Post on 18-Jan-2017
Марика во светот на музикатаМарика во светот на музиката Gilbert Delahaye - Marcel Marlier
.Марика и Иванчо се на одмор. Татко им ја смести приколката во кампингот.Марика се запозна со Кристина и Мирјана Обично,попладне во кампот има малку луѓе. Кристина која се врати од плажа праша:- Што има ново?- Тато вели дека во градот ќе се одржи голем концерт. Ќе дојдеш ли со нас?
Побрзајте – Викна Марика, и брзо седна на својот ве-
лосипед. Радознали гледачи се собраа од сите страниСите не-
стрпливо чекаа кога ке се појави поворката.Но, како да се пронајде место во гужвата?
- Деца,дојдете ваму! – ги повика една постара жена. – Одовде подобро ќе гледате.
Трубите се сјаат.Одекнуваат звуци.
Свеченоста започна.
Трубите и тромблоните се на чело од поворката. Се огласуваат барабани, чинели ги пратат,рогови ги следат.
Поворката застанува и свирачите се одмараат.. Марика им пријде.- Каков чуден инструмент?- Тоа е контрабас!
Трубачот, свирачот на рог и саксафонистот се гордеат со својата униформа.
- Ќе сакаш да ми ја покажеш трубата? – Марика го запраша трубачот.- Секако,пробај!. Само дувај во неа.- Да, ама е тешко! Рече Марика.
Повеќе ми се допаѓа виолината! – Гласно размислуваше Марика.- Ти навистина ја сакаш музиката – рече девојчето од колоната.
- Мојата братучетка Исидора ќе свири виолончело на концертот.Имам две влезници . Дојди со мене.
Марика радосно ја прифати поканата.- Која е твојата роднина? – запраша Марика.- Девојчето со бело фустанче… Ја гледаш?- Псст! За време на концерти не се зборува! рече редарот.