, Orality, and Black Cultural Practice in Rap Music – 62.Прикажува како афро-американските орал-ни традиции од историјата се спојуваат со новите музички технологии создавајќи микс-култура наречена хип хоп.

4. Prophets of Rage: Rap Music and the Politics of Black Cultural Expression – 99.Ја прикажува расната политика на рапот и односот кон институциите на системот.

5. Bad Sistas: Black Women Rappers and Sexual Politics in Rap Music – 146.

Се однесува на сфаќањето на рапот како шовинистичка музика и на женскиот рап како феминистички израз на црната жена.

„Black Noise“ за многумина е „Библија“ на хип хопот, кога се работи за книжевните дела. Напишана далеку пред рап музиката да стане меинстрим, книгата на научен начин ја елаборира хип хоп културата, навлегувајќи во нејзините најскриени тајни и анализирајќи теми кои во тоа време биле далеку од очите на јавноста. А како да биде поинаку кога ова дело е докторска дисертација на прочуената афро-американска професорка Триша Роуз, а воедно и нејзина прва книга.

Мајкл Досон од Village Voice ја дефинира книгата како „неоп-ходно четиво за научниците, професорите и политичарите, но најмно-гу – за оние кои го сакаат хип хопот“. Роуз е успешна во поврзување-

Page 53: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

то на рап музиката со блузот и робовските танци и оралната традици-ја, пред се поврзувајќи ги историјата на афро-американската попула-ција и современата музичка технологија. Зборува за социоеконом-ските услови кои владеат во САД во времето на формирање на хип хопот, но и во текот на неговиот развој. Го наведува расизмот како главна причина за појавата на хип хоп културата.

Сексизмот во рап музиката пак, го објаснува со фактот што во целата корпоративна култура на музичката индустрија тоа е нормален процес, само што во рапот едноставно тоа се потенцира малку повеќе. Роуз е директно на терен, постојано на местата на главните хип хоп случувања и има интервјуа и средби со легендарни хип хоп имиња, преку нив дефинирајќи ги клучните моменти во хип хопот. Интересно е тоа што таа тоа го прави преку поврзување на „уличното“ и „ака-демското“.

Има поговорка дека „дури и најмоќните зборови не можат да ја заменат музиката“. Не сум баш сигурен во тоа. Ова дело е анализа на многубројните аспекти на „црната уметност“, која е единствен начин преку кој можете да добиете шанса да погледнете подлабоко во оригиналната хип хоп култура, во прво лице. Топло ви ја препорачу-ваме!

Многумина од хипхоперите велат дека оваа книга е „тешка“ за читање и дека е пишувана на „висока нога“, дека иако е тема за док-торат, сепак требало да биде поедноставна за да може обичниот човек да ја прочита и да ги проголта нејзините зборови. Е па, пријателчиња, ако самите не се заложите за себеси, за своето образование и за својот интелект тогаш нема ни потреба да зборуваме за читање на книги. Учете, образовајте се, и – етe ви!

„Баш тип на книга која е смирена и посветена на валканото истражување на животот и уметноста која фали во проучувањето на поп културата... Малкумина новинари (или професори) би истра-жувале теми од типот на - влијанието на цената на осигурување на салата која се изнајмува врз развојот на хип хоп настапите. Најголе-мата моќ на Роуз е нешто што е шокантно помеѓу академците: цврс-тото стоење на земја.“ – Vibe Magazine

„Black Noise е богатство од информации за раните денови на хип хопот во Јужен Бронкс.“ – Rolling Stone

„Нема повеќе бесмислени објаснувања за рапот и хип хопот! Отсега па натаму, сите дискусии започнуваат овде со Black Noise, круцијална книга за култура која стана нов вид на социјално движење. Во нејзиниот фокус и на деталите и на големата слика, Роуз нè прид-вижува километри подалеку во однос на нашето размислување за по-литиките на популарната култура.“ – Andrew Ross.

Page 54: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Петко Шипинкаровски

КOГА СУДБИНАТА ГИ ЗАПЛЕТКУВА СВОИТЕ ПРСТИ

Кон книгата „ЉУБОВНА ПРИКАСКА БЕЗ КРАЈ“, роман Евда Попоска, „Коста Абраш“, 2011, 176 стр.

Евда Попоска во современата македонска литература се јавува во 1992 година со романот „Филимена“, роман кој на задоволство на авторот добро е примен од читателите на прозата и по нивно барање - вели авторот коига во 1998 година романот доживува и второ изда-ние. Потоа следуваат романите „Ева“, „Теодора“, „Флорида“, „За тебе“, „Црвениот трендафил“, „Лушпа од кромид, „Лице и опачина“, Разговори под брезата“ и како последен, десетти по ред, е романот „Лубовна прикаска без крај“, или, како што вели аторот: „Напишан е по барање на читателите, а на мое задоволство!“ Со него завршува трилогијата која како прикаска е составена од романите „Црвениот трендафил, „Лице и опачина“ и „Лубовна прикаска без крај“.

Импозантна бројка, зарем не, на која би позавидел секој автор. За да се напише роман, потребна е визија, потоа фабула и

прикаска или настан, или извор од каде ќе се тргне по прикаската, ќе се развива дејствието и најнакрај епилогно тоа треба да заврши. Следејќи го разговорот на македонскиот писател Петре М. Андреев-ски за неговото творештво и фабулата од каде започнува со неговата прикаска, ќе рече; „Тоа е река до која мачно ми е сè додека дојдам до нејзиниот слив, а потоа тргнувам по нејзиното корито и лесно доаѓам до изворот“. Ете така се јавува и ткае прикаската кај секој автор.

Основна карактеристика во творештвото на Евда Попоска е мотивот и нејзиниот препознатлив стил на раскажување. Во разгово-рот што го водев со еден нејзин читател за творештвото на Евда По-поска, истиот рече: „Евда Попоска има читкост, јаснотија во искажу-вањето, има приказна, има почеток во приказната, има дејствие и епилог, со еден збор, има што да се прочита и научи од Евда“.

Во прикаската насловена „Љубовна прикаска без крај“, низ ис-превртените, но разбирливо раскажани настани е материјалното, ре-алното, постојното, вистинското – фабула која се доживува или е доживеана, или пак, поодблиску кажано, таа е составен дел на човековото живеење. И, би додал, оти Попоска не само во „Лубовна прикаска без крај“, туку и во останатите прозни дела, бега од има-

Page 55: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

гинарното, од фантастичното и фантазничното, од невидливото, од денес сè поактуелно „постмодернистичкото“, туку напротив, таа со својата ука, мисла и перо останува на романсиерското, на народното раскажување, длаби и картофира во постојното, во доживеаното, во вистинското и како реч и поука таа остава трага не само кај читателот, туку како уникат и во современата македонска литература.

Евда Попоска е наставник по македонски јазик и долгогоди-шен општествено-политички работник и ракводител на истурени функции во Струга, и што е тоа што таа го изнаоѓа и ја мотивира?

Следејќи го нејзиниот бекграунд во творештвото, речиси тоа целото се состои од најексплоатираниот, највреднуваниот, најпо-сакуваниот, најоблагодарниот, најпривлечниот епитет, Љубов. А Евда Попоска љубовта ја присвојува и како дар ни ја подарува сервирајќи ја како општ поим или синоним, а самиот збор љубов претставува чувство на нежност и благодет кај секого.

И кај Евда Попоска љубовта преовладува како најширок поим, со љубовта кон породот, љубовта кон ближниот свој, љубов кон сè што е свое, со љубовта кон татковината и исконската љубов помеѓу мажот и жената, како основна нишка што се проткајува низ книгата – вели Попоска.

Овојпат во романот „Лубовна прикаска без крај“ Евда Попоска мошне успешно ја разработува и овладува горчливата егејска тема, те-ма која претставува неисцрпена прикаска на јадови и чемери, на прогонства и стрелања, на силувања и измачувања, на палежи и палевини, на прогонства и изгонства до интернации или. со еден збор, геноцид со егзодус, или егзодус со геноцидот, сеедно.

И што? Што поконкретно е тоа што авторот на оваа егејска, поблаго речено македонска сага, нашол да ја обработува, стилизира, циклусно да ја обрабува и временски да ја движи триаголната оска наречена Јорго, Марија и Ања во романот „Љубовна прикаска без крај“, како носечки столбови на чии колкови и плеќи се потпира при-каската или бар кодот на поширокото семејство, овојпат семејствата на Јорго.

Овде мора да се направи мала дигресија, малка станка од тече-нието на прикаската и компарацијата низ анализата на настаните, од-носно мало очудување. Читајќи го романот „Љубовна прикаска без крај“, во еден момент читателот зема здив и мислата го носи во друг правец, таа ја грее и топли душата на читателот и како на закачалка го држи зборот во прикаската, го влече читателот, не го остава да ја остави реченицата, дејствието или пак целата прикаска. Со еден збор, се чита, сакале или не, со едно седнување и нема алтернатива. Зошто?

Page 56: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Затоа што Евда Попока е редок наратор. Во нарацијата таа ги прикажува настаните како да се сродиле кај неа, а пак таа како да из-раснала со нив, сведовито и своеможно го газела тој простор каде сли-ковито ги обликува предметите, ги внесува боите, ја грее тамошното сонце во Воден, Атина, Солун, на Воденските водопади, на песочните плажи Катани набљудувајќи ги вљубените. Кон ова треба да се каже оти Евда Попоска има течна, разбирлива раченица која при нејзиното пеење има сласт, убавина, има метафорично течение: „Кога судбинта ги заплетува своите прсти“, „ме влечат гробовите на нашите претци“, „мирисот на сламата во плевната“, „се завали во меката лежалка“ се само дел дел од раскошноста на зборот на авторот.

Оттука и констатацијата оти во романот „Љубовна прикаска без крај“ Евда Попоска врши анализа и членување на глаголската форма љубов, се задржува на исконската, на вистинската љубов на вљубените, љубовта како рожба за заемна почит и потоа љубовните страсти кон брачниот другар и кон семејството пошироко, како и љубовта кон родната грутка, татковото огниште макар и каде и да е, до гробовите на предците, па и сонот, макар и мртов, повторно човек посакува таму да е погребан. Таму ќе најде спокојство и мир, што понекогаш претставува долг животен сон на човекот.

„Лубовна прикаска без крај“ е роман во кој авторот ја доловува горчливата егејска тема од граѓанската војна, како што таа вели „Елада“ и како резултат на тоа ја трауматизира создадената голема љубов на Марија и Јорго кои, во својот љубовен занес во плевната со „златно-жолтата слама“ денес, а утре под налетот на воените ветриш-та, ги раселуваат: Марија во Воден, а Јорго во Атина. Потресни се ка-жувањата во животниот óд на оската Марија, Јорго, Ања, што Попос-ка мајсторски и со обдар го чини, каде врши спој помеѓу духовното и материјалното, помеѓу природата, љубовта и породот кои и кај Марија и Јорго длабоко ријат закитени со мирисот на олеандрите и постојаниот вртеж на црвениот трендафил што векува во дворот на Јорго во нивното родно село, а кај Марија и се врежал со сета негова убавина, црвенило и мириси.

Но, мирисот на златно-жолтата слама и љубовниот чин што го имаа Марија и Јорго им носи подарок и на едниот и на другиот, дар. Од таквиот љубовен занес и чин Марија го раѓа единственото дете, синот кој беше зачнат во плевната со златно-жолтата слама. Малку подоцна, поради граѓанската војна и раселувањето на Марија и Јорго, таа ќе се омажи за кир Јанаки во Воден и тука го раѓа Јорго помладиот, или Јорго помалиот, или Јорго јуниор како низ дејствијата авторот го нарекува, а пак кир Јанаки, иако знае за рожбата и дека биолошки татко е друг човек, го прифаќа детето како свое родено

Page 57: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

чедо. Кир Јанаки, иако кратко живее со Марија и Јого, за тоа време на посинокот му ја поклонува сета родителска љубов. Знаејќи дека годи-ните му се длабоки, тој го препишува сето богатство на посинокот Јорго. Марија со голема почит е кон кир Јанаки, но не престанува да гори и жеднее за таа еден ден пак да ја сретне големата љубов И суд-бината се тркала, се кова, се нитнее, постојано се кали и зацврстува.

Како што бидува, по тешките прогонства и разделби што ги доживуваат Марија и Јорго раселени, а со тоа далеку, далеку од-делени еден од друг, Јорго создава семејство со својата втора љубов Ања со која ја имаат ќерката Елени. Кон Елени на Јорго очите исцело му се свртени, за да најде свое место во опшеството, да си формира семејство и да има пород.

Во книгата „Љубовна прикаска без крај“, авторот Евда По-поска се зафаќа и со уште еден, овојпат би рекол брачен порок, неверството, но и од бога даденото или пак човечкото, простувањето за направените постапки или пак отстапки на другиот. Зетот на Јорго од ќерката Елени, Јани, честопати чини љубовни излети, со што не само што му гази на честа на Јорго кој со отворено срце зетот го има прифатено како роден син. И Ања сета родителска љубов ја има насочено подеднакво кон ќерката Елени и кон зетот Јани, додека пак Елени силно го љуби сопругот и непрестано се навраќа во деновите на силната љубов што ја имаа со Јани на сончевите плажи на Катани. Наспроти неа нејзиниот маж Јани покажува слабостојност и оди во прегратка на друга жена. Неверството како чин со свои очи ќе го види и стабилната Елени, но со препнување ќе го види и нејзината мајка Ања. Најнакрај сето тоа завршува со разум прифаќајќи ја својата грешка како грешка и силна поука од таткото Јорго, кого Јани и го ос-ловува со татко.

И најнакрај, авторот Евда Попоска ја завршува приказната исцело со умората на Јорго, со и од патиштата на неговото болно срце тој легнува и потонува во длабок сон. Во таквиот нереален сон, Јорго се враќа во родното село во гробиштата каде пред него излегуваат два споменици, а измеѓу нив израснал прекрасен див црвен трендафил и уште од далеку може да прочита на едниот Марија, а на другиот Јорго! Завршува авторот Евда Попоска во епилогот од испреплетени-те настани со среќен крај.

Сè на сè, Љубовна прикаска без крај“ е дело кое вреди да се прочита, а доколку еднаш тоа се стори, се јавува желбата за препро-чит.

Page 58: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Габриела Стојаноска-Станоеска

БРОЈКИ

1. Збор, два за збирката... Расказот „Во библиотеката“ е еден од шеснаесетте раскази од

збирката под наслов „Чудесниот број три“ на авторот Петар Петрески објавена во 2010 г. Иако насловот на збирката (кој е извлечен од насловот на последниот расказ во неа) го содржи поимот чудесно, чудесното не може да се земе како главна одредница на видот на имагинарното претставено во расказите. Значи авторот ја започнува Играта уште со насловот на книгата. Книгата има наслов што не ја определува (во жанровска смисла), онака како што поетско-фантас-тичната проза со својата слика на животот вели: животот не е таков“81. Па, ако еден начитан образован читател поаѓајќи од насловот ја отвори книгата со очекување дека пред него ќе се појават светови слични на оние од волшебната приказна и сказната, за брзо време ќе се почувствува изигран, изневерен, зашто стварноста во расказите не е прикажана како чудесна, необична или невозможна. Напротив, расказите нè водат во сферата на фантастичното во која чудесното, необичното и невозможното се прикажуваат како вистинити и ствар-ни. Се повикуваме на познатата опозиција помеѓу чудесното и фан-тастичното врз основа на која Роже Кајоа ја изгради неговата теорија на фантастиката и покажа дека фантастичниот расказ треба да се одвои од доменот на чудесното иако корените треба да се бараат токму во него. Но, за разлика од традиционалната таканаречена „вис-тинска“ фантастика која според Цветан Тодоров и многумина негови истомисленици е обележана со судирот на два света од кои упадот на имагинарниот во реалниот свет е насилен и предизвикува сомневање, колебање и кај ликовите и кај читателот во поглед на природата на опишаниот настан, во расказите на Петрески онака како што бројот три од насловот на збирката упатува на множина и плуралност (повеќе од еден, и повеќе од само два) се допираат и се испрепле-туваат не два вида туку повеќе видови стварности т.е. се добива една полидимензионална стварност која си игра со своите многубројни лица: чудни, бизарни, апсурдни, гротескни, карневалски, циркуски,

81 Света Лукиќ цитиран според Капушевска-Дракулевска, Лидија, Во лавиринтите на фантастиката, Магор, Скопје, 1998, 179 стр.

Page 59: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

пародични... Станува збор за текстови кои и припаѓаат на постмодер-нистичката фантастика во која, од една страна, е намалена тензијата меѓу секојдневното и натприродното и токму затоа е прогласена за „псевдофантастична“ во однос на вообичаената претстава за фан-тастиката и која, од друга страна, (како што забележува почитуваната професорка Капушевска-Дракулевска во нејзината книга „Во лави-ринтите на фантастиката“ – книга на која ќе се повикуваме во текот на целата анализа) се отвора „за секој нов вид на искуство од книжев-ната (уметничката) и вонкнижевната (вонуметничката) сфера... оттука и епитетот „нова“82 “ и која главно се нарекува поетска бидејќи има субјективен, метафоричен карактер, а целта и е поетизација на ствар-носта.

Одликите на овој посебен тип фантастично писмо наречен но-ва поетска фантастика во чии рамки ја сместуваме жанровската опре-делба на нарацијата на Петрески подетално ќе ги разгледаме преку анализата на расказот „Во библиотеката“.

2. Блиц средба со расказот За почеток, во интерес на анализата, но и за да го задоволиме

љубопитството на читателот ќе ја изнесеме фабулата на расказот во најкратки црти, со неколку реченици: Дејството се одвива во една градска библиотека, во врело јулско попладне кога библиотеката е речиси празна од посетители. Во еден момент во просторијата за издавање книги се поведува разговор меѓу библиотекарката (Иконче) и единствените двајца посетители (од кои едниот е редовен член - Шангајко, а другиот е новозачленет - Црвенгаќи) за шпиунирање, пре-давства, кодошење, следење, претепувања, одмазди и смрт. Атмосфе-рата постепено станува тензична, а тензијата достигнува кулминација кога тепачката која неочекувано избива меѓу двата члена е прекината од еден уште понеочекуван, необичен, неприроден настан. Книгите од изложбените полици полетуваат во јато и со врвовите на кориците започнуваат да ги напаѓаат тројцата изненадени, да ги удираат по главите, да ги пресекуваат по рацете и да ги раскрваруваат каде што ќе стигнат. Расказот има трагично финале во кое библиотекарката доживува срцев удар од шокот, едниот член е ослепен од црната боја на книгите и нивните остри удари, а другиот преживува пад од висина и со силни болки бега надвор од библиотеката. Во обидот да се спаси од летечките книги кои го следат, невнимателно ја преминува улицата и е прегазен од камион. На изненадување и неверување на случајните

82 Капушевска-Дракулевска, Лидија, Во лавиринтите на фантастиката, Магор, Скопје, 1998, 174 стр.

Page 60: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

минувачи книгите (во последната реченица од расказот) се вивнати во небото и мавтаат со кориците.

Овој исклучително интересен расказ со многу елементи на фабулата, со темата, со текот на нарацијата, со ефектот што го постиг-нува, со ликовите, со гледната точка на наратотот и со тонот на раска-жувањето, со алузиите кон други книжевни и филмски уметнички дела, со комплексното естетско уживање што му го нуди на читателот се покажува како една воодушевувачка возбудлива игра на танцување по тенкиот раб помеѓу традиционалната фантастика и новата поетска фантастика. Предлагам да ги следиме еден по еден тие треперливи чекори на расказот кои го одземаат здивот за да видиме на која страна на јажето ќе се симнеме кога играта очекувано неочекувано83 ќе заврши.

3. Фантастика која си игра фантастика а) Временско-просторна определба Расказот започнува со временска и просторна определба која

многу потсетува на манирот на најдобрата традиција на класичниот фантастичниот расказ: „Беше лето, два часот попладне во библио-теката“. Се определува местото – библиотека, годишното време-лето, месецот-јули, часот – два попладне, па дури и температурата на воздухот која е „ ... близу до или дури и над четириесеттиот степен Целзиусов“ (Кога сме кај температурата, патем само да напоменеме дека врелата „пеколна“ температура не само што асоцира на огнот во домот на Злото, туку предизвикува и ширење на предметите и суштествата, топење и испарување т.е менување на агрегатните сос-тојби што претставува на некој начин увертира и физичка подготовка за метафизичката демонска метаморфоза на книгите што ќе следува понатаму во расказот). Да се вратиме уште еднаш на почетокот. Членувата форма во која за првпат се појавува именката библиотека остава можност да помислиме дека се работи не за која било би-блиотека, (иако се разбира дека универзалната смисла на расказот би се однесувала на која било градска библиотека), туку на градската библиотека во Прилеп за која се подразбира дека му е однапред (во однос на расказот) и добро позната на авторот имајќи го предвид биографскиот факт дека Петар Петрески иако правник по професија, работи во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, повеќе години како библиотекар, а моментално и како нејзин раководител). Освен тој податок кој е надворешен во однос на делото, еден прилепски читател би можел да ја препознае градската библиотека и 83 Алудирам на „предвидиливиот крај“ на делата со фантастична ориентација за кој говори почитуваниот академик и македонскиот мајстор на фантатиката Влада Урошевиќ

Page 61: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

по внатрешниот опис на библиотеката: просторијата за издавање на книги содржи и изложбен дел на полици со значителен број на книги, потоа магацинот со останатите книги се наоѓа на горниот кат во однос на просторијата за издавање (за разлика, на пример, од Универзи-тетската библиотека во Скопје, каде фундусот на книгите се наоѓа на долниот кат), а потоа и првото одморалиште на скалите, оградата од која паѓа еден од ликовите и мермерниот под. Исто така значајно е и дополнувањето на описот со локалната црта во говорот на наратотот кога тој зборува за обичајот на некои посетители на библиотеката меѓу кои е и спомнатиот спореден лик – („спирен во библиотеката што може да се смета за инвентар во неа“ со типично прилепско име и уште потипичен прилепски прекар) – Спире Капнизамрзни, (и двете добиени по адвербијален принцип) „со полни ќеси зарзават да се истовари во читалницата и тука да се одмори, да мигне малкуцка (најмалку два часа), да прочита некој весник (најмалку два часа) и дури потоа да се истркала по скалите накај дома...“84 Значи, не е прецизно наведена годината и местото т.е градот во кој се наоѓа библиотеката како што по обичај во традиционалниот фантастичен расказ се обезбедува гаранцијата за веродостојноста на натприродни-от настан што ќе следува потоа, но сепак таа гаранција е постигната на индиректен, посреден начин, преку спомнатите наративни пос-тапки.

Притоа, гаранцијата за стварноста која е илузија на искуствената реалност не е постигната за да опстојува и гарантира сè до појавата на натприродниот настан кога истата би била доведена под знак праша-ње, туку со намерата на авторот веднаш по внимателното создавањето на илузијата за неа, да си поигра со тој важен и чест елемент на фан-тастиката, и истата да биде целосно разнишана, ако не и срушена многу порано пред појавата на ирационалното. Таа постапка на пресвртување и релативизирање на некои претходно востановени наративни практики и поигрувањето со нив карактеристично за нова-та поетска фантастика ќе ги согледаме преку разгледувањето на пози-цијата на нараторот.

б) Нараторот и играта со стварноста и фикцијата На почетокот на расказот кога се запознаваме со врелата атмосфе-

ра во библиотеката и со првиот од трите главни лика – библио-текарката Иконче, како и во најголемиот дел од расказот, нараторот раскажува во трето лице еднина. Што се однесува до временската од-редница на нарацијата која е тесно поврзана со нараторот забележу-ваме дека нараторот раскажува главно во минато време. Велиме глав-

84 Петрески, Петар, Чудесниот број три, Арлекин-07, Прилеп, 2010, 119 стр.

Page 62: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

но, зашто одеднаш, негдегоде се јавуваат и исклучоци. Така на пример, во реченицата во која се опишува високата температура, нараторот во трето лице еднина вели: „... а тоа беше и е идеално вре-ме за дремка како на ретките читатели во читалницата, како што беше случајот со Спире Капнизамрзни... така и на средовечната библио-текарка Иконија Сплеткароска – Иконче.“ Вообичаено, авторите на фантастиката употребуваат во своите раскази глаголски времиња кои означуваат минато и кога раскажуваат во трето и кога раскажуваат во прво лице. Притоа сметаат на ефектот кој се постигнува при фикцио-нализирањето на настаните, а за кој говори познатата теоретичарка Кете Хамбургер85 која укажува на тоа дека фикционализирањето на настаните го уништува темпоралното значење на глаголските времиња и ги става во функција на еден фиктивен систем на време во рамки на раскажаното, па оттука минатото во фантастичните раскази има значење на сегашно време. Но, Петар Петрески, играјќи си фан-тастика, како сепак да одлучува да го следи упатството за „вис-тинско“ фантастично наспрема чудесното и чудното на Цветан То-доров кој вели: „ Што се однесува до самото фантастично, неодлуч-носта како негово својство извесно е дека мора да се смести во сегашноста“86. Така, во оваа прва употреба на сегашното време, сме-таме дека намерата е да се обезбеди наводната гаранција на нештата кои „такви се“, а не „такви беа“, за да може неодлучноста при појава-та на натприродното да биде поголема. И дотука некаде, додека на-раторот во трето лице раскажува и во минато и во сегашно време, присуствуваме на изградувањето на првата фабуларна линија, однос-но на една стварност која е илузија на секојдневниот живот и искуст-вената реалност. Па, она што очекува еден искусен читател на фан-тастика според формулата за истата е: во таквата стварност да се појави ирационалното и да го наруши нејзиниот поредок.

Но, играта не е игра, ако во себе не крие изненадувања. Па, што се случува?

При внесувањето на вториот лик и запознавањето со него: „Беше полуќелав, облечен во кошула со долги ракави што беа завртени до лактите и платнени пепелави пантолони. На нозете носеше шангајки.“ одеднаш читаме: „ Бидејќи до крајот на расказов не успеавме да дознаеме како му е името, од практични причини, ќе го викаме Шан-гајко.“87 Нараторот во трето лице се трансформира, или за момент е 85 Hamburger, Kate, Logika književnosti, цитирано според Капушевска-Дракулевска, Лидија, Во лавиринтите на фантастиката, Магор, Скопје, 1998 стр. 87 86 Todorov, Cvetan, Uvod u fantastičnu književnost, Rad, Beograd, 1987, str.47 87 Нагласувањето на зборовите со закосување и потемнување е на авторот на овој труд.

Page 63: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

заменет, со наратор во прво лице, и тоа не вообичаениот, најчесто користен наратор во класичната фантастика, нараторот во прво лице еднина, туку во прво лице множина! Значи нараторот користи автор-ска множина. Нараторот кој не се крие зад некој лик и кој дотогаш раскажуваше од позицијата на објективен наблудувач од извесна дистанца, одеднаш се претвора во наратор во прво лице множина кој е свесен за себеси како за наратор на расказ и се произнесува за ликот во својот расказ, но останува недоразјаснето и интригантно праша-њето дали тој расказ во моментот се пишува или се раскажува. Едно е сигурно: фикционалната стварност на расказот која дотогаш беше грижливо формирана како илузија на нашето секојдневие т.е на искуствената реалност всушност се покажува дека не е таква каква што ни се прикажуваше, туку е фикционална стварност која се самоопределува и самопроизнесува како таква, како чиста фикцио-нална, имагинарна стварност на еден расказ и не е илузија на ништо друго освен на себеси. Тоа е стварност на еден расказ кој дури не е ни довршен, туку е во тек неговото создавање, па ние како читатели присуствуваме на неговото пишување или раскажување кое се одвива паралелно со нашето читање за што сведочи и употребата на идното време „ќе го викаме“ со која нараторот му се обраќа на читателот по повод името на ликот Шангајко. На оваа точка од анализата можеме да забележеме две главни одлики на поетската фантастика. Првата се однесува на начинот на книжевното обликување на светот во поетската фантастика во која „може да се каже дека доаѓа до замена на фикционалниот судир: секојдневно – натприродно (како традицио-налната позиција на фантастиката) со односот: иреално-иреално. Тоа значи дека подлога на прозата веќе не е искуствената реалност како таква, туку дека сè се случува на планот на свеста, во просторот и времето на имагинацијата. Со други зборови, расказот не се однесува на реалното, туку на измисленото како стварно, вистинито, тој пулсира на некое рамниште кое би можеле да го означиме како свет во светот.“ 88 Втората пак, се однесува на начинот на рецепцијата на поетската фантастика која, како и останатите видови постмодернис-тичко писмо, бара ангажман од страна на читателот и повикува на „креативно индивидуално читање“ што значи дека читателот се јавува во улога на коавтор на текстот.“89

Петар Петрески играјќи си со позицијата на нараторот го става истиот во двојна позиција: и како наратор во трето лице еднина и како наратор во прво лице множина. Двојството на нараторот е веќе 88Капушевска-Дракулевска, Лидија, Во лавиринтите на фантастиката, Магор, Скопје, 1998, 179 стр. 89Ibid 198 стр.

Page 64: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

видено кај многу автори на вистинската фантастика, а и на поетската фантастика. Како пример само да ги наведеме двојниот дете-наратор во циклусите раскази „Мојата роднина Емилија“ и „Нови раскази за Емилија“ од збирките „Ноќниот пајтон“ и „Лов на еднорози“ на Урошевиќ, или умножениот, полиперспективен наратор во пост-модернистичката проза на Димитрие Дурацовски каде што при постапката расказ во расказот умножувањето на нараторот и лави-ринтската природа на заплетот води кон мултиплицирање на самиот расказ. Кога се работи за вистинската фантастика, Цветан Тодоров му дава предност на нараторот во прво лице бидејќи тој е претставен како лик, како еден од ликовите кои се соочуваат со натприродното, па „првото лице кое раскажува најлесно го овозможува поистовету-вањето на читателот со ликот, затоа што, како што знаеме, заменката „јас“ им припаѓа на сите. Освен тоа, за да се олесни поистоветувањето раскажувачот ќе биде „просечен “ човек во кого секој (или речиси секој) читател може да се препознае“90, а тоа е според Тодоров (се мисли на препознавањето, поистоветувањето) еден од условите за појавата на фантастичното во делото.

Двојната позиција на нараторот кај Петрески во „Во библио-теката“ е сосема специфична. Расказот е главно раскажан во трето лице, а нараторот во трето лице (како и секаде во вистинската фантастика) како објективен раскажувач ја намалува можноста за постигнувањето на фантастичниот ефект бидејќи не ја потврдува појавата на ирационалното во реалното. Тоа нема некое големо значење бидејќи целта на поетската фантастика не е во остварувањето на фантастичниот ефект, туку во онеобичнувањето на обичното прозаично секојдневие. Специфичноста на позицијата на нараторот во овој текст се должи на неговата повремена пројава во прво лице множина. Тогаш нараторот не зборува во првото лице еднина на еден од трите главни лика кои ќе ја доживеат фаталната средба со ирационалното, па читателот не се повикува да се доближи и да се соживее со ниту еден од ликовите. Со тоа што не е претставен како лик, иако нараторот е во прво лице, тој не е и сведок и учесник во настаните, туку е само глас кој раскажува, значи само сведок, а не и учесник во настаните. Доближувањето на нараторот во првото лице множина до читателот е доближување кое го става читателот во иста позиција на некој кој набљудува, следи, прислушкува и раскажува за ликовите и настаните. Со други зборови како ко-автор на нараторот-автор. А сепак, она што е значајно е дека нараторот-автор некогаш се однесува како автор, а некогаш како лик. Имено, неговото знаење е на

90 Todorov, Cvetan, Uvod u fantastičnu književnost, Rad, Beograd, 1987, str. 87

Page 65: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

посебен начин ограничено. Тој знае сè во врска со библиотеката и состојбите во неа, го знае карактерот на библиотекарката Иконче, нејзиниот однос со директорот на библиотеката и со колешката Милева Распашаноска, знае дури и што чувствуваат Шангајко и Црвенгаќи - двата лика кои доаѓаат да позајмат книги во библио-теката, но не им ги знае нивните вистински имиња, па им смислува „од практични причини“ имиња кои ќе ги претставуваат. Како е можно нараторот да знае што чувствуваат неговите ликови, а да не ги знае нивните имиња? Па, можно е само ако тој раскажувач се преправа дека не успеал да ги дознае нивните имиња и всушност намерно го крие нивниот вистински идентитет кога раскажува по какви книги дошле, за што разговарале и што им се случило додека биле во библиотеката. Сето ова остава впечаток дека нараторот – автор на некој начин и припаѓа на библиотеката или е нејзин прет-ставник (не случајно кога раскажува за Иконче истиот употребува: „нашата Иконче“. Значи, добиваме расказ од наратор кој нè известува за она што се случува во библиотеката и тоа „одвнатре“ од библио-теката. Подоцна ќе видиме како ваквата позиција на нараторот е тесно поврзана со темата т.е. предметот на обработка. А сега е време подобро да се запознаеме со трите главни лика и начинот на кој ни ги претставува нараторот-автор.

в) Пародија на ликови Авторот Петар Петрески, и сега веќе неговото алтер-его, нара-

торот-автор од неговиот расказ, особено ужива да си игра со ликовите од расказот. Резултатот на таа пародична игра е тоа што тие тројца, од кои секој е по малку трагичен лик, се доживуваат гротескно, и жално и смешно во исто време. Тоа се обични ликови кои сепак на некој начин се издвојуваат од околината. Библиотекарката Иконија Сплет-кароска-Иконче се издвојува по нејзиниот надворешен изглед кој значително влијае и го определува нејзиниот карактер. Шангајко се издвојува по неговата затвореност и затскриеност во светот на книгите од една страна и неснаодливоста во социумот и меѓучовеч-ките односи од друга страна, а Црвенгаќи се изделува од средината или подобро речено средината се изделува од него поради неговата затворска казна во блиското минато.

Гротескната компонента при сликањето на ликовите доаѓа до израз и при самото наведување на нивните имиња и презимиња за кои е очигледно дека се добиени по адвербијален принцип и се одраз на нивните карактери: освен библиотекарката Сплеткароска, ја среќава-ме и нејзината колешка Милева Распашаноска, директорот на библио-теката Коце Кроце, досадниот член „спијач во читална“ – Спире Капнизамрзни. Што се однесува до прекарите (или псевдонимите) на

Page 66: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Шангајко и Црвенгаќи на кои кум им е нараторот – автор, тие само на прв поглед (прво читање) се добиени по метонимиски принцип (делот место целината) т.е наводно се поврзани со нивниот надворешен изглед - како моментални обувки на ликот, или летни спортски гаќички на другиот лик, но всушност алудираат на залутаноста во животот и „безделничењето“ на Шангајко и на мошне веројатните затворски казнено-поправни „вцрвувања на задникот“ на Црвенгаќи. Тие ликови за нараторот – автор и како да не се човечки суштества што се гледа по тоа што всушност преку одбраните имиња тој ги опредметува. А секако, сочувството што го побудуваат предметите е многу помало од она што го побудуваат живите суштества, па на тој начин тие ликови се оддалечуваат не само од нараторот-автор туку и од читателот. Како да сака да се каже дека во крајна линија судбините на луѓето-предмети, луѓето играчки, не им се многу важни на оние кој ги следат и набљудуваат. Опредметување во галовното име забе-лежуваме и кај женскиот лик – Иконија станува Иконче, но светов-носта на името-предмет ирониско-контрасно ги пародира токму спро-тивните особини на ликот. Во ликот на Иконче сè е пресвртено. Деминутивот во нејзиното галовно име одговара на деминутивот кој се користи при описот на надворешниот изглед: кај неа сè е мало и ситно, па така нараторот-автор говори за нејзиното „главче“, „десно окце покриено со клепка без влакна“, „слабички и куски раце“, „гранчести нозе“ кои „најверојатно и висеа на столчето без да го доп-ре подот“ (стр.119). Но, две-три страни понатаму додава „Иконче не беше плашливо женче... беше ти ебала и урка и вретено, умееше да му се засучи на директорот... кога беше убедена дека е во право“ и „неј-зината појава беше обратнопропорционална од нејзината упорност која некои зајадливо ја нарекуваа магарешки инает.“(стр.122)

Особено е забележлив шеговитиот, хуморен тон на нараторот-автор при гротескното и пародично сликање на ликовите и секојдневниот разговорен стил на неговото говорење заради што сме поблиску до мислењето дека нараторот-автор сепак повеќе раскажува расказ или коментира отколку што го запишува истиот во писмена форма. Нека ни послужат како потврда следниве извадоци „... во просторијата влезе не многу млад човек, би се рекло, вака од око, дека натфрлаше четириесет години“ (Шангајко). Без двоумење би се обложиле дека имаше повеќе од триесет години и беше интересно облечен, да не речеме соблечен“ (Црвенгаќи). Петар Петрески се покажува како исклучителен мајстор во користењето на постапката на карневализација при креирањето на веќе спомнатите ликови (и како што ќе видеме допрва и при нивните постапки и однесувања), а карневализацијата само ја потцртува пародијата како одлика на

Page 67: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

поетската фантастика. Карневализацијата за која говори и Бахтин е „ една од суштинските одлики на постмодернистичката проза, чија крајна цел се состои во откривањето на „веселата релативност“ на нештата, или логиката на „пресвртеното“ во животот.91

г) Играта со заплетот Играта во делата на Петар Петрески која ја нарековме фантастика

која си игра фантастика во одредени моменти и до одредени нивоа подразбира и добро следење на правилата на вистинската класична фантастика. Едно од тие правила се однесува на синтаксичкиот аспект од структурата на делото односно на неговата композиција. Според книгата на Цветан Тодоров во својата теорија на заплетот во фантас-тичните раскази Питер Пензолт вели: „Идеалната структура на приказната за духови може да биде претставена како влезна линија која води до точката на кулминација... точка на кулминација, без сом-нение е појавата на духот... Повеќето писатели се обидуваат да ост-варат извесна градација движејќи се кон точката на кулминација, најпрво неодредено, а потоа сè понепосредно и понепосредно.“92 Според Цветан Тодоров оваа теорија е изведена од онаа која Едгар Алан По ја предлагал за расказот воопшто и според која расказот се одликува со постоењето на еден единствен ефект сместен на крајот на приказната и со обврската сите чинители на приказната да придонесат за тој ефект.

Во расказот „Во библиотеката“ кулминација претставува оживува-њето на книгите и нивниот напад врз луѓето во библиотеката. Тоа е всушност моментот на појавата на натприродното, ирационалното. Па, може да се забележи една нагорна линија во градењето на тензијата до таа точка на кулминација. Тоа пред сè се забележува на план на емотивната атмосфера во која постепено се згуснува мачнина-та, тегобноста, неподносливоста до степен кога насобраната потенци-јална негативна енергија преминува во кинетичка, движечка, ру-шителна сила. Да ја проследиме таа нагорна линија на заплетот и тен-зијата.

На почетокот на расказот се спомнува високата температура во јулското попладне во два часот, над четириесет степени, која сама по себе е неиздржлива, но луѓето во библиотеката (Иконче и Капни-замрзни) ја поднесуваат единствено како идеално време за дремка. Доаѓањето на редовниот шлен Шангајко во тој термин за дремка, библиотекарката Иконче го доживува како напад на нејзинината тешко стекната духовна рамнотежа во тие неподносливи временски 91 Ихаб Хасан цитиран според Капушевска-Дракулевска, Лидија, Во лавиринтите на фантастиката, Магор, Скопје, 1998, 197 стр. 92 Todorov, Cvetan, Uvod u fantastičnu književnost, Rad, Beograd, 1987, str. 90

Page 68: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

услови. Таа не му возвраќа „Добар ден“ и од својата доминантна позиција на жена и библиотекар со неиспочитувањето и нељубезноста ја пресекува неговата и онака слаба сигурност во себеси. Така, кас-триран од своето достоинство на член, маж и човек пред сè, Шангајко ја губи конторлата врз своите движења и несмасно турка една книга од полиците. Тоа е прв момент на паѓање, движење на книга одозгора надолу. Тој ги збира лошозалепените страници на падната книга, и на тој начин, ненамерно, ја соочува Иконче со нејзината недоброзавр-шена библиотекарска работа. Индиректно, како да ја прекорува што е причина таа отворено непријателски и некултурно да го нападне обвинувајќи го со зборот уништување, искористен во една преди-мензионирана форма, но онака како што таа го чувствува: „Зошто секогаш доаѓаш кога сум јас во смена, зошто ме уништуваш?“ По прочитувањето на насловот на книгата која Шангајко ја враќа на полиците таа добива шанса да возврати во иста мера, да му се потсмева и да го омаловажи: „ Прочита гласно: „Која е таа девојка?“ Ги симна очилата. „А бе, што не си најдеш некоја работа? Батали ги книгите, од нив не се вади леб. Не ми е јасно што бараш овде? Нивине се необработени, селана празни, фабрикине опустија, а ти ми читаш книги. Печали, машко, немаш многу време.“ (стр.120)

Овој краток извадок покажува дека библиотекарката Иконче не само што следи што чита Шангајко туку има и свое мислење за туѓите работи т.е за неговото читање кое дури и јавно го изнесува. Со тоа таа ги прекршува непишаните норми во библиотекарската дејност и се вмешува во личниот живот и членовите на библиотеката. Имаме видлив упад на библиотекарот, на оној кој треба да им служи на читателите во интегритетот на нивната личност и во нивната слободна волја изразена преку тоа што читаат, колку читаат и кога читаат. Овој цитат е показ не само на нападот на Шангајко, туку и на „нападот“ врз книгите од страна на Иконче: „Батали ги книгите, од нив не се вади леб.“ Невините книги не само што лошо се чуваат и одржуваат во нивниот дом и храм, туку и директно се омаловажува нивното значење, важност и моќ“ – како да сака да подвлече меѓу редови невидливиот наратор-автор, прислушкувач во библиотеката. И тоа, тој преседан, го врши лице вработено во библиотеката. Во тој момент, бесот во Шангајко е нараснат до степен на агресија и тоа врз средството кое на Иконче и помага да се меша во туѓите животи: „му дојде да и ги грабне очилата и да и ги крши дел по дел, толку што беше одмаздољубив... но...сознанието дека за таков подвиг не е способен, уште повеќе го натера да се смали и обесхрабри. Посака да исчезне“.(стр.120) Агресијата е избегната, кулминацијата е одложена, Петар Петрески само на момент ја спушта топката. (Колку да земеме

Page 69: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

здив.) Појавата на Црвенгаќи и неговиот неконвенционален „собле-чен“ изглед, како и џвакањето гума за џвакање Иконче ги доживува како повреда на нејзиниот професионален дигнитет, па така повторно е крената тензијата. „Но, Иконче не би била Иконче кога би се однесувала како што другите очекуваа да се однесува. Со сето должно внимание и, почитувајќи ја процедурата докрај таа постапи со зашеметувачки професионализам“ (стр.121) и го зачленува Црвен-гаќи. Следува сцената во која преку чудењето на Црвенгаќи за малиот број книги (гледајќи го само изложбениот дел на библиотеката) дознаваме дека тој во блиското минато издржувал казна затвор и читал книги во затворската библиотека. На прашањето за другите книги: „Па каде се тогаш, ги криете в џеб?“ Иконче одговара: „Горе се.“ Книгите во буквална смисла се горе, се мисли на магацинот со книги на таванот на библиотеката. Недоверливиот Црвенгаќи, оправ-дано недоверлив со оглед на неговото ранливо минато, забелешката ја сфаќа во преносна смисла и навредено избувнува „Горе е Господ и нема ништо друго, госпоѓо“. Нараторот - автор ќе си поигра токму со оваа реченица и на крајот од расказот, во завршната сцена ќе ја видиме во буквална смисла сликата на книгите раскрилени или раскоричени врз небото. Но, до таа точка која е вишна врз шлагот на кулминацијата се доаѓа преку филови и слоеви на емотивни состојби. Расположението на Црвенгаќи вибрира горе-долу и обратно движејќи се од манифестацијата на неговата повреденост - лепењето на гумата за џвакање на стаклото на бирото од Иконче, до емотивниот излив на неговата поврзаност со книгата: „Кога бев в затвор, ја засакав книгата повеќе од жена“, рече тој замислено. „ Ја земаш в раце, ја галиш, како да галиш кожа од негувана жена... Погледнуваш околу себе и погледнуваш во книгата. Те возбудува нејзината внатрешност. Непро-читана книга е како несоблечена жена. Полека и нежно ја отворам и влегувам во неа...“ (стр. 122)

Овој цитат е значаен бидејќи претставува вербално „оживување“ на книгата. Црвенгаќи со зборови ја опишува книгата како да е живо суштество и тоа жена. Споредбата на книгата со жената подоцна ќе видиме дека е тесноповрзана со женскиот, анимален, демонски карак-тер на натприродната појава - оживеаните книги.

Понатаму линијата на заплетот тече така што Црвенгаќи изнена-ден од „женската“ емотивност во себеси побарува за читање „машка книга“ , цитирам: „последната книга за Винету од Карл Мај... за мене, Винету е најголемиот борец за правда и слобода. Мојот цимер во ќелијата не мислеше така, но откако му одржав три часа по физичко превоспитување и коскено преразместување, во ќелијата отвори црква посветена на Винету!“ (стр.123). Парадоксално, овој донкихотовски

Page 70: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

лик кој својот живот го замислува како борба и сака да се поистоветува себеси со јунаците за правда и слобода на крајот на расказот ќе го заврши животот борејќи се не со ветерници, туку со книги. Петрески умешно ја изведува алузивноста (одлика на поет-ската фантастика) кон други книжевни дела, во конкретниов случај кон дела полни со идеализам и верба во можното подобрување на светот и човекот: читателот индиректно е потсетен на Дон Кихот, непосредно на Винету, а тука е и алузијата на делата на Максим Горки преку преформулираната мисла со која Црвенгаќи изразува восхит за измачениот преобратен затворски цимер: „Св. Елвис, колку тоа гордо звучи“. Редно е да ја нагласиме интертекстуалноста како значајна карактеристика на поетската фантастика. Всушност врската на поетската фантастика со постмодернизмот се остварува и преку интертекстуалноста и сфаќањето дека секој нов текст го остварува континуитетот на книжевната традиција.

Затегнатата атмосфера на разговорот во просторијата за издавање книги, подзасилена и од индиректната закана на Црвенгаќи кој преку примерот со цимерот им го покажува на другите двајца неговиот вообичаен начин на комуникација, Иконче се обидува да ја смири и контролира преку нејзиниот предлог до Црвенгаќи да прочита нешто друго. Во тој момент Петрески си игра со играта на случајот. Иако нараторот-автор го кажува спротивното, сепак на читателот на крајот на расказот ќе му стане јасно дека воопшто не е случајно што на поканата на Црвенгаќи Иконче да му препорача и избере книга нејзе „погледот и падна на една новонабавена книга во која се зборуваше за прислушкувањето, шпионирањето и следењето на луѓето во совре-мениот свет.“ (стр. 123). Избраната книга носи наслов „Тие знаат сè.“ Од тој момент лајт мотив на нивниот разговор е неизговореното прашање: Кои се тие што знаат сè? (Истовремено, кај нас, кај читателите, кои ја следиме горната позиција од која нараторот-автор ги следи збунетите, преплашени и запрашани ликови по повод загрозеноста на нивната лична слобода, ни се појавува и почнува да лебди небаре материјализирано прашањето: А што ако и оваа наша искуствена реалност на читатели е предмет на набљудување на некој невидлив прислушкувач-наратор-автор кој од некоја уште „погорна“ позиција ги следи, ги набљудува, ги запишува и се смее на нашите судбини? На таков начин позицијата на еден писател ја доведуваме во врска со позицијата на врвниот набљудувач – Бог. Но, да се вратиме на приказната.) По прочитувањето на еден пасус од книгата Црвенгаќи е инспириран да им раскаже за трагичниот крај на зат-ворскиот шпиун - наркоманот Сребре „кој за грам хаш беше во состојба држава да шитне“ и на кого револтираните затвореници

Page 71: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

заради неговото поткажување кај чуварите му истуриле течно сребро преку инка во задникот „За сребро се продаде и од сребро умре, Сребре, песот крастав!“ (стр.124). Оваа приказна придонесува Шан-гајко да гори „од ретка возбуда“. Тој го продолжува разговорот во ис-тата насока и ја крева тензијата во уште понагорна линија прогласу-вајќи го шпионирањето за најстара професија заедно со прости-туцијата и давајќи му универзална димензија: „Јас тврдам дека и денес нè набљудуваат и дека и овој наш разговор, уште вечерва, ќе биде под нечија лупа.“ Како потврда дека шпионите ги има секаде, во различни времиња и системи и дека тие не можат да бидат превоспитани ја раскажува сторијата за Орде Тепајтатко кој за време на Втората светска војна ги кодошел партизаните кај Бугарите, а по ослободувањето, откако одлежал долги години затвор осуден од новата власт побарал од истата да работи за неа: „Сакам да продолжам да кодошам, јас само тоа знам да го работам и добро го работам“ (стр.125) Оваа приказна предизвикува промени во однесувањето на Црвенгаќи и Иконче: “Црвенгаќи го снижи гласот до ниво на шепот, го поднаведна телото, а погледот го спушти на поло-вина копје, додека Иконче загуби секаква желба за дрскост, набљуду-вање од високо и фрлање ненадејни чифтиња.“ Тоа е „природната реакција“, стравот што се јавува при секој разговор за прислушкување кога ќе се сфати дека секој може да биде мета на прислушкување. Шангајко ги доживува своите „ѕвездени минути“ на добивање внимание од околината кога ја повторува како кобен рефрен својата конспиративна теза за сеопфатните димензии на шпионирањето: „Јас тврдам дека и во библиотекава нè прислушкуваат и надгледуваат“ и кога Иконче „не знаејќи зошто, се почувствува виновна... Шангајко продолжи триумфално: „По книгите што ги читаме нè шпионираат! Библиотекариве во библиотекава имаат тајна задача да ги шпионираат членовите кои земаат политички книги. Тие прават тајни списоци и ги доставуваат до полицијата. Поради книгиве, цели фамилии страда-ат!“. После оваа реченица следи моментот на кулминација кога трите главни лика а, и ние, како читатели, се соочуваме со натприродното иако сеуште ги немаме во својот видокруг целокупните негови димензии. Тоа е моментот во кој „ Од горниот дел на полицата на подот падна книга“ Паѓањето на книга сама од себе е знак дека натприродното се појавило, но иако градацијата е на самиот врв, после првата кулминација, Петрески не би бил Петрески ако „не нагази до даске“ и не додаде уште две кулминации: втората – оживу-вањето на педесетина книги кои во јато ги напаѓаат луѓето токму во моментот кога Црвенгаќи го плеска Шангајко со книгата по глава во тепачката што избувнува околу тоа кој прв да излезе низ врата, и

Page 72: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

третата кулминација од последната реченица на расказот во која книгите, по ослепувањето на Шангајко и предизвикувањето на смртта на Иконче и Црвенгаќи се креваат во небото од каде претставуваат закана за целиот град, ако не и за светот.

Сето ова детално раскажување на заплетот кога би се прикажало фигуративно, би било претставено преку една линија која започнува рамно со одморот и дремката на Иконче, потоа благо се поткрева нагоре со нервозата и нарушениот мир, оди сè понагоре преку навре-дите, бесот, натегнатата комуникација со Шангајко и Црвенгајко и по земањето на книгата „Тие знаат се“ линијата пострмно завртува нагоре, продолжува сè така нагоре преку приказните за шпиуни-рањето и ја достигнува кулминацијата кај реченицата:„Поради книгите цели фамилии страдаат“. Од таа точка, кога оживува и паѓа книга сама од себе линијата скршнува под прав агол во однос на хоризонталата од каде почнала и се исправа нагоре. Двете други кулминации што следат се во истата точка само од поголема висина во однос на првата. Сите три кулминации се на вертикалата која означува небо-земја, горе-долу, горен и долен свет.

Кога сме кај реченицата после која се појавува натприродното, на точката на кулминација, неодминливо е да укажеме како најчесто функционира фигуративниот јазик во поетската фантастика за што овој расказ и посебно оваа реченица претставува одличен илус-тративен пример.

д) Петрески си игра Кафка Кога Шангајко вели и обвинува: „Поради книгиве цели фамилии

страдаат!“ реченицата има преносно значење. Тоа нè упатува на многу минати недемократски режими во кои биле употребувани раз-лични механизми на прислушкување и надзор од страна на државата врз поединецот и нејзин упад во неговата интимната сфера. Во такви услови се случувало врз основа на изборот на литература на поединецот тој да биде прогласен за неподобна личност за одредениот режим и да трпи казни, санкции и обвинетиот и неговото семејство. Ако земеме предвид дека расказов е напишан во време во кое во печатот е актуелна дискусијата за скородонесениот закон за лустрација во нашата земја, преносното значење на истава реченица станува уште пошироко и кажува дека допрва, заради книгите кои луѓето ги читале и заради книгите кои се напишани за тие луѓе (алудирам на тајните досиеја со шифрираните имиња на личностите) многу фамилии ќе страдаат. Што се случува во расказот по оваа реченица? Се случува појава во која најпрво оживува една книга, како предупредување, а потоа оживуваат педесетина книги кои со своите остри рабови ги напаѓаат луѓето, ослепуваат, предизвикуваат смрт на

Page 73: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

различни начини, со преплашување и срцев удар, со туркање во провалија и под тркалата на камион, па гледаме дека буквално поради книгите цели фамилии страдаат, зашто иако не е спомнато претпоста-вуваме дека тројцата настрадани имаат свои какви-такви фамилии. Станува збор за честа постапка во поетската фантастика, постапка која своевремено Гинтер Андерс ја открил во делото на Кафка, а таа е: „За разлика од еден алегоричен писател (кој поимите ги пренесува во слики) и од еден симболист (кој заменува еден предмет со друг), Кафка ги пренесува сликите во ситуации, тој црпи од богатството на јазикот, од карактерот на сликите.“93 Така Петрески ја користи пос-тапката на Кафка (да се потсетиме на новелата „Преобразба“) и го користи метафоричниот јазик во буквална смисла.

ѓ) Игра со фантастичните теми Во овој расказ Петар Петрески варира две класични фантастични

теми: темата на метаморфозата и темата на ѓаволот и неговите облици. Иако првата тема спаѓа во јас-темите според Цветан Тодоров (кои го подразбираат односот меѓу човекот и светот, системот на забележување – свеста), а втората тема спаѓа во ти-темите (кои го опфаќаат односот на човекон кон неговата желба (половата желба) и неговото несвесно), сметаме дека Петрески си поигрува со нивното спојување и дека во овој текст двете теми се комплементарни.

Карактеристично за првата тема, темата на метаморфозата или преобразбата е „укинувањето на границите помеѓу предметите и духот“94 и оттука е можен преминот на духот во материјата и обратно, оживување на материјата. Во расказот „Во библиотеката“ среќаваме специфичен вид на метаморфоза на неживо во живо. Секако оваа тема и е веќе позната на литературата од најстари времиња, од античкиот мит за Пигмалион, и е неретко употребувана во класичниот фан-тастичен расказ. Во поглед на еднонасочноста на метаморфозата можеме да кажеме дека и во овој расказ станува збор за еден вид каф-кијанска варијанта на метаморфоза во која нема враќање во состојбата пред надворешната промена на обликот. Расказот има трагично финале и нема движење во обратна насока, нема враќање на стабилноста. Во врска со процесот на оживувањето на предметите, извесно е дека бројни се примерите во литературата на оживување на некоја статуа, кукла или портрет „што во суштина, претставува данок што фантастичниот расказ му го плаќа на англискиот „готски“

93 Гинтер Андерс, Кафка – за и против, цитиран според Капушевска-Дракулевска, Лидија, Во лавиринтите на фантастиката, Магор, Скопје, 1998, 191-192 стр. 94Todorov, Cvetan, Uvod u fantastičnu književnost, Rad, Beograd, 1987, str. 118

Page 74: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

роман95, но во сите тие споменати случаи оживувал предмет кој имал форма и лик на жена, дете, човечко суштество воопшто. Случајот на Петрески е посебен бидејќи оживуваат книги чија форма не може директно да се доведе во врска со антропоморфниот изглед. Иако ви-довме како во расказот Петрески преку еден од ликовите ја доведува книгата во врска со жената, сепак, обликувајќи го ликот на натпри-родната појава, Петрески тоа го прави посредно, (како што доликува на една вистинска поетска фантастика), преку интермедијалната врска со едно вонкнижевно уметничко дело – филмот „Птици“ на Алфред Хичкок: книгата преку птицата е доведена во врска со жената и демонот.

Тука ја отвораме втората тема: ѓаволот и неговите облици, па можеме да кажеме дека овде ѓаволот се јавува во сосема нов облик, облик на книги кои оживуваат. Станува збор за книги кои полетуваат и имаат раширени корици како раскрилени крилја. Но, не им е само тоа зедничко. Исто како птиците во филмот, книгите со нивните остри врвови ги удираат луѓето по главите, ги пресекуваат по лицата и рацете, ги раскрваруваат и ослепуваат. Паралелата со филмот би мо-жела да биде повлечена и на план на композиција: филмот почнува во продавница каде што се чуваат и продаваат птици, а завршува со сцената во која илјадници птици го прекриваат пејзажот со навес-тување дека можеби ќе тргнат кон поурбаните подрачја. Дејството во расказот исто, почнува во просторија во која се чуваат и изнајмуваат книги, а завршува со оживеаните книги кои излегле надвор од библиотеката и се вивнуваат во небото мафтајќи со кориците. И во двете дела постои градација на тензијата до точка на кулминација која е потоа одржлива до нивниот крај, а паѓањето на првата книга во расказот дејствува како предупредувачки знак дека се преминати границите на доброто однесување и натприродното е на прагот, исто како што во филмот за првпат една птица е насилна кога ја удира Мелани по глава додека таа го носи подарокот кај Мич преминувајќи ја со моторниот чамец границата меѓу дозволеното и нападното влегување во реонот на Бренерови. Овој процес на оживување на книгите поконкретно би го определиле како процес на анимализација бидејќи птиците од филмот на Хичкок се прикажани не во нивната светла симболика, туку сведени на нивната анималност.

Во литературата е вообичаено птиците да се прикажуваат лишени од нивната анималност. Знаменитиот француски антрополог Жилберт Диран во неговото дело „Антрополошки структури на имагинарното“

95 Капушевска-Дракулевска, Лидија, Во лавиринтите на фантастиката, Магор, Скопје, 1998,стр.109

Page 75: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

пишува дека птицата е лишена од сите обележја на животно заради нејзината функција, а тоа е летањето. Според него птицата и крилото се вертикализирачки симболи на схемата на искачувањето која подразбира издигнување кон возвишеното, па симболот на птицата доживува еден процес на ангелизација во кој лишена од нејзината анималност птицата е симбол на небеската чистота кон која е устремена, на морална доблест. Птицата, како гулабот во христијан-ската религија, како ангелот станува антифраза на сексуалноста, чист симбол на сублимиран ерос. Диран во неговата книга вели: „Како што схемата на искачувањето се спротивставува на схемата на падот, така и симболите на мракот се спротивставуваат на симболите на светлоста. 96 Станува збор за веќе забележаниот изоморфизам на сим-болите на искачувањето и симболите на светлоста од страна на прет-ходникот на Дирановата теорија – Башлар. Книгата како збир на збо-рови, и воопшто и речта и писмениот знак се спектакуларни симболи на трансценденцијата, на знаењето, интелектуалната моќ и моралната исправност, па оттука книгата и птицата се изоморфни симболи.

Меѓутоа, во филмот на Хичкок птиците не се лишени од анималност туку нивната анималност води кон нивна демонизација ообено кога се доведува во врска со анималноста на жената која според табуто околу менструалната крв се смета за најнечиста од сите животни. Во прекрасната студија на Кели Оливер „Алфред Хичкок: перјаста игра и одомаќинување на хоророт“ се забележани бројните паралели меѓу птиците и жените во неговите култни филмови „Психо“, „Птици“ и „Марни“. Овде нема да се задржуваме на нив само ќе го цитираме делот кој вели: Птиците напаѓаат секогаш кога Мелани ќе се најде во близина, а колку нејзината желба по Мич е поочигледна, нападите се дотолку посилни.97 Понатаму се укажува дека птиците играат улога на кастрирачка мајка која ја казнува ќерката заради изразената слободна волја и моќта на сексуалното дејствување. На книжевната историја и се познати бројни примери на поставувањето на истоветност помеѓу ѓаволот и жената во сликата на Страшната Мајка човекојадец, Фаталната жена, жената-демон. Кога зборува за негативно валоризираната женскост и архетипот на фаталната жена Диран вели: „мизогинија во имагинацијата се воведува во претставите со изедначувањето на менструацијата и опасноста од сексуалноста со времето, неговиот тек и лунарната 96 Durand, Gilbert. Antropoloske structure imaginarnog. Zagreb: August Cesarec, 1991,стр.121 97 Оливер, Кели, „Алфред Хичкок: перјаста игра и одомаќинување на хоророт“, објавена на 08.04 2010 г.во македонски превод на интернет страницата www.okno..mk

Page 76: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

смрт.98 Со други зборови, според примитивното сфаќање, бидејќи крвта е симбол на животот, кога крвта истекува истекува и животот, а жената е еден вид демон кој не умира кога истекува нејзината мен-струална крв и се враќа во живот после смртта онака како месечината повторно се раѓа по нејзинито исчезнување.

И митологијата и фантастичните дела познаваат бројни примери на феминизација на чудовишното, па споредбата на книгата со жена што ја прави Црвенгаќи во расказот можеме да ја сметаме за подго-товка на нивната преобразба т.е за анимализацијата и на демони-зацијата што ќе следува.

Но, ниту Хичкок кажува во филмот зошто птиците напаѓаат, ниту Петрески во расказот кажува зошто книгите напаѓаат. И тоа е сосема во ред бидејќи една фантастика која си игра со фантастиката треба како и самата вистинска фантастика да не се рационализира и да не се оправдува на никаков начин.

Сепак Хикчок во интервјуто цитирано во спомената студија на Кели Оливер по повод птиците во неговиот филм го изјавува след-ново:

„Чувствувам најголема почит кон птиците и, да не го занемариме филмот, мислам дека е сосема во ред птиците на таков начина да им се одмаздуваат на луѓето. Човекот стотици векови ги прогонува птиците, ги убива, ги става во лонец, во рерна, на ражен, користи пера за пишување и пердуви за шешири и ги претвора птиците во пре-парирани украси од коишто се леди крвта во жилите (...) Таквите злодела заслужуваат казна за пример.“

Ако повлечеме паралела со расказот можеме да го согледаме следново: книгите се омаловажувани и обезвреднети од луѓето, дури и оние кои работат во библиотека не ги ценат и не се грижат за нив (Да се потсетиме на испаднатите и лошо залепени страници на кни-гата која му паѓа на Шнагајко и на упатството за живот кое Иконче му го дава); потоа. првата појава на натприродното, паѓањето на книгата од полицата сама од себе се случува веднаш по обвинувањето на книгите од страна на луѓето дека токму книгите се причина за нивното страдање - книгите се побунуваат против човечкото одне-сување и размислување и покажуваат дека нема повеќе да ги трпат насилствата од страна на своите создавачи. И на крајот, педесетината книги оживуваат кога една книга е употребена како средство за насилство (кога Црвенгаќи страсно го плеска Шангајко со книгата по главата.) Така, овде можеме да заклучиме дека во основата на двете

98 Durand, Gilbert. Antropoloske structure imaginarnog. Zagreb: August Cesarec, 1991,стр.90

Page 77: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

комплементарни теми лежи архетипот на Бунтот на Созданието против својот Создавач. Книгите се побунуваат против своите созда-вачи. (Во преносната смисла која се однесуваше на актуелната лустра-ција, книгите-досиеја се побунуваат и свртуваат против нивните создавачи – прислушкувачите и нарачателите). Во расказо, на буква-лен план, побунетите книги ги казнуваат луѓето со слепило кое пак, во преносна смисла го симболизира незнаењето и смртта која е обратна од животот симболизиран од книгите. Во таа насока ја сфаќаме ироничната забелешка на нараторот-автор кога Шангајко ослепен удира во ѕидот и паѓа неподвижен: „На главата му атерира една книга на чии корици пишуваше: „Кога ќе засвети животот.“ (стр.126) Колку пародично, во истиот момент во него се случува токму спротивното – згаснува животот.

е) Симболот на Библиотеката Самиот наслов на расказот на Петрески „Во библиотеката“ го

повикува како алузија симболот на библиотеката од опусот на големиот Борхес, втемелувачот на постмодернистичката поетика воопшто, и на новите модерни книжевно-фантастични облици и пос-тапки. Во неговиот расказ „Вавилонска библиотека“ универзумот е замислен во облик на огромна библиотека која ги содржи сите можни книги, со најразлични величини, формати и варијанти. Таа бескрајна библиотека ги содржи сите смислени книги кога било напишани, и оние кои допрва би можеле да бидат напишани... ги содржи и сите корисни информации, биографиите на личностите и преводите на сите книги од светот. Ако кај Борхес библиотеката е симбол на светот и универзумот, тогаш можеме да кажеме дека кај Петрески библиотеката е симбол на прагот т.е таа е место на преминот каде се допираат искуствените реалности и фикционалните стварности. Тоа може да го потврди дури и еден новозачленет член во библиотеката како Црвенгаќи кој прочитувајќи по некој пасус од книгата што ја разгледува и разговарајќи со Шангајко и Иконче постојано го преминува невидливиот праг меѓу световите.

е) И пак фантастика која си игра фантастика Оваа анализа ја почнавме укажувајќи дека чудесното од насловот

не одговара на стварноста во текстовите. Во чудесното, според Тодоров, натприродните сили не предизвикуваат никаква реакција ни кај ликовите, т.е. ни кај главниот херој, ни кај потенцијалниот читател. Во расказот „Во библиотеката“ трите лика се изненадени и запрепастени од тоа што им се случува, но затекнати од демонскиот карактер на натприродното тие не се сомневаат воопшто во натприродноста на појавата. Од друга страна, ефектот на изненаду-вањето кај читателот е намален со признанието на нараторот дека се

Page 78: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

работи за расказ. Но, како што веќе еднаш рековме целта на поетската фантастика не е во постигнувањето на фантастичниот ефект, туку во онеобичнувањето на стварноста. Токму затоа изненадувањето, иако не е доволно силно и морничаво како во вистинската фантастика, сепак го има, иако е книшко, сфатено и во буквалната смисла (предиз-викано од книги) и преносно како литерарно изненадување соодветно на жанрот фантастика.

И ако сеуште се двоумиме околу жанровското определување на овој текст, да се вратиме уште еднаш во него за да видиме дека целта на авторот е и двоумењето да продолжи. Имено, кога јатото книги излетуваат од библиотеката нивната појава ја следи не еден лик туку два: мајка и девојче. Девојчето вели: „Мамо, мамо! Види, летаат книги! и тоа е една изјава на лик кој верува во натприродната природа на појавата што е одлика на чудесното и бајките според Тодоров. Мајката пак вели: „Не се тоа книги, мило, чавки се! Умот нè лаже, очите ни се радуваат! Рационалното објаснување на мајката всуш-ност е „извинување“ (оправдување) на фантастичниот настан со клу-чот: привид на умот или пореметена фантазија (т.е. ништо натприрод-но не се случува, а она што веруваме дека го гледаме е резултат на пореметената фантазија). Значи Петар Петрески и на крајот на рас-казот си игра со читателот поистоветувајќи го неговото двоумење со двата лика. Да сакаше да ни даде еден одговор, овој настан ќе беше проследен и искоментиран од еден лик или мајката и девојчето ќе се согласеа меѓу себе. И на крајот на оваа анализа ќе си ја дозволиме смелоста да надополниме една Борхесова мисла: ако Борхес ја определува фантастиката велејќи дека фантаситката постои пред сè како една намера на писателот, ние би додале дека поетската фантастика постои пред сè како една намера на писателот да си игра фантастика.

Page 79: НИЕ број 1

НИЕ: e-zine бр. 1, год. I, 2012/Скопје

Материјалите до еден авторски табак да се испраќаат на е-mail: [email protected], со кирилично писмо во македонска поддршка (Times New Roman). Ракописите не се рецензираат и не се враќаат. Ракописите не се хонорираат. Ракописите и мислењата во текстовите се авторски.

Уредништвото на списанието не сноси никаква одговорност за објавените авторски текстови, со чија содржина не секогаш се согласува. Уредништвото на списанието има право испратените текстови да не ги објавува.

Урбан Институт-Скопје Здружение на граѓани за култура, уметност и едукација Електронското списание „НИЕ“ излегува 4 пати годишно