Post on 05-Jul-2015
description
Сончај се паметно!
Заштити се од
меланом
Самосвест - Центар за трансфер на знаење | 2012 | www.samosvest.mk
Темната страна на сончевите зраци!
• Честото и претерано сончање може сериозно да ги оштетат кожата и очите.
• УВ зраците, без оглед на нивниот извор – природен (сонце) или вештачки (солариум), доведуваат до:
Темната страна на сончевите зраци!
• прерано стареење на кожата,
• појава на брчки,
Темната страна на сончевите зраци!
• појава на темни дамки на кожата
Темната страна на сончевите зраци!
• развој на рак на кожата, вклучувајќи го и најопасниот и најсмртоносниот меланом.
Кожата памти!• Кожата уште од најраното детство го
памти и бележи секој момент поминат на сонце.
• Ризикот од развој на рак на кожа се зголемува со времето поминато на сонце или во солариум.
• Ако не се заштитиме и претерано се изложуваме на сонце може да имаме тешки последици од нашите грешки.
Заштити се од сонцето!
• Користи квалитетни заштитни средства за сончање со минимум 15 СПФ.
Заштити се од сонцето!• Обилно стави
крема со УВА и УВБ заштитни филтри половина час пред излегување на сонце и на секои два часа, дури и во облачните денови.
• Повторно стави заштитна крема после капење или потење.
Заштити се од сонцето!
• Носи капа која го заштитува лицето, но и тилот!
Заштити се од сонцето!
• Носи квалитетни очила со 100% УВ заштита!
Заштити се од сонцето!
• Облечи кошула со долги ракави, здолниште или панталони!
Заштити се од сонцето!
• Засолни се под сенка
Заштити се!
• Избегнувај сончање во солариум!
Owen Krebs-Grimsich, USA
Where I am from…
• Berkeley, California, USA
My experience with the sun…
ME: 3 mole checkups, 3 possible cancerous moles removed, another checkup when I go home…
FAMILY: Moms uncle passed away in Alaska, struggled with Melanoma, started in shoulder and spread…
EVERY DAY: Use it whenever I can, re-applied it throughout the weekend , wore a hat…
Дознај повеќе за
меланомот!
Што е меланом?
• Меланомот е најопасен рак на кожата и најчеста причина за смрт од кожен рак.
• Започнува во меланоцитите, клетки кои ствараат меланин, пигмент кој ја дава природната боја на кожата. Кога ќе настане мутација на гените, меланоцитите започнуваат неконтролирано и забрзано да се делат, што доведува до развој на меланом
Фактори на ризик!
• Светла боја на кожа, очи и коса.• Присуство на повеќе од 50 бемки на
кожата, големи или атипични бемки.• Прекумерна изложеност на УВ зраци и
други канцерогени агенси.• Фамилијарна историја за меланом
(генетска предиспозиција).• Лична историја за меланом или за друг
вид на рак.
Како може да го откриемемеланомот?
• Често се открива при самопреглед или при контролен лекарски преглед.
• Самопрегледот на кожата е многу важен за рано откривање на меланомот.
• Секој треба да го прави еднаш месечно, а особено лицата со зголемен ризик за развој на меланом.
• Пред огледало внимателно се прегледува кожата по целото тело, вклучувајќи ја и кожата на стапалата.
На што треба да внимаваме присамопрегледот?
• Прв најважен предупредувачки знак на меланомот е појава на нова промена на кожата или промена на постоечката бемка, која асиметрично расте, ја менува формата, големината или бојата.
• Може да се јави и болка, воспаление, крварење, или јадеж на промената.
Научете го ABCD правилото
• А - asymmetry | асиметрија• B - border irregularity | ирегуларност
на рабовите• C - color | боја• D - diameter greater than 6 mm |
дијаметар поголем од 6 mm• E - evolution | еволуција